Rrm 2014 12 (#21)

Page 1

mk.rbth.com

Прилогот го уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва), која е целосно одговорна за содржината. се печати и се дистрибуира во соработка со „нова Македонија“.

Издание на

Зошто Русија е против влегувањето на Украина во НАТО? стр. 4-5

сабота - неДела, 27-28 ДеКеМвРи 2014 гоДина

бРој 21

Руски гаџети: Македонците се Што по творечки и многу Јотафон2? стр. 8-9 талентирани луѓе стр. 10-11

Само на mk.rbth.com Повеќе теми на интернет -страницата на „Руска реч“

стр.12-13

Најлудата ноќ во Русија и во Македонија

стр.14-15

„Росијскаја газета“ уредува прилози за Русија во 29 водечки светски весници, вклучувајќи ги и „Њујорк тајмс“, „Дејли телеграф“, „Фигаро“ и „Ла Република“

Владимир Смирнов/ТАСС

Кострома: Родното место на внуката на Дедо Мраз


2|

ПоЛИтИка

Москва не верува во скоро решавање на украинската Игор Розин За укРаИнската кРИЗа

Министерот изјави дека Москва го смета претседателот на украина, Петро Порошенко, за главен партнер во барањето излез од кризната ситуација во Донбас. „Мировниот план што тој го предложи и соодветните иницијативи на претседателот Владимир Путин станаа основа за познатите спогодбите од Минск, чие исполнување претставуваат клуч за излегување од моменталната криза“, забележа Лавров. Шефот на руската дипломатија изјави дека Русија очекува вистинска уставна реформа во украина, која треба да доведе до постигнување „сериозно преработен и обновен општествен договор, кој целата полиетничка украинска јавност ќе го восприема како долгорочен документ, фундамент на правната држава, кој гарантира рамноправност на регионите и на националностите“. според Лавров, има уште многу време додека дојде до намалување на тензиите во украина. „Засега е сосема очигледно дека сме далеку од оваа цел“, изјави првиот човек на руското МнР. МоскВа И ВаШИнгтон

одговарајќи на прашањата поврзани со односите меѓу Русија и саД, Лавров вели дека Москва е отворена за дијалог со Вашингтон, но нема да ги погазува своите интереси без оглед на околностите. - од своја страна секогаш сме отворени за конструктивен и чесен дијалог со саД, како во билатералните односи така и на светската арена, каде што нашите земји носат особена одговорност за меѓународната безбедност и стабилност. Прашањето е во тоа кога Вашингтон ќе биде подготвен за соработка врз принципите на вистинска рамноправност и имајќи ги предвид руските интереси, кои, без разлика на околностите, немаме намера да ги погазиме - изјави рускиот министер. ПРо И ДЛРсД

според Лавров, саД директно ја обвинија Русија за нарушувањето на Договорот за ликвидација на ракетите од сре-

ден дострел, но за тоа досега не постојат никакви докази. тој, исто така, забележа дека саД ја игнорираат загриженоста што ја покажуваат руските власти. - За разлика од него (Договорот за ликвидација на ракетите од среден дострел – заб. ред.), американците планираат од следната година на територијата на Романија и на Полска да го постават системот ПРо, кој во исто време може да се користи за лансирање ударни крилати ракети со среден дострел, какви што се ‘томахавк’... Во Вашингтон, за жал, се преправаат дека не ја сфаќаат загриженоста. Предупредуваме дека во некоја етапа од развојот на американскиот ПРо ќе мораме да преземеме адекватни мерки за осигурување на сопствената безбедност - рече Лавров. оДносИте РусИја – нато

односите меѓу Русија и нато во моментов ја преживуваат најсериозната криза од времето на студената војна, при што Русија се залага за зачувување на каналите за политички дијалог, рече Лавров. - алијансата го продолжува курсот на задржување на Русија, се преземаат чекори за зацврстување на воениот потенцијал и за последователно зголемување на военото присуство на блокот покрај руските граници - рече министерот. За санкцИИте оД ЗаПаДот И оДгоВоРот оД РусИја

Москва нема да ги отповика мерките за ограничување на увозот на прехранбени производи од европската унија, кои беа воведени како одговор на санкциите, по сопствена иницијатива – односите меѓу РФ и еу се дојдени „до точка кога гестот на добра волја не дава резултати“, изјави Лавров. „немаме намера да разгледуваме какви било критериуми за симнување на санкциите. нивното симнување е работа на оние што ги воведоа. се разбира, доколку еу покаже здрав разум, ќе бидеме подготвени за конструктивна заемна соработка во врска со ова прашање“, рече Лавров. РусИја И Истокот

според Лавров, Русија нема намера

да го менува курсот во односите со кина, со оглед на тоа што тие се во согласност со коренитите интереси на двете земји. „ова е однос што е во целост од заемен интерес, во кој не постојат постари и помлади, надредени и потчинети. курсот на руско-кинеските односи е продолжен, имајќи ги предвид интересите на народите на двете земји, така што ние немаме намера да го менуваме“, забележа тој. - Причината што развојот (на односите – заб. ред.) е толку успешен се наоѓа во тоа што тој се засновува на цврста основа, земајќи ги предвид заемните интереси, заемното почитување, рамноправноста, невмешувањето во внатрешните работи - подвлече министерот.


ПоЛИтИка

|3

Владимир Песња / РИА Новости

криза

соРаботка Во боРбата ПРотИВ теРоРИЗМот

анализирајќи ги резултатите од годината што си заминува, шефот на руската дипломатија, сергеј Лавров, на почетокот на декември за новинската агенција РИа новости го даде своето гледиште за односите на Русија со саД и со еу, за перспективите за решавање на украинската криза, а, исто така, и за источниот вектор на политиката на Русија. „Руска реч“ ви ги претставува главните тези од ова интервју со министерот Лавров

Првиот човек на руското МнР даде на знаење дека засега не може да се зборува за соработка меѓу Москва и Вашингтон во борбата со терористичката група „Исламска држава на Ирак и Левант“. - Вашингтон нас не нè гледа како директен учесник во антиидиловската коалиција, која тој ја креираше според сопствените правила и параметри, само за себе, без да се потпре на меѓународното право. Згора на тоа, претседателот (на саД – заб. ред.) барак обама во неколку наврати ја стави Русија во ист ред со глобалните закани, какви што се ИДИЛ и треската ебола - изјави министерот.


