Руска реч Македонија #7

Page 1

Прилогот го уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва), која е целосно одговорна за содржината. Се печати и се дистрибуира во соработка со „Нова Македонија“.

ЕКОНОМИЈА

Најплодна почва за развој на бизнисот во Русија

ПОЛИТИКА

ruskarec.mk

САБОТА - НЕДЕЛА, 13-14 ЈУЛИ 2013 ГОДИНА

БРОЈ 7

Замрсените конци на кукларите од Вашингтон

стр. 4-5

стр. 2-3

БАЛКАН

Трета светска војна од Дунав и од Балканот? стр. 10-11

ИНТЕРВЈУ СО АКТЕРОТ ВАСИЛ ЗАФИРЧЕВ

стр. 8-9

Само на RUSKAREC.MK Повеќе теми на интернет -страницата на „Руска реч“

ЛОВЕЦ-ПРЕСРЕТНУВАЧ СУХОЈ Т-50

Суперманеварска невидлива интелигенција стр. 6-7

„Росијскаја газета“ уредува прилози за Русија во 26 водечки светски весници, вклучувајќи ги и „Њујорк тајмс“, „Дејли телеграф“, „Фигаро“ и „Зидојче цајтунг“

Данчо Стефков, фотоархивa на Театар „Џинот“ - Велес

Македонскиот Онегин


2|

РУСКА РЕЧ

ПОЛИТИКА

Замрсените конци на кукларите од Вашингтон Антон Уваров

Глобалната економија на неолиберализмот ги доведе земјите од Источна Европа во уште подлабок ќор-сокак од оној во кој се најдоа по распадот на Советскиот Сојуз. Што да се прави со Европската Унија, каква е иднината на БРИКС и каде да се бара излезот од крајно тешките последици на светската економска криза? Во Киев одговорите на овие прашања ги бараа учесниците на научната конференција „Епохата по неолиберализмот: кризата и иднината на Источна Европа“, која ја организираше меѓународната иницијативна група „Постглобализација“. Сите се сложуваат дека дејствувањето според неолибералните рецепти на Меѓународниот монетарен фонд, Светската банка, Европската Унија и на САД повеќе не може да биде основа за развој на Источна Европа. За надминување на кризата неопходна е квалитативно поинаква стратегија, уверени се учесниците на киевската конференција. Времето од 1982 до 2008 година е период на процут на неолиберализмот, познат и како „Вашингтонски консензус“. Во овој период, како што истакнува рускиот политиколог Борис Кагарлицки, американските финансиски корпорации се засилија, а САД беа центарот на светскиот економски процес и глобален политички хегемон. Но, во 2008 година состојбата на светскиот пазар се влоши и започна голема криза, која на прв план исфрли мноштво недостатоци на неолибералниот систем. Сегашните тешкотии своите корени ги влечат од осумдесеттите години од минатиот век, кога САД на сиот свет му го наметнаа своето сценарио за развој, уверени се економистите. Америка со помош на неолибералната економска теорија и рецептите што дарежливо ги делеа Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка успеа да ја зацврсти својата положба на светски хегемон и не ја интересира колку тоа ги чинело другите земји и колку уште ќе ги чини. Да потсетиме дека во тоа време земјите од „третиот свет“ тукушто излегоа од кризата од седумдесеттите години на минатиот век. Голем дел од нив непосредно пред тоа стекнаа независност и сите тежнееја да се развиваат самостојно. Од друга страна, САД во тоа време ја загубија војната во Виетнам и на многумина им се чинеше дека светот станува поинаков, послободен и поправичен. Сепак, како што истакнува австралискиот публицист Никола Булард, член на меѓуна-

Земјите на Источна Европа се надеваа, следејќи го економскиот рецепт на Вашингтон и на Брисел, дека ќе станат центар, а станаа послушна економска периферија и, според стариот американски рецепт, извор на евтина работна сила што треба да ја поддржува економијата на Западот Сепак, можно е светската криза од 2008 година да го означи крајот на економската хегемонија на САД и на нивните финансиски институции, додека земјите од БРИКС покажаа дека е можно да се напредува и без Вашингтон. Овие и други прашања беа разгледани на една конференција во Киев. „Руска реч“ ги пренесува најинтересните моменти од неа родната научна група „Постглобализација“, новите држави се ослабени поради зголемувањето на каматите за кредитите добиени од Запад, со што се соочија со пораст на инфлацијата и на крајот ги прифатија американските економски рецепти. Хегемонијата на САД е зачувана, иако сега светската економија е поинаква. Подолг период американските рецепти некако функционираа, но се покажа дека со нивна помош не може да се надмина новата голема криза. И покрај сите мерки што се преземаат, кризата воопшто не е надмината, туку е само привремено совладана. „Неволјата е во тоа што стоковно-паричните односи се воведени на тој начин што ниту една земја не го доби ветениот процут на економијата, но затоа транснационалниот капитал извлече голема добивка“, констатира Кристоф Агитон, француски економист и еден од основачите на Асоцијацијата за оданочување на финансиските трансакции и за помош на граѓаните. Дури и во периодот пред кризата, многу критичари на глобалниот капитализам од земјите од поранешниот Источен блок констатираа дека на дело е конзервација на сиромаштијата. „Нискиот животен стандард по пазарните реформи во општеството предизвика разочарување од неолиберализмот“, пишува романскиот писател Василе Ерну. Според него, не се оправдале надежите во глобализацијата како процес на светска интеграција. Во Европската Унија, исто така, се по-

лагаше голема надеж, но излезе дека таа за сопствените граѓани не е „заеднички дом“, туку систем на национална сегрегација. Ваквата нерамноправна положба се зацврсти насекаде, што воопшто не е во спротивност со „Вашингтонскиот консензус“, зашто неговата концепција за раст на светската економија се темели на евтина работна сила. Денес во Источна Европа сѐ поприсутно е сфаќањето за тоа дека натамошното користење на неолибералните рецепти ќе придонесе само за тоа локалните економии да останат на периферна позиција, а тоа не е она на што тие се надеваа. Тие мислеа дека ќе станат дел од центарот, зашто теоретичарите од другата страна на океанот им ветуваа процут благодарение на преминот кон „слободен пазар“. И, иако сите земји во регионот сѐ уште имаат шанса да се развиваат многу посамостојно, сепак, целиот регион засега има статус на послушна периферија на Западот. Учесниците на киевската конференција дојдоа до заклучок дека земјите од Источна Европа треба да се ослободат од прангите на периферната позиција и да се вратат на патот на самостоен економски развој. - Кризата во САД дава шанса да се измени планот за развој на националните економии тврди Том Рејфер, редовен член на Транснационалниот институт и вонреден професор по социологија на Универзитетот во Сан Диего. На жителите на Источна Европа еден од можните патишта за развој им го покажаа Бра-


РУСКА РЕЧ

|3

ИТАР-ТАСС

ПОЛИТИКА

Денес во Источна Европа сѐ поприсутно е сфаќањето за тоа дека натамошното користење на неолибералните рецепти ќе придонесе само за локалните економии да останат на периферна позиција, а тоа не е она на што тие се надеваа

зил и Индија, зашто тоа се земјите што делумно веќе отстапија од неолиберализмот, вели Никола Булард. Мерките што нивните власти ги презедоа овозможија, на пример, развој на локалната машиноградба, а најголемо влијание државата сега им посветува на социјалните проблеми. Сосема е можен економски развој надвор од рамките на неолибералниот „Вашингтонски консензус“, уверен е и рускиот економист Василиј Колташов. Но, за тоа е потребна подготвеност за развивање на сопствениот внатрешен пазар, да не им се робува на директивите од ММФ и од Светската банка, да се воведе регулирање на економијата и да се зголеми улогата на државата во економијата. Зголемувањето и заштитата на заедничките пазари во такви околности ќе создадат база за мултиполарен свет и ќе го оз-

На жителите на Источна Европа еден од можните патишта за развој им го покажаа Бразил и Индија, зашто тоа се земјите што делумно веќе отстапија од неолиберализмот Никола Булард

начат крајот на хегемонијата на САД. Можеби во овој момент се чини дека „Вашингтонскиот консензус“ е нескршлив и дека нема алтернатива, и можеби не постојат многу земји што се подготвени да ги отфрлат неолибералните рецепти, но, сепак, развојот на светската економија не може да биде запрен. Не случајно Имануел Валерштајн, еден од основачите на школата за микросистемска анализа, веќе одамна ја претскажа историската неизбежност на завршувањето на неолибералната ера и на хегемонијата на САД. Можеби ќе излезе дека глобалната економска криза од крајот на првата деценија на 21 век, всушност, била почеток на крајот на американската доминација. Нови рецепти за развој на националните економии веќе постојат и ним воопшто не им е потребен Вашингтон за да можат успешно да се применуваат.


