Руска реч на македонски (#19)

Page 1

mk.rbth.com

Прилогот го уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва), која е целосно одговорна за содржината. Се печати и се дистрибуира во соработка со „Нова Македонија“.

Издание на

По примирјето стр. 4-5

САБОТА - НЕДЕЛА, 20-21 СЕПТЕМВРИ 2014 ГОДИНА

Најпривлечни се енергетските проекти стр. 6-7

БРОЈ 19

Генетски мас-маркет стр. 10-11

стр. 2-3

Само на mk.rbth.com Повеќе теми на интернет -страницата на „Руска реч“

Мистериозните зони на Урал стр. 12-13

„Росијскаја газета“ уредува прилози за Русија во 29 водечки светски весници, вклучувајќи ги и „Њујорк тајмс“, „Дејли телеграф“, „Фигаро“ и „Ла Република“

Асошиејтед прес

Трагедијата во Беслан: 10 години подоцна


2|

ОПШТЕСТВО

Трагедијата во Беслан: Елена Мелихова Школската година во Беслан, град во Северна Осетија, повеќе не започнува на 1 септември. Сега децата тргнуваат на училиште дури на 5 септември. Една личност, сепак, секоја година заминува на училиште рано наутро секој први септември. На овој ден Рита Сидакова врзува црна марама и полека оди по познатата патека, по која некогаш итала на часови нејзината ќерка. Оди право во школската фискултурна сала, која е разурната од експлозии и од пожар. Понекогаш таа стои таму сè до следното утро, а понекогаш дочекува и две утра. Без храна и без вода. Исто како и нејзината деветгодишна ќерка, која тука на нишанот на автоматот ги помина последните часови од својот живот. ТРИ ДЕНА И ТРИ НОЌИ БЕЗ ВОДА

- Алочка беше моето единствено, долгоочекувано дете. Сама ја воспитував. Тоа утро ја испратив на училиште, а јас заминав на работа. Се сеќавам дека седев во својот кабинет и одеднаш се стресов. Погледнав на часовникот, беше 9.15. Како што излезе, токму во тоа време во училишниот двор се случило првото пукање. Десет минути подоцна заѕвони телефонот: 'Зошто седиш тука? Терористи го зазеле училиштето! - раскажува Рита Сидакова. Времето минуваше бескрајно бавно. На крајот, на 3 септември, по две експлозии, започна стихијна акција за ослободување на заложниците. На некои им успеа да се извлечат живи, но многумина останаа внатре. Алочка е погребана во „Градот на ангелите“ – така се нарекува делот од гробиштата во Беслан каде почиваат жртвите на ужасниот терористички напад. - Многу сум ви благодарна што имате разбирање за нашата несреќа. Добрината и сочувството на луѓето од целиот свет ни дава сила и ни ја ублажува болката. Вие ни помагате да бидеме посилни - вели нашата соговорничка.

Гратчето Беслан во Северна Осетија на југот на Русија на 1 септември 2004 година стана познат низ целиот свет поради едно од најбруталните и најциничните злосторства во историјата на човештвото. Група терористи ја зазеде училишната зграда за време на приредбата посветена на првиот училиштен ден. Страшниот терористички напад однесе 333 животи и засекогаш го измени животот на сите жители на Беслан. Каде се денес учесниците од оваа трагедија и што се случува со нив по 10 години? ла, а секаде наоколу терористите затегаа некакви жици. Ни велеа дека набргу сите ќе умреме. Беше толку тесно што не можевме дури ни да ги испружиме нозете. Но, и во таква состојба некако успевавме да заспиеме - вели Мадина. Мадина од експлозијата се здобила со многу повреди. Најлоша била онаа на главата. Тогаш оние што биле најтешко ра-

нето биле испраќани во федералните центри. Мадина со уште единаесет повредени деца со воен авион била превезена во Ростов во детската болница. Таму и` била направена операција на големиот мозок, од кој бил изваден гелер. Биле вложени големи напори девојчето повторно да се крене на нозе. По Ростов следела рехабилитација во странство.

Тие септемвриски денови им останале во сеќавање на сите оние што ја преживеале оваа ужасна трагедија. Некогашните заложници доаѓаат на местото од кое успеале да се извлечат живи, за да им оддадат почит на оние кои не успеале тоа да го сторат. Меѓу нив е и 25-годишната Мадина Токаева. Имала 15 години кога беше извршен терористичкиот напад. - Состојбата беше ужасна. Заложниците седа на подот од фискултурната са-

Архива

СЕ МОЛЕВМЕ И ИМАВМЕ ВЕРБА

Мадина Токаева со сопругот и синот


ОПШТЕСТВО

|3

10 години подоцна

Архива

Гробиштата „Градот на ангелите“ во Беслан

- Сега веќе сум мажена. Моето синче има четири месеци. Животот тече понатаму, без оглед на сè - вели Мадина. САКАМ ДА СПАСУВАМ ЛУЃЕ

Алан Кулов има речиси 22 години. Студент е на петта година на медицинската академија. Во последните десет години тој живее и за себе и за својот помлад брат Олег, кој засекогаш останал 8-годишник. Алан на 3 септември 2004 година, благодарение на чудо останал жив по здобиените повреди. Еден метален гелер го погодил во главата, а друг му останал во грбот, во пределот на ‘рбетот. Првата година многу време поминувал во болница и му бил востановен инвалидитет, но сега оваа дијагноза е веќе укината благодарение на помошта од лекарите и на упорноста на самото момче. - Она што се случи, секако, остави трага. Кога дојде време да се бира идната професија, мојот син рече: 'Сакам да спасувам луѓе!' Најпрво мечтаеше за специјалните единици, но здравствената состојба не му го дозволуваше тоа, така што се реши за медицина. Сега тој е иден стоматолог и мој главен помошник - вели Жана Кулова, мајката на Алан.

ната смисла на својот живот. Оттогаш таа живее сама. Дури не ни помислила да роди уште едно дете, како што направиле многу други мајки. - Една од нашите главни задачи е давање специјална помош на сите оние кои се погодени од трагедијата, како и нивна рехабилитација, а исто така и овековечување на сеќавањата за загинатите. Освен тоа, ние сè уште имаме голема желба да бидат казнети оние поради чија вина дојде до терористичкиот напад, оние што дозволија терористите да продрат во Беслан и во училиштето. И самиот начин на кој е

извршена акцијата за ослободување, исто така отвора многу прашања - вели Рита Сидакова. Секоја година на 1 септември во 9 часот и 15 минути во Беслан полетуваат балони во воздухот. Токму во тоа време во школскиот двор одекнале првите татнежи и преплашените ученици во истиот момент ги пуштиле од рака балоните, а тие, пак, полетале во воздух. Во „Градот на ангелите“ секој 3 септември со монотониот звук на метрономот одекнуваат 333 имиња. И исто толку бели балони повторно одлетуваат кон небото, како да се детски души.

Мадина Токаева со синот Георги

Жените што ги изгубиле своите деца се здружиле во комитетот „Мајките на Беслан“. Рита Сидакова токму во општествената ангажираност ја нашла понатамош-

Архива

ВИСОКА ЦЕНА


4|

ПОГЛЕДИ

По примирјето Фјодор Лукјанов

Прекинот на огнот на истокот од Украина е долгоочекуван потег со кој е запрено бруталното крвопролевање. Тој, сепак, не придонесе страните во конфликтот на дојдат до усогласено решение, така што претстојниот политички процес, по сè изгледа, ќе биде мошне тежок. Првата фаза по размената на заробениците е констатирање на состојбата на теренот, да се види што под чија контрола е, како и разграничување на зоната на одговорноста. Секој ваков конфликт е војна без јасни линии на фронтот. За „границите“ ќе може да се разговара дури по примирјето. За постигнувањето спогодба ќе биде потребна добра волја, пред сè од украинската страна, со оглед на тоа дека територијата на Украина од гледна точка на меѓународното право се наоѓа под јуриздикција на Киев, а ентитетите Донецка Народна Република (ДНР) и Луганска Народна Република (ЛНР) не се меѓународно признаени. Но, добрата волја во овој случај значи признавање на губењето на вистинската контрола над дел од државата, што, секако, не е лесно, а може да предизвика и сериозни катаклизми и во самиот Киев. По поделбата на територијата се поставува прашање кој ја контролира линијата на допирот. ОБСЕ уште од самиот почеток учествуваше во политичкиот процес, па сосема е логично оваа организација да ја преземе врз себе функцијата на мониторинг. За тоа е потребен мандат, така што не постои сомнеж дека во Виена, каде се наоѓа седиштето на ОБСЕ, можат да се водат жестоки дебати околу овластувањата и составот на мисијата. Затоа треба да започнат преговори за статусот. Според изјавите што ги дадоа обете страни не е можно да се процени колкава е веројатноста за изнаоѓање компромисно решение. Секако, јавно изразените ставови се крајност и секогаш се формулираат во согласност со очекувањата на јавноста, но зад кулисите можен е и содржаен разговор. Но, искуството од другите замрзнати конфликти (Приднестровје или Абхазија и Јужна Осетија) сведочи дека е мошне тешко да се одземе контрола која е дефакто воспоставена. Поради тоа, за да се сочува целоста на Украина потребно е да се вложат големи напори и да се покаже мошне креативен пристап во определувањето на правото на автономија. Неизвесно е во која мера Киев е способен за тоа во сегашните околности. Политичката ситуација е вжештена.

Постојат многумина кои не се воодушевени од примирјето. Освен тоа, уште пред последната рунда на крвавата конфронтација се појави идеја дека Украина без Донбас има повеќе шанси за стекнување стабилна национална државност. Ова значи дека фактички и самиот Киев може да се определи за патот на

замрзнување на моменталната состојба. Властите на самопрогласените републики имаат задача да го доведат во ред административно-стопанскиот апарат на органите на управувањето, кој сепак мора да се потпира на некаква легитимност. За тоа се потребни избори, а тоа значи политички организации што


ПОГЛЕДИ

|5

Наталја Михајленко

На истокот од Украина е воведен режим на прекин на огнот. Ова е прв сериозен договор што страните го постигнаа на патот за решавање на конфликтот на мирен начин. Пошироко гледано, сиве овие настани се случуваат како доказ дека на територијата на поранешниот СССР и понатаму се одвиваат фундаментални процеси. Тие се однесуваат и на границите, и на самосвеста на разните народи, и на геополитичката констелација на силите. Судбината на источна Украина е елемент на една голема и замрсена слика на иднината, која засега можеме само да ја нагаѓаме

ќе учествуваат во нив. Искуството од претходните замрзнати конфликти вели дека по стекнувањето самостојност се појавуваат самопрогласени лидери како што е Игор Смирнов во Приднестровје или Владислав Арѕинбе во Абхазија. Но, на истокот на Украина не постојат харизматични личности со непосреден ав-

торитет на лидер. За волја на вистината, тешко дека автократска власт би била по волја на жителите на регионот кој се наоѓа практично во центарот на Европа. Јасно е дека мошне значајна ќе биде улогата на „ветераните“, односно на учесниците и водачите на вооружените формации, нешто што веќе се има случено. На пример, во Карабах и во Абхазија владејачката група едноставно не може да ги врши своите функции без поддршка на здружението на ветерани. Со други зборови, политичката елита е формирана пред сè од претставници на воената елита. Ова е уште поважно со оглед на тоа дека новите ентитети ќе посветат големо внимание на создавањето и на развојот на вооружените сили, што е природно. Кога територијата не е меѓународно признаена, тогаш воениот фактор станува единствена гаранција за нејзиното самостојно постоење. Посебна тема се интересите на надворешните сили, кои значително го подигнаа „влогот“ и нивото на напнатост во конфликтот. Пред Русија е тежок избор, зашто Москва презема морална и материјална одговорност за териториите кои дефакто се одвоија од Украина. Јасно е дека економската помош за обновување на Донбас ќе биде дадена, но без спогодба за неговиот статус секое вложување ќе биде ризично. За Русија, како што се чини, идеално сценарио би било она во кое сепак би се дошло до некаков модел на единствена Украина со широки автономни овластувања за Донецк и Луганск, и со гаранции за нивните права и можности во состав на соседната земја. Тогаш помошта за овие региони би можела да се реализира во рамките на меѓународните напори насочени кон обновување на Украина, а таквите напори во секој случај ќе бидат преземени. Доколку Донбас остане во состав на Украина, тој во извесна смисла би служел како лост за влијание на украинската внат-

решна политика. Но, засега не изгледа дека веројатноста за постигнување на ваква спогодба е голема, така што Москва ќе биде принудена да содејствува во создавањето институции во ДНР и ЛНР (овие називи веројатно ќе се изменат, но засега условно можат да се користат), без јасна перспектива за иднината. Кога станува збор за Европската Унија, која во голема мера придонесе за развојот на кризата, нејзина првостепена задача најверојатно ќе биде да најде партнери за обновување на Украина. Со други зборови, да најде со кого ќе ја подели тежината на трошоците. Европа стана свесна дека задачата за санација на Украина не може да се реши без учество на Русија, така што Европејците по потпишувањето на примирјето ќе бараат начин како да соработуваат со Москва во правец на ублажување на економскиот притисок врз Киев. Нејасно е каков ќе биде резултатот од ваквиот обид, зашто ЕУ истовремено зборува за заострување на санкциите кон Русија, што, секако, воопшто не придонесува за атмосферата на конструктивна доверба. Најдеструктивен став, очигледно, ќе заземат САД, кои украинската криза ја гледаат пред сè низ призмата на сопствените стратешки интереси во Европа и на одвраќање на Русија. Настаните од 2014 година се доказ дека на територијата на поранешниот СССР и понатаму се одвиваат фундаментални процеси. Тие се однесуваат и на границите, и на самосвеста на разните народи, и на геополитичката констелација на силите. Судбината на источна Украина е елемент на една голема и замрсена слика на иднината, која засега можеме само да ја нагаѓаме. Фјодор Лукјанов е претседател на президиумот на Советот за надворешна и одбранбена политика.