4|

ПогЛеДИ

Зошто Русија е против влегувањето на Украина во нато? Андреј Сушенцов

Ќе се обидам да ја објаснам политиката со помош на контрафактичка аналогија. Да замислиме дека пред 23 години не се распадна сссР, туку дека се распаднале саД. како резултат на тоа крајбрежните и граничните држави Вашингтон, калифорнија, аризона, Њу Мексико, тексас, Флорида и Џорџија се одвоиле од саД. некогашните соединети Држави го изгубиле правото на излез на тихиот океан, а клучните објекти на државната инфраструктура, како што се космодромот, воените бази и пристаништа, нафтоводите и железничките пруги, GPS-центрите и индустриските објекти, останале на териториите на други држави. Во следните дваесетина години Вашингтон работел врз обновување на стопанството и на создавање алтернативни инфраструктури во услови кога новите соседи одбиваат да соработуваат со саД. но, некои од поранешните американски територии сакаат да го обноват сојузот и Вашингтон со нив ја одржува соработката. Во ваква ситуација влијателната и прогресивна сила почнува да го засилува своето присуство во северна и во Латинска америка, вршејќи експанзија од куба. надворешната сила на некогашните соединети американски Држави им предлага воен сојуз и економска интеграција под паролата „земјите имаат суверено право да го изберат својот пат“. Меѓу саД и оваа надворешна сила започнува „игра од нулта вредност“. триењето доведува до конфликт околу космодромот на Флорида и околу воената поморска база во сан Диего во калифорнија. Во оваа борба надворешната сила ја шири својата сфера на влијание, а саД ги штитат своите интереси. сето ова е логично. Истата логика ја објаснува политиката на Русија во украина. таа ги штити своите интереси: воената база на крим, транзитот на енергенси во ев-

на Запад е раширено мислењето дека руската политика, кога станува збор за кризата во украина, е предодредена од личните амбиции на претседателот Владимир Путин. Во Русија, пак, напротив, се смета дека оваа криза е предизвикана од ширењето на сферата на влијанието на Западот на исток. ова ширење создаде ситуација на „игра од нулта вредност“ на постсоветското пространство, каде што некои земји се повеќе поврзани со Русија од други. Во кризата во украина Москва ги штити своите национални интереси, а некои од нив за Русија се од животна важност

ропа, трговско-индустриската соработка и правото на руското население. кога би биле на местото на Москва, саД би го сториле истото. но, во стварноста своето присуство во новиот свет не го засилува европската држава, туку нато и саД го прават тоа во стариот свет. според логиката на брисел и на Вашингтон, земјите од постсоветските простори имаат суверено право да избираат во какви политички, економски и воени сојузи ќе влегуваат. но, големите земји што се надвор од нато се прашуваат: каква е улогата на оваа организација на континентот и од кого планира да се брани? По Втората светска војна нато беше замислен како одбранбена алијанса против сссР. По распадот на со-

ветскиот сојуз следуваше обид на воениот потенцијал на нато да му се припишат глобални функции. Имено, нато се подготвуваше да се брани од целиот свет. така, во последниве 20 години нато двапати се бранеше од југославија, а, исто така, и од авганистан и од Либија. Членките на нато во 2003 година расправаа за тоа дали треба да се бранат од Ирак и најрешителните меѓу нив решија дека треба. Во контекст на украинската криза заменикот на генералниот секретар на нато, александар Вершбоу, изјави дека нато гледа закана во Русија. тој го повтори истото она што го изјавуваа определени американски сенатори, како и лидерите на балтичките земји и на Полска.


|5

Алексеј Јорш

ПогЛеДИ

Мног умина во нато не сфаќаат дека државите од постсоветското пространство се мошне кревки творби. надворешните провокации можат да ја уништат политичката стабилност во овие земји, а со самото тоа и условите за стопански пораст. ова ги спречува постсоветските земји набрзина да ја минат фазата на средна заработка и да го достигнат нивото на развиените европски земји. благосостојбата води кон демократија, а не обратно. на жителите на саД и на еу, кои во текот на една генерација беа сведоци на забрзана интеграција и развој, им се чини дека целиот свет живее со исто темпо како и тие. но, на

постсоветскиот простор сите овие години се одвиваа поинакви процеси – распад на општеството и обиди да се спречат конфликти предизвикани од таквата состојба. Русија во последнава година се обидува да ја врати својата позиција на динамично јадро на евроазија. Во украина овој процес доведе до судир со ширење на зоната на влијанието на Западот кон исток. точно е дека саД не ја иницираа смената на власта во киев. но, тие решија оваа ситуација да ја искористат со цел да ги засилат своите позиции. на овој начин тие предизвикаа раскол во украинското општество и ги заси-

лија неодговорните политички сили во него. новата Влада во киев сакаше да ги искористи саД и нато за борба против Русија, исто како што тоа го правеше Михаил саакашвили кога во 2008 година изврши напад врз руските мировни сили во јужна осетија. Поддржувајќи ја евроатланската интеграција на украина, Западот оваа земја ја растура на делови и им нанесува ненадоместлива штета на своите односи со Русија. неизбежниот заклучок гласи: во интерес на сите страни е да започнат да се договараат за правилата на соработка во европа и за тоа како ќе обезбедат стабилна иднина за украина. андреј сушенцов е доктор на науки, вонреден профе сор на Московскиот државе н универзитет за меѓ ународни односи и сора ботник во Воениот клуб


6|

еконоМИја

Што се случуваше со рус Алексеј Лосан

низираше иницијална јавна понуда на 17,6% од акциите. Вкупната вредност на иницијалната понуда достигна 1,43 милијарди долари. ова беше една од најголемите иницијални јавни понуди во историјата на американската берза.

