mk.rbth.com
Прилогот го уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва), која е целосно одговорна за содржината. Се печати и се дистрибуира во соработка со „Нова Македонија“.
САБОТА - НЕДЕЛА, 13-14 ЈУНИ 2015 ГОДИНА
Издание на
Зошто„Газпром“ го губи европскиот пазар? стр. 4
Наследството на Обама и на Русија стр. 5
БРОЈ 25
Македонија ја засакав на прв поглед стр. 6-7
25 ГОДИНИ ПОСТСОВЕТСКА РУСИЈА
Ројтерс
Сериозни предизвици за младата државност
стр.2-3
Нови прошетки низ руската престолнина стр.12-15 „Росијскаја газета“ уредува прилози за Русија во 30 водечки светски весници, вклучувајќи ги и „Њујорк тајмс“, „Дејли телеграф“, „Фигаро“ и „Ла Република“
2|
ОПШТЕСТВО 25 ГОДИНИ ПОСТСОВЕТСКА РУСИЈА
Сериозни предизвици за младата државност Русија одбележува 25-годишнина од денот на објавувањето на Декларацијата за сувереност на Руската Советска Федеративна Социјалистичка Република (РСФСР), со што беше поставен темелот на изградбата на постсоветската руска државност. Сумирајќи ги резултатите за изминативе години, експертите утврдуваат дека постсоветска Русија се одржала како држава, но тоа го прават со голема резерва Алексеј Тимофејчев Оценувајќи го периодот од четвртина век изградба на руската државност, експертите доаѓаат до заклучок дека без оглед на тоа дека е оформена нова руска држава, пред неа стојат низа сериозни предизвици, за кои допрва треба да се најде одговор. Зборувајќи за постсоветска Русија, аналитичарите се склони да претпоставуваат дека во своите основни црти руската државност ја поминала проверката на времето. Притоа, сите го забележуваат нејзиниот противречен карактер. Како што сметаат некои набљудувачи, тоа е поврзано со нееднозначноста на донесениот документ за суверенитет на Русија во рамите на Советскиот Сојуз (СССР) - Руската Федерација (РФ) беше основна носечка конструкција на Сојузот, кој престана да постои во декември 1991 година. ПОСЛЕДНИОТ КЛИНЕЦ
- Самата декларација е мошне противречен феномен. Од една страна, таа го определува распадот на СССР, а, од друга, ја зачувува територијата на РФ вели за „Руска реч“ политикологот, прв заменик на главниот уредник на алманахот „Развој и економија“, Дмитриј Андреев.
Тој претпоставува дека декларацијата за сувереност на Русија е „последниот клинец на капакот од ковчегот на СССР“. Сепак, поинакво сценарио и не постоеше и тоа беше „избор на најдоброто зло“, со оглед на тоа што беа пропуштени можностите за зачувување на целовитоста на земјата. Според Борис Шмелев, првиот човек на Центарот за политички истражувања при Институтот за економија, „рускиот народ го иницираше распадот на СССР, практично се откажа од дел од самиот себе“, со оглед на тоа што „Советскиот Сојуз ја претставуваше и големата историска Русија“. НЕСТАБИЛНА ДРЖАВНОСТ
Како што забележува аналитичарот, иако за изминативе 25 години Русија успеала да создаде институции за управување и граѓанско општество, да го доведе во ред економскиот систем, руската државност за сето тоа време ја нема добиено неопходната стабилност. Според мислењето на Шмелев, ова во голема мера е поврзано со тоа што Русија, засега, не успеала да изгради ефикасен демократски политички систем. - Ние имаме мек, но, сепак, авторитарен режим, не успеавме да направиме систем на проверка и рамнотежа: не функционира парламентот, тој е едно-
ставно машина за гласање, не се појави стабилен партиски систем; корупцијата е голема - вели експертот во интервју за „Руска реч“, изјаснувајќи се во врска со постсоветска Русија. Многумина имаат забелешки за ефикасноста на рускиот политички систем. Како што забележува претседателот на Институтот за национална стратегија, Михаил Ремизов, во Русија сè уште не постои стабилен републички систем. Доколку не беше така, сега ќе можевме да видиме „јавна смена на власта со конкуренција на алтернативни екипи“. - Кај нас смената на екипите преку јавна конкуренција не се случи - постои систем на наследство, еден вид неформална претседателска династија - изјави тој за „Руска реч“. Во исто време, според него, ваквиот систем има и свои предности од гледна точка на консолидација на власта и на појавувањето кризи. Одбележувајќи ја во целост позитивната улога на институцијата на силна претседателска власт во Русија, аналитичарот го нарече „камен-темелник на кој се држи националната конструкција“. ВЛАСТОЉУБИВОСТА НА ЕЛЦИН
Традицијата на силната власт на претседателот во современа Русија беше поставена уште од првиот постсоветски лидер, Борис Елцин. Без оглед на тоа што сега годините на неговото владеење некои го нарекуваат време на вистински демократски експеримент во Русија, во тоа време претседателот беше силно критикуван за авторитаризмот. Ваквите обвинувања беа на адреса за Уставот од 1993 година, во согласност со кој на руското поле институтот на претседателствување безусловно доминира над сите други структури на власта. Според Андреев, основачот на современата руска државност беше човек што го интересираа само своите интереси, само својата сопствена власт, иако во тој период таквата ситуација на парадоксален начин беше добра за Русија. - Толку интересно излезе тоа во тие
ТАСС
ОПШТЕСТВО
времиња, што тежнеењето кон апсолутна, силна власт на претседателот Елцин, врз која никој не смееше да посегне, објективно се совпадна со интересите на структурирање на пространството на територијата на РФ. Тешко дека некој друг би можел да ја задржи таа територија во страшното време на деведесеттите години од минатиот век претпоставува политикологот. Андреев се сеќава дека во конфликтот на претседателската и законодавната власт во 1993 година, кој доведе до стрелање врз парламентот од страна на војската верна на Елцин, тој бил на страната на противниците на претседателот - на страната на првиот човек на парламентот, Руслан Хасбулатов, и на вицепремиерот Александар Руцки. - Сега би бил на страната на Елцин. Уверен сум дека ниту едниот ниту другиот немаше да ја задржи Русија - изјавува аналитичарот, зборувајќи за периодот што е познат и како „парада на суверенитети“ - прогласување на најширока политичка автономија во деведесеттите години од минатиот век, а чија најдраматична епизода беше објавувањето на независност на Чеченија и првата чеченска кампања што следуваше потоа.
