Руска реч Македонија #17

Page 1

mk.rbth.com

Прилогот го уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва), која е целосно одговорна за содржината. Се печати и се дистрибуира во соработка со „Нова Македонија“.

САБОТА - НЕДЕЛА, 10-11 МАЈ 2014 ГОДИНА

Издание на

Кои се тие бандеровци?

Битката за Крим во Големата татковинска војна

Расте притисокот врз руските компании во Украина

стр. 2-3

БРОЈ 17

стр. 6-7

стр. 14-15

ИНТЕРВЈУ СО АКТЕРКАТА ИРЕНА РИСТИЌ

Македонската ѕвезда заблеска на руското филмско небо

Ана Jaкимска

стр. 4-5

Само на mk.rbth.com Повеќе теми на интернет -страницата на „Руска реч“

Руска земја на тигри, ајкули и лијани стр. 12-13

„Росијскаја газета“ уредува прилози за Русија во 26 водечки светски весници, вклучувајќи ги и „Њујорк тајмс“, „Дејли телеграф“, „Фигаро“ и „Зидојче цајтунг“


2|

ПОЛИТИКА

Ројтерс

УКРАИНСКИТЕ УЛТРАНАЦИОНАЛИСТИ СЀ ПОВЕЌЕ ЗЕМААТ ЗАМАВ

Украински националисти со десничарски симболи и со портрет на Степан Бандера (1909–1959), кој од 1940 година раководел со фракцијата на Организацијата на украинските националисти (ОУН-Б), чии припадници се бореле против Полјаците и против Црвената армија, соработувајќи со нацистите

Кои се тие бандеровци? Олег Неменски Каква е идеологијата на Мајдан, всушност? Колку во неа е присутен националистичкиот елемент? Правилно ли е да се сметаат сите „патриотски“ и „проевропски“ сили, кои учествуваа во превратот, за наследници на бандеровците, украински бунтовници од триесеттите и четириесеттите години од минатиот век? Какво е влијанието на националистичките, бандеровски идеи врз историјата и врз политичкиот живот на постсоветска Украина? ИДЕОЛОГИЈАТА НА МАЈДАН

Украинскиот политички живот долги години беше определен од две страни на земјата што се речиси еднакви според големината на електоратот – Запа-

дот кон кој тежнее централниот регион и југоисточниот. Населението на овие региони е различно во културен однос: во источниот дел апсолутно преовладува рускиот јазик, а во западниот е пораспространет украинскиот. Тие се и економски различни: истокот во основа е индустриски, а западот – аграрен. Современиот Евромајдан беше составен, во најголем дел, од претставници на западните региони. Нивната идеологија не предвидува консензус со претставниците на истокот, исто како и идеологијата на украинскиот национализам. Украинскиот национализам како идеологија настанал во првата третина на дваесеттиот век и има слична природа со германскиот нацизам и со низа други ултрадесничарски идеологии од тоа време. Ова е обусловено од неговата крајна нетрпеливост, тежнеењето кон

директно политичко дејство, насилство, одрекување на правата на малцинствата. Украинските националисти сметаат дека е неопходно со „железна рака“ да се гради нацијата, максимално угнетувајќи ги неукраинските елементи во општеството. Проблемот е во тоа што овие неукраински елементи во Украина се мнозинство. Не е мал процентот дури и во самиот украинскојазичен регион на западна Украина – во Галиција, а во југоисточниот дел од земјата тие се апсолутно мнозинство. Во годините на Втората светска војна на територијата на западна Украина дејствувала Украинската востаничка армија под водство на Степан Андријович Бандера и неговата десна рака Роман Јосипович Шухевич (обајцата од претседателот Виктор Јушченко постхумно добија звање херои на Ук-


ПОЛИТИКА

УКРАИНСКИОТ НАЦИОНАЛИЗАМ ВО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА

Бандеровците имале и сложени односи со германските окупациски сили, тие секогаш тргнувале од тоа дека нивни главен непријател е СССР. Ваквиот приод бил условен од целата идеологија на украинскиот национализам, според кој основен противник на Украинците биле оние Руси што не се согласуваат со вредностите на украинскиот национализам, иако за непријатели, секако, се сметале и Полјаците и Евреите. До 1939 година, додека земјата на западна Украина се наоѓала во состав на Полска, Организацијата на украинските националисти на Степан Бандера се занимавала со антиполска политичка и диверзантска дејност, а потоа „се префрлиле“ на советската власт. Во Третиот Рајх сфатиле дека дејноста на бандеровците може да биде полезна: на пример, тие ја искористиле нивната желба да спроведат „чистка на украинската земја од несаканите елементи“, меѓу другото и од Евреите и од комунистите. Сепак, идејата на Бандера за независност на Украина Третиот Рајх не ја поддржуваше, поради што Бандера беше одведен во концентрационен логор, каде што бил до 1944 година, но, секако, во многу подобри услови во однос на другите затвореници. За време на германската окупација украинските националисти активно служеле во германските воени структури: во дивизиите на СС „Галиција“, во баталјонот „Нахтигал“, во „Украинската легија“, во локалната полиција. Формациите што не одговарале пред Рајхот исто така се занимавале со етнички чистки на териториите што тие ги сметале како исконско руски, периодички стапувајќи во вооружени судири со германските окупациски војски. Познати се погромите врз Евреите во западна Украина во 1941 година, а, исто така, и во таканаречениот Волински масакр во 1943-1944, во кој, според податоците на полските историчари, биле убиени околу 150 илјади граѓани од полска националност. На терор биле подложени и Русите и Украинците што не се согласувале со теоријата и со практиката на украинските националисти. Во 1944 година Бандера бил пуштен од концентрационен логор за да застане на чело на борбата на членовите на УВА (Украинска востаничка армија) против Црвената армија и советската администрација. Најголем замав дејноста на бандеровците зема во периодот од 1944 до 1945 година и за време на повоениот период,

Еден од клучните моменти во информацискиот судир меѓу Русија, од една, и Западот и Украина, од друга страна, од гледна точка на руските власти и на медиумите, е речиси водечката улога на „бандеровците“, „неонацистите“ во новиот политички живот во Украина кога во услови на студена војна тие почнале да соработуваат со британските и со американските специјални служби. Сепак, кон средината на педесеттите години на минатиот век диверзиската дејност почнала да се намалува, многумина се согласиле да преминат на мирен живот. Самиот Бандера по војната живеел во Минхен под заштита на британската разузнавачка служба и работел за неа сѐ дури во 1959 година не бил убиен од страна на агентот на КГБ Богдан Сташински од специјален пиштол со шприц со калиум цијанид. УКРАИНСКИОТ НАЦИОНАЛИЗАМ ВО МЕДИУМИТЕ И ВО ОБРАЗОВАНИЕТО

Постсоветската југоисточна Украина од западната сите овие години се разликувала според тоа што имала свој идентитет и национална идеологија. Ова доведе до тажна ситуација: дури кога кај властите во Киев се наоѓаа претставници од југоистокот, целата хуманистичка сфера на политиката тие ја оставаа под закрила на Галицина. Така, на ниво на управување со системот на образованието и на информациска-

та политика како да немаше раскол на земјата, сѐ беше потчинето на единствен националистички тренд. Фактички, украинските националисти имаа власт врз образовниот систем, а, исто така, и мошне силно влијаеја врз политиката на медиумите. Затоа новото поколение украински деца учеа според учебници што го претставуваа ултранционалистичкиот поглед на украинската историја. На телевизија постојано се прикажуваат емисии за пропаганда на идеите на украинскиот радикален национализам. Плодовите од ваквото образовно и информациско воспитание Украина ги собира денес, кога и на југоистокот од земјата можат да се видат млади до 30 години што се борат за чиста Украина, а чии родители не се истакнувале со силно изразен украински идентитет или кои, едноставно, се чувствувале Руси. Олег Неменски е кандидат на историски науки, научен соработник при Институтот за славистика на РАН, соработник на Центарот за украинистика и за белорусистика на МДУ, водечки научен соработник на Рускиот институт за стратегиски истражувања.

Vostock Photo

раина, а во 2010 година ова звање им беше одземено од Виктор Јанукович). Ова се најпознатите страници од историјата на украинскиот национализам.

|3

Документ за идентификација на Степан Бандера („Лига на украинските политички затвореници во германските концентрациони логори“). Во документот е напишано името Степан Попел. Експонатот е дел од изложбата „Степан Бандера: документите сведочат“ во Националниот музеј на историјата на Украина во Киев


4|

РУСИЈА И МАКЕДОНИЈА

ИНТЕРВЈУ СО АКТЕРКАТА ИРЕНА РИСТИЌ

Минатата и оваа година македонската актерка Ирена Ристиќ може да ги окарактеризира како мошне плодотворни. По премиерите на двата филма, „Собата 409“ и „Влакна“, минатата година, и огромниот успех во возобновнета „Монолозите на трите вагини“ и во последните остварувања на Љубиша Георгиевски – „Случајот Елсинор“ и „Евангелие на глупоста“, Ристиќ оствари успешна ролја и во рускиот серијал „Кум“. Во ексклузивно интервју за „Руска реч“ таа зборува за својата улога, за соработката, за руската култура, како и за нејзиното доживување на еден ваков проект Емил Ниами Најпрво, раскажете ни за тоа како се најдовте во екипата на серискиот филм „Кум“? - Како и за многу други филмски и телевизиски проекти, беше организирана аудиција, кастинг. Отидов на него, иако сметам дека според моите критериуми не бев доволно подготвена. Кастинг-екипата ме имаше предвидено за две улоги, првата беше сестра Даниела, која подоцна ѝ беше доделена на мојата драга колешка Звездана Ангеловска, а втората беше лекарката Милена. На кастингот понудив своја верзија, свое видување на ликот, а, на инсистирање на режисерот, одиграв и една негова покротка верзија. Тие бараа малку помек, пок-

Ана Jaкимска

Македонската ѕвезда заблеска

роток карактер, но јас како Балканка им презентирав (ликот е Србинка) една поексплозивна димензија на ролјата, со оглед на тоа дека станува збор за сцена на конфликт сместена во воени услови. Отако ги видоа двете варијанти, се согласија дека она што јас им го предложив е она што ним им е потребно. Кастингот бидна и помина, а јас заборавив на него. И додека на 8 септември на плажите на нам пријателската Грција се релаксирав под раното есенско сонце, ми јавија дека сум ја добила улогата на лекарката Милена. Особено интересно и возбудливо беше што улогата требаше да ја играм на српски, кој е мој мајчин јазик и кој активно го говорам, а ретко го користам во мојата професија. Треба да напоменеме дека сите снимени материјали од кастингот беа испраќани во Москва, каде што продуцентите го даваа својот конечен збор. Накусо, откријте ни ја темата на серискиот филм? - Главниот херој на серијата „Кум“ е поранешниот воен лекар Аљохин, кој работи како гинеколог во рамките на меѓународна мисија на Косово. Тој не само што ги спасува жените туку им станува и кум на нивните деца. Во екот на конфликтот на Косово лекарката Милена се наоѓа пред избор да ги следи другите и да го напушти тој хорор и да се спаси се-

беси или да остане и да му помогне на својот колега. Кај неа преовладува човечноста, моралот и етиката, па таа решава да продолжи со својата хумана дејност на Косово. ЉУБОВТА И ЧОВЕЧНОСТА СЕКОГАШ ПРЕД СÈ

Што е она што ве привлече во вашиот лик и во филмот воопшто? - Во серијата преовладуваат хамлетовски дилеми, за кои времето не дозволува да одлежат и да оттрпат потемелна анализа, зашто се работи за воени услови, зашто во секој еден момент се работи за живот или за смрт, оти се случуваат во време кога над главите на оние што ги имаат прелетуваат и експлодираат гранати. Она што е особено привлечно кај мојот лик е фактот што преку него имам можност да им покажам на луѓето дека во изборот меѓу омразата и љубовта, секогаш е покорисно, подоблесно и најпродуктивно да се избере љубовта, човечноста, дури и во ситуации во кои животот ти виси на конец, а душата е парчосана. Колку беше тешко или едноставно да се справите со предизвиците на вашиот лик? - Не беше тешко со оглед на багажот што го имам зад себе, а и талентот што,


РУСИЈА И МАКЕДОНИЈА

|5

на руското филмско небо Она што е особено привлечно кај мојот лик е фактот што преку него имам можност да им покажам на луѓето дека во изборот меѓу омразата и љубовта, секогаш е покорисно, подоблесно и најпродуктивно да се избере љубовта, човечноста, дури и во ситуации во кои животот ти виси на конец, а душата е парчосана ги даваше Тимур во однос на сцените што требаше да се снимаат, како и довербата што ја покажа кон мене, во голем дел ми ја олеснуваа работата, дури и во оние ситуации кога се снимаат сцени што ги нема во сценариото, што често се случува при снимање филмски проекти. Истото се однесува и на мојот колега Сергеј. Професионалноста беше на многу високо ниво со оглед на тоа што ние, актерите, не бевме обременети и засегнати од проблемите што не се однесуваат на нас. Кога станува збор за ор-

Тимур Алпатов

фала му на Бога, го имам на располагање. Од друга страна, не беше едноставно зашто истата емоција и енергија понекогаш мораше да се повторува и по десет или петнаесет пати. Она што беше тешко е влегувањето на Ирена како Ирена во Милена, во дадена ситуација во која претходно никогаш не сум била, но тоа го поедноставуваше мојата емпатија кон сите оние што биле вистински во такви ситуации. Од практична страна тешко беше снимањето на минус десет во Штавица, но сето тоа се компензираше со задоволството од успешно снимената сцена. Тешка беше работата во сцените со статисти, но едноставно искрени беа нашите насмевки кога работата ќе беше завршена добро. Имавте ли проблем со рускиот јазик? - Во првичната верзија за мојот лик Милена требаше да зборува на српски. Два дена пред официјалниот почеток на снимањето ми беше соопштено дека целиот текст ќе треба да го зборувам на руски и откако ја видоа мојата нескриена паника дека во рок од два дена нема да бидам во можност да совладам толкаво количество текст на јазик што не го користам и што не е експониран, како што е случај со англискиот, се обидоа да ме успокојат со податокот дека не треба да биде чист руски јазик, туку дека станува збор за „броукн“ руски. Најпрво го побарав сценариото на руски за визуелно да го меморирам, потоа следуваше соработка со преведувачката, која ми го сними целиот текст на убав мелодичен руски јазик, а се заврши со деноноќна работа врз изговорот. Но, од друга страна, рускиот јазик не ми е толку далечен, со оглед на тоа дека мојата мајка го предавала, во детството имав можност дома да прелистувам руски книги и речници, а мајка ми ми ги објаснуваше неговите основи. Згора на тоа во моето детство на телевизија имаше програма на руски јазик, а и падежите не ми претставуваа проблем. За време на снимањето се случуваше на самото место да ми допишуваат дополнителни реплики, кои јас по првичната бурна панична реакција за кусо време ги совладував. Какво е искуството од работата со руската екипа? - Во случајов пред сè би ја истакнала мојата соработка со режисерот Тимур Алпатов и со главниот актер Сергеј Пускепалис, која беше како да се познаваме цел живот и како цел живот да сме работеле заедно. Индикациите што ми

Кадар од серијата „Кум“

ганизацискиот дел, можам да кажам дека се почувствувавме како актери во вистинска смисла на зборот. Заднинската постава на екипата, и од македонска и од руска страна, даде сè од себе за ние, актерите, да си бидеме свои на своето. Драго ми е што толку многу мои колеги беа ангажирани во еден ваков проект и што, можеби, со некои од нив ова ни е и прва и последна соработка од ваков тип. КУЛТУРНА БЛИСКОСТ СО РУСИЈА

Постојат ли некои интересни моменти од снимањето, а кои би сакале да им ги откриете на нашите читатели? - Интересно е тоа што рускиот дел на екипата, која во нас гледаше словенски браќа, спонтано ни се обраќаше на руски јазик, очекувајќи да ги разбереме. Главните анегдоти се случуваа во деловите кога не можевме да се разбереме и кога секој дејствува според она што го разбрал, без разлика дали се работи за уметнички или за технички дел. Сето тоа беше многу шармантно и симпатично. Лично за мене беше интересно што имав можност да работам и со аниматроник. Станува збор за кукла-бебе со вграден компјутер, која дише, мрда и плаче како вистинско бебе, а јас на овој мој „колега“ постојано му помагав да дојде на убавиов, чуден и тегобен свет. Му благодарам за соработката (се смее). Какви се Вашите идни планови? Постои ли можност за проширување на вашата кариера на руското јазично подрачје? - Рака на срце, морам да признаам дека руската култура ми е блиска. На седумгодишна возраст сакав да бидам балерина, гледајќи ги сите балети што во тоа време се прикажуваа на југословенската телевизија, а кои потекнуваа токму од Русија. Сликите од Невскиот проспект, од Црвениот плоштад, Ермитаж, улицата Тверскаја, делата на великаните на светската белетристика, како што се Чехов, Достоевски, Гогољ, Толстој, Шолохов, Мајаковски, Ахматова, Цветаева, Кољада, кои ги носам со себе и на кои често им се навраќам во моменти на духовна кревкост и на душевна слабост, ми помагаат да се чувствувам како нетуѓинка. Тука е и мојата фасцинација од личностите каков што е Мамонов, и разнесеноста што ми ја предизвика филмот „12“ на Михалков. Чудни се патиштата Божји, засега не би сакала да зборувам за тоа.


6|

ЕКОНОМИЈА

Расте притисокот врз руските Главното обвинителство на Украина ја обвини најголемата руска банка „Сбербанк“ за финансирање тероризам. Поради тоа таа може да ја изгуби дозволата за работа. Во врска со ова, најголемите руски компании, вклучувајќи го мобилниот оператор МТС и Интернетпребарувачот Јандекс, значително ги намалуваат вложувањата во рекламирањето на украинските телевизиски канали Алексеј Лосан ОБВИНЕНИЈА ЗА ТЕРОРИЗАМ

Главното обвинителство на Украина покрена кривична постапка против „Сбербанк“, која се сомничи за „финансирање тероризам“, изјави вршителот на должноста главен државен обвинител на Украина, Олег Махницки. Според него, вкупно се отворени и упатени на суд 300 кривични постапки против 14 банки. Засега не се објавуваат детали за тоа дали сите 14 обвинети банки им припаѓаат на руските банкарски групации, ниту, пак, за што се товарат. По ова зградата на главната канцеларија на „Сбербанк“ во Киев беше полиена со боја и шарана со графити. Според мислењето на демонстрантите банката е вмешана во финансирање на нередите на истокот од Украина. Службата за безбедност на Украина објави дека е започната кривична постапка против соработник на „една од руските банки“, кои се осомничени за поддржување на протестите на истокот од Украина. И во овој случај не беше кажано за која банка станува збор. Во своето официјално соопштение „Сбербанк“ наведува дека ги исполнува сите барања на украинското и на меѓународното законодавство, како и препораките на FATF (Financial Action Task Force – меѓународна организација за контрола и за спречување перење пари). Врз основа на одлуката на раководството на банката, ќерката-банка на „Сбербанк“ во Украина изврши проверка на своите парични трансакции во 2014 година, се вели на Интернет-страницата на банката. Со деталната проверка не е откриен ниту еден случај на кршење на законодавството на Украина, наведува пресслужбата на банката. До денес ќеркатабанка на „Сбербанк“ од надлежните органи на Украина нема примено никакви жалби, ниту, пак, приговори што би се

однесувале на перење пари или на финансирање тероризам. Поради тоа „Сбербанк“ не ја исклучува можноста да се обрати до некоја од водечките меѓународни правни компании, со цел да ги заштити своите интереси. Како што објаснува за „Руска реч“ аналитичарот на инвестицискиот холдинг ФИНАМ Антон Сороко, во соопштението на главното обвинителство на Украина именувана е само „Сбербанк Русија“, иако кривична постапка наводно е покрената против 14 кредитни организации. „Ваквиот потег јасно укажува на тоа дека оваа одлука претставува начин на вршење притисок врз руската страна“, вели експертот. Меѓу другото, според процената на аналитичарите, дури и во случај да дојде до најнеповолен развој на настаните, загубите на банката во Украина ќе изнесуваат најмногу 0,70,8 отсто од финансискиот биланс. Според аналитичарот на независната агенција за аналитика „Инвесткафе“ Михаил Кузмин, руските банки во Украина се мошне веројатно изложени на дополнителен притисок. „Во низа случаи различните изјави треба да се сфатат пред сѐ како вербални интервенции со цел да се влијае врз односот на потрошувачите и на клиентите кон оваа или онаа компанија или настан“, смета стручњакот. ДРУГИТЕ КОМПАНИИ СЕ ДИСТАНЦИРААТ

Во оваа ситуација големите руски компании што работат во Украина избегнуваат своите потрошувачи и клиенти да ги потсетуваат на тоа од каде доаѓаат. Според процените на медиумската агенција „Media First Ukraine“, а врз основа на податоците на германскиот институт за истражување на пазарот GfK и на американската компанија „Nielsen”, руските компании на почетокот на 2014 година биле подготвени да вложуваат

во рекламирање на украинските телевизии, додека во март многу од нив се откажале од овие трошоци. Во март од украинските телевизии сосема исчезна рекламата за втората по големина руска банка – ВТБ. Како што објаснуваат во службата за односи со јавноста на оваа банка, украинската ќерка-банка оваа година нема да финансира емитување телевизиска реклама. Друга руска компанија, „Алфа-банк“, за разлика од ВТБ


ЕКОНОМИЈА

|7

AFP / East News

компании во Украина

Зградата на главната канцеларија на „Сбербанк“ во Киев покриена со боја и со графити продолжува да се рекламира на украинските канали, со тоа што вложувањата во рекламите ги има намалено за речиси 93 отсто. Најголемиот руски пребарувач, „Јандекс“, оваа пролет реши да го запре емитувањето на своите реклами на украинските канали. Уште еден голем рекламен клиент на украинските телевизии, мобилниот оператор МТС, исто така го намали мартовскиот буџет за телевизиска реклама за 74 проценти во

однос на март минатата година. Според податоците на аналитичарите од „Media First Ukraine“, руските компании се меѓу најголемите рекламни клиенти на украинските телевизии. Околу 25-35 отсто од буџетот од емитувањето на рекламната програма на телевизиите во Украина на овој или на оној начин доаѓаат од Русија. Тоа се или средства од чисто руски компании или од меѓународни компании, со чии финансис-

ки средства во Украина управуваат канцеларии од Москва. Како што наведуваат аналитичарите на „Media First“, рекламните ресурси на телевизиските канали што ги напуштија руските фирми можат да ги заземат меѓународни компании. Вредноста на вкупната рекламна програма на украинските телевизии во првиот квартал од оваа година се проценува на 2,5 милијарди рубли (70 милиони долари).


8|

КУЛТУРА

Антон Денисов / РИА Новости

Вологодска тантела: меѓу мечтата и стварноста

Тантелата се изработува рачно, на специјални перничиња, а се плете со помош на специјални дрвени стапчиња на кои се прицврстува конецот

ИТАР-ТАСС

Во Русија тантелата отсекогаш била моден детаљ

Ина Фјодорова Жените од рускиот север уште во 17 век започнале да изработуваат прекрасни рачни работи од златни и од сребрени нишки. Вологодската тантела денес е светски познат бренд, која го фасцинирала светот пред повеќе од еден век. Ракотворбите од Вологда биле високо оценети на Меѓународните изложби во Филаделфија во далечната 1876 и во Чикаго во 1893 година. Наградени се со златен медал на изложбите во Париз во 1925 и во Брисел во 1958 година, како и со гран при на париската изложба во 1937 година. Мајсторството и фантазијата на вологодските плетачки се достојни за восхит. Тие и денес тантелите ги изработуваат рачно, на специјални перничиња поставени на издигната основа. Тантелата се плете со помош на специјални дрвени стапчиња на кои се прицврстува конецот. Цртежот за тантелата се нанесува на посебна шема (рус. Сколок), а секој автор сам си ја разработува. Какви мотиви има на цртежите? Геометриски фигури, цветови, риби, птици, елени, лавови. Тука се и из-


КУЛТУРА

зови и бродови. Творците на овие уникатни ракотворби успевале техничките новини од своето време да ги приспособат и да ги претстават декоративно, да ги вклопат во традиционална флорална орнаментика и така да го сочуваат оригиналниот изглед на вологодската тантела“, објаснуваат стручњаците што ја следат историјата на вологодската тантела. На почетокот на 20 век со изработка на тантела на северот од Русија се занимавале околу 40 илјади жени. Постоела школа за изработка на вологодска тантела и посебен систем на обука, каде што девојчињата учеле да прават тантела од детството (на возраст од 5 до 7 години). Занаетчиите не ја продавале сами својата стока. Најдобрата тантела од нив ја откупу-

Скицирање на иден дизајн

вале трговците што ја продавале во големите градови и што ја извезувале во странство. Во прво време вологодската тантела била продавана како европска, за да се заработат повеќе пари. Тантелата од Вологда уште тогаш според квалитетот и дизајнот можела да се мери со најфината тантела на светот. На почетокот од 20 век вологодската тантела станува самостоен бренд и сè повеќе била откупувана од странските трговци. Пред Револуцијата вологодската тантела главно се користела за украсување на женската облека и како моден додаток. Од неа се правеле манжетни, јаки и чадори или жакети со заднина од тантела. Вологодската тантела била показател на богатството и на престижот, па сопругите на успешните трговци од тоа време сакале да имаат што повеќе предмети од тантела. Се перчеле со пелерини и шалови од вологодска тантела. Оваа уникатна руска тантела со задоволство ја носеле и членовите на царското семејство. Плетачката Веселова во чие семејство вологодската тантела се изработува со генерации, памети едно семејно предание според кое нејзината баба по специјална порачка правела чорапи и чадори од тантела за царскиот двор. Во советско време вологодската тантела се сметала за непотребен луксуз, па затоа се користела многу малку. Иако се смета дека тантелата е сè уште во мода, денес во Русија традиционалната тантела изработена од природни материјали полека исчезнува од гардеробата на поголемиот број Русинки, отстапувајќи им го местото на посовремените ткаенини.

ИТАР-ТАСС

мислените нешта (сирени и еднорози) или природните појави, како што е поларната светлина. На тантелите се претставени и човечки фигури: дами, кавалери, коњаници, селанки со кокошници (традиционален руски женски украс за глава) и со сарафани. Често се прикажуваат и архитектонски објекти, цркви, мостови, дворци. На вологодските тантели од триесеттите години од минатиот век можело да се видат дури и трактори и авиони, кои биле симбол на општото тежнеење кон прогресивната иднина. „Плетачките измислувале и изработувале нови орнаментални композиции со советска симболика (срп и чекан, петокрака, грбови на советските републики). Со време стануваат модерни мотивите на падобрани, во-

Антон Денисов / РИА Новости

Женственоста е секогаш во мода. Затоа тантелата останува незаменлив моден детаљ, кој од година в година сè поактивно се враќа на модните писти. „Руска реч“ ви ја претставува најпознатата и најрафинирана руска тантела, вологодската. Жените од рускиот север уште во 17 век започнале да изработуваат прекрасни рачни работи од златни и од сребрени нишки, а нивната тантела денес е светски познат бренд

На тантелите се претставени низи геометриски фигури, жени со цвеќе во кокошници (традиционален руски женски украс за глава), па дури и дворци

|9


10 |

НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА

Цената на климатските промени Глеб Фјодоров Во јануари во Санкт Петербург почнаа да растат лалињата, а во шумите во близина на Москва почнаа да се појавуваат кокичиња. Во февруари на Далечниот Исток предвреме се разбудија мечките. Во март во главниот град беа урнати осум температурни рекорди: на 25 март температурата се искачи дури до 19,3 степени. А, кон крајот на април низ прозорците се гледаше снег, а температурата падна под нулата. Според раководителот на програмата „Клима и економија“ на WWF во Русија, Алексеј Кокорин, овие појави не излегуваат надвор од климатската норма, но со оглед на тоа дека температура од година в година расте, значи дека Русија и светот ги очекуваат големи промени. Притоа, кога стану-

ва збор за Русија, може единствено да се предвидува самиот факт на промените, но засега е малку веројатно да се пресмета колку тоа ќе ја чини економијата. КЛИМАТА СЕ МЕНУВА НАСЕКАДЕ

Вториот дел од петгодишниот реферат на Меѓувладината група експерти за промени на климата, кој беше претставен во Јапонија кон крајот на март, предвидува мноштво проблеми за нашата планети, доколку светскиот океан и атмосферата продолжат да се загреваат со толкава брзина. Научниците не се сомневаат во тоа дека средната температура навистина се покачува. Единствено постојат сомнежи во тоа каква улога во овој процес игра човекот и во тоа како точно ќе изгледаат поната-

мошните промени. Според пресметките на Меѓувладината група експерти за промени на климата, нашата планета ја очекува катастрофа, доколку температурата порасне за 2,5 степени над средната вредност во последниве 35 години, но ваквото сценарио е малку веројатно, иако затоплувањето се случува мошне нерамномерно.Во Русија температурата расте побрзо. Така, според податоците на Рускиот хидрометеоролошки завод, од 1975 година таа е порасната за околу 1,5 степени, додека во светот покачувањето за овој период изнесува 0,8 степени. Основните три проблеми што доведуваат до промена на температурата се: дефицитот на пресна вода, покачувањето на светскиот океан и брзиот раст на јаглерод диоксидот во атмосферата. Сето друго, како што е топењето на мра-


НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА

| 11

Артјом Житенев / РИА Новости

Почетокот на 2014 година во Русија беше означен со уште неколку од низата необични климатски појави во последниве години

Големи врнежи од снег во Москва во март годинава зот, затоплувањето на териториите, миграцијата, војните за ресурси, зголеменото ширење на тропските болести, кои, исто така, можат да нѐ засегнат, претставуваат само последици од трите основни проблеми. КАКО ЈА ЗАСЕГА ОВА РУСИЈА?

Според Алексеј Кокорин ниту еден научник денес не би можел да даде приближен процент на загубите од БДП во годините што доаѓаат поради измените на климата за земјите како што се Русија, САД или Кина. - Русија е на таква местоположба што не е лесно да се пресмета факторот на промена на климата - вели Кокорин. Релативно лесно, вели експертот, може да се пресмета ударот врз еконо-

мијата на земјата само како резултат на временски долгите појави – топењето на глечерите, зголемувањето на нивото на океанот и намалувањето на мразот. - Доколку зборуваме за коралниот атол во Тихи Океан, тој едноставно ќе исчезне. Луѓето ќе треба да се евакуираат некаде, на пример, во Австралија. Исто така, лесно можат да се пресметаат последиците за делтите на Меконг и Ганг. Или да кажеме за некое место за одмор во Швајцарија. Сега може да постои, а потоа да го снема. На вештачки снег може да се организира олимпијада, но не е и место каде што луѓето одмораат цела година - вели Кокорин. Зголемувањето на нивото на морето за Русија не претставува никаква закана, освен, можеби, за Балтичкиот залив. Вечниот мраз е многу поактуелно

прашање за Русија. Но, без оглед на тоа што тој зазема 60 отсто од територијата на земјата (околу десетина милиони квадратни километри), економијата од него речиси и да не зависи. На тој начин, вели Кокорин, економските последици за Русија може да се пресметаат само доколку се направат детални карти, каде што буквално секои десет квадратни километри ќе се разгледуваат одделно. - Целата територија е многу тешко да се пресмета. За тоа е потребно буквално да се истражи секоја педа од територијата, за да се сфати зошто и како ќе се менува климата. Ние направивме детален план за островот Вајгач, но тоа е мошне мала територија - додава Кокорин. Според Кокорин ваквите пресметки ќе биде можно да се направат по 1015 години. Засега на точна оцена подлежат само последиците од опасните климатски појави, чиј број во последниве 15 години е за двапати поголем, од 200 годишно на 400-450. Што може да се пресмета? Еве само неколку свежи примери. Летото во 2010 година над европскиот дел од Русија во текот на неколку месеци беше надојден мошне силен антициклон, кој донесе суша, пожари во планините и крајно намален род кај житарките. Во август 2010 година Русија забрани извоз на пченица, а продолжи со него дури на 1 јули 2011, при што се забележаа загуби од милиони долари. Истата година во декември во Москва падна леден дожд. Оваа појава се случува зиме кога температурата на воздухот е над нулата: врнежите паѓаат во вид на дожд, но при контакт со ладна површина се претвораат во мраз. Поради тоа се појавија пречки во снабдувањето со електрична енергија, беа затворени аеродроми, паднаа околу 50 илјади дрвја. Само паѓањето на столбовите чинеше 230 милиони рубли. Изминатото лето и изминатата есен Далечниот Исток на Русија се најде под вода. Поради најголемата поплава во последниве 115 години под вода се најдоа повеќе од 230 населени пунктови, при што настрадаа повеќе од 100 илјади луѓе. На крајот на есента загубата беше проценета на повеќе од милијарда долари.


12 |

ПАТУВАЊА

Руска земја на тигри, ајкули и лијани Официјален симбол на Приморје уште во царските времиња бил тигарот од овие краеви, кој се нарекува усуриски, амурски или сибирски. За да се заштити од студенилото и за да преживее во длабокиот снег, тој развил долго густо крзно, какво што нема ниту еден од тигрите во јужните земји. Уште поредок вид мачка е сибирскиот или амурски леопард, кој се населил во Хасанскиот регион на југот на Приморскиот крај. Тигри има околу петстотини, додека леопарди останале уште педесетина. Но, во

последно време федералните власти преземаат низа мерки за да ја обноват популацијата на леопардите, така што научниците со умерена доза оптимизам говорат за нивен постепен пораст. Во реките на Приморјето се среќаваат тропски видови риба, каква што е змијоглавата риба, кинескиот гргеч или касатка-чкрипалка, која кога ќе се извлече од водата со своите тврди боцки на страните и на главата прави звуци што потсетуваат на чкрипење. Приморската тајга нуди необична комбинација на суптропски и субарктички дрвја. Тука растат амурскиот сомот, лековитиот

женшен, кој многу се цени во источната медицина, лимоновиот лијан (од семејството киви, чии плодови со големина на зрно грозје растат на лијаните). Локалните жители во шумите собираат семки од кедар, гранки папрат и сремуш. Во Јапонско Море, кое го заплискува брегот на Приморјето, јужните риби (на пример, отровната риба фуги, која е ценета во јапонската кујна, и ајкулите) се среќаваат со северните видови риба, какви што се харингата, аљаскиниот бакалар и навагата. Најубавите плажи на Приморјето се наоѓаат на јужниот брег: во Хасанскиот регион, како и во околи-

Во Јапонско море, кое го облева брегот на Приморјето, јужните риби се среќаваат со северните видови риби

GeoPhoto

Василиј Авченко


ПАТУВАЊА

| 13

GeoPhoto

Приморската тајга нуди необична комбинација на суптропски и субарктички дрвја

ната на пристанишните градови Нахотка и Владивосток. Тукашните жители активно се занимаваат со нуркање и со риболов, од морското дно извлекуваат мекотели за јадење (тукашните школки и остриги се значително покрупни од своите европски роднини). На територијата на Приморје се основани неколку општи и специјални природни резервати, но постојат и други посебно заштитени природни области. Меѓу отворените неодамна треба да се издвои националниот парк „Земја на леопардите“ на територијата на Хасанскиот реон. Брегот на овој реон е и граница на Далекуисточниот морски резерват, единствен од ваков тип во Русија. Тој е составен од пространа водна површина на која владее посебен режим на заштита на природата. Освен тоа, постојат и територии на кои се чува не само богатството на природата туку и традиционалниот начин на живот на малите народи на Приморјето, какви што се Удегејците, Нанајците и Тазите. Додека првобитно главната цел била основање резерват за зачувување на природата, денес службениците, научниците и бизнисмените сѐ поголемо внимание му посветуваат на еколошкиот туризам. Така, во Хасанскиот реон властите имаат намера да основаат кластер на еколошки туристички организации,

Ледената доба во свое време ја одминала територијата на денешниот Приморски крај, крајниот југоисток на Русија, кој го облеваат водите на Тихи океан. Затоа тука, во овие релативно свежи области на рускиот Далечен Исток, опстанале животински и растителни видови карактеристични за значително појужните региони на планетава кои би можеле да примат до 700 илјади туристи годишно. Постојат слични планови и за северните реони на Приморскиот крај. На пример, Сихоте-Алињскиот резерват веќе сега предизвикува големо интересирање кај странските туристи, особено кај оние од Јапонија (пре-

ку територијата на резерватот поминуваат маршрутите на рускиот патешественик и писател Владимир Арсењев, кој е автор на книгата „Дерсу Узала“, според која јапонскиот режисер Акира Куросава го сними истоимениот фил, кој ја доби наградата Оскар). - Резерватот треба да стане привлечно место за екотуристите, планираме во текот на 2014 година да развиеме инфраструктура за едукативен туризам. Со нетрпение очекуваме во регионот да биде обновена малата авијација - вели директорот на Сихоте-Алињскиот државен резерват, Дмитриј Горшков. Освен заштитените територии, во Приморјето постојат уште низа места што се исто толку привлечни за туристите. Тоа се, на пример, Кравцовските и Беневските водопади, Мокрушинската пештера, „камен-срцето“ во една од котлините на Хасанскиот реон, кое го има овековечено писателот Михаил Пришивин, Ливадиската планина (попозната под своето стари име Пидан), на која, како што се смета, живеат приморските Јети (летачки шумски луѓе). Во „Сафарипаркот“ кај населбата Шкотово (стотина километри од Владивосток) можат да се видат дивите животни на усуриската тајга во природни услови. Тука, во посебно ограден дел на шумата, живеат диви свињи, мечки, елени, па дури и тигри.


14 |

ИСТОРИЈА

РИА Новости

Битката за Крим во Големата татковинска војна

Војници на кејот на Севастопољ пукаат во воздух од автомат. Салут во чест на ослободувањето на градот

Александар Корољков За СССР полуостровот бил важна база за воената морнарица, аеродром за удар по нафтените резерви на Хитлер во Романија, а по поразот на Црвената армија во 1941 година станал природна крепост, која ги одвлекувала силите на противникот од правецот на основниот удар. За Германците освојувањето на Крим значело отворање пат кон Кавказот и им давало контрола врз комуникациите во северно Прицрноморие, а во 1943 година полуостровот требал да ги привлече кон себе силите на Црвената армија, која напредувала кон Западот. Полуостровот преживеал три години ужас, а во тоа време бројот на населението се намалил за двапати. ОДБРАНАТА НА СЕВАСТОПОЉ

На почетокот на Големата татковинска војна Севастопољ бил едно од најси-

гурните места во светот. Одбранбениот реон на градот вклучувал во себе десетици позиции, мински полиња и две таканаречени „оклопни батерии“ – ББ-30 и ББ-35, кои Германците ги нарекле „Максим Горски“, а, исто така, и 165-зенитна батерија, која Германците ја нарекле тврдината „Сталин“. Овој дел бил поврзан со подземна мрежа премини и арсенали, кои биле ископани во карпестите масиви. Германците не успеале во еден наврат да го заземат градот во 1941 година, а кога на 2 јануари 1942 советската армија ослободила дел од Керченскиот Полуостров, Германците сосема ја повлекле војската од Севастопољ. Сепак, советската армија не успеала да се закрепи на полуостровот. За време на повлекувањето советската војска претрпела големи загуби, а советските делови што ја прикривале евакуацијата (имало околу 10 илјади луѓе) биле отсечени од патот и заедно со дел од локалните жители биле принудени

да заземат одбранбена позиција во Аџимушкајските каменоломи. Каменоломите станале последната точка во одбраната на Крим. Германците ги освоиле дури по четири месеци, кога на крајот од 170-дневната опсада од околу 13.000 луѓе живи останале само 48. Во јули 1942 година Германците го освоиле Севастопољ. За време на одбраната на градот, од октомври 1941 година до јули 1942 година, загинале 156 илјади војници на Црвената армија. ПАРТИЗАНИ

Уште пред инвазијата на Германците на Крим била создадена инфраструктура за водење партизанска војна. Уште претходно биле создадени скривалишта со оружје и со храна, било формирано раководството на идните одреди. Во периодот на фашистичката окупација на Крим дејствувале повеќе од 200 тајни организации и групи, во кои биле вклу-


ИСТОРИЈА чени до 2.500 луѓе. Партизаните организирале диверзии на железницата, извршувале напади врз непријателските гарнизони. Популарноста на партизаните растела и со „новото правило“, кое било донесено од страна на окупаторите, а кое предвидувало систематско истребување на локалното население. Само од крајот на 1941 до почетокот на 1942 година германските окупатори стрелале околу 12 илјади луѓе во Феодосија и седум илјади во близината на Керч. Илјадници луѓе биле одведени во концентрациони логори, а најголем од нив бил концентрациониот логор на територијата совхозот „Красниј“. Во формирањето на одредите, кои се бореле со локалното население и со партизаните, активно учествувале кримско-татарските националисти. Повеќе од 60 илјади кримски Татари војувале во Црвената армија, а учеството на Татарите во партизанските движења било некаде околу 17 илјади лица. Од редовите на кримските Татари дошол и еден од најпознатите советски асови од оваа војна Султан Ахмет-Хан, кој има соборено 30 авиони на противникот.

| 15

Големата татковинска војна за Крим започнала, како и за целиот Советски Сојуз, утрото на 22 јуни 1941 година, а завршила пред точно 70 години, во мај 1944 година Расчистување на талвег од фашистички мини

Советската војска тргнала кон Крим есента 1943 година и веднаш успеала да ги освои предмостијата за офанзива на северот и на истокот од полуостровот. Во текот на зимата 1944 година советската војска водела непрекината борба, но, сепак, не успеа веднаш да си го врати полуостровот. Во Крим Германците имаа создадено можна длабоко ешалонирана обрана со групација од 195 илјади војници и офицери. Советската војска била создадена од 470 илјади луѓе. На 8 април 1944 години советската армија преминала во напад на северот на полуостровот, а по три дена на истокот, така што веќе на 18 април Крим, без Севастопољ, бил исчистен од Германците. По кратка подготовка, на 7 мај започнал главниот напад на делот под Севастопољ, кој бил под власт на Германците. Главниот удар се вршел на истото место каде што две години претходно тоа го сториле Германците, на делот од Сапун-гора – височината Горнаја. По засилената авијатичка и артилериска подготовка, во напад тргнале офанзивните групи. Вечерта била заземена Сапун-гора, а следниот ден непријателот бил истиснат од Мекензиевите планини. На 9 мај, една година пред победата над Германија, во 8 часот изутрина започнала генералната офанзива за Севастопољ. Поривот за офанзива бил толку голем, што борците во недостиг од пловила почнале да го преминуваат заливот на импровизирани средства. Вечерта на 9 мај Се-

РИА Новости

ОСЛОБОДУВАЊЕ

вастопољ бил ослободен во целост.Војниците на армијата на Хитлер што останале живи се повлекле на 'ртот Херсонес и биле притиснати кон морето. Според сеќавањето на жите-

лите, на 100 метри од брегот водата не се гледала – сѐ било преполнето со трупи од војници на противникот, со коњи, со возила, со воена техника. Така завршил германскиот престој на Крим.


16 |

КАЛЕИДОСКОП

Писмата на читателите, колумните и илустрациите означени како „мислење“, како и текстовите од рубриката „погледи“ во овој додаток се избрани за да претстават различни гледишта и не го изразуваат нужно гледиштето на уредникот на проектот „Russia Beyond the Headlines“ или на весникот „Росијскаја газета“. Ве молиме вашите писма и коментари да му ги испраќате на уредникот на urednik@mk.rbth.com

Интернет-страница: mk.rbth.com Еmail: urednik@mk.rbth.com Телефон: +7 (495) 775 3114 Факс: +7 (495) 988 9213 Адреса: ул. Правды 24, д. 2, Москва 125993, Россия. ЕВГЕНИЈ АБОВ издавач и директор на RBTH ПАВЕЛ ГОЛУБ главен уредник на додатоците на RBTH ВЈАЧЕСЛАВ ЧАРСКИ извршен уредник за Јужна и за Средна Европа ЕМИЛ НИАМИ превод, лектура, веб, гостин-уредник на додатокот „Руска реч на македонски“ ЈАНЕ ЈОВАНОВ, ТРАЈЧЕ СТОЈАНОВ превод, лектура, веб ЕКАТЕРИНА ТУРИШЕВА, МАРИЈА СМИРНОВА асистенција, веб НИКОЛА ЛЕЧИЌ, ИРИНА РЕШЕТОВА ко-уредници АНДРЕЈ ЗАЈЦЕВ, НИКОЛАЈ КОРОЉОВ илустрации За огласување во овој додаток, ве молиме да се обратите на ЈУЛИЈА ГОЛИКОВА, директор на одделот за односи со јавност: julia.golikova@rbth.com ИГОР ДАНИЛОВИЌ координатор на „Руска реч“ во „Нова Македонија“ МАРЈАН ДЕЛЕВСКИ дизајн САША БЕЛЕВСКА технички уредник © 2013 сите права се задржани од ФГБУ „Росијскаја газета“: АЛЕКСАНДAР ГОРБЕНКО претседател на редакцискиот совет, ПАВЕЛ НЕГОИЦА генерален директор, ВЛАДИСЛАВ ФРОНИН главен уредник.

Саид Царнаев / РИА Новости

Додатокот „Руска реч“ го финансира, уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва, Русија).

Луѓе положуваат цвеќе пред зградата на Амбасадата на Украина во Москва, во сомен на загинатите во воените судири. 03 мај, 2014.

Russia Beyond the Headlines (RBTH) го финансира „Росијскаја газета“, руски дневен весник. Содржината на овој подлисток е подготвена без учество на новинари и уредници на „Нова Македонија“. RBTH се финансира за сметка на добивката од рекламодавците и од комерцијалните спонзори, а исто така и од средства на руски државни институции. Ние се занимаваме со независна редакциска позиција и претставуваме различни гледни точки на настаните во Русија и во останатиот свет со помош на квалитетна содржина и експертски мислења. Од моментот на нашиот почеток во 2007 година се стремиме да се придржуваме до високите редакциски стандарди, да го покажеме најдоброто новинарство од Русија и за Русија. На таков начин се надеваме дека ќе пополниме една важна дупка во информирањето за нашата земја од страна на другите медиуми. Сите прашања и коментари за нашето финансирање или за нашата редакциска структура, ве молиме да ги упатите на urednik@mk.rbth.com. Повеќе информации на mk.rbth.com. RBTH издава 26 прилози во 21 земја со вкупна месечна публика од 33 милиони луѓе, а исто така одржува и 19 сајта на 16 јазика.

Константин Чалабов / РИА Новости

Забрането е копирање, дистрибуција или преземање на содржините од овој додаток, освен за лична употреба, без писмена согласност на „Росијскаја газета“. Ве молиме за дозвола да се обратите на телефон +7 (495) 775 3114 или на и-мејлот urednik@mk.rbth.com „Russia Beyond the Headlines“ не сноси одговорност за ненарачаните текстови и фотографии.

Подготовка на невестата во домот на родителите во селото Ачхој-Мартан пред свадбата во престолнинат а на Чеченија, Грозни.

Максим Блинов/РИА Новости

ИМПРЕСУМ

Учесници на военоисториската реконструкција посветена на 70-годишнината од ослободувањето на Симферпољ од нацистичките освојувачи.


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.