Rr 2015 03 (#22)

Page 1

mk.rbth.com

Прилогот го уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва), која е целосно одговорна за содржината. се печати и се дистрибуира во соработка со „нова Македонија“.

Издание на

Перспективите на рускиот гас во Европа стр. 2-3

сабота - недела, 21-22 МаРт 2015 година

Десет години успешна соработка стр. 6-7

Зошто Русија и Западот сè помалку се разбираат? стр. 4-5

Што се крие под Москва?

Само на mk.rbth.com Повеќе теми на интернет -страницата на „Руска реч“

бРој 22

стр.12-13

Дубл дв@ им поверува на солзите

стр.10-11

„Росијскаја газета“ уредува прилози за Русија во 30 водечки светски весници, вклучувајќи ги и „Њујорк тајмс“, „Дејли телеграф“, „Фигаро“ и „Ла Република“


2|

ПОЛИТИКА

Перспективите на рускиот гас во европа Сергеј Правосудов

Пред сè, неопходно е да се објасни како се појави идејата за изградба на гасоводот „Јужен тек“. Европската комисија постојано прашува зошто е потребен овој проект. Наводно, нема потреба да се измислува нешто ново, кога веќе постои и нормално функционира транзитот низ Украина. Значи, зошто беше потребен „Јужен тек“? Кога се распадна Советскиот Сојуз излезе дека над 90 отсто од гасот од Русија се извезува преку Украина. Украина во ваква ситуација почна да бара разни олеснувања: Русија да ѝ наплатува за гасот помалку, а поскапо да го плаќа транзитот. Но, парите што беа плаќани за транзитот не беа инвестирани во гасоводот, а тој без модернизација застарува. На сите им беше јасно дека во овој поглед порано или подоцна ќе мора нешто да се преземе. Поради тоа „Гаспром“ почна да гради гасоводи што ја заобиколуваат Украина. Најпрво тоа беше „Син тек“ кон Турција, потоа „Јамал-Европа“ низ Белорусија и Полска до Германија, и на крајот „Северен тек“ кон Германија. Целта беше и земјите од Јужна Европа да добиваат гас заобиколувајќи ја Украина, па поради тоа беше осмислен проектот „Јужен тек“. Сите други проекти успеавме да ги реализираме, а со „Јужен тек“ имаше проблеми. Очигледно е дека модернизацијата на украинскиот систем ќе беше поевтина од изградбата на „Јужен тек“. Со Украина беа водени преговори на оваа тема. Така во 2004 година беше потпишана спогодба според која се предвидуваше модернизацијата на украинскиот систем за транспорт на гас да се модернизира со средства на „Гаспром“, па затоа беше основано заедничко руско-украинско претпријатие. Но, во Украина кон крајот на 2004 година се случи „портокаловата револуција“ и новите власти веднаш ги раскинаа сите спогодби со Русија. Во гасоводот и понатаму не се вложуваа средства, но затоа на големо се зборуваше за тоа дека наскоро во Украина гасот ќе почне да доаѓа од некои други извори. Ниту тогаш, ниту, пак, подоцна, никој не прецизираше кои се тие извори.

„Руска реч“ ви ги пренесува најинтересните делови од излагањето на уредникот на списанието „Гаспром“, Сергеј Правосудов, од конференцијата „Руски енергетски проекти на Балканот по Јужен тек“, која беше одржана на 2 март во Белград По извесно време, кога Јанукович веќе беше на власт, украинската влада имаше намера да потпише спогодба за асоцијација со ЕУ. Но, кога стана позната содржината на оваа спогодба излезе дека под условите наведени во неа, украинската индустрија фактички ќе биде уништена. Тогаш украинската влада почна повторно да склучува спогодби со Русија, меѓу другото и такви што се поврзани со гасот. Украинците добија голем попуст, добија кредит во висина од три милијарди американски долари, а им беше ветен и уште еден кредит од 12 милијарди долари. Но, повторно се случи истата приказна: дојде до нова револуција, формирана беше нова влада и беа раскинати сите спогодби со Русија. Што се случуваше во ваквата ситуација со „Јужен тек“? Од економска гледна точка тој беше исплатлив, па дури и потребен за земјите-учеснички на овој проект. Но, Европската комисија му соопшти на раководството на Бугарија и на Србија дека тие без усогласување со неа немаат право да потпишат спогодби (иако договорите веќе беа потпишани). Ова, меѓутоа, не е точно. И Бугарија и Србија имаат целосно право меѓународните спогодби за увоз на гас да не ги усогласуваат со Европската комисија. Европската комисија има право само да ги определува условите за експлоатација на гасоводот кога тој ќе биде изграден. Сепак, таа инсистираше на тоа дека овој проект мора да биде реализиран во рамките на Третиот енергетски пакет, а ова значеше дека „Гаспром“ треба да изгради гасовод со сопствени средства, но и да ѝ овозможи на конкуренцијата користење на 50 проценти од капацитетот. „Гаспром“ не најде за сходно за свои средства да гради гасовод за компаниите-конкуренти и им понуди самите да го финансираат својот дел од гасоводот.

На крајот овој гасовод не беше изграден, додека конкурентскиот гасовод од Азербејџан кон Италија од Европската комисија ги доби сите дозволи за транспорт на азербејџанскиот гас со полн капацитет. „Гаспром“ сакаше да има рамноправен третман, а беше третиран многу поостро од сите други. Тогаш беше донесена одлуката да се изгради „Турски тек“. Овој проект предвидува по патеката на „Јужен тек“ по дното на Црно море да се спроведе гасовод до Турција, така што извозот на гас од Русија за Турција да не зависи од Украина. На другите земји им беше предложено да купуваат гас на границата меѓу Турција и Грција. Но, Европската комисија соопшти дека не гледа никаква смисла во тоа. Беше кажано дека Турција не е членка на ЕУ и оти може да купува гас од каде сака, а дека другите земји треба да го купуваат преку Украина, зашто тоа е „поисправна и посигурна маршрута“. Но, денес Украина фактички банкротираше и се држи на површината благодарение на надворешните дотации и на кредитите што еден ден ќе мора да ги враќа. Компанијата „Нафтогас Украина“, која управува со гасниот транспортен систем на земјата, е загубар во изминативе неколку години. Нејзините годишни загуби сега веќе се изразуваат во милијарди американски долари. Претходно нив ги покриваше Владата на Украина, но во услови кога целата земја е заглавена во долгови невозможно е да се враќаат долговите на ова претпријатие. Ова значи дека проблемите со транзитот се неизбежни, и јас навистина не знам како властите на Бугарија и Србија планираат да се борат со ваквата состојба, зашто тие немаат алтернатива за увоз на рускиот гас преку Украина. Овој проблем требаше да го реши „Јужен тек“, но сега тоа веќе не е возможно.


