Руска реч Македонија #8

Page 1

Прилогот го уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва), која е целосно одговорна за содржината. Се печати и се дистрибуира во соработка со „Нова Македонија“.

СВЕТСКА БАНКА

Руската економија е прва во Европа

стр. 4-5

ruskarec.mk

САБОТА - НЕДЕЛА, 17-18 АВГУСТ 2013 ГОДИНА

БРОЈ 8

Ништо добро за Хрватска во ЕУ стр. 6-7

РАКЕТА ПРОТИВ ВСЕЛЕНСКИ ТЕЛА

„Сатаната“ го спасува светот стр. 9

Волга најдолгата река во Европа стр. 12-13

Само на RUSKAREC.MK Повеќе теми на интернет -страницата на „Руска реч“

СТО И ДЕСЕТ ГОДИНИ ОД УБИСТВОТО НА АЛЕКСАНДАР РОСТКОВСКИ ВО БИТОЛА

Рускиот конзул што сочувствуваше со Македонците

стр. 2-3

„Росијскаја газета“ уредува прилози за Русија во 26 водечки светски весници, вклучувајќи ги и „Њујорк тајмс“, „Дејли телеграф“, „Фигаро“ и „Зидојче цајтунг“

Lori / Legion Media

ПОГЛЕДИ


2|

РУСИЈА - МАКЕДОНИЈА

РУСКА РЕЧ

СТО И ДЕСЕТ ГОДИНИ ОД УБИСТВОТО НА АЛЕКСАНДАР РОСТКОВСКИ ВО БИТОЛА

Рускиот конзул што сочувс Во јануари 2014 година Русија и Македонија ќе одбележат 20 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете држави. Сепак, историјата на меѓусебните односи помеѓу двете земји не е толку кратка, колку што се чини на прв поглед. Во август годинава се навршуваат 110 години од уште еден (иако тажен) настан, поврзан со историјата на нашите билатерални односи - убиството на рускиот конзул Александар Ростковски во градот Битола

Михаил Вашченко

Најпрво треба да се кажат неколку збора за историјата пред неговата работа на територијата на современа Македонија. Првите дипломатски претставништва на Русија во Македонија, која во тоа време била дел од Отоманската империја, започнале уште кон крајот на осумнаесеттиот век, откако Русија извојува победа во руско-турската војна 1768-1774 година. Конзулатот во Битола (Манастир) бил отворен нешто подоцна, во 1861 година. Без оглед на привремената промена на статусот (во периодот од 1881 до 1901 година бил вицеконзулат), тој се одржал неколку децении. Околу осум години како конзул во градот престојувал и херојот на оваа наша сторија. И, значи, кој бил Александар Ростковски? Роден во 1860 година, Ростковски го завршил Александровскиот императорски лицеј (во кој своевремено учел Александар Сергеевич Пушкин), по што почнал да ра-

боти во Азискиот департман на Министерството за надворешни работи на Русија. На почетокот работел во Бугарија како втор секретар на рускиот генерален конзулат, а потоа заминал на служба во конзулатот во Ерусалим. Од 1887 до 1890 година работел како секретар на руските конзулати во градот Јанина, а потоа и во Бејрут. До 1893 година, тој бил заменик на агентот на Министерството за надворешни работи на Русија во Одеса, по што од 1893 година станал вицеконзул во Бринѕи. Од 1895 година работел како вицеконзул во Битола. Во Македонија Ростовски се нашол во еден сложен период. Населението почнувало да го зафаќа револуционерно расположение. Две години пред доаѓањето на рускиот конзул била организирана познатата Внатрешна македонска револуционерна организација (ВМРО), се создавале и други револуционерни организации, кои имале за цел подготовка на востание против Турците. Многумина сфатиле дека таквото востание во тие услови ќе доведе до негово неминовно задушување. Амбасадорот на Русија во Истанбул во телеграма до Ростовски му предложил „да преземе мерки“ за „да му се ста-

Конзулот во август 1903 година загинал од куршумот на турски жандарм со албанско потекло

ви до знаење на христијанското население дека дејствувањето на комитетите строго се осудува од страна на императорската влада“. Дури и самиот конзул со голема внимателност гледал на нивната дејност. Познато е неговото мислење искажано при еден приватен разговор во 1900 година: „Од срце ми е жал за македонските Словени, но руските интереси ми се поважни и по личното чувство, и по долгот на службата“. Сепак, тоа не значело дека Русија не се стремела да го реши македонскиот проблем. Заедно со Австро-Унгарија во 1903 година, таа на Истанбул му предложила проект-реформи, кои предвидувале либерализација на политичкиот режим на македонската територија. Ростковски, кој на лице место ги следел тие „реформи“, известил дека турските власти прават сè за во практика ништо да не се промени. Ростковски не се однесувал кон Македонија само како кон привремено место на живеење. За време на своите патувања во земјата, која тој практично ја поминал во целост, Ростковски подробно го опишал животот на локалното христијанско население, кое страдало од Турците и со кое тој искрено сочувствувал. Во исто време тој продолжувал негативно да се однесува кон претставниците на македонските востанички организации, кои само му ја усложнувале работата како конзул, уверувајќи го христијанското население дека Русија ги поддржува овие организации. Ростковски бил познат и по својата храброст како човек. Познати се случаи кога тој самиот, без никаква помош од телохранители и без оружје успевал да разреши многу проблеми. На пример, во април 1903 година, по масовниот колеж на христијани во Битола, само со своето појавување го успокоил и го одоброволил локалното население. Тој одел на места каде што тешко се доаѓа, кога тоа било потребно. Таков е примерот кога требало да се сретне со група православни Албанци за да ги премисли во врска со нивниот план за премин во унијатство. Ростковски учествувал во ширењето ин-


РУСКА РЕЧ

РУСИЈА - МАКЕДОНИЈА

|3

твуваше со Македонците

Ростковски во Русија објавувал статистички податоци за македонското население, за што добил и награда од Руската академија на науките: погребна поворка на убиениот руски конзул во Солун во 1903 година

