Руска реч Македонија #33

Page 1

mk.rbth.com

Прилогот го уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва), која е целосно одговорна за содржината. Се печати и се дистрибуира во соработка со „Нова Македонија“.

САБОТА - НЕДЕЛА, 16-17 АПРИЛ 2016 ГОДИНА

Издание на

Роскосмос

Русија го обновува производството на ракетно гориво стр. 6

Пет факти за Деветтата планета стр. 8-9

БРОЈ 33

Македонец на пат кон вселената стр. 12-13

55 години

од патот кон sвездите Кажете ни што мислите за Русија на страниците на „Руска реч на македонски“ на Интернет-мрежата! ruskarecmk mk.rbth.com

ruskarecmk

Меѓуѕвездена Москва: најдобрите места за обожувачите на вселената стр. 14-15

„Росијскаја газета“ уредува прилози за Русија во 37 водечки светски весници, вклучувајќи ги и „Њујорк тајмс“, „Дејли телеграф“, „Фигаро“ и „Ла Република“


2|

ПОЛИТИКА И ОПШТЕСТВО

Бил Стафорд/НАСА

55 години на патот кон

Членовите на Експедицијата 42 се одмораат по тренингот во Вселенскиот центар „Џонсон“ на НАСА и позираат за заедничка фотографија. Во првиот ред се астронаутите на НАСА командантот Бари Вилмор (лево) и Тери Виртс. Во задниот ред (од лево кон десно) руските космонаути Елена Серова Александар Самоукутјаев и Антон Шкаплеров, како и астронаутот Саманта Кристофорети од Европската вселенска агенција

Викторија Завјалова „Другари! Советската земја од денес стана брег на Вселената!“, на стариот плакат се насмевнува едно восхитено момче. Зад него се наоѓаат планети, Кремљ и ракета што лета кон небото. Во неговата рака има билет за „таму“, односно за космосот, и за „назад“ во татковината, во СССР. Цели поколенија советски луѓе растеа со мислата за тоа дека тие се оние што „ќе го напишат летописот за покорувањето на Вселената“. Како се развива космичката индустрија во Русија денес и што се случи со мечтата за ѕвездите?

Оваа година се навршуваат 55 години откако првиот човек на планетава, Јуриј Гагарин, замина во орбитата. Во современа Русија луѓето сè уште мечтаат за ѕвездите: сега сателити прават дури и ентузијасти и блогери СТУДЕНА ВОЈНА ВО ОРБИТАТА Летот на Јуриј Гагарин од 12 април 1961 година стана едно од првите грандиозни достигнувања на СССР во космосот. Но, додека целиот свет со огромна возбуда го набљудуваше првиот човек на орбитата, американските власти

чувствуваа извесна тревога: ракетатаносач Р-7, која го лансираше во орбитата вселенскиот брод на Гагарин „Восток1“, на почетокот беше проектирана за испорака на нуклеарни глави во САД. Во тек беше Студената војна. Космосот беше сфера каде што наддржавите можеа една на друга да ѝ ја демонстри-


ПОЛИТИКА И ОПШТЕСТВО

|3

ѕвездите

Кадар од документарниот филм „Првиот лет кон ѕвездите“, Јуриј Гагарин раат својата моќ и „да си ги покажуваат мускулите“, избегнувајќи отворен судир. Имено, во овој период во СССР беа издадени голем број плакати со космичка тематика. Космосот постепено стануваше инструмент за мотивација на пролетеријатот. На почетокот од седумдесеттите години од минатиот век властите на СССР беа загрижени поради новоста за разработка на американски спејс-шатл. САД сакаа да направат квалитативен исчекор во областа на искористувањето на просторот околу Земјата во воени цели. Во Советскиот Сојуз беа загрижени дека САД ќе ги применуваат своите вселенски шатлови за испорака на нукле-

арно оружје и за грабнување на советските сателити. За да го спречат тоа, властите на СССР ги вложија сите сили во развој на космичката програма „ЕнергијаБуран“. За реализација на своите планови наддржавите потрошија огромни средства – околу 200 милијарди американски долари за програмата „Спејсшатл“ и околу 16-17 милијарди американски долари за „Енергија-Буран“. Целокупната ситуација се измени со перестројката, со распадот на СССР и со економските потреси во Русија од почетокот на деведесеттите години од минатиот век. Со оглед на економските тешкотии беше запрен проектот за создавање на новата вселенска станица „Мир-

2“, која требаше да ја замени „Мир“ (која беше потопена во 2001 година).

ОД СОПЕРНИШТВО КОН СОРАБОТКА Во јуни 1992 година Русија и САД склучија спогодба за соработка во истражувањето на космосот. Роскосмос ѝ предложи на НАСА да се создаде Меѓународната вселенска станица (МВС), кој на почетокот беше проект на САД, Канада, Јапонија и на Европската вселенска агенција. Последниве неколку години астронаутите од сите земји летаат на МВС единствено со помош на рускиот вселенски брод „Сојуз“. стр. 4-5


4|

ПОЛИТИКА И ОПШТЕСТВО Продолжение од стр. 3

Впрочем, минатата година приватните компании „Спејс Х“ и „Боинг“ од НАСА добија 6,8 милијарди американски долари за разработка на нов транспортен вселенски брод до крајот на 2017 година. Според првиот човек на Роскосмос, Игор Комаров, сега во вселената меѓу земјите царува целосно разбирање. „Без оглед на заострувањето на напнатоста на Земјата, на МВС се случува обратен процес. Ние разменуваме резултати од истражувањата и научна апаратура. Се договоривме со НАСА и со Европската вселенска агенција дека и понатаму заедно ќе ги развиваме научниот правец и пилотските програми“. Згора на тоа, како што забележува Комаров, во иднината клубот на „космички држави“ само ќе се проширува. „За земјите што сега почнуваат да се занимаваат со космичките истражувања, вратите ќе бидат отворени“, забележува тој.

