mk.rbth.com
Прилогот го уредува и го издава „росијскаја газета“ (москва), која е целосно одговорна за содржината. се печати и се дистрибуира во соработка со „Нова македонија“.
Издание на
Кога нема атомска бомба, добар е и Сталин
стр. 2-3
сабота - НЕДЕЛа, 19-20 сЕПтЕмВри 2015 гоДиНа
„Гаспром“ се фати за космичките технологии стр. 5
број 28
ЕКАТЕРИНА ТЕРЗИЈОСКА, ВИШ ЛЕКТОР ПО РУСКИ ЈАЗИК
Интересот за русистиката во иднина ќе расте
стр. 6-7
Крим стр. 14-15
ТАСС
Практични совети што ги нема во водичите
Што има руско во рускиот рулет? стр.10-11 „Росијскаја газета“ уредува прилози за Русија во 30 водечки светски весници, вклучувајќи ги и „Њујорк тајмс“, „Дејли телеграф“, „Фигаро“ и „Ла Република“
2|
ПОЛИТИКА И ОПШТЕСТВО
На 2 септември се навршија 70 години од потпишувањето на „Актот за безусловна капитулација на Јапонија“ на американскиот воен брод „Мисури“ во водите на Токискиот залив, по што беше ставена точка на Втората светска војна. За настаните поврзани со овој настан поразговаравме со Анатолиј Кошкин, професор на Институтот за земјите од Истокот и член на извршниот совет на Руската асоцијација на историчари за Втората светска војна Елена Новосјолова Дали е вообичаено мислењето дека Втората светска војна е завршена на Исток и зошто се смета дека започнала со анексијата на Полска, а не се зема ат предвид страшните загуби што Јапонија ѝ ги нанесе на Кина? - Според податоците што ги изнесуваат кинеските историчари, во судирот со Јапонија настрадале од 30 до 35 милиони луѓе. Поради тоа во Кина одамна се смета дека Втората светска војна не започнала на 1 септември 1939 година, туку на 7 јули 1937 година, кога императорската јапонска армија тргнала во голема војна против Кина. Дури и да се смета дека Кина изгубила 30 милиони луѓе, сепак тоа е половина од сите жртви од Втората светска војна. Да потсетам дека, според најновите податоци, за време на Втората светска војна загинале 60 милиони луѓе. Од нив само 15 милиони се војници, а другите биле цивили. Но, Европа смета дека војната започнала откако во неа се вклучиле Велика Британија и Франција, водечките светски сили од тоа време. Кога на советското раководство му станало јасно дека ќе мора да војува против Јапонија? - Мислам дека Јосиф Сталин имал мошне сериозни геополитички мотиви
Кога нема атомска бомба, добар е и сталин за да учествува во таа војна. Грешат оние што велат дека најголема била желбата да се вратат, или, според јапонската терминологија, да се заземат Курилските Острови и Сахалин. Работата е во тоа што Јапонците и самите биле подготвени да ги дадат овие територии само Советскиот Сојуз да остане неутрален. Постојат многу документирани потврди дека тоа било така. Но, Сталин, според мое мислење, имал поинаква задача. Не смеел да дозволи Кина да стане сојузник, и тоа воен сојузник на Соединетите Американски Држави. Постоела ли причина за вакво стравување? - На пример, Рузвелт на Конференцијата во Каиро во 1943 година во четири очи разговарал со тогашниот кинески лидер Чанг Кај Шек. Тие се договориле по војната да склучат кинеско-американски воен сојуз, а по советската граница да бидат поставени американски бази. Згора на тоа, станало збор и за тоа од Источна Азија да се потисне влијанието на Советскиот Сојуз, а исто така и на Велика Британија, Франција и на други европски колонијални сили, со цел Америка да може да доминира во овој огромен регион. Со оглед дека САД и тогаш биле неспоредливо посилни од Кина, ова, всушност, биле планови за воспоставување власт на Соединетите Американски Држави практично во целиот свет. Советскиот Сојуз на Конференцијата во Јалта конечно бил „наговорен“ да влезе во војна против Јапонија. Рузвелт бил подготвен на многу отстапки само за да се постигне ова. - Англичаните и Американците за време на војната на сите можни начини го наговарале Сталин што поскоро да стапи во војна со Јапонија. На сите средби и конференции се зборувало за помошта што треба да ја даде Советскиот Сојуз. Сталин оваа помош за првпат ја ветил во Техеран, каде што отворено изјавил дека по падот на Хитлерова Германија со заеднички сили ќе се тргне кон
