RRM 2015 04 (#23)

Page 1

mk.rbth.com

прилогот го уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва), која е целосно одговорна за содржината. се печати и се дистрибуира во соработка со „нова Македонија“.

Издание на

Животот на Гагарин низ фотографии стр. 2-3

сабота - понеделник, 11-13 апРил 2015 година

Абрамович инвестира во нафтената технологија стр. 4-5

бРој 23

Предвремена револуција?

стр. 6-7

Максим Шеметов / Ројтерс

Како Русите и Македонците го одбележуваат Велигден

Верници на Велигден во храмот на Христос Спасителот во Москва

стр.8-9

Духот на стара Русија: дванаесет дрвени цркви стр.12-13

„Росијскаја газета“ уредува прилози за Русија во 30 водечки светски весници, вклучувајќи ги и „Њујорк тајмс“, „Дејли телеграф“, „Фигаро“ и „Ла Република“


2|

оПштЕСтВо

Животот на гагарин низ 9 МАРт 1934

По повод 12 април, Денот на космонаутиката, „Руска реч“ ви нуди да се запознаете со животот на најпознатиот космонаут во светот, Јуриј Гагарин, преку ексклузивни фотографии

Раѓање Јуриј Алексеевич Гагарин е роден на 9 март 1934 година во селото Клушино кај Смоленск. Во ова село го минал и своето детство. Луѓето велат дека омилена работа на Јуриј Гагарин како ученик била да фрла хартиени авиончиња на часовите.

25 оКтоМВРИ 1954

Зачленувањето во аероклубот На 25 октомври 1954 година Гагарин за првпат дошол во Саратовскиот аероклуб. Идниот космонаут ја завршил школата со одличен успех и за првпат извршил самостоен лет на авионот Јак-18.

Првиот космонаут на планетава, Јуриј Гагарин, во годините додека се школувал во Саратовскиот аероклуб

семеен живот Во бракот со Валентина Гагарин добил две ќерки – Елена и Галина. Постарата ќерка Елена се сеќава дека татко им секогаш се интересирал како учат, а секое утро, без разлика на времето, ги изнесувал децата надвор на утринска гимнастика.

Валентин Черединцев / ТАСС

Гагарин на 15 години

РИА Новости

17 АПРИЛ 1959

Првиот космонаут, Јуриј Гагарин, со ќерките Гаља и Лена (десно) во домашни услови, 17 април 1966 година,

ТАСС

9 ДЕКЕМВРИ 1959

27 оКтоМВРИ 1957

Женидба На 27 октомври 1957 година Гагарин се оженил со Валентина Горјачева, која работела во лабораторијата на МедиЈуриј Гагарин со својата жена Валентина цинската управа на Центарот за управување со летови. Гагарина секогаш била близок другар и партнер на својот сопруг. Два дена пред летот во космосот Гагарин ѝ напишал проштално писмо во случај да дојде до катастрофа.

Зачленување во космонаутскиот одред На 9 декември 1959 година Гагарин напишал молба за запишување во групата кандидати за космонаути. По една недела Гагарин бил повикан во Москва на медицински испитувања во Централната научноистражувачка авијатичка болница.

Тренинзи во космонаутскиот одред

РИА Новости


оПштЕСтВо 12 АПРИЛ 1962

фотографии

ден на космонаутиката од 1962 година 12 април почнува да се одбележува како Ден на космонаутиката во СССР. Во Ѕвездениот град космонаутите прават приредби на овој ден, на кои се чествуваат новите членови на одредот

12 АПРИЛ 1961

РИА Новости

„тргнуваме!“ Валентин Черединцев / ТАСС

На 12 април 1961 година Гагарин стана првиот човек во историјата на светот што полетал во космосот. По 108 мину ти во космосот Гагарин успешно се приземји во Саратовската област. Според легендите, во потрагата по капсулата со космонау тот бил ис пра тен хеликоптер Ми-4, но кога екипажот дошол до апаратот, Гагарин го немало. Локалните жители раска жувале дека Гаг арин самостојно излегол од капсулата и оти отпатувал во најблискиот град Енгелс со некој камион што минувал от тука.

|3

Московска област. Јуриј Гагарин (лево) и Алексеј Леонов во Ѕвездениот град на чествувањето на новите космонаути, 12 април 1965 година

13 МАЈ 1962

ТАСС

турнеја по сиот свет

Космонаутот Јуриј Гагарин пред космичкиот старт на 12 април 1961 година на космодромот Бајконур

14 АПРИЛ 1961 ТАСС

свечен дочек во Москва

Еден месец по летот Гагарин бил испратен на прво патувањевостранствовотаканаречената „Светска мисија“. Првиот космонаут посетил околу 30 земји, вклучувајќи ги Чехословачка, Финска, Англија, Бугарија и Москва. На меѓународниот Египет. Наслов: Москва. На меѓународниот авијатички авијатички салон во Париз фирмата салон во Париз фирмата „Митра“ му подари на првиот „Митра“ му подари на првикосмонаут, Јуриј Гагарин, спортска от космонаут Јуриј Гагарин кола. На фотографијата: Јуриј Гагарин спортска кола. им ја покажува колата на московјани

27 МАРт 1967 На 27 март 1967 година Јуриј Гагарин загина во авионска несреќа при тренинг со авионот МиГ15УтИ. Причините за несреќата се неразјаснети до денес. Според една верзија причина за наглиот маневар што ја предизвикал несреќата била приближувањето и наглото оддалечување на авионот Су-15, кој ненадејно се нашол во зоната за полетување. Поради загинувањето на Гагарин во Советскиот Сојуз била објавена национална жалост (за првпат во историјата на СССР за човек Споменикот на Јуриј Гагарин во Москва на Ленинската авенија што не е шеф на држава).

