Руска реч Македонија #13

Page 1

Прилогот го уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва), која е целосно одговорна за содржината. Се печати и се дистрибуира во соработка со „Нова Македонија“.

„Јотафон“ - проверка на првиот руски паметен телефон стр. 12-13

САБОТА - НЕДЕЛА, 18-19 ЈАНУАРИ 2014 ГОДИНА

ruskarec.mk

БРОЈ 13

Валенки - волнениот симбол на Русија

Феноменот наречен Калашников стр. 10-11

стр. 14-15

Само на RUSKAREC.MK Повеќе теми на интернет -страницата на „Руска реч“

стр. 4-9

AFP / East News

Сите очи се вперени кон Сочи

ИНТЕРВЈУ СО МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО НИКОЛА ТОДОРОВ

Размената на искуства и на знаења ќе продолжи стр. 2-3

„Росијскаја газета“ уредува прилози за Русија во 27 водечки светски весници, вклучувајќи ги и „Њујорк тајмс“, „Дејли телеграф“, „Фигаро“ и „Зидојче цајтунг“


2|

РУСКА РЕЧ

РУСИЈА И МАКЕДОНИЈА

ИНТЕРВЈУ СО НИКОЛА ТОДОРОВ, МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО НА МАКЕДОНИЈА

Размената на искуства и

Кон крајот на минатата година во посета на Руската Федерација отпатува министерот за здравство на Република Македонија, Никола Тодоров. Во ексклузивно интервју за „Руска реч“ тој зборува за текот на својата посета, како и за импресиите и плановите за соработка на полето на здравствената заштита Која беше главната цел на Вашата посета на Руската Федерација? - Размената на искуства, поточно заедничкото барање решенија за современите предизвици со кои се соочуваме е императив за сите министри за здравство. Неодамнешната средба со министерката за здравство Вероника Скворцова ја сметам за извонредно важна за развојот на билатералните односи меѓу нашите две пријателски држави. Убеден сум дека оваа средба ќе биде една од низата на кои заедно со здравствените експерти од двете земји ќе се работи заедно во интерес на здравјето на населението. Од каде се појави интересот за запознавање и за соработка во врска со прашањата од областа на здравството во Руската Федерација? - Размената на искуства и знаења меѓу македонските и руските лекари верувам ќе продолжи и ќе се продлабочува. Заедничка заложба е да имаме целосна соработка во сите сфери на здравството, во развојот на човечките ресурси и, генерално, во развој на здравствените реформи во двете земји, како и продлабочување на соработката во областа на фармацијата и унапредување на здравствената заштита на населението. За потсетување, една од мерките на Владата на Република Македонија која го раздвижи процесот на намалување на цените на лековите на пазарот во нашата земја е донесената Методологија за формирање на цените на лековите. Согласно усвоената методологија Руската Федерација е една од 12 референтни земји и официјални-

Игор Бансколиев, „Нова Македонија“

Емил Ниами

те податоци на нејзиниот надлежен орган за цените на големо на лековите се користат за споредување со цените на големо на лековите во другите земји, а со тоа и за утврдување на максималната цена на лекот на големо во Република Македонија. Разбирливо е дека големината на пазарот во Русија и асортиманот на застапените лекови во оваа земја овозможи голема економска придобивка за здравствениот систем во Република Македонија и отвора можност секој пациент да избере лек по пониска цена. На овој начин Република Македонија развива политика на достапност на лековите и од другите пазари, надвор од ЕУ, со цел постигнување поголема конкуренција и намалување на цените на лековите.

АГЕНДА

Каква беше и од што се состоеше агендата на посетата? - За време на работната посета, како што кажав, беше остварена средба со министерката за здравство Скворцова, со која дискутиравме за значајни теми од областа на здравството, за започнување сериозна соработка во делот на размена на искуства и знаења меѓу нашите лекари и лекарите од Руската Федерација. На средбата беа презентирани и реформите во здравствениот систем во Република Македонија, меѓу кои како позначајни би ги споменал набавката на нова медицинска опрема во јавните здравствени установи во


РУСКА РЕЧ

РУСИЈА И МАКЕДОНИЈА

|3

на знаења ќе продолжи РМ, изградбата на нови болници, реконструкции на постојните, како и инвестирање во здравствениот кадар. Посебно е значајно што во рамки на посетата беше потпишан Договор за соработка меѓу Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и Московскиот државен универзитет „М.В. Ломоносов“. Од руска страна беше искажан интерес за реформите кои ги спроведува Министерството за здравство на Република Македонија, особено во делот за намалувањето на цените на лековите и за референтните цени и можна примена на македонското искуство во здравствениот систем на Русија. За време на средбите посебен акцент беше ставен на обновата на Комитетот за здравство со претставници од двете министерства, со цел тој за кусо време да почне со работа.

СРЕДБИ

Какви средби беа остварени при посетата? - Во состав на македонската делегација беа и ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Велимир Стојковски, како и деканите на Медицинскиот факултет во Скопје и на Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, Никола Јанкуловски и Рубин Гулабоски, кои остварија работна средба со ректорот на Московскиот државен универзитет „М.В. Ломоносов“, Виктор Антонович Садовничи. Како што споменав, за време на посетата, беше потпишан Договор за соработка меѓу Факултетот за фундаментална медицина при Московскиот државен универзитет „М.В. Ломоносов“, Медицинскиот факултет од Скопје и Факултетот за медицински науки од Штип. Договорот за со-

работка ќе овозможи поддршка на академска соработка на професори, додипломци и постдипломци во научни истражувања и образовни процеси, развивање на наставните планови, зајакнување на наставата и истражувачките активности на институциите. Дали Република Македонија е заинтересирана за најновите достигнувања во областа на медицината во Русија и какви се Вашите впечатоци од посетата на Руската Федерација? - Наша главна заложба е да продолжи размената на искуства и знаења меѓу македонските и лекарите од останатите држави во светот, а особено е добредојдено искуството од руските лекари во сите сфери на здравството, со акцент на континуираната надградба на човечкиот потенцијал и генерално во натамошен развој на здравствените реформи во двете земји.

