Прилогот го уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва), која е целосно одговорна за содржината. Се печати и се дистрибуира во соработка со „Нова Македонија“.
ИНТЕРВЈУ СО АСАД
ruskarec.mk
САБОТА - НЕДЕЛА, 7-8 СЕПТЕМВРИ 2013 ГОДИНА
БРОЈ 9
„Микросам“ ја претстави Македонија на МАКС-2013
САД не можат да го убедат светот да поддржи интервенција
стр. 6-7
стр. 4
Путин и Европа - како да се добие битката за имиџот
стр. 9
НОВИТЕТИТЕ НА ЈУБИЛЕЈНАТА АВИОИЗЛОЖБА МАКС-2013
Иновации и добро чувани тајни
PhotoShot
стр. 2-3
Само на RUSKAREC.MK Повеќе теми на интернет -страницата на „Руска реч“
ИНТЕРВЈУ СО ЕЛЕНА ВЕРИЖНИКОВА, МАКЕДОНИСТКА
Македонскиот идентитет е неоспорен стр. 14-15
„Росијскаја газета“ уредува прилози за Русија во 26 водечки светски весници, вклучувајќи ги и „Њујорк тајмс“, „Дејли телеграф“, „Фигаро“ и „Зидојче цајтунг“
2|
РУСКА РЕЧ
ВОЈСКА
МАКС-2013
Новитетите на јубилејната авиоизложба Од 27 август до 1 септември во градот Жуковски во близината на Москва се одржа меѓународната авиоизложба МАКС-2013, една од најголемите изложби на авионска и космичка опрема во светот. Годинешнава изложба имаше рекорден број учесници - над илјада компании од 43 држави Екатерина Туришева
Годинава МАКС го прослави својот јубилеј. Првата меѓународна изложба беше организирана уште во 1993 година. За своите 20 години постоење МАКС стана најголемата манифестација на која се демонстрираат руските високи технологии, а добро се покажа и како форум за пронаоѓање нови деловни партнери. Како и секоја година, генерален партнер на авиосалонот беше државната корпорација „Ростех“, во која влегуваат поголем број од најкрупните руски претпријатија од авионската и од космичката индустрија. „Ростех“ е во голема мера заслу-
Концернот „Радиоелектронски технологии (КРЕТ)“, кој произведува опрема за воени и за цивилни авиони, оваа година за првпат ја претстави својата експозиција во одделен павилјон на површина од 1.500 квадратни метри.
жен што оваа изложба денес зазема посебно место меѓу најголемите авиоизложби во светот. Оваа година свои иновациски проекти на МАКС презентираа десет од вкупно тринаесетте холдинзи што влегуваат во состав на корпорацијата. Меѓу експонатите беа претставени најнапредните технологии во областа на пилотирањето и на навигацијата на патничкиот авион МС-21, како и уникатниот инструмент за ловецот од петтата генерација ПАК ФА (Т-50). МАКС не се сведува на деловни средби и на потпишување договори. Многу посетители доаѓаат во Жуковски за аеромитингот, кој се вбројува меѓу најатрактивните во светот. Оваа година на него зедоа учество 82 руски летала и над 20 летала од странство. Холдингот „Хеликоптери на Русија“ го зазема првото место во светот по продажба на борбени ударни хеликоптери. Според статистиката, секој шести хеликоптер во светот е произведен од некоја фабрика на „Хеликоптери на Русија“.
Своите вештини ги демонстрираа познатите акробатски пилотски групи „Рус“, „Соколи на Русија“, „Стрижи“, „Руски витези“ и „Беркути“. Атрактивна беше и презентацијата на холдингот „Хеликоптери на Русија“, во која за првпат беше демонстриран лет на транспортниот хеликоптер Ка-62. Гостите имаа можност да уживаат и во настапите на екипажите од странство. Оваа година во Русија за првпат дојде група пилоти од кинеското воено воздухопловство „1 август“, кои летаат со млазни авиони-ловци од кинеско производство. За првпат на МАКС учествуваше и групата „Breitling Jet Team“, најголемата екипа цивилни акробатски пилоти во Европа. Военото воздухопловство на Франција, традиционален учесник на аеромитингот, ја прикажа летната програма на авиони-ловци „Рафал“.
Дописникот на „Руска реч“ помина два дена на меѓународната авиокосмичка изложба МАКС-2013. Ви ги претставуваме петте најзначајни новитети на руската воена индустрија што беа презентирани во градот Жуковски. Меѓу нив се и некои добро чувани тајни што пошироката јавност имаше можност првпат да ги види токму на оваа изложба Борис Егоров
Концернот „Радарски технологии (КРЕТ)“ на изложбата МАКС-2013 го претстави радарот Н025Е, кој е единствен од ваков вид во Русија. Тој се монтира на борбените хеликоптери од типот Ми-28Н „Ноќен ловец“. Главната одлика на новиот радар е тоа што антената со предавателот е сместена над елисата на хеликоптерот. Во борба, примената на овој радар ќе му овозможи на „Ноќниот ловец“ да остане незабележан, а истовремено за неколку секунди екипажот ќе ја добие сета неопходна информација. Освен тоа, радарот може да открива метеоролошки појави и објекти кои претставуваат опасност за леталото, а кога ќе ги открие, му дава на екипажот сигнал за опасност и истовремено на командната табла во кабината ги испишува координатите на тие објекти или појави, со цел да може да се дефинира безбедна маршрута. АВИОНОТ ТУ-214Р - ЕДНА ОД НАЈДОБРО ЧУВАНИТЕ РУСКИ ТАЈНИ На пошироката јавност првпат ѝ беше прикажан авионот Ту-214Р, кој е една од најдобро чуваните тајни во Русија. Овој авион за радиотехничко и оптичко-електронско набљудување е конструиран кон крајот на минатата деценија врз база на патничкиот авион Ту-214, но неговите први фотографии се појавија во медиумите во мај 2012 година. Планирано е авионот да се користи во меѓународната програма „Отворено небо“ во рамките на која секоја држава-учесничка добива право да ја надлетува територијата на други држави кои учествуваат во проектот и да ги набљудува воените активности. Експертите сметаат дека Ту-214Р треба да стане алтернатива за ИЛ-20М, кој во руското воено воздухопловство се користи веќе 40 години. На првиот ден од изложбата МАКС-2013 министерот за одбрана на Руската Федерација, Сер-
РУСКА РЕЧ
ВОЈСКА
|3
Олга Соколова
Иновации и добро чувани тајни
Противавионски ракетен систем со среден дострел С-350Е „Витез“
геј Шојгу, лично го погледна Ту-214Р. Претходно беше соопштено дека Министерството за одбрана на Руската Федерација планира да се откаже од набавка на вакви авиони поради забелешките што се однесуваат на неговите технички карактеристики. Засега не е познато дали одлуката ќе биде промената по посетата на Шојгу .
примерок на новиот повеќенаменски хеликоптер Ка-62. Хеликоптерот е опремен со најсовремени радиоелектронски уреди, а елисите и конструкцијата се направени од полимерни композитни материјали. Во перспектива, Ка-62 може да биде компатибилен со европскиот сате-
литски систем за навигација Галилео. Тоа е проект на Европската Унија и Европската космичка агенција, во кој учествуваат Кина, Израел, Јужна Кореја, Украина и Русија. Ка-62 е наменет за превоз на 12-14 патници во кабината или на 2,5 тони товар, кој е закачен од надворешната страна. Ваквите хеликоптери можат да се применуваат во нафтениот и во гасниот сектор, како и во спасувачки акции. Се очекува дека сертификацијата на Ка-62 ќе биде завршена кон крајот на 2014 година, а за 2015 година е планирана испорака на првата партија од овие апарати.
АЕРОСТАТСКИ МОБИЛНИ СИСТЕМИ „Долгопрудненското конструкторско биро за автоматика (ДКБА)“ на МАКС ги претстави своите аеростатски мобилни системи со зафатнина од 60 и од 80 кубни метри, наменети за мониторинг на зададени географски подрачја. Во зависност од потребите, тие можат да се прицврстат за релеи, анализатори, видеокамери, телевизори и воопшто на секој товар до 15 килограми кој се подига на висина од 300 метри. Во случај на потреба, аеростатите можат да се користат и во воени цели. Овие системи можат да се монтираат на кое било возило со носивост од три тони и да се пренесат на која било локација. За време на проверката за опасност од пожари во шума или при постојана контрола на состојбата на определени објекти, примената на аеростатските мобилни системи е многу поевтина од користењето на авион или на хеликоптер.
