Rrm 2014 10 (#20)

Page 1

mk.rbth.com

Прилогот го уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва), која е целосно одговорна за содржината. Се печати и се дистрибуира во соработка со „Нова Македонија“.

САБОТА - НЕДЕЛА, 18-19 ОКТОМВРИ 2014 ГОДИНА

Да се стабилизира берзата стр. 2-3

Како да се зачуваат малите етноси?

Спортските вундеркинди на Русија

стр. 6-7

БРОЈ 20

Париз, Берлин, Лajпциг и други руски села стр. 12-13

стр.14-15

Само на mk.rbth.com Повеќе теми на интернет -страницата на „Руска реч“

Русија како предводник во атомската енергија стр. 8-9

„Росијскаја газета“ уредува прилози за Русија во 29 водечки светски весници, вклучувајќи ги и „Њујорк тајмс“, „Дејли телеграф“, „Фигаро“ и „Ла Република“

Антон Денисов / РИА Новости

Издание на


2|

ЕКОНОМИЈА

Да се стабилизира берзата Алексеј Лосан Последнава година Московската берза успеа да ја стабилизира својата работа и да спроведе цела низа реформи насочени кон привлекување долгорочни инвестиции. Ова на Сочинскиот инвестициски форум го обелодени директорот за развој на примарниот пазар и за поддршка на клиентите при Московската берза Ана Василенко. Според неа, во последниве три години биле спроведени сериозни реформи на берзата, а како резултат на тоа тргувањето со руските хартии од вредност во Москва во споредба со Лондон пораснало за 10 до 15 проценти, односно на 60 отсто. - За половина година индексот на ММВБ падна за 3 отсто, а на РТС за 6 проценти, при тоа што надворешнополитичките ризици се доста високи, а со голем дел од акциите на руските компании управуваат нерезидентни клиенти изјави Ана Василенко. Според неа „крупните инвеститори добиле погодности и квалитетна инфраструктура“. Освен тоа, во блиска иднина Московската берза планира да добива и средства од руски инвеститори – приватни лица преку новиот механизам за индивидуални инвестициски сметки. НОВ ИНСТРУМЕНТ

Од 1 јануари 2015 година во Русија ќе почне да функционира механизмот за индивидуални инвестициски сметки (ИИС). За разлика од обичната брокерска сметка, ваквата сметка им овозможува на плаќачите на даноци да добијат неколку погодности. Инвеститорот може да избере еден од двата типа за враќање на данокот. Во првиот случај тој треба да купи и да поседува хартии од вредност во период не помал од три години, по што се компензираат неговите даночни трошоци. Во вториот случај тој може на инвестициските сметки да врши неограничено количество зделки, а целиот приход од операциите ќе биде ослободен од плаќање данок. „Денес многу луѓе бараат алтернатива за депозитите и за недвижностите, така што ваквите сметки се одлична алтернатива“, смета раководителот на одделот за проектна аналитика на инвестицискиот холдинг ФИНАМ Генадиј Кузнецов. Според него, на ваков начин, инвестициите на берзата ќе станат долгорочни: пред изминувањето на трите години ќе биде невозможно да се изврши поврат на данокот. Индивидуалните сметки се однесу-

ваат на сите категории инвеститори, уверуваат во службата за односи со јавност на Московската берза. Ваквите сметки можат да ги користат и странци, кои во Русија живеат повеќе од 180 дена годишно. Според оценките на ФИНАМ, првиот бран побарувачка за инвестициските сметки ќе го формираат оние луѓе кои одамна имаат фрлено око на пазарот на хартии од вредност, а кои од не-

какви причини досега не се решавале да отворат сметка. Во компанијата сметаат дека ваквиот вид „околупазарна“ публика е голема и дека таа изнесува од 1,5 до 2,5 милиони лица. Притоа, сопствениците на депозити ќе му се приклучат на овој бран по две-три години. -На почетокот бројот на лица кои ги користат индивидуалните инвестициски сметки нема да биде голем, но по не-


ЕКОНОМИЈА

|3

Сергеј Кузнецов/ РИА Новости

Руските власти се обидуваат да ја стабилизираат работата на берзата со привлекување средства од страна на населението со помош на нов инструмент – инвестициски сметки кои овозможуваат да се заштеди при плаќањето данок при операции на купопродажба на хартии од вредност. Според експертите, ова решение ќе овозможи тргувањето на Московската берза да биде помалку шпекулативно, а исто така ќе овозможи да се добијат 25,5 милијарди американски долари на берзата

колку години инвестициските сметки ќе ги користи 5-10% од населението - сметаат во ФИНАМ. ДОЛГОРОЧНИ ПЛАНОВИ

Со помош на новиот механизам на руската берза се планира да се привлечат нови купувачи на хартии од вредност: во услови на политичка нес-

табилност конзервативните инвеститори, според експертите, започнаа со купување странски активи. - Во моментов нашите клиенти купуваат меѓународни активи: фактички овие пари не одат во полза на руската економика. На целиот пазар се собираат околу една милијарда рубли (25,5 милиони американски долари) месечно и само дел од овие средства се вложуваат

во меѓународни инструменти - вели Јуриј Белоношченко, генерален директор на компанијата „Уралсиб“. Според него, за поддршка на нивото на живот некои инвеститори едноставно ја трошат својата заштеда. Во ваква ситуација инвестициските сметки претставуваат добра алтернатива за странските инвестиции, смета Белоношченко. - Ние можеме да создадеме берза за сметка на внатрешните инвеститори, доколку целиот систем биде изграден правилно - додава тој. Според претседателот на советот на Националната асоцијација на недржавни пензиски фондови Константин Угрјумов, руските активи веќе ги привлекоа шпекулативните инвеститори, но за стабилност на пазарот потребен е конзервативниот руски инвеститор. - Инвестициските сметки претставуваат алтернативен банкарски депозит, и се очекува дека на ваков начин на берзата ќе се слеат до 1 трилион рубли (15.5 милијарди американски долари) - вели тој. Според Јуриј Белоношченко, прашањето се состои во тоа колку е подготвен рускиот инвеститор да вложи во пазарот на акции. Не се исклучува дека пазарот ќе остане депозитно-облигациски, со внимание забележува експертот.