Соработка во фармацијата

Игор Бансколиев, „Нова Македонија“

Во која насока може да се очекува соработка помеѓу Република Македонија и Руската Федерација на полето на здравствената заштита? - Уверен сум дека ќе продолжи одличната соработка меѓу Македонија и Руската Федерација во повеќе области, а особено во областа на фармацијата. Така, на пример, фабриката „Продис“ е основана како заедничка македонско-руска инвестиција. Во моментот е завршена првата фаза од инвестицијата вредна околу 5.5 милиони евра. Наскоро се очекува и почетокот на втората фаза, во која ќе се изгради уште еден производен капацитет со вредност од околу 6 милиони евра, со кој ќе се издвои производството на хомеопатските производи од производството на чаеви и житарки. Дополнително ќе следи и третата фаза во која ќе се обезбеди простор за репроматеријали и ќе се заокружи процесот на генерирање на репроматеријали и производство. Во моментов „Продис“ е во фаза на подготовка за сертификација од соодветните тела на Руската Федерација, со цел започнување извоз на хомеопатски лекови и мултивитамини. На пазарот во Руската Федерација се застапени и нашите два најголеми производители на лекови „Алкалоид“ и „Реплек фарм“, кои извезуваат препарати, но и готови лекови од групите на антибиотици, антиревматици, кардиотоници, бета-блокатори и друго, а годишниот промет за лековите извезени во Русија е околу 2 милиони евра, со очекување истиот да се зголеми во текот на 2014 година. Освен во фармацијата, исто така, очекуваме соработката да продолжи и преку организирање стручни обуки на медицинскиот персонал, натамошно развивање на електронското здравство и слично.


4|

РУСКА РЕЧ

ОЛИМПИЈАДА

Сите очи се вперени кон Сочи Доминик Базулто

Пресс-фото

Она што ја први трансформацијата на Сочи уште поамбициозна е фактот дека ништо од ова всушност и не постоеше пред неколку години. Сочи го доби правото да биде домаќин на Олимпијадата во 2007 година, многу се зборуваше за тоа дека Пјонгјанг (кој беше втор) и Салцбург (кој заврши на третото место) се подобар избор. И навистина, последните штрихови на многу од олимписките објекти во Сочи, вклучувајќи го и олимпискиот стадион „Фишт“ каде ќе се одржи церемонијата на отворање и на затворање, беа направени пред Нова година. Како резултат на тоа церемонијата на отворањето ќе претставува возбуда не само за остатокот од светот, туку и за руските организатори на Олимпијадата. Новите објекти се приближно исто толку нови за рускиот олимписки тим, колку што се и за странските олимпијци. Неодамна, по многу одложувања, беше пуштена во употреба скокалницата, која го надмина предвидениот буџет до таа мера што претседателот Владимир Путин јавно, на национална телевизија, го укори шефот на овој проект. Ова е и првата скијачка сезона кога започна да функцио-

Кога светот ќе го насочи својот поглед кон Зимските олимписки игри 2014 во Сочи, ќе се изненади од она што ќе го види: футуристички стадиони што се ремек-дело на уметноста, сместени покрај морето, со восхитувачки поглед на Кавкаските Планини, кој го има само во светски познатите скијачки центри, како и огромен Олимписки парк, кој е опкружен со палми. Развојот на Сочи како домаќин на Зимските олимписки игри беше голем зафат и, ако сѐ оди според планот, на светот ќе му ја прикаже нова Русија како голема сила и како модерна економија нира планинскиот воз, кој ги пренесува посетителите на Олимписките игри од крајбрежниот до планинскиот дел. Она што Русија го направи со избирањето на Сочи за домаќин на Зимските олимписки игри 2014 го преврти традиционалниот модел наопаку. Овој модел, според кој се одржуваа Олимпијадите и во САД, и во Канада и

Централниот олимписки стадион во Сочи

во Европа, за основа имаше веќе докажан зимски центар, на кој му се додаваа неколку модерни штрихови, при што не постоеја никакви понатамошни грижи, како на пример дали ќе има природен или вештачки снег. Русија, од своја страна, започна со изградба на зимски олимписки град на место каде воопшто не постојат терени за зимски спортови, место кое е познато како летувалиште, место кое го нарекуваат „руска ривиера“. Суптропската клима на Сочи е основа за шпекулации за тоа дали ќе падне снег или не. Пред само десет години во Сочи не постоеше ниту еден скијачки центар од светска класа, а исто така никој не ќе претпоставеше дека ова место би можело да стане иден домаќин на Зимски олимписки игри. Сево ова се смени кога претседателот Путин реши планината Краснаја Полјана да ја направи скијачки центар. Не беа потребни големи напори за да се убедат Русите кои одат во странство на зимување да го посетат Сочи. Роза Хутор, дијамантот на круната, го има еден од најдолгите вертикални спустови во светот и беше изграден со помош на експерти за скијање од Западна Европа и од Америка. Кога се наоѓате на најгорниот дел за момент можете да си помислите дека сте во Швајцарија или во Австрија. Планинските патишта сега се исполнети со скијачки села во европски стил, како и со многу хотели во пастелни бои. Американските олимписки скијачи, по нивното враќање од Сочи, изјавија дека е неверојатно, како


