Руска реч Македонија #6

Page 1

Прилогот го уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва), која е целосно одговорна за содржината. Се печати и се дистрибуира во соработка со „Нова Македонија“.

ПОГЛЕДИ

Европа не трпи поинакво мислење

БАЛКАН

БРОЈ 6

Кумановската спогодба е пропуштена шанса?

СОЧИ 2014

Најскапата олимпијада во историјата

стр. 2-3

стр. 12

12 Јуни

стр. 4-7

Роденденот на новата Русија

Само на RUSKAREC.MK Повеќе теми на интернет -страницата на „Руска реч“

ИТАР-ТАСС

ruskarec.mk

САБОТА - НЕДЕЛА, 8-9 ЈУНИ 2013 ГОДИНА

стр. 10-11

ИНТЕРВЈУ СО АКТЕРКАТА ЗВЕЗДА АНГЕЛОВСКА

Македонка со руска душа

стр. 14-15

„Росијскаја газета“ уредува прилози за Русија во 26 водечки светски весници, вклучувајќи ги и „Њујорк тајмс“, „Дејли телеграф“, „Фигаро“ и „Зидојче цајтунг“


2|

РУСКА РЕЧ

БАЛКАН

Кумановската спогодба Петар Искендеров

Воено-техничката спогодба потпишана на 9 јуни 1999 г. во Куманово за многумина претставува „проштaвање на Европа со системот на меѓународното право“. Сепак, овој документ не беше исклучиво капитулација. Руската дипломатија значајно ја ублажи првата верзија на овој документ и издејствува права и предности за Белград од кои тој очигледно се одрече со неодамнешната бриселска спогодба новската спогодба да се вклучат и други документи, кои се прифатени за време на прекинувањето на воените дејства, и тоа две клучни уредби. Пред сè, одобрено е НАТО да размести свои сили само на територијата на Косово, додека во документите што кружеа во текот на преговорите во Рамбује во февруари 1999, беше предвиде-

Reuters

„Воено-техничката спогодба меѓу Меѓународните безбедносни сили (КФОР) и владата на Сојузна Република Југославија и Република Србија“, која беше потпишана на 9 јуни 1999 година во Куманово, и понатаму останува еден од најконтроверзните документи што се однесуваат на периодот на бомбардирањето на НАТО врз Југославија. Многу руски, но и западни експерти, со причина сметаат дека со склучувањето на Кумановската спогодба „Европа се прости од системот на меѓународното право“. Во врска со овој случај посебно е значајна позицијата на Русија во преговарачкиот процес, кој му претходеше на потпишувањето на овој документ. Главната одредба на Кумановската спогодба е членот I (4.1), кој предвидува конкретни обврски на спогодбените страни: „Со воспоставување на трајно прекинување на непријателството, под ниту еден услов, кои било сили на СРЈ и на Република Србија нема да влезат, повторно да влезат, ниту ќе останат на територијата на Косово или во зоната на копнената безбедност, односно во зоната на воздушна безбедност“ - кои се дефинирани како зони од 5 километри, односно 25 километри „надвор од границите на покраината Косово - без претходна изречна согласност на командантот на меѓународните безбедносни сили (КФОР)“. Како би можела да биде оценета улогата на Русија во толку тешки и драматични моменти? Од една страна Москва издејствува во Кума-

на можност за слободно движење и разместување на територијата на цела Југославија. Второ, врховниот мандат за спроведување на мировните операции на Косово е поврзан со Обединетите нации, а не со НАТО. Според тоа, не би било оправдано да се гледа на Кумановската спогодба како на еднострана капитулација на Белград и на Москва. Од друга страна, мандатот на ОН во следниот период не го спречи НАТО да ја спроведува својата воено-политичка програма на Косово. Деталите на мировниот договор се усогласени во Бон на состанок со специјалниот претставник на претседателот на Русија за решавање на ситуацијата поврзана со СР Југославија, Виктор Черномирдин, претседателот на Финска, Марти Ахтисари (кој ја претставуваше ЕУ) и со заменикот на американскиот државен секретар, Строуб Талбот. Најважна цел на руската дипломатија беше што поскоро да се завршат воените дејства на НАТО како основен предуслов за почеток на преговорите за решавање на косовското прашање. Оваа задача формално не беше исполнета. Воздушните операции на НАТО запреа дури на 19 јуни - 10 дена по потпишувањето на Кумановската спогодба, а одлуката за нивно прекинување НАТО ја донесе уште подоцна - на 20 јуни. Околностите и причините што влијаеја на ваквиот развој на ситуацијата до денешен ден не се разјаснети. Едно од главните прашања е поврзано со содржината на програмата на која се придржуваше рускиот претставник. По ова прашање постојат различни мислења. Судејќи

6 јуни 1999 година: југословенската делегација пристигнува на состанок со врховниот командант на НАТО во Македонија, генерал Мајк Џексон


РУСКА РЕЧ

БАЛКАН

|3

Reuters

е пропуштена шанса?

9 јуни 1999 година: британскиот генерал Мајк Џексон (десно) се подготвува да го потпише документот што ги обврзува југословенската војска и полицијата да се повлечат од Косово (подоцна наречен Кумановска спогодба). Војската на Југославија почна со повлекувањето на 10 јуни. Беа присутни и (од десно кон лево): портпаролот на министерството за надворешни работи на СРЈ, Небојша Вујовиќ, генерал-мајорот Благоје Ковачевиќ, генерал-полковникот Светозар Марјановиќ. Воздушните операции на НАТО беа запрени дури на 19 јуни, 10 дена по потпишувањето на Кумановската спогодба, а одлуката за нивното прекинување НАТО ја донесе уште подоцна, на 20 јуни

врз основа на тврдењата на Талбот, Черномирдин наводно во рацете го имал тајниот документ, кој по секоја цена му наложувал да ги запре исклучително разорните воени акции во Југославија - па дури и по цена на значајни отстапки во врска со Косово. Но, до денешен ден не можат да се најдат траги од тој документ врз основа на други извори. Тоа укажува на една друга претпоставка: Виктор Черномирдин постапувал по сопствена иницијатива, пречекорувајќи ги овластувањата што по ова прашање му ги дал претседателот Борис Елцин, во моменти кога тој сметал дека тие не придонесуваат за забрзано прекинување на воените дејства. Во секој случај, Черномирдин и Ахтисари успеаја да го убедат југословенскиот претседател Слободан Милошевиќ во бесмисленоста на военото спротивставување на НАТО. Благодарение на напорите на руската дипломатија пронајден е начин конечното потпишување на воено-техничката спогодба со НАТО да не изгледа како капитулација и, што е најважно, Косово да се стави под врховна контрола на ОН, а не на Брисел. Во оваа фаза позицијата на Москва беше клучна за САД и за НАТО, а тоа подоцна го признаа и определени западни лидери, вклучувајќи го и тогашниот канцелар Герхард Шредер: „На оваа војна, која во голема мера се распламти, можеме да ѝ ставиме крај само ако успееме на своја страна да ја придобиеме Русија“. Потпишувањето на Кумановската спогодба

му овозможи на Советот за безбедност на ООН на 10 јуни 1999 година да ја усвои Резолуцијата 1244, која за решавање на косовскиот проблем предвидува „значителна автономија и значителна самоуправа за Косово“ - „потврдувајќи ја приврзаноста на сите држави-членки кон суверенитетот и кон територијалниот интегритет на Сојузна Република Југославија и на другите држави во регионот“. Токму овој документ и понатаму останува меѓународна правна основа за решавање на косовското прашање. Западните медиуми во јуни 1999 година резултатите од мировните напори со учество на Русија генерално ги окарактеризираа како потврда на исправноста и на ефикасноста на бомбардирањето на Југославија од страна на НАТО. Овој став највпечатливо го изрази весникот „Њујорк тајмс“, нагласувајќи дека „со бомбардирање е можно да се постигне резултат“. Неколку дена потоа - по усвојувањето на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ООН - истиот весник, свесно поместувајќи ги акцентите од документот на ОН, објавува дека резолуцијата „на мировниот план и на воените операции што ги води НАТО на Косово им дава легитимитет од гледна точка на Обединетите нации“. Суштината на ваквиот пристап мошне добро го забележува колумнистката на весникот „Њујорк тајмс“ Елизабет Бекер, истакнувајќи дека „како и да го решеа политичарите прашањето во врска со Обединетите нации, НАТО и пона-

таму ќе командува“ на Косово. Сето ова е наспроти фактот што, како што потоа се присетува Виктор Черномирдин, договорот за принципите за прекин на воените дејства, усогласени со претседателот Слободан Милошевиќ, предвидува „меѓународно присуство на Косово под закрилата на ОН, во договор со СРЈ и со определена улога на Русија“. Во контекст на овој документ НАТО воопшто и не се споменува. На тој начин за време на подготовките и на потпишувањето на Кумановската спогодба од 9 јуни 1999 година за првпат е испробано „вклопувањето“ на воените операции на НАТО во меѓународниот правен систем на ООН, кое потоа беше применувано во повеќе наврати и во други конфликтни подрачја. Иницијаторите на вооружените кампањи по својот обичај документите на ОН ги толкуваат мошне слободно. Но, затоа во случајот на бомбардирањето на Југославија „сите обиди за придржување кон оригиналните спогодби ги третираат како ‘предизвикување на НАТО од страна на Русија’ или како ‘валкани трикови на Србите’. Меѓутоа, фактот што САД и НАТО на сите им ги наметнуваат сопствените правила се набљудува, напротив, како нивно строго придржување кон некакви договори, што тие, всушност, ги кршат. Така се одвиваа работите во неодамнешното минато, а веројатно така ќе биде и понатаму во светот во кој владее силата, а значењето на зборовите го одредува силината на мускулите“, истакнува американскиот филозоф Ноам Чомски. Во секој случај, Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ООН од 10 јуни 1999, усвоена еден ден по потпишувањето на Кумановската спогодба со согласност на САД, Франција и Велика Британија, го потврди територијалниот интегритет на тогашна Југославија. Сличен карактер имаше и Дејтонскиот мировен договор за Босна и Херцеговина од 1995 година, кој беше подготвен со посредништво на американската дипломатија. Како што подоцна истакнуваше британскиот експерт Ејдан Хехир, првиот дел од документот „всушност го признава територијалниот интегритет на сите страни опфатени со спогодбата, признавајќи ја со тоа власта на Југославија врз Косово“. Тоа ѝ овозможи на владата на Србија во следните години да ја продолжи борбата за Косово додека Русија во исто време ѝ даде целосна поддршка на Србија во зачувувањето на суверенитетот врз Косово. За жал, од 20 април 2013 година ситуацијата сосема се измени откако Србија ја парафираше спогодбата во Брисел со што, всушност, се откажа од решавањето на прашањето за Косово во рамките на ОН. Авторот е доктор на историски науки, виш научен соработник на Институтот за славистика на Руската академија за науките и надворешен коментатор на радиото „Гласот на Русија“