Јапонија. Ова кај Американците и кај Англичаните предизвикало голем ентузијазам. Тие во своите стратегиски планови сметале на идното учество на Советскиот Сојуз во оваа војна. Американците тогаш сѐ уште немале атомска бомба, па затоа учеството на Советскиот Сојуз во војната го доживувале како задолжителен услов. Згора на тоа, дури и по успешното тестирање на атомската бомба, Труман на Потсдамската конференција му рекол на Сталин дека се надева оти Советскиот Сојуз ќе ги исполни своите обврски. Но, кога дувнале ветровите на Студената војна, станало јасно дека атомската бомба ќе биде применета, па Американците не сакале да ги делат плодовите од победата. Тие многу добро сфатиле дека помошта на Советскиот Сојуз за Кинезите, и конкретно на вооружените сили на Комунистичката партија на Кина може сериозно да ја измени рамнотежата на силите во овој дел од светот. Освен тоа, САД со помош на Советскиот Сојуз ги зачувале животите на половина милион свои војници. За тоа има зборувано и претседателот Труман... - Американците, за жал, мошне бргу заборавија колку Советскиот Сојуз има придонесено за уривањето на јапонскиот милитаризам. Со примената на атомската бомба против цивилното население на Хирошима и на Нагасаки, тие ги присвоија сите „победнички лаврови венци“. Во САД, па дури и во Јапонија, сѐ уште се смета дека императорската армија капитулирала поради нуклеарниот напад... Сепак, во реалноста јапонската влада немала намера да капитулира, дури ни по овие нечовечки напади врз споменатите градови. Ова прашање не е разгледано дури ни на седница на Врховниот совет за раководење со војната. Јапонија продолжила да се подготвува за решавачка битка на својата територија. Творецот на одредот камиказе, вицеадмиралот Ониши, изјавил: „Ние ќе жртвуваме 20 милиони Јапонци во спе-
|3
ТАСС
ПОЛИТИКА И ОПШТЕСТВО
цијални напади, но ќе ги принудиме Американците да ги прифатат нашите услови за примирје“. Всушност, станува збор за војна до последниот Јапонец. И само стапувањето на Советскиот Сојуз во војната го убедило јапонското раководство дека понатамошното спротивставување е бескорисно. Курилските Острови му се дадени на Советскиот Сојуз како геополитички трофеј од војната на Далечниот Исток, како што и му ветиле сојузниците на Сталин. Зошто тогаш Западот не е сега на руска страна во територијалниот спор со Јапонија? - Јапонската страна постојано нагласува дека до 1945 година Советскиот Сојуз, наводно, не претендирал на овие територии. Тоа не е точно. Летото 1940 година народниот комесар за надворешни работи Молотов на средба со амбасадорот на Јапонија изјавил дека пактот за ненапаѓање може да биде потпишан само доколку на Советскиот Сојуз му бидат вратени претходно изгубените острови Сахалин и Курили. Во спротивно, доколку јапонската страна не е подготвена да ги решава територијалните проблеми, може да потпише Пакт за неутралност. Тоа е детаљ што им е познат на малкумина. Во текот на целата Втора светска војна Курилските остро-
ви и Сахалин бил користен од страна на Јапонците како база во која се подготвувале за напад врз Советскиот Сојуз. Згора на тоа, нападот на Соединетите Американски Држави е извршен од страна на јапонска ескадра која испловила од заливот на островот Итуруп. Според тоа, Сталин ги имал сите основи на сојузниците во Јалта да им постави услов: Курилите и Јужен Сахалин треба да бидат вратени на нивниот претходен сопственик. Меѓу другото, би сакал да додадам дека Рузвелт ова го прокоментирал вака: „Русите сакаат да им биде вратено она што им било земено“. Истиот став го имал и Черчил, кој сметал дека Русија мора да има излез на отворен океан. Конкретно, на Тихи Океан. А, ако Јапонија ги задржи Курилските острови, тоа на Русија ѝ го затвора излезот. Освен тоа, постои Атлас на руската земја од 1796 година. Тоа е документ од кој јасно се гледа дека островите Кунашир, Итуруп и Шикотан се обележани со боја на руската територија и дека се дел од Камчатскиот округ. Јапонија во тоа време била затворена држава. Јапонците немале право да ја напуштаат територијата на својата држава. Особено е важно што островот Хокаидо бил вклучен во составот на јапонската држава дури кон средината на 19 век, а претходно
