mk.rbth.com
Прилогот го уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва), која е целосно одговорна за содржината. Се печати и се дистрибуира во соработка со „Нова Македонија“.
САБОТА - НЕДЕЛА, 15-16 МАРТ 2014 ГОДИНА БРОЈ 15
Издание на
Легендарниот Севастопољ, непристапен за непријателите
Никој не очекуваше деветгодишна војна во Авганистан
Рекордите на „Сочи 2014“
стр. 2-3
стр. 14-15
стр. 6-7
стр. 10-11
ДАРИНКА КРСТАНОВА, ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ ВО БИТОЛА
Само на RUSKAREC.MK Повеќе теми на интернет -страницата на „Руска реч“
Александар Јурев / РИА Новости
Со гордост ја претставувам Русија во Македонија Легендите за Бајконур стр. 8-9
„Росијскаја газета“ уредува прилози за Русија во 27 водечки светски весници, вклучувајќи ги и „Њујорк тајмс“, „Дејли телеграф“, „Фигаро“ и „Зидојче цајтунг“
2|
ПОЛИТИКА
УКРАИНА
Легендарниот Севастопољ, непристапен за непријателите
Севастопољ, кримско пристаниште на кое е стационирана Црноморската флота, овие денови се наоѓа во средиштето на светската јавност. Го основала Екатерина Велика во 1783 година, на местото на кое некогаш се наоѓал старогрчкиот град Херсонес - една од најсеверните населби во античкиот свет. Ви претставуваме неколку детали од бурната историја на овој град Виктор Литовкин
„Легендарниот Севастопољ, непристапен за непријателите “, се всушност стихови од химната на Севастопољ, кој мошне често се нарекува „град на руската слава“. Севастопољ е основан во 1783 година на југозападниот брег на Кримскиот Полуостров врз основа на указот на руската императорка Екатерина Велика на местото на кое некогаш се наоѓал старогрчкиот град Херсонес, чии урнатини археолозите до денешен ден ги истражуваат. Името на новиот град му го дала самата Екатерина Велика. Севастопољ во превод од грчки, според различни извори, значи многу почитуван, свет или величествен град, град на славата. Но она што ја привлекло императорката и нејзините војсководци на ова место биле 30 заливи што биле заштитени од ветрот. Некои од нив продираат во карпестото копно и до осум километри. Затоа Севастопољ долго време бил главна поморска база на Русија на Црното Море. СТАТУС НА ПОСЕБЕН ГРАД
Најтешките периоди на Севастопољ биле за време на Втората светска војна. Војниците на Црвената армија и морнарите на Црноморската флота во 1941-42 година поминале 250 дена и ноќи, бранејќи го градот од нападите на германските единици. Но, и потоа, откако војниците биле принудени да ги напуштат своите пунктови, во Севастопољ продолжиле нелегално да дејствуваат ослободителните групи. Од 1948 година Севастопољ има статус на посебен град, кој е под директна управа на Руската Советска Федеративна Социјалистичка Република (РСФСР). Но, во 1954 година, на иницијатива на првиот секретар на Централниот комитет на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз (ЦК КПСС), Никита Хрушчов, Севастопољ заедно со Крим пре-
минал од составот на Русија во состав на Украина, иако, притоа, не дошло до никакви суштински промени во неговото функционирање и неговиот статус. Овој град, како една од најважните воени поморски бази на Советскиот Сојуз (СССР), и понатаму останал под директна управа на Москва и на Министерството за одбрана на СССР. СПОГОДБА ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО
Ситуацијата значително се промени во почетокот на деведесеттите години од минатиот век, кога Украина стана независна држава и кога градот Севастопољ и Крим станаа дел од неа. Според одредбите на Големата спогодба за пријателство, соработка и партнерство, која Москва и Киев ја потпишаа во 1997 година, Русија призна дека Севастопољ ѝ припаѓа на Украина и ја уважи неповредливоста на границите на украинската држава, додека Украина на Русија ѝ даде право и понатаму да ги користи севастопољските воени поморски бази и право на стационирање на Црноморската флота на Крим до 2017 година. Според спогодбата меѓу Украина и Руската Федерација (РФ) за статусот и за условите за стационирање на Црноморската флота на РФ на територијата на Украина од 31 мај 1997 година, во украинските територијални води и на копното можат да се наоѓаат до 388 руски пловила (од кои 14 дизел-подморници). На изнајмените аеродроми во населбата Гвардејское кај Симферпољ и во Севастопољ можат да се наоѓа 161 руско летало. Тоа може да се спореди со силата на воените поморски трупи на Турција. Но, Русија на Крим не располага со овој број бродови и авиони. Спогодбата е потпишана на 20 години. Договорено е дека спогодбата автоматски ќе се продолжува на период од пет години, ако ниту една од страните писмено не ја извести другата страна за прекинување на важењето на до-
98
милиони долари годишно ѝ плаќа Русија на Украина за користење на военопоморската база на Крим говорот најдоцна една година пред нејзиното истекување. Со друг договор, кој е потпишан во април 2010 година во Харков, стационирањето на Црноморската флота на Русија во Севастопољ е продолжено до 2042 година. За користењето
|3
„Росијскаја газета“
ПОЛИТИКА
Русија на украинска територија може да има до 388 пловила според спогодбата меѓу Москва и Киев од 1997 година
на воената поморска база на Крим, Русија на Украина ѝ плаќа 98 милиони долари годишно. Освен тоа, според условите од Харковската спогодба, Русија на Украина ѝ дава попуст на гасот од 100 долари по тон. ВАЖНА СТРАТЕГИСКА ЗАДАЧА
Русија е принудена да ги плаќа овие трошоци, зашто засега нема изградено алтернативна база за Црноморската флота на сопствена територија. Пристаништето во Новоросијск нема доволна длабочина и не располага со неопходната инфраструктура. Притоа, Црноморската флота врши важна стратегиска задача. Таа го заштитува југот на Русија, не дозволувајќи во Црното Море да се појават носачи на авиони на потенцијален непријател.
Состав на Црноморската флота
Кои воени сили и кои технички средства влегуваат во состав на Црноморската флота на Русија? Тоа се штабот и командата на флотата во Севастопољ, 68. бригада за заштита на поморскиот сектор, 17. арсенал на Руската воена морнарица, 810. самостоен полк на морнарската пешадија, 247. самостојна подморничка дивизија, 854. самостоен крајбрежен ракетен полк, самостојниот морнарички инженерски баталјон, центарот за врска, 30. дивизија на површински пловила, во чиј состав се ракетниот крстосувач „Москва“, ракетните ховеркрафти „Бора“ и „Самум“, бригадата на помошни бродови, бригадата на десантни бродови, бригадата на ракетни корвети, самостојниот јуришен воздухопловен полк, самостојниот мешовит воздухопловен полк, самостојната радиотехничка бригада, вооружувањето, магацини со воена опрема и муниција, ремонтните заводи и школи за обука на помлади офицери - вкупно 25.000 војници, не сметајќи ги работниците и службениците вработени во претпријатијата и во установите на Флотата. Вкупно, заедно со членовите на семејства, тука има над 100.000 луѓе.
