Руска реч на македонски (#24)

Page 1

mk.rbth.com

Прилогот го уредува и го издава „росијскаја газета“ (москва), која е целосно одговорна за содржината. се печати и се дистрибуира во соработка со „нова македонија“.

сабота - недела, 9-10 мај 2015 година

Издание на

Детство во војната

стр. 2-3

Да го спречиме обновувањето и ширењето на фашизмот стр. 6-7

Како се снимаше Втората светска војна стр. 14-15

години од големата победа

Lori/Vostock-Photo

70

број 24

Сé за Втората светска војна и за прославата на 70-годишнината од победата mk.rbth.com/vtora_svetska_vojna

Туристички дестинации како сеќавање на војната стр. 8-11

„Росијскаја газета“ уредува прилози за Русија во 30 водечки светски весници, вклучувајќи ги и „Њујорк тајмс“, „Дејли телеграф“, „Фигаро“ и „Ла Република“


2|

ОПШТЕСТВО

детство во војната Екатерина Синељшчикова

Пред војната семејството на Степан Соснин имало своја работилница: и мајка му и татко му биле декоратори во театарот Бољшој. Но, кога дошла 1941 година, татко му го повикале на фронт. „Истата година дојде порака дека татко ми е исчезнат. Така ми кажа мајка ми. Таа остана во Москва за да го брани московското небо како зенитчица“, раскажува Степан Михајлович. Тој тогаш имал четири години. Гладот и животот во земјанка со двокатни кревети му се познати од лично искуство. ИМА НЕШТО ВО ВОЗДУХОТ

Тој се сеќава на сирените, на тоа како баба му велела: „Побрзо, побрзо“. Тие оделе во скривницата навечер. „Одевме и го слушавме бомбардирањето. Прозорците дома ни беа излепени со хартија за да не се скршат стаклата. Така беше

„Руска реч“ ги објавува сеќавањата на композиторот Степан Соснин, чие детство минало во Втората светска војна: првите бомбардирања, евакуацијата, гладот, мајката-зенитчица и пеењето песни за својата батерија преку телефон во сите куќи“, вели Соснин. Степан ја памети војната во делови. Тој воопшто и не разбирал што е тоа војна, но јасно памети дека нешто во воздухот не му давало мир. Не станувало збор само за германските авиони што летале ниско над градот. „Чувствував дека нешто не е во ред. Луѓето седеа во подрумите целите растревожени, иако јас таков стрес не чувствував зашто бев многу мал“, објаснува тој. Против германските бомбардери беа поставени аеростати, „мали дирижабли“, кои пречеа во летот, и зенитни ди-

визиони на влезот во престолнината. Жените ги опслужуваа локациските прибори на зенитните уреди, определуваа каде се наоѓаат целите што се движат. „Мајка ми опслужуваше една од тие батерии. Јас и баба ми бевме евакуирани во ноември-декември 1941 година во Уљјановск (890 километри од Москва) кај моите тетки. Тие имаа само момчиња за гледање, јас им бев деветто, можете да си претставите?“ ПОСТОЈАНО БЕВМЕ ГЛАДНИ

Од гладот нè спасуваше само тоа што

Степан Соснин со баба си пред војната, 1940 година

Степан Соснин со својата баба Елена Владимировна Соснина, 1946 година


ОПШТЕСТВО

|3

Степан Соснин кај баба си на раце (во средина) со своите втори братучеди и со тетките (на двата краја), во средина е и неговата прабаба. Уљјановск, 1940 година

Степан Соснин, 1945 година за време на школувањето во хорското училиште во семејството работеа две жени и ним им даваа бонови за прехранбени производи. „На едно од момчињата му даваа да сече леб, за никој да не добие повеќе. Сите добиваа по мало парче. Јадењето беше скудно. Постојано бевме гладни. Дури и отпадоците од чистениот компир се јадеа“, си споменува Соснин. Тој успеал да се врати од евакуацијата во Москва во 1943 година, одвај стасале, зашто немало директен пат. На почетокот пловеле по Волга, потоа баба му се качила со него во воз со војници (други возови тешко се наоѓале), кои оделе на фронтот. Малиот Степа го скриле под се-

диште. Во близина на Москва тие се качиле на товарен воз преполн со луѓе и стасале до московскиот стан, во кој тие имале соба од осум метри квадратни. Во 1943 година германските авиони повеќе не летале над Москва, но постоела наредба зенитниот дивизион никаде да не оди. Мајка му продолжила да живее во земјанката: „Ринеа земја, ја обвиваа со трупци од сите страни, одозгора правеа покрив и го насипуваа со земја така, што воопшто не можеше да се забележи од височина“. Тој проживеал таму со неа до 1944 година.

ците и мене ми велеа да пеам. Јас им пеев на другите батерии преку телефон, зашто меѓу нив постоеше телефонска врска“. Веќе кон крајот на војната Степан се запишал во хорското училиште, откако случајно на радио слушнал дека се примаат кандидати. На почетокот на училиште одел од земјанката, а потоа го префрлиле во интернат. „Полето каде што се наоѓаа нашите земјанки сè уште постои, тоа е слободно. Покрај него одат трамваи, а јас минувам покрај него и се сеќавам дека тука се наоѓаше зенитната батерија“.

ЖИВОТ ВО ПОЛН ЕК

Мајката на Степан Соснин, Ољга Александровна Соснина во чин каплар, 1943 година

Уште во тоа време зенитните уреди не се користеле само за воени цели: секоја победа во воената кампања задолжително се одбележувала со почесна стрелба. Колку подалеку, толку подолго траела почесната стрелба. „Нема да заборавам како со мајка ми седевме во американскиот ‘Студебекер’ на кој беа закачени зенитки и се пукаше. Експлозијата беше толку голема што сѐ се тресеше. Се полнеше со вистинска муниција. Беше многу страшно, но јас се гордеев што седев таму со нив“. „Всушност, животот беше во полн ек“, се сеќава Степан Михајлович. Го испраќале во обезбедуваниот овоштарник на Тимирјазевската академија по јаболка. Морал да се искачува и да краде. „Се сеќавам дека прикажуваа филмови на креветски чаршави. Се сеќавам на романтичните врски меѓу девојките и момчињата. И како пееја воени песни. Војни-

Степан Соснин со мајка си, 1945 година


4|

ПОГЛЕДИ

Улогата на вториот Алексеј Исаев Соработката на ниво на воено планирање и на спроведување операции отсекогаш била најсложениот елемент од коалициската стратегија. Истовременото нанесување удари од различни фронтови има очигледни предности, но во практиката ваквата синхронизираност на дејствијата се судри со големи тешкотии. Во случајот со СССР и западните сојузници не постоела реална соработка и усогласување на операциите. Причината за тоа не се наоѓа во ниското ниво на политика, туку во постоењето на објективни сложености и проблеми, за кои се сметало дека во името на сојузот не треба да бидат игнорирани. За време на подготовките на летната кампања во 1944 година тешкотиите со собирањето муниција ја натерале Црвената армија да го одложува почетокот на воената операција „Багратион“ во Белорусија, која започнала сосема несинхронизирано со истоварувањето во Нормандија. Исто така, лошите временски услови (кои пречеле во користењето на авијацијата) ја принудиле советската команда да го помести почетокот на офанзивата во Полска во јануари 1945 година. Фактички, советската офанзива од Висла кон Одра започнала кога кризата во Ардените веќе поминувала. Во обата случаи за советската војска пораното започнување би значело определен ризик за неуспех. Исто така, западните сојузници сметале дека не е целесообразно да се концентрира силата на спроведување на арктичките конвои, ризикувајќи со криза во Средоземното море. Отворањето на вториот фронт во Европа долго време било повод за жестоки политички дискусии. Работата доаѓала до директни обвинувања за одолговлекување на вториот фронт од страна на САД и Велика Британија за сметка на истоштување на СССР во борбата со Германија. Сепак, посериозна е тезата за големи технички тешкотии за влегување на континентот од море. Главен проблем тука бил освојувањето на морското пристаниште, кое овозможувало непрекинато снабдување на големите групи војска (а, мал десант брзо би бил фрлен во вода). Нападот на Дјеп во 1942 година покажал дека Германците ја сфатиле заканата, а француските пристаништа биле добро подготвени за одбрана. Исто така, само

по себе освојувањето на пристаништето не гарантирало успех, неговата инфраструктура можела да биде минирана од Германците за време на нивното повлекување. Имено, тоа се случило со Шубер. Соодветно, истоварувањето се случило кога била смислена идејата за формирање на времено пристаниште директно на плажата на Нормандија. Со вештачки бранолом, надводни патеки „Малбери“ и со силна противвоздушна одбрана, идејата „Малбери“ била оформена есента 1943 година. Потоа следувале месеци за подготовка и во јуни 1944 година истоварувањето веќе можело да смета на успех. Не треба да се заборави дека главна движечка сила на операцијата беа Американците, претседателот Рузвелт категорично настојувал за истоварување во Франција токму во 1944 година. Доколку се обидуваме да го изразиме значењето на вториот фронт и на западните сојузници во победата над Германија со една фраза, тогаш таа би била: „Англичаните и Американците му го скршија вратот на Луфтвафе, а СССР ѝ го скрши ‘рбетот на германската пешадија“. Навистина, 75% од германските загуби отпаѓаат на советско-германскиот фронт. Дури и по истоварувањето во Нормандија и по отворањето на вториот фронт во Европа, вкупните загуби на Германците на источниот фронт трипати ги надминува загубите на западниот. Од друга страна, по сосредоточувањето на речиси сите воени сили на истокот во 1941 година, крупните сили на Луфтвафе постепено преминуваат на западниот фронт и во противвозудшната одбрана на Рајхот. Ударите по Германија од страна на американските дневни бомбардери во придружба на ловците станаа еден вид „живи мамки“ за германските ловци. Пролетта 1944 година стана вистински кошмар за германските пилоти-ловци. Зголемената загуба на авиони на западот во однос на загубите на истокот се случила есента 1942 година и во првата половина на 1943 година. Така, во ноември 1942 година на запад биле изгубени 595 авиони, а на источниот фронт – 224, додека во декември на западниот бројката изнесува 386, односно 408 на источниот. Во јули 1943 година на источниот фронт Германците изгубиле 558 авиони, на Медитеранот 711, а на запад и во противвоздушната одбрана на Рајхот 526. Во 1944 година на советско-германскиот

фронт отпаѓале само околу 20% неповратно изгубени авиони на Луфтвафе. Пред истоварувањето во Нормандија од 4.475 авиони на Луфтвафе, на запад во одбраната биле 2.340 машини. Значењето на одолговлекувањето на герман-


ПОГЛЕДИ

|5

Татјана Перелигина

фронт

ските военовоздушни сили на западот не треба да се пренебрегне, зашто со тоа ѝ се одврзувале рацете на советската авијација. Придонесот на советските војници и офицери не може да се прецени. Побе-

дата е постигната по цена на милиони нивни животи, со хероизам, пожртвуваност, борба. На вториот фронт забрзана е победата над Германија. Тој помогнал да се спасат животите на многу советски војници.

