Руска реч Македонија #11

Page 1

Прилогот го уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва), која е целосно одговорна за содржината. Се печати и се дистрибуира во соработка со „Нова Македонија“.

ruskarec.mk

САБОТА - НЕДЕЛА, 16-17 НОЕМВРИ 2013 ГОДИНА

БРОЈ 11

Русија може да се потпре на сириското граѓанско општество

Што се крие зад победата на Путин на листата на „Форбс“?

стр. 6-7

стр. 2-3

Наместо Царинска унија, Евроазиска економска унија стр. 8-9

Москва може само да се сака

PhotoXPress

стр. 4-5

Само на RUSKAREC.MK Повеќе теми на интернет -страницата на „Руска реч“

Спектакуларни прошетки околу Сочи стр. 14-15

„Росијскаја газета“ уредува прилози за Русија во 27 водечки светски весници, вклучувајќи ги и „Њујорк тајмс“, „Дејли телеграф“, „Фигаро“ и „Зидојче цајтунг“


2|

РУСКА РЕЧ

ИНТЕРВЈУ

РИМ ТУРКМАНИ, СИРИСКА ОПОЗИЦИОНЕРКА

Русија може да се потпре на сириското граѓанско општество

Дали Русија по постигнатиот договор со САД ќе го принуди Дамаск на отстапки? Кој се обидува да ја одигра водечката улога во регулирањето на конфликтот, Русија или Америка? Со дописникот на „Руска реч“ разговараше Рим Туркмани, претседателка на сириската граѓанска организација „Мадани (Madany)“ со седиште во Лондон, која е, всушност, претставничка на таканаречената умерена сириска опозиција.

Во ексклузивно интервју за „Руска реч“ претставничката на таканаречената умерена сириска опозиција зборува за руско-американскиот план за сириското хемиско оружје, за тоа дали сирискиот народ доволно се прашува што сака и дали е можно решавање на сириската криза без поддршка на една од страните во конфликтот

Reuters

Мунзер Халум

Сиријци што живеат во Бугарија протестираат против употребата на хемиско оружје во Дамаск


РУСКА РЕЧ

ИНТЕРВЈУ

Што се очекува од конференцијата Женева-2? - На таа конференција нема да има место за волјата на сирискиот народ. Доволно е да се спомене фактот дека Сиријците не можат да изберат страна што ќе учествува на конференцијата. На Сиријците им е одземено правото сами да ја изберат својата иднина, зашто конфликтот е издигнат на меѓународно ниво. Од друга страна, без меѓународен консензус е невозможно да се регулира сириската криза. Ниту една сириска страна во овој момент нема друг избор, освен да ја прифати таа „интернационализација“, и покрај тоа што одлуката ќе биде искроена по мерките на меѓународните, а не на сириските сили.

Женева-2 на меѓународната заедница ќе ѝ овозможи да се сконцентрира на решавањето на сириската криза, а не само да поддржува една страна во судирот. Задачата на Женева2 е сириската криза да се пренасочи од воениот на политички колосек. Тоа ќе му овозможи на граѓанското општество да дојде до израз и да стане главен елемент во обновата на Сирија. ОПОЗИЦИЈАТА НЕМА ЕДИНСТВО Можеби меѓународната заедница не се грижи за интересите на Сирија? Постои ли таква можност и дали се плашите од такво нешто? - Враќањето на стабилноста и на безбедноста во Сирија сега е во интерес на поголемиот број земји, освен на екстремистите на

Историјата, а особено војните во кои е вмешана Америка, покажува какви трајни и разорни конфликти и какви поделби во општеството предизвикуваат воените интервенции

На конференцијата Женева-2 нема да има место за волјата на сирискиот народ. Доволно е да се спомене фактот дека Сиријците не можат да изберат страна што ќе учествува на конференцијата Фотографија од личната архива

На Сиријците им е одземено правото сами да ја изберат својата иднина, зашто конфликтот е издигнат на меѓународно ниво

|3

Рим Туркмани е претседателка на организацијата „Мадани (Madany)“ од Лондон, која се занимава со „развојот на граѓанското општество во Сирија“

кои им одговара крвопролевањето. Можат ли светските сили да се откажат од поддржувањето на една страна во конфликтот и да почнат да се занимаваат со решавање на кризата? - Русија е онаа што отсекогаш го поддржувала режимот, кој и покрај сите проблеми и понатаму е покомпактен од опозицијата. САД ја поддржуваа опозицијата во чии редови нема единство, и тоа е проблем за Вашингтон. Администрацијата на Обама се обиде да ја измени ситуацијата со давање воена помош на умерената опозиција, потоа со закана дека ќе изврши воена интервенција, но на крајот беше принудена да ја прифати руската иницијатива. Сè на сè, американската позиција не се одликува со јасна политичка стратегија и со сфаќање на замрсеноста на сириската реалност. Освен тоа, претседателот на САД, Барак Обама, во ОН зборуваше за „исклучителната“ улога на Америка. - Не е во интерес на меѓународната заедница некој во нејзино име да носи одлуки и да игра улога на светски полицаец. Историјата, а особено војните во кои е вмешана Америка, покажува какви трајни и разорни конфликти и какви поделби во општеството предизвикуваат воените интервенции. Она што како Сиријци сега нè загрижува е следната фаза од американско-руската соработка, односно дали Русија ќе успее да го принуди сирискиот режим на отстапки за поли-

тички да се регулира кризата. Досега сè се сведуваше на уништување на хемиското оружје. Но, овој вид оружје дури од неодамна стана елемент на сирискиот конфликт. Фактот дека режимот соработува по прашањето за уништување на хемиското оружје нема да биде доволна потврда за неговата подготвеност да тргне по патот на политичкото регулирање. УЛОГАТА НА МОСКВА Може ли да се случи официјален Дамаск да направи извесни отстапки во договор со Русија, а без усогласување со САД? - Руско-американскиот консензус овозможува двете земји да се откажат од поддршката на една од страните во конфликтот и да почнат да го поддржуваат регулирањето како такво, односно да ја поддржат коалицијата што треба да се појави на конференцијата Женева-2. На тој начин улогата на Русија ќе стане прифатлива за поголемиот број страни во сирискиот конфликт, а не само за режимот. На кои сили, освен на сириските власти, може да се потпре Русија во процесот на регулирање на кризата? - Русија може да се потпре на сириското граѓанско општество. Присуството на претставник на граѓанското општество на Женева-2 е неопходно за успехот на конференцијата во целост. Токму сириското граѓанско општество е најспособно да го изрази стремежот на сирискиот народ и ставовите на Сиријците без поларизација на мислењата. Учеството на претставник на граѓанското општество во преговорите и во преодниот период е неопходно за успех на овој процес.