ПОГЛЕДИ
Распадот на Украинската советска социјалистичка република Фјодор Лукјанов
На Украина независноста ѝ е подарена „одозгора“, благодарение на жестоката борба на руското демократско движење, а потоа и на раководството на Руската Советска Федеративна Социјалистичка Република (РСФСР), против Кремљ и Михаил Горбачов. Украинскиот народ не принесуваше жртви на олтарот на слободата, само грациозно зачекори од една во друга стварност. Украинската политика од 1991 до 2014 година се градеше на неформален коалициски принцип, кој подразбира свртување кон Европа, но со зачувување на севкупниот дизајн (пред сè економски) наследен од пре-
тходната држава. Националниот идентитет се потхрануваше од западниот дел на земјата, зашто не постоеја други варијанти, со оглед на тоа дека западниот дел е најкомпактен во идејна смисла. Но, ваквиот идентитет во својот изворен вид не можеа да го прифатат останатите жители на Украина, така што беше неопходно да се редуцира концентрацијата на националната самобитност. Источните региони служеа како економска база. Токму на нив се мисли кога се зборува за советското наследство. Поточно, се мисли на индустриските претпријатија и на целиот комплекс трговско-економски и духовни врски со Русија. Сето ова на многу обични граѓани им помогна да преживеат, а
Алексеј Јорш
4|
на олигарсите да се збогатат. Украина, фактички, премина во режим на паразитирање, очекувајќи од надворешните сили да ги решаваат нејзините проблеми во замена за ветувањата дека нејзиното раководство ќе ја избере „вистинската“ геополитичка ситуација. ПОСЛЕДНИОТ КЛИНЕЦ НА КОВЧЕГОТ
Ваквиот модел повеќе не може да функционира од многу надворешни и внатрешни причини. Главната причина е што на овој начин повеќе не може да се обезбеди дури ни минимален развој на земјата, зашто сè се
ПОГЛЕДИ Украина доживеа слом. Ова е почеток на новата украинска епоха и засега никој не може со сигурност да го предвиди натамошниот развој на ситуацијата. Но важно е трезвено да се согледа суштината на она што се случува Многумина киевски аналитичари пишуваа дека е ова крај на Украинската советска социјалистичка република, односно на државата што се „испили“ од Советскиот Сојуз и која во текот на дваесет и кусур години ги зачува основните типични црти на сојузна република. Веројатно ова е и најточната дефиниција сведува на самопослужување на владејачките слоеви, кои се сè повеќе корумпирани. Ситуацијата со спогодбата за асоцијација на Украина со ЕУ уверливо покажа дека украинскиот врв нема никакви други мотиви, освен желбата да ја задржи власта и за себе да обезбеди гарантирана благосостојба. Понатамошните настани покажаа дека раководството нема ниту елементарно чувство за политика. Виктор Јанукович доживеа интелектуален и морален банкрот за кој и самиот придонесе. Најверојатно токму тој го заби последниот клинец на мртовечкиот ковчег на пролонгираната „Украинска советска социјалистичка република“. Подвижната сила на Мајдан е претставата за „национална револуција“, која сега има и свои митови: херои-маченици, пролиена крв и пожртвуваност во борбата за слобода. Судејќи според неодамнешните настани, ова е моделот на балтичките земји или на Азербејџан, каде што во центарот на Баку е подигната Алеја на шехитите во знак на сеќавање на жртвите на влегувањето на воените сили на 20 јануари 1990 година. Националната револуција има своја програма на која задолжително ќе се придржува идеолошки најзагрижениот дел на сегашните победници. Во оваа програма спаѓаат дефинирањето на „антинационалните“ сили и забрана на идеологијата поврзана со „проклетото минато“, како и лустрации и барања да се изрази лојалност, но не толку на новата власт, колку на новиот систем на симболи. РАДИКАЛИ СО АНТИРУСКИ ПРЕДЗНАК
И претходно во Украина имало вакви тенденции, но нивните импулси беа гасени во вискозна и аморфна средина. Денес жртвите ќе послужат како катализатор и оправдување за дејствувањето на силите расположени радикално. Со оглед дека ваквото дејствување инаку одговара на практиката на Источна и на Централна Европа по падот на комунизмот, Западот нема сериозно да негоду-
ва, дури и ако претерувањето има системски карактер, уште повеќе што политичкиот занес на екстремните радикали има очигледен антируски предзнак, а токму тоа им одговара на Европа и на Америка. Секако, паралелно ќе се одвива процесот на забрзано маскирање на владејачките кругови во ново руво и приспособување на новонастанатите околности. Во таборот на победниците има доволно претставници на „системската“ опозиција, која сака да остане на власт. Таа има поголемо искуство од „уличните борци“ и со самото тоа ќе има предност во претстојната политичка игра. Сосема е можна варијантата што потсетува на последиците од „обоената револуција“, кога победниците влегуваат во остар меѓусебен судир. Лидерски амбиции, почнувајќи од Јулија Тимошенко, која излезе на слобода, па сè до водачот на „Десниот сектор“, се толку големи што воопшто не предвидуваат постење на силна конкуренција. За жал, во нивната меѓусебна борба ќе победи онаа реторика што ќе биде порадикална. ШТО ДА ОЧЕКУВА МОСКВА?
Што треба да очекува Русија? Прво, веројатно повторно ќе станат актуелни темите што, како што се чини, беа затворени уште во 2010 година за време на потпишувањето на Харковската спогодба за Црноморската флота, кога беше усвоен неблоковиот статус на Украина. Со актуализирањето на прашањето за влез на Украина во НАТО целата колизија се пренесува на ниво на меѓународната безбедност, што подразбира и соодветна реакција на Русија. Второ, односот меѓу истокот и западот на Украина во новите услови може да предизвика големи компликации. Ако деловите на Украина што масовно не се поддржаа на Мајдан не се организираат во силна противтежа на сегашниот Киев, врз нив ќе биде извршен силен психолошки и политички притисок. Саботниот собир во Харков и настапот на водеч-
|5
ки личности од „источното крило“ не остава впечаток на енергија и на вистинска подготвеност за одбрана на своите интереси. Од друга страна, „националната револуција“ бара доследна украинизација и фактичко уривање на оној начин на живот, кој е зачуван пред сè во областите каде што мнозинството зборува руски. Русија е сега во тешка дилема. Состојбата е слична на онаа што ја имаше во балтичките земји, само што тука размерите се многу поголеми, зашто Москва ќе добива барања за помош од жителите на Украина што гравитираат кон Русија и чии права ќе се кршат за време на „националната изградба“. Во случај Русија да го игнорира тоа или да се задоволи со испраќање остри ноти од страна на Министерството за надворешни работи, кои немаат никаква тежина, тоа ќе се одрази и на самодовербата и на престижот. Од друга страна, мешањето во работите на соседната држава бара цврста политичка волја, свест за крајната цел и увереност дека таа цел ќе биде постигната, зашто таквото нешто само по себе е мошне ризично. НОВА СТРАНИЦА
Крајот на историјата на „Украинската советска социјалистичка република“ отвора нова страница, чија содржина е слична на настаните во Источна Европа по распадот на советскиот блок, со таа разлика што сите акутни проблеми со кои се соочија посткомунистичките држави тука можат да бидат поуочливи и побрутални, со оглед на големината и на спецификата на земјата, како и на сложеноста на ситуацијата во неа. И на крај, денешна Украина ја наследи територијата за која треба да им се заблагодари на советските генерални секретари. Според тоа, крајот на „Украинската советска социјалистичка република“ не означува само крај на определен социјално-политички модел, туку истовремено дава можност во најмала рака да се постави прашањето за конфигурацијата на самата држава.