ОДАМНА СМЕ ИЗЛЕЗЕНИ ОД ПЕЛЕНИ Кон крајот на март владата на Русија го одобри проектот за новата вселенска програма 2016–2025 година. Еден од нејзините приоритети е развојот на рускиот сегмент на МВС. Експлоатацијата на станицата ќе трае до 2024 година. Според Комаров, Роскосмос го разгледува заедничкото освојување на Марс со НАСА и со ЕВС (проектот ЕкзоМарс). Сепак, во текот на следните 10 години Русија ќе се сконцентрира на проучување на околуземната орбита, на космичката радијација и на сончевата активност, а, исто така, и на подготовката за истражување на Месечината по 2025 година. Првиот Русин, според плановите на Роскосмос, ќе излезе на Месечината дури во 2030 година. - Треба да решиме многу прашања пред да заминеме во далечниот космос. Продолжуваме да работиме на ‘ЕкзоМарс’ и уверени сме дека ќе ја реализи-

раме втората етапа на мисијата во 2018– 2020 година - вели Комаров. Основните цели во блиска иднина се развој на орбиталната групација сателити за врска и далечинско сондирање на Земјата, а, исто така, и лансирање на нови космички апарати за научни истражувања. Се чини дека плановите на Русија не се разликуваат според амбициите и големината. Вселенската програма за следните 10 години не предвидува дури ни создавање ракета од супертешка класа. - Ракетата-носач од средна класа Феникс, која треба да биде создадена до 2025 година, претставува прва етапа од почетокот на големиот пат до создавање ракета од супертешка класа, но во блиска иднина нема да работиме на неа. Зошто да ја правиме сега? За да кажеме дека сме ја направиле први? Ние одамна излеговме од пелени – некој е прв на Месечината, некој во вселената. Сега имаме други задачи, не ни се потребни тие младешки амбиции - вели Комаров.

Д. Гасјук/РИА Новости

Херојот на СССР, космонаутот Павел Попович (роден 1930 година) во кабината на вселенски брод. Фотографија од филмот „Ѕвездени браќа“


ПОЛИТИКА И ОПШТЕСТВО

|5

РИА Новости

„Освојувачите на Вселената“ од Александар Дејнека, репродукција

Впрочем, како што сметаат руските космонаути, уште сега е можно да се колонизира Месечината со постојната техника. - Во последно време човештвото направи пробив во разработката на нови материјали, како и во енергетиката. Ми се чини дека современата техника може да ја колонизира Месечината. Во секој случај, тоа е неопходно: ресурсите на Земјата порано или подоцна ќе секнат, а тоа ќе доведе до освојување на Месечината и на Марс - смета космонаутот Олег Кононенко.

ЅВЕЗДИТЕ СЕ ПОБЛИСКУ ОДОШТО СЕ ЧИНИ Во последниве години во Русија се појавија приватни космички компании. На пример „Даурија Аероспејс“ и „Спутник“ се занимаваат со разработка, конструирање и лансирање мали космички апарати. „Кон ѕвездите“ се стремат и амате-

рите: тие бараат пари за своите космички проекти на краудфајндинговите платформи. На почетокот од 2016 година група ентузијасти-блогери на „Бумстартер“ собраа околу 29 илјади американски долари со цел да лансираат апарат на Месечината. Нивната цел е фотографирање на местото на кое се спуштил американскиот вселенски брод „Аполо“, како и на советските автоматски станици „Луна“ и „Луноход“. Годинава руските научници од Машинскиот универзитет планираат да го лансираат минисателитот „Мајак“, кој е исто така изграден со парични донации од Интернет. Целта на проектот е „да се покаже дека космосот е близок и пристапен“, а, исто така, да се тестираат технологиите што можат да го решат проблемот со вселенскиот отпад. Во средината на март приватната компанија „КосмоКурс“ од Роскосмос

доби согласност за разработка на проект на мултитајм-систем за лет на туристи во космосот. „Барањата од туристите нема да бидат строги. Ќе треба да се минат медицински прегледи за сериозни заболување, како и испитување во центрифуга. Потоа ќе можеме да склучиме договор“, вели генералниот директот на „КосмоКурс“ Павел Пушкин. Компанијата ќе ја спроведе првата екскурзија во 2020 година. Цената на билетот ќе изнесува помеѓу 200 и 250 илјади американски долари. Се чини дека многу години откако граѓаните на СССР почнаа да мечтаат, ѕвездите се, сепак, поблиски, но не за сите. За да дознаете повеќе за животот на првиот човек кој замина во вселената прочитајте го текстот „Јуриј Гагарин: хронологија на животот на првиот космонаут“ на нашиот портал mk.rbth.com/31561


6|

ЕКОНОМИЈА

Русија го обновува производството на ракетно гориво Русија повторно почнува самостојно да произведува хидразин – гориво за ракетни мотори и за космички апарати. Изградбата на оваа фабрика во Нижегородската Област (околу 400 километри од Москва) беше завршена кон крајот на февруари од страна на една од потструктурите на рускиот космички ресор Роскосмос. До неодамна испораката на хидразин во Русија беше забранета поради санкциите: овој вид гориво, меѓу другото, се користи и во воените програми. Проектната моќност на новиот комплекс ќе изнесува 15 тони годишно, соопштуваат од службата за односи со јавноста. Обемот на инвестициите, точната локација на фабриката и други детали не се откриваат. Во моментов во фабриката се тестира опремата и се подготвува започнувањето на производството. Отворањето е планирано за годинава.

ОД ШТО Е СОСТАВЕН И КАДЕ СЕ КОРИСТИ ХИДРАЗИНОТ - Сам по себе хидразинот е мошне едноставна органска материја – две молекули азот и четири водород. Во ракетната техника се применува негов дериват, кога еден од молекулите на водородот се заменува со посложено соединение. Тогаш се добива повеќе водород, па горивото станува поефикасно, односно се ослободува повеќе енергија на килограм тежина - појаснува Иван Моисеев, научен раководител на Институтот за космичка политика. Хидразинот се користи на горните нивоа на вселенските ракети – во блоковите за засилување. Современите ракети најчесто се лансираат најпрво во ниската орбита, а потоа се користи блокот за засилување за да се упати до потребната орбита, да лета и да маневрира. Колку е поголема масата на горивото, толку е поскап летот. Затоа зголемената ефикасност на горивото дури и за неколку проценти, каков што е случајот со користењето на деривати на хидразинот, суштински ги намалува трошоците. Според Иван Моисеев, хидразинот е едноставен за производство, но истов-

Рамиљ Ситдиков / РИА Новости

Светлана Архангељскаја

Тајната фабрика за производство хидразин е изградена и ќе биде пуштена во употреба оваа година ремено е и мошне отровен, влегува во групата многу опасни материи или во првата класа на опасност. Неутрализацијата на горивото е мошне скапа. Згора на тоа, за производство на високоефикасно гориво – деривати на хидразин – постојат посебни барања. Порано во Русија беше поевтино тие да се купуваат, но сè се измени со санкциите.