|3
Декларацијата за државниот суверенитет на Руската Советска Федеративна Социјалистичка Република (РСФСР) беше донесен на Првиот конгрес на народните пратеници на РСФСР на 12 јуни 1990 година. Во документот станува збор за „решеноста за создавање демократска правна држава во составот на обновениот СССР“. Со Декларацијата се предвидува приоритетот на Уставот и на законите на републиката на територијата на РСФСР и се потврдува правото на слободно излегување од СССР ПРЕДИЗВИКОТ НА МУЛТИНАЦИОНАЛНОСТА
Сепак, зборувајќи за позитивната улога што во руските реалии ја има институцијата на силна претседателска власт, политиколозите, во исто време, ја подвлекуваат слабоста на другите државни институции, вклучувајќи го и парламентот. Освен тоа, посочувајќи ги главните недостатоци на современата руска државност, некои од аналитичарите укажуваат на етнотериторијалниот принцип на изградбата на федерацијата - постоењето национални републики во РФ. Ремизов забележува дека во овој однос продолжува советскиот курс на национално устројство - наместо создавање нација како единствен политички организам, во РФ се гради повеќенационална држава. - Доколку зборуваме за повеќе нации во земјата, тоа значи дека таа е создадена од субјекти што имаат право на самоопределување со последиците што доаѓаат од тоа - забележува политикологот. Освен националната конструкција на земјата, се посочуваат и други противречни особености што се поврзани со советското минато. Постои мислење
дека идеологијата на современа Русија е прекумерно ориентирана на советскиот носталгичен багаж. Според Михаил Виноградов, претседател на фондот „Петербуршка политика“, РФ како да се срами од својата сегашна државност и за сметка на тоа се обидува да ја засили наследноста од СССР. НЕ ПОСТОИ ЧУВСТВО НА МЛАДА ДРЖАВА
- Ова е сериозен ризик, зашто, сметајќи од (основоположникот на дрвената руска држава) Рјурик, РФ се лишува себеси од чувството на млада држава, од историската динамика на млада земја. Меѓу другото, оние постсоветски држави што себеси се сметаат за млади, покажуваат подобра динамика - вели експертот за „Руска реч“, укажувајќи на успесите на Казахстан и на Азербејџан. Во исто време, на фонот на другите постсоветски земји, руската државност во целост изгледа солидно. Според Шмелев, државноста на Русија е реален факт, за разлика, на пример, од други земји во регионот, како што се Украина, Молдавија и Киргистан, чии перспективи на овој план се нејасни.
4|
ЕКОНОМИЈА
Зошто „Газпром“ го губи европскиот пазар? Алексеј Лосан Според резултатите од првиот квартал од 2015 година, рускиот гасен монопол „Газпром“ заостана зад норвешкиот оператор „Гаско“ според испораките на гас во Западна Европа. За ова сведочат податоците на двата оператора, соопштува рускиот бизнис-весник „РБК дејли“. Така, норвешката компанија во западноевропските земји има испорачано 29,2 милијарди кубни метри гас, додека „Газпром“ има доставено 20,29 милијарди кубни метри. Како што објаснуваат во норвешката компанија, европските купувачи се стремат да ги диверзификуваат испораките на гас на фонот на украинската криза. Освен тоа, дел од европските клиенти на „Газпром“ ги одложија купувањата во очекување на намалување на цената на енергенсите. Договорната цена за рускиот гас е поврзана со цената на нафтата со задршка од 6 до 9 месеци, па затоа паѓањето на цените на нафтата од крајот на 2014 година треба да има влијание на договорите за гас само во вториот квартал од 2015 година. ОСНОВНИ ПРИЧИНИ
- Намалувањето на испораките на рускиот гас на европскиот пазар се објаснува со двостраните тенденции за ограничување на испораките од страна на са-
Според резултатите од првиот квартал од 2015-та, рускиот гасен монопол „Газпром“ заостана зад норвешкиот оператор „Гаско“ според испораките на гас во Западна Европа. За експертите, со ова европските потрошувачи се обидуваат да ја намалат својата зависност од рускиот гас, иако во долгорочна перспектива ќе мораат да се договорат со „Газпром“, со оглед на тоа дека резервите на гас на Норвешка ќе се потрошат до 2030 година миот „Газпром“ и желбата на европските партнери за диверзификација на испораките - вели доцентот на Институтот за државна служба и управување при Руската академија за народно стопанство и јавна администрација Иван Капитонов. Сепак, според него, ваквата диверзификација не може сериозно да влијае врз „Газпром“, со оглед на тоа дека ниту испораките од Норвешка ниту од други земји не се доволни за да ја покријат побарувачката на Европската Унија. Така, во 2014 година „Газпром“ ги намали испораките во земјите на ЕУ со цел да ги блокира реверсните испораки на рускиот гас од Европа во Украина. Според „Газпром“, ваквите испораки противречат на условите од договорот. Како резултат на тоа, податоците покажуваат дека во 2014 година Русија останала најголем доставувач на гас во Европа, при што „Газпром“ има испорачано во земјите од Западна Европа 117,92 милијарди кубни метри гас. Според оце-
117,92
Ројтерс
милијарди кубни метри гас има испорачано „Газпром“ во земјите од Западна Европа во 2014 г.
ната на Европската комисија, на рускиот гас отпаѓа 42 отсто од увозот на гас во ЕУ. Сепак, на овој фон уделот на Норвешка во 2014 година пораснал од 34 на 38 отсто. - Тешко дека ова може да се смета за преориентација, Европа не се откажува од услугите на „Газпром“, а компанијата од своја страна во повеќе наврати изјави дека европскиот пазар за неа останува приоритетен, така што тој ќе ја продолжи работата на Стариот континент - вели Дмитриј Баранов, водечки експерт на управувачката компанија „Финам Менаџмент“. Според него, договорите на „Газпром“ се долгорочни, така што никој од клиентите на руската компанија нема изјавено дека престанува со купување руски гас. ДАЛЕЧНА ПЕРСПЕКТИВА
Според Иван Капитонов, не може да се нарече приоритетен пазарот на ЕУ во далечна перспектива, зашто по 2030 година пазарот на Азиско-тихоокеанскиот регион ќе стане очигледен лидер. - Затоа, во долгорочна перспектива, веројатно е значително намалување на испораките и, соодветно, намалување на улогата на „Газпром“ во ЕУ, која ќе биде поврзана со преориентација кон пазарот на АТР - вели Капитонов. Според него, во врска со ова, земјите од ЕУ уште сега треба да не му создаваат пречки на „Газпром“, ами напротив, да му обезбедат комфорни услови за во иднина, со оглед на тоа дека во 2030 година резервите на Норвешка ќе исчезнат, а европските земји ќе мораат да купуваат поскап гас од Катар и од Азербејџан. Впрочем, како што вели Капитонов, за влез на азискиот пазар на енергенси „Газпром“ ќе мора да развие нов правец - производство на компресиран природен гас, а тука рускиот монопол заостанува во прв ред зад своите блискоисточни конкуренти.