Москва. Прием во Кремљ по чествувањето на првиот космонаут, Јуриј Гагарин, на Црвениот плоштад. Во прв план: Јуриј Гагарин со сопругата Валентина (лево), Никита Хрушчов со сопругата Нина (десно) и Леонид Брежњев. Во втор план десно – Викторија Брежњева На 14 април во Енгелс по Гагарин дошол Ил-18, а кога се приближувале кон Москва на авионот му се придружила почесна придружба од ловци, составена од седум МиГ-17. На аеродромот Внуково Гагарин му рапортирал на Никита Хрушчов дека „задачата на Централниот комитет на Комунистичката партија и на Советската влада е исполнета“. Истиот ден на Црвениот плоштад е одржан митинг на кој Хрушчов објавил дека Гагарин го добил звањето Херој на Советскиот Сојуз и „Космонаут на СССР“.

Виктор Кошевој / ТАСС

Загинување


4|

ЕКоНоМИЈА

абрамович инвестира во Евгениј Каљков, Иван Ткачев, Аљона Сухаревскаја, РБК тексашката компанија Propell Technologies објави дека кипарската Ervington Investments, чиј конечен бенефициент е рускиот милијардер Роман Абрамович, вложила во неа пет милиони американски долари. Во известувањето за медиумите не се обелоденува уделот на бизнисменот во Propell Technologies. Propell Technologies Group поседува временски неограничена ексклузивна лиценца за развој, за примена и за комерцијализација на технологијата Plasma-Pulse. Засега оваа технологија се наоѓа во фаза на испитување, така што Propell од неа нема добивка. За девет месеци од 2014 година добивката на компанијата изнесувала само 85 илјади американски долари (притоа, во третиот квартал воопшто немало приход). Чистата загуба во периодот од јануари до септември 2014 година изнесувала 3,55 милиони американски долари, се вели во извештајот на Propell. Капитализацијата на Propell Technologies сега се оценува на 64 милиони американски долари (доколку се земе предвид котизацијата на OTC Markets, неберзанскиот пазар на САД). РУСКА тЕХНоЛоГИЈА ЗА АМЕРИКАНСКИтЕ шКРИЛЦИ

Компанијата Novas Energy USA, која е под контрола на Propell, се занимава со промоција на нова технологија за зголемено црпење нафта и гас од наоѓалиштата со шкрилци во САД. При користењето на традиционалните технологии (таканаречен хидрофрекинг) за ширење на пукнатината во шкрилците и за извлекување нафта и гас од нив, во сондата, под висок притисок, се налева вода или раствори на киселини. технологијата што ја користи Propell се засновува на плазмено-имупулсно влијание (ПИВ), при што каналите на хоризонталните сонди се „продувуваат“ со ударен бран, кој се создава откако во плазмата ќе се стави метален проводник, кој го става текот под напон од три до пет илјади волти. Методот ПИВ се разликува од хидрофрекингот со тоа што не зависи од резервите на вода. освен тоа, тој е поеколошки, со оглед на тоа што при користењето на технологијата што се засновува на хидрораспарчување на пластовите, во

подземните води влегуваат штетни реагенси, што веќе е и причина за забрана на користењето на хидрофрекингот во Франција, во Холандија и во други земји, а, исто така, и во некои држави во САД, како што се Вермонт и Њујорк. Novas Energy USA, која е сопственик на технологијата ПИВ, има руски корења. оваа технологија во 2002 година почна да ја разработуваат научниците од Санктпетербуршкиот рударски универзитет и од Научноистражувачкиот институт за електрофизички апаратури „Д. В. Ефремов“. Во 2007 година сопственикот на патентот за ПИВ, фирмата Рост, ја основаше компанијата Novas Energy Services. Пред Абрамович да вложи во неа, таа привлече инвестиции од десет милиони американски долари, од кои еден милион во вид на грант од фондот Сколково. „Инвестираме во оваа технологија зашто сметаме дека е перспективна“, изјави за РБК претставникот на Millhouse Џони Ман. тој забележа дека технологијата може да се применува насекаде, а не само во САД. Сега Novas има девет патенти во Русија и една пријава за патент што е на разгледување во САД. Нејзината технологија беше испробана на повеќе од 300 сонди во Русија, во Кина, во Источна Европа и во САД. Во Русија методот се применува на сондите на Лукоил, на Роснефт, на Гаспром, се вели на сајтот на компанијата. Според податоците од Управата за енергетски информации на САД (EIA), Русија има најголеми резерви на нафта добиени од шкрилци – 75 милијарди барели. На второ место се САД со 48 милијарди барели, а на трето е Кина со 32 милијарди барели. што оСтАНУВА ЗА Во ИДНИНА?

„Инвестициите нема да се ограничат на 15 милиони американски долари. Абрамович не се ограничува на малку. тој ќе добие пристап до инфраструктурата и ќе може да прави нови зделки, кои со сегашните цени ќе му обезбедат значајно место во нафтената индустрија на САД. Сосема е можно дека на крајот може да стане збор и за инвестиции со обем од стотици милиони долари“, ја коментира инвестицијата на поранешниот губернатор на Чукотка порталот Oilprice.com, повикувајќи се на извор запознаен со зделката. Втората транша инвестиции од Er-

vington Investments, која може да биде остварена до 31 мај 2015 година, ќе биде насочена на добивање сопствено нафтено наоѓалиште за Propell, на кое ќе се користи плазмената технологија со поголема експлоатација, се вели во материјалите на Propell наменети за Ко-


ЕКоНоМИЈА

|5

нафтената технологија година беше објавено дека израелската компанија AcousticEye Inc., која е специјализирана за разработка на метод за неразурнувачка контрола на состојбата на цевките на нафтоводите и на гасоводите, има добиено од Абрамович два милиони американски долари. Наф-

тени проекти има и синот на бизнисменот. 21-годишниот Аркадиј Абрамович ја контролира британската компанија за нафта и гас Zoltav Resourses, чии компании-ќерки работат на наоѓалиштата во Ханти-Мансискиот автономен округ и во Саратовската област.