4|

РУСКА РЕЧ

ЕКОНОМИЈА

СПЕЦИЈАЛНИ ЕКОНОМСКИ ЗОНИ

Специјалната економска зона „Советскаја гавањ“ Евгениј Басманов

Руските власти сѐ повеќе настојуваат својата земја да ја направат што попривлечна за инвеститорите и да го зголемат нејзиниот деловен углед во светот. Рускиот фонд за директни инвестиции на Светскиот економски форум во Давос најави иницирање промотивна кампања под насловот „Инвестирајте во Русија“. Унапредувањето на бизнис-угледот на земјата исто така ќе биде потпомогнато од страна на влијателни светски инвестициски банки. Како што е познато, во својство на прв консултант избрана е банкарската групација „Goldman Sachs“, која во текот на следните три години ќе се обиде бизнисмените од светот да ги приближат своите бизнис-перспективи кон Русија. Еден од приоритетите на консултантот треба да биде забрзано остварување на малку подзаборавената, но докажано ефикасна владина иницијатива, а тоа е развојот на Специјалните економски зони (СЕЗ). Својот денешен облик СЕЗ го добија во 2005 година. Оттогаш статус на резиденти во овие зони добија 57 странски компании од 21 земја во светот. Во 2012 година ним им се придружија уште шест американски компании. Компанијата „General Motors“ инвестираше 180 милиони долари, компанијата „3M“ (про-

Специјалните економски зони (СЕЗ) им овозможуваат на резидентите на даночното и на инфраструктурното поле да заштедат десетици милиони долари. Нивниот развој е дел од планот на рускиот претседател Владимир Путин, според кој до 2020 година Русија треба да го заземе 20-то место на ранг-листата на најперспективни земји за вложување според извештајот на Светската банка

изводи за индустријата и за домаќинството) 30 милиони долари, корпорацијата „Armstrong World Industries“ (индустрија за градежни материјали) - 75,4 милиони долари. Во 2005 година во СЕЗ се слеаја речиси една милијарда долари американски инвестиции (попрецизно 955, 4 милиони американски долари). - Нашата компанија мораше, пред сѐ, да донесе тешка одлука: каде да ги лоцира своите производни погони - во Русија или во некоја друга источноевропска земја. Конечно, кон крајот на декември 2012 година добивме статус на резидент во СЕЗ „Алабуга“ во руската Република Татарстан. Во текот на нашиот избор значајна улога не одиграа само понудените поволности туку и впечатокот што го добивме во дијалогот со раководството на СЕЗ, кое, пред сѐ, има современи сфаќања, одличното зборува англиски јазик и добро знае како се води бизнис - вели за „Руска реч“ директорот за правни прашања на компанијата „3М“ во Русија, Алексеј Завалев . Секако, даночните олеснувања сами по себе не се доволни за да се донесе одлуката: од моментот на остварувањето на првите приходи компанијата „3М“ треба да ѝ плаќа на државата само два отсто во првите пет години, наместо законски предвидените 20 отсто. И ова не е единствената поволност што постои во

Прес-служба на АД „СЕЗ“

Најплодна почва за развој


РУСКА РЕЧ

ЕКОНОМИЈА

|5

на бизнисот во Русија водствената комора на РФ, резидентите на техничко-иновациските зони поседуваат 350 патенти за пронајдоци, а меѓу нивните клиенти се и компаниите „Boeing“ и „Apple“. Најпрво беше предвидено во СЕЗ да не може да се вклучи секоја фирма - бизнис-проектот на инвеститорот би требало да ја „унапреди руската економија со нови технологии и кај вработените да развие конкурентна професионална компетенција“, а предност би имале проектите што се од исклучително значење од гледна точка на владата на РФ. Со други зборови, властите сакаа разни погодности да им бидат овозможени само на компаниите од сферата на високата технологија, но една од најуспешните СЕЗ, „Алабуга“, со својот пример покажува дека во оваа зона има место и за фабрика за стакло, а и за производство и за преработка на салати и зеленчук, од кои потоа значителен дел оди во „McDonald's“. Без оглед на видот на бизнисот, процедурата за добивање резидентен статус е иста за сите. - Прво сета потребна документација се подготвува со помош на нашите вработени, се разгледуваат од страна на надзорниот совет на СЕЗ. Потоа бизнис-проектот или се одоб-

рува или се враќа на доработка. Следниот чекор е стручниот совет на СЕЗ во рамките на Министерството за економски развој на РФ. Тука се донесува и конечната одлука за примање на инвеститорот со својот проект во СЕЗ. Потоа инвеститорот потпишува и спогодба со Министерството за економски развој на РФ и со акционерското друштво СЕЗ за вршење на дејноста во рамките на СЕЗ - објаснува поранешниот директор на АД СЕЗ Олег Костин, кого во почетокот на март на раководното место го замени Михаил Трушко, началник на огранокот на СЕЗ во Калининградската област. Со текот на времето постапката ќе станува поедноставна, што се вклопува во концепцијата за забрзан развој на инвестициската клима во Русија. Во согласност со мајската уредба на претседателот на РФ, Русија до 2020 година би требала да го заземе 20-то место на ранг-листата на најперспективни земји за вложување според извештајот на Светска банка („Doing Business Report“) и да напредува од сегашното 112-то место. Имајќи ја предвид динамиката на развој во последниве две години (и очигледното придвижување од 124-то место), сосема е можно тоа да се случи.

http://ruskarec.mk/20403

Наталија Михајленко

СЕЗ „Алабуга“: со минимални вложувања од три милиони евра, неопходни за функционирањето на економската зона, фирмите се ослободени од ДДВ и од други давачки при увозот на потребната опрема, на што, на пример, данската компанија „Rockwool“ веќе заштеди 12,6 милиони американски долари. Дополнителна заштеда за бизнисот може да биде и бесплатниот приклучок кон електричната мрежа, кој во Москва би чинел еден милион американски долари за секој мегават од капацитетот. Освен со „Алабуга“, акционерското друштво од отворен тип „Специјални економски зони“ со државата како единствен сопственик на чело, управува со уште 16 зони, макар што сите не напредуваат подеднакво успешно. Брзината на нивниот развој многу зависи од дејноста и од односот на локалното раководство. За седум години СЕЗ успеаја да привлечат странски инвестиции во висина од 3,6 милијарди американски долари (110 милијарди рубли). Економските зони се поделени во четири категории: индустриско-производни, туристичко-рекреативни, крајбрежни и техничкоиновациски. Според податоците на Сметко-


6|

РУСКА РЕЧ

ОРУЖЈЕ

ЛОВЕЦ-ПРЕСРЕТНУВАЧ СУХОЈ Т-50

Суперманеварска невидлива интелигенција Дмитриј Литовкин

На саемот за воздухопловна техника во францускиот град Бурже беше објавено дека е завршена изработката на моторот за перспективниот комплекс на фронтовска авијација (ПАК ФА) или, како што уште го нарекуваат, ловец-пресретнувач Т-50. Според изјавите на руските воени експерти, кои претходно ја извршија првата етапа на тестирањето на новиот апарат, добиените резултати потврдуваат дека рускиот ловец-пресретнувач не само што е рамноправен со својот главен конкурент, американскиот Ф-22 „Раптор“, туку според некои параметри е дури и подобар. Според изјавите на шефот на Обединетата авиоконструкторска корпорација, Михаил Погосјан, во програмата на тестирањето на Т-50 учествуваат пет авиони. Ова, всушност, им овозможи на руските конструктори да го форсираат процесот и да го намалат заостанувањето зад Американците. Ф22 одамна е во служба на РВ на САД и засега со целосно право ја носи титулата најсовремен ловец-пресретнувач. Во исто време, за неговиот руски конкурент не се знае многу. Како што велат конструкторите, Т-50 е квинтесенција на сето современо што постои во руската авијација. Реализирани се цели низи иновацис- sukhoi.org

Ловецот-пресретнувач Т-50 е најдоброто од сѐ современо што постои во руската авијација. Руските воени експерти се согласни дека ова инженерско ремек-дело на руската авијација не само што е рамноправно со својот главен конкурент, американскиот Ф-22 „Раптор“, туку според некои параметри е и подобро ки решенија што се поврзани со развојот на технологијата на намалување на воочливоста на авионот, со нови конструкциски материјали и оплати, со вештачката интелигенција, со елементарната база што ја крева руската воена авиоиндустрија на суштински поинакво технолошко ниво. Кај Т-50 првпат е применет цел спектар најнови полимерни карбонски влакна. Тие се двапати полесни од алуминиумот со истата цврстина, четири-пет пати полесни од челикот, а двапати од титаниумот. Новите материјали сочинуваат 70 отсто од оплатата на ло-

вецот-пресретнувач. Неговата маса сега е четирипати помала во споредба со авионот што беше склопуван од вообичаените материјали, благодарение на што конструкторите може да го зголемат борбеното оптоварување на оваа машина. Во конструкторското биро на „Сухој“ се зборува за „исклучително ниското ниво на радарска, оптичка и инфрацрвена забележливост на ПАК ФА“. Така, ефикасната рефлектирачка површина кај Т-50 ќе биде 0,5 квадратни метри (кај Су-30МКИ, неговиот претходник, таа изнесува 20 квадратни метри). Тоа значи дека истиот тој Су-30МКИ на радар ќе биде видлив како метален објект со димензии 5 х 4 метри, а рефлектирањето на Т-50 е 40 пати помало. Значи, ќе биде мошне тешко тој да биде забележан и кон него да биде насочено оружје. Освен тоа, апаратот има и уште една карактеристика на ловецот од марката „Су“, а тоа е суперманеварската способност. Освен тоа, кај Т-50 е реализирано главното барање што се однесува на современите ловципресретнувачи, а тоа е високата интелектуализација на апаратот. Радарот на ловецот-пресретнувач со нова активна фазирана антенска решетка (АФАР), со електронско скенирање, гледа сѐ што се случува во воздухот и на земјата на растојание од неколку стотици километри. Може да следи мноштво цели и истовремено да го насочува кон нив вооружувањето на ловецот-пресретнувач, и тоа како кон целите во воздухот така и кон земјата. Покрај другото, по целиот труп на авионот се разместени уште неколку десетици различни сензори, кои овозможуваат не само контрола на околната ситуација туку и размена на податоци во реално време со систем за управување на земјата, а

Кој е подобар - американскиот Ф-22 или рускиот Т-50? Ф-22 е во употреба од 2005 година. Руската машина сега ги поминува тестирањата. Истото беше и со Ф-15 и Су27. Американецот леташе, додека Русите го набљудуваа и ги забележуваа сите недостатоци на конструкцијата, кои беа отстранети од Су-27. Конструкторот на рускиот уништувач Михаил Симонов повеќепати велеше дека за таква анализа не треба да се ангажираат разузнавачките служби. Доволно е да се читаат американските воени списанија и весници, каде што новинарите,

пилотите и воените началници ги коментираат карактеристиките на експлоатацијата на Ф-15 и од тоа да се изведат заклучоци. На крајот Су-27 беше прогласен за најдобар уништувач на своето време. Во случајот со Т-50 исто така може да се претпостави дека компанијата „Сухој“ внимателно ќе ги набљудува сите недостатоци при експлоатацијата на Ф-22. Ќе ги изучуваат американските погрешни пресметки и ќе го усовршат својот уништувач. Ф-22 и Т-50

тешко дека ќе се сретнат во воздушна борба. А, да се суди колку Т-50 ќе биде ефикасен ќе биде можно во 2018 година, кога ќе се појави индиската варијанта на ПАК ФА. Индиските пилоти повеќепати учествуваа во меѓународните вежби на воено-воздушните сили и ги победуваа американските Ф15/16/18 со своите Су-30МКИ. Се проценува дека тие нема да се откажат од задоволството да го проверат и новиот уништувач од петтата генерација, кој е конструиран заедно со Москва.


РУСКА РЕЧ

ОРУЖЈЕ

|7

Повеќе за руската војска: http://ruskarec.mk/ruska_vojska

истовремено и внатре во авијатичката група. Благодарение на функцијата „електронски пилот“, Т50 самостојно ја анализира ситуацијата и му предлага на пилотот неколку варијанти за дејство. Голем дел од летачките и од борбените информации човекот ги добива во вид на симболи и знаци. Тоа многу го олеснува нивното разбирање, што во голема мера го намалува оптоварувањето на пилотот и му дава можност да се сконцентрира на извршување на тактичките задачи. Т-50 може да полета и да слета на писта која е долга 300-400 метри. Во перспектива, на база на овој авион треба да се направи и поморска ва-

ријанта на ловец. Вооружувањето на новиот авион ќе биде во целост скриено во внатрешните отсеци на ловецот-пресретнувач. Тоа е данокот на технологијата на мала воочливост „Стелт“. Во овие отсеци, според определени податоци, можат да се сместат до осум ракети „возух-воздух“ од типот Р-77 или две наведувани авиобомби со тежина од 1.500 килограми. Освен тоа, на двете надворешни подвески на авионот можат дополнително да бидат сместени две ракети со долг дострел, кои му овозможуваат да се бори со цели на оддалеченост од 400 километри. За перспективноста на програмата што им

соодветствува на највисоките барања зборува и фактот дека при конструирањето на ловецот-пресретнувач се придружи и Индија. Делхи за оваа цел издвои речиси 25 милијарди американски долари и планира до 2018 година да добие своја верзија на ловецот-пресретнувач од петтата генерација. Според мислењето на руските експерти, токму овој авион ќе биде наменет за извоз. Рускиот Т-50 ќе остане исклучиво за внатрешно производство. Целосно исто како и американскиот Ф22. Првите сериски ловци-пресретнувачи руската војска ги очекува веќе годинава, а има намера да купи најмалку 70 примероци.


8|

РУСКА РЕЧ

РУСИЈА - МАКЕДОНИЈА

ИНТЕРВЈУ СО АКТЕРОТ ВАСИЛ ЗАФИРЧЕВ

Данчо Стефков, фотоархивa на Театар „Џинот“ - Велес

Македонскиот Онегин

Емил Ниами

Да се игра улогата на Евгениј Онегин е голем предизвик. Како психолошки ја апсорбиравте информацијата дека треба да го создадете овој лик? - Со предизвикувачка возбуда и занес од творечката провокација што ја нуди ликот, но и со вознемиреност од намерата да се театрализира грандиозноста на самото дело, чија постановка, всушност, претставуваше негова праизведба на македонската театарска сцена. Зашто, гледано и во светски рамки, „Евгениј Онегин“ почесто е поставуван во форма на балет и на опера, а поретко како драмска претстава, токму поради неговата комплексност. Во творечка, естетичка и продукциска смисла навистина е голем предизвик од роман во стих со временска рамка на дејствието од осум години да создадете концизен и консеквентен театарски чин. Претстава што ќе трае не повеќе од два часа и која логички ќе ја следи основната линија на приказната и нејзините главни точки. А, притоа, активно ќе го задржи вниманието на публиката и ќе го задоволи нејзиниот хоризонт на емоционално и на естетско доживување.

Која е критичната точка во психолошкото и во сценското оформување на ликот на Онегин? - Онегин во својата драмска структура е прототип на антихерој врз основа на кој се напишани сите подоцнежни ликови во светската драматургија. Особен психо-емотивен хабитус со исклучително богата биографија, која самиот Пушкин ја разработува до детаљ. Човек со богат и интензивен внатрешен живот. Отсуство на емпатија, но и постојан немир, меланхолија и жал. Улога што бара посебен актерски пристап и третман, особено во психо-емотивните валери на внатрешните атмосфери и расположенија на ликот, но и во неговите говорни партитури. Во моето сценско промислување на Онегин критична точка е токму сознанието за пропуштената можност во љубовта и болката што неминовно доаѓа по неа. Таа најголема и најстрашна животна вистина. Во претставата во неколку наврати видовме една современа варијанта на ликот. Возможно ли е негово осовременување или, пак, станува збор за едноставна универзалија? - Ликот на Онегин може да се гради само по принцип на внатрешна духовна вертикала. Токму затоа е и универзален во свое-

то значење и толкување, без оглед на културната или естетичката одредница. Современиот контекст во претставата произлегува само од актуелноста на одредени состојби, процеси и појави евидентно присутни и тогаш, а и денес. Детерминантите на неговата потрага по себеси се вистината, од една страна, и лажниот морал и лицемерието на светот во кој живееме, од друга страна. Во средина е инфантилната природа на неговиот карактер во која се корените на сè она што подоцна го дефинира како човек и како маж, особено во поимањето на љубовта како најголем и најзначаен животен феномен. Тоа се, всушност, детерминанти на секоја една потрага по себеси. На секој човек секаде во светот. Стигањето до себеси, впрочем, е главната смисла на животот воопшто. Со какви тешкотии се судривте додека во себе го креиравте ликот на Евгениј Онегин? - Со неминовна духовна криза и емоционален конфликт со себе. Судир со мојата лична природа во намерата докрај да го засакам, да го прифатам и со сопственото актерско промислување на сцената да го оправдам Онегин, во целата негова суштина како природа и како принцип на размислување, чувствување и дејствување.


РУСКА РЕЧ

РУСИЈА - МАКЕДОНИЈА

|9

Претставата „Евгениј Онегин“, која пред година и половина ја доживеа својата премиера во велешкиот театар, беше огромно освежување за репертоарот во Македонија. Главната улога во оваа претстава ја игра еден од најголемите таленти на современото македонско глумиште Васил Зафирчев. По многуте изведби и значителната временска дистанца од премиерата, Зафирчев во интервју зборува за себе и за својот лик Постои ли универзален Онегин, без разлика на времето и на местото? - Онегин е толку универзален во сопственото значење, што суштествува надвор од времето и од просторот, надвор од секаков обид за негова контекстуализација. Онегин е секој од нас, или сите ние сме Онегин, барем во еден точно одреден и зададен животен момент. Момент во кој забораваме дека не сме поголеми од животот. Животот е секогаш поголем од нас. Таа понизност кон неговата големина човек никогаш не треба да ја заборави. За претставата слушнавме и прочитавме единствено позитивни критики. Вие, како длабоко самокритичен актер, почувствувавте ли дека некаде не сте го дале својот максимум? - Како уметник не сакам да се занимавам со претпоставени или однапред зададени реперни точки за нагоре и повисоко, туку само со сензациите што одредени творечки процеси ги предизвикува навнатре и подлабоко. Само така се создава можност секој творечки процес да стане суштински и животно важен дел од

личното и од творечкото созревање на еден уметник. Затоа, успешноста во остварувањето на улогите ја дефинирам само според силината на трагата што ја остава во мојот живот. А Онегин преврте цел еден живот во мене. Што очекувавте и што добивте од оваа улога? - Не очекував ништо, а добив емоционална катарза, прочистување на духот и на телото од баластите на животот, редефинирање на основните принципи и начела во кои човек треба да верува и во име на кои вреди да се жртвува. Исклучителен творечки процес и уште поголемо сценско уживање, кое само ме донесе поблиску до себеси, до моето вистинско и најсуштинско „јас“. Ќе продолжи ли да живее Онегин во Вас? - Секогаш, зашто, едноставно, ја делиме истата верба во истите животни вредности.

Данчо Стефков, фотоархивa на Театар „Џинот“ - Велес

Колку ви помогна биографијата на Пушкин во восприемањето и во креирањето на ликот? - Психолошкото и сценското оформување на Онегин не дозволува имагинативна и креативна слобода во биографијата на ликот, зашто таа е детаљно, прецизно и точно зададена од самиот Пушкин. Но, затоа, пак, бескрајна е слободата во изнаоѓањето на изразните средства и постапки за толкување на нејзините суштини и значења, како и нивната корелација со времето денес. Онегин е еден од ретките ликови што покрај прецизната драмска структура бара и прецизна драматургија на сите други сегменти од неговото сценско суштествување, какви што се просторот, костимот и реквизитот. Дали можат да се најдат точки во кои Зафирчев и Онегин се поклопуваат? - Повеќе во естетичкиот, отколку во етичкиот профил на ликот. Повеќе во социолошкото и културолошкото воспитување отколку во природата и психо-емотивната зададеност. Но, најмногу во изградениот однос кон убавото и кон возвишеното.


10 |

РУСКА РЕЧ

БАЛКАН

РИА Новости

Трета светска војна од

Англија по војната во состав на федерацијата планираше да ги вклучи и Романија и Унгарија, а можеби и Австрија: Црвената армија во Софија Александaр Широкорад, „Независимое военое обозрение“

Русија во 2013 година слави 70 години од победата на Советската армија кај Курск, Орел и Смоленск. Славејќи ги своите победи, таа се присетува и на улогата на сојузниците со кои се обедини во борбата против Хитлер, а чии постапки во руските министерски кабинети предизвикаа огромни негодувања и бес. Винстон Черчил неколку пати рече: „Не смееме да им дозволиме на Советите да влезат во долината на Дунав и на Балканот“. - Секогаш кога англискиот премиер инсистираше на инвазија преку Балканот, на сите присутни им беше сосема јасно што сака тој. Тој сакаше како клинец да се зарие во Централна Европа за да ја спречи Црвената армија да влезе во Австрија и во Романија, па ако може, дури и во Унгарија - му велел Франклин Рузвелт на својот син Елиот.

Уште од почетокот на Втората светска војна, Лондон, Вашингтон и Ватикан подготвуваа сојуз на источноевропските земји, балканско-дунавска конфедерација, со цел тој да стапи во воен конфликт со СССР. Планот пропадна со големата победа на Црвената армија

ПРВИ ЧЕКОРИ: ПОЛСКА И ЧЕХОСЛОВАЧКА, ЈУГОСЛАВИЈА И ГРЦИЈА Во 1940 година, Черчил со поддршка на САД ја изнесе својата идеја за создавање на балканско-дунавска конфедерација - блок балкански и дунавски земји, кој би бил свртен против Советскиот Сојуз. Во состав на таа федерација требало да влезат Бугарија, Југославија, Турција, Грција, Албанија и Македонија. Оваа федерација би била самостојна државна единица со која би раководела Англија. Еден од првите чекори во формирањето

на антисоветскиот блок била привремената „Полско-чехословачка федерација“ создадена во ноември 1940 година, со посредство на емигрантските влади на овие земји во Лондон. По завршувањето на војната, во состав на спомената федерација, Англија планирала да ги вклучи Романија и Унгарија, а можеби и Австрија. Втор чекор во создавањето на антисоветскиот блок беше политичкиот сојуз склучен во јануари 1942 од страна на грчката и на југословенската влада во прогон. Истов-

