mk.rbth.com
Прилогот го уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва), која е целосно одговорна за содржината. Се печати и се дистрибуира во соработка со „Нова Македонија“.
САБОТА - НЕДЕЛА, 18-19 ЈУЛИ 2015 ГОДИНА
Издание на
Исламското образование во Русија постојано се развива
стр. 2-3
Рамазан Бајрам - празник на слатките
БРОЈ 26
Русија ќе ги замени западните кредити со исламски финансии
стр. 6
стр. 4-5
Седум чудесни џамии на Русија
ТАСС
стр.12-13
Зошто странците ги лекуваат очите во Русија стр.14 „Росијскаја газета“ уредува прилози за Русија во 30 водечки светски весници, вклучувајќи ги и „Њујорк тајмс“, „Дејли телеграф“, „Фигаро“ и „Ла Република“
2|
ОПШТЕСТВО
ДАМИР ХАЈРЕТДИНОВ, РЕКТОР НА МОСКОВСКИОТ ИСЛАМСКИ ИНСТИТУТ
Сергеj Узаков/ТАСС
Исламското образование во
Дипломците на исламскиот институт се потребни во религиските организации, државната администрација, образовните институции, медиумите и во другите институци
Олег Егоров Како се основаше Московскиот исламски институт? - На територијата на Руската Федерација (РФ), во оној вид што го беше добила во 1991 година, во советско време не постоеше ниту една исламска образовна институција. Односно, доколку до револуцијата во Руската Империја постоеле и работеле и виши медреси и мектеби, кои биле познати во целиот свет, во советско време сите тие биле уништени. Единствена отстапка што тогаш била направена за муслиманите е тоа што по војната била отворена медреса во Узбекистан, во градот Бухара, а потоа почнал да работи и Ташкентскиот исламски институт. Сето тоа беше во Узбекистан и, соодветно, по 1991 година тие се најдоа надвор од Руската Федерација. Така, во деведесеттите години религиозната пре-
родба беше проследена со основање исламски образовни центри. Тоа беа медреси при џамиите, неделни курсеви, а потоа врз нивна основа почнаа да се создаваат и исламски високообразовни институции. Во 1994 година беше основан Вишиот исламски духовен колеџ, додека, пак, во 1999 година на основата на овој колеџ се создаде Московскиот исламски универзитет, кој во 2004 година од Московската соборна џамија се пресели во одделна зграда. Во 2012 година јас станав нов ректор, па тогаш ја минавме државната акредитација со преименување во Московски исламски институт. Сега работиме во рамките на државниот стандард и издаваме дипломи според државен терк. Како може некој да се запише во Исламскиот институт? - Ние работиме во согласност со државните стандарди. Затоа, за запишу-
вање во нашиот институт треба да се има положено Единствен државен испит - руски јазик, географија и историја - а, освен тоа, има и интервју на тема поврзана со исламот. Во нашата институција можат да се запишат државјани на Русија, а, исто така, и лица од земјите од ЗНД по усогласување со нашето муфтиство - Духовната управа на муслиманите на РФ. Кои дисциплини се изучуваат во Институтот? - Околу 60 отсто од нашите предмети се предмети од непосредното исламско богословие, а околу 40 отсто се световни општообразовни предмети, како што се руски јазик, филозофија, историја на Русија, концепции на природни науки и така натаму. Специфичните предмети на исламското богословие се чисто шеријатските предмети. Продлабочено изучување на Куранот, на хадисите, на исламското право, на историјата на исла-
ОПШТЕСТВО
|3
Русија постојано се развива Без оглед на тоа што во Русија живеат милиони муслимани, системот на исламското образование засега не е многу развиен, иако се гледа напредок во однос на советскиот период, кој беше обвиен со атеизам. Една од двете исламски високообразовни институции во Русија што имаат добиено официјална државна акредитација е Московскиот исламски институт. „Руска реч“ зборуваше со ректорот на овој институт, историчарот и етнолог Дамир Хајретдинов
Лична архива
мот и, секако, на арапскиот јазик: сè е изградено, имено, на арапскиот јазик. Во нашиот институт предаваат како духовни така и световни специјалисти. Каде работат дипломираните студенти? - Многу студенти или веќе претставуваат некаква религиозна организација или, пак, имаат намера да работат во нив. Но, од друга страна, постојат и луѓе што не знаат каде ќе работат. Во тој однос голем плус е тоа што нашата високообразовна институција поседува државна акредитација и што издава дипломи по државен терк - во Русија постојат само две вакви институции: едната е во Казањ, а другата е нашата, во Москва. Се разбира дека специјалноста што е напишана во оваа диплома е мошне специфична „исламска теологија“, но, од друга страна, таа е признаена од државата. Сега, пак, исламската тематика е во тренд, постојат определени државни барања за тоа религиските организации да бидат предводени од учени млади луѓе, кои го сфаќаат прашањето за меѓуверската соработка и за плурализмот, почитување на луѓето со поинакви погледи и така натаму. Нашите дипломци се потребни не само во религиските организации туку и во државната администрација, во образовните институции, во медиумите... Меѓу другото, сега почнува да се води дискусија за тоа дали треба да се привлекуваат исламските фондови во Русија. Но, со оглед на тоа дека е оваа тема мошне специфична, за неа, во секој случај, ќе биде потребно учество на специјалисти по ислам, а такви специјалисти кај нас има малку. Зошто нашите дипломци да не се обидат да поработат и на ова поле?
Хајретдинов: Исламската тематика е во тренд и нашите студии се барани
Соработка со други високообразовни институции Соработува ли вашиот институт со други високообразовни институции во Русија и во странство? - Во 2007 година беше донесена Концепцијата за развој на исламското образование во Русија, која беше одобрена и поддржана од страна на претседателот. Во рамките на оваа програма исламските високообразовни институции во Русија се врзани, како помлади партнери, за една или за друга водечка високообразовна институција во Руската Федерација во која постои насока за изучување на исламот. Московскиот исламски институт поврзан е како партнер со две водечки државни високообразовни институции во Русија - Московскиот државен универзитет „М.В. Ломоносов“, преку Институтот за земјите од Азија и од Африка, и со Санктпетербуршкиот државен универзитет. По барање на овие институции ние спроведуваме курсеви за зголемување на квалификациите, како и други настани што се потребни за една државна високообразовна институција во рамите на развојот на нивото на подготовката на наставниците. Кога станува збор за соработка со институти од странство, имаме соодветна декларација за намери, но, за жал, не ја реализиравме со конкретни дејствија, со исклучок на соработката со високообразовните институции од земјите на ЗНД. На пример, во Казахстан работи исламскиот универзитет „НурМубарак“, кој е основан со учество на казахстанската страна и на водечката исламска високообразовна институција во светот, египетскиот универзитет „Ал-Азахар“. Соработуваме со „НурМубарак“, разработуваме заеднички програми, постојано се посетуваме.