формации за Македонија во Русија. Така, во периодот помеѓу 1899 и 1900 година, тој во руските списанија печател статии во кои биле давани статистички податоци за македонското население. За овие статии тој добил награда од Руската академија на науките. Сепак, за време на својот престој во Македонија, Ростковски се здобил со многу непријатели. Претставниците на македонските револуционерни комитети биле непријателски расположени кон Ростковски поради одбивањето на Русија да ги поддржи. Но, негативен однос кон рускиот конзулат имало и албанското население во Македонија. И во 1903 година Ростковски загинал од куршумот на еден турски жандарм со албанско потекло. Рускиот император Николај Втори побарал од турскиот султан Абдула Хамид Втори да ги казни виновниците за убиството, што и било направено. По десет години, во 1913 година, кога Вардарска Македонија со градот Битола била дадена на Србија, во градот бил поставен православен крст во спомен на Ростковски. По Втората светска војна тој бил тргнат, и долг период во Битола не постоело ништо што би укажувало на работата на конзулот. Неодам-

на, во 2003 година, тој крст беше повторно поставен. Сега тој е место на кое се спроведуваат различни свечени церемонии, организирани од руските дипломати, „наследници“ на Ростковски. И тоа е добар знак. Знак дека

денес руско-македонските односи не само што успешно се развиваат, туку и дека имаат дамнешна историја, која, без оглед на трагичните настани, ни дозволува со оптимизам да гледаме кон иднината.


4|

РУСКА РЕЧ

ЕКОНОМИЈА

СВЕТСКА БАНКА

Руската економија е прва во Европа Татјана Лисина

Според најновите податоци на Светската банка, руската економија ги престигна сите земји во Европа и го зазеде петтото место во светот според бруто-домашниот производ (БДП). Експертите предвидуваат дека во иднина јазот меѓу Руската Федерација и остатокот од Стариот континент ќе продолжи да се зголемува

ИТАР-ТАСС

Русија е многу поуспешна во борбата со светската економска криза отколку поголемиот број развиени земји, покажуваат податоците на Светската банка што се објавени во јули. Русија со својот бруто-домашен производ (БДП) по жител според паритетот на куповната моќ (ПКМ) во 2012 година ги престигнала сите земји во ЕУ, вклучувајќи ја и Германија, која се наоѓа на шестото место во светот. Во првата петорка пред Русија се наоѓаат САД, Кина, Индија и Јапонија. Треба да се додаде дека податоците на Светската банка го потврдија кредитниот рејтинг што Меѓународниот монетарен фонд го објави уште кон крајот на 2012 година, иако, според него, Русија во определенa мера заостануваше зад Германија и го зазеде шестото место. Јулскиот рејтинг на Светската банка во

однос на рускиот БДП според ПКМ е уште една потврда за завидното ниво на руската економија, истакнуваат стручњаците. Според номиналниот БДП (податоците на ММФ) Русија напредувала од деветтото на осмото место. Освен тоа, Светската банка на почетокот на јули ја премести Русија во групата земји со висок национален приход жител (во изминативе десет години Русија беше во групата земји со приход над просекот). Напредокот во рејтингот секако ќе биде важна предност за време на придружувањето на Русија на Организацијата за економска соработка и развој (ОEЦД), кое е предвидено за 2015 година. За уште поголем раст на БДП по жител, стручњаците на ОЕЦД препорачуваат да се зголеми продуктивноста, да се стимулираат иновациите, а потоа и да се усовршат финансиските и даночните регулативи. За стручњаците, успесите на руската еко-

Русија со својот БДП по жител според паритетот на куповната моќ во 2012 година ги престигна сите земји на ЕУ, вклучувајќи ја и Германија


РУСКА РЕЧ

|5

Reuters

ЕКОНОМИЈА

Некогашниот гувернер на Централната банка на Русија, Сергеј Игнатиев, и министерот за финансии на Руската Федерација, Антон Силуанов, на состанокот на министрите за финансии на земјите од Г20, одржан во рамките на пролетниот самит на Меѓународниот монетарен фонд и на Светската банка во април 2013 година, во Вашингтон

номија не претставуваат изненадување. Според главниот економист на Дојче банк, Јарослав Лисоволик, рејтингот на БДП според ПКМ во целина во голема мера реално ја одразува состојбата на потрошувачка на стоки и услуги во економијата. - Руската економија создава раст поради поволните цени на нафтата, додека Европа е во рецесија и изгледите за излезот од кризата не се извесни. Особено е сериозна ситуацијата во Јужна Европа, која, секако, влијае и на Германија и на другите земји. Затоа Русија губи помалку во моменталните услови на криза во однос на Европа. Освен тоа, во последниве година и пол рубљата покажува добри резултати - додава Лисоволик. Генералниот директор на Агенцијата за политички и економски комуникации, Дмитриј Орлов, исто така смета дека местото на Русија на ранг-листите според БДП е сосема соодветно. - Во однос на нашиот бруто-домашен про-

извод (БДП) и на куповната моќ и со сите наши проблеми далеку сме од Кина, но сме многу понапред од Европа - истакнува стручњакот. Што ја очекува руската економија во иднина? Ова е прашањето што посебно ги интересира како жителите на Русија така и светските инвеститори, кои мошне внимателно ги следат случувањата во Русија. ММФ неодамна ја намали прогнозата за рускиот раст за 2013 година на 2,5 отсто. Прогнозите на Светската банка се само незначително пониски - пораст од 2,3 отсто. Но овие бројки се чинат сосема со-

Првата петорка

1. САД 2. Кина 3. Индија 4. Јапонија 5. Русија

лидни во однос на изгледите за пораст на американскиот БДП (1,7 отсто) и на европската рецесија (од -0,6 отсто). Динамиката на економскиот раст кај двата соседа од групата БРИК и понатаму е повеќе од импресивна во однос на руската (Кина - 7,8 отсто, а Индија - 5,6 отсто). Анкетираните стручњаци веруваат дека следната година, поради стагнација во еврозоната, предноста на Русија во однос на Европа ќе се зголемува сè повеќе, но и дека Русија во голема мера ќе заостанува зад споменатите азиски држави. - Кина и Индија сè повеќе ќе ги зацврстуваат своите позиции на ранг-листите поврзани за БДП - уверен е Орлов. Со него се согласува и Лисоволик, кој во исто време напомнува дека без оглед на напредокот во рејтингот на Светската банка, проблемот со недоволниот економски раст во Русија сè уште постои и сосема е сигурно дека ваквата тенденција ќе продолжи и понатаму.