КАДЕ ГО ПРОИЗВЕДУВАА И КАДЕ ГО КУПУВАА До 1993 година во Русија хидразинот се произведуваше само во Новосибирската област (во Сибир). Потоа земјата почна да го купува од странство, најмногу од Германија од компанијата „Кајзер тред“. Во 2014 година, поради заострувањето на меѓународните односи, испораката на хидразин за РФ беше прекината. Тогаш во Роскосмос почна да се зборува за можни проблеми со лансирањето на „Протон-М“, а, исто така, и на новите интерконтинентални балистички ракети „Сармат“. Силното ембарго не траеше долго. Веќе во октомври 2015 година Европската Унија реши да ја продолжи испораката на хидразин и на негови деривати во Русија. Сепак, тој можеше да се користи само за лансирање на европските космички апарати и за заедничките програми со Европската вселен-

ска програма, каков што е примерот со „ЕксоМарс“. Според претставниците на Роскосмос, во Русија дотогаш беше собрано доволно количество резерви од горивата што влегоа под санкции. Но, без оглед на тоа, беше решено да се започне со производство на хидразин во земјата. Освен во Нижегородската Област, се реализира уште еден проект во Башкортостан (1.300 километри источно од Москва) во фабриката „Гаспром нефтхим Салават“.

ШТО УШТЕ ЌЕ СЕ ПРОИЗВЕДУВА? Се обновува производството и на други видови гориво што се најдоа под санкции. Така, до 2018 година во Салаватската хемиска фабрика ќе биде обновено производството на нафтил. Тој се користи, меѓу другото, и за воените авиони Т-4. Како што се забележува во годишниот извештај на компанијата, ова е поврзано со прогнозираниот пораст на потребите на ракетно-космичката индустрија на Русија за нафтил до 2020 година за 5.000 тони годишно. На крајот на 2015 година во Нижегородската Област во фабриката „Синтез“ во Ѕержинск започна производството на еден друг вид гориво што му е потребно на Роскосмос, а кое е под санкции. Станува збор за водород пероксид. Сега ова гориво се користи за ракетните носачи „Сојуз“, а, исто така, и во претпријатијата од одбранбениот сектор. Дериватите на хидразин се користат на руската ракета-носач „Протон“, во моторните уреди на пилотските вселенски бродови „Прогрес“ и „Сојуз“, на орбиталните и на меѓупланетарните станици.


НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА

|7

Спрут, Удод и други космички експерименти Ана Кучма Годишната мисија, која започна на МВС на 27 март, во текот на една година ќе спроведе 19 медицинско-биолошки истражувања. Од нив 14 се од руската програма. Астронаутите Михаил Корниенко и Скот Кели исто така ќе извршат два заеднички руско-американски експерименти. Поголемиот дел од истражувањата се насочени кон подготовката на човекот за далечни летови и за пат до Марс.

ГЛАД ВО БЕСТЕЖИНСКА СОСТОЈБА

објаснува Афонин. Но, според овој научник, ова е само предлог, а целта на експериментот е да се дознае кои деловите на желудочно-цревниот тракт најмногу се менуваат и дали постои ризик за патолошка трансформација. Во иднина податоците од експериментот ќе помогнат за разработка на средства за профилакса на системот за варење и да се направи оптимален начин на исхрана за космонаутите.

СПРУТ ЌЕ СОБЕРЕ ПРИМЕРОЦИ ОД КРВ

ДИШЕЊЕ ПРЕКУ АПАРАТ

Во текот на годината научниците исто така внимателно ќе ја следат размената на материите кај рускиот космонаут. На секои два месеци Корниенко самиот ќе си зема примерок од крвта, ќе минува низ прегледи на специјалниот прибор Спрут, ќе ги внесува во табела потребите за вода и количеството изедена храна. Ова ќе им помогне на научниците да

Експериментот „Удод“ е посветен на изучување на системот за дишење, кој е исто така поврзан со ефектот на хипохидратација. Тој за првпат ќе биде спроведен во услови на бестежинска состојба. Зголемувањето на приливот на крвта во горниот дел од телото предизвикува зголемен притисок во черепот, што може да биде една од причините за влошувањето на видот на кое се жалат космонаутите. Космонаутите во бестежинска состојба ги чувствуваат истите нешта што ги чувствува и човек што е заврзан со главата надолу. - Дишењето низ специјален апарат ќе овозможува да се намали притисокот во градниот кош и ќе предизвика повлекување на крв од главата. Дишните мускули во услови на бестежинска состојба ослабуваат исто како и мускулите на нозете, со оглед на тоа што дишењето станува полесно. Во такви услови маската создава дополнителен товар при вдишувањето и служи како тренажер - објаснува шефот на лабораторијата Александар Суворов.

РИА Новости

Некои истражувања што беа направени претходно покажаа дека во услови на бестежинска состојба храната нема тежина, па затоа чувството на глад се појавува почесто. Како што вели за „Руска реч“ научниот раководител на експериментот, Борис Афонин, при ниска физичка активност на космонаутите зголемениот апетит може да доведе до дебелеење. Исто така, во космосот се менуваат вкусовите. „Ова не значи дека соленото се чини слатко или кисело. Но, оние производи што во рамките на тестирањата на Земјата на космонаутите им се чинеле вкусни, во космосот не се чинат така. Космонаутите понекогаш се жалат дека јадат без да уживаат. Од што зависи промената, допрва треба да се дознае“, вели Борис Афонин. Кога космонаутите се враќаат на Земјата, тие не се нафрлаат на стекови и на боршч. „Ним им е потребен период на адаптација, со оглед на тоа што организмот на почетокот ја прифаќа обичната земја храна многу тешко. Причина за ова е тоа што во бестежинската состојба се намалува тонусот и активноста на мускулите на желудникот и на цревата, односно цревата не ја туркаат храната понатаму“,