Сергеј Михеев
ПРОТИВАВИОНСКИ РАКЕТЕН СИСТЕМ „ВИТЕЗ“
ПРВ ПРОБЕН ПРИМЕРОК НА КА-62 Холдингот „Хеликоптери на Русија“ на гостите на МАКС-2013 им го покажа пробниот
Ту-214Р е конструиран врз база на патничкиот авион Ту-214
Концернот „Алмаз-Антеј“, кој произведува противавионска техника, на изложбата го прикажа својот противавионски ракетен систем со среден дострел С-350Е „Витез“. Тоа е систем од новата генерација кој функционира заедно со серакурсен радар и команден пункт конструиран врз база на автомобилот БАЗ. Со системот се испорачуваат и ракети со среден дострел, кои се користат во противавионскиот ракетен систем С-400, како и ракети со мал дострел. Во перспектива, „Витез“ треба делумно да ги замени застарените системи С-300 и да го дополни повеќеслојниот систем за противвоздушна и противракетна одбрана на Русија, кој ќе ги опфати и новите противавионски системи С-400 и С-500.
4|
РУСКА РЕЧ
ЕКОНОМИЈА
„Микросам“ ја претстави Македонија на МАКС-2013 Максим Легуенко
Од 27 август до 1 септември годинава во градот Жуковски, недалеку од Москва, се одржа 11. меѓународен авијатичкокосмички салон МАКС-2013. На оваа изложба учествуваа стотици компании од целиот свет, чиј бизнис директно или индиректно е поврзан со авијацијата или со производството на летала. Македонија на МАКС ја претставуваше компанијата „Микросам“, која долги години се занимава со опрема за производство на композитни материјали и на производи од нив Колку долго работите со Русија и од кога учествувате на МАКС? - Во Русија работиме прилично долго, но нашата активност на рускиот пазар се интензивираше во 2007 година. За првпат на МАКС дојдовме во 2008 година како посетители. Тогаш, на таа изложба, видовме определен потенцијал за нас и во 2011 година се случи нашето прво учество. Оваа година ни е вторпат. Која е основната цел на вашиот бизнис во Русија? Колку е тој успешен? Која е целта на вашето учество во МАКС? - Ние на пазарот испорачуваме најсовремена опрема за производство, како на композитни материјали, така и на производи од нив. Во Русија досега имаме склучено многу договори, врз основа на кои имаме продадено големо количество опрема. Целта на нашето учество на МАКС е да им ги покажеме на нашите постојани и потенцијални купувачи нашите новитети. Дојдовме тука за да оствариме средби со партнерите со кои веќе реализираме опред-
Олга Соколова
Со оглед на тоа дека развојот на современата авијатичка индустрија во целост се определува според новините и според квалитетот на користените технологии, МАКС традиционално се смета за еден од најголемите високотехнолошки саеми во Источна Европа. Кога станува збор за Македонија, таа на МАКС беше претставена од страна на една компанија - „Микросам“, која долги години се занимава со опрема за производство на композитни материјали и производи од нив. Да споменеме дека денес користењето композити е еден од основните трендови во современото производство на летала. Традиционалните авијатички материјали, како што се алуминиумот и неговите легури, сѐ помалку одговараат на современите барања, насочени кон намалување на масата и кон зголемување на економичноста на горивото на леталата. Затоа, лесните и цврсти композити сѐ повеќе се барани во авијатичката и сличните на неа индустрии. Во врска со ова, не е ни чудно што еден од најважните делови на бизнис-програмата на авиосалонот беше Меѓународната научно-практична конференција: „Композитните материјали во производството на цивилни и воени летала“. Токму поради тоа, македонската компанија која е специјализирана во оваа област, активно го освојува рускиот пазар, каде што побарувачката на композити расте, како во авијатичката, така и во ред други економски гранки. За тоа како македонските производители на опрема за производство на композити гледаат на својата перспектива во Русија, во кулоарите на МАКС поразговаравме со менаџерот на А.Д. „Микросам“, Димитар Богданоски.
„Микросам“ активно го освојува рускиот пазар и досега двапати учествувала на МАКС: штандот на компанијата на меѓународната изложба во близината на Москва
елени проекти и, секако, да се сретнеме со нови потенцијални клиенти. Како ги оценувате вашите резултати од учеството на МАКС-2013? Постои ли интерес за вашите производи од страна на нови потенцијални клиенти? - Доколку го споредиме овој авиосалон со оној од 2011 година, можеме да заклучиме дека овој пат има многу повеќе посетители кои се интересни за нас. Се запознавме и со нови потенцијални купувачи, со кои постои голема веројатност за склучување на договори во иднина. Како го оценувате рускиот пазар за македонските производители, не само во вашата сфера, туку воопшто? - Кога станува збор за нашата фирма, ние во рускиот пазар гледаме голем потенцијал. Во моментов можеме да се пофалиме со голем број купувачи на нашите производи во Русија. Тоа се претпријатија од авијатичката и од космичката сфера, претпријатија за производство на хеликоптери, а исто така и од областа на транспорт на нафта и гас. Сметаме дека рускиот пазар, безусловно, е интересен за македонските производители. Како што веќе споменав, ние почнавме активно да работиме со Русија од 2007 година, и оттогаш забележуваме како Русија со крупни чекори оди напред. Воедно може да се воочи и како расте пазарот за нашите производи. Тоа значи дека перспективите за македонските компании тука се мошне големи. Како заклучок би сакал да забележам дека без оглед на малото присуство на македонскиот бизнис на рускиот пазар, се набљудува негов бавен, но сигурен раст. Така, во 2012 година, на саемот „Продекспо-2012“ во Москва допатуваа претставници на шест македонски компании, кои тука го претставија својот асортиман на вина. Денес извозот на вино од Македонија во Русија постепено расте. Сето ова уште една ја потврдува потенцијалната перспективност на рускиот пазар за македонските компании.
РУСКА РЕЧ
НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА
ИТАР-ТАСС
Министерот за одбрана на Руската Федерација, Сергеј Шојгу, веќе даде наредба некои од пронајдоците претставени на изложбата да се воведат за употреба во армијата
|5
Во Москва на 20 август беше одржана првата изложба на најновите воени проекти „Ден на иновациите на Министерството за одбрана на Руската Федерација“. На терените за лесна атлетика и за фудбал, кои се составен дел од ЦСКА, се собраа над 250 учесници, кои ги претставија своите врвни напредни проекти наменети за воведување во вооружените сили на Русија. Ви ги претставуваме петте најинтересни
Уметност на воените иновации Екатерина Туришева
ТЕНК Т-80 НА НАДУВУВАЊЕ Веднаш по влегувањето во комплексот во кој се одржува изложбата е поставен тенк на надувување - макетата на тенкот Т-80 е направен во природна величина. Според идејата на производителот, вакви и слични објекти треба да ги доведат во заблуда противничките средства за набљудување и за собирање податоци. Слични вакви „тенкови“ веќе се произведуваат во Кина, но руските модели имаат низа предности во однос на своите конкуренти. За разлика од кинеските пандани, тенковите Т-80 на надувување не се херметички, а тоа значи дека рускиот „тенк“ нема да се издувува при некоја механичка повреда. Освен тоа, макетата се загрева во пределот на моторот и на издувните цевки, односно токму на оние места на кои и вистинскиот тенк би ја акумулирал топлината. Тоа помага во попречувањето на работата на термовизорот на противникот. Тенкот на надувување може лесно да се спакува во помала вреќичка, а за десет минути може да се надува со помош на специјални пумпи. ЕГЗОСКЕЛЕТ „ЕГЗОАТЛЕТ“ Припадниците на војската првпат имаа можност да донесат свој суд за изложениот егзоскелет од руско производство. Оваа направа го проширува кругот на човековите можности и му овозможува да пренесува товар до 100 килограми и тоа без користење сервомотор и под минимално оптоварување за организмот. „Во одредени моменти на движење се затвораат механичките зглобови на коленото, Благо-
дарение на ова, целиот товар кој е на човекот се пренесува на конструкцијата и го заобиколува самиот човек“, објаснува Александар Формаљски, раководител на лабораторијата за изработка на егзоскелет. Кога ваквата конструкција врз себе ќе ја преземе тежината на опремата и на оружјето, таа го прави војникот неколку пати поподвижен и поиздржлив. ТРЕНАЖЕР ЗА ВИРТУЕЛНА БОРБА „ЛОГОС“
На изложбата припадниците на војската го тестираа „Логос“, што претставува назив за комплексни тактички тренажери за мотострелачки чети. Тие веќе ги поминаа државните тестирања во декември минатата година и подготвени се да влезат во вооружувањето на армијата. - Ова е добра помош за командирите во обучувањето на своите потчинети за тактички дејствија на терен. Ова е можност тие да повежбаат пред да излезат на терен и пред да земат борбено оружје во рака - ги искажа своите впечатоци поручникот Егениј Деревјанкин, кој лично го тестираше новиот пронајдок. Тренажерот се произведува во две варијанти: компјутерска и железна, која во целост ја симулира ситуацијата во борбено возило. Во иднина се планира „Денот на иновациите“ да се одржува двапати годишно и на оваа манифестација да се привлечат сите заинтересирани, како искусните инженери, така и младината која уште од училишните денови се занимава со наука и со иновации.
НАРАКВИЦА „ЧАСОВОЈ“ („СТРАЖАР“)
Компанијата „Аргус Спектар“ изработи и на изложбата ја претстави нараквицата „Часовој“ („Стражар“), која има улога на апаратура за разузнавање. Според идејата на конструкторот, ако човекот со нараквица не се движи определено време или ако е киднапиран, сигналот за ваквиот настан ќе стаса во штабот. Но, ако човекот и самиот гледа дека му се приближува некој сомнителен, тој може да го притисне копчето за тревога на нараквицата. Сергеј Шојгу веќе издаде наредба единиците на војската кои го покриваат Кавказ да бидат опремени со вакви нараквици за време на Олимпијадата во Сочи. На министерот за одбрана на Руската Федерација посебен впечаток му оставило тоа што новиот проект овозможува безбедност не само на професионалните припадници на војската, туку и на војниците кои служат воен рок. ГЕЛ-НАМЕТКА „МАНТОС“ Противпожарната гел-наметка „Мантос“ е уште еден од изложените новитети на воена опрема. - Ваква гел-наметка засега не постои во ниту една армија. Таа овозможува гаснење пожар од класа А (горење на цврсти материи) и од класа Б (горење на течни материи) - ни објасни подетално Маријана Скраган, директор за развојни технологии на компанијата „Комплексни технологии за безбедност“, додавајќи оти наметката може да изгасне оган од човек за две секунди. Овој пронајдок може да се користи за гаснење пламен и за тлеењето во моторниот дел кај воената техника. Сергеј Шојгу веќе предложи со вакви наметки да се опремат сите тенковски посади.
6|
РУСКА РЕЧ
ГЕОПОЛИТИКА
ИНТЕРВЈУ СО БАШАР АЛ АСАД, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СИРИЈА
САД не можат да го убедат све Сирискиот претседател, Башар ал Асад, во интервју за весникот „Известија“ зборува за тоа кој всушност користи хемиско оружје, ги коментира изјавите на западните политичари за можната воена интервенција и објаснува зошто Москва му помага на сирискиот народ Александар Потапов, Јуриј Мацарски, „Известија“
Најактуелното прашање во моментов гласи: каква е состојбата во Сирија? Кои територии и понатаму се под контрола на бунтовниците? - Не станува збор за територии што се под контрола на терористите или под контрола на армијата. Ниту една армија во ниту една земја од светот не може да биде во целосна борбена подготвеност на целата територија на својата земја. Терористите го користат тоа и се обидуваат да продрат насекаде каде ја нема армијата. Не е проблемот во териториите на кои се наоѓаат терористите, зашто тие се менуваат секој час. Проблемот е во јуришниците кои стигнуваат од странство. На територијата на Сирија од странство непрестајно пристигнува огромен број терористи и тоа е главната причина што сè уште се водат вооружени борби. Освен тоа, терористите и понатаму од странство добиваат финансиска помош и оружје. Нашето интервју со вас ќе биде преведено на многу јазици и ќе го прочитаат многу светски лидери. Што би сакале да им порачате? - Би сакал да објаснам дека тероризмот не е џокер во ракавот кој може да се извлече и да се искористи кога тоа ќе биде потребно, а потоа да се врати назад. Тероризмот како скорпија може да убоде во секој момент. Според тоа, тероризмот не може да се поддржува во Сирија, а да се искоренува во Мали. Бунтовниците ја обвинија владата на Сирија дека применувала хемиско оружје. Што може да се одговори на тоа? - Тие најпрво изнесуваат обвиненија, па дури потоа собираат докази. Тоа е бесмислица. Нè обвинија во среда (21 август), а дури два дена подоцна американската влада
Тероризмот не е џокер што може да се извлече и да се искористи кога тоа ќе биде потребно, а потоа да се врати назад. Тероризмот како скорпија може да убоде во секој момент. Не може да се поддржува тероризмот во Сирија, а да се искоренува во Мали
објави дека ќе започне со собирање докази. Нè обвинуваат дека армијата применила хемиско оружје на подрачје кое божем го контролираат бунтовниците, а на тоа подрачје воопшто не постојат јасни линии на фронтот помеѓу армијата и бунтовниците. Всушност, зарем државата може да примени хемиско или какво било друго оружје за масовно уништување онаму каде се сконцентрирани нејзините сили? Јасно е дека ваквите обвиненија имаат исклучиво политичка позадина. Во текот на изминатите недели водевме преговори со ООН за работата на комисијата и стручњаците стасаа. Резултатите од нивната работа ќе бидат презентирани во ООН. Има ли можност САД во случајот со Сирија да дејствуваат на истиот начин на кој дејствуваа во Ирак и во Југославија, односно да се обидат да најдат повод за интервенција?
РУСКА РЕЧ
ГЕОПОЛИТИКА
|7
тот да поддржи интервенција
AFP / East News
Сите сфаќаат дека она што се случува во Сирија не е народна револуција ниту инсистирање за реформа, туку тероризам. Затоа западните лидери не можат да им кажат на своите граѓани: „Одиме во Сирија за да го поддржиме тероризмот“
- Ова не е првпат да се покрева прашањето за воена интервенција во Сирија. САД, Франција и Велика Британија од самиот почеток на кризата се обидуваа да извршат воена интервенција, но не можеа да го убедат својот народ и светот дека нивната политика е мудра и корисна. Исто така, излезе дека овдешната ситуација не е иста како во Египет и во Тунис. Постои уште една препрека за воена интервенција. Сите сфаќаат дека она што се случува во Сирија не е народна револуција, ниту инсистирање за реформа, туку тероризам. Во таква ситуација западните лидери не можат да им кажат на своите граѓани: „Одиме во Сирија за да го поддржиме тероризмот“. Логично продолжение на сириската тема е што ќе биде ако Русија попушти пред притисоците од Запад?
- САД по распадот на СССР мислеа дека Русија е уништена засекогаш. Но со доаѓањето на Владимир Путин, Русија почна сè поупорно да ги брани своите позиции, со што започна нова студена војна. Може да се постави прашањето зошто Русија ја поддржува Сирија. Русија денес не го брани претседателот Башар ал Асад, зашто сирискиот народ може да избере кого било за претседател. Русија ги брани принципите на независност и на немешање во внатрешните работи на други држави. Според тоа, Русија ги штити своите интереси во регионот, и тоа е нејзино право. Овие интереси не се сведуваат на користењето на пристаништето во Тартус. Нападите на терористите во Сирија ја загрозуваат стабилноста на целиот Блиски Исток. Дестабилизацијата во овој регион ќе се одрази и на Русија. Исто така не треба да за-
боравиме дека имаме илјадници руско-сириски семејства кои претставуваат културен и општествен мост помеѓу двете држави. Се водат ли преговори со Русија за испорака на гориво, стока и вооружување? Особено сакам да ве прашам за договорот за испорака на системите С-300. Дали ги добивте? - Секако, ниту една земја не може да изјави дека поседува вакво или онакво вооружување или дека склучила договор за испорака на тоа оружје. Тоа е државна и воена тајна. Но, можам да кажам дека сите договори со Русија се реализираа, и дека на нивната реализација не влијаат ниту кризата, ниту, пак, притисоците од САД, Европа и од земјите од заливот. Русија ѝ го испорачува на Сирија она што на земјата ѝ е потребно за да се одбрани себеси и својот народ. Каква помош очекува Сирија од Русија - економска или помош во вооружувањето? - Нашата економска состојба е забележително подобрена благодарение на политичката поддршка на Русија и на фактот дека воените договори, и покрај американскиот притисок, уредно се исполнуваат. За кои земји може да се каже дека ви се главни сојузници, а кои ви се противници? - На светската сцена со нас се Русија и Кина, а на регионално ниво Иран. Но, можам да кажам дека во светот доаѓа до позитивни промени. Определени земји почнаа да ги менуваат своите ставови. Постојат голем број држави кои отворено ги поддржуваат терористите во Сирија. Меѓу нив се Катар и Турција. Катар ги спонзорира терористите, а Турција ги тренира и им обезбедува коридори. Сега Саудиска Арабија го замени Катар во својство на спонзор.