Авторот е историчар, кандидат по историски науки, ја проучува војната 1941–1945 година во руските и во странските архиви. Автор е на повеќе книги за историја на војната од 1941 до 1945 година


6|

РУСИЈА И МАКЕДОНИЈА

да го спречиме обновув ширењето на фашизмот Емил Ниами Неодамна бевте во посета на Русија. По чија покана заминавте и која беше целта на вашата посета? Да. На покана на претседателот на Рускиот сојуз на ветераните, генералот на армијата Михаил Мојсеев, а по повод 70-годишнината од победата во Големата татковинска војна 1941–1945 и во Втората светска војна, при што учествував на Меѓународниот состанок на раководителите на ветеранските организации од земјите на антихитлеровската коалиција во периодот од 27 до 28 март во Москва. Таму и потпишавме договор за соработка меѓу нашите две организации. Кажете ни нешто повеќе за организацијата и за настаните на кои учествувавте. Какви се вашите импресии од посетата? Организатор беше Рускиот сојуз на ветераните, а на конференцијата учествуваа делегации на највисоко ниво. Триесетина држави и разни сродни здруженија, како и претставници на државните органи на Руската Федерација. Главни поенти на дискусијата беа дека не постои сила на светот што може да го победи народот и дека секој обид за тоа завршува со пораз. Исто така, се осврнавме на тоа

Лична архива

Учесниците на состанокот на раководителите на ветеранските организации од земјите на антихитлеровската коалиција, 27-28 март 2015, Москва

дека желба на сите е никаде и никогаш да не се повторат страдањата од Втората светска војна. Посебно беше акцентирана улогата на Народноослободителната војска и на партизанските одреди под команда на Јосип Броз Тито, која била голема, впечатлива, видна во текот на целата Втора светска војна, а особено во завршните операции за ослободување на Југославија, заедно со Црвената армија. Оваа година се одбележуваат 70 години од крајот на Втората светска војна. Се разбира дека Сојузот на борците на Македонија ќе има свои активности. Што се планира по овој повод? 70 години од победата над фашизмот и од крајот на Втората светска војна во Европа е настан што за Сојузот на борците на Македонија е многу значаен и затоа неговото одбележување вклучува повеќе манифестации. Со програмата е предвидено централно место да има 9 мај – Денот на победата над фашизмот, за што временски се усогласуваме со другите учесници. Одбележувањето на 70-годишнината од пробивот на Сремскиот фронт, како важен и клучен настан непосредно пред конечната победа, го одбележавме со свечен собир на Главниот одбор на 17.4.2015 година во Скопје и со учество на побројна делегација на истата манифестација во

Шид, Србија. Поголем број македонски војници биле убиени или ранети на овој фронт непосредно пред победата над фашизмот. Го одбележавме и 4 мај, по повод 35-годишнината од смртта на Ј. Б. Тито, од аспект на неговиот придонес во формирањето и во развојот на македонската државност. На 15 мај, пак, заедно со младите антифашисти ќе организираме трибина на тема „Антифашизмот денес“. На крајот, ќе земеме и учество во манифестациите што ги организираат и другите субјекти во земјава и надвор од неа, доколку бидеме поканети. Значи, предвидени се поголем број манифестации во чест на Денот на победата над фашизмот и крајот на Втората светска војна. Каква е, според вас, улогата на Втората светска војна за современиот светски поредок? Познато е дека Втората светска војна, како многу долга, со многу жртви, во која се урна речиси сè, заврши со пораз на фашизмот. Сакам да верувам дека во мирот по неа се барани оптимални решенија, помалку или повеќе праведни, а кои ќе ги задоволат амбициите на победниците. Потоа следува релативно студен мир и развој на општествата на економски, културен, социјален план, со други зборови – напредок. Светот денес, на 21 сеп-


РУСИЈА И МАКЕДОНИЈА

|7

ањето и тември секоја година, го одбележува Светскиот ден на мирот, на кој ветеранските организации посебно го истакнуваат значењето на мирот во светот како услов за напредок и за благосостојба. Паралелно постои и реална слика дека во светот постојат многубројни жаришта на конфликти и локални војни. Светот се менува постојано и ќе продолжи да се менува, останува сите ние заедно да направиме сè што можеме за да не се повторат страдањата од Втората светска војна. На светот не му е потребна нова војна.

Емил Ниами

Верка Бунтеска: На светот не му е потребна нова војна

Голема поддршка на Југославија во Втората светска војна ѝ има дадено и Црвената армија на тогашниот СССР. Какви се вашите оцени во врска со нивните активности на овие простори? Непобитен историски факт е дека Црвената армија на тогашниот СССР даде милиони жртви по сите основи и во 1945 година, заедно со другите членови на антихитлеровската коалиција, воено го победи фашизмот. Директното воено учество на Црвената армија многу се почувствувало во северните делови на тогашна Југославија. Кога станува збор за Македонија, која сама се ослободила и, патем, го забавувала процесот на концентрација на непријателските сили непосредно пред победата, треба да се истакне дека во партизанските единици учествувале заробени припадници на Црвената армија, кои избегале од заробеништво и ѝ се приклучиле на борбата во земјава. Тоа биле многу храбри и искусни борци, кои во битките во Македонија дале свој придонес за победата над фашизмот заедно со народот на Македонија.

советските војници, од чие херојство многу народи беа инспирирани да се приклучат на оваа борба. Македонскиот народ и неговите партизани се горди што беа дел од антихитлеровската коалиција и што во таа борба ја извојуваа својата национална слобода и што оформија своја држава.

Денес од многумина што сакаат одново да ја испишат историјата слушаме оспорувања на антифашистичкиот отпор, особено на улогата на Црвената армија. Колку, според вас, ваквите тези можат да се сфатат сериозно? Независно од какви било дневно-политички потреби, децениски утврдените факти за настаните во Втората светска војна ја потврдуваат вистината дека тоа беше војна во која беше поразен милитантниот фашизам и дека слободољубивите народи заеднички застанаа зад антихитлеровската коалиција. Во таа борба огромен придонес за победата дадоа

Соработува ли Сојузот на борците на Македонија со Сојузот на воените ветерани на Русија и каква е соработката? Какви се вашите планови за во иднина? Ќе продолжи ли соработката меѓу двете организации? Сојузот на борците на Македонија повремено соработувал со Сојузот на воените ветерани на Русија, најчесто во врска со 9 мај – Денот на победата над фашизмот и крајот на Втората светска војна. Како што кажав претходно, меѓу двете ветерански организации беше потпишан договор за континуирана соработка во следните четири години, а со кој заед-