Алексеј Иорш
ПОГЛЕДИ
Наследството на Обама и на Русија Фјодор Лукјанов Пред сè треба да се потсетиме на нешто подзаборавено: меѓудржавната комуникација воопшто не мора да има цел договор за нешто. Во годините на Студената војна интензивната комуникација меѓу двете земји немаше секогаш цел склучување спогодба или решавање конкретно прашање. Многу поважна задача беше сфаќањето на логиката на дејствата и, по можност, на намерите на спротивставената страна. Од почетокот на деведесеттите години од минатиот век овие механизми и навики почнаа да исчезнуваат, зашто се чинеше дека тие повеќе не се потребни. Опасноста од војна престана да се восприема како реална, а преговарачката активност задолжително требаше да доведе до некакви резултати. Сепак, политичките промени во 20142015 година покажаа дека надежите за крајно и неповратно исчезнување на конфронтациите се само илузија. Карактерот и обичаите од епохата на Студената војна се вратија, а инструмент за нивно зауздување не постои. Линијата на САД во однос на Москва по влегувањето на Крим во составот на Руската Федерација се состоеше приближно во следново: контактите да се сведат на минимум сè дури Кремљ не го смени своето однесување.
Ваквата линија не донесе резултати. Очекувањата на Вашингтон дека Русија ќе го измени курсот во односот кон Украина не се остварија. Од друга страна, стана јасно: и на Москва ѝ е тешко да смета на тоа дека во соседната земја ќе настапи прифатлива стабилност без оглед на волјата и без учество на САД. И, на крајот, почна да расте општата тензија, која е изразена преку различни непријатни инциденти со учество на
Посетата на Русија на американскиот државен секретар Џон Кери и на неговата заменичка Викторија Нуланд ги натера аналитичарите повторно да прозборат за односите меѓу Москва и Вашингтон, за кои до пред два месеци можеше само да се одмавне со раката. Дали навистина постои некаков пресврт
|5
воени бродови или на авиони на Русија и на НАТО. Притоа, не може да стане збор за целосна студена војна. Постојат „заеднички предизвици“ и повеќе нема каде да се бега. На пример, Москва и Вашингтон на различен начин ја сфаќаат генезата на настаните на Блискиот Исток, но не го оспоруваат фактот дека Исламската држава претставува закана и за Русите и за Американците. Барак Обама се наоѓа во финалниот стадиум на своето претседателствување, кога шефот на државата размислува, пред сѐ, за своето наследство. На Обама му се падна тежок период на деконструкција на светскиот поредок, така што беше тешко да се дојде до некакви меѓународни успеси. Згора на тоа, тој не помина и без сериозни грешки. Уште поважно е што сега треба да се фокусира на оние нешта што можат да останат во историјата. Во случајот со Обама тоа е, пред сѐ, Иран, а можеби и Куба. Завршувањето на иранската епопеја изискува голема работа во сите правци, спогодбата се чини мошне кршлива, така што е потребна максимална интеракција од сите страни, меѓу кои и од Русија. Во поширок план Барак Обама, секако, не сака да го остави Блискиот Исток во хаотичната состојба во која сега се наоѓа, така што руското учество, или во крајна линија нејзината неутралност, исто така, се потребни. Украина, напротив, во планот на наследството не дава ништо добро - претседателот на САД самиот вели дека не може да се предвиди брз напредок. Затоа, новата етапа во руско-американските односи (до почетокот на 2017 година), според сѐ, ќе изгледа вака: отпочнување на работна комуникација на ниво на лица што одговараат за военополитичката безбедност за да се сведе на минимум ризикот од случајни судири, размена на мислења и можни чекори во однос на ситуацијата на Блискиот Исток. Единствена позиција не треба да се очекува, но нема да има и отворена конфронтација. Во случајот со Иран веројатна е активна интеракција; во врска со Сирија нема да има нагли чекори. Позициите во врска со Украина ќе останат спротивставени, но најверојатно ќе се избегнува ескалација. Ваквиот модус вивенди не значи омекнување на реториката, напротив, реалното намалување на затегнатоста, најверојатно, ќе мора да се компензира со посилни изјави. Но, во целост ваквата ситуација може да остане до крајот на претседателствувањето на Обама. А, понатаму сѐ ќе зависи од многу фактори, а како еден од поважните е динамиката на односите на двете страни со Кина.
6|
МАКЕДОНИЈА И РУСИЈА
Македонија ја засакав на прв поглед
Лична архива
Во Македонија сѐ почесто се среќаваме со Руси што се дојдени во земјава и по волја на судбината останале во неа. „Руска реч на македонски“ овој пат поразговара со Катја и со Надја, две прекрасни девојки чија летна романса засекогаш ги спои со Македонија Емил Ниами Кај народот постои мислење дека руските девојки „паѓаат“ на балканските мажи. Можеби тоа е навистина точно, зашто нашите две хероини го потврдуваат тоа. И Екатерина и Надежда своите сопрузи ги запознале на одмор. ВИНОВНА Е ЉУБОВТА
- Со мојот сопруг се запознав во 1998 година во Бугарија. Јас тогаш имав 16, а тој 20 години - тоа беше случајна средба во дискотека. Плажа, излегувања навечер - четири дена поминаа незабележливо. Си разменивме адреси, зашто мобилни и Интернет тогаш немаше. За жал, моите писма останаа без одговор. Се чинеше дека не било судбина, но така само се чинеше. По две години повторно заминав во Бугарија - истите плажи, истите клубови. И во дискотеката моите очи се пресретнаа токму со неговите, оваа неслучајна средба не можеше понатаму да се игнорира. Оттогаш почнавме да се допишуваме, а налето се среќававме во Бугарија. Во текот на тие седум години завршив медицински факултет, а во 2007 година за првпат дојдов во Македонија. Се венчавме и сега имаме тригодишна ќерка
Екатерина, Владимир и Алиса Набакови - вели Екатерина Набакова, која веќе осум години живее во Скопје. Надежда Потаракина, пак, својот сопруг го запознала откако го завршила факултетот. - Судбината сакаше тоа лето да се запознаам со еден прекрасен Македонец. Ова запознавање стана судбоносно и стана причина за моето преселување во Македонија - вели таа. МАКЕДОНИЈА СЕ ЗАСАКУВА ВЕДНАШ
Од моето досегашно искуство, не сум запознал Русин што не ја засакал Македонија веднаш, и тоа вистински. Дури и оние што поминале само неколку дена во Македонија, со години ги раскажуваат своите импресии од неа. Познавам и такви што се толку воодушевени од неа што таа им станала вистинска љубов. - Македонија ја засакав на прв поглед. Климата, планините, националната кујна, волшебното Охридско Езеро, веселите кафеански седенки, неверојатните македонски свадби, народната музика, овоштарниците, мирисот на рози и на свежо мелено кафе што
лебди во воздухот. Списокот може да продолжи до бескрај, а за осум години ништо се нема сменето, како и секое утро излегувам на балконот со филџан македонско кафе, ја вдишувам аромата на градината и се насладувам со погледот на планините - вели нашата соговорничка Катја. Историјата, културното наследство и секојдневниот начин на живот се уште една работа што е особено важна за Русите што доаѓаат во Македонија. - Како прво, Македонија ме восхити со својата богата историја и со својот неповторлив колорит. Богата со православни светилишта и цркви, измешаните стилови, неповторливото соседство на различни религии - сето тоа ве втурнува во необичниот и волшебен свет што се нарекува Македонија. Најсилен впечаток од моето секојдневие во Македонија претставува фактот што сѐ е блиску, за неколку минути може да се дојде до паркот, до центарот или до кое било друго место. За мене тоа е особено важно и значајно, зашто поголемиот дел од својот живот го поминав во Москва, а таму по патиштата човек троши една четвртина од денот.