РУСКА РЕЧ

ОЛИМПИЈАДА

|5

50

Reuters / Vostock Photo

милијарди долари чини организирањето на Олимпијадата во Сочи

Русија да изградила Дизниленд на планина. Критичарите, а нив ги има многу, како во Русија, така и во странство, велат дека Сочи 2014 е едноставно проект за престиж на Владимир Путин, грандиозен обид Русија повторно да се стави на мапата на прекумерно трошење. Други, пак, потенцираат дека сумата која постојано растеше и достигна вредност од 50 милијарди американски долари, ја прави Олимпијадата во Сочи најскапа во историјата на Игрите. Западните критичари, од своја страна, се пожалија дека сумата од 50 милијарди американски долари е добиена, меѓу другото, и како резултат на корупцијата и на руската бирократија. Фактот дека една суптропска зона треба да се претвори во зимски центар, направи Сочи да стане едно големо градилиште. Не постои сомнеж дека во Сочи ќе се одржи една од најголемите, најекстравагантните Олимпијади во поновата историја, а можеби и воопшто. 123-дневното патување на олимпискиот оган вклучуваше вселенско патување до Меѓународната вселенска станица, посета на активен вулкан и подводно патување во Бајкалското езеро. Самата Олимпијада, пак, ќе има најмногу медали во историјата на Зимските олимписки игри, како и најголем број настани.

Што по Олимпијадата? Вистинскиот тест доаѓа по Олимпијадата, кога ќе останат само сеќавањата. Дали Сочи навистина може да претендира на меѓународен туризам и да стане спортска дестинација? Тука Русија ја има предноста пред останатите земји кои претходно биле домаќини на Зимските олимписки игри. Додека другите земји не знаат што да прават со одвај искористените стадиони, Русија уште од самиот почеток си постави цел дека нема да дозволи тоа да се случи со Сочи. За секој од олимписките објекти постои јасна визија за тоа како ќе се искористи по завршувањето на Олимпијадата. Големата сала за хокеј, на пример, неодамна беше местото каде се одржа Меѓународниот инвестициски форум во Сочи. Олимпиското село во близина на Црноморскиот брег ќе стане станбен комплекс. Исто така постојат и планови определени објекти да бидат дислоцирани на други места како „подарок“ за граѓаните. И, за сево ова да може да се оствари во Сочи во текот на целата година ќе се одржуваат разни манифестации. Во јуни годинава, Сочи ќе биде местото каде ќе се одржува самитот на

Г-8. Исто така закажано е гран-при на Формула еден есенва. Потоа, во 2018 година, олимпискиот стадион „Фишт“ќе стане официјален домаќин на Светското првенство во фудбал на ФИФА. Во исто време новите зимски одморалишта во планините треба да станат место за посета на туристи како од Русија, така и од Европа. На Олимписките игри во Сочи треба да се гледа како на дел од еден поголем геополитички тренд, односно како што велеше Томас Фридман „израмнување“ на светот, како ново насочување на светските сили кон меѓународните настани и нивно дебитирање на светската сцена. Списокот продолжува да расте: Пекинг (Летна олимпијада 2008), Јужна Африка (Светски куп 2010), Бразил (Светски куп 2014 и Летна олимпијада 2016), Пјонгчанг (Зимска олимпијада 2018) и Катар (Светски куп 2022). Од оваа перспектива, тоа што Русија ги спроведува Зимските олимписки игри во Сочи не е некаква чудна аномалија, туку претставува предвесник на она што допрва треба да се случи.


6|

ОЛИМПИЈАДА

РУСКА РЕЧ

Руските олимписки надежи

На Зимските олимписки игри секогаш се очекува многу од руската репрезентација. Притисокот ќе биде уште поголем оваа година, бидејќи Олимпијадата се одржува на домашен терен. „Руска реч“ ги издвои деветте најдобри руски спортисти што имаат шанси да освојат злато во Сочи Алексеј Моско

Imago / Legion Media

Екатерина Тудегешева, сноуборд

Најдобрата руска сноубордистка Екатерина Тудегешева започна да се занимава со спорт како скијачка. Промената на опремата ѝ беше од полза на оваа девојка која потекнува од Сибир. Уште на 14 години се пласираше меѓу дваесетте најдобри на Светското првенство во сноуборд во 2003 година во австрискиот град Крајшберг. До неодамна возењето сноуборд во Русија се сметаше за егзотичен спорт. Денес на снежните планини ширум земјата можете да видите илјадници млади сноубордисти, но досега се нема појавено талент како што е Екатерина Тудегешева. Единствената надеж на рускиот сноуборд има добри шанси да освои медал во паралелниот слалом на терените во Сочи. Многу се очекуваа од оваа двократна светска шампионка.

Imago / Legion Media

Евгениј Пљушченко, уметничко лизгање

За 31-годишниот Пљушченко ова ќе биде четврто учество на зимските олимпијади. Олимпискиот шампион од Торино закрепна по повредата на ‘рбетот со која се здоби за време на Европското првенство во Загреб, и по пауза од десет месеци се врати на мразот. Во почетокот од ноември тој однесе победа на турнирот „Volvo Cup“ во Рига. Тренерот на Пљушченко, Алексеј Мишин ветува дека спортистот, кој во уметничкото лизгање долго време немаше свој ривал, во Сочи повторно ќе го видиме во најдобро издание.