определат како во услови на бестежинска состојба се менува хормонскиот и имуниот статус на човекот. - Дури и мали измени во хормонскиот статус можат да влијаат на работоспособноста на космонаутот - појаснува за „Руска реч“ Галина Васиљева, водечки научен соработник на Институтот за медицинско-биолошки проблеми при Руската академија на науките. Уште еден значаен фактор е хипохидратацијата, односно распределувањето на течностите, особено на крвта во организмот. - Во услови на бестежинска состојба крвта се преместува од долниот дел на телото кон главата. Органите, особено срцето, почнуваат да работат во засилен режим. За да се адаптира на ситуацијата, организмот започнува да се ослободува од вишокот течност. Затоа во првото деноноќие на летот кај космонаутите се забележува диуреза - вели Галина Васиљева. Спротивна појава се забележува по приземјувањето. Со враќањето на гравитацијата крвта нагло се враќа во долниот дел од телото и токму затоа на космонаутите им е тешко да стојат на нозе. Истражувањата ќе помогнат во иднина да се олесни и да се забрза периодот на адаптација и во космосот и на Земјата.

Зошто на космонаутите им е тешко да стојат на нозе, како да се изборат со гладот во вселената и како да не се изгуби видот? „Руска реч“ поразговара со руските научници што се занимаваат со научни истражувања за едногодишната мисија на Меѓународната вселенска станица

Членови на екипажот ТМА-16М од експедицијата 43/44 на Меѓународната вселенска станица, ги пробаат скафандерите на космодромот Бајконур, од лево кон десно: Скот Кели (САД), Генадиј Падалка (Русија) и Михаил Корноенко (Русија)


8|

НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА Во јануари астронаутите Мајк Браун и Константин Батигин на крајот на Сончевиот систем забележаа деветта планета. „Руска реч“ поразговара со астронаутите за тајните на новооткриеното вселенско тело

AP

Пет факти за Деветтата планета

Светлана Архангељскаја Деветтата планета што ја открија астрономите од Калифорнискиот технолошки институт во Пасадена, може да го добие своето име по Дејвид Боуви, со оглед на тоа дека е пронајдена една недела по неговата смрт. Како што изјави Константин Батигин за „Руска реч“, фановите на Боуви веќе започнале кампања на Интернет. За волја на вистината, допрва треба да се докаже дека оваа планета навистина постои. Според пресметките на астрономите, потребни се 10-20 илјади години за таа да направи цел круг околу Сонцето. Масата ѝ е десет пати поголема од Земјината и пет илјади пати поголема од онаа на Плутон. Научниците веќе изнесуваат хи-

потези за нејзиното потекло и претпоставки за тоа дека со проучувањето на новата планета може да се дозна повеќе и за самата вселена.

ДЕВЕТТАТА ПЛАНЕТА ВО ДАЛЕЧНАТА ОРБИТА МОЖЕЛЕ ДА ЈА ИСФРЛАТ ЈУПИТЕР И САТУРН На почетокот се сметало дека во Сончевиот систем имало четири јадра, од кои настанале Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун. Но, можеби биле и пет. И петтата протопланета можеби многу се доближила до Јупитер или до Сатурн, а потоа била исфрлена во далечната орбита. - Јупитер навистина исфрла многу објекти на границата или надвор од Сончевиот систем - вели Натан Ејсмонт, водечки научен соработник на Институтот

за космички истражувања при Руската академија на науките.

ПРОУЧУВАЊЕТО НА ДЕВЕТТАТА ПЛАНЕТА МОЖЕ ДА ЈА ОТКРИЕ ТАЈНАТА НА ПОТЕКЛОТО НА СОНЧЕВИОТ СИСТЕМ Кометата 67Р/Чурјумов-Герасименко и мисијата на Плутон им помогнаа на научниците да соберат повеќе податоци за формирањето на Сончевиот систем. Деветтата планета може да биде следниот чекор во оваа насока. - Телата кои се далеку од Сонцето се движат 30 пати побавно од Земјата. Многу е мала веројатноста тие да се судрат со други објекти од вселената. Затоа површината на древните небесни тела е зачувана практично во првобитниот облик. Тоа може да биде некаков прав


НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА

|9

Константин Батигин

кој се формирал при случаен судир на ситни честички или, пак, парчиња мраз - објаснува Леонид Ксанфомалити, доктор на физичко-математички науки од Институтот за космички истражувања при Руската академија на науките.

ПРОНАОЃАЧИТЕ СМЕТААТ ДЕКА ДЕВЕТТАТА ПЛАНЕТА Е КЛУЧ ЗА ПРОУЧУВАЊЕ НА ДРУГИ ГАЛАКСИИ - Деветтата планета се движи со мошне елиптичен и доста голем пат. Ова е голем исклучок во нашиот Сончев систем, но е интересно што тоа е сосема нормално за планетите кои се движат околу другите ѕвезди. Според тоа, Деветтата планета е нашата најблиска врска со светот надвор од Сончевиот систем - вели Константин Батигин.

AP

Батигин е роден во Москва. Кога наполнил осум години се преселил со родителите во Јапонија, каде татко му работел на институтот „Рикен“. Шест години подоцна семејството се преселило во Калифорнија, каде Константин по завршувањето на училиштето се запишал на универзитет во Калифорнија. Заедно со Мајк Браун работел на истражувањето на жешката внатрешна структура на Јупитер и на раните динамички еволуции на нашиот Сончев систем. Сега неговите интереси се поврзани за планетарната астрофизика. на телескопи ќе успеат да ја потврдат својата теорија. Веќе поднесоа молба за користење на јапонскиот телескоп „Субару“ во опсерваторијата „Мауна Кеа“ на Хаваите. Експерименталната

потрага по планетата има и определени тешкотии. Имено, нејзиното набљудување е отежнато поради слабата осветленост на далечните краишта на Сончевиот систем.

Мајкл Браун Браун е професор по планетарна астрономија на Калифорнискиот технолошки универзитет, каде работи од 1996 година. Специјализирал на истражување на небесните тела на границите на Сончевиот систем. Познат е пред сè по истражувањата на Ерида, најмасивниот објект пронајден во Сончевиот систем во последниве 150 години, и по дебатата за преместување на Плутон од класата на вистинска планета во класата на џуџести планети. Во 2006 година списанието „Тајм“ го вброи во 100 највлијателни луѓе, а едно локално списание од Лос Анџелес го прогласи за најмоќен жител на градот.

