Прилогот го уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва), која е целосно одговорна за содржината. Се печати и се дистрибуира во соработка со „Нова Македонија“.
ПОГЛЕДИ
Жестока борба на Европа? стр. 4 ВОЈСКА
ПОЛИТИКА И ОПШТЕСТВО
ruskarec.mk
САБОТА - НЕДЕЛА, 13-14 АПРИЛ 2013 ГОДИНА
БРОЈ 4
Москва си го врати Виетнам
Смртта на кумот од Кремљ стр. 10
стр. 8
РУСИЈА И МАКЕДОНИЈА
стр. 2
Само на RUSKAREC.MK Повеќе теми на интернет -страницата на „Руска реч“
Делегација на руската Дума ја посети Македонија
Маја Јаневска-Илиева, „Нова Македонија“
Соработката продолжува
РЕЛИГИЈА
Светите и несветите тајни на древното православие
стр. 12
„Росијскаја газета“ уредува прилози за Русија во 26 водечки светски весници, вклучувајќи ги и „Њујорк тајмс“, „Дејли телеграф“, „Фигаро“ и „Зидојче цајтунг“
2|
РУСКА РЕЧ
РУСИЈА И МАКЕДОНИЈА
Од 26 до 29 март во работна посета на Република Македонија пристигна делегација на Државната Дума на Федералното собрание на Руската Федерација предводена од Александар Балберов, координатор на пратеничката група за односи со Собранието на Република Македонија и заменикпретседател на Комитетот на Државната Дума за култура Емил Ниами
Делегацијата од Русија нагласи оти руските компании ќе продолжат да инвестираат во Македонија
Република Грција за уставното име на државата, истакнувајќи дека решението за ова прашање е во рацете на народот. Тој, исто така, го изразил и своето уверување дека руските компании и во иднина ќе продолжат да соработуваат со Република Македонија, благодарение на добрата економска клима. По средбата со Вељаноски, гостите и домаќинот, придружени од пратеници од македонскиот Парламент присуствуваа на промоцијата на сајтот „Руска реч на македонски“ и на подлистокот „Руска реч“, кој излегува во втората сабота од месецот во дневниот весник „Нова Македонија“. По промоцијата, Балберов им се заблагодари на претставниците од RBTH и од „Нова Македонија“ за благородната работа и за промоцијата на Руската Федерација во Ре-
Маја Јаневска-Илиева, „Нова Македонија“
Пратениците најпрво беа примени од страна на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски. На кусата средба со руската парламентарна делегација како мошне важна беше спомената темата за економската соработка помеѓу двете земји. Притоа, Вељаноски изрази благодарност за принципиелните ставови на Руската Федерација во врска со спорот со уставното име што Македонија го има со Република Грција. Како што се вели во соопштението од кабинетот на Вељаноски, Балберов, од своја страна, уште еднаш истакнал дека Руската Федерација ѝ дава целосна поддршка на Република Македонија во однос на спорот со
Маја Јаневска-Илиева, „Нова Македонија“
Соработката продолжува
Прилогот „Руска реч“ им беше претставен на македонските и на руските пратеници
публика Македонија и ја даде својата поддршка за понатамошен развој на овој проект. Делегацијата беше примена и од претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, при што домаќинот истакна дека Република Македонија придава особено значење на јакнењето и на унапредувањето на пријателските односи со Руската Федерација и изрази задоволство од континуираниот политички дијалог и интензивираните посети и контакти на сите нивоа во изминатиов период. Во пресрет на одбележувањето на 20-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи, беа разгледани можностите за посети на македонскиот претседател на Руската Федерација или на рускиот претседател на Република Македонија. Меѓу останатите средби, мошне важна за двете страни беше средбата на руската делегација со министерот за надворешни работи на Македонија Никола Попоски. На средбата беше истакната потребата од забрзување на ратификацијата на спогодбата за отворање на културно-информативни центри во Скопје и во Москва и за можноста за заедничка програма за одбележување на 20-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји преку организирање на заеднички културни настани и други манифестации. Членовите на делегацијата остварија средби и со заменик-министерот за здравство Јовица Андовски, со директорот на Агенцијата за млади и спорт Лазар Поповски, со шефовите на парламентарните комисии за надворешна политика и за европски работи, како и со членовите на пратеничката група на Собранието за соработка со парламентот на Русија.
РУСКА РЕЧ
РУСИЈА И МАКЕДОНИЈА
|3
ИНТЕРВЈУ СО АЛЕКСАНДАР БАЛБЕРОВ
Емил Ниами
Можете ли накратко да ни раскажете за темите за кои разговаравте со македонските колеги? - Првата работа што ја разгледавме со нашите колеги беше заемната соработка на двата парламента. Последната посета на парламентарната група за соработка со Македонија беше во 2010 година. Во текот на овие три години се појавија нови прашања и нови проблеми. Првата работа што беше подвлечена од страна на амбасадорот на РФ во личната комуникација е состојбата со рускиот јазик во Македонија. Станува збор за тоа дека постарата генерација знае и го памети нашиот јазик, средната не многу, а додека младите воопшто не го знаат, бидејќи тој отсуствува во комуникацијата и во образованието, иако, во принцип, треба да биде присутен. Се воспоставуваат економски врски, а тоа значи дека тука доаѓаат руски бизнисмени, различни специјалисти и е мошне тешко да се преговара со помош на преведувач, а згора на тоа постои и проблем со дефицит на преведувачи. Практично нас во овој поглед нè спасува амбасадата на Русија во Македонија. Во врска со ова беше мошне пријатно да се присуствува на презентацијата на „Руска реч“, зашто можеби тоа е првото скалило кон обновата на рускиот јазик, на што искрено се надевам. Секако, беа покренати и економски прашања. Во основа стануваше збор за енергетскиот комплекс, за гасот кој треба да се испорачува на територијата на Македонија. Ова прашање се решава одамна, при што постојат позитивни придвижувања, така што дојдовме до заклучок дека набргу ќе биде постигната определена согласност и на ова прашање ќе ставиме крај. Следниот аспект се културните врски, со оглед на тоа дека ние имаме длабоки, древни корени, почнувајќи од Светите Олга и Владимир, кои во тие времиња биле во Охрид. Исто така голем интерес се покажа за спортот и за туризмот. Еден од членовите на нашата делегација е претседател на комитетот на Државната Дума за млади и спорт, така што имаше за што да се разговара. Бевме во Агенцијата за млади и спорт на Македонија и разговаравме со нејзиниот директор. Најдовме заеднички точки, што значи дека ќе работиме во тој правец, зашто млаМакедонскиот туризам првпат претставен во Москва: ruskarec.mk/19941
дината е иднината и на Русија и на Македонија. На сите средби беше ставен акцент на развојот на туризмот, зашто Македонија е богата со историско наследство – само во Охрид има 365 православни цркви и манастири. Ова треба да се рекламира во Русија, имајќи предвид дека Русите не го знаат овој факт. За тоа е свесна и Владата на Македонија, така што и тие знаат дека за развојот на туризмот треба да се зборува за него. Наскоро премиерот на Република Македонија ќе посети шест региони во Руската Федерација, а тоа е многу добро, зашто сега не комуницираме само на највисоко ниво, туку и на регионално. Имено кога раководството на Македонија ќе комуницира на ниво на региони, ќе се појават поголеми можности за презентирање на позициите во областа на културата, на спортот и на туризмот. Ние ова го поздравуваме. На ниту една средба немаше разлики во врска со клучните позиции. Тоа зборува дека ние водиме позитивен дијалог, од кој, според мене, наскоро ќе се роди нешто добро, зашто на нашите земји им е судена долга дружба и
Рускиот бизнис веќе е навлезен на македонскиот пазар. Тука е „Лукоил“, а присутна е и металургијата. Нам ни се интересни еколошките прехранбени производи и квалитететното вино она што се случи во почетокот на деведесеттите години не е вина ниту на Русите, ниту на Македонците, а токму тоа е она што треба да нè обедини. Како го оценувате нивото на билатералните односи помеѓу Македонија и Русија? - Како што реков, ние наидовме на добар однос. Мошне е важен и форматот на комуникацијата. Доаѓа група пратеници на Државната Дума и нив ги прима претседателот на земјата. Тоа кажува многу. Едноставно, допатувале обични пратеници на кои им е направен прием на највисоко ниво.