ремено, во Лондон е потпишана и полско-чехословачката спогодба за основање друга федерација - Централноевропската унија. Веднаш по почетокот на Големата татковинска (Втората светска) војна, советската влада му се обрати на Черчил со предлог за операција со која би се тргнало во напад против Германија. Најдобар начин да се оттргнат дел од дивизиите на Верхматот од Источниот фронт би било британското доаѓање во Франција. Британците можеле да дојдат и во Норвешка, која беше под германска окупација. Имајќи ја предвид надмоќта на Британците и географската положба на Норвешка, Лондон имаше големи шанси за успех. Британците во 1942 година почнаа да ја подготвуваат операцијата „Јупитер“ - инвазија на Норвешка. Черчил сметал дека ќе успее да ги измами Хитлер и Сталин. Но, Сталин решително одби да го земе предвид овој план. Работата е во тоа што Сталин, за разлика од Хитлер, знаел за друга операција под називот „Торч“. Кон Норвешка беа насочени речиси сите големи бродови на Германската воена морнарица и стотици тешки крајбрежни топови. А сојузничките сили дојдоа во Северна Африка. Тоа не беше страшна грешка, напротив, тоа беше првиот чекор од повеќефазната операција за остварување на светската доминација од страна на САД и Англија. По заземањето на Северна Африка на ред дошло заземањето на Сицилија, а потоа и капитулација на Италија, што потоа би била совршена почетна точка за инвазија на Балканот. За тоа, исто така, придонеле и превратите во Италија, Унгарија, Бугарија и во Романија. КОМУ МУ БИЛ УПАТЕН БЛАГОСЛОВОТ ОД ПАПАТА? Голема улога во плановите за создавање балканско-дунавска конфедерација имал и Ватикан. Папата Пиј XII бил непоколеблив антикомунист и русофоб. Тој отворено го поддржувал нападот на Германија врз Советскиот Сојуз. Идејата на Черчил за балканско-дунавска конфедерација Пиј XII ја примил со воодушевување. Според ставот на папата, Римокатоличката црква требала да доминира во управувањето со оваа федерација. Неограничениот владетел на Унгарија, регентот Миклош Хорти, кон крајот на 1942 година стапува во преговори со Велика Британија и со САД за излегување од војната, а на 30 и 31 јануари 1943 година во градот Адана (Турција) бил одржан состанок меѓу Винстон Черчил и турскиот претседател Мустафа Исмет Инени, кој, според кажувањата на унгарскиот амбасадор во Анкара Инош Вернле, ја потврдил идејата на Черчил за создавање „балканска федерација“.


РУСКА РЕЧ

БАЛКАН

| 11

Дунав и од Балканот? ПРОЕКТИ ЗА ПОСТВОЕН ПОРЕДОК ВО ЕВРОПА

РУСКАТА МОРНАРИЦА ЈА ЗАПРЕ САМО НАРЕДБАТА ОД МОСКВА Кон крајот на август 1944 година, советската Дунавска флотила тргна по Дунав и со борба мина низ Белград, Будимпешта, Братислава и Виена. Секако дека за ставањето крст на балканско-дунавската конфедерација не се заслужни само тенкистите и морнарите, туку и помошта на советските дипломати и на разузнавачите. Треба да се потсети и на улогата на Руската православна црква (РПЦ). Во почетокот на војната советските власти го запреа критикувањето на Римокатоличката црква од страна на советскиот печат. Москва направи низа чекори во пресрет на Ватикан. Но, напорите на Ватикан насочени кон уредување на посебен мир и воспоставување балканскодунавска конфедерација не можеа, а да не влијаат врз ставот на Кремљ. „Првиот плотун“ кон Ватикан го испрати раководството

Балканско-дунавска конфедерација: дали Втората светска војна во 1943 година можеше да прерасне во трета светска војна?

РИА Новости

Черчил само во општи црти зборуваше за тоа дека по завршувањето на војната најверојатно ќе бидат формирани три групи земји: балтичка, централноевропска и јужноевропска (планот на Бенеш). Полициска улога во овие области би имала огромната англиско-американска воздухопловна флота (станувало збор за 50.000 авиони). Последниот детаљ исто така им се допаднал на Турците, зашто Черчил зборувал за заштитната улога на флотата во случај на продор на Русија на Балканот. Планот беше мошне блиску до остварување некаде пред септември 1943 година. Заземањето поголем дел од Италија би можело да предизвика премин на владите на Унгарија, Бугарија, Романија, Албанија, а можеби и на Југославија, на страната на западните сојузници. Јасно било дека создавањето нова санитарна бариера (фр. „cordon sanitaire“) сериозно би го отежнало понатамошното напредување на Црвената армија. Не било исклучено како можност ниту пробивањето на таа бариера, што би довело до конфликт меѓу земјите од антихитлеровската коалиција. Зошто не се оствари повеќефазниот план на Черчил и на Пиј XII? Безусловната капитулација на Италија беше обелоденета на 8 септември 1943 година. Кралот им се предаде на сојузниците. Баталјон германски падобранци во исто време го зазеде главниот штаб на врховната команда. А, три дена под-

на РПЦ. Во почетокот од 1944 година во „Журналот на Московската патријаршија“ беше објавен текст на патријархот Сергиј насочен против Римокатоличката црква. Написот со наслов „Дали Христос има намесник во Црквата?“ привлече големо внимание на Запад и предизвика реакции во верските и во политичките кругови. Во овој текст, патријархот Сергиј истакна дека и самата помисла за какво било намесништво во Црквата е незамислива и богохулна.

оцна беше ослободен диктаторот Бенито Мусолини, кој тогаш беше затворен. Германските сили за неколку дена без борба за зазедоа речиси цела Италија. Иако останаа без свое упориште на Апенинскиот полуостров, Черчил и Пиј XII не се откажаа од идејата за основање балканскодунавска конфедерација. Но, тогаш на сцената стапи Црвената армија: на 31 август 1944 година руските тенкови влегоа во Букурешт, на 16 септември во Софија, на 20 октомври во Белград, а на 13 февруари 1945 година во Будимпешта.

Неостварените желби на Черчил: жителите на Софија ги поздравуваат силите на Црвената армија на 15 септември 1944 година

На Помесниот собор на 6 февруари 1945 година остро беше критикуван предлогот на Пиј XII за „мекиот“ мир со Германија. Руската православна црква во периодот од 1944 до 1946 година водеше сериозни разговори со раководството на православните цркви што требаше да бидат дел од балканско-дунавската конфедерација, а особено со српската, со романската и со бугарската црква. Кон крајот на 1944 година, раководството на РПЦ иницираше создавање на „систем на православно единство“, кој предвидуваше мошне блиска соработка на помесните православни цркви. Непосредно по Конференцијата во Јалта, каде што конечно беше надмината идејата за балканско-дунавската конфедерација, Московската патријаршија ја објави изјавата на патријархот Алексеј во која тој изразува „најголемо задоволство и радост“ од исходот на конференцијата: „Заложена е цврста основа за идниот мир во целиот свет. Тоа е токму она за што Црквата непрестајно моли - ‘за мир во целиот свет’ - кој се наѕира во блиска иднина. Конечно ќе биде скршен, здробен, ‘млатот на целата земја’ (Прор. Еремија 50, 23) - страшниот и разорен германски фашизам - не само со силата на храбрите војници на сојузничките држави туку и со мудроста на нашиот голем Сталин и на шефовите на владите на нашите сојузници. Сето ова со сигурност произлегува од цврстите и јасни одлуки на Конфедерацијата, која себеси си постави цел ‘да им обезбеди на луѓето во сите земји услови во кои ќе можат да го проживеат сиот свој живот, не знаејќи за страв и за немаштија’“.