РУСКА РЕЧ

|7

Imago / Legion Media

ОЛИМПИЈАДА

Никита Крјуков, кроскантри-скијање

Скијачот Никита Крјуков многумина го запаметија по исклучителниот финиш на спринтерската трка на Олимпијадата во Ванкувер. Тогаш тој заедно со рускиот натпреварувач Александар Панжински го остави

зад себе фаворитот на трката Норвежанецот Петер Нортуг. Потоа излезе дека овој успех не е случаен. Крјуков на Светскиот куп покажа стабилно високи резултати и во 2013 година ста-

на светски шампион во поединечен и во тимски спринт. На Олимпијадата во Сочи рускиот спортист има шанса да стане прв двократен олимписки победник во нордиско скијање.

Иван Скобрев е руски натпреварувач во брзо лизгање со најмногу освоени титули во поновата руска историја. Сепак, бронзениот и сребрениот медал од Олимпијадата во Ванкувер не се неговиот максимум. Лизгачот од Хабаровск со причина се смета за еден од најперспективните спортисти на Русија. Тој е подготвен да се бори за медал како на трките од десет и од пет километри, така и на пократките патеки. На церемонијата на затворањето на Олимпијадата во Ванкувер Скобрев го носеше руското знаме на репрезентацијата. Во овој универзален лизгач се вложуваат многу големи надежи на Олимпијадата во Сочи.

Reuters

Иван Скобрев, брзо лизгање


8|

ОЛИМПИЈАДА

РУСКА РЕЧ Александар Третјаков, скелетон

Imago / Legion Media

Актуелниот светски шампион во скелетон ја започна новата сезона на 26 ноември во канадскиот Калгари. Носителот на сребрен медал од Ванкувер ги сака северноамериканските патеки, кои се вбројуваат меѓу најризичните. Но, резултатите од првиот турнир нема да бидат решавачки. Имено, 28-годишниот натпреварувач својата врвна форма би требал да ја достигне во февруари. Главниот конкурент на Третјаков во Сочи ќе биде Летонецот Мартинс Дукурс. Во финалните натпревари, како и секогаш, ќе решаваат секундите.

Олга Зајцева, биатлон

Без оглед на тоа што фаворитки за освојување на златото во биатлон се Германката Миријам Геснер и Норвежанката Тора Бергер, руските спортистки не треба да се занемарат. Меѓу нив особено се издвојува Олга Зајцева, која и на 35-годишна возраст во натпреварот влегува како еден од лидерите на репрезентацијата на Русија. Олимписката шампионка од Торино и од Ванкувер во родната земја може да претендира на победа. Руското раководство во биатлон ја убеди Зајцева да го одложи завршувањето на кариерата заради Олимпијадата во Сочи.

Reuters

Татјана Волосожар и Максим Трањков, уметничко лизгање

На Олимпијадата во Ванкувер руските лизгачи не освоија ниту едно злато. Во Сочи од репрезентацијата на Русија, која веќе долго ги поставува трендовите во уметничкото лизгање, се очекува само победа. Најголеми шанси за успех има спортската двојка Татјана Волосожар и Максим Трањков. Светските и европски шампиони одлично ја започнаа новата сезона со извојувањето победа на турнирите во Германија, САД и во Јапонија. Фаворитите на сезоната, кои во слободен состав на Олимпијадата ќе настапат на музика од рок-операта „Исус Христос - суперстар“, тврдат дека сѐ уште не го покажале својот максимум.


РУСКА РЕЧ

ОЛИМПИЈАДА

Натурализираниот Јужнокореец Ан Хјон Су е вистинско откритие за репрезентацијата на Русија во брзо лизгање на кратки патеки („шорт трек“). Откако во 2011 година доби руско државјанство, Виктор Ан (тоа е името под кое ќе настапи за руската репрезентација) веднаш покажа високо ниво на умешност. Во првата сезона за новиот тим победи во три етапи од Светскиот куп и освои сребро на Светското првенство на патека од 500 метри. Трикратниот олимписки шампион од Торино се надева дека во Сочи ќе ја пополни својата колекција со златни медали.

AP

AP

Виктор Ан, брзо лизгање на кратки патеки

|9

Во Сочи, 42-годишниот санкач Алберт Демченко ќе постави рекорд. Ова ќе биде негово седмо учество на Олимписките игри. За време на првите три учества Демченко се натпреваруваше во санкање во двојки, а почнувајќи од Солт Лејк Сити, настапува индивидуално. Ветеранот Демченко никогаш го нема освоеното највисокиот медал на Олимпијада. Сребрениот медал од Торино засега е неговото најголемо достигнување. Не може да се замисли посилна мотивација од неговата желба спортот да го напушти по олимписки триумф.

Imago / Legion Media

Алберт Демченко, санкање


10 |

РУСКА РЕЧ

ОРУЖЈЕ

„Калашников“ со право се смета за најдобар автомат на светот, а тоа го потврдува и фактот дека тој се вбројува меѓу најзначајните пронајдоци на 20 век. Во што е тајната на неговиот неверојатен успех и на кој начин неговиот творец Михаил Калашников еднаш засекогаш ја измени состојбата на светскиот пазар за малокалибарско оружје? Екатерина Туришева

Автоматот „калашников“(AK-47) заедно со авионот на браќата Рајт („Wright Flyer“) и со автомобилот на Форд („Model T“) еднаш беше вброен во трите најголеми пронајдоци на 20 век кои значајно влијаеле на човештвото. Слободно може да се каже дека автоматите од серијата АК се најраспространето оружје на светот. По долга низа години и бројни варијанти тие денес ја сочинуваат основата на стрелечкото вооружување во армиите на повеќе десетици земји. За ваквото масовно производство и за широката примена на оваа автоматска пушка заслужни се пред сѐ нејзините ненадминливи борбени карактеристики. ЕДНОСТАВНОСТ И СИГУРНОСТ