РусИја ПоЧна Да ексПЛоатИРа наФта на аРктИкот

компанијата „гаспром“ во април 2014 година ја испорача првата тура нафта извадена од платформата „Приразломнаја“. ова е засега единствената нафтена платформа на арктичкиот континентален гребен. станува збор за нов вид нафта – ARCO (Arctic Oil). За нејзиното транспортирање изградени се два нови танкери. Првиот проект на арктикот е реализиран и покрај масовните протести на еколозите. Меѓу другите, протестираше и организацијата „гринпис“, која се бори против експлоатацијата на нафта на континенталниот гребен. Русија планира до 2020 година на арктикот да изгради вкупно 25 вакви платформи, а, исто така, својата технологија да им ја понуди и на други земји.

укРаИна ПРестана Да куПуВа РускИ гас

Во јуни 2014 година „гаспром“ престана да испорачува гас за украина поради насобраниот долг. За возврат украинските врасти ја обвинија Русија за немотивирано покачување на цената од 285 на 485 американски долари за илјада кубни метри гас. „гаспром“ го објасни зголемувањето на тарифата со укинувањето на попустот што беше на сила претходно. ситуацијата беше регулирана дури на крајот на октомври

2014 година, а испораката на рускиот гас за украина беше обновен во декември. ЗаПаДот ВоВеДе санкцИИ За РусИја

најважен настан за руската економија, според мислењето на огромно мнозинство експерти, претставуваат селективните санкции што западните земји ги воведоа кон Русија. саД и земјите од европската унија во јули 2014 година воведа санкции за најголемите руски компании во чие сопствеништво удел има државата, вклучувајќи ги и нафтената компанија „Роснефт“, како и најголемите банки Веб, Втб, „сбербанк“ и „гаспромбанк“. овие компании нема да можат да привлекуваат американски и европски инвеститори за период подолг од три месеци. Имотот на спомена-

ДогоВоР За ИЗгРаДба на гасоВоД кон кИна

Руската компанија „гаспром“ и кинеската национална енергетска компанија CNPC во мај 2014 година потпишаа договор вреден 400 милијарди американски долари за извоз на руски гас во кина. станува збор за 38 милијарди кубни метри гас годишно. гасот во следните 30 години ќе се транспортира преку источната маршрута преку кракот на гасоводот „сила на сибир“, кој започна да се гради во септември 2014 година. гасот ќе потече од наоѓалиштата во источен сибир. според истражувањата на „Bank of America Merrill Lynch“, договорот веќе во 2015 година ќе почне да влијае на макроекономските показатели на Русија, благодарение на што годишниот обем на инвестиции на „гаспром“ ќе порасне за 5-6 милијарди американски долари.

Холандската компанија „Yandex N. V.“, која е сопственик на најголемиот руски Интернет-пребарувач јандекс, во јуни 2014 година почна да продава акции на Московската берза. сега акциите на оваа компанија можат да се купуваат деноноќно, со тоа што тие и понатаму ќе се продаваат и на американската берза NASDAQ, каде што во мај 2011 година оваа компанија орга-

Валери Шарифулин/ТАСС

„јанДекс“ ИЗЛеЗе на МоскоВската беРЗа

Рускиот гас ќе се транспортира во Кина во наредните 30 години преку т.н. источна маршута преку разгранокот на гасоводот „Сибирска сила“ кој почна да се гради во септември 2014 година


еконоМИја

|7

ката економија во 2014? тите компании не е замрзнат. како што изјави подоцна министерот за финансии на Русија, антон силуанов, загубите на Русија од геополитичките санкции изнесуваат 40 милијарди долари. РусИја ЗабРанИ уВоЗ на ПРеХРанбенИ ПРоИЗВоДИ оД еВРоПа И оД саД

Руските власти во август 2014 година возвратија со воведување ембарго на увозот на прехранбени производи од саД, од европската унија и од државите што воведоа санкции кон Русија. на тој начин рускиот пазар остана покус за речиси третина од увозното млеко и месо, и за половина од рибните производи. според податоците на Федералната царинска служба најмногу е пораснат увозот на месо од аргентина, нов Зеланд и од никарагва. освен тоа, увозот на ри-

ба од соседна белорусија нагло порасна за 98%, иако оваа поранешна советска република не излегува на море.

ва 50% од рускиот буџет, што предизвика нагло паѓање на курсот на рубљата. Рубљата ДеВаЛВИРаШе

ПаДна цената на наФтата

на преговорите во седиштето на оПек во Виена на 27 ноември 2014 година членовите на картелот не можеа да се договорат за одржувањето на нивото на светската цена на нафтата. По одлуката на оПек цената на нафтата падна за 7,21% и се спушти на 72,52 американски долари за барел, што во тој момент беше рекордно ниска цена од 2010 година, а подоцна падна на 65 американски долари за барел. според податоците на Министерството за финансии на РФ, поради намалувањето на цената на нафтата Русија губи околу 90–100 милијарди американски долари годишно. Приходите од извозот на нафта и гас пополну-

централната банка на Русија во октомвриските девизни интервенции продаде околу 30 милијарди американски долари, по што два месеца пред планираниот рок реши да премине на режим на слободно формирање на курсот на рубљата под влијание на пазарот. така, курсот на рубљата во споредба со доларот и со еврото падна за околу 60%, што предизвика пораст на инфлацијата и нагло намалување на приходите на жителите. „ДеоФШоРИЗацИја“ на бИЗнИсот

Државната дума во ноември 2014 година го одобри законот за „деофшоризација“ на бизнисот. сега руските акционери ќе мораат да плаќаат данок на нераспределениот профит на странските компании што ги контролираат тие. ова се однесува на компаниите што се регистрирани во офшор-зоните или каде било во странство. Подоцна Владимир Путин во своето обраќање пред Федералното собрание вети целосна амнестија на капиталот што ќе се врати во Русија. стоПИРаЊе на „јужен тек“

клучни фактори што влијаеја на руската економија беа наглото паѓање на цената на нафтата и санкциите што беа воведени кон Русија поради украинската криза. тоа предизвика девалвација на националната валу та и преориентација на руската економија кон Истокот