не бил јапонска територија. Како тогаш земјите што се уште посеверно од овој остров можат да бидат „исконско јапонски“? Впрочем, овој спор можел да биде решен во 1956 година, кога Никита Хрушчов како знак на добра волја ѝ ветил на Јапонија дека ќе ѝ го врати островот Шикотан и групата острови Хабомаи. Но, во Сан Франциско беше потпишан мировен договор според кој Јапонците се откажуваат од територијата на Јужен Сахалин и на сите Курилски острови. Згора на тоа, кога јапонскиот парламент го ратификувал мировниот договор од Сан Франциско, усвоена е и резолуција според која е поставена задача на Јапонија да ѝ се вратат само Хабомаи и Шикотан, а немало никакви разговори за Итуруп и Кунашира, зашто се сметало оти овие територии и според декларацијата од Потсдам и според мировниот договор од Сан Франциско му припаднале на Советскиот Сојуз. Покрај ова, одредбата за тоа дека Јапонија се откажува од претензијата на овие територии е формулирана мошне лукаво. Таму не се набројуваат конкретни острови и не станува збор за тоа во чија корист Јапонија се откажува од овие територии. Токму тоа сега, против секаква логика, се обидуваат да го искористат сегашните јапонски политичари.
4|
ПОГЛЕДИ
светот тргна на сите страни озно се зафатиле со решавањето на прашањето за организацијата Исламска држаНепредвидлива треска владее на бер- ва и за стабилизацијата на овој дел од свезите. Цената на нафтата се ниша најпрво тот. Но, проблемот е во тоа што не може да на една, а потоа на друга страна, но сѐ поб- се стабилизира она што се распаѓа и што лизу е до земјата, поради што во депресија исчезнува. Блискиот Исток во својот претходен паѓаат и „нафтените сили“, но и земјите како што е Норвешка. Сѐ позамрсена е си- облик остана во 20 век. Што и да се случутуацијата на Блискиот Исток. Таму повеќе ва понатаму практичната задача на надне се знае кој против кого и за што војува. ворешните сили ќе се сведе само на едно Во ќор-сокак се најде и „минскиот процес“... – на намалување на нивото на опасност од Започнува новата политичка сезона. истата таа надворешна сила. Ништо поТаа ќе трае до летото 2016 година и, судејќи веќе од тоа. Едноставно речено, никакви планови за преуредување на Блискиот Исспоред сѐ, ќе биде мошне содржајна. На почетокот на месецов беше одржа- ток не доаѓаат предвид во блиска иднина. Најинтригантно прашање за прена пекиншката воена парада во чест на 70годишнината од завршувањето на Втора- тстојниот период е однесувањето на Кина. Од настаните од ова лета светска војна, Што ќе се случува во новата политичка то на кинеските берзи која Кина сега реши и девалвацијата на јуада ја користи како сезона? Цената на нафтата, ситуацијата на Блискиот исток, кризата во Украина... нот произлезе цел бран сериозно политичЌе„испливаме“ разговори за тоа дека е ко оружје. Потоа ли од глобалните проблеми? дојден крајот на „киследува јубилејното неското чудо“. Од Генерално собрание на ОН, посветено на годишнината од крајот на минатата деценија, по светскаосновањето на оваа организација. Со ог- та финансиска криза, во размислувањата лед на сѐ позатегнатата атмосфера во све- за претстојниот светски поредок се тргнутот и на високото ниво на учесници на за- ваше од тоа дека Кина ќе стане суперисла. седанието, без сомнеж ќе прозвучат дос- „Драконот“ расте како чудовиште и во голем дел ја одредува атмосферата во света впечатливи изјави. За октомври е најавен извештајот на тот, стимулирајќи го интересирањето за комисијата за падот на малезискиот Бо- регионите што