РУСКА РЕЧ

ДЕНОТ НА РУСИЈА

12

Михаил Мордасов

Подготовката за Олимписките игри во Сочи влегува во завршна фаза. Тестирањата се практично завршени, а до официјалното отворање на олимпиското село остануваат околу осум месеци. Инфраструктурата на нашите Игри е најсовремена во целиот свет. Практично сите објекти беа создадени од нула, и тие се понови, поиновациски и потехнолошки отколку сите други слични стадиони и траси, вели Дмитриј Чернишенко, претседател на организацискиот комитет на „Сочи 2014“. На XXII зимски Олимписки игри и на XI зимски Параолимписки игри во Сочи ќе допатуваат 5.500 спортисти-олимпијци, 1.350 спортисти-параолимпијци, 25.000 волонтери и 13.000 претставници на медиумите. Спортските објекти во Олимпискиот парк секојдневно ќе бидат посетувани од 75.000 луѓе, а бројот на телевизиската публика ќе изнесува три милијарди гледачи.

Глеб Черкасов

Овој ден веќе 20 години во Русија се смета за празник. А сѐ почна на 12 јуни 1990 година, кога Конгресот на народните пратеници на РСФСР гласаше за Декларацијата за државен суверенитет. На луѓето денес им е тешко да си претпостават зошто е тоа направено. Сепак, и тогаш, во 1990 година, повеќе од очигледно беше симболичкото значење на оваа Декларација, отколку нејзината содржина. До тој момент парламентите на републиките од СССР еден по друг ги носеа своите декларации за суверенитет, така што РСФСР не можеше да седи настрана. За ставање на дневен рад делегатите на конгресот гласаа речиси едногласно. А, конечниот текст на документот предизвика бројни дискусии, затоа работата над него се оддолжи цел месец, така што беше донесен на 12 јуни. На истиот датум во 1991 година беа закажани првите избори за претседател на РСФСР. Ова решение имаше и ситуациски и идеолошки причини. Од една страна, тимот на Борис Елцин се плашеше дека поместувањето на датумот за гласање за подоцна ќе направи проблем за победа на кандидатот во првиот круг, оти избирачите ќе си отидат по одмори и по своите викендички. Идеолошките мотиви беа многу поосновани. Изградбата на новата држава се потпираше на две идеолошки упоришта. Пред сѐ, тоа беше враќањето кон традициите на досоветската Русија. Оттука почнаа да стануваат модерни трговците и дворјаните (насекаде почнаа да се појавуваат „трговски еснафи“ и „дворјански собранија“), оттука почна повторно секојдневно да се употребу-

23 ГОДИНИ ОД ДЕКЛАРАЦИЈАТА ЗА ДРЖАВНИОТ СУВЕРЕНИТЕТ НА РУСИЈА

Јуни

На 12 јуни свечено се слави годишнината од декларацијата за државниот суверенитет

Роденденот на новата Русија

мето на раниот Борис Елцин, им даваше огромно значење на симболите. Претседателот на Русија требаше да биде избран на денот на донесување на декларацијата за суверенитет. Ова беше дел од приодот: „Ние градиме нова држава, ние создаваме ново државно и општествено пространство и негови традиции, затоа совпаѓањето треба само по себе да има идеолошка тежина“. Конгресот на народните пратеници на сѐ уште постојната РСФСР, република во состав на СССР, на почетокот ја поддржуваше оваа игра и дури беше и непосреден учесник во неа. 12 јуни стана празник во согласност со одлуката на Врховниот совет во 1992 година. Во 1994 година, Борис Елцин само го потврди ваквото решение со свој указ - денот на државата не можеше да биде прогласен само со одлука на Врховниот совет, кој беше расформиран во октомври 1993 година и во тој момент не постоеше. Но, до тој момент восхитеноста околу датумот почна да се намалува.

ва зборот „господин“, оттука и тробојното знаме, кое речиси веднаш почна да се восприема како официјално знаме на РСФСР, иако до август 1991 година не постоеја никакви правни основи за тоа. Ваквата ситуација можеше да се спореди со она што во тоа време се случуваше во земјите на Источна Европа. Земјите од поранешниот советски блок се збогуваа со социјализмот под паролата „назад во Европа“. Идејата за враќање „во времето пред болшевиците“ стана симбол на новата руска власт. Не е ни чудно што на 12 јуни 1991 година се одржа референдум за враќање на името Санкт Петербург на тогашниот Ленинград. Но, во тоа време авторите на руската државност си играа и татковци-основачи на САД, кои создаваат земја на празно место. Ова го објаснува решението да се прогласи за национален празник денот на донесување на Декларацијата, што, едноставно, претставуваше симболичен документ. Генадиј Бурбулис, главниот идеолог од вре-

Нобеловецот Андреј Сахаров во 1989 година ги повика пратениците на Думата да се стави крај на комунизмот

AFP/East News

Сочи 2014

Photoshot/Vostock-photo

4|

Последниот советски лидер Горбачов (лево) и првиот руски претседател Елцин (десно) по пропаѓањето на државиот удар во август 1991 г.


РУСКА РЕЧ

ДЕНОТ НА РУСИЈА Јас ја завршив најважната работа во мојот живот. Русија повеќе никогаш нема да се врати во минатото. Русија отсега секогаш ќе се движи само напред

|5

Lori / Legion Media

Екатеринбург 2020

Reuters

Б.Н. Елцин прв претседател на Руската Федерација

На 152 сесија на генералното собрание на Меѓународното биро на изложби што беше одржано во Париз, Русија ја презентираше кандидатурата на градот Екатеринбург за право а организирање на светската изложба „ЕКСПО“ во 2020 година. На чело на руската делегација беше вицепремиерот на владата на РФ, Аркадиј Дворкович. Екатеринбург е млад град. Тој се развива брзо и има моќна индустрија и научно-образовен потенцијал. Уверени сме дека одржувањето на „ЕКСПО“ во 2020 година ќе му даде нов импулс на неговиот развој, како и на развојот на земјата во целина, изјави тој. Меѓу противкандидатите на рускиот град се најдоа и Измир (Турција), Ајутхаја (Тајланд), Дубаи (ОАЕ) и Сао Паоло (Бразил).

Борис Елцин на тенк пред рускиот парламент на 19 август 1991 година

2011

Reuters

1999

Photoshot/Vost ock-photo

1994

AP

Историја

Почна војната во Чеченија против исламските сепаратисти, кои бараа отцепување од Русија. Во неа загинаа 35.000 цивили

На 16 август 1999 година, за време на претседателскиот мандат на Борис Елцин, за премиер на руската влада е избран Владимир Путин

Во декември 2011 година на улиците во Русија избија масовни протести против резултатите од парламентарните избори

И неслучајно неформалниот назив „Ден на независноста“ почна да станува цел за прашања. Првото прашање се однесуваше на чија независност и независност од кого. Во јуни 1990 година никој не можеше ни да помисли дека РСФСР може да излезе од составот на СССР. Распадот на Советскиот Сојуз се чинеше незамислив. Декларацијата за суверенитетот беше само елемент на политичка игра меѓу сојузното раководство и тимот на Елцин. Второто прашање беше за улогата на Руското началство во распадот на СССР. Кон средината на деведесеттите години од минатиот век исчезнувањето на државата, дури и ако не се нарекуваше „најголема геополитичка катастрофа на 20 век“ (како што подоцна овој настан го нарече Владимир Путин, кога веќе беше претседател), за многумина се чинеше дека е токму тоа.

Имено тогаш во општеството се ширеше носталгијата за СССР. Во тој момент бројот на радикалите во тимот на Елцин се намали. На новото поколение од окружувањето на Елцин овој празник му беше потребен како потврда за правото на власт. Во елциновскиот Кремљ не сакаа да си спомнуваат на начинот на кој дојдоа на власт и на паролите со кои одеа во почетокот на деведесеттите години од минатиот век. Имено, затоа од средината на деведесеттите години на минатиот век 12 јуни почнаа да го празнуваат, и не на сите им беше јасен овој неработен ден помеѓу мајските празници и летните одмори. Затоа тој сѐ повеќе стануваше официјален и празничен. Еве како се опишува петгодишнината на 12 јуни на официјалниот сајт: „Шефовите на речиси сите региони на земјата наспроти овој

датум донесоа одлука за спроведување празнични прослави во чест на Денот на независноста. И за првпат празникот навистина стана празник. Престолнината на Русија беше украсена со билборди и со плакати со натписи: „Честит Ден на независноста“. Во некои градови имаше протести и концерти во чест на празничниот ден. А, во Кремљ се одржа церемонија на врачување на Државната награда“. Крајното разделување со почетната замисла за празникот се случи во 1998 година, кога Борис Елцин го преименуваше празникот. Тој почна едноставно да се нарекува „Ден на Русија“. Декларациите, суверенитетите, татковците-основачи и маршот во доболшевистилкото минато останаа далеку одзади. Напред беше дефолтот, завршувањето на војната во Чеченија, Владимир Путин и непознатата нова Русија.