ПОЛИТИКА

Кога станува збор за „Турски тек“, Европската комисија можеби повторно ќе инсистира „Гаспром“ со свои средства да гради гасовод за некој друг, но компанијата нема да се сложи со тоа. Од друга страна, пак, сите алтернативи што се споменуваат сега се поскапи од варијантата на „Гаспром“. Американскиот телен природен гас, за кој толку многу се зборува, не само што е поскап, туку и ќе го нема на пазарот во блиска иднина. Ако погледнеме колку е инвестирано во експлоатацијата на гас од шкрилци, ќе видиме дека сега тие инвестиции се на најниско ниво во последниве 20 години.

Производството на гас од шкрилци е толку скапо, што американските компании ништо не можат да заработат. На крајот Америка ќе биде принудена да увезува гас, и нема да има слободен гас за извоз. Американците едноставно цинично ги мамат другите земји. Патем речено, кога станува збор за алтернативните извори на енергија, треба да се има предвид дека тие се многу поскапи од традиционалните. Земјите што се ориентирани на вакви извори (Германија и Данска) имаат најскапа електрична енергија во Европа, Министерот за финансии на гер-

|3

манската покраина Саксонија во една пригода ми кажа дека народот наскоро ќе се побуни доколку продолжи дотацијата за експлоатација на обновливи енергенси и подигањето на цените на електричната енергија. Сепак, и понатаму продолжува убедувањето на населението за тоа дека Русија е непријател и неконструктивен партнер, при што не се нудат јасни алтернативи за рускиот гас. Всушност, така од народот се прави сиромаштија. Авторот е уредник на списанието „Гаспром“


4|

ПОГЛЕДИ

Зошто Русија и Западот сè Николај Злобин

Со години живеам во САД и се уверив дека мислењето на Американците за Русите во голема мера се разликува од претставата што Русите ја имаат во врска со ова. Еден од најчестите стереотипи што се врежани кај Русите е дека Американците мислат дека по улиците на руските градови шетаат мечки. Всушност, Американците имаат многу подобро мислење за Русија, иако мечката од тајгите, за која во последно време зборува Владимир Путин, на Запад не ги зголемува симпатиите кон Русија. Западните политичари и аналитичарите што се занимаваат со Русија можат да се поделат на две групи. Побројна е онаа што тврди дека Путин ја претвора Русија во авторитарна држава, во која граѓанското општество не е доволно развиено. Застапниците на ваквиот став сметаат дека Владимир Путин е главен „политички архитект“ на современа Русија. Според нив, денешната Русија не би опстанала без Путин, како што тоа беше случај по заминувањето од власт на многу негови претходници, почнувајќи од Иван Грозни, па сè до Борис Елцин. Државните и политички модели што тие ги создадоа брзо исчезнаа, а претседателот Путин по своја волја ја обликува и ја менува политиката на Русија. Ваквиот став го поддржува и актуелната администрација на САД. Претставниците на втората група сметаат дека Владимир Путин е типичен лидер од историјата на Русија. Негова цел не е реализација на сопствената политичка програма (претседателот Путин ја нема), туку зачувување на сигурниот статус кво и на стратегиите за развој на Русија, кои се дефинирани пред многу векови. Значи, не постои никаква „Путинова Русија“, но постои „руски Путин“, чија појава на политичката сцена е резултат на националната политичка култура, на институциите и на традицијата. Врз овој став, на пример, се засновуваше политиката на САД кон Русија во текот на првата деценија по распадот на СССР. Секако, ова е крајно поедноставена поделба. Двата наведени става не се толку праволиниски, туку постојат и поинакви мислења. Во Русија многумина го обвинуваат Западот, и тоа не без основа, дека не сака да соработува со „вистинската Русија“, ами само со онаа „виртуелната“, создадена во кабинетите на вашингтонските истражувачки центри. Без оглед на тоа колку се пог-

решни претставите на западните аналитичари за Русија, сигурно е дека светот би требало многу подетално и подобро да ја запознае Русија. Но, за да можат другите навистина

да ја запознаат и да ја разберат, Русија најпрво мора самата себеси да си одговори на некои клучни прашања, а, пред сè, треба да ги определи своите долгорочни национални приоритети.


ПОГЛЕДИ

|5

помалку се разбираат?

Алексеј Иорш

Денешните претстави на Западот за Русија се застарени и тие треба да се променат. Ова нема да биде лесно сè дури Русија јасно не ги дефинира своите долгорочни интереси и не престане да верува само во сопствената пропаганда

Донекаде е разбирлива таа извесна недоумица во светот, кога присоединувањето на Крим кон Русија сега се претставува како еден од столбовите на руската државност, а само до пред ед-

на година за ова не зборуваше ниту рускиот претседател, ниту претставниците на воениот ресор, ниту дипломатите, ниту, пак, експертите. Наивно е да се очекува дека светс-

ката заедница одеднаш ќе ја смета за чувар на традиционалните вредности земјата што во последниве сто година има минато низ неколку распади. Имено, националната репутација се гради долго и мора да се заснова на реални факти, а не само на верата во сопствената пропаганда. На крајот на краиштата, конкуренцијата меѓу определени земји не мора секогаш да значи спротивставување и непријателство, а овие категории во Русија често се поистоветуваат. Природно, Русија сака да им биде конкуренција на САД и на целиот Запад. Вашингтон тоа го сфаќа и го прифаќа. Но, исто така, природно е и тоа што Западот во Русија гледа конкуренција, па во согласност со тоа така и се однесува. Денес е очигледно дека е неопходна суштинска промена на долгорочните односи на Западот кон Русија. Но, санкциите што Западот ги воведе само ја отежнаа ситуацијата, зашто со тоа се оневозможени какви било контакти со Русија. Ваквите потези се последица на крајно „кусогледата“ политика. Западот греши со обидите Русија да ја потисне на периферијата на светот, само зашто не се сложува со еден дел од нејзината надворешна политика. Од друга страна, суштинска промена на ставот на Западот кон Русија не е можна сè дури Русија радикално не го смени својот долгорочен однос кон Западот. Моменталните политички несогласувања во Русија предизвикаа крајна вулгаризација на западната цивилизација и на сите нејзини вредности. Русија, исто така, мора самата себеси да си одговори на прашањето за тоа дали „Русија е Путинова“ или е „Путин руски“ и до кога најголемата земја на светот себеси ќе се смета за „мечка“?