8|
РУСКА РЕЧ
ПОГЛЕДИ
Инстинкти и рефлекси Не успеа да ја заврши „неправедната“ војна во Ирак, а веќе тргна „праведно“ да војува во Либија. САД уште не заминаа од Авганистан, а веќе чувството за праведност ги повикува и на сирискиот фронт. Ех, тешко му е на глобалниот лидер, постојано треба да ги потврдува своите доминантни квалитети, за другите во глутницата случајно да не се дрзнат... Настаните во Сирија и околу неа ги враќаат сеќавањата на сите претходни меѓународни интервенции од деведесеттите години од минатиот век па наваму. И мистериозната употреба на отровни материи, која изгледа како провокација и која веднаш се претвора во casus beli. И учеството на инспекторите на ООН, чии заклучоци никого не го интересираат, зашто оние силните и онака знаат кој е виновен. И трогателните кадри на кои се прикажуваат деца кои умираат од задушување и кои никого не можат да остават рамнодушен. И „коалицијата на доброволци“ кои се подготвени да учествуваат во одмаздата против злиот режим. Денес, колку и да изгледа чудно, нема начини за проверка на информации, кои би влевале доверба кај сите инволвирани страни. Во периодот на Студената војна, безусловно, постоеше место за провокации. Сепак, двете наддржави, кои се наоѓаа на самиот врв на светската хиерархија, прво, беа заинтересирани да не се случува ништо против нивната волја и, второ, сфаќаа дека цената на неумесното интригантсво може да биде недопустлива - нуклеарен конфликт. Во услови на напрегнато нуклеарно воздржување беше неопходно секогаш да се има можност за моментално оценување на тоа каде постои реална закана, а каде технологија на управувана ескалација на еден или на друг конфликт. Сега воено-политичкиот и идејниот клинч повеќе не функционираат, закани од прераснување на некој локален судир во светска војна не постојат. Општата информациска прозрачност и привидното изобилство на информации за она што се случува не го зголемија сфаќањето за процесите, туку напротив, тие стануваат објект за манипулации. Институцијата на независни набљудувачи, кои се потпираат на општоприфатениот мандат на ООН, е подвргната на ерозија, довербата е поткопана со метаморфози и катаклизми кои паднаа на ООН во годините на Студената војна. И тешко е да се каже во што се огледаше улогата на инспекторите на ООН во Ирак или на набљудувачите на ОБСЕ во Југославија: во обидите да се спречи војна или, напротив, во нејзино приближување.
Сергеј Јолкин
Фјодор Лукјанов
Кога пред четири години на Барак Обама му беше врачена Нобеловата награда за мир, тој го посвети лауреатскиот говор на праведноста и на неправедноста. Наводно, има случаи кога војната не само што е потребна туку е и неизбежна. Како да знаеше Воведувањето во игра на набљудувачи по правило не придонесува само за разоткривање на вистината, колку што го поткренува нивото на општа манипулација и на крајна напнатост на информациската војна. Сепак, „сомнителната“ влада одбива, да кажеме, да соработува со набљудувачките меѓународни организации, плашејќи се од нивната а приори пристрасност или раководејќи се од сопствените претстави за суверенитет, а тоа автоматски ќе стане доказ дека постои причина за ваквото однесување. Се чини дека, за разлика од Садам Хусеин, Башар ал Асад го знае тоа, но тешко дека нешто ќе се измени. Уште повеќе депримира нешто друго. Имам впечаток дека во 21 век нешто се има случено со дипломатијата. Во минатото лукавите претставници на водечките влади правеа интриги, склопуваа заткулисни бизниси, водеа сложени преговори во кои војната беше легитимно, но сепак последно можно средство за решавање на проблемите (ако не стануваше збор за очигледно агресивни држави кои се насочени кон проширување на своите територии). Сега редовно се пов-
торува примитивното сценарио. Во држава, која се наоѓа во центарот на светското внимание, пламти внатрешен конфликт. Највлијателните држави веднаш определуваат кој е за нив „добар“, а кој е „лош“. Потоа започнува несомнено залудната дипломатија не за да се посредува и да се воспостави мир, не за да се постигне прифатлив резултат за сите страни, туку за „лошите“ да бидат присилени на капитулација пред „добрите“. Потоа „меѓународната заедница“ ги крева рамената - сè е попусто. Токму во тој момент, по правило, се случува некој ужасен инцидент кој се граничи со геноцид, по што „повеќе не може да се толерира“. И ете ти војна со сите сили помеѓу најјаката алијанса во историјата на човештвото и „лошите“ (тоа речиси секогаш е власта), за да им се помогне на „добрите“. Да ги оставиме настрана моралот и праведноста, тие не решаваат во политиката. Но, сето тоа изгледа мошне бедно. Најпрво напнатите проблеми, чии корени обично досегаат длабоко во историскиот судир на нациите или на конфесиите, се сведуваат на едноставна црно-бела шема. Потоа господарите на судбината залудно се обидуваат да сфатат зошто не излегло онака како што тие замислувале, па „добрите“ на крајот се покажале како неблагодарни. И на крајот она најтажното. Кога зад сево ова би постоела барем некаква стратегија, јасно формулација на целта, таквите акции некако би можеле да се објаснат. Но, се чини дека такво нешто не постои. Политиката се сведе на идеолошки рефлекси и на природни инстинкти. Рефлексите нè тераат секаде да ја наоѓаме „вистинската страна на историјата“ за да се најдеме на неа во конкретен момент, односно да бидеме во согласност со околностите. А, инстинктите ти сугерираат: ако не знаеш што да правиш - удри! Излегува некако премногу емотивно за сè посложениот и понеразбирлив свет од 21 век.
РУСКА РЕЧ
ПОГЛЕДИ
|9
Путин и Европа - како да се добие битката за имиџот Од гледна точка на содржината најнесоодветната претстава за Русија може да се согледа во следниве тези: 1. „Владимир Путин е диктатор кој е на чело на полициска држава.“ 2. „Секое опозициско движење според својата дефиниција е демократско и тоа на Русија несомнено ќе ѝ донесе корист.“ 3. „Секоја судска расправа против опозиционерите е пред сè хајка што ја прави актуелната власт, а објектот на хајката е пример за светост и честитост.“ Европскиот гледач не само што не добива целосна информација, туку ја добива онаа информација која во целост не одговара на стварноста. Да кажеме, разединетата опозиција западните медиуми ја претставуваат како единствена идеолошка платформа. Европеецот, кој црпи информација од медиумите, воопшто не се ни сомнева во тоа дека опозициското движење нема позитивна програма, која би била поддржана од неговите претставници и дека поради разноликоста на опозицијата таквата програма воопшто не е возможна. Политиката на руските власти во Чеченија е уште една тема која ја отвораат медиумите. Таа се изнесува како собир на воени злосторници, непрекинато насилство против угнетеното локално население, кое бара излез од составот на Руската Федерација. Но, воопшто не се зборува за тоа дека барањето доаѓа од страна на воените екстремистички групи, а не од страна на цивилното население.