Михаил Калашников во развојот на својот автомат постигнал совршен спој на извонредни особини кои се пресудни за неговата исклучителна ефикасност и за сигурноста во текот на борбата. Меѓу нив пред сѐ треба да се истакне едноставноста и механизмот кој лесно се расклопува и кој практично нема завртни врски или навојни споеви, потоа генијалниот и крајно едноставен принцип на затворачот на цевката, подвижноста на гилзата по испукувањето за да не дојде до застој за време на исфрлувањето на испуканата гилза, а тука е и отпорноста од валкање и исклучителната сигурност за време на примената во сите климатски услови. Познат е случај кога не ден од меѓународен саем по долго стрелање со „калашников“ било забележано дека нешто тропка во автоматот. Кога го отвориле, нашле откинат долен дел од гилза. Но, тоа не го спречило да работи како часовник. - За да се пука од АК, потребни се око и показалец - често се шегувал Калашников.

Во сите светски воени кругови за „калашников“, попознат како АК-47, се зборува само најдобро. Како што неговиот творец, Михаил Калашников, во повеќе наврати истакнуваше, тој во 1947 година ја решил задачата која му била доверена: требало да се развие оружје кое би било едноставно за ракување за обичен војник. Според зборовите на конструкторот, на неговиот автомат нема ништо излишно - секој детаљ „како самиот да си го пронашол местото“. - На еден симпозиум беше изнесен податок дека Американците во Виетнам околу 30 отсто од своите загуби во луѓе ги претрпеле поради откажување на оружјето што го користеле. Кога станува збор за АК, ваква статистика не постои. Едноставно, нашиот автомат не дава повод за тоа. Дури ни кога се користи во најтешки можни услови, кога има многу прав, кога е валкано и влаж-

На еден симпозиум беше изнесен податок дека Американците во Виетнам околу 30 отсто од своите загуби во луѓе ги претрпеле поради откажување на оружјето што го користеле. Кога станува збор за АК, ваква статистика не постои Михаил Калашников


РУСКА РЕЧ

ОРУЖЈЕ

Феноменот наречен Калашников

| 11

100

милиони „калашникови“ во различни изведби се произведени за 60 години стрелечко оружје настапував пред гости од социјалистичките и од земјите во развој. Тоа всушност беше воената елита од нашите пријателски земји од Азија и од Африка. Пред да завршам стана еден крупен Африканец со мало знаменце во раката, министерот за одбрана на Мозамбик, и рече: „Би сакал со благодарност кон уважениот конструктор да истакнам дека неговиот прочуен автомат се наоѓа на знамето на нашата млада република. Тој стана симбол на нашата борба за слобода против јаремот на империјализмот на странските сили. Покрај него на нашето знаме се прикажани и отворена книга - симбол на борбата против неписменоста и мотика - симбол на слободата на трудот“ - раскажа Калешников. НЕДОСТИЖНО СОВРШЕНСТВО

РИА Новости

Со успехот и со популарноста на „калашников“ единствено може да се спореди белгиската автоматска пушка FN FAL, која се појави четири години по АК-47. FN FAL се наоѓа во вооружувањето на 55 армии и се произведува во 13 земји на секој континент. Додека во споредба со американската јуришна пушка М16, „калашников“ е многу поуспешен. М16 во сите свои верзии достигна вкупен број од околу десет милиони примероци, а се користи во 27 земји, со тоа што некои армии истовремено користат и М16 и „калашников“. Калашников еднаш изјави дека би му подал рака на оној кој би успеал да направи подобар автомат. - Но јас и понатаму стојам со испружена рака - велеше легендарниот конструктор. За жал, честа да го почувствува тој искрен стисок на раката повеќе никој нема да ја има.

Михаил Калашников на прославата на 60-годишнината од постоењето на АК-47

но, и при високи температури, автоматот доследно го исполнува она што се очекува од него во реална борба - си спомнуваше Калашников. ОСВОЈУВАЊЕ НА СВЕТСКИОТ ПАЗАР

Кога на картата на светот со иста боја би се означиле сите земји кои го имаат користено и кои го користеле АК, речиси сиот свет би бил обоен во таа боја. Според различни извори, за 60 години произведени се над 100 милиони „калашникови“ во различни изведби, АК е дел од вооружувањата на над 100 земји. Тој се произведуваше или се произведува во Бугарија, Унгарија, Источна Германија, Египет, Ирак, Кина, Полска, Романија, Северна Кореја, Југославија. Калашников со задоволство се сеќава-

ше на уште една анегдота. - Еднаш за време на Вишите офицерски курсеви „Вистрел (Истрел)“ во Подмосковје заедно со други истакнати конструктори на

Асоцијација на колекционери на „калашников“ Во март 2001 година во САД беше основана Асоцијацијата на колекционери на „калашников“(Kalashnikov Collectors Association-KCA). Претседателот на ова здружение Џо Анкона од Аризона кон крајот на деведесеттите години од минатиот век решил на едно место да ги собере сите оние кои се сериозно посветени на колекционирање на ова оружје. Здружението има свои претставници во САД, Јапонија, Швајцарија, Англија, Германија и во Русија со вкупен број од над 60 члена. Сите тие се согласни во тоа дека АК е генијален автомат кој нема свој соперник. И секој колекционер сонува да создаде нешто свое, па дури и да го надмине прочуениот руски конструктор на оружје.