Верка Бунтеска од неодамна е в.д. претседател на Сојузот на борци од НОАВМ 1941–1945 и граѓанитепродолжувачи. Во март годинава таа беше во посета на Москва, на средба со своите колеги од Русија и од уште триесетина други земји. Во интервју за „Руска реч“ таа зборува за својата посета, за активностите на Сојузот, за Втората светска војна и за соработката со Рускиот сојуз на ветераните нички се обврзавме дека ќе работиме на зајакнување на мирот и на безбедноста во светот. Особено внимание ќе му се посвети на спречувањето на обновувањето и на ширењето на фашизмот, како и на борбата против тероризмот, настани што денес се актуелни во светот. Сојузот на борците на Македонија е непомирлив противник на фашистичката идеологија и на нејзините современи појави, кои во некои случаи се директно поттикнати од националистичките страсти што повикуваат на екстремизам, ксенофобија и на антисемитизам. Народите и нивните лидери се повикани во мир и дијалог да ги надминуваат предизвиците што овој екстремизам ги наметнува за реализација на своите црни сценарија. Борците на Македонија нема да потклекнат на патот на новите генерации да им предочат кои се позитивните придобивки на светската цивилизација од борбата против фашизмот, без оглед во кој дел на светот тој се појавува.


8|

ПАТУВАЊА

Lori/Vostock-Photo

туристички дестинации како сеќавање на војната Скулптура Татковина-Мајка во Волгоград, Русија

Јулија Шандуренко Во современа Русија тешко е да се најде град што на еден или друг начин не беше допрен од Втората светска војна: тие или беа бојно поле, или место за евакуација на населението и на претпријатијата. Девет градови, кои врз себе го примија најстрашниот удар за време на војната, сега го носат називот градхерој. Тоа се Москва, Санкт Петербург, Волгоград, Тула, Смоленск, Мурманск, Керч, Новоросијск и Севастопољ. „Руска реч“ отиде во обиколка на највпечатливите места на воената слава во некои од овие градови. ВОЛГОГРАД: СКУЛПТУРА ТАТКОВИНА-МАЈКА И МЕМОРИЈАЛЕН КОМПЛЕКС НА МАМАЕВИОТ КУРГАН

Lori/Vostock-Photo

Плоштадот „Исправени пред смртта“ во Волгоград

Волгоград (913 километри од Москва), кој во советско време се нарекуваше Сталинград, беше место на најсмртоносните битки во светската историја, каде што загина еден и пол милион луѓе. Во јули 1942 година на Мамаевиот курган Црвената армија ја победи армијата на Хитлер на Источниот фронт, со што се случи пресврт во текот на Втората светска војна. Меморијалот и спомениците подигнати на местата на овие настани до денешен ден остануваат главни градски знаменитости. Поголем дел од спомениците посветени на Втората светска војна се наоѓаат во три дела од градот, кои се наоѓаат близу еден до друг: во Алејата на хероите, која оди од кејот кон Плоштадот на паднатите борци, околу музејот-панорама „Сталинградска битка“ и на Мамаевиот курган. Патот помеѓу нив е најдобро да се помине на таканаречен метротрам – трамвај што се движи над и под земјата. Минутата молк, која периодично ја прекинува музиката што свири во музејот на Мамаевиот курган, се чини неиздржливо гласна, а чекорите по бетонот премногу силни. За ужасните факти од Сталинградската битка можете да


ПАТУВАЊА

дознаете преку книгите или на Интернет. Но, да ја почувствувате целата трагедија на војната, да ја осознаете неверојатната големина на загубите на советскиот народ, можете само доколку се најдете на Мамаевиот курган и доколку самите ги изодите 200 скали – според бројот на денови од битката – од „Споменот на поколенијата“ преку ѕидинатаруина до подножјето на статуата „Татковина-мајка“. Гледајќи на посетителите од височината на својот гигантски раст, таа е запишана во книгата на рекорди на Гинис како најголема статуа во светот (85 метри без постаментот) во моментот на своето создавање во 1967 година (за споредба: Статуата на слободата во Њујорк е висока 46 метри, статуата на Исус Спасителот во Рио де Женеиро е 38 метри).

Lori/Vostock-Photo

Плоштадот на победата во Санкт Петербург

Фрагмент од Монументот на хероитебранители на Лениград во Санкт Петербург

Lori/Vostock-Photo

Во 1945 година, изморен од војната, СССР практично беше руина. Москва беше во голема мера уништена од непријателската авијација, Ленинград (денешен Санкт Петербург), кој настрада од глад, речиси остана без луѓе, две третини од Сталинград (денешен Волгоград) беше разурнат. Сега, по седумдесет години, на местата на страшните битки постојат меморијални комплекси, кои ги посетуваат туристи од целиот свет

|9

Меморијалниот музеј на одбраната и на блокадата на Ленинград во Санкт Петербург

Додека жителите и бранителите на Сталинград гинеа во битките, жителите на Ленинград мораа да поднесат друг страшен предизвик – блокадата на градот што траеше 872 дена (од 8 септември 1941 до 27 јануари 1944). 97% од умрените не биле ранети и не војувале, туку умреле од глад и од болест. Како што забележува Мајкл Волцер во својата книга „Правдите и неправдите на војната“, „во опсадата на Ленинград загинаа повеќе

ТАСС / Руслан Шамуков

САНКТ ПЕТЕРБУРГ: ПЛОШТАДОТ НА ПОБЕДАТА И МУЗЕЈОТ НА БЛОКАДАТА


ПАТУВАЊА

мирни жители одошто во пеколот на Хамбург, Дрезден, Токио, Хирошима и Нагасаки заедно“. Монументот на хероите-бранители на Ленинград се наоѓа на Плоштадот на победата во Санкт Петербург и тој претставува негов композициски центар. Ова е најпознатата градба посветена на подвигот на граѓаните во трагичните денови на блокадата. Под него се наоѓа и подземната Спомен-сала (музеј), украсена со два огромни мозаика – „Блокада“ и „Победа“. Во салата се слушаат радиосигнали од Москва, кои се измешани со звукот на метроном. На два екрана се прикажани силуети од градот под блокада: 10-минутниот документарен филм „Сеќавање на блокадата“, проследен со фрагменти од Седмата симфонија на Дмитриј Шостакович, овозможува посилно да се почувствува трагедијата на Ленинград и големината на подвигот на неговите бранители. Многу полична перцепција на настаните од тие години, со очите на обичниот ленинградец, можат да се добијат во Меморијалниот музеј на одбраната и на блокадата на Ленинград. Таму можете да видите реконструкција на една од собите во ленинградски стан за време на блокадата, да слушнете сигнал за воена тревога, да видите фотографии, примероци од оружје, лични предмети на ленинградците и на бранителите на градот, а, исто така, и јадењето што, поради блокадата, жителите морале да го прават со она што им се нашло при рака. На пример, парче леб со тежина од 125 грама, кое било направено од брашно од остатоци од ‘рж и од хидроцелулоза.