Маја Јаневска-Илиева, „Нова Македонија“
Нема разлики во клучните позиции Александар Балберов
Во кој правец би требало да очекуваме развивање на односите? - Постигнати се одредени согласности. Како прво, ние чекаме возвратна посета од страна на македонските пратеници на Русија. По сè изгледа тоа ќе се случи набрзо, најверојатно наесен годинава. Во јануари 2014 година ќе ја одбележиме 20-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи. Затоа ние го насочивме нашето внимание на овој момент. Би сакале уште сега да започнеме да работиме на осмислувањето на свеченостите поврзани со овој настан. Во таа насока групата парламентарци која ќе допатува во Русија ќе ни помогне околу ова прашање. Исто така ќе ни биде многу мило да ги видиме македонските спортисти на Олимпијадата во Сочи во 2014 година, на кои веќе им посакавме успеси и победи. Исто така го поканивме Собранието да земе учество на Меѓународните меѓупарламентарни натпревари. Тие со огромно воодушевување ја прифатија оваа покана и мислам дека овој настан исто така ќе се реализира. Според Вас, кои сфери на македонската економија се интересни за рускиот капитал? - Во моментов рускиот бизнис е веќе навлезен на македонскиот пазар. Тука е „Лукоил“ со синџир бензински станици, а исто така присутна е и металургијата. Сметам дека доколку законодавно се подобри климата, со оглед на тоа дека постојат определени несовпаѓања во нашите закони, бизнисот тука ќе се одвива поактивно. Нам ни се интересни еколошките прехранбени производи, зашто нашите се појавуваат на рускиот пазар во јуни, а Македонија истите може да ги испорача уште во рана пролет. Освен тоа, тука е и квалитетното вино, но во Русија го има во минимални количества. Мислам дека рускиот бизнис има свои интереси во Македонија. Ако ги „испегламе“ овие законски несовпаѓања, тогаш бизнисот ќе се развива.
4|
РУСКА РЕЧ
ПОГЛЕДИ
Жестока борба на Веднаш да кажам: не поседувам никаква тајна информација за тоа што навистина стои зад неочекуваниот ултиматум на Европската група кон Кипар со барање да се воведе данок на депозитите, односно, да изврши делумна експропријација, за да може да добие европски кредит, без кој е невозможно да се спаси банкарскиот систем. А, тој систем, заедно со туристичката индустрија, ја составува економијата на Кипар. Но, јас имам една хипотеза, која се разликува од поголемиот дел објаснувања. На почетокот да кажеме нешто за објаснувањата во рускиот и во странскиот печат. Овој данок, велат, е насочен против рускиот офшор и против валканите пари. Можеби и не е делумно. Мислам дека поголемиот дел од тие пари се изнесени. Друга работа е што ќе настрадаат штедачите чии средства останаа замрзнати и можно е сосема да „изгорат“. Но, во таа група не влегуваат само Руси. Има и многу Англичани, други Европејци, меѓу кои и Германци и Израелци. Други експерти, меѓу кои и руските раководители, велат дека предложената шема за решавање на проблемот на кредитоспособноста на кипарските банки преку делумна експропријација на средствата што се чуваат на сметките, не само што е апсурдна, туку е и неправедна, непрофесионална и опасна.
Раководството на Европската Унија намерно сака да го урне банкарскиот систем на Кипар како предупредување за другите должници Најголемиот руски финансиски експерт Алексеј Кудрин уверува дека основната вина за кипарската криза лежи во Европската Унија и во еврорегулаторите, кои навреме не успеаја или не сакаа да го решат должничкиот проблем на островот. Ќе се согласам со речиси сите заклучоци. Но, сепак, ќе се дрзнам да се посомневам во целосната непрофесионалност на раководителите на Европската група – управувачкиот комитет на Еврозоната, каде на првата виолина свират Германците. Барањата за воведување „данок на депозитите“ се навистина апсурдни и не се професионални, доколку тие се насочени кон спасување на банкарскиот систем и на економијата на Кипар. Кога кипарските парламентарци се согласија за во-
ведување вакви мерки, правејќи политичко харикири, банкарскиот систем на земјата стана осуден на пропаст. И причина за тоа е самиот ултиматум. Банките се засновуваат на доверба. Кипраните се согласија на конфискациски данок, а тоа значи дека довербата кон кипарскиот банкарски систем е неповратно изгубена и не може да биде обновена во блиска перспектива, дури и ако Европа и ММФ им помогнат на кипарските банки. И за тоа не можеле да не знаат финансистите од Европската група. Односно, излегува дека тие свесно го урнале системот, знаејќи притоа, дека на тој начин се нанесува репутациска штета и на целиот банкарски систем на Европската Унија, за што ќе треба да се плати со огромен одлив на средствата во други, пред сè азиски банки. Да се ризикува стабилноста и репутацијата на целиот финансиски систем на Европа, неговиот кредибилитет, со десетина милијарди што ќе отидат, да се турка економијата на една земја членка на Европската Унија и на Еврозоната за да им се покаже кој е „фраерот“ на неколку илјади Руси и Англичани, па дури и
Алексеј Јорш
Сергеј Караганов
РУСКА РЕЧ
|5
Наталија Михајленко
Европа?
ПОГЛЕДИ
на руски компании кои се поврзани со државата, е вистински апсурд. Така што ќе повторам: по сè изгледа не станува збор за Русија. Доколку мојата хипотеза е правилна и ние имаме работа со свесен колапс на веќе банкротираниот кипарски банкарски систем, а тоа значи и на целата економија, тогаш се поставува прашањето зошто? Ќе се дрзнам да претпоставам дека тоа е за на релативно помалку болен пример за цела Европа, но кој е катастрофален за Кипраните, да им се покаже на земјите од јужниот појас што може да се случи доколку тие се откажат од режимот на цврста економија и де-факто од надворешното финансиско управување. Кипар е остров со вкупно осумстотини илјади жители. Тој не е Грција, каде експлозијата ѝ се заканува на политичката стабилност на целиот Балкан. Уште повеќе, Кипар не е ниту Италија, ниту Шпанија. А, доколку, а тоа е многу веројатно, Кипраните на ултиматумот и на воведувањето де-факто надворешно управување, кои ним исто така ништо добро не им носи, не одговорат позитивно, тогаш се подготвува отстранување на Кипар, а потоа,
Целта на ЕУ е да им покаже на земјите од јужниот појас што може да им се случи доколку се откажат од режимот на цврста економија и на де факто надворешното финансиско управување
можеби, и на други земји од Еврозоната. На тој начин, колапсот на Кипар може да биде насочен или на истуркување на дел од земјите надвор од Еврозоната или преку демонстрацијата со пример да добијат согласност од јужните земји да играат според правилата кои се предлагаат однадвор.
Покренувајќи ја оваа хипотеза, не се стремам кон тоа да ја обвинам Германија и земјите што се групираат околу неа за бездушен империјализам. Тоа може да биде почеток на жестока борба за зачувување на Европа. А таа треба да се спаси. Кога би бил на местото на Германците, јас би направил токму така. Сега малку за руската политика. Не треба да се лутиме. Доколку тие се консултираа со нас и со другите Европејци, тогаш изненадувања и какви и да се надежи за понатамошно управување со кризата немаше да има. Треба ли да го откупуваме Кипар? Или неговите банки? Доколку им пречиме на Германците ние ништо нема да добиеме, само уште повеќе ќе изгубиме. Едностраното кредитирање или откупување на банкарските активи ќе биде само неразумно трошење пари. Тие нема да им помогнат на Кипраните. Сергеј Караганов е почесен претседател на президиумот на Советот за надворешна и одбранбена политика
6|
РУСКА РЕЧ
ПОГЛЕДИ
Русија и Америка - период на Ристо Никовски
Од 2008 година наваму, финансиските кризи сериозно го тресат светот. Во прашање беа доведени фундаментите на капитализмот кој спасот го побара преку класични социјалистички мерки. Паралелно, без многу да се забележи, загрижувачки се заострува и меѓународната политичка ситуација. Економските кризи носат невработеност и глад, политички конфликти, но и војни и крв. Сè започна во времето на Елцин, кога Русија беше во хаос. САД го искористи тоа за нејзино заобиколување со НАТО, преку зачленување на нејзините соседи. Блискоста до границите на Русија беше силен аргумент за (по)брз влез во алијансата. Има(ше) обиди дури и Украина и Грузија да се турнат во орото. Саакашвили, сакаше ем ефтина руска нафта ем, симболички речено, американски ракети, свртени према Москва. Резултатот е познат. Грузија ги загуби Јужна Осетија и Абхазија. Во Украина, Јушченко ја потцени поделеноста во земјата и немаше осет за испреплетеноста на меѓусебните интереси со Русија. Со Тимошенко, ја загубија власта, а премиерката е во затвор. Опколувањето од страна на НАТО ја вознемируваше Москва која немаше услови за посериозно спротивставување, се додека Путин не дојде на власт. Цврстината со која тој започна да ја води земјата, не беше по ќефот на Вашингтон. Веќе нема дилеми дека САД ја преферираат Русија како слаба и преокупирана со сопствени проблеми, а не како партнер. Следеше намерата на САД за изградба на антиракетен штит во Европа. Москва смета дека тој е и против нејзината безбедност и понуди соработка. Залудно. Ако намерите беа чисти, зошто се одби нејзиното учество во проектот? Впрочем, безбедноста на Европа не е возможна без Русија. СТРАВ ОД СТАБИЛНА РУСИЈА ЕУ нема ниту ќе има заедничка надворешна и безбедносна политика. Ниту општа, уште помалку кон Русија. Под сериозно влијание е на Вашингтон, од една, а поради историското искуство, антируско расположение зрачат Полска и балтичките земји, од друга страна. Германија, пак, смета дека приближувањето со Русија е неминовно. Меркел ги следи своите претходници, продолжувајќи со интензивни контакти со Путин и Медведев, и отворајки нови перспективи и за Германија ама и за ЕУ. И Берлускони беше на таа линија додека Франција сѐ уште се нема децидно определено. Традиционално, Велика Брита-
нија ја држи атлантската врска. Сè заедно, европските односи со Русија во значајна мерка остануваат во функција на политиката на САД, кои сѐ уште се гарант на европската безбедност. Тоа особено доаѓа до израз и преку политиките на НАТО каде што, повторно, САД се главни. Иако повеќе не е супер сила, Вашингтон сѐ уште ја смета Русија за главен ривал. Не се потценува ни растечката улога на Кина, која стана економско чудо и има втор воен буџет, веднаш зад американскиот и двојно поголем од рускиот. Ама таа, во последните 2000 години, горе-долу е во истите граници. Русија беше империја. Војуваше, се ширеше и се стеснуваше и беше закана за соседите. По Втората светска војна, доминираше во Источна Европа. Денес, единствено Русија може воено да ги загрози САД а, со своите огромни природни богатства, може силно да влијае и на економските движења... Затоа, веројатно, САД се плашат од стабилна и просперитетна Русија и претпочитаат некаков Елцин да ја води. ЕКОНОМСКА ЕКСПАНЗИЈА Така е и покрај фактот што, од Горбачов наваму, Русија не покажува агресивност. “Дозволата“ на Москва да се распадне СССР, веќе доволно говори дека таму владее нова клима. Овозможија и џабе да се обедини Германија, иако можеа скапо, многу скапо тоа да го наплатат. Епизодите со и околу Грузија во никој случај не можат да се сметаат како некаков (нов руски) империјализам. Тие беа а) резултат на погрешните политики на Саакашвили, потикнувани токму од Вашингтон и б) директна последица на настаните сврзани со Косово. Новата политичка филозофија, која превладува во Кремљ, е концентрирана на економска експанзија. И, во тоа нема ништо лошо. Тоа е во интерес и на САД, и особено на Европа. Русија инвестира огромни средства нејзините енергенси да станат достапни за Кина, Германија, Велика Британија, Австрија, Турција... Корист од тоа имаат сите заинтересирани. Секако не треба да се дозволи преголема енергетска зависност од Москва, ама на
тоа веќе се работи. Нагласениот интерес за последните претседателски избори во Русија беше резултат и на заострените односи меѓу Москва и Вашингтон. Настаните, кои им претходеа, не беа ни случајни, ни чисто внатрешни. Во Москва имаше инциденти и со новиот американски амбасадор... Играњето на слаба и нестабилна Русија е погрешна политика која може да ја загрози Европа. Вашингтон веројатно стравува дека затоплувањето на германско-руските односи може да биде следено и од ЕУ, што би влијаело на добрите односи преку океанот. Тоа е сосема неосновано бидејќи таквиот развој нуди компатибилност на линија Москва – Брисел Вашингтон, не конфронтација. Настаните во Либија, Северна Кореја, Си-
РУСКА РЕЧ
ПОГЛЕДИ
|7
нови глобални конфронтации?
рија, Иран... се нови точки на директна конфронтираност. Руското (и кинеско) блокирање на резолуцијата на СБ на ООН, за осуда на Сирија, беше повод Клинтонка да ја избербати Москва без да бира зборови. Не е спорно каков е режимот на Асад туку начинот на кој се оркестрира неговата смена. Ако се прифати како практика за промена на режими, западното сценарио утре може да се примени каде било. Сетете се што му се случи на Гадафи, кој има слики со голем дел од европските лидери. Иран, со неговата нуклеарна програма, ќе биде проблем околу кој Москва и Вашингтон уште долго ќе кршат копја... Историски факт е дека центарот на светот, од Медитеранот, преку Атлантикот, се пресе-
САД ГОСПОДАРАТ СО БАЛКАНОТ (Засега), растечката конфронтација меѓу главните меѓународни актери не се рефлектира директно на Балканот. Москва не покажува поизразен политички интерес за регионот и САД (асистирани од ЕУ) прават што сакаат. Пасивното држење на Русија веројатно е и во функција на избехнување на додатни искри во односите со САД. И така, земјите од регионот немаат алтернативи. По распадот на Југославија, за прв пат во историјата, САД се тука неприкосновени господари. Спротивно на меѓународните норми, создадени се две нови држави – Република Српска и Косово, кои станаа објективни пречки за целосно стабилизирање на регионот. Ни останува да се надеваме дека ќе се реализира доверливото ветување кое Обама му го даде на Медведев, кое непланирано отиде во етер, дека во вториот мандат ќе има повеќе простор нешто да стори за меѓусебните односи. Во дадените констелации, меѓутоа, достапните индикатори - не ветуваат многу.
Играњето на слаба и нестабилна Русија е погрешна политика, која може да ја загрози Европа. Вашингтон веројатно стравува дека затоплувањето на германско-руските односи може да биде следено и од ЕУ, што би влијаело на добрите односи преку океанот. Тоа е сосема неосновано бидејќи таквиот развој нуди компатибилност на линијата Москва - Брисел Вашингтон, не конфронтација
„Нова Македонија“
Нијаз Карим
ли на Пацификот. Европа ја (за)губи својата позиција. Доаѓа ерата на Азија. Трите нејзини гиганти, Русија, Индија и Кина, заедно со Бразил и Јужна Африка, ја динамизираат меѓусебната соработка и, преку БРИКС, артикулираат поголеми глобални амбиции. (Ќе) се доведуваат во прашање стекнатите позиции. Порано или подоцна, структурата на светската сила и моќ ќе (мора да) биде преиспитана. Тоа ја загрижува единствената супер сила а според народната мудрост – поарно е да се спречи, отколку лечи. Тука се крие опасноста. Промените кои ги најавуваше Обама пред првиот избор, создавајќи големи надежи на најширок план, испаднаа лажни. Се покажа дека желбите се едно, а рамките на високата политика нешто сосема друго. Политиката на сила продолжува да доминира во светот, а Македонија е една од конкретните жртви.