4|
РУСИЈА И МАКЕДОНИЈА
Рамазан Бајрам - празник на слатките Емил Ниами Големиот муслимански празник Курбан Бајрам доаѓа по едномесечните пости, во кои верниците преку ден се воздржуваат од храна, од вода, од сите пороци, но и се воздржуваат од интимни контакти. Деновите на постот со себе носат и можно проштавање на насобраните гревови во текот на годината. Секако, дали е сето тоа доволно ќе реши само Бог, а ќе се дознае на Судниот ден. Но, сега е многу поважно радувањето на овие празнични денови. Сепак, дури и во радоста и во празнувањето не треба да се заборави на молитвата и на добрите дела што треба да се прават. Она што е многу важно за овој празник е секако милоста кон сиромашните верници. Во Македонија е распространето на сиромавите да им се помага во текот на целиот пост и за време на празнувањето на Рамазан Бајрам. Обично ним им се дава храна, а за време на празникот богатите ги канат кај себе оние што не можат да си дозволат богата и вкусна трпеза и ги гоштаваат. Оваа традиција постои и во Русија, но таа најчесто се применува во помалите населени места, а особено во селата. Секако, во големите градови е тешко да се организира гоштавање на сиромасите, но затоа постојат други начини. Сите муслимани во Русија кога одат на молитва во џамија за време на постите се задолжени да донираат средства за сиромасите. Интересно е тоа што прилогот не може да биде под одредена сума. Секако, сè што е над оваа сума е добредојдено. Џамијата ги собира овие прилози и потоа им ги дели на своите сиромави парохијци. Во Русија се знае точно како се прават подготовките за големиот празник. Четири дена пред Рамазан Бајрам започнува генералното чистење на домот и на дворот. Во руралните средини се
прави и генерално чистење на сиот имот: се чистат шталите, кокошарниците, се уредуваат бавчите, а, исто така, стопаните ги бањаат и сите животни што ги поседуваат. Не се чисти единствено оружјето што се поседува, зашто во вакви празнични денови треба да се заборави на сето зло што тоа може да го донесе со себе. По повеќедневното чистење на домот сите членови на семејството мораат да се избањаат, да облечат чисти алишта, да се исчешлаат, да ги исечат ноктите. Исто така, постои верување дека за празникот мажите треба да ги избричат своите бради, мустаќи и зулуфи. Во Македонија, секако, се средуваат и се чистат домовите. Она што е навистина интересно е што особено внимание се обрнува на влезот од домот, како од внатрешната така и од надворешната страна.
Татарски пилав Состојки: 200 грама овчо месо 100 грама моркови 100 грама кромид 50 грама овча маст 1 чаша ориз ½ чаша грашок ½ кафена лажичка мелен црн пипер сол и црвен пипер по вкус Подготовка: Овчото месо се сече на коцки и се пржи во растопената маст. Потоа се добива исечканиот кромид, морковот исечен на стапчиња, па се налева половина чаша вода и се остава да се подзапржи 5 до 7 минути. Потоа се додава грашокот, солта, црвениот и црниот пипер. Се налева една чаша вода и се вари 25 минути. Потоа се додава оризот, се налеваат две чаши вода и се вари уште 15 до 20 минути. Оставете го пилавот да се запари половина час, а потоа сервирајте го.
Aна Харзеева
Муслиманите во целиот свет го слават Рамазан Бајрам, вториот по важност празник во исламот по Курбан Бајрам. „Руска реч“ ви раскажува како се слави овој голем празник во Македонија и во Русија
РУСИЈА И МАКЕДОНИЈА
|5
РИА Новости
Во руската средина се смета дека Рамазан Бајрам е празник на слатките, па затоа најголемо внимание им се посветува ним
Муслимани на улица недалеку од Соборната пред почетокот на молитвата за Рамазан Бајрам Трпезата е, секако, главниот објект на секој голем празник. Вечерта пред празникот домаќинките се зафатени во кујната. Традиционално се подготвуваат слатки од источната кујна. Во Македонија традиционално се подготвува баклава или шеќер-паре, додека во Русија најпознати се јаболката со ориз, мед од лубеница и ролат со ореви. Во руската средина се смета дека Рамазан Бајрам е празник на слатките, па затоа најголемо внимание им се посветува ним. Од главните јадења во Русија најчести се оние во кои се користи овчо месо: овчи ребра со сос од грав, гулаш од овчо со лимонов сок, рагу со овчо и лук, овчо со сос од рен, татарски пилав... Во Македонија, пак, овчото место не е толку распространето како во Русија, така што се прават традиционални балкански јадења што содржат пилешко или телешко месо. Храна секогаш има во изобилство. Но, не се готви само за домашните. Најчесто се разменува храна со роднините, со блиските и со соседите. Овој обичај во Русија се нарекува „во домот да мириса на храна“. Сепак, во секој имашен дом се води сметка да има храна и за сиромашните. Во Русија се смета дека изобил-
ството на трпезата за време на Рамазан Бајрам означува дека ќе има изобилство во домот и во следната година. И во Македонија и во Русија задолжителна за овој празник е утринската молитва. Во Македонија постојат мноштво помали џамии, па секое семејство си има омилен храм што неговите членови најчесто го посетуваат. Она што е мошне интересно во Русија е молитвата во мегаполисите. Во Москва, на пример, е прифатена традиција на колективна молитва, на која на улиците во близина на џамиите секоја година се собираат над сто илјади луѓе. Најголемата молитва посветена на овој голем празник е на територијата на Соборната џамија, која се наоѓа на авенијата „Мир“. Секоја година на ова место се собираат повеќе од 25.000 луѓе, кои со молитва го започнуваат славењето на Рамазан Бајрам. По молитвата, и во Русија и во Македонија, целото семејство се собира на трпезата и се гоштава. По едномесечните пости овој богат ручек е вистинското нешто за секој муслиман. Во Русија постои и уште еден интересен обичај, кој во Македонија е останат главно кај муслиманите од турската националност. По ру-
чекот тие одат на гробишта за да ги посетат и да им оддадат почит на нивните починати блиски и да поседат на нивниот гроб. Исто така, во Русија се верува дека по посетата на починатите на едно место треба да се собере пошироката фамилија, оти се смета дека така во нивниот дом за празникот доаѓа душата на починатите. Во ваквите денови роднините треба да бидат колку што е можно повеќе заедно и што повеќе да се сплотат. За време на четиридневната прослава на празникот, во Русија се организираат панаѓури на кои присуствуваат познати пејачи, танчари, забавувачи. За децата секогаш се организираат разни куклени претстави и други забавни игри. Луѓето си даваат подароци едни на други, а блиските си разменуваат од слатките. Најчесто овие народни веселби се прават во близина на некое езеро или на некоја река, па доколку празникот паѓа во летните денови, како што е случајот оваа година, прославата се одвива на свежина. За време на овие панаѓури постојано се слушаат песни, музика, луѓето се смеат, пеат и танцуваат. Прославата продолжува длабоко во ноќта...
6|
ЕКОНОМИЈА
Русија ќе ги замени западните кредити со исламски финансии ва да се избегнат шпекулациите и нестабилноста што е поврзана со тоа - додаде тој. Според Ахмед Мохамед Али Ал Мадани, оваа шема е привлечна како за муслиманите така и за немуслиманите, односно облигации според законот на шеријатот емитуваат и немуслимански земји, меѓу кои и Велика Британија, а вкупниот обем на вакви облигации во целиот свет достигнува 120 милијарди американски долари. - Татарстан како хаб може да привлече исламски финансии во Русија смета Ал Мадани.