Меморијалниот музеј на одбраната и на блокадата на Ленинград во Санкт Петербург

Меморијалниот музеј на одбраната и на блокадата на Ленинград во Санкт Петербург

ТАСС / Јуриј Белински

10 |

КУРСК: МЕМОРИЈАЛЕН КОМПЛЕКС „КУРСКА АРКА“ (ТРИУМФАЛНА АРКА)

Сталинградската битка направила пресврт во текот на Втората светска војна, но нејзиниот успех не би бил зацврстен без битката кај Курск (457 километри од Москва) во јули 1943 година, чие геополитичко значење го надмина советско-германскиот фронт, ставајќи крај на режимот на Бенито Мусолини и принудувајќи ја Италија да излезе од војната во која беше на страната на Германија. Битката кај Курската арка влезе во историјата како најголема тенковска битка, во која учествуваа околу два ми-

лиони луѓе, шест илјади тенкови и четири илјади авиони. Монументалниот парк во чест на Курската битка на северниот дел од градот е разделен во вид на алеи, кои се долги околу еден километар, каде што се наоѓа Триумфалната арка, споменикот на еден од главните советски воени началници од времето на Втората светска војна, генералот на Црвената армија Георгиј Жуков, храмот на христијанскиот светец Георги Победоносецот и Могилата на непознатиот војник на Курската земја со вечен оган. Тука се наоѓа и спомен-ѕвездата во вид на дорска колона со картуш, на која е напишан текст од Указот на претседателот на РФ за доделување звање град-херој на Курск. Во комплексот влегува и изложба на воената техника, топови, хаубици, тенк Т-34, САУ Зверобој, и, секако, познатите воени артилериски возила „Катјуша“.

ТАСС / Валериј Бушухин

НОВОРОСИЈСК: МЕМОРИЈАЛЕН КОМПЛЕКС „МАЛА ЗЕМЈА“

Драматичните настани од Втората светска војна не беа концентрирани само на европскиот дел од земјата – сеќавања за нив се останати и на југот од Русија. Најпозната епизода од овој дел на фронтот е десантната операција на Црвената армија во февруари 1943 година, како резултат на која е создаден мостобран под називот Мала земја, кој се протегал јужно од Новоросијск (1.466 километри од Москва). Херојската одбрана на овој дел од земјата траела 225 дена и завршила утрото на 16 септември со ослободувањето на Новоросијск од фашистите. Како резултат на оваа одбрана пораснал бројот на контраофанзиви во овој правец, што одиграло клучна улога во целата битка за рускиот Кавказ.


ПАТУВАЊА Ансамблот на Новоросијскиот државен историски музеј „Мала земја“ се наоѓа на кејот Адмирал Серебрјаков на брегот на Црното море. Главниот споменик на Мала земја е огромна композиција во вид на клун на воен брод што со сета сила избива на брегот. Оттука се отвора поглед на истиот оној Цемески залив за кој се воделе жестоки битки. Околу овој споменик до денешен ден можат да се најдат остатоци од битката во 1943 година – ровови обраснати со трева, ископи, канали, точки за набљудување и за команда. Во монументот функционира и музеј-галерија на воената слава, а недалеку од меморијалот постои изложба на воената техника и на оружјето од времето на Втората светска војна.

| 11

Lori/Vostock-Photo

Меморијалниот комплекс „Курска арка“

СЕВАСТОПОљ: МЕМОРИЈАЛЕН КОМПЛЕКС „САПУН-ГОРА“

Lori/Legion-Media

Меморијалниот комплекс „Мала земја“ во Новоросијск

морската авијација, ги уништуваат непријателските бродови. Имено, во ваква слика од битката се наоѓаат посетителите, влегувајќи во извидницата на најголемата диорама во светот – „Заземањето на Сапун-гора на 7 мај 1944 година“ во Севастопољ (1.273 километри од Москва). Впечатокот се засилува со 8-метарската платформа, која се наоѓа од извидницата до платното: тука е направен релјеф на локалитетот, со дупки од ракети и од бомби, не-

пријателски бункер во природна големина, ровови, на кои има вистинско трофејно оружје, шрапнели, куршуми. На Сапун-гора не се оди само поради диорамата туку и поради одличната панорама на околината. Недалеку од зградата на диорамата се наоѓа параклисот на свети Георги, кој е во форма на куршум, а пред зградата се поставени примероци на воена техника и вооружување од периодот на Втората светска војна.

Учесници во историската реконструкција на нападот на Сапун-гора

ТАСС / Станислав Красиљников

Претставете си: попладне на 7 мај 1944 година. Сапун-гора полна со грмушки, која се протега 7 километри по должината на тиркизниот залив на градот Балаклава, го крие Севастопољ од југ. Заземањето на планината трае повеќе од седум часа. Врвот е близу, но најтешки се последните чекори кон него. Се води борба за секоја стапка, за секој дел од карпата. Пешадијата, тенкистите и артилеријата ги заземаат непријателските утврдувања. Во воздухот започнува битка на ловци. Во тој момент во морето советските бродови, поддржани од


12 |

АРМИЈА

Виталиј Белоусов / ТАСС

Војната на небото

Екатерина Синељшчикова

Веста за војната ги начека курсистите на школата за пилоти неподготвени. „Сакавме да одиме на река и да се капеме. Одеднаш се слушна команда да се собереме пред штабот каде што се наоѓа разгласот и да го слушнеме соопштението од Москва“. 18-годишниот Сергеј Крамаренко морал многу брзо да премине од обичен У-2 на ловец од ново поколение, кој може да се движи со брзина од 400 до 500 километри на час. Во декември 1941 година тој бил испратен во близина на Москва, во полк во кој „од 50 пилоти останале само петмина“ и еден авион ЛаГГ-3 „добро вооружен со еден топ и со четири митралези“. „Со тој еден авион почнавме да летаме“, раскажува ветеранот. ПРВАТА БИТКА

Во својата прва воздушна битка тој, за чудо, останал жив. „Тоа беше линијата на фронтот кај градот Жиздра. Одеднаш Рижков (командирот на формацијата) вели: ‘Внимание, напред има бомбардер.