Крајот на Украинската советска социјалистичка република не означува само крај на определен социјално-политички модел, туку истовремено дава можност во најмала рака да се постави прашањето за конфигурацијата на самата држава
6|
АВГАНИСТАН
Никој не очекуваше деветгодишна војна Николај Сурков
Советската војска го напушти Авганистан на 15 февруари 1989 година. Последниот советски војник што го премина мостот преку реката Аму Дарја беше командантот на 40. Армија, генерал Борис Громов, кој тогаш ја изговорил прочуената реченица: „Зад мојот грб нема ниту еден советски војник“. Разместувањето на советската војска во Авганистан почна во декември 1979 година, кога специјалните единици на КГБ со поддршка на единиците на војската го симнаа од власт комунистичкиот претседател Хафизула Амин, кој против волјата на Москва го интензивираше воведувањето на комунистичкото уредување во полусредновековната земја. Во почетокот на советски-
те генерали им се чинеше дека мисијата во Авганистан ќе биде кратка и едноставна. Но, многу брзо прерасна во долготрајна и исцрпувачка војна. Советската војска започна борба против грст фанатици, а до 1989 година веќе се бореше против добро организираните бунтовнички војски, зад кои стоеја ресурси од Запад, од арапските земји, па дури и од Кина. Ниту едно бунтовничко движење во целата човекова историја не добило странска поддршка од толкави размери.
Пред 25 години, на 15 февруари 1989 година, беше завршено повлекувањето на советскиот воен контингент од Авганистан. За време на деветгодишната војна во Авганистан загинаа речиси 14.000 советски војници, а околу 50.000 други беа ранети. Оваа воена кампања и денес предизвикува дискусии меѓу историчарите и ветераните
АВГАНИСТАН
Да се премине мостот што води кон Авганистан беше едноставно, но излезе дека е многу тешко човек да се врати. - Највисокото раководство на земјата ја потцени сложеноста на ситуацијата во Авганистан. Сметаа дека присуството на воздушно-десантните сили и испраќањето неколку единици ќе биде доволно за да завладее мир насекаде, но, за жал, реакцијата беше поинаква. Причина за тоа беше слободољубивоста на авганистанскиот народ, но и интервенцијата на САД, кои на муџахедините им даваа исклучително голема помош. Во Авганистан сите почнаа да се вооружуваат и, во суштина, беше создаден светскиот тероризам на чело со Осама бин Ладен - смета генерал-полковник Георгиј Шпак, командант на 350. гардиски падобранско-десантен полк.
И САД ПАДНАА ВО ИСТАТА ЗАМКА
- Како да нè фрлија во вжештена лава - вели гардискиот полковник на Воздушно-десантните сили, Владимир Савицки. Како и многу други советски војници, откако десет годни помина во Авганистан, тој заклучи дека во оваа земја е „невозможно да се победи со оружје“. Притоа, архаичното авганистанско општество ја отфрлаше идеологијата што ја донесе СССР. - Ние губевме во поглед на идеологијата, а таму религијата е мошне силно вкоренета. Всушност, таму не требаше да се воведува социјализмот - смета офицерот. Полковникот Савицки се сеќава дека во Авганистан мошне бурно реагирале на обидите за мешање во нивниот живот, но дека од советските војници со задоволство ќе прифатиле хуманитарна помош. Ветеранот на специјалната единица „Алфа“ Сергеј Гончаров, кој исто така учествувал во операциите во Авганистан, ја потврдува изјавата на Савицки. - Кога влегувавме во населбите што ги освојувавме со себе носевме лекари, кои народот ги нарекуваше „табиби“, и делевме производи. Имавме со-
сема поинаков однос кон населението. Американците се однесуваат на поинаков начин. За нив тоа е територија што, едноставно, треба да се освои - се сеќава Гончаров. Американските војници го проучија советското искуство, но се најдоа во истата замка како и СССР, зашто Авганистанците еднакво непријателски се однесуваат кон безбожните социјалисти и кон западната демократија. За нив, исто така брзата операција против терористите, се претвори во повеќегодишна војна. КАТАСТРОФАЛНА АВАНТУРА?
Дури и четвртина век подоцна во руското општество сè уште трае дискусијата за тоа каков став треба да се заземе кон авганистанската воена кампања. Рускиот сојуз на ветераните од авганистанската војна има намера да му се обрати на претседателот на Руската Федерација со барање за ревизија на политичката оцена за влез на советската војска во Авганистан. Имено, Конгресот на народни пратеници на СССР во 1989 година оваа војна ја оцени како „катастрофална авантура“. - Поминаа 25 години и тешко е да се суди за настаните од тие години, дали биле добри или лоши, но, ако ништо друго, верувавме дека се бориме за правда и не се сомневавме во тоа - смета ветеранот на специјалната единица „Алфа“ Сергеј Гончаров.
Во Авганистан сите почнаа да се вооружуваат и беше создаден светскиот тероризам на чело со Осама бин Ладен Георгиј Шпак
Советски војници пред заминувањето од Авганистан во 1989 г.
РИА Новости
Губевме во поглед на идеологијата, а во Авганистан религијата е мошне силно вкоренета. Всушност, таму не требаше да се воведува социјализмот Владимир Савицки
Тој прв стапна на територијата на Авганистан. - Ни велеа дека ќе ја завршиме оваа задача и дека ќе се вратиме дома. Но, излезе дека останавме таму девет години - додава Шпак Советскиот амбасадор во Кабул, Фикрјат Табеев, летото во 1983 година изјави: „Во Кремљ е сега Јуриј Андропов, а тој е свесен за сите бесмислености на нашето присуство во Авганистан. Наскоро сè ќе се смени“. Но, Андропов умре, а болниот Константин Черненко не стаса да се занимава со војната и дури со доаѓањето на Михаил Горбачов на власт Советскиот Сојуз (СССР) почна да бара излез од авганистанската замка.
|7
8|
НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА
Легендите за Бајконур Сите легендарни вселенски одисеи на Советскиот Сојуз започнуваат од една точка на планетава - од космодромот Бајконур и далечните степи на Казахстан. Местото од каде што полетаа првиот вештачки Земјин сателит, првиот апарат што ѝ се приближи на Месечината и првиот пилотиран орбитален вселенски брод, стана еден од симболите на почетокот на новата, космичка епоха
Екатерина Туришева
„Богата долина“ (на казашки јазик се нарекува „бајконур“) е назив за пустината источно од Аралско Море, од каде што човекот почнал да го освојува космосот. Постоеле планови првиот (и најголем) космодром на светот да биде изграден во Дагестан, во Маријската или дури во Астрахањската област, но на крајот, сепак, бил изграден во Кзилординската област, каде што и го добил своето име. Ова место било идеален спој на сите потребни фактори, почнувајќи од доволно големиот простор за поставување надземни станици за радиокомандно ракување, па сè до близината на екваторот и големиот број сончеви денови во годината. Меѓу номадите што ги населувале овие предели со векови кружела легендата за црниот овчар. Се зборувало дека порано црниот овчар направил огромна прашка од телешка кожа и со нејзина помош исфрлал вжештени камења кон небото штом непријателот ќе се појавел на хоризонтот. Камењата паѓале на земја и ги погодувале противниците, терајќи ги панично да бегаат. На местото на кое ќе паднел каменот ништо не можело да расте, животните пцовисувале и земјата на тие места била изгорена.