Роман Абрамович

Ројтерс

мисијата за хартии од вредност и за берзи на САД (SEC). Роман Абрамович, кој според оцените на магазинот Форбс на крајот од 2014 година имал богатство вредно 9,1 милијарда долари, веќе има инвестирано во нафтениот сектор. Летото 2014


6|

ПоГЛЕДИ

Карикатура: Татјана Перелигина

предвремена револуција?


ПоГЛЕДИ Андреј Грачов односот кон Перестројката, нејзините резултати и кон последиците од неа во Русија е и понатаму противречен. „Парадоксот на Горбачов“ се согледува во тоа што неговите противници и голем дел од неговите следбеници сметаат дека Перестројката што ја покрена тој доживеа фијаско. Разликата е во тоа што првите го колнат Горбачов поради она што тој успеа да го направи, а вторите го критикуваат за тоа што не успеа да ги исполни сите ветувања. Најголем број обвинувања упатени на сметка на иницијаторот на Перестројката се однесуваат на неговата недоследност, на колебањата и на тактичките „заобиколувања“. Горбачов беше внимателен и се стремеше кон тоа да застане „зад општеството“, односно да му овозможи да созрее за промени, а тој да го „турка“ истото тоа општество одзади, а не да го води по себе. Многумина тоа го толкуваа како недоследност и како нерешителност. Но, да се обидеме да ги прикажеме барем контурите на најважните промени што се случија во тие години во поранешниот СССР и во целиот свет, за да видиме дека тие заобиколувања на „нерешителниот“ Горбачов прават, всушност, една права линија. Ќе го наведам она што по мое мислење е сржта на Перестројката. Русија го вкуси „забранетиот плод“ на слободните извори и на Гласноста, ставајќи го правото на слобода на говорот и на информирањето на списокот на граѓанските приоритети. Москва се откажа од претензиите на алтернативна цивилизација и на подредување на целиот свет на својата идеолошка доктрина и покрена иницијатива за запирање на Студената војна, која за малку ќе прераснеше во трета светска војна. Фактички резултат на тој период е повторното обединување на светската историја, која на почетокот од 20 век, по Руската револуција, го подели на два одвоени тека. Но, во нашиот непостојан свет сè си има своја цена. Преобразувањето на сопствената земја и на светската политика Горбачов против својата волја го плати со распад на Советскиот Сојуз и со сопствена оставка. Може да се каже дека ниту постсоветска Русија, ниту останатиот свет, не го положија тестот што им го понуди „превентивната револуција“ на Перестројката. Руското општество не го поднесе товарот на слободата што неочекувано ја доби на подарок. Најпрво потона во хаосот на Елциновото владеење и во трговската разузданост на олигархискиот капитализам, а потоа со олеснување се врати под закрилата на „цврстиот“ апсолутистички систем на кој веќе се имаше навикнато. Западниот свет, од своја страна, не се воздржа од поривот себеси да се прогласи за победник во Студената војна и за единствен наследник на историјата. така излезе

|7

дека западните партнери на Михаил Горбачов, во чиј здрав разум веруваше тој, дури и повеќе отколку во нивната материјална помош, не се помалку сигурни сојузници од неговите поранешни партиски соборци кои го предадоа. Денес Горбачов не им замерува на западните лидери што своевремено не му помогнале (тој е свесен дека судбината на Перестројката не зависеше од нив), ами им се лути поради тоа што не можеа разумно да ја искористат уникатната шанса што неговата политика му ја понуди на светот, и поради тоа што поривот на советското општество во стремежот кон демократијата го сфатија само како приказ на внатрешна слабост. Не е реализиран ниту еден проект на заедничката европска куќа, во која требаше да влезе и реформираниот Советски Сојуз, ниту беше реализирана идејата за создавање нови структури за колективна безбедност на континентот (евентуално и Советот за безбедност, меѓу другото) кои би овозможиле да се избегне трагедијата на крвавата војна во Југославија и драмата на сегашниот граѓански конфликт во Украина. Излезе дека е поедноставно да се урне Берлинскиот ѕид, отколку да им се стави точка на логиката и на психологијата на програмираното непријателство кои, всушност, и беа причината за поставувањето на Берлинскиот ѕид, кој `и служеше како инструмент на политиката. Зачувувањето на старите и никнувањето на новите видливи и невидливи ѕидови и бариери покажува дека политичарите на 21 век, како на Запад, така и на Исток, не се подготвени да се ослободат од предрасудите и од стереотипите. По сè изгледа, ова е и причината што Студената војна е заменета со мноштво „жешки“ конфликти на целата планета. Па, дури и самата Студена војна, иако веќе се распаѓа од старост, со голема брзина се враќа во руско-американските односи, а Горбачов веруваше дека неповратно ја закопува кога во Рејкјавик, на Малта, во Вашингтон или во Москва се состануваше со тогашните американски претседатели. Ако Перестројката триесет години по нејзиното започнување во руското општество се сфаќа како политички неуспех, или дури како антинационален проект со кој се поткопуваат државните интереси, тогаш тоа значи или дека главниот мотив на Перестројката не е сфатен, или дека тој свесно се отфрла, иако своевремено активно го поддржа целото советско општество. овој мотив претставува демократска преродба на Русија и нејзино повторно соединување со светската историја. тука се и плурализмот на мислењето, владеењето на законот, чесни избори на раководството, неприкосновеност на човечката личност, реална конкуренција во политиката и во економијата, транспарентност во функционирањето на власта и нејзина одговорност пред општеството. Авторот е поранешен портпарол на претседателот на СССР, М. С. Горбачов


8|

РУСИЈА И МАКЕДоНИЈА

како Русите и Македонците го одбележуваат Велигден Емил Ниами

наречен во чест на воскресението на Исус на третиот ден од неговото распетие.