Ројтерс
ПРВИ ПРИМЕРИ
Исламските финансии ќе им помогнат на руските компании да го компензираат финансирањето поврзано со политичкото заладување меѓу Русија и Западот. За исламските финансии интерес веќе покажуваат руските банки, меѓу кои и најголемата банка во земјата - Сбербанк
Алексеј Лосан Исламските финансии ќе им помогнат на руските компании да го компензираат финансирањето поврзано со политичкото заладување меѓу Русија и Западот, а кои се предизвикани со опаѓањето на интересот од страна на западните банки кон заемобарателите од Русија. Ова во рамките на економскиот форум „Казањсамит“ го изјави Рустам Миниханов, претседателот на Татарстан - руски регион што во поголемиот дел е населен со муслимани. - Муслиманските земји не се приклучија кон обидот за изолација на нашата земја на меѓународната арена, а последните настани во светската економија покажаа дека исламските банки можат да ѝ се спротивстават на светската криза и да го дополнат светскиот финансиски систем - објасни тој. Притоа, Миниханов истакна дека не може да стане збор за целосна замена
на едни кредитори со други, но може да се зборува за вистински инструмент што ќе можат да го користат руските компании. Според последниот извештај на ММФ, обемот на исламските финансии во целиот свет кон крајот на 2015 година ќе достигне 3.400 милијарди американски долари. АЛТЕРНАТИВНА ШЕМА
- На фонот на светските кризи, важноста на исламските финансии само расте, зашто сите операции во ваквата шема се потврдени со реални пари, а инвестициите стануваат безопасни и не носат никаков ризик - изјави заменик-министерот за економија и комерцијала на Катар, Султан Ал-Хатер. Всушност, според барањата на исламското банкарско работење, во финансиските операции е забрането користењето камата за заем, а добивањето кредит, всушност, претпоставува замена на еден производ за друг. Како што објасни претседателот на групацијата Исламска банка за развој, Ахмед Мохамед Али Ал Мадани „исламските финансии според својата природа се поврзани со реалната економска дејност, па затоа ваквата шема овозможува оптимално користење на внатрешните ресурси“. - Концептот на разделување на ризикот во исламското банкарско работење стимулира здрави практики на финансиска дејност. Во исламските финансиски трансакциите се поврзани со реалните инвестиции, што овозможу-
Во моментов, според Рустем Миниханов, за исламските финансии интерес изразуваат руските банки, меѓу кои и најголемата банка во земјата, Сбербанк, а еден од приврзаниците на развојот на исламското банкарско работење во Русија е и првиот човек на оваа кредитна институција, поранешниот министер за економски развој Герман Греф. - Засега постојат проблеми со даноците, со недостаток од квалификувани кадри и многу друго, но со поддршка на нашите колеги во руската влада ќе успееме да му дадеме извесна динамика на овој процес - изјави првиот човек на Татарстан. Всушност, според него, најголемата банка во Татарстан, „АК Барк“, веќе има привлечено финансии според нормите на шеријатот. Во јануари 2015 година, пак, локалната осигурителна компанија „Аљјанс“ почна да го продава осигурителниот производ „Халал Инвест“. Притоа, како што објасни за „Руска реч“ Рустем Миниханов, развојот на исламското банкарско работење во Русија треба да се развива, пред сè, на федерално ниво, така што не станува збор за создавање уникатни финансиски зони во Татарстан. - Денес Казањ е место што треба да го смени односот на Русите и на регионите кон исламските финансии и тука ние ја гледаме својата задача - изјави Миниханов. Всушност, на 15 јуни во Москва веќе беше одржана средбата на претседателот на Централната банка на Русија, Ељвира Набиулина, со Ахмед Мохамед Али Ал Мадани.
Иван Руднев / РИА Новости
ЕКОНОМИЈА
Русија ги нуди своите суперкомпјутери на странските пазари Андреј Ретингер Првите суперкомпјутери од руско производство се појавија уште во 2010 година. Нив ги произведуваат федералните нуклеарни центри во Саров и во Снежинск. Тука пред пет години беа создадени неколку модели персонални суперкомпјутери за универзална и за специјална промена. Генералниот директор на „Росатом“, Сергеј Кириенко, забележа дека компанијата секогаш инвестирала големи средства во разработката на сопствени суперкомпјутери поради неможноста за користење на нивните странски аналози во нуклеарниот сектор. Притоа, станува збор како за софтвер така и за хардвер. Универзалниот суперкомпјутер е наменет за максимално широк спектар инженерски пресметки и може да се постави директно на работното место на инженерот. Во составот на компјутерскиот систем влегуваат сервери со оперативна меморија од околу 300 Гб, кластер со 1.248 јадра и 5 Тб оперативна меморија. Работи на системот Linux. На почетокот суперкомпјутерот беше произведуван за проектирање нови нуклеарни централи и за оптимизација на некои процеси на енергетски блокови што веќе беа во функција. Но, со помош на ваков можен компјутерски центар можат да се прават и други прецизни пресметки. На пример, може да се пресметаат сите параметри на нов цивилен авион, да се создаде негов модел и да се тестира во виртуелен лет, кој апсолутно ќе соодветствува со реалноста. Благодарение на суперкомпјутерските технологии сега повеќе не треба да се прават скапи тестирање на макети и прототипи на какви било најсложени инженерски направи - од најсовре-
мени и високотехолошки згради, кои треба да бидат изградени, на пример, на сеизмички опасни места, до океански платформи за експлоатација и за преработка на нафта. На тој начин пресметките на суперкомпјутерите во голема мера ги намалуваат расходите и роковите за создавање нов производ, Исто така, тие овозможуваат во текот на работата оперативно да се менуваат параметрите и конструкцијата, со цел нејзино усовршување, правејќи ја отпорна на какви било негативни влијанија. На суперкомпјутерите се следат силни атмосферски влијанија, на пример урагани, торнада, а, исто така, и содржината и надворешната обвивка на нуклеарната централа. Сите водечки земји и најголемите корпорации користат суперкомпјутери: прават пресметки за државни и приватни потреби - од патнички авиони до супербродови. Вакви програми се прават и во земјите во развој. Индија прави суперкомпјутер-
|7
„Росатом“ го зголеми производството на суперкомпјутери за индустриските претпријатија. Ова го изјави првиот човек на државната корпорација, Сергеј Киренко, соопшти ТАСС. Руската железница веќе ги купува ултрабрзите компјутери. Следна е „Роснефт“ ска програма наречена „National Supercomputing Mission (NSM): Building Capacity and Capability“. Русија, меѓу другото, своевремено мошне заостана во развојот на суперкомпјутери, кои во другите земји се појавија уште во седумдесеттите години од минатиот век. Но, сега оваа разлика се намалува. Суперкомпјутерите од руско производство веќе работат во низа руски индустриски претпријатија. Нив ги купуваат Руските железници, а за нив покажуваат интерес и „Газпром“ и „Транснефт“. Суперкомпјутерите можат да бидат барани и во странство. - Ние имаме свои програмски платформи што се разработени за претпријатијата од нуклеарно-вооружениот комплекс. Ние сега активно ги користиме овие програми - забележува генералниот директор на „Росатом“, Сергеј Кириенко. Нуклеарната државна корпорација од година в година ги усовршува своите суперкомпјутерски технологии. - Уште во 2011 година руските нуклеарци направија и почнаа да користат компјутер од петафлопно ниво (највисоко ниво на моќност во моментов - заб. ред.), а тоа значи влез во светската елита. Не е толку вреден хардверот колку што се уникатните ИТ-производи и графичките програми, кои, на пример, овозможуваат целата моќност да се користи на пресметувачките платформи - забележува независниот експерт Александар Уваров.
Други научни разработки Со научната програма на „Росатом“ не се создаваат само платформи за технолошки пресметки туку и за медицинска опрема, која им го спасува животот на луѓето. Научноистражувачкиот институт за електрофизичка апаратура создаде апарат што се применува во брахитерапијата, а овој уред е наречен „Аgat Smart“. Принципот на неговата работа се сведува на тоа што од специјален дел се пушта изотоп кој овозможува локално дејство врз туморот. Тоа може да биде една, две или три сеанси, во зависност од степенот од изразеноста на туморскиот процес и на низа други фактори. Во руската нуклеарна гранка постои голема програма за развој на изотопи за медицинска намена за брахитерапија и за создавање радиолошки фармацевтски препарати. Без медицинските изотопи не може да функционира значаен дел од светската медицина. Во моментов руските физичари разработуваат нови системи на брахитерапија, кои не се засновуваат на користење изотопи, туку на минијатурни рендгенски извори, кои работат во мрежа. Овој начин е неспоредливо позгоден. Како прво, ваквите апарати се безбедни за персоналот, а како второ - не можат да се испразнат.
8|
КУЛТУРА
Светскиот стил на кавк Моделиерите на една од републиките од Северен Кавказ, кои веќе неколку години прават колекции „ready to wear“ со елементи на народни костими од Карачево-Черкесија, создадоа своја етноваријација, која е многу популарна во светот на модата
РИА Новости
Черкеско палто на Кавказец
Ина Фјодорова Во нивните работи можат да се видат сиви жакети со црни опшивки, во черкески стил, со светло црвена постава, облечени на црвени минифустани со потсукњи од тул или како додаток на тесни црвени панталони.
лија ја потцртуваат природната „триаголна“ градба на машката фигура и визуелно ја зголемува височината. А, дол-
Черкеската обично се носела над бешмет
Черкеска, или „чепкен“, како што ја нарекуваат Карачајците, претставува визит-карта на Кавказ. Таа не само што ги плени со својата форма и практичност околните народи ами влезе и во состав на традиционалниот козачки костим. Ова е вид горна облека на раскопчување со ревери што се разминуваат, а која цврсто стои на фигурата на горниот дел, со строго стегнат појас и со газирници (малечки џепчиња за кутијки за барут) на градите. Отсуството на јака, длабокиот изрез и јасно исцртаната та-
ТАСС
ПЛАНИНСКА МАЖЕСТВЕНОСТ
ниот дел, кој паѓа слободно, му дава грациозност на одот. Обично черкеската ја облекувале врз бешмет, долга кошула слична на туника, чија јака се затвора до горе. Тој бил шиен од мошне цврста ткаенина, најчесто од домашно сукно за чорапи или од фабричка ткаенина (на пример, атлас) за посебни случаи. Освен тоа, бешметот бил стегнуван за да биде потврд. „Постарите луѓе до денешен ден ги носат износените топли бешмети со темни тонови, сошиени, обично, од домашно сукно“, пишува историчарот и теоретичар на уметноста Ана Кузнецова во книгата „Народната уметност на Карачајците и на Балкарците“. Панталоните во овој костим имале сложен крој, со оглед на тоа дека требале одеднаш да вршат две функции. Од една страна, тука е чисто утилитарната функција - да бидат удобни при одењето и при јавањето, па затоа имале мошне слободен појас, кој се собирал со колан. При-
КУЛТУРА
|9
тоа, тие требале да бидат во согласност со стројната силуета на останатата облека, па затоа долниот дел е добро прицврстен за ногата. Боите на карачаевскиот и на балакирскиот машки костим биле крајно ограничени, речиси монохроматски. Неговата најголема предност е естетиката, која е прикажана преку строгоста на кројот и природните пропорции на човечката фигура. Во услови на сложена клима и на планински месности ,најраспространет вид обувки биле високите мошне меки чизми, кои и се нарекуваат „кавкаски чизми“. Кузнецова пишува: „Еластичноста на обувките се постигнувала на уникатен начин. Тенката кожа, која е сошиена како чорап, се облекувала полусува на боса нога и откако така ќе се исушела, мошне долго ја задржувала формата. Овој начин на правење обувки им е познат на северните кавкаски народи одамна. Долгите ногавици, понекогаш дури и над колената, се врзувале со колан под колената, а од него над колената се истакнувал слободниот дел, кој на ногата ѝ давал посебна силуета“. ВЕЧНА ЖЕНСТВЕНОСТ
Женскиот костим, според своето стилско решение, малку се разликува од машкиот. Истата грациозност што го покри-
ва горниот дел од телото, но со поголема должина и обем во долниот дел. Под овој горен дел од костумот исто така се облекувала долна кошула, каков што е случајот со машкиот бешмет, најчесто со црвена или со портокалова боја, која мошне ефектно ѕиркала низ разрезот на фустанот, почнувајќи од појасот. Уште од периодот на созревањето девојките морале да носат кус кафтан, кој бил сличен според кројот на машкиот бешмет. На градите се закопчувал со големо количество, до 20 парчиња, масивни сребрени копци (среброто во Карачево-Черкесија традиционално повеќе се ценело од златото), се украсувал со галуни и со вез, а потсукњата се гледала низ големиот, но мошне мудри изведен разрез на фустанот. Многу се разликувала облеката за на глава. Доколку мажите, особено во 19 век, претпочитале сукнени и крзнени варијанти на традиционалната папаха (шапка со права цилиндрична форма со сплеснат обод, женските шапки и марами се одликување со богатство од декор. Тука се ногајските свадбени шапки со висина до 70 сантиметри, извезени со злато, сребро, со крзно и со скапоцени камења, кои чинат колку неколку коњи. И, секако, жените не би биле жени без накит. Жителките на Кавказ ги сакаат и ги носат во изобилство. Основен штрих на традиционалната облека е сребрениот појас
PhotoXPress
Модните дизајнери ги обожуваат черкеските фустани
PhotoXPress
аската мода
Жените од Кавказ многу сакаат модни додатоци и ги носат во голем број
„кјумјуш бели бау“, кој е особено популарен кај Карачајките. ВРАЌАЊЕ КОН КОРЕНИТЕ
Денес традиционалниот костим на Карачево-Черкесија е мошне користен моден примерок. Последниве неколку години тука се прават колекции на актуелна облека, во чија основа се наоѓаат черкеската и бешметот. Особено популарни меѓу жителките на оваа република се свадбените облеки со национален колорит, со многу вез и украсени со тантела. Секако, на улиците на големите градови од републиката да се види човек во традиционален костум е смешна слика. - На наште улици гледаме празник од црна облека со кристали и долги здолништа, кои минатата година беа исклучиво зелени. Денес многу муслиманки носат шамии, што историски не е својствено за карачаевската култура. Налето мошне често се среќава комбинација од марама, здолниште до земја, кошула со долги ракави (сето тоа може да биде со дречливи бои од кои болат очите) и очила за сонце, кои покриваат половина од лицето. Кај мажите е истата приказна. Нивна особена љубов се црвените мокасини - вели за „Руска реч“ Викторија, која е жителка на Черкеск. Но, модната авангарда и уметниците веќе ја презедоа идејата за внедрување на националниот костим во секојдневието. На претставниците на творечката елита може да се види жакет, кој потсетува на скусена черкеска со стилизирани газирници. Како што тргнало, можеби наскоро на улиците нема да биде реткост комбинација од традиционална црвена черкеска кошула-бешмет до земја од некој карачаевски дизајнер со тенок ремен, со темно сино палто Зара и балетанки а-ла Bagglerina или Bloch со боја nude.
НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА
Вечното ривалство меѓу Ка-52 и Ми-28Н Александар Корољков Овие хеликоптери не стасаа да учествуваат во големите војни од 20 век. За разлика од авионите, хеликоптерите немаат ниту висина, ниту брзина на летот, така што нивната примена на борбените формации на противникот не беше оправдана поради можните големи загуби. Но, независно од тоа, хеликоптерот како средство за поддршка на военото поле има низа предности пред јуришните авиони. За време на осумдесеттите години од минатиот век СССР стаса да направи два хеликоптери од овој вид, кои подоцна ги наследи Руската Федерација. На американскиот АН-64 веднаш одговорија конструкторските бироа „Миљ“ и „Камов“ По спроведените тестирања од крајот на осумдесеттите години од минатиот век, хеликоптерот-едносед Ка-50, направен според коаксијална шема, го победи традиционалниот Ми-28 на конструкторското биро „Миљ“. Но, Ми-28 со индексот „Н“ веќе на почетокот на 21 век му возврати на стариот конкурент, па Министерството за одбрана реши да ги купи обата хеликоптера. Без оглед на тоа што воопшто не си личат, овие две машини се многу послични одошто изгледаат. Сите средства за уништување се унифицирани со другата техника што постои во вооружувањето на руската армија. Двата хеликоптера носат 30-милиметарски автоматски топ 2А42, исто како кај БМП-2 и БТР-90. Постои само мала разлика во димензијата на борбениот комплет: кај Ка-52 е со 460 стрелби, а кај Ми-28Н со 300. Овие хеликоптери носат исти блокови 80- и 120-милиметарска наведувачка ракета (НУР). Постои мала разлика само во вооружувањето со висока прецизност. И двата хеликоптери можат да користат про-
тивтенковски ракети „Атака-В“ и да пренесуваат ракетен систем за ПВО „Игла“. Освен тоа, Ми-28Н може да носи противтенковски ракетен комплекс „ШтурмВ“ (На Ка-52 „Штурм-ВУ“ со повеќеканален систем за наведување на ласерскиот зрак), а Ка-52 - „Вихр-М“ Предноста на ПТУР „Вихр-М“ (дострел на лансирањето до 10 километри) се состои во можноста хеликоптерот Ка-52 да дејствува со оган надвор од радиусот на дострел на самоодечките ракетни комплекси „Роланд“, ППРК „Стингер“, „Мистрал“ и на артилерискиот систем „Гепард“. Во споредба со својот конкурент, Ка-
Ка-52 и Ми-28Н се два ударни хеликоптери на руската војска, кои се натпреваруваат уште од осумдесеттите години од минатиот век. Министерството за одбрана на РФ не можеше да се реши за еден од нив, па ги купи обата. Зошто беше тешко да се направи избор меѓу Ка-52 и Ми-28Н? 52 има уште една забележлива предност во вооружувањето - две дополнителни носечки точки под крилата, што ги прави 6 наместо 4, како и 500 килограми дополнителен борбен товар. Не постојат многу информации во врска со радарите, но нивните разлики не би требало да бидат големи. Но, однатре се забележливи: Ми-28Н има радиолокациска станица Н025Е, која се наоѓа во клунот, како кај авионите. Радарот на цилиндарот над главниот ротор му дава предност на хеликоптерот пред сè во ридестите шумски и планински предели,
каде што може да се скрие и да „излезе“ само со подигнат радар. Моторите се еднакви, практично, кај двата хеликоптера - ТВ3-117МА. Ми-28Н е направен по класична шема со еден носечки и еден опашест ротор. Кај Ка-52 е реализирана технички покомплицирана коаксијална шема со два ротора што работат истовремено, а, исто така, има и еден кај опашката. Ваквата шема дава предност и го зголемува дозволениот плафон на летот за 100 до 200 метри, што во планинските предели не е малку. Ка-52 може да „виси“ при крајот на маневарот и може да едри (лизгачки лет), што не е случај со хеликоптерите со класична шема. Може стабилно да лета со опашката нанапред со брзина до 100 километри на час, а при брзина од 230 километри на час аглите на лизгање достигнуваат ±90 степени. Противникот мора да направи повратно движење како авион со цел да заземе позиција за напад, што изискува повеќе време. Ка-52 може да ја изведе борбената фигура „левучар“, кога хеликоптерот прави мали кругови над целта со постојан оган. Рамното вртење со „клунот против ветрот“ овозможува безбедно атерирање со мали прогресивни брзини. На крајот можеме да резимираме дека Ми-28Н и Ка-52 се мошне слични машини, со тоа што машината на конструкторското биро „Камов“, сепак, го надминува конкурентот дури и по цената. Ка-52 е значително поскап од Ми28Н. Руските вооружени сили ги користат двата хеликоптера, а Ми-28 веќе „направи кариера“ и во странските армии. На хеликоптерот Ка-52 ова допрва му претстои, доколку неговата цена не ги поколеба потенцијалните купувачи.
Press Photo
10 |
НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА
| 11
Кенгурско откритие на руските научници Глеб Фјодоров
СÈ ЗАПОЧНА ОД ЖАБИТЕ
Истражувањето на леворакоста/десноракоста во Санкт Петербург е започнато пред шест години со истражување на жабите. Научниците забележале дека различни видови жаби користат различни нозе за различни активности. „Излезе дека асиметријата е речиси незабележлива кога жабата скока (на пример, кај обичните жаби - заб. ред.). Но, кога одат, тие ја подаваат едната нога пред другата, и во 70 отсто од случаите се забележува асиметрија, односно ситуација кога нешто прават само со едната нога. На пример, обичната крастава жаба ја подава десната, а зелената жаба левата нога“. На почетокот научниците не планирале да ги проучуваат торбарите зашто претпоставувале дека асиметријата кај нив е незначителна, но проучувањата
Андреј Гиљов
Излегува дека 90 отсто од кенгурите се левучари. Резултатот од истражувањето за леворакоста/десноракоста кај торбарите, кое во Австралија го спроведоа научниците од СПбДУ, под покровителство на Друштвото за национална географија и Рускиот научен фонд, беше објавен на 18 јуни во списанието„Current Biology“. Според Егор Малашичев, доцент на Катедрата за зоологија на ‘рбетниците на Биолошкиот факултет на СПбДУ и раководител на ова истражување, научниците проучувале по четири-пет вида активности кај различни видови торбари што се движат како на две така и на четири нозе. - Го набљудувавме природното однесување на животните, кое не претставува никаква аномалија или стекната особина. На пример, како го чистат носот или како се чешаат, како берат лисје или како ја принесуваат храната кон устата, како се потпираат на една од предните нозе. Кај торбарите што се движат на четири нозе можевме да забележиме со која шепа собираат материјал за засолништа - вели Малашичев.
РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАЖУВАЊЕТО
Научниците од Санкт Петербург докажаа дека дивите кенгури се, главно, „левучари“. Ова истражување би можело да придонесе во проучувањето на еволуцијата на човековиот мозок и во разбирањето на природата на некои психоневролошки аберации. Егор Малашичев, доцент на Санктпетербуршкиот државен универзитет (СПбДУ) за „Руска реч“ објаснува како дошол до ова откритие на мочуришните валабии и на домашните опосуми во заробеништво покажале дека оваа претпоставка е погрешна. - Кога ќе се исправат на задните нозе, валабиите почесто користат еден од предните екстремитети. Ако стојат на четири нозе, тогаш асиметријата исчезнува - вели Малашичев за „Руска реч“. Ова послужи како повод за истражување на леворакоста/десноракоста кај двоножните торбари во Австралија.
За време на теренските истражувања во Австралија научниците откриле дека поголемиот број кенгури се левучари, како што кај луѓето поголемиот дел се деснораки. Според Егор Малашичев ова е сериозен аргумент што ја потврдува претпоставката дека асиметријата на мозокот кај кенгурот е мошне слична на асиметријата на мозокот кај човекот. Особено изразена леворакост постои кај сивиот и кај црвениот кенгур. Така се воочува врската меѓу леворакоста/десноракоста и движењето на две нозе. Колку повеќе некој вид се движи на две нозе, кај него е поизразен степенот на леворакост/десноракост, само што кај човекот доминира десната, додека кај кенгурот левата страна. Научниците на СПбДУ исто така докажаа дека мочуришните валабии го користат левиот преден екстремитет за вршење активности за кои е потребна прецизна координација, додека десниот го користат за физички активности. Уште еден важен резултат од истражувањето е заклучокот дека десноракоста/леворакоста се појавува уште додека кенгурите се младенчиња. - Утврдивме дека дури и младенчињата асиметрично ги користат предните екстремитети: малиот кенгур ѕирка од мајчината торба и со левата предна шепа бере трева. Ова сведочи за вродена природност на леворакоста/десноракоста. Претходно оваа појава беше забележана само кај човекот - објаснува Егор Малашичев. Малашичев очекува дека овие откритија ќе ги поттикнат биолозите повнимателно да го проучуваат мозокот на торбарите, кои по својата градба во голема мера се разликуваат од мозокот на плаценталните цицачи. Научниците на СПбДУ сметаат дека ваквите истражувања во иднина ќе придонесат за подобро разбирање на природата на некои психоневролошки аберации, како што се шизофренијата и аутизмот. Овие аберации се поврзано со асиметријата на мозокот, која, пак, е поврзана со фактот дека човекот повеќе ја користи едната рака од другата.
12 |
ПАТУВАЊА
Седум чудесни џамии на Русија Дарја Гонзалес
Lori / Legion Media
СРЦЕТО НА ЧЕЧЕНИЈА
Ова е една од најголемите џамии во Европа и во светот. Џамијата „Срцето на Чеченија“, која, во исто време, го носи и името на Ахмат Кадиров, првиот претседател на Република Чеченија, е една од најголемите џамии во Европа. Таа може да прими над 10.000 луѓе. Овој исламски архитектонски комплекс зазема површина од 14 хектари. На просторот со свод пред џамијата, помеѓу низата аркади и на отворениот плоштад, на молитва можат да присуствуваат уште 10.000 верници. Четирите минариња што ја опкружуваат „Срцето на Чеченија“ се високи 63 метри. Ова се највисоките минариња во Русија. Ѕидовите на џамијата однатре и однадвор се покриени со мермер, а за изработка на украсите и на впишаните „ајети“ (стихови од Коранот) турските мајстори, кои ја насликале џамијата, користеле честици од најчисто злато. Во џамијата има 36 лустери направени од кристали од прочуениот производител на кристали и накит „Сваровски“; покрај тоа, за изработката на оваа колекција лустери искористени се неколку тони бронза и 2,5 килограми најчисто злато. Проспект Владимир Путин, Грозни, Република Чеченија
Lori / Legion Media
ЏУМА-ЏАМИЈА ВО ДЕРБЕНТ
Lori / Legion Media
КУЛ ШАРИФ
Ова е една од највеличествените џамии во светот. Кон средината на 16 век руската војска под водство на царот Иван Грозни успева да го освои Казањ, престолнината на исламското Казањско ханство, во третиот налет. Според една легенда, кру-
ната на казањскиот хан - „казањската шапка“ - била донесена од страна на војската на Иван Грозни од Казањ во Москва. Според втората верзија, јувелирите од покореното ханство ја изработиле „шапката“ специјално за рускиот цар. Обликот на „казањската шапка“ ги инспирирал архитектите што ја проектирале џамијата Кул Шариф, која е подигната на местото на легендарниот храм со многубројни минариња што го разурнал Иван Грозни за време на своите освојувања. Џамијата е отворена по повод одбележувањето на илјадагодишнината од постоењето на градот Казањ и според проценката на Интернет-порталот „The Huffington Post“, на списанието за дизајн „The Wondrous“ и на многу стручњаци, спаѓа во највеличествените џамии на светот. Кул Шариф може да прими 1.500 верници, а уште 10.000 луѓе можат да се сместат на плоштадот покрај џамијата. Храмот е во целост направен од прилози и неговата вредност денес се проценува на 400 милиони рубли (околу 7,3 милиони американски долари). Во главниот дел на џамијата се наоѓаат книги во кои се напишани имињата на сите 40.000 граѓани и организации што дале прилог за неговата изградба. Казањски кремљ, Казањ, Република Татарстан
Ова е најстарата џамија на територијата на Русија и на ЗНД. Дербент е еден од најстарите градови со континуирано живеење на светот - основан е во 438 година од нашата ера. Во него се наоѓа и најстарата џамија во Русија, подигната во 773 година за вршење заеднички џума-намаз (муслиманска петочна молитва). Долго време по завршувањето на изградбата џамијата била најголемото здание во градот. Била разурната во силен земјотрес кон крајот на 14 век, но била обновена. Џамијата била затворена во триесеттите години од минатиот век во екот на антирелигиската кампања на советските власти, а потоа била претворена во градски затвор. Кон средината на 20 век на зданието му била вратена првобитната намена. Денес Џума-џамијата се наоѓа на списокот на културно наследство на УНЕСКО. Дербентски музеј, Улица Бујнакски, бр.76, Дербент, Република Дагестан НУРД КАМАЛ
Ова е најсеверната џамија во светот. Џамијата Нурд Камал веќе 15 години го краси градот Нориљск. Во Гинисовата книга на рекорди е заведена како најсеверната џамија на светот. Зградата е подигната според уникатен проект и се разликува од тра-
ПАТУВАЊА
Lori / Legion Media
Џамиите во Русија не се само дел од културното наследство на муслиманската заедница во оваа земја. Тие со својата величествена архитектура и со импозантните димензии исто така го привлекуваат вниманието на туристите и на локалните жители. Така, во Русија се наоѓаат дури три џамии што се вбројуваат меѓу најголемите храмови во Европа, како и најсеверната џамија на светот
Lori / Legion Media
СУНИТСКАТА ЏАМИЈА (ЏАМИЈАТА НА МУХТАРОВ) Сунитската џамија (или џамијата на Мухтаров) на левиот брег од реката Терек е еден од симболите на Владикавказ, престолнина на кавкаската република Северна Осетија - Аланија. Изградена е во периодот меѓу 1905 и 1908 година. Најголем прилог за нејзината изградба дал нафтениот магнат од Баку, милионерот Муртуза Мухтаров, чија жена била по потекло од Владикавказ. Зданието е подигнато во египетски стил и потсетува на прочуената џамија Ал-Ахзар во Каиро. Изградена е од бел камен донесен од околината на Баку. Советскиот градски совет во 1934 година донел одлука за уривање на Сунитската џамија. На оваа одлука ѝ се спротивставил командирот на 25. татарска чета Ј. И. Бектенев, кој им наредил на своите војници да ја бранат џамијата со оружје. Властите морале да попуштат и да ѝ доделат на џамијата статус на споменик на архитектурата. Улица Коцоев, бр. 62, Владикавказ, Република Северна Осетија - Аланија
диционалната архитектура на џамиите поради специфичните климатски услови што владеат на Крајниот Север. Така, кулата на минарето, која обично има тркалезна основа, во Нориљск има квадратен облик. При ваквата изградба ѕидовите помалку замрзнуваат и подобро се справуваат со ветровите. Оваа џамија е подигната со парични средства од бизнисменот Митхад Бикмеев, кој има татарско потекло, а родум е од Нориљск. Името на џамијата Нурд Камал е дадено во чест на таткото на мецената, Нуритидин и неговата мајка Гајникамал. Улица 50 години Октомври, бр. 2А, Нориљск, Краснојарски крај
САНКТПЕТЕРБУРШКАТА „СИНА“ ЏАМИЈА
Изградбата на Санктпетербуршката џамија ја започнал емирот Сеид-Абдул-Ахат-кан, владетел на Бухарскиот емират, кој од 1868 година се наоѓал под протекторат на Руската Империја. Со оглед на тоа дека за време на владеењето на царот Александар Трети територијата на централна Азија станала дел од Руската Империја, власта решила на овој начин да покаже почит кон муслиманската заедница, која во тоа време во Санкт Петербург броела над 8.000 луѓе. Кога во 1913 година била завршена изградбата, џамијата станала најголемиот храм во Русија. Таа може да прими до 5.000 верници, има две минариња високи 49 метри и купола, која достигнува висина од 39 метри. Куполата на Санктпетербуршката џамија речиси е идентична со мавзолејот Гур-Емир во Самарканд од 15 век, во кој се наоѓаат посмртните останки на азискиот освојувач Тамерлан и на неговото семејство. Кронверкски проспект, бр. 7, Санкт Петербург
Lori / Legion Media
Lori / Legion Media
ЉАЉА-ТЈУЉПАН