Во декември 2014 година Русија ја запре изградбата на гасоводот „јужен тек“ со капацитет од 63 милијарди кубни метри гас годишно. гасоводот требаше да поминува по дното на црното Море од Русија во бугарија, па преку балканските земји да дојде до европскиот пазар. како што објасни рускиот претседател Владимир Путин, проектот е запрен поради ставот на бугарија, која не даде конечна дозвола за реализација на „јужен тек“. компанијата „гаспром“ во последниве три години во овој проект вложи 4,66 милијарди долари. Подоцна беше обелоденето дека гасоводот ќе биде пренасочен од бугарија во турција. Во изработката на овој текст учествуваа претставници на инвестициските компании „Финам Менаџмент“, UFS IC, „Инвесткафе“, како и аналитичари од центарот за структурни истражувања при Руската академија за народно стопанство и државна администрација и големи руски производители, меѓ у кои „Русал“, „Магнитогорскиот металуршки комбинат“, нЛМк, групацијата „Черкизово“ и други


8|

наука И теХноЛогИја

Руски гаџети: Што по јотафон2? Јуриј Слињко

компанијата teXet можеби не го измисли часовникот, но направи од него нешто за што сите одамна фантазираа. нивниот нов производ е смарт-часовникот X-Watch, кој помага да се управува со смартфонот. Линијата паметни часовници се состои од три уреди со различен степен на сложеност и употреба. наједноставниот модел – TW-120 е опремен со Bluetooth за да информира за сите известувања што смартфонот ги добива по пошта, на социјалните мрежи или по сМс. Притоа, однадвор XWatch личи на обичен механички часовник. уредот дури е и заштитен од прав и влага, така што со него може да се туширате. TW-200 има посложена конструкција и има повеќе функции. на 1.5-инчниот дисплеј се сместени електронски часовник, калкулатор, виртуелна тастатура, сите можни известувања од вашиот смартфон. Во часовникот се вградени звучник и микрофон, така што можете да одговорите на повик без да кренете слушалка. најпосле, најпаметниот часовник во оваа линија е TW-300. ова е целосно самостоен миникомпјутер со двојадрен процесор и 4 гигабајти вградена меморија под раководство на оперативниот систем Android 4.3. како резултат на тоа, овде има мноштво апликации што се способни да го заменат смартфонот. Иако димензиите на дисплејот, се разбира, го усложнуваат тоа во голема мера. цена: $72–123

Press photo

Смарт-часовник X-Watch

новиот „руски смартфон“, јотафон2, кој е единствениот мобилен уред на светот што има два екрана, од кои едниот работи на штедлива електронска хартија, очигледно го очекува успех ако не на светскиот, тогаш барем на кинескиот пазар. таква рекламна кампања досега немал ниеден уред, вклучувајќи го и iPhone. на изминатиот самит на атес, во почетокот на ноември, претседателот на Русија, Владимир Путин, му врачи примерок од најновиот јотафон2, кој сè уште не е влезен во продажба, на првиот човек на кина, си Ѓинпин. на официјалниот сајт на компанијата-производител на смартфонот, Yota Devices, веќе започна нарачката на уредот во претпродажба. а, официјалната презентација ќе се одржи на 2 декември во Москва. Денес јотафон2 не е единствениот интересен руски уред. Постојат и голем

број дизајни на полето на преносните уреди. Веројатно поголемиот дел од нив може заедно да се наречат „технолошки пробив“, но соодносот на цената и квалитетот на „руските гаџети“ е сосема заслужен за нивната целосна конкурентност на светскиот пазар. „Руска реч“ ви претставува некои од најперспективните од нив.


наука И теХноЛогИја

|9

Highscreen Boost 2 Приказната за руската компанија Highscreen започнува со лаптопкомпјутери и таблети. од 2009 година, кога компанијата почна да работи на рускиот пазар, па до ден-денес, Highscreen се занимава со напредна технологија. на нивна сметка оди првиот Androidсмартфон со два дисплеја на светот (Highscreen PP5420) и првиот аndroid-смартфон cо QWERTYтастатура во Русија (Highscreen Zeus). тогаш компанијата се занимаваше исклучиво со дистрибуција. но, во 2012 година кај неа се појавија сопствени дизајни што во целост можат да им бидат интересни на купувачите на странскиот пазар. Минатата година во продажба беше пуштен смартфонот Highscreen Boost 2 со рекорден рок на автономна работа до две недели. Итрината е во тоа што во комплет со уредот одат две заменливи батерии од 3 000 и од 6 000 mAh. цена: $275

RoverPad Air говорејќи за перспективните дизајни меѓу руските уреди, не може да не се споменат уредите на компанијата RoverComputers, која речиси дваесет години произведува пренослива техника во Русија. на почетокот на 2014 година компанијата почна да работи на рестартирање на линија свои производи. RoverComputers нуди најразлични уреди – од таблети до видеоуреди. особено треба да се истакне таблетот RoverPad Air. овој уред, опремен со четиријадрен процесор, никого нема да изненади. не треба да се наречат предност и другите целосно стандардни карактеристики: Bluetooth, GPS и Wi-Fi, десетинчниот дисплеј и двете камери. но, цената за овие уреди навистина изненадува. компанијата успева да произведе сосема пристоен таблет на средно ниво, кој е за половина поевтин од уредите слични на него што се произведуваат во светот. цена: $110

на крајот на ноември започна нарачката на јотафон2 во претпродажба. на „рускиот смартфон“ му предвидуваат успех на кинескиот пазар. но, ова воопшто не е единствениот дизајн што во перспектива може да биде интересен за странските потрошувачи

bb-mobile VOIIS GPS на компанијата bb-mobile долго време ѝ одговараше улогата на дистрибутер, но сега и таа произведува преносни уреди под својот бренд. Меѓу стандардните смартфони и таблети во линијата на производство е многу корисниот уред bb-mobile VOIIS GPS. тоа е телефон што овозможува од далечина да се приспособи апаратот за пациент што се наоѓа на лекување, а му е близок на корисникот. тој ќе го потсети пациентот за времето за примање на лекарствата, ќе измери и ќе зачува многу медицински параметри на организмот (нивото на шеќер во крвта, крвниот притисок). SOS-функциите се дополнети со систем за следење на местоположбата на корисникот. Во секој поглед ова е идеален телефон за повозрасни луѓе. се разбира, слични дизајни веќе постојат на светскиот пазар, но рускиот уред има многу пријатен сооднос меѓу цената и квалитетот, така што тој може целосно да им биде интересен на потрошувачите од странство. цена: $77