МАКЕДОНИЈА И РУСИЈА Уште едно пријатно секојдневие е отвореноста и дружељубивоста на минувачите или, едноставно, на непознатите луѓе, кои секогаш со топлина и со разбирање ќе ти пријдат на помош, ќе ти дадат совет или ќе ти го покажат патот - ни ја отвора својата душа Надја. НОСТАЛГИЈА ПОСТОИ
Се слават и руските празници Со оглед на тоа што овие девојки се однесуваат кон својата татковина со љубов, не е чудно што тие ги негуваат и традициите поврзани со руските празници. 12 јуни, пак, кој се смета за еден од најголемите државни празници во Русија, тие го прифаќаат на различен начин. - Русите во Македонија ги почитуваат и ги помнат сите руски празници, а 12 јуни не е исклучок. Обично на овој ден се собираме во кругот на сонародниците со кои имаме постојани пријателски односи. Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија организира приеми за големите празници, каде што ние комуницираме на мајчиниот јазик. Сакам да додадам дека за време на празниците се собираме со нашите семејства, нашите македонски сопрузи со задоволство ги поддржуваат руските традиции - гордо ни вели Катја. Надја, пак, смета дека како во нејзиното така и во други руски семејства, сѐ уште не постои традиција за прославување на овој празник, затоа и не може да го спореди со другите празници што се одбележуваат во Русија. - Претпоставувам дека со помош на Амбасадата на РФ во РМ и со сонародниците во Македонија може да се привлече внимание на Денот на Русија - да се организираат активности, концерти или други настани, кои би ги заинтересирале, во прв ред, децата, со цел тие да ги впијат во себе руските вредности и традиции, да научат да ја сакаат и да ја почитуваат својата татковина, иако се далеку од неа илјадници километри - вели таа. то ни доаѓа на гости и ни ја носи топлината на родниот крај - се сеќава Екатерина. Природно е оваа љубов кон својата татковина да се трудат да ја пренесат и на своите деца. - Секако дека многу тагувам по својата татковина, зашто е невозможно да се заборави и да се престане да се сака земјата каде што си се родил и каде што си израснал, земјата каде што се твоите корени. Тоа е дел од мојот живот, не може да се заборави или да се престане да се сака дел од себе, сето она што е впиено од раѓањето, од мајчи-
Лична архива
Но, како секој човек и овие две девојки чувствуваат носталгија. Јасно е дека постојат многу убави места на светот, но џабе не рекле дека не постои поубаво место од дома. Катја е од Сибир, каде што сѐ е сосема поинаку, каде што во најголемиот дел од годината царува зимата, но таа не може да остане рамнодушна на прекрасните снежни денови од детството. - Родена сум и израснав во сибирскиот град Омск. И, секако, мојот роден град зазема посебно место во моето срце. Во текот на овие осум години трипати заминав дома. Особено емоционална беше првата посета, кога сите спомени за животот во Русија беа свежи, имено тогаш за првпат почувствував носталгија. По враќањето во Скопје бев тажна, но со текот на времето стануваше полесно, па враќањето дома ми носеше само радост. Многу е убаво да се сретнеш со пријателите, да прошеташ по познатите улици, да влезеш во пекарницата во која сама одев од пет години. Ништо не може да го замени јануарскиот снег, кој крцка под нозете, погледот низ прозорецот од омилената соба, училишниот двор со мирисливите јорговани, вечерните прошетки по кејот на Иртиш. За среќа, мајка ми чес-
|7
Надежда Потаракина и Небојша, Марко и Милица Богоевски
ното млеко. Многу би сакала и моите деца да ги имаат истите чувства кон Русија, како овие што ги имам јас - се надева Надја. ЈАЗИЧНА БАРИЕРА
Но, преселбата никогаш не може да биде сосема едноставна и лесна. За секој странец е мошне тешко кога е во ситуација да не го разбира јазикот. За Русите ова е пречка, но не голема, зашто, сепак, станува збор за словенски јазик. - Селењето во друга земја секогаш е придружено со тешкотиите на преводот, така што обично јазичната бариера станува првата препрека на патот на емигрантот. Кога дојдов во Македонија не знаев ниту еден македонски збор. Првиот месец се чувствував непријатно поради тоа, тешко беше кога се наоѓам во друштво што разговара на неразбирлив јазик за мене. Но, сѐ се смени многу брзо. Излезе дека јазикот не е толку тежок, а своја улога имаше и тоа што тој е дел од словенската група јазици“, признава Екатерина. За Катја, пак, приказната е сосема поинаква: - Благодарение на тоа што мошне бргу го научив македонскиот јазик ми беше многу лесно и едноставно да се снајдам во Македонија. Отсуството на јазичната бариера ми помогна да го проширам кругот на своите интереси, да запознаат нови пријатели, да се вработам. Благодарение на работата и на моите колеги се чувствувам прекрасно во македонската средина и многу сум среќна што тие ме прифатија, што ме поддржуваат и што покажуваат интерес и внимание за мојата татковина и за руските традиции - вели таа.