Соборната џамија-медреса „Љаља-Тјуљпан“ е најважниот муслимански центар на Република Башкортостан. Изградена е од прилози на верниците и со поддршка на Владата на Републиката. Оваа џамија го привлекува вниманието со својот необичен изглед. Обликот и бојата на централното здание потсетуваат на расцутено лале, а минарето на две пупки. На тоа и укажува името на џамијата. Овој облик не е избран случајно. Лалето од дамнина се смета за симбол на турските народи. Според башкирската легенда, во пупката на лалето се наоѓа среќата. Љаља-Тјуљпан може да прими до 1.000 верници, а нејзините минариња, високи 53 метри, се трети по висина во Русија, по минарето на џамијата „Срцето на Чеченија“ (63 метри) и на џамијата Кул Шариф (57 метри). Улица Комаров, бр. 5, Уфа, Република Башкортостан
| 13
14 |
МЕДИЦИНА
Зошто странците ги лекуваат очите во Русија? Викторија Завјалова
Во дворот на московскиот научнотехнички комплекс Микрохирургија на окото „Фјодоров“ можат да се сретнат дури и Африканци во национална облека и жени во чадри. Само од 2013 година на оваа клиника на лекување пристигнале 1.600 лица. Според податоците на самата клиника, меѓу пациентите најчести се оние што доаѓаат од Иран, Либија, Оман и од Судан. Исто така, доаѓаат и Европејци од Италија и од Германија, а поретко од Северна Америка. Комплексот е основан во 1986 година од страна на рускиот научник и хирург, академик Светослав Фјодоров. Пациентите доаѓаат во Русија самостојно или со помош на специјални агенти, кои обезбедуваат преведувачки услуги и придружник. Најбарани операции се ласерската хирургија на катаракта, отстранување на кривогледост, како и стационарно конзервативно лекување. Според Дмитриј Покровски, шеф на операцискиот блок во клиниката на Фјодоров, се зголемува и заинтересираноста за витреоретиналната хирургија. ПИОНЕРИ ВО ОФТАЛМОЛОГИЈАТА
Виталиј Анков / РИА Новости
Едвард Рослоф, директор на заедничкиот проект меѓу американскиот MИТ и Институтот за наука и технологија во Сколково, во 2014 година направил операција за отстранување на катарактата на двете очи во Европскиот медицински центар во Москва. - Процедурата се нарекува факоемулзификација и се користи ултразвуч-
Во офталмолошките клиники во Москва постојано доаѓаат пациенти од Европа, од Блискиот Исток и од Африка. Она што нив ги привлекува е односот меѓу цената и квалитетот на лекувањето на направа со висока фреквенција за да се разбие матната леќа на помали парченца, кои потоа внимателно се отстрануваат од окото со вшмукување. Потоа мојот хирург во окото ми стави јасна внатрешна леќа - вели Рослоф за „Руска реч“. Рослоф вели дека тој дури имал намера да ја направи оваа операција во својата татковина, во САД. - Најпрво овој метод е разработен тука, во Русија, во клиниката на Фјодоров. Во Русија лекувањето на очите има само предности. Руските лекари и медицинските научници се пионери во оваа работа. Тие имаат прекрасна подготовка и искуство. Трошоците се разумни - вели Рослоф. Уште на почетокот на осумдесеттите години од минатиот век Светослав Фјодоров и неговата екипа имаа разработено неколку уникатни методи, кои во следните години еволуираа и се применуваат во поголемиот број земји во светот. Еден од нив е ласерската екстракција на катарактата. Имено, оваа технологија е земена како основа за операцијата што ја има направено Рослоф. Освен тоа, Фјодоров ја има усовршено техниката на радијалната кератото-
мија. Во осумдесеттите години од минатиот век овој метод станува револуционерен при лекувањето астигматизам и кусогледост. Интересот за оваа операција доведе многу странски офталмолози во Москва. - До денес методот не се користи во чист вид. Но, неговите принципи се ставени во основата на низа високотехнолошки методи, меѓу кои и корекција на видот со помош на фемтосекунден ласер - вели Покровски. Овој ласер го замени микроножот и прави операцијата да се изврши без употреба на механички инструменти. ОД КАДЕ Е ОПРЕМАТА?
- Во руските клиники операциите се извршуваат во целосен обем, а најчесто се користи корејска, американска и јапонска опрема. Сè попопуларни стануваат индиските разработки - од техниката до кристалите - вели професорот Михаил Коновалов, раководител на офталмолошката клиника на Коновалов. Според него, основните проблеми се состојат во долгото и скапо оформување на документите во Русија. Побрзо и поевтино излегува да се купи опрема што веќе има добиено сертификати во странство. И покрај тоа, постојат примери за интересни руски разработки. Фјодоров има создадено уникатни ласери, кои овозможуваат да биде отстранета и најобемната катаракта. - Тој ги определи параметрите на зрачењето со кои е можно целосно лекување, без оглед на стадиумот. Поголемиот дел од ласерите што се користат на Запад имаат ниска моќност и отстрануваат само катаракта во почетен стадиум. Многу често ни се обраќаат во случаи кога на друго место не постои можност да се добие помош - вели Покровски. „Микроскан“ е уште една офталмолошка направа од новото поколение, разработена во МНТК „Микрохирургија на окото“ заедно со Центарот за физички прибори при Институтот за општа физика на Руската академија на науките. Овој ласер овозможува да биде коригирана кусогледоста, далековидоста и астигматизмот со највисока прецизност. Направата ја произведува руската компанија „Оптосистеми“ од градот Троицк, Московска област. Освен во Русија, „Микроскан“ се извезува и во Кина, Иран и во Нигерија.
Вселенскиот отпад е закана за Земјата Арам Тер-Газарјан На Меѓународната вселенска станица (МВС) во 2017 година ќе започне да функционира опсерваторијата Extreme Universe Space Observatory, од која ќе се врши мониторинг на космичкиот отпад. Доколку овој проект биде успешен, научниците ќе конструираат ласерски топ. Се претпоставува дека тој би можел да го загрева и да го разбива опасниот вселенски отпад на далечина од сто километри, а потоа да го насочува кон Земјата каде што другите поситни делови би согорувале во атмосферата. Проектот го иницираше јапонската дигитална астрофизичка лабораторија „Рилкен“. Научниците сметаат дека ласерот е само една од можностите за „чистење“ на Земјината орбита. Русија до 2025 година планира да го конструира сателитот „Ликвидатор“, кој би служел како „чистач“ на отпадот, а во декември истата година треба да биде лансиран и сателитот „Ломоносов“, кој ќе го снима вселенскиот отпад. Вселенскиот отпад лета со огромна
За двесте години вселенскиот отпад може да формира прстени околу Земјата како оние на Сатурн. Меѓународната вселенска станица (МВС) наскоро ќе се штити од вселенскиот отпад со помош на најсовремен ласерски топ. Но, научниците сметаат дека ваквата заштита не е доволна
брзина од околу осум километри во секунда. - Во последниве години овој проблем стана мошне актуелен, зашто се случуваше помали парчиња отпад да удрат во вселенските апарати, што предизвикуваше сериозни штети. Делче од космички отпад со големина од само два сантиметри може да уништи космички апарат. Ова е особено опасно за пилотираните вселенски бродови, зашто и најмала честичка би ја нарушила херметизацијата на кабината, што би било погубно за космонаутите вели за „Руска реч“ Александар Железњаков, академик на Руската академија за космонаутика „Циолковски“. ОД КАДЕ ОТПАД ВО ОРБИТАТА?