6|

РУСИЈА-МАКЕДОНИЈА

Најпривлечни се енергетските проекти Емил Ниами

Откако Руската Федерација воведе ембарго на прехранбени производи од Запад, во Македонија сè почесто се зборува за можноста за извоз на македонски производи во Русија. Во врска со ова прашање, како и за економската соработка помеѓу Русија и Македонија зборуваме со извршниот директор на Македонско-руската комора Дејан Бешлиев лемен бројот на побарување за нашите производи. Ние немаме илузии дека тоа ќе биде нешто огромно, дека ќе ја снабдиме целата Руска Федерација со производи што им се неопходни. Ние сме посветени на соработкатасорегионитеиакоуспеемедагозголемиме нашиот извоз од 1 на 1,5 отсто, секако карикирам со бројките, ќе бидеме апсолутно задоволни. Бевме сведоци на мислења од експерти дека Република Македонија не би требала да презема никакви дејствија, со цел да не ги наруши односите ниту со САД, ниту со ЕУ, ниту, пак, со Русија. Каков е вашиот став? Ова е прашање во сферата на политиката. Ние сме само едно тело што се занимава со економските односи, така што ја следиме економската логика. Ќе ги почитуваме сите одлуки што ќе бидат преземени помеѓу двете влади. Ние и досега работевме на темата за развивање на односите, така што ќе продолжиме да работиме и понатаму сè додека

не биде поинаку решено од оние што ги носат одлуките. Сè уште е актуелен проектот „Јужен тек“, иако постојат притисоци од Европската комисија за енергетика. Македонија зеде крак од овој проект и е заинтересирана за него. Но, што значи тој за енергетската иднина на Македонија? Апсолутно го поддржуваме проектот „Јужен тек“ и во сите пригоди ја потенцираме важноста на овој проект, со оглед на тоа дека тој е мошне важен за Република Македонија, и тоа не само за енергетската иднина, туку и, иако ние сме енергетско зависна земја,тојмногуќезначивомногудругигранки на кои проектот ќе успее да им даде еден нов квалитет. Пред сè еколошката состојба наРепубликаМакедонијаќестанемногуподобра.Воистовремеинашатазаложбадапроизведуваме здрава храна, да имаме квалитетна храна ќе биде потпомогната. Доколку се користи гасот од „Јужен тек“ тоа ќе биде

Дејан Бешлиев

Македонско-руска трговска комора

Македонско-руската стопанска комора егзистира речиси една деценија. Која е целта на нејзиното постоење и какви резултати досега имате постигнато? Македонско-руската стопанска комора својата работа ја започна во 2005 година на меѓувладината седница на 28 март. Тоа беше трета меѓувладина седница за научнотехничка и економска соработка и од почетокот со напор на сите компании-членки го започна својот пат за обновување и продлабочување на бизнис-односите помеѓу Македонија и Русија. Резултатите што сега ги гледаме се во промоција на македонскиот бизнис, воспоставените односи со седум руски комори, меѓу кои најважна е договорот за партнерство со стопанската комора на Руската Федерација и учеството како дел од меѓувладинатакомисијаодмакедонскатастрана која работи секоја година и на која го претставуваме бизнисот од македонска страна. Како може да се окарактеризира моменталната состојба на економската соработка помеѓу Република Македонија и Руската Федерација? Со речникот на учителите би кажал незадоволително,бидејќипостоиогромнамаргина што треба да се пополни. Во моментов е во една доста ниска линија, размената се движи на ниско ниво, некаде на 193 милионидоларинагодишнониво.Притоападотво односнапретходнитегодини,когабешеоколу 600 милиони, а што пред сè се засновува на увозот на руски производи, станува збор пред сè за енергенсите, бидејќи ако се погледне размената, според официјалните статистички податоци, македонскиот извоз е континуирано од 30-33 милиони долари на годишно ниво, што сметаме дека е малку и декапостоипросторзанеговоподобрување. МинатиотмесецРускатаФедерацијавоведеембаргонапрехранбенипроизводикако одговор на санкциите од Западот. Постојат ли шанси за македонските производители да заземат некое испразнето место? Улогата на комората и во претходниве 10 години и понатаму ќе биде да ги продлабочува односите. Се трудиме македонски производи да ги има што е можно повеќе на руските рафтови, во руските продавници, така што ќе ја продолжиме таа акција. Сега се отвора еден мал прозорец за тоа присуство да биде зголемено и реално. Од состојбите на терен може да се види дека производите сè повеќе одат кон Русија, што значи дека е зго-


помош и на нашите производители да имаат почиста средина каде што ќе ги произведуваат своите производи. Исто така ќе помогне во смисла на развој на индустријата, ќе помогне и во развојот на туризмот, со оглед на тоа што ќе добиеме состојба во која што инвеститорите што утре ќе дојдат, кои кога ќе го имаат гасот како една од енергетските можности, полесно ќе се одлучат да извршат инвестиција во земјава, а секако тука е и она што ние постојано го бараме, а тоа се нови вработувања. „Јужен тек“ треба да се гледа како еден покомплексен проект, не само како енергетика сама по себе и како носење цевки со гас. ВладатанаРепубликаМакедонијасекоја година ја промовира земјата во Руската Федерација. Какви се одѕивите на руските бизнисмени? Тоа што владата го прави секоја година во РФ е нешто што многу ни помага нам во бизнисот, со оглед на тоа што веќе имаме одѕив. Како што може да видите имаме веќе неколку руски компании што се дојдени во последниве три години. Тие доаѓаат во Република Македонија, ги вложуваат своите средства и многу повеќе се интересираат за нештата. Ни доаѓаат барања од стопанскитекоморизадополнителниинформации,со оглед на тоа што Владата на тие роуд-шоуа дала некакви почетни информации, потоа добиваме прашања, даваме објаснувања, се консултираме со Агенцијата за инвестиции и мислам дека наскоро ќе се зголеми бројот на руски инвестиции во РМ. Имате ли информација за тоа колкав е бројот на руски инвеститори во Македонија и кои области од економијата се најпривлечни на нив? Бројот на руски инвеститори во Република Македонија е десетина, а најпривлечни за нив се енергетските проекти. Каквисеможноститезасоработкавообласта на туризмот и за воведување авионски линии меѓу двете земји? Ова прашање е најубавото прашање на кое што треба да се работи. За да се подигне туризмотпомеѓудветеземјиенеопходнововедување авионска линија. Од друга страна, на меѓувладината комисија воведувањето авионска линија е донесено како одлука. Се работизаекономскатаисплатливостнакомпаниите што ја имаат лиценцата да ја одржуваат авионската линија. Доколку таа линија не биде субвенционирана, нема да постоиникомпанијакојабијаодржувалатаалинија. Тоа за нас е исклучително значајно, ние постојано го бараме тоа, но податоците, според кои најверојатно се водат авиокомпаниите, не им дозволуваат да се решат на чекорзапоставувањеавиолинија.Самоможам дасенадевамдекасозголемувањетонаоваа соработка, со зголемувањето на бројот на авиолинии, само по себе ќе се наметне прашањето да се зголеми притисокот од руска страна за авиокомпаниите да имаат интерес, зашто. во моментов, мислам, дека само македонската страна е заинтересирана за

|7

Македонската делегација на чело со министерот Ставрески на саем во Москва воведување авиолинија. И соработката во областа на туризмот во голема мера зависи од постоењето авиолинија. Рускиот турист, согласно своите навики,несакадаправискали,двапатидасесимнува, да менува аеродроми за да дојде до определенадестинација.Сеодлучуваначартер-лет, на директна линија, на она што му е поевтино, што му е побрзо. Не заборавајте, ако ние имаме намера да поканиме туристи, Русија е огромна земја, некои од тие туристи доаѓаат од други региони, па имаат еден лет, па потоа уште еден лет и сето тоа претставува обременување на цената. Исто така, дестинацијата Република Македонија е интересна, но не премногу, со оглед на тоа дека Русите се решаваат повеќе за одмор на море. Нашиот дел би бил во таканаречениот духовен туризам, но за да се зголеми таа соработка во областа на туризмот мора да се дојде до директна авиолинија. Дополнително, ситуацијата ја отежнува и тоа што Македонија е скапа дестинација. Пресметката на еден руски турист покажува дека средствата што ќе ги даде за седум дена во Република Македонија, па дури и за помалку, може да биде на поатрактивна, поегзотична и светски повисоко рангирана дестинација. Постоилинекаковпрогресвопредлогот за потпишување договор за слободна трговија меѓу двете земји и од што конкретно зависи ваквиот процес? Предлогот за потпишување договор за слободнатрговијапотекнуваодмакедонска странаинасекојамеѓувладинакомисијамакедонската страна го потенцира овој предлог. Досега немавме позитивен одѕив, бидејќи се бараа разни показатели кои ќе не` уверат дека нема потреба од нешто такво. Најпрво, тука се истакнува дека и договорот