За илустрација можеме да го наведеме документарниот филм за руските затвори кој неодамна се прикажуваше на каналот LCP („La Chaîne parlementaire“). Во филмот се повлекуваат паралели помеѓу затворските услови во современа Русија и во Гулагот. Во сведоштвата и коментарите постојано се повторуваат сеќавања од 1937 година, што на крајот резултира со изедначување на Путиновата и на Сталиновата власт. Ваквиот „документарен“ филм се емитува не еден од националните канали, без оглед на тоа што и според формата и според содржината е отворена пропаганда. Ваквиот пренос на информации се темели на две основни правила на современото новинарство: поедноставување, а понекогаш и вулгаризација на самата информација. Исто така, честопати се работи и за преовладување на националната информација над меѓународната. Првото се одразува во тоа што шаблоните им овозможуваат на медиумите на гледачот во голема мера да му ја поедностават информацијата. Примената на второто правило води до тоа што странската информација е често еднодимензионална. На тој начин руските власти претставуваат олицетворение на апсолутното зло. Безусловно, со ова страда и имиџот на Владимир Путин и имиџот на Русија. Ова доведува до сосема чувствителни политички последици. За време на официјалните посети на претседателот или на другите високи руски функционери на европските држави, работниот план задолжително вклучува разгледување на човековите права, состојбата во Чеченија, опозициското движење, состојбата на политичките затвореници,
Веќе подолго време руските власти не посветуваат доволно внимание на рускиот имиџ во очите на европската јавност. Но западноевропските масовни медиуми ги прикажуваат Русија и вестите за нејзиниот општествено-политички живот според веќе познатиот шаблон. Ова, од една страна, овозможува да се поедностави преносот на информации, а од друга мошне оперативно да се информираат европските гледачи и читатели
бидејќи официјалната позиција на Москва е често непозната за европскиот гледач. Резултатот од ова е ограничување на политичката и трговскоекономската соработка со Русија, зашто која било соработка со „диктаторскиот режим“ негативно ќе се одрази на имиџот на европските лидери, со што ќе се намали нивниот изборен рејтинг. За Кремљ би било најкорисно да разработи доследна комуникациска стратегија за создавање поволен меѓународен имиџ на рускиот претседател и на државата. Под ваквата стратегија авторите во ниту еден случај не подразбираат пропаганда која би го опевала претседателот, таквиот метод во денешни услови би нанел само голема штета, а европските медиуми во најдобар случај само жестоко би критикувале. Токму спротивното. Руската власт мора да се сосредоточи на тоа како да осигури целосен пренос на информациите до европската јавност. Таа мора да ги објасни своите позиции во врска со клучните прашања за внатрешната и за надворешната политика. Секако, може и да продолжи да го игнорира фактот кој зборува дека сликата за Русија надвор од нејзините граници се влошува. Сепак, во тој случај ќе мора да се помири со тоа дека посетите на рускиот претседател на европските држави ќе поминува „незабележано“ и дека во медиумите ќе добиваат збор исклучиво претставниците на разединетата опозиција. Тома Геноле е политиколог, професор на Парискиот институт за политички науки Катерина Рижакова е советник од областа на комуникологијата
Аљона Репкина
Тома Геноле, Катерина Рижакова
10 |
РУСКА РЕЧ
КУЛТУРА
Бел квас - вкус на Во руската традиција квасот не е само освежителен пијалак туку и основа на сите јадења, како чорбата во современото кулинарство. Големиот комбинат „Очаково“ го обнови старинскиот рецепт за бел квас, кој со години беше преведуван од зачуваните бабини рецепти на јазикот на технологијата. Во комбинатот се надеваат дека во Русија ќе се врати старата навика на предците, бидејќи, според нивното мислење, белиот квас претставува исконски облик на овој пијалак од стара Русија Григориј Трасевич, „Руски репортер“
Квасот со кој во Русија обично ги послужуваат гостите од странство по изглед е сличен на кола-пијалакот на кој навикнале странците. Провиден е и сладок, и се пени додека го налевате. Пијалакот произведен во фабриката „Очаково“, кој неодамна се појави на пазарот, изгледа сосема поинаку: светол е, речиси бел. Тоа е таканаречен бел квас. Рецептот за него е најсличен на традиционалните руски рецепти кои се користеле речиси илјада години, сè до крајот на 19 век. - Кога руските селани оделе на поле, носеле врчви со бел квас и парче леб, иако можело и без лебот, оти квасот е полн со хранливи состојки - објаснува Евгениј Шатилов, директор на музејот за квас при комбинатот „Очаково“. Во 20 век квасот станал сосема поинаков. Не е ниту подобар, ниту полош од претходниот, едноставно е поинаков. Иако денес се прави на традиционален начин, овој пијалак сигурно може да се смета за нов производ: во секој случај никогаш не се про-
Производителите на бел квас велат
изведувал во фабрика каде што сладот се собира во танкери кои собираат по 65.000 литри. За повторно да дојде до традиционалниот рецепт, технологот на комбинатот Свет-
лана Голубева пропатувала низ десетина села и разговарала со стотина постари лица. - По многу труд, нашите технолози дознаа дека во неколку села од Тамбовската, Рјазанската и од Воронешската област сè
РУСКА РЕЧ
КУЛТУРА
Lori / Legion Media
старата Русија
дека тој е постар од неговиот кафеав брат и дека токму така изгледал првиот квас во стара Русија
уште се прави бел квас - велат претставници на компанијата. Успеавме да го пронајдеме белиот квас, старите селанки со задоволство ни ја открија тајната за негова подготовка, но тоа беше
селски рецепт. Технологијата на индустриско производство е нешто сосема друго. Рецептот што го добивме гласеше: „Ќе земеш два-три грста ‘ржано брашно и никулци од пченица. Сето тоа ќе го прелиеш со врела
| 11
вода и ќе оставиш да отстои.“ Колку треба да стои? „Па, додека не биде готово“, објасни една селанка која подготвува квас. И понатаму посебна тајна беше средството за ферментација. Тоа се пренесувало како семејна традиција, од колено на колено. Не знаеме кои микроорганизми ги содржи, зашто руските баби не студирале микробиологија. За да се разработи технологијата и за да се започне со производство на стариот пијалак на нов начин, беа потребни неколку години. Состојките на белиот квас се: вода, пченичен слад (никулци), ‘рж (цели, интегрални зрна), шеќер и сол. За ферментација потребен е квасец (како за пиво) и млечнокиселински бактерии (како за кефир). За какви микроорганизми станува збор, остана деловна тајна. - Темниот квас е симбол на 20 век - напомнува Евгениј Шатилов и почнува да ја раскажува својата приказна за правењето квас. Традиционалниот руски квас отсекогаш бил многу светол, особено ако се правел од пченица, а не од ‘рж или од јачмен. Но, на бојата на квасот пред сè влијае печењето на сладот. - Квасот има вкус на корка од леб, зашто сладот се пече. Затоа може да се каже дека пиеме печен леб. Порано во селата се правел исклучиво бел квас, а темен постоел само во градовите - објаснува Евгениј. Не е сосема јасно зошто кон крајот на 19 век квасот почнал да станува потемен. Евгениј Шатилов не ја исклучува можноста дека тоа е поврзано со популарноста на темното пиво: квасот и пивото се сепак мошне блиски роднини. Во стара Русија и пивото порано било светло. Црното портер пиво од Европа го има донесено Петар Велики. Но, Русите не биле нешто восхитени од овој нов пијалак. Темните видови пива во високото друштво станале популарни дури во времето на Екатерина Велика. Со пивото, изгледа, потемнел и квасот. Некои сметаат дека својот вообичаен денешен изглед (провиден и темен) квасот го добил за време на Никита Хрушчов, кој бил воодушевен од пепси-кола, па се трудел да пронајде домашна варијанта на овој пијалак. Белиот квас на пазарот се појави неодамна. Продажбата засега расте умерено, зашто потрошувачите сѐ уште се немаат навикнато на него. Тоа е исто како кога на пазарот би се појавило зелено млеко или слатки виршли. Белиот квас, секако, ќе си најде свои консументи, но вообичаените потрошувачи на стереотипот мора малку да се изменат.
12 |
РУСКА РЕЧ
ОПШТЕСТВО
pravmir.ru
Момчето што не можете да не го сакате
Стјопа секој ден осознава нешто ново и открива поими што претходно му биле непознати, а кои во нормални околности му се познати на секое дете Оксана Головко, pravmir.ru
Во една пригода Стјопа (Степан) за малку не заминал од домот за згрижување деца. Се запознал со американска брачна двојка која сакала да посвои дете, тие му донеле подароци и куфер во кој момчето требало да ги спакува своите работи пред заминувањето во новиот дом. Но, речиси пред самиот почеток на судската процедура во која детето требало да им биде предадено на родителите, бил донесен Законот на Дима Јаковлев, па Стјопа останал во домот. Сепак, тој имал среќа. Момчето кое може да се движи во инвалидска количка кон крајот на мај во Самара доби вистинско семејство: мајката Наталија Кажаева, две сестри од тринаесет и четиринаесет години, баба, па дури и куче. Наталија смета дека таа имала повеќе среќа од Стјопа, зашто таа смета дека нејзиниот посвоен син е најдоброто момче на светов: „Всушност сè започна пред повеќе од дваесет години. Мојот прв брак беше бездетен и по долготрајни испитувања и лекувања дојдовме на идеја да посвоиме дете, но тука работата се заврши. Во вториот брак веднаш родив две девојчиња, едно по друго, тие се една година разлика. Кога ги добив ќерките, мислата за посвојување деца беше потисната во втор
план, но сепак постојано ми се враќаше. Додека гледав филмови или додека читав написи на оваа тема, секогаш ме обземаше чувство на вина, зашто некаде постои некое дете што требало да го посвојам, а не го направив тоа. За жал, по десет години, тој втор брак пропадна... Кога останав сама со ќерките им предложив да посвоиме дете. БЕЗ ВИШОК ЕМОЦИИ Сега, кога ме прашуваат за совет и ме молат да раскажам како го посвоив детето, јас им велам: најважно е да не се брза, зашто не треба да се раководите според емоциите. Кога донесов цврста одлука за посвојување дете, на Интернет почнав да читам приказни на родители кои тоа го сториле пред мене, да ги следам родителските форуми и на сите можни начини се обидував да бидам максимално информирана. Истовремено на различни сајтови гледав фотографии од деца на кои им се потребни посвојувачи. Мошне долго ништо ми го немаше допрено срцето... Од сајтовите ме гледаа дечиња со тажни погледи, многу ми беше жал за нив, но ништо повеќе од тоа. И тогаш случајно на сајтот otkazniki.ru видов едно момче. Од мониторот ме гледаше едно дете кое посакав да
го прегрнам и да не го пуштам... Но, во неговите лични податоци видов дека момчето не може да оди. Првата мисла ми беше: што ќе ми е инвалид, што ќе правам со него, можеби е подобро да земам здраво дете. Вечерта плачев со часови. Сфатив дека тие деца со ништо не се разликуваат од здравите, и дека ним им е попотребна мајка. Таа вечер донесов одлука да го посвојам момчето. Почнав внимателно да разговарам со ќерките... Тоа беше во ноември 2012 година, а веќе кон крајот на декември отидов во центарот за социјална работа, го зедов списокот документи што треба да ги соберам и се запишав на курс за посвојувачи. Од јануари тргнав на обука и почнав да ги собирам документите. Но, сепак, и понатаму чувствував страв и сомнеж. Заради тоа мошне бавно ги собирав документите, сè дури на 17 април не ми се јави ќерка ми и не ми кажа: `Мамо, на сајтот пишува дека нашето момче е посвоено`. Тогаш повторно почнав да размислувам за тоа дека инвалид не е за мене, а речиси сите документи се подготвени, така што ќе земам во Самара некое здраво дете. Ова ѝ го напишав на волонтерката од фондот `Волонтерса помош за деца без родители.` Таа ми испрати три линка и ми напиша: `Ако сте подготвени да земете инвалид, погледнете ги овие три де-
ОПШТЕСТВО
Стјопа, малото сираче што може да се движи само во инвалидска количка, не замина на посвојување во САД поради Законот на Дима Јаковлев. Но неодамна Стјопа во Самара доби вистинско семејство: мајка Наталија, две сестри, баба, па дури и куче. Наталија смета дека таа имала повеќе среќа од Стјопа, зашто таа смета дека нејзиниот посвоен син е најдоброто момче на светов. Таа зборува за причините што ја навеле да посвои дете со посебни потреби ца`. Страницата на Стјопа беше прва. Им ја покажав на ќерките и сите три во ист глас рековме: `Ова е нашето момче!` СРЕДБА Инспекторката од центарот се јави во домот за згрижување деца и таму нè чекаа. Сите деца веќе заминале на спиење, освен Стјопа. Тој сè уште беше во дневниот престој. Седеше во својата инвалидска количка, беше малечок, осамен и мошне тажен. Кога му рекоа дека сме дојдени кај него, лицето му се озари со неверојатна радост и со чудење: `Белки не кај мене?` Радоста му беше измешана со загриженост и со очекување дека и оваа приказна ќе заврши и дека сепак на крајот ќе си заминеме. Првиот ден, кога отидовме таму со волонтерката Лена, тој ни пријде. Најпрво седна кај мене и ми рече: `Мамо, те чекав`, потоа кај неа: `Мамо, те чекав`. Децата од домовите така им приоѓаат на сите. Додека јас и Стјопа шетавме, влезе некој човек со подароци. Стјопа му пријде и нему: `Тато, те чекав`. На следните две средби дојдов сама, а во четвртокот, кога беше потпишана согласноста и кога центарот за социјална работа веќе ги подготви документите, Лена и јас повторно отидовме заедно, но тогаш само јас бев мајката. НОВ СВЕТ Стјопа не спиеше додека патувавме до Самара, а тоа е повеќе од 24 часа. Очигледно беше преплавен од емоции. Освен тоа, се плашеше од возови. Кога покрај нас ќе поминеше друг воз, тој како маче се прививаше до мене и се тресеше од страв. Првите денови Стјопа во домот на сè гледаше со ширум отворени очи. Сè му беше чудно. Дури и прошетката на платото пред зградата за него беше доживување. Кога, пак, се најде во обичен парк, тој толку се збуни, што одвај успеав да направам неколку фотографии на кои се смее. Сега Стјопа секој ден осознава нешто ново и открива поими кои претходно му биле непознати, а кои во нормални околности му се познати на секое дете. На пример, Стјопа претходно никогаш не се возел во градски превоз. Кога првпат влеговме во автобус, тој ги допираше сите луѓе и
со сите се поздравуваше. Но, тој е толку позитивен и искрен, и насмевката му е толку прекрасна, што сите околу него почнуваат да се насмевнуваат. Сега веќе се навикна на градскиот превоз. Токму вчера `работеше како кондуктер`: му ги подаваше на возачот парите за билети од патниците, а на патниците, пак, им ги подаваше билетите. Беше пресреќен, а во автобусот сите се насмевнуваа. Сака да помага низ дома. Вели: `Јас сум ти помошник!` Поминаа два месеци, а мојот син толку се измени, што човек не може да го препознае. Погледот му стана самоуверен, сконцентриран, се исправи во 'рбетот. Сега веќе никој не би рекол дека тој бил во дом за згрижување деца. ТЕШКОТИИ Јасно е дека здравствената состојба на Стјопа бара постојано внимание. Се лекуваме во Самарскиот центар за рехабилитација. Одиме и кај логопед и кај психолог, а на 12 август бевме во болница на операција на ногата. Се-
| 13
га Стјопа неколку месеци ќе биде во гипс, а потоа повторно ќе одиме на рехабилитација... Неизводливо е да се грижите за вакво дете и да одите на работа. Излегува дека мојата работа е да бидам мајка. До душа, кај нас во Самара посвојувачите добиваат многу мала компензација. Јас за себе и за Стјопа добивам нешто повеќе од 12.000 рубли (365 долари). Да не постојат добри луѓе, нам не би ни било лесно. Нашето лекување во Центарот за рехабилитација изнесува 115.000 рубли и тоа ни го плати добротворниот фонд, а волонтерите ги платија ортопедските обувки кои чинат 6.000 рубли. Сериозен проблем е и тоа што немаме кола. Детето во домашни услови за првиот месец и половина се поправи за пет килограми. Во почетокот лесно можев да го носам, а сега веќе е тешко да се отиде некаде, така што практично сме врзани за домот. Ете, тоа е проблем за кој не се подготвив. Не знаев дека ќе биде толку тешко без кола. Размислувам за тоа да посвојам уште едно момче со детска церебрална парализа. Веќе одамна следам што се случува со него преку сајтот otkazniki.ru. Зошто решив да посвојам и второ дете со сериозен инвалидитет? Зашто еднаш веќе влегов во сосема поинаков свет. Кога на форумите ги читаш приказните на овие деца, сфаќаш дека тие имаат само два пата: дом за инвалиди до крајот на животот или семејство. Трето нема. Како што вели Лена, волонтерката што ми помогна во Москва: `Имам чувство дека куќата гори, во неа има десетина илјади деца, а ти можеш да изнесеш само две-три. И тие само ги подаваат рацете кон тебе...` Да не го земев Стјопа само затоа што е болен, и ако изберев здраво дете, по што би се разликувала од оние `родители` кои болните деца ги оставаат во болница.“ Стјопа е толку позитивен и искрен, и насмевката му е толку прекрасна, што сите околу него почнуваат да се насмевнуваат, вели неговата мајка Наталија