НА ДЕВЕТТАТА ПЛАНЕТА НАЈВЕРОЈАТНО НЕМА ЖИВОТ, А ДОКОЛКУ ГО ИМА, ТОГАШ ТОЈ Е ВО НЕКОЈ ДРУГ ОБЛИК

НЕМА ДА БИДЕ ЕДНОСТАВНО ДА СЕ ПРОНАЈДЕ ПЛАНЕТАТА И ДА СЕ ДОКАЖЕ ДЕКА НАВИСТИНА ПОСТОИ Батигин и Браун се надеваат дека во следните неколку години со помош

Ројтерс

„Овие облици на живот што ги гледаме на Земјата таму секако ги нема. Можеби постојат некакви други облици. На пример, Сатурновиот сателит Енцелад е покриен со мраз, но под слојот мраз, има вода. И таму не е толку ладно. Сега постои теорија дека животот не треба да се бара во близина на Сонцето, ами на оддалечените планети, во студените делови од Сончевиот систем, почнувајќи од Сатурн, а можеби и подалеку“.


10 |

НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА

Како да се заштити Зем Јана Пчелинцева Во следните 185 години низ сферата на гравитацијата на нашата планета ќе поминат 39 астероиди. Една од варијантите за заштита од нив е уништување на опасните вселенски тела на нивната орбита за време на оддалечувањето од Земјата. Ова неодамна го предложија сибирските научници.

11.000 ОБЈЕКТИ ОКОЛУ ЗЕМЈАТА Се проценува дека постојат над 11.000 астероиди што периодично се приближуваат на нашата планета. Еден дел од овие небесни тела се опасни за Земјата. Врз основа на проучувањата на орбитата откриени се 39 такви астероиди. Веројатноста дека големата грамада незабележливо ќе ѝ се приближи на нашата планета е практично еднаква на нула. Но, појавата на небеските тела чиј пречник е помал од 300 метри навистина може да биде неочекувана за човештвото. Доколку ваков астероид влезе во нашата атмосфера и падне, тој може да уништи огромен град или цела држава. Огромен број научници од различни земји во светот работат на решавање на проблемите на промената на траекторијата на небеското тело што претставува опасност за нашата планета. Изборот на начини за заштита зависи од големината на астероидот. Тој може да се измести од својата орбита или да се крене во воздух, па така да се распарчи.

АСТЕРОИДИТЕ СЕ ВРАЌААТ Многу познати астероиди се враќаат кон Земјата со определена периодичност и секој пат нивната орбита е малку изменета. Научниците на Томскиот државен универзитет, заедно со колегите од другите научни центри, предложија ваквите потенцијално опасни космички објекти да се кренат во воздух кога ќе минат покрај Земјата. „Со помош на суперкомпјутерот СКИФ Cyberia направивме модулација на нуклеарна експлозија што би го уништила астероидот така, што неговите делови со голем степен на радијација да не стасаат на нашата планета“, вели за „Руска реч на македон-

Сибирските научници предлагаат астероидите да се уништуваат на орбитата додека се оддалечуваат од Земјата. Доволно силна експлозија може да даде само нуклеарното оружје, кое засега е забрането во космичкиот простор ски“ Татјана Галушина, соработник на Научноистражувачкиот институт за применета математика и механика на Томскиот државен универзитет. „Предлагаме астероидот да се ликвидира, но не кога се приближува кон Земјата, ами кога се оддалечува од неа. Тоа ќе биде многу поефикасно и многу побезбедно“. Научниците за компјутерскиот експеримент за цел избраа замислено небеско тело со пречник од 200 метри, слично на астероидот Апофис, кој во 2029 година ќе се приближи до Земјата на 38 илјади километри. За да се уништи објект од вакви размери, потребна е детонација со еквивалент на експлозија од еден мегатон тротили, што е 50 пати посилно од атомската бомба фрлена на Хирошима во 1945 година.

ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧИ СО ОСТАТОЦИТЕ ОД АСТЕРОИДОТ? Колку е овој метод безбеден и дали деловите од уништениот астероид ќе паднат на Земјата доколку човештвото реши да ги уништува астероидите на ваков начин? - Компјутерската модулација покажа дека во таков случај дел од астероидот ќе се претвори во гас и во капки, а друг дел ќе се распадне на парчиња, чиј пречник не е поголем од 10 метри. Оваа големина е максимално дозволена од гледна точка на безбедноста на Земјата. Доколку ракетата го удри астероидот одзади, тогаш практично сите делови од астероидот по уништувањето ќе одлетаат нанапред, односно во правец спротивен од Земјата - објаснува Галушина.

Научниците истакнуваат дека според законите на физиката по определено време по експлозијата Земјата повторно може да се сретне со парчиња од уништениот астероид, зашто тие летаат по вообичаената орбита. Но, модулацијата покажува дека во тој случај метеоритското „бомбардирање“ ќе биде практично незабележливо.


НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА

| 11

Shutterstocк

јата од астероиди

- Останатите парчиња се распрснуваат во орбитата и само незначителен дел од нив стигнува на Земјата. Во нашиот експеримент на Земјата стаса еден од 100.000 парчиња - истакнува Галушина. Постојат и такви што ја критикуваат новата технологија. Според зборовите на колегите од Томскиот по-

литехнички универзитет засега е тешко да се замисли реализација на резултатите добиени на суперкомпјутерот. Критичарите на новата технологија истакнуваат дека потребна сила има само експлозија на атомска боева глава, а во космичкиот простор е забрането користење нуклеарно оружје. Освен тоа, засега не е решен

ниту проблемот со стасување на проектилот до астероидот и со прецизното погодување. Повеќе текстови за космосот и за вселенската технологија, прочитајте во рубриката „Наука и технологија“: http://mk.rbth.com/science


12 |

РУСИЈА И МАКЕДОНИЈА

Македонец на пат кон

Емил Ниами Кога во 1997 година за првпат добив можност да заминам на екскурзија во Ѕвездениот Град немав претстава за што станува збор, всушност. Не знаев дека тоа ќе биде највозбудливата екскурзија во мојот досегашен живот. Долго време потоа си поставував прашања за нештата што ги бев видел, многу дилеми, неразјаснети нешта... 18 години подоцна добив можност повторно да заминам во ова волшебно место. И тогаш пред себе си поставив задача: ќе правам куси записки и ќе прашам сѐ што бев заборавил да прашам претходниот пат. Па, драг читателу, врзи го појасот – еден Македонец ќе те одведе на патот кон вселената.