не се Запад. Ако ова чудоинг. Што и да има во него, овој извештај ќе виште почне да исчезнува, тоа може да ги вжешти страстите околу сиот комплекс влијае на промената на глобалното расукраински проблеми и односот на Русија положение. Најинтересно е прашањето за тоа даи Западот. Од јануари во САД официјално започ- ли Кина ќе бара излез во своето понатанува изборната кампања, а тоа по прави- мошно интегрирање во глобалната еколо остава трага врз светската политика. номија, или недостигот од кинеско-амеАнтисистемските популисти како што е риканска симбиоза, сепак, ќе ја принуди Доналд Трамп тешко дека можат сериоз- Кина поупорно да го бара својот модел за но да претендираат за претседателското развој, кој е помалку поврзан со глобалместо, но никој не го оспорува фактот де- ната ситуација. Под раководство на САД се формирака нивната појава претставува сериозно предупредување за американската елита: на избирачите им се здодеани едни исти и им е здодеано едно и исто. Ќе продолжи и европската криза. Проблемите во Европската Унија се мошне разгранети. Не е случајно што кон крајот на летото на највисоко ниво во Европската Унија започнаа разговори за тоа дека проблемот на мигрантите може да го уништи овој европски проект побрзо одошто отсуството на рамнотежа во самата Еврозона. Блискиот Исток не ветува ништо друго освен понатамошен распад. Бурната воено-дипломатска активност од пролетта и летото оваа година даде повод за разговори за тоа колку големите сили сериДруги мислења од Фјодор Лукјанов со различна проблематика поврзани со меѓународни теми читајте на сајтот mk.rbth.com/author/Фјодор Лукјанов
ни два огромни преференцијални трговско-инвестициски блока – Трансатлантскиот и Транспацифичкиот. Ова ја доведе Кина во особено незгодна ситуација. Во контекст на светот кој сѐ повеќе се дели, и чии делови сѐ повеќе се разминуваат, каде што главното прашање не е кој ќе може да ја искористи моќноста, туку кој помалку ќе изгуби, ситуацијата во Русија изгледа парадоксално. Русија може да се пофали со невидено искачување на националната консолидација. На популарноста на рускиот лидер не влијаат никакви настани од глобално или од локално ниво. Општеството е подготвено да го трпи недостигот, политичката елита не гледа алтернатива, а општеството се хомогенизира. Поддршката на граѓаните добива облик на одобрување на сѐ што презема раководството. Јавното мислење како и да не очекува од руското раководство некаква стратегија или пран, туку само го поддржува пристапот што го има националниот лидер. А, тој е фаталистички расположен: нека биде што ќе биде, ќе испливаме. Во тоа има здрава логика, зашто современиотсветможедагинегираситепрогнози и да ја поништи секоја стратегија за развој, што е веќе потврдени во повеќе наврати. Но, новата конфигурација на светскиот систем нема да се формира според волјата на политичките актери, туку самата од себе, како последица на објективни процеси, започнувајќи од законите на човечката природа и климатските промени, па сѐ до промените предизвикани од технолошкиот напредок. И, судејќи според темпото со кое се менуваат работите, тоа ќе се случи многу побрзо одошто мислиме ние. Авторот е претседател на претседателството на Советот за надворешна и одбранбена политика
Дмитриј Дивин
Фјодор Лукјанов, Газета.ру
ЕКОНОМИЈА
|5
Вера Преловскаја, РБК Daily Компанијата „Гаспром космички системи“ (ГКС) планира да започне со сопствено производство на сателити до 2018 година, а инвестициите во овој проект се оценуваат на 17 милијарди рубли (252 милиони американски долари), додека моќноста на претпријатието е пресметана на четири апарати годишнo, вели за бизнис-изданието РБК претседателот на ГКС, Игор Кот. Станува збор за апарати за врска и за далечинско сондирање на Земјата. Пазарната цена на еден ваков сателит изнесува околу 150 милиони американски долари, појаснува тој. Освен „Гаспром“, компанијата смета дека ќе најде купувачи и од странство.
Press Photo
„гаспром“ се фати за космичките технологии
компании (околу 30 отсто од услугите). Фирмата-ќерка на „Гаспром“ никогаш немала сопствено производство на сателити. Сите апарати што се во функција ги има купено од сателитскиот монопол, компанијата Информациски сателитски системи „М.Ф. Решетњов“. Кон крајот на 2013 година „Гаспром космички системи“ исто така потпиша договор за разработка на апаратот „Јамал-601“ со француската компанија „Thales Alenia Space“. Фирмата-ќерка на „Гаспром“ решила самата да произведува сателити со цел да ги намали цената и роковите, уверува Кот. Компанијата се надева дека за сметка на намалувањето на уделот на странски делови за сателитите на „Гаспром“ цената на сегашните апарати ќе биде 30 отсто пониска, а роковите за производство ќе можат да се намалат за два-
ОД каДе мУ е на „ГаспрОм“ кОсмичката Ќерка? „Гаспром космички системи“ е компанија создадена во 1992 година за мониторинг на гасоводите. Сега таа е втор по големина национален сателитски оператор по федералното државно претпријатие „Космическаја свјаз“. Нејзиниот удел во пазарот на услуги за врски со помош на сателитски ресурси, според сопствена оцена, изнесува околу 30 отсто. Компанијата е сопственик на системот за сателитски врски „Јамал“, кој е составен од четири апарати. Десет отсто од телекомуникациските услуги му ги дава на „Гаспром“, а нејзини други клиенти се руските провајдери, државните организации, а, исто така, и странски
Една од фирмите-ќерки на гасниот монопол реши да започне со производство на сателити. До 2030 година таа планира да изработи и да продаде 44 апарати со вкупна вредност од 6,5 милијарди американски долари. Дел од сателитите компанијата планира да ги извезе
пати (до 24-30 месеци), вели тој. Експертите сметаат дека на одлуката на „Гаспром“ за започнување сопствено производство на сателити можеби влијаеле и санкциите. Концернот треба навремено да се заштити од ризикот да не ги добие услугите, вели Рибак.
кОмпанијата претенДира на пет ОтстО ОД светскиОт пазар Сега во светот годишно се лансираат 50 сателити за врски и 30 сателити за далечинско сондирање. Излегува дека компанијата има намера да заземе околу пет отсто од светскиот пазар на сателити. Пазарот на тешки сателити во основа веќе е поделен меѓу пет главни играчи - американските „Lockheed Martin“, „Boeing“ и „Loral“ и европските „Thales Alenia Space“ и „Airbus Defence and Space“, вели експертот на компанијата „РОЕЛ Консалтинг“, Андреј Ионин, но постои место на пазарот за средни и за мали сателити. Според него фирмата-ќерка на „Гаспром“ може да се обиде „да го освои надворешниот пазар на земјите од Латинска Америка и од Југоисточна Азија“. На внатрешниот пазар, за сателитите на „Гаспром“, доколку тие се појават, исто така ќе има побарувачка, смета генералниот директор на „Infomost“, Борис Рибак. - По секој неуспешен обид за лансирање сателит во орбитата, мора да се чека повеќе од една година за нов апарат. „Гаспром“ може да го покрие делот на „несреќниот“ дефицит - вели тој.
6|
РУСИЈА И МАКЕДОНИЈА
ЕКатЕриНа тЕрЗијосКа, ВиШ ЛЕКтор По рУсКи јаЗиК
интересот за русистиката Емил Ниами
Во пресрет на Денот на учителите, кажете ни какво е вашето искуство во предавањето руски јазик на студентите? - Нашата професијата е благородна и, би рекла, благословена. Таа бара креативност и посветеност. Секојдневната комуникација со млади луѓе, кои имаат отворен дух и жед за знаење, ве подмладува, ви дава елан за работа. Кога ви успева да допрете до нив со чудесната сила на руската реч, да им пренесете барем дел од сопственото знаење и од љубовта кон јазикот и културата, се чувствувате исполнето и задоволно. Во текот на овие триесетина години од мојата наставна ангажираност имав среќа да го следам и да го поттикнувам напредувањето на извонредно талентирани млади русисти. Ја користам оваа можност на сите колеги да им го честитам празникот и да им поса-
кам добро здравје, бодрост и трпение. А, учениците и студентите да нѐ радуваат со своите успеси. Предавањето на рускиот јазик од генерација на генерација претставува мој главен професионален повик. Важите за еден од најдобрите специјалисти во Македонија кога станува збор за практиката на јазикот. Колку во текот на овие години забележувате промени во рускиот јазик? - Јазикот е жив организам, тој се развива, еволуира. Рускиот јазик се пополнува со интернационализми, претежно со англо-американизми; постои тенденција кон аналитичност - поедноставување во сферата на употреба на падежните наставки. Во заборав заминуваат некои реалии од советскиот и од постсоветскиот период, а се набљудува влијание на разговорниот стил. Секако дека постојано треба да бидеме во тек со новата
Пос тои ли перспектива за рускиот јазик во Македонија? - Македонија и Русија ги поврзуваат длабоки културни и историски традиции. Од осамостојувањето на двете држави - Република Македонија и Руската Федерација - се забележува тенденција на сѐ поголема соработка на сите нивоа. Како најпопуларен сегмент би ја издвоила економската соработка. Сведоци сме на тоа дека во Македонија сѐ поголем е приливот на руски инвестиции, а тоа значи и зголемување на бројот на претпријатија од Русија кои се стационирани во нашата земја. Секако дека ним им се неопходни русисти како во секојдневната работа така и за деловна кореспонденција. Со зајакнување на врските се забележува и поголема побарувачка од судски преведувачи. Се разбира, не би требало да го заборавиме и туризмот како една од поперспективните гранки во Република Македонија. Во земјава има многу малку туристички водичи и придружници кои активно го владеат рускиот јазик, а тоа претставува проблем за туристите од
Приватна архива
Перспективите за рускиот јазик во Македонија
Русија. Да не ги заборавиме и културните врски. Современата руска литература изостанува во македонските книжарници, а да не зборуваме за тоа дека огромен број дела од руската класика сѐ уште не се преведени на македонски јазик. Постојат уште многу полиња каде што рускиот јазик може да ја најде својата примена, но сметам дека дури и овие што ги споменав во моментов не можат да се покријат, така што доаѓаме до заклучок дека перспективите за рускиот јазик во Македонија се огромни. Бездруго рускиот јазик и руската култура со своето богатство ја задолжија светската цивилизација, затоа ние како нивни претставници треба подготвено и гордо да се грижиме за нив и да ги чуваме.
лексика што се појавува во рускиот јазик, а која се должи на научно-технолошкиот развој. Токму затоа на групата за руски јазик и книжевност постојат и посебни предмети што се однесуваат на терминологијата, на консекутивниот и на симултаниот превод. Сметам дека на студентите треба да им се дава лексика од различни пластови, од различни стилистички нивоа, со оглед на тоа што по завршувањето на студиите тие ќе се сретнат со различни видови текстови. Во минатото рускиот јазик се изучуваше во голем број училишта во Македонија. По распадот на Југославија ситуацијата се измени. Каква е моменталната ситуација? - За жал, во мал број училишта се изучува рускиот јазик. Но, години наназад се прават обиди да се вклучи во наставни програми. Таков е случајот со основното училиште „Димитар Миладинов“, каде што постои можност за учење на рускиот јазик во почетните одделенија. Има и други примери каде што се негува љубовта кон јазикот на Пушкин и Достоевски. Би ги посочила гимназиите во Куманово и во Берово, во Чашка (Велешко), во кои со самопрегор работат извонредни професори. Истото може да се забележи и со студиите по руски јазик и книжевност. Доколку до пред дваесеттина години во една група имавме и до шеесет студенти, денес нивниот број во една група изнесува од петнаесет до дваесет. Ова е малку контрадикторно со оглед на фактот што во глобални рамки интересот за рускиот јазик е зголемен. Во државите од нашето соседство на групите по руски јазик и литература за едно место конкурираат и по петмина кандидати. Токму ова влева надеж дека и кај нас ситуацијата може да се промени. Вие предавате и практика на превод на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, а исто така сте и единствениот специјалист во Македонија кај кого се полага испитот за судски преведувачи по руски јазик. Колку обучувањето за превод е важно во денешно време? - Ова прашање е особено актуелно во пресрет на 30 септември, Меѓународниот ден на преведувачите. Во современиот свет се забележува сѐ поизразена потреба како за изучување странски јазици така и за обучување за преведување. Несомнено е дека има потреба студентите покрај наставата на факултетот да имаат можност за вклучување директно во преведувачкиот процес, да го следат „во
РУСИЈА И МАКЕДОНИЈА
|7
во иднина ќе расте Во пресрет на Меѓународниот ден на преведувачите и на Меѓународниот ден на учителите редакцијата на „Руска реч“ разговараше со м-р Екатерина Терзијоска, виш лектор по руски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од Скопје. Со неа зборувавме за нејзината љубов рускиот јазик, за неговите перспективи, како и за проблемите со кои се соочуваат наставниците во Македонија
Во последно време се забележува и голема потреба од русисти во Македонија. Постои ли квалитетен кадар кој може да ги задоволи овие потреби? - Тоа прашање станува сè поалармантно... Со децении Катедрата не се пополнува со нови специјалисти, а секоја година по еден или двајца професори заминуваат во пензија. Нарушен е природниот тек на смена на генерации и ангажирањето млад кадар е повеќе од неопходно. Дојдовме до ситуација некои клучни предмети да не бидат покриени со настава. Квалитетот се гради, треба години еден млад човек да стекне искуство и да се усоврши. Колку вие како единствена катедра во Македонија на која рускиот јазик се изучува како основен можете да одговорите на потребите како на студентите така и на пазарот? - Оваа година веќе се примени околу
Александар Велов
живо“. Во таа смисла имаме напредок во опремување со најсовремени кабини во лаборатории на Филолошкиот факултет. Во Македонија на прсти можат да се избројат преведувачи по руски јазик што се занимаваат со консекутивен и со симултан превод, а истото важи и за оние што работат со литературен превод. Затоа сметам дека ни се потребни повеќе специјалисти и теоретичари по превод, со цел студентите да можат да добијат колку што е можно повеќе практика, а, секако, сето тоа засновано врз теоријата на преводот и традуктологијата, кои во руската лингвистика имаат долга и богата традиција.
20 нови студенти, а во тек е уште еден, трет уписен рок. Сигурна сум дека интересот за русистиката и за славистиката воопшто во иднина ќе расте. Веќе се чувствува недостиг од кадар. Постојано добиваме повици за ангажирање преведувачи. Дури и ние самите не можеме постојано да одговориме и на потребите на највисоките државни органи, како што се преведување со делегации, превод на основни меѓудржавни документи, судски преводи итн. Веќе истакнав дека заинтересираноста за студирање руски јазик насекаде во
светот е огромна, претпоставувам дека набргу оваа тенденција ќе дојде и кај нас, имајќи го предвид сѐ поголемото продлабочување на економските и на културните врски меѓу Македонија и Русија. за перспективите за вработување во македонија со познавање на рускиот јазик во статијата „рускиот јазик нуди огромни можности“ mk.rbth.com/32855
8|
НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА
Владимир Астапкович / РИА Новости
Десет главни резултати од маКс 2015
Викентиј Векшин и пОкрај санкЦиите Би било погрешно да се тврди дека санкциите што ѝ се воведени на Русија воопшто не влијаеја на бројот на земјиучеснички на изложбата. На МАКС 2013 учествуваа 287 странски компании од 44 земји. Оваа година нивниот број е помал - 156 странски учесници од 30 држави. Сепак, најголемите светски извозници на авионска техника дојдоа на МАКС. Беа присутни 24 компании од САД, шест компании од Франција, а бројот на кинески компании беше трикратно зголемен во споредба со минатата година. Ова го соопшти генералниот директор на А.Д. „Авиасалон“, Владимир Советкин.
акЦент на БЛискиОт истОк Особено треба да се истакне големиот број високи гости од Блискиот Исток. Претставниците на Саудиска Арабија, на Обединетите Арапски Емирати, на Јордан, на Египет и на Иран детално се запознаа со производите прикажани на изложбата. Иран веќе соопшти дека е заинтересиран за купување на авионот „Сухој-суперџет“, а Египет ќе купи јуришен хеликоптер „К-52“. Јордан е стар партнер на Русија кога станува збор за военотехничката соработка. Токму во оваа земја по лиценца се произведуваат минофрлачите РПГ-32 „Хашим“. Поради тоа е сосема реално да се очекува нас-
коро да бидат обелоденети веќе направените воени договори со оваа земја.
сија има четири авиони „Јак-130“, а наскоро ќе добие уште толку.
сОраБОтката сО еврОпа прОДОЛжУва
замена на УвОзните прОизвОДи
И покрај кризата и санкциите воведени за руските военоиндустриски компании, соработката со европските земји во оваа област, сепак, не е прекината. „Airbus“, како и претходните години, ги покажа своите новитети на МАКС. Овој авионски гигант го покажа широкотрупниот патнички авион „А-350“ и повеќенаменскиот хеликоптер „Н225М“. Рускиот холдинг „Технодинамика“, кој произведува делови за авиони, и француската компанија „Microturbo“ (во состав на индустрискиот конгломерат „Safran“), на авиокосмичката изложба МАКС 2015 потпишаа спогодба за заедничко производство на помошен мотор за цивилна примена.
БеЛОрУсија сО најмнОГУ ДОГОвОри Белорусија потврди дека е еден од клучните партнери на Русија во военотехничката соработка и главен воен сојузник меѓу земјите од поранешниот Советски Сојуз. Белорусија соопшти дека купува пет противракетни системи со мал дострел „ТорМ2Е“, кои во исто време можат да гаѓаат четири воздушни цели оддалечени до 15 километри. Оваа земја, исто така, потпиша договор за испорака на нова партија од четири најсовремени руски учебно-борбени авиони „Јак-130“ („Як-130“). Во овој момент военото воздухопловство на Белору-
Претставници на Обединетата корпорација за производство на мотори на изложбата изјавија дека отсега моторот „АИ-222-25“, кој се монтира на најновите учебно-борбени авиони „Јак-130“, во целост ќе се произведува во Руската Федерација. Претходно за склопување на моторите од овие авиони беа користени и украински делови. Исто така, успешно е обезбедено и производството на мотори за новиот повеќенаменски хеликоптер „Ми-38“. Отсега моторот за овој хеликоптер ќе биде од руско, а не од канадско производство.
БеспиЛОтните ЛетаЛа вО ЦентарОