Прилогот го уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва), која е целосно одговорна за содржината. Се печати и се дистрибуира во соработка со „Нова Македонија“.
Зошто Ерменија не сака во ЕУ? стр. 10-11
БРОЈ 10
РУСКИ САЕМ ЗА ОРУЖЈЕ 2013
Кога се пукаше врз Белата куќа
Пет најатрактивни новитети
стр. 4-5
Сирија е јадрото на досегашните кризи Само на RUSKAREC.MK Повеќе теми на интернет -страницата на „Руска реч“
стр. 12-13
стр. 2-3
Убавина и тага - руските писатели за есента
стр. 14-15
„Росијскаја газета“ уредува прилози за Русија во 26 водечки светски весници, вклучувајќи ги и „Њујорк тајмс“, „Дејли телеграф“, „Фигаро“ и „Зидојче цајтунг“
Getty Images / Fotobank
ruskarec.mk
САБОТА - НЕДЕЛА, 19-20 ОКТОМВРИ 2013 ГОДИНА
ДВЕ ДЕЦЕНИИ ОД УСТАВНАТА КРИЗА
2|
РУСКА РЕЧ
ПОЛИТИКА
ИДНИОТ МОДЕЛ ЗА РЕШАВАЊЕ НА КОНФЛИКТИТЕ
Сирија е јадрото на досе Дали руската дипломатија направи историска пресвртница во светските односи? По две децении воени интервенции од страна на Западот, војната во Сирија се развива на нов начин. Прашањето за идниот модел за решавање на конфликтите се решава токму сега
По неочекуваниот пресврт на целата сириска колизија, Русија одеднаш почна иницијатива, која според своите можности ќе овозможи да се отстапи од идејата за воена интервенција. Ова го стори истата таа Русија на која Западот со голема самоувереност ѝ ја припишуваше главната улога на попречување на регулирањето на кризата. Како се случи Москва порано да вели само „њет“, а сега одеднаш да стане извор на конструктивни предлози? Клучната фраза ја изговори министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, летото во 2012 година на прес-конференција: „Од тоа како ќе се реши сириската криза во голема мера зависи идниот модел на реагирање на меѓународната заедница на внатрешните конфликти во определени држави“. Токму тоа го определи односот на Москва кон братоубиствената војна во Сирија. ПРОТИВ ЛИБИСКИОТ МОДЕЛ Безредијата во Сирија започнаа во деновите кога Советот за безбедност на ОН ја донесе резолуцијата 1973, со која го одобри мешањето на други земји во граѓанската војна во Либија. Како што е познато, Русија тогаш најде за сходно да не го спречува воведувањето зони на забранет лет за либиската авијација, со цел да го заштити мирното население. Документот беше усвоен набрзина, и тоа со мошне неодредена формулација, што не е вообичаено за, инаку, прецизниот правен стил на Советот за безбедност. Токму овој документ послужи како основа за масовното учество на други земји во внатрешниот конфликт и за смена на власта. Ставот на Русија за сириското прашање е
AFP / Eastnews
Фјодор Лукјанов
Реализацијата или неуспехот на планот за сириското хемиско оружје
резултат на ситуацијата во Либија. Прво, Западот тогаш „ја излажа“ Русија, така што таа сега е „навредена и лута“. Второ, Русија извлече недвосмислена порака: недоволно јасните формулации подоцна „можеби“ ќе бидат протолкувани како одобрување на „светската заедница“ за примена на сила во корист на една избрана страна во судирот, а тоа, според замислата на Западот, е основата за „понатамошниот модел на реагирање на меѓународната заедница на внатрешните конфликти во определени држави“. Како што се заоструваше ситуацијата во Сирија, така Русија и Кина доследно ги отфрлаа сите нацрт-резолуции во кои се дефинираат ви-
Светот признава, иако многумина тоа неволно го прават, дека Русија погоди во центарот, со оглед дека предложениот план на многумина ќе им овозможи да го зачуваат образот и елегантно да излезат од ќор-сокакот
РУСКА РЕЧ
ПОЛИТИКА
|3
гашните кризи Западот од една страна се плашеше од интервенција, а од друга беше свесен дека без неа ситуацијата не може да биде свртена во корист на бунтовниците. Кога беа применети отровни супстанции, надворешната интервенција стана неизбежна. На американскиот претседател Барак Обама веднаш му беше свртено вниманието во врска со неговите закани поврзани за „црвената линија“ и на изјавата дека „Башар ал Асад мора да замине“, така што за него исполнувањето на ветувањето стана прашање на честа. Со голема брзина се наближуваше она што Русија повеќе од две години се обидуваше да го избегне. Речиси никој во Москва никогаш не се посомнева дека интервенцијата нема да реши ниту еден проблем во Сирија, туку дека само повеќе ќе ја влоши состојбата. Но, важно е дека војната би можела крајно негативно да се одрази на престижот на Русија, зашто тоа би ги анулирало сите поени што таа ги имаше добиено благодарение на својата доследна линија. Идејата за меѓународна контрола на хе-
Од тоа како ќе се реши сириската криза во голема мера зависи идниот модел на реагирање на меѓународната заедница на внатрешните конфликти во определени држави Сергеј Лавров, ќе покаже дали светот е способен да учи од грешките
новници и во кои се споменува автоматизам на примена на санкции: ако Дамаск не го направи тоа и тоа, тогаш следуваат некакви мерки, вклучително и вооружени акции. Стануваше збор за тоа да не се допушти либискиот модел да стане легитимен. ПОГОДОК ВО ЦЕНТАРОТ Но, состојбата на фронтовите зафатени со граѓанска војна во Сирија стануваше сѐ посложена, така што дипломатската активност на крајот на краиштата дојде до ќор-сокак. Русија сѐ повеќе инсистираше на тоа дека интервенцијата е деструктивна мерка, а
министер за надворешни работи на Русија
Страната што губи е сириската опозиција, за која рускиот план значи губење надеж за пресврт во војната миското оружје, покрај другото, беше и шанса да се капитализира она што е постигнато во претходниот период. Светот признава, иако многумина тоа неволно го прават, дека Русија погоди во центарот, со оглед дека предложениот план на многумина ќе им овозможи да го сочуваат образот и елегантно да излезат од ќор-сокакот. БИТКА ЗА ДИПЛОМАТСКАТА ПОБЕДА Но, битката за дипломатска победа допрва започнува. Прво, преземањето контрола над хемиското оружје само по себе е крајно сложена операција, дури и во мирновременски услови. Потребно е тоа да биде координирана акција на многу земји и меѓународни организации, и потребна е доверба меѓу учесниците во конфликтот, а неа засега ја нема. Второ, во оваа варијанта постои страна што очигледно губи. Тоа е сириската опозиција, за која одложувањето и отфрлањето на нападите на Башар ал Асад значат губење надеж за пресврт во војната. На бунтовниците не може да им се допадне тоа што во целата сириска епопеја одеднаш во прв план излегува некоја друга тема, онаа истата од која сѐ започна. Трето, администрацијата на САД е под притисок од потребата за брзо постигнување резултат. Обама се плаши да не остави впечаток на неспособен државник и тој страв го наведува да реагира импулсивно.