Ветераните на Втората светска војна пилотот генерал-мајор Константин Подбуртни, херојот на Советскиот Сојуз генерал-мајор Сергеј Крамаренко и генерал-потполковник Пјотр Терехов (од лево кон десно) на покривот од Рајхстагот Напаѓаме’“. Бидејќи веднаш не го забележал противникот, Крамаренко се одделил од формацијата. „Одеднаш пред мене се појавуваат два авиона. Видов дека имаат свастики – авионите се германски. Не ми е јасно како не ме забележаа“. Почнал да пука, но тие почнале да пукаат во него. „Што да правам? Не

легов 20-30 метри над шумата“. По 40 години тој дознал дека во рапортот на командирот на германската формација неговиот авион се сметал за урнат во шумата. „Најважно е дека ги прелажав. Тие помислија дека се удрив во земја“, додава Крамаренко.

Херојот на Советскиот Сојуз, пилотот Сергеј Крамаренко, многупати го сметале за загинат во борба. Но, секогаш имал среќа. Овој ветеран за „Руска реч“ раскажува како избегал од германската авијација, како горела кабината на неговиот авион, како се нашол во заробеништво и кој го спасил од стрелање можам да одам нагоре – ќе ме соборат, надесно – исто така. Решив да пикирам под нив“. Не бил погоден, но гонењето продолжило. „Повторно пикирам и повторни одам нагоре. Но, гледам дека уште малку и ќе ме соборат“. Крамаренко се решава на уште еден многу ризичен пик. „Авионот се тресе, но излегува. Из-

СФАТИВ ДЕКА ЖИВОТОТ Е ЗАВРШЕН

Во 1943 година само тој од целиот полк бил испратен во маршалската ескадрила со помоќни авиони Ла-5. Но, битката кај Проскуров (Украина) била ужасна. За време на нападот на германската ескадрила во кабината влегол екс-


АРМИЈА плозив. „Ми експлодираше под нозете, ги откина цевките за бензин, бензинот се запали и сиот тој пламен беше во кабината. Ме гори, авионот гори. Успеав да го спуштам авионот надолу и да го отворам падобранот, тој, сепак, го намалува притисокот од ударот во земја“. Некое време пилотот бил во бесвест, а потоа се разбудил. „Гледам – зелена униформа, череп. Германски војници, дивизии на СС. Сфатив дека животот е завршен“. Дошол поручникот, започнал да го прашува: која единица, колку авиони? Крамаренко не сакал да одговара. Наредиле да го стрелаат. Но, се случило чудо: двајца германски офицери, кои поминувале покрај него, се заинтересирале за овој изгорен човек. „Едниот праша кого донеле. Велат: ‘заробен пилот, наредија да се стрела‘ . Тој се помисли и рече: ‘Nein‘“. ТИФУС! НЕ ВЛЕГУВАЈ!

Заробениот Крамаренко го преврзале и му ги премачкале изгорениците. „Страшно болеше“, се сеќава пилотот. За среќа, по шест дена Проскуров бил опколен од советската војска. Германците почнаа да си заминуваат, вечерта почнаа експлозии: во бараките почнаа да фрлаат гранати. „Очекував дека ќе нè запалат, и така до 23 часот, а потоа заспав. Утрото се разбудив жив“. Излезе дека на бараката било напишано „Тифус! Забранет влез!“. Германците одлучиле да ги остават тифусарите и ранетите. Во болницата почна бладање, вошки, се заразил со тифус. По две недели Крамаренко се освестил. До него имало човек. „Јас му велам: ‘Другар, како се најдов тука? Вчера два авиона соборив, а денес тука лежам’. Тој ми одговара: ‘Војуваше во бладање, имаш тифус. Сега се разбуди и ќе живееш’“.

| 13

одликувањата ги наоѓаат своите херои

Игор Розин

Многу борци што биле одликувани за време на Втората светска војна не доживеале ореденот или медалот да им биде врачен. Онлајн-проектот „Ѕвезди на победата“ им овозможува на ветераните и на нивните потомци да добијат потврда за одликувањата. Советскиот учител Василиј Маслеников има испратено над 150 писма од фронтот, но не им се вратил на сопругата и на ќерката од војната. Загинал во август 1943 година кај Смоленск (400 километри од Москва). Неговата ќерка, Тамара Масленикова, која е исто така учителка, дури во 2015 година дозна дека нејзиниот татко бил постхумно одликуван со Орден на та тковинската војна од втор степен, преку посебната онлајн -база на податоци „Ѕвезди на победата“. Со под дршка на Министерството за одбрана на РФ оваа онлајнбаза е објавена на руски јазик на сајтот на „Росијскаја газета“(http://rg.ru/zvezdy_pobedy/). За нешто помалку од четири години од Големата татковинска војна, од 1941 до 1945 година, на војниците на Црвената армија им биле доделени 38 милиони различни одликувања. За жал, многумина од одликуваните борци не

доживеале ореденот или медалот да им биде доделен. Благодарение на проектот „Ѕвезди на победата“ ветераните и нивните семејства сега можат да дознаат повеќе за оние што загинале пред врачувањето на одликувањата. Од крајот на Втората светска војна минаа 70 години, а многу учесници во неа, како и нивни потомци, денес живеат по светот, далеку од татковината. Редакцијата на „Руска реч“ се надева дека проектот „Ѕвезди на победата“ на м ног ум ина од нив ќе им биде корисен и интересен. Доколку имате пријатели Руси што живеат во Македонија, доколку сте емигрант или потомок на емигрант, а знаете дека вашиот татко или вашата мајка, дедо или баба, учествувале во војната од 1941 до 1945 година, посетете го сајтот на „Росиј ска ја г а зета “ и про вере те дал и и нивното име се наоѓа на списокот на оние на кои не им е врачено заслуженото одликување. „Руска реч“ на своите читатели ќе им ги пренесе сеќавањата на воените ветерани со кои редакцијата успеа да стапи во контакт преку проектот „Ѕвезди на победата“. Доколку сакате со нас да ги споделите спомените поврзани со Големата татковинска војна и нејзините херои, пишете ни на: info@rbth.com.