4|

ПОГЛЕДИ

Поскромно, но посигурно Фјодор Лукјанов Можат ли Русија и ЕУ да се вратат на поконструктивни односи? Затоа што сè до неодамна беше вообичаено да се зборува за стратешко партнерство. А, правната основа за односите – Договорот за партнерство и соработка (ДПС) е со 20-годишно минато, и предвидува дека страните ќе се движат кон сестрано зближување и интегративна форма на соработка. ДПС никој нема да го укине, тоа едноставно не е потребно. А, на новиот базичен документ, за кого се водеа разговори до кризата во Украина, може да се заборави. Кога контактите на Москва со европските главни градови ќе се обноват во целосен обем, порано или подоцна тоа е неизбежно, во принцип ќе биде потребен нов модел на односи кој нема да произлегува од долгорочни желби, туку од реалноста и од границите на можното. РФ и ЕУ се практично на иста возраст. Првата се појави на мапата на светот во декември 1991, а втората во февруари 1992 година. И двете се новоформирани, но претставуваат наследници на долгата историја на своите претходници. И да се тврди дека во почетокот на деведесеттите години од минатиот век сè почна од нула, не е во целост точно. Сепак, не може да се негира и обидот за суштински нов старт. Најпрво и двете страни се согласуваа дека нивна долгорочна цел е градењето заедница врз основа на хармонизација на регулаторната рамка со цел максимално можно зближување. Европската Унија е необична структура. Комплексноста на внатрешната структура и живо нагласената идеолошка компонента ја прават лошо приспособена за нормални односи со надворешни партнери. Особено со оние кои можат да се сметаат за потенцијални учесници во европскиот проект во потесна (членството) и поширока (зоната на примена на правилата и нормите на ЕУ) смисла. Русија никогаш сериозно не ја разгледувала можноста за стапување во ЕУ, а Брисел не гледаше на неа како на можен кандидат. Сепак, со фактот дека европската нормативно-правна рамка може и треба да служи како основа за зближување, Москва во целост се согласуваше. Впрочем, во определен момент стана јасно дека само многу слаба Русија може да ги задоволува параметрите

неопходни за ваквиот пристап. За да ја обнови функционалноста на државата по кризата во деведесеттите години од минатиот век, Москва бараше сè порамноправен модел на односите. Односно, не врз база на правната основа на ЕУ, туку на некои меѓусебно усогласени правила. Меѓутоа, Европската Унија не е многу способна за тоа. Затоа беше задржана старата фор-

ма, а содржината беше безживотна. Украинската криза ја повлече линијата. Да се зборува за стратешко партнерство кога едни на други си воведуваат санкции е бесмислено. Што понатаму? За наредниот период задачата е минимизирање на штетите. Демонтирањето на претходниот модел може да се случува во контролиран режим, а може и во ко-


ПОГЛЕДИ

|5

Константин Малер

Односите меѓу Русија и Европската Унија остануваат повеќе од затегнати, а зрак на надеж не се гледа. Очигледно е дека Брисел нема да ги укине санкциите – барем не во блиска иднина. Освен тоа, секое превирање на истокот на Украина сега, судејќи според сè, се интерпретира исклучително како вина на Москва и може да послужи како повод за идни мерки на одмазда. Така, неодамна беше кажано дека санкциите против Русија ќе бидат пожестоки, доколку единиците на ДНР ја преземат контролата над аеродромот во Донецк. Односно, Русија е одговорна воопшто за сè што се случува во Украина

лабиран. Засега се случува второто. Новиот шеф на дипломатијата на ЕУ Федерика Могерини, зборувајќи неодамна на расправата во Европскиот парламент, изјави: „Русија… може да не биде партнер во моментот, но таа е стратешка земја во светот. Нам ни треба длабоко да ги преиспитаме нашите односи со Русија во следниве пет години.“ Ова е вистинскиот при-

стап. Од една страна, признанието дека од Русија не може да се избега, од друга – потребата да се преиспита самиот модел. На Русија ѝ е потребно истото – да сфати што сакаме од Европската Унија, ако ги снема интегративните илузии. Иако сериозен приоритет станува свртувањето кон Азија – не против Европа, туку едноставно затоа што

не се може без јасна политика во односите со делот од светот што најбрзо се развива во ХХI век. Стариот свет останува заедница што ни е најблиска во историско-културните односи. Страстите кои вријат меѓу Москва и европските престолнини се потврда за токму таа блискост и долга хроника на постоењето. Азија едноставно не предизвикува емоции. Европа долго време ќе биде најважен економски и технолошки партнер, макар што сега се прави сè за да се намали меѓусебната зависност. Разумен би бил прагматизмот, признанието дека нашите сегашни разлики се делумно производ на нашите заеднички корени од кои стеблата почнале да растат во различни правци. Затоа, како прво, различните пристапи не се доказ дека за нечија невиност или супериорност, туку едноставно се факт. И, како второ, експанзијата на обидите да се освои поголем „животен простор“, независно со какви методи се реализира – военополитички или информативно-правни се преполни со огромни тешкотии за двете страни. Треба да се однесувате внимателно, сфаќајќи дека идеална хармонија не може да постои, но и да избегнувате автодеструктивна дисхармонија. Тогаш имате шанса по некое време да почнете да го градите новиот простор за „голема Европа“ кој постепено се прелева во „голема Азија“. Без амбициозни шеми и стремежи да се промените едни со други, туку со разбирање за меѓусебната потреба. Авторот е претседател на президиумот на Советот за надворешна и одбранбена политика


6|

ОПШТЕСТВО

Како да се зачуваат мал Русијаеземјасоетничкаразноликосткоја предизвикува восхит. Стотици народи живеат на огромната територија што се протега од Сахалин до Калининград, и секој етнос има свој јазик, своја традиција и култура. Не се исклучок ниту мали народи, кои илјадници години живеат во хармонија со природата во суровите услови на рускиот Север. ЧЕТИРИЕСЕТ МАЛИ НАРОДИ