Ристо Никовски
8|
РУСКА РЕЧ
ВОЈСКА
РУСКА РЕЧ
Москва си го врати Виетнам
ВОЈСКА
Виетнам е еден од клучните партнери на Русија во сферата на воено-техничката соработка
Reuters
Дмитриј Литовкин
Посетата на Сергеј Шојгу на Ханој може да се смета за историска. Министерот за одбрана фактички одново ја отвори земјата, која Советскиот Сојуз беше принуден да ја остави во почетокот на деведесеттите години од минатиот век. Во тој момент Виетнам беше еден од главните сојузници и партнери на Русија во регионот. Помеѓу Москва и Ханој се развиваше воено-техничка соработка. Уште од советски времиња во виетнамскиот град Камрањ се наоѓаше пункт за материјално-техичко снабдување на бродовите на Военоморската флота на Русија. 25-годишниот договор за бесплатно изнајмување на базата беше склучен во 1979 година. Но, во 1989 година Виетнам за базата побара да се плаќа наемнина. Како резултат на тоа во 2001 година претседателот на Русија Владимир Путин донесе одлука да не го продолжува договорот и предвреме да ја врати базата од Виетнам. Една од причините за ова беше немањето средства во воениот буџет. Другата, пак, беа конкретните интереси на Русија во регионот. Моментот на пресврт во соработката помеѓу двете земји се случи при посетата на претседателот на Виетнам Нгуен Мин Чиет на Москва во 2008 година. За време на оваа посета беше потпишан меѓувладин меморандум за соработка во сферата на воено-техничката соработка за период до 2020 година. Како резултат на ова во последниве три години Русија со Виетнам потпиша договорни обврски за испорака на производи за воена намена на сум од повеќе од 5.5 милијарди американски долари. - Виетнам е еден од клучните партнери на Русија во сферата на воено-техничката соработка. Ние во оваа земја извезуваме подморници, ракетни носачи, современи истребувачи и авијатичко вооружување. Виетнам е еден од најважните партнери и во други сфери, особено што ние во Виетнам градиме нуклеарна станица, вршиме извлекување нафта во крајбрежната зона - вели претседателот на Центарот АСТ Руслан Пухов. За посебното место на Виетнам во сферата на воено-техничката соработка на Русија зборува и фактот што Москва во оваа земја има извезено 20 истребувачи Су-30МК2 во вредност од 1.5 милијарди американски долари. Овие машини се сметаат за едни од најсовремените во светот. Сега на виетнамскиот пазар се нуди и најновиот руски учебен воен авион Јак-130. Овие машини се интересни не само по своите можности во подготовката на летечкиот состав на воено-воздушните сили, туку и по можностите за негова примена како лесен штурмовик.
Посетата на рускиот министер за одбрана на Виетнам повторно ја отвори земјата, која Русија беше принудена да ја напушти по распаѓањето на Советскиот Сојуз
На Виетнам исто така му се понудени и истребувачите МиГ-29СМТ. Постои интерес за купување на воено-транспортните авиони Ил-476 со нов мотор од типот ПС-90А. Нивното производство започна годинава во Улјановск во фабриката „Авиастар“. Во рамките на развојот на соработката во областа на воената авијација компанијата „Сухој“ води преговори за создавање регионален центар за техничка поддршка на авионите од марката „Су“ во Виетнам. Во 2011 година Виетнам стана најголем увозник на руска воено-морска техника. Според податоците на Центарот за анализа на стратегии и технологии, на Виетнам му биле испорачани стражарски брод од проектот 11661Е „Гепард-3.9“ (во вредност од 175 милиони аме-
Русија има намера сериозно да ја зајакне својата позиција во Југоисточна Азија. До ваков заклучок дојдоа експертите по посетата на министерот за одбрана Сергеј Шојгу на Виетнам. По Алжир и Индија, оваа земја ќе стане стратегиски партнер на Москва во областа на воено-техничката соработка. Во многу блиска иднина Ханој ќе добие современи комплекси за противвоздушна и крајбрежна одбрана, истребувачи и неатомски подморници. На руските воени факултети ќе почнат да студираат виетнамски војници
рикански долари) и четири помали стражарски брода од проектот 10412 „Светљак“ (во вкупна вредност од 120 милиони американски долари). Во вооружениот состав на овие бродови влегува и ракетниот комплекс „Клаб“ со ракета Х-35 „Уран“. Во рамките на овие испораки Москва и Ханој планираат да се зафатат со заедничко создавање ракета врз основа на рускиот аналог – ракетата Х-35 „Уран“. Производството на овие ракети ќе биде организирано според истиот принцип како оној на заедничкото руско-индиско претпријатие „БраМос“. „Уран“ е една од најсовремените руски противбродски крилати ракети. Таа може да биде стартувана од надводни и од подводни бродови (комплекс „Клаб“), а исто така вле-
|9
гува и во составот на крајбрежниот противбродски комплекс „Бал-Е“. Х-35 е уникатна по тоа што е незабележлива за радиолокациските препреки кои ги поставува непријателот. Не помалку перспективен дел во заемната соработка е испораката на современите системи за противвоздушна одбрана на Ханој. Летото во 2003 година беше склучен договор за испорака на два дивизиски зенитно-ракетни системи С-300ПМУ-1 на Виетнам. Вредноста на договорот беше околу 230 милиони американски долари. Овие комплекси делумно ги заменија советските системи за противвоздушна одбрана С-75, кои Виетнам ги користи уште од 1965 година. Исто така се поставува и прашањето за неопходноста за модернизација на веќе постоечките С-125 „Печера“. Своевремено биле испорачани околу 40 дивизиони. Како нивна замена Москва ја нуди модернизираната варијанта „Печера-2М“. За време на својата посета на Ханој Сергеј Шојгу потсети дека Москва ги исполнува своите обврски од договорот за испорака на неатомски подморници на Виетнам, а исто така врши и подготовка за нивниот екипаж. Договорот за испорака на шест (две се веќе испорачани) подморници од проектот 636 од типот „Варшавјанка“ беше потпишан во 2009 година. Вредноста на договорот изнесуваше 1.8 милијарди американски долари. Сите подморници ќе му бидат испорачани на нарачателот заедно со ракетниот комплекс „Клаб“. Освен тоа, Москва во Виетнам ќе создаде пункт за базирање на овие бродови. - Соработката помеѓу Москва и Ханој е разновидна. Освен тоа, раководството на земјата, поголемиот дел од нејзиниот врв студирале во СССР, зборуваат руски, а тоа ги олеснува нашите односи - вели Вадим Козјулин, професор на Академијата за воени науки. Имено овој фактор, според мислењето на Козјулин, ѝ обезбедува на Москва доминантна положба на виетнамскиот пазар, без разлика на подобрените заемни односи помеѓу Ханој и Вашингтон, кој последниве години прави огромни напори за влез на виетнамскиот пазар. Меѓу другото, САД ја опипуваа и можноста за земање под наем на советската воено-морска база Камрањ. - Посетата на Сергеј Шојгу расчисти многу работи во заемните односи помеѓу Русија и Виетнам. Секако, тоа нема да бидат оние односи од времето на СССР. Но, во исто време тие даваат можност да се надеваме дека Москва и Ханој навистина ќе градат стратешки меѓусебни односи. Еден од сигналите за тоа е ветувањето на виетнамските власти да ѝ обезбедат услови на руската воено-морска флота за техничка помош на воено-морската база Камрањ - вели Козјулин.
10 |
РУСКА РЕЧ
ПОЛИТИКА И ОПШТЕСТВО
КРАЈ НА ЕПОХАТА НА 1990-ТИТЕ
Смртта на кумот од Кремљ
Човекот кој кон крајот на минатиот век го доби прекарот „кумот од Кремљ“ заради вештото користење на лостот на власта во решавањето на политичките и деловните прашања, мајстор за итри политички комбинации, остроумен и прониклив, пред смртта повеќе го немаше некогашното политичко и финансиско влијание, а последниве години неговото име во медиумите главно се поврзуваше со скандали околу поделбата на активите и со неуспешните судски спорови со поранешните деловни партнери. Кариерата на Борис Березовски пред почетокот на деведесеттите години од минатиот век беше сосема типична за еден човек од советските научни кругови. Роден е во Москва во 1945 година, кој крајот на шеесеттите години како математичар започнал да се занимава со проблемите на системот за управување, за на 37-годишна возраст да ја одбрани својата докторска дисертација, а на 45 години да стане дописен член на Академијата на науките. Либерализацијата на економскиот режим во СССР кон крајот на осумдесеттите години од минатиот век понуди нови можности, на кои Березовски не остана рамнодушен. Тој ги искористи своите лични контакти со раководството на автомобилскиот гигант „ВАЗ“ и во 1989 година го зазеде местото директор на заедничкото претпријатие „ЛогоВАЗ“. Поставувајќи ги на тој начин темелите на својата финансиска империја, Березовски започна активно да си „игра“ политика. Успеа да му се приближи на Кремљ, што му овозможи да учествува во таканаречените „заложни“ аукции во 1995 година, односно во серијата трансакции чиј резултат беше приватизација на неколку најкрупни руски претпријатија, пред сè нафтени и металуршки, кои станаа сопственост на избрани финансиски групи. На групата на Березовски ѝ припадна компанијата „Сибнефт“ – вистински скапоцен камен на неговата круна. Освен тоа, Березовски беше заинтересиран и за компанијата „Аерофлот“, но тој интерес заврши со покренување кривична постапка против него, зашто властите сметаа дека Березовски преку свои луѓе се обидел да ги приватизира финансиските текови на авиопревозникот без формална приватизација, со што ѝ нанесе финансиска штета на државата. По неколкугодишниот судски претрес, Березовски во 2007 година во отсуство е осуден на шест години затвор. Березовски секогаш велеше дека поседува
неколку милијарди долари, но никогаш официјално не ја обелодени вредноста на своите активи. Во последните месеци од животот медиумите многу пишуваа за тоа како бизнисменот е принуден да ги распродава своите активи за да може да им ги исплати долговите на партнерите, на судовите и на поранешните жени. Reuters
Алексеј Баусин
ПОЛИТИЧАР... Политичкото влијание на Березовски неколку пати беше конвертирано во разни државни функции. Беше заменик-секретар на Советот за безбедност на Руската Федерација од 1996 до 1997, извршен секретар на Заедницата на независни држави од 1998 до 1999 и пратеник во Државната Дума од 1999 до 2000 година. Се претпоставува дека токму Березовски му помогнал на Борис Елцин повторно да победи на претседателските избори во 1996 година.
Борис Березовски, некогашен доктор по математика чие име стана симбол за негативното, поточно криминално, влијание на крупниот руски бизнис на власта од деведесеттите години од минатиот век, почина минатиот месец во Британија
Во 1999 година Березовски стана пратеник во долниот дом на рускиот парламент, но во Думата се задржа помалку од една година. Најпрво се одрече од пратеничкиот мандат, а потоа замина во Лондон, каде доби политички азил. Тој своето заминување го објаснуваше со несогласувањата со Путин, кого на почетокот безрезервно го поддржуваше, а потоа наводно сфатил дека новиот претседател „ја води Русија по погрешен пат“.
Се претпоставува дека токму Березовски му помогнал на Елцин повторно да победи на претседателските избори во 1996 година
ЗАВРШЕНА ЕПОХА Ирина Хакамада е уверена дека смртта на Березовски нема да се одрази на општествено-политичкиот живот на Русија: „Неговото име е митологизирано. Тој беше главен актер во афери и провокации, па според тоа со смртта на главниот јунак заминува во историјата и сета таа медиумска содржина.“ Со Хакамада се согласува и Алексеј Макаркин, заменик на генералниот директор на Центарот за истражување на политичките технологии. - Березовски одамна се наоѓа на периферијата на рускиот општествено-политички живот. Тој во изминатава деценија немаше никакво влијание врз процесите во општеството... Општеството сега не е многу заинтересирано за личноста на Березовски - смета Макаркин. Соборецот на Березовски, Александар Голдфарб, раководител на меѓународниот Фонд за граѓански слободи, смета дека во Русија денес не постои ниту една сфера од општествениот живот на која Березовски не оставил своја трага: „Но, сепак најважен е примерот за неговиот личен успех. За мене тој е симбол за човек кој постигнал толкав успех врз урнатините на државата.“ - Неговото заминување во извесна мера беше симболично. Тоа е крај на епохата на деведесеттите - резимира Алексеј Митрофанов, пратеник во Државната Дума и шеф на одборот на Думата за медиуми и информациска политика. Со смртта на Березовски навистина во историјата замина цела една епоха: „историска, авантуристичка, смела, подмолна, сеопфатна, плитка и непромислена“. Така оваа епоха ја окарактеризира публицистот Александар Архангелски. - За таквите луѓе дури се живи се зборува со гнев, а по нивната смрт за нив се пишуваат книги и се снимаат филмови - додава Архангелски.