6|

РУСИЈА И МАКЕДОНИЈА

десет години Емил Нијами

Саво Пејчиновски

Оваа година одбел е жу ва т е з н а ч а ен јубилеј – 10 години од основањето на Ма кед о н ск о - р у с к а т а с т о па нс ка ком ора . Кој б е ш е и н и ц и ј ат о р о т на оваа идеја? Какви беа почетоците? Како што констатиравте, оваа година одбележуваме значаен десетгодишен јубилеј од основање на Македонско-руската стопанска комора. Иницијативата за нејзиното создавање се појави во годините на т.н. „раѓање

Дејан Бешлиев

на коморски плурализам“ во Република Македонија. Главен иницијатор беше Руско-македонското друштво во Скопје во соработка со амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија. Шт о п р е т с т а в у в а д е н е с М а к е д о н ско-руската стопанска комора, како за Република Ма кедонија така и за Р уската Ф едерација? Навистина е многу тешко да се каже што претставува нашата комора за двете земји денес, во смисла на тоа дека периодот на нашето постоење е релативно краток. Сепак, уште на самиот почеток ние си поставивме цел, а тоа е да бидеме мост за економско поврзување на двете земји. Каква е соработката на Македонскорус ката с топа нска ком ора со друг ите стопански комори во државава, како и со државните институции? Во еден од членовите на статутот на Македонско-руска стопанска комора јасно е прецизирано дека од особено значење е институционалното поврзување со релевантните институции во земјата: министерства, здруженија и, секако, соработката со другите стопански комори. Досега најуспешна соработка имаме со Стопанската комора на Македонија, како најголема асоцијација од ваков вид. Со нив сме реализирале низа проекти од типот на семинари, јавни трибини и деловни средби. Ш то зн ачи за В ас , к а ко прв чов ек на М а кедо нскоруска та стопанска комора, да се предводи една ваква инстит уција? Во почетокот тоа беше исклучителен ентузијазам, бидејќи ние како институција се самофинансираме без дополнителни субвенции. Но, тоа, од друга страна, значеше предизвик и радост за секоја нова успешно завршена работа. Денес да се биде прв човек, да се застапува интерес на компаниите што соработуваат во двете пријателски


РУСИЈА И МАКЕДОНИЈА

|7

успешна соработка На 25 март Македонско-руската стопанска комора го одбележува својот јубилеј – 10 години од основањето. По тој повод „Руска реч на македонски“ направи интервју со директорот на Македонско-руската стопанска комора, Дејан Бешлиев, во кое главни точки на интерес се македонско-руските бизнис-врски, нивните перспективи, како и плановите за зголемување на трговската соработка меѓу двете земји земји, за мене е истовремено и чест и задоволство.

дустријата за мебел и, пред сè, туризмот и ИТ-технологијата.

Кои се, според Вас, најголемите успеси што ги имате постигнато? Најголемите успеси ги поврзувам со неколку важни моменти. Најнапред тоа е нашето успешно работење, кое придонесе да оствариме партнерски договор со Стопанската комора на РФ, а потоа и со уште шест регионални руски стопански комори. Потоа, нашето активно работење во работната група за трговска соработка при меѓувладината комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка. Секако, многу важна за нас е соработката со ресорните министерства околу организацијата на национални штандови во Руската Федерација, со учество на македонски компании таму.

Може ли Македонија да се издигне на ниво на значаен трговски партнер на Руската Федерација или, сепак, сме многу мал понудувач за рускиот пазар? Реално, може да се каже дека сме мал понудувач за рускиот пазар во целост, но ние сме уверени дека шансите за настап на македонските производители е во руските региони каде што имаат недостиг на производи што ние ги имаме како компаративна предност.

Каква е соработката на Македонскорус ка та стопанс ка комора с о бизнисзаедницата во Македонија? Постои ли за интерес ира ност ка ј нашите производители за рускиот пазар? Досега нашата соработка со бизнисзаедницата во земјата е одлична. Тука, пред сè, мислам на секторот прехранбена индустрија, производство на земјоделски производи и винопроизводители. Но, сепак, сметам дека има многу простор за зголемување на нашата активност и во други гранки на индустријата, кои се помалку застапени во соработката со партнерите од Руската Федерација, а кои реално можат да имаат успех на пребирливиот руски пазар, како, на пример, компаниите од текстилната индустрија, ин-

Ја искорис ти л и Ма кедонија м ожноста за поголем плас ман на производи на рус киот пазар по воведувањето на ембарго за Западот од страна на Руската Ф едерација? Сметам дека во рамки на можностите Македонија ја искористи новонастаната состојба по август 2014 година. Секако, голем дел од производите веќе беа планирани и за други пазари, но, сепак, производителите го подигнаа пласманот во Руската Федерација и тоа е добро, бидејќи руските потрошувачи имаат поголема можност за консумирање на квалитетни производи. Туризмот се споменува како неискорис тена м ожнос т. Од руска страна постои интере с за пос ета на Македонија. Зошто работите та пкаат во место? Причините се многу конкретни. Непостоењето на директна линија од Скопје кон Москва и обратно е првиот