ВомалитенародиодСеверотвообичаено севбројуваатетноситештоживеатнарускиот Север, а кои не бројат повеќе од 50 илјади луѓе. Друг критериум според кој некои етноси можедасевбројатвоавтохтонинародиетрадиционалниот начин на живот и постоењето свестзаидентитетнасопственатаетничказаедница.ВосогласностсоКонцептотзастабиленразвојнамалитеавтохтонинародикојвладата го усвои во 2009 година, во категоријата „мали автохтони народи“ се вбројуваат 40 етноси. Територијата на кои тие живеат е мошне голема. Саамите, на пример, го имаат целосно населено Колскиот полуостров, кој се наоѓа на границата со Финска, додека АлеутитеиЕскимитеживеатвонајисточнитекраишта на Русија, односно на источниот дел од Чукотскиот полуостров и на островот Врангел.Определенинароди,каконапримерЧукчите и Ескимите, им се добро познати на жителите на Русија. Од друга страна, постојат и такви народи како што се, на пример, Нагнасаните или Нивхите, за кои немаат слушнато дури ни просечните Руси, а за странците да не зборуваме. Народите од рускиотСеверсеразликуваатипобројноста.Ненците,например,населилеголемо подрачје на брегот на СеверенледенокеанинаСибир,итие можат да се пофалат со својата бројност, зашто ги има речиси 45 илјади (според пописот на населението од 2010 година).

Автохтоните народи на Северот, на Сибир и на Далечниот Исток на Русија претставуваат мали етноси кои бројат само неколку стотини до неколку десеттини илјади лица. Овие народи од најстарите времиња живееле во сурови природни услови, без да го сменат начинот на живот. Меѓутоа, денес им е сè потешко да ја зачуваат хармонијата со природата. Најголемата опасност што им се заканува во оваа смисла се сè полошите еколошки услови и постепеното слевање со другите етноси Нивни роднини се Енците, кои според истиот попис ги има нешто повеќе од 200 лица, а голем дел од нив не го знаат еначкиот јазик. Низ историјата начинот на живот на малитеавтохтонинародинаСеверотзависелод суровите климатски услови. Занимањата на автохтоните народи биле и останале традиционални: лов, риболов, одгледување ирваси(шточестоподразбираномадскиначинна живот) и одгледување кучиња. Но, какоштоземазамавурбанизацијата почнува и освојувањето на оддалечените, па дури и непристапниобластинарускиотСевер. Со самото тоа и припадниците на традиционалните номадски народи имаат сè поголеми можности да се преселат во градовите и постепено се асимилираатсодругитеетноси.Наова своевремено влијаела

и политиката на принудување на овие народи да се откажат од номадскиот живот, што била спроведувано во советско време. Друг проблем е сè полошата еколошка ситуација, а таа е поврзана со сè поинтензивниот развој на индустријата. И едното и другото го подриваат традиционалниот начин на живот на севернитенароди,заснованнатеснатаврска со природата. ПРАВО НА РИБА

Григориј Летков, претседател на Асоцијацијата на малите автохтони народи на Северот, Сибир и на Далечниот Исток на Русија, за „Руска реч“ ја коментираше моменталната ситуација. Тој нагласи дека во моментов во Русија постои добра законска основа, дека државата ги штити автохтоните народи на рускиот Север, и дека, за разлика од советското време, никој не инсистира номадите да ги остават своите ирваси и да заминат на работа во земјоделските задруги. Во исто време, како што истакнува Летков, Русија може да преземе и други чекори. Според него, во прв ред е потребно во законотдасевнесатдополнувањасокоиќесерегулираат традиционалниот лов и риболов, за да се олесни пристапот до природните добра. Освен тоа, Летков обрна

ТАСС

Олег Егоров

Камп на одгледувачи на елени во пределот на езерото Јарато на полуостровот Јамал


ОПШТЕСТВО

|7

ТАСС

ите етноси?

особено внимание на еколошкиот аспект, и со дипломатски речник објасни дека „во врска со развојот на проектите за експлоатација на нафта и гас треба да се прецизираат низа моменти поврзани со оценката на влијанието на индустријата врз традиционалниот начин на живот“. Со други зборови, интересите на големите компании кои го придвижуваат производството во Сибир, на рускиот Север и на рускиот Далечен Исток, понекогаш се во спротивност со интересите на автохтоните народи. Освен тоа, Летков истакна дека е неопходно да се „регулира редоследот на утвр-

дувањетонанационалнатаприпадност“,што упатуванапроблемотнанационалниотидентитет на народите од рускиот Север, со оглед на тоа дека определени етноси по склопувањето мешани бракови и постепеното слевање со другите народи можат засекогаш да исчезнат од лицето на земјата. Тоа, на пример, се случи со Кереците, мал народ кој на почетокот на 20 век во целост се асимилираше со Чукчите. Поддршката и заштитата на уникатните традиции и обичаи на народите од рускиот Север е задача од животна важност не само за припадниците на овие народи, туку и за руската влада.

Од друга страна, Дарја Халтурина, социолог и етнограф, доцент на Руската академија за народно стопанство и државна администрација, со голема доза оптимизам зборувазаперспективитенапоголемиотброј народи на рускиот Север: „Сега народите од Северотимаатголемнаталитет,такаштоцелосното исчезнување не им се заканува, што дава можност да се зачува нивната древна култура. Сепак, неопходно е да се бориме со големиот процент на смртност кај народите од рускиот Север, Ова пред сè се однесува на смртноста на мажите од алкохолизам, но и смртноста кај децата“.


8|

НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА

Русија како предводник Марк Купер Годинава на конференцијата учество зедоа околу 1.000 делегати од 59 земји. Научници, претставници на државни структури и на големи енергетски компании ги разгледуваа перспективите за развој на истражувањата во областа на термонуклеарната енергетика, а исто така и уште едно особено важно прашање – технолошките и инвестициските можности за примена на ваквата енергетика. Единствениот проект во сферата на термонуклеарната синтеза во моментов е меѓународниот експерименталниот термонуклеарен реактор (ИТЕР), кој се гради на територијата на Франција, на 60 километри од Марсеј, во истражувачкиот центар Кадараш. Градбата, чија вредност на почетокот беше оценета на 5 милијарди евра, беше планирано да заврши во 2016 година, но постепено предвидената сума порасна двојно, а рокот за почетокот на експериментот беше поместен за 2020 година. Целта на експериментот е да се демонстрира научната и техничката можност за добивање термонуклеарна енергија во мирни цели. Во реализацијата на проектот учествуваат земји од ЕУ, Индија, Кина, Република Кореја, Русија, САД и Јапонија.