РУСКА РЕЧ
ЕКОНОМИЈА
| 11
НИКОЛАЈ ВЛАСОВ, ЗАМЕНИК-ДИРЕКТОР НА ФЕДЕРАЛНАТА ВЕТЕРИНАРНА И ФИТОСАНИТАРНА ИНСПЕКЦИЈА
Од американското млеко на жените им никнуваат мустаќи Алексеј Аронов
Николај Власов зборува за опасностите од увозните прехранбени производи, за можноста за увоз на месо од бивол од Индија и за навестувањата за ширење птичји грип во Азија оѓаат на „црниот список“ на Федералната инспекција, како што е на пример Индија. Дали во оваа земја сепак доаѓа до некакво подобрување на состојбите? - Индија би можела во Русија да извезува месо од бивол. Тоа е производ што може да го замени говедското месо. Но, засега тоа е ризично, зашто биволите често пасат на ѓубришта. Овој индиски бизнис е во фаза на развој и се појавуваат стопанства во кои се води сметка за безбедноста на производите. Како се развива ситуацијата во врска со ширењето на африканската свинска чума (АСЧ), која би можела да го загрози сточарството во Русија? - Ситуацијата е сè уште неизвесна. Последниот случај на зараза се случи пред две недели во Тулската област. Засега нема сериозни проблеми. Но, состојбата може да стане исто толку сериозна, како што беше случајот минатата годиВласов: Американците не попуштаат, а притоа продолжуваат да извезуваат производи без рактопамин во ЕУ. Од нив очекуваме исти такви производи да извезуваат и во Русија
Олесја Курпјаева
Зошто на рускиот пазар стасуваат штетни производи? - За жал, во Русија не постојат многу важни елементи на доверлив систем за проверка на безбедноста на производот. Како прво, не постојат механизми за идентификација и за следење на суровините и на производите кои се користат во исхраната. Како второ, не постои единствен надзорен орган. Имено, во Русија, и можеби уште и во Германија, истовремено функционираат многу независни ветеринарни служби. Во Русија нивниот број се движи околу сто и ситуацијата е надвор од секаква контрола. Како трето, кај нас не постои регистрација на пазарните актери. Во Америка, на пример, за да се регистрирате на пазарот, треба да пополните онлајн формулар и во него да ги наведете сите сопственици на бизнисот. За секој од нив треба да покажете дека немал судир со ветеринарното законодавство. Ако тоа не може да биде утврдено поединечно за секој сопственик, фирмата нема да биде регистрирана. А во Русија функционира, на пример, некое претпријатие „Синчец“, за притоа никој не знае кој стои зад него. Ако „Синчец“ направи некој сериозен прекршок, фирмата ќе биде затворена, а наместо неа ќе биде отворено претпријатието „Лутиче“ со идентична сопственичка структура. Како напредуваат преговорите со САД за обновување на испораката на месо без стимулаторот за раст рактопамин? - Преговорите не мрднуваат од мртва точка. Американците не попуштаат, а притоа продолжуваат да извезуваат производи без рактопамин во Европската Унија. Од нив очекуваме исти такви производи да извезуваат и во Русија. Биолошките технологии забрзано се развиваат, но тоа не значи дека треба да се користат на штета на потрошувачите. Во Америка на кравите-молзници им се дава хормонот за раст соматотропин. Тој делува така што кравите даваат 20 отсто повеќе млеко. А кај жените од овие хормони се развиваат машки полови карактеристики и ним почнуваат да им никнуваат мустаќи. Кога станува збор за странските производители на прехранбени производи, можете ли да наброите оние што најмногу ги кршат руските закони? - Не постои земја која во своите области би била многу добар или многу лош производител и извозник. Виетнам, на пример, е добар производител кога станува збор за рибата, но, кога станува збор за топлокрвните животни, е толку лош што овој вид производ од Виетнам воопшто не треба да се увезува. Постојат земји кои традиционално се на-
на. Неопходно е да се усвои државна програма за искоренување на африканската чума. Може ли да се очекува дека ќе биде пронајден лек против африканската чума? - Засега не постои универзален лек против оваа болест, ниту е можно тој да биде произведен со користење на постоечките технологии. Со примена на медикаменти болеста може од акутна фаза да премина во хронично заболување. На тој начин состојбата само се влошува. Или животните можат да се вакцинираат. Во тој случај животното нема да заболи, но ќе стане носител на болеста. Затоа ниту вакцината не е решение. Тоа значи дека во теорија постојат определени мерки, но тие не се ефикасни во практиката. Знаеме дека е можно да се постигне имуност на африканската чума, но сè уште не сме во состојба тоа да го оствариме во практика. Добро е што барем птичјиот грип е совладан. - Се плашам дека тоа не е сосема точно. Сметавме дека темата за птичјиот грип ќе биде симната од дневен ред до 2012 година. И сè укажуваше дека тоа ќе биде така. Но, за жал, нашите колеги од Југоисточна Азија се однесуваа како ништо да не се случува и сега таму доаѓа до нов бран на ширење на птичји грип. Но, не би знаел да ви одговорам дали тој бран ќе нè одмине оваа година. Но, сигурно е дека ситуацијата од 2005 година нема да се повтори, зашто нашите одгледувачи на живина се подготвени да ја избегнат опасноста. Може да дојде до определени непријатности, но очекуваме дека во прашање ќе бидат само неколку одделни жаришта на зараза.
12 |
РУСКА РЕЧ
РЕЛИГИЈА
Светите и несветите тајни
Григориј Мјасоедов: „Палењето на протопопот Авакум“, 1897 година. Протопопот Авакум бил противник на реформите во богослужбите од 17 век на патријархот Никон
Семјон Кваша
Бурјатија е руски регион покрај Бајкалското Езеро. Тука се зборува еден јазик кој е многу близок до монголскиот и се проповеда будизмот. Но, во овој крај има и руски села и, ако на некој празник се најдете во некое од нив, ќе видите жени облечени во украсени носии стари и по 200 години. Уште пред влезот во селото ќе забележите дека се променил амбиентот: наместо пасишта и голи ледини, насекаде има полиња со пченица. Овие ниви им припаѓаат на старообредниците. Тие кон крајот на седумнаесеттиот век избегале од „Расколот“ (односно од реформата на Руската православна црква), најпрво во Полска, а потоа, кога Руската Империја зазела дел од Полска, се преселиле на тогашната граница со Кина, за таму да култивираат земја и да ја бранат територијата. До расколот во РПЦ дошло поради желбата на патријархот Никон за ускладување на богослужбата со старите византиски стандарди, да го описмени свештенството, да се
Тие избегале од Русија во 17 век, настрадале од прогонот на власта, самите си ги забраниле бракот и светите тајни, создале мноштво цркви, биле движечка сила на рускиот капитализам во дваесеттиот век и опстанале до денешен ден. Тоа се луѓе што не сакале да ги прифатат новите црковни обреди воведени во седумнаесеттиот век и поради тоа го добиле називот „старообредници“
ослободи од обредите кои биле учени напамет, но изгубиле смисла, и со тоа да „ја врати силата на молитвата“. Тогаш, во 17 век, Русија веќе 600 години официјално била христијанска земја. Во текот на еден толку долг период во книгите за богослужби за време на нивното препишување, се провлекле мноштво грешки. Многу свештеници не биле писмени и воопшто не разбирале што всушност изговараат. Црковната реформа била неопходна и Никон бил толку настојчив во нејзиното спроведување, што предизвикал раскол. Многу свештеници и мирјани воопшто не можеле да сфатат зошто се воведуваат „новините“. Зошто Русија, која ги преживеала инвазиите на Татарите и на Полјаците и опстанала во сите страдања, треба да се „прилагодува на грчкото учење“, и тоа во време кога целата грчка православна јерархија е под власт на турскиот султан? Тоа прашање си го поставувале и расколниците, па така му останале верни на „стариот обред“. Како што често се случува во верските
РУСКА РЕЧ
РЕЛИГИЈА
| 13
на древното православие тското праведно стекнување и со „спасот преку работа“. Многумина подлегнуваат на ова искушение и доаѓаат до погрешни заклучоци. Реално гледано, разликата помеѓу едните и другите е мошне голема. Парите на старообредниците не биле во нивна сопственост. Заедниците на различни старообреднички фракции создавале една цела паралелна економија и им давале на своите истоверни браќа заем со мала камата или без камата, па дури и неповратна парична помош. Со други зборови, тие се занимавале со она што денес се нарекува социјална заштита и социјална помош. Нивните претприемачи управувале со капитал кој ѝ припаѓал на целата заедница, но административно го прикажувале како свој имот, со цел да плаќаат помал данок и за да избегнат притисок и изнудување од страна на власта. Капиталистите-старообредници на почетокот од дваесеттиот век почнале сериозно да се занимаваат со политика, односно се труделе да им го олеснат животот на работниците во своите фабрики и воедно се обидувале да издејствуваат усвојување на разумно работно законодавство. Ваквата „социјална одговорност“ била сосема во духот на древниот православен колективизам. Во исто време, определени членови на старообредничките финансиско-индустриски кланови биле во врска со револуционерите и ги
снабдувале со парични средства, а тоа го правеле со цел да извршат притисок врз владата во царска Русија. Кога во 1917 година започнала револуцијата, старообредниците веќе биле доволно моќни и можеле да вршат притисок врз царот. Денес во Русија живеат стотици илјади старообредници. Тие се соочуваат со сериозни проблеми. Најтешко им е на беспоповците, зашто урбанизацијата го поткопува нивниот традиционален начин на живот и пренесувањето на животните правила од колено на колено, а и отсуството на свештенство и на јерархија не им помага во зачувувањето на верата. Бројот на беспоповци нагло се намалува дури и во нивната најбројна, поморска фракција. За ова во својот извештај зборува јерејот Јован Севастјанов, настојник на Покровската старообредничка заедница на Ростов на Дон. Многу подобро се заштитиле фракциите кои имаат свое свештенство, така што тие добиваат нови членови. „Старообредништвото полека ја минува границата на гето во кое беа затворени и тие се ослободуваат од сите оние културолошки наноси со кои беше маскирана Вистината на старообредништвото, така што тоа за сè поголем број луѓе станува олицетворение на Вистинската Црква Христова“, се вели во извештајот на овој јереј.
Максим Адвеев
војни, разликите во ставовите на спротивставените страни се малку чудни и за поголемиот дел луѓе се несфатливи. Дали треба да се крстиме со два или со три прста? Дали треба да се пишува „Исус“ или „Иисус“? Доволно е во Симболот на верата да се изменат само неколку збора и луѓето се подготвени поради тоа да бегаат од земјата, да одат на мачење или на клада. Државата почнала да ги третира расколниците како престапници, а оној што ќе ги пријавел го добивал нивниот имот. Независно од прогонот, расколниците самите се поделиле на огромен број култови и фракции. Главното прашање било „каде да се најдат попови“? Православниот свештеник мора да биде ракоположен и да припаѓа на јерархија на чие чело стои епископ или некое друго духовно лице. Меѓу расколниците долго време немало епископ, што значи дека немало кој да ги ракоположи свештениците. Еден дел од расколниците го решил тој проблем на радикален начин: целосно го отфрлил свештенството и „поповите“, и на тој начин е добиен називот „беспоповци“. Други си избрале свештеник кој бил ракоположен од епископ кој ја прифатил реформата, зашто многу такви свештеници преминале во „Расколот“. Подоцна на расколниците сепак им тргнало од рака да формираат неколку старообреднички јерархии. Беспоповците исто така меѓусебно се поделиле за разни прашања. На пример, за ставот кон светите тајни. Ако нема свештеник, тогаш нема кој да крштева, нема кој да венчава, нема кој да пее опело. Во определени беспоповски фракции функцијата свештеник ја вршеле угледни граѓани, исто како и во некои протестантски секти. Други, пак, едноставно отфрлиле определени свети тајни, како што е венчавањето. Тоа значи дека го отфрлиле бракот, а со бракот се откажале и од раѓање деца, зашто не сакале да „раѓаат деца во грев“ (односно во вонбрачна врска). Сепак, споменатите фракции постојат со векови, што влева определен сомнеж за нивната верба во принципите што ги прокламираат. Кон крајот на деветнаесеттиот век Русија минувала низ период на фантастичен економски раст, а една од многуте локомотиви на тој раст биле капиталистите-старообредници, оние што не избегале. Мамонтов, Морозов, Рјабушнски, Третјаков (љубител на уметноста, филантроп и мецена; основач на Третјаковската галерија) – тоа се презимињата на руските „Ротшилд“ и „Рокфелер“. Секогаш постои нешто примамливо за во овој контекст да се спомене „Протестантската етика и духот на капитализмот“ од Макс Вебер и богатството на руските старообредници да се спореди со протестан-
Руски старообредници на служби
14 |
МИСТЕРИИ
РУСКА РЕЧ
Стихијната сила на PRESS PHOTO
ните лица, свртени кон шаторот, имало израз на страв што не може да се опише. Што виделе? Дали нешто дошло во нивниот шатор? Исто така, тие не истрчале од шаторот низ вратата. Тие направиле дупка на една од страните и низ неа излетале надвор. Се појави и верзија од извештаите според која нивните тела биле радиоактивни. Некои имале и сериозни изгореници... И тука не е крајот. Една група, која побегнала најдалеку од шаторот, направила легло во снегот од гранки на чинар – но сеедно не биле најдени во него, туку неколку метри подалеку, замрзнати. Сево ова, сепак, не го објаснува најбизарниот детаљ: што се случило со нивните очи и со нивните јазици? Приказните за страшната смрт на туристите се вртеа со децении пред да се појави првиот форум на руски јазик на Интернет, кој беше посветен на загинатите од групата. Со текот на времето приказните добиваа сè повеќе измислени и реални детали, се пренесуваа од уста на уста, од колено на колено. Во педесеттите години од минатиот век во Русија во зачеток беше масовниот туризам, и тој тогаш не се асоцираше со фотографирање пред културно-историски споменици, туку со романтични походи во неистражените краеви на големата земја, со ранци, со шатори и со песни со гитара. Судбината на групата на Дјатлов за неколку генерации туристи претставуваше само мит за кој беше мошне интересно и мошне страшно да се разговара навечер пред логорскиот оган за време на одморот. Превојот на кој загинаа туристите го доби своето име по Игор Дјатлов. Сега таму има спомен-обележје. Го поставиле некои ентузијасти. Очигледно архивата на иследникот Иванов била главниот извор на документирани сведоштва поврзани за настаните со групата на Дјатлов. Членовите на групата во текот на својот поход постојано воделе дневници и непрестајно се фотографирале. Сите фотографии биле приложени во предметот. Постепено сета оваа фотоархива стана достапна за јавноста. Весели изрази на лицата, старомодни одела и впечатливи пејзажи на Северен Урал: планини и снег, снег, снег... Не постои официјална верзија за загинувањето на туристите и, очигледно е, дека никогаш нема ни да има. Но, сепак, како и при секој
Шаторот на настраданите млади туристи Олег Кашин, Дарја Гонзалес
Најпрво беа пронајдени петмина туристи. Јуриј Дорошенко и Јуриј Кривонишченко само во долна облека лежеле покрај некој кедар, на падините под напуштениот шатор, од кој биле оддалечени половина километар. Игор Дјатлов, водачот на групата туристи, бил облечен, но без обувки и со различни чорапи – со волнен чорап на десната и со памучен на левата нога. Лежел 300 метри од кедарот надолу на патот кон шаторот, со лицето в снег, прегрнувајќи една бреза. Со главата бил завртен во правец на шаторот. 300 метри понатаму лежела Зина Колмогорова. И таа била без обувки, и главата ѝ била свртена кон шаторот. Понатаму на надолнината, на 180 метри од Зина, лежел Рустем Слободин со пробиен череп. На десната нога имал валенка со четири чорапи, а левата нога му била боса. Останатите се пронајдени многу подоцна, кон крајот на пролетта, односно по два месеци. Људмила Дубинина била покрај изворот, на колена, со лицето свртена кон изворот, а покрај неа лежеле прегрнати Семјон Золотарјов и Александар Колеватов, додека Николај Тибо-Брињол лежел во водата. Золотарјов бил без очи, а Дубинина без очи и без јазик. Се зборуваше и за некаква чудна боја на кожата на жртвите: црвеникава или портокалова. Ова се случуваше во Советскиот Сојуз, во 1959 година. Задачата на последниот поход на групата на Игор Дјатлов била да се преминат 350 километри, одејќи на скии по планините на Северен Урал. Станува збор за најтежок поход според кој групата требала да се искачи на пла-
нината Отортен (на јазикот на Мансите тоа значи „не оди таму“). Но, на 12 февруари групата не стасала на својата крајна дестинација во населбата Вижај. Ноќта помеѓу први и втори февруари на падините на планината Холатчахљ (што на јазикот на Мансите значи „Планина на мртвите“) била кобна за деветтемина студенти од Уралскиот политехнички универзитет. Она што на сите морало да им падне в очи е тоа што околностите на нивната смрт биле претерано чудни. Од извештаите на истражните органи, кои подоцна станаа достапни, е јасно дека немало никакви јасни траги од други лица или од животни. Многу прашања останаа без одговор. Зошто млади, здрави луѓе кои знаеле каде е шаторот и сè што им е потребно за да преживеат гледале во него и седеле полуголи во снегот дури не смрзнале? Во извештаите пишуваше дека сите имале големи внатрешни крвавења, кои можеби ги оневозможиле да се движат. Некои имале и скршени ребра. Еден од членовите на групата имал згмечен череп без никакви надворешни повреди. Зошто истрчале полуголи од шаторите во суровата северноуралска зимска ноќ? Во извештаите пишува дека на нив-
Холивудска верзија на приказната Задачата со огромен број појдовни податоци и без точно конечно решение претставува идеална приказна за класичен хорор филм. „Случајот Дјатлов“(„The Dyatlov Pass Incident“) веројатно нема да им се допадне на луѓето кои со години по форумите се препираа околу групата на Дјатлов. Никому не му се допаѓа кога андерграундот станува дел од поп-културата, но изгледа не постојат поинакви критериуми за „суперприказна“.