6|

РУСКА РЕЧ

ПОГЛЕДИ

Ништо добро за Хрватска во ЕУ Хрватска стана членка на Европската Унија (ЕУ). Кои ќе бидат последиците за Хрватска од влезот во ЕУ за порталот pravda.ru зборува Ана Филимонова, научен соработник на Центарот за проучување на современата балканска криза Ана Филимонова, pravda.ru

Без оглед на оптимистичките очекувања на еден дел од хрватската политичка елита, Хрватска во Европската Унија (ЕУ) не ја очекува многу ведра иднина како што се очекуваше. Постојат несреќни примери со држави од Источна Европа (Бугарија, Романија, Унгарија и Полска), кои од 2004 година почнаа да влегуваат во ЕУ. Врз нивниот пример гледаме една иста тажна слика. Кај овие земји карактеристични се моќните деградациски процеси на општествен и на економски план. Основните показатели за квалитет на животот (нивото на надворешниот долг, невработеноста, животниот век, одливот на население) паѓаат и засега овој тренд не запира. Дури не може ни да се насети и неговата стагнација. Во Хрватска истиве овие процеси се забележуваа и пред нејзиниот влез во ЕУ. Огромниот раст на надворешниот долг ја надминува сумата од 40 милијарди долари, а тоа е катастрофална бројка за една толку мала држава. Унгарија има долг од 50 милијарди долари, а тоа е бројка што не може да се спореди со националниот буџет. Многу е висока и невработеноста. Во Хрватска таа изнесува околу 20 отсто, но меѓу младите оваа бројка е застрашувачка, 50 отсто. Оваа зима беше направена социолошка анкета, која покажа дека само седум отсто од хрватската младина сака да остане во државата. Од друга страна, 93 отсто се подготвени да ја напуштат својата татковина и да заминат во Австрија, Италија, Германија, САД или во Канада. Забележано е целосно уништување на националниот банкарски систем. Сите национални финансиски средишта се окупирани од страна на австриски и на италијански банки, а сега, откако Хрватска влезе во Европската Унија, во целост ќе го изгуби својот национален финансиски систем. Лоша е ситуацијата во производството -

во овој сегмент се случува истата работа. Германија ги купува производствените линии, тие стануваат германско производство, а сиот приход се извезува од Хрватска. Хрватското производство се затвора. Државата живее на сметка на туризмот. Во Германија јасно се гледа тенденцијата на незадоволство од влезот на Хрватска во ЕУ. Делумно се слушаат тврдења дека тоа е уште една држава во која ќе пропаѓаат нивните милијарди. Хрватска е на граница на економска рецесија, која се запира со потешкотии. Владата е во сериозна криза, многумина ја сметаат за една од најнеталентираните влади во изминативе 20 години, зашто слепо ги исполнува барањата на европската бирократија. Сето ова доведува до заклучок дека пред Хрватска се наѕира грчко-кипарското сценарио. Ќе мора да се направат големи структурни реформи поради кои ќе се добијат удари по националната, општествената и по економската структура. Неодамна владата на Хрватска донесе одлука дека ќе се плаќа повикот на брза помош, кој нема да чини помалку од 200 евра. Ваквата одлука беше аргументирана со тврдењето дека постојат голем број лажни повици. Но, во плаќањето се пресметува користењето на опремата за реанимација, односно ако таа се употребува, тоа значи дека повикот не бил лажен. Овој пример добро ја покажува состојбата во која се наоѓа хрватското здравство. Во текот на оваа година во Хрватска се организираа големи демонстрации. Луѓето стануваат свесни дека влезот во Европската Унија нема да им ги реши економските проблеми, туку дека само ќе се влоши економската ситуација во државата. Авторката е научен соработник на Центарот за проучување на современата балканска криза при Руската академија на науките

Во текот на оваа година во Хрватска се организираа големи демонстрации. Луѓето стануваат свесни дека влезот во Европската Унија нема да им ги реши економските проблеми, туку дека само ќе се влоши економската ситуација во државата


РУСКА РЕЧ

|7

Reuters

ПОГЛЕДИ

Филимонова: Наспроти оптимизмот на дел од хрватската политичка елита, Хрватска не ја очекува ведра иднина во Унијата

Имаше ли Хрватска друг пат освен влезот во ЕУ? Сите балкански држави размислуваат на следниов начин: што да правиме, ние географски припаѓаме во Европа, околу нас е само Европската Унија и државите на НАТО. Како државата може да биде посилна, ако им се потчинува на институциите на Европската Унија и на евроатланските интеграции, ако ги исполнува нивните барања, а со тоа уште повеќе ја слабее и ја уништува сопствената национална државност? Денес Европа повеќе не е она што бе-

ше во шеесеттите и во седумдесеттите години од минатиот век, за време на нејзиниот процут, кога владееше определена општествена рамноправност и праведност. Погледнете што се случи со Бугарија по нејзиниот влез во ЕУ. Бројот на жители во последниве десет години катастрофално се намали. Државата ја нарекуваат земја на европските пензионери, кои ги изнајмуваат своите имоти во Европа, купуваат станови во Бугарија и

таму живеат од добиената разлика. Слични процеси забележуваме и во Унгарија. Освен тоа, Унгарците во моментов штрајкуваат, се обидуваат да ја обноват националната економија. Хрватите отсекогаш се одликувале со здрав прагматизам. Токму затоа за хрватската елита е јасно дека во овие околности примерите на источноевропски држави зборуваат за мошне мрачната перспектива. И, засега, таква иднина ја очекува Хрватска.


8|

РУСКА РЕЧ

ПОГЛЕДИ

Зошто Пентагон не сака да војува во Сирија?