12 |

РУСКА РЕЧ

НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА

„Јотафон“ - проверка на прв

ПОВИЦИ И СМС

Резолуцијата на дисплејот, моќноста на процесорот, меморијата, капацитетот на батериите се сегменти во кои „јотафон“ не заостанува од другите модели во својот ранг на цени (400-500 евра). Но, додека ги проучувате карактеристиките, лесно може да заборавите дека првата и основна задача на кој било паметен телефон се јавувањата и кратките пораки. Од оваа гледна точка „јотафон“ има само позитивни страни: не губи сигнал на мрежата, звукот од звучниците е чист и гласен, и тоа толку многу што понекогаш треба да се намали звукот. Според сознанијата

ФОТОГРАФИИ

Едно од првите прашања кога ќе го земете овој паметен телефон во рацете ќе биде: зошто камерата се наоѓа на долниот дел? Тешко ќе се прилагодите на тоа, а првите фотографии секако ќе бидат од вашите дланки. Сите плусови и минуси на апаратот се вртат околу вториот екран: конструкторите објаснуваат дека свиокот на горниот дел на задниот панел интуитивно го тера корисникот да го става „јотафон“ со активниот дисплеј нагоре. Затоа горната страна излегла толку тенка, така што било невозможно таму да се стави камерата. Освен тоа, доколку камерата би била поставена горе, на истото место би требало да бидат поставени и сензорните зони на двата екрана. Може да се каже дека во ваква ситуација Yota Devices го избрале помалото зло.

а

Иако сѐ уште не беше завршена официјалната промоција, посветена на стартот на продажбата на Јотафон, компанијата „Yota Devices (Јота дивајсес)“ преку Интернет веќе имаше продадено повеќе од 10.000 апарати и привремено ја запре онлајн-продажбата за европските земји поради недостиг од телефони. Затоа во предновогодишната недела првиот руски паметен телефон стана достапен кај руските продавачи. Но, вреди ли да се стои во ред за новиот модел? Една недела со „јотафон“ во џебот покажа дека до остварувањето на руската идеја има уште многу.

Дури и најнатрупаните апликации на „јотафон“ работат сталожено - не беа забележани никакви кочења. Да се играат игри на ЛЦДдисплејот од 4,3 инча е згодно: екранот одлично реагира на сите гестикулации. Но, ова не се однесува на сензорните зони од двете страни на уредот кои би требало да ги заменат копчињата. Сложено е човек да се навикне на вакво управување, па на почетокот ќе морате неколку пати да ги повторувате движењата. Но, најзабавно кај „јотафон“ е да им дадете на колегите да откријат каде се става сим-

етракин

Екатерина Туришева

ЗАБАВА

Слава П

Нашата колешка помина една недела со претпродажната верзија на уредот и ги утврди сите плусови и минуси на првиот паметен телефон со два екрана, кој е конструиран во Русија

што ги добивме, и луѓето што ни се јавија или им се јавивме исто така добро слушаа. Сите пропуштени повици и кратки пораки може да се погледнат на дополнителниот e-ink дисплеј. Притоа над пораката според клучните зборови „јотафон“ става специјални знаци - маче, срце или, да кажеме, торта. Интересна работа, но ништо повеќе од тоа тешко дека некој би сакал содржината од личната порака да можат да ја видат сите одоколу. Затоа психолошки не е удобно да го оставите телефонот на маса. Оние, пак, што се навикнати да ги чуваат уредите во џеб нема да се чувствуваат удобно со Јотафон: габаритот на апаратот е голем за такво нешто (134 x 67 x 10 мм).

„Yota Devices“ планира да ги покрие трошоците за развивањето на уредот во наредните две-три години. Според почетните прогнози, компанијата очекува да продаде 500.000 уреди, половина од нив во Русија.


РУСКА РЕЧ

НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА

| 13

иот руски паметен телефон картичката. Решението слотот да се помести под копчето за вклучување на дисплејот не е најсреќно решение: конструкцијата излегува прилично несигурна и, доколку не сте внимателни, можете да го исклучите уредот - без основниот дисплеј, кој не можете да го „разбудите“ без основното копче, дополнителниот станува апсолутно неупотреблив. Всушност, на апаратот нема други елементи за отстранување: не може да се извади батеријата или да се вметне мемориска картичка. Кога станува збор за последното, доколку во паметниот телефон не ги чувате сите епизоди од омилената серија или сета музика на вашите омилени интерпретатори, интерната меморија од 32 гигабајти би требало да е доволна дури и за најголемите игромани.

спорна. 4.3 инча се малку дури и во споредба со поевтините букридери. А, да се читаат фајлови во PDF формат или онакви кои се поставени на А4 формат е невозможно: апликацијата Bookmate не ги препознава овие формати, а другите апликации за читање за Андроид не се компатибилни со ваков ек-

ран. При вакво ниво на користење, вториот екран станува излишен. Максимум што може да се очекува од него е постојано да го покажува времето, временските услови и нивото на батеријата. ИДЕАЛОТ Е ДАЛЕКУ

Доколку се земе предвид целата слика Yota Devices се сѐ уште далеку од идеалот, така што уредот нема на сите да им се допадне - некому нема да му се допаднат димензиите, некој нема да биде задоволен од перформансите, некому нема да му биде потребен вториот екран, за некого батеријата нема да биде доволно издржлива. Да, за 499 евра може да се најде алтернатива со подобри перформанси. Впрочем, треба да се додаде дека проблемите со главниот адут на апаратот - дисплејот на електронско мастило - главно се поврзани со недостатокот од програми. Кога ќе се појават повеќе програми кои ќе можат да го истакнат неговиот потенцијал, „јотафон“ би можел да стане поинтересен и пофункционален апарат.