РУСКА РЕЧ
МИСТЕРИИ
| 15
мистериозен настан, постојат скептици кои се убедени дека нема ништо мистериозно, и тоа убедување ним, изгледа, им причинува задоволство. Север, снег, зима... Па, да: снегот е виновен. Или ги затрупала лавина, или паднал голем снег кој им го затрупал шаторот, така што тие во паника и страв полуголи избегале од шаторот и потоа умреле од студ. А, што ако сепак не е снегот во прашање? Северен Урал е ладно и ненаселено подрачје, никој не го познава во доволна мера и сосема е
Јануари 1959 година: Људмила Дубинина се збогува со Јуриј Јудин откако тој решил да ја напушти групата поради болест и, благодарение на тоа, остана жив. Во заднината се гледа Игор Дјатлов
нет-форумите, најпрво на локалните, уралските, а потоа и на московските. Беа правени мултимедијални презентации (фотографии од архивата на групата со злокобна електронска музика во позадината), популарните писатели на детективски приказни пишуваа статии, а разно-разни ентузијасти со години го проучуваа овој поход со сите негови детали и пишуваа книги за овој настан. „Дјатловманијата“ е еден од најзначајните феномени на рускиот Интернет-простор.
можно дека тука се наоѓал логор на Гулагот, или тајна нуклеарна фабрика, или полигон за тестирање тајно оружје, или ова е едноставно некакво маѓепсано место. Претставници на автохтониот северен народ Манси, кои во овие краишта живееле многу пред да дојдат Русите, превој го нарекле „планината на деветтемина мртви“. Во групата на Дјатлов имало токму деветмина туристи. Згора на тоа, на оваа тема се водеа неверојатно долги и жестоки дискусии на Интер-
видео на: ruskarec.mk/18867
Групата млади туристи заминуваат на своето последно патување во еден од најнепристапните делови на Русија
Земја на спортскиот туризам
PRESS PHOTO
Девет млади излетници во 1959 година загинаа во снежните беспаќа на северен Урал под мистериозни околности од кои крвта запира во вените. Нивната смрт никогаш не беше разјаснета. По отворањето на документите на стариот предмет во деведесеттите години од минатиот век, мистеријата уште повеќе се продлабочи. А сега стигнува и холивудски филм за неа
PRESS PHOTO
уралското беспаќе
Според масовноста на туристичкото движење Советскиот Сојуз беше меѓу првите во светот. Кога станува збор за спортскиот туризам, во 1975 година во СССР имало над сто илјади лица со звање спортист во одредена категорија, а звање мајстор на спорт имале над 600 спортски туристи. Помина периодот на пад на спортскиот туризам од деведесеттите година на минатиот век и сега повторно се во мода шаторите, ранците и песните со гитара покрај огновите. Денес Северен Урал е една од најпопуларните дестинации на спортските туристи.
ИМПРЕСУМ
16 |
РУСКА РЕЧ
КАЛЕИДОСКОП
Зошто италијански хеликоптер? Прочитајте на: ruskarec.mk/20047
Писмата на читателите, колумните и илустрациите означени како „мислење“, како и текстовите од рубриката „погледи“ во овој додаток се избрани за да претстават различни гледишта и не го изразуваат нужно гледиштето на уредникот на проектот „Russia Beyond the Headlines“ или на весникот „Росијскаја газета“. Ве молиме вашите писма и коментари да му ги испраќате на уредникот на urednik@ruskarec.mk
Додатокот „Руска реч“ го финансира, уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва, Русија). Интернет-страница: ruskarec.mk Еmail: urednik@ruskarec.mk Телефон: +7 (495) 775 3114 Факс: +7 (495) 988 9213 Адреса: ул. Правды 24, д. 2, Москва 125993, Россия.
МЕДВЕДЕВ ПРИСТИГНА НА РАБОТА
Графикон „Господар на рускиот Арктик“ : ruskarec.mk/17717
ПОМОШ! Активист на „Гринпис“, облечен како поларна мечка, стои на дрвен блок во вид на мраз на реката Москва, на 1 април 2013 година, во знак на протест против плановите на нафтените компании за дупчење во Арктикот
ИГОР ДАНИЛОВИЌ координатор на „Руска реч“ во „Нова Македонија“ МАРЈАН ДЕЛЕВСКИ дизајн
„Гринпис“
© 2013 сите права се задржани од ФГБУ „Росијскаја газета“: АЛЕКСАНДAР ГОРБЕНКО претседател на редакцискиот совет, ПАВЕЛ НЕГОИЦА генерален директор, ВЛАДИСЛАВ ФРОНИН главен уредник. Забрането е копирање, дистрибуција или преземање на содржините од овој додаток, освен за лична употреба, без писмена согласност на „Росијскаја газета“. Ве молиме за дозвола да се обратите на телефон +7 (495) 775 3114 или на и-мејлот urednik@ruskarec.mk. „Russia Beyond the Headlines“ не сноси одговорност за ненарачаните текстови и фотографии.
АП
Рускиот премиер Дмитриј Медведев пристигнува со хеликопер пред седиштето на руската влада во Москва на 27 март 2013 година
Специјалните додатоци за Русија во светските дневни весници ги уредува и ги издава „Russia Beyond the Headlines“, во организација на „Росијскаја газета“ од Москва. Во моментов додатоци се објавуваат во следниве весници: Le Figaro, Франција • The Daily Telegraph, Велика Британија • Süddeutsche Zeitung, Германија • Еl País, Шпанија • La Repubblica, Италија • Le Soir и European Voice, Белгија • Дума, Бугарија • Политика и Геополитика, Србија • Eleutheros typhos, Грција • The Washington Post, The New York Times и The Wall Street Journal, САД • Navbharat Times и The Economic Times, Индија • Mainichi Shimbun, Јапонија • China Business News, Кина • South China Morning Post, Кина (Хонгконг) • La Nacion, Аргентина • Folha De S. Paulo, Бразил • El Observador, Уругвај • Today, Сингапур • Joongang Ilbo, Јужна Кореја • Sydney Morning Herald и The Age, Австралија • Gulf News, Обединети Арапски Емирати Електронска пошта на редакцијата „Руска реч“: urednik@ruskarec.mk. Повеќе информации на http://ruskarec.mk
АЛО, МАМО, СЛЕТАВ! Скајп-кабина на терминалот „Аероекспрес“ на аеродромот „Шереметјево“ во Москва на 13 март 2013 година
Илија Питалјов, РИА Новости
ЕВГЕНИЈ АБОВ издавач и директор на RBTH ПАВЕЛ ГОЛУБ главен уредник на додатоците на RBTH ВЈАЧЕСЛАВ ЧАРСКИ извршен уредник за Јужна и за Средна Европа ЕМИЛ НИАМИ превод, лектура, веб, гостин-уредник на додатокот „Руска реч на македонски“ ЈАНЕ ЈОВАНОВ, ТРАЈЧЕ СТОЈАНОВ превод, лектура, веб ЕКАТЕРИНА ТУРИШЕВА, ИВАН НИКОЛАЕВ асистенција, веб НИКОЛА ЛЕЧИЌ, ИРИНА РЕШЕТОВА ко-уредници АНДРЕЈ ЗАЈЦЕВ, НИКОЛАЈ КОРОЉОВ илустрации За огласување во овој додаток, ве молиме да се обратите на ЈУЛИЈА ГОЛИКОВА, директор на одделот за односи со јавност: julia.golikova@rbth.ru.