Во основата на ИТЕР беа поставени знаењата и искуствата од областа на управуваната термонуклеарна синтеза (УТС), добиени во СССР. Во 1985

ИТЕР од гледна точка на безбедноста Термонуклеарниот реактор е многу побезбеден од нуклеарниот реактор во однос на радијацијата. Пред сè, количеството на радиоактивни материи што се наоѓаат во него е релативно мало. Енергијата што може да се ослободи како резултат на каква и да е хаварија, е исто така мала и не може да доведе до разурнување на реакторот. Притоа во конструкцијата на реакторот постојат неколку природни бариери кои го спречуваат ширењето на радиоактивните материи.

Росатом

РУСКИТЕ КОРЕНИ НА ИТЕР

Секоја втора година Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) организира конференција за термонуклеарна синтеза. Оваа година во периодот од 13 до 18 октомври Санкт Петербург за првпат беше домаќин на една ваква конференција, која претставува главен простор за средба на меѓународните експерти за термонуклеарна синтеза година физичарот Евгениј Велихов во името на СССР им предложи на научниците од Европа, САД и од Јапонија заедно да создадат термонуклеарен реактор, а веќе во 1986 година во Же-

нева беше постигната согласност за проектирање на инсталација, која подоцна го доби името ИТЕР. Во 1992 година партнерите потпишаа четиристрана спогодба за разработка на ин-


НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА

|9

во атомската енергија Што е тоа „Росатом“?

MADE IN RUSSIA, USED IN CADARACHE

Еден од основните компоненти на реакторот, проводник за магнетен индуктор, кон крајот на јули годинава успешно го мина тестирањето во Швајцарија. Ова е критички важен елемент, со оглед на тоа дека благодарение на него ќе биде создадено магнетно поле за задржување на плазмата. Проводникот

женерски проект на реакторот. Уште на самиот почеток на проектот земјите-партнери се договорија за тоа кој и што ќе испорачува на објектот, и дека ова треба да биде не само соработка во инженерингот, туку и можност за секој од партнерите да добие нови технологии од другите учесници, со цел во иднина да ги развива самостојно. Русија во голем дел го надминува светското ниво според технологиите на термонуклеарна синтеза. За ИТЕР таа треба да произведе и да испорача сè на сè 20 системи. За нивното производство одговараат претпријатијата кои влегуваат во државната корпорација за атомска енергија „Росатом“.

е произведен во соработка со руските и со европските специјалисти. Руската страна се занимаваше со производство на самиот кабел, додека европските колеги го поставуваа во челична обвивка. Сè на сè за ИТЕР руските атомски работници треба да испорачаат околу 20 отсто од суперпроводниците. Производство на суперпроводници постои и во други земји, но во Русија, без оглед на сите историски тешкотии, тоа во моментов најмногу одговара на потребите на ИТЕР. Уште една технологија во која лидер е Русија е производството на првиот ѕид на термонуклеарниот реактор од берил. Тој гледа директно на плазмата и ги прима во себе сите зрачења од неа. Русија треба да произведе 40 проценти од овој елемент за ИТЕР. Освен тоа, на почетокот на јуни беше обелоденето дека Русија ќе произведе и ќе испорача за ИТЕР системи за дијагностика, со чија помош научниците ќе го следат однесувањето на плазмата во реакторот. сè на сè во рамките на учеството во проектот ИТЕР Русија треба да произведе 9 од 45 системи кои се неопходни за набљудување на работата на термонуклеарниот реактор.

ИТЕР

Државната корпорација „Росатом“ одговара за развојот на атомската енергија во Русија и за нуклеарната безбедност. Корпорацијата во себе обединува повеќе од 350 претпријатија и научни организации, меѓу кои се и сите граѓански компании од атомската гранка во Русија, претпријатија од комплексот за нуклеарно вооружување, научно-истражувачки организации и единствената мразокршачка флота во светот. „Росатом“ го зазема првото место во светот според количеството на истовремена градба на атомски централи во странство, второ место во светот според резервите на уран и четврто место во светот според генерацијата на атомска електрична енергија.


10 |

РУСИЈА-МАКЕДОНИЈА

Москва и тогаш и сега – Мишел Павловски, доктор на театрологија, професор на Институтот за македонска литература во Скопје и поранешен студент на Рускиот универзитет за театарска уметност ГИТИС, на македонската јавност ѝ е познат по својот специфичен однос кон културните и општествените случувања. Овој пат со него разговараме на една друга тема – Русија во неговиот живот Емил Ниами Како се најдовте во Москва и кој беше патот кон запишувањето на ГИТИС? Татко ми, Јован Павловски, беше дописник на „Нова Македонија“ од Москва во периодот од 1986 до 1990 година. Целото семејство – татко ми, мајка ми, баба ми, сестра ми и јас – тие четири години живеевме во главниот гард на тогашниот Советски Сојуз. Уште кога се подготвував за преселбата знаев – ќе се запишам на ГИТИС, на Факултетот за театрологија. И тогаш и денес, Руската театарска академија – ГИТИС беше една од најреномираните театарски школи во Европа. Не само поради тоа што е основана од Всеволод Мејерхољд во дваесеттите години на минатиот век, не само поради тоа што на неа предаваа врвни руски и советски режисери, театролози, актери. Мене некако најмногу впечаток ми остави духот на ГИТИС, начинот на размислување за светот и за уметноста и на студентите и на професорите. Какви беа вашите впечатоци од Москва во тоа време? Возот од Скопје пристигна на Киевската железничка станица попладнето на 7 ноември 1986. За Советите тоа беше голем празник – денот на Октомвриската револуција. Ме пречека облачна, студена, темна и маглива Москва. Првата мисла ми беше: „Го разбирам Миладинов.“ Додека ја кажував „Т‘га за југ“, онака за себе, се прашував: „Каде дојдов?“ Дури утредента почнав да ја запознавам вистинската Москва. Со театрите, со галериите, со шверцерите на вотка (тогаш на сила беше неофицијалната прохибиција на Горбачов), со своите жители, со смесата на традицијата, историјата и современоста... Секако и со она што така стерео-

