Rr 2014 06

Page 1

mk.rbth.com

Прилогот го уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва), која е целосно одговорна за содржината. Се печати и се дистрибуира во соработка со „Нова Македонија“.

САБОТА - НЕДЕЛА, 21-22 ЈУНИ 2014 ГОДИНА

Издание на

Крај на „седењето на повеќе столови“

стр. 4-5

Одиме во Русија! стр. 8-9

БРОЈ 18

Музејот на омилениот руски лекар од Струга

стр. 12-13

стр. 6-7

Само на mk.rbth.com Повеќе теми на интернет -страницата на „Руска реч“

Екатерина Туришева

Рускиот туристички компас се врти кон Македонија

Русија и Кина заедно во развој на геопозициските технологии стр. 10-11

„Росијскаја газета“ уредува прилози за Русија во 26 водечки светски весници, вклучувајќи ги и „Њујорк тајмс“, „Дејли телеграф“, „Фигаро“ и „Зидојче цајтунг“


2|

ОПШТЕСТВО

Екатерина Туришева

Каде се закопани руските војници во Македонија?

Екатерина Туришева Без оглед на тоа што на Солунскиот фронт во годините на Првата светска војна војувале најмалку неколку илјади руски војници и офицери, меѓу Русија и Македонија никогаш досега не постоела билатерална спогодба за заемна помош во врска со прашањата за погребувањето на војниците. Тоа е поврзано со фактот што на територијата на Македонија не се пронајдени самостојни руски гробови ниту од Првата, ниту од Втората светска војна. Но, како е можно такво нешто кога се знае дека на македонската земја се упокоени стотици руски војници? Работата е во тоа што овие останки во текот на почетокот на минатиот век биле пренесувани на различни гробишта, така што нивното место, како и имињата на загинатите досега не се познати. Во пресрет на 100-годишнината од денот на почетокот на Првата светска војна ние отпатувавме во Македонија за да дознаеме дали ги паметат и дали ги бараат во земјата руските херои од Солунскиот фронт. АРХИВСКА РАБОТА

„За голема жал, никаква систематска работа во оваа насока сега не

се одвива“, вели амбасадорот на Русија во Македонија, Олег Шчербак. „Ние сме многу загрижени во врска со ваквата ситуација. Учеството на руските војници во Првата светска војна на Солунскиот фронт стана заборавена страница од историјата, пошироката јавност за ова воопшто не знае“. За да се дознаат имињата на оние што загинале во тие години на територијата на Македонија, треба да се изведе голема истражувачка работа. Работата дополнително се усложнува со тоа што руските војници на Солунскиот фронт не се наоѓале под сопствена команда. Тие дејствувале главно во состав на француската армија, а Французите не се ни нафатиле со одделно овековечување на сеќавањето на Русите. Тесна соработка постоела и со српската војска, така што многу руски воени другари биле погребани од страна на Србите на сојузничките гробишта Зејтинлик. Но тоа, секако, не е целосниот состав. Руската амбасада во повеќе наврати се обидела да ги пронајде местата на масовните гробници на руските војници, но овие обиди не дале плод. Ова се случува и поради тоа што Македонија својата државна независност ја има добиено релативно доцна, така што во времето на Првата светска војна

земјата немала свои архиви. Многу воени архиви во тие години заминале во Србија и во Франција, а дел од нив со себе зеле и германските војници. Да се добие пристап до овие архиви не е едноставно. Освен тоа, ваква голема истражувачка работа бара и многу време. Сепак, амбасадата веќе има првични договори со српските архиви, така што оваа работа набрзо ќе започне. НАШИОТ МАЛ „ИСТРАЖУВАЧКИ ОДРЕД“

Свој придонес во оваа работа ние се обидовме да дадеме при посетата на француските воени гробишта, кои се наоѓаат во предградието на Битола. Меѓу десетиците редови спомен-крстови баравме руски имиња. Паралелно пребарување се вршеше и во книгата на имиња, која се наоѓа кај чуварот на гробиштата. Националноста на загинатите во оваа книга, исто како и на крстовите, не е укажана. Единствено што може да се разликува кај тробојните таблички со броеви и со имиња се црвените полумесечини поставени на крстовите на војниците од муслиманска вероисповед. Друштво во потрагата ни правеше и Даринка Крстанова, почесен конзул на Руската Федерација во Битола. Да-


ОПШТЕСТВО ринка е потомок на руски белогардејци, кои емигрирале на Балканот токму на почетокот на минатиот век, па нашата идеја да пронајдеме барем неколку имиња кај неа предизвика голема заинтересираност. По неколку часа под жешкото сонце на француските гробишта пронајдовме 14 руски имиња. Четири од нив останаа под знак прашање: овие војници можеа да бидат и Руси и Французи. Со списокот со овие имиња ние се вративме во градот, а потоа ги предадовме во амбасадата.

|3

Како да се овековечи сеќавањето за руските војници во Македонија, кога никој точно не знае каде се закопани?

Вечното почивалиште на руски војник тави споменик на руските војници во вид на крст, на кој со старото руско писмо ќе биде напишано: „Во славу русс-

кихъ воиновъ, героическi погибшихъ в землѣ македонской при исполненiи союзническаго долга“ („Во слава на руските војници, кои херојски загинаа на земјата македонска при исполнување-

Скица на споменикот на руските војници во вид на крст

Екатерина Туришева

Многу повеќе информации за руските војници имаат сочувано Германците. На германските гробишта од 1916 година во Прилеп, освен Германци и Австријци, се погребани и десет руски војници. Нивните имиња се познати и се запишани во заедничката споменкнига. Тука, како на ниту едно друго место, се гледа дека смртта навистина ги израмнува сите: офицерите на овие гробишта се погребани до обичните војници, а непомирливите непријатели во животот се буквално упокоени рамо до рамо. Сепак чуварите на овие места раскажуваат дека на германските гробишта постојат и други братски гробови, каде што, меѓу другите, лежат и руски војници, кои ги погребале германските погребни екипи. Каде точно се наоѓаат тие не е познато, тие можат да бидат каде било, па затоа на овие гробишта посетителите чекорат особено внимателно, за случајно да не згазнат на некој сѐ уште непознат гроб. За големиот јубилеј на 1 август амбасадата на Руската Федерација во Македонија планира на ова место да пос-

Екатерина Туришева

УШТЕ ЕДЕН КРСТ

то на сојузничкиот долг“). Откривањето на споменикот е планирано со учество на германскиот амбасадор. На крстот нема да има никакви имиња, од причина што целосниот список на загинатите никому не му е познат. И тешко дека некогаш тој ќе биде дознаен: војниците сметале дека е лош предзнак во бој со себе да се носат документи или какви и да се други знаци на распознавање. Затоа многу останки можеби засекогаш ќе останат безимени. Вториот дел од големиот проект за овековечување на сеќавањето на руските војници во Македонија е изградбата на камбанарија во Скопје. Овој споменик ќе им биде посветен на загинатите во обете светски војни: во четириесеттите години од минатиот век во Македонија пребегнувале руските војници што биле заробени од страна на фашистите, кои учествувале во борбите заедно со локалните партизани. Кога крстот и камбанаријата ќе бидат изградени, руската делегација не само што ќе може да им се придружи на Французите, на Германците и на Англичаните, кои секоја година организираат меморијални настани, туку и да имаат сопствени настани на своите меморијални места.


4|

ПОГЛЕДИ

Крај на „седењето на повеќе Фјодор Лукјанов Територијата на поранешниот Советски Сојуз влезе во нова фаза на самоопределување. Потпишувањето спогодба за основање на Евроазиската економска унија, настаните во Украина предизвикани од конфликтот поради спогодбата за придружување кон ЕУ, конечното потпишување на овој договор меѓу Европската Унија и Молдавија, Грузија и веќе споменатата Украина (кое се очекува кон крајот на јуни), немирите во Абхазија – сето тоа се делови од мозаикот што ја сочинуваат новонастанатата геополитичка ситуација. Што може сега да се каже за геополитиката на територијата на поранешната советска суперсила? Постсоветскиот простор мина низ неколку етапи. Најпрво импулсот кој потекна од распадот на СССР ја тестираше отпорноста на „новите независни држави“. Дел од нив опстанаа во наследените граници и покрај жестоките конфликти (граѓанската војна во Таџикистан, борбата на Русија за Северен Кавказ), додека некои земји де факто изгубија дел од териториите, задржувајќи го формалниот интегритет (Азербејџан, Грузија, Молдавија). Би можело да се каже дека геополитичките претензии на „советското наследство“ беа прикриени. Западот, кој беше зафатен со „голтање на пленот“ во Централна и во Источна Европа, како и потврдувањето на својот статус на светски лидер, не брзаше да се вмеша во матната и хаотична постсоветска политика. Иако, притоа, не губеше од вид дека треба да го прошири системот на институции и приоритети на западниот свет, порано или подоцна, и на оваа област. САД и Европа не ја попречија Русија да ја стабилизира ситуација внатре во своите граници, но водеа сметка руското влијание надвор од нејзините граници да не стане доминантно. Во втората половина од деведесеттите години од минатиот век, кога новите држави почнаа да застануваат на свои нозе, се активираше и конкуренцијата меѓу надворешните сили. Уште повеќе што во Европа дотогаш веќе беа донесени главните стратешки одлуки (проширување на НАТО и на ЕУ, продлабочување на интеграцијата, неутрализација и соборување на режимите што мислат поинаку, како што беше примерот со српскиот режим). Русија кон крајот на деведесеттите години од минатиот век го преживуваше реци-

дивот на системската криза, која земјата ја доведе до работ на пропаста. Но, дури и во ваква состојба Москва на располагање имаше палета инструменти, кои ги користеше со цел да го оневозможи целосното свртување на своите соседи кон други ментори. Тогаш основата на надворешната политика на поранешните советски републики беше базирана на „мултивекторската“ концепција, односно на маневрирање помеѓу Русија и нејзините конкуренти без дефинитивно приклонување кон некоја страна. Ваквата состојба продолжи и во минатата деценија, иако сè почесто имаше обиди на самоопределување. Пример за земја која направи проруски избор е Белорусија, иако, наоѓајќи

се во постојан конфликт со Западот, Александар Лукашенко се трудеше да маневрира, така што од Русија постојано да добива дополнителни олеснувања. Спротивен пример е Грузија, која за време на владеењето на Михаил Саакашвили зазеде „едновекторски“ курс. Карактеристичен е случајот со Украина, која по „портокаловата револуција“ се обиде да се пренасочи кон евроатлантската зона. Овој обид не успеа од внатрешни причини, и покрај поддршката од Западот. Од друга страна, Азербејџан, носителот на енергетските проекти што беа алтернатива на руските, претставува модел на фактичко преминување на страната на


ПОГЛЕДИ

САД без формално изјаснување. Руско-грузиската војна од крајот на минатата деценија ја означи подготвеноста на Москва да примени сила со цел да го спречи соперништвото во зоните на своите животни интереси. Но, дури и по ова, директното прашање „или-или“ не беше поставено. Потезите на Русија беа насочени кон тоа да се зачува, помалку или повеќе, мултивекторскиот статус кво, да се стабилизира ситуацијата, за никој да не испровоцира нагли потези. Но, распоредот на силите се смени. Русија го обнови делот од својот потенцијал, додека Западот, напротив, го изгуби.

Помина времето кога надворешните ментори се трудеа да одржат привид дека соперништвото меѓу нив не постои, што им овозможуваше да играат на картата на „геополитички плурализам“ Украинскиот судир од 2013 година го означи почетокот на следната етапа. Конфликтот поради спогодбата за придружување кон ЕУ го постави Киев пред избор. И Европската Унија и Русија ги изнесоа своите предлози, кои овој пат не беше можно да се усогласат, што значи дека парадигмата на која Киев е навикнат повеќе не функционираше. Последиците ни се познати, но времето не може да се врати, зашто борбата меѓу надворешните сили доби принципиелен карактер. И ова не се однесува само на Киев.

Алексеј Иорш

столови“

|5

Поголемиот дел земји ќе мораат да направат избор. Релативната неутралност можат да ја задржат само земјите што се богати со ресурси. Азербејџан, Туркменистан и Узбекистан така се држат настрана од сите алијанси. Друга можност е „одбивање на изборот“, која засега е чисто хипотетична и таа би значела договор на надворешните сили за „заедничка експлоатација“ на определена земја што се изјаснува за неутрален статус. Ова го предлагаат ветераните на Студената војна на Западот, кои зборуваат за неопходноста од „финизирање“ на Украина (уредување на Украина според моделот на Финска, осмислен за време на Студената војна: иако економски организирана според западниот модел, оваа земја никогаш не стана членка на НАТО за да ги задржи добрите односи со СССР, што се сметаше за (само)ограничување на суверенитетот – заб. ред.). Помина времето кога надворешните ментори се трудеа да одржат привид дека соперништвото меѓу нив не постои, што им овозможуваше да играат на картата на „геополитички плурализам“. Јасно е дека секој избор претставува збир од добивки и загуби и дека секоја држава ќе мора сама да пресмета што ѝ се исплаќа повеќе. На тој начин императивот за безбедноста направи Ереван да се заврти во корист на Евроазиската економска унија. Москва нема да успее да ја задржи Грузија, зашто Тбилиси е свесен дека не постојат никакви шанси да ги поврати Абхазија и Јужна Осетија, така што во тој поглед нема што да изгуби, а сите други начини на влијание Русија веќе ги искористи. Случајот со Молдавија е нешто посложен, при што не станува збор толку за Приднестровје, колку за Гагаузија, која најави дека ќе се изјасни, штом Кишинев го направи својот избор. Фазата на „избран правец“, исто така, не е последна. Светот и Евроазија се развиваат, така што не е исклучено по новите судири да натежнат општите тенденции за интеграција, што од рационална гледна точка би било најдобро. Всушност, како што велеше водачот на светскиот пролетеријат [Ленин – заб. ред.], пред да се обединиме, мораме некако меѓу себе да се поделиме. Фјодор Лукјанов е претседател на президиумот на Советот за надворешна и одбранбена политика.


6|

ЕКОНОМИЈА

Рускиот туристички компас Летната туристичка сезона е во почетокот. Како и секоја година Република Македонија очекува голем број туристи. „Руска реч“ направи истражување во врска со потенцијалот на Македонија за привлекување туристи од Руската Федерација Емил Ниами Македонија е земја што е привлечна за голем број странски туристи, но особено е значајна за оние од словенските земји. Ваквата заинтересираност се должи, пред сѐ, на заедничките корени во историјата, блискоста на јазиците и на културите, како и на поранешните тесни врски, кои извесно време беа разлабавени по менувањето на државниот систем во словенските земји. Заинтересираноста е уште поголема со развојот на технологијата. Денес Интернетот е прозорецот кон светот, кој има безграничен поглед. Русите сѐ повеќе добиваат информации за Македонија, за нејзините природни убавини, како и за нејзините туристички места. Во Република Македонија веќе подолго време функционира Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, чија главна цел е привлекување странски туристи, меѓу кои и од Русија. Директорот на оваа организација, Кристијан Џамбазовски, во Руската Федерација гледа голем туристички капацитет. - Според светските економски експерти руската економија во последниве неколку години бележи значителен раст, а со тоа и бројот на руски туристи во светот се зголемува. Значајно е да се спомене зголемувањето на руските инвестиции во Македонија и засилувањето на соработката меѓу овие две држави. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот неколку години по ред ги претставува туристичките потенцијали на Македонија на рускиот пазар, препознавајќи потенцијал и перспектива пред сè поради поврзаноста на рускиот и македонскиот народ, преку религијата, сродните јазици и културните вредности. Граѓаните на Ру-

сија почесто доаѓаат во Република Македонија со цел посета на Охрид како центар на словенската писменост и посета на културните знаменитости на градот и пошироко - вели Џамбазовски. Македонија веќе неколку години се обидува да се пробие на рускиот туристички пазар, со оглед на тоа дека, освен што станува збор за огромен број туристи, треба да се земе предвид и волјата на руските државјани за патување надвор од земјата. Секако дека промоцијата на Македонија во Руската Федерација е многу важна, а презентацијата пред пошироката публика е најважниот сегмент од неа. - Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) континуирано веќе неколку години по ред настапува на Меѓународниот саем за туризам (МИТТ) во Москва. На овој саем Македонија се промовира со свој штанд соодветен на рускиот пазар, промотивни материјали на руски јазик, како и промоција на македонската храна и вино. Поттикнати од потребата и зголемениот број руски туристи оваа година започнавме со медиумска кампања, чија цел е претставување

на македонската туристичка понуда, а со тоа и привлекување на поголем број руски туристи. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот организира инфотури за туроператори и новинари со цел запознавање со културните и природните богатства на нашата земја - ги сумира накусо активностите Џамбазовски. Во оваа насока Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот од годинава започнува со засилена маркетинг-стратегија за рускиот пазар, за која вработените сериозно се подготвуваа. Станува збор за соработка со Асоцијацијата на туроператори на Русија за отпочнување медиумска кампања, која би се состоела од поставување банери, како и од објавување репортажи за Македонија во печатени и во онлајн-магазини, на портали, како и во дневни весници и списанија. Исто така, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во јули годинава ќе организира и промотивни тури за туристичките оператори и за новинари. Од македонска страна постојат неколку олеснувања што се однесуваат на руските државјани. Пред сѐ, тука е одлуката на Владата на Република Македо-


ЕКОНОМИЈА

|7

се врти кон Македонија

Екатерина Туришева

вува и непостоењето на директна линија Москва-Скопје. Откако во 2001 година авиокомпанијата „Аерофлот“ го напушти македонскиот пазар на авионски превозници, до Скопје може да се стаса единствено со транзитирање. Ваквата состојба со авионскиот превоз ја коментира и Петар И. Димитров, магистер по воздушен сообраќај. - Основното прашање кое се поставува на почетокот е прашањето за оправданоста на ваква една линија. Основата за воспоставување се заснова на предвидливите движења на економските параметри (бројот на жителите, вработеноста, националниот доход, обемот на стоковната размена, бројот на туристите, воспоставен визен режим и сл.) и понатаму се дефинираат можностите за одржлив развој на истата. Потребите на луѓето за воздушен превоз произлегуваат од сите човечки активности, а задачата на транспортните елементи е таа потреба да биде задоволена. Влијаат многу фактори - политиката, оперативните приходи и расходи на дадена авиокомпанија како и бројот на потенцијални опслужени патници (туристи, патници кои одат дома, студенти и сл.), односно исполнетоста на еден воздухоплов за даден период на време (два пати неделно, еднаш неделно и сл.). За да се даде одговор зошто повеќе нема ваква линија, потребно е да се испитаат демографските и социоекономските услови кои владеат во одреден регион, кој би бил потенцијално опслужено подрачје за оваа линија - вели Димитров. Во врска со ова Џамбазовски не губи надеж: „Ние проблемите ги гледаме како предизвик и затоа најголемиот предизвик, но не и нерешлив, е поставувањето директна линија Москва-Скопје. За таа цел ги покануваме заинтересираните авиокомпании и туроператори на заедничка средба за поттикнување на оваа иницијатива и нејзина реализација“. На овој проблем постојано работи и амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, која се обидува да најде авиопревозник што би бил заинтересиран да организира летови на оваа маршрута. Според податоците на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, во последниве неколку години забележан е пораст на странските туристи за 14 отсто, а споредбено во последниве три години бројот на руските туристи е зголемен, што претставува дополнителна мотивација за промоција на Македонија во Руската Федерација.

нија за укинување на визите за влез во државава за државјаните на Руската Федерација, што претставува огромен плус, кој ги ослободува туристите од бирократските процедури. Второто олеснување се однесува на субвенциите за туристичките оператори што ги доделува Владата на Македонија. Висината на субвенции за рускиот пазар со авионски превоз изнесува 65 евра по донесен руски турист. Во поглед на последново секако е важна и соработката со руските туристички агенции. На Интернет можат да се најдат многу понуди за Македонија од различни туристички агенции, и тоа не само од Москва туку и од другите градови на Руската Федерација. - На Меѓународниот саем за туризам во Москва годинава се остварија голем број контакти со руски туроператори, а Македонија веќе ја има во нивната понуда. Во изминатиов период беа организирани повеќе успешни инфотури за туроператори и новинари од Руската Федерација. Во Македонија тие остварија бизнис-средби со македонскиот туристички сектор во насока на отпочнување и кон-

тинуирано збогатување на туристичката понуда наменета за рускиот пазар - изјавува директорот на Агенцијата, Џамбазовски. За руските туристи се заинтересирани и македонските туристички агенции, кои во иднина планираат да организираат специјални програми наменети за руските граѓани. Во овој контекст се планираат повеќе видови тури низ Македонија. Она што е навистина интересно за руските граѓани е верскиот туризам, а кој во Македонија е многу малку развиен. Русите се заинтересирани за македонските цркви и манастири, но за нив не постојат посебни организирани тури, што значи дека и руските и македонските туристички оператори би требало да обрнат поголемо внимание на овој сегмент. Руските туристи се заинтересирани и за традицискиот туризам, за кој, исто така, не постојат посебни понуди. Тие можат или случајно или на сопствена иницијатива да ги посетат настаните какви што се Галичката свадба, Вевчанскиот карневал, Струшките вечери на поезијата и други. Голем минус за Македонија претста-


8|

РУСИЈА-МАКЕДОНИЈА

ИТАР-ТАСС

Одиме во Русија!

Емил Ниами Летото е време кога Македонците ги користат своите годишни одмори. Многумина сакаат да појдат на плажа на некое од македонските езера, други, пак, сакаат да заминат на море. Но, постојат и такви што својот годишен одмор го користат за екскурзија по градовите во светот. Како интересна дестинација за македонските државјани, меѓу другите, е и Руската Федерација. Македонските туристички агенции нудат само една тура годишно и тоа за Москва за првомајските празници. Затоа многумина се решаваат да си направат свој аранжман и на тој начин да отпатуваат во Русија. Но, што сѐ е потребно да знаете пред да тргнете на пат? ПОТРЕБНА ЛИ Е ВИЗА?

За македонските граѓани потребна е виза за влез во Руската Федерација. Сепак, со спогодбата потпишана во 2008 година е предвиден безвизен влез за

следниве категории: 1. носители на дипломатски или службени пасоши – со рок на престој до 90 дена; 2. лица што имаат дозвола за привремен или постојан престој во Руската Федерација; 3. бизнисмени, новинари, спортисти, научници, студенти и други граѓани кои патуваат со цел остварување научно-техничка, образовна, културна или спортска размена, краткорочна обука и лекување, како и посета на роднини или познаници, доколку поседуваат оригинала покана издадена од страна на органите за миграција (ФМС) – со рок на престој до 90 дена 4. туристи, доколку поседуваат оригинал ваучер и потврда за прием на странски турист, издаден од страна на руски туристички оператор – со рок на престој до 30 дена. Доколку имате само копија од покана или од туристички ваучер, тогаш е потребно да се добие виза. Особено внимание треба да се посвети на туристич-

ките ваучери. Постојат таканаречени туристички агенции што продаваат вакви ваучери, но штом стасате во Русија може да се случи тие да излезат неважечки. Затоа ве осветуваме да бидете внимателни при купувањето ваучер. Исто така, доколку планирате краткорочна посета на Русија, треба да знаете дека на почетокот од оваа година беше донесена одлука од страна Руската Федерација според која странските државјани можат да се наоѓаат на територијата на Русија без виза во рок од 72 часа. Конзуларното одделение при амбасадата на Руската Федерација е отворено за прием на странки секој вторник, четврток и петок од 9 до 13 часот. Доколку ви се потребни дополнителни информации, можете да контактирате со амбасадата и преку нивната имејл-адреса embassy@russia.org.mk. Амбасадата на Руската Федерација се наоѓа во Скопје на улица Пиринска, бр. 44.


РУСИЈА-МАКЕДОНИЈА

КАКО ДА СТИГНЕТЕ?

Од Македонија до Русија најлесно и најбезбедно се стасува со авион. За жал, не постои ниту еден директен лет, иако постојано се прават напори тој да биде обезбеден. Во моментов можете да изберете лет преку повеќе европски градови. Најчесто изборот се прави на летовите преку Белград, преку Истанбул или преку Виена до Москва. Во оваа насока ве советуваме да се распрашате и за времето на чекање во градовите на транзит, зашто понекогаш може да се случи да се најде евтин билет, но со многу чекање. Билетите е најдобро да ги купите или во туристичка агенција или на веб-страниците на соодветните авиопревозници. За патувањата во Русија е практично невозможно да се најде лет со некоја нискотарифна авиокомпанија. Исто така, доколку сте во можност, можете да полетате директно за некој од градовите во Русија, а тоа е најчесто Москва, директно од аеродромите на некоја од соседните држави. Лесно и едноставно можете да стасате до Софија или до Солун, а оттаму можете да најдете директни линии во неколку термини од денот. Доколку сте љубител на долгите надземни патување, постои и варијанта да се замине во Москва со воз. Патувањето со воз од Скопје до Москва трае 2 дена и 2 часа, а возот се движи преку Србија, Унгарија, Словачка, Чешка, и Украина, за да стасате на Киевската железничка станица, која се наоѓа во централното подрачје на Москва. Доколку стасувате во Москва со авион, потребно е да знаете и како да дојдете од аеродромите, кои се наоѓаат на крајот од градот, до местото што ви е потребно. Најлесно е да се ориентирате според мапата на метро-станиците. Постојат неколку можности како да дојдете од кој било аеродром до некоја од метро-станиците. Првата можност е, секако, таксито, но како и секаде во светов тоа е мошне скапа варијанта, но можно е да се договорите и со други патници и да се испазарите со возачот на таксито за цената. Втората можност е таканаречениот Аероекспрес, кој, всушност, претставува воз од некој од московските меѓународни аеродроми до некоја од мос-

ковските метро-станици. На самиот аеродром секогаш постои распоред на тргнувањата на овие возови, а удобноста е во тоа што тие тргнуваат од самиот аеродром. Следната можност е да се качите на автобус или на некое од многубројните маршрутни комби-возила, кои ќе ве доведат до најблиската метро-станица. Кога стасувате на аеродром или на железничка станица, а исто така, и во метро-станиците, бидете внимателни со својот багаж, особено со својот паричник и со документите. На ваквите места, како и во целиот свет, „оперираат“ групи крадци чиј плен се штотуку дојдените изморени туристи. КАКО ПОНАТАМУ?

Доколку сте допатувале во Москва, патот до некој друг град е мошне едноставен. Можете да изберете да полетате со авион со некоја од домашните авио-

компании или, пак, да заминете со воз. Доколку патувате во некое место од европскиот дел на Русија, ви препорачуваме да одите со воз, со оглед на тоа што руските возови се познати по својата комфорност и точност, а не се ни многу скапи. За подалечните дестинации, исто така, постојат возови, а за љубителите на патувањата секако дека ќе биде интересно да се поминат неколку дена на Транссибирската магистрала. КАДЕ ДА СЕ СМЕСТИТЕ?

Доколку не одите на посета кај пријатели и ако немате сместување, поголемите руски градови можат да ви се причинат како недостижни по своите цени. Затоа, пред да заминете на пат ви препорачуваме да си резервирате соба преку Интернет. Од голема помош може да ви биде Интернет-страницата www.ostrovok.ru, на кој можете да најдете голем избор хостели и хотели во сите градови од Руската Федерација. Во пребарувачот имате можност и да ставите граница на вашиот буџет, да платите онлајн, како и да ги добиете сите информации за хотелот или за хостелот што сте го избрале. Голем број од хотелите можат да ви понудат и бесплатен ваучер, кој можете да го искористите како основа за добивање виза. Се надеваме дека овие совети ќе ви го олеснат вашето патување за Русија, а откако ќе се вратите очекуваме да ги споделите вашите импресии на нашиот имејл или на нашата Фејсбук-страница. Среќен пат за Русија!

ИТАР-ТАСС

Многу читатели на нашата фејсбук-страница и е-адреса ни испраќаат прашања поврзани со тоа како да стигнат до Русија, кои документи им се потребни, како да се снајдат... Затоа решивме во овој број да ви раскажеме сѐ што е потребно за едно патување во Русија.

|9


10 |

НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА

Русија и Кина заедно во развој на геопозициските технологии


НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА За време на вториот меѓународен форум „Технопром2014“, кој се одржа во Новосибирск, вицепремиерот на Руската Федерација, Дмитриј Рогозин, и неговиот кинески колега, Ван Јан, се договорија за заедничка космичка соработка врз основа на ГЛОНАСС и Бејду

Дан Потоцки На 6 јуни на меѓународниот форум „Технопром-2014“ вицепремиерите на Русија и на Кина, Дмитриј Рогозин и Ван Јан, разговараа за развојот на системот ГЛОНАСС, за геотехнологиите и за други теми, кои на еден или на друг начин се поврзани со системите за навигација.

Aртјом Житинев / РИА Новости

ПАРТНЕРИ ОД ИСТОКОТ

Според мислењето на Дмитриј Рогозин поседувањето сопствен навигациски систем е еден од знаците за постоењето на голема држава. Тој стави посебен акцент на постигнатиот договор меѓу системот ГЛОНАСС и кинескиот навигациски систем. - Ние гледаме големи перспективи во соработката меѓу системот ГЛОНАСС и кинескиот Beidou, уште повеќе што нашиот систем во голема мера е ориентиран на северната широчина, а кинескиот систем е појужен. Откако тие заемно ќе се надополнат, ние ќе можеме да создадеме најголем и најмоќен конкурент на кој и да е навигациски систем - појасни тој. Рогозин забележа дека доколку се земе предвид зближувањето на Русија и Кина, Западот ќе добие конкурент, кој едноставно не е способен да се натпреварува според карактеристиките на точност, туку и според други можности на навигацискиот систем. - Нашата задача е да се добие најдоброто во интерес на граѓанското користење - забележа тој. Ван Јан, меѓу другото, ја потенцираше важноста на средбата и на постигнатите договори. Според него, ова не е само важен чекор на линија на научно-техничката соработка, туку, исто така, е и важен политички чекор. Рогозин со својот колега ги разгледа и перспективите за создавање на широкотрупен авион и можност за формирање заеднички авиоконцерн врз основа на ваквото производство, а исто така и создавање нов воен хеликоптер врз база на „Ми-26“.

| 11

Експертите веќе успеаја позитивно да ги оценат договорите постигнати од руската и од кинеската страна за време на „Технопром“. - Гледаме дека нашите односи со Кина се развиваат на највисоко ниво, и космонаутиката тука многу убаво се вклопува - изјави дописниот член на Руската академија за космонаутика Андреј Ионин. Притоа, тој ги нарече САД и Европската Унија „несигурни политизирани партнери“. - Воено-космичката програма на Кина се развива мошне динамично. Тие имаат индустрија што функционира, огромни технолошки ресурси, тимови конструктори, инженери. Тоа е сигурен и вистински партнер, а тоа какво место ние ќе заземеме во таквата соработка, зависи само од нас заклучи Ионин. ПАРТНЕРИ ОД ЗАПАДОТ

Рогозин ја начна и темата за соработката со САД. Вицепремиерот се надева дека до 1 септември 2014 година Русија и Америка ќе успеат да се договорат за позиционирањето на системите ГЛОНАСС и GPS. - Се договоривме дека од 1 јуни станиците GPS на територијата на Руската Федерација ќе бидат изложени на определено влијание, со цел тие во иднина да не можат да се користат за воени цели. Се надевам дека нè слушнаа не само во навигацискиот сектор туку, пред сè, во Вашингтон. Се надевам дека до 1 септември ние или ќе наидеме на целосно разбирање, или ќе треба да правиме нешто со тие станици, нема да кажам што - изјави Рогозин. Да потсетиме дека санкциите во однос на американските навигациски станици следуваа по спорот за стационирање на аналогични руски станици од системот ГЛОНАСС на територијата на САД. Денес Рогозин, кој ѝ се заканува на НАСА во врска со ова уште од минатиот месец, повторно потсети на постоењето проблем. - Уште од почетокот на деведесеттите години од минатиот век во Русија работат 11 станици на GPS, и ние сметаме дека имаме право да очекување стационирање на аналогични станици на територијата на САД. Сепак, ние се судривме со очигледно политизирање на ова прашање, па се слушнаа изјави дека руските станици ќе имаат улога на некакви шпиони - рече Рогозин. Доколку Русија и САД не успеат да се договорат, никој нема да има проблем со навигацијата, зашто системот ГЛОНАСС веќе достигна високи показатели во работата, уверува Рогозин.


12 |

КУЛТУРА

Музејот на омилениот руски лекар од Струга Емил Ниами Во Струга, недалеку од реката Црн Дрим, се наоѓа Народниот музеј „Д-р Никола Незлобински“. Оваа институција, која многумина Македонци дури и не ја знаат, во себе ги чува тајните на природата од околината на Охридското Езеро. Заслужен за нејзиното постоење е докторот Николај Незлобински, кој во 1921 година со група емигранти белогардејци пристигнува во Кралството Југославија, а по три години се доселува во Струга. Музејската дејност не само во Струга, туку и на територијата на современа Македонија е неразделно поврзана со ликот и делото на рускиот лекар Николај Антонович Незлобински. Овој голем човек, чиј приоритет била медицината и лекувањето на луѓето од маларија, која во периодот на неговото доаѓање во Струга зела епидемични размери, бил воодушевен од природата на овој крај. За него особено привлечна била флората и фауната во околните планинските масиви на Струга, како и живиот свет на Охридското Езеро. Исто така, тој бил заинтересиран и за природните мочуришта во Струшко, кои претставувале извор на зараза од маларија за жителите од околината. Истражувајќи ги овие места Незлобински со својата страст кон природата започнал да собира примероци, а по кус период од ваквите примероци била добиена и мошне интересна приватна колекција препарирани животни.

Интересно е што Николај Незлобински самиот се грижел за ловењето и за препарирањето животни, зашто сите современи техники од тоа време тој ги научил за време на медицинското образование во Русија. Така, веќе во 1926 година во една од бараките во која тој живеел со својата сопруга, Незлобински организирал интересна изложба на препарираните животни што ги поседувал. Оваа изложба предизвикала интерес не само кај учените и кај видните лица од

Екатерина Туришева

По доаѓањето на Незлобински во Струга, локалното население го помакедончила неговото име, така што во сите записи од Македонија, како и во називот на институцијата, неговото име е Никола.


КУЛТУРА

Музејот во Струга е, всушност, првиот музеј што е основан во Македонија. Тој започнал да функционира како музеј на автохтоната флора и фауна во регионот, за потоа да прерасне во национална установа. Во 1937 година, со понатамошното зголемување на примероците во поставката, било увидено дека пренаменетата просторија е многу мала за да можат да се сместат сите експонати во неа. Истата година властите на Кралството Југославија на овој музеј му го доделила статусот на научна институција, односно тој станал Природонаучен музеј во вистинска смисла на зборот. Тогаш Незлобински сфатил дека е потребно да се направи нова зграда во која ќе бидат сместени сите експонати. За таа цел тој изготвил план за изградба на музејска зграда, која со помош на граѓаните од Струга била изградена за само една година. Веднаш по нејзината изградба Незлобински го осмислил и нејзиното ентериерно решение, со што за многу кус период вратите на музејот биле отворени за посетителите. Интересен е фактот што поставката ја направил самиот Незлобински, распоредувајќи ги сите експонати по логичен редослед и давајќи прецизни информации за видовите. Втората значајна работа на која докторот обрнувал особено внимание биле ендемските видови. Сите експонати од флората и од фауната што се специфични и единствени за ова подрачје биле прикажани и опи-

Екатерина Туришева

Струшко туку и кај поширокото население, а љубезниот доктор со задоволство им ги покажувал своите експонати на посетителите. Токму неговата љубезност и посветениот однос кон заинтересираните, и воопшто кон луѓето од овој крај, го направила Незлобински најсаканиот лекар во Струшко. По само две години збирката станала толку голема што било потребно таа да се смести на некое поголемо место. Со цел примероците да бидат уредно изложени и достапни на јавноста, Незлобински во една од четирите бараки со кои располагал (во едната живеел тој со сопругата си, втората била наменета за неговите помошници, третата за маларичната болница, а четвртата била работилница) ги сместил експонатите. Со ваквиот потег рускиот лекар збирката ја поставил како постојана музејска поставка и со тоа го втемелил Природонаучниот музеј во Струга и музејската дејност во Македонија. На овој мал музеј му се радувале како вработените, така и болните, децата и возрасните од Струга, а тоа на Незлобински му дало елан да продолжи со својата собирачка дејност.

| 13

шани со многу грижливост и со посебна прецизност, со цел да им се даде посебна важност во целата експозиција. Во макотрпната работа на Незлобински му помагале и неговите соработници Елмаз Амза, Геки Дудуш, Суљо Таксим и Миле Шуле, а особена поддршка добивал и од својата сопруга Софија. Повеќе за животот на докторот Николај Антонович Незлобински прочитајте во делот за култура на нашата вебстраница www.mk.rbth.com, каде што ќе можете да најдете и ексклузивни фотографии од Природонаучниот музеј. Со започнувањето на Втората светска војна била прекината и акцијата на збогатување на колекцијата на музејот. Во текот на војната окупаторите ја презеле музејската зграда, ја преадаптирале и почнале да ја користат за свои потреби. Но, Незлобински не дозволил неговата долгогодишна макотрпна работа да биде уништена. Тој заедно со своите сограѓани од Струга ги спакувале експонатите и ги скриле во околните куќи. Со овој потег стружани не само што ја покажале својата почит и уважување кон докторот туку и дале до знаење дека се заинтересирани да го спасат богатството што го поседувало нивниот град. На 17 мај 1947 година Николај Антонович Незлобински умира од срцев удар. Граѓаните на Струга на достоинствен начин се простиле од својот омилен доктор. Гробот на Незлобински и денес се наоѓа во алејата на заслужните граѓани

на градските гробишта во Струга. По ослободувањето музејот го добива името на својот основач Никола Незлобински. Денес музејот претставува голем експозициски комплекс во кој се претставени примероци од флората и од фауната од Македонија. Експозицијата е претставена преку голем број диорами во кои се прикажани животните во своето карактеристично окружување. Исто така, постои и дел во кој се прикажани и голем број инсекти. Најголем дел од примероците се собрани од околината на Струга и на Охрид. Дел од експонатите претставуваат примероци на живиот свет што денес е или исчезнат или е ставен на списокот на загрозени видови, што на музејот му дава уште поголемо значење. Сето ова говори дека Природонаучниот музеј „Д-р Никола Незлобински“ е од особено значење за Република Македонија. За жал, зградата во која се наоѓа музејот е во многу лоша состојба: ѕидовите се слаби и сиви, осветлувањето е лошо, а под забот на времето почнале да пропаѓаат и диорамите. Ова особено се забележува кај делот посветен на инсектите, каде што може да се видат голем број распаднати примероци. Со оглед на големата вредност и на долгата и мачна историја, овој музеј заслужува особено внимание од локалната и од централната власт, со цел тој гордо да може да го прикажува живиот свет на Македонија, што, всушност, била и замислата на омилениот руски лекар на стружани.


14 |

ПАТУВАЊА

Прифатете го предизвикот: Москва е еден од најскапите градови на светот. Тоа одвраќа многу туристи што размислувале за „авантура во Русија“. Доколку, сепак, си поставите цел да не трошите пари, тука има што да се прави и бесплатно. Во рамките на законот, се разбира Дарја Гонзалес ДА НАЈДЕТЕ ПРЕВОЗНО СРЕДСТВО

Во Москва постои бесплатно возење на секој вид транспорт, но треба да сте херој на Советскиот Сојуз, на Русија, витез на орденот Слава или дете до седум

години. Не очајувајте: може да се земе бесплатно велосипед за привремена употреба. Во Москва има пет места за тоа: парковите Соколники, Фили и Северното Тушино, Нескучни сад и Воробјови гори. До летото 2013 со пасош можевте да се повозите бесплатно, но само два часа. Оваа година времето за

користење треба значително да се зголеми. Покрај тоа, на Воробјови гори може да начекате бесплатна еколошка екскурзија на еден час во паркот. ДА ПОЛЕЖИТЕ НА ПЛАЖА

Во Москва има четири бесплатни плажи: Тропарјово (за одмор со деца), Мешорско езеро (дива плажа), Акдемически езера (со водни атракции, пинг-понг, билјард и хокеј на маса), Сребрен бор (плажен комплекс со дополнителна плажа за нудисти). ДА КАСНЕТЕ

Да каснете во Москва е најсложената задача. Без пари храна делат само

Да се поминат неколку дена во најскапиот град на светот


ПАТУВАЊА

| 15

без пари во Москва свештениците и рокерите. Сепак, постојат неколку начини да се задоволи гладот, без да потрошите денар. Како прво, секој вторник и секој четврток во 14 часот на Стар Арбат број 37 покрај споменѕидот на рускиот рок-изведувач Виктор Цој се нуди бесплатен чај, кифлички и овошен јогурт. Како второ, во Москва постојат три „антикафулиња“, каде што се плаќа не за јадењето, туку за поминатото време во кафулето – „Циферблат“, „Бабочки“ и „Local Time“. Освен тоа што една минута во кафулето ќе ве чини помалку од 2 центи, јадење и пијалаци можете да си донесете со себе, а, исто така, можете да се послужите и со бесплатен чај и со кифлички. Покрај тоа, во сите три локали има бесплатен безжичен Интернет. Доколку се подготвите пора-

но, можете да влезете во „фокус-групата“ на дегустатори на нови јадења и пијалаци. Ова можете да го направите на сајтовите www.oprosy.info и www.oopros.ru. Одвреме-навреме во Москва може бесплатно да каснете на некој од гастрономските фестивали. Најпознат од нив е меѓународниот фестивал Omnivore Food Festival. Исто така, вреди да се спомене и Московскиот гастрономски фестивал, кој се одржува со поддршка на московската влада, а, исто така, и сосема младиот „Fest EDAkov“, кој се одржува во Серускиот изложбен центар. Освен тоа, може да се посети и уште еден европски фестивал „Fashion Food“, кој се одржува од 2010 година во неколку ресторани во престолнината. Влезот на ваквите настани може да биде платен (од 5 до 10 евра) или да е потребна покана, но количеството можни дегустации и „приоди“ на територијата на настанот се неограничени.

Александар Уткин / РИА Новости

ПОСЕТА НА МУЗЕИ

без да потрошите ниту еден денар? Сосема е можно!

Во Москва постојат музеи во кои во текот на целата година може да се оди бесплатно. Тука се Културниот центар „Булгаковски дом“, кој се наоѓа во куќата во која живеел познатиот писател Михаил Булгаков, Музејот на историјата на градската психијатриска болница, Музејот на индустриската култура и Музејот на историјата на московското метро. Освен тоа, во Ноќта на музеите, доколку порано застанете во ред, можете да влезете во кој било музеј без да купите билет. Исто така, секоја трета недела во месецот Музејот на современата уметност, Меморијалниот музеј на космонаутиката и Музејот на историјата на ГУЛАГ-от работат бесплатно, Музејот на уникатни кукли секој четврток и петок од 10 до 12 часот е отворен за бесплатни посети, додека Државниот локален музеј „Домот на кејот“ работи бесплатно секоја трета сабота во месецот. Во Москва постојано расте бројот на места со бесплатен безжичен Интернет. Вакви места сега има на метро-станиците, како и на тролејбуските, трамвајските и автобуските постојки. Мапата на бесплатни точки можете да ја погледнете на сајтот: www.wifi4free.ru/msk.

ПОСЕТА НА ТЕАТАР

Студентските театри нудат бесплатен влез за сите свои претстави. Не треба да се заборави дека руската театарска школа е една од најдобрите на светот, и многу студентски претстави по ништо не се разликуваат од професионалните. Нивниот репертоар обично го има на официјалните сајтови на театарските и филмските универзитети на престолнината. Исто така, дипломците на Конзерваториумите изведуваат бесплатни симфониски концерти во Домот на Чајковски и во Конзерваториумот. Репертоарот можете да го погледнете на сајтот: www.mosconsv.ru ПРОШЕТКА СО ВОДИЧ

Историскиот центар на Москва во мала група и со водич што зборува на англиски јазик може да се погледне сосема бесплатно: вакви услуги дава компанијата „Moscow Free Tour“, која, исто така, дава 30 отсто попуст на Hop on – Hop off автобуските тури низ Москва, како и бесплатни велосипедски тури. Овие екскурзии најчесто се одвиваат на руски јазик, но можат да се најдат и водичи што зборуваат на англиски. ДА СЕ ПОГЛЕДНЕ ФИЛМ

Во Москва работат и голем број филмски клубови, каде што може бесплатно да се погледне некој нов филм, некоја класика или некое андерграундостварување, кои обично не се прикажуваат во кината. Најсериозно место меѓу нив е Центарот за документарен филм (мултимедијалниот прес-центар на РИА Новости, Зубовски булевар бр. 4), каде што се прикажуваат филмови на руски и на англиски јазик, по што следува дискусија. Влезот е бесплатен, иако е пожелно претходно да се најавите на нивниот сајт, со оглед на големата заинтересираност. Во филмскиот клуб „Цурцум“ (Винзавод, 4 Сиромјатнически переулок, бр. 6) се прикажуваат серии странски филмови. Во „Garage screen“ (ЦСК Гараж, паркот на Горки) главно се прикажуваат руски премиери, додека во „Звезда“ се прикажуваат и филмови на англиски и на италијански јазик.


16 |

КАЛЕИДОСКОП ДЕН НА ДЕТЕТО ВО КРАСНОЈАРСК

Писмата на читателите, колумните и илустрациите означени како „мислење“, како и текстовите од рубриката „погледи“ во овој додаток се избрани за да претстават различни гледишта и не го изразуваат нужно гледиштето на уредникот на проектот „Russia Beyond the Headlines“ или на весникот „Росијскаја газета“. Ве молиме вашите писма и коментари да му ги испраќате на уредникот на urednik@mk.rbth.com

ЕВГЕНИЈ АБОВ издавач и директор на RBTH ПАВЕЛ ГОЛУБ главен уредник на додатоците на RBTH ВЈАЧЕСЛАВ ЧАРСКИ извршен уредник за Јужна и за Средна Европа ЕМИЛ НИАМИ превод, лектура, веб, гостин-уредник на додатокот „Руска реч на македонски“ ЈАНЕ ЈОВАНОВ, ТРАЈЧЕ СТОЈАНОВ превод, лектура, веб ЕКАТЕРИНА ТУРИШЕВА, МАРИЈА СМИРНОВА асистенција, веб НИКОЛА ЛЕЧИЌ, ИРИНА РЕШЕТОВА ко-уредници АНДРЕЈ ЗАЈЦЕВ, НИКОЛАЈ КОРОЉОВ илустрации За огласување во овој додаток, ве молиме да се обратите на ЈУЛИЈА ГОЛИКОВА, директор на одделот за односи со јавност: julia.golikova@rbth.com ИГОР ДАНИЛОВИЌ координатор на „Руска реч“ во „Нова Македонија“ МАРЈАН ДЕЛЕВСКИ дизајн САША БЕЛЕВСКА технички уредник © 2013 сите права се задржани од ФГБУ „Росијскаја газета“: АЛЕКСАНДAР ГОРБЕНКО претседател на редакцискиот совет, ПАВЕЛ НЕГОИЦА генерален директор, ВЛАДИСЛАВ ФРОНИН главен уредник. Забрането е копирање, дистрибуција или преземање на содржините од овој додаток, освен за лична употреба, без писмена согласност на „Росијскаја газета“. Ве молиме за дозвола да се обратите на телефон +7 (495) 775 3114 или на и-мејлот urednik@mk.rbth.com „Russia Beyond the Headlines“ не сноси одговорност за ненарачаните текстови и фотографии. Russia Beyond the Headlines (RBTH) го финансира „Росијскаја газета“, руски дневен весник. Содржината на овој подлисток е подготвена без учество на новинари и уредници на „Нова Македонија“. RBTH се финансира за сметка на добивката од рекламодавците и од комерцијалните спонзори, а исто така и од средства на руски државни институции. Ние се занимаваме со независна редакциска позиција и претставуваме различни гледни точки на настаните во Русија и во останатиот свет со помош на квалитетна содржина и експертски мислења. Од моментот на нашиот почеток во 2007 година се стремиме да се придржуваме до високите редакциски стандарди, да го покажеме најдоброто новинарство од Русија и за Русија. На таков начин се надеваме дека ќе пополниме една важна дупка во информирањето за нашата земја од страна на другите медиуми. Сите прашања и коментари за нашето финансирање или за нашата редакциска структура, ве молиме да ги упатите на urednik@mk.rbth.com. Повеќе информации на mk.rbth.com. RBTH издава 26 прилози во 21 земја со вкупна месечна публика од 33 милиони луѓе, а исто така одржува и 19 сајта на 16 јазика.

Иља Најмушин / Reuters, 1 јуни, 2014.

Интернет-страница: mk.rbth.com Еmail: urednik@mk.rbth.com Телефон: +7 (495) 775 3114 Факс: +7 (495) 988 9213 Адреса: ул. Правды 24, д. 2, Москва 125993, Россия.

КАМЕНИОТ ЦВЕТ Велосипедистка пред познатата фонтана „Камениот цвет“ на Серускиот изложбен центар (ВВЦ) во Москва. Камениот цвет е билка од уралската митологија на познатиот писател на сказни Пјотр Бажов. Температурата во руската престолнина на овој ден достигна 30 степени според Целзиус.

ПОУБАВАТА ПОЛОВИНА НА ВНАТРЕШНИТЕ РАБОТИ

Reuters, 10 јуни 2014

Додатокот „Руска реч“ го финансира, уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва, Русија).

Во центарот на сибирскиот град Краснојарск беше одржан деветтиот карневал„Childhood City“ по повод Меѓународниот ден на детето. Според организаторите и локалните медиуми, повеќе илјади деца, нивни роднини и наставници учествуваа во поворката, со цел да ја покажат модата, танцот и фолклорот на староседелските народи од различни региони на светот.

AFP / East News, 4 јуни 2014

ИМПРЕСУМ

Припадниците на специјалните единици на Министерството за внатрешни работи учествуваат на церемонијата на предавање на новото знаме на регионалната полиција во Ставропољ.


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.