По распаѓањето на СССР, главниот советски космодром остана надвор од границите на Русија. Според договорот што е во сила, Русија може да го изнајмува Бајконур до 2050 г.
Без разлика колку фантазија има во споменатата легенда, факт е дека во овие краишта сè уште може да се забележи нешто слично, кога од гигантската „прашка“ на космодромот излетуваат „огнените“ ракети. ТАИНСТВЕН ПАТ КОН ЅВЕЗДИТЕ
Првиот чекор на човековиот „пат“ кон космосот е направен на 12 јануари 1955 година. На овој ден на железничката станица Тјуратам стасал возот од кој биле откачени два вагона, а од нив излегле луѓе со исти крзнени куси бунди. Тоа била првата работна група чија задача била да подготви сè што е потребно за пречекот на главниот одред на градители на Бајконур. Од станицата Тјуратам, пругата се протега уште еден километар низ степата и тука прекинува. Оваа линија никогаш не била завршена. Се зборува дека главниот советски конструктор на ракетно-космичката техника, Сергеј Корољов, дошол на идното градилиште и откако ја видел пругата како се протега во полето решил платформата за лансирање да се гради токму на местото каде што што завршуваат шините. Така се појавила првата лансирна рампа на Бајконур, таканаречениот „Гагарински старт“. Ракетите на
НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА
„ПАЛМИ“ ВО СТЕПА
За изградбата на Бајконур е поврзана уште една легенда. Кога започнало да се копаат темелите за „Гагаринскиот старт“ на длабочина од 35 метри било откриено древно огниште. Археолозите процениле дека е старо 10-35.000 години. Корољов ова откритие го доживеал како добар знак. Се зборува дека рекол: „Нашето градилиште е на граница на животот. Доколку пред нас тука постоел
Околу легендарниот Бајконур, како и околу сѐ што е легендарно, се изродија различни приказни, и тоа такви што со сигурност не може да се одреди што во нив е легенда, а што е вистина живот, тогаш ова место и нам ќе ни донесе среќа“. Се зборува дека конструкторот зел за спомен еден јаглен од древното огниште и дека го чувал во кутија од кибрит. Човековиот успешен лет во космосот ги изненади земјите од Западот и предизвика невидено интересирање за новиот космодром, а во јуни 1966, кога СССР го посети лично генерал Шарл де Гол, Советскиот Сојуз и Франција потпишаа спогодба за соработка во освојувањето и во проучувањето на космичкиот простор за мирољубиви цели. Тогаш за државниците била организирана и „екскурзија“ до местото од каде што се лансирани советските космички апарати. Операцијата за подготовка на средбата за важни гости влезе во историјата со криптонимот „Палма“. За делегацијата на чело со Де Гол оваа операција била наречена „Пал-
ма 1“, а со неа раководел лично генералниот секретар на Централниот комитет на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз. Гратчето Ленинск, оддалечено 45 километри од Бајконур, пред доаѓањето на високите гости на 25 јуни 1966 година стана висок „Ѕвезден град“. Блескал како генералска чизма. Темелно е реновирано секое катче, почнувајќи од нов асфалт, па сè до свежо обоените огради. На гостите им било демонстрирано лансирање на ракета со сателит од серијата „Космос“. Тоа на Де Гол оставило силен впечаток. Се зборува дека неговиот син, набљудувајќи со двоглед како лета ракетата „Восток“, непрекинато повторувал: Колосал! Колосал! Во казашката степа според официјалните податоци биле „одгледани“ четири „Палми“ откако постои космодромот. Последен пат Бајконур бил среден во 1970 година наспроти доаѓањето на претседателот на Франција Жорж Помпиду. За волја на вистината, можеби имало многу повеќе „Палми“. Кој знае какви други епизоди може да скрие историјата на еден од најстрого чуваните полигони во СССР.
Во близина на Бајконур бил изграден лажен космодром со празни објекти, а покрај него и макета на градот во природна големина
РИА Новости
оваа платформа сè уште се довезуваат по шините поставени во почетокот на 20 век. Патем речено, самиот космодром најнапред го добил името по таа железничка станица, но со оглед дека платформата е градена во најстрога тајност, тој во документите фигурирал под друг назив. Згора на тоа, во близина на идниот космодром во интерес на конспирацијата изграден е лажен космодром со празни објекти, а покрај него макета на градот во природна големина, со училишта, станбени згради и други објекти. Во тајност е чуван и називот на објектот и самата негова изградба. Сиот градежен материјал за космодромот бил носен на станицата Тјуратам во обични патнички вагони. Работниците ги истоварале материјалите исклучиво ноќе, но не знаеле каков грандиозен проект се реализира со нивно учество. До последен момент биле убедени дека тука се гради стадион, а не било вообичаено да се распрашуваат кому му е потребен стадион во казашката степа каде што нема жива душа.
|9
10 |
РУСИЈА И МАКЕДОНИЈА
ДАРИНКА КРСТАНОВА, ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ ВО БИТОЛА
Со гордост ја претставувам Русија во Македонија Емил Ниами
Фотографија од лична архива
Објаснете ни што значи да се биде почесен конзул. - Назначена сум со патентно писмо од Министерството за надворешни работи на Руската Федерација, кое ми беше свечано врачено во амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија. Со егзекватура на Министерството за надворешни работи на Македонија потврдени се надлежностите и конзуларното подрачје, определени со патентното писмо. Да се биде почесен конзул на Руската Федерација во Република Македонија со седиште во Битола е неизмерна чест и задоволство. Руската Федерација ја сметам за моја втора татковина. Со гордост ја претставувам Руската Федерација, во моето конзуларно подрачје во Македонија. Правата и должностите на почесниот конзул се определени со Виенската конвенција за конзуларни одоси од 1963 година, а, секако, и правилата за статусот на почесните конзули во Руската Федерација. Назначена сум за почесен конзул на Руската Федерација во 2001 година, по 140 години од отворањето на првото руско дипломатско претставништво, во Битола. Традицијата се продолжи, па макар и со функцијата почесен конзул на Рускара Федерација во Република Македонија. Назначена сум како 33-ти почесен конзул на Руската Федерација, а прв почесен конзул на Руската Федерација на Балканот. Основните права и должности како почесен конзул се регулирани од погоре посочената регулатива и во основа се: да се грижам за правата на руските државјани во Македонија, да помагам во развојот на односите меѓу моите две сакани држави во рамките на културата, образованието, туризмот, економијата, спортот и на кое било друго поле на билатерален план.