типно се нарекува „широка руска душа“, но и со сомнителните типови кои ги има секој мегалополис. И во советско време и во времето на глобалните текови... Москва тогаш живееше свој, оригинален и прекрасен живот. А, кога на минус триесет и кусур во јануари ќе бликнеше сонцето и кога градот ќе се капеше во светлина, сфаќаш зошто, меѓу другите имиња, Москва ја викаат „белокаменаја“. Вака со еден збор, ако сакате, впечатоците за Москва и тогаш и сега – прекрасна. По Скопје се разбира. Вие се наоѓавте во Москва за времето на перестројката. Како ја доживеавте оваа епоха? Перестројката беше динамично и интересно време. Да бидеш сведок на транзицијата или – на почетокот на транзицијата во најголемата социјалистичка држава, да ги набљудуваш кај луѓето чувствата на „социјалистичкиот интернационализам“ и одново откриеното чувство на „големата империја“, нивните судири и често хармонизирања, беше, велам, интересно. И поучно. Како се одвиваа вашите студентски денови? Фантастично. Има ли некој кој нема истото да го одговори за своите студентски денови? Колку ГИТИС претставува вистинско место за луѓето што се занимаваат со театарската уметност? Веќе реков. И кога студирав таму и денес, Руската театарска академија ГИТИС беше и е една од најдобрите театарски школи во Европа. Во неа, на некој начин, се концентрирани искуствата на рускиот театар. Традицијата на руската и на советската сцена се преломува, се фокусира имено во ГИТИС. За македонскиот театар се вели дека е изграден и дека сè уште ја следи руската театарска традиција. Колку сте согласни со ваквото мислење?


РУСИЈА-МАКЕДОНИЈА

| 11

прекрасна

фотографија од лична архива

Мишел Павловски

Тешко е да се каже дали е тоа така. Мислам дека поточно би било да се рече дека македонскиот театар отсекогаш сакал да ја следи руската театарска традиција. Колку во тоа успевал... Па, сè е релативно, нели? Во некои минати времиња во театрите можевме да видиме класични постановки на многумина руски автори. Денес ситуацијата е сосема сменета, нив речиси ги нема на репертоарот. Што губи, а што добива македонскиот театар со ваквата театарска политика? На моите студенти постојано им повторувам дека публиката, или ако сакате да ја употребам современата фраза она што некогаш се нарекуваше публика, не е збир на консументи кои безусловно ќе прифатат сè што им се нуди. Односот публика-уметност, поточно, односот публика-создавачи на уметноста, па во таа смисла и односот публика-театар е многу посуптилен и во секој случај: двонасочен. Театарот се прилагодува на културниот контекст, на потребите и желбите на публиката, консументите, се разбира, се прилагодува и на потребите и желбите на оние кои го контролираат културниот контекст. Носите ли во себе сè уште нешто од руската култура, применувате ли некои нејзини делови, како на професионален, така и на личен план? Секако. На пример, постојано се навраќам на некои руски книги - трилогијата на Алексеј Толстој за Борис Годунов ја препрочитувам еднаш годишно. Прекрасен јазик, прекрасен текст. Често прегледувам редица блогови на Рунет-от. Русите се многу активни на тоа поле и кога станува збор за културата и кога станува збор за политиката. Тука се и постојаните контакти со моите драги колешки, прекрасни македонистки, Наталија Бороникова, Марија Проскурнина, Елена Вережникова... Во Македонија е голема заинтересираноста за театарската уметност кај идните студенти. Руската Федерација секоја година издвојува голем број стипендии за нив. Од оваа дистанца, би им го препорачале ли ГИТИС на македонските студенти и кои би биле Вашите препораки за нив? Од сè што реков, чинам, повеќе од јасно е дека ГИТИС секако, топло и искрено би го препорачал. Особено за идните режисери. Препораките... ако веќе сте во Москва, уживајте во белокамената, во нејзините театри и во нејзините кафеани, во дружењето со Русите и, секако, во суптилната нежност и прелест на Русинките..


ПАТУВАЊА

ТАСС

12 |

Париз, Берлин, Лajпциг и Дарја Кезина

Париз, Фершампенуаз, Берлин, Лајпциг, Варна, Касел, Порт Артур и уште околу дваесетина населени места на картата на Чељбинската област се наречени по имињата на европски градови во чест на воените победи на руската војска во Германија и Франција во 1799 и 1813-1814 година. Овие имиња им ги дале на своите населби православните Козаци, испратени за засилување на јужните граници на Руската империја. Оваа добро замрсена географска збрка станала не само своевиден симбол на воената слава, туку и една од најнеобичните и најомилени руски маршрути за туристите. Патувањето од Париз за Берлин по уралските патишта може да се направи за еден ден, најдобро со автомобил и доколку сакате - во придружба на локалниот водич. КОИ СЕ НАГАЈБАКИТЕ?

Во уралскиот Касел нема да можете да си поседите во паб и да се напиете баварско пиво, во уралскиот Париз нема да најдете ревија на висока мода. Уредениот селски живот со греење на печки и бунари, ниски дрвени куќички, правливи селски патишта, убави црквички и волшебна уралска природа. Сите „европски “ села се одликуваат со правилно улично-квартно планирање: селата биле зајакнати со населувањата на Козаците и извршувале одбранбена мисија, затоа улиците биле градени строго под прав агол една со друга. Странските туристи во „Уралска Европа“ нема да ги најдат обичниот сјај и комфор, затоа можат да одморат од градската врева и да видат необични села со особен бит и да се запознаат со таинствените Нагајбаки - мал народ кој се формирал по покрстувањето на Татарите. Тие учествувале во Татковинската војна против Наполеон и влегле со руската армија во Париз во 1814 година. Нагајбаките многу ги сакаат туристите и, пред сè, ќе им пружат

на гостите топол прием, ќе ги запознаат со своите традиции и ќе им ги откријат тајните на рецептите за готвење од своите прабаби. Комуникацијата со овој гостопримлив народ може да ви се претвори во културен шок. Тие носат руски имиња и презимиња, но зборуваат на нагајбачки (дијалект на татарскиот јазик), имаат православна вероисповед но, без оглед на забраните на локалниот православен поп, до ден-денес вршат пагански обреди. На годишнината од смртта на роднините прават Голем помен со принесување курбан. Еднаш годишно пред Велигден загреваат бања на Величетврток. Нагајбаките имаат особена кујна, а омилен десерт им е вишна или дива цреша во путер со шеќер. Во 2012 година, 200 години по битката со Наполеон, немирните Нагајбаки се сетија на своите корени и одново тргнаа да го покорат Париз. Со автобуска тура преку Полска, Германија и Франција, делегација на Нагајбаките помина по истите населени места низ Европа, низ кои нивните предци порано ги зазеле и ги ставиле во состав на козачката војска. Париските бирократи не најдоа време за средба со веселата етногрупа од руската длабока провинција, а, пак, градоначалникот на Арси-Сур-Об ги прими Нагајбаките со највисоки почести, изговарајќи контроверзна претпоставка: „Вие сте првите Руси кои ни пристигнале по царот Александар Велики во 1814 година.“

ДА СЕ ВИДИ ПАРИЗ

Уралското село Париз има вкупно 2,5 илјади жители. Било основано пред 170 години како караула на Оренбуршката козачка војска, а звучното име на главниот град на Франција му било доделено во спомен на престојот на руската војска во Париз по поразот на Наполеон во 1814 година. Без оглед на селскиот колорит, тука сепак се чувствува духот на Франција. Локалните жители како во најдобрата европска традиција се движат со велосипе-

ди, дури имаат отворено и салон за убавина „Французинка.“ На централниот плоштад стои верна и најголема во Русија копија на Ајфеловата кула. 50-метарската имењачка е 6 пати помала и 160 пати полесна од симболот на Франција и има функција на предавател. Тука стои табличка „Кулата е изградена во слава на руските воини-победници“ (повторно се мисли на Татковинската војна 1812 година). Недалеку е и триумфалната капија која им го ограничува влезот на камионите и тракторите. Во буџетот на селото Париз има специјална ставка – за изработка на знаци со името на населеното место кои туристите ги сечат и ги носат со себе за спомен.

КОН БЕРЛИН

На 2 километри од границата со Казахстан, на 155 км од Чељабинск е сместено селото Берлин. Пред 270 години тоа никнало како воена населба на Оренбуршката козачка војска, тука биле удрени темелите на Троицката тврдина, биле изградени караули, бедеми и кордони.


Lori/Legion Media

| 13

Lori/Legion Media

ПАТУВАЊА

други руски села Својот европски назив малото уралско село го добило во чест на заземањето на Берлин од страна на руската војска во 1760 година за време на Седумгодишната војна 1756-1763 година и на Татковинската војна со Наполеон во 1813 година. Тука може да се сретнат уникатни куќи од непечена тула (глина) кои можат да стојат повеќе од еден век, ѕидовите ги издржуваат сите напади на природата и ја носат огромната тежина на покривот. Денес во уралскиот Берлин живеат не повеќе од 1.000 лица. Се занимаваат со земјоделие. Една од локалните знаменитости е „Берлинскиот ѕид“ – бетонска ограда со ироничен натпис. ВАРНА

Lori/Legion Media

Варна е најголемото и најубавото село на картата на „Уралска Европа“ и со право се смета за „бисер на јужен Урал“. Своето име го добило во спомен на заземањето на бугарската тврдина Варна во Рускотурската војна 1828-29 година, кога таа тврдина, која влегувала во состав на Турција, била заземена од руската војска. Ев-

ропскиот назив е Ден на сеќавањето за загинатите руски војници. Ова е поранешна козачка станица каде се доселувале Козаци од разни краишта на Русија. Така тука до денешен ден рамо до рамо живеат Руси и Калмики, Мордовци и Украинци, Белоруси и Татари – сè на сè околу 10 илјади жители. Соживотот меѓу овие култури и народности тече без какви било конфликти. На 2 километри од Варна се наоѓа археолошко чудо – 17-метарската Кула на Тамерлан (Мавзолејот на Кесене), споменик на средновековната муслиманска погребна архитектура од 14 век. Оваа градба, според легендата, ја изградил познатиот средноазиски освојувач од 14 век Тимур Тамерлан над гробот на ќерка си, која се вљубила во обичен војник и побегнала со него. Таткото ги стигнал бегалците и од гнев го егзекутирал саканиот на ќерка си, а девојката си го одзела животот зашто немала сила да ја преживее загубата. Денес ова е култно место, каде од сите страни доаѓаат нововенчани парови кои врзуваат шамичиња на решетките во знак на љубов и верност.

Во степскиот дел на Јужен Урал постои уникатно „островче на Европа“ – синџир од села со несекојдневни за руско уво европски имиња, со сопствена Ајфелова кула и Берлински ѕид ФРАНЦУСКИ ЗАМОК И ФРАНЦУСКА ПЛАНИНА

Уште една силно изразена „европска“ знаменитост се наоѓа 2 километри северозападно од селото Наила во Чељбинската област. На таканаречената Француска планина во шумата се наоѓаат урнатините од „Францускиот замок“ – централната зграда на фабриката за обогатување на азбест, каде од 1878 до 1915 годна вршела ископување на азбест под концесија една француска фирма, на која царската влада ѝ дала за експлоатација парче земја со право на ископување минерали. Паралелно со тоа Французите кришум ваделе и рудно злато на реката Мијас и го криеле во скривници, за што сведочат скришните ниши во ѕидовите на замокот. Остатоците од фабриката претставуваат урнатини од градбите и потопените окна. На планината останал патот до врвот, скалите во шумата, купови згура од полускапоцениот камен серпентин. Од планината се отвора фасцинантен поглед на долината на реката Мијас и на Илменскиот гребен. Деталите можете да ги дознаете во Центарот за развој на туризмот на Чељабинската област, каде воедно можете и да добиете помош за патувањето по Јужен Урал: www.tourizm74.ru (достапен само на руски јазик), електронска пошта: ogbuk_crt@mail.ru, телефон + 7 351 263 12 24


14 |

СПОРТ

Спортските вундеркинди Алексеј Денисов Според бројот на спортски вундеркинди во Русија, без сомнеж, на прво место е уметничкото лизгање. Двократниот олимписки шампион Евгениј Пљушченко своите први награди во сениорска конкуренција ги освои уште во 1998 година, кога на 15-годишна возраст стана најмлад носител на титулата европски и светски шампион. Ирина Слуцкаја, двократна добитничка на олимписки медал, својот прв турнир во сениорска конкуренција (Nebelhorn Trophy) го освои на само 14 години. Во последниве дваесетина години во Русија се појавија неколку тенисерки кои својот успех го доживеала на рана возраст. Најистакната претстав-

AFP / East News

Марија Шарапова со главната награда на турнирот WTA во Пекинг, октомври 2014

ничка од оваа плејада е освојувачката на сребрениот олимписки медал Марија Шарапова. Мартина Навратилова, која во 6-годишното девојче виде натпросечен талент, уште во 1993 година го предвиде нејзиниот спортски успех. По една година Маша со татка си се пресели во САД, за да го продолжи своето образование во тамошните тениски академии. Во ноември 2000 година, кога имаше само 13 години, Шарапова го освои јуниорскиот турнир „Еди Хер“ за тенисерки до 16 години и ја доби наградата „Ѕвезда во искачување“ како „исклучително перспективна спортистка“. Само четири години подоцна Шарапова сензационално победи на Вимблдон и стана првата Русинка што го има освоено овој трофеј. Во финалето таа ја совлада актуелната шампионка на Вимблдон Серена Вилијамс. Шарапова ја порази Вилијамс и на крајот на таа сезона во финалето на завршниот турнир WTA. На 22 август 2005 година Марија стана првата Русинка која го зазела првото место на WTA-листата. Во 2012 година, пак, на Олимпијадата во Лондон таа стана првата жена-носител на олимписки медал во рускиот и во светски тенис.

Марија Шарапова (тенис) Едноставно се чувствувам како Русинка, тоа е длабоко во мене. Кога доаѓам тука (во Русија – заб. ред.), се чувствувам како конечно да сум се вратила дома. Сум имала многу можности да се откажам од државјанството, да земам пасош од некоја друга земја и да ја заборавам својата татковина. Во извесна мера на тој начин многу работи би ми биле поедноставни. Но, никогаш, дури ни за миг, не сум помислила дека можам да го сторам тоа.

Во руската кошарка вундеркиндите се реткост. Спортот кој го создаде Џејмс Несмит, во Русија не спаѓа меѓу најпопуларните. Затоа успехот на Андреј Кириленко, кој во јануари 1997 година со неполни 16 години заигра за главниот тим на „Спартак“, е попрво исклучок, одошто правило. Пет години подоцна руската кошаркарска ѕвезда преку ЦСК премина во НБА-лигата. Во екипата на „Јута Џез“ мина 10 сезони, стекнувајќи репутација на најдобар универзален играч во лигата. Во овој период Кириленко (прв меѓу Русите!) учествуваше на „Натпреварот на ѕвездите на НБА“, го освои златото на Европското првенство 2007, беше најкорисен играч (MVP)

на турнирот таа година, а ФИБА го прогласи за „играч на годината“ на стариот континент. На списокот на неговите одликувања е и еден олимписки медал – бронза од Лондон 2012. Во рускиот автоспорт отсекогаш имало многу млади перспективни возачи. Но, поради недостигот од финансии поголемиот дел од нив останале непознати за љубителите на овој вид спорт во странство. Михаил Аљошин имаше повеќе среќа. На 11 години стана првак на Русија во картинг, а на 14 дебитираше во руската „Формула-1600“ (освои два пласмана на подиумот и го зазеде петтото место во генералниот пласман во 2001 година). Две години подоцна Аљошин веќе возеше во германската „Формула Рено 2000“. Тука му беа потребни неколку години за прилагодување, а потоа следуваше прекрасната сезона 2005: победа, пол-позиција, седум пласмани на подиумот и второ место во генералниот пласман. Потоа – следно ниво: светската „Формула Рено 3,5“ и победа во поединечен пласман во 2010 година (меѓу возачите со кои се натпреваруваше таа година беа Даниел Рикардо и Жан Ерик Верн). Следуваа тест-возења за тимот „рено Ф1“. Се чинеше дека патот кон „Формула 1“ му е отворен. Но, парите и понатаму беа проблем. Кариерата фактички му беше стопирана... Сè дури Аљошин не се реши на ризичен потег: да премине преку океанот, во американската „Индикар“ серија, со што стана првиот Русин кој учествува на ова натпреварува-

Андреј Кириленко (кошарка) Кога бев дете имав само еден пар патики за една сезона. Доколку се скинеа, моравме да ги шиеме и да ги крпиме. Сега, пак, имам повеќе одошто ми требаат! Во НБА по секои три натпревари добиваме нови патики. Ни ги носат во големи пакети. Ако сакаш, можеш и на секој тренинг да носиш нови.

Играчот на тимот„ Minne Харисон Барнс, и кошаркарскиот натпре


СПОРТ

ње. Тимот „Schmidt Peterson Motorsports“ не спаѓа меѓу фаворитите на оваа серија, но во натпреварот „Гран-при Хјустон“ двата негови возачи, Французинот Симон Пажено и Русинот Михаил Аљошин, му ја донесоа првата двојна победа во историјата.

a Timberwolves“ Андреј Кириленко од Русија (лево) и ач на„Golden State Warriors“ во првото полувреме на р на НБА одржан на 16 ноември 2012 во Минеаполис

Михаил Аљошин (трки со автомобил) Хемингвеј рекол дека за спортови ги признава само коридата, алпинизмот и автомобилските трки, а дека сето останато се игри. Се чини дека во извесна смисла би требало да биде така. Трките треба да бидат ризични, а оние што учествуваат во нив на професионално ниво треба да бидат свесни за степенот на опасност. Во Европа оваа опасност денес не е толку очигледна како тука (во серијата Индикар – заб. ред.).