Американската позиција не се одликува со јасна политичка стратегија и со сфаќање на замрсеноста на сириската реалност


4|

РУСКА РЕЧ

РУСИЈА И МАКЕДОНИЈА

Москва може само да се сака Емил Ниами

Доколку се подготвувате да заминете во Москва во периодот од октомври до крајот на март, бидете подготвени за временски услови на кои не сте навикнале. Првото нешто што ќе ви недостасува во Москва е сонцето. Градот се наоѓа на рамнина, па кога ќе станете наутро на небото ќе можете да видите само облаци, кои се протегаат до крајот на хоризонтот. Многумина се прашуваат како живеат луѓето на температура од минус дваесет Целзиусови степени. Да, при таква температура навистина е студено, носот веднаш замрзнува, но и ваквото време има своја предност. При многу ниски температури, облаците исчезнуваат и се појавува

сонцето. Во таквите моменти, колку и да ви е ладно на кожата, ви станува топло на душата. Она што нема да го заборавите, а што е поврзано со времето се мај и јуни. Ова се двата најубави месеци во Москва. Наутро се будите во пријатна свежина облеана со сонце, преку ден шетате во лесна облека и се насладувате со сончевите зраци, а навечер... Навечер? Во овој период ноќта го покажува своето лице помеѓу 22 и 23 часот, така што не можеме да зборуваме за некоја особена темнина. КАФЕ, ПЕЧИВА, КОМПИРИ И СЛАТКИ Доколку сте љубители на турско кафе, не очекувајте дека ќе го најдете во онаа форма

во која сте навикнале да го нарачувате или да го подготвувате во Македонија. Русите претпочитаат да пијат чај наутро, а ако навистина сте „запнале“ за кафе, можете да се напиете филтер-кафе со или без млеко. Русите немаат навика да варат кафе, па затоа во кафулињата го нема, а ако сакате да си сварите дома, најдобро е да си донесете неколку кесички од дома, оти она што се продава во супермаркетите ем е поневкусно, ем е многукратно поскапо отколку во Македонија. Уште еден проблем ќе ви биде недостигот од квалитетно овошје и зеленчук. Освен што се премногу скапи, овошјето и зеленчукот, иако изгледаат примамливо, немаат никаков вкус, така што во сè ќе треба да додавате зачин.

Press Photo

Поглед од прозорецот: Москва се вбројува во еден од десетте града во светот во кои ноќниот живот е незаборавен


РУСКА РЕЧ

РУСИЈА И МАКЕДОНИЈА

Москва е мечтата на многумина Македонци. Градот што живее 24 часа, градот кој привлекува со својата историја и со својата култура, градот на споменици и на живи легенди. И сето ова изгледа како во некоја сказна. Но... Секогаш постои едно „но“! Токму за тоа „но“ ви раскажуваме во овој број. Собравме различни искуства на Македонци што во разни периоди биле во Москва, па направивме краток пресек на работите што ќе ви недостигаат во Москва и на оние нешта што секогаш ќе ги помните

КОЛКУ ДОЛГА ТОЛКУ ШИРОКА Ако се подготвувате за прошетка низ Москва, изберете пријатни обувки за долго и напорно шетање. Градот е навистина голем, но прошетките по неговите улички се вистинско уживање. Додека стоите на едно место и гледате кон вашата крајна цел, ќе си помислите дека е тука некаде, зад аголот, но сето тоа е само оптичка измама. Високите згради се чинат многу близу, а всушност се оддалечени час и половина одење пеш. Доколку, пак, сакате да искористите некое превозно средство, на располагање ви стојат познатото московско метро, трамваите, тролејбусите и автобусите. Секако, можете да тргнете и со автомобил, но внимавајте на градскиот метеж. На московските улици можете да останете „заглавени“ на едно место неколку часа. Во рускиот јазик постои и специјален термин за нив - „пробка“, што во превод на македонски значи затка. И не заборавајте, во зимските месеци задолжително облекувајте се во слоеви, оти никогаш не се знае кога може да ви стане топло, а кога може да ви стане премногу ладно. Она што навистина изненадува во овој мегалополис е редот во движењето кај пешаците. И на улица, и во метро, и во подземен премин, пешаците секогаш се движат на десната страна. Ова многу бргу станува навика. Може да ви се случи, по враќањето во Македонија, да не можете да се снајдете по македонските тротоари, трговски центри и секаде каде што има пешаци - едноставно на нерви ќе ви дојде нивното некоординирано движење.

КУЛТУРАТА ЦАРУВА НАСЕКАДЕ Руската престолнина е позната по своите музеи, театри, балети, по црквите и богатото културно и историско наследство. Но, културата во Москва не живее само во институциите. Доколку поминувате покрај некоја поголема метро-станица, ќе можете да слушнете звуци на цели оркестри, кои во живо изведуваат различни дела од класичната музика. На поголемите пешачки зони, како што е на пример улицата Арбат, можете да видите млади луѓе кои рецитираат поезија. И тоа рецитирање не е бесцелно. Младите луѓе како одговор на секоја рецитација истапуваат со некои други стихови, сопствени или од некој друг автор, со што се добива своевиден спектакл. Ова сигурно ќе ви недостасува кога ќе се вратите во Македонија!

КАФУЛИЊА, РЕСТОРАНИ И НОЌЕН ЖИВОТ Доколку сте љубител на кафулињата и рестораните, мораме да ве предупредиме: Москва е многу скапа за разлика од Македонија. Ако сте навикнати на секој час да пиете кафе во некое кафуле, за тоа ќе треба да издвоите поголема сума пари, а таа ќе зависи од местото што сте го избрале. Она што е навистина интересно е што во речиси секое кафуле можете да каснете нешто, а освен тоа нема да се соочите со македонското „сезонско“ мени, така што дури и во најголемиот студ ќе можете да се почестите со традиционалниот руски сладолед. Ноќниот живот во Москва е многу развиен. Во периодот до полноќ работат многу кафулиња, каде можете да си седнете и да си поприкажете со пријателите. Потоа, забавата се преместува во ноќните клубови и во дискотеките. Забавите траат до зори, а Москва се вбројува во еден од десетте града во светот во кои ноќниот живот е незаборавен. Тука секој може да си го најде она што го сака, а помош при изборот ќе ви бидат многубројните бесплатни весници и списанија, кои можат да се најдат речиси на секој чекор. Но, и тука треба да се биде внимателен. Секогаш чувајте ги своите вредни работи на безбедно место и не заборавајте дека за забава во Москва се потребни пари. За урбаното живеење на руската престолнина може да се пишува многу, можат да се дадат разни насоки, препораки, но најважно од сè е кога ќе бидете во неа да се обидете да ја почувствувате, да се обидете да го впиете градот и да почнете да живеете со него, оти и покрај недостатоците, Москва може само да се сака.

Lori / Legion Media

Наспроти ова во Москва можат да се најдат прекрасни печива - слатки или солени, кому како му е желба. Топлите и меки руски пирошки наполнети со зелка, со компир, со ориз или со печурки буквално се топат во уста. Колачите со афион и питите од песочно тесто со разни видови зрнесто овошје имаат прекрасен вкус, на кој ќе се сеќавате кога ќе дојдете дома. Уште едно нешто што ја карактеризира руската кујна е вкусниот компир. Доколку сте навикнале компирот да го варите еден час, за рускиот ќе ви бидат потребни само петнаесетина минути. Откако ќе го сварите, ќе го почувствувате вистинскиот, сладок вкус на компирите.

|5

Млади луѓе покрај Ѕидот на Цој, загинатиот фронтмен на групата Кино, на улицата Стари Арбат, го исполнуваат градот со звуците на рускиот рокенрол


6|

РУСКА РЕЧ

ПОГЛЕДИ

Што се крие зад победата на Путин на листата на „Форбс“? Одлуката на американското уредништво на магазинот „Форбс“ рускиот претседател да се прогласи за највлијателен човек во 2013 година е резултат на цела низа причини Евгениј Шестаков

Тешко е да се каже колку имаат право оние стручњаци што тврдат дека причината за успехот на Владимир Путин е во тоа што рускиот претседател е најсамостојниот светски политичар. Сепак, таа самостојност, која не е поткрепена со реални резултати на меѓународната сцена, не може да донесе дивиденда каква што е првото место на рејтингот на највлијателни луѓе на светот. Првото место за Путин е, пред сѐ, резултат на очигледната слабост на минатогодишниот лидер на листата - американскиот претседател, Барак Обама. Во 2013 година Обама влезе во непријатна ситуација за време на преговорите со Конгресот на САД поврзани со кризата со буџетот и набргу предизвика дебакл на Америка, се најде во замката на не премногу успешните израелско-палестински преговори и не успеа да постигне ништо во врска со смирувањето на сириската криза. Москва, во исто време, го увери сирискиот претседател, Башар ал Асад, да се откаже од хемиското оружје и да го уништи под контрола на Обединетите нации. СЛАБИ ПРОТИВКАНДИДАТИ Своја улога веројатно одигра и фактот што другите кандидати за највлијателен политичар беа заслабнати или се занимаваа со

Првото место за Путин е, пред сѐ, резултат на очигледната слабост на минатогодишниот лидер на листата - американскиот претседател Барак Обама


РУСКА РЕЧ И пребегнатиот соработник на ЦИА, Едвард Сноуден, придонесе Путин да се најде на првото место. Неговите материјали, кои ја потресуваат работата на Националната агенција за безбедност на САД, ги разнишаа темелите на доверба во Америка, вклучувајќи ги и земјите-членки на НАТО. Документите што ги објави Сноуден принудија многу држави и многу меѓународни организации да ги обвинат САД за прислушување и за мешање во приватниот живот на граѓаните. Овој скандал несомнено го заслабна влијанието на Обама во светот и го принуди американскиот претседател јавно да признае дека работата на тајните служби не секогаш соодветствува со американските принципи.

Кремљ смета дека вештачкото скалило на шефови на држави според степенот на влијание на магазинот „Форбс“ им противречи на основните принципи на руската надворешна политика создавање мултиполарен свет

|7

Успехот на Путин на рејтингот на „Форбс“ можеме да го толкуваме не како победа на еден водач над друг туку како позитивна оцена што американското уредништво ѝ ја дало на руската надворешна политика, која се заснова на почитувањето на сувереното право на државите да имаат сопствено мислење за она што се случува во светот

решавање на внатрешните прашања. Германската канцеларка Ангела Меркел, која можеше да му биде силна конкуренција на Путин, изгуби значителен дел од политичката сезона на парламентарните избори. Нејзината партија победи, но излезе дека таа не е во состојба самата да формира влада. Вториот можен кандидат, Си Џинпин, кој стана претседател на Народна Република Кина во 2013 година, голем дел од политичката сезона се занимаваше со преуредување на државната машинерија и се наоѓаше во сенка, без да има никакви надворешнополитички иницијативи. На тој начин првото место за Путин е оправдано на фонот на слабеењето на неговите „противкандидати“. Сепак, Кремљ смета дека вештачкото скалило на шефови на држави според степенот на влијание на магазинот „Форбс“ им противречи на основните принципи на руската надворешна политика - создавање мултиполарен свет. НАДВОРЕШНАТА ПОЛИТИКА НА МОСКВА

Нијаз Карим

Придонесот на Сноуден

ПОГЛЕДИ

Успехот на Путин на рејтингот на „Форбс“ можеме да го толкуваме не како победа на еден водач над друг туку како позитивна оцена што американското уредништво ѝ ја дало на руската надворешна политика, која се заснова на почитувањето на сувереното право на државите да имаат сопствено мислење за она што се случува во светот. На овој фон надворешната и внатрешната политика на рускиот претседател изгледаше подоследна и поконструктивна. Поради тоа американското уредништво на магазинот „Форбс“ го прогласи Владимир Путин за најбеспрекорен кандидат во 2013 година од сите светски претседатели.


8|

РУСКА РЕЧ

ЕКОНОМИЈА

ТРГОВСКО-ЕКОНОМСКА ИНТЕГРАЦИЈА НА РУСИЈА, БЕЛОРУСИЈА И НА КАЗАХСТАН

Наместо Царинска унија, Евроазиска економска унија Русија, Белорусија и Казахстан на самитот во Минск ја потврдија својата намера до 2015 година, врз основа на Царинската унија да формираат Евроазиска економска унија (ЕЕУ). Лидерите сметаат дека на новата алијанса подоцна би можеле да ѝ се приклучат и Турција и Индија, па дури и Сирија. Украина, меѓутоа, според зборовите на рускиот претседател Владимир Путин, тргна по курсот на асоцијациско членство во ЕУ и веќе нема можност да влезе во Царинската унија Николај Сурков

КАЗАХСТАН Е ПРОТИВ БРЗО ПРОШИРУВАЊЕ Тој се изјасни против брзото ширење на Царинската унија. Најпрво треба да се решат проблемите што постојат, па дури потоа да се продлабочува интеграцијата и да се примаат нови членови, смета Назарбаев. На крајот Назарбаев предложи да се разгледа можноста за прием на Турција, па дури и на Сирија во Евроазиската унија. - Секогаш кога одам на Запад ме прашуваат што правиме таму, да не го обновуваме Советскиот Сојуз под параванот на Царинската унија. За повеќе да нема такви разговори, предлагам да ја примиме Турција. Таа е голема земја, и тогаш таквите причини ќе ги снема - рече шефот на Казахстан. Во исто време постави и услов: сите членови на унијата треба да имаат еднакви права, како што беше случајот со Европската Унија. На-

РИА „Новости“

Намерата за создавање на Евроазиска унија беше потврдена на 24 октомври на самитот на шефовите на Русија, Белорусија и на Казахстан. Сите процедури за усогласување меѓу овие држави, кои се неопходни за договорот за унија да стапи во сила, треба да бидат завршени до мај следната година. Ова на самитот во Минск го соопштија лидерите на земјите. Излезе дека постојат големо количество препреки на патот на трансформација на Царин-

ската унија во Евроазиска унија. Ситуацијата статус кво најактивно ја критикуваше претседателот на Казахстан, Нурсултан Назарбаев. Астана засега има многу повеќе штета одошто корист од учеството во Царинската унија, се пожали Назарбаев, зашто се зголемуваат диспропорциите во трговскиот биланс на земјата. И понатаму постојат тешкотии во пласманот на казахстанските производи на пазарите во Русија, не е слободен ниту пристапот на електричната енергија на рускиот пазар, а ограничени се и можностите за нејзин транзит. Царинските про-

писи на Царинската унија би требало да бидат максимално поедноставени и да станат колку што е можно полиберални. Сите овие тешкотии ги наброја претседателот на Казахстан. - Кој нè брка и каде брзаме - со негодување праша казахстанскиот лидер.

Владимир Путин откри дека премиерот на Индија му се обратил со предлог да се разгледа можноста за потпишување договор за зона на слободна трговија за неговата земја со Царинската унија


РУСКА РЕЧ

ЕКОНОМИЈА

|9

„Не“ за Украина

РИА „Новости“

Претседателот на Руската Федерација (РФ), Владимир Путин, на прес-конференцијата по завршувањето на заседанието на Високиот евроазиски економски совет во Минск изјави дека Украина по потпишувањето на спогодбата за асоцијациско членство со ЕУ нема да може да ѝ се приклучи на Царинската унија. - Не, тоа не е можно - одговори шефот на руската држава на новинарското прашање за перспективите за приклучување на Украина кон Царинската унија. Русија нема намера да се меша во процесот на европската интеграција на Украина, истакна рускиот лидер и прецизираше дека Москва „не е ниту ‘за’, ниту ‘против’“. - Тоа воопшто не е наша работа, тоа е суверено право на украинското раководство, кое го сочинуваат претседателот, парламентот и владата - истакна тој. Според Путин, неможноста за приклучување на Украина кон Царинската унија е условено од создавањето зони на слободна трговија меѓу Киев и ЕУ, објави ИТАР-ТАСС. Станува збор за тоа дека Украина ќе биде принудена да го укине поголемиот дел увозни тарифи и да го отвори својот пазар за производите од ЕУ. - Таквото отворање на пазарот за нас е мошне опасно и неприфатливо во сегашната етапа на развој на нашата економија - нагласи рускиот претседател.

зарбаев им предложи на лидерите да се разгледа и можноста за примање на Киргистан и на Таџикистан во Царинската унија. Ова барање се однесува и на Ерменија, која изрази желба да ѝ се приклучи на Царинската унија, прецизираше Назарбаев. Назарбаев, исто така, нагласи дека по создавањето на Евроазиската економска унија во 2015 година ќе престане да постои Евроазиската економска заедница, која се поклопува со Унијата. - Оваа организација нема да ни биде потребна, секако дека треба да ја затвориме - резимираше претседателот на Казахстан. БЕЛОРУСИЈА СЕ ЖАЛИ НА ИСКЛУЧОЦИТЕ Забелешки на функционирањето на Царинската унија изнесе и неговиот белоруски колега, Александар Лукашенко. Посебно незадо-

волство кај шефот на белоруската држава предизвика „купот исклучоци“ во важечките закони на Царинската унија. - Ако сме се договориле, тогаш ајде навистина да создадеме единствена економија и да ги укинеме тие исклучоци. Бројот на исклучоци и ограничувања не само што не е намален туку во определени правци е дури и зголемен - рече Лукашенко. Владимир Путин не полемизираше, ниту ги убедуваше своите колеги од Царинската унија. Само потсети дека за три години од постоењето Царинската унија ја докажа својата ефикасност. Макроекономските показатели на земјите членки на Царинската унија „се сосема прифатливи“ во контекст на забавувањето на темпото на глобалната економија, истакна рускиот лидер. Главниот аргумент во корист на понатамошната интеграција Путин го остави за крај.

Секогаш кога одам на Запад ме прашуваат што правиме таму, да не го обновуваме Советскиот Сојуз под параванот на Царинската унија. За повеќе да нема такви разговори, предлагам да ја примиме Турција. Таа е голема земја, и тогаш таквите причини ќе ги снема Нурсултан Назарбаев Тој соопшти дека премиерот на Индија за време на посетата на Москва во октомври му се обратил со предлог да ја разгледа можноста за потпишување договор за зона за слободна трговија со Царинската унија.


10 |

НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА

РУСКА РЕЧ

НОСАЧ НА РАКЕТИ

Ултратежок месечински старт

Андреј Кисљаков

Работата поврзана со разработката на ултратешкиот носач на ракети предвидува широка соработка со Руската академија на науките (РАН), изјави неодамна раководителот на „Роскосмос“, Олег Остапенко. - Во моментов планираме да го разгледаме ова прашање со научната јавност од овој ресор, потоа проблематиката да ја дадеме на заедничко разгледување со РАН и, врз основа на веќе постојните резултати, да ја избереме оптималната варијанта за решавање на оваа задача - изјави Остапенко. Според мислењето на генералниот директор на корпорацијата „Енергија“, Виталиј Лопота, во разработката на перспективниот тежок

носач не може да се пренебрегне искуството од создавањето на познатиот транспортен космички систем „Енергија“, кој беше создаден во Советскиот Сојуз во средината на осумдесеттите години од минатиот век. Единствениот лет на оваа ракета беше во ноември 1988 година, кога во орбитата во автоматски режим беше лансиран првиот и засега единствен повеќекратен вселенски брод „Буран“. Денес забрзувачот на тврдо Од техничка гледна точка прашањата поврзани со ултратешкиот носач се разгледуваат во руската космичка корпорација „Енергија“, а, исто така, и во космичките центри „Прогрес“ и во „Енергомаш“.

гориво на оваа ракета, блокот А, успешно се користи кај руско-украинската ракета „Зенит3SL“, која работи во системот на комерцијални лансирања „Морски старт“. Но, зошто е воопшто потребно да се создаваат ултратешки носачи? Најсоодветен одговор на ова прашање кон крајот на 2010 година го даде тогашниот заменик-раководител на „Роскосмос“, Виктор Ремишевски. - Главната цел е лансирање во орбитата тешки товари, на пример, за формирање крупни меѓупланетарни летачки модули или орбитални станици. За жал, не постојат други начини за тоа да биде изведено. Според мене, многу поедноставно е да се лансира голем товар одеднаш, одошто многу мали сегменти постепено, и тие да бидат спојувани во


РУСКА РЕЧ

НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА

| 11

ИТАР-ТАСС

Руската вселенска програма за следниве две децении предвидува фундаментални истражувања во далечниот космос и организација на пилотни експедиции на други планети. Меѓу другото, слични амбициозни проекти е невозможно да се реализираат без разработка и без производство на ултратешки средства за лансирање. Затоа, не е чудно што раководството на „Роскосмос“ одделува особено внимание на создавањето носач на ракети што ќе биде способен да лансира на околуземната орбита стотици тони полезен товар

Во ноември 1988 година беше лансиран првиот и единствен советски вселенски брод „Буран“

орбитата - објасни Ремишевски. Руската вселенска програма предвидува поставување на ниската околуземна орбита сопствени пилотни станици по завршувањето на експлоатацијата на МКС и на комплексните истражувања на Месечината, односно на нејзините сѐ уште непроучени поларни делови со создавање на постојани населени бази на тие места. За нови стартови, уште повеќе доколку станува збор за бази на Месечината, ќе биде потребно во ниската околуземна орбита да се лансира конструкција со тежина од 150 до 170 тони, во чиј состав ќе влезе резервоар за гориво, засилувач и вселенски брод со модул за слетување. Имено, според оваа шема работеше американската месечинска програма „Аполон“.

Но, денес нема смисла да се повтори овој експеримент на спуштање на Месечината, зашто таквата шема дава можност за слетување само во екваторијалната област. Во случај на директно слетување достапни се 88 отсто од површината на Месечината. Сега, пак, особен интерес претставуваат поларните зони на природниот сателит на Земјата, каде што, според податоците од последните истражувања, можно е да има мраз. Легендарниот советски конструктор Сергеј Корољов кон средината на шеесеттите години од минатиот век изработи проект за лет кон Месечината со помош на својата ракета Р-7, при што во орбитата би биле изведени три модули 7K-9K-11K со тежина од осум тони секој, а потоа тие да бидат споени. Интересно е што по

многу години конструкцијата што тежи 120 тони, која може слободно да се спореди со „Аполон“, сепак беше изградена на орбитата. Станува збор за советската вселенска станица „Мир“. Станицата беше изградена од компоненти на воениот орбитален комплекс „Алмаз“, кои беа подложени на големи модификации. Неговите пилотни верзии, познати како „Саљут2“, „Саљут-3“ и „Саљут-5“, беа основа за базниот блок, а модулите што беа поврзани со нив имаа многу заеднички работи со транспортниот вселенски брод за снабдување, кој леташе под името „Космос“ со различни индекси. Сите блокови, освен спојниот јазол, беа носени со ракетите „Протон“, кои во орбитата можат да достават не повеќе од 23 тони полезен товар. На тој начин, без оглед на фактот што во седумдесеттите години од минатиот век СССР го изгуби натпреварот за Месечината, Русија има свој проект за поставување габаритни конструкции за експедиции на Месечината во орбитата. Конструкторот Владимир Челомеј, соработник на легендарниот советски конструктор Сергеј Корољов, во шеесеттите години од минатиот век ја експонираше идејата за ултратешката ракета УР-700 со полезен товар од 150 тони (во понатамошните модификации до 250 тони), која би можела да биде направена врз основата на постојниот носач УР-500 (во следните модификации именуван како „Протон“). Сепак, овој проект не беше реализиран.


12 |

РУСКА РЕЧ

КУЛТУРА

АНДРЕЈ РУБЉОВ, ПРВ И НАЈПОЗНАТ РУСКИ ИКОНОПИСЕЦ

Творецот на ликови со Ирина Јазикова, „Нескучни сад“

Може да се каже дека Андреј Рубљов е роден под среќна ѕвезда. Уште за време на својот живот тој станал прочуен, се споменува во летописите и во житијата на светите, кнезовите и манастирите нарачувале тој да им слика икони, работел во Москва, Владимир и во Звенигород. Ниту по смртта не е заборавен - славата на Андреј Рубљов како прв руски иконописец траела со векови. Стоглавиот собор (1551 г.) ги прогласил неговите икони за еталон за сите иконописци. Рубљов бил ценет и од страна на старообредниците, а колекционерите се труделе да купат негови дела, зашто во нивните очи тој бил отелотворување на канонскиот иконопис и на древната побожност. Поради тоа името на иконописецот-подвижник било еталон за црковната уметност дури и во 19 век, кога се чинело дека иконописот е дел од минатото. Во советско време името Андреј Рубљов беше симбол на староруската култура. Со одлука на УНЕСКО во 1960 година беше организирана светска прослава по повод 600-годишнината од раѓањето на Рубљов. Во Москва е отворен музеј на староруската култура „Андреј Рубљов“, а неговите дела, од кои поголемиот дел се чуваат во Третјаковската галерија, привлекоа големо внимание кај научниците.

Роден е во 1360 година. Тешко е попрецизно да се определи датумот на неговото раѓање, додека датумот на неговата смрт е познат, 29 јануари 1430 година. Тоа биле страшни времиња. Татарите буквално жареле и палеле низ Русија: ги уништувале градовите, ги пљачкосувале храмовите и манастирите и земале луѓе во ропство. Покрај тоа, кнезовите непрекинато војувале еден против друг, претендирајќи на титулата велики кнез. Епидемијата на чума ги зафатила Москва и Нижни Новгород во два наврати, во 1363 година и во 1366 година. Во 1365 година Москва била во пламен, во 1368 година се нашла на удар на литванскиот кнез Олгерд, а во 1371 година со неа завладеал глад. Во еден таков хаос растел и бил воспитуван идниот творец на ликовите со небесна хармонија. За жал, немаме никакви податоци ниту за неговите родители, ниту за средината од која потекнува. Сепак, според презимето може да се дојде до некаква трага. Во тоа време презиме имале само луѓето од високиот род. Освен тоа, тоа можеби укажува на наследниот занает со кој се занимавал неговиот татко или некој далечен предок. Презимето Рубљов најверојатно потекнува од рускиот глагол „рубить“ („сече“), или од зборот „рубель“, како што се нарекувала долгата мотика или валјак за обработка на кожа. Не постојат податоци ниту за тоа кога Рубљов почнал да се занимава со иконопис, ниту каде и кај кого го учел занаетот. Не знаеме ништо ниту за неговите први дела. Рубљов првпат се споменува во Летописот од 1405 година, каде што се вели дека по нарачка на великиот кнез Василиј Димитриевич била насликана Благовештенската соборна црква во Московскиот кремљ, и дека била насликана од страна на група иконописци на чие чело биле тројца мајстори:

Во календарот на Руската православна црква има голем број иконописци, но најпрочуен, секако, е Андреј Рубљов. Во Русија ова име најверојатно им е познато на сите, па дури и на оние што не се многу образовани. Рубљов е добро познат и надвор од границите на Русија, особено по филмот на Андреј Тарковски. Но што навистина знаеме за овој голем иконописец?

ЗРНО ПО ЗРНО - ЖИТИЕ За Рубљов се напишани мноштво книги и статии, а неговите дела се изучени до најмалиот детаљ. Но, ако се запрашаме што знаеме за неговиот живот, ќе видиме дека биографските податоци се крајно оскудни, така што неговото житие мора да се составува буквално зрно по зрно.

„Света Троица“, 1425-1427 г. (Третјаковска галерија); „Спасителот со сепобедната сила“, 1408 г. (соборна црква „Успение на Пресвета Богородица“ во градот Владимир); „Рождество Христово“ (Благовештенски храм на Московскиот кремљ); „Апостол Павле“, од дејзис, 1410 г. (Третјаковска галерија)


РУСКА РЕЧ

КУЛТУРА

| 13

небесна хармонија

„Преображение“, прва четвртина на 15 век (Третјаковска галерија); „Вазнесение Господово“, 1408 г. (Третјаковска галерија); „Архангел Михаил“, од дејзис, 1414 г. (Третјаковска галерија); „Спасителот“, 1410 г., од дејзис („Звенигородски“) (Третјаковска галерија)

е изграден во 12 век, но неговите фрески биле уништени во 1238 година, за време на татарско-монголската наезда. Повторно бил насликан по нарачка на великиот кнез Василиј Димитриевич. Кон средината на дваесеттите години од 15 век Рубљов и Чорни раководат со работата во храмот Света Троица во Троицко-Сергиевиот манастир. Фреските не биле сочувани, но до нас стасал иконостасот. За истиот храм преподобниот Андреј ја слика својата прочуена икона „Света Троица“, во кој тринитарниот догмат го добил своето највозвишено сликарско отелотворување. Според Летописот, иконата „Света Троица“ ја нарачал Никон Радонешки „за помен и за пофалба на преподобниот Сергиј“.

Теофан Грк, старецот Прохор од Городец и црноризецот Андреј Рубљов. Фактот дека е споменато името на Рубљов зборува за тоа дека тој уште тогаш бил почитуван мајстор, а тоа што неговото име е трето, значи дека Андреј бил најмлад од споменатите иконописци. Рубљов бил црноризец, односно монах. И името Андреј, по сѐ изгледа, не го добил со раѓањето или крштевањето, туку со замонашувањето. Најверојатно се замонашил во Троицкиот манастир, за време на Никон Радонешки, ученик и наследник на преподобниот Сергиј Радонешки. За тоа постојат и записи во ракопис од 18 век. Со Троицкиот манастир ќе бидат поврзани и многу дела на Рубљов. Потоа живеел во Спасо-Андрониковскиот манастир, кој, исто така, го основал ученик на свети Сергиј, преподобниот Андроник. Во тоа семејство и умрел.

УНИВЕРЗАЛЕН МАЈСТОР

ЕТАЛОН ЗА ЦРКОВНАТА УМЕТНОСТ По вторпат името на Рубљов се споменува во Летописот од 1408 година и е поврзано со сликањето на Успенскиот соборен храм во градот Владимир. Рубљов го сликал храмот заедно со иконописецот Даниил Чорни, за кого се вели дека е негов „пријател и соработник“. Даниил исто така бил монах, можеби Грк или Србин, за што зборува прекарот Чорни (Црн, односно темнокож). Летописецот го споменува Даниил на прво место, што значи дека тој по возраста или по чинот бил постар од Рубљов. Со него ќе биде поврзан сиот понатамошен живот на Рубљов, сѐ до неговата смрт. Успенскиот соборен храм во градот Владимир се сметал за соборен храм на целата Руска црква, така што неговото сликање било одговорна работа. Храмот

„Јован Претеча“, 1408 г. (соборна црква „Успение на Пресвета Богородица“ во градот Владимир)

На Рубљов му се припишуваат и минијатурни книги, на пример листовите и винетите од Хитровото евангелие. Староруските уметници мошне често ги илуминирале книгите. Препишувањето и украсувањето книги било едно на најчестите монашки послушенија. Инаку, книжната култура на древноруските мајстори била мошне висока, а четивата на монасите биле разновидни. Рубљов исто така ѝ бил посветен на книгата, бил многу начитан и многу образован за своето време. Последните години од животот на Рубљов се поврзани за Спасо-Андрониковскиот манастир. За жал, не се сочувани фреските на Спаскиот храм што тој ги сликал. Веќе во 15 век, веднаш по неговата смрт, преподобниот Андреј-иконописецот почнал да се почитува во Троицко-Сергиевскиот и во Спасо-Андрониковскиот манастир, каде што тој бил монах. Руската православна црква го канонизирала Рубљов во 1988 година.


14 |

РУСКА РЕЧ

ПАТУВАЊА

Спектакуларни прошетки околу Сочи Сочи - градот што спектакуларно ги обединува палмите и зимските терени има исто толку спектакуларно опкружување. Запознајте ги Ѓаволската порта, реликтните суптропски шуми, Агурските Водопади и Ѓаволската Крштелница, Орловските карпи и Воронцовските пештери Светлана Синепостолович

Покрај живописниот карпест пејзаж планинската река Хоста пробила величествена клисура, која е долга околу еден и пол километар. Тука се наоѓа и едно мало езеро, кое налето туристите го посетуваат за да се освежат, а во зима за да уживаат во неговата кристално сина боја. Малку понатаму по должината на кањонот се наоѓа водопад висок четири метри. Идеалната слика на мир и спокојство е надополнета со прастарите стебла на тисите и шимширите, со моќните лијани и мовта што ја покрива земјата како мек тепих.

Ахун е највисоката точка во крајбрежниот дел од градот. Оваа планина е сосема покриена со густа шума и од сите страни е опкружена со вода од две реки и од Црно Море. Се наоѓа на надморска височина од 663 метри. Порано љубителите на убавите планински панорами пеш се искачувале на планината, но кога ќе стасале на врвот останувале разочарани, зашто високите дрвја со кои е обрасната планината не им дозволувале да ја видат убавината на овој чудесен предел. Сѐ се изменило кога по наредба на Јосиф Сталин до врвот на Ахун бил изграден крив Влезот во кулата пат со должина од 11 километри, по кој сочини две евра, а ветскиот водач со задоволство шетал. Една гоза деца до десет дина подоцна на врвот била подигната висогодини влезот е ка кула за набљудување од природен камен од бесплатен. околината. Оттогаш се поминати речиси 80 години, а качувањето на врвот на Ахун останува една од најпопуларните екскурзии во Сочи. Кулата за набљудување е отворена за туристите во текот на целата година. Во подножјето на планината угостителските објекти ви нудат да пробате домашно вино, чај од руски самовар со мед или сочен шашлик. Во Сочи, освен градбите од епохата на Сталин, можете да видите и нешто што потекнува од периодот пред ледената доба - реликтна суптропска шума. Овој уникатен споменик на природата, шума од тиси и шимшири, се наоѓа во населбата Хоста. Тука дури и налето, под густите крошни на прастарите дрвја, покриени со мов и обвиени со лилјани, владее специфична зеленкава полутемнина, во која од ниските растенија успева само папратта. Во оваа шума расте тиса, која е висока 30 метри и е стаЦената за разгледување ра над 1.000 години, 400-годишна бука и на паркот по малиот исто толку стара разгранета врба. Низ круг изнесува четири овој „парк од јурата“ можете да прошеевра за возрасни и едно тате по малата или по големата кружна евро за деца, додека по пешачка патека. Малата патека е долга големиот круг цената за 1.800 метри, бетонирана е, со клупи и со возрасни е седум, а за информациски таблички. Големата кружна патека е долга пет километри и се продеца - две евра. тега низ карпестите предели.

На ова место е отворен кафе-бар во кој можете да пробате долма (вид сарма), овчки ребра, месен и рибји шашлик и локални вина. Тука е и руската парна бања со задолжителните свежи гранки од еукалиптус. Тука може и да се преноќи во хотел по пристапна цена. Во клисурата, исто така, постои место што се нарекува Ѓаволска порта. Овој споменик на природата својот застрашувачки назив го добил поради непредвидливото однесување на реката за време на големите врнежи. Кога ќе паднат големи количества дожд, нивото на водата на ова место нараснува за три метра и меѓу карпите останува само тесен расцеп низ кој ита водата. Во овој процеп, како што велат Русите, „ниту ѓаволот не си го пика носот“. Кога времето е убаво, кањонот е мирен и живописен. Тука Навалишченска клисура, можете да уживате покрај езерото, во населба Хоста, Сочи: влез парната бања, во ресторанот на поддве евра. иумот за танц со жива музика. Ако си Кањон Ѓаволска порта, пет донесете свои продукти, тукашните километри од населбата Хосготвачи за скромна сума пари од нив та во Сочи: цена на влезниќе ви направат ручек. Ѓаволската порцата за возрасни е десет евта е, исто така, омилено место за љура, а за деца е шест евра. бителите на пејнтбол од Сочи.

РИА „Новости“

АХУН

Lori / Legion Media

ЃАВОЛСКА ПОРТА


РУСКА РЕЧ

ПАТУВАЊА

| 15

Цената на влезницата е две евра, а за деца до десет години влезот е бесплатен.

Уште еден бисер на Сочи се Орелските карпи. Дрвјата и грмушките растат директно од белите карпи, а на височина од 380 метри се протега величествен поглед на Црно Море и на планината Ахун. Староседелците велат дека порано тука се гнезделе орлите. Со ова место е поврзана и една интересна легенда за старогрчкиот јунак Прометеј. Се смета дека токму на ова место, недалеку од сегашната локација на Сочи, титанот бил закован на карпата зашто им го украл огнот на боговите и им го дал на луѓето. Секој ден до Прометеј долетувал орел, му го колвел црниот дроб и со канџите му ги парал градите. На врвот на карпата се наоѓа статуа на окованиот Прометеј. Откако ќе каснете нешто во локалното кафуле и откако ќе ги надополните резервите со вода, можете да се спуштите кон Агурските Водопади, кои дури и на зима претставуваат незаборавна глетка. На реката Агура се нижат еден по еден три големи водопади. Последниот во низата е составен од две каскади, од 18 и од 12 метри. Висината на средниот водопад е 23 метри, а на првиот во низата е 21 метар. Тука се наоѓа и живописната Ѓаволска Крштелница, езеро во кое на висина од три метри паѓа еден мал водопад.

АХЦА

Цената на влезницата во Пастрмскиот рибник за возрасни изнесува четири евра, за деца од 7 до 14 години - 1,5 евро, а за деца до седум години влезот е бесплатен. Еден килограм риба чини осум евра.

Видиковец - влезот е бесплатен. „Мечкино катче“ - цената на влезницата е две евра, за деца до десет години влезот е бесплатен. Водопад „Момински солзи“ - во зима посетата е бесплатна.

Од видиковецот се отвора величествен поглед на клисурата Ахца. Се зборува дека оваа глетка била инспирација за архитектите што го проектирале Централниот олимписки стадион во Сочи. На пет километри од населбата Кепшу се наоѓа хотелскиот комплекс „Мечкино катче“, познат по минералните извори. Ќе можете да видите пчеларници во кои дури и во најголемата зима патниците ќе можат да се поткрепат со планински мед и да се згреат со голтка лут пијалак. По самиот пат своите гости ги очекуваат бројни кафулиња и ресторани со кавкаски колорит. Уште една локална знаменитост е водопадот „Момински солзи“, кој паѓа од карпите на височина од 13 метри.

Lori / Legion Media

ОРЕЛСКИ КАРПИ

Во близина на градот се наоѓаат Воронцовските пештери, еден од најголемите комплекси на подземни пештери во Русија. Нивната вкупна должина изнесува над 11 километри. Со археолошки ископувања научниците докажаа дека пред 15-20 илјади години во овие пештери живееле праисториски луѓе. А, многу порано на ова место се наоѓал океанот Тетис. Воронцовските пештери денес се состојат од три основни дела, кои меѓусебно се поврзани со тесни тунели. Особено внимание кај посетителите привлекува галеријата со неверојатни димензии под назив „Прометеј“. Долга е 120, а висока 20 метри, на нејзините ѕидови и на сводовите извајани се различни варовни форми, скаменети реки, како и сталактити и сталагмити. Необично убави и хармонични форми природата создала во „Естрадната“ галерија или во „Галеријата со лустери“. Во неа се наоѓа камен подиум, како Овој геолошки споменик се наоѓа на 20 кии „оргули“ од камен, лометри од населбата Хоста. Цената за влезкои при удар созданица за возрасни е 2 евра, а за деца помлади ваат необични звуод 10 години влезот е бесплатен. ци. Во центарот на галеријата виси „лустер“, кој настанал со сложен процес на растворање и на таложење минерали. Обичното возење со автомобил од Адлер до Краснаја Полјана може да се претвори во незаборавна авантура. На само неколку километри од аеродромот се наоѓа Пастрмскиот рибник познат во целиот Краснодарски крај. Тука можете да ловите риба колку што сакате или, пак, да ја купите. Тукашната неверојатно вкусна пастрмка со додаток на различни зачини и сосови ја подготвуваат готвачите во ресторанот „Кањон“, кој се наоѓа недалеку од рибникот. Понатаму патот води по течението на реката Мзимта, најголемата планинска река во регионот.

Lori / Legion Media

Lori / Legion Media

ВОРОНЦОВСКИ ПЕШТЕРИ


ИМПРЕСУМ

16 |

КАЛЕИДОСКОП

Писмата на читателите, колумните и илустрациите означени како „мислење“, како и текстовите од рубриката „погледи“ во овој додаток се избрани за да претстават различни гледишта и не го изразуваат нужно гледиштето на уредникот на проектот „Russia Beyond the Headlines“ или на весникот „Росијскаја газета“. Ве молиме вашите писма и коментари да му ги испраќате на уредникот на urednik@ruskarec.mk

Активистите на „Гринпис“ во својата акција, која ја крена на нозе светската јавност. Уапсените активисти сега се обвинети за хулиганство.

Додатокот „Руска реч“ го финансира, уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва, Русија).

© 2013 сите права се задржани од ФГБУ „Росијскаја газета“: АЛЕКСАНДAР ГОРБЕНКО претседател на редакцискиот совет, ПАВЕЛ НЕГОИЦА генерален директор, ВЛАДИСЛАВ ФРОНИН главен уредник. Забрането е копирање, дистрибуција или преземање на содржините од овој додаток, освен за лична употреба, без писмена согласност на „Росијскаја газета“. Ве молиме за дозвола да се обратите на телефон +7 (495) 775 3114 или на и-мејлот urednik@ruskarec.mk. „Russia Beyond the Headlines“ не сноси одговорност за ненарачаните текстови и фотографии.

Свеќи и цвеќиња за жртвите од терористичкиот напад во рускиот град Волгоград, каде што во патнички автобус терористка -самоубиец активира експлозивна направа, при што загинаа најмалку шест лица, а десетици беа повредени.

Специјалните додатоци за Русија во светските дневни весници ги уредува и ги издава „Russia Beyond the Headlines“, во организација на „Росијскаја газета“ од Москва. Во моментов додатоци се објавуваат во следниве весници: Le Figaro, Франција • The Daily Telegraph, Велика Британија • Süddeutsche Zeitung, Германија • Еl País, Шпанија • La Repubblica, Италија • Le Soir и European Voice, Белгија • Дума, Бугарија • Политика и Геополитика, Србија • Eleutheros typhos, Грција • The Washington Post, The New York Times и The Wall Street Journal, САД • Navbharat Times и The Economic Times, Индија • Mainichi Shimbun, Јапонија • China Business News, Кина • South China Morning Post, Кина (Хонгконг) • La Nacion, Аргентина • Folha De S. Paulo, Бразил • El Observador, Уругвај • Today, Сингапур • Joongang Ilbo, Јужна Кореја • Sydney Morning Herald и The Age, Австралија • Gulf News, Обединети Арапски Емирати

Безредија во населбата Бијуљово на југот од Москва. Безредијата започнаа откако полицијата не успеа во краток рок да го најде убиецот со кавкаско потекло, кој со нож избоде момче од руска националност. АР

Електронска пошта на редакцијата „Руска реч“: urednik@ruskarec.mk. Повеќе информации на http://ruskarec.mk

ИТАР-ТАСС

ИГОР ДАНИЛОВИЌ координатор на „Руска реч“ во „Нова Македонија“ МАРЈАН ДЕЛЕВСКИ дизајн САША БЕЛЕВСКА технички уредник

АР

Интернет-страница: ruskarec.mk Еmail: urednik@ruskarec.mk Телефон: +7 (495) 775 3114 Факс: +7 (495) 988 9213 Адреса: ул. Правды 24, д. 2, Москва 125993, Россия. ЕВГЕНИЈ АБОВ издавач и директор на RBTH ПАВЕЛ ГОЛУБ главен уредник на додатоците на RBTH ВЈАЧЕСЛАВ ЧАРСКИ извршен уредник за Јужна и за Средна Европа ЕМИЛ НИАМИ превод, лектура, веб, гостин-уредник на додатокот „Руска реч на македонски“ ЈАНЕ ЈОВАНОВ, ТРАЈЧЕ СТОЈАНОВ превод, лектура, веб ЕКАТЕРИНА ТУРИШЕВА, МИХАИЛ ВАШЧЕНКО асистенција, веб НИКОЛА ЛЕЧИЌ, ИРИНА РЕШЕТОВА ко-уредници АНДРЕЈ ЗАЈЦЕВ, НИКОЛАЈ КОРОЉОВ илустрации За огласување во овој додаток, ве молиме да се обратите на ЈУЛИЈА ГОЛИКОВА, директор на одделот за односи со јавност: julia.golikova@rbth.ru.

РУСКА РЕЧ


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.