МАЛКУ ЛИНГВИСтИКА ВЕЛИГДЕНСКИ ЈАЈЦА

Христовото воскресение во македонскиот јазик се нарекува Велигден, а неговото потекло е словенско и е добиено со слевање на зборовите велик (голем) и ден, со оглед на тоа дека овој ден е навистина голем за христијаните. Во рускиот јазик овој празник се нарекува Пасха, а зборот е директно преземен од грчкиот јазик, кој, пак, го презел од хебрејскиот. Во старохебрејскиот јазик со овој збор се означувал пролетниот празник на номадите, а потоа се однесувал на излегувањето на Израел од Египет. Интересно е и тоа што во рускиот јазик зборот недела (денот меѓу сабота и понеделник) се нарекува „воскресен е“, а е

кулич

Куличот е вкусен козинак, кој е задолжителен за секој дом што го слави Велигден. од дамнина ова слатко јадење било присутно за празникот во секој дом. Се верувало дека додека се подготвува тестото за куличот, во просторијата никој не смее да влегува и да излегува, не треба да се треска со вратата, а самото тесто е најдобро да одмора неколку часа на мека перница.

ПоДГотоВКА За овој велигденски десерт потребно е: ½ литар млеко 10 јајца 350 грама путер ½ килограм шеќер ½ кафена лажичка сол 1 лимон 1 портокал

Главното велигденско јадење кај православните христијани се бојадисаните јајца. тие, по традиција, се вапсуваат на Велики четврток, а се осветуваат за време на црковната служба. Едно осветено јајце треба да се чува до следниот Велигден. Се смета дека осветеното јајце не се расипува во текот на годината. Според древните руски обичаи постојат два начина за бојадисување, а со тоа и два различни вида јајца. Првиот начин, исто како и во Македонија, бил со користење на природните начини на боење (со кромид, со цвекло и сл.) и тие се нарекуваат „крашенки“. Вториот начин е со слика-

1 кафена лажичка морско оревче 2 кесички ванилин шеќер 100 грама свеж квасец 200 грама суво грозје 2 чаши шеќер во прав 1,5 – 2 килограми брашно Подготовката започнува навечер. од две јајца ги делиме белките и ги ставаме во фрижидер. останатите јајца ги кршиме, додаваме сол и ги оставаме до

Кулич, традиционален руски велигденски козинак

ТАСС

ње разни орнаменти на јајцата, и тие се нарекувале писанки. Писанките се сликаат сурови и не се употребуваат во исхраната. По Педесетница (Духовден) на овие јајца им се лепат пердуви и тие стануваат птици. Иако денес постојат полесни начини за вапсување и украсување на јајцата, и во Русија и во Македонија постојат верници што сѐ уште се придржуваат до традиционалните начини. Покрај кршењето со јајца, во Русија, особено во помалите места, е задржан еден стар словенски обичај. Станува збор за детска игра, која се нарекува „тркалање јајца“. За оваа игра се прави посебен реквизит – мала патека од шкрилци. На децата им се поставуваат разни подароци, а тоа обично се играчки или некакви други интересни дреболии. Потоа се поставува патеката од шкрилци. По

изутрина. Во топло млеко го раствораме квасецот, додаваме една лажичка шеќер, пет лажици брашно и го ставаме на топло место за да стаса. Путерот го топиме. Во јајцата додаваме шеќер, го додаваме растопениот путер, додаваме морско оревче и ванилин шеќер. Лимонот го рендаме цел, а од портокалот само кората. Лажичка лимонов сок оставаме за глазурата. откако квасецот ќе стаса, го ставаме во голем сад, додаваме 1,5 килограм брашно, сокот од лимон и кората од портокал и месиме тесто. Потоа го додаваме сувото грозје. По потреба додаваме брашно. тестото го премесуваме двапати. На крајот го ставаме во подмачкани калапи и го печеме на 200 степени во загреана рерна. Потоа ја подготвуваме глазурата. Двете белки што ги бевме ставиле во фрижидерот, ги матиме и постепено го додаваме шеќерот во прав. На крајот го додаваме и сокот од лимон. Со оваа глазура ги премачкуваме куличите.

Запомнете: куличот се сече попреку, а не надолж, а делот со глазурата служи како капак, за да не се засуши колачот.


РУСИЈА И МАКЕДоНИЈА

|9

Жена на литургија во Варлаамо-Хутињскиот женски манастир во селото Хутињ во Новогородската област неа децата ги пуштаат велигденските јајца и она јајце што ќе го допре предметот него и го добива. Доколку не постои специјална патека, децата едноставно ги тркалаат јајцата по тревата и се обидуваат да погодат некој подарок. ВЕЛИГДЕНСКИ РИтУАЛИ

И во Русија и во Македонија е прифатена традицијата на одење на гробишта на првиот ден од Велигден. Според македонските обичаи, постои верување дека јајца можат да се вапсуваат сѐ до Духовден, а на овој голем празник тие и се раздаваат на гробиштата. традицијата да се оди на Велигден на гробишта и таму да се оставаат велигденски јајца е пагански обичај. Во врска со ова руските свештеници дури и го повикуваат народот да оди во црква, а не на гробишта. Сепак, некои обичаи продолжуваат да живеат, без разлика на негодувањето од страна на црквата. Мошне интересен ритуал во Русија е палењето огнови. оваа традиција е останата уште од времето на Руската империја, кога огновите се палеле во црквите, на гробиштата и на патиштата. Се смета дека со овој оган се брка нечистата сила, а воедно и се повикува Христос и се „загреваат“ апостолите што бдееле пок-

По 40-дневните пости за православните христијани во Русија и во Македонија, стигнува најголемиот празник – Велигден. „Руска реч“ ви ги открива деталите за прославата на овој празник во руската и во македонската средина, а, исто така, ви нуди и едно руско слатко задоволство, кое е традиционално за велигденските празници рај убиениот Исус, чекајќи во светлината од огнот да го видат Господ и да побараат од него помош. Во современа Русија велигденскиот оган (кој се нарекува Благодатен оган) се носи во големите градови од Ерусалим, од Црквата на Воскресението. Кога тој ќе пристигне од Ерусалим, свештениците свечено го раз-

