Прилогот го уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва), која е целосно одговорна за содржината. Се печати и се дистрибуира во соработка со „Нова Македонија“.
Европа зборува за Украина, а мисли на Русија стр. 4-5
ruskarec.mk
САБОТА - НЕДЕЛА, 14-15 ДЕКЕМВРИ 2013 ГОДИНА
БРОЈ 12
Виетнам ѝ се приклучува на Царинската унија
Александар Македонски од 21 век
стр. 2-3
стр. 6-7
Советската мода од шеесеттите Getty Images / Fotobank
стр. 12-13
Само на RUSKAREC.MK Повеќе теми на интернет -страницата на „Руска реч“
Сталиновиот Сочи стр. 8-9
„Росијскаја газета“ уредува прилози за Русија во 27 водечки светски весници, вклучувајќи ги и „Њујорк тајмс“, „Дејли телеграф“, „Фигаро“ и „Зидојче цајтунг“
2|
РУСКА РЕЧ
ГЕОПОЛИТИКА
„Росијскаја газета“
Виетнам ѝ се приклучува
Приклучувањето на Виетнам на зоната на слободна трговија ќе ѝ овозможи на Русија до 2020 година да дојде до промет со стока од 10 милијарди долари Рустем Фаљахов, Gazeta.ru
Во 2014 година Виетнам ќе влезе во зоната на слободна трговија со Царинската унија на Русија, Белорусија и Казахстан. Москва и Ханој донесоа конечна одлука за тоа, а договорот ќе биде потпишан наскоро. Подморници од руско производство ќе ги штитат руските и виетнамските инвестиции. Продлабочувањето на интеграциите ќе се одвива во три клучни правци: „мирен атом“, експлоатација на нафта и гас и военоиндустриска соработка
Приклучувањето на Виетнам на зоната на слободна трговија ќе ѝ овозможи на Русија до 2020 година да дојде до промет со стока од 10 милијарди долари. Руската страна пресметала дека минатата година билатералната трговија изнесувала 3,6 милијарди долари. Според податоците на виетнамската влада, прометот во 2012 година не надминал 2,4 милијарди долари, додека прометот меѓу Виетнам и Кина, на пример, изнесувал 13 милијарди долари. Зоната на слободна трговија предвидува укинување на царинските давачки и количинските ограничувања на прометот на стоки и услуги. Притоа, меѓу земјите
РУСКА РЕЧ
ГЕОПОЛИТИКА
|3
на Царинската унија Русија му е потребна на Виетнам како противтежа на Кина Илја Усов што се членки на зоната на слободна трговија се задржуваат царинските граници и секоја од нив може самостојно да го определи режимот на трговија со трети земји. Приклучувањето е планирано за 2014 година, а точниот датум не е познат. Продлабочувањето на интеграциите ќе се одвива во три клучни правци: „мирен атом“, експлоатација на нафта и гас и военоиндустриска соработка. Државната корпорација „Росатом“ веќе ја гради првата виетнамска нуклерана електрична централа во провинцијата Нинтуан. Спогодбата за изградба на нуклеарка беше потпишана во 2010 година. На тендерот учествуваа фабрики од Кина, САД, Јапонија и од Русија. Изборот падна на „Росатом“. Планирано е во 2023-2024 година да бидат пуштени во погон два блока во Нинтиан. Виетнам од Русија доби осум милијарди долари за покривање на трошоците за изградба на нуклеарна електрична централа. Шефот на руската државна корпорација, Сергеј Кириенко, вети дека во Виетнам ќе биде изградена „најсигурната и најмодерната атомска централа“. ТЕЧЕН ПРИРОДЕН ГАС Во април минатата година „Газпром“ потпиша спогодба за поделба на производството со виетнамската државна компанија „Петровиетнам“. Руската фирма добива 49 отсто од гасниот проект на виетнамскиот континентален гребен во Јужното кинеско море. Експлоатацијата на нафта на виетнамскиот континентален гребен ја реализира „Зарубежнефт“, кој е создаден врз основа на заеднички проект меѓу СССР и Социјалистичката Република Виетнам. - Русија нема комерцијална потреба за индустријализација на виетнамските наоѓаРусија го зазема 19 место меѓу 100-те држави што инвестираат во Виетнам. Во оваа земја се регистрирани 92 инвестициски програми со вкупна вредност од 1,9 милијарди долари.
лишта, зашто „Гаспром“ има резерви за над 30 години - вели аналитичарот на банката УБС Константин Черепанов. Од друга страна, Алексеј Кокин од банката Уралсиб смета дека виетнамскиот гас му е потребен на „Газпром“ за да ја засили позицијата на пазарот на течен природен гас - Сега Гаспром има околу два отсто од светскиот пазар на течен природен гас. Компанијата сака да го зголеми своето присуство на овој пазар и да има сопствени резерви во Азиско-тихоокеанскиот регион, кои подоцна ќе ги пласира на пазарите од регионот - вели експертот. Според мислењето на Кокин, „Газпром“ може во Виетнам да изгради рафинерија за течен природен гас. ПОДМОРНИЦИ Освен тоа, Русија и Виетнам потпишаа акт за предавање на Виетнам на првата од шесте дизел-електрични подморници од проектот 636 „Варшавјанка“. Подморниците ќе станат дел од арсеналот на Воената морнарица на Виетнам. Договорот е вреден околу две милијарди долари. Исто така, Виетнам во 2016 и во 2017 година од Руската Федерација ќе добие и два нови патролни брода „Гепард-3.9“. Претходно Виетнам за својата воена морнарица веќе
2
милијарди долари вреди договорот за подморници меѓу Русија и Виетнам купи два „Гепарда“. „Варшавјанка“ до крајот на декември ќе стаса во виетнамското пристаниште Камран, каде што ќе биде создадена база за сервисирање и за ремонт на подморници. - Всушност, станува збор за фактичко враќање на руската флота во Камран по десетгодишна пауза - вели Владимир Колотов, шеф на катедрата за историја на земјите од Далечниот исток на Санктпетербуршкиот државен универзитет. Шесте нарачани подморници и враќањето на руските војници во Камран експертите недвосмислено го поврзуваат со територијалните претензии на Кина на дел од архипелагот Спартли и Парацел во Јужно Кинеско Море. На овие острови на почетокот од де-
ведесеттите години од минатиот век беа пронајдени нафта и гас и оттогаш право на нивно користење имаат Виетнам, Кина, Филипини, Тајван, Малезија, Брунеи, Сингапур и Индонезија. Некои од овие земји на спорните острови веќе ги подигнаа своите национални знамиња. Но, територијалниот судир најмногу се заострува меѓу Виетнам и Кина. Повеќе пати дојде и до вооружени судири. ПРОТИВТЕЖА НА КИНА - На Виетнам Русија му е потребна како противтежа на Кина - смета Илја Усов, виш научен соработник на Рускиот институт за стратегиски истражувања. Освен тоа, базата во Камран ќе ѝ овозможи на Русија мониторинг во стратегиски важните подрачја на Југоисточна Азија, конкретно во Јужно Кинеско Море. - Со купувањето подморници Виетнам обезбедува заштита на руските и на виетнамските инвестиции - додава Колотов. Продажбата на подморници делумно ќе ја поврати нарушената рамнотежа на сила во југоисточна Азија. - Русија, како и Кина, не е заинтересирана за дестабилизација во овој регион, а засилувањето на воената моќ ќе помогне да се изладат вжештените глави во Пекинг - смета Колотов. Според Усов, стапувањето на Виетнам во зоната на слободна трговија со Царинаската унија е пред сѐ геополитичка игра. - Прометот на стока меѓу Русија и Виетнам е мизерен, така што овој сојуз нема да донесе никаква штета, а може да донесе определена корист, зашто на тој начин Русија ќе му покаже на целиот свет дека не отстапува од светскиот тренд и дека ја продлабочува економската интеграција - вели Усов. Колотов објаснува дека Руската Федерација преку Виетнам ќе го прошири пласманот на свои производи и ќе излезе на пазарот во зоната на слободна трговија меѓу десет членки на Асоцијацијата на земјите од југоисточна Азија (АСЕАН) и Кина, а тоа се две милијарди потрошувачи.
Со купувањето подморници, Виетнам си обезбедува заштита на руските и на виетнамските инвестиции Владимир Колотов
4|
РУСКА РЕЧ
ПОГЛЕДИ
Европа зборува за Украина, а мисли на Русија Европа не ја интересира Украина. Европа ја интересира Русија. Европа се преправа дека ѝ е гајле за Украина, а постојано мисли на Русија. И, притоа, сака Украина да се оттргне од Русија на свој трошок. Тоа е така зашто секој сосед на Русија ѝ одговара на европската заедница со самиот факт што не е Русија Александар Баунов, slon.ru
Кога кај нас нешто се распаѓа, се урива и тоне, причината е секогаш позната: не ни чини земјата, не чини Путин, не чини режимот. А, што да правиме кога нешто се распаѓа таму, на Елисејските полиња, на блажените острови, на ветената земја на чудата, каде што царуваат добрината и поредокот, онаму каде што луѓето заминуваат за повеќе ништо да не се распаѓа и да не тоне, и каде што одвај чекаат да стасаат и повеќе да не ја гледаат оваа пропаст? Кога таму се распаѓа, ако, на пример, се урива покривот (трагедијата во супермаркетот во Рига, н.з.), тогаш Европската Унија воопшто не помага, но од некаква причина се смета дека не е пристојно да се зборува за тоа дека Грците уште пред десет години се бунеа поради тоа што Брисел издаде брошура за историјата на единствена Европа, каде што е наведено дека нејзините корени се во империјата на Карло Велики. Јас со сето срце бев на страната на
Грците, но имав разбирање и за Брисел. Исто така, се смета дека не е пристојно да се каже нешто за триаголникот Украина-Русија-ЕУ. Украина е огорчена што власта што ја избра сопствениот народ „не ја пушта“ земјата во Европа. Европа негодува зашто Кремљ „не ја пушта“ Украина во Европа, и со самото тоа признава дека Кремљ е посилен. Ако е така, зошто некој би го напуштил посилниот и би се свртел кон послабиот? ВОЗОТ ШТО ЗАМИНУВА Меѓутоа, точно е дека европското семејство без Украина не е ни малку поткусурено. Тоа не е поткусурено и без многу други, и не би било поткусурено ниту без многу кои се сега во неа. Европското семејство не е поткусурено дури и без многу поблиски соседи: Романија, Бугарија, Србија, Македонија, Албанија, исто така и без Летонија и Литванија, па дури и без древните култури и старите капиталистички земји Грција и Кипар. Напротив, европското семејство негодува: од каде овие меѓу нас, што ќе ни се овие? „Романија и Бугарија треба да бидат среќни што навреме скокнаа во возот што заминува“, ми рече во 2007 година во Букурешт амбасадорот на ЕУ (не-
Не е точно дека Европа ја спасува Украина од руската авторитарност. Европа ќе избере кој било од соседите на Русија, но нема да ја избере Русија
Асоцирањето кон Европската Унија не направи западноевропска ниту една земја од Источна Европа му тогаш му истекуваше мандатот, па јазикот му беше одврзан). Во едно истражување на „Евробарометар“ може да се види дека поголемиот број граѓани како на старите така и на новите земји-членки на Европската Унија сметаат дека процесот на проширување на ЕУ не е завршен. Обрнете внимание дека ова испитување е направено непосредно по митингот на Мајдан (Плоштадот на независноста) во Киев. Европската Унија не е заинтересирана за Украина посебно. Таа е заинтересирана за Русија. Европа глуми дека се грижи за Украина, а постојано мисли на Русија. ОКЕАН НАМЕСТО РУСИЈА Ако зад границите на Украина се наоѓа мореуз, а веднаш зад него Кавказ, или доколку зад Украина би имало океан, тогаш Европа би донела одлука тргнувајќи од своите односи со Украина, и тогаш би се гледало дали е Украина братска или не е братска, дали е европска или не е европска, дали треба да се покани да се приклучи или не треба да се покани. Вака, Европската Унија донесува одлуки за Украина, Грузија, Молдавија и за Белорусија тргнувајќи од своите односи со Русија. Всушност, не од односите, туку од самиот факт дека Русија постои на територијата каде што е пожелно да има океан. Европа смета дека не треба да дозволи во овој дел од светот ситуацијата да излезе над-
РУСКА РЕЧ
|5
Игор Демковски
ПОГЛЕДИ
Европа негодува зашто Кремљ „не ја пушта“ Украина во Европа, и со самото тоа признава дека Кремљ е посилен. Ако е така, зошто некој би го напуштил посилниот и би се свртел кон послабиот? вор од контрола, зашто тоа е опасно. За ваквиот свој став таа има многу причини во кои сега нема да навлегуваме, но таа истото би го сметала и без каква и да е причина, зашто е навикната на тоа. Ако ситуацијата излезе од контрола, тоа може да доведе до ширење на Русија. Русија започна некако да се шири, а тоа не ѝ одговара на Европската Унија. Во триаголникот Европа - Русија - соседи на Русија не може да постои момент во кој Русија одеднаш ќе стане поблиска до Европа одошто до Украина или до кој било друг наш заеднички сосед. Независно од тоа каков е ре-
жимот, каква е гарнитурата или која идеологија владее во Москва, соседот на Русија секогаш ќе биде повеќе сроден со Европа, одошто со Москва. Секако, тоа има врска и со отворањето нов пазар и со други слични причини, но главната причина за зближувањето на Европа и Украина не е да се привлече Украина, туку да се отфрли Москва. МЕЧТА ЗА ЕВРОПСКОТО СЕМЕЈСТВО Според тоа, не е точно дека Европа ја спасува Украина од руската авторитарност. Европа ќе избере кој било од соседите на Русија, но нема да ја избере Русија. Овој факт воопшто не зависи од личноста што моментално седи во Кремљ, ниту од неговото однесување. Границите на Европа секако нема да бидат во Тихиот Океан, ниту на Урал. Нејзините граници ќе бидат некаде кај Днепар, односно малку полево или подесно од Днепар. Секој сосед на Русија ѝ одговара на Европска Унија со самото тоа што не е Русија. Не постои политички режим во Русија кој би можел тоа да го смени. Еве и доказ дека Европа зборува за Украина, а мисли на Русија. Европа сака Украина да се оттргне од Русија, но самата да го финансира тоа. Европа многу добро знае колку е тоа скап проект, но, сепак, сака Украина самата да го финансира тоа, од чист ентузијазам
и верба во мечтите. А, онаа Европа на која мисли Украина - семејство на рамноправни, воспитани и богати - таа е, секако, мечта. Таква Европа не постои. И таму постојат богати и сиромашни, како и помалку и повеќе рамноправни. Неколку потписи на хартија со ѕвезди не можат да ја изменат човековата околина, ниту квалитетот и количеството на населението, ниту БДП-то, ниту соодносот на долговите и резервите. Доколку гледаме ладнокрвно на тоа - Лукашенко е повеќе еднаков во односите со Кремљ, одошто Грците се со Меркел: нека се обидатр Грците да затворат претседател на некој германски концерн. Асоцирањето кон Европската Унија не направи западноевропска ниту една земја од Источна Европа.
Главната причина за зближувањето на Европа и Украина не е да се привлече Украина, туку да се отфрли Москва
6|
РУСКА РЕЧ
АРМИЈА
РАКЕТЕН СИСТЕМ „ИСКАНДЕР-М“
Александар Македонски од 21 век
Виктор Литовкин
Овие денови копнената војска на Русија доби раскошен подарок - на полигонот Капустин Јар, во свечена атмосфера, им беше предаден вториот целосен комплет ракетни бригади од оперативно-тактичкиот комплекс „Искандер-М“. Вториот бригаден комплет „Искандер“, како што дознава авторот на овие редови, е наменет за дислокација во Краснодарскиот крај. Првиот комплет, кој ова лето ѝ беше предаден на армијата, отиде во Биробиџан (главниот град на Еврејската Автономна Област на рускиот Далечен Исток) на боева служба. Иако податоците за составот на комплексот „ИскандерМ“ официјално не се објавуваат, од отворени извори се дознава дека Државнта програма за вооружување 2020 содржи задача за десет комплетни бригади. Секоја година во единиците треба да влегуваат по две бригади. Во секоја од
Руската војска доби раскошен подарок - вториот целосен комплет на ракетната бригада ОТК „Искандер-М“. Главната доблест на ракетите „Искандер“ е тоа што летаат по непредвидлива патека; можат да носат и нуклеарни боеви глави, што Русија планира и да го реализира доколку не биде прифатен предлогот на Москва за повлекување на нуклеарното вооружување на сопствената територија, а тоа во прв ред се однесува на САД, кои во Европа држат околу двесте нуклеарни бомби нив треба да има по 12 самоодечки лансирни уреди и парк помошни возила. Засега „Искандер“ не постои во ниту една друга држава, освен во Русија. Првобитно
комплексот беше наменет за испорака на Блискиот Исток, а не е исклучено дека бил наменет за Сирија. Поради тоа и неговиот назив води потекло од името на славниот војсково-
РУСКА РЕЧ
АРМИЈА
|7
определена етапа од патот летаат кон целта како крстосувачки, за повторно да се подигнат на балистички пат и да итаат со суперсонична брзина кон зададената цел. Исти вакви карактеристики има и крстосувачката ракета „Искандер“. Освен тоа, нивните боеви глави можат да бидат фугасни и парцијално-фугасни.
ИТАР-ТАСС
СПЕЦИЈАЛНА МУНИЦИЈА
Називот „Искандер“ потекнува од арапското име на славниот војсководец Александар Македонски
дец Александар Македонски - Искандер. Но, обновувањето на дипломатските односи меѓу Русија и Израел на почетокот на деведесеттите години од минатиот век и молбата од Тел Авив да не му се продаваат на Дамаск овие ракети ја одиграа својата улога. Сепак, извозна варијанта на овој систем постои. Се нарекува „Искандер-Е“, а ракетите што ги носи тој летаат на далечина од 300 километри. Со меѓународна спогодба поголемиот дострел е забранет за извоз. НЕПРЕДВИДЛИВА ПАТЕКА Освен „Искандер-Е“ постојат и „Искандер-М“ и „Искандер-К“. Оперативно-тактичкиот комплекс со буквата „М“ има балистички ракети што летаат на далечина од 500 километри. Поголем дострел е забранет со Спогодбата за ракети од среден и од мал дострел (РСМД). И како што велат експертите, ако не
биде укинат, ракетите ќе полетаат подалеку. Варијантата на „Искандер“ со буквата „К“ во својот корпус носи две надзвучни крстосувачки ракети, кои тешко можат да се откријат со системите ПРО и ПВО. Но, главната доблест на ракетите „Искандер“, како на балистичките така и на крстосувачките, се состои во тоа што тие летаат по непредвидлива патека. Ракетите од комплексот „М“ се движат како балистички, потоа во
Кој има „Искандер“? Самостоен ОТК „Искандер-М“ постои во Западниот и во Централниот воен округ. Целосни бригадни комплети засега постојат само во Источниот и во Западниот воен округ.
Ракетите „Искандер“ имаат и „специјална муниција“. Во превод на обичен јазик, тоа е нуклеарна боева глава. Денес овие нуклеарни боеви глави не се поставени на ракетите - тие се наоѓаат во централните складишта на Министерството за одбрана. Но, доколку не биде прифатен предлогот на руското раководство за повлекување на сето нуклеарно вооружување на сопствената територија, што во прв ред се однесува на САД, кои во Европа држат околу двесте нуклеарни бомби В61, тогаш не се исклучува можноста дека на „Искандер“, или во околината на местото на нивното дислоцирање, ќе се појави „специјална муниција“. Истовремено во бригадниот состав на оперативно-тактичкиот комплекс (ОТК) „Искандер-М“, како и „Искандер-К“, не се вклучени сериозни системи за извидување. Зошто? Како што велат „ракетчиите“, комплексот е наменет за извршување задачи од надредената команда на самостојната армија или на воен округ. Тој дејствува во нивен интерес и токму од нив треба да ги добива координатите на целите и команда за дејство. А, командантот располага со податоци што доаѓаат од сателитите, од авион за оддалечено радиолокациско извидување и наведување, од беспилотни летала, од извидувачите од единиците... На ова ниво се создава единствен протокол за информациско-техничка компатибилност, која подразбира единствена номенклатура, формат и алгоритам за прием и пренос на информации, што не се однесува само за борбените системи на копнената војска туку и за другите родови. ТЕСТИРАНИ НА ВЕЖБИТЕ „ЗАПАД-2013“ Со создавањето на еден ваков единствен протокол засега има определени проблеми. Сепак, како што тврди началникот на Ракетните единици и артилерија на Копнената војска, генерал-мајорот Михаил Матвеевски, неговите потчинети сѐ повеќе ги користат сите средства за извидување што се наоѓаат во нивна надлежност. Покрај традиционалните системи додадени се и беспилотни летала што овозможуваат во реално време со неопходната прецизност за РВиА (ракетни единици и артилерија) да се откриваат објекти на противничките групации и да се обезбеди корекција на огнот и на нанесувањето на ударот. „Тоа не се теоретски истражувања“, тврди генералот, „во практика веќе се реализирани реални извидувачко-огнени и извидувачко-ударни контури, кои го поминаа тестирањето на Лушкиот полигон за време на заедничките стратешки вежби со Белорусија ‘Запад-2013’“.
8|
РУСКА РЕЧ
ПАТУВАЊА
Сталиновиот Сочи Светлана Синепостолович
Сѐ започна во дваесеттите години од минатиот век кога советскиот водач за првпат се искапел во водите на бањата Мацеста. Откако уште по првата бања почувствувал олеснување, Сталин, кој страдал од ревматизам, решил да го посетува Сочи секоја година за одмор и за лекување. Во 1934 година Сталин наложил за изградба на инфраструктура во Сочи да бидат издвоени над милијарда рубли, што за тоа време било астрономска сума. Низ бањската населба била изградена широка главна улица, која го добила името Авенија на Сталин (денес се нарекува Курортна авенија). Воведен е водовод, подигнати се паркови, започнала изградба на голем број стационари и, секако, модернизација на бањата во Мацеста, која генералниот секретар на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз ја ценел особено поради лековитите својства на сулфурната вода.
Историјата на Сочи е нераскинливо поврзана со името на советскиот лидер Јосиф Сталин. Токму тој го има воочено сиот потенцијал на црноморското приморје на Кавказ и по негов налог Сочи од провинциско гратче стана најпосетена бања и морско одморалиште за целата држава - социјалистички рај за работниот народ на Советскиот Сојуз
Сталиновиот трем во резиденцијата „Зелена шумичка“
ветришта. Просториите на Сталин се наоѓаат во одвоено здание, бидејќи тој барал тишина и мир. Во соседната зграда престојувала послугата, тука се наоѓала и кујната, далеку од прозорецот на Јосиф Висарионович. Тој, имено, не ги поднесувал миризбите што се ширеле за време на подготвувањето на храната, а, исто така, и тропањето на садовите. Скалите што водат кон првиот кат се мошне ниски и за поголемиот број луѓе се незгодни, но
Lori / Legion Media
Кога доаѓал во Сочи, Сталин со своето семејство најпрво се сместувал на имотот „Михајловско“. Куќата се наоѓала на планинскиот масив помеѓу клисурата на реката Мацеста и Агурските водопади. Подоцна на територијата на овој имот, на надморска височина од 50 метри, за советскиот водач била изградена посебна „дача“ (традиционална руска викендичка) под името „Зелена шумичка“(„Зеленая роща“). Таа е сочувана до денес и функционира како музеј и како мал хотел во рамките на современиот комплекс бањски одморалишта „Зелена шумичка“. Резиденцијата на генералниот секретар ја проектирал советскиот архитект Мирон Мержанов. Со својот проект тој сакал да ги задоволи сите можни желби и барања на советскиот лидер. За да се овозможи постојан проток на свеж воздух, „дачата“ е поставена така што од сите страни да биде изложена на морски и планински
Lori / Legion Media
РЕЗИДЕНЦИЈАТА НА СОВЕТСКИОТ ЛИДЕР
Сталиновата резиденција „Зелена шумичка“
на Сталин многу му одговарале. Поради ревмата тој одел со ситни чекори. Дури и оградите на балконите се пониски одошто е вообичаено, за водачот да можел да се потпре и што попријатно да може да гледа што се случува надвор. Според различни извори, генералниот секретар на Централниот комитет на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз бил висок 165 сантиметри. За бравите во собите во резиденцијата на Сталин Мержанов дури и осмислил посебни клучалки, за никој од послугата да не може кришум да гледа или да го прислушува советскиот водач. Фасадата била со смарагдно зелена боја, што правело куќата да се слее со зеленилото. Ваквиот изглед е задржан и до денес. Познато е дека Сталин особено внимание обрнувал на заштита од атентат, а куќата во зеленилото на планинските предели била тешко забележлива. Општо земено, во Сочи биле преземени максимални мерки за обезбедување на советскиот водач. Во својата јужна резиденција обично доаѓал со сопствен воз. По железничката пруга со полна брзина истовремено патувале неколку композиции со бројот 1. Во една од нив се наоѓал генералниот секретар, а во другите се наоѓале членовите на неговото обезбедување. Во самата „дача“ во Сочи секогаш имало поставено три прстени за обезбе-
РУСКА РЕЧ
ПАТУВАЊА во Сочи живеело семејството на Сталин. Самиот генерален секретар, пак, во својата јужна резиденција се вратил дури во 1945, кога низ земјата одекнувале победничките салви. Здравствената состојба на Јосиф Висарионович се влошила. По мозочниот удар Сталин истовремено го лечеле тројца лекари. Повторно одел на бања во Мацеста, престојувал на свежиот воздух во Сочи, шетал по алеите со сенка во резиденцијата. Навечер Сталин во салата за проекции ги гледал црно-белите филмови „Волга, Волга“ и оние со Чарли Чаплин. Самиот садел дрвја на имотот и се радувал кога лимоните и мандарините давале плод.
Lori / Legion Media
Lori / Legion Media
Брегот во околината на Гагра
„РАЈСКИ“ ОДМОРАЛИШТА
РИВИЕРА ГАГРА
Тврдината на планинта Ахун
очекувано за гостите и за персоналот, на 18 септември 1947 година пред главната зграда на стационарот запрела лимузина ЗИС-110. Од автомобилот излегол Јосиф Висарионович и тргнал да се напие кафе. Се распрашал кај гостите каква е храната во стационарот и дали им се допаѓа одморот во Сочи. Децата што го опкружиле водачот добиле чоколади од него. БАЊАТА МАЦЕСТА Младиот советски архитект Мирон Мержанов за Сталин изградил и посебна резиденција на територијата на бањата Мацеста, која советскиот водач ја посетувал за сулфурна бања. Ниту изгледот, ниту намената на ова здание до денес не се смениле. Тоа е наменето само за најугледните гости. На лековити бањи доаѓале руските
Бањата Мацеста
ударнички да ѝ се посвети на работата. По војната Сталин во Сочи поминувал многу повеќе време одошто претходно, од август до септември секоја година. За да не се одрази тоа на државничките работи, во тамошната резиденција доаѓале советските раководители од Москва. Така, во 1948 година Сочи станал самостоен административен центар под директна републичка управа на Руската РФСР, а не под управа на Краснодарскиот крај. Комуналните служби авенијата Сталин ја миеле трипати на ден. Било забрането по оваа, главна улица во Сочи, автомобилите да возат со калливи тркала, а доколку некоја жена излезела на главната улица во домашен фустан, можела да биде отселена од градот. Не постојат сигурни извори за тоа каде точно се шетал Сталин низ Сочи, зашто низ градот се движел тајно. Историјата има забележано само една јавна поста, кога генералниот секретар го посетил стационарот „Кавскаска ривиера“ на брегот од морето во самиот центар на Сочи. Не-
Lori / Legion Media
Два настани во Сочи се протолкувани како обид за атентат врз Сталин. Еден од нив се случил ноќта меѓу 25 и 26 август 1931 година, додека автомобилот со марка „бјуик“, во кој се наоѓале Сталин и Ворошилов, се движел по Риверискиот мост. Службениот автомобил се судрил со камион, врз кој обезбедувањето веднаш почнало да пука. Возачот на камионот избегал, но подоцна излегло дека бил пијан и дека немал намера да го убие советскиот водач. Вториот обид се случил по еден месец, додека Сталин со глисер се возел по морето. Врз глисерот биле испукани куршуми од брегот од страната на градот Гагра, недалеку од Сочи. Еден од телохранителите со сопственото тело го заштитил Сталин, иако тоа не било потребно, зашто куршумот поминал покрај нив и никој не бил повреден. Подоцна излезе дека граничната караула не била известена дека тука ќе помине глисерот на Сталин и дека поради тоа командирот на караулата во воздух испукал три куршуми за предупредување. Во тоа време, триесеттите години од минатиот век, Сочи веќе станал многу повеќе од најважна бања во Советскиот Сојуз. Тука се носеле важни одлуки од кои зависела судбината на милиони луѓе. Според некои верзии, токму тука се наоѓал Сталин на 22 јуни 1941 година година, кога нацистичка Германија го нападнала СССР, а не во Москва, како што се вели во официјалната верзија. За време на војната во вилата „Зелена шумичка“
Сталин бил многу загрижен поради тоа што локалните жители масовно заболувале од маларија. По негова наредба во Сочи биле насадени еукалиптуси, од чиј мирис бегале комарците, кои ја пренесуваат болеста. Насекаде со нов ентузијазам биле подигани паркови, скверови и биле формирани цветни леи. Бањските стационари, кои за време на војната биле користени како болници за лекување на ранетите, повторно станале бањски лекувалишта. Меѓу нив биле и стационарите „Ворошилов“, „Орџоникидзе“, „Фрунзе“, „Правда“ и „Металург“. Сите овие монументални градби, кои се сочувани до нашите денови и кои поседуваат раскошни дворци со столбови и со насликани сводови, се изградени по наредба на Сталин. Тој сметал дека советскиот граѓанин треба да се одмора и да собира сила во „рајски услови“, за да може по одморот на море
Дендрариум во Сочи
Lori / Legion Media
дување. Дури и тапацираниот мебел бил изработен по нарачка и бил исполнет со коњски влакна, за да може да задржи куршум.
|9
државници, познати светски политичари и културни работници. Планината Ахун својата популарност, исто така, ја стекнала по заслуга на Сталин. Токму по негова наредба за рекордни 102 дена биле изградени 11 километри пат до врвот на планината. Трасата ја граделе затвореници на кои Сталин им ветил слобода доколку за 100 дена работата биде завршена. Некои велат дека откако патот бил отворен сите затвореници навистина биле ослободени, додека други велат дека тие биле стрелани, зашто не го испочитувале рокот. Сталин лично го одобрил и проектот за кулата за набљудување од бел камен, која била подигната на врвот на планината Ахун. Од ист материјал биле направени и натстрешниците на патот до кулата. Се зборува дека Сталин заедно со бројното обезбедување често ја напуштал резиденцијата „Зелена шумичка“ и пеш се качувал на Ахун. Онаму каде што тој застанувал за да се одмори, подоцна биле подигнати камени натстрешници.
10 |
НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА
РУСКА РЕЧ
Леонид Каганов
Иднината на роботиката во очите на писателите-фантастичари
Екатерина Туришева
Стотина љубители на роботите кон крајот на минатиот месец се собраа на првиот иркутски фестивал посветен на роботиката „РобоСиб“. Главниот настан на програмата беа тркалезните маси и средбите на учесниците со познатите руски писатели на научна фантастика, кои дојдоа во Иркутск за со младите инженери да позборуваат за тоа на кој начин тие ја замислуваат технолошката иднина. Без оглед на тоа што е работен ден, во просториите на иркутскиот СибЕкспоЦентар од рано наутро има многу луѓе и е прилично бучно. Мошне е живо, зашто започнува првиот иркутски фестивал на роботиката „РобоСиб“, на кој доаѓаат да се натпреваруваат аматери и конструктори од целиот Сибир.
Како научната фантастика го предвидува технолошкиот развој и кога роботите ќе го заменат човекот? Последните подготовки пред почетокот се одвиваат со поздравни говори на специјалните гости на настанот - писателите-фантастчари Сергеј Лујаненко, Михаил Успенски и Леонид Каганов. Нивното доаѓање не е помалку значајно од самиот фестивал на кој тие учествуваат.
Лукјаненко на младите руски инженери кои се собрани на тркалезната маса им раскажува за тоа како писателите на научната фантастика ги замислуваат роботите. За време на расправата излегува дека под зборот „робот“ писателите и обичните граѓани подразбираат различни работи. - Зборувајќи за роботите, писателите-фантастичари пред сѐ се присетуваат на механичките човеколики работници кои ги измисли Карел Чапек. Истовремено современиот робот е нешто поинакво - објаснува Лукјаненко на еден од младите роботичари. Од гледна точка на писателите-фантастичари, најинтересни се човеколиките роботи и целиот комплекс технички и етички проблеми кои се поврзани со нив.
РУСКА РЕЧ
НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА
| 11
Писателот-фантастичар Сергеј Лукјаненко
линии оделе паралелно, една покрај друга. А, денес конечно се сретнаа. - По образование сум роботичар. Во слободно време, во вечерните часови, направив робот со кој може да се разговара. На микрофонот му кажуваш некое име или поим, а тој, како одговор, ти чита цел пасус за тоа од Интернет-енциклопедија - признава Каганов.
Создавањето робот е обид да се надмине Господ или барем да се досегне до идејата да се создаде нешто разумно Сергеј Лукјаненко
РОБОТИ-БРАНИТЕЛИ
какви едноставни инсталации, направени на радиотехничките секции, кои всушност ништо не можеа да направат - се шегува Леонид Каганов. Не неговото лице се оцртува малку тажна насмевка на писател-сатиричар. Се сеќава дека во неговото детство постоеле два света: фантастичен и реален. Цело време овие две
Леонид Каганов
Сепак, без разлика што значи денес тоа „нешто поинакво“, Лукјаненко е уверен дека човештвото низ современите тесно специјализирани роботски системи на крајот ќе дојде токму до роботот што го имаат измислено писателите-фантастичари - На крајот ќе дојдеме до човеколикиот робот. И тоа е поради едноставна причина: нашиот свет е создаден за луѓето. Поради тоа само оние роботи што се слични на луѓето, ќе можат да се снајдат во овој свет - вели тој. Но, зошто човекот се обидува да создаде совршена машина која е слична на него, ако самиот тој не е совршен? На ова прашање Лукјаненко одговара филозофски: роботот, во најмала рака, е една од можностите со чија помош човекот може отстрана да погледне на себе. - Создавањето робот е обид да се надмине Господ или барем да се досегне до идејата да се создаде нешто разумно. И додека не создадеме вештачки разум, кој порано или подоцна ќе биде создаден, за човештвото тоа ќе биде една од неговите задачи - вели писателот, чиј глас, пуштен преку микрофонот, е сличен на оној на телефонска секретарка. На максимално апстрактно ниво сѐ изгледа логично и разбирливо во врска со роботските задачи. Не е јасна само една работа: како научната фантастика на тој пат може да му помогне човештвото? - Основна задача на фантастиката е да пронаоѓа патишта по кои ќе можат да одат луѓето - одговара Лукјаненко. Тој смета дека ниту еден писател-фантастичар нема да може да каже како правилно се прават роботите, но може да каже за што се потребни тие. За тоа не постои никаков сомнеж. Како ни во тоа дека ќе ги консултираат оние деца кои денес во иркутскиот павилјон ги пуштаат своите први механички производи. - Тука ги гледам денешниве деца и сфаќам дека не сум имал детство. Единствено нешто што имав беа книжевните илузии во облик на железен човек со светилка наместо нос и не-
Леонид Каганов
СОВРШЕНА МАШИНА
Писателот Михаил Успенски
„Зошто ни се потребни роботите? Роботот, пред сѐ, е помошник кој наместо човекот ја извршува работата. Роботот е и бранител. Барем таков беше еден од првите роботи кој беше опишан во книжевноста - тврди Михаил Успенски. Фактите зборуваат во прилог на овие зборови. Пред само неколку години роботите му помагаа на човекот само во воената и во индустриската сфера. Дури во последниве неколку години почнаа да се појавуваат секојдневните роботи, роботите во медицината, роботи-играчки, превозни роботи... Но, векторот на развојот на роботиката до денес го одредува воената сфера. Од оваа сфера најновите откритија се шират понатаму. Да кажеме, егзоскелетот: тој најпрво беше создаден за потребите на војската, а денес ја олеснува работата во фабриките за автомобили. Но, дали роботите се во состојба сосема да го заменат човекот? И треба ли да се плашиме од тоа? Судејќи според проблематиката на творештвото на писателите-фантастичари, навистина постојат многу работи од кои треба да се плашиме. Сепак и во врска со ова прашање постојат различни мислења. Успенски не се согласува со своите колеги. - Не мислам дека тоа претставува толку голема опасност како што се мисли. До неодамна нѐ плашеа со клонови. Највнимателните држави дури и го забранија клонирањето. И каде се денес тие клонови - прашува тој.
12 |
РУСКА РЕЧ
КУЛТУРА
Со доаѓањето на епохата на „затоплување“ на односите со Западот, во СССР започнува општествениот развој. На луѓето повеќе не им беше доволен аскетскиот начин на секојдневен живот и облеката во сиви тонови. На полиците од продавниците почнаа да се појавуваат увозни производи, а советските жени имаа пристап до модните магазини со шивачки кроеви
Getty Images / Fotobank
Советската мода од шеесеттите
Манекенки од модната куќа „Кристијан Диор“ во Главната универзална стоковна куќа, јуни 1959 година Ина Фјодорова
Кога во 1959 година во СССР за првпат беше донесена колекција од модната куќа „Кристијан Диор“, светот беше преплавен со фотографии на кои елегантни француски манекенки шетаат меѓу народот по Главната универзална стоковна куќа во Советскиот Сојуз. Овие витки госпоѓици со шешири никого не
би зачудиле во Франција, но во Русија... До шеесеттите години од минатиот век СССР се наоѓаше зад железната завеса и живееше исклучиво од внатрешното производство. Странската мода не продираше во државата, пензионерките, очеличени во Револуцијата, свето веруваа дека грижата за изгледот всушност е остаток од капитализмот. Носеа фустани со едноставен крој, марами врзани под брадата, со свилени или со па-
мучни чорапи, направени без ронка еластин, а тоа значеше дека се собираат на глуждовите и на колената. Носеа сандали со памучни чорапи, за да не добијат пликови од работата. Мажите, особено постарите, носеа сиви или темно кафеави костуми врз обична маица, или врз поло-маица, која нагалено ја нарекуваа „пеперутка“. Секако дека облеката редовно се перела и се пеглала, дури под притисок на идеологијата луѓето си ја чувале почитта кон себе и кон природната уредност. Домаќинките во кофи и лонци ги вриеле на шпорет белите кошули, постелнината и друго, ги извлекувале со посебни дрвени клешти, а некои дури и штиркале сѐ дури ткаенината не почне да чкрипи под прстите. Како и кај секое правило и тука постојат исклучоци. Мојата прабаба, која во тоа време имала над четириесет години, шиела фустани со предизвикувачки комбинации од бои според последните модни списанија. Сепак, ткаенината ја набавувала благодарение на врските што ги имала и го користела секој сантиметар. А, еднаш, во еден приватен кројачки салон, направила украс за шапка и крзнен шал. Штета што тој комплет не е сочуван... Денес би бил актуелен. ЛЕСНА ИНДУСТРИЈА Со настапувањето на „затоплувањето“ на односите со Западот, со освојувањето на вселената (првиот човеков лет во веселената во 1961 година) и со општото восхитување од науката и од техниката, во СССР започнува општествениот развој. На луѓето повеќе не им беше доволен аскетскиот начин на секојдневниот живот и облеката во сиви тонови. На полиците од продавниците почнаа да се појавуваат увозни производи, а советските жени имаа пристап до модните магазини со шивачки кроеви. Секако, основата на женската гардероба и понатаму била составена од модели од масовното производство. Луѓето се шегуваа: „Во СССР нема мода, постои само лесна индустрија“. И, навистина, сета стока на полиците во стоковните куќи се произведуваше во државните модни до-
РУСКА РЕЧ
КУЛТУРА
| 13
биваше „како знак за вечно пријателство“ по заедничко испивање ерменски коњак.
Getty Images / Fotobank
КАКО БРИЖИТ БАРДО
Манекенки од модната куќа „Кристијан Диор“ во Москва, јуни 1959 година
Желбата да се биде привлечен го победуваше дефицитот. Освен тоа, на телевизија почнаа да се прикажуваат странски филмови и вести. Во 1957 година одржан е првиот меѓународен Фестивал на младинци и студенти, кој во Москва привлече голем број странци. И, уште нешто. Заминувањето во странство им беше дозволено на спортистите и на филмаџиите, кои оттаму почнаа да носат облека за своите семејства и за пријателите. Младите почнаа да носат модерни наметки и широки, дебели палта со чешлана волна. Актерите во советскиот филм од шеесеттите години на минатиот век се облекуваа по последна мода, за да покажат во странство дека во Русија постои шик и дека луѓето се облекуваат со стил. Така, и самата филмска индустрија стана послободна. На екраните почнаа да се појавуваат актерки со распуштени коси а ла Брижит Бардо, во фустани без ракави. Ликот на хероината што се грижи за модата престана да биде негативен, а ѕвезда на епохата стана Татјана Доронина со нејзината кошница-фризура. Многу советски жени, инспирирани од ѕвездите, почнаа да носат фустани во форма на трапез и чорапи со шев, да ги шминкаат очите и да прават кошницафризури.
Редица во модна продавница
мови. Постоеше строга селекција во согласност со комунистичките идеи и големо количество стока се шиеше во фабриките низ целата држава. Но, треба чесно да се признае дека квалитетот на поголем дел од облеката беше одличен, таа се носеше со години и често им се подаруваше на идните поколенија. Но, во продавниците изборот беше скромен: неколку летни фустани, неколку зимски облеки, едни плетени ракавици и неколку пара чевли. Радост и задоволство за советските жени станаа кожната галантерија, трикотажата и козметиката што беа увезени од државите на социјалистичкиот блок. А, вистинска „акробација“ беше да се набави ретката италијанска или француска облека, која требаше да се плати со суво злато. Можеше да се набави само со познанства и врски, како во шпионски детективски роман. Тогаш во СССР за „фарцовка“, како што се нарекуваше нелегалната продажба на увозна стока, можеше да се добие мошне висока затворска казна и одземање на имотот. Освен тоа, девизите беа забранети во земјата. Дилерите
наоѓаа различни начини како да дојдат до „партали“ од странците што доаѓаа во СССР: некој ги менуваше за советски сувенири, некој за бесплатни влезници за театар, некој ги до-
Заостануваше само детската мода. Таа навистина недостасуваше на советската модна сцена. Децата можеа да бидат пристојно облечени единствено ако облеката им е сошиена или ако е набавена во странство. Но, основната облека на децата што одеа во градинка се состоеше од памучни чорапи прицврстени со посебни затегнувачи за куси панталони и кошула од катун. Но, во сето тоа постојат и позитивни моменти. Многу Руси со носталгија се присетуваат на далечните шеесетти години од минатиот век А, кусите панталони врз непровидни хулахопки денес се носат низ целиот свет. И тоа не само децата. А, бабините фустани од тоа време сега станаа вистински моден фетиш.
Corbis / FotoSA
Getty Images / Fotobank
ДЕТСКА МОДА
Празна продавница
14 |
РУСКА РЕЧ
СПОРТ
САМБО
Советската боречка вештина Од 22 до 24 ноември во Санкт Петербург беше одржано Светското првенство во самбо, боречка вештина што настана во Советскиот Сојуз во текот на триесеттите години од минатиот век. Оваа година самбото, најпопуларната боречка вештина во Русија, слави два јубилеја - 75 години од постоењето и 40 години од првото светско првенство во самбо, одржано во Техеран 1973 година Константин Фец
Во Русија самбото е најпопуларна боречка вештина. Таа е создадена со синтеза на многу правци, меѓу кои и џудото. Денес во Русија самбо тренираат повеќе од 410.000 луѓе. Во ниту една земја нема толку самбисти што тренираат редовно. - Како што се Јапонците творци на џудото, така и ние сме творци на самбото, што значи дека долго можеме да бидеме на врвот - вели Василиј Шестаков, претседател на Меѓународната федерација на самбо (ФИАС). Во тој контекст особено чуди фактот дека оваа боречка вештина сѐ уште не е вклучена во олимписката програма. Самбото официјално настанало во 1938 година, но тешко може да се каже кој го има создадено. За официјален творец на самбото се смета Анатолиј Харлампиев. Неговата книга „Боречката вештина самбо“ се смета за прв зборник упатства за оваа боречка вештина. Од друга страна, се смета дека творец на борбеното самбо е Виктор Спиридонов, а дека Виктор Ошчепков е основач на спортската дисциплина. Спиридонов пред Револуцијата бил капетан од втора класа во царската армија. Учествувал во Руско-јапонската и во Првата светска војна. Тој во дваесеттите години од минатиот век го втемелил овој нов синтетички систем. „Вештината на самоодбрана помага да однесете победа со сите расположливи средства (...), па од други системи
Турнирот во Санкт Петербург беше рекорден и по бројот на земјите-учеснички и по бројот на сп
морате да преземете сѐ што е корисно, кога тоа веќе носи победа“, има напишано тој. БОРБЕНО САМБО Виктор Спиридонов долго време работел во Народниот комесаријат за внатрешни работи, а во новиот систем за него најважна би-
410.000
луѓе денес тренираат Самбо во Русија
РУСКА РЕЧ
СПОРТ
| 15
го слави 75-тиот роденден ка во самбото има преземено многу од националните боречки вештини, конкретно од грузинските, од осетинските и од казашките. Фаќањето за појас изворно не постоело во џудото, тоа дошло од руското и од татарското борење со појаси. Ошчепков од 1911 до 1914 учел џудо во џудо-институтот Кодокан кај Јигоро Кано и добил црн појас втор дан. Совладал неколку стила во ву шу и знаел не само англиски туку и фрнацуски бокс, во кој се дозволени удари и со раце и со нозе. Основачите на руското самбо без сомнеж ја засилија универзалната практична компонента на борбата. За разлика од џиуџицуто и џудото, каде што се сметало дека „секој зафат во сите услови успева“, тие за случаите за неуспешен зафат имаат смислено начини за моментален премин на следниот зафат.
Како што се Јапонците творци на џудото, така и ние сме творци на самбото, што значи дека долго можеме да бидеме на врвот Василиј Шестаков
РИА Новости
Второто начело на самбото е фокус на принципот, не на зафатот. Во џудото се пропишани строго определени движења за конкретен зафат, а во самбото се стимулира нивното користење и во други зафати и пози. Во џудото е забрането свиткувањето нога, а во самбото тоа е цел еден правец.
ортисти што се бореа за медал. Во градот на Нева се собраа околу 600 самбисти од 75 земји од светот
ла практичната примена во воените и во полициските структури. Тој оваа вештина ја култивирал како затворен систем, наменет само за претставниците на вооружените сили. Од овој систем се развил борбениот самбо, кој до неодамна им беше достапен само на неколкумина. Спиридонов во голема мера ги користел најдобрите достигнувања на системот за
самоодбрана на народите на СССР и џиуџицу, а вовел и зафати позајмени од борењето во слободен и во грчко-римски стил, дури и оние што во овие дисциплини се забранети. Позајмил удари од англискиот и од францускиот бокс, „стихијни удари“, па дури и оние што во тие години биле познати меѓу криминалците. Видовите зафати јасно сведочат за тоа де-
МЕЃУНАРОДНИ НАТПРЕВАРИ Од педесеттите години од минатиот век во СССР самбото интензивно се развива како национална боречка вештина, а од 1972 година се организираат меѓународни натпревари. Меѓународниот олимписки комитет во 1981 година го вклучи самбото во олимписките спортови, а во јули 2013 година натпревари во самбо за првпат беа одржани на Универзијадата во Казањ. Но, оваа боречка вештина сѐ уште не е вклучена во програмата на Олимпијадата. - Работиме на тоа самбото да влезе во олимписката програма. Најмногу нѐ радува што оваа боречка вештина ги привлекува гледачите - вели Василиј Шестаков.
ИМПРЕСУМ
16 |
КАЛЕИДОСКОП
ЕВГЕНИЈ АБОВ издавач и директор на RBTH ПАВЕЛ ГОЛУБ главен уредник на додатоците на RBTH ВЈАЧЕСЛАВ ЧАРСКИ извршен уредник за Јужна и за Средна Европа ЕМИЛ НИАМИ превод, лектура, веб, гостин-уредник на додатокот „Руска реч на македонски“ ЈАНЕ ЈОВАНОВ, ТРАЈЧЕ СТОЈАНОВ превод, лектура, веб ЕКАТЕРИНА ТУРИШЕВА, МАРИЈА СМИРНОВА асистенција, веб НИКОЛА ЛЕЧИЌ, ИРИНА РЕШЕТОВА ко-уредници АНДРЕЈ ЗАЈЦЕВ, НИКОЛАЈ КОРОЉОВ илустрации За огласување во овој додаток, ве молиме да се обратите на ЈУЛИЈА ГОЛИКОВА, директор на одделот за односи со јавност: julia.golikova@rbth.ru. ИГОР ДАНИЛОВИЌ координатор на „Руска реч“ во „Нова Македонија“ МАРЈАН ДЕЛЕВСКИ дизајн САША БЕЛЕВСКА технички уредник © 2013 сите права се задржани од ФГБУ „Росијскаја газета“: АЛЕКСАНДAР ГОРБЕНКО претседател на редакцискиот совет, ПАВЕЛ НЕГОИЦА генерален директор, ВЛАДИСЛАВ ФРОНИН главен уредник. Забрането е копирање, дистрибуција или преземање на содржините од овој додаток, освен за лична употреба, без писмена согласност на „Росијскаја газета“. Ве молиме за дозвола да се обратите на телефон +7 (495) 775 3114 или на и-мејлот urednik@ruskarec.mk. „Russia Beyond the Headlines“ не сноси одговорност за ненарачаните текстови и фотографии. Специјалните додатоци за Русија во светските дневни весници ги уредува и ги издава „Russia Beyond the Headlines“, во организација на „Росијскаја газета“ од Москва. Во моментов додатоци се објавуваат во следниве весници: Le Figaro, Франција • The Daily Telegraph, Велика Британија • Süddeutsche Zeitung, Германија • Еl País, Шпанија • La Repubblica, Италија • Le Soir и European Voice, Белгија • Дума, Бугарија • Политика и Геополитика, Србија • Eleutheros typhos, Грција • The Washington Post, The New York Times и The Wall Street Journal, САД • Navbharat Times и The Economic Times, Индија • Mainichi Shimbun, Јапонија • China Business News, Кина • South China Morning Post, Кина (Хонгконг) • La Nacion, Аргентина • Folha De S. Paulo, Бразил • El Observador, Уругвај • Today, Сингапур • Joongang Ilbo, Јужна Кореја • Sydney Morning Herald и The Age, Австралија • Gulf News, Обединети Арапски Емирати Електронска пошта на редакцијата „Руска реч“: urednik@ruskarec.mk. Повеќе информации на http://ruskarec.mk
Штандовите на божиќните саеми на Црвениот плоштад беа отворени на 1 декември.
Морнари и работници присуствуваат на церемонијата на пуштањето во работа на дизелeлектричната подморница „Новоросијск“ во бродоградилиштето Адмиралтејские во Санкт Петербург, 28 ноември 2013 година. Ројтерс
Интернет-страница: ruskarec.mk Еmail: urednik@ruskarec.mk Телефон: +7 (495) 775 3114 Факс: +7 (495) 988 9213 Адреса: ул. Правды 24, д. 2, Москва 125993, Россия.
Учесничките на 19-тиот годишен Национален фестивал на убавина и талент „Убавица на Русија 2013“ на финалното шоу во театарот „Росија“. ИТАР-ТАСС
Додатокот „Руска реч“ го финансира, уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва, Русија).
Екатерина Чеснокова / РИА Новости
Писмата на читателите, колумните и илустрациите означени како „мислење“, како и текстовите од рубриката „погледи“ во овој додаток се избрани за да претстават различни гледишта и не го изразуваат нужно гледиштето на уредникот на проектот „Russia Beyond the Headlines“ или на весникот „Росијскаја газета“. Ве молиме вашите писма и коментари да му ги испраќате на уредникот на urednik@ruskarec.mk
РУСКА РЕЧ