Слава Петракина

Теоретски, на e-ink дисплејот може да се претстави секоја информација од основниот екран со едноставно движење на два прста одозгора надолу. Проблемот е во тоа што потоа ништо не можете да направите со оваа статична слика. Од оваа гледна точка ветената заштеда на батеријата од страна на конструкторите практично не функционира: потребно е постојано да се вклучува основниот дисплеј. Батеријата е издржлива (1800 mAh), но сепак не треба да се очекуваат чуда. Дури и при не многу активна употреба, навечер апаратот ќе си побара да се наполни батеријата. Другите предности на вториот дисплеј на електронско мастило всушност излегоа сомнителни. Да се читаат наслови и твитпостови на него е згодно, но секое дополнително дејство бара враќање кон основниот дисплеј. На пример за да „лајкнете“ статус на Фејсбук или за да оставите коментар, потребно е да се вклучи дисплејот во боја, да се отвори апликацијата и повторно да се најде потребната публикација. Удобноста на читање книги е исто така

Слава Петракина

ЧИТАЊЕ


14 |

РУСКА РЕЧ

КУЛТУРА

Валенки - волнениот симбол на Русија Екатерина Елизарова, Shkolazhizni.ru

Вадим Кантор, „Московские новости“

Валенките се топли чизми од валана овчка волна. Освен зимските капи „ушанки“ и матрјошките, валенките претставуваат еден од симболите на Русија кои сведочат за надареноста на рускиот народ и за богатата и оригинална култура на земјата. Според археолошките податоци, најстарите ракотворби од волна се пронајдени на Алтај, планински масив во југоисточен Сибир. Нивната старост се проценува на околу 2.500 години. Се смета дека од валана волна најпрво се изработувале теписи, а самото валање како начин за обработка на волната било распространето кај степските номадски народи. Жителите на Азија од валана волна изработувале перници, влошки за обувки и топла постава, па со неа дури и ги „тапацирале“ ѕидовите на своите куќи. АВТОХТОНИ ОБУВКИ

на ветрот се прошириле низ цела Русија. Набргу во секое село се појавиле работилници за изработка на валенки, а во градовите се изградиле големи фабрики за нивно производство. Предноста на руските валенки е во тоа што постојано предизвикувале чудење кај странците, кое се однесува на едноделниот облик,

Дизајнерски валенки

односно на непостоењето шевови. Можеби оттаму се појавила и изреката „едноставен како валенки“. Но, овој израз никако не се однесува на самата изработка на валенките која подразбира мошне сложен процес и голема умешност. Мајсторите најпрво ја чистеле овчката волна, потоа ја кубеле и ја чешлале сè дури не стане мека, а потоа ја валале рачно на специјални направи, по што ја држеле во зовриена вода и раствор од сол, ја навлекувале на триаголна рамка, ја рамнеле, па дури потоа ја растегнувале на калап.

СКАПО ЗАДОВОЛСТВО

Валенките отсекогаш биле скапо задоволство. Било добро доколку куќата поседува барем еден пар валенки, а нив ги носел најстариот член на домаќинството. Куќите во кои сите носеле обувки од валана волна се сметале за имашни. Валенките биле исклучителен подарок и секогаш се носеле со посебно внимание за да можат да се сочуваат за помладите генерации. Без валенки руските предци не можеле да ги замислат веселбите на поклади, коледарските обичаи и панаѓури, кога надвор стега мразот и кога настапува вистинската руска зима. Тогаш, најверојатно, и настанала познатата руска народна песна „Валенки“. Обувките од валана волна носеле и претставници-

Вадим Кантор, „Московские новости“

Сепак, првото споменување на „сукнените чизми“ го наоѓаме во најстарото дело на руската книжевност „Слово за полкот Игорев“. Валенките се автохтони руски обувки. За првпат се појавиле во Сибир, но тогаш биле плитки, а гамашите биле валани одделно, односно со шев. Се смета дека татковината на денешните валенки е градот Мишкин во Јарославската губернија. Мајсторите од овој град во 18 век први почнале да изработуваат валенки како едно парче заедно со гамашите. Од Јарославската област овие обувки со брзина

Валенки на лизгалки


РУСКА РЕЧ

Вадим Кантор, „Московские новости“

те на власта. Петар Велики, на пример, го лекувал мамурлакот така што облекувал валенки на боси нозе и јадел чинија супа од кисела зелка. Руските царици Екатерина Велика и Ана Ивановна носеле валенки направени спе-

| 15

Вадим Кантор, „Московские новости“

Во Русија пристигна ладното време, па дури и зимата, и тоа не само календарски. Време е да се присетиме на валенките, најтоплите и најудобни руски обувки. Валенките се споменуваат уште во најстарото дело на руската книжевност „Слово за походот Игорев“ (12 век), па затоа можат да се сметаат за автохтони руски обувки. Валенките ја спасувале руската војска во татковинските војни и во голема мера помагале при освојувањето на бескрајните пространства на рускиот Север

КУЛТУРА

цијално за нив и тоа со раскошни балски фустани. Валенките ја спасувале и руската војска во татковинските војни. Во голема мера помагале и во освојувањето на северните територии. Валенките во последно време сè почесто се среќаваат во продавниците. Тие во ништо не заостануваат зад модерните обувки. Денешните валенки се мајсторски украсени со стаклени мониста, со врвки, со крзно, со вез и ги има во најразлични бои, а зајакнати се со гумен ѓон со извишена пета. Можат да се најдат дури и посебни домашни валенки.