несуваат по храмовите, а верниците го чекаат за да запалат свеќи од него. По службата многумина се обидуваат запалената свеќа да ја однесат дома, со цел да го зачуваат огнот во текот на целата година. ВЕЛИГДЕНСКА тРПЕЗА

За време на овој најголем христијански празник верниците се обидуваат нивната трпеза да биде колку што е можно побогата. Со оглед на тоа дека се завршени и 40-дневните пости, трпезата обично е преполна со производите од кои верниците се воздржувале во изминатиот период. Во Македонија традиционално е велигденското печено јагне, а, со оглед на тоа дека е и потопло, се прават и разни свежи салати од ран зеленчук. Во Русија, пак, за време на празнувањето на Велигден сѐ уште е ладно, па затоа се приготвуваат јадења од зимницата. На трпезата секогаш има место за таканаречената велигденска салата и за курникот (вид пита полнета со месо и со варени јајца), а тука се и главните десерти – пасхата и куличот. И во Русија и во Македонија традицијата наложува велигденската трпеза да биде поставена цел ден и да се чекаат гости, но, исто така, дел од храната им се раздава и на сиромасите.

Константин Чалабов / РИА Новости

е


10 |

НАУКА И тЕХНоЛоГИЈА

каква ќе биде новата вселенска станица на која работи Русија? Игор Комаров, директор на федералната агенција Роскосмос

Викторија Завјалова Русија и САД заедно ќе работат на создавање на нова вселенска станица, изјави на крајот на март првиот човек на федералната агенција Роскосмос, Игор Комаров. Според него, на проектот може да му се приклучат и сегашните учесници на МВС, но и други заинтересирани страни. Комаров за „Руска реч“ изјавува дека се надеваат на земјите-членки на БРИКС. официјални извори од администрацијата на НАСА потврдија дека во врска со ова прашање се водат преговори, но, во исто време, велат дека страните не дошле до спогодба и ги обвинија руските медиуми, зашто некои фрази биле „извлечени од контекст“.

Екатерина Штукина / РИА Новости

ВСЕЛЕНСКИтЕ ВоЈНИ СЕ отКАжУВААт

Неочекуваната изјава за создавање нова вселенска станица Комаров ја даде за време на заедничката конференција со првиот човек на НАСА, Чарлс Болден, на космодоромот Бајконур, од каде што неодамна на МВС замина нова мисија. Се чини дека во односите на двете земји настапи „вселенско ресетирање“. Претходното Роскосмос се закани со запирање на својата работа на МВС од 2020 година. Се проширија гласови и за тоа дека Русија ќе создава сопствена национална вселенска станица. Сепак, сега сѐ е изменето. Згора на тоа, според Комаров, Роскосмос е подготвен да ја продолжи експлоатацијата на МВС до 2024 година, како што претходно предлагаше НАСА. Комаров подвлече дека одлуката за продолжување на ресурсот на МВС ќе биде донесена во 2016 година. оПтИМИЗАЦИЈА НА БУЏЕтот

Причината за ваквото ненадејно зближување во вселената е желбата за оптимизација на програмата и за повеќе експерименти без дополнителни инвестиции, изјави првиот човек на Роскосмос. Според Комаров, НАСА предлага во експериментите на МВС да се при-


| 11

Вселенската станица за која преговараат Роскосмос и НАСА нема да биде едноставно „нова верзија на МВС“ влече индустријата. „Сега ќе разгледуваме што можеме да им понудиме на најкрупните руски компании“, вели Комаров. Според него, станува збор за експерименти по биологија, по хемија, по металургија и во други правци. Во рамките на последната мисија соработката на земјите-учеснички на МВС ќе биде потесна. „Се договоривме дека ќе определиме механизам за размена на информации, за заедничко користење на опремата што ја имаме ние и тие“, вели Комаров. Ниту Русија, нити САД немаат доволно средства за самостоен научен прогрес, вели во интервју за „Руска реч“ професорот од Масачусетскиот технолошки институт Едвард Кроули. Програмите за освојување на далечната вселена, како и експедицијата на Марс, изискуваат големи трошоци, а од нив не може да се очекува исплатливост. „Заедно би можеле да решаваме многу повеќе задачи и, притоа, помалку да ги оптоваруваме нашите буџети“, забележува Комаров. освен тоа, според него, развојот на меѓународната соработка дава елан и за работа со општите закани за Земјата, меѓу кои е и заканата од астероиди.

Русија планира да работи на нова вселенска станица заедно со САД. Се очекува дека во проектот активно учество ќе земат Европа и државите од БРИКС. „Руска реч“ поразговара со началникот на главниот вселенски ресор на Русија, Игор Комаров, со цел да дознае зошто земјите решиле да заборават на политичките несогласувања и како понатаму ќе се одвиваат меѓ ународните вселенски односи СтАРтНо МЕСто ЗА ИДНИтЕ ЛЕтоВИ

Вселенската станица за која сега размислуваат Роскосмос и НАСА нема да биде едноставно „нов аналог на МВС“: технологијата отиде напред, а пред агенциите сега стојат други, многу посложени задачи. „Нема смисла да се дуплираат и да се копираат модули“ - смета Комаров. „Во перспектива, ќе се изменат функцијата на станицата и, соодветно, нејзините конфигурации“.

Според него, станицата ќе биде алка за летови кон Месечината и кон другите планети. Перспективите за користење на новата станица сега ја проучува група што е составена од земјите-учеснички на МВС. „Заедно ќе ја определиме архитектурата што треба да ја има оваа станица“, забележува Комаров. Притоа, модулите што ќе се разработуваат од руска страна, доколку е потребно, ќе обезбедат создавање независна национална орбитална станица.