8|
КУЛТУРА
Патриоти и плејбои од БУРКИ
„Високи чизми направени од дебело сукно, обично со светлокрем боја. Шевовите (однапред и отстрана) се покриени со кожени ленти со црвено-кафеава боја. Надолу (делот што го покрива горниот дел од стапалото) е целиот опшиен со кожа и обичен ѓон за чизми. Всушност, тоа беа валенки, само потенки и сошиени, а не валани. Најмногу ги носеа снабдувачите, односно оние што се занимаваа со снабдување со стоки, а кои постојано талкаа по социјалистичката татковина. Нивна задача беше да се најде производство што изработува стоки потребни за претпријатието во кое работеа тие. Ваквите производствени „стројници“ беа еден од хендикепите на планското производство.
Некои херои и некои предмети се подзаборавени во Русија. Писателот Александар Кабаков, автор на романите „Неповратник“ и „Бегалец“, состави список на најинтересните нешта од животот на СССР МРЕЖИЧКА ЗА КОСА
„Капче од еластичен конец со кој се држи во идеален изглед кратката машка фризура. Обично ја ставаа кога косата сè уште беше влажна по бањање. Мажите ретко ја носеа косата во прав патец, а накосо, или како што тогаш велеа - по англиски, почесто. Најголемиот дел ја чешлаа мазно наназад. Сепак, мрежичката беше показател на фраерлак. Во секој комунален стан имаше некој стар ерген, еден вид плејбој од комуналката. Токму него можевме да го видиме наутро со мрежичка на главата“.
kinopoisk.ru
Наталија Кочеткова, Lenta.ru
Комунален стан (или скратено комуналка) во времето на Советскиот Сојуз бил стан во кој живееле повеќе семејства. Секое од нив си имало по една соба, а заеднички биле бањата, кујната и ходникот.
Јуриј Сомов / РИА Новости
ТАБАКЕРА
„Денес пушењето некако станува егзотична навика. А, пред 30-50 години сите пушеа. За тоа сведочат советските филмови каде што хероите, нервирајќи се пред решавачкото партиско собрание, пушат во постела, што претставува опасност од пожар. Значи, си лежи херојот во маичка, која сега се нарекува ‘алкохоличарка’, што е навредливо, зашто такви маички носеа сите во Русија, па и во Европа. Поло-маички имаа само Американците. Таму тие се сметаа за дел од воената униформа. Значи, си лежи човекот во маичка-алкохоличарка, со боксерска или полубоксерска фризура и со папирос ‘Беломорканал’ или, оној што е побогат, ‘Казбек’, си лежи и си пуши една по друга. На стомакот наместо пепелник има тацна - се нервира. Во тие времиња кога сите пушеа не само на филм туку и во живо, секој имаше табакера. Папиросите се нежна работа, па се кршат в џеб. Затоа нив ги префрлаа во табакера. Постоеја најразлични табакери: од метални од фронтот, на кои рачно имаше нешто издлабено (најчесто тоа беше муцка на овчарско куче) до старински, кои богатите ги наоѓаа во заложница. Сребрени, направени пред револуцијата, со полускапоцени камења, со цртежи и понекогаш со мошне комични натписи. Тоа беше многу скапа работа. Толку скапа што писателите Иљф и Петров, кои според идејата на Катаев го напишаа ‘Дванаесет стола’, требаше, според договорот, да му купат златна табакера. Како чесни луѓе, тие му ја купија. Но, како луѓе што се штедливи, му купија женска табакера, односно мала, тенка и долга. Луѓето со вкус носеа кожени табакери, по правило трофејни. Потоа, откако во мода влегоа цигарите, табакерите исчезнаа. А, сега дури и самото пушење се доведува уште малку до кривично дело“. Папироси се вид тутунски производ, сличен на цигара. Во едната третина, која е направена од тенка хартија, се наоѓа ароматизиран тутун, а другите две третини се од помек картон, кој се притиска и добива лик на филтер.
КУЛТУРА
комуналката
|9
ТЕЛОГРЕЈКА
БЕКЕША
„Доколку некој го знае овој збор, тоа сега е најверојатно благодарение на Гогољ, кој го споменува овој предмет во ‘Повест за тоа како се скараа Иван Иванович и Иван Никифорович’. Едниот од хероите носи бекеша, прекрасна по убавината и по квалитетот. Тоа е еден вид бунда со крзно однатре, покриена со сукно со специјален крој: многу струкирана со широка завршница. Ова во тоа време била јавачка облека, па затоа и била со широка завршница - за да може удобно да се седи на коњ. Оваа кавалериска облека на некавалерист, со тело што не е стројно, заедно со шубарата беше дел од облеката на снабдувачите во четириесеттите и во педесеттите години од минатиот век.
„До почетокот на педесеттите години од минатиот век по улиците на Москва се движеа двокатни тролејбуси. Тоа беше чуден уред со мошне кратки рогови. Мислам дека тие не беа сосема безбедни - не можеше ваква машина да биде сигурна. Многу добро помнам дека еден таков тролејбус се движеше по улицата Горки од центарот кон стадионот ‘Динамо’ и обратно. Кога на ‘Динамо’ се одржуваше фудбалски натпревар, на тролејбусите од сите страни висеа навивачи“. ФИКУС
„Ова беше задолжителен елемент на декорирањето на гостинската соба, иако во комунален стан тешко може да се зборува за такво нешто. Без оглед на тоа што беше многу тесно, на видно место често стоеше фикус, а, исто така, и едно растение што раѓаше кинески јаболка. Скратено го нарекуваа ‘Кинеска’. ЛАМБА ЗА ЧИТАЊЕ
Јуриј Кујдин / РИА Новости
„Ламбите за читање со зелена или, ретко, со темноцрвена боја, со цилиндричен абажур, со метален медалјон по периметарот на цилиндарот, ги имаше во сите казнени и истражни кабинети. Ова беше задолжителен елемент во бизнис-просториите од советското време. Тие исчезнаа, но некои љубители на советскиот стил ги наоѓаат на таваните и по кантите за отпадоци, па ги реставрираат. Можам да се пофалам дека и јас имам таква ламба“.
Г. Герман / РИА Новости
ДВОКАТНИ ТРОЛЕЈБУСИ
„Би сакал да испеам химна и истовремено да изразам длабоко жалење за тоа колку е неправедна судбината на руската телограјка. Тоа е облека што според многу свои квалитети е слична на американските фармерки: според практичноста, универзалноста, удобноста. Ќе беше тоа прекрасна комбинација: фармерки и телогрејка. Познавам само еден човек што правилно ја носеше комбинацијата, тоа беше Јура Рост (руски фотограф, новинар, писател, актер - н.з.). Тој носеше убави американски фармерки, навистина опашани со врвка, и телогрејка. Но, ваквата комбинација не стана масовна. Тоа не е убаво: фармерките го освоија целиот свет, а телогрејката, всушност, не излезе надвор од пределите на ГУЛАГ-от. Тажната судбина на телогрејката како да си одговара со тажната судбина на нејзината татковина. Тоа беше војничка облека, беше дел од воената униформа. Нив ги носеа затворениците, но тие беа толку распарталени што беше тешко во нив да се препознае телогрејка. Потеклото на телогрејката направи несмасна шега со оваа облека“.