12 |

РУСКА РЕЧ

ПАТУВАЊА

Андреј Серебрјаков, Евгениј Новиков / topwonders.ru

Нуркачкиот рај на рускиот Далечен Исток Крајната југоисточна точка на Русија, на пацифичкиот брег на Приморскиот крај, претставува вистински рај за љубителите на екотуризмот и на екстремното нуркање Дмитриј Даркин

Ако тргнете по коридорот А189 од Владивосток кон границата со Кина и со Северна Кореја, ќе видите многубројни острови и плажи, живописни заливи, стрмни карпи и други природни убавини. Полуостровот Гамов е едно од местата на Јужното Приморје што задолжително треба да ги посетите ако се најдете на Далечниот Исток. Крајната точка на полуостровот е ‘ртот Гамов. Оттука се отвора видик кон сите три страни на светот: пред вас е Јапонија, малку појужно е Корејскиот Полуостров, а на запад се гледа островот Фуругелма - најјужниот остров во Русија. На ‘ртот над сто години стои „Светилникот број 1“, кој е изграден уште во царска доба. Тоа е воедно и најјужниот светилник во Русија. Тука морето е уникатно, со сложен подводен релјеф. Големите длабочини (од 20 до 40 метри) почнуваат речиси на самиот брег. Морето е исклучително проѕирно, струите се благи, а подводниот свет е мошне богат. Ова е вистински рај за љубителите на природата и на подводниот свет, зашто Јапонско Море е прочуено по многубројноста на живиот свет. Кога ќе се споредат истите видови животни што живеат во различни мориња во Русија и низ светот, може да се забележи дека примероците од Јужното Приморје се значително покрупни. Странците што нуркаат во Јапонското Море го нарекуваат овој регион „Land of Giants“ („Земјата на џинови“). За оние што сакаат да нуркаат до потонатите објекти, во морето има неколку бродови што потонале на различни длабочини и под различни околности. Интересот за потонатите бродови е сосема разбирлив: секој брод има своја приказ-

на и е посебен по нешто. Освен тоа, потонатиот објект не е само грамада железо туку и вистински вештачки гребен со разновиден екосистем. Од другите занимливости треба да се споменат фортификациските објекти по должината на целото Приморје. Од основањето на Владивосток, па сè до средината на педесеттите години од дваесеттиот век била градена линија со тврдини по должината на брегот на Заливот на Петар Велики. Војската веќе одамна не ги користи овие објекти, бетонските бункери се обраснати, а од морските котлини на овој залив се наѕираат нивните празни пушкарници. Освен тоа, во Приморјето има десетина посебни заливи, за кои се поврзани важни настани. Меѓу нив е и морскиот залив Витез. Овој залив е заштитен од силните бранови и од лошото време, а западните ветрови носат сув и топол воздух. До заливот Витез води земјен пат, избразден со многубројни длабоки траги од тркала, кои по дождот се претвораат во кал. Една од занимливостите на морскиот залив од нејзиниот ран период се урнатините на имотот на Јан Михајлович Јанковски, син на прочуениот Михаил Јанковски. Семејството Јанковски има вложено многу во развојот на Приморскиот крај од 1870 до 1922 година, но по доаѓањето на Црвената армија, тие биле принудени да ја напуштат Русија. Јан на ‘ртот Гамов организирал здружение на одгледувачи на елени, но од тој период е сочувана само куќата на Јан и шумските просеци на планината Туманаја. Оваа куќа, според сведоштвата на роднините на Јан, личела на замоците од времето на Крстоносните војни, зашто тоа биле немирни времиња, разбојниците од Кина постојано навраќале на југот од Приморскиот крај. По 1922

година, куќата некогаш служела како пошта, некогаш како продавница, а денес од неа се останати само носечките ѕидови. Заливот Витез во помала или во поголема мера успешно им служел и на војската и на науката. На пример, во четириесеттите и во педесеттите години од минатиот век овој залив служел како база за дизел-подморници. Подоцна, во седумдесеттите и во осумдесеттите години од 20 век, војниците се повлекле под притисок на науката и за неа биле изградени многубројни лаборатории за институтот на Далечноисточниот оддел на Руската академија на науките, но во осумдесеттите години војската тргна во контранапад и ја потисна науката од поголемиот дел на заливот. Тогаш морскиот залив го зазеде Главната разузнавачка управа за потребите на тајниот проект за дресирање делфини и фоки за неутрализирање непријателски подморници, подводни мини и диверзанти. Проектот беше затворен во 1998 година. Денес Витез не е интересен само за нуркачите, туку и за љубителите на долгите прошетки. Левиот брег на влезот на заливот почнува од ‘ртот Таранцев и оттука може да се помине пеш по должината на целиот брег. Во времето кога тука биле стационирани подморниците, преминот помеѓу двата ‘рта бил заграден со противподморнички мрежи, така што и денес околу ‘ртовите под водата можат да се видат потонати пливци, парчиња мрежа и големи бетонски сидра. Овој морски залив е ограден со тесни патеки од песок и крупни камења. Сепак, тука, секако, најатрактивна појава се зајдисонцата. Речиси секој залез на сонцето претставува фантастична глетка, која останува во сеќавањата долго по посетата на морскиот залив Витез.


РУСКА РЕЧ

КУЛТУРА

| 13

Како да се спасат 250 јазици во Русија? Дмитриј Суходољски

Во Русија се зборуваат околу 250 јазици, меѓу кои рускиот е со над сто милиони носители, но и кетскиот, на кој зборуваат едвај илјада луѓе. Иднината на рускиот и на неколку јазици од турската група е сигурна, додека другите се соочуваат со сериозни тешкотии во обидот да се одржат ту бирократијата, ниту шовинистичкото општество, туку суровоста на природните услови. Русија не е исклучок. Во супполарната област на Русија, каде што најголемиот дел е покриен со тајга и со тундра, се наоѓаат територии што се непроодни како амазонската џунгла, но со многу постудена клима. Во овие пространства од крајниот север (Саами) на Русија до нејзиниот краен југоисток (Удегејци) полека исчезнуваат племиња што водат сурова, номадска и не секогаш успешна борба за живот и комуницираат на своите јазици без писма. Овие народи не можат да живеат во услови на урбанизирана цивилизација поради специфичниот начин на исхрана, нерезистен-

Сергеј Пјатаков, РИА Новости

Јазиците во Русија се исто толку нерешлива загатка како и таинствената руска душа. И самиот руски јазик е тајна. На него, имено, за рекордно кратко време (од крајот на 18 до крајот на 19 век) беше создадена една од водечките европски книжевности. Во овој временски период создавале Толстој, Чехов и многу други. Толку брз развој книжевноста не доживеала ни во Америка, која се потпира на вековната традиција на англиската култура. Иднината на рускиот јазик е сигурна. Постои грижа за неговиот развој во земјата, во странство привлекува голем интерес и на секој начин се развива. Слична судбина имаат и други јазици на староседелските народи во Русија, какви што се Татарите, Башкирите, Чувашите и Јакутите (јазиците на сите овие народи спаѓаат во турската група јазици). Дури ни Јакутите, кои ги има половина милион и се расеани низ територијата на најголемата федерална единица на Руската Федерација (на 3 милиони квадратни километри), не треба да се грижат за иднината на своите јазици. На јакутски се печатат книги, се одржува настава во училиштата и на факултетите, функционираат сите средства за информирање и сите видови културни установи, со него активно се занимаваат етнографите и лингвистите. Меѓутоа, јазиците на малите староседелски народи се наоѓаат во многу потешка ситуација. Ваквите јазици изумираат насекаде на планетава. Често за тоа не е одговорна ни-

Според Уставот на Дагестан, сите јазици што се зборуваат таму имаат статус на државен јазик, но само 14 јазици што имаат писмо, вклучувајќи го и рускиот, всушност се третираат на тој начин