Лекции од минатото Претходните кампањи (Југославија, Ирак, Либија) беа мошне поучни, меѓу другото и во смисла што стана јасно на какви препреки може да се наиде во обидот за регулирање слични кризи и како проблемите во целост се извртуваат само за да се постигне саканиот резултат. Сирија е во извесна смисла квинтесенција на многу претходни кризи. Реализацијата или неуспехот на планот за преземање на контролата над сириското хемиско оружје, ќе покаже дали светот е способен да се учи на грешките и да извлекува поуки, или може само да ги повторува претходните грешки и да прави нови, пофатални од претходните. Прашањето за „идниот модел на реагирање на конфликтите“ се решава токму сега.
4|
РУСКА РЕЧ
ИСТОРИЈА
ДВЕ ДЕЦЕНИИ ОД УСТАВНАТА КРИЗА ВО РУСИЈА
Кога се пукаше врз Белата куќа Русија одбележува дваесет години од кулминацијата на уставната криза, која заврши со гранатирање на парламентот на 4 октомври 1993 година. Последиците од овие трагични настани сѐ уште се чувствуваат во земјата. Новиот устав, кој беше усвоен во декември 1993 година, на претседателот му даде речиси царски овластувања. Со колапсот на опозицијата на политичката сцена стапија нови партиски водачи, од кои поголемиот дел сѐ уште седат во Државната дума Александар Колесниченко
Уставната криза, која својата кулминација ја доживеа во 1993 година, беше условена од системот на власт во Русија. Според уставот што беше во сила во тоа време, врховен орган на државната власт беше парламентот, Конгресот на народните депутати, избран во 1990 година. Претседателот Борис Елцин, кој беше избран во 1991 година, не можеше без согласност на парламентот да именува премиер, ниту можеше да го распушти парламентот доколку тој би одбил да ја официјализира претседателската одлука за поставување премиер. Како последица на тоа, првиот постсоветски премиер во Русија, Егор Гајдар, под чие раководство во 1992 година беше укината државната регулација на цените, не беше поставен со официјално одобрение на парламентот, така што за време на целиот свој мандат функцијата ја вршеше како „вршител на должност“. УКАЗ ЗА РАСПУШТАЊЕ НА ПАРЛАМЕНТОТ Во декември 1992 година, парламентот одби да го потврди именувањето на Гајдар за претседател на владата, со што го натера да поднесе оставка. Дотогаш многу Руси веќе го замразеа Гајдар, зашто сметаа дека тој е виновен за хиперинфлацијата, која ја намали заработувачката и ја девалвираше заштедата на граѓаните. На тој начин парламентот ги доби симпатиите од граѓаните. Веќе во март 1993 година членовите на парламентот се обидоа да извршат таканаречен импичмент (да му из-
гласаат недоверба) на Борис Елцин, кој во тоа време ја загуби популарноста. Но не беше постигнатопотребното двотретинско мнозинство. Пропадна и референдумот за доверба на претседателот и на парламентот, кој беше одржан во април. Есента 1993 година, претседателот Елцин премина во напад со тоа што на 20 септември потпиша указ за распуштање на парламентот. Следниот ден членовите на парламентот го
прогласија указот за неуставен и го разрешија Елцин од должноста, именувајќи го за шеф на државата Александар Руцкој. Потоа во московската Бела куќа, седиштето на парламентот, беше исклучена струјата и водата, а околу неа беа разместени полициски кордони, кои, не пуштајќи внатре никого освен новинарите, ги присилуваа членовите на парламентот да се откажат. Состојбата на напнатост траеше речиси две недели, сè до 3 октомври, кога по митингот во попладневните часови, поддржувачите на парламентот не го пробија кордонот околу Белата куќа. Александар Руцкој ги повика насобраните да ги заземат Московското градско собрание и телевизискиот центар „Останкино“. Но, двата обида беа спречени, а следното утро во Москва влезе војската лојална на Елцин и изврши напад од тенкови врз Белата куќа. Според различни извори, бројот на загинати во трагичните настани од 1993 година е некаде меѓу 123 и 157 лица. Потпретседателот Руцкој и раководителите на парламентот беа уапсени, но во февруари 1994 година беа пуштени на слобода во согласност со одлуката за амнестија, која беше донесена за помирување на учесниците во политичкиот конфликт. НОВИ ОВЛАСТУВАЊА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ
Руската политика по својата природа е неконкурентна. Штом се јавува конкуренција, таа има деструктивен карактер. Оттука и елитата и народот бегаат од таквата конкуренција и бараат единствен лидер што е во состојба да ги обедини сите Валериј Фјодоров,
директор на Серускиот центар за проучување на јавното мислење
Во декември 1993 година на референдум беше донесен новиот устав и беа одржани парламентарни избори. Новиот устав ги прошири овластувањата на претседателот - оттогаш повеќе не беше можно да се именува кој било од високите официјални лица без негово одобрение, а неговите укази (уредби) добија статус на закон. Парламентот, според новиот устав, стана дводомен. Долниот дом, Државната дума, се избира според партиски листи и по окрузи. Горниот дом, Советот на Федерацијата, го сочинуваат претставници на регионите. Освен Конгресот на народни депутати и Врховниот совет, кој ја вршеше функцијата на парламент меѓу заседанијата на Конгресот, во октомври 1993 година престанаа да постојат и другите совети на сите нивоа, од регионални до селски. На изборите за Државната дума на Руската Федерација (РФ) во 1993 година, цензусот
РУСКА РЕЧ
|5
ИТАР-ТАСС
ИСТОРИЈА
Според различни извори, бројот на загинати во трагичните настани од 1993 година е меѓу 123 и 157 лица
од пет отсто го минаа Комунистичката партија на РФ на чело со Генадиј Зјуганов, кој се позиционираше како обновена КПСС, и Либерално-демократската парија на Владимир Жириновски, основана во 1992 година. Оттогаш тие се постојано во Државната дума, иако никогаш не биле мнозинство. ПАРЛАМЕНТАРНАТА РЕПУБЛИКА Е (НЕ)ПРИРОДНА Настаните од есента 1993 година го зацврстија влијанието на извршната власт над другите и оневозможија во Русија да се Во декември 1993 година на референдум беше донесен новиот устав и беа одржани парламентарни избори. Новиот устав ги прошири овластувањата на претседателот - оттогаш повеќе не беше можно да се именува кој било од високите официјални лица без негово одобрение, а неговите укази добија статус на закон.
изгради парламентарна република. Еден од авторите на Уставот на РФ од 1993 година и потпретседател на фондот „Индем“, Михаил Краснов, истакнува дека тогаш тоа било оправдано: „Парламентот не требаше да го спречува претседателот Елцин во спроведувањето на реформите“. Но, денес тој устав од „преодниот период“, според Краснов, мора да се измени: „Претседателот треба да ја задржи улогата на стабилизатор, а владата мора да го спроведува курсот што го определува парламентот и да му поднесува извештај на парламентот.“ Постојат и поинакви мислења. За Русија парламентарната република не е природна, а она што е природно е силна претседателска или монархиска власт, смета директорот на Серускиот центар за проучување на јавното мислење (ВЦИОН), Валериј Фјодоров: „Руската политика по својата природа е неконкурентна. Штом се јавува конкуренција, таа има деструктивен карактер. Оттука и елитата и народот бегаат од таквата конкуренција и бараат единствен лидер што е во состојба да ги обедини сите.“
На 4 октомври 1993 година во Москва влезе војската лојална на Елцин и со тенкови ја гаѓаше Белата куќа, седиштето на парламентот. Во инцидентите настрадаа над 120 лица, а потпретседателот на Русија и лидерите на парламентот беа уапсени. Белата куќа денес е седиште на Владата на Руската Федерација
6|
РУСКА РЕЧ
ОПШТЕСТВО
ЕКСПЕРИМЕНТ - ВРАЌАЊЕ ВО СРЕДНОВЕКОВИЕТО
Зима од деветтиот век Во Подмосковје почна необичен и опсежен експеримент што го спроведуваат љубителите на историските реконструкции: 24-годишно момче треба да се откаже од сите современи достигнувања и половина година да живее како во средниот век, без Интернет, без струја и без облеката од ова наше време. Целта на експериментот е да се утврди како функционираат во практика добро познатите средновековни орудија и што се случува со човекот што на определено време доброволно се изолирал од преостанатиот свет и заминал „во минатото“ Дмитриј Виноградов, РИА Новости
Ден пред почетокот на експериментот Павел ги трга современите работи што во следната половина година нема да ги користи. Ги пакува ајпадот и ајфонот, селотејпот и кибритот... Наместо сите овие работи, Павел со себе „во минатото“ ќе ги земе средновековните алатки: кремен и огнило со кои ќе пали оган, тока, чешел со кој, како што тврди Павел, можат да се исчешлаат вошки, точило, старински ножици со пружина, парче восок со кое ќе го подмачкува конецот (оти така при шиењето подобро минува низ кожата) и „секирата како најважна алатка“. „Со секирата може да се направи сѐ што треба, а ако не можете, секирата ќе ви послужи со неа да ги направите сите неопходни алатки“, објаснува Павел. ЖИВОТ БЕЗ ПЧЕНКА, КОМПИР И ДОМАТ „Многу предмети не се менувале со векови“, вели Павел, восхитувајќи ѝ се на секирата. „Нашите предци пронашле оптимална форма“. Сите средновековни „уреди“, освен секирата, Павел ги ниже на кожен појас со кој се опашува, оти тогаш сѐ уште не постоеле џебови. Време е да се запали огнот. Павел зема кремен, огнило и стара крпа, која ќе послужи ка-
62.000
долари чини проектот
Необична глетка за околината на Москва: низ дворот трчаат кози и кокошки, а црвенобрадиот селанец во старинска кошула и кожени чизми се обидува да запали оган
ко трат. Би требало да пламне од првата искра. Долго го трие каменот од огнилото, но тратот никако да се запали. Кришум го пали со запалка. Уште денес може така „да се извлече“, но веќе утре нема да ја има запалката. Средновековната куќа, реконструирана според археолошките ископини, се наоѓа на само 45 километри од Москва, покрај прометниот Јарославски автопат. Необична глетка за околината на Москва: низ дворот трчаат кози и кокошки, а црвенобрадиот селанец во старинска кошула и кожни чизми се обидува да запали оган. Тоа е Павел Сапожников, главниот учесник во експериментот. Тој ќе помине половина година сам на новгородскиот имот од 9 век, реконструиран според археолошките ископини, на менито ќе има храна што се јадела пред илјада години, и ќе мора да ја пре-
РУСКА РЕЧ
ОПШТЕСТВО
|7
Блог за животот на Павел Со оглед на тоа дека експериментот е тежок, психофизичката состојба на Павел ќе се следи. Зад оградата на имотот ќе го набљудува личност што ќе го опишува неговиот секојдневен живот, но нема да смее да контактира со Павел. Еднаш месечно ќе биде организиран ден за посета. Тогаш ќе доаѓаат лекар и психолог, кои ќе ја оценуваат психофизичката состојба на Павел, а исто така ќе можат да го посетат и членовите на неговото семејство и роднините. Во меѓувреме, тие ќе можат да се информираат за неговиот живот преку блогот што ќе го пишуваат „набљудувачите на секојдневието на Павел“ од експерименталниот тим. За овој необичен експеримент ќе биде снимен и филм, чиј главен јунак ќе биде самиот Павел Сапожников. Според организаторот, експериментот чини околу 2 милиони рубли (62.000 американски долари).
Павел намерно го „испративме сам во минатото“. Одвојувањето од современите реалии и понирањето во минатото така ќе бидат поефектни. Доколку би имал соговорник, неминовно би се допреле некои современи теми
и клупа прекриена со кожа од животни наместо кревет. На плафонот висат сушена риба и печурки, а во аголот се наоѓа каца со кљуква и со сланина. Во собата се чувствува остар мирис на риба, но организаторите на експериментот велат дека таа треба да стои на топло. Тука е и амбарот полн со различни житарки што им биле познати на Европејците во 9 век. Нема пченка, зашто неа ја донел Колумбо кога ја открил Америка, а тоа се цели 500 години подоцна. Последната собичка во куќата служи како кокошарник и обор за кози. Организаторите на
Алексеј Овчаренко,
организатор на проектот живее руската зима без централно греење. Во центарот на имотот се наоѓа долга куќа со три простории. Во средината е просторијата во која ќе живее Павел. Во неа има мала печка
Сакаме да провериме низа дребулии од секојдневниот живот: колку често мора да се крпат волнените чорапи, колку скии и ножеви се потребни, колку е издржлив покривот со животински кожи, објаснуваат организаторите на проектот експериментот на Сапожников му обезбедиле продукти и живина за определено време. Тој, исто така, може да лови зајаци и лисици во околните шуми, но само со помош на стапица, како во средниот век.
Дмитриј Виноградов / РИА Новости
КАКО ДА ПРЕЖИВЕЕ КОЗАТА БЕЗ МЕШАНА КРМА - Нѐ интересираше како може човек да ги преживее есента и зимата, годишните времиња во кои храната е оскудна, а денот е кус - објаснува иницијаторот на проектот Алексеј Овчаренко. Проектот ќе трае до 22 март, кога според словенскиот календар настапува рамноденицата и започнува новата година. Но, Павел не се плаши од студенилото, туку од „гладот за информации“: животот без книги, без весници и без Интернет. Организаторите на експериментот ќе го следат не само однесувањето на Павел Сапожников туку и состојбата на неговите кожни обув-
ки. Една од задачите е да се провери издржливоста на средновековните обувки. Проектот е поврзан со експерименталната археологија. - Сакаме да провериме низа дребулии од секојдневниот живот: колку често мора да се крпат волнените чорапи, колку скии и ножеви се потребни, колку е издржлив покривот со животински кожи - објаснува иницијаторот на проектот. Во рамките на проектот ќе бидат набљудувани и домашните животни. Кога беа доведени на имотот, козите давале по литар и пол млеко дневно. Сега, кога повеќе не добиваат мешана крма (концентрат) и антибиотици, даваат двојно помалку млеко. - Сакаме да провериме колку ќе се промени количеството на млеко кај козата и големината на кокошкините јајца. Дали козите и кокошките во следната генерација ќе бидат поситни? Како на нив ќе влијае пасењето и отсуството на хемија во исхраната - вели Овчаренко. Експериментот има и социописхолошки аспект. Организаторите сакаат да утврдат како му влијае осаменичкиот живот на човекот. - Павел намерно го „испративме сам во минатото“. Одвојувањето од современите реалии и понирањето во минатото така ќе бидат поефектни. Доколку би имал соговорник, неминовно би се допреле некои современи теми објаснува Овчаренко. ЛОГИЧНО ПРОДОЛЖЕНИЕ НА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА Павел не е факултетски образован. Завршил четири години медицински факултет (потесна специјалност - давање прва помош за време на незгоди и катастрофи), а потоа го напуштил и ѝ се посветил на историска реконструкција, која станала негово занимање. Најблиските го поддржуваат во тоа. Неговата свршеница Ирина му помага да го среди имотот. Вели дека и таа била подготвена да му се придружи, но организаторите на експериментот решиле поинаку. - Тој самиот го избира својот пат. Тука е посигурно отколку во Москва, иако не се согласувам со неговата одлука вака да потроши половина година од својот живот. На крајот на краиштата, човек секогаш може да се образува и да направи кариера - вели мајката на Павел, која исто така се вика Ирина. Таа не се плаши што нејзиниот син „во цутот на младоста“ се осудува себеси на доброволно заробеништво.
8|
РУСКА РЕЧ
ГЕОПОЛИТИКА
Alamy / Legion Media
Зошто Ерменија не сака во ЕУ?
Манастирот „Хор Вирап“ (7 век) во подножјето на библиската планина Арарат Арам Тер-Газарјан, РБК
Како што излегува, краткотрајната „гасна војна“, спогодбите за испорака на руско оружје на Азербејџан и конечниот договор за стапување на Ерменија во Европската Унија и во НАТО - сето тоа беше само вовед во засилувањето на билатералните односи меѓу Русија и Ерменија. Станува збор за тоа дека двете држави се потребни една на друга. Русија на Ерменија ѝ гарантира заштита од агресија, а Ерменија ѝ овозможува на Русија да ги зацврсти своите позиции во Западна Азија. Сепак, во Европа и понатаму се слушаат изјавите дека членството на Ерменија во Царинската унија нема да биде пречка за нејзиното политичко и економско зближување со Европската Унија. Сега веќе е невозможно потпишување спогодба за асоцијативно членство со ЕУ, но и покрај тоа Брисел инсистира на зближување со Ереван. Кои се причините за зближувањето на Москва и Ереван? СЕЛЕКТИВНА ТРПЕЛИВОСТ НА БРИСЕЛ Волку трпелив став кон кавкаската република е сосема спротивен од тонот со кој Европската Унија разговара со Украина, на која ѝ е оставено да избере или едно или друго: Русија
Ерменија се откажа од влегувањето во ЕУ и ја избра Царинската унија со Русија, Казахстан и со Белорусија. По повеќе од една година преговори меѓу Ереван и Брисел, ваквиот пресврт за многумина беше неочекуван, но експертите нагласуваат дека Ерменија едноставно внимателно ја избрала подобрата и побезбедна понуда или Запад. Експертите сметаат дека причината се крие во подобро осмислената политика на раководството на Ерменија. Имено, тоа во претходните години се воздржуваше од недвосмислено изјаснување „за“ или „против“ Европската Унија. Згора на тоа, официјален Ере-
ван во локалните медиуми организираше голема пропагандна кампања во прилог на соработката со Брисел, но, притоа, направи сѐ за да не ги расипе односите со Кремљ. Ерменија доследно водеше преговори и со Европската Унија и со Русија, очекувајќи од двете страни да понудат конечни услови за соработка. За Ереван најважно е прашањето за безбедноста на земјата, зашто Ерменија е притисната помеѓу Турција и Азербејџан, двете земји настроени непријателски, кои отворено му се закануваат на нејзиното постоење, така што Брисел и Москва мораа да понудат гаранции во тој поглед. Европската Унија не ѝ понуди на Ерменија гаранции дека ќе биде сочувана нејзината територијална целосност, така што изборот падна на Москва. Меѓу Русија и Ерменија веќе постои спогодба за заштита на границата, која важи до 2044 година. КЛУЧОТ ЗА КАВКАЗОТ Европската Унија, меѓутоа, и понатаму покажува интерес за Ерменија, и тој е нешто поинаков од интересот за Грузија или за Украина. Ерменија и за европските земји, и за Русија е клучот со кој може да се зацврсти влијанието во целиот кавкаски регион. Прво, нејзината географска положба е пречка за обединување на Турција и Азербејџан. Второ, доколку
РУСКА РЕЧ
ОД МОСКВА ДО ТЕХЕРАН Од друга страна, за Русија сојузот со Ереван претставува гаранција за присуство во целиот кавкаски регион и во Западна Азија. - Одлуката на претседателот на Ерменија, Серж Саркисјан, за придружување кон Царинската унија на Русија, Белорусија и Казахстан може да се протолкува како отстапка, како уцена, или како сакате. Но факт е дека Ерменија навистина имаше што да избира меѓу Русија и Европската Унија, со тоа што ставот на Ереван суштински се разликуваше од ставот на Украина, која најпрво се определи, а потоа почна да се пазари. Природно е што Европејците, гледајќи ја таквата избрзаност на украинските политича-
Украина прво се определи за ЕУ, а потоа почна да се ценка. Оттука и строгите услови
|9
сили. Обете земји веќе им дадоа до знаење на скептиците дека отсуството на заеднички граници не е препрека, туку дополнителен стимуланс за осмислување и продлабочување на соработката. Земјите сметаат на тоа дека ќе биде обновен железничкиот сообраќај преку Абхазија и Грузија. Компанијата „Руски железници“ преку Јужнокавкаската железничка пруга фактички управува со пругите на Ерменија и веќе изрази подготвеност во нив да инвестира голема сума пари. Во меѓувреме Русија продолжува да се договара со Грузија и со Абхазија за повторно воспоставување на железничкиот сообраќај на линијата Москва-Сухуми-Тбилиси, а тоа значи и со Ереван и со Иран. Новото грузиско раководство би требало да биде заинтересирано за можноста Грузија да стане транзитна територија помеѓу Русија и Иран, со оглед на фактот дека веќе успешно се реализира проектот за изградба на железничка пруга Ерменија-Иран. Така, стапувањето на Ерменија во Царинската унија ќе ѝ овозможи на Русија уште подобро да се зацврсти во регионот и да го добие најкусиот копнен коридор кон Персискиот залив. Москва во повеќе наврати се увери дека раководството на Ерменија не ги менува своите одлуки, така што може да се потпре на зборот добиен од владата во Ереван.