Alamy / Legion Media

НАУКА И тЕХНоЛоГИЈА


12 |

ПАтУВАЊА

духот на стара Русија: дванаесет дрвени цркви

ТАСС

Музејот „Витославлици“ кaj Велики Новгород

Фиби Теплин

Ричард Дејвис, автор на книгата „Дрвени цркви: патување по рускиот Север“ на оние што сакаат да видат стари дрвени цркви во оддалечени места и во нивното природно опкружување пред да исчезнат тие, им советува да отседнат во некој од северните градови, како што се Архангељск, Каргопољ или во онега. Дејвис вели дека во Каргопољ постојано расте бројот на хотели и на туристички агенции кои нудат изнајмување возила, па така може лесно да се посетат оддалечените цркви и села што ги опишува тој во својата книга. тој, исто така, го препорачува Петрозаводск како почетна точка за посета на прекрасните цркви во Киќи. Рускиот уметник Иван Билибин напишал: „Никогаш немам видено таква архитектонска фантазија како онаа во Кижи... навистина добивате впечаток дека влегувате во некое царство од сказните“. Многу од црквите што ги има фотографирано Дејвис се наоѓаат околу брегот на Бело Море и по должината на брегот на реките Двина и онега. Полесно е

Дрвените цркви се едни од ретките нешта кои странците ги доживуваат како типични за Русија. Михаил Милчик, заменик-директор на Научноистражувачкиот институт за обновување споменици на историјата и на културата во Санкт Петербург, дрвената архитектура ја нарекува „најоригинален и наједноставен дел од културното наследство на Русија“ да се стаса до некој од музеите на дрвената архитектура. Милчик смета дека тие играат важна улога во популаризацијата на народната култура, но и дека тие, всушност, претставуваат „потсетник на она што сме го загубиле“. Дејвис се согласува дека овие музеи им укажуваат на луѓето на сите убави градби што треба да се реставрираат, а воедно ја препорачува и експозицијата „Мали Корели“ во близината на Архангељск. Вознесенската црква со пет куполи и останатите бисери на архитектурата од 17 век тука го нашле својот живописен дом, иако донекаде имаат изгубено од автентичноста. Музејот „Витославлици“ во близина-

та на Велики Новгород претставува уште една прекрасна збирка, сместена во пригодно опкружување. обновените дрвени градби од целиот регион се поставени по должината на брегот на реката Волхов. Слични музеи постојат и во Суздаљ и на крајот во Волгода, во селотото Семјонково, до каде што од градот се стасува по кусо возење со такси. Етнолошко-архитектонскиот музеј поседува примероци од дрвени градби што настанале за време на двата претходни века, во кој има и објаснувања на англиски и на руски јазик. Прекрасниот шумовит ридест/брдски парк во Коломенское, на само дваесет минути од централните делови на Москва,


ПАтУВАЊА

| 13

Lori Images

Црквата св. Георгиј на Војковскаја, Москва има сопствен музеј на дрвени цркви и на мали кули со огради. особено се истакнува црквата Св. Георгиј од 17 век со три куполи, која била изградена на брегот на малата притока на реката Двина. Уметникот Иван Глазунов е човекот што е заслужен за обновата на оваа трошна црква и за нејзиното преместување на нова локација. Дрвена црква во која се врши служба е и црквата Св. Никола, која се наоѓа на калето сместено на Измајловскиот пазар во источниот дел на Москва. Ниту еден од деловите што треба да придонесат за прекрасната атмосфера тука не е автентичен. Црквата е изградена пред околу 15 години од бетонски елементи обложени со дрво, но и покрај тоа остава силен впечаток и претставува одлично место за купување сувенири. освен тоа, на островот што се наоѓа недалеку постојат остатоци од империјалното време, а тие можат да се видат од видиковецот на оваа црква. Црквата Св. тихон во паркот Сокољники во северна Москва, е исклучително богата со декоративни елементи и, исто така, служи како верски објект. таа има интересна историја, а и крајот во кој се наоѓа е привлечен за посетителите. Денешните градби претставуваат реконструкција на

објект од 19 век, но нејзините керамички печки на дрва и обоените клупи прават да изгледа постара. Сокољники биле царски соколари, а една легенда вели дека токму некој од нив ја подигнал оваа црква. Уште една скриена скапоценост во северните предградија на Москва е црквата Св. Геориј, во близина на метро-станицата Војковска. оваа црква е подигната во 1997 година во стилот кој многу потсетува на стилот на храмовите од северот на Русија. Има пет традиционални коси покриви со куполи и камбанарија, а ја користат жителите на густонаселената населба Коптево. На спротивната страна од тимирјазевската шума, во близина на метро-станицата тимирјазевскаја се наоѓа дрвената црква Св. Никола. оваа црква е направена според проект на Фјодор шехтељ, голем архитект на стилот арт-нуво. Црквата била осветена во 1916 година во времето што не им било наклонето на верските градби. Многу од московските манастири инспирираат со убавината што ја поседуваат дрвените капели, кои често имаат едноставни конструкции, подигнати на извори. Една таква градба е дел од живописниот комплекс во селото Косино, ис-

Lori Images

Црквата св, Тихон во Сокољники, Москва

точно од Москва. Дрвената капела посветена на св. тихон не се изделува, но атмосферата во самиот манастир на брегот на Бело Езеро е вредна за тој да се посети. Доколку ја игнорирате бучавата што допира од московскиот сообраќај, предградијата како што е Косино можат донекаде да ви ја дадат сликата на животот на село. Но, доколку сакате вистински селски мир, морате да продолжите понатаму. Ако одите на еднодневна екскурзија надвор од Москва можете да ја почувствувате атмосферата на Мелихово, местото каде што Чехов имал своја дача. До обновената дрвена црква во селото може да се стаса по куса прошетка од неговата дача по патека по која шетаат кокошки, која, пак, минува покрај куќи со прекрасни градини. Секое задоволство што го наоѓаат посетителите во дрвените цркви, без разлика дали се стари или нови, треба да го сврти вниманието на архитектонското богатство на Русија на кое му се заканува исчезнување. На оваа „страница на руското и на светското културно наследство“ Милчик ги набројува црквите што повеќе не постојат, како и оние на кои им се заканува истата судбина, поставувајќи си го прашањето: „Ќе бидат ли тие спасени навреме?“