10 |

РусИја-МакеДонИја

Македонците се творечки и многу талентирани луѓе Емил Ниами Вие и Вашиот сопруг сте во Македонија речиси четири години. каков впечаток добивте за неа? Дали се чувствувате добро во Македонија? според руските мерки Македонија е мала земја, на нејзината територија се наоѓа огромен број прекрасни природни убавини, историски споменици и објекти од културното наследство. тука се тесно преплетени античките, византиските, православните и муслиманските традиции, што на Македонија ѝ дава апсолутно неповторлив облик. а, главното богатство на Македонија, бездруго, се нејзините прекрасни луѓе: отворени, гостопримливи, луѓе што му се радуваат на животот. Знаете, кога се враќаме од некое патување во некоја друга земја и ја минуваме македонската граница, чувствувам некакво олеснување, како да сум се вратила дома. Ми се чини дека нашите народи се многу блиски по духот! Вие сте стара московјанка. Поголем дел од својот живот го имате минато во еден од најголемите мегаполиси на планетава, град во кој се наоѓаат огромен број културни објекти и историски споменици од светс ко значење, г рад што живее исполнет живот и што „никогаш не спие“. Дали понекогаш ви е здодевно во скопје? Здодевно? никогаш! И треба ли да ги споредуваме овие два града? навистина целата престолнина на Македонија може да се смести во еден московски округ, но убавината на скопје е во неговата многустраност: тука, како и во цела Македонија, хармонично живеат, едни покрај други, антички ископини, крепости од времето на османската Империја, древни цркви и манастири, современи музеи и театри. Многу е богат и културниот живот во вашата земја – тука се охридскиот фестивал и струшките вечери на поезијата, прекрасните концерти на Македонската филхармонија и на фолклорните ансамбли, а Македонската опера и балет се високопрофесиона-

лен колектив, чии премиери со задоволство ги посетувам. Всушност, Македонците се творечки и многу талентирани луѓе. Вие сте лингвис т по образование, знаете англиски и шпански јазик. Вие

с те една од малку те да ми од дипломатскиот кор што зборува македонски. тежок ли ви е македонскиот јазик? Претходно никогаш не сум учела некој друг словенски јазик. Ми се чини дека македонскиот не е толку близок до современиот руски јазик, туку до наши-


РусИја-МакеДонИја

| 11

фотографии од лична архива

сериозно ми рече „а, оној манастир е нов. од петнаесеттиот век“. Ме сфаќате? За обичен Македонец манастир што е стар 500 години е нов! Зарем е можно човек да не се гордее со таква историја? Православието со векови ги поврзува нашите народи. Многу словенски просветители што го ширеле словото божјо во Русија биле родум од овие места, а од поновата историја може да се сетиме на светителот јован Шангајски, кој е роден во Русија и кој бил во Македонија во дваесеттите години од минатиот век, како и руските монаси што се наоѓале на изворите на преродбата на македонското монаштво во тие години. Мене сега ми е многу пријатно што на службите во вашите цркви гледам многу млади, семејства со деца, па дури и со малечки. тоа значи дека врската на времето и поколенијата останува непоколеблива!

Лариса Валентиновна Шчербак е сопруга на амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија. таа со својот сопруг веќе четири години престојува во Македонија. По повод новогодишните и божиќните празници „Руска реч“ направи ексклузивно интервју со неа, во кое добивме мошне интересни одговори, кои се надеваме дека и вам ќе ви остават голем впечаток от заеднички, до старословенскиот. тоа ми помага многу подобро да го сфатам потеклото, а тоа значи, и вистинското значење на многу руски зборови. нашите народи имаат заеднички историски и духовни корени и меѓусебно прекрасно се разбираат, но лично за мене ова е прашање на човечката и на професионалната етика: со Македонците се обидувам да зборувам на ист јазик не само во преносна туку и во вистинска смисла на зборот. а, македонскиот јазик е мил! Постојано ме восхитува, а тоа можат да го потврдат нашите многубројни македонски пријатели. Вие, како сопруга на амбасадор на една голема држава, имате многу обврски, но жената си останува жена: имате ли преземено нешто од македонската кујна, користите ли некакви традиционални македонски рецепти? не познавам ниту еден странец што би можел да се воздржи пред ајварот, пред сирењето и пред прекрасните македонски вина. Во Македонија има пре-

красни земјоделски производи, а националната кујна привлекува со својата природност. И сега на нашата трпеза прекрасно се усогласуваат руските и македонските јадења и зимниците... Вие сте верник, православен човек. Што чувствувате кога одите на служба во нашите храмови? Чувствувам дека се наоѓам во заедничко православно место. Згора на тоа во многу македонски храмови службите се водат на црковнословенски јазик како во Русија. За мене престојот во Македонија претставува и единствена можност да се приближам кон нашите православни корени, кои ги олицетворуваат општочовечките вредности. Многу сакам кога се наоѓам во малечките, „нетуристички“ цркви и манастири, каде што можам да ја допрам живата историја. еве ви и еден пример: во манастирот свети никита на скопска црна гора еден жител од соседното село, покажувајќи кон друг манастир што се наоѓа во близина, сосема

Имате две деца, ќерка и син. тие се веќе возрасни, живеат во Русија. според вас, постојат ли совпаѓања во аспирациите на младите луѓе во Македонија и во Русија? се обидовме на нашите деца да им го влееме чувството за одговорност: пред својата татковина, пред своите предци; почит кон семејните и кон општочовечките вредности. кога станува збор за аспирациите на младите во нашите земји, тука не постојат значајни разлики. И во Русија и во Македонија младите луѓе се стремат со својата енергија да го превртат целиот свет, да најдат нов животен пат. кај младите Македонци, пак, многу ми се допаѓа тоа што ги почитуваат возрасните, тоа што тие ја знаат илјадагодишната историја на својата земја и се гордеат со издржливоста и со хероизмот на македонскиот народ. Пред нас се новата година и божиќ, празници што се слават масовно во нашите земји. како се слават тие во Русија и што би сакале да им порачате на нашите читатели за празниците? Во Русија нова година и божиќ се семејни празници (всушност, Македонија е првата земја каде што не треба да објаснувам што е тоа стара нова година, тука за неа знаат исто како и кај нас). Русите и дома и во странство новата година ја слават и по московско и по локално време. се собираме на празничната трпеза, на која задолжително има руска салата и шампањско. кога кремљовскиот часовник (часовникот на спаската кула на кремљ) ќе чукне 12 пати, сите замислуваат желба и си честитаат еден на друг. како и на своите блиски и на своите пријатели, би сакала на читателите на „Руска реч“ и на сите граѓани на Македонија да им посакам здравје, бериќет, радост и мирно небо над главата! среќна нова година и честит божиќ!


ПатуВаЊа

Lori/Legion-Media

12 |

Кострома: Родното место Џои Крешенте

градот кострома е едно од двете најважни места во Русија за време на новогодишните празници. снежанка, која е и внука на Дедо Мраз од Русија, е родум токму од овој град и нејзината резиденција се наоѓа токму тука

кострома е прекрасно место, кое може да се посети во кој било период од годината, но најинтересно е за време на новогодишните празници. тука можете да најдете една од највозбудливите глетки покрај кејот, каде што снегот паѓа во реката Волга, додека златните куполи на Ипатјевскиот манастир сјаат во далечината.

снежанка е внука и помошничка на Дедо Мраз од Русија. Резиденцијата на Дедо Мраз од Русија се наоѓа во Велики устјуг во областа Вологда. на неговиот имот постојат голем број атракции, кои годишно привлекуваат повеќе од 200 илјади туристи. снежанка не е поврзана со словенската митологија и за првпат се среќава кон крајот на деветнаесеттиот век. но, без оглед на тоа, за многумина снежанка е вечна, каква што е и самата Русија. снежанка е РоДена

еден од најзначајните руски драматурзи, александар островски, чии корени се од костромската област, го одгледала дадилка, која му ја всадила љубовта кон сказните. токму оваа жена му ја дала инспирацијата за оживување на снежанка. островски ја завршил драмата „снежанка“ во 1873 година (музиката за неа ја напишал Чајковски), а таа подоцна била адаптираа во опера од страна на ком-

Глеб Јефанов/snegurochkadom.ru

која е снежанка?

позиторот Римски-корсаков. Премиерата на оваа опера во четири чина се одржала во 1882 година во санкт Петербург, додека балетската верзија била изведена во 1878 година. островски живеел во кострома, на една од главните авении, па и главниот театар во градот го носи неговото име. Многу од своите драми, вклучувајќи ја и „снежанка“, ги напишал на имотот во селото Шчеликово, кое се наоѓа на 120 километри од кострома. неговата поранешна куќа е претворена во музеј. Верзијата на островски имала и свои претходници. александар афанасјев, кој се

смета за руски еквивалент на браќата грим, во 1869 година напишал сказна што ја нарекол „снежанка“. сказната зборува за сиромашните селанчиња јованче и Марика, кои направиле снежна кукла што оживеала. Во верзијата на островски снежанка е ќерка на Пролетта-убавица и на Дедо Мраз. таа копнее по човечка дружба, но нема способност да сака. нејзината мајка ѝ ја дава таа способност, но бидејќи е направена од снег, таа почнува да се топи откако нејзиното срце ќе се затопли од љубов. Во времето на владеењето на николај Втори, снежанка почнала да се поврзува со прославувањето на зимските празници. таа била дел од божиќните празници сè дури советските власти не го забраниле прославувањето на верските празници. таа повторно се појавила откако новата година станала главен зимски празник, заменувајќи го божиќ, во 1935 година.


ПатуВаЊа

| 13

на внуката на Дедо Мраз снежанка оД костРоМа

не е тешко да се најде снежанка во кострома. таа е толку обожавана во својот роден град што нејзиниот роденден се прославува цели два дена. Во 2015 година кострома ќе го прославува роденденот на снежанка на 27 и на 28 март. Домот на снежанка, кој се наоѓа во обновена зграда од 19 век, е вистински снежен рај. снежанка ги пречекува гостите, им ја објаснува уникатноста на регионалните фолклорни традиции и им

ги претставува другите ликови од драмата на островски. Постои и голема колекција костуми и кукли од областа, а, исто така, се одржуваат и занаетчиски работилници за деца. Хотелот „снежанка“ својата инспирација ја добил од снежната девојка од кострома, која е изразена на секое ниво. Во него има сувенирница во кои ќе ги најдете сите можни сувенири со снежанка на нив. Ресторанот во овој хотел се вика „Метелица“ (снежна виулица), а во него секоја недела се организираат новогодишни забави, освен налето, кога во него се прават свадби. Во хотелот има 55 соби, а нивната цена се движи од 50 до 150 американски долари за вечер. До него се наоѓа Ледената палата на снежанка, која претставува забавен парк во кој температурата е константно на -14 степени целзиусови, а таа е, пред сè, наменета за интерактивни екскурзии. Хотелот нуди и специјален новогоди-

шен пакет од 31 декември до 2 јануари, кој вклучува дочек на новата година, забава со музика од осумдесеттите години од минатиот век, традиционална новогодишна сауна, посета на Ледената палата и специјален ручек на кој се служат традиционални јадења од кострома. оваа понуда е наменета за семејните луѓе, а за време на најлудата ноќ за нивните деца е обезбедена и услуга за чување. на забавата, секако, се појавуваат и Дедо Мраз и снежанка. снежанка стануВа гЛобаЛна ѕВеЗДа

Lori/Legion-Media

оттогаш снежанка, која сега станала внука на Дедо Мраз (наместо негова ќерка), е неизоставен дел од новогодишните забави во цела Русија. Заедно со нејзиниот дедо таа им ги носи подароците на децата.

Во извесна смисла, снежанка стана премногу голема за малата кострома. на национално ниво таа е поврзана со идентитетот на градот како еден од водечките ликови во Руското национално танцово шоу „кострома“ во Москва. Популарно кај странците, ова шоу ја раскажува приказната за древната Русија преку ликот на снежанка, кој е во центарот на вниманието. снежанка е главен лик и во два советски филма. едниот од нив претставува анимирана верзија од 1952 година, која е многу блиска до драмата на островски, а во неа се користи и музиката на Римски-корсаков. Познатата словенечка писателка светлана Маркович има напишано и своја приказна со овој лик, со што ја покажала својата љубов кон руските сказни. Во 2004 година, пак, во америка, Рут сандерсон, која е специјалист за илустрирани божиќни книги, ја објави „снежната принцеза“, а главниот лик е – погодувате кој – снежанка!


14 |

куЛтуРа

најлудата ноќ во Русија Марија Смирнова, Емил Ниами

кога ЗаПоЧнаЛо ПРаЗнуВаЊето?

Во Русија кон крајот на 1699 година царот Петар Велики издал указ во кој било наредено нова година да се празнува на 1 јануари, а за да се одбележи требало да се украсуваат куќите со гранчиња од бор, од елка и од смрека. Дотогаш новата година започнувала на 1 септември, на денот кога се собирале даноците. Во Македонија, пак, традицијата на прославување на новата година се појавува на почетокот на минатиот век. како територија што постојано била под власт на некоја друга држава, во македонската средина многу повеќе се давало значење и многу повеќе се знаело за православните празници, какви што се свети никола и божиќ. Затоа и не може со точност да се определи кога за првпат новата година се прославила како официјален празник, но со сигурност може да се каже дека во периодот на Првата светска војна на територијата на Македонија се организирале дочеци. но, и во Русија прославата на новата година не била континуирана. По Револуцијата, во 1918 година, празникот бил укинат. Први јануари станал работен ден, а сѐ што било поврзано со новата година било забрането. Во 1937 година традицијата на празнување на новата година се вратило на советската сцена, додека во 1947 година 1 јануари повторно бил прогласен за неработен ден. укРасуВаЊе И ПоДаРоцИ

ниту една прослава на новата година не може да помине без традиционалната елка. И во Македонија и во Русија постои традиција на китење елка. но, постои една разлика што се однесува на изборот на ова новогодишно дрво. Во Русија во најголем број случаи луѓето избираат природни елки, кои се продаваат на пазари организирани специјално за оваа намена. Во Македонија, пак, традицијата на купување природни елки е одамна напуштена. Веќе во седумдесеттите години од минатиот век во поголемите градови започнале да се појавуваат вештачки елки. Македонците многу бргу ги прифатиле елките изработени од вештачки материјали со оглед на тоа дека тие се поекономични (не треба да се купува нова елка секоја година) и со нив не се уништуваат цели паркови засадени со елки. За волја на вистината, во последно време и во Русија луѓето сѐ по-

новата година е еден од омилените празници и во Русија и во Македонија. И возрасните и малите деца со душа ја чекаат новогодишната ноќ, за која најчесто се вели дека е највеселата во годината. Многу нешта се поврзани со овој празник: луѓето се во очекување на нови и убави нешта, на повеќе среќа, на благодат, здравје и радост. „Руска реч“ ви раскажува за тоа како се прославувала и како се прославува новата година во Русија и во Македонија веќе купуваат вештачки елки, иако постојано го споменуваат мирисот на природната елка во нивните домови. Подароците се, исто така, мошне важен дел од новогодишните празници. секако, први на списокот за подароци се децата. Во Македонија уште многу одамна секое дете добивало пакетче. со оглед на популарноста овој збор станал и термин во македонскиот јазик, кој си носи свое значење: ќесе, вреќичка или кутија со слатки работи наменети како новогодишен подарок за деца. Во Русија, исто така, на децата им се подаруваат слатки работи: чоколади, бонбони, колачи. Разликата е во тоа што не постои истата форма на пакетчиња, која е задолжителна во Македонија, како, впрочем, и на просторите на цела поранешна југославија. Подароци, секако, има и за возрасните. Во Русија, исто како што беше случај и до пред околу две децении во Македонија, се купуваат голем број подароци. Луѓето на сите свои блиски сакаат да им подарат нешто ново и на тој начин да им посакаат убав почеток на новата година. Русите се и добро запознаени со кинескиот хороскоп, па затоа постои изобилство подароци на кои се наоѓа знакот од кинескиот хороскоп за

годината што доаѓа. Во Македонија, пак, возрасните помалку меѓусебно си подаруваат и тоа главно се прави во кругот на семејството или, пак, љубовните двојки си разменуваат подароци. она што е заедничко за двете земји е и украсувањето на јавните површини. И во Русија и во Македонија на централните плоштади во градовите се поставува новогодишна елка, а, исто така, се украсува и целиот град, обично со светилки и со различни новогодишни фигури. секако, тука се и претставите за деца, кои секоја година се одржуваат и во двете земји, а се наменети за најмладата публика. кој е најВажен За ноВа гоДИна?

секако, најважниот човек за новата година е Дедо Мраз. но, дали сте знаеле дека Дедо Мраз во Македонија и во Ру-


куЛтуРа

| 15

Максим Блинов / РИА Новости

и во Македонија

сија е различен човек? Дедо Мраз во Македонија е истиот оној човек од Лапонија, кој го има во западноевропската култура. тој е, всушност, свети никола, кој на децата им ги носи подароците што тие ги заслужиле во текот на претходната година. Во Русија, пак, Дедо Мраз е лик од источноевропската култура, кој своите корени ги има во словенската митологија како олицетворение на зимските мразови. Во својата руска варијанта Дедо Мраз потекнува од Велики устјуг и таму се наоѓа неговата резиденција. оттука тој тргнува во обиколка низ цела Русија, со цел да ги награди децата за успесите и за доброто однесување во годината што заминува. уште еден многу важен лик е снежанка. на руски оваа девојка се нарекува снегурочка. таа е внука на Дедо Мраз и за време на новогодишните празници таа патува со него, му помага во работа-

та, им пее на децата и ги развеселува. оваа девојка е неизбежна во секоја новогодишна претстава или филм во Русија. Во македонската традиција овој лик отсуствува, иако понекогаш во новогодишните претстави можеме да ја сретнеме како ликот снежана од приказната на браќата грим. ноВогоДИШна тРПеЗа

Во Русија и во Македонија постојат многу нешта што ги има и на двете новогодишни трпези. Македонците не можат да ја замислат новата година без руската салата, која во Русија се нарекува „оливје“. секако, рецептите не се сосема идентични, но во основа се многу слични. тука е, секако, и шампањското, кое задолжително „пука“ кога стрелките ќе се спојат на 12. Во Македонија на трпезата задолжителни се кифличките

и сармата, како и баклавата и многу други ситни колачиња и торта. Во Русија, пак, прославата на новата година не може да започне без кавијар, салата винегрет, пача, риба и многу-многу месо. според традицијата на руската трпеза, од овошје задолжително мора да има мандарини, со кои во советско време, исто така, се украсувала и новогодишната елка. секако, тука се и пијалаците. на руската трпеза, без сомнение, се наоѓа традиционалната вотка, додека кај Македонците тука се ракијата и виното. сличностите и разликите меѓу двете култури нѐ зближуваат и прават да се разбереме подобро, што е и целта на нашата редакција. Затоа „Руска реч“ ви ги честита новата година и божиќ и ви посакува да ви се случуваат само убави работи, здравјето да ве крепи, а насмевката постојано да биде на вашето лице!


ИМПРесуМ

16 |

каЛеИДоскоП

Писмата на читателите, колумните и илустрациите означени како „мислење“, како и текстовите од рубриката „погледи“ во овој додаток се избрани за да претстават различни гледишта и не го изразуваат нужно гледиштето на уредникот на проектот „Russia Beyond the Headlines“ или на весникот „Росијскаја газета“. Ве молиме вашите писма и коментари да му ги испраќате на уредникот на urednik@mk.rbth.com

Додатокот „Руска реч“ го финансира, уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва, Русија).

ИГОР ДАНИЛОВИЌ координатор на „Руска реч“ во „Нова Македонија“ ВЛАДИМИР МИЈАНОВИЌ помошник координатор на „Руска реч“ во „Нова Македонија“ МАРЈАН ДЕЛЕВСКИ дизајн САША БЕЛЕВСКА технички уредник © 2014 сите права се задржани од ФГБУ „Росијскаја газета“: АЛЕКСАНДAР ГОРБЕНКО претседател на редакцискиот совет, ПАВЕЛ НЕГОИЦА генерален директор, ВЛАДИСЛАВ ФРОНИН главен уредник.

Забрането е копирање, дистрибуција или преземање на содржините од овој додаток, освен за лична употреба, без писмена согласност на „Росијскаја газета“. Ве молиме за дозвола да се обратите на телефон +7 (495) 775 3114 или на и-мејлот urednik@mk.rbth.com „Russia Beyond the Headlines“ не сноси одговорност за ненарачаните текстови и фотографии.

Човек вози велосипед во градскиот парк во Ставропољ на температура од 8 степени Целзиусови.

Reuters

ЕВГЕНИЈ АБОВ издавач и директор на RBTH ПАВЕЛ ГОЛУБ главен уредник на додатоците на RBTH ВЈАЧЕСЛАВ ЧАРСКИ генерален продуцент ЕМИЛ НИАМИ превод, лектура, веб, гостин-уредник на додатокот „Руска реч на македонски“ ЈАНЕ ЈОВАНОВ, ТРАЈЧЕ СТОЈАНОВ превод, лектура, веб ЕКАТЕРИНА ТУРИШЕВА заменик генерален продуцент за Балканот, МАРИЈА СМИРНОВА асистенција, веб АНДРЕЈ ЗАЈЦЕВ, НИКОЛАЈ КОРОЉОВ илустрации За огласување во овој додаток, ве молиме да се обратите на ЈУЛИЈА ГОЛИКОВА, директор на одделот за односи со јавност: julia.golikova@rbth.com

Артјом Геодакјан / ТАСС

Интернет-страница: mk.rbth.com Еmail: urednik@mk.rbth.com Телефон: +7 (495) 775 3114 Факс: +7 (495) 988 9213 Адреса: ул. Правды 24, д. 2, Москва 125993, Россия.

Забавен парк на Црвениот плоштад во Москва

Russia Beyond the Headlines (RBTH) го финансира „Росијскаја газета“, руски дневен весник. Содржината на овој подлисток е подготвена без учество на новинари и уредници на „Нова Македонија“. RBTH се финансира за сметка на добивката од рекламодавците и од комерцијалните спонзори, а исто така и од средства на руски државни институции. Ние се занимаваме со независна редакциска позиција и претставуваме различни гледни точки на настаните во Русија и во останатиот свет со помош на квалитетна содржина и експертски мислења. Од моментот на нашиот почеток во 2007 година се стремиме да се придржуваме до високите редакциски стандарди, да го покажеме најдоброто новинарство од Русија и за Русија. На таков начин се надеваме дека ќе пополниме една важна дупка во информирањето за нашата земја од страна на другите медиуми. Сите прашања и коментари за нашето финансирање или за нашата редакциска структура, ве молиме да ги упатите на urednik@mk.rbth.com. Повеќе информации на mk.rbth.com.

Reuters

RBTH издава 29 прилози во 23 земји со вкупна месечна публика од 33 милиони луѓе, а исто така одржува и 19 сајта на 16 јазика.

Луѓе облечени како Дедо Мраз за време на хуманитарна трка во Москва. Пет илјади натпреварувачи зедоа учество на настанот „Среќна трка“ со која им се помага на сериозно болните деца


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.