тноста на алкохолот и на вирусите што за поголемиот број луѓе се безопасни. Меѓутоа, постои и друг вид изумирање на јазиците, а тоа е постепената асимилација во мнозинското население во густо населените области. Оваа судбина ги снајде некои од дијалектите на карелскиот јазик („Карели“ е заеднички назив за остатоците на угро-финските племиња и за потомците на православното население од денешна Финска што се доселило во Русија пред религиозните прогони во средниот век). Последните Карели што живееле на Валдај (популарна бања меѓу Санкт Петербург и Москва) за време на пописот од 1897 година се изјасниле како Руси, додека нивниот дијалект изумрел многу порано. Руската држава се труди да им даде поддршка на малите староседелски народи на Северот, на Сибир и на Далечниот Исток. Нивните момчиња се ослободени од воената обврска, ловците и рибарите се ослободени од плаќањето данок итн. Меѓутоа, во Русија постои и регион во кој говорителите на јазикот што нема развиено писмо се изложени на сериозни проблеми. Станува збор за Дагестан на Северен Кавказ. Уште во средниот век Арапите го нарекувале Кавказ „Планина на јазиците“. Но, Дагестан дури и на овој лингвистички богат простор зазема посебно место. На релативно мала и пристапна територија се зборуваат околу 50 јазици. Според уставот на оваа република, која е измачена од тероризмот и од проблемите на невработеноста, сите нејзини јазици имаат статус на државни, но постојат само 14 јазика што имаат писмо, вклучувајќи го и рускиот, кои се третираат на тој начин. Носителите на другите јазици (кои често живеат во некое мало село или дури во дел од некое село) вештачки се припојуваат кон помоќните народи (меѓу кои најбројни се Аварите) и ним не им се овозможени даночни, културни и други олеснувања. На научниците им е дозволено да ги проучуваат локалните јазици, за нив се објавуваат прирачници во мал тираж и се развиваат варијанти на писма. Но, со целосно право може да се зборува за незабележително постепено искоренување на овие јазици. Пример за ова е судбината на Ботлихците (Бујхадите). Без оглед на собирите и на безбројните петиции што се собираат во селото Ботлих (административен центар на Ботлихскиот реон на Дагестан) со цел на Ботлихците и на нивниот јазик (кој припаѓа на андската група авароандо-цезски јазици на нахско-дагестанското семејство) да им се овозможи културна автономија, но официјалните власти продолжуваат да ги вбројуваат меѓу Аварите, што како практика започнало уште во дваесеттите години од минатиот век, кога советски комесар за прашањата за националностите бил Сталин. Ваквиот третман довел до тоа од 6.000 Ботлихци, на мајчиниот јазик сега зборуваат само 200 лица.


14 |

РУСКА РЕЧ

НАУКА

„Мегагрантови“ - енергија Имам впечаток дека младите научници немаат доволно волја - сакаат да добијат пари без да вложат напор и немаат голем интерес кон науката

Сергеј Савостјанов, „Росијскаја газета“

Артјом Оганов

Јуриј Медведев

Благодарение на програмата за поддршка (со „мегагрантови“) од Владата на РФ, Артјом Оганов, професор на Државниот универзитет во Њујорк (SUNY Stony Brook), основа своја научна лабораторија на Московскиот физичко-технички факултет. Тој дипломирал на геолошкиот факултет на Московскиот државен универзитет „М.В. Ломоносов“ и спаѓа меѓу десетте најпознати светски научници со руско потекло. Работел на универзитети во Италија, Швајцарија, Франција, Кина и во Хонгконг. РУСКАТА НАУКА И „МЕГАГРАНТОВИТЕ“ Професорот Оганов ги изнесува своите гледишта за сложените услови за работа на Запад, за проблемите на руската наука и за бавното надминување на кризата. - Кога велиме дека руската наука полека изумира, немаме никаква лоша намера, туку

искрена загриженост и сочувство. Затоа „мегагрантовите“ се единствената можност да ѝ се помогне на руската наука во волку тешка ситуација. Овие парични средства за мене, на пример, се од огромно значење. Тие ќе ми помогнат да соберам уникатен истражувачки тим во Русија - вели Оганов. Тој нагласува дека милионските донации во странство и во Русија се две различни работи. - Во Америка во изминатата година добив над 10 милиони американски долари во вид на донации за различни научни проекти, но со тие пари можам да постигнам многу помалку отколку со три милиони американски долари во Русија. Постојат повеќе причини зошто е тоа така. Пред сѐ, околу 40 отсто од доделените средства ги присвојува американскиот универзитет на кој работам, а приближно половината од останатите пари одат на плата и на осигурување на моите соработници - вели Оганов. Тој истакнува дека за него е мошне важно тоа што Московскиот физичко-технички ин-

ститут му овозможува на неговиот тим речиси постојан пристап до суперкомпјутери, кои се мошне понапредни од уредите што ги има на располагање во САД. АКАДЕМСКАТА НАУКА И УГЛЕДОТ НА РУСКАТА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ - Воопшто не мислам дека академските установи ја изгубија својата улога и своето исклучително значење. Дури и во САД, кои ги споменува Ливанов (министерот за образование и наука на РФ наведува дека науката во академскиот облик е надмината и дека треба да биде насочена кон универзитетите, а Академијата треба да се претвори во клуб на научници; тој, притоа, потсетува на искуството во САД, каде што на овој начин, според него, се остварени максимални резултати, н.з.), науката се развива на академско ниво, а пример за тоа се националните лаборатории. Во Франција и во Германија, исто така, постојат установи каква што


РУСКА РЕЧ

НАУКА

| 15

за новата руска наука Русија полека си ги враќа своите научници од странство, нудејќи им добри услови за работа, меѓу кои и со помош на системот за милионски донации за научни проекти или т.н. мегагрантови. Еден од повратниците, Артјом Оганов, во интервју зборува за условите за работа на Запад, за шансите на Русија за привлекување голем број странски научници и за проблемите на домашната наука е нашата Академија на науките, и во нив науката мошне успешно се развива, многу подобро одошто на универзитетите - вели Оганов. Тој посочува дека многумина, од друга страна, забележуваат дека угледот на Руската академија на науките во извесна мера е нарушен. - Можеме да наведеме само еден, но очигледен пример. Ако на Запад прашате кој руски академик го знаат, ќе слушнете само десетина отсто од имињата на академиците, додека за другите никој не ни слушнал во светските научни кругови - вели Оганов.

АМЕРИКАНСКИОТ НАУЧЕН СИСТЕМ

РАБОТАТА НА ЗАПАД

„НЕПОТРЕБНА БИРОКРАТИЈА“

Според него, оној што мисли дека на Запад сите ги чекаат со раширени раце страшно греши. - Западниот принцип на научна работа е мошне тврд. Неговиот систем е уреден на начин секој да биде што повеќе искористен. На пример, работно место доцент (анг. assistant professor) се доделува на шест години, и сите тие години човекот се наоѓа под огромен притисок, зашто не знае дали на крајот ќе ја добие работата или нема да ја добие. Доколку не ја добие, тој буквално останува на улица. Затоа секој се труди да биде со сите во што подобри односи, да работи како роб, да обезбедува што повеќе пари за својот универзитет на тој начин што ќе собира средства за разни научни проекти (од кои дел оди кај универзитетот). Оној што не се вклопува во тој систем многу бргу го губи своето место. Со други зборови, присутна е постојана борба за место под сонцето, односно борба за опстанок - вели Оганов. Според него, токму тоа се пресудни фактори поради кои руската наука има шанса. - Ако во Русија се понудат прифатливи и, што е најважно, стабилни услови за работа, кога човек не мора постојано да се грижи за својата иднина, тоа ќе биде главна причина за многу научници од странство да сакаат да дојдат во Русија. Впечатлив е примерот на Кина, која успеа да привлече мошне угледни научници од целиот свет - посочува тој.

Оганов вели дека неверојатно многу време троши на непотребно пополнување документи и на пишување. - Да бидам искрен, тоа воопшто не го поднесувам. На секој начин се обидувам да му се спротивставам на тој систем и да најдам начин да ги заобиколам тие работи - вели тој. Оганов нагласува дека се труди во неговиот тим да владее апсолутна еднаквост и да не постојат „робови“.