Денес во целиот свет научниците се обидуваат да го решат проблемот на вселенскиот отпад. Според директорот на Институтот за космичка политика, Иван Моисеев, руските и американските вселенски служби го следат движењето на вселенскиот отпад за време на лансирањето на вселенските апарати и при корекцијата на нивната орбита. - Ласерот е мошне погоден зашто може да загрева и да разбива парчиња космички отпад. Кога загреаното парче ќе почне да се топи, се јавува млазно потиснување. Потоа парчето вселенски отпад влегува во Земјината атмосфера и во неа согорува - објаснува Моисеев. Проблемот со вселенскиот отпад излезе на прв план во 2009 година по судирот на рускиот сателит „Космос 2251“ со американскиот „Iridium 33“. По овој судир делови од сателитите во вид на
ESA
КОСМОС
| 15
вселенски отпад буквално ја нападна Земјината орбита на висина од 700 до 900 километри. Научниците утврдија дека по судирот се создале десетици илјади покрупни делови од сателитите со големина од неколку сантиметри, како и милион поситни. Работата на вселенските служби сериозно беше загрозена и од експериментот на кинеската војска, која во 2007 година го собори својот метеоролошки сателит. - Делови од тој сателит и од ракетата постојано ќе кружат околу Земјата вели научниот раководител на Институтот за космичка политика, Иван Моисеев. Тој смета дека е неопходно законски да се регулира однесувањето во вселената со цел во иднина да се избегнат слични случаи. Освен тоа, според мислењето на Моисеев, земјите-учеснички во МВС мораат да се договорат околу поделбата на трошоците за изградба на ласерскиот топ што го конструираат јапонските научници. - Додека овие прашања не се решат, нема да можеме да направиме ништо сериозно - предупредува експертот. СÈ ПОВЕЌЕ ВСЕЛЕНСКИ ОТПАД
За проблемот со вселенскиот отпад почна сериозно да се размислува на почетокот од деведесеттите години од минатиот век. Научниците од САД и од СССР тогаш објавија низа сериозни студии со прогнози што сега се остваруваат. Според мислењето на некои стручњаци, ситуацијата полека излегува од контрола. - Се смета дека количеството вселенски отпад ќе го достигне критичното ниво кога ќе започне неговото масовно самообновување. Но, веќе сега се приближуваме кон критичното ниво вели Јуриј Зајцев, шеф на одделение при Институтот за космички истражувања на Руската академија на науките. Според професор Андреј Назаренко, автор на книгата „Моделирање на вселенскиот отпад“, во тек е мошне опасен процес на одвојување на делови во меѓусебните судири при движење со огромна брзина. - Ласерот не е доволна заштита од вселенскиот отпад. Со него може да се заштити еден вселенски брод или сателит. Според нашите прогнози, веќе по 200 до 300 години луѓето нема да можат да лансираат вселенски апарати, зашто вселенскиот отпад околу Земјата ќе формира прстени како оние на Сатурн. Земјата едноставно ќе биде „окована“ со ситни делови на отслужени вселенски апарати. Можно е тоа да доведе до сериозни климатски промени заклучува професорот Назаренко.
ИМПРЕСУМ
16 |
Писмата на читателите, колумните и илустрациите означени како „мислење“, како и текстовите од рубриката „погледи“ во овој додаток се избрани за да претстават различни гледишта и не го изразуваат нужно гледиштето на уредникот на проектот „Russia Beyond the Headlines“ или на весникот „Росијскаја газета“. Ве молиме вашите писма и коментари да му ги испраќате на уредникот на urednik@mk.rbth.com
Интернет-страница: mk.rbth.com Еmail: urednik@mk.rbth.com Телефон: +7 (495) 775 3114 Факс: +7 (495) 988 9213 Адреса: ул. Правды 24, д. 2, Москва 125993, Россия. ЕВГЕНИЈ АБОВ издавач и директор на RBTH ПАВЕЛ ГОЛУБ главен уредник на додатоците на RBTH ВЈАЧЕСЛАВ ЧАРСКИ генерален продуцент ЕМИЛ НИАМИ превод, лектура, веб, гостин-уредник на додатокот „Руска реч на македонски“ ЕКАТЕРИНА ТУРИШЕВА заменик генерален продуцент за Балканот, МАРИЈА СМИРНОВА асистенција, веб АНДРЕЈ ЗАЈЦЕВ, НИКОЛАЈ КОРОЉОВ илустрации За огласување во овој додаток, ве молиме да се обратите на ЈУЛИЈА ГОЛИКОВА, директор на одделот за односи со јавност: julia.golikova@rbth.com
Муслиманите што строго се придржуваат на исламот сочинуваат 10 отсто од вкупната муслиманска популација во Русија, која брои околу 20 милиони луѓе. Рамиљ Ситдиков / РИА Новости
Додатокот „Руска реч“ го финансира, уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва, Русија).
КАЛЕИДОСКОП
Во московските џамии за Рамазан Бајрам се собираат повеќе од 100.000 верници, со цел да го извршат празничниот ритуал.
ИГОР ДАНИЛОВИЌ координатор на „Руска реч“ во „Нова Македонија“ ВЛАДИМИР МИЈАНОВИЌ помошник-координатор на „Руска реч“ во „Нова Македонија“ МАРЈАН ДЕЛЕВСКИ дизајн МАРИЈА ЧУНДЕВА технички уредник
Рамиљ Ситдиков / РИА Новости
© 2014 сите права се задржани од ФГБУ „Росијскаја газета“: АЛЕКСАНДAР ГОРБЕНКО претседател на редакцискиот совет, ПАВЕЛ НЕГОИЦА генерален директор, ВЛАДИСЛАВ ФРОНИН главен уредник. Забрането е копирање, дистрибуција или преземање на содржините од овој додаток, освен за лична употреба, без писмена согласност на „Росијскаја газета“. Ве молиме за дозвола да се обратите на телефон +7 (495) 775 3114 или на и-мејлот urednik@mk.rbth.com „Russia Beyond the Headlines“ не сноси одговорност за ненарачаните текстови и фотографии.
RBTH издава 30 прилози во 24 земји со вкупна месечна публика од 33 милиони луѓе, а исто така одржува и 20 сајта на 16 јазика.
Еид ал Фитр, првиот ден по Рамазан, е Божја награда за почитување на сите свети обреди за време на светиот месец.
Вадим Брајдов / РИА Новости
Russia Beyond the Headlines (RBTH) го финансира „Росијскаја газета“, руски дневен весник. Содржината на овој подлисток е подготвена без учество на новинари и уредници на „Нова Македонија“. RBTH се финансира за сметка на добивката од рекламодавците и од комерцијалните спонзори, а исто така и од средства на руски државни институции. Ние се занимаваме со независна редакциска позиција и претставуваме различни гледни точки на настаните во Русија и во останатиот свет со помош на квалитетна содржина и експертски мислења. Од моментот на нашиот почеток во 2007 година се стремиме да се придржуваме до високите редакциски стандарди, да го покажеме најдоброто новинарство од Русија и за Русија. На таков начин се надеваме дека ќе пополниме една важна дупка во информирањето за нашата земја од страна на другите медиуми. Сите прашања и коментари за нашето финансирање или за нашата редакциска структура, ве молиме да ги упатите на urednik@mk.rbth.com. Повеќе информации на mk.rbth.com.