Ерменија изминативе години се воздржуваше од недвосмислено изјаснување за или против ЕУ ри, му поставија на Киев стриктни услови, што влијаеше негативно на односите со Русија. Ерменија, меѓутоа, ја донесе својата одлука врз основа на понудените услови за соработка - ја коментира ситуацијата Владимир Жарихин, змаеник-претседател на Институтот за проучување на Заедницата на независни држави. Според него, Ереван ги разгледа условите што ги предлага Русија, меѓу другото и проблемите што можат да настанат во случај на нејзино асоцијативно членство во Европската Унија, и врз основа на тоа се определи. - Кремљ, секако, покажа вознемиреност кога се дозна за преговорите меѓу Ереван и Брисел. Патем, вознемиреноста на Русија често се третира како уценување. Таков беше, на пример, случајот со Украина. Но, Русија не уценува, туку само им објаснува на другите земји какви односи ќе бидат воспоставени по донесувањето конечна одлука, зашто Москва едноставно не може поинаку да постапува. Ерменија го сфаќа тоа - смета Жарихин. Односите меѓу Москва и Ереван и онака беа блиски, а Царинската унија уште повеќе ќе ги за-
ЖИВОТ БЕЗ БЛОКАДА
РИА Новости
Брисел во Ереван има „послушно раководство“, како што беше она на Михаил Саакашвили во Грузија кон крајот на претходната деценија, тој во своите раце би имал моќен инструмент за влијание на САД преку Анкара, со која Вашингтон е во сојуз. И трето, Русија во тој случај би била сосема отсечена од блискоисточниот регион.
ГЕОПОЛИТИКА
За Ерменија стапувањето во Царинската унија би можело да биде чекор кон решавањето на главниот проблем што ја мачи оваа земја веќе дваесет и три години. Станува збор за укинување на блокадата. Земјата не можеше нормално да се развива токму поради тоа што е отсечена од Русија, а нема копнена сообраќајница кон Европа. Поради прекинот на врските со надворешниот свет, Ерменија во последниве години практично остана без својата научна школа, која беше сметана за една од најсилните во Советскиот Сојуз. Дојде до застој и во хемиската и во електронската индустрија, во металургијата и во машиноградбата, затворени се наоѓалиштата на важни ретки земни метали. Ако Ереван ѝ помогне на Москва во убедувањето на Тбилиси да го пушти железничкиот сообраќај, тогаш тоа ќе биде вистински подарок за ерменската влада, која во последниве неколку „посткризни“ години со големи напори ја спасува економијата на земјата од целосен крах. За разлика од Русија, ЕУ не ѝ даде на Ерменија гаранција за територијалната целост: средба на претседателите на Ерменија и на Русија, Серж Саркисјан и Владимир Путин
10 |
РУСКА РЕЧ
НАУКА И ТЕХНОЛОГОИЈА
ИДЕИТЕ НА ОСНОВАЧОТ НА ТЕОРИСКАТА КОСМОНАУТИКА
Пет визии на Циолковски Екатерина Туришева
ДИРИЖАБЛ НА РАСКЛОПУВАЊЕ И ЛЕТАЛО ВО ОБЛИК НА ПТИЦА Еден од првите проекти на младиот самоук пронаоѓач, иако не бил реализиран, привлекол внимание кај голем број научници. Станува збор за неговата сопствена кон-
Земјата е колепка на човештвото, но не може засекогаш да се остане во колепка Константин Циолковски, научник
струкција на дирижабл. Проектот бил специфичен по материјалот со кој требало да се обложи леталото. Циолковски предвидел тоа да биде метал (наместо гумирана ткаенина), со што би се овозможило избегнување на опасни хемиски реакции и би го изменило обликот на леталото во толкава мера што тоа би можело да се склопува и да се расклопува. Благодарение на пресметките и на експери-
ЛЕТ НА РЕАКТИВЕН ПОГОН Циолковски станал познат низ целиот свет по идејата поврзана за летовите во космосот. Во текстот „Слободен простор“, напишан во 1883 година во вид на дневник, нараторот е човек што се наоѓа во простор каде што не постои силата на отпорот и Земјината тежа. Во овој труд за првпат се изведува заклучок дека реактивното движење е единственото можно движење во космичкиот простор. Во еден подоцнежен труд, „Истражување на космичките пространства со помош на реактивен уред“, овој заклучок е образложен со законите на механиката. Во
Ви претставуваме пет идеи на Константин Циолковски, кои биле многу пред своето време. Некои визии на основачот на научната астронаутика и филозоф, кој верувал во вселенската и „енергетската“ иднина на човештвото, веќе станаа реалност, додека другите сѐ уште го чекаат својот момент
NASA
Во септември се навршија 156 години од раѓањето на Константин Циолковски, основоположник на теориската космонаутика. Циолковски во детството прележал шарлах и речиси сосема го изгубил слухот, поради што не можел да оди на училиште. Благодарение на образованието што го стекнал самостојно, на флексибилниот ум и на оригиналниот начин на размислување, доаѓал до идеи што изгледале како фантастика во негово време. Ви ги претставуваме петте најинтересни идеи на овој научник, кои биле многу пред своето време. Некои од нив веќе станаа реалност, додека другите сè уште го чекаат своето време.
ментите, научникот дошол до заклучок дека само летало од метал може да биде удобно, безбедно, но и исплатливо. Работејќи во тој правец Циолковски конструирал летало слично на авионот, и тоа неколку децении пред појавата на првите авиони. Тоа бил еднокрилец од чист метал со дебело свиткано крило. Циолковски го нарекол „птицовидно (авијатичко) летало“.
РУСКА РЕЧ
НАУКА И ТЕХНОЛОГОИЈА
| 11
Циолковски и „Смерч“ Една идеја на Циолковски нашла примена во развојот на модерното оружје. Станува збор за лансирањето ракети под елевациски агол помал од 90 степени. Таа не била погодна за лансирање вселенски бродови, но затоа сега се користи во системите за плотунски оган, какви што се „Каќуша“, „Град“ и „Смерч“.
Константин Циолковски е руски и советски научник, филозоф и литерат, основач на астронаутиката и еден од припадниците на филозофскиот правец наречен „руски космизам“. Неговите трудови од астронаутиката пресудно влијаеле на Сергеј Корољов и на советската вселенска програма, додека во книгата „Волјата на вселената: непознати разумни сили“ тој го застапува своето филозофско учење како панпсихизам. Верувал во космичката иднина на човекот и во усовршување на човековата раса по пат на населување на Млечниот Пат. Една од неговите најпознати изјави е: „Земјата е колепка на човештвото, но не може засекогаш да се остане во колепка“. него Циолковски докажува дека ракета може да лета во космосот.
та за престој во вселената туку и почеток на ерата на интерпланетарниот сообраќај.
„РАКЕТНИ ВОЗОВИ“
КОСМИЧКИ ЛИФТ
Со терминот „ракетен воз“ научникот го нарекувал прототипот на повеќестепените ракети. Тоа се ракети од неколку делови, кои земаат залет на Земјата, потоа летаат низ воздухот и излегуваат во космичкиот простор. Кога на еден степен на ракетата ќе му снема гориво, замислено е тој да се откачи и да падне на Земјата. Според пресметките на Циолковски, секоја ракета би требала да биде со должина од 30 метри и со пречник од три метри. Замислата на Циолковски била „возот“ да не биде само исполнување на човековата меч-
За Циолковски ракетите не биле единствниот начин да се излезе во отворен космос. Тој осмислил и конструкција со чија помош товарот и без ракета би можел да биде доставен во космичкиот простор. Теоретски, за ваквата конструкција би требало да се користи јаже затегнато од космичкиот апарат до површината на земјата. Доколку неговата идеја би можела да се реализира, би се заштедиле огромни пари и би се решил проблемот на еколошката штета што ја нанесува секое лансирање на ракета.
Циолковски бил уверен застапник на човековото освојување на вселената. Идеите за патување низ космосот во неговата претстава за иднината биле нераскинливо поврзани со теориите за усовршување на човештвото, кое најпрво треба да достигне определена хармонија на Земјата, а потоа да почне со освојување на другите планети, создавајќи уште посовршени ограноци на човековиот род. Прочуениот научник посветувал особено внимание на медицинско-биолошките проблеми за време на долготрајните интерпланетарни летови. Тој прв предложил користење костими што ќе го штитат човекот од влијанието на надворешните фактори. Тоа бил прототипот на денешниот скафандер. Во научнофантастичната приказна „Надвор од Земјата“, Циолковски ја образложил идејата за космички населби, предлагајќи проект на конструкција што се движи околу својата оска и создава вештачка гравитација. Тука, според неговата визија, би можеле да се организираат индустриско и земјоделско производство и развој на цели градови. Денес оваа идеја е отелотворена во проектот на космички населби со тороиден облик, на чиј развој работат научници од Универзитетот во Станфорд.
РИА Новости
Константин Едуардович Циолковски (1857-1935 г.)
Vostock foto
ЧОВЕК ВО ВСЕЛЕНАТА
Цртеж на првиот вселенски брод на Константин Циолковски. Од ракописот „Слободен простор“(„Свободное пространство“, 1883 г.). Во овој текст првпат се изведува заклучок дека реактивното движење е единственото можно движење во космосот
12 |
РУСКА РЕЧ
ВОЈСКА
РУСКИ САЕМ ЗА ОРУЖЈЕ 2013
Пет најатрактивни новитети
На изложбата на вооружување, воена техника и муниција Руски саем за оружје 2013 (Russia Arms Expo 2013), која беше одржана во Нижеб Тагил од 25 до 28 септември, беа презентирани цела низа уникатни возила од руско производство. Ви ги претставуваме петте најатрактивни новитети што ги восхитија посетителите
Сергеј Птичкин
Борбено возило за поддршка на тенкови „Терминатор-2“
„Росијскаја газета“
БМПТ-72
Првпат на изложбата, Руски саем за оружје 2013 (Russia Arms Expo 2013) беше прикажан БМПТ-72, нова верзија на борбеното возило за поддршка на тенкови, направено врз база на прочуениот тенк Т-72. Возилото поседува ураганска огнена моќ и во уличните борби може да ги штити тенковите од минофрлачи, а освен тоа може да решава и самостојни задачи во рамките на моторизираните единици. Основните карактеристики според кои БМПТ-72 се разликува од претходниот модел со назив „Терминатор“ е усовршениот систем за гаѓање, заштитата на лансерот за наведување ракети од шрапнели и од куршуми од стрелечко оружје и намалениот број членови на екипажот (од пет на три лица) со неизменета ефикасност во управувањето. Борбената маса на возилото е намалена од 48 на 44 тони, но нивото на заштита остана исто. „Терминатор-2“ ќе биде особено интересен за земјите што во својот арсенал ги поседуваат старите и мошне доверливи тенкови Т-72, зашто новите технологии им овозможуваат брзо и со минимални вложувања максимално да ја модернизираат армијата, практично без набавка на нова техника.
Проектот под називот „АТОМ“ е една од најголемите сензации на изложбата Руски саем за оружје 2013. „АТОМ“ е тешко борбено оклопно возило, кое заедно го конструираа француските и руските експерти. Возилото е тешко 30 тони, има четири оски и 57-милиметарски топ, кој гаѓа цели и дење и ноќе, и од место и во движење. Брзината на гаѓањето е 140 проектили во минута, а дострелот му е шест километри. И покрај својата голема тежина, возилото може да плови и да носи осум војници со полна опрема. Добро е заштитено од куршуми од голем калибар и од нагазни мини. Според зборовите на конструкторот, заштитата може да се зголемува или да се намалува со истовремено варирање на огнената моќ.
„Росијскаја газета“
„АТОМ“ - тешко борбено оклопно возило на тркала
РУСКА РЕЧ
ВОЈСКА
| 13
Специјален роботизиран противпожарен систем СПМ
„Росијскаја газета“
СПМ е противпожарно возило на гасеници, заштитено со цврст оклоп. Во конструкцијата се користени елементи од тенковите Т-72 и Т-80. Возилото може да има екипаж од три лица или да се користи како робот на далечинско управување. Никаде во светот не се произведуваат вакви моќни возила на далечинско управување, кои можат да се борат против огнените стихии во најекстремни услови. Ваквите роботи-пожарникари се крајно неопходни во вонредни услови. СПМ е наменет за гаснење пожари во најопасни услови: во арсенали каде што дошло до експлозија на муниција, во жаришта на големи пожари, на сондажни дупки за нафта и гас, а, исто така, и на места каде што можат да бидат присутни отровни супстанции опасни по човечкиот организам.
Самоодечки противтенковски топ 2С25 „Спрут“
„Росијскаја газета“
Во Советскиот Сојуз се произведуваше пловниот тенк ПТ-76, кој беше распространет низ светот. Тогаш никој друг не правеше пловни тенкови. Сега ПТ-76 е веќе сосема застарен, а 2С25 „Спрут“ претставува нова генерација руски пловни тенкови. „Спрут“ може да плови со брзина од девет километри на час, а на копно се движи со 70 километри на час. Наменет е за користење во десантните падобрански единици и во поморската пешадија, има три члена на екипажот, лесен оклоп и моќен 125-милиметарски топ. За време на десант од воздух, безбедноста на екипажот е гарантирана.
„Росијскаја газета“
Систем за активна заштита на тенкови „Арена-Е“
„Арена-Е“ е систем конструиран специјално за извоз. Русија прва создаде заштита што овозможува гарантирано уништување на кумулативни гранати и на наведени реактивни проектили пред тие да стасаат до тенкот. Новата „Арена-Е“ има сосема нов изглед: системот за заштита е сместен бочно од радарот, а не над него, како што беше претходно. Според претставникот на Коломенското машинско конструкторско биро, во кое е конструиран овој систем, тој според карактеристиките во моментов е најдобар во светот.
14 |
РУСКА РЕЧ
КУЛТУРА
Убавина и тага - руските Есента е најубавото годишно време во Русија, кога небото и воздухот се проѕирни и кога ветрот со дрвјата носи многу разнобојни лисја. Но кај великаните на руската книжевност есента предизвикувала измешани чувства. Читањето на нивните есенски мисли, често скриени меѓу преостанатите делови на големите романи, претставува уште еден начин да се проникне во длабочината на руската душа Аџај Камалакаран
Обележје на руската есен се жолтата и златна боја на лисјата, токму како во ремекделото „Златна есен“ на Исак Левитан. Уметниците биле особено инспирирани од бојата на ова годишно време, но покрај прекрасниот колорит, есента се карактеризира и со берби, непредвидливи временски услови и со традиционалното собирање печурки и боровинки. Сето ова кај најголемите писатели на Русија предизвикувало измешани чувства. За некои од нив есента била темна доба, често симбол на минливоста на животот. Ова годишно време кај Фјодор Михајлович Достоевски предизвикувало носталгија и сеќавање на детството, но и одредена доза на тешкотија, која произлегува од фактот за минливоста. Во поголемиот дел од своите дела писателот ова чувство го искажува преку зборовите на своите книжевни ликови. Во „Бедни луѓе“, првиот роман на Достоевски, напишан во форма на преписка, Варвара Доброселова пишува: „Боже, колку ја сакав есента на село! Бев уште дете, но и тогаш многу чувствував. Есенската вечер многу повеќе ја сакав од утрото. Се сеќавам, веднаш до нашата куќа, под ридот, имаше езеро. Тоа езеро - како сега да го гледам - тоа езеро е толку широко, светло, чисто, чисто како кристал“. Во писмото до Макар Девушкин таа продолжува живо да го опишува ова годишно време на село и „злат-
ната доба“ на своето детство. Доброселова продолжува: „Еве, се расплакав како дете занесена од своите спомени. Толку живо, толку живо се сетив на сѐ, толку јасно ми излезе пред очи сето минато - а сегашноста е толку матна, толку мрачна!... Како ќе се заврши сето ова, како?... Знаете ли дека некако сум убедена, некако сум уверена дека ќе умрам есенва. Јас сум многу, многу болна“. Во своите следни дела Достоевски и понатаму ја користи метафората на есента: „Ќе избледи твојот фантастичен
„[...] Беше она невообичаено есенско време, на кое луѓето секогаш му се восхитуваат, она време кога ниското сонце грее посилно отколку напролет, кога сѐ блеска во реткиот, чист воздух, така што ги засенува очите, [...] кога во тие темни, топли ноќи од небото паѓаат златни ѕвезди, кои непрестајно го плашат и го радуваат човека“. ЛАВ ТОЛСТОЈ, „ВОЈНА И МИР“
РУСКА РЕЧ
КУЛТУРА
| 15
писатели за есента „Ќе избледи твојот фантастичен свет и ќе исчезне, ќе овенат твоите сништа и ќе се расфрлат како жолти лисја од дрвјата“. ФЈОДОР ДОСТОЕВСКИ, „БЕЛИ НОЌИ“ крепнуваат, вдишувајќи го есенскиот миризлив воздух, кога ноќите се дури и топли и кога во тие темни, топли ноќи од небото паѓаат златни ѕвезди, кои непрестајно го плашат и го радуваат човека“. Во своите „Сеќавања“, Максим Горки расказите на Чехов ги споредува со доцна есен. „Што се однесува на расказите на Антон Павлович, читателот се чувствува како да е во некој меланхоличен ден од крајот на есента, кога воздухот е проѕирен и во него јасно се оцртуваат контурите на голите дрвја, на тесните куќи и на сивкавите луѓе“, пишува Горки. Нема сомнеж дека Горки, кој го критикува Чехов, не ја сакал есента. „Сето тоа е така чудно - самотно, неподвижно, немоќно. Хоризонтот е син и напуштен, се претопува во бледникавото небо, и неговиот здив е застрашувачки ладен над земјата прекриена со замрзната кал. Умот на писателот, како есенско сонце, јасно ги осветлува монотоните патишта, кривите улици, малите валкани куќи, кои ситните и несреќни луѓе, притиснати од здодевност и мрзеливост, ги исполнуваат со бесмислено, поспано раздвижување“. Ако некој од великаните на руската книжевност страсно ја сакал есента, тоа бил Александар Сергеевич Пушкин, чии стихови се блиски на срцето на авторот на овие редови:
свет и ќе исчезне, ќе овенат твоите сништа и ќе се расфрлат како жолти лисја од дрвјата“, пишува тој во „Бели ноќи“. „Како што на сликарот му е неопходна светлина за на сликата да ги повлече последните потези со четкичката, така и мене ми е потребна внатрешна светлина, а чувствувам дека ја нема доволно во есенските дни“ - ова е цитат од Лав Толстој и многумина со него го објаснувале недостатокот од инспирација кај писателот во ова годишно време. Сепак, големиот романописец го достигнал
Исак Левитан, „Златна есен“ (1895 г.)
„Не ги сакаат дните на доцната есен Но таа мене ми е мила, читателу мој, Со убавина тивка, блесок лесен Како дете за кое не се грижи никој Ме привлекува таа. Да кажам јасно, Од годишните времиња есента е љубовта моја, Во неа има многу добрина; сосема страсно Јас најдов нешто во неа со мечтата своја“.
врвот на поетското творештво со својот опис на есента во „Војна и мир“. Неговиот приказ на временските услови меѓу Бородинската битка и влезот на Французите во Москва во целост ги маѓепсува читателите: „...За време на целата таа возбудлива и незаборавна недела, беше она невообичаено есенско време на кое луѓето секогаш му се восхитуваат, она време кога ниското сонце грее посилно одошто напролет, кога сѐ блеска во реткиот, чист воздух, така што ги засенува очите, кога градите стануваат снажни и за-
Есента особено силно ги инспирирала овие великани на руската книжевност. Читањето на наведените литературни бисери, често скриени меѓу останатите делови на големите романи, претставува еден начин да се проникне во длабочината на руската душа. Без оглед на тоа какви чувства ова годишно време будело во умовите на прочуените писатели, боите, мирисите, сликите и звуците на есента, всушност, ги побудиле најкреативните и најдескриптивните способности во нив.
ИМПРЕСУМ
16 |
КАЛЕИДОСКОП
Писмата на читателите, колумните и илустрациите означени како „мислење“, како и текстовите од рубриката „погледи“ во овој додаток се избрани за да претстават различни гледишта и не го изразуваат нужно гледиштето на уредникот на проектот „Russia Beyond the Headlines“ или на весникот „Росијскаја газета“. Ве молиме вашите писма и коментари да му ги испраќате на уредникот на urednik@ruskarec.mk
ИГОР ДАНИЛОВИЌ координатор на „Руска реч“ во „Нова Македонија“ МАРЈАН ДЕЛЕВСКИ дизајн САША БЕЛЕВСКА технички уредник © 2013 сите права се задржани од ФГБУ „Росијскаја газета“: АЛЕКСАНДAР ГОРБЕНКО претседател на редакцискиот совет, ПАВЕЛ НЕГОИЦА генерален директор, ВЛАДИСЛАВ ФРОНИН главен уредник. Забрането е копирање, дистрибуција или преземање на содржините од овој додаток, освен за лична употреба, без писмена согласност на „Росијскаја газета“. Ве молиме за дозвола да се обратите на телефон +7 (495) 775 3114 или на и-мејлот urednik@ruskarec.mk. „Russia Beyond the Headlines“ не сноси одговорност за ненарачаните текстови и фотографии. Специјалните додатоци за Русија во светските дневни весници ги уредува и ги издава „Russia Beyond the Headlines“, во организација на „Росијскаја газета“ од Москва. Во моментов додатоци се објавуваат во следниве весници: Le Figaro, Франција • The Daily Telegraph, Велика Британија • Süddeutsche Zeitung, Германија • Еl País, Шпанија • La Repubblica, Италија • Le Soir и European Voice, Белгија • Дума, Бугарија • Политика и Геополитика, Србија • Eleutheros typhos, Грција • The Washington Post, The New York Times и The Wall Street Journal, САД • Navbharat Times и The Economic Times, Индија • Mainichi Shimbun, Јапонија • China Business News, Кина • South China Morning Post, Кина (Хонгконг) • La Nacion, Аргентина • Folha De S. Paulo, Бразил • El Observador, Уругвај • Today, Сингапур • Joongang Ilbo, Јужна Кореја • Sydney Morning Herald и The Age, Австралија • Gulf News, Обединети Арапски Емирати Електронска пошта на редакцијата „Руска реч“: urednik@ruskarec.mk. Повеќе информации на http://ruskarec.mk
Претседателот на Русија, Владимир Путин, и американскиот државен секретар, Џон Кери, се сретнаа на официјалното фотографирање на самитот на Азискотихоокеанската економска соработка, на островот Бали, на 7 октомври 2013 година.
ИСПИТУВАЊЕ НА СИЛИТЕ Украинскиот боксер Виталиј Кличко и рускиот боксер Александар Поветкин во традиционалното испитување на силите за време на мерењето, еден ден пред долгоочекуваната борба на 5 октомври 2013 година.
AFP / East News
ЕВГЕНИЈ АБОВ издавач и директор на RBTH ПАВЕЛ ГОЛУБ главен уредник на додатоците на RBTH ВЈАЧЕСЛАВ ЧАРСКИ извршен уредник за Јужна и за Средна Европа ЕМИЛ НИАМИ превод, лектура, веб, гостин-уредник на додатокот „Руска реч на македонски“ ЈАНЕ ЈОВАНОВ, ТРАЈЧЕ СТОЈАНОВ превод, лектура, веб ЕКАТЕРИНА ТУРИШЕВА, МИХАИЛ ВАШЧЕНКО асистенција, веб НИКОЛА ЛЕЧИЌ, ИРИНА РЕШЕТОВА ко-уредници АНДРЕЈ ЗАЈЦЕВ, НИКОЛАЈ КОРОЉОВ илустрации За огласување во овој додаток, ве молиме да се обратите на ЈУЛИЈА ГОЛИКОВА, директор на одделот за односи со јавност: julia.golikova@rbth.ru.
Михаел Климетиев / РИА Новости
Интернет-страница: ruskarec.mk Еmail: urednik@ruskarec.mk Телефон: +7 (495) 775 3114 Факс: +7 (495) 988 9213 Адреса: ул. Правды 24, д. 2, Москва 125993, Россия.
СРЕДБА ПУТИН - КЕРИ
БЕЗРЕДИЈА ВО МОСКВА
Антон Денисов / РИА Новости
Додатокот „Руска реч“ го финансира, уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва, Русија).
РУСКА РЕЧ
Хаос на улиците во Москва по безредијата во реонот Бурјуљово, на 13 октомври 2013 година. Околу 380 луѓе беа уапсени за време на протестите против доселениците. Безредија имаше и на североистокот на Москва, каде што беа уапсени околу 60 луѓе.