Оганов смета дека американскиот систем е далеку од оптимален. - Особено затоа што од професорите прави менаџери и бирократи. Професорот, секако, околу себе собира постдипломци и докторанди, им задава теми, со нив ги разгледува резултатите, но тој речиси воопшто не се занимава со конкретна наука, туку тоа го прават тие млади и речиси бесправни соработници, полуробови, за кои веќе зборувавме - нагласува тој.

Што се „мегагрантови“? „Меграгрантовите“ (од анг. grant - донација) се поголеми (оттука и „мега“) посебно наменети парични средства на Владата на Руската Федерација, кои се доделуваат по пат на конкурс како поддршка на водечките научници за научни истражувања и постигнување врвни резултати на светско ниво на руските универзитети, научноистражувачки центри и институти. Станува збор за износи од 150 милиони рубли (3,5 милиони американски долари) за секој научноистражувачки проект во периодот од 2010 до 2013 година со можност за продолжување на научната работа за уште две години.

ИСТРАЖУВАЊА - Суштината се огледа во тоа што ние остваруваме нови научни резултати, потпирајќи се на фундаменталните закони на физиката. Всушност, доаѓаме до нив по пат на пресметка. Врз основа на хемиски формули на определени супстанции предвидуваме кои нови кристални структури можат да се добијат од неа. Да кажеме, кога е потребно да се создаде најтврд, најцврст или најлесен можен материјал, во тој случај не одиме во лабораторија за да вршиме експерименти, туку вршиме пресметки со помош на суперкомпјутер. На крајот доаѓаме до одговор на кој начин може да се добие таквиот материјал - вели тој. „ИЗГЛЕДА КАКО АЛХЕМИЈА...“ Оганов раскажува за реакцијата на експертите од познатиот научен магазин „Nature“, каде што испратиле една статија во која по опсежни проучувања предвиделе дека под одредени услови натриумот може да стане провиден неметал со црвена боја. - Одговорот од редакцијата на списанието беше: Тоа е сосема нереално предвидување - не можеме да го објавиме“. Но неколку недели подоцна, во експеримент што беше направен во согласност со нашите предвидувања, беше добиен токму таков натриум. Секако, нашата статија потоа беше објавена. Тешко ми е да ви опишам колку бев среќен - вели Оганов. НАУЧНИТЕ КАДРИ И СОРАБОТНИЦИТЕ Тој открива дека наскоро треба да им се придружи еден надарен млад научник од Челјабинск. - Не можам да сфатам дека има толку малку заинтересирани за сериозна научна работа. Кога неодамна на нашиот физичко-технички институт објавив конкурс за постдокторски трудови, очекував дека заинтересираноста ќе биде голема, но воопшто не беше така. Имаше многу малку пријави од Русија, но ни стигнуваа пријави од Кина и од Италија, без оглед што конкурсот таму не беше објавен. Тие некако дознале за него и изразија желба да се приклучат. На крајот избрав двајца Кинези и еден Италијанец. Имав потешкотии да најдам и неколкумина добри студенти од Русија и од Украина - вели Оганов. Според него, научниот кадар, всушност, е најголемиот проблем во руската наука - Имам впечаток дека младите научници немаат доволно волја. Тие би сакале да добијат пари без да вложат напор и без голем интерес кон науката. Тоа е моето најголемо разочарување - нагласува тој.


ИМПРЕСУМ

16 |

КАЛЕИДОСКОП

Писмата на читателите, колумните и илустрациите означени како „мислење“, како и текстовите од рубриката „погледи“ во овој додаток се избрани за да претстават различни гледишта и не го изразуваат нужно гледиштето на уредникот на проектот „Russia Beyond the Headlines“ или на весникот „Росијскаја газета“. Ве молиме вашите писма и коментари да му ги испраќате на уредникот на urednik@ruskarec.mk

ПАРАДА НА ПОЖАРНИКАРИТЕ Противпожарни возила наредени на Дворцовиот плоштад во Санкт Петербург недалеку од Ермитаж на 29 јуни 2013 година, за време на парадата по повод 210-годишнината од формирањето на противпожарните служби на Русија.

Додатокот „Руска реч“ го финансира, уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва, Русија).

Забрането е копирање, дистрибуција или преземање на содржините од овој додаток, освен за лична употреба, без писмена согласност на „Росијскаја газета“. Ве молиме за дозвола да се обратите на телефон +7 (495) 775 3114 или на и-мејлот urednik@ruskarec.mk. „Russia Beyond the Headlines“ не сноси одговорност за ненарачаните текстови и фотографии. Специјалните додатоци за Русија во светските дневни весници ги уредува и ги издава „Russia Beyond the Headlines“, во организација на „Росијскаја газета“ од Москва. Во моментов додатоци се објавуваат во следниве весници: Le Figaro, Франција • The Daily Telegraph, Велика Британија • Süddeutsche Zeitung, Германија • Еl País, Шпанија • La Repubblica, Италија • Le Soir и European Voice, Белгија • Дума, Бугарија • Политика и Геополитика, Србија • Eleutheros typhos, Грција • The Washington Post, The New York Times и The Wall Street Journal, САД • Navbharat Times и The Economic Times, Индија • Mainichi Shimbun, Јапонија • China Business News, Кина • South China Morning Post, Кина (Хонгконг) • La Nacion, Аргентина • Folha De S. Paulo, Бразил • El Observador, Уругвај • Today, Сингапур • Joongang Ilbo, Јужна Кореја • Sydney Morning Herald и The Age, Австралија • Gulf News, Обединети Арапски Емирати Електронска пошта на редакцијата „Руска реч“: urednik@ruskarec.mk. Повеќе информации на http://ruskarec.mk

Свештеник крштева дете во Новопјатигорското езеро во близина на рускиот град Пјатигорск на 21 јуни 2013 година. Околу 80 луѓе беа крстени од Руската православна црква. Ројтерс

© 2013 сите права се задржани од ФГБУ „Росијскаја газета“: АЛЕКСАНДAР ГОРБЕНКО претседател на редакцискиот совет, ПАВЕЛ НЕГОИЦА генерален директор, ВЛАДИСЛАВ ФРОНИН главен уредник.

СРЕЌНА КРШТЕВКА

МАТУРСКА ПРОСЛАВА Матурантите го прославуваат крајот на учебната година на Црвениот плоштад во Москва, на 25 јуни 2013 година.

Григориј Сисоев, РИА Новости

ИГОР ДАНИЛОВИЌ координатор на „Руска реч“ во „Нова Македонија“ МАРЈАН ДЕЛЕВСКИ дизајн САША БЕЛЕВСКА технички уредник

АП

Интернет-страница: ruskarec.mk Еmail: urednik@ruskarec.mk Телефон: +7 (495) 775 3114 Факс: +7 (495) 988 9213 Адреса: ул. Правды 24, д. 2, Москва 125993, Россия. ЕВГЕНИЈ АБОВ издавач и директор на RBTH ПАВЕЛ ГОЛУБ главен уредник на додатоците на RBTH ВЈАЧЕСЛАВ ЧАРСКИ извршен уредник за Јужна и за Средна Европа ЕМИЛ НИАМИ превод, лектура, веб, гостин-уредник на додатокот „Руска реч на македонски“ ЈАНЕ ЈОВАНОВ, ТРАЈЧЕ СТОЈАНОВ превод, лектура, веб ЕКАТЕРИНА ТУРИШЕВА, ИВАН НИКОЛАЕВ асистенција, веб НИКОЛА ЛЕЧИЌ, ИРИНА РЕШЕТОВА ко-уредници АНДРЕЈ ЗАЈЦЕВ, НИКОЛАЈ КОРОЉОВ илустрации За огласување во овој додаток, ве молиме да се обратите на ЈУЛИЈА ГОЛИКОВА, директор на одделот за односи со јавност: julia.golikova@rbth.ru.

РУСКА РЕЧ


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.