Мали Корели, музеј на дрвената архитектура на Северот и „потсетник на она што сме го изгубиле“

ТАСС

Lori / Legion Media

Семјонково, одлична дестинација за патување низ времето во стара Русија


14 |

KУЛтУРА

кулинарските тајни на Светлана Прокудина Современите монаси имаат многу заеднички нешта со земјоделците. Многу манастири имаат свои имоти. Дури и оние што се наоѓаат во градовите имаат свои селски поседи. Во поголемиот број манастири се одгледува овошје, а некои дури имаат и пчеларници. Манастирите најчесто се занимаваат со производство на млеко и на млечни производи, како и со правење леб и бели печива. ПоДМоСКоВСКИ МАНАСтИРСКИ ИМотИ

На стотина километри од Москва се наоѓа Серпуховскиот женски манастир, основан во 14 век. За време на советската власт бил затворен, а својата активност ја обновува дури во 1995 година. „Ние го имаме земјоделскиот имот откако е отворен манастирот“, вели игуменијата Алексија. На почетокот во манастирот се чувале кози, а потоа крави. „А, кога бројот на кравите се зголеми, се постави прашањето: каде да ги пуштиме на паша? Познаниците ни предложија парцела во соседната област“. Денес Серпуховскиот женски манастир има 25 крави молзници. Секој ден од манастирскиот имот се носи свежо млеко. Монахињите од млекото прават павлака, кашкавал, кефир и јогурт. Игуменијата Алексија вели дека, речиси, сè се троши во самиот манастир. Единствено налето кога кравите даваат повеќе млеко, она што е вишок им се продава на парохијците. освен крави, во манастирот се одгледуваат и кокошки и патки. Згора на тоа одгледуваат и компири и друг вид зеленчук. „Цвекло, моркови, компири – сето тоа расте на село. И секако домати, краставички, тиквички, модар патлиџан. Не знам зошто, ама годинава дињите не ни успеаја. Но, затоа лубениците ни беа добри. Сега има многу различни семиња – одгледуваме и интересна жолта лубеница“, вели игуменијата. Ако ѕирнете во манастирската визба, ќе ви стане јасно дека тука најмногу сакаат да приготвуваат зимница. таа се прави налето: теглите се полнат со домати, краставици, печурки или со салата од зеленчук; во нив се налева масло, но може и без него (за употреба за време на постите); се варат компоти и

разни видови слатко. Во Серпуховскиот женски манастир, исто така, се пече и леб. „Една швајцарска хуманитарна организација во 1999 година ни донираше опрема за пекарница. Ние се издвојуваме по тоа што правиме леб без квасец“, објаснува игуменијата Алексија. таа вели дека, за разлика од млечните производи, манастирскиот леб не го произведуваат само за себе, туку и за продажба. Леб од манастирот може да се купи во градот Серпухов, па дури и во некои продавници во Москва. ПоЛоВИНА тоН БРАшНо

Леб се прави и во машкиот манастир Св. Данил во Москва. Манастирот е основан во 16 век и е познат по тоа што на неговата територија се наоѓа резиденцијата на патријархот московски и на цела Русија, Кирил. Во овој манастир печењето леб е подигнато на професионално ниво. „Почнавме да работиме со 50 килограми брашно дневно. Сега за еден ден преработуваме половина тон. од ова количество брашно произведуваме околу 2, 5 илјади векни ‘ржан леб дневно. Згора на тоа произведуваме и околу 2 илјади векни бел леб“, вели економот на манастирот отецот теогност. освен тоа во Даниловскиот манастир се произведуваат и 12 видови пирошки, а пред две години е отворен и оддел за производство на бисквити. „Дури имаме и свој бренд“, со гордост истакнува јеромонахот. Во манастирската пекарница работат 20 лица. Купивме германска опрема, зашто руска-

та е премногу пребирлива, објаснува економот. „Производството на леб е мошне сложен процес. Како прво, мајата реагира како живо суштество. Доколку во колективот владее лоша атмосфера, мајата слабо ’аботи’и тогаш лебот бавно расте. А, за да се направи, да кажеме, ‘заварној’ леб (вид леб кај кој дел од брашното со слад и со вода се вари неколку часа пред месењето – заб. прев.) потребни се 18 часа“. Пченичното брашно го произведува самиот манастир, додека ‘ржаното се купува. Манастирот има свои житни полиња со мелница и со мали силоси во Рјазањската област, а покрај тоа има и пчеларник. Во текот на една сезона манастирскиот пчеларник произведува пет тони мед. Покрај тоа, на имотот во Подмосковје монасите чуваат 8 крави. Следната година манастирот планира да го прошири производството на мед. Покрај сегашната пекарница ќе се доизградат дополнителни простории. „Ќе имаме своја минифабрика“, објаснува отец теогност. КВАЛИтЕт НАМЕСто КВАНтИтЕт

Интерес за манастирските производи покажаа и бизнисмените. Во Москва се појавија продавници во кои се продаваат исклучиво еколошки производи, а во нив задолжително се наоѓа и нешто од манастирското производство. „Големите фабрики за леб не се толку заинтересирани за квалитетот, колку што се заинтересирани за квантитетот и за цената. Нивното работење изгледа како математичка задача: за ми-