Дизајнерски валенки

Декоративни валенки

Медицински карактеристики Медицински извори го потврдуваат благотворното влијание на валенките врз организмот. Овчата волна ја апсорбира и ја ослободува влагата, акумулира топлина и со тоа помага при настинка, при ревматски болки, при радикулитис и при други заболувања на мускулите и на зглобовите. Валенките често им се препорачуваат на луѓе кои имаат проблеми со крвотокот, како и при алергии и при болести на органите за дишење. Мошне се корисни и кај болестите на мускулно-коскениот систем, зашто стапалото во овие обувки не се деформира, а освен тоа обувките од валана волна пропуштаат воздух, со што се спречува развој на габични заболувања. Валенките ги намалуваат нервната напнатост, чувството на замор и на тежина во нозете, како и болките во грбот, а кога се носат на боси нозе придонесуваат за подобрување на циркулацијата.

Валенките имаат благотворно влијание врз организмот. Овчата волна ја апсорбира и ја ослободува влагата, акумулира топлина и со тоа помага при настинка, ревматски болки, радикулитис и при други заболувања на мускулите и на зглобовите


16 |

ИМПРЕСУМ

КАЛЕИДОСКОП

Писмата на читателите, колумните и илустрациите означени како „мислење“, како и текстовите од рубриката „погледи“ во овој додаток се избрани за да претстават различни гледишта и не го изразуваат нужно гледиштето на уредникот на проектот „Russia Beyond the Headlines“ или на весникот „Росијскаја газета“. Ве молиме вашите писма и коментари да му ги испраќате на уредникот на urednik@ruskarec.mk

РУСКА РЕЧ

Интернет-страница: ruskarec.mk Еmail: urednik@ruskarec.mk Телефон: +7 (495) 775 3114 Факс: +7 (495) 988 9213 Адреса: ул. Правды 24, д. 2, Москва 125993, Россия.

Getty Images / Fotobank

Додатокот „Руска реч“ го финансира, уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва, Русија).

ЕВГЕНИЈ АБОВ издавач и директор на RBTH ПАВЕЛ ГОЛУБ главен уредник на додатоците на RBTH ВЈАЧЕСЛАВ ЧАРСКИ извршен уредник за Јужна и за Средна Европа ЕМИЛ НИАМИ превод, лектура, веб, гостин-уредник на додатокот „Руска реч на македонски“ ЈАНЕ ЈОВАНОВ, ТРАЈЧЕ СТОЈАНОВ превод, лектура, веб ЕКАТЕРИНА ТУРИШЕВА, МАРИЈА СМИРНОВА асистенција, веб НИКОЛА ЛЕЧИЌ, ИРИНА РЕШЕТОВА ко-уредници АНДРЕЈ ЗАЈЦЕВ, НИКОЛАЈ КОРОЉОВ илустрации За огласување во овој додаток, ве молиме да се обратите на ЈУЛИЈА ГОЛИКОВА, директор на одделот за односи со јавност: julia.golikova@rbth.ru.

Мал московјанин држи „снежно плашило“.

Девојка скока од шеталиштето на плажа во Адлерскиот реон на Сочи на брегот на Црно Море. На песокот пишува: „Гаго, те сакам“.

ИГОР ДАНИЛОВИЌ координатор на „Руска реч“ во „Нова Македонија“ МАРЈАН ДЕЛЕВСКИ дизајн САША БЕЛЕВСКА технички уредник

Забрането е копирање, дистрибуција или преземање на содржините од овој додаток, освен за лична употреба, без писмена согласност на „Росијскаја газета“. Ве молиме за дозвола да се обратите на телефон +7 (495) 775 3114 или на и-мејлот urednik@ruskarec.mk. „Russia Beyond the Headlines“ не сноси одговорност за ненарачаните текстови и фотографии.

Максим Шеметов / Reuters

© 2013 сите права се задржани од ФГБУ „Росијскаја газета“: АЛЕКСАНДAР ГОРБЕНКО претседател на редакцискиот совет, ПАВЕЛ НЕГОИЦА генерален директор, ВЛАДИСЛАВ ФРОНИН главен уредник.

Електронска пошта на редакцијата „Руска реч“: urednik@ruskarec.mk. Повеќе информации на http://ruskarec.mk

Жена присуствува на божиќната литургија во Варлаамо-хутинскиот манастир во селото Хутин во Новгородската област.

Константин Чалабов / РИА Новости

Специјалните додатоци за Русија во светските дневни весници ги уредува и ги издава „Russia Beyond the Headlines“, во организација на „Росијскаја газета“ од Москва. Во моментов додатоци се објавуваат во следниве весници: Le Figaro, Франција • The Daily Telegraph, Велика Британија • Süddeutsche Zeitung, Германија • Еl País, Шпанија • La Repubblica, Италија • Le Soir и European Voice, Белгија • Дума, Бугарија • Политика и Геополитика, Србија • Eleutheros typhos, Грција • The Washington Post, The New York Times и The Wall Street Journal, САД • Navbharat Times и The Economic Times, Индија • Mainichi Shimbun, Јапонија • China Business News, Кина • South China Morning Post, Кина (Хонгконг) • La Nacion, Аргентина • Folha De S. Paulo, Бразил • El Observador, Уругвај • Today, Сингапур • Joongang Ilbo, Јужна Кореја • Sydney Morning Herald и The Age, Австралија • Gulf News, Обединети Арапски Емирати


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.