услов за недоволна развиеност и искористеност на туристичките потенцијали. Потоа слабиот маркетинг на македонските фактори. Имено, Министерството за економија реално одвојува средства за национален туристички штанд, но со тоа завршува сè. Но, исто така, и македонските туристички агенции не се доволно активни. Иако досега имаше обиди, сè уште нема активна реклама на ТВ-станиците, на руските портали и сл. Потоа, нема или многу малку постојат рекламни материјали на руски јазик, сè уште нема привлечна приказна за рускиот турист. Сето ова е показател на моменталната состојба. Н е од а м н а с е в р а т ив т е од с а е м от П РОД Е КСП О , ко ј е е д е н од н а ј г ол е ми т е с а е ми з а п р е х р а н б е н и п р о и з в о ди в о Р ус ија . Ка кви се резул та тите од п р е т с т а в у в а њ е т о н а М а к ед о н и ј а н а не г о? Во одговорот на ова прашање сакам да наведам дека за успешноста на саемите или Б2Б-средбите оваа година силно влијание ќе има курсот на руската рубља. Во овие услови на слаб курс на рубљата, и македонските производи, како и многу други, стануваат скапи за руските партнери. ПРОДЕКСПО многу јасно го покажа и тоа. Има многу голем интерес за производите, конкретно за македонското вино, но малку нови договори. Се надеваме дека наскоро работите ќе се променат и ќе тргнат кон подобро. Што е она на кое треба сериозно да с е пос в ет и М а кедо нс ко -рус ка т а с то п ан с к а к о мо р а в о и д н и н а и к а к в и с è планови имате пред вас? Во нашите планови за идна соработка насочени сме, пред сè, кон руските региони со кои, како што претходно напоменав, имаме реална шанса за соработка. Потоа, во нашата програма имаме изработен предлог-проект за настап во тие региони. Имено, сакаме да поттикнеме изработка на стратегија на настап на рускиот пазар на среден и на долг рок. Сметаме дека само така ќе ги подобриме резултатите на трговската размена. Но, постои и еден многу важен фактор, кој се одразува во сите гранки што се застапени во соработката. А, тоа е слабото познавање на рускиот јазик. Според мене, клучен фактор за уште поуспешна бизнис-релација во сите сфери на соработката.


8|

НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА

блогери во вселенска акција

Андреј Раскин

Московска област. Меѓупланетарната автоматска станица Марс-3 во изработка. 1971 година

Б.Борисов / ТАСС

Група руски љубители на космонаутика и научници ја бараат советската станица Марс-6, која стаса на површината на Марс на 12 март 1974 година. Тие веќе успеаја, со помош на сателитите на НАСА, да ја пронајдат Марс-3. Оваа меѓупланетарна станица беше првата што стаса на Црвената планета. Во иднина се планира потрага по советската марсовска мисија, станицата Марс-2, лансирана во мај 1971 година. Апаратот се урнал при слетувањето, но затоа е првиот вештачки предмет на оваа планета. Според мислењето на научниците, истражувањето на овие станици ќе му помогне на човештвото во освојувањето на Црвената планета. ВСЕЛЕНСКА АРХЕОЛОГИЈА

„Тие нашле стари марсоходи таму“. Овој коментар, кој пред неколку години беше напишан на една од социјалните мрежи, му го измени животот на љубителот на космонаутиката Виталиј Егоров. Тој бил уверен дека сите стари меѓупланетарни станици се одамна најдени. Но, Егоров бил изненаден кога дознал дека сè уште не се знае каде се наоѓаат советските станици Марс-6 и Марс-2. Никој ја нема видено и станицата Марс-3, која успеа да го направи феноменалното, првото успешно приземјување на Црвената планета во човековата историја во декември 1971 година. Врската со апаратот беше изгубена по 15,5 секунди од спуштањето. Станицата успеа да предаде само панорама на околната површина. Но, апаратот докажа дека успешното спуштање на Марс е можно. - Пред повеќе од 40 години Марз-3 се спушти на истиот начин како што се спушти и американскиот марсоход Кјуриосити во 2012 година - забележува Егоров. Потрагата по советските апарати Егоров ја започнал со помош на снимки од научниот сателит на НАСА, Mars Reconnaissance Orbiter (MRO). На неговиот труп е поставена камера со висока резолуција HiRise. - Прифаќаме сугестии за тоа каде да сликаме од секаде во светот на нашата веб-страница www.uahirise.org/hiwish вели за „Руска реч“ директорот на Лабораторијата за планетарно истражување со слики при Универзитетот на Аризона и раководител на научниот тим MRO HiRise, Алфред Мекивен. Егоров собрал иницијативна група составена од блогери, ентузијасти и научници, која на фотографиите од MRO видела објект сличен на советската ста-

Проучувањето на советските меѓупланетарни станици што успеале да се спуштат на Марс уште на почетокот на седумдесеттите години од минатиот век може да биде полезно за создавање бази на Црвената планета, сметаат научниците ница. Тој се поврзал со професорот од Институтот по геохемија и аналитичка хемија „В.И. Вернадски“ Александар Базилевски. Благодарение на неговата поддршка, во март 2013 година НАСА организираше повторно снимање од MRO. На снимките убаво се гледала шипка со мотор за меко слетување, кочничен конус, падобран, како и самиот модул со размер од 1,5 метри. Тоа била станицата Марс-3. АТМОСФЕРАТА НА МАРС Е ПРОМЕНЛИВА

Сега иницијативната група што ја организираше Егоров го бара Марс-6. Апаратот влезе во атмосферата на Црвената планета во март 1974 година. Непосредно пред слетувањето врската со апаратот беше изгубена. Според една од верзиите хаваријата се случила поради мар-

совската бура за време на вклучувањето на моторот за меко приземјување. - Според податоците од телеметријата, падобранот на апаратот се отворил. Се обидовме да го најдеме, но засега потрагата е безуспешна. На оние фотографии што ги имаме означивме неколку точки кои, можеби, претставуваат контури на модулот, но засега немаме доволно аргументи за да го потврдиме тоа. Чекаме нова снимка од делот каде што претпоставуваме дека тој се спуштил - раскажува Егоров за тоа како се одвива потрагата. Според Алфред Мекивен, проучувањето на фотографиите на Марс-3 и на Марс-6 им помага на научниците да ги откријат причините за неуспехот на советските апарати. „Секоја слика во висока резолуција може да ни каже нешто ново и важно за Марс. Слика од стар советски апарат, исто така, може да им даде информации на инженерите за она што работело или не работело како што треба, како што е случајот со неодамнешните слики на апаратот Бигл-2“, смета Мекивен. - Според фотографиите, ние, исто така, можеме да го определиме степенот за тоа колку овие советски апарати се покриени со песок или со прав. Тоа е еден од начините за проучување на атмосферата на Црвената планета, што е важно за изградбата на идната база на Марс. Таму атмосферата е променлива, периодично се појавуваат бури, дува силен ветар, за разлика, на пример, од Месечината, каде што трагите од луноходите можат да се зачуваат илјадници години – вели за „Руска реч“ Александар Базилевски.


НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА „Матрјошка“ или како што уште ја нарекуваат – фантом, претставува симулатор на човековото тело и повеќе од 10 години собира подароци за космичката радијација. Добиените податоци помогнаа да се направат препораки за космонаутите. Во март на Матрјошката ќе ѝ бидат обновени детекторите Андреј Ретингер

Радијацијата ја има низ целиот космос, а нејзиното погубно дејство е еден од главните проблеми на долгите пилотирачки летови на космонаутите на Марс. „Радијацискиот фон во космосот е многу поголем од оној на Земјата. За половина година престој во орбитата космонаутите собираат доза радијација што обичниот човек на Земјата ја собира во текот на 100 години“, вели Вјачеслав Шуршаков, шеф на одделението за радијациска безбедност на космичките летови на Институтот за медицинскобиолошки проблеми при Руската академија на науките.

|9

Руската Матрјошка против радијацијата нијата „Атоменергомаш“, која е дел од државната корпорација „Росатом“. Според својот состав апаратот е мошне сличен на човековите ткива – ја има истата содржина азот, кислород, водород и јаглерод. Во фантомот се монтирани детектори (околу 500), а се поставени на местата каде што се наоѓаат критичните органи на човекот. - Имено, тркалезната форма се покажа како најоптимална. Таа дозволува да се зачува длабочината на органите кај човекот -додава Вјачеслав Шуршаков. По определено време детекторите се вадат и се испраќаат на Земјата, а на нивно место се поставуваат нови. Следната замена ќе се случи набргу, кога на МВС ќе замине нов екипаж. Чувствителните сензори на фантомот постојано собираат детални информации за радијацијата. Фактички, Матрјошката веќе го зачувува здравјето на луѓето. - За космонаутите постојат препораки за тоа во кој дел од станицата е најдобро да се наоѓаат во периодот на сончевата активност, со која страна да се вртат,

односно како подобро да го избегнат критичниот товар - вели Вјачеслав Иванович Петров, главен специјалист по електроника на одделението за методи и прибори за регистрација на зрачење при АД „СНИИИП“ (влегува во состав на компанијата „Атоменергомаш“) ДРУГИ ФАНТОМИ

„Росатом“ прв има направено ваков уред, па дури има и предвидено во својот фантом да можат да се користат и детектори од други земји. Сличен научен комплекс се обидуваат да направат и други земји. Во Европа постои фантомот РЕНДО во форма на човечко торзо. Тој, исто така, беше на МВС, па дури и една година се наоѓаше во отворен космос. Но, пред неколку години тој беше вратен на Земјата на доработка. Во моментов во тек е голем меѓународен проект за создавање фантом што ќе биде многу сличен на човекот, а на него ќе има дури и коса. Идејата е иста: на местата каде што се наоѓаат критичните органи на човекот да бидат монтирани детектори за радијација.

ЧОВЕЧКИ ФАНТОМ

До 2004 година се извршуваа само локални истражувања. Американците го проучуваа распределувањето на радијациските дози во главата на фантомот. На руските станици „Салу т“ и „Мир“ се спроведуваа експерименти со сферични фантоми наполнети со вода. Најинтересни резултати даде летот на руската кукла околу Месечината на космичкиот апарат Зонд-5. Тој беше мошне сличен на човек, само што беше направен од пченица.

Космонаутот Сергеј Рјазански

Руска федерална вселенска агенција

Секој космонаут на МВС носи индивидуален дозиметар само на едно место – во џебот кај градите, а ова дава погрешна претстава за радијациското зрачење. За да се добијат детални информации за тоа какво зрачење ги очекува оние што патуваат во вселената, руските научници на МВС испратија фантом што изгледа како човечко тело, а го нарекоа Матрјошка. Тој беше создаден уште во 2004 година од страна на компа-


10 |

KУЛТУРА

дубл дв@ им поверува на солзите

Премиерата на „Москва не им верува на солзите“ се одржа во Москва кон крајот на 1979 година. Но, врвот на прикажувањето, кога филмот го изгледаа 90 милиони гледачи, беше во 1980 година. На 11 февруари 1980 тој за првпат беше прикажан на телевизија, а Оскарот во номинација за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје го доби една година подоцна, во 1981. Всушност, Владимир Мењшов за основа на филмот ја зеде популарната холивудска структура на „женски филм“. Во 1959 година во Америка се појави успешната мелодрама „Најдоброто од сè“ за проблемите на современите тогашни „нови“ слободни жени, кои доаѓаат во Њујорк со желба да направат кариера во издавачкиот бизнис и добро да се омажат. Имено, во фактот дека нивните судбини се развиле различно се наоѓа и тајната за успехот на филмот, со што се покажува дека не постојат универзални правила за достигнување на целите во работата и во љубовта. „Москва не им верува на солзите“ се смета за приказна за една Пепелашка, но, притоа, многумина забораваат дека на почетокот беа три другарки – упорната Катерина (Вера Алентова), лекомислената Људмила (Ирина Муравјова) и скромната Антони-

на (Раиса Рјазанова), и траекторијата на судбината на двете последни правилно го исцртуваат основното сиже. Оваа шема подоцна се пресели во Америка и доведе до појава на „Сексот и градот“ и на „Девојки“.

дубл дв@ за целиот свет Фестивалот на своите гледачи, традиционално, ќе им понуди руски филмови што се во и надвор од официјалната селекција, а поголем дел од нив ќе бидат прикажани со титли на англиски јазик. Како што забележува организаторот, „задача на официјалната селекција е на широката публика да ѝ прикаже квалитетни руски филмови, кои не дошле до пошироката публика, а кои заслужуваат внимание“. Секој филм ќе може да се гледа не само во реално време ами во текот на 48 часа по предвиденото време за првото прикажување. Во официјалната програма за 2015 година ќе бидат прикажани филмови што биле снимени изминативе години, а кои не дошле до широката публика, („Глупав дебел зајак“ на Слава Рос, „Ели-

Советската филмска индустрија се покажа добра за опстанокот на долгорочните двојки. „Москва не им верува на солзите“ од Мењшов и од Алентова направи легенди на осумдесеттите, какви што беа Григориј Александров и Љубов

Сергеј Михеев / Росијскаја Газета

Генадиј Устијан

зиум“ на Андреј Ешпај, „Рудник“ на Нурбек Еген), но и најпознатите филмови од 2014 година што добија награди на интернационални фестивали, но кои ги гледале малкумина. Меѓ у нив се „Кучешки рај“ на Ана Чернакова, „Клас за корекција“ на Иван Твердовски, „Како ме викаат“ на Нигина Сајуфалева, „Будала“ на Јуриј Биков и други. Гледачите не само што ќе можат да ги гледаат филмовите туку и да ги оценуваат од 1 до 10, со цел да се одреди лауреатот на Наградата од публиката. Во рамките на фестивалот ќе биде направена ретроспектива на неколку филма, меѓ у кои и „Време за желби“, „Завист на боговите“ и „Измама“. Освен тоа, фестивалот на своите гледачи ќе им ја понуди програмата за до-

На сајтот на „Росијскаја газета“(d2.rg.ru) во периодот од 6 до 20 април ќе се одржи онлајнфилмскиот фестивал Дубл дв@ кументарен филм – „Спомен“. Ќе бидат прикажани познатиот публицистички филм на Михаил Ром, „Обичен фашизам“ и документарниот филм на Александар Зељдович, „Процес“, кој ја анализира природата на тоталитаризмот врз примерот на судбината на членовите на Еврејскиот антифашистички комитет, кои биле стрелани по наредба на Сталин во 1952 година.