штогоимапотпишаноСрбијасоРускатаФедерација како таков не е потврден од руската Дума, тој практично се спроведува, но не е ратификуван. Потоа добивме информација дека согласно разликите во размената помеѓуРускатаФедерацијаиРепубликаМакедонија се јавуваат огромни разлики, дури во еден момент се доби информација дека Русија има дефицит во однос на размената со Република Македонија, што значи дека доколку имате дефицит нема да дозволите слободна трговија. Потоа дојде информацијата дека сега и Русија е член на СТО, па затоанемапотребадасепотпишенештотакво,бидејќисогласноправилатанаСТОсотекот на времето царините ќе се израмнуваат, односно ќе се намалуваат итн. Последниот момент што го кочи овој процес е формирањето на Царинската унија, во тој случај Руската Федерација не може да делува како едно тело, така што се поставува прашањето комудасеобратиме–наРускатаФедерација или на Царинската унија. Тоа се таканареченитеадминистративнипречки.Сепак,доколку постои желба, може да се најде форма. Тоа би можел да биде преференцијал. Морам да потенцирам дека имаме преференцијална стапка од 25 отсто на царинење на одредени стоки и услуги што се усвоени со договорот од 2001 година. Ние баравме измена на таа преференцијална листа, бидејќи таму има производи за кои ние повеќе не сме конкурентни или воопшто не ги произведуваме и тоа да го смениме пред сè со вметнување на прехранбените производи. На минатата меѓувладина комисија руската страна не се изјасни околу овој предлог, но се надеваме дека на годинешнава комисија штоќесеодржиконкрајотнамесецоввоКалининград ќе има некакво придвижување.

Македонско-руска трговска комора

РУСИЈА-МАКЕДОНИЈА


8|

ЕКОНОМИЈА

Девалвацијата на рубља и санкциите доведоа до Алексеј Лосан И покрај стагнацијата на бруто домашен производ, во Русија се забележува необичен пораст на индустриската активност. Без оглед на тоа што истражувањата на банката НЅВС и на институтот за економска политика „Егор Гајдар“, во Русија веќе трет месец по ред се бележи пораст на индустриското производство. - Во согласност со постоечката побарувачка на стока, засега бележиме позитивна динамика на индустриското производство, без оглед на општата економска ситуација и на прогнозите на стручњаците - се наведува во истражувањето на институтот „Егор Гајдар“. СПИСОК НА ЛИДЕРИ

Показателите пред сè ги подобрија компаниите од сферата на машиноградбата и на металургијата, кои го зголемија својот удел на домашниот пазар по забраната за увоз на стока од Украина, наведуваат авторите на истражувањето. Освен тоа, во август 2014 година ним им се придружија и производителите од сферата на прехранбената индустрија, која исто така се потпира на замената на увозната стока со домашни производи. Но, замената на увозот не можеше да даде ефект веќе во јуни 2014 година, туку, според податоците на аналитичарите, економскиот пораст е последица на настаните од февруари-март 2014, односно на „меката“ девалвација на рубљата, до која дојде на почетокот на годинава. Според главниот аналитичар на инвестициската компанија УФС Алексеј Козлов, врз основа на показателите од август може да се заклучи дека постојат неколку причини за пораст на индустриското производство во Русија. - Првата причина е зголемувањето на побарувачката за производи од металургијата по забраната за увоз од Украина - наведува аналитичарот. Освен тоа, според него, побарувачката за метали и за други производи од металургијата е поврзана со реализацијата на проектот за изградба на гасоводи, меѓу другото, на „Јужен тек“ до Европа и на „Силата на Сибир“ до Кина. - Втората причина е зголемувањето на државните нарачки на полето на вое-

Подобри показатаели пред се има кај компаниите од сферата на машиноградбата и на металургијата


|9

И покрај стагнацијата на бруто домашен производ, во Русија се забележува необичен пораст на индустриската активност. Според стручњаците ова е главно последица на „меката“ девалвација на рубљата во 2014 година и на поддршката што државата ја дава на преработувачката индустрија во рамките на програмата за замена на увозот со домашно производство, чија реализација беше само забрзана со воведувањето на санкциите од страна на Европската Унија и на САД ната индустрија - смета Козлов. Како трета причина тој го наведува порастот на производството во рамките на прехранбената индустрија и на земјоделството поради неопходната замена на увозот со домашни производи. Како што тврди началникот на одделот за аналитика на инвестициската компанија „РУСС-ИНВЕСТ“ Дмитриј Беденков, до пораст на производството дошло благодарение на гранките на преработувачката индустрија. - Така во текот на 7 месеци од 2014 година економскиот пораст во овие гранки изнесува 2,6 проценти во однос на 0,8 отсто во гранките на екстрактивната индустрија - објаснува стручњакот. Според аналитичарот на инвестицискиот холдинг „ФИНАМ“ Антон Сороко, најголемиот поттик за преработувачката индустрија е девалвацијата на рубљата од почетокот на оваа година, како и зголемувањето на извозот за Кина. - Производителите на прехранбени производи денес имаат голема добивка поради наглото намалување на понудата на слични производи од увоз, кои претходно им беа сериозна конкуренција додава Сороко. СТАБИЛЕН ПОРАСТ

- Индексот на економскиот пораст во периодот од јануари до јули 2014 година изнесува 101,5 отсто во однос на истиот период минатата година, при што во Русија порастот пред сè се забележува во преработувачката индустрија - објаснува Ољга Изрјаднова, водечки научен соработник на центарот за макроекономски истражувања при Институтот за применети економски истражувања на Руската академија за народно стопанство и државна администрација (РАНХиГС). Според неа, производството на стока за широка потрошувачка е зголемено за 3,3 проценти, на патничките вагони за 5,7 отсто, а на товарните за 12,7 проценти. Производството на текстил и облека е зголемено за 6 отсто, а производството на електронски компоненти за телекомуникациски уреди за 17,6 отсто.