6|

РУСКА РЕЧ

ДЕНОТ НА РУСИЈА

22 години модернизација Виктор Кузмин

Во 2009 година руската економија забележа пад од речиси 8 отсто, а многу руски граѓани беа вознемирени, плашејќи се да не се повтори финансискиот колапс од 1998 година, кога замреа цели стопански гранки, поголемиот дел системски важни банки пропаднаа, а националната валута за малку ќе се претвореше во безвредна хартија. Но, излезе дека Русија ја има научено тешката лекција од крајот на деведесеттите години од минатиот век, сфаќајќи дека мора да се живее во согласност со сопствените можности. Владата веќе 13 години не дозволува да дојде до буџетски дефицит и само во минатата година во изборниот период федералните расходи ги надминаа приходите за 0,1 отсто од бруто-домашниот производ (БДП). Во моментов показателите и состојбата на јавниот (државен) надворешен долг на Русија се меѓу најниските во светот. Според податоците на стручњакот на аналитичката агенција „Инвесткафе“, Тимур Нигматулин, на 1 април 2013 година тој изнесувал сè на сè 49,8 милијарди долари, со државен БДП од околу 2.000 милијарди долари. Секако, Русија најпрво треба да им се заблагодари на купувачите и на потрошувачите на енергенси. Нафтата и гасот во буџетот носат повеќе од 50 отсто од приходите (според податоците од 2012 година), што од една страна ги прави јавните финансии мошне чувствителни во однос на промената на цената на суровините во светот, но, од друга страна, овозможува релативно безболно да се преживее рецесијата, па дури и кризата во светската економија. Благодарение на искуствата од деведесеттите години од минатиот век, Русија издвојува дел од својот вишок приходи од извозот на суровини за специјалните фондови, така што овие финансиски резерви овозможија полесно пребродување на кризата од 2008-2009 година, за разлика од многу други земји, без оглед на значителниот пад на БДП (за 7,8 отсто) и трикратно или четирикратно намалените цени на енергенсите во светот. Руската економија тогаш опстана благодарение на сеопфатната програма за финансиска поддршка од државните резерви. Ова позитивно го оценија и најголемите светски рејтинг-агенции, постепено зголемувајќи го суверениот рејтинг на Русија на инвестициско ниво, иако стануваше збор за долни граници. Рејтинг-агенцијата „Мудис“ („Moody’s“) ѝ додели на Русија рејтинг „Баа1“ („Ваа1“) со стабилни изгледи, додека „Фич“ („Fitch“) и „СиП“ („S&P“) ѝ дадоа „БББ“ („ВВВ“) (стабилен). - Повеќе се исплаќа да се вложува во Русија денес отколку кога било во иднината, кога пре-

земените мерки за подобрување на инвестициската клима и за економски раст ќе ги дадат своите резултати. Тука логиката е иста како и кај онаа на пазарот на хартии од вредност - во моментите на релативен пад хартиите од вредност можат да се купат за поповолна цена. Трошоците сега се пониски - истакнува Карина Артемева, началничка на аналитичката управа на Националната рејтинг-агенција. Во секој случај, уделот на приходот од нафта и гас постепено се намалува. Владата на Руската Федерација планира оваа вредност до 2015 година да ја намали на 8,5 отсто од БДП од актуелните 10,5 отсто. А во 2010 година, на пример, поранешниот министер за финансии Алексеј Кудрин предвидуваше дека овој процент ќе падне на 14 отсто дури во 2020 година. Кога се распадна Советскиот Сојуз, структурата на руската економија беше сосема поинаква. Таа беше во согласност со барањата на планската економија, но воопшто не одговараше на пазарните услови. Денес Русија е често критикувана поради тоа што многу бавно напредува, меѓутоа многу работи што денес постојат пред 22 години ги немаше. На пример, конкурентноста во банкарскиот систем. Денес банките во вистинска смисла станаа крвоток на економијата. Во првиот квартал од 2013 година, според податоците на руската Агенција за осигурување депозити, вкупното портфолио на депозитите е пораснато на 14,74 милијарди рубли. На пример, во февруари и во март населението во Русија во банките депонирало во просек 11,3 милијарди рубли дневно. Тоа е речиси

Руската економија претставува уникатен спој на наследството од комунистичката империја и на современите идеи и решенија. За разлика од Јужна Европа, таа одамна научи да живее во согласност со своите можности, така што низ економската криза поминува полесно од своите западни соседи

„Јандекс“ оди на Њујоршката

двапати повеќе отколку пред една година. Резултатите од истражувањата на холдингот „Ромир“ покажуваат дека процентот Руси што имаат заштеда го достигнал највисокото ниво за изминативе 20 години - 75 отсто. Притоа, уделот на оние што ги чуваат парите во националната валута, рубљата, надминал 80 отсто. Кон средината на 2005 година, повеќе од половина од учесниците во истражувањето изјавиле дека нивните семејства воопшто немаат каква било значајна заштеда. Исто така, во Советскиот Сојуз не постоеше берза. Сега нејзината вкупна пазарна капитализација изнесува 20.000 милијарди рубли, односно 32 отсто од БДП. Владата планира до 2018 година оваа вредност да ја врати на ниво од 100 отсто од БДП. Москва уште сега има амбициозна цел да стане еден од десетте водечки меѓународни финансиски центри, иако засега го зазема дури 64 место. Московската берза, која настана со спојувањето на Московската меѓународна девизна берза и Берзата на вредносни хартии „Руски трговски систем“ (РТС), на 15 февруари годинава ја изврши првата емисија на сопствени акции (иницијална јавна понуда, анг. IPO). Вредноста на берзата е проценета на 4,2 милијарди долари, што е за петпати помалку од капитализацијата на берзата во Хонгконг, но во целост може да се спореди со вредноста на берзите во Лондон и во Токио. Сето тоа значително оди во прилог на плановите на руската влада од Москва да направи светски финансиски центар, иако, секако, постои и свесност за тоа дека само успешна иницијална јавна понуда не е доволна. Уште еден од видливите резултати на наше-


РУСКА РЕЧ

ДЕНОТ НА РУСИЈА ОД РЕДАКЦИЈАТА

Reuters

Нека е честит празникот!

берза во мај 2011 година. Тоа е најголемата интернет-иницијална јавна понуда по таа на „Гугл“

то општествено преуредување е развојот на услужниот сектор. Во Советскиот Сојуз 90 отсто од стоката во продажба беше од домашно производство. По преминувањето на пазарна економија, поголемиот дел претпријатија не беа во состојба брзо да се приспособат на новите услови, така што кон крајот на осумдесеттите и во почетокот на деведесеттите години од минатиот век полиците во продавниците во рускиот главен град беа речиси празни, додека луѓето со часови стоеја во редови за прехранбени производи. Денес, 99 отсто од малопродажниот промет го реализира приватниот сектор, а повеќе од половината од тој промет отпаѓа на малите претпријатија, иако и уделот на трговските синџири полека расте и достигнува до нивото од речиси 22 отсто. Пред неколку години, Русија ѝ се посвети на технолошката модернизација, владините програми дадоа поттик за развој на индустријата за информациски технологии (IT). Според податоците од 2011 година, обемот на Интернет-економијата беше 0,6 трилиони рубли, што е еднакво на 1 отсто од БДП, додека овој сектор во 2012 година порасна за околу 30 отсто. Но, економскиот потенцијал на вкупниот Интернет-пазар изнесуваше 2.520 милијарди рубли, што е еднакво на 4,62 отсто од БДП, соопшти претходно директорот на Руската асоцијација за електронски комуникации (РАЕК), Сергеј Плуготаренко. Се очекува дека во рок 5 до 6 години извозот на ИТ-технологии од Русија ќе се израмни со извозот на оружје. Русија веќе сега, според вредноста на својот внатрешен пазат на ИТ-услуги (10,7 милијарди долари), спаѓа во дваесетте најразвиени земји. Сепак, извозот на руски софтвер не е голем. Во 2011 година изнесуваше сè на сè 1,4 милијарди долари. Станува збор за тоа дека за

извоз руските компании најмногу разработуваат напредни софтверски решенија - во областа на финансиското сметководство за најголемите мултинационални компании, потоа во авиоиндустријата и во автомобилската индустрија, тие главно се ориентираат на пазарите во Европа и во САД. Наспроти ова, во поглед на пристапот кон широкопојасниот Интернет, Русија ги надминува своите најблиски конкуренти. Во Индија, на пример, широкопојасната мрежа е развиена само во ИТ-комплексите и центрите, се наведува во извештајот за развој на информациската економија на Конференцијата на ОН за трговија и развој (UNCTAD). Иако руската влада често укажува на намалувањето на зависноста на Русија од извозот на суровини, уделот на суровинската индустрија во рускиот БДП не престанува да расте. Но, ова зголемување е поврзано со динамиката на цените, а не со структурните пропусти во економијата, тврди главниот економист на холдингот „ВТБ Капитал“ во Русија, Максим Орешкин. Според него, во последниве години растот надвор од нафтениот и од гасниот сектор во реален израз (in real terms) е многу поголем (ако го земеме конкретно ИТ-секторот). „Всушност, веќе доаѓа до пресврт. Во текот на последниве две години цените на јаглеводородот не растат, така што е потребно што повеќе да ги засилиме другите области“, истакнува тој. И покрај намалувањето на побарувачката за енергенси на главниот руски пазар, во Европа руската економија бележи, иако не голем, но во секој случај извесен раст на бруто-домашниот производ. Профитабилноста на бизнисот во Русија во просек изнесува 20 до 30 отсто, велат стручњаците, што е за 4 до 5 пати повеќе од просекот во Европа.