Манастирот Преображение на островот Валаам на северот од Русија ќе произведува ексклузивни видови сирење по италијански рецепти. Манастирот веќе ја има потребната опрема, а монасите што произведуваат сирење ја минале потребната обука во Италија. Ваквото сирење е нешто ново и необично за манастирската кујна. Монасите најчесто прават едноставни производи: печат леб, прават павлака и подготвуваат зимница од зеленчук и од печурки. „Руска реч“ се заинтересира за тоа каква храна се произведува во манастирите


KУЛтУРА

| 15

руските манастири ката област. Веќе две години 3-4 пати неделно манастирот ѝ го испорачува на компанијата „Избјонка“ својот леб, како и пирошки и медени колачиња. До советското време руските манастири биле големи производители на храна. така, Валаамскиот манастир, кој денес допрва почнува да го развива производството на италијански сирења, некогаш бил еден од најголемите

земјоделски центри на северот на Русија. На 160 хектари обработлива земја монасите одгледувале јачмен, ‘рж и овошје, а во стаклениците растеле лубеници и дињи. На островот има и дренажни и иригациони системи со канали кои се долги околу 100 километри. Манастирот имал и механизирана фарма со 70 крави, а во езерата на островот Валаам монасите одгледувале и риба.

Сергеј Пјатаков / РИА Новости

нимално време треба да се испече што повеќе евтин леб и да се продаде што е можно поскапо. За манастирските пекарници приоритет е квалитетот на лебот. Затоа ние соработуваме со нив“, објаснува менаџерот за односи со јавноста на компаниите „Избјонка“ и „ВкусВил“ Евгениј шчепин. овие компании соработуваат со толшкиот В’веденски женски манастир во Јарославс-


ИМПРЕСУМ

16 |

КАЛЕИДоСКоП

Писмата на читателите, колумните и илустрациите означени како „мислење“, како и текстовите од рубриката „погледи“ во овој додаток се избрани за да претстават различни гледишта и не го изразуваат нужно гледиштето на уредникот на проектот „Russia Beyond the Headlines“ или на весникот „Росијскаја газета“. Ве молиме вашите писма и коментари да му ги испраќате на уредникот на urednik@mk.rbth.com

Пред 50 години, на 18 март 1965 година советскиот космонаут Алексеј Леонов за првпат во историјата на човештвото излезе во отворениот космос. Тој помина 12 минути и 9 секунди надвор од орбиталниот брод „Восход-2“

Интернет-страница: mk.rbth.com Еmail: urednik@mk.rbth.com Телефон: +7 (495) 775 3114 Факс: +7 (495) 988 9213 Адреса: ул. Правды 24, д. 2, Москва 125993, Россия.

ЕВГЕНИЈ АБОВ издавач и директор на RBTH ПАВЕЛ ГОЛУБ главен уредник на додатоците на RBTH ВЈАЧЕСЛАВ ЧАРСКИ генерален продуцент ЕМИЛ НИАМИ превод, лектура, веб, гостин-уредник на додатокот „Руска реч на македонски“ ЕКАТЕРИНА ТУРИШЕВА заменик генерален продуцент за Балканот, МАРИЈА СМИРНОВА асистенција, веб АНДРЕЈ ЗАЈЦЕВ, НИКОЛАЈ КОРОЉОВ илустрации За огласување во овој додаток, ве молиме да се обратите на ЈУЛИЈА ГОЛИКОВА, директор на одделот за односи со јавност: julia.golikova@rbth.com

РИА Новости

Додатокот „Руска реч“ го финансира, уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва, Русија).

Во 1957 година Алексеј Леонов ја заврши Чугуевската воена авијатичка школа за пилоти (Чугуев - град во Харковската област, Украина)

ИГОР ДАНИЛОВИЌ координатор на „Руска реч“ во „Нова Македонија“ ВЛАДИМИР МИЈАНОВИЌ помошник координатор на „Руска реч“ во „Нова Македонија“ МАРЈАН ДЕЛЕВСКИ дизајн МАРИЈА ЧУНДЕВА технички уредник © 2014 сите права се задржани од ФГБУ „Росијскаја газета“: АЛЕКСАНДAР ГОРБЕНКО претседател на редакцискиот совет, ПАВЕЛ НЕГОИЦА генерален директор, ВЛАДИСЛАВ ФРОНИН главен уредник.

RBTH издава 30 прилози во 24 земји со вкупна месечна публика од 33 милиони луѓе, а исто така одржува и 20 сајта на 16 јазика.

РИА Новости

Russia Beyond the Headlines (RBTH) го финансира „Росијскаја газета“, руски дневен весник. Содржината на овој подлисток е подготвена без учество на новинари и уредници на „Нова Македонија“. RBTH се финансира за сметка на добивката од рекламодавците и од комерцијалните спонзори, а исто така и од средства на руски државни институции. Ние се занимаваме со независна редакциска позиција и претставуваме различни гледни точки на настаните во Русија и во останатиот свет со помош на квалитетна содржина и експертски мислења. Од моментот на нашиот почеток во 2007 година се стремиме да се придржуваме до високите редакциски стандарди, да го покажеме најдоброто новинарство од Русија и за Русија. На таков начин се надеваме дека ќе пополниме една важна дупка во информирањето за нашата земја од страна на другите медиуми. Сите прашања и коментари за нашето финансирање или за нашата редакциска структура, ве молиме да ги упатите на urednik@mk.rbth.com. Повеќе информации на mk.rbth.com.

РИА Новости

Забрането е копирање, дистрибуција или преземање на содржините од овој додаток, освен за лична употреба, без писмена согласност на „Росијскаја газета“. Ве молиме за дозвола да се обратите на телефон +7 (495) 775 3114 или на и-мејлот urednik@mk.rbth.com „Russia Beyond the Headlines“ не сноси одговорност за ненарачаните текстови и фотографии.

Алексеј Леонов го носи звањето генерал-мајор на авијацијата. Тој има добиено голем број ордени и награди меѓу кои и орденот„За заслуги пред Татковината“ од III степен, што му беше доделен во 2014 година


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.