mk.rbth.com
Прилогот го уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва), која е целосно одговорна за содржината. Се печати и се дистрибуира во соработка со „Нова Македонија“.
САБОТА - НЕДЕЛА, 12-13 АПРИЛ 2014 ГОДИНА БРОЈ 16
Издание на
Атомот ѝ ветува енергетска независност на Унгарија стр. 2-3
Што ќе ѝ е Америка на Русија?
стр. 4-5
Како може Крим да стане специјална економска зона?
стр. 10-11
Рускиот јазик нуди огромни можности
PhotoXPress
стр. 8-9
Само на mk.rbth.com Повеќе теми на интернет -страницата на „Руска реч“
Најпопуларните руски речници, преведувачи и учебници стр. 6-7
„Росијскаја газета“ уредува прилози за Русија во 27 водечки светски весници, вклучувајќи ги и „Њујорк тајмс“, „Дејли телеграф“, „Фигаро“ и „Зидојче цајтунг“
2|
ЕНЕРГЕТИКА
Атомот ѝ ветува енергетска независност на Будимпешта
„Пакш“ обезбедува повеќе од половината струја во Унгарија
ЕНЕРГЕТИКА
|3
Атомската енергија, која по хаваријата на јапонската атомска централа во Фукушима доживеа извесна криза, постепено ги враќа своите позиции во светот. Веќе неколку земји, меѓу кои и неколку од Европа, во последниве неколку години донесоа одлука за развој на атомските централи во широки рамки Иван Морозов
Финска, која е позната по најдобриот атомски надзор во целиот свет, во декември минатата година потпиша договор со компанијата-ќерка на „Росатом“ за изградба на нова атомска централа. Од друга страна, пак, парламентот на Унгарија во февруари годинава ја ратификуваше меѓувладината спогодба со Русија за проширување на атомската централа „Пакш“. За Унгарија атомската енергија е еден од основните елементи за нејзината енергетска безбедност. Во енергетската стратегија на Унгарија е забележана неопходноста од воведување во експлоатација на нови атомски сили за сметка на проширувањето на големината на централите што се веќе во функција. Но, неопходно ли беше Будимпешта да брза со одлуката за изградба на нова атомска централа? Уделот на увоз на евтина електрична енергија во Унгарија суштински се зголеми во последниве години, со што во 2013 година изнесуваше 28 отсто од вкупниот енергетски биланс на земјата. Понатамошниот раст на увозот се заканува со влошување на енергетската безбедност на земјата, зашто поради евтината „туѓа“ електрична енергија не се исплатуваат новите сили. Тоа, пак, значи дека во блиска иднина земјата може да се најде во ситуација на енергетска зависност од соседите. КОНКУРЕНТНА ПРЕДНОСТ Во 2013 година унгарската атомска централа обезбеди повеќе од половина од енергијата во енергетскиот биланс на земјата на фонот на затворањето на нерентабилните производители на електрична енергија. Според последните прогнози на компанијата „MAVIR“, до 2030 година енергетскиот капацитет
во Унгарија ќе се намали до 5.120 мВт, и ќе биде потребно во погон да се пуштат 11.400 мВт дополнителен капацитет. Русите за проширување на „Пакш“ предложија енергетски блокови од генерацијата 3+ со вкупен капацитет од 2.400 мВт. Бидејќи енергетските блокови што во моментов работат во атомската централа „Пакш“ во периодот 2032 до 2037 година ќе престанат со производство, во 2038 година наместо 4.400 мВт во системот ќе има само 2.400 мВт атомска генерација. Бројките зборуваат самите за себе - изградбата на два нови блока на атомската централа „Пакш“ треба да започне веќе сега, зашто процесот на изградба на атомска централа е долг и сите одлуки треба да бидат донесени благовремено. Проширувањето на атомската централа „Пакш“ ќе ѝ даде на Унгарија конкурентна предност пред другите европски земји. Даниел Бенеш, генерален директор на компанијата „CEZ“, веќе обрна внимание на тоа дека благодарение на новите атомски капацитети по 15-20 години електричната енергијата што се произведува во Унгарија може да биде значително поевтина одошто, на пример, во Чешка. ПОМОШ ОД РУСИЈА Парите за изградба на атомската централа ги дава Русија. И условите за кредитирање не треба да се занемарат. Треба да се земе предвид дека светските финансиски институции не даваат кредит во рок поголем од 15 години. Договорот со рок од 21 година ѝ дава на Унгарија поволни услови, а исплатата треба да започне по започнувањето на експлоатацијата на новите капацитети. Каматната стапка изнесува 4,5 отсто, што е пониска од пазарната, односно исплатливоста на кредитирањето за Будимпешта е очигледна.
AFP / East News
Што е со Македонија? Енергијата станува сѐ поскапа. Инфраструктурните вложувања во енергетиката се сметаат за приоритет. Македонија во овој сегмент би кажала дека заостанува. Имаме изградба на мали хидроцентрали, но клучните зафати сѐ уште се заглавени во тендерски постапки и различни физибилити-студии. И во Македонија неодамна се отвори прашањето за изградба на нуклеарна централа, но, генерално, тоа беше изјавапробен балон. Претходно, Македонија имаше обид да стане дел од мегануклерката „Белене“ во Бугарија, но и тој проект засега е ставен во мирување. Европските земји од поодамна се насочени кон вложувања во енергетиката со крајна цел да се намали енергетската зависност на земјите, односно да се обезбеди подолгорочна енергија. Анета Додевска, новинар-аналитичар од областа на економијата
4|
ПОГЛЕДИ
Што ќе ѝ е Америка на Русија? Фјодор Лукјанов
Русија нема намера да се откаже од заемната соработка со САД
Западните политичари сфаќаат дека Русија за првпат реши да дејствува онака како што мисли дека треба, не оставајќи место за компромис со Европа и со САД. Едноставно, прашањето за Украина за Москва е толку важно, што не се мисли на почитта. На Запад веќе се одвикнати од тоа, така што се обидуваат да ја вратат Русија кон оној модел на однесување, на кој се придржуваше толку долго време. Русија одговара, потсетувајќи за секој случај колку се големи влоговите - никој не ја суспендирал способноста да се претвори Америка во „радиоактивна прав“. Атмосферата не е воопшто пријатна, но подобро вербално препукување, одошто какво било друго. Како и да е, страстите ќе стивнат и ќе треба да се вратиме на работата. Што можеме да очекуваме во правец на Америка? И, што ни е потребно, всушност? СТРАТЕГИСКО ПАРТНЕРСТВО Во советско време Соединетите Американски Држави беа во центарот на вниманието на Кремљ. Тоа е разбирливо, зашто сета советска политика, во суштина, се сведуваше на овој поларитет. Откако заврши Студената војна се сметаше дека непријателството е останато зад нас и дека е дојдено времето за „стратегиско партнерство“. Значењето на овој поим, притоа, никогаш докрај не беше разјаснето и набргу тој бесмислено почна да се применува за сите земји. Во суштина, психолошката спротивност постоеше и понатаму, а нееднаквите сили и можности, кои водеа кон отсуство на рамнотежа, само го зголемија потиснатото чувство на заемно незадоволство. Во Русија долго време владееше претста-
вата за тоа дека добрите односи со САД сами по себе се значајни, а не дека постои некоја конкретна причина. Во теоријата беше така. Америка е најмоќната и најразвиена земја на светот, која има максимално влијание и можност. Во практиката, Русија не научи овие можности да ги употреби во своја полза, а не е извесно и ниту дека ваквата претстава за Америка беше реална. Во секој случај, Соединетите Американски Држави не беа подготвени за рамноправна соработка, а Русија, очигледно, не сакаше да ја признае надмоќта на Америка. Денес повеќе не се зборува за стратегиско партнерство. Дали тоа значи дека преминуваме на режим на генерална спротивставеност? Тешко дека е така. Русија не е Советскиот Сојуз. Таа не претендира ниту на владеење со светот, ниту на идеолошка доминација. Москва едноставно ги означува територијалните граници за кои смета дека за неа се од животна важност (Украина, без сомнение, влегува во тие рамки), и
ПОГЛЕДИ
СИРИЈА И ИРАН Интересно е што и покрај крајно заострената полемика во врска со Украина, уништувањето на хемиското оружје од Сирија и понатаму продолжува според планот, а не се менува ниту ставот на Кремљ и на МНР на Ру-
Триаголникот Кина - Русија - САД Кина своето место во светот и можностите на другите партнери го набљудува низ триаголникот на најголемите држави: НРК - САД - Русија. Значењето на секој „агол“ од овој триаголник зависи од односот со останатите „агли“. Притоа оној што ќе ја изгуби врската со некој од преостанатите два играчи станува, според мислењето на Кина, послаб и во поголема мера зависи од третиот играч. Во оваа геометрија Москва треба да го зачува Вашингтон како начин за одржување на рамнотежата со Пекинг и за да ја зголеми неговата заинтересираност за соработка. сија во врска со прашањето за политичко решавање на сириската криза, ниту по прашањето за нуклеарните преговори со Иран. Пред сѐ симптоматично е тоа што Русија на ниту еден начин не ја доведува во прашање соработката во врска со транзитот на товарот на НАТО од Авганистан преку Улјановск. И
сето тоа се одвива и покрај непријателските изјави на претставниците на военото и на политичкото раководство на Алијансата. Русија, според сѐ, нема намера да ја запре соработката со САД на оние полиња каде што интересите на двете земји не се спротивставени. Но, нема ниту да попушти за оние прашања каде што интересите им се разидуваат. Овој модел е сосема природен за односите на овие две големи држави, кои не се сојузници. Особено во современиот повеќеслоен свет, во кој повеќе не постојат едноставни опозиции и линеарни зависности. ЗАЕДНИЧКИ ИНТЕРЕСИ Кои се тие области за кои се совпаѓаат интересите? Тука спаѓа Арктикот, на кој, и покрај честите изливи на страст, руските и американските интереси битно не се разликуваат. Тука е и прашањето за неширење на нуклеарното вооружување, во кое Москва и Вашингтон, сакале тие или не сакале, остануваат главните актери и го носат поголемиот дел од одговорноста. Темата за тероризмот е многу истрошена, и тоа главно во разговори, но допирни точки објективно постојат. Сепак, најважно е нешто друго. „Разводот“ на Русија од Западот, до кој по најновите настани по редот на нештата и ќе дојде, ќе го забрза завртувањето на Москва кон исток, кое веќе е најавено на највисоко ниво. Само по себе тоа е правилно насочување, кое дури и малку задоцни. Имено, не треба да се набљудува светот низ европските очила, кога главната сцена е преместена во Азија. Но, таму се одвива посебна политика во која Русија никако не е најсилен играч. Авторот е претседател на президиумот на Советот за надворешна и одбранбена политика
Сергеј Јолкин
внатре на своето пространство има намера да дејствува бескомпромисно. Но, на меѓународната сцена спротивставувањето на САД не беше цел сама по себе. Тоа може да биде средство за светот да се потсети на овие граници. Кога станува збор за другите прашања, Москва не сака да се постави како системски противник на Америка.
|5
6|
ОПШТЕСТВО
Најпопуларните руски речници, Кои јазични ресурси најчесто ги користат странците кога читаат или кога пишуваат на руски? Направивме анкета меѓу нашите читатели и ги прегледавме најпопуларните јазични помошници Дмитриј Ромендик
РЕЧНИЦИ
којдневно услугите на Мултитран ги користат повеќе од 90.000 луѓе. Сепак, според бројот на речничките статии и според описот овој речник заостанува зад Lingvo.
Лингво (Lingvo)
ЕЛЕКТРОНСКИ ПРЕВЕДУВАЧИ
Обично речниците најпрво излегуваат во дебели томови, а потоа, оние што ќе се покажат како најдобри, се прават во електронски формат. Во семејството речници Лингво (Lingvo) сѐ е поинаку. Во електронска форма тие почнаа да се издаваат уште во 1989 година, а во печатена форма од 2007. Публиката на овие речници надминува 30 милиони луѓе. Сѐ на сѐ компанијата има издадено 15 руско-странски речници, меѓу кои на англиски, германски, француски, шпански, италијански, португалски, кинески јазик. Онлајн може да ги користите речниците на сервисот Јандекс.Словари (slovari.yandex.ru).
Постојат неколку солидни сервиси што ги преведуваат текстовите во целост. Сепак, два се основни - translate.google.com и translate.yandex.ru. Електронските преведувачи сѐ уште се немаат научено да преведуваат точно, зашто машинскиот превод изобилува со грешки. Сепак, доколку е потребно да се сфати општата смисла на текстот, можете да ги користите и нив. А, понатаму ќе треба самите да го обмислите текстот.
lingvo.ru
Лингви (Linguee) За оние што учат руски или што читаат на руски, овој сервис овозможува само англиско-руски и руско-англиски речници. Другите речници тргнуваат од англискиот: англискогермански, англиско-француски и така натаму. Но, затоа, доколку ви е потребно да дознаете некоја нијанса за употребата на зборот, речникот има незаменлива функција - под преводот на зборот дадени се примери на преведени текстови во кои е употребен тој збор. Преведувачите знаат колку е важен контекстот, па затоа тука не треба да се трага по него, туку може да се избере од множеството дадени варијанти. linguee.ru
Мултитран (Multitran) Уште едно популарно електронско семејство речници. Обединети се 13 јазици, меѓу кои англиски, германски, шпански, француски, италијански. Речниците може да се користат и онлајн на адресата multitran.ru. Се-
УЧЕБНИЦИ Учете руски (Learn Russian) Постојат многу курсеви за изучување на рускиот јазик. Најразбирлив за почетници е проектот на телевизиската компанија „Russia Today“ - learnrussian.rt.com, каде што изучувањето започнува од азбуката, фонетиката, тестирањето и други основни функции. Master Russian (masterrussian.com) постои многу подолго, па затоа на него има многу поголемо количество учебен материјал. Исто така, може да го пробате и Russian Language Lessons (russianlessons.net). Работата е во тоа што учењето странски јазик е индивидуална работа. На различни луѓе им лежат различни учебни програми.
ТРАНСЛИТЕРАЦИЈА Многумина од оние што учат руски или што се служат со него одвреме-навреме, сѐ уште ја немаат поставено руската поддршка на својот компјутер. Но, и за нив постои помошен сервис - translit.ru. На него постојат две важни можности. Како прво, директно онлајн може да се напише рускиот текст со користење на фонетска тастатура. А, како второ може да се пишува на руски со латиница и автоматски текстот да се претвори во кирилица.
ОПШТЕСТВО
|7
Shutterstock / Legion Media
преведувачи и учебници
8|
РУСИЈА И МАКЕДОНИЈА
Рускиот јазик нуди огромни м „Колку повеќе јазици знаеш, толку си побогат!“ Ова е изрека што сите ја знаеме. Рускиот е словенски јазик со најголем број говорители, а воедно е и единствениот од словенската група што има статус на светски. Во Република Македонија меѓу другите странски јазици, на различни нивоа од образованиот систем, се изучува и рускиот. „Руска реч на македонски“ направи свое истражување со цел да дознаеме каде сѐ се изучува рускиот јазик и колкава е реалната потреба од него во Македонија Емил Ниами
Кога на некој Македонец ќе му кажам дека зборувам руски, веднаш се вербализираат различни фрази и зборови на овој јазик, слушнати на телевизија или, пак, нешто што останало научено од училиште. Во Македонија луѓето имаат пријатни асоцијации за рускиот јазик, го сметаат за милозвучен, се сеќаваат на цртаните и на играните филмови за деца од периодот кога биле мали, се потпевнуваат „Калинка“ и „Катјуша“. Но, во последниве дваесетина години изучувањето на рускиот јазик, како во основното и средното така и во високото образование, драстично опадна. До 1992 година во Македонија постоеше договор, кој функционираше и потоа беше наследен од СФРЈ, според кој се предвидуваше рамноправност во изучувањето на странските јазици во македонскиот образовен систем. Но, истата година со одлука на тогашниот министер за образование Димитар Бајалџиев овој договор беше укинат, што претставуваше силен удар врз рускиот јазик. Во основните и средните училишта се намали бројот на наставници по руски, а ова значеше и намалување на студентите по руски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од Скопје. Историјата на изучувањето на рускиот јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје започнува уште со неговото основање, а по две години започнува да се изучува и како гла-
вен јазик на Катедрата за славистика. Уште од самиот почеток интересот за студирање на групата за руски јазик и книжевност била голема, а овој тренд продолжи сѐ до средината на деведесеттите години од минатиот век. Со текот на времето на Катедрата, освен наставната насока, која е предвидена за наставници и за професори по руски јазик во основните и во средните училишта, започна да функционира и преведувачката насока, со оглед на тоа дека се покажа потреба од потесна специјализација во оваа област. Но, оттогаш почна да спласнува и интересот за него. Постојат повеќе причини за ова. - Во овој период имаме малку студенти, веројатно како последица на тоа што постојано се зборува и сите погледи се свртени кон Запад, ЕУ и НАТО, но убедена сум дека наскоро ќе се покажат последиците од ваквите пропусти. Зборуваме, сепак, за огромна земја, со многу долга кул-
турна историја, богата традиција, напредна научна мисла, уметност што предизвикува восхит. Има многу области во науката и уметноста во кои достигнувањата на руските дејци се пред сите во светот. Ако некој сака да се изгради како врвен специјалист во професијата што ја избрал, тоа нема да може да го направи ако го исклучи рускиот придонес во развојот на научната мисла во таа област - вели професорката Красимира Илиевска, која е шеф на Катедрата за славистика на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. ПОБАРУВАЧКА ЗА ПРЕВЕДУВАЧИ Од друга страна, пак, во последниве неколку години на пазарот за работа е зголемена побарувачката на преведувачи од и на руски јазик. Во контактите што ги остваривме со неколку агенции за вработување, преведувачки центри и ав-
РУСИЈА И МАКЕДОНИЈА
можности
Ако некој сака да се изгради како врвен специјалист во професијата што ја избрал, тоа нема да може да го направи ако го исклучи рускиот придонес во развојот на научната мисла во таа област Красимира Илиевска
ИТАР-ТАСС
На пазарот на работна сила во Македонија постои дефицит од квалитетен преведувачки кадар од и на руски јазик
торски бироа може да се заклучи дека навистина постои недостиг од квалитетен преведувачки кадар и тоа како за писмен така и за устен превод. Ова на минатогодишната посета на руската парламентарна група на Република Македонија го подвлече и нејзиниот шеф Александар Балберов. - Постарата генерација знае и го памети нашиот јазик, средната не многу, а додека младите воопшто не го знаат, бидејќи тој отсуствува во комуникацијата и во образованието, иако, во принцип, треба да биде присутен. Се воспоставуваат економски врски, а тоа значи дека тука доаѓаат руски бизнисмени, различни специјалисти и е мошне тешко да се преговара со помош на преведувач, а згора на тоа постои и проблем со дефицит на преведувачи. Практично, нас во овој поглед нè спасува амбасадата на Русија во Македонија - рече Балберов.
Овој впечаток го имаат и многу руски фирми што во моментов работат во Република Македонија, но и македонски фирми што имаат свои претставништва во Руската Федерација. За нив ова претставува навистина голем проблем, зашто без руски јазик тие не можат да остварат основна комуникација со своите колеги од Русија. Згора на тоа, квалитетниот и специјализиран преведувачки кадар е потребен не само во комуникацијата туку и за превод на стручни, но и на уметнички текстови. - Ако зборувам конкретно за мојата работа како професор на Катедрата за славистика и за советот што би му го дала некому што бара помош во изборот на идната професија, би напоменала дека, за жал, еден од критериумите во тој избор (не главен, но секако важен) е и можноста за вработување. Денес многу се бараат преведувачи од и на руски јазик. Сѐ помалку и помалку луѓе течно зборуваат руски. Тоа значи дека во овој момент потребите одвај се задоволуваат, а постојано доаѓаат нови фирми, се отвораат нови фабрики и други производствени капацитети, се склучуваат договори за економска размена - нагласува професорката Илиевска. УСЛОВИ ЗА СТУДИРАЊЕ РУСКИ ЈАЗИК Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од Скопје е единствената високообразовна институција во Македонија која подготвува специјалисти по руски јазик. Екатерина Терзијоска, која долги години работи како лектор по руски јазик на Катедрата ги објаснува условите за студирање. - Секоја година Катедрата за славистика распишува конкурс за прием на 30 редовни студенти во државна квота, 15 редовни студенти во приватна квота и пет вонредни студенти на руски јазик. Рускиот јазик се студира од почетно ниво, без претходни предзнаења на кандидатите и наставата се одвива во текот на осум семестари. Во секој семестар студентите имаат три задолжителни предмети и три изборни предмети, кои, во зависност од интересот и насоката (преведувачка, наставна и културолошка), ги избираат од матичната катедра или од другите катедри на Факултетот. Последниве години како изборни пред-
|9
мети за целиот факултет се нудат мошне интересни предмети каконо што се руска цивилизација, стручна терминологија, практика на преведување и многу други. Во наставниот процес, освен постојаниот наставен кадар, вклучени се и лектори што се родени говорители на рускиот јазик и доаѓаат од Московскиот државен универзитет „М.В. Ломоносов“ - вели Терзијоска. Таа посочува оти часовите се одржуваат во компјутерски лаборатории со современ софтвер, кој особено се применува во наставата по фонетика, симултано и консекутивно преведување. - На нашите студенти за време на студирањето им овозможуваме барем еден месец престој во Русија на бесплатни јазични курсеви. Заинтересираните можат по кредит трансфер системот да престојуваат и цел семестар или дури и цела учебна година. Воопшто, се трудиме да направиме сѐ што зависи од нас нашите студенти да го завршат образованието како изградени специјалисти. Со многумина од нив остануваме во контакт и по нивното завршување, помагаме со совети или со литература доколку имаат некакви проблеми од стручна природа, водиме сметка за нив и кога можеме да помогнеме за подобро вработување, а тие контакти, веќе на сосема друго ниво, траат со години - додава Илиевска. ДОБРИ ПЕРСПЕКТИВИ Сето ова е доволно добар доказ за тоа дека рускиот јазик има многу добра перспектива во Македонија. Зголемувањето на економските, културните и туристичките врски помеѓу Руската Федерација и Република Македонија претставуваа гаранција за идните вработувања на високообразовани филолози по руски јазик, кои ќе ја пополнат празнината што во моментов постои. Згора на тоа, не треба да се занемари и фактот дека на руски јазик е напишана и продолжува да се пишува квалитетна уметничка литература, за која во Македонија има голем интерес, а, исто така, во земјава се чувствува голема потреба од научното искуство на Русија, кое може да се добие од учебниците и стручната литература напишани на руски.
Се воспоставуваат економски врски, а тоа значи дека во Македонија доаѓаат руски бизнисмени, различни специјалисти и е мошне тешко да се преговара со помош на преведувач, а згора на тоа постои и проблем со дефицит на преведувачи Александар Балберов
10 |
ЕКОНОМИЈА
Како може Крим да стане специјална економска зона?
Експертите Марија Карнаух
Премиерот на Руската Федерација, Дмитриј Медведев, веќе најави дека постојат планови за создавање специјална економска зона на полуостровот. Целта на преобразувањето е Крим од дотациски да стане региондонатор. Од гледна точка на првиот човек на АД „Специјални економски зони“, Вадим Третјаков, регионот е перспективен, меѓу другото, и поради географската положба. Созда-
вањето на СЕЗ е ефикасен инструмент, кој помага да се привлечат директни инвестиции. СЕЗ може да биде воведена на територијата на целиот регион, како што беше направено во Калининград. Како што забележува Третјаков, очигледно дека создавањето економски зони во Крим ќе се изведува според посебни правила, а самиот полуостров ќе стане територија од мешан тип, кој во себе вклучува неколку кластери за развој. Меѓу варијантите што се разгледуваат е
создавање коцкарска зона во Крим. Како што изјави премерот на републиката, Сергеј Аксјонов, кримската влада веќе бара место за изградба на казина. Сепак, експертите се скептични во однос на оваа перспектива. - Во Русија сѐ уште не постои искуство за успешна реализација на ваков проект - вели регионалниот директор на агенцијата за рејтинг „Експерт“, Владимир Горчаков. Најперспективни за развој се СЕЗ и за привлекување инвестиции можат да бидат об-
ЕКОНОМИЈА
| 11
Перспективите на Крим во состав на Руската Федерација во моментов се огледаат во неговото претворање во специјална економска зона (СЕЗ). Посебен даночен режим, државни инвестиции и развој на веќе постојните правци треба да го претворат полуостровот во регион-донатор не претставува проблем за еден турист да најде хотел, соба или стан. Сепак 80 отсто од овој бизнис се наоѓа во „сенка“. Експертите се уверени дека воведувањето даночни олеснувања за овој вид бизнис ќе дозволи од сенка да излезат приватниците, а, исто така, и ќе дозволи во регионот да се привлечат руски и меѓународни хотелиерски оператори. Според мислењето на Горчаков може да се искористи практиката на „импутниот данок“, кој претставува фиксен налог за планиран приход. Освен тоа, за зголемувањето на протокот на туристи неопходно е да се развие транспортната инфраструктура. До денешен ден туристите, во основа, беа од Украина. Според пресметките на претседателот на Асоцијацијата на туристички оператори на Русија (АТОР), Владимир Канторович, во просек во Крим доаѓале четири милиони Украинци и два милиони Руси. Притоа, основниот дел од оние што доаѓале како превозно средство го користеле возот. - Со авион на Крим дошле само 300.000 туристи - вели специјалистот.
PhotoXpress
ИНДУСТРИЈА
велат дека најголем потенцијал за регионот е туризмот
На второ место според перспективноста за Крим е развојот на производниот потенцијал. „Имено, индустријата денес е базична гранка, која акумулира 37 отсто од сите извори во буџетот“, подвлекува Горчаков. Индустриската база ја сочинуваат претпријатијата од агроиндустрискиот комплекс и од хемиското производство. Најпривлечен за инвеститорите е агроиндустрискиот комплекс: производството на житарки, сточарството, лозарството, градинарството, одгледувањето култури за етерични масла, какви што се лавандата, розата, жалфијата. Во овие области, според мислењето на експертите, можат да се приклучат руските агрохолдинзи од најразвиените региони во делот на земјоделството - Краснодарскиот и Ростовскиот.
ластите што се веќе доволно развиени во регионот, а тоа се туризмот, индустријата и транспортот. ТУРИЗАМ - Најголемиот потенцијал на регионот е туристичкиот - убеден е Владимир Горчаков. Според официјалната статистика, регионот го зазема второто место во Русија по бројот на сместувачките капацитети. Ова значи дека
Најголемиот потенцијал на регионот е туристичкиот Владимир Горчаков
Сепак, за развој на земјоделството треба да се реши прашањето за снабдувањето со вода. Проблемот со водоснабдувањето на регионот руските власти планираат да го решат благодарение на фабриката за опреснување на морската вода, изградба на водовод од Краснодарскиот крај и создавање резервоари на Таманскиот Полуостров. ТРАНСПОРТЕН ПОТЕНЦИЈАЛ И на крајот, трет според потенцијалот е транспортно-логистичкиот комплекс. Според зборовите на Горчаков, денес делот на транспортот зазема само десет отсто од економијата на регионот. Во основа, тоа се четирите трговски пристаништа - Евпаторското, Јалтското, Феодосиското и Керченското. - Во перспектива можно е во нивниот развој да се привлечат крупни руски приватни и квазидржавни инвеститори. Стимул за ова може да биде создавањето на СЕЗ од пристаништен тип на територијата на Републиката подвлекува претставникот на агенцијата за рејтинг „Експерт“. Како прво, руските инвестиции ќе бидат државни и ќе бидат насочени кон военоиндустрискиот комплекс: на полуостровот, најверојатно, ќе создадат крупна воена база. Кога станува збор за трговскиот потенцијал, износот на инфраструктурниот фонд на кримските пристаништа е значително поголем одошто на крупните пристаништа на црноморскиот басен на Руската Федерација. Да инвестираат во нивното обновување ќе имаат можност оние компании што ќе ги привлече потенцијалот на регионот - на пример, најголемите логистички оператори чиј список го отвора FESCO. Сепак, за тоа ќе треба најпрво да се реши прашањето со побарувачката. Досега преку пристаништата на Крим извезуваше и увезуваше стоки само Украина, потсетува Горчаков. Како што подвлекува Сергеј Хестанов, управител на групацијата „Алор“, штом ќе се реши прашањето со транспортната достапност, регионот ќе се искачи на ново ниво на развој. Според неговите пресметки, периодот на покривање на трошоците за исплатливост може да се движи од три до пет години. Кога станува збор за инвеститорите, веднаш по гасните компании ќе дојдат приватни, а во подалечна перспектива, штом ќе биде решено прашањето со статусот на Крим на меѓународно ниво, ќе дојде и странскиот капитал.
12 |
ПАТУВАЊА
Дворците на Крим „Руска реч“ ви нуди краток водич низ најважните архитектонски споменици на Крим, кои претставуваат бисери на архитектурата, расфрлени по должината на брегот на овој полуостров. Крим им бил и судбинска љубов на многу големи Руси: Лев Толстој сакал да биде погребан тука, легендарните Фјодор Шаљапин и Максим Горки токму тука работеле над автобиографијата на оперскиот пејач, додека Ајвазовски на Крим ги насликал своите познати морски пејзажи Снежана Шерстјук
Ливадискиот дворец
Lori / Legion Media
Ливадискиот дворец спаѓа меѓу најраскошните резиденции на Крим. Ова е последната зграда во Руското Царство што е подигната од страна на царското семејство. Издолжената бела градба, која изобилува со лачни отвори во италијански стил, е подигната во 1911 година. Автор на проектот бил кримскиот архитект Николај Краснов. Според некои податоци царот Николај Втори за изградбата потрошил околу четири милиони тогашни златници (како споредба, во 1911 година платата на просечен државен чиновник изнесувала 4.000 рубли годишно, односно 1.000 пати помалку). Ливадискиот дворец во 1993 година добил статус на музеј. Дворецот се наоѓа во населбата Ливадија, која е оддалечена три километри од градот Јалта.
Lori / Legion Media
Масандрискиот дворец
Дворецот во стилот на епохата на Луј XIII рано останал без сопственик. Проектиран е од францускиот архитект Етјен Бушар. Работел за кнезот Семјон Воронцов, претставник на богат дворјански род. На сопственикот не му било судено да го види остварувањето на проектот. По смртта на Воронцов во 1882 година изградбата била запрена, а по седум години имотот бил купен за царот Александар Трети. Дворецот е завршен по три години, но ни царот не успеал да се скраси во него - починал во 1894 година. Тогаш имотот го наследил Николај Втори. Во триесеттите години од минатиот век дворецот бил претворен во лекувалиште за туберкулоза, а по Втората светска војна бил преуреден во Сталински државен летниковец, во кој се одморале Сталин, Хрушчов и Брежњев. Музејот е отворен од 9 до 18 часот. Дворецот се наоѓа во населбата Горна Масандра.
ПАТУВАЊА Дворецот на Панина
Lori / Legion Media
Ластовичкино гнездо
| 13
Lori / Legion Media
Резиденцијата е изградена по завршувањето на Руско-турската војна, кон крајот на деветнаесеттиот век, за еден руски генерал во пензија, чие име не е сочувано, но се знае дека првиот сопственик му дал име Замок на љубовта. Зградата е овековечена со слики на Иван Ајвазовски и со фотографии од тој период. Оттогаш зградата на Аврорината гора неколку пати го менувала сопственикот. Најпрво го поседувало семејството на дворскиот лекар, а потоа московската трговка Рахманинова. Ја урнала првобитната дрвена зграда и на нејзино место изградила замок, исто така од дрво. Токму Рахманинова му го дала денешниот назив на дворецот Ластовичкино гнездо. Ластовичкиното гнездо ја има сочувано својата „витешка“ архитектура, која постои благодарение на последниот сопственик, нафтениот магнат Штејнгел. Бидејќи бил симбол на Крим, минијатурниот готски замок на врвот на гората висока 40 метри од темели бил обновен во 1912 година. Во замокот како простории има само претсобје, салон и скали што водат во двете спални соби на катот. На почетокот на Првата светска војна баронот Штејнгел заминал во Германија, а замокот Ластовичкино гнездо му го продал на еден московски трговец, кој во него отворил ресторан. По смртта на сопственикот ресторанот престанал да работи. Замокот бил сериозно оштетен во 1927 година во земјотрес со сила од 9 степени според Рихтеровата скала, по што 40 години бил затворен. По обновувањето, во Ластовичкино гнездо повторно е отворен ресторан. Замокот се наоѓа близу населбата Гаспра во околината на Јалта.
Средновековниот дворец со убави кули и назабени бедеми обвиени во бршлен и со фасада во готски стил е изграден во првата половина на 19 век. Му припаѓал на рускиот род кнезови Голицини. Го проектирал познатиот архитект од епохата на модерната Фјодор Шехтељ. По Голицини дворецот во Гаспра преминал во сопственост на дворјанскиот ред Кочубеј, а потоа дошол во рацете на мошне богатото семејство на Софија Панина. Со нејзиното име и со овој дворец поврзани се две години од животот на рускиот писател Лев Толстој. За време на престојот во Гаспра писателот го посетувале Чехов и Горки, Куприн и Шаљапин. За време на своето последно патување на Гаспра Толстој настинал, а кога болеста дошла до најакутната фаза му било толку лошо што лекарите изгубиле секаква надеж за закрепнување. Толстој не сакал неговите блиски да се мачат со телото и посакал да го закопаат на Крим, по што било купено помало место на соседниот имот. Сепак, на крајот закрепнал и проживеал уште осум години. Дворецот се наоѓа во населбата Гаспра. Денес во него се наоѓа детското лекувалиште Јаснаја Полјана, а на приземјето е поставена изложба посветена на овој писател.
Lori / Legion Media
Дворецот на Воронцов
Изграден е кон средината на 19 век од страна на Михаил Воронцов, генерал-губернатор на тогашниот Новоросијски крај. Го проектирал Едвард Блур, дворски архитект на англиската кралица Викторија. Тој учествувал во изградбата на познатата Бакингемска палата во Лондон, како и во изградбата на замокот на Валтер Скот во Шкотска. Јужната фасада на дворецот е завртена кон морето, проектирана е во маварски стил и во извесна смисла потсетува на познатиот дворец Алхамбра во Гренада, кој е подигнат кон крајот на 14 век и им припаѓал на арапските владетели на Шпанија. На фризот на длабоката ниша шестпати се повторува стилизиран арапски натпис, гесло на гренадските калифи: „Не постои друг победник освен Алах!“. Пред фасадата е направена Лавовска тераса од која се спуштаат монументални скалила со три двојки лавови од бел мермер. Лавовите на горните скалила се копии на лавовите на Антонио Канова од гробницата на папата Клемент XII во Рим. Задната фасада на дворецот и неговиот заден дел е романтичарска архитектонска варијација на тема стилот на Тудор од крајот на 16 и почетокот на 17 век. Зградите во комплексот на дворецот имаат 159 соби, вклучувајќи и помошни простории. Денес дворецот е преуреден во музеј. Дворецот на Вороцов се наоѓа во градот Алупка.
14 |
КУЛТУРА
УЛОГАТА НА УНИФОРМАТА
Човекот во мундир Ина Фјодорова
Во 1722 година Петар Велики ја вовел „Табелата на рангови“ (хиерархија на чиновите во државната и во воената служба) и со тоа го систематизирал бирократскиот апарат во европски манир. На секој чин му одговарала посебна униформа, мундир со кој прецизно се дефинирал чинот и општествената положба на чиновникот. Униформата го краси мажот, таа за мла-
дите луѓе претставува еден од главните аргументи во корист на службата, меѓу другото и на цивилната. Дури и уличните продавачи на весници имале службена облека: продолжен двореден мундир со качкет и карактеристична торба преку рамото. Мундирот во исто време влијаел и врз имиџот на државата. Во времето на Петар Велики Русија успеала да проговори на јазикот на Европа. Кога руските чиновници ја ставиле облеката блиска на западниот човек, светот пре-
станал да ги гледа како полудиви Словени. Самиот Петар Велики носел исклучиво униформа од домашно производство. Токму униформата довела до формирање на текстилната индустрија во Русија, дала потстрек во развојот на производството на облека. Огромните државни порачки на готови униформи го стимулирале преминот од занаетчиско во мануфактурно производство на ткаенини и на готови производи. Руската Империја била земја на мундири
КУЛТУРА
| 15
Големиот руски писател Гогољ го напишал расказот „Шинел“ - приказна за ситен човек што стравува за своето место во општествената хиерархија. Тоа е, всушност, приказна за една униформа, за мундир. Мундирот во Русија не бил едноставно облека, туку и симбол на преданост на својата земја, на учество во животот на Империјата. Тој до денешен ден ја има оваа улога ни во образованието и во медицинските установи дискретно им било препорачувано да се придржуваат кон умерените бои и скромните кроеви, кои, фактички, биле лишени од декоративност - главно носеле темни фустани со високи јаки.
Руската Империја била земја на униформи. Од универзитетите до владините канцеларии, сите вработени луѓе и студенти носеле униформа пропишана од царот
- сите мажи што биле на служба или што се школувале, од гимназијалци до државни функционери, носеле униформа што ја пропишал императорот. Табели со детален опис на кројот, бојата, украсите, материјалите, па дури и на величините, биле објавувани во текстовите на законите. Секој император лично ги одобрувал и ги коригирал кроевите на униформите. Ова прашање се однесувало и на женската популација. На жените што биле вработе-
РИА Новости
НАШИВКИ, ШАПКИ, ЦРНИ ЧЕВЛИ Секоја образовна установа и ресор имале сопствена униформа во неколку варијанти: свечена, секојдневна, за излегување, зимска и летна. На пример, офицерите на гардиската тешка коњица имале по пет-шест униформи. Обичните војници во истите тие полкови имале по три униформи. Освен тоа, во секој ресор униформата се разликувала во зависност од класата и чинот на оној што ја носи, се разликувале според шарата и распоредот на везот на свечениот мундир на чиновниците од пониските категории, од колешкиот регистратор (14 класи) до дворскиот советник (шест класи). Освен самиот мундир, се разликувале и капите и тоа според обликот и според бојата на опшивката. Дури и во рамките на истиот ресор постоеле разлики меѓу униформата на чиновник на „централниот апарат“ и „претставникот на периферијата“ на идентична должност - припадниците на централниот ресор на копчињата имале двоглав орел, а нивните колеги во регионите го имале грбот на губернијата обвиен во лаворов венец. Распонот на боите бил ограничен. Според описот на историчарот Ј. Ривош, „полукафтанот, реденготот, фракот и панталоните што одат обично со нов биле темно зелени. Само за чиновниците од Министерството за просвета и од Академијата на уметностите била пропишана темносина боја. Налето се носеле реденготи, елечиња, а понекогаш и панталони од панама, белено или небелено, или од жерсе. Од истиот материјал биле шиени и навлаките за шапките“. Чевлите биле црни, на шнирање. Високи чизми носеле само со дворедни куси капути, блузи или реденгот за време на службен пат. Ривош пишува: „Знаците според кои се препознавале чиновите биле исти за сите министерства и ресори. Тие биле закачувани на нашивките или на еполетите. Нашивките ги имало на сите типови униформи, освен на полу-
кафтаните и на свечените мундири. На нашивките се наоѓал амблем на министерството или на ресорот, а, исто така, и на капите, но помал. Свечената униформа на чиновникот била составена од полукафтан (еднореден мундир на закопчување со девет копчиња) и панталони со лента (почнувајќи од четврта класа). Со свечената униформа се носеле сите одликувања, меч и бели ракавици, како и бел елек, но тој не се гледал“. ВО ЦЕЛОСЕН СЈАЈ Кога станува збор за руската свечена униформа, дизајнерката Анастасија Романцова направи претколекција есен-зима 2014-2015, во која има употребено ленти и одликувања, крути јаки и други ефектни елементи на мундирот. Вредноста на свечениот мундир на сенаторот извезен со злато била еднаква на месечната плата на еден министер. Престижот на мундирот бил толку голем што будел завист дури и кај трговците и кај индустријалците надвор од државната служба. Тие давале големи прилози (стотици илјади, па дури и милиони) на „Фондот на императорката Марија“, кој се грижел за сиромашните, за старските домови, за болниците и за другите добротворни организации. Награда за великодушноста било правото на носење мошне впечатлив мундир на овој фонд. Раскошот на униформата директно зависел од висината на прилогот. Општата практика на носење униформа е прекината по падот на царската власт. Во Русија денес мундири носат само припадници на некои органи на редот и на правосудството. Сепак, државните службеници сѐ почесто стануваат свесни за моќните способности на мундирот за дисциплинирање и за обединување. - Полицајците носат исти униформи и сите ги препознаваат. Чиновничкиот апарат што е во служба на државата, исто така, треба да биде препознатлив. Тие би требало да носат костуми одбрани со вкус“, изјави во едно интервју пратеникот на Троицкото регионално собрание Дмитриј Малов, кој предложи сите чиновници во Чељабинската област да бидат облечени во исти, но модерни костуми. Триумфалното враќање на Шинелот не е далеку.
ИМПРЕСУМ
16 |
КАЛЕИДОСКОП Девојче си игра со гулабите на брегот на градот Севастопољ, на 3 април 2014 година.
Писмата на читателите, колумните и илустрациите означени како „мислење“, како и текстовите од рубриката „погледи“ во овој додаток се избрани за да претстават различни гледишта и не го изразуваат нужно гледиштето на уредникот на проектот „Russia Beyond the Headlines“ или на весникот „Росијскаја газета“. Ве молиме вашите писма и коментари да му ги испраќате на уредникот на urednik@mk.rbth.com
Михаил Мокрушин / РИА Новости
Додатокот „Руска реч“ го финансира, уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва, Русија). Интернет-страница: mk.rbth.com Еmail: urednik@mk.rbth.com Телефон: +7 (495) 775 3114 Факс: +7 (495) 988 9213 Адреса: ул. Правды 24, д. 2, Москва 125993, Россия. ЕВГЕНИЈ АБОВ издавач и директор на RBTH ПАВЕЛ ГОЛУБ главен уредник на додатоците на RBTH ВЈАЧЕСЛАВ ЧАРСКИ извршен уредник за Јужна и за Средна Европа ЕМИЛ НИАМИ превод, лектура, веб, гостин-уредник на додатокот „Руска реч на македонски“ ЈАНЕ ЈОВАНОВ, ТРАЈЧЕ СТОЈАНОВ превод, лектура, веб ЕКАТЕРИНА ТУРИШЕВА, МАРИЈА СМИРНОВА асистенција, веб НИКОЛА ЛЕЧИЌ, ИРИНА РЕШЕТОВА ко-уредници АНДРЕЈ ЗАЈЦЕВ, НИКОЛАЈ КОРОЉОВ илустрации За огласување во овој додаток, ве молиме да се обратите на ЈУЛИЈА ГОЛИКОВА, директор на одделот за односи со јавност: julia.golikova@rbth.com
Млада жена ја фотографира својата другарка на зајдисонце на Црвениот плоштад во Москва. Одлево во позадината се гледаат храмот на Василиј Блажениот и Спаската кула, а оддесно ѕидините на Кремљ. Дневната температура во Москва минатиот вторник изнесуваше 19,3 степени, што е највисока температура измерена на овој датум во Москва во последниве 130 години.
ИГОР ДАНИЛОВИЌ координатор на „Руска реч“ во „Нова Македонија“ МАРЈАН ДЕЛЕВСКИ дизајн САША БЕЛЕВСКА технички уредник
Russia Beyond the Headlines (RBTH) го финансира „Росијскаја газета“, руски дневен весник. Содржината на овој подлисток е подготвена без учество на новинари и уредници на „Нова Македонија“. RBTH се финансира за сметка на добивката од рекламодавците и од комерцијалните спонзори, а исто така и од средства на руски државни институции. Ние се занимаваме со независна редакциска позиција и претставуваме различни гледни точки на настаните во Русија и во останатиот свет со помош на квалитетна содржина и експертски мислења. Од моментот на нашиот почеток во 2007 година се стремиме да се придржуваме до високите редакциски стандарди, да го покажеме најдоброто новинарство од Русија и за Русија. На таков начин се надеваме дека ќе пополниме една важна дупка во информирањето за нашата земја од страна на другите медиуми. Сите прашања и коментари за нашето финансирање или за нашата редакциска структура, ве молиме да ги упатите на urednik@mk.rbth.com. Повеќе информации на mk.rbth.com. RBTH издава 26 прилози во 21 земја со вкупна месечна публика од 33 милиони луѓе, а исто така одржува и 19 сајта на 16 јазика.
Учесник на финалето на Уралскиот куп 2014 во зимско возење на санки со кучиња во селото Сљудорник, недалеку од градот Киштим.
Александар Кондратук / РИА Новости
Забрането е копирање, дистрибуција или преземање на содржините од овој додаток, освен за лична употреба, без писмена согласност на „Росијскаја газета“. Ве молиме за дозвола да се обратите на телефон +7 (495) 775 3114 или на и-мејлот urednik@mk.rbth.com „Russia Beyond the Headlines“ не сноси одговорност за ненарачаните текстови и фотографии.
AP
© 2013 сите права се задржани од ФГБУ „Росијскаја газета“: АЛЕКСАНДAР ГОРБЕНКО претседател на редакцискиот совет, ПАВЕЛ НЕГОИЦА генерален директор, ВЛАДИСЛАВ ФРОНИН главен уредник.