МЕ СПАСИЈА ДВАЈЦА ГЕРМАНСКИ ОФИЦЕРИ

Откако минало лекувањето, Сергеј Макарович повторно заминал на фронт. Секако, во неговиот полк веќе одамна сметале дека е мртов: дека изгорел кога го урнале авионот. Медицинската комисија му рекла: „Можете да војувате, но не можете да летате, нозете ви се испокршени“. „Ама, ајде! Гледајте како седнувам“, им рекол тогаш Крамаренко. „Тие видоа и почнаа да се смеат“. Откако се вратил во воздушната армија, тој дошол до Берлин. На прашањето зошто решиле да не го стрелаат, ветеранот крева раменици: „До денешен ден се чудам. Можеби на крајот од војната не сакале на душа да си земаат уште една смрт... Ме спасија двајца германски офицери“.

Лична архива


14 |

КУЛТУРА

Како се снимаше Втората светска војна

Екатерина Синељшчикова

Веднаш ли заминавте на фронт? Во 1941 имав 21 година. Поради војната факултетот (Серускиот државен институт за кинематографија „С.А. Герасимов“ – заб. ред.) го завршувавме пред време, а јас веќе бев на дипломска практика. Тогаш и започна формирањето на фронтовските кинематографски групи. Јас сакав да заминам, но ми одговараа – „не“. Секако, јас разбирав дека најпрво ги праќаа искусните камермани. Снимање во услови на војна никој никогаш не нè учел. Во германската армија имаше курсеви за камермани, а ние немавме.

Во годините на Втората светска војна на фронтовите работеле 258 советски камермани. Со нивните очи светот ги виде настаните од 1941 до 1945 година. Во Русија остана само еден жив камерман, 95-годишниот Борис Александрович Соколов, а во светот ги има двајца – вториот документарист живее во Талин. „Руска реч“ направи интервју со Борис Соколов, во кое тој зборува за работата на фронтот, како и за потпишувањето на капитулацијата од страна на Германија

И, каде ве испратија? Во ве повикаа армијата? На почетокот ме испратија на одбранбените градби во близина на Москва, а потоа се вратив во студиото, кое беше евакуирано во Алма Ата (во тој момент во Казахстанската Советска Република). Со мене беше мојот другар, камерманот Миша Посељски. Тој по неколку месеци успеа да замине на фронт во кинематографска група, а јас останав во евакуација. Постојано барав да одам на фронт.

Ви беше ли страв кога започна офанзивата? Беше страшно, но додека работевме заборававме на стравот, иако имавме големи загуби. Во текот на целата војна на фронтот работеа 258 луѓе кои имаа снимено повеќе од 3,5 милиони метри 35милиметарска филмска лента. Секој петти загина. Имаше ранети, повредени. Нè прашуваат кој нè чувал на снимањата. Никој не нè чуваше, бевме оставени самите на себе. Тешка ли ви беше камерата? Кога беше комплетирана со сите објективи, беше тешка. Тогаш немаше зумови, за различни големини требаше

Павел Инжелевски

Зошто ви беше важно тоа? Цела земја беше во војна! „Сè за фронтот, сè за победа“ – ова беше паролата. А, јас сакав да станам учесник во овие настани. За жал, на фронт заминав дури во 1944 година. Тоа беше последната група. Фронтот беше кај Варшава. Тој се задржа таму 3 месеци, а ние ја снимавме секидневноста на армијата.

Борис Соколов


КУЛТУРА

| 15

Лична архива

Советски сниматели пред военоинженерската школа во берлинското предградие Карлсхорст, каде беше потпишан Актот за безусловна капитулација на Германија

да се менуваат објективите. А, самата камера тежеше околу 3,5 килограми. Згора на тоа носевме касети. На камерата собираше 15 метри од 30-милиметарските филмски ленти, што е половина минута на екранот. Ви беше ли забрането да снимате нешто? На пример повлекувањата? Можевме да снимаме сè. Но, дали тоа ќе биде прикажано на екраните зависеше од цензурата. Јас не бев на фронтот кога претрпувавме порази, но според она што ми го кажуваа другарите, многу малку се снимало повлекувањето. Знам за случаи кога камерманите се обидувале да ги снимат моментите на повлекување, но војниците или бегалците ги молеле да не снимаат, и тоа често со закани. Кои снимки ви се останати во сеќавањето? Секако тоа е потпишувањето на капитулацијата од страна на Германија. Мене и на Посељски ни беше наредено да ја снимаме германската делегација. Мене особено ме восхити однесувањето на генерал-фелдмаршалот Кејтел (началник на Врховната главна команда на Вермахтот – заб. ред.). Како се однесуваше тој? Како да не е победен, туку како да е победник. При излегувањето од авионот ги поздрави оние што го пречекаа