Михаил Аљошин пред трката на руската патека од Формула Рено 3.5 серијата одржана на Московското тркалиште

Игор Акинфеев (фудбал) Игор Акинфеев за време на тренинг на стадионот „Новели Џуниор“ во Иту, Бразил, 2014

AP

Александар Виљф / РИА Новости

Работата на фудбалски голман е мошне специфична. Тука без стабилна психа не може ништо да се направи. А, кога на теренот ќе излезат добри противнички играчи, ниту психата не ви е доволна. Потребен ви е и исклучителен талент за да не се поколебате и да не бидете буквално згазен. Затоа во руските екипи врвните млади голмани се вистинска реткост. Но, сево ова не се однесува на Игор Акинфеев, кој со неполни 17 години го одигра првиот натпревар за тимот на ЦСК. Ова се случи на 29 март 2003 година во Санкт Петербург, на натпреварот за Купот на Русија против „Зенит“. Игор излезе на теренот во второто полувреме, кога резултатот беше 0:2 и успеа да ја сочува мрежата недопрена. Два месеци подоцна дебитираше во руската Премиер лига протива „Крилата на Советите“. Игор повторно не прими гол, а на крајот од натпреварот одбрани пенал. Веднаш потоа следуваше повик за репрезентацијата на Русија... Акинфеев за националната селекција првпат играше во април 20004 година, кога имаше 18 години, со што стана најмлад дебитант меѓу голманите во историјата на руската репрезентација.

„Руска реч“ ви ги претставува спортските вундеркинди кои успехот во сениорската конкуренција го постигнаа мошне млади. Шарапова, Кириленко, Аљошин и Акинфеев зборуваат за тајната на својот успех

Виталиј Белоусов / РИА Новости

на Русија

| 15

Секогаш го имам истиот мотив – желбата да играм фудбал. Не можам да замислам дека човек кој не го сака фудбалот би ги минал сите етапи, да игра за јуниорите, во резерва, во прва постава, да одигра неколку стотини натпревари. Не станува збор само за парите и за славата, станува збор за огромен труд. Ако го сакаш фудбалот и си подготвен да работиш до истоштеност, тогаш имаш шанси за успех. Поинаков рецепт не постои.


16 |

КАЛЕИДОСКОП

Писмата на читателите, колумните и илустрациите означени како „мислење“, како и текстовите од рубриката „погледи“ во овој додаток се избрани за да претстават различни гледишта и не го изразуваат нужно гледиштето на уредникот на проектот „Russia Beyond the Headlines“ или на весникот „Росијскаја газета“. Ве молиме вашите писма и коментари да му ги испраќате на уредникот на urednik@mk.rbth.com

Во периодот од 10 до 12 септември во Олимпискиот парк во Сочи се одржа првата во историјата на Русија етапа на Гран-при Формула-1

Интернет-страница: mk.rbth.com Еmail: urednik@mk.rbth.com Телефон: +7 (495) 775 3114 Факс: +7 (495) 988 9213 Адреса: ул. Правды 24, д. 2, Москва 125993, Россия. ЕВГЕНИЈ АБОВ издавач и директор на RBTH ПАВЕЛ ГОЛУБ главен уредник на додатоците на RBTH ВЈАЧЕСЛАВ ЧАРСКИ генерален продуцент ЕМИЛ НИАМИ превод, лектура, веб, гостин-уредник на додатокот „Руска реч на македонски“ ЈАНЕ ЈОВАНОВ, ТРАЈЧЕ СТОЈАНОВ превод, лектура, веб ЕКАТЕРИНА ТУРИШЕВА заменик генерален продуцент за Балканот, МАРИЈА СМИРНОВА асистенција, веб АНДРЕЈ ЗАЈЦЕВ, НИКОЛАЈ КОРОЉОВ илустрации За огласување во овој додаток, ве молиме да се обратите на ЈУЛИЈА ГОЛИКОВА, директор на одделот за односи со јавност: julia.golikova@rbth.com ИГОР ДАНИЛОВИЌ координатор на „Руска реч“ во „Нова Македонија“ ВЛАДИМИР МИЈАНОВИЌ помошник координатор на „Руска реч“ во „Нова Македонија“ МАРЈАН ДЕЛЕВСКИ дизајн САША БЕЛЕВСКА технички уредник © 2014 сите права се задржани од ФГБУ „Росијскаја газета“: АЛЕКСАНДAР ГОРБЕНКО претседател на редакцискиот совет, ПАВЕЛ НЕГОИЦА генерален директор, ВЛАДИСЛАВ ФРОНИН главен уредник. Забрането е копирање, дистрибуција или преземање на содржините од овој додаток, освен за лична употреба, без писмена согласност на „Росијскаја газета“. Ве молиме за дозвола да се обратите на телефон +7 (495) 775 3114 или на и-мејлот urednik@mk.rbth.com „Russia Beyond the Headlines“ не сноси одговорност за ненарачаните текстови и фотографии.

Владимир Аносов/РГ

Додатокот „Руска реч“ го финансира, уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва, Русија).

Членовите на главната посада на транспортниот пилотирачки космички брод „Сојуз ТМА-14М“ стојат пред ракетата „СојузФГ“ на космодромот „Бајконур“. Главната посада на овој брод на овој брод ја сочинуваат космонаутите на „Роскосмос“ Александар Самокутјаев и Елена Серова и астронаутот на НАСА Бари Вилмор (од лево кон десно)

Russia Beyond the Headlines (RBTH) го финансира „Росијскаја газета“, руски дневен весник. Содржината на овој подлисток е подготвена без учество на новинари и уредници на „Нова Македонија“. RBTH се финансира за сметка на добивката од рекламодавците и од комерцијалните спонзори, а исто така и од средства на руски државни институции. Ние се занимаваме со независна редакциска позиција и претставуваме различни гледни точки на настаните во Русија и во останатиот свет со помош на квалитетна содржина и експертски мислења. Од моментот на нашиот почеток во 2007 година се стремиме да се придржуваме до високите редакциски стандарди, да го покажеме најдоброто новинарство од Русија и за Русија. На таков начин се надеваме дека ќе пополниме една важна дупка во информирањето за нашата земја од страна на другите медиуми. Сите прашања и коментари за нашето финансирање или за нашата редакциска структура, ве молиме да ги упатите на urednik@mk.rbth.com. Повеќе информации на mk.rbth.com.

Човек го држи портрет на Ана Политковскаја, новинарка на „Новаја газета“, додека луѓето полагаат цвеќе направено од весници пред главната управа на „Новаја газета“ во Москва. Поминаа 8 години од нејзиното убиство

AP

RBTH издава 29 прилози во 23 земји со вкупна месечна публика од 33 милиони луѓе, а исто така одржува и 19 сајта на 16 јазика.

Роман Соколов / РИА Новости

ИМПРЕСУМ


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.