красни благородни чувства. Русија и Македонија имаат толку длабоки заеднички корени, што ниту еден дневнополитички настан не може да ги разниша. Благодарна сум за бескрајната соработка со амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, како службено така и на приватен план.
ОДЛИЧНИ ИСКУСТВА
Какво е вашето искуство во работењето како почесен конзул на Руската Федерација во Република Македонија? - Моето искуство како почесен конзул на Руската Федерација е немерливо. Како прво, соработката со амбасадорите на Руската Федерација во Република Македонија, кои ги сметам за дипломати од прв ранг, како и сите други вработени во амбасадата на Руската федерација во Република Македонија, ме исполнува со огромно позитивно искуство и со пре-
Даринка Крстанова е жената што ја знае цела Битола. Таа е и почесен конзул на Руската Федерација во градот на конзулите. Крстанова во ексклузивно интервју за „Руска реч“ објаснува што значи да се биде почесен конзул, кои работи ги врши тој и какви резултати се постигнати во билатералните односи со нејзина помош Што е постигнато во развојот на рускомакедонските односи со заложба на Почесниот конзулат во Битола? - Пред сè, се гордеам што почесниот конзулат во Битола и јас како почесен конзул секогаш сме достапни и отворени за соработка, како за руските државјани така и за македонските државјани што имаат прашања, проблеми или, едноставно, сакаат да поразговараме за двата словенски народи и двете наши држави. Во таа смисла, како и императорските кон-
зулати и конзули, традицијата е продолжена, отворена е вратата за соработка со сите. Сите активности на почесниот конзулат биле и ќе бидат за развој на руско-македонските односи. Возобновувањето на споменикот „Руски крст“ во чест на А.А.Ростковски (иницијатива од месното население во кое припаѓав и јас), одбележувањето на 80-годишнината од постоењето на Руската црква во Битола, збратимувањето на Битола со Пушкинскиот регион од Руската Федерација. Промоциите за книгите „Разговор со Владимир Путин“ - во прво лице, „Руската колонија“, книгата на Евгениј Примаков, промоција на поштенската марка „Спутник 1“, многуте изложби - изложба на Руските декабристи, „Историјата на дипломатијата“, „Дипломатските односи меѓу Руската Федерација и Република Македонија“, „Репродукциите на Казимир Малевич“, „Ракотворбите од Иваново“, „Руските цркви“, „Патувањето на Достоевски“, саемот на книги, прославата на 150 години руска дипломатија во Битола и издавањето на двојазичната брошура со назив „150 - Руска дипломатија во Битола“. Сите горенаведени изложби ги отворав и во други градови: Прилеп, Ресен, Кичево, Кочани, Радовиш, сè со цел на развој на македонско-руските односи. Учество на конференцијата „Жените на 21 век - Дијалог без граници“, одбележување на Годината на рускиот јазик во конзулатот, одбележување на годишнини на конзулатот, многуте средби со делегациите од Московскиот државен универзитет „М.В. Ломоносов“ и Правниот факултет од Скопје, средби со Организацијата на жените од Москва, најразлични интервјуа за медиумите, учество на најразлични конференции организирани на локално ниво и пошироко, а особено би ги истакнала секојдневните средби и контакти со руските државјани во моето конзуларно подрачје.
ПРОДОЛЖЕНА РАКА НА АМБАСАДАТА
Каква е соработката меѓу конзулатот и амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија? - Почесниот конзулат на Руската Федерација во Република Македонија сметам дека е продолжена рака на амбасадата во моето конзуларно подрачје. Сите активности произлегуваат од одличната соработка со амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија и сум ги преземала како конзулат и како конзул секогаш во договор и
РУСИЈА И МАКЕДОНИЈА
други институции, организации и здруженија, соработувам секогаш беспрекорно, низ контакти, доставување на информации и фотографии за нивни потреби при отворање на изложби, организирање трибини, сè со цел истакнување на русофилството во Битола преку културата, обичаите и традицијата на Руската Федерација. Покрај активностите од културата, имам придонес и во развојот на економијата, односно организатор бев и на средба на трговскиот советник г. Петар Стојанов со стопанствениците од Битола, Прилеп, Ресен и Демир Хисар, уште пред да се формира македонско-руската стопанска комора, учествував во решавање на проблемите во Битола при изградбата на првата бензинска станица на Лукоил-Македонија, контактирав и со претставници на Гришко-компанијата, како и лично со сопственикот Гришко и другите руски инвеститори во Македонија.
Игор Бансколиев, „Нова Македонија“
Крстанова со амбасадорот на Русија во Македонија, Олег Шчербак
дослух со амбасадата. Споредувајќи ги искуствата на другите почесни конзули и нивните амбасади, соработката на конзулатот и амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија секогаш е на едно завидно ниво. За сите досегашни активности следувале и признанија и награди. Имам добиено орден за 200 години од работата на МНР на Руската Федерација, орден за 200 години од конзуларната работа на МНР на Руска Федерација и најразлични признанија и плакети од руски институции и македонски организации и здруженија за моето активно учество како почесен конзул на Руската Федерација. СОРАБОТКА СО МАКЕДОНСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ
Каква е соработката на конзулатот со институциите на власта на локално и на национално ниво? - Соработката на почесниот конзулат на Руска Федерација со институциите на локално и национално ниво, според моите согледувања, е на највисоко ниво. Почнувајќи од претседателот на Република Македонија, министерот за надворешни работи на Република Македонија, градоначалникот на Општина Битола и другите градоначалници во моето конзуларно подрачје и многу други институции. Моја сериозна забелешка, која секогаш, па и сега сакам да ја истакнам, е местото и улогата на рускиот јазик во Република Македонија, кој е еден од светските јазици. Се обидов на локално ниво, уште со моето назначување како почесен конзул, изучувањето на рускиот јазик да се обнови. Заклучоци во врска
| 11
КОНТАКТИ СО ДРУГИТЕ КОНЗУЛАТИ
со местото и улогата на рускиот јазик во Република Македонија доставивме и од конференцијата што се одржа во конзулатот во Битола со професори по руски јазик од цела Македонија, советникот од Бирото за развој на образованието во Македонија и претставник од амбасадата при одбележување на „Годината на рускиот јазик“. Сметам дека овој проблем треба да се поставува постојано и директно, како сериозна забелешка на ниво на Република Македонија, до сите надлежни институции, особено поради заинтересираноста на руските инвеститори во Македонија за непостоењето стручен кадар со познавање на рускиот јазик. Битола е многу важно културно подрачје во Македонија. Какви активности презема конзулатот на ова поле? - Со сите институции во Битола, како Народниот театар, Центарот за култура, музејот, библиотеката, Малиот битолски монмартр и
Постои ли соработка со другите почесни конзулати и дипломатски претставништва во земјава? - Соработката со другите почесни конзулати во Битола е одлична, нашите контакти се речиси секојдневни. Имаме остварено повеќе средби, формирана е и Асоцијација на почесните конзули на странските земји во Македонија. Исто така, и со дипломатските претставништва во земјата соработката е одлична, видно од поканите кои ги добивам за присуство на нивни настани. Кои се вашите видувања и планови за идната работа како конзул и за работата на конзулатот воопшто? Плановите за идната работа како конзул и за работата на конзулатот произлегуваат од традицијата, 153-годишнината на руската дипломатија во Битола. Во план ми е организирање на научни симпозиуми за настани и личности, значајни за Руската Федерација, а се поврзани со Александар Аркадиевич Ростковски, Иван Мељников и други. Секако, се надевам на идни средби со почесните конзули во Руската Федерација. Од моето назначување до денес остварена беше само една средба, а таквите средби се мошне корисни за размена на искуства и за нашите идни активности.