KУЛТУРА

| 11

РИА Новости

Кадар од филмот „Москва не им верува на солзите“

Орлова во триесеттите и во четириесеттите години од минатиот век. И меѓу овие двојки има многу заеднички работи. Може да се каже дека „Москва не им верува на солзите“ стана за двајцата „Светол пат“, приказна за советска Пепелашка, која на почетокот многу работи, има направено успешна кариера, па дури потоа го добива својот принц, иако доцна, иако намачен, но, сепак, сигурен. Исто како и Орлова, која одигра млад передовик на производството на 38 години, и Алентова ја одигра улогата на девојка што е дојдена да ја покори Москва, студентката Катерина Тихомирова, на иста возраст. Сепак, тоа не се одрази на филмот, зашто вториот дел се случува по многу години, така што хероината што станува мудра ја наоѓа својата среќна судбина. Но, приказната за Пепелашка претрпе цинична трансформација. Во триесеттите и во четириесеттите години од минатиот век не беше можно да се мине преку депресијата по разочарувањето, а да не зборуваме за постоењето на сексуален живот. Катерина минува преку пеколот на самохрана мајка, која забременила од неодговорен мамин син и откако ќе го слушне прекорот од страна на тогашните државни органи за нејзиното место во советската хиерархија, таа тргнува кон врвот по единствениот пат – преку тешка работа и ноќно учење. Токму фактот дека таа е самохрана мајка е и причината поради што филмот

На отворањето на филмскиот онлајн-фестивал на „Росијскаја газета“ – Дубл дв@ на 6 април, почесната награда „За придонес во филмската уметност“ ќе ја добие една од најпознатите филмски двојки на руското кино – Владимир Мењшов и Вера Алентова. „Руска реч“ се сеќава на нивниот познат филм „Москва не им верува на солзите“, кој во 2015 ја слави 35-годишнината беше критикуван. Интернационалниот успех на филмот може да се објасни и со тоа што Мењшов речиси и не задоцни со светските трендови – Кодексот за производство на филмови во Холивуд беше изумрен кон крајот на шеесеттите години од минатиот век, а, според него, беше категорично забрането да се прикажува секс пред бракот. „Лекомислената“ Катерина, која му се предава на снимателот Рудољф од Останкино, предизвика лавина критики од страна на чиновниците, кои не сакаа да видат вакви хероини на екраните. И, само приходите и Оскарот го омекнаа односот кон „оваа плачлива мелодрама, недостојна за советската жена“. Сторијата за тоа како Мењшов добива Оскар е типичен пример за тоа време. Режисерот не го пуштија да замине на врачувањето на филмската награда, а тој, откако ја дознава веста од телеви-

зија на 1 април, помислува дека е тоа шега. На таков начин филмот ја продолжи традицијата на добивање Оскар за руските филмови во речиси секоја декада – „Војна и мир“ ја доби наградата во 1968, „Дерсу Узала“ во 1975, „Изморени од сонцето“ во 1994 година. Потоа статуетките се чуваа во Државната кинотека, а Мењшов практично мораше да ја узурпира. Тоа се случи во 1989 година кога нему му беше доделена наградата Ника, па Оскарот му беше даден за да го „подржи“. Мењшов не ја врати статуетката, и за тоа сосема имаше право. Исто како што неговите хероини доаѓаа до среќата по тешки патишта, и тој, на крајот, физички стана сопственик на најценетата награда во светската филмска индустрија. И времето потврди дека успехот е заслужен. Филмовите од онлајн-фестивалот Дубл дв@ можете да ги гледате со англиски титли на: http://d2.rg.ru/


12 |

ПАТУВАЊА

Што се крие под Москва? Под московскиот асфалт, неколку десетици метри под земјата, се крие малку познат подземен град, кој е составен од тунели, бункери, складишта и катакомби. Многу од овие подземни простории до денешен ден се чуваат во строга тајност. „Руска реч“ на своите читатели им претставува неколку места во подземјето на Москва што се отворени за посетители Андреј Раскин

НЕГЛИНКА –

Press Photo

Неглинка е лева притока на реката Москва. Долга е седум и пол километри, а во летописите за првпат се споменува во 1147 година, исто како Москва. Неглинка извира на површината, во реонот Марјина рошча, потоа како понорница протекува под центарот на градот, па повторно извира кај Александровската градина и се влева во реката Москва низ широк камен отвор на брегот што се гледа од Големиот камен мост. Речиси по сиот свој тек Неглинка протекува низ тесен камен тунел сличен на цевка. На почетокот на 19 век нејзиниот тек бил канализиран со колектор. Една приватна компанија организира екскурзија

БУНКЕР-42 Се наоѓа во близина на метро-станицата „Таганскаја“, а изграден е во педесеттите години од минатиот век, во екот на Студената војна. Влезот во овој бункер е заштитен со бетонски плочи со дебелина од 6 метри, а е скриен зад една лажна куќа од 19 век. Оваа подземна скривница се наоѓа на длабочина од 65 метри, на исто ниво како и Кружната линија на московското метро (рус.: Кольцевая линия) и висока е колку зграда од 17 ката. Подземниот комплекс се простира на повеќе од 7.000 квадратни метри и е составен од четири системи од тунели. Објектот е граден како скривница за командата на далечната авијација и имал инфраструктура и опрема за задоволување на основните животни потреби, така што можел да служи како команден центар во случај на нуклеарен напад врз Москва. Температурата на воздухот во бункерот изнесува 16 степени. Во Бункерот-42 во 2006 година беше отворен музеј на Студената војна. Музејот е интерактивен: посетителите можат да пробаат советска униформа и да го допрат оружјето од тоа време, во шлемови и во заштитни одела да прошетаат по тунелите што некогаш биле тајни, да видат како е да се биде војник за врска, или да „лансираат“ нуклеарни боеви глави со притискање на прочуеното црвено копче. http://www.bunker42.com/