pravmir.ru
РУСКА РЕЧ
14 |
РУСИЈА И МАКЕДОНИЈА
РУСКА РЕЧ
ИНТЕРВЈУ СО ЕЛЕНА ВЕРИЖНИКОВА, МАКЕДОНИСТКА
Македонскиот идентитет Емил Ниами
Најпрво би сакале да ги запознаеме нашите читателите со вас, па затоа кажете ни неколку ваши биографски податоци. - Родена сум во Орел, градот коj се наоѓа на 340 километри jужно од Москва. Спокоен, особено во споредба со Москва, град со 300.000 жители. Родно место на Иван Тургенев, токму таму се случуваат настаните опишани во неговиот роман „Дворjанското гнездо“. Впрочем, со Орел се поврзани и многу други големи руски писатели. На пример, во овоj град на своите млади години нобеловецот Иван Бунин jа доживува големата љубов за коjа раскажува во „Животот на Арсенjев“. Завршуваjќи средно училиште во 1980 година, се запишав на Филолошкиот факултет на Московскиот државен универзитет. Оттогаш моjот живот е поврзан со македонскиот jазик, со Македониjа. Одбранив дисертациjа, работев во редакциjата за речници на словенските jазици, предавав македонски jазик во Русиjа и руски во Македониjа, преведував, четири години бев член на Руската амбасада во Скопjе. Сега сум доцент на Катедрата за словенска филологиjа на Московскиот државен универзитет „Ломоносов“ и на Катедрата за теориjа и историjа на jазикот на Филолошкиот факултет на Православниот СветоТихоновски хуманитарен универзитет. И на двата универзитета имам прекрасни студенти кои ги прават своите први чекори во македонистиката и ме радуваат нивните успеси на ова поле. Како дојдовте до идејата да почнете да го изучувате македонскиот јазик? Порано на ова прашања обично одговарав случаjно. Таа година кога се запишав на факултет, се формираа три групи: чешката, словенечката и македонската. Тоа што се наjдов во македонската група не беше однапред планирано. Но апсолутно точно е - не беше случаjно. Сега веќе знам, верувале или не, дека Македониjа си избира свои луѓе, кои ги освоjува и не ги пушта. Многупати во овие триесет и кусур години ми се отвораа други патишта, но таа не ми дозволи, не ме остави. Кога првпат дојдовте во Македонија и што значеше тоа за вас? - Љубов на прв поглед, поточно, знаете, како во тие приказни кога jунакот се заљубува во Дуња Ѓузели, според сликата, уште пред да jа види. Затоа што првпат доjдов во Македониjа на Семинарот во Охрид по третата година на факултет. И кога jа видов, се убедив: да!да!, таа е. Не се излажав, вистинска е, таа што jа сакам. Ја узнавав, jа препознавав. Наjубавата, наjсаканата на светот. Секогаш многу се радувам кога моите студенти одат на Семинарот за македонски jазик, литература и култура, затоа што знам дека за многу од нив тоа ќе биде почеток на љубов долга колку животот.
Вие определен дел од вашиот живот го имате поминато во Македонија како постојан жител. Што му донесе вашиот повеќегодишен престој на вашиот живот? - Да, во Македониjа како студент четири и пол месеци престоjував за преддипломска практика, потоа три години бев лектор по руски jазик на Катедрата за славистика, после четири години работев во Руската амбасада. Кога толку години ќе поминеш во една земjа… Нема тука што многу да се зборува: моjа земjа, мои луѓе. Испаѓа како изjава на љубов. Па и така е. Ме прави среќна, ме боли, ме влече, ми недостасува… Секогаш е во мене. На кое поле се фокусираат вашите интереси за Македонија? Професиjа ми е jазикот. Прекрасниот богат македонски jазик. Го учам цел живот, но jазикот е неисцрпен, така што секоj ден сè допрва почнува. А jазикот содржи и опфаќа сè: животот на народот, неговата култура, историjа, неговатамудрост. Не случаjно Блаже Конески рече: „Јазикот е единствена наша татковина“. Треба да се чува, да се негува, да се почитува. Така што нема нешто што се однесува на Македониjа, а да не ме интересира. Покраj jазикот, тоа е македонската култура, вклучуваjќи jа тука литературата, средновековните манастири со фреските, иконите, македонскиот филм, музиката.
зик, сите вие, што сакате, што им пеете на своите деца, што му се молите на Господа, што негодувате, што творите на тоj jазик сте „виновници“. Еден од моите „македонски мигови“: доцна навечер стигнувам во Македониjа, се будам наутро и уште неосвестена слушам, како надвор се зборува македонски. Невозможна, незамислива, чиста среќа. И сепак треба да ги именувам моите наjсакани „виновници“, бидеjќи, како што рече Ј.Бродски: „Поетот е орган на jазикот“. Блаже Конески, Петре М. Андреевски, Владо Малески, Марко Цепенков… Има уште многу, многу. Меѓу нив и тие што ми се „виновни“ лично мене, на кои им го должам моето колку-толку познавање: професорката Рина Усикова, моите лектори во Москва, Кита Бицевска (првата Македонка што jа запознав во моjот живот), Димитар Пандев, Красимира Илиевска. И сите вие што ми го дарувате раскошот на човечкото општење на македонскиот jазик. Каква слика се појавува пред вашите очи кога ќе помислите на Македонија? - Ах, се сеќавате, има каj Петре М. Андреевси еден невозможно убав расказ „Места што ги паметувам, jадења што не ги заборавам“. И секако тие драги, сакани луѓе со кои бев на тие места, од чиjа рака jадев. Тие, каj кои се чувствувам
Елена Верижникова е еден од најпознатите македонисти во Русија и во светот. Нејзиниот самопрегор кон сѐ што е поврзано со Македонија, нејзиниот 50-годишен јубилеј и Денот на независноста на Република Македонија е поводот за нашето интервју со неа за овој број на „Руска реч“. За нејзината необична природа, за љубовта кон Македонија и кон Македонците, за нејзините доживувања кон ова мало парче земја, таа зборува на мошне сентиментален, но воедно трезвен и научно поткован начин Македонија подолго време има проблеми со своите соседи во врска со својот идентитет. Каков е вашиот став во врска со ова прашање? - Каков може да биде ставот на еден македонист спрема сите неправди и навреди кои му се нанесуваат на овоj народ коj никому не мисли зло, коj е питом и широк, и коj толкав придонес ѝ даде на словенската, па и на светската културна ризница. Тоа ме засега и ме боли исто толку колку и вас. За мене македонскиот идентитет е неспорен. Македонскиот јазик изоде долг и трнлив пат. Кои се, според вас, „виновниците“ за она што денес претставува македонскиот јазик и какви се неговите перспективи во јазичниот свет? - Сите вие што го зборувате македонскиот jа-
дома, море наjдома, во Скопjе и во Битола. Тие, кои во Маврово за Божиќ го делеа со мене лепчето со паричка, коjа значи - среќа. А покраj нас беа нашите деца кои сега се големи и дури пишуваат песни. Тие, со кои се качувавме до Буковскиот манастир. (Нели е дека токму во тоj манастир пред еден век престоjувал со семеjството рускиот конзул Ростковски, коj толку jа сакал Македониjа и Македонците, што го платил тоа со своjот живот.) А потоа jадевме наjубави на светот македонски домати натопени со македонско сонце. Секако, со другите лезет-jадења подготвени од златните раце на орденоносната домаќинка. Тие, кои несебично ми jа подаруваа своjата
РУСКА РЕЧ
РУСИЈА И МАКЕДОНИЈА
Професиjа ми е jазикот. Прекрасниот богат македонски jазик. Го учам цел живот, но jазикот е неисцрпен, така што секоj ден сѐ допрва почнува. А jазикот содржи и опфаќа сѐ: животот на народот, неговата култура, историjа, неговата мудрост
Игор Бансколиев, „Нова Македонија“
е неоспорен
прекрасна земjа, неjзините градови, планини, манастири: Св. Никола во Мариово, Трескавец, Зрзе, Св. Јован Бигорски, Св. Никита во село Бањани, на патот за Горњани, Лесново… Следната година се навршуваат 20 години од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Руската Федерација и Република Македонија. Како вие гледате на развојот на руско-македонските односи и врски? - Веќе го спомнав Александар Аркадиевич Ростковски, коj е на некоj начин симбол на нашата заемна поврзаност. Секоjа година на 10 февруари, Денот на дипломатскиот работник, Русите и Македонците заедно полагаат цвеќе на тоj споменик.
Вие ме прашавте за идентитетот. Нели Русиjа jа призна Македониjа под неjзиното уставно име. Меѓу нашите земjи постои заемна почит, разбирање, соработка на сите полиња. Како пример ќе ви кажам за соработката од областа на образованието и науката. Благодарение на личното залагање на ректорот на Скопскиот универзитет Велимир Стоjковски и директорот на Семинарот за македонски jазик, литература и култура, Максим Каранфиловски, и оваа година студенти-македонисти од Московскиот универзитет и од Православниот Свето-Тихоновски универзитет имаа можност да jа посетат Македониjа. Исто така, студенти од Катедрата за славистика секоја година патуваат на летните курсеви
| 15
по руски јазик и литература во Москва. Руското министерство за образование секоjа година доделува стипендии за стекнување високо образование во Русиjа. Би застанала тука, инаку нашата соработка може да биде тема на посебно интервjу. Кои се вашите следни предизвици на научен план? Повеќе се. Моментално со моjата колешка Наталиjа Бороникова од Перм (и таму се предава и се сака македонскиот jазик) работиме на речник на македонските извици и ономатопеи. За таа потреба ги читаме и ги препрочитуваме класичните и наjнови дела на македонски автори. Во врска со тоа би сакала да кажам колку ме радуваат младите писатели, нашата иднина! За другото, нели има поговорка: Првин скокни, па после речи „оп“! Најновиот број на „Руска реч“ излегува во викенд-изданието на „Нова Македонија“ на 7-8 септември, кога во Македонија се прославува Денот на независноста. Што би им порачале на нашите читатели и, воопшто, на Македонците? Знаете во врска со овоj празник сакам да се потсетам на уште еден од моите „македонски мигови“. Се погоди да бидам во Скопjе кога се случи првата официjална претседателска посета на Киро Глигоров во Русиjа. Бев ангажирана како преведувач за делегациjата. Стигнавме во Москва, на аеродромот претседателот беше пречекан со сите почести, беше истакнато македонското знаме, се интонираше химната... Чиста среќа. Им посакувам на сите Македнци да се гордеат со своjата земjа, да знаат дека се прекрасни и дека во светот има многу луѓе кои ги сакаат и за кои многу-многу значат. Кои се на нивната страна. Кои навиваат за нив. Среќен празник! Редакцијата на „Руска реч“ ја користи оваа пригода на нашата соговорничка Елена Верижникова да ѝ го честита нејзиниот 50-годишен јубилеј и да ѝ посака многу среќа во личниот и во професионалниот живот.
ИМПРЕСУМ
16 |
КАЛЕИДОСКОП
РУСКА РЕЧ
Писмата на читателите, колумните и илустрациите означени како „мислење“, како и текстовите од рубриката „погледи“ во овој додаток се избрани за да претстават различни гледишта и не го изразуваат нужно гледиштето на уредникот на проектот „Russia Beyond the Headlines“ или на весникот „Росијскаја газета“. Ве молиме вашите писма и коментари да му ги испраќате на уредникот на urednik@ruskarec.mk
Интернет-страница: ruskarec.mk Еmail: urednik@ruskarec.mk Телефон: +7 (495) 775 3114 Факс: +7 (495) 988 9213 Адреса: ул. Правды 24, д. 2, Москва 125993, Россия. ЕВГЕНИЈ АБОВ издавач и директор на RBTH ПАВЕЛ ГОЛУБ главен уредник на додатоците на RBTH ВЈАЧЕСЛАВ ЧАРСКИ извршен уредник за Јужна и за Средна Европа ЕМИЛ НИАМИ превод, лектура, веб, гостин-уредник на додатокот „Руска реч на македонски“ ЈАНЕ ЈОВАНОВ, ТРАЈЧЕ СТОЈАНОВ превод, лектура, веб ЕКАТЕРИНА ТУРИШЕВА, ИВАН НИКОЛАЕВ асистенција, веб НИКОЛА ЛЕЧИЌ, ИРИНА РЕШЕТОВА ко-уредници АНДРЕЈ ЗАЈЦЕВ, НИКОЛАЈ КОРОЉОВ илустрации За огласување во овој додаток, ве молиме да се обратите на ЈУЛИЈА ГОЛИКОВА, директор на одделот за односи со јавност: julia.golikova@rbth.ru.
ИТАР-ТАСС
Додатокот „Руска реч“ го финансира, уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва, Русија).
Ученици-првачиња за време на свечен прием на Денот на знаењето, 2 септември 2013 година, во Владивосток.
Бучава од мотор, мирис од испарување на дизел-гориво и рик од 120-милиметарски топови ја исполнија површината од неколку десетина хектари. Ова беше поприштето на натпреварот на посадите на легендарниот тенк Т-72. Ова необично натпреварување беше одржано на воениот полигон за тренинг во местото Алабино во Московската област. Во биатлонот учествуваа тенковски посади од четири земји: Русија, Ерменија, Белорусија и Казахстан.
ИГОР ДАНИЛОВИЌ координатор на „Руска реч“ во „Нова Македонија“ МАРЈАН ДЕЛЕВСКИ дизајн САША БЕЛЕВСКА технички уредник
Сергеј Михеев
© 2013 сите права се задржани од ФГБУ „Росијскаја газета“: АЛЕКСАНДAР ГОРБЕНКО претседател на редакцискиот совет, ПАВЕЛ НЕГОИЦА генерален директор, ВЛАДИСЛАВ ФРОНИН главен уредник.
Специјалните додатоци за Русија во светските дневни весници ги уредува и ги издава „Russia Beyond the Headlines“, во организација на „Росијскаја газета“ од Москва. Во моментов додатоци се објавуваат во следниве весници: Le Figaro, Франција • The Daily Telegraph, Велика Британија • Süddeutsche Zeitung, Германија • Еl País, Шпанија • La Repubblica, Италија • Le Soir и European Voice, Белгија • Дума, Бугарија • Политика и Геополитика, Србија • Eleutheros typhos, Грција • The Washington Post, The New York Times и The Wall Street Journal, САД • Navbharat Times и The Economic Times, Индија • Mainichi Shimbun, Јапонија • China Business News, Кина • South China Morning Post, Кина (Хонгконг) • La Nacion, Аргентина • Folha De S. Paulo, Бразил • El Observador, Уругвај • Today, Сингапур • Joongang Ilbo, Јужна Кореја • Sydney Morning Herald и The Age, Австралија • Gulf News, Обединети Арапски Емирати Електронска пошта на редакцијата „Руска реч“: urednik@ruskarec.mk. Повеќе информации на http://ruskarec.mk
AFP / East News
Забрането е копирање, дистрибуција или преземање на содржините од овој додаток, освен за лична употреба, без писмена согласност на „Росијскаја газета“. Ве молиме за дозвола да се обратите на телефон +7 (495) 775 3114 или на и-мејлот urednik@ruskarec.mk. „Russia Beyond the Headlines“ не сноси одговорност за ненарачаните текстови и фотографии.
Поплавени улици на Бољшој Усуриски, остров близу градот Хабаровск, во областа Источен Амур, на 20 август 2013 година. Властите евакуираа над 23.000 лица погодени од поплавите предизвикани од обилните дождови што ја погодија областа.