10 |
КУЛТУРА
ЦЕЛУЛОИДНА ЈАКА
Владимир Первенцев / РИА Новости
„Јас сум офицерски син и многу мои спомени се поврзани со специфичниот бит на военото гратче. Целулоидната јака беше интересна направа. Тоа една тенка пластична лента што се зашиваше под јаката на офицерскиот мундир. Интересно е тоа што целулоидните јаки се продаваа во продавница за воена опрема, но командирите забрануваа да се носат. Работата е во тоа што пластичната лента силно се триеше од вратот. Затоа, пак, беше едноставно, брзо и згодно за шиење“.
ИЗЛОЗИ НА ПРОДАВНИЦИ
„Во излозите никогаш немаше производи што ги продаваше продавницата. Секогаш беа изложувани мулажи или фотографии на картон. Тоа беше јасно: немаше потреба да му се агитира на советскиот човек да влезе во месарница. Затоа во излозите имаше мулажи на салами од папје-маше. Особено забележ-
лива беше мулажата на саламата од јазик, сега таа изгледа сосема поинаку таа исечена беше поставена на шаховска табла, на која црните полиња ги симболизираа парчињата црн дроб, а белите - парчињата сало. Во излогот на Елисеевската продавница имаше и работи што не беа мулажи, туку беа вистински. На пример, имаше огромни порцелански корита
со кавијар - црвен две-три сорти, црн, зрнест, од моруна, од есетра, пресуван. Но, овој излог не изгледаше многу претставително, зашто кавијарот беше скап производ, го купуваа ретко, па тој се сушеше. На Првата Тверско-Јамска улица до шеесеттите години од минатиот век постоеше продавница за играчки. Во нејзиниот излог имаше повеќекатна куклена куќа, низ чии прозорци се гледаа малечки кукли. Тоа беше своевиден огромен свет на кукли. Се сеќавам дека беше невозможно човек да ме одлепи од тој излог. Се разбира, не беше можно ниту да ми ја купат таа куќа, ниту, пак, делови од неа. Во принцип, советскиот човек доаѓаше во продавница и дознаваше што нема од тоа што му треба, а понатаму самиот решаваше што ќе прави“.
„Галошите, со ретки исклучоци, дури и кај имашните луѓе беа износени и искинати. Причината е во тоа што често ги собуваа и ги обуваа, ставајќи ја во нив ногата на која имаа обуено чевли. Затоа многу брзо (буквално по две недели) се кинеше нивната црвена постава од сукно. А, потоа на петицата, каде што влегуваше потпетицата на чевелот, се кинеше гумата и галошите почнуваа да изгледаат неубаво. Во селата во тоа време животот беше скуден, па селаните бегаа во градовите. Жените се вработуваа во градските семејства како домашни помошнички. Токму тие обично се грижеа за надворешниот изглед на машките обувки и му укажуваа на стопанот на галошите дека тие повеќе не чинат и дека треба да се сменат“.
И. Бруја / ТАСС
ГАЛОШИ
НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА
| 11
Никој не е како „Ми-26“ Татјана Русакова
Владимир Астапкович / РИА Новости
Во 2015 годинa, Русија планира да произведе 7-8 хеликоптери „Ми-26“ со најголема носивост на светот, и тоа во различни модификации, вклучително и за странски купувачи. Производителите на „Ми-26“ констатираат дека на светскиот пазар на хеликоптери расте побарувачката на тешки хеликоптери со голема носивост. И покрај тоа што над 30 години верно ѝ служи на руската армија, „Ми-26“ и понатаму е ѕвезда на авиосалоните поради својот грандиозен габарит и неограничената можност за превезување секакви товари. „ЧИНУК“
„Летечките крави“, како што го нарекуваат пилотите „Ми-26“, поседуваат огромен список заслуги. Овие хеликоптери беа во Сомалија, Камбоџа и во Индонезија, а на територијата на поранешна Југославија беа користени во рамките на мировните операции на ОН, гасеа пожари во Грција... „Ми-26“ им помага дури и на вооружените сили на САД. Командата на НАТО ја ангажираше руската авиокомпанија „Вертикала-Т“ за да ѝ обезбеди транспорт во Авганистан со помош на хеликоптерите „Ми-26“. Имено, во авганистанските планини во 2002 година беше погоден американски воен товарен хеликоптер „ЦХ-47 Чинук“. За да не ја оптоваруваат статистиката на борбени загуби, Американците решија да го изнесат хеликоптерот од фронтот и да го испратат на ремонт. Поправката на хеликоптерот е скапа, но многу е поважно извештајот да биде „чист“, зашто не би се сметало дека хеликоптерот е погоден доколку се испрати на поправка. Најтешкиот дел од работата беше да се евакуира оштетената техника. Најпрво Американците се обидоа самите да го подигнат хеликоптерот со помош на ист таков „Чинук“, но безуспешно. Мораше да им се обратат на Русите. На руските пилоти им беа потребни три часа за да го прикачат „Чинукот“ со сајли за својот „Ми-26“ и со таков товар да прелетаат 400 километри до воздухопловната база во Баграм, притоа да направат и уште две попатни слетувања за дополнително полнење гориво. „ТУ-134“
Со хеликоптерот „Ми-26“ на 2 февруари 2012 година беше транспортиран
„Руска реч“ ви ги претставува најнеобичните товари што ги има превезено хеликоптерот „Ми-26“ „Ту-134“, најкабестиот советски млазен авион. „Ту-134“ го имаше завршено својот работен век и требаше да се транспортира од Санкт Петербург на полигон во Нижни Новгород, со цел специјалните служби да вежбаат антитерористички операции со него. За хеликоптерот да го крене „Свирчето“ (така го нарекуваат „Ту-134“ поради карактеристичниот звук на моторот) требаше најпрво да се отстранат моторите од авионот и да се потсечат крилјата. Но, дури и во „потсечена“ варијанта распонот на крилјата беше речиси 30 метри, а тежината на трупот на авионот над 40 тони. Освен тоа, мошне е ризично да се превезува ваков необичен товар на надворешната подврска на хеликоптерот: доволен е и најмал удар од ветар, па товарот што е закачен на сајлата да почне самостојно да „едри“ низ воздухот. „Ми-26“ од првиот обид успеа да го одлепи од земја авионот „Ту-134“, но мораше да лета со опашката напред, зашто поради ветрот никако не можеше да го сврти трупот на авионот. Сепак, пилотите по извесно време успеаја да го исправат авионот, така што транспортот помина во стандарден режим, доколку не