со својот маршалски жезол, а на аеродромот го чекаше само обезбедувањето. Ниту едно официјално лице не дојде. Во салата за потпишување тој, исто така, поздрави со жезолот, но никој не му одговори. Кога Кејтел го потпиша актот, сметав дека е готово, дека војната заврши во тој момент. Се почувствува олеснување. За жал, се прелажав. Но, во тој момент имав токму такво чувство. Колку што знам, вие не го снимавте поставувањето на знамето на Победата на Рајхстагот. Се налутивте ли? Тогаш немаше лутење. Во моментот кога се снимаше, не размислувавме за значењето на знамето. Тоа беше епизода од војната. Ја зазедоа зградата и толку. Рајхстагот стана симбол на победата потоа, а не во моментот кога снимавме. Тој можеше и да не стане таков симбол. Дури не се ни сеќавам каде снимав тогаш. Сега веќе е познато дека снимките се инсценирани... За време на борбите беа раздадени повеќе од 10 знамиња, кои постепено се појавуваа на различни катови од Рајхстагот, кои беа поставувани на прозорците. Ноќта од 30 кон 1 мај се појави знаме на куполата. Но, ноќе не можевме да снимаме, немаше доволно светлина, без оглед на пожарите. Многумина сметаат дека снимките се инсце-

нирани, а, всушност, станува збор за обновување на фактите. Во текот на војната не можевте да ги гледате своите материјали. Сте ги виделе ли вашите ела по завршувањето на војната? Тоа сè беше сосема случајно, кога тие материјали почнаа да се користат за уметнички филмови. Во филмот „Големата татковинска војна“, која во странство се нарекуваше „Непозната војна“, можевме да видиме некои свои кадри. Инаку, лично ништо немам видено. И во филмот „Ивановото детство“ на Андреј Тарковски можат да се видат ваши кадри со познатата гилотина... Тоа е во затвор во градот Познањ, Полска. Во една од просториите на тој затвор ја снимивме таа гилотина. А, понатаму не ни знаевме дека Тарковски ја има искористено. Ми кажаа подоцна. Тогаш ми текна дека ние ја снимавме. Што мислите за филмовите за војната во боја? Вие тогаш практично немавте можност да снимате во боја. Меѓу другото, филмовите од военото време што сега ги направија од црнобели во колор, ми оставаат многу помал впечаток. Во тоа време јас визуелно си ги претставував материјалите црно-бели, ние мислевме црно-бело. Немам желба да преминам на колор.


ИМПРЕСУМ

16 |

Писмата на читателите, колумните и илустрациите означени како „мислење“, како и текстовите од рубриката „погледи“ во овој додаток се избрани за да претстават различни гледишта и не го изразуваат нужно гледиштето на уредникот на проектот „Russia Beyond the Headlines“ или на весникот „Росијскаја газета“. Ве молиме вашите писма и коментари да му ги испраќате на уредникот на urednik@mk.rbth.com

КАЛЕИДОСКОП

Москва. 24 јуни 1945 година. Првата Парада на победата на Црвениот плоштад

Интернет-страница: mk.rbth.com Еmail: urednik@mk.rbth.com Телефон: +7 (495) 775 3114 Факс: +7 (495) 988 9213 Адреса: ул. Правды 24, д. 2, Москва 125993, Россия.

ЕВГЕНИЈ АБОВ издавач и директор на RBTH ПАВЕЛ ГОЛУБ главен уредник на додатоците на RBTH ВЈАЧЕСЛАВ ЧАРСКИ генерален продуцент ЕМИЛ НИАМИ превод, лектура, веб, гостин-уредник на додатокот „Руска реч на македонски“ ЕКАТЕРИНА ТУРИШЕВА заменик генерален продуцент за Балканот, МАРИЈА СМИРНОВА асистенција, веб АНДРЕЈ ЗАЈЦЕВ, НИКОЛАЈ КОРОЉОВ илустрации За огласување во овој додаток, ве молиме да се обратите на ЈУЛИЈА ГОЛИКОВА, директор на одделот за односи со јавност: julia.golikova@rbth.com

Марк Редкин / ТАСС

Додатокот „Руска реч“ го финансира, уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва, Русија).

Москва. Црвен плоштад. Воена парада посветена на 50-годишнината од победата над фашизмот

ИГОР ДАНИЛОВИЌ координатор на „Руска реч“ во „Нова Македонија“ ВЛАДИМИР МИЈАНОВИЌ помошник координатор на „Руска реч“ во „Нова Македонија“ МАРЈАН ДЕЛЕВСКИ дизајн МАРИЈА ЧУНДЕВА технички уредник © 2014 сите права се задржани од ФГБУ „Росијскаја газета“: АЛЕКСАНДAР ГОРБЕНКО претседател на редакцискиот совет, ПАВЕЛ НЕГОИЦА генерален директор, ВЛАДИСЛАВ ФРОНИН главен уредник.

RBTH издава 30 прилози во 24 земји со вкупна месечна публика од 33 милиони луѓе, а исто така одржува и 20 сајта на 16 јазика.

Сергеј Фадеичев / ТАСС

Russia Beyond the Headlines (RBTH) го финансира „Росијскаја газета“, руски дневен весник. Содржината на овој подлисток е подготвена без учество на новинари и уредници на „Нова Македонија“. RBTH се финансира за сметка на добивката од рекламодавците и од комерцијалните спонзори, а исто така и од средства на руски државни институции. Ние се занимаваме со независна редакциска позиција и претставуваме различни гледни точки на настаните во Русија и во останатиот свет со помош на квалитетна содржина и експертски мислења. Од моментот на нашиот почеток во 2007 година се стремиме да се придржуваме до високите редакциски стандарди, да го покажеме најдоброто новинарство од Русија и за Русија. На таков начин се надеваме дека ќе пополниме една важна дупка во информирањето за нашата земја од страна на другите медиуми. Сите прашања и коментари за нашето финансирање или за нашата редакциска структура, ве молиме да ги упатите на urednik@mk.rbth.com. Повеќе информации на mk.rbth.com.

Николај Малишев / ТАСС

Забрането е копирање, дистрибуција или преземање на содржините од овој додаток, освен за лична употреба, без писмена согласност на „Росијскаја газета“. Ве молиме за дозвола да се обратите на телефон +7 (495) 775 3114 или на и-мејлот urednik@mk.rbth.com „Russia Beyond the Headlines“ не сноси одговорност за ненарачаните текстови и фотографии.

Москва. 30 април 2015 година. Тенковите Т-34-85 за време на пробата за парадата на Црвениот плоштад во чест на 70-годишнината од победата во Втората светска војна


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.