Почитувани читатели, дами и господа. Во рака го држите шестиот број на „Руска реч“. Но, ова не е само уште едно издание, ова е нашиот празничен број со кој сакаме да го одбележиме најголемиот руски државен празник Денот на Русија. На 12 јуни ние го славиме Денот на Русија, кој претставува празник на слободата, на мирот, обединувањето и на слогата, кои, пак, се засновуваат врз принципите на правото и на законот. Денот на Русија претставува симбол на единството на луѓето што живеат во неа, но во исто време тој претставува и симбол на одговорност на секој поединец кон својата татковина, со цел да се обезбеди спокоен и мирен живот во денешнината, но и да се создадат услови за поубав и посреќен живот во иднината. По распадот на Советскиот Сојуз на младата руска држава не ѝ остана ниту еден државен празник, тогаш во прв план излегоа народните празници, како што се Нова година, Божиќ, Велигден. Затоа првиот претседател на Русија Борис Елцин со указ го утврди 12 јуни за државен празник како ден на донесување на Декларацијата за државен суверенитет на Русија. Но, со ваков назив луѓето некако не го прифатија овој празник, па во 1998 година раководството на земјата реши овој празник да го нарече едноставно Ден на Русија. Празникот почна и официјално да го носи овој назив во 2002 година, со донесувањето на новиот Закон за труд. Во Русија на овој празник му се радува секој граѓанин и со него сите ја изразуваат, всушност, својата љубов кон татковината. Затоа и ние, редакцијата на „Руска реч“, на сите Руси, особено на оние што живеат во сончевата и гостопримлива Македонија, им го честитаме Денот на Русија. Сите ние посакуваме нашата Русија да продолжи да расте и да се развива, да ниже успеси на сите полиња - културни, научни, спортски, сѐ со цел нашите граѓани да имаат поубав живот и посветла иднина. Треба да помниме дека ние сме нашата татковина, така што нејзиниот просперитет, нејзината благосостојба и здравје се наш личен просперитет, наша лична благосостојба и наше здравје. Да живее Русија!

|7


РУСКА РЕЧ

ПОЛИТИКА

ОДКБ се подготвува за Авганистан Елена Черненко, „Комерсант“

Државите-членки на Организацијата на договорот за колективна безбедност (ОДКБ) се подготвуваат за заострување на состојбата во Авганистан. Ситуацијата во оваа земја стана клучна тема во Бишкек на неформалните средби, одржани на 27 мај, на шефовите на МНР, министрите за одбрана и секретарите на советите за безбедност на овој воено-политички блок на постсоветските простори под менторство на Москва. Нивната прогноза за периодот по 2014 година е негативна. - Колку сме поблиску до 2014 година, до повлекувањето на силите на меѓународната коалиција од Авганистан, толку поголемо место зазема ситуацијата во таа земја на меѓународната агенда.

Русија го засилува потенцијалот на авиобазите во Киргистан Министерот за одбрана на РФ, Сергеј Шојгу, нареди во најскоро време да се засили руската авиобаза во градот Кант во членката на ОДКБ Киргистан и да се стават во употреба недоградените објекти. Ова на 27 мај го изјави заменик-министерот за одбрана, Анатолиј Антонов. Ваквата одлука е донесена веднаш по веста за затворањето на соседната авиобаза на САД во Манас. Експертите сметаат дека обновениот Кант ќе го засили потенцијалот на силите за брза реакција на ОДКБ, при што заканата од страна на Талибанците во Киргистан ја сметаат за претерана. Базата во киргистанскиот град Кант беше отворена во 2003 година и стана авијациска компонента на колективните сили за брзо распоредување на ОДКБ. Во 2009 година беше потпишана согласност за нејзино изнајмување на 49 години. Секоја година Москва му плаќа на Бишкек повеќе од 4,5 милиони долари. Русија, исто така, има објекти и во други земји на ЗНД. Како едни од најголемите остануваат базата на Црноморската флота во Украина, базата Ѓумри во Ерменија и 201-та база во соседниот Таџикистан. Како што забележува весникот „Взгљад“, со доаѓањето на Шојгу на функцијата министер за одбрана во ноември 2012 година, Москва почна да се обидува да го прошири своето воено присуство на постсоветските простори.

Тешко е да се каже што ќе се случи во иднина. Тензијата може да порасне, со оглед на заканите што доаѓаат од Авганистан, да се заостри и да ги зафати соседните региони, вклучително и земјите од ОДКБ - изјави пред почетокот на разговорите постојаниот претставник на РФ при ОДКБ, Игор Љакин-Фролов. Според изјавата на еден соговорник на „Комерсант“, експерти на ОДКБ разработиле разни сценарија за развој на ситуацијата во Авганистан за период по повлекувањето на поголем дел од НАТО и американскиот контингент. Впрочем, како што соопшти минатата недела генералниот секретар на организацијата, Николај Бордјужа, најреалната прогноза е - негативна. Со слична оцена се согласува и специјалниот претставник на претседателот на РФ за Авганистан, шефот на вториот оддел за Азија на МНР на РФ, Замир Кабулов. - Ако задачата за зголемување на борбената способност на Авганистанските национални сили за безбедност не биде решена - а околностите не поттикнуваат оптимизам - многу е веројатен пораст на влијанието на екстремистите, што може да предизвика разни немири, кои ќе доведат директно до граѓанска војна и поделба на земјата по етнички принцип - изјави тој претходно. Основата за толку песимистичка прогноза ја дава сегашната состојба на работите во Авганистан. - Денеска само 7 отсто од авганистанската армија и 9 отсто од полицијата, според американ-

Организацијата на договорот за колективна безбедност (ОДКБ) се подготвува за влошување на ситуацијата во Авганистан по повлекувањето на авганистанскиот контингент на НАТО ските проценки, имаат доволно ниво на подготовка за да дејствуваат самостојно при минимална поддршка од страна на меѓународните сили. Секој трети од десет регрути на Авганистанската национална армија месечно дезертира, гине, ранет е или заробен. Бројот на дезертерите за последниве три години надмина 63.000 лица. Тоа е третина од армијата - објасни Кабулов. Во Бишкек министрите и секретарите на советите за безбедност дискутираа за клучните закани со кои соседите на Авганистан (само Таџикистан има повеќе од 1,3 илјади километри заедничка граница) се судираат веќе денес: незапирлив проток на дрога, опасност од упад на вооружени банди што минале обука во логорите и тренинг-центрите на територијата на Авганистан, ширење радикални идеи и поддршка на локални фундаменталисти во земјите на Централна Азија, шверц на оружје. По 2014 година сите овие проблеми можат да се влошат. Впрочем, како што потврди извор во руската делегација, „физичко присуство на војска од земјите на ОДКБ во Авганистан во тој случај, сепак, нема да има“. Покрај авганистанската тематика, вчера во киргистанскиот главен град се дискутираа и прашањата за подобрување на заедничката оперативна и борбена обука на колективните сили на ОДКБ.

Поголем графикон на http://ruskarec.mk/20677

8|


РУСКА РЕЧ

ВОЈСКА

|9

Министерот за одбрана не ја остава армијата на раат ИТАР-ТАСС

Ракетен систем С-300

Најголемата проверка на руската армија во изминативе две децении за нејзината способност да одбива и да нанесува удари од небо се случи во последните денови на мај во воздушниот простор од европскиот дел на Русија Виктор Литовкин

Во 5 часот изутрина на 27 мај ненадејно беше крената тревога за неколку илјади руски војници. Министерството за одбрана ја спроведе најголемата проверка во изминативе дваесет и кусур години на војската од Воздушно-космичката одбрана (ВКО), на Далечната и на Воено-транспортната авијација, а заедно со нив и на дивизиите за Противракетна одбрана, која ги покрива централните индустриски реони и престолнината на Русија, а исто така и Воено-воздушните сили и Противоздушната одбрана на Првата армија на Западниот воен округ. Во февруари годинава иста ваква проверка беше направена кај Воздушно-десантната војска и кај војската на Централниот воен округ. Во март по наредба на претседателот на Русија Владимир Путин делови од Јужниот воен округ, од Црноморската флота, од Воено-воздушните сили, Противоздушната одбрана и од Воено-десантната војска, дислоцирани во Краснодарскиот крај и во Ростовската област. Овој пат војската на ВКО, која беше создадена пред нешто повеќе од една година како резултат на обединувањето под единствена команда на Космичката војска, Противракетната одбрана, Системот за предупредување од ракетни напади, Контролата на космичкото пространство, Противоздушната одбрана и радиоелектронската борба.