Добитничка на орденот „Мир и дружба“
Вие сте добитничка на „Мир и дружба“, што претставува највисока награда која Руската Федерација може да ја додели на странец. Што значи ова за вас? - Орденот „Мир и дружба“, доделен од тогашниот претседател на Руската Федерација Д.А. Медведев, лично за мене е врвно достигнување. Престојот во Москва, целата церемонија на доделувањето на орденот „Мир и дружба“ во резиденцијата Горки во Москва, средбата со харизматичниот (тогашен) претседател на Руската Федерација Д.А.Медведев, беше настан со кој се гордеам, кој се врежа во мојот живот како една скапоцена нишка. Но, не само за мене, настанот со гордост се проследи во мојот град Битола и во Република Македонија. А, секако, останата ми е во сеќавање средбата со министерот за надворешни работи Сергеј Лавров. Можеби нескромно, но се надевам дека ќе заслужам, ако не некоја награда, барем да остварам средба со сегашниот претседател на Руската Федерација, Владимир Путин.
12 |
ПАТУВАЊА
Русија - светот во мало Знаете ли дека е доволно да пропатувате низ Русија за да го видите сиот свет? Од песочните плажи на Далечниот Исток до селата што личат на швајцарски села во зафрлените делови на Јужен Сибир, од германските села на брегот на Балтичко Море до мостот преку Босфор - сето ова е Русија Дмитриј Севастјанов
ТИБЕТ?
Будистичкиот манастир „Иволгински дацан“ е изграден во 1945 година
ГЕРМАНСКО СЕЛО?
Речиси е така. Градот Зеленоградск се наоѓа на Балтикот во Калининградската област. Калининград порано се викал Кенигсберг, а го основале витезите на Тевтонскиот ред во 1255 година. Овој град бил населен од германските колонисти и од тевтонските витези, за на крајот да стане престолнина на Пруското Војводство. Калининград бил дел од Третиот Рајх, а по завршувањето на Втората светска војна му припаднал на Советскиот Сојуз. Денес тука живеат Германци, Грци, Ерменци, Полјаци, Руси и Литванци. Луѓето што оттука биле протерани по воспоставувањето на советската власт често се враќаат за да ги посетат старите куќи, гробиштата и германските замоци. Многу тукашни знаменитости и градови порано носеле поинакви имиња. Така, на пример, Зеленоградск порано се викал Кранц.
ИСТАНБУЛ?
Иако Владивосток се наоѓа многу понасевер од Истанбул, и тука постои залив што се нарекува Златен рог. Преку него, во 2012 година, наспроти самитот на земјите од Азиско-тихоокеанската соработка (АПЕК), подигнат е висечки мост. Но, Владивосток почес-
Ленските камени столбови се огледуваат во мирните води на реката Лена
Lori / Legion media
КИНЕСКА КАМЕНА ШУМА?
Lori / Legion media
Lori / Legion media
Овој манастир се наоѓа на 100 километри од Бајкалско Езеро, недалеку од градот Улан Уде во Република Бурјатија. Во светот тој не е познат, исто како што не е познат ни фактот дека во Русија има будисти. Манастирот се нарекува Иволгински дацан и изграден е во 1945 година, веднаш по завршувањето на Втората светска војна. Служи како резиденција на водачот на будистите во Русија, а е составен од седум различни храмови и универзитет, каде што будистичките лами се подготвуваат за идната служба во различни новоосновани храмови во Бурјатија. Улан Уде не е познат само по својот будистички манастир туку и по споменикот во облик на главата на Ленин, најголем од ваков вид во светот.
Зеленоградск се наоѓа во Калининградската област
то се споредува со Сан Франциско отколку со Истанбул. Советскиот водач Никита Хрушчов дури и донел одлука да се изгради жичарница во овој ридест град за од него да направи втор Сан Франциско. Но, сите работи во овој правец биле запрени по изградбата на постојната жичарница, па Владивосток го задржал својот уникатен спој на кинеската и руската култура. Не, ова се Ленските столбови, уште едно место од Листата на светското наследство на УНЕСКО. Уникатните камени облици почнале да се формираат пред 540-560 милиони години и лежат на слој варовник од периодот на камбриумот. Величествените карпи обраснати со шума се огледуваат во мирните води на реката Лена, главната сообраќајница што води до оваа природна знаменитост. Иако е потребно помалку време за да се стаса од Европа до Ленските столбови отколку до Камената шума, патувањето е, сепак, многу напорно - вклучува авионски лет до Јакутск, потоа патување со автобус до пристаништето, за конечно да се поминат неколку часа на брод или на траект. На определени столбови е невозможно да се искачите, но постојат неколку возвишувања на околу 100 метри над земјата од кои може да се ужива во убавините на сибирскиот пејзаж испресечен со преубави реки.
ПАТУВАЊА
| 13
ШВАЈЦАРИЈА?
ВЕЛИГДЕНСКИ ОСТРОВ?
Lori / Legion media
Камените кипови се вообичаена глетка на островите на Индиски и на Тихиот океан, но не и во субарктичката висорамнина длабоко во тајгата. Гигантските камени „идоли“, на далечната висорамнина Мањпупуњор на Северен Урал во Република Кома, всушност се природни карпи, кои ветриштата ги обликувале во текот на илјадници години. Неколку вакви „идоли“ се високи 30-40 метри. Мањпупуњор е омилена дестинација за оние што уживаат во природата. До неа може да се стаса или пеш, а тоа трае неколку дена, или со хеликоптер.
АВСТРАЛИЈА?
Lori / Legion media
Пејзажи на рускиот остров Монерон во Јапонско Море
Веројатно е тешко да се измешаат Мелбурн и Владивосток, но брегот на Јапонско Море (Источно Море) лесно може да се замени со австралискиот брег. Пејзажите на рускиот остров Монерон во Татарскиот теснец потсетуваат на тропскиот остров од телевизиската серија „Изгубени“. Многу загрозени животински видови, како што е сибирскиот тигар, можат да се видат во Приморскиот крај или во Приморјето, како што уште се нарекува оваа област во Русија. Тука постојат голем број природни резервати, во кои живеат бројни билни и животински видови. Овој крај уште се нарекува и „руска порта кон Азија“, но некои нејзини оддалечени предели сѐ уште се непристапни.
Санкт Петербург го нарекуваат Венеција на северот
ИТАЛИЈА?
Lori / Legion media
Не, ова е, всушност, Авчаинскиот залив на полуостровот Камчатка. Неговата должина изнесува 24 километри и претставува втор залив во светот по големина по Порт Џексон во Австралија. Авачинскиот залив е толку голем што во него можат да се сместат сите бродови од светот. Оттука се гледаат три вулкани - Корјакискиот, Авчанскиот и Виључинскиот. На влезот во лагуната од водата се издигаат три карпи, кои го носат називот „Тројца браќа“. Оваа знаменитост се смета за природно богатство и симбол на Авачинскиот залив и блискиот град Петропавловск Камчатск. Заливот претставува главен премин за луѓето и за стоката што стигнува на полуостровот, додека на карпите околу него се наоѓаат неколку волшебни гротла до кои може да се стаса само со моторни кајаци.
Санкт Петербург го нарекуваат „Венеција на северот“, но тоа не го прави италијански град. Овој град, кој се наоѓа на мочуришна почва, претставува најголемо пристаниште во Русија и руски „прозорец кон Европа“. Туристичката престолнина на Русија е позната по подвижните мостови, по долгите крајбрежја, по романтичните „бели ноќи“, кога сонцето заоѓа само накратко, по фасадите од времето на Руската Империја и по бројните шармантни улици, многу од кои своето име го имаат добиено според руските писатели од 19 и од 20 век.
ПЛАНИНАТА ФУЏИ?
Вулканот Кроноцкаја Сопка се наоѓа во истоимениот национален парк на Камчатскиот полуостров, а неупатениот набљудувач би помислил дека станува збор за планината Фуџи. Но, ова не е Јапонија, туку Русија. Кроноцкиот резерват е една од најстарите заштитени природни зони во Русија. Тука има голем број гејзири и термални води, а излегува и на Тихи Океан. Долината на гејзирите се наоѓа на официјалниот список „Седумте чуда на Русија“. Ова е единствено место на евроазискиот континент со гејзирски полиња. Притоа, оваа област се простира на многу поголема површина од прочуените гејзирски полиња на Исланд.
Lori / Legion media
ЗАЛИВОТ ХАЛОНГ?
Lori / Legion media
Алтајските Планини во Јужен Сибир на границата со Монголија
Многу личи на неа, но се наоѓа 6.500 километри источно - Алтајските планини се наоѓаат во јужен Сибир на границата со Монголија. Поради недостиг на патишта и на други видови инфраструктура во оваа оддалечена планинска област, Алтајските планини, од чија убавина застанува здивот, и понатаму се едно од најнепристапните места во Русија. Главен град и единствено урбано подрачје на Република Алтај е Горно-Алтајск, кој има 60.000 жители. Другите жители живеат по селата. Мештаните велат дека митското кралство Шамбала се наѓа некаде на „рускиот Тибет“.
Вулканот Кроноцкаја Сопка на полуостровот Камчатка
14 |
ОЛИМПИЈАДА
Рекордите на „Сочи 2014“ Олимпијадата во Сочи стана историја. Сепак, Зимските олимписки игри (ЗОИ) ќе бидат запаметени не само по успесите на руските спортисти. Се поставија неколку рекорди поврзани со Олимпијадата, започнувајќи од организацијата на емитувањето и завршувајќи со правењето на медалите, кои беа најголемите во целата историја на Олимпијадата. И тоа не се единствените работи што ја прават уникатна Андреј Резчиков, Елена Сидоренко, vz.ru
Сè започна со штафетата на олимпискиот оган, која траеше најдолго и беше најголема според обемот во историјата на Зимските олимписки игри (ЗОИ). Олимпискиот оган го носеа 14.000 факелоносци, а штафетата започна на 7 октомври и заврши на денот на отворањето на олимпијадата - 7 февруари. Во текот на 123 дена факелот помина повеќе од 65.000 километри со автомобили, возови, авиони, а, исто така, и со коњичка тројка и со кучешка запрега пред очите на 130 милиони жители на Русија. Спортската програма постави олимписки рекорд според вкупниот број видови натпреварувања и според бројот на нови видови, а ги имаше 12 повеќе. Меѓу нив се најдоа скихалфпајп, ски-слоупстајл, сноуборд-слоупстајл и паралелен слалом во сноуборд. Олимпијадата стана и „најрамноправна“. На неа учествуваа рекорден број жени, околу 1.200, односно 45 отсто од вкупниот број спортисти. Притоа, руската репрезентација беше најмладата и најмногубројна по составот. Средната возраст изнесуваше 22,4 години, што е за четири години помалку отколку на XXI Олимписки зимски игри во 2010 година во Ванкувер. Најмлада руска спортистка беше петнаесетгодишната лизгачка Јулија Липницкаја, која освои златен медал во екипното натпреварување.
НАЈМНОГУ ЗЕМЈИ
За првпат во историјата на зимските олимпијади во Сочи настапија претставници на Доминиканската Република, Зимбабве, Малта, Парагвај, Источен Тимор, Того и Тонга. На Олимпијадата се натпреваруваа спортисти од 88 земји (во Ванкувер нивниот број изнесуваше 82). Олимпијадата во Сочи ќе биде запомнета и по медалите, кои беа најголеми и најтешки во целата историја на олимписките игри. Како што пресметаа експертите, за изработка на медалите Русија потрошила два тони сребро, 70 килограми бронза и повеќе од шест килограми злато. Организаторите се потрудија преносот да го направат максимално удобен за гледачите.
14.000
факелоносци го носеа олимпискиот оган
65.000
километри мина факелот за 123 дена
88
земји се натпреваруваа на Игрите
21
земја освоија златни медали
Новина стана и снимањето на натпреварите со беспилотно летало со ХД-камера. Ова беспилотно летало со шест завртки со тежина од пет килограми и дијаметар од 1,3 метри можеше да се движи со брзина од 70 километри на час. Камерманот добиваше агол што не е возможно да се направи со помош на камера закачена на кабли, на кран или на цепелин. МИЛИОНИ ГЛЕДАЧИ
За првпат во историјата на Олимпијадата телевизискиот пренос се вршеше во формат супер хај-вижн (Super Hi-Vision), размер што е двапати поголем отколку на кино, со 16 пати појасен сигнал отколку во ХД-формат.