РИА Новости

ата пораст

ЕКОНОМИЈА

Но, порастот на производството е забележан само во помал број стопански гранки. - Меѓу гранките кои имаат застој, кои оневозможија бруто домашниот производ да забележи пораст во вториот квартал на 2014 година, можеме да ја издвоиме сферата на услужните дејности и финансиите. Масовното укинување на лиценците на банките, нестабилноста на рубљата и зголемените геополитички ризици негативно се одразија на дејноста на финансиските институции објаснува Алексеј Козлов. Според Ољга Изрјаднаја, намалувањето на побарувачката за фосилни горива од Русија исто така негативно влијаеше на порастот на руската економија. - Намалувањето на извозот на суровини и на нивните преработки, кои традиционално се многу барани, како и намалувањето на обемот на работата во градежно-инвестициската сфера, негативно се одрази врз движењето на економските параметри - објаснува Изрјаднова. Покрај тоа, производството на патнички автомобили во периодот од јануари до јули 2014 година забележа пад од 0,7 отсто, а на товарните возила од 21,1 проценти. Всушност, како што истакнуваат стручњаците, ако порастот на економското производство продолжи, според годишните показатели тоа може да ги надмине дури и прогнозите на Министерството за економија од 1,7 отсто годишно. Според истражувањата на институтот „Егор Гајдар“, доколку околностите бидат поволни, руската индустрија би можела да го одржи порастот до првиот-вториот квартал од 2015 година, кога замената на увозот со домашно производство во сферата на прехранбените производи предизвикана од забраната за увоз на храна од ЕУ и од САД, ќе даде позитивен ефект. На овој начин руската економија би можела да излезе од стагнација. Но, според Антон Сороко, конфронтацијата со западните земји во секој случај во краткорочна перспектива негативно ќе се одразат на темпото на порастот на руската економија.


10 |

НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА

Генетски мас-маркет

Новиот ДНК тест од „Атлас биомед груп“ ќе започне кон крајот на септември

Викторија Завјалова Во Русија со брзо темпо се развива пазарот на истражување на геномот. Бројот на луѓето што се подвргнуваат на ДНК тестови, според податоците на лабораторијата „Генотек“ стабилно расте за 10-12 проценти месечно. - Пазарот на истражување на геномот е во подем, огромен број луѓе во Русија сега работат на добивање геномски информации - изјавува за „Руска реч“ Маријана Иванова, основач на компанијата „Офтаљмик“, која дава услуги за генетс-

ка дијагностика на очни болести. Логично е дека и понудата расте кога е зголемена и побарувачката: на пазарот се појавуваат сè поголем број истражувачки компании на ДНК. На пример, на крајот на септември ќе започне новиот проект „Атлас биомед груп“, кој е сличен на американскиот „23ендМи“. НОВИ РУСКИ ГЕНЕТИЧАРИ

Компаниите кои нудат ДНК тестови за предиспонираност на болести и за определување потекло, се појавија во Русија неодамна. Во 2007 година во ино-

вацискиот парк на Московскиот државен универзитет започна да работи компанијата „Мој ген“. Таа нуди неинвазивна пренаталана дијагностика на хромозомската патологија на плодот. Претставниците на „Мој ген“ тврдат дека методологијата што тие ја применуваат е разработена пред две години и дека истата се користи само во шест други лаборатории во светот: една од нив се наоѓа во Кина, а сите останати се во САД. Голем успех имаат и компаниите што нудат специјализирани истражувања. На пример, во Санкт Петербург компанијата „Секвоја џенетикс“ има собрано


НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА

| 11

ДНК тестовите во Русија постепено добиваат масовен карактер. Бројот на клиентите на компаниите кои даваат услуги за истражување на геномот ова година порасна за 100 – 120 проценти. Кон крајот на септември започнува новиот проект „Atlas Biomed Group“. Интересно е тоа што ова се случува во земјата каде во советско време генетичарите биле гонети и уништувани Еви и Ана Војжитски, поранешната сопруга на основачот на „Гугл“ Сергеј Брин.

Ројтерс

ЗОШТО РУСИТЕ ПРАВАТ ТЕСТИРАЊА ВО СТРАНСТВО?

повеќе од 1.5 илјада примероци на ДНК од болни од цистична фиброза. А, московската компанија „Офтаљмик“ е специјализирана за генетски тестирања на луѓе кои имаат очни болести. Неодамна со истражување на геномот во Русија се зафати и меѓународниот фармаколошки концерн „Роше“. Пред неколку години на рускиот пазар се појави уште една нова компанија „Генотек“ која дава услуги за дешифрирање на геномот за сите оние што го сакаат тоа. Бизнис-моделот на стартапот е преземен од американската „23ендМи“, која во 2008 година ја создадоа Линда

Во Русија најпопуларни се тестирањата на предиспонираност кон заболувања, со оглед на тоа што цената на генетските тестови е висока, а луѓето не сакаат да трошат пари за разонода. Всушност, постојат клиенти кои се заинтересирани и за генетски тестирања за определување потекло. На пример, неодамна тест на галогрупа правеше еден од одиозните руски политичари. - Излезе дека тој има заеднички предци со Наполеон, со Ајнштајн и со Хитлер. Тој беше горд на тоа и на останатите политичари им изјави дека Наполеон е негов роднина - изјавува за „Руска реч“ директорот за наука на компанијата „Генотек“ Валериј Иљински. Во Русија, според Маријана Иванова од „Офтаљмик“, постои целата неопходна апаратура за правилно дешифрирање на геномот. На територијата на биотехнолошкиот дел на МДУ, на пример, работи суперкомпјутерот „Ломоносов“, кој е еден од стоте најмоќни суперкомпјутери во светот. Но, без оглед на тоа, засега клиентите на руските компании за анализа на геномот треба да платат повеќе одошто во други земји. Така, доколку во САД тестот може да се направи за 100-200 американски долари, во Русија за него се плаќа 600-800 долари. Затоа не е за изненадување тоа што многу клиенти бараат можност да го направат тестирањето во странство. Сепак, со закон е забрането изнесување на биолошки материјал надвор од границите на Русија. Затоа луѓето измислуваат разни начини. Материјал од плунка неретко се испраќа преку пријатели или преку познаници, кои живеат во САД или во Европа. РИЗИЧЕН БИЗНИС-МОДЕЛ

Кога станува збор за самата американска компанија „23ендМи“, која привлече многу следбеници во Русија, во 2013 година Управата за храна и лекови

на САД и` издаде забрана за продажба на комплети за лично генетско тестирање што таа ги произведуваше. Управата за храна и лекови беше загрижена за можните грешки во тестовите кои можеа да нанесат штета на здравјето на клиентите на компанијата. Затоа „23ендМи“ престана да им нуди на клиентите тестови за предиспозиција кон болести и се сосредоточи на истражувања во областа на генеалогијата. Ана Војжитски, секако, не е многу задоволна од решенијата на Управата за храна и лекови. - Гледајте што прави „Џеномикс институт“ во Пекинг... Саудиска Арабија соопшти дека има намера да генотипира 100 илјади лица. Целиот свет активно се движи, а ние некаде заглавивме вели таа во интервју за медицинскиот портал Медскејп. ЗАБРАНЕТА НАУКА

Сега е тешко да се поверува во тоа дека во СССР генетичарите биле гонети во триесеттите години на минатиот век. Официјалната пропаганда уверувала дека граѓаните на една социјалистичка земја не можат да имаат наследни болести, а дека разговорите за генот на човекот е основа за расизам и за фашизам. Американскиот научник Херман Милер, добитник на Нобеловата награда, пишувал дека во СССР со генетичарите се однесуваат како што инквизицијата се однесувала со Галилеј. Самиот директор на Институтот за генетика на Академијата на науките на СССР Трофим Лисенко бил на чело на кампањата за прогон на научниците. Многумина талентирани генетичари биле апсени и умирале во затворите. На пример, Николај Вавилов бил обвинет дека е англиски шпион. На крајот тој умрел од истоштеност во Саратовскиот затвор. Во 1948 година од Јосиф Рапопорт, кој ја има откриено хемиската мутагенеза, побарале да се откаже од хромозомската теорија. Тој се откажал и бил отпуштен од институтот во кој работел. Студентите-генетичари кои ги посетувале своите професори во затворите, исто така биле гонети и апсени.


12 |

ПАТУВАЊА

Мистериозните зони „Место за уфолози“ и „магнет за посетители од вселената“ – вака Урал, најстариот планински венец на светот го нарекуваат љубителите на мистериозните појави од целиот свет. „Руска реч“ ве води во Русија во која со векови царуваат НЛО, разни призраци, нејасни атмосферски, визуелни и звучни појави и уште многу други чудни работи... Дарја Кезина Урал, најстариот планински венец на светот, е познат не само по својата уникатна природа како од сказните, која се простира на две илјади километри од север кон југ во самото срце на Русија, туку и по бројни зони во кои, како што тврдат многумина, се појавуваат НЛО, мистични појави и различни аномалии. НЕШТО ОД ИСТОРИЈАТА НА МИСТИЧНИТЕ ПОЈАВИ

Меѓу аномалните точки на Урал се вбројуваат над 50 места од Северен, Среден, Јужен, Субполарен и Поларен Урал. Според мислењето на уфолозите, на неверојатни појави можете да наидете не само во длабоко непроодните шуми и на скриени места, туку и недалеку од населените места, па дури и во нив. Познати се десетици, ако не и стотици, сведочења на очевидци кои тука виделе различни видови НЛО – со издолжен облик, во облик на пирамида, на сфера или на диск. Првата „средба со посетителите од вселената“ која се наведува во историските хроники е забележана на Урал уште во 18 век, кога тука започнал активен развој на металургијата. До наши денови останати се сведочења за необични огнени топки кои кај работниците предизвикувале паника. Некои извори, повикувајќи се на архива на Комисијата за метеорити на Академијата на науки на СССР зборуваат за тоа дека локалното население во 1927 година било сведок на експлозија на НЛО со издолжен облик на Урал во близина на градот Карпинск. Најмногу тајни се однесуваат на најголемата несреќа со НЛО во СССР која се случи во 1980 година во Верхотурскиот реон на Свердловската област, меѓу населбите Лиханово, Глазуновка, Косолманка и Карелино. Наводно доцна навечер три-четири неидентификувани летачки објекти биле погодени со средства на противвоздушната одбрана. Неколку ракети соборија огромен дискоид со пречник од околу 26 метри и висина од околу

5 метри. Во него се пронајдени две тела на џуџести живи суштества. Според податоците на пермските уфолози, на северот од Пермската област, на повеќе од 100 километри од Перм, во 1989 година на еден мочуриштен терен на воен полигон се урнал НЛО во облик на диск, кој личел на огромна печурка со пречник од околу 12 метри. За овие настани постојат многу малку информации, тие се држат во тајност и се пренесуваат како гласови, хипотези и како претпоставки. Ќе ви претставиме неколку најпознати аномални зони на Урал. МОЉОПСКИ ТРИАГОЛНИК

Минаа 30 години откако беше откриена најпознатата аномална зона во Русија. Таа се наоѓа на границата на Пермскиот крај и Свердловската област и се нарекува сосема обично „Пермска аномална зона“ или „Мољопски триаголник“. Зоната се наоѓа на околу 10 километри од селото Мољопка, кое е основано во 1787 година. Тоа е зафрлено, непристапно место кај устието на реката Мољопка во Силва. Површината на зоната на која се случуваат необични појави изнесува околу 70 квадратни километри. Главно тоа е густа непроодна шума. Мољопка стана широко позната откако во октомври 1983 година пермскиот геолог Емил Бачурин видел светлина над шумата и кружна трага на изорано поле со пречник од 62 метри. Ова место и претходно го биеше лош глас. Постојат податоци дека уште во триесеттите години од 19 век селаните опишувале различни летала што се појавиле над Мољопка. А, искусните ловци понекогаш со недели талкале изгубени на мал простор со површина од 7 на 7 километри. Привиденија од минатото или од иднината, аномалии утврдени со радиостезиски метод, разнобојни блесоци, молњи во боја, летачки светлосни објекти, гласови од непознато потекло, свиркања, древно хорско пеење, неправилно работење на фото и на видеотехника, промени во временскиот тек, чувство на присуство на нешто непознато, главоболки, нагло покачување на телесната тем-

пература, чувство на ужас... – ова е само дел од списокот на сите „убавини“ кои, според сведоштвата на очевидците, може да се очекуваат во овој необичен „резерват на НЛО“. Научниците се обидуваа да дадат рационално објаснување на феноменот на Мољопка. Според нивно мислење, магнетното поле во оваа област влијае на движењето на реката Силва, која го опкружува таинствениот триаголник од сите страни. Но, како да се објаснат неидентификуваните летачки објекти кои луѓето и понатаму ги забележуваат на ова место? Во Мољопка меѓу локалните жители може лесно да се најде водич кој на секој што ќе посака ќе му ги покажат најзначајните места: Полјаната на ужасот, Аномалијата на пирамидата, Вештерските кругови, Астралната полјана, Телефонската говорница (каде телефонска врска постои само на површина од 4 квадратни метри), Салашот на мртвите, Терасата на негативните емоции, Змискиот рид (најубавото место од кое се гледа зоната на аномалиите) и многу други работи. ИЉМЕНСКИОТ РЕЗЕРВАТ

Иљменскиот државен минералошки резерват е познат не само по исклучителната недопрена природа, туку и по феноменот „дупка без дно“. На падината во бли-


ПАТУВАЊА

на Урал

| 13

чења од бројните тектонски раседи. ЕЛЕНСКИ ПОТОЦИ

Lori Images / Legion Media

Планината Таганај

зина на градот Мијаса, покрај клисурата, во јами во кои напролет истекува водата од снегот што се топи, можат да се видат дупки со пречник од 15 сантиметри, чија длабочина не може да се измери. Уфолозите сметаат дека овие дупки се создаваат кога неидентификуваните летачки објекти од тлото извлекуваат ретки елементи со кои е богата територијата на резерватот. ПЛАНИНАТА ТАГАНАЈ

Еден од најживописните делови на Урал – царството на карпи и езера, планински тундри, непроодни тајги, силни потоци и камени реки. Оваа планина е дел од националниот парк во планинските вериги Таганај на Јужен Урал, кои се наоѓаат недалеку од североисточното предградие на градот Златоуст. Туристите секогаш ги предупредуваат дека на Таганај никако не треба да одат без искусен водич. Велат дека тука можат да се видат НЛО, енергетски топки, „шетачка“ магла, привиденија од минатото или од иднината (хрономиражи), призраци, зачестени тркалезни молњи, светлосни столбови од непознато потекло, дека доаѓа до звучни халуцинации и до нагли промени на метеоролошките услови, а дека на особено оддалечените места дури може и да се сретне снежниот човек (јети) и килаимската баба (привидени кое им го покажува патот на оние што се изгубиле

или најавува несреќа). Според легендата, во овие краишта може да се сретне и киштимското џуџе (суштество кое се среќава во околината на градот Киштим и кое се појавило по хаваријата во комбинатот за производство и преработка на нуклеарен материјал „Мајак“ во 1957 година). На планинскиот појас Урењга (еден од најдолгите на југот од Урал) и во селото Веселовка се забележани „класични гнездења на молњи“: тука често се појавуваат тркалезни молњи, топки од електрицитет кои секогаш удираат во исти места, се искривуваат при движењето и траат релативно долго. Овој феномен се создава на места со намален електричен отпор на тлото, што сведочи или за површински лежишта на метал или за постоење на подземни извори. За најтаинствена точка се смета Големото мовесто мочуриште со површина од 36 квадратни километри, кое се наоѓа во огромна депресија од тектонско потекло. Некои очевидци тврдат дека на ова место може да дојде до делумно губење на ориентацијата и промена на психолошката состојба, поради што можат да заталкаат дури и искусните чувари на шумата. Во овој крај на туристите често престануваат да им функционираат мобилните телефони и фотоапаратите. Поголемиот број феномени се објаснуваат со специфичностите на електромагнетните зра-

Илјадници туристи и жители на Урал го посетуваат природниот парк „Еленски потоци“ за да и` се восхитуваат на волшебната древна природа, на таинствените карпи и пештери, на светата река Серга и на уникатните билки кои се вбројуваат во заштитените природни видови. Паркот се наоѓа на 100 километри југозападно од Екатеринбург на реката Серга покрај станицата Бажуково. Еленските потоци не се само омилена маршрута за прошетки за време на викендите за жителите на Среден Урал, туку се и локација која е привлечна за уфолозите, кои во некои зони од паркот имаат откриено голем број аномални појави. Тоа се светлечки топки што излетуваат од вода, аномални дрвја, појава на НЛО, подвижни пламени, необични звучни појави, силуети на животни и предмети. Се случува на луѓето одеднаш да им се слоши и да добијат халуцинации, а фотоапаратите имаат забележано различни суштества и „плазмоиди“. Според мислењето на љубителите на паранормалното, особено голем број на необични и неразбирливи појави се бележи во оддалечениот дел од паркот кој се нарекува Миткини езера. Тие се наоѓаат веднаш зад Големата јама, која повеќе потсетува на место каде се урнала летачка чинија, одошто на природна творба. СВЕРДЛОВСКИОТ ТРИАГОЛНИК

„Свердловскиот триаголник“ или „Берјозовскиот триаголник“ е пространа аномална зона во околината на Екатеринбург. Триаголникот се наоѓа меѓу Шарташкиот каменолом, на патот кон НовоСвердловската термоелектрана и градот Берјозовски. Во центарот на триаголникот се наоѓаат тешкопроодни мочуришта, четинарски шуми и карпи. Уфолозите велат дека во овој триаголник во последниве 20 години редовно се случуваат различни необични појави: можат да се видат пламени што талкаат и летачки чинии (се претпоставува дека тоа се НЛО), а велат дека доаѓа и до прескокнување во времето. Директорот на локалниот музеј за уфологија вели дека еднаш на ова место за еден час пеш преминал 10 километри, иако обично за тоа му биле потребни најмалку два часа. Очевидците тврдат дека се сретнуваат со мистериозни настани: луѓето губат ориентација и лесно заталкуваат, наидуваат на патеки кои ги носат на едно исто место, а возачите ноќе гледаат силуети и привиденија што летаат над патот.


14 |

КУЛТУРА

Русистиката му даде см Емил Ниами Своевремено русистиката беше една од водечките на филолошкиот (тогашен филозофски) факултет во Скопје. Како изгледаше да се биде студент по руски јазик во тоа време? Да, славистиката (тоа беше официјалното име на нашата катедра) беше една од водечките на Филозофскиот факултет. Тоа беше времето непосредно по војната (1945). Да се студира руски јазик беше престижно. Голем број од современите поети и писатели во Македонија студирале токму на русистика. Но, во тоа време Катедрата не располагаше со современа учебна литература, наставниот кадар беше малоброен и недоволен за значителниот број студенти.

Нина Чундева е македонски русист, професор во пензија. Таа со години беше еден од предводниците на македонската русистика. Автор е на голем број научни трудови, а во исто време е и соавтор на последниот руско-македонски речник. Освен на научното поле, студентите ја паметат и како извонреден професор, педагог, но и голем пријател, човек кој е секогаш подготвен да помогне. „Руска реч“ ја посети професорката Чундева во нејзиниот дом и поразговара со неа за Русија, за рускиот јазик и за нејзиниот професионален ангажман СФРЈ и колку тој беше присутен во образовниот процес во Македонија? Улогата на рускиот јазик во СФРЈ, па и во Македонија, се менуваше во зависност од политичката констелација. Од улогата на странски јазик број еден, во годините по војната, па сè до речиси неговото укинување по некои стресни ситуации (како на пример, по таканареченото Информбиро). Потоа работите се нормализираа и рускиот јазик почна да има статус на еден од странските јазици што се изучуваат во школите и на факултетите. На нашата катедра студираа млади луѓе од Босна и Херцеговина, од Црна Гора, од Србија, особено од нејзиниот јужен дел. По распадот на СФРЈ тоа веќе го немаме.

По завршувањето на студиите започнувате да работите како лектор по руски јазик. Какво е вашето искуство со студентите од тој период? Како лектор по руски јазик започнав да работам во првата половина на шеесеттите години од минатиот век. Студенти имаше многу, учебници малку. За среќа од свои средства и со помош на тогашната амбасада на СССР во Белград овој проблем почна да се надминува. Позитивно влијание на учебниот процес имаше и тоа што од Москва почнаа да доаѓаат лектори, кои како родени рускојазични говорители беа од голема полза како за студентите, така и за нас, домашните лектори. Можете ли да направите паралела во образовниот процес од моментот кога почнавте да работите на факултетот па сè до вашето пензионирање? Во споредба со претходните години, во седумдесеттите и во осумдесеттите години од минатиот век Катедрата за руски јазик и литература доживеа забележителен подем. Се зголеми бројот на наставниците, се вработија млади асистенти, библиотеката се полнеше со нова уметничка литература од новите руски автори. Катедрата беше претплатена на речиси сите релевантни списанија од областа на лингвистиката и на повеќе литературни списанија, преку кои можеше да имаме претстава за сето ново што се појавуваше на руски јазик. Особено влијание имаше списанието „Нови мир“ под раководство на А. Твардовски. Списанието „Рускиот јазик во странство“ му беше десна рака на лекторатот. Во него се наоѓаше сè во врска со организацијата на наставата и за нејзиното осовремену-

Нина Чундева вање. Катедрата располагаше со одлична јазична лабораторија во која се водеа вежби по изговор и интонација на рускиот јазик. Во тоа време дипломираните русисти имаа реални шанси да се вработат. Тоа за нив беше стимулативен фактор добро да го изучат јазикот и што е можно побргу да дипломираат. Меѓутоа, работите почнаа да се менуваат не во полза на русистиката. Во сите школи, не само во Македонија, туку и во сите југословенски републики, изучувањето на англискиот јазик почна да станува доминантно. Тоа се одрази и на другите странски јазици што се изучуваа во средните школи. Пред десетина години како задолжителен се воведе и втор странски јазик. Тоа малку го ублажи проблемот, но не го ликвидираше. Каква улога имаше рускиот јазик во

Од осамостојувањето на Република Македонија се соочуваме со криза не само кај русистиката, туку и кај славистиката воопшто. Мислите ли дека е потребно да се остави времето да си го каже своето или потребна е некаква интервенција? Кризата со славистиката и со русистиката не е резултат на осамостојувањето. Таа тлее од поодамна. Ако дипломата не ви дава шанса да се вработите, ќе ја барате на друго место. Се среќавам со наши поранешни добри студенти, кои одново се запишале на факултетот и тоа на групата за англиски јазик и литература, и сега предаваат во приватни школи (се разбира, англиски јазик). Не се потребни никакви интервенции, зашто нема да дадат видлив резултат. Еве, сега руски фирми почнуваат со работа во Македонија и, веројатно, ќе вработуваат русисти. Тоа би бил стимул за младите да го изучуваат рускиот јазик. Која беше вашата научна преокупација? На кои полиња од науката за јазикот најмногу им посветивте внимание?