Задачите што беа поставени не беа едноставни. На пример, неколку полка на Противоздушната одбрана на Западниот воен округ, вооружените со зенитно-ракетни комплекси С-300ПМУ2 „Фаворит“, беа префрлени од Ленинградската во Астрахањската област, на полигонот Ашулук. Таму тие изведоа долг марш и се вратија со цел да одвратат воздушен напад од условен противник. Во улога на противници беа неколку ескадрили на јуришната авијација, кои, откако полетаа од аеродромот „Балтимор“ кај Воронеж, напаѓаа цели на истиот тој полигон во Ашулук. Тие дејствуваа на сите височини, напаѓајќи заштитени објекти со најразлични правци и применувајќи притоа системи на радиоелектронски борби, правеа пречки на радиолокациските станици на зенитно-ракетните комплекси при пресретнувањето воздушни цели. Но, како што известуваат специјалистите кои ги следеа овие акции, сите ракети со кои авионите ги напаѓаа зенитно-ракетните комплекси, како и самите авиони, беа уништени од С-300. Од своја страна, истребувачите-пресретнувачи МиГ-31, кои беа на дваесет и четиричасовно дежурство на северот на Руската Федерација, им пренесуваа информации на војниците, одработуваа прашања за пронаоѓање и за уништување на непријателската авијација. Авионите за радиолокациско набљудување и насочување А-50 оперативно изведоа насочување кон целта што им се приближува на авионите за пресретнување. Авијатичката групација на условен противник, која симулираше голем ракетно-авијациски напад, ги лансираше ракетите со воздушно базирање на надземни цели од најоддалечената границата на зоната во која тие можат да бидат детектирани, без да навлегуваат во зоната со ракетно вооружување МиГ-31. Лансирањето на ракетите беше откриено до радиолокацискиот комплекс на авионот А-50. Истребувачите-пресретнувачи МиГ-31 ги уништија ракетите. За време на вежбата беше изведена и дислокација на бомбардирачката авијација на Западниот воен округ на далечните аеродроми, каде фронтовските бомбардери Су-24 и Су-34 изведуваа ракетно-бобашки удари по надземни цели, уништуваа авиони и ракети на условен противник во воздухот. Во исто време војската на ВозПретседателот на Руската Федерација Владимир Путин резултатите од воената вежба на војските на Воздушно-космичката одбрана ги оцени како „задоволителни“ и нареди да се усоврши системот на управување и на врски. За резултатите од вежбите отчет на претседателот му даде министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

Во вонредната проверка на воената готовност беа вклучени 8.700 лица од личниот состав, 185 воени авиони и 240 воени оклопни возила. душно-космичката одбрана вршеа удари врз условниот противник од морските длабочини. Толку големи проверки на руската војска од ВКО, ВВС и ПРО не се беше случила во последниве дваесет години. Ако се земе предвид дека за вежбата на системот за противракетна одбрана на Москва, која влегува во составот на ВКО, во медиумите воопшто и не се известуваше, тогаш станува јасно колку сериозно значење ѝ придаваат раководството на земјата и армијата на борбената готовност на овие сили и на овие средства за заштита од ненадеен ракетно-нуклеарен удар. Од воениот ресор не обелоденуваат кој ја играл улогата на условен непријател на вежбите. Но, можат да се направат извесни основани претпоставки. Русија во повеќе наврати подвлече дека е загрижена за создавањето на системот ЕвроПРО, при што неодамна се случи и размена на писма помеѓу Владимир Путин и Барак Обама, во чиј центар се наоѓаше токму овој проблем. Наспроти воените вежби во Москва се одржа и меѓународна конференција за европската безбедност, каде исто така се разгледуваше ова прашање. Потоа министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу ја посети Калининградската област со цел пуштање во експериментално-воена експлоатација на радиолокациската станица на Системот за предупредување од ракетни напади „Воронеж-ДМ“ Сево ова дава повод да се направи заклучок дека прашањето која земја или која воена организација може и е во состојба денес да ја провери цврстината на рускиот систем за противракетна одбрана, има сосема очигледен одговор - САД и НАТО. Тие, по сè изгледа, и биле „веројатните противници“ на изминатата воена вежба. На оваа вежба не беа поканети воени набљудувачи од странство. Не само поради ненадејното спроведување, но и затоа што според условите на Виенскиот документ странски воени набљудувачи треба да бидат повикани, доколку во вежбата учествуваат повеќе од девет илјади лица. Овој бројот на учесници беше за 300 лица помал од назначениот. На 30 мај на колегиумот на Министерството за одбрана на Русија се зборуваше дека вакви ненадејни проверки на борбената готовност на воените окрузи, родови војски и видови на вооружените сили ќе продолжат. На ред е, според претпоставките, проверка на Источниот воен округ и на Ракетните војски со стратешка намена...


10 |

РУСКА РЕЧ

ПОГЛЕДИ

Европа не трпи поинакво мислење Александар Рар

Новите конфликти сè повеќе ги расипуваат односите помеѓу Западот и Русија. На многумина со право им се чини дека разбирањето и врските помеѓу Западот и Истокот се неповратно изгубени и дека идејата за живот под заеднички европски покрив е мртва. Зошто се натрупуваат проблеми во односите помеѓу Западот и Русија? Новата линија на фронтот се протега помеѓу Европската унија и три источнословенски држави, со тоа што спорните прашања меѓу Западот од една и Русија, Украина и Белорусија од друга страна, не се однесуваат на геополитиката или на безбедноста, туку на либералните вредности, а ако се погледне повнимателно, до расколот дојде поради различните погледи на светот. Западот одамна живее во постхристијански свет, додека Русија, по комунистичкиот прогон на религијата во текот на сиот дваесетти век, се обидува да се развива во духот на христијанството. Исмевањето на сопствената религија, на вековната црковна традиција и на свештенослужителите од страна на западните интелектуалци не се доживува како недостаток на вкус. Либералното германско законодавство го забранува верскиот обред на обрежување, а дозволува објавување на карикатури со ликот на пророкот Мухамед. Во Русија сè е поинаку. Во Русија повеќе никој отворено не пишува дека Бог не постои. Повеќе не се исмева религијата. Дури и граѓаните што не веруваат благонаклонето гледаат на религијата. Во медиумите се забележува почитувањето кон црковните служители, кои никој повеќе не ги нарекува „служители на култ“. Рускиот патријарх отворено се занимава со надворешна политика, за што сведочат неговите прилично успешни посети на Сирија, Украина и на Полска. За Русија тоа е добро, за Западот е незамисливо. На Запад луѓето не можеа да им поверуваат на своите очи кога видоа стотици илјади руски граѓани како доаѓаат во храмовите за се поклонат на светињите од Света Гора, на „појасот на Пресвета Богородица“ кој на Запад е одамна заборавен. Кога во Москва беше осудена групата Пуси рајот (Pussy Riot), стотици западни уметници и интелектуалци бараа панкерките веднаш да бидат ослободени, зашто нивното скандалозно протесно

„шоу“ во храмот на Христос Спасителот божем било „легитимен уметнички израз“. Аргументите на христијанските кругови во Русија дека панк-групата со својот срамен настап го сквернавела светото место на црковниот амвон, каде за време на литургиите се причестуваат верниците за да добијат проштевање за гревовите, на Западот му послужија само за да ја обвини Русија за мракобесие и за враќање во Средниот век.

Западот ја „исфрлаше Русија од Европа“ секогаш кога таа одбиваше да се развива според вредностите што агресивно ѝ беа наметнувани однадвор, од Наполеон до современиот либерализам. А цивилизацискиот конфликт можеби допрва почнува Но, суштината на конфликтот не се огледа само во различните погледи на светот, туку и во начинот на кој конфликтот се одразува врз меѓународната политика. Кога комунистите пред стотина години дојдоа на власт, тежнееја својата идеја за пролетерска револуција да му ја пренесат на Западот. Ленин и Троцки искрено веруваа дека нивната револуција е правилна и дека таа ќе го ослободи човештвото од вековното ропство. Денес Западот смета дека има право идејата за либерална револуција да ја шири низ целиот свет. Луѓето на Запад веруваат дека демократијата и човековите права се универзални вредности на целото човештво и дека слободата на начинот на кој тие ја сфаќаат треба да се воведува или со добро или на сила. Никој на Запад тоа нема да го каже јавно, но западните интелектуалци сметаат дека „авторитарниот режим на Путин“ не е легитимен. Тие се надеваат дека во Русија на власт ќе дојде „попросветено“ поколение и тогаш со Русија повторно ќе биде воспоставена соработка според западното сценарио. Кога руската елита го прекорува Западот поради тоа

што ги поткопува принципите на државниот суверенитет и на тој начин го крши меѓународното право, таа добива ваков одговор: светскиот поредок е изменет, така што либералниот Запад има право да се меша во внатрешните работи на други држави кога некаде се кршат човековите права, зашто на тој начин се бранат послабите членови на општеството од самоволието на диктаторот. Конфликтот помеѓу Западот и источнословенските земји ескалираше и поради тоа што западните интелектуалци не трпат приговори за наметнувањето на своите позиции, ниту, пак, признаваат поинакво мислење. Малку е да се каже дека тие ги критикуваат Русија, Украина и Белорусија заради политичкото устројство кое не личи на систем на западните демократии. Тие остро ги осудуваат, ги притискаат со санкции и ги тераат да се променат. И што постигнуваат со тоа? Што добиваат наместо сложно живеење под заеднички европски покрив? Веќе пет години е замрзнат договорот за партнерство и соработка помеѓу Европската унија и Русија. Поради изрекувањето затворска казна на Јулија Тимошенко, Европската унија го замрзна придружното членство на Украина во ЕУ, а против Белорусија воведува нови санкции по негодувањето на белоруските власти во врска со фрлањето провокативни летоци од авион во воздушниот простор на нивната земја. Европската унија ја отфрла можноста за каква било толеранција кон државите во кои, по нивно мислење, се кршат елементарните човекови права. Европа во оваа смисла во целост ја има усвоено милитаристичката реторика. Идејата за слобода, и тоа прилично апстрактна, на Запад доби статус на нова религија. Во таа религија постојат своевидни „икони“, а тоа се поранешни борци за слобода, затвореници од нацистичките концентрациони логори и борци за човекови права од времето на комунизмот. Таква „икона“ која се „бореше против злото“ стана и новиот претседател на Германија Јоахим Гаук, кој е исто така борец за човекови права од поранешната Источна Германија. Русија, Украина и Белорусија тргнаа по патот на поинаков поглед на светот. Тие не осудуваат сè што преживеале нивните народи за време на комунизмот. Затоа и немаат слични „икони“ на слободата. Постои уште една суштинска разлика: Во Русија минатата година беше одбележана 200-


РУСКА РЕЧ

| 11

„Русите доаѓаат!“, Николај Дихтјаренко

ПОГЛЕДИ

годишнината од победата во Татковинската војна против Наполеон од 1812 година. Русија секоја година ја прославува и годишнината од победата во Втората светска војна против нацистичка Германија. Таа овие настани ги празнува без Западот, каде се учи поинаква историја. Современите демократски системи на САД и на Европа се втемелени врз идеите на Француската револуција (а, тоа повторно е таа истата слобода) и правото на Наполеон. Кога Русија го победила Наполеон, западните сили, како што е познато, повторно ја исфрлиле од Европа. Целиот 19 век Русија во очите на Запад беше стожер на конзерватизам и на реакции. Конфликтите поради различните погледи на светот со тек на време прераснаа во геополитички спорови, кои потоа ја предизвикаа Првата светска војна. Кога станува збор за Втората светска војна, нејзин главен победник во очите на Запад беа САД, кои подоцна ја донесоа слободата во Западна Европа, и таа слобода тие ја обезбедуваа за време на Студената војна, поради што западноевропските интелектуалци уште долго ќе ѝ се клањаат на Америка. А Русија повторно ја исфрлија од Европа.

Кон средината на шеесеттите години од минатиот век во Западна Европа избувна таканаречената студентска револуција, која потоа прерасна во сеопфатна „сексуална револуција“. Во западната култура влегоа минисукњите, се појави порнографската продукција, се појави хипи-движењето... Така новото поколение на Западот буквално извојува целосна слобода. Тие револуционерни шеесетти - тоа се денешните европски интелектуалци, иако сега се во зрели години. Тие доживеаја длабоко разочарување од левичарската идеологија и во својата свест засекогаш го погребаа комунизмот, кон кој во советското време се негуваа извесни симпатии. Русија ја „предаде“ левичарската марксистичка идеја и сега во извесна смисла се враќа кон неохристијанството, кон традицијата на својот царски период и кон идеите за национална држава - таквата Русија за споменатите западни интелектуалци е олицетворение на пеколот. Како ќе заврши сево ова? Можеби цивилизацискиот конфликт допрва почнува. Тешко дека власта во Русија во скоро време ќе се промени според желбите на либералите и на запад-

њаците, кои кај нас се малцинство. Од друга страна, на Запад експанзијата на либерални вредности станува сè поголема, зашто европските елити се сериозно загрижени поради губењето на својата политичка доминација на светската сцена заради сè поголемата европска криза. Азија ја престигнува Европа побрзо одошто можеше да се очекува. Затоа Европа сè повеќе ќе го користи факторот „универзални вредности“ како штит во ситуација кога нејзиното глобално влијание ќе станува сè послабо. Меѓутоа, ова никако не значи дека Русија треба да премине на страната на Азија во цивилизацискиот конфликт со Европа. Таа ќе мора да се модернизира, но, по сè изгледа, врз темелите на сопствената традиција и на сопствените вредности. Не би било лошо да ѝ се покаже на Европа дека руското православие, па ако сакате и рускиот ислам, можат да дадат свој придонес во изградбата на идната слободна Европа. Авторот е политиколог, директор на центарот „Бертолд Бајц“ при Советот за надворешни односи од Германија


12 |

РУСКА РЕЧ

СОЧИ 2014

Најскапата олимпијада во историјата Како и во случајот со Кина, најголемиот дел од парите во Русија ќе бидат потрошени на модернизација на градската инфраструктура и само нешто повеќе од седум милијарди американски долари ќе бидат потрошени непосредно за изградба на олимписки објекти: стадиони и помошни терени со дополнителни објекти за тренинзи. Потпретседателот на владата на Русија, Дмитриј Козак, е уверен дека тие средства ќе придонесат Сочи да стане најголемо одморалиште во земјата, кое ќе може да се мери со најголемите светски летувалишта на море. Градоначалникот на Сочи, Анатолиј Пахомов, говори за тоа што ќе добие градот за 43 милијарди американски долари. СООБРАЌАЈ За сообраќајната инфраструктура федералната влада троши најмногу пари: 20,9 милијарди долари. Со овие пари треба да се реши проблемот на големиот метеж во градскиот сообраќај, се надева градоначалникот на Сочи, Анатолиј Пахомов. Градот се протега 156-162 километри по должината на морето, а има само еден пат, и тоа е Курортната авенија, го објаснува тој поводот за честиот застој во сообраќајот: „Во Сочи овие застои беа проблем уште во советскиот период, кога, чинам, не постоеја никаде во земјата, па дури ни во Москва“. До 2014 година во Сочи ќе бидат изградени 260 километри патишта. Нивната моќ на пропуштање ќе биде зголемена за 1,8-2,5 пати, а средната брзина на движење во градот ќе се зголеми за 25 отсто. Намерата е сообраќајниот проблем да се реши со изградба на патишта, но и на железничка инфраструктура. Железницата во Сочи ќе стане дел од градскиот сообраќај, како што е метрото во Москва, уверен е Пахомов: „Се градат 30 железнички платформи, така што, практично, во секоја населба ќе постои станица за електричниот воз“. Најголемиот проект на „Руската железница“ е изградба на пат и на пруга од Адлер до скијачкиот центар „Алпика сервис“ во Краснаја Полјана. Според податоците на претставник од „Руската железница“, буџетот на овој проект ќе надмине 6,6 милијарди американски долари. Ова е најскапиот олимписки објект, но треба да се додаде дека првично тој беше замислен да биде уште поскап, зашто беше планирано патот да има четири ленти, а пругата два колосека. Меѓутоа, во 2009 година властите се откажаа од оваа замисла. Така што, патот ќе има две ленти, а пругата еден колосек, со тоа што возовите ќе се разминуваат на

Михаил Мордасов

Дарја Тихонова

Само седум милијарди долари директно ќе се потрошат за изградба на олимписките објекти во Сочи

специјални станици. Моќта на пропуштање на пругата ќе биде 8.500 патници на час. За време на Олимпијадата возовите ќе сообраќаат на секои 10 минути. Од приватните компании, во сообраќајната инфраструктура на Сочи најмногу инвестираше холдингот „Базел“. Оваа компанија ја довршува изградбата на новиот авиотерминал, во кој има вложено над шест милијарди рубли. Моќта на пропуштање на аеродромот во јуни 2012 година изнесуваше 1.600 патници на час, а во 2014 година, по завршувањето на изградбата на терминалот, ќе се зголеми на 3.800 патници. Во мај годинава институтот „Адам Смит“ го прогласи терминалот во Сочи за најдобар регионален аеродром во Русија. ТЕЛЕФОНСКИ ЛИНИИ И ЕНЕРГЕТИКА Телефонските линии ги градат „Мегафон“ и „Ростелеком“. Обете компании се спонзори на Олимписките игри, и двете во спонзорскиот пакет инвестираа по 130 милиони американски долари. „Ростелеком“ ја развива фиксната телефонија, а „Мегафон“ мобилната. „Ростелеком“ ќе извлече над 300 километри оптички кабел и ќе обезбеди функционирање на телекомуникациите во 33 олимписки објекти, велат во информативната служба на компанијата. Станува збор за кабелски и за безжичен пристап на Интернет, за ИП-телефонија, резервирани канали, на пример, за специјални системи на стадионите, кои служат за прикажување и за оцена на резултатите, како и за мерење време, истакнува претставник на „Ростелеком“. „Мегафон“ ќе биде единствениот мобилен оператор на олимписките објекти за време на Олимпијадата. Кога Меѓународниот олимписки комитет донесе одлука за организирање на Олимпијадата во Сочи, овој регион имаше дефицит на електрична енергија: се произведуваа вкупно 100 MW, а се трошеа 400 MW. Дефицитот сега се

Олимписките игри во Сочи ќе станат најскапата олимпијада во историјата. Во текот на осум години за нивна подготовка ќе се потрошат над 51 милијарда долари. Игрите од 2008 година во Пекинг чинеа 45 милијарди долари, а во Лондон околу 30 милијарди долари. Најмногу се троши на сообраќајната инфраструктура на Сочи, град што е долг над 150 километри покрива со струја од другите региони, а за Олимпијадата се градат постројки што ќе произведуваат 1.424 MW. ЕКОЛОГИЈА И СТАНБЕНОКОМУНАЛНИ КОМПЛЕКСИ Ревизорите беа најнезадоволни од квалитетот на отпадните води што се влеваат во Црно Море. Од таа причина за Игрите се изградени нови објекти за прочистување, чиј капацитет е 140.000 кубни метри отпадни води. Квалитетот на прочистување е висок, а цевките влегуваат два километра во морето, вели Пахомов: „Кога ни ги покажаа постројките за прочистување, претставникот на фирмата што ги испорачува дури беше подготвен да ја испие прочистената вода. Но, ние го убедивме да не го прави тоа“. ПО ОЛИМПИЈАДАТА Што ќе се случи со олимписката инфраструктура по Олимпијадата? Во февруари годинава Козак ја одобри програмата за нејзино користење по Игрите. Речиси сета комунална и инженерска инфраструктура и поголемиот дел градски патишта ќе му припаднат на градот Сочи. Според процените на администрацијата, ова ќе ги зголеми годишните расходи на градскиот буџет за две милијарди рубли. Од Сочи треба да се направи квалитетно одморалиште, но и место за организирање големи настани, какви што се конференции, изложби и спортски натпревари, смета Пахомов. Инфраструктурата што се гради за Олимпијадата ќе го подобри квалитетот на градската средина, нагласи градоначалникот.


РУСКА РЕЧ

КУЛТУРА

| 13

Црквите на островот Кижи Некогаш шумите на северна Русија меѓу езерото Ладога и Белото Mоре биле преполни со дрвени цркви. Денес се сочувани само неколку драгоцени примери, од кои најпознати се оние од архитектонскиот комплекс на островот Кижи, еден од околу 1.400 острови на езерото Онега. Оддалечен од копното, островот со своите живописни пејзажи долго време бил сметан за свето место. Повеќе од еден век водечките руски институции вложуваат напор да се заштити ова културно наследство. Во 1966 година, Кижи доби статус на национален музеј на архитектурата и историјата, а во 1990 година, островот беше внесен во списокот на Светското наследство на УНЕСКО. На островот Кижи се наоѓаат некои од најстарите сочувани примери на руските дрвени градби, вклучувајќи и една мала црква посветена на Воскресението Лазарово, која најверојатно е изградена на крајот на 14 век. Првокласен пример на руската дрвена архитектура е храмот посветен на Преображението Господово, изграден во 1714 година, наводно во чест на победата на Петар Велики над Швеѓаните, иако оваа црква постоела уште од почетокот на 17 век. Храмот се наоѓа на отворен простор на југозападниот дел од островот, во средиштето на погостот (овој термин во почетокот на 18 век почнал да означува оградени гробишта со парохиска црква). Како и црквата на Св. Василиј Блажени на Црвениот плоштад во Москва, главниот кишки храм со своите многубројни куполи остава впечаток на силна вдлабоченост и сложеност, иако неговиот изглед се заснова на строга структурална и естетска логика. Неговата силуета во облик на пирамида што се стреми кон небото (висока 37 метри) од голема далечина навестува дека се приоѓа кон свето место, додека дизајнот на самата структура ја засилува таа улога со секој свој детаљ. Централниот дел на црквата Преображение е осумаголник на три нивоа, потпрен со продолжетоци („раце‘‘) на сите четири страни на светот. Овие продолжетоци исто така имаат нивоа, кои претставуваат платформи за дополнителни куполи. На самата конструкција има двае-

Според легендите, дрводелецот што го градел храмот од алатки имал само секира, а и неа по завршувањето на работата ја фрлил во езерото Онега, за да се знае дека го завршил своето животно дело

Вилијам Брумфилд

Вилијам Брумфилд

Архитектонскиот комплекс (погост) на Кижи, поглед од запад

сет куполи, една е на врвот и уште една е на источната страна над апсидата. Оваа замрсена мрежа од куполи и од други делови на дрвената конструкција е истакната и со природни особености на различни видови дрво: темни ѕидови од старо борово дрво и сјајни сребрени куполи покриени со над 30.000 густо набиени лачни покривни штички од јасика. Ваквиот сложен дизајн на покривниот дел на структурата овозможува ефикасно проветрување, кое го чува храмот од пропаѓање. За високите цркви-брвнари на северот од Русија е карактеристично тоа што куполата не можела да се види однатре, зашто на централниот дел на црквата имало свод („небо‘‘) на кој биле насликани фрески на светители и архангели. Ова „небо‘‘ било врв на многу религиозни претстави од иконостасите пред олтарот. За жал, кишкиот свод е уништен за време на Втората светска војна. Знаеме како изгледало единствено од сочуваните црнобели фотографии. Градителите предвиделе храмот на Преображението да се користи само за време на големите летни црковни празници. Во Русија многу често храмовите биле градени во двојки - еден за служба налето, а друг за зимскиот период. Зимскиот храм на островот Кижи е изграден во 1764 година и е посветен на Покровот на Пресвета Богородица. Тој е споен со летната црква и на целиот комплекс му дава убав визуелен додаток. Додека црквата на Преображението со својата структура е устремена кон небото, црквата на Покровот со својата проширена трпезарија има акцент на хоризонталата. Круна од осум помали куполи што ја опкружуваат главната купола над осумаголниот центар претставува воедно и драматично и смирувачко решение, кое на тој начин повеќе го надополнува обликот на храмот на Преображението, одошто му се спротивставува.

Во Карелија, во северозападниот дел на Русија, во средината на големото езеро Онега, се наоѓа остров полн со неповторливи и нестварно убави дрвени цркви Последниот дел од оригиналниот погост на Кишкиот комплекс го сочинува шаторската камбанарија помеѓу двете цркви. Изградена е кон крајот на 18 век, а потоа е повторно изградена во 1874 година и е реновирана на почетокот на деведесеттите години од минатиот век. Погостот со гробиштата е ограден со низок ѕид од хоризонтални штици на темел од камења. Во средниот и во северниот дел на островот исто така се наоѓаат капели, кои тука се преместени од околните села. Сите тие се одликуваат со скромен шарм и убавина карактеристична за традиционалната руска дрвена архитектура на молитвени места, со декоративен длаборез и мали дрвени куполи. Највпечатлива е капелата на Света Тријерарха од 18 век, која е направена во селото Кавгора во Кондопогскиот дел на Карелија. Оваа мала структура кулминира на западниот крај со осумаголна камбанарија. Црквата на Преображение Господово е сега во фаза на детална и сложена реставрација, што ќе ја осигури нејзината иднина. Архитектонскиот комплекс на островот Кижи е во секој случај еден од оние споменици што Русија ја прават да биде Русија.


14 |

РУСКА РЕЧ

ИНТЕРВЈУ

ЗВЕЗДА АНГЕЛОВСКА, АКТЕРКА И РЕЖИСЕРКА

Македонка со руска душа Емил Ниами

Какви се вашите први искуства со Русија? Што е она што ви помогна да влезете во рускиот „штос“ кога првпат заминавте за Санкт Петербург? - Моите први спомени од Русија, или првите слики што ги паметам, се поврзани токму со градот Санкт Петербург. Сметам дека овој град речиси за секој странец што доаѓа од друга културна средина, но, исто така, и за другите граѓани на РФ, плени уште од самиот прв впечаток. Сакам да кажам дека ја имав привилегијата да ја запознаам Русија токму преку овој град, не сакајќи да бидам претенциозна и да не кажам дека во оваа голема земја сигурно постојат уште многу градови и центри што безмалку го заслужуваат своето внимание. И колку и да знаете за историјата на овој град пред да го видите првпат (како е создаден или како му се менувало името во различни периоди), тој најпрво мене ме фасцинира со своето срце и душа што ги има во него. Мислам дека тоа срце пулсира со еден умерен и достоинствен ритам на живеење, кој е истовремено неуморен, а можеби и ретко жилав, зашто, сепак, да не заборавиме дека ова е северната престолнина на Русија, каде што и Хитлер ја загуби, својата битка во Втората светска војна токму на ова место. Всушност, сакам да кажам дека ако немате барем дел во себе сличен на овие карактеристики што ги споменав за градот, тешко дека ќе можете да живеете таму, освен да го посетите само како турист и да бидете презадоволни од неговата преубава архитектура, која ја сочинуваат музеите, црквите, спомениците, а најмногу небото со белите ноќи во лето. Кога заминав првпат, јазикот го познавав, но не сосема доволно и заедничкото меѓу мене и рускиот дух (ако можам така да кажам) можеби беше страста по уметноста или нејзиното воспевање, безрезервната фасцинација дури и од најмалиот културен настан, предноста на духовниот, а не на материјалниот свет, натпреварувањето со самите себеси, големите амплитуди на емоционалните расположенија... И навистина не знам што беше она што ми помогна да влезам во рускиот штос за да ја издржам првата зима во далечната 2006 година, кога температурата беше 25 и повеќе степени Целзиусови под нулата (тоа беше една од најстудените зими што Петербург одамна не ги имал), кога трепките ми побелуваа штом ќе излезев на улица, кога чувствував дека крвта ми е жешка, а кожата речиси замрзната и сепак функционирав најнормално и не се самосожалував како што мислам дека би го сторил тоа секој втор граѓанин што доаѓа од Медитеранот, а уште повеќе, пак, Балканец од каде што потекнувам јас.

Нејзината необична надворешност, очите исполнети со уметничка чистота и постојаниот младешки занес ја прават Звезда Ангеловска една од најмаркантните актерки на македонското глумиште. Нејзиниот неoспорен талент, и како актерка и како режисерка, со години наназад се крепи врз руската театарска школа, на која оваа македонска актерка ѝ верува и како професионалец, и како научник, и како личност. Во ексклузивното интервју за „Руска реч“ таа зборува за своите санктпетербуршки „странствувања“, за слободата на сопствениот дух и за неодминливата „руска душа“ И кога ќе ја слушнете онаа руска реченица од вашите пријатели, на кои не им е ништо подобро од вас, велејќи „Всё будет хорошо!“ (Сѐ ќе биде добро!), сфаќате дека животот и воопшто не би бил интересен, ако некогаш не сте си ја измериле сопствената сила и издржливост, а не туѓата, како што најчесто прават луѓето, живеејќи пасивно. Јадењето сладолед во зима, а пиењето топол чај и налето, безмерниот ентузијазам, потоа егзалтираноста и депресијата, се нешта што морате да ги привикнете, a тоа за еден уметник со аванту-

ристички дух е голема провокација, зашто така ја изучувате најголемата животна школа. Какви се вашите искуства со театарската академија во Санкт Петербург? Што е она по што се разликуваат нашите театарски школи? - Државната театарска академија во Санкт Петербург во 2005-2006 година го славеше својот јубилеј 250 години постоење од првата театарска школа. Прво, самата зграда на улицата Моховаја, каде што во салите за сценски движења и танци некогаш навистина се играле балови од некое друго време, говори многу. Традицијата е нешто што не се стекнува преку ноќ, а и нејзиното одржување е битен фактор за културата и за уметноста. Нашите театарски школи, а ако говориме за македонската (сепак, таа е една и единствена, која спаѓа во државните), се формирала официјално дури по Втората светска војна поради сложените општествено-политички околности. Како и да е, во мојата споредбена анализа во магистерскиот труд на академијата и заклучоците произлезени оттаму, важно (најмногу за мене) е тоа дека ние имаме некаква претстава за руската школа, особено во нејзиното рангирање на рускиот реализам, на многу површно рамниште, а, истовремено, делумно се сметаме и за следбеници, имено, на таа школа. Потоа, во руската школа тешко продира западното влијание во смисла на брзите концепти и затоа морате да имате посебна причина, зашто таму долготрајно се изучува секој посебен метод или принцип, а да не говорам за тоа дека педагогијата е развиена во сите сегменти од оваа област. Велам долготрајно, зашто тоа секако е набљудувано од моја страна, оти, пак, за нив е речиси нејасен краткотрајниот наш процес, кој секогаш е подложен и отворен за промени.


РУСКА РЕЧ

ИНТЕРВЈУ

Ангеловска: Русија е земја што може само да се почувствува, а никако да се објасни

Вашата научна дејност се фокусира на македонскиот театар, но, претпоставувам, од руска гледна точка. Кои се сознанијата што ги стекнавте, а кои се интересни за нашите читатели? - Грубо речено, јас никогаш не можам да бидам специјалист по руски или по каков било друг театар, туку можам само да ги споредувам другите театри или да ги анализирам корените на нашиот театар, вклучувајќи ги влијанијата, итн... Сакам да кажам дека поимот „театар“ е секаде присутен и дека секоја култура си има свој театарски идентитет. Мислам дека корисноста од научната дејност (ако воопшто таа може да биде некогаш корисна) е да продрете подлабоко и во сопствената култура/идентитет, но и во другата, за да ги извлечете полезните страни и од двете, да ги воочите разликите не само на интуитивно рамниште, а уште повеќе да го освестите сопствениот идентитет, но од една поинаква дистанција. За читателите е можеби интересен фактот дека ние многу подиректно ги чувствуваме корените на античкиот театар, за кој театралозите велат дека рускиот режисер Меерхољд со својата биомеханика, имено, влече корени токму од овој тип театар. Или дека рус-

киот театар е, пак, поблизок до психолошкиот реализам, но тоа е повторно поради поднебјето, затоа што една позната изрека вели: „Какво поднебје - таков театар“. Вашиот престој во Руската Федерација секако ви донесе и определени ангажмани. Каква е соработката со руските колеги? - Со оглед на тоа што играв и режирав претстави таму, моето искуство таму и овде е различно во однос на дисциплината, професионализмот и работоспособноста. Можеби некому ќе му звучи зачудувачки, но таму руските колеги поминуваат многу повеќе часови на работното место, зашто, пред сѐ, претпочитаат и духовно и ментално да се развиваат и кога веќе имаат зад себе кариери, потоа имаат силно изразено чувство на хуманост во колективот, кој е многу неопходен во театарот. Кога соработувате со руски колега не можете да бидете губитник, зашто едноставно неговиот вроден натпреварувачки дух и фанатичната вљубеност во професијата ќе ве повлечат и вас и ќе престанете да бидете задоволни од првичните резултати на успехот. Но, најмногу од сѐ, кај нив го почитувам умеењето да разговараат, сериозно да ѝ пристапат на одредена проблематика, емоционално сло-

| 15

бодно да се отворат и да се изразат себеси... Тоа во мојата професија е можеби најбитно, а сметам дека кај нас сме сѐ уште многу затворени, тешко се изразуваме особено каде што треба и имам чувство дека повеќе ја глумиме емоционалната слобода, отколку што вистински ја чувствуваме. Но, и за тоа секако има причина, која е поврзана, чинам, и со нашата не толку едноставна историја. Што е со професионализмот? Постои ли во овој поглед некаква разлика? - Не можам да кажам дека не постои и овде професионализам, но разликата е само во селекцијата, т.е. таму не верувам дека уметникот избира да биде нешто друго освен уметник, со сите последици од неговата определба. Веројатно, публиката само како таков и го почитува. Кои се вашите впечатоци за Русија надвор од професионалната и од научната дејност? - Моите впечатоци за денешна Русија се многу блиски со оние за кои пишувале многу писатели или поети уште пред еден или два века, во смисла дека таа е огромна земја - некогаш империја, каде што човекот може да биде од најголем до најмал и обратно и затоа отсекогаш се стремел да биде силен и духовно воздигнат. И сметам дека секој странец, ако се обиде да ја опише рационално, нема да може, зашто Русија е земја што може само да се почувствува, а никако да се објасни, зашто ако еднаш ја запознаете, секогаш ќе ве прогонува носталгијата кон неа, дури и кон тоа што вам можеби ви се чинело апсурдно. Помнам едно интервју на Олег Меншиков кога го прашаа зошто не останал да живее во Англија кога таму го играше Нижински, а тој одговори, приближно, дека ќе нема со кого да пие (онака ругарски) од шише вотка, да јаде сарделки, да пее и да кажува здравици до бесвест. Едноставно, нему Западот му се виде совршен и стереотипен, некомплициран, но и неинтересен. Мислам дека со овој пример, кој, иако не е мој (но сум имала слични), не можев подобро да го опишам впечатокот за Русија. Многумина зборуваат за „руската душа“, „се фати“ ли таа во вас? - Јас мислам дека со неа или се раѓате или не. А сѐ друго е само некаква имитација или обид да ја разберете. Точно е дека руската душа може само да ве плени и да продре длабоко во вас, но тоа е во одреден временски интервал, а тие што се раѓаат со неа го живеат токму и онака животот, како што велат - со типична руска душа. Како и да е, знам дека таа е препознатлива за секој странец што ќе дојде во допир со неа и тоа е она со што Русија може да се гордее. Што ја прави Русија посебна за вас? - Токму таа руска душа, која може да ве опијани со своето безрезервно пријателство, хуманост и храброст. Татковината си е татковина, но дали понекогаш чувствувате тага и копнеж по Санкт Петербург? - Јас велам вака: „Кога еднаш ќе го видите Санкт Петербург, до крајот на животот ќе чувствувате тага и копнеж по него“.


ИМПРЕСУМ

16 |

КАЛЕИДОСКОП

Писмата на читателите, колумните и илустрациите означени како „мислење“, како и текстовите од рубриката „погледи“ во овој додаток се избрани за да претстават различни гледишта и не го изразуваат нужно гледиштето на уредникот на проектот „Russia Beyond the Headlines“ или на весникот „Росијскаја газета“. Ве молиме вашите писма и коментари да му ги испраќате на уредникот на urednik@ruskarec.mk

ЧЕСТВУВАЊЕ НА СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ

© 2013 сите права се задржани од ФГБУ „Росијскаја газета“: АЛЕКСАНДAР ГОРБЕНКО претседател на редакцискиот совет, ПАВЕЛ НЕГОИЦА генерален директор, ВЛАДИСЛАВ ФРОНИН главен уредник. Забрането е копирање, дистрибуција или преземање на содржините од овој додаток, освен за лична употреба, без писмена согласност на „Росијскаја газета“. Ве молиме за дозвола да се обратите на телефон +7 (495) 775 3114 или на и-мејлот urednik@ruskarec.mk. „Russia Beyond the Headlines“ не сноси одговорност за ненарачаните текстови и фотографии. Специјалните додатоци за Русија во светските дневни весници ги уредува и ги издава „Russia Beyond the Headlines“, во организација на „Росијскаја газета“ од Москва. Во моментов додатоци се објавуваат во следниве весници: Le Figaro, Франција • The Daily Telegraph, Велика Британија • Süddeutsche Zeitung, Германија • Еl País, Шпанија • La Repubblica, Италија • Le Soir и European Voice, Белгија • Дума, Бугарија • Политика и Геополитика, Србија • Eleutheros typhos, Грција • The Washington Post, The New York Times и The Wall Street Journal, САД • Navbharat Times и The Economic Times, Индија • Mainichi Shimbun, Јапонија • China Business News, Кина • South China Morning Post, Кина (Хонгконг) • La Nacion, Аргентина • Folha De S. Paulo, Бразил • El Observador, Уругвај • Today, Сингапур • Joongang Ilbo, Јужна Кореја • Sydney Morning Herald и The Age, Австралија • Gulf News, Обединети Арапски Емирати Електронска пошта на редакцијата „Руска реч“: urednik@ruskarec.mk. Повеќе информации на http://ruskarec.mk

Резервист на граничната полиција за време на Денот на граничарите во Новосибирск Централ парк, Русија, на 28 мај 2013 година.

Александар Крајжев / РИА Новости

ИГОР ДАНИЛОВИЌ координатор на „Руска реч“ во „Нова Македонија“ МАРЈАН ДЕЛЕВСКИ дизајн САША БЕЛЕВСКА технички уредник

Руски свештеници во богослужбата за чествување на празникот Св. Кирил и Методиј во Москва, на 24 мај 2013 година.

ДЕН НА ГРАНИЧАРИТЕ

ИРИНА ШЕЈК ВО КАН

AFP / East News

ЕВГЕНИЈ АБОВ издавач и директор на RBTH ПАВЕЛ ГОЛУБ главен уредник на додатоците на RBTH ВЈАЧЕСЛАВ ЧАРСКИ извршен уредник за Јужна и за Средна Европа ЕМИЛ НИАМИ превод, лектура, веб, гостин-уредник на додатокот „Руска реч на македонски“ ЈАНЕ ЈОВАНОВ, ТРАЈЧЕ СТОЈАНОВ превод, лектура, веб ЕКАТЕРИНА ТУРИШЕВА, ИВАН НИКОЛАЕВ асистенција, веб НИКОЛА ЛЕЧИЌ, ИРИНА РЕШЕТОВА ко-уредници АНДРЕЈ ЗАЈЦЕВ, НИКОЛАЈ КОРОЉОВ илустрации За огласување во овој додаток, ве молиме да се обратите на ЈУЛИЈА ГОЛИКОВА, директор на одделот за односи со јавност: julia.golikova@rbth.ru.

AFP/East News

Додатокот „Руска реч“ го финансира, уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва, Русија). Интернет-страница: ruskarec.mk Еmail: urednik@ruskarec.mk Телефон: +7 (495) 775 3114 Факс: +7 (495) 988 9213 Адреса: ул. Правды 24, д. 2, Москва 125993, Россия.

РУСКА РЕЧ

Руската манекенка Ирина Шејк позира на фотографите на 66-от „Кански филмски фестивал“ по повод прикажувањето на филмот „Сѐ е изгубено (All is Lost)“, на 24 мај 2013 година.


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.