Сите овие трикови за пренос не беа залудни. Според статистиката на Меѓународниот олимписки комитет, олимпијадата пред екраните собрала 25,1 милиони гледачи повеќе отколку истиот настан во Ванкувер. Вечерните преноси ги следеле повеќе од 26 милиони луѓе. Во САД преносот од Сочи бил попопуларен од телевизиските шоуа и од сериите. Во Германија, исто така, имало голем гледачки интерес. Натпреварите по скокови од скокалница ги следеле 8,7 милиони Германци, што е повеќе отколку гледачите на олимпијадата во Ванкувер и во Торино во 2006 година. Но, најголемата публика пред екраните беше онаа од Русија. Директниот пренос на отворањето на олимпијадата го гледаа 35,6 милиони гледачи. На 21 февруари имаше рекорден број гледачи на олимпијадата. Главните моменти на хокејскиот меч меѓу Финска и Русија ги гледаа 1,7 милиони гледачи. Брзото лизгање пред телевизиските екрани собра повеќе од еден милион гледачи. Олимпијадата во Сочи постигна рекорд и по бројот на земјите што освоија златни медали - 21. Во Ванкувер олимписки шампиони станаа претставници на 19 држави. Бројот на комплетите на награди расте од една до друга олимпијада, па, така, доколку на првите „бели“ игри, кои се одржаа во 1924 година во Шамони, Франција, спортистите се натпреваруваа во 14 дисциплини, а по-
Се родија рекорден број деца На денот на отворањето на Олимпијадата во Сочи беше поставен и рекорд во бројот на родени деца во Русија во изминативе десет години. На свет се појавија 24 момчиња и 10 девојчиња. Вечерта, додека се палеше олимпискиот оган, се родија седум деца, а едно од нив е родено во истата минута кога беше отворена и Олимпијадата, односно во 20 часот и 14 минути според московско време.
| 15
ЗОИ „Сочи 2014“
ОЛИМПИЈАДА
Рускиот тим на церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри, на стадионот „Фишт“ во Сочи, на 7 февруари 2014 г.
3.600.000
1.000.000
300.000
бедници имаше од осум земји, во Сочи имаше шампиони во 98 спортски дисциплини. Уште пред да започне олимпијадата постави рекорд според сумата на приходите од маркетиншката програма. Оваа сум надмина 1,3 милијарди долари, што за 1,5 пат го надмина аналогичниот показател од зимските игри 2010 во Ванкувер и за трипати ги
надмина очекувањата. Слични приходи од националните спонзори досега имаат добиено само Летните олимписки игри во Пекинг во 2008 година. Притоа, треба да се одбележи дека на летните олимпијади учествуваат повеќе спортисти, тие собираат поголем број гледачи, па затоа приходите од зимските и од летните
олимпијади не можат да се споредат. Од сувенирите рекордот според продажбата го урнаа плишените играчки. Беа продадени повеќе од 3,6 милиони маскоти на Олимпијадата 2014 и повеќе од еден милион бели мечиња. Исто така, се продадоа повеќе од 300.000 пара лизгалки, повеќе од 70.000 пара скии и 260.000 фудбалски топки.
6
25,1
1,3
маскоти се продадоа на Игрите
килограми злато, 2 тони сребро и 70 килограми бронза потроши Русија за медалите
бели мечиња
милиони гледачи пред екраните повеќе собра Олимпијадата во Сочи во однос на Игрите во Ванкувер
пара лизгалки
милијарда долари надминаа приходите од реклами уште пред да почнат Игрите
ИМПРЕСУМ
16 |
Владимир Смирнов / ИТАР-ТАСС
Писмата на читателите, колумните и илустрациите означени како „мислење“, како и текстовите од рубриката „погледи“ во овој додаток се избрани за да претстават различни гледишта и не го изразуваат нужно гледиштето на уредникот на проектот „Russia Beyond the Headlines“ или на весникот „Росијскаја газета“. Ве молиме вашите писма и коментари да му ги испраќате на уредникот на urednik@ruskarec.mk
Додатокот „Руска реч“ го финансира, уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва, Русија).
Интернет-страница: ruskarec.mk Еmail: urednik@ruskarec.mk Телефон: +7 (495) 775 3114 Факс: +7 (495) 988 9213 Адреса: ул. Правды 24, д. 2, Москва 125993, Россия.
ЕВГЕНИЈ АБОВ издавач и директор на RBTH ПАВЕЛ ГОЛУБ главен уредник на додатоците на RBTH ВЈАЧЕСЛАВ ЧАРСКИ извршен уредник за Јужна и за Средна Европа ЕМИЛ НИАМИ превод, лектура, веб, гостин-уредник на додатокот „Руска реч на македонски“ ЈАНЕ ЈОВАНОВ, ТРАЈЧЕ СТОЈАНОВ превод, лектура, веб ЕКАТЕРИНА ТУРИШЕВА, МАРИЈА СМИРНОВА асистенција, веб НИКОЛА ЛЕЧИЌ, ИРИНА РЕШЕТОВА ко-уредници АНДРЕЈ ЗАЈЦЕВ, НИКОЛАЈ КОРОЉОВ илустрации За огласување во овој додаток, ве молиме да се обратите на ЈУЛИЈА ГОЛИКОВА, директор на одделот за односи со јавност: julia.golikova@rbth.ru.
КАЛЕИДОСКОП
Традиционално палење на сламената кукла на последниот ден од Масленица во Суздаљ, на 2 март 2014 година. Церемонијата на отворањето на Параолимписките игри во Сочи на стадионот „Фишт“, 7 март 2014 г.
Забрането е копирање, дистрибуција или преземање на содржините од овој додаток, освен за лична употреба, без писмена согласност на „Росијскаја газета“. Ве молиме за дозвола да се обратите на телефон +7 (495) 775 3114 или на и-мејлот urednik@ruskarec.mk. „Russia Beyond the Headlines“ не сноси одговорност за ненарачаните текстови и фотографии.
Специјалните додатоци за Русија во светските дневни весници ги уредува и ги издава „Russia Beyond the Headlines“, во организација на „Росијскаја газета“ од Москва. Во моментов додатоци се објавуваат во следниве весници: Le Figaro, Франција • The Daily Telegraph, Велика Британија • Süddeutsche Zeitung, Германија • Еl País, Шпанија • La Repubblica, Италија • Le Soir и European Voice, Белгија • Дума, Бугарија • Политика и Геополитика, Србија • Eleutheros typhos, Грција • The Washington Post, The New York Times и The Wall Street Journal, САД • Navbharat Times и The Economic Times, Индија • Mainichi Shimbun, Јапонија • China Business News, Кина • South China Morning Post, Кина (Хонгконг) • La Nacion, Аргентина • Folha De S. Paulo, Бразил • El Observador, Уругвај • Today, Сингапур • Joongang Ilbo, Јужна Кореја • Sydney Morning Herald и The Age, Австралија • Gulf News, Обединети Арапски Емирати Електронска пошта на редакцијата „Руска реч“: urednik@ruskarec.mk. Повеќе информации на http://ruskarec.mk
Ољга Соколова
© 2013 сите права се задржани од ФГБУ „Росијскаја газета“: АЛЕКСАНДAР ГОРБЕНКО претседател на редакцискиот совет, ПАВЕЛ НЕГОИЦА генерален директор, ВЛАДИСЛАВ ФРОНИН главен уредник.
Кристина Богачева
ИГОР ДАНИЛОВИЌ координатор на „Руска реч“ во „Нова Македонија“ МАРЈАН ДЕЛЕВСКИ дизајн САША БЕЛЕВСКА технички уредник
На 2 март Москва ја прогласи победничката на „Мис Русија 2014“. Годинава титулата најубава жена на Русија ја однесе 23-годишната Јулија Алипова од Балаково, Саратовска област, оддалечена околу 1.000 километри од Москва.