НА ПАТОТ Ѕвездениот Град се наоѓа недалеку од Москва, на некои 25-30 километри надвор од територијата на престолнината. По автопатот комбито почнува да се движи низ една шума со тенки високи стебла, кои се предвесници на возбудата што следува. Стасуваме до една рампа каде што стојат стражари. Водичот ги собира нашите пасоши и заедно со списокот ги предава на едно намуртено лице. Потоа следува „фејс-контрол“. Некако се чувствувате како да не сте пожелни тука, како да сте неканет гостин. Откако завршува процедурата, стражарот се насмевнува и нѐ поздравува: Добре дојдовте во Ѕвездениот Град! Ви посакувам „космичка“ екскурзија! Тука ми олеснува и го прашувам водичот зошто беше потребна сета оваа строгост. Тој, пак, како по навика одговара дека е оваа област од високо федерално значење и е со посебен режим за влегување.

Во текот на екскурзијата ќе ви покажат и како изгледа храната на космонаутите, а оние што сакаат да ја пробаат можат да ја набават во специјалната продавница за сувенири. Можете да купите сок во туба, чај во кеса изработена од специјален вид фолија, овошје и зеленчук, како и главни јадења и десерти што космонаутите ги јадат во вселената. Којзнае дали за некој македонски космонаут ќе направат и ајвар во туба!

ВИСТИНСКА РАКЕТА Понатаму следуваат кабините „Сојуз ТМ“ и „Сојуз ТМ-а“. Не станува збор за макети, туку за вистински вселенски бродови. Во нив космонаутите тренираат и полагаат испити. Сите нешта што можат да ги искусат тие во вселената, тука се постигнуваат со помош на компјутерската технологија. Космонаутот управува со леталото гледајќи на монитор, кој дава веродостојна слика од космосот. Сите чекори на екипажот се контролирани од специјалистите што седат на пултот во непосредна близина на космичкиот брод. За време на полетувањето, слетувањето и маневрите на орбитата космонаутите задолжително облекуваат скафандер. Доколку прошетате по бродот може да видите многу работи што наликуваат на оние од „Ѕвездени патеки“. Ако случајно ве фаќа клаустрофобија, тогаш спалните соби дефинитивно не се за вас, зашто во нив се наоѓаат само неколку најнеопходни работи. Во деведесеттите години од минатиот век, во услови на дефицит, беше навистина тешко да се добие пропусница за ова место, зашто токму во овој град во продавниците имало сѐ. Во денешно време дефицитот не постои, но режимот со пропусници е сѐ уште строг, така што не е едноставно да се влезе во овој град.

ОДИМЕ НА ТРЕНИНГ Првото нешто што ќе ви го покажат на екскурзијата е центрифугата во Одделот за тренинг на космонаутите. Многумина ќе се запрашаат зошто токму центрифуга и како изгледа таа. Навидум станува збор за еден куп железо, но нејзините вртежи во сите правци и насоки се навистина зачудувачки. Порано на космонаутите во оваа машина им биле задавани 15 единици, односно тие чувствувале сила што била петнаесет пати поголема од онаа на Земјината тежа. Денес, пак, се работи со осум мерни единици. За време на тренинзите во контролната соба се наоѓаат голем број лекари и научници што постојано ја следат состојбата на космонаутот во кабината. За следење се користи најсовремена компјутерска технологија. Додека го минува тренингот, космонаутот мора постојано да го држи притиснато специјалното копче со кое им сигнализира на оние во контролната соба дека е сѐ уште епри свест. На прашањето дали некој би сакал да проба како изгледа тоа, сите од македонската делегација се откажаа. „Најхрабриот“ рече дека тој би се обидел, но дека тукушто појадувал.

Ројтерс

По повод 55-годишнината од полетувањето на Јуриј Гагарин во Вселената, „Руска реч“ се упати кон централното место за подготовка на космонаутите од целиот свет – Ѕвездениот Град


РУСИЈА И МАКЕДОНИЈА

| 13

вселената Во рамките на комплексот се нудат и најразлични други интересни нешта, а тука е и Музејот на космонаутиката „Ј. А. Гагарин“, каде што можете да видите многу интересни работи поврзани со космосот и со историјата на руската космонаутика. За оние со подлабок џеб се нудат најразлични екстремни екскурзии, кои ќе ви останат во сеќавање.

КОСМОНАУТИ ВО АКЦИЈА Доколку, пак, продолжиме понатаму по алејата, ќе стасаме до хидролабораторијата. Ова е навистина интересен дел, зашто посетителите на Ѕвездениот Град можат да ги видат космонаутите „во акција“. Станува збор за огромна метална топка исполнета со вода во која космонаутите вежбаат работа на отворено, под вода и под притисок, што е мошне важно за нивната кондиција во вселената. На топката се наоѓаат многубројни тркалезни прозорчиња низ кои посетителите можат да видат сѐ што се случува внатре. Мојата балканска љубопитност ме натера по автоматизам да почнам да чукам по прозорчињата. Во тој момент околу мене се создадоа неколкумина чувари кои ме предупредија дека не смеам да го правам тоа зашто ги деконцентрирам космонаутите што вежбаат. Во текот на изложбата ни беше предложено да го пробаме скафандерот „Сокол“. Како љубител на модата и на вселената, се сложив. Не можете ни да си претпоставите колкав товар постојано носат космонаутите на себе. Овој скафандер не е наменет за излегување во отворен космос, па велат дека е лесен, но десетина килограми облека на себе не се играчка – пробај да потрчаш по ЈСП во него!

ЗАЧЕКОРЕТЕ ВО ВСЕЛЕНСКАТА СТАНИЦА МИР

Ројтерс

До вселенскиот брод е сместен одделот за тренинг каде што се наоѓа станицата „Мир“. За овој оддел може да се каже дека е вистинско ремек-дело, зашто е изработено идентично на вселенската станица, а згора на тоа сите корекции што се направени во вселената се внесуваат и тука. На ова место космонаутите ги проучуваат сите детали од станицата и, секако, стекнуваат искуство за работа на неа. Малку понатаму се наоѓа и одделението со фрагменти на меѓународната космичка станица, каде што космонаутите можат детално да се запознаат со секој нејзин дел и начинот на работа одделно. Ова овозможува дистанцирање од станицата во целост и сосредоточување на задачата што му е зададена на секој од космонаутите. Во Скопје постои улица што го носи името на Ј. А. Гагарин. Освен тоа, во населбата Карпош минатата година во паркот „Македонија“ беше поставен и споменик на првиот човек што полета во Вселената.

ВРАЌАЊЕ КОН ЗЕМЈАТА Од просторијата со огромната топка полна со вода преку еден долг ходник се излегува надвор. Така и завршува еднодневната екскурзија во Ѕвездениот Град. Додека шетате по прекрасно уредените паркови не можете да се ослободите од чувството на возвишеност. Во тој момент се запрашувам: А, ќе отпатува ли некогаш некој Македонец во Вселената?

Повеќе интересени приказни од Македонците кои ја посетиле Русија во нашата рубрика „Русија и Македонија“ http://mk.rbth.com/rusija_i_makedonija


14 |

ПАТУВАЊА

Меѓуѕвездена Москва: места за обожувачите Ољга Чередниченко

Во Москва фановите на „Интерстелар“ и „Гравитација“ можат да го започнат своето вселенско патешествие веднаш по пристигнувањето, откако ќе отседнат во хотелот „Космос“. Потоа може да се упатат во павилјонот „Космос“ на ВДНХ – тоа е сосема близу (како и Московскиот музеј на астронаутиката). Одберете кој планетариум повеќе ви одговара според вкусот: скапиот, но преполн со чудна забава, или пријатниот, мал советски, скриен во гранките на Екатеринската градина. Не заборавајте два месеца пред посетата да се погрижите да се запишете за екскурзија во затворениот Ѕвезден Град.

МУЗЕЈ НА АСТРОНАУТИКАТА

Lori/Legion-Media

До моментот на завршување на Втората светска војна никој не знаеше дали некое живо суштество ќе може да пре-

живее лет во вселената. Во СССР решија да вршат експерименти врз кучиња, бидејќи веќе го имаа искуството на академикот Павлов, во САД на мајмуни, а во Франција на мачки. Кучињата ги земаа од засолниште за кучиња-бездомници, затоа што домашните беа премногу негувани, се бараа кучиња со вистински „советски карактер“ – скромни и самопожртвувани. Во август 1960 година 17 пати летаа околу Земјата и триумфално се вратија Белка и Стрелка. Целиот преостанат живот живееја од славата, настапувајќи во детски градинки и училишта, а по нивната смрт кучињата беа препарирани и изложени во музејот на астронаутиката во Москва. Никита Хрушчов ѝ го подари на ќерката на американскиот претседател кученцето Пушинка – ќерка на херојската Стрелка. Подарокот беше со алузија: Првиот секретар на ЦК КПСС сакаше да

„Руска реч“ ги одбра најдобрите локации за оние кои се инспирираат од далечните галаксии, оние кои се вљубени во соѕвездијата и мечтаат да ги остават своите траги на Марс покаже дека СССР им го истри носот на Американците во трката за вселената. Откако ја помина проверката на ЦИА за присуство на уреди за прислушување, Пушинка стана миленичка на семејството Кенеди и наскоро се спари со велшкиот териер Чарли, од кого роди четири кученца. Исто така во музејот на астронаутиката се претставени првиот сателит, ВЦшколката на бродот, капсулата во која престојувале кученцата Козјавка и Отважнаја, личните предмети на првиот космонаут, примероци од почвата на Месечината (сите експонати се оригинални), атракцијата „Буран“ која имитира вселенски лет, а во продавницата за сувенири може да се купи вистинска храна за космонаути. Во блиската меморијална куќа-музеј на Корољов сѐ е како што било додека бил жив академикот. Тој овде живеел шест години во периодот на џиновската работа, посветен на сите приоритетни проекти на векот за освојување на вселенскиот простор од кои главниот бил – лансирање на првиот вештачки сателит на Земјата и летот на првиот човек во вселената. Адреса: авенија „Мир“, 111 Метро: ВДНХ Тел: +7 (495) 683-79-68 www.kosmo-museum.ru/?locale=en Работно време: вторник, среда, петокнедела 10.00-19.00, четврток 10.00-21.00 Затворено: понеделник Влез: 200 руб. (3,5 долари) Екскурзија: 350 руб. (6 долари) Посета на интерактивниот експонат „Буран-2“: 200 руб. (3,5 долари)


ПАТУВАЊА

| 15

најдобрите на вселената

ЅВЕЗДЕН ГРАД

Во затворената населба Ѕвезден Град работи Центарот за подготовка на космонаути и Музејот за вселенски истражувања каде раскажуваат за вселенските бродови, ја покажуваат првата ракета, скафандери, тренажери за подготовка на космонаутите. Откако ќе поминете лекарски преглед, сето тоа можете да го пробате на себе. За да влезете во музејот, најпрво треба телефонски или по е-пошта да се пријавите за екскурзија не помалку од 35 работни денови.

Владимир Астапкович / ТАСС

Адреса: Московска област, Шчолковски автопат, 23 км од МКАД, Ѕвезден Град Тел: +7 (495) 526 38 74 www.zvezdniygorodok.ru (на руски) e-mail: go@zvezdniygorodok.ru Цена: 500 руб. (9 долари)

Московскиот планетариум по реконструкцијата е огромна атракција со научно-просветителска мисија. Овде се наоѓаат Големата и Малата ѕвездена сала, интерактивниот музеј „Лунариум“, 4D-киното и Опсерваторијата. Во Големата ѕвездена сала стои самиот апарат за планетариум кој врз куполите ги проектира ѕвездите и планетите и прикажува документарен филм за црните дупки или за судирањето на галаксиите. Во интерактивниот „Лунариум“ можете со виртуелен метеорит да направите да експлодира Сонцето, да управувате со возило за истражување на планетата Марс, да лансирате ракета на водороден погон и да моделирате вонземјанин. Во Москва исто така се наоѓа и прекрасниот мал планетариум во Екатеринската градина (www.planetariumcc.ru – на руски). Адреса: Садоваја-Кудринскаја, 5, стр. 1 Метро: Краснопресненскаја, Барикаднаја Тел: +7 (495) 221 76 90 www.planetarium-moscow.ru/en Работно време: понеделник, среда-недела 10.00–21.00 Влез: 120–700 руб. (2 - 12,5 долари)

Михаил Џапариsе / ТАСС

Photoexpress

МОСКОВСКИ ПЛАНЕТАРИУМ

ПАВИЛЈОН „КОСМОС“ НА ВДНХ

Во павилјонот-музеј „Космос“ на ВВЦ е изграден првиот во Русија интерактивен модел на вселенската станица од иднината на Марс во оригинални димензии - „Марс-Тефо“. Ова е едукативен проект и истовремено интерактивен музеј, посветен на истражувањето на Марс, каде уште денес можете да се испробате во улогата на космонаут и истражувач на далечните светови. Базата ќе се проширува, во моментов се состои од еден хол и три отсеци: енергетски, геолошки и команден. Посетата на „Марс-Тефо“ е можна во три формати: гледање, допирање, испробување. За посетителите е достапен симулатор за движење на возило за истражување на Марс по површината кој дава можност да се разгледаат пејзажите на Марс, да се дојде до станицата и да се набљудуваат виорите. Ќе ја видите „Песочницата“ која ја симулира површината на Марс, како и панорамата на кратерот Гејл која ја сними Кјуриосити во август 2012 година. Покрај ова, посетителите ги очекува и зоната за телепортирање – премин во пространства од иднината каде е можно човечко истражување на Марс и видеосала - орбиталниот комплекс каде на страничните прозорчиња се прикажуваат Марс и видео за истражувањата и освојувањето на Црвената планета. Адреса: авенија „Мир“, 119, ВДНХ, павилјон 34 Метро: ВДНХ Тел: +7 (495) 215 13 41, +7 (495) 215 13 48 Работно време: вторник-недела по претходен договор Влез: 500–2000 руб. (9 – 36 долари) При купување на билет преку Интернет попуст 5%. www.marstefo.ru (на руски)


ИМПРЕСУМ

16 |

КАЛЕИДОСКОП

Писмата на читателите, колумните и илустрациите означени како „мислење“, како и текстовите од рубриката „погледи“ во овој додаток се избрани за да претстават различни гледишта и не го изразуваат нужно гледиштето на уредникот на проектот „Russia Beyond the Headlines“ или на весникот „Росијскаја газета“. Ве молиме вашите писма и коментари да му ги испраќате на уредникот на urednik@mk.rbth.com

Додатокот „Руска реч“ го финансира, уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва, Русија). Интернет-страница: mk.rbth.com Еmail: urednik@mk.rbth.com Телефон: +7 (495) 775 3114 Факс: +7 (495) 988 9213 Адреса: ул. Правды 24, д. 4, Москва 125993, Россия.

АР

ЕВГЕНИЈ АБОВ издавач и директор на RBTH ВСЕВОЛОД ПУЉА главен уредник на додатоците на RBTH ВЈАЧЕСЛАВ ЧАРСКИ извршен уредник за Европа и генерален продуцент ЕМИЛ НИАМИ превод, лектура, уредник ЕКАТЕРИНА ТУРИШЕВА заменик генерален продуцент за Балканот, МАРИЈА СМИРНОВА уредник АНДРЕЈ ЗАЈЦЕВ, НИКОЛАЈ КОРОЉОВ илустрации За огласување во овој додаток, ве молиме да се обратите на ЈУЛИЈА ГОЛИКОВА, директор на одделот за односи со јавност: julia.golikova@rbth.com

Ракетата „Протон-М“ полетува од космодромот Бајконур во Казахстан, 14 март 2016 година

ВЛАДИМИР МИЈАНОВИЌ координатор на „Руска реч“ во „Нова Македонија“ МАРЈАН ДЕЛЕВСКИ дизајн ДЕЈАН ЈОВЕСКИ технички уредник

Забрането е копирање, дистрибуција или преземање на содржините од овој додаток, освен за лична употреба, без писмена согласност на „Росијскаја газета“. Ве молиме за дозвола да се обратите на телефон +7 (495) 775 3114 или на и-мејлот urednik@mk.rbth.com „Russia Beyond the Headlines“ не сноси одговорност за ненарачаните текстови и фотографии.

Alamy/Legion-Media

© 2015 сите права се задржани од ФГБУ „Росијскаја газета“: АЛЕКСАНДAР ГОРБЕНКО претседател на редакцискиот совет, ПАВЕЛ НЕГОИЦА генерален директор, ВЛАДИСЛАВ ФРОНИН главен уредник.

Првиот инженер за скафандери на Центарот за тренинг на космонаути „Гагарин“ Иван Ф. Кручков пред лансерот „Сокол“ и скафандерите за приземјување, заедно со астронаутите за време на нивниот тренинг во Ѕвездениот Град на 25 февруари 2016. Кручков беше инструктор за летање на првиот човек во вселената, Јуриј Гагарин додека работел во Оренбуршката школа за воено пилотирање во 1956 и 1957 година

RBTH издава 37 прилози во 29 земји со вкупна месечна публика од 27 милиони луѓе, а исто така одржува и 22 сајта на 17 јазици. Предадено во печат на 14.04.2016 г.

Најголемиот остров во Русија - Сахалин, виден од Меѓународната вселенска станица. Фотографија на космонаутот Олег Артјомов

Роскосмос

Russia Beyond the Headlines (RBTH) го финансира „Росијскаја газета“, руски дневен весник. Содржината на овој подлисток е подготвена без учество на новинари и уредници на „Нова Македонија“. RBTH се финансира за сметка на добивката од рекламодавците и од комерцијалните спонзори, а исто така и од средства на руски државни институции. Ние се занимаваме со независна редакциска позиција и претставуваме различни гледни точки на настаните во Русија и во останатиот свет со помош на квалитетна содржина и експертски мислења. Од моментот на нашиот почеток во 2007 година се стремиме да се придржуваме до високите редакциски стандарди, да го покажеме најдоброто новинарство од Русија и за Русија. На таков начин се надеваме дека ќе пополниме една важна дупка во информирањето за нашата земја од страна на другите медиуми. Сите прашања и коментари за нашето финансирање или за нашата редакциска структура, ве молиме да ги упатите на urednik@mk.rbth.com. Повеќе информации на mk.rbth.com.


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.