ПАТУВАЊА

| 13

СЈАНОВСКИТЕ КАМЕНОЛОМИ

mosextreme.ru

Сјановските каменоломи се наоѓаат во Подмосковје, недалеку од селото Старосјаново. Од овие каменоломи потекнува варовникот кој во минатото бил користен за изградба на тврдини и на храмови во „белокамената“ Москва. Сјановските каменоломи се отворени во 17 век. Во советскиот период каменот од овие каменоломи се користел за зајакнување на пистите, а за време на Втората светска војна тука се наоѓала воена болница, додека по нејзиното завршување ова место станало сеизмолошка станица. Влезовите во Сјановските каменоломи се затворени во 1974 година. Во тоа време системот на подземни премини бил долг над 90 километри. Група ентузијасти во 1988 година повторно ги откопала и отворила еден од влезовите во Сјановските каменоломи, кои, благодарение на мештаните од околината и на постојаните посетители, беше реновиран во 2007 година. Постојаните посетители на Сјановските каменоломи себеси се нарекуваат „системшчики“, по примерот на некогашното советско хипи-движење. Во овие подземни тунели и премини се разви своевидна супкултура со свои правила, митови и ритуали. Тунелите на Сјановските каменоломи се на длабочина од 25 до 30 метри, а нивната висина варира меѓу 0,4 и 3 метри. Температурата во каменоломите се движи меѓу 7 и 10 степени според Целзиус. До Сјановските каменоломи може да се стаса со автобусот со број 439. Патот од метро-станицата „Домодедовскаја“ до автобуската станица „Пошта“ трае околу 35 минути. http://mosextreme.ru/dungeon

СКРИЕНАТА РЕКА на подземниот тек на Неглинка. Но, се случува договорените екскурзии да бидат откажани во последен момент поради дожд, зашто тогаш расте нивото на водата во реката. Реката Неглинка важи за едно од најтаинствените и најмистичните места во Москва: авантуристите и истражувачите на московското подземје тврдат дека во овој тунел често доживуваат привидувања. Во камениот тунел се влегува низ колектор што се наоѓа во близина на метро-станицата „Сретенски булевар“.

mosextreme.ru

http://mosextreme.ru/dungeon

elpida.ru

СТАЛИНОВИОТ БУНКЕР Таканаречениот „бункер на Јосиф Сталин“ се наоѓа недалеку од метро-станицата „Измајловскаја“. Овој објект е изграден во триесеттите години од минатиот век. Бил планиран како резервен команден центар на Врховниот командант на Советскиот Сојуз. Тунелот е долг 17 километри и го поврзува бункерот со Кремљ. Сталин престојувал во овој бункер кон крајот на ноември и почетокот на декември 1941 година. Тука е донесена одлуката дека Москва не смее да се напушти и дека по секоја цена мора да се брани. Од 1996 година Сталиновиот бункер е претворен во музеј и можат да го посетат сите оние што сакаат. Овој подземен објект е релативно мал. Во него се наоѓаат само најнеопходните простории: сала за седници, работен кабинет, соби за одмор, кабинет на генералот, простории за обезбедувањето и трпезарија. http://www.elpida.ru/stalin


14 |

ИСТОРИЈА

Првите руски воени уни

РИА Новости

Сергеј Пивоваров

Александар Вершинин Се смета дека историјата на руската воена униформа започнува од Петар Велики, но тоа не е сосема точно. Иако прецизните правила со кои се пропишува изгледот на облеката за целата војска се утврдени дури на почетокот од 18 век, и претходно постоеле обиди за воведување воени униформи. До 16 век во Русија, како и во поголемиот дел европски земји, не било точно определено како треба да бидат облечени војниците. Во тоа време поголемиот дел од руската војска била коњаница, во која служело благородништвото. Државата на благородништвото му доделувала земјиште, а тоа, пак, било задолжено од приходите од тие имоти да опреми и да вооружи определен број војници и да учествува во војните. Благородниците морале лично да учествуваат во битките и да обезбедат

„луѓе, коњи и оружје“. Спахиите ги опремувале војниците според своите можности. Секако, не можело да стане збор за иста облека: разнобојни руски кафтани (капути што се закопчуваат од предната страна, припиени до телото и благо ѕвончести надолу) се мешале со кожени татарски наметки, а имало и униформи и оружје што биле запленети во судирите со Полјаците. Ваквата шаренолика војска не постигнувала значајни успеси во битките. Потоа, во 16 век, Иван Грозни донел значајна одлука за формирање на првата постојана војска во Русија. Тоа биле полкови од стрелци, кои броеле по 3.000 лица. Биле вооружени со мускети, нов вид рачно огнено оружје. Се населиле во околината на Москва, добивале постојана плата, а биле препознатливи по кафтаните скроени посебно за стрелците. Бојата на кафтаните на почетокот не била точно определена. Современи-

ците забележале дека стрелците носеле црвени, жолти и сини кафтани. Кон крајот на векот имало сè помалку разлики во воените униформи. Еден странец во 1606 година го опишал пешадискиот полк на следниов начин: Стрелците се облечени во црвени сукнени кафтани, кои на градите се врзуваат со бели врвки. Во тоа време постоел и коњички одред стрелци, кој бил облечен исто како и пешадијата. На почетокот на 17 век бил утврден единствениот изглед на униформите на руските стрелци, кој останал непроменет сè до времето на Петар Велики. Основен дел на униформата бил кафтан со долги поли, кој се закопчувал оддесно налево. Бројот на врвките зависел од полкот, а за офицерите врвките биле правени од коноп прошиен со сребрен и со златен конец. Под кафтанот носеле зипун (костум сличен на кафтанот, но покус и сошиен од покруто сукно) во иста боја.


ИСТОРИЈА

| 15

форми

На главата носеле калпаци, високи зашилени капи кои на прстенот имале крзно. За офицерските калпаци се користело скапоцено крзно. Стрелците на капите пришивале златни амблеми слични на кокарда или, пак, златна паричка. Секој полк имал определена боја на калпакот, на кафтанот и на чизмите. Офицерите носеле посебен вид копје, кое се нарекувало протазан. Според бојата на дршката на протазанот се разликувале и воените чинови. Обичните војници преку рамото носеле бела лента на која висела фишеклија со барут и со куршуми. Руската воена униформа први ја опишале странците кон средината на 17 век. Еден Австралиец од руската воена служба напишал: „Кафтаните им се убави, еден пол има кафтани со светлозелена, а друг со темнозелена боја на сукното. Според рускиот обичај, кафтаните се врзуваат на градите со златно јаже со должина од четвртина аршин“.

Фотографија од слободни извори

Воените униформи не ги следат актуелните модни трендови, но може да бидат убави и елегантни на свој начин. Војникот задолжително треба да изгледа уредно и, што е најважно, по надворешниот изглед да не се издвојува од другите: во војската владеат поинакви модни правила. Униформата е составен дел од воената служба и претставува многу повеќе од воена облека: таа дисциплинира, создава посебна врска меѓу војникот и неговите другари по оружје, а истовремено ја покажува и воената хиерархија

Царот Петар Велики Треба да се спомене дека првата единствена воена униформа во современата смисла на зборот се појавила во Англија, а ја вовел Оливер Кромвел во 1645 година. Во другите европски земји ваквата униформа стасала од Франција 30 години подоцна. Малкумина знаат дека во времето кога Александар Дима го напишал својот познат роман „Тројцата мускетари“, припадниците на францус-

ката кралска гарда сè уште не ги носеле препознатливите сини наметки со крст. Ваквите наметки се појавиле 50 години подоцна, во седумдесеттите години од седумнаесеттиот век, кога Шарл Д‘артањан, прототипот на главниот јунак од романот на Дима, повеќе не бил жив. Значи, кафтанот на руските стрелци е најверојатно првата воена униформа во Европа.


ИМПРЕСУМ

16 |

КАЛЕИДОСКОП

Писмата на читателите, колумните и илустрациите означени како „мислење“, како и текстовите од рубриката „погледи“ во овој додаток се избрани за да претстават различни гледишта и не го изразуваат нужно гледиштето на уредникот на проектот „Russia Beyond the Headlines“ или на весникот „Росијскаја газета“. Ве молиме вашите писма и коментари да му ги испраќате на уредникот на urednik@mk.rbth.com

Вработени во Руската вселенска агенција ѝ помагаат на космонаутката Елена Серов по приземјувањето на капсулата Сојуз ТМА-10М во градот Караганда во Казахстан на 12 март 2015 година. Американскиот астронаут Бери Е. Вилмор, руските космонаути Александар Самокутјаев и Елена Серова, безбедно се спуштија во казахстанската степа по петмесечен престој на Меѓународната вселенска станица

Додатокот „Руска реч“ го финансира, уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва, Русија).

Интернет-страница: mk.rbth.com Еmail: urednik@mk.rbth.com Телефон: +7 (495) 775 3114 Факс: +7 (495) 988 9213 Адреса: ул. Правды 24, д. 2, Москва 125993, Россия.

Извор: AP

ЕВГЕНИЈ АБОВ издавач и директор на RBTH ПАВЕЛ ГОЛУБ главен уредник на додатоците на RBTH ВЈАЧЕСЛАВ ЧАРСКИ генерален продуцент ЕМИЛ НИАМИ превод, лектура, веб, гостин-уредник на додатокот „Руска реч на македонски“ ЈАНЕ ЈОВАНОВ, ТРАЈЧЕ СТОЈАНОВ превод, лектура, веб ЕКАТЕРИНА ТУРИШЕВА заменик генерален продуцент за Балканот, МАРИЈА СМИРНОВА асистенција, веб АНДРЕЈ ЗАЈЦЕВ, НИКОЛАЈ КОРОЉОВ илустрации За огласување во овој додаток, ве молиме да се обратите на ЈУЛИЈА ГОЛИКОВА, директор на одделот за односи со јавност: julia.golikova@rbth.com

Оваа година Русија на изборот за песна на Евровизија ќе ја претставува шармантната Полина Гагарина. Таа ќе настапи со песната „A Million Voices“, во која пејачката повикува на мир во целиот свет

ИГОР ДАНИЛОВИЌ координатор на „Руска реч“ во „Нова Македонија“ ВЛАДИМИР МИЈАНОВИЌ помошник координатор на „Руска реч“ во „Нова Македонија“ МАРЈАН ДЕЛЕВСКИ дизајн МАРИЈА ЧУНДЕВА технички уредник

Russia Beyond the Headlines (RBTH) го финансира „Росијскаја газета“, руски дневен весник. Содржината на овој подлисток е подготвена без учество на новинари и уредници на „Нова Македонија“. RBTH се финансира за сметка на добивката од рекламодавците и од комерцијалните спонзори, а исто така и од средства на руски државни институции. Ние се занимаваме со независна редакциска позиција и претставуваме различни гледни точки на настаните во Русија и во останатиот свет со помош на квалитетна содржина и експертски мислења. Од моментот на нашиот почеток во 2007 година се стремиме да се придржуваме до високите редакциски стандарди, да го покажеме најдоброто новинарство од Русија и за Русија. На таков начин се надеваме дека ќе пополниме една важна дупка во информирањето за нашата земја од страна на другите медиуми. Сите прашања и коментари за нашето финансирање или за нашата редакциска структура, ве молиме да ги упатите на urednik@mk.rbth.com. Повеќе информации на mk.rbth.com. RBTH издава 30 прилози во 23 земји со вкупна месечна публика од 33 милиони луѓе, а исто така одржува и 19 сајта на 16 јазика.

Дечиња се восхитуваат на експозицијата во Московскиот планетариум

Михаил Џапариѕе / ТАСС

Забрането е копирање, дистрибуција или преземање на содржините од овој додаток, освен за лична употреба, без писмена согласност на „Росијскаја газета“. Ве молиме за дозвола да се обратите на телефон +7 (495) 775 3114 или на и-мејлот urednik@mk.rbth.com „Russia Beyond the Headlines“ не сноси одговорност за ненарачаните текстови и фотографии.

Legion Media

© 2014 сите права се задржани од ФГБУ „Росијскаја газета“: АЛЕКСАНДAР ГОРБЕНКО претседател на редакцискиот совет, ПАВЕЛ НЕГОИЦА генерален директор, ВЛАДИСЛАВ ФРОНИН главен уредник.


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.