се смета затворањето на трасата „Санкт Петербург - Псков“, поради безбедноста на возачите. Поради овој необичен „дует“ автомобилите стоеја во колона, а возачите не можеа да сфатат кој кого превезува, зашто хеликоптерот „Ми-26“ според своите димензии е неспоредливо помал од авионот „Ту-134“. „МИ-26“
Во мај годинава хеликоптерот „Ми26т“ изведе оригинална транспортна операција: практично се превезуваше себеси. На надворешната подврска на хеликоптерот имаше труп од ист таков „Ми26“, тежок 14 тони, кој требаше да биде транспортиран од Јошкар-Ола во Ростов на Дон поради ремонт. Не постоеше друга алтернатива за превезување на огромниот труп на „Ми-26“. „Летачките крави“ се единствените што во воздух можат да подигнат товар со вакви димензии и со ваква тежина. - Операцијата за транспортирање на трупот на хеликоптерот траеше девет дена. Маршрутата се протегаше преку Чебоксари, потоа преку Уљјановск, Саранск, Пенза, Саратов и Волгоград. По пат времето се менуваше, се изредија сите годишни времиња - од зима до лето, но немаше никакви тешкотии. Работам на „Ми26т“ над 15 години и со сигурност можам да кажам дека овој хеликоптер е создаден за вакви операции како ниту еден друг - вели старешината на тимот „Росвертољ-Авиа“, Валериј Чумаков, чија изјава ја пренесува службата за односи до јавноста на „Вертољоти Росии“ („Хеликоптери на Русија“).
12 |
ПАТУВАЊА
Елена Ларионова
Нови прошетки низ руската престолнина
„Руска реч“ осмисли серија нови пешачки тури по историскиот центар на Москва, кои сѐ уште не се опишани во бедекерите, а кои московјаните веќе ги засакаа. Шетајте низ Москва како низ својот роден град, без страв дека ќе се изгубите. Откријте нешто ново и направете своја мапа на градот Кира Егорова „Руска реч“ предупредува: сите маршрути за обиколка на Москва што се опишани во бедекерите или што ги препорачуваат социјалните мрежи најверојатно се веќе застарени. Само во текот на последниве три години во историскиот центар на градот се појавија седум нови пешачки зони, три големи парка се целосно реконструирани, на зданијата за посетителите се отворени видиковци со најубави погледи на градот, а по должината на гранитниот брег на реката Москва направени се пријат-
ни шеталишта со комплетни дополнителни содржини. Пред денешниот посетител се отвора сосема нов град. Тоа е Москва по човекова мерка, во која не мора постојано да барате метро и центарот на градот можете да го обиколите пеш. „Гугл стрит вју (Google Street View)“ и понатаму ги нуди старите панорамски снимки на Кримскиот и на Јакиманскиот кеј покрај реката Москва, кои ја прикажуваат состојбата пред реконструкцијата од 2011 година. Споредете ги со новите фотографии на „Руска реч“ и ќе ја забележите разликата!
КРОПОТКИНСКАЈА
Нашата прошетка започнува од метро-станицата „Кропоткинскаја“ (црвената линија). Тука, на самиот брег на реката, се наоѓа Храмот на Христос Спасителот, обновен во деведесеттите години од минатиот век со прилози од граѓаните. Од видиковецот на Храмот се протега поглед на Кремљ, на централните градски реони и на реката Москва. Влезот на видиковецот чини 200 рубли (околу 4 долари).
Маршрута на прошетката: Од Храмот на Христос Спасителот до паркот Горки Вкупно време на прошетката без запирање: 1,5 час Должина на прошетката: 5,5 километри
ПАТУВАЊА
| 13
ПАТРИЈАРШИ МОСТ
Елена Ларионова
Од Храмот почнува омилениот мост на московјаните - Патријарши мост. До пред пет години прошетката низ центарот на градот би завршила токму на ова место, зашто претходно мостот излегуваше на приватен имот и на улица полна со издувни гасови. Сега од ова место можете да ја видите зградата на поранешната фабрика за слатки „Красни октјабр“. Во неа денес се наоѓа голем уметнички кластер со андерграунд барови, ателјеа на архитекти и дизајнери и канцеларии на медиумски стручњаци. Но, во нашата прошетка не се симнуваме до фабриката, туку продолжуваме понатаму преку мостот.
ОСТРОВОТ БАЛЧУГ
Елена Ларионова
Патријарши мост минува преку Балчуг, вештачки остров, кој е направен уште во 18 век, кога бил изграден Водоодводниот канал за заштита од поплави. Интересно е тоа што ретко кој од московјаните знае дека во самиот центар на градот постои остров, иако тој е стар 200 години. Всушност, ова и не е толку необично, зашто беше невозможно да се премине островот од еден до друг крај. Имено, мостот не беше завршен. Но, сега можете да го сторите тоа. Ќе продолжите право преку Патријарши мост над островот и каналот и по пет минути ќе излезете на Јакиманскиот кеј.
14 |
ПАТУВАЊА Поради тесниот простор, широкиот коловоз и автомобилите што свират иритирачки, Јакиманскиот кеј е најнеблагодарната делница покрај брегот на реката Москва. Не е ни чудо што овој дел не се користел за прошетки! Но, не грижете се, веќе по пет минути одење стигнувате до реконструираниот Кримски кеј, со убаво широко шеталиште, уреден пејзаж, елементи од уличен дизајн, велосипедски патеки и фонтана. Можеби тука толку многу ќе ви се допадне што ќе решите да се задржите на ова место и да ја завршите својата прошетка.
Елена Ларионова
Елена Ларионова
ЈАКИМАНСКИ И КРИМСКИ КЕЈ
Елена Ларионова
МУЗЕОН И „ТРЕТЈАКОВКА“
Второто име на реконструираниот Кримски кеј е Кеј на Музеон. Ваквиот изглед го има од 2013 година и претставува продолжение на Паркот Музеон, во кој се наоѓа Централниот дом на уметниците. На првиот кат од оваа градба се наоѓа одделението на Третјаковка галерија, во кое се изложени делата на најголемите руски сликари од 20 век: Малевил, Петров-Воткин, Кандински. Накусо, идеална варијанта за продолжување на прошетката во случај на невреме!
ПАТУВАЊА
| 15
Доколку продолжите понатаму по Кримскиот кеј, ќе поминете под Кримскиот мост и ќе се најдете на западниот влез од паркот Горки, кој веќе стана „нова градска атракција“. Реконструкцијата на градските зони за одмор и рекреација во Москва започна во 2011 година токму од Паркот Горки. Тука можете да најдете најразлични содржини: од лежалки со безжичен Интернет и езеро со лебеди до терен со направи за вежбање, терен за јога, детски забавни паркови, велосипеди и педалинки за изнајмување. Кога ќе го видите сето ова, можеби ќе решите да го вратите повратниот билет и цело лето да го минете во Москва.
Lori/Legion-Media
КРАЈ НА ПРОШЕТКАТА
АНДРЕЕВСКИ МОСТ
Доколку продолжите понатаму по кејот по должината на паркот Горки, ќе стасате до јужниот агол на паркот и до почетокот на Андреевскиот мост. Овој застаклен пешачки мост е одлично место од кое можете да го видите свиокот на реката Москва и зеленилото на стариот парк Нескучни сад (Интересна градина). Поради тоа што е навистина голем, ви советуваме да го заобиколите со велосипед.
Ви предлагаме прошетката да ја завршите онаму каде што сакате самите. Една од можностите е да стасате до главниот влез на паркот Горки и потоа преку Кримскиот мост да отидете до метро-станицата „Парк куљтури“ (црвена и кружна линија на метрото) или до станицата „Октјабрскаја“ (портокалова и кружна линија). Друга можност е да отидете до крајот на Андреевскиот мост и да продолжите во истата насока уште седум минути. Така ќе стасате до метро-станицата „Фрузенскаја“ (црвена линија). Покрај станицата се наоѓаат две прекрасни градби од 19 век опкружени со паркови: вилата на семејството Трубецки во Хамовники и музејот на Лев Толстој. Но, во тој случај вашата прошетка може да потрае до самрак. Внимавајте, времето ќе ви летне. И не заборавајте да обуете удобни чевли! Другите маршрути за прошетка низ историскиот дел на Москва можете да ги најдете на нашиот портал mk.rbth.com.
Сергеј Бобилев / ТАСС
ПАРКОТ ГОРКИ
ИМПРЕСУМ
16 |
Писмата на читателите, колумните и илустрациите означени како „мислење“, како и текстовите од рубриката „погледи“ во овој додаток се избрани за да претстават различни гледишта и не го изразуваат нужно гледиштето на уредникот на проектот „Russia Beyond the Headlines“ или на весникот „Росијскаја газета“. Ве молиме вашите писма и коментари да му ги испраќате на уредникот на urednik@mk.rbth.com
КАЛЕИДОСКОП
Се слушна последното ѕвонче Московски тинејџери го прославуваат последното ѕвонче во Москва, 22 мај 2015 година. Со овој настан се обележува нивниот последен ден на училиште.
Додатокот „Руска реч“ го финансира, уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва, Русија).
ЕВГЕНИЈ АБОВ издавач и директор на RBTH ПАВЕЛ ГОЛУБ главен уредник на додатоците на RBTH ВЈАЧЕСЛАВ ЧАРСКИ генерален продуцент ЕМИЛ НИАМИ превод, лектура, веб, гостин-уредник на додатокот „Руска реч на македонски“ ЕКАТЕРИНА ТУРИШЕВА заменик генерален продуцент за Балканот, МАРИЈА СМИРНОВА асистенција, веб АНДРЕЈ ЗАЈЦЕВ, НИКОЛАЈ КОРОЉОВ илустрации За огласување во овој додаток, ве молиме да се обратите на ЈУЛИЈА ГОЛИКОВА, директор на одделот за односи со јавност: julia.golikova@rbth.com
ЕРА
Интернет-страница: mk.rbth.com Еmail: urednik@mk.rbth.com Телефон: +7 (495) 775 3114 Факс: +7 (495) 988 9213 Адреса: ул. Правды 24, д. 2, Москва 125993, Россия.
Денот на граничарите во Новосибирск Резервист го прославува рускиот Ден на граничарите во Централниот парк во Новосибирск.
Александар Крјажев / РИА Новости
ИГОР ДАНИЛОВИЌ координатор на „Руска реч“ во „Нова Македонија“ ВЛАДИМИР МИЈАНОВИЌ помошник-координатор на „Руска реч“ во „Нова Македонија“ МАРЈАН ДЕЛЕВСКИ дизајн МАРИЈА ЧУНДЕВА технички уредник © 2014 сите права се задржани од ФГБУ „Росијскаја газета“: АЛЕКСАНДAР ГОРБЕНКО претседател на редакцискиот совет, ПАВЕЛ НЕГОИЦА генерален директор, ВЛАДИСЛАВ ФРОНИН главен уредник. Забрането е копирање, дистрибуција или преземање на содржините од овој додаток, освен за лична употреба, без писмена согласност на „Росијскаја газета“. Ве молиме за дозвола да се обратите на телефон +7 (495) 775 3114 или на и-мејлот urednik@mk.rbth.com „Russia Beyond the Headlines“ не сноси одговорност за ненарачаните текстови и фотографии.
RBTH издава 30 прилози во 24 земји со вкупна месечна публика од 33 милиони луѓе, а исто така одржува и 20 сајта на 16 јазика.
Девојка од Казањ со симбол на Мундијалот Девојка во павилјонот во Казањ, главниот град на Татарстан, каде што посетителите можат да предложат маскота за Мундијалот во 2018 година. Максим Боговид / РИА Новости
Russia Beyond the Headlines (RBTH) го финансира „Росијскаја газета“, руски дневен весник. Содржината на овој подлисток е подготвена без учество на новинари и уредници на „Нова Македонија“. RBTH се финансира за сметка на добивката од рекламодавците и од комерцијалните спонзори, а исто така и од средства на руски државни институции. Ние се занимаваме со независна редакциска позиција и претставуваме различни гледни точки на настаните во Русија и во останатиот свет со помош на квалитетна содржина и експертски мислења. Од моментот на нашиот почеток во 2007 година се стремиме да се придржуваме до високите редакциски стандарди, да го покажеме најдоброто новинарство од Русија и за Русија. На таков начин се надеваме дека ќе пополниме една важна дупка во информирањето за нашата земја од страна на другите медиуми. Сите прашања и коментари за нашето финансирање или за нашата редакциска структура, ве молиме да ги упатите на urednik@mk.rbth.com. Повеќе информации на mk.rbth.com.