КУЛТУРА

| 15

Професор Чундева со своите сруденти-русисти на филолошкиот факултет Мене ме привлекуваа фонетиката и фонологијата. Во врска со тоа беше и магистерската работа под наслов „Разложување на консонантските групи во македонскиот јазик и во рускиот јазик“. Докторската дисертација беше од областа на лексиката и од историјата на македонскиот јазик, нејзиниот наслов е „Русизмите во македонскиот јазик“. Инаку, не се определив за некоја посебна област од лингвистиката, пишував најчесто на компаративни теми (македонско-руски). Вие сте еден од авторите на големиот руско-македонски речник. Колку една ваква обемна лексикографска работа претставуваше предизвик и постоеја ли проблеми со кои се соочивте за време на пишувањето на речникот? Над речникот работевме тројца автори. Тој требаше да се печати во Москва. Првата година на работа се одвиваше во

постојани консултации со редакцијата во Москва. Меѓутоа, и таму решија да го намалат одливот на средства, па така ние останавме и без издавач и без средства. Работата над речникот беше интелектуален предизвик, но додека да излезе од печат доживеавме тешки моменти. По многу кинење нерви (што имаше веројатно одраз и врз квалитетот на работата), речникот го издаде Филолошкиот факултет, за што сме му благодарни. Во колкав обем е сега присутна Русија со својата литература, култура, па и целокупен општествен живот во вашата секидневност? Сега сум подолго време во пензија. Без руската литература не знам какво би било моето секојдневие. Многу сум им благодарна на колегите и на пријателите што не ме забораваат и од Москва ми носат книги или ми ги позајмуваат своите. Ка-

тедрата доби голем број книги од „Фондот на Солженицин“, па и оттука земам книги. Како и да е, не останувам без книги. Тука е и руската телевизија, слушам вести, интересни ми се различни панелдискусии и емисии посветени на историјата и слично. Кога ќе погледнете отстрана, на што најмногу можете да кажете дека се гордеете во вашиот професионален ангажман? Не би зборувала за гордоста, туку за среќата. Во еден момент од животот се сретнав со русистиката (филолошка област која се занимава со рускиот јазик и литература) и тоа стана средба за цел живот. Таа стана мојот raison d`être.Тоа му даде смисла на мојот живот и сè уште го осмислува. Тоа е навистина среќа. А, гордоста е ефемерна, релативна компонента на животот.

Архива

исла на мојот живот


ИМПРЕСУМ

16 |

КАЛЕИДОСКОП

Додатокот „Руска реч“ го финансира, уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва, Русија). Интернет-страница: mk.rbth.com Еmail: urednik@mk.rbth.com Телефон: +7 (495) 775 3114 Факс: +7 (495) 988 9213 Адреса: ул. Правды 24, д. 2, Москва 125993, Россия. ЕВГЕНИЈ АБОВ издавач и директор на RBTH ПАВЕЛ ГОЛУБ главен уредник на додатоците на RBTH ВЈАЧЕСЛАВ ЧАРСКИ генерален продуцент ЕМИЛ НИАМИ превод, лектура, веб, гостин-уредник на додатокот „Руска реч на македонски“ ЈАНЕ ЈОВАНОВ, ТРАЈЧЕ СТОЈАНОВ превод, лектура, веб ЕКАТЕРИНА ТУРИШЕВА заменик генерален продуцент за Балканот, МАРИЈА СМИРНОВА асистенција, веб АНДРЕЈ ЗАЈЦЕВ, НИКОЛАЈ КОРОЉОВ илустрации За огласување во овој додаток, ве молиме да се обратите на ЈУЛИЈА ГОЛИКОВА, директор на одделот за односи со јавност: julia.golikova@rbth.com ИГОР ДАНИЛОВИЌ координатор на „Руска реч“ во „Нова Македонија“ ВЛАДИМИР МИЈАНОВИЌ помошник координатор на „Руска реч“ во „Нова Македонија“ МАРЈАН ДЕЛЕВСКИ дизајн САША БЕЛЕВСКА технички уредник © 2014 сите права се задржани од ФГБУ „Росијскаја газета“: АЛЕКСАНДAР ГОРБЕНКО претседател на редакцискиот совет, ПАВЕЛ НЕГОИЦА генерален директор, ВЛАДИСЛАВ ФРОНИН главен уредник.

Антон Белицки / РИА Новости

Писмата на читателите, колумните и илустрациите означени како „мислење“, како и текстовите од рубриката „погледи“ во овој додаток се избрани за да претстават различни гледишта и не го изразуваат нужно гледиштето на уредникот на проектот „Russia Beyond the Headlines“ или на весникот „Росијскаја газета“. Ве молиме вашите писма и коментари да му ги испраќате на уредникот на urednik@mk.rbth.com

Шефовите на државитечленки на Шангајската организација за соработка (Русија, Кина, Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан) на самитот на ШОС, кој се одржа на 11 и на 12 септември во Душанбе.

Асошијетед прес

Забрането е копирање, дистрибуција или преземање на содржините од овој додаток, освен за лична употреба, без писмена согласност на „Росијскаја газета“. Ве молиме за дозвола да се обратите на телефон +7 (495) 775 3114 или на и-мејлот urednik@mk.rbth.com „Russia Beyond the Headlines“ не сноси одговорност за ненарачаните текстови и фотографии.

ИТАР-ТАСС

Russia Beyond the Headlines (RBTH) го финансира „Росијскаја газета“, руски дневен весник. Содржината на овој подлисток е подготвена без учество на новинари и уредници на „Нова Македонија“. RBTH се финансира за сметка на добивката од рекламодавците и од комерцијалните спонзори, а исто така и од средства на руски државни институции. Ние се занимаваме со независна редакциска позиција и претставуваме различни гледни точки на настаните во Русија и во останатиот свет со помош на квалитетна содржина и експертски мислења. Од моментот на нашиот почеток во 2007 година се стремиме да се придржуваме до високите редакциски стандарди, да го покажеме најдоброто новинарство од Русија и за Русија. На таков начин се надеваме дека ќе пополниме една важна дупка во информирањето за нашата земја од страна на другите медиуми. Сите прашања и коментари за нашето финансирање или за нашата редакциска структура, ве молиме да ги упатите на urednik@mk.rbth.com. Повеќе информации на mk.rbth.com. RBTH издава 29 прилози во 23 земји со вкупна месечна публика од 33 милиони луѓе, а исто така одржува и 19 сајта на 16 јазика.

Човек носи портрет на фоторепортерот на новинската агенција „Русија Денес“ Андреј Стенин кој загина во Украина. Портретот го нацртаа московските уметници на акцијата одржана на Никитскиот булевар во Москва во спомен на новинарите кои загинале за време на својата работа во воените жаришта. Акцијата беше одржана по повод Меѓународниот ден на солидарноста на новинарите .

Претседателот на Советот на федарацијата Валентина Матвиенко и уметничкиот раководител на театарот „Табакера“ и на МХТ „А.П. Чехов“, Олег Табаков (во средина од лево кон десно), на церемонијата на откривање на споменикот посветен на основачите на Московскиот уметнички театар, К. Станиславски и В. НемировичДанченко, поставен на раскрсницата меѓу улиците Тверскаја и Камерговска во Москва.


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.