Евгениј Шестаков

Несогласувањата што постојат во американската политичка елита и во различните ресори во врска со патиштата за решавање на сирискиот конфликт веќе не се тајна.

1.000.000.000 долари месечно би ги чинела Американците воздушната операција во Сирија

Нијаз Карим

Да се бомбардира војската на Асад во Сирија или да не се бомбардира? Белата куќа, како и во времето на карипската криза, се колеба меѓу воинствениот и мирољубивиот табор. Но, овојпат Пентагон својот став го поткрепи со конкретни цифри. А, бизнис-сметката изгледа вели дека бомбардирањето е неисплатливо. Кои се непознатите во оваа крвава равенка?

Белата куќа, како и во времето на карипската криза, се колеба меѓу воинствениот и мирољубивиот табор. Во екипата „јастреби“ игра државниот секретар на САД, Џон Кери, кој предлага да се бомбардираат позициите на армијата на Башар ал Асад, додека на чело на „гулабите“ е Мартин Демпси, началник на Здружениот генералштаб на вооружените сили на САД. Тој, за разлика од шефот на американската дипломатија, ги предупредува политичарите за последиците од непромислените потези во Сирија. Полемиката околу Сирија меѓу шефовите на американскиот цивилен и воен ресор се распламтија зад кулисите на самиттот на Г8 во Ирска одржан неодамна, а сега Пентагон го поткрепи својот став со конкретни цифри. Воздушната операција секој месец би ги чинела американските даночни обврзници една милијарда долари, и тоа би траело најмалку една година. А, ако се пресметаат и копнените операции, тогаш трошоците би биле значително повисоки. Нема смисла да се набројуваат сите компликации поврзани со непосредното учество на САД во сирискиот конфликт за кои зборува еден висок американски офицер. Основната идеја на писмото е очигледна: Пентагон е убеден дека операцијата против Сирија по обемот и по трошоците може да се спореди со трошоците од војната во Авга-

нистан. Според тоа, за време на донесувањето на одлуката за непосредно учество на земјата во нов конфликт, Белата куќа не треба да се занимава со хипотетички, туку со реални последици од ваквиот чекор. Без разлика колку бомбардирањето на сириската територија е примамливо за Америка од гледна точка на меѓународната политика, Министерството за одбрана на САД докажува дека со тоа војната нема да заврши, и цивилните власти треба да го сфатат тоа. Расколот во американскиот естаблишмент околу мерките што треба да се преземат врз Дамаск не настана само по партиска туку и по ресорна линија. По долготрајните дебати со Белата куќа, специјалните разузнавачки комитети на обата дома во Конгресот го одобрија коригираниот план за доставување оружје на сириската опозиција, кој претходно беше одбиен. Одлуката за почеток на испорака на оружјето за администрацијата на Барак Обама имаше политичко значење, зашто тоа е главниот адут на САД на разни меѓународни конференции на кои учествува сириската опозиција. Затоа, за Кери беше прашање на честа дали во овој случај ќе успее да изврши притисок врз Конгресот. Веднаш следуваше одговор од Пентагон, така што во медиумите беа објавени основните ставови од извештајот на Демпси. Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, ги посети САД во првата половина на август, при што повеќепати се сретна со својот американски колега. На дневен ред, меѓу другото, беше и Сирија, како и можноста за закажување втора меѓународна конференција за регулирањето на состојбата во оваа земја. Белата куќа смета дека сириската опозиција во блиска иднина ќе добие доволно американско оружје за да ја запре офанзивата на владините сили и повторно да заземе дел од изгубените позиции. Во спротивно, нејзините претставници одбиваат да учествуваат на конференција за Сирија, зашто можат да се најдат во неповолна позиција како страна што губи.


РУСКА РЕЧ

ВОЈСКА

РАКЕТА ПРОТИВ ВСЕЛЕНСКИ ТЕЛА

„Сатаната“ го спасува светот

|9

Интерконтиненталната балистичка ракета од типот „Војвода“, со нуклеарна боева глава (рус. „Воевода“, „Сатана“ по класификацијата на НАТО), доколку биде опремена со дополнителен трет степен, би можела да се употребува и за уништување ненадејно воочени помали вселенски тела чии димензии се до 100 метри и кои за Земјата би можеле да претставуваат опасност

РИА Новости

Интерконтинентална балистичка ракета, каква што е, на пример, „Војвода“ („Сатана“ по класификацијата на НАТО), би можела да се употребува и за уништување на ненадејно воочени помали вселенски тела, чии димензии се до 100 метри и кои за Земјата би можеле да претставуваат опасност, доколку на оваа ракета ѝ се додаде дополнителен погонски блок, вели Сабит Саитгараев, водечки научен соработник во Државниот ракетен центар „Академик В.П. Макеев“, во градот Миас, во Челјабинската област. - За борба против ненадејно воочените објекти со мали размери успешно можат да се применат ракетите-носачи, кои се прават на база на интерконтиненталните балистички ракети на течно гориво (на база на хидразин) од типот „Војвода“, кои по извесна доработка можат десет и повеќе години да бидат подготвени за лансирање - вели Саитгараев.

Тој нагласува дека криогеното гориво со кое се полнат вселенските ракети-носачи од тешка класа од типот „Сојуз“, „Ангара“ и други, не може долго да се чува, тие мораат да се наполнат со гориво пред самото лансирање. Подготовката на ваквите ракети за лансирање трае неколку дена, поради што тие не се погодни за уништување мали небесни тела што можат да се воочат само неколку часа пред судирот со Земјата. Саитгараев дополнително објаснува дека ракетите од типот „Војвода“ можат да се користат за уништување на ненадејно воочени помали вселенски објекти со димензии до 100 метри, кои можат да бидат опасни за Земјата, доколку ваквата ракета би се опремила со дополнителен трет степен (или со погонски блок). Ракетата што би била модификувана на ваков начин би можела да ликвидира објекти што се забележани пет до шест часа пред моментот на претпоставениот судир со Земјата.

Според него, овие ракети би можеле да бидат лансирани за 10 до 20 минути откако ќе биде добиена наредбата за старт. Во следните два часа ракетата би требала да дојде до целта, уште два часа за прецизирање на патот на небесното тело и околу еден час за усогласување на лансирањето со претседателите на другите земји. Тој додава дека ракетите на течно гориво се попогодни за овие цели отколку ракетите на цврсто гориво, токму поради нивниот поголем енергетски потенцијал. Според проценките на Саитгараев, со користење на научно-техничкиот потенцијал за соработка на претпријатијата на чело со Државниот ракетен центар „Академик В.П. Макејв“, ракетно-космичкиот сегмент за борба со астероиди може да биде реализиран во текот на пет-шест години со прифатливи трошоци. Но, тој, сепак, се воздржува од прецизирање конкретна сума.

РИА Новости

Ракетите „Војвода“ би можеле да се лансираат за 10-20 минути по добивањето на наредбата за старт


10 |

РУСКА РЕЧ

ГЕОПОЛИТИКА

ВОЕНА ВЕЖБА „ЗАПАД-2013“

Русија и Белорусија ги Заедничката воена вежба на Русија и Белорусија, со назив „Запад-2013“, ќе се одржи во септември годинава. „Запад-2013“ веќе предизвика загриженост кај соседите, поранешните републики на СССР и на Варшавскиот пакт, кои денес се членки на ЕУ и на НАТО. Балтичките медиуми веруваат дека и покрај декларираниот одбранбен карактер на вежбите, всушност, се симулира напад врз нивните земји Борис Егоров

Заедничката воена вежба на Русија и Белорусија со назив „Запад-2013“ ќе се одржи од 10 до 16 септември 2013 година. Според претставникот на Министерството за одбрана на Руската Федерација, Вјачеслав Усик, вооружените сили на Русија ќе учествуваат со 2.500 војници, додека Белорусија ќе испрати 10.400 лица. Во вежбата ќе бидат користени околу 60 авиони и хеликоптери и до 250 борбени возила од едната и од другата земја, додава Усик. Овие маневри ќе се изведуваат во Белорусија и на територијата на рускиот Западен воен округ, како и во Баренцово и во Балтичко Море. „Запад-2013“ веќе предизвика загриженост кај соседите, поранешните републики на СССР и на Варшавскиот пакт, кои денес се членки на ЕУ и на НАТО. И покрај изјавите на Министерството за одбрана на Руската Федерација дека оваа заедничка вежба е насочена кон одбрана на Државниот сојуз на Русија и Белорусија, некои западни политичари и аналитичари тврдат дека таа во својата суштина е агресивна. Нивната загриженост ја зголеми и првобитната одлука на учесниците во вежбата „Запад-2013“ да не дозволат присуство на претставници на НАТО за време на нејзиното одржување. Министерот за одбрана на Летонија,

Москва соопшти оти во вежбата ќе

Артис Пабрикс, на 19 јули изјави: „Сакаме Русија да нѐ повика да присуствуваме на оваа вежба за да можеме да ја следиме и да дадеме своја проценка“. Споменатиот министер верува дека на маневрите ќе се симулираат напади врз балтичките држави. - Не верувам дека ова сценарио ќе се разликува од претходното („Запад-2009“), освен во некои поединости. Во секој случај, цел на оваа вежба е нашиот регион - изјави Пабрикс. Министерот за одбрана додаде дека е загри-

2.500 војници од Русија ќе учествуваат во „Запад-2013“


РУСКА РЕЧ

ГЕОПОЛИТИКА

| 11

загрижија соседите НАТО сепак повикан?

Константин Завражин, „Росијскаја газета“

Како што пренесува ИТАР-ТАСС, земјите на НАТО, сепак, ќе бидат „поканети да ги набљудуваат“ маневрите на руската и на белоруската војска, „Запад2013“. Ова на 23 јули го изјави заменикминистерот за одбрана на РФ, Анатолиј Антонов, на маргините на министерскиот самит Русија-НАТО, одржан на 24 јули во Брисел.

бидат користени околу 60 авиони и хеликоптери и до 250 борбени возила од Русија и од Белорусија

10.400 лица ќе испрати Белорусија во воената вежба

жен поради активностите на руската војска, како и поради нејзиното присуство во балтичкиот регион. Слична загриженост покажува и Литванија. Според извештајот од 2012 година, кој го направи Второто истражно одделение на Министерството за национална одбрана на Литванија, постои можност воената вежба „Запад-2013“ да вклучува не само одбранбени туку и офанзивни операции, како и намерни и ненамерни нарушувања на територијалниот

интегритет и на воздушниот простор на Литванија. Активностите на руските воени сили, насочени во правец на запад, литванската војска ги смета за демонстрација на сила. Претставниците на полската војска ја делат својата загриженост со споменатите балтички земји во врска со маневрите на Русија и на Белорусија, како и со севкупната геополитичка ситуација во оваа област. Генерал Роман Полко, поранешен заповедник на полските единици за специјални операции ГРОМ и заменик-началник на државното Биро за национална безбедност, на 10 јуни за телевизијата „Полсат“ изјави дека Русија им се заканува и на Полска и на Белорусија и дека „Запад-2013“ ќе покаже „агресивен карактер“ кон соседните држави на НАТО. На почетокот на оваа година полскиот министер за одбрана, Томаш Сијемонијак, изјави дека Варшава повеќе би сакала да се врати „добриот стар НАТО“ и дека одлуката на САД да се откаже од четвртата фаза од европскиот противракетен штит е одраз на „нерешителноста“ на Вашингтон во Европа. Политичарите во Русија и во Белорусија веќе изјавија дека изведувањето стратегиска воена вежба на Русија и Белорусија не претставува закана за никого. Белорускиот претседател Александар Лукашенко во февруари го искажа своето мислење за изјавите на земјите од Западот, како и за нивните шпекулации за вежбите што претставуваат „закана од Истокот“. - Би сакал да истакнам дека немаме намера никому да му се закануваме. Ниту една земја не ја сметаме за непријателска. Имаме одбранбена доктрина и закон што јасно го кажува тоа. Не ја прифаќаме политиката на закана и на двострани стандарди. Тоа е силата и дефиницијата на нашата надворешна политика. Ние сме отворени и доследни, и се определивме за заедничка одбрана - изјави претседателот на Белорусија за Белоруската телеграфска агенција.


12 |

РУСКА РЕЧ

ПАТУВАЊА

Getty Images / Fotobank

Волга најдолгата река во Европа

Волга е Русија - бесконечна, безгранична, спокојна и бурна, со илјада лица што се огледуваат во нејзините бранови, полни со остатоци од историјата Дарја Гонзалес, Илја Дашковски

Манастири што тонат во црните бранови на тајгите; рибарски населби со дрвени куќи и големи бетонски хидроцентрали; Волга сребрени Валдајски кампанули и Астрахански лубеници, првата атомска бомба и бесконечни степи со овчари и овци; пустини, солени езера, десетици поплавени села и стотици спасени животи; лотоси што цутат налето и риби што се ловат со мрежи. Волга е Русија бесконечна, безгранична, спокојна и бурна, со илјада лица што се огледуваат во нејзините бранови, полни со остатоци од историјата. Древните Римјани ја нарекувале Волга „Ра“ - штедра, Маријците ја нарекуваат „Јул“ - пат. Балтичките племиња, кои живеат на

нејзиниот извор, го користат називот „Илга“ - долга, а во арапските извори од деветтиот век таа се споменува под името „Атил“ - река на реките. Првото писмено споменување за Волга во старословенските извори е во „Повест на нашите времиња“, најраните зачувани литературни дела од дванаесеттиот век. Сега на Волга се наоѓаат 22 православни манастири и престолнината на муслиманскиот Татарстан, милионскиот град Казањ. Во средината на 16 век, Казањ, престолнината на ханството, била непристапна крепост. Иван Грозни наредил да се изгради дрвен град-тврдина на падот на реката Свијага во Волга. Свијажск станал база на руската војска при опсадата на Казањ. Својата кулминација Свијажск ја доживеал со создавањето на Кујбишевскиот резервоар и, след-

ствено, со поплавувањето на околните земјишта и на дел од населените места во 1957 година. Историскиот центар на Свијажск е сочуван благодарение на тоа што тврдината била изградена на стратешка височина. Така Свијажск се нашол на остров, отсечен од надворешниот свет, опкружен со водите на Волга. На територијата на островот има 37 споменици на културното наследство, меѓу кои два манастира и седум цркви. Сега на ова место живеат околу 200 луѓе. Волга била сведок на Селската буна на Емелјан Пугачов и на востанието на Козаците, кои ги предводел Степан Разин во 17-18 век. По соединувањето на базените на Волга и на Нева, во деветнаесеттиот век на реката започнале да работат 300.000 бурлаци, кои напролет и наесен „по големата вода“ ги влечеле бродо-


ПАТУВАЊА

Волга е една од најголемите реки на Земјата и најдолгата во Европа. Таа е толку долга што нејзината утока и нејзиниот извор се на различни места. Нејзиниот тек започнува на Валдајската висорамнина, која се наоѓа по должината на Данска и на Северно Море. Утоката, пак, се наоѓа кај езерото Комо и централна Франција. Кога кон крајот на јуни во делтата на Волга почнуваат да цутат лотосите, жителите на Волговерховје, село што се наоѓа на самиот нејзин извор, го пречекуваат летото вите наспроти течението. Престолнина на бурлаците бил градот Рибинск, кој се наоѓа на Горна Волга. Без оглед на фактот што Народниот комесаријат за транспорт на СССР во 1929 година ја забранил работата на бурлаците, тие продолжиле да работат на притоките на Волга дури до времето на Големата татковинска војна. Хидроцентралите биле изградени на Волга пред Втората светска војна, а во воените години тие ги снабдувале со електрична енергија фабри-

ките за производство на оружје што се наоѓале во европскиот дел на СССР. По течението на реката Волга има четири града што имаат повеќе од еден милион жители - Нижни Новгород, Казањ, Самара и Волгоград. По течението на Волга има 300 населени точки, на нејзиниот брег живеат претставници на 20 различни националности: од фино-угорските народи до јужните номади. Астраханските степи на брегот на Волга се сме-

| 13

таат за остатоци од Големата Степа, која некогаш се протегала по цела Евроазија, од Памирските планини на границата со Кина и со Авганистан до реката Дунав. Во дамнина Големата Степа била место каде што живееле номадските народи. Во Астраханските степи и сега живеат потомци на древните номади: Казахасите, Татарите, Ногајците и Туркмените. Бесконечни рамнини, овчари со стада од 10.000 грла и песочни дини. Времето што се менува од час на час, стапки од камили, слободниот ветар што крева песочни бури се симболи на слободата на номадските народи. На Волга се наоѓа и престолнината на Златната орда - градот Сарај-Бату. По неколку века оттогаш тука се појавил полигонот Капустин Јар, од каде што во советско време биле лансирани сателити и биле одржувани воени обуки. А, илјада километри посеверно, на изворот на Волга, се наоѓа градот Вољск, кој уште во 1780 година станал еден од центрите на руското старообредништво. Селата на старообредниците се преплетуваат со рибарските населби, а муслиманските градови суштествуваат заедно со белокамените манастири, кои балансираат на високите брегови, кои час се приближуваат, час се оддалечуваат еден од друг, што човек може да вика колку сака, а никој нема да го чуе. Волга го живее својот нов живот како туристичка дестинација

Lori / Legion Media

РУСКА РЕЧ


14 |

РУСКА РЕЧ

КУЛТУРА

Алјаска е ризница на најнеобичните јазици Уште од времето на Руска Америка (18 век) на Алјаска се зачувани населби во кои отсекогаш се зборувало на руски јазик. По продажбата на оваа територија, некои од овие села долго време биле во целосна изолација. Затоа потомците на првите жители до денешен ден го имаат зачувано најнеобичниот дијалект на рускиот јазик во светот, вистинска филолошка скапоценост: рускиот јазик од 18 век со уникатни особености, кои настанале поради изолираниот развој и малата говорна заедница. Мира Бергелсон, професорка на московскиот државен универзитет „Ломоносов“, во интервју зборува за истражувањата и за запишувањата на овие дијалекти од Алјаска Лидија Шушина, gazeta.ru

Со вашиот сопруг, Андреј Кибирик, бевте на експедиција на Алјаска во селото Ниниљчик. Можете ли да ни раскажете нешто повеќе за тоа? - Не беше само една експедиција, станува збор за цел проект во кој ние учествуваме. Имено, во 1997 година со својот сопруг отидов на Алјаска. Во тоа време Андреј веќе долго време ги имаше проучувано атабаските јазици на Алјаска и долго време престојуваше таму како Фулбрајтов стипендист, со цел да забележи еден од најнедостапните атабски јазици на централна Алјаска - горнокускоквимскиот. Таму го повика директорот на Националниот центар за проучување на јазиците на Алјаска, Мајкл Краус. За време на нашиот престој на Алјаска Мајкл спомена дека уште од времето на Руска Америка и на Руската американска компанија (1799-1867), на Алјаска, на Кенајскиот полуостров, се зачувани населби во кои отсекогаш се зборувало на руски јазик. Во истиот момент ни светнаа очите: „Како е можно на тие места да се зачувал рускиот јазик од 18 век!?“ Потоа, кога бевме во еден друг дел во внатрешноста на Алјаска, во селото Николај, каде што живеат Атабасите (кои, исто така, се православни христијани од она вре-

ме, затоа и селото се вика Николај), каде што Андреј се занимаваше со опис на горнокускоквимскиот јазик, се сретнавме со активисти од селото Ниниљчик - потомци на раните доселеници. Станува збор за луѓе што се постари од нас и не зборуваат на руски, но се сеќаваат дека во детството во нивните семејства се зборувало на руски. За нив самиот јазик и сите обичаи што се поврзани со Русија претставуваат културно наследство. А, со оглед на тоа дека сега во многу краишта на Америка расте интересот на локалните изворни жители за сопствените корени и за минатото, и тие би сакале да го зачуваат своето наследство. Овие луѓе навистина сакаа на некаков начин да го забележат својот јазик, зашто им беше јасно дека тој полека исчезнува. Нѐ замолија да составиме речник на нивниот јазик. Најпрво започнавме од составување речник на имиња и називи, оти тие ги одржуваат јазикот и обичаите на еден народ во дадена средина. Особено се посветивме на собирање на називите на предмети и појави од материјална природа (реалии), кои се особен признак на определена етничка група. Но, не е можно да се постигне што било сѐ дури не се сфати како да се забележи звучната специфика на јазикот. Секако, станува збор за руски јазик, односно за еден негов дијалект, за кој се карактеристични определени (фонетски, н.з.)

разлики во однос на современиот руски јазик. Беше потребно да се решиме за погоден систем на транскрипција, со оглед на фактот дека станува збор за дијалект што никогаш не бил запишуван: оние луѓе што имавме можност да ги сретнеме никогаш не пишувале на руски, зашто како мали веќе оделе во англиско училиште, кое било отворено во триесеттите години од минатиот век, наместо руската парохиска школа, која била затворена во 1917 година. Ним рускиот јазик им е мајчин, односно тоа е првиот јазик што го научиле во детството. Андреј состави фонетски опис на регуларните разлики во однос на стандардниот руски, кој потоа го изложивме во неколку научни трудови во врска со проектот за речникот. Исто така, ја опишуваме и граматиката и други одлики. Главната разлика е промена во структурата на родовите. Тоа беше првата експедиција, а потоа сета работа долги години беше оставена во втор план. Некаде околу 2005 година активистот за зачувување на културното наследство на Ниниљчик, Вејн Лиман, стручњак по шаенски јазик, продолжи да ги собира руските зборови во тој крај. Но, бидејќи не знае руски, му беше тешко да ги забележува на слух и секако беше неопходно тој материјал да биде проверен од носители на јазикот. Како резултат на тоа се создадоа голем број прашања и затоа минатата година конкуриравме за финансиски средства за експедиција и од Рускиот фонд за општествени науки (РГНФ), кои и ги добивме. Во октомври 2012 година повторно бевме во Ниниљчик и успеавме да го провериме речиси целиот речник. Кога во иднина би имале можност уште некое време да поминеме на терен, би успеале да го завршиме целиот проект со речникот. Тоа би бил мултимедијален речник, зашто ќе содржи фотографии и звучен запис. Дали се забележуваат некакви промени во дијалектот од 1997 година до периодот на вашата втора експедиција? - Сѐ споредуваме со податоците што ги собравме од Леонтиј Квасников, нашиот прекрасен информатор (носител на дијалектот и учесник во истражувањето), кој, за жал, почина уште во 1997 година. Проблемот е во тоа што ниниљчишкиот говор се користи на многу ограничено подрачје - станува збор само за едно село, кое од 1867 година, кога е продадена Алјаска, па во


РУСКА РЕЧ

| 15

Alamy / Legion Media

КУЛТУРА

Во некои села на Алјаска се зборува дијалект на рускиот јазик што се развивал независно од времето на Руска Америка во 18 век: Сузи Панеак зборува на еден од најнеобичните дијалекти на рускиот јазик

следните дваесет години било практично изолирано - во Куковиот залив не наминувал ниту еден брод, а бројот на жителите што зборувале на тој јазик никогаш не преминувал 200-300, што е многу малку. Затоа индивидуалните разлики што постојат се исклучително важни: во овој јазик има многу идиолектни нешта - определени називи станале лични имиња, а зад секое име се крие некоја приказна што е дел од културното наследство, нормативите во изговорот кај едно семејство може да се разликуваат од друго, затоа што, на пример, во едното мажот што го основал семејството со локална жена е од еден крај на Русија, додека во друго семејство е од сосема друг. Големо влијание своевремено имале и двојазичните припадници на ескимскиот етнос Аљутик (Сухпијак). Но, јазикот на староседелците на Ниниљчик - првиот и единствен и тоа повеќе од осумдесет години (до појавата на англиското училиште) - бил рускиот. Тој, независно од својата матица, се развивал според сопствени правила. Во 2012 година имавме можност да сретнеме и други носители на овој јазик (информатори), кои имаат свои фонетски осо-

Во внатрешноста на Алјаска, во селото Николај, живеат Атабасите кои се православни христијани од времето на Руска Америка Мира Бергелсон бености, но сѐ се вклопи во системот што веќе го имавме опишано. Потребна ни е уште една експедиција за да ја завршиме започната работа и мораме да побрзаме, зашто сите наши информатори имаат по деведесет години. Тоа се постари, но современи Американци, кои знаат за Скајп, но новите технологии во нашиов случај не можат многу

да помогнат, зашто е потребно да се слушне секој детаљ, повторно да се поставуваат прашања, така што мошне важна улога има непосредната комуникација во која до израз доаѓаат лексичките и културните контексти. Се разбира дека тие не владеат со тој јазик на напредно ниво, често преминуваат на англиски, но се присетуваат на руски изрази, а нашата задача е ниту едно од тие зрна да не се изгуби, туку да забележиме сѐ. И тоа е исклучително важно, зашто тоа е дел од разноликоста и од целокупното богатство на рускиот јазик. Уникатноста на овој дијалект се огледа во тоа што живее веќе подолго време независно од својата матица, и во тоа што најпрво бил опкружен со ескимска, а потоа со англиска средина. Од примерите на тамошниот руски јазик можат да се воочат многу процеси на еволуција на јазичниот идиом низ историјата, потоа социолингвистички проблеми, а секако и културното наследство: може да се дознае каков живот воделе овие луѓе. Тие сега себеси се сметаат за староседелци на Америка, но кон крајот на 19 век оние што зборувале на руски се чувствувале како креоли, сметајќи се себеси за носители на домородната култура на Алјаска.


16 |

ИМПРЕСУМ

КАЛЕИДОСКОП

Млади војници даваат заклетва на бродот-крстосувач „Аурора“ на 22 јули 2013 година

ИГОР ДАНИЛОВИЌ координатор на „Руска реч“ во „Нова Македонија“ МАРЈАН ДЕЛЕВСКИ дизајн САША БЕЛЕВСКА технички уредник © 2013 сите права се задржани од ФГБУ „Росијскаја газета“: АЛЕКСАНДAР ГОРБЕНКО претседател на редакцискиот совет, ПАВЕЛ НЕГОИЦА генерален директор, ВЛАДИСЛАВ ФРОНИН главен уредник. Забрането е копирање, дистрибуција или преземање на содржините од овој додаток, освен за лична употреба, без писмена согласност на „Росијскаја газета“. Ве молиме за дозвола да се обратите на телефон +7 (495) 775 3114 или на и-мејлот urednik@ruskarec.mk. „Russia Beyond the Headlines“ не сноси одговорност за ненарачаните текстови и фотографии. Специјалните додатоци за Русија во светските дневни весници ги уредува и ги издава „Russia Beyond the Headlines“, во организација на „Росијскаја газета“ од Москва. Во моментов додатоци се објавуваат во следниве весници: Le Figaro, Франција • The Daily Telegraph, Велика Британија • Süddeutsche Zeitung, Германија • Еl País, Шпанија • La Repubblica, Италија • Le Soir и European Voice, Белгија • Дума, Бугарија • Политика и Геополитика, Србија • Eleutheros typhos, Грција • The Washington Post, The New York Times и The Wall Street Journal, САД • Navbharat Times и The Economic Times, Индија • Mainichi Shimbun, Јапонија • China Business News, Кина • South China Morning Post, Кина (Хонгконг) • La Nacion, Аргентина • Folha De S. Paulo, Бразил • El Observador, Уругвај • Today, Сингапур • Joongang Ilbo, Јужна Кореја • Sydney Morning Herald и The Age, Австралија • Gulf News, Обединети Арапски Емирати Електронска пошта на редакцијата „Руска реч“: urednik@ruskarec.mk. Повеќе информации на http://ruskarec.mk

Богослужба во црквата „Исус Христос Спасителот“ во Москва на 25 јули 2013 година, по повод прославата на 1.025-годишнината од христијанството во Русија. Во средината на црквата се наоѓа крстот на свети Андреј, кој за оваа пригода беше донесен од градот Патрас, Грција. АP

ЕВГЕНИЈ АБОВ издавач и директор на RBTH ПАВЕЛ ГОЛУБ главен уредник на додатоците на RBTH ВЈАЧЕСЛАВ ЧАРСКИ извршен уредник за Јужна и за Средна Европа ЕМИЛ НИАМИ превод, лектура, веб, гостин-уредник на додатокот „Руска реч на македонски“ ЈАНЕ ЈОВАНОВ, ТРАЈЧЕ СТОЈАНОВ превод, лектура, веб ЕКАТЕРИНА ТУРИШЕВА, ИВАН НИКОЛАЕВ асистенција, веб НИКОЛА ЛЕЧИЌ, ИРИНА РЕШЕТОВА ко-уредници АНДРЕЈ ЗАЈЦЕВ, НИКОЛАЈ КОРОЉОВ илустрации За огласување во овој додаток, ве молиме да се обратите на ЈУЛИЈА ГОЛИКОВА, директор на одделот за односи со јавност: julia.golikova@rbth.ru.

Константин Завражин / РГ

Интернет-страница: ruskarec.mk Еmail: urednik@ruskarec.mk Телефон: +7 (495) 775 3114 Факс: +7 (495) 988 9213 Адреса: ул. Правды 24, д. 2, Москва 125993, Россия.

Јуриј Белински / ИТАР-ТАСС

Писмата на читателите, колумните и илустрациите означени како „мислење“, како и текстовите од рубриката „погледи“ во овој додаток се избрани за да претстават различни гледишта и не го изразуваат нужно гледиштето на уредникот на проектот „Russia Beyond the Headlines“ или на весникот „Росијскаја газета“. Ве молиме вашите писма и коментари да му ги испраќате на уредникот на urednik@ruskarec.mk

Додатокот „Руска реч“ го финансира, уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва, Русија).

РУСКА РЕЧ

Свечено отворање на 14-то Светско првенство во атлетика на стадионот „Лужники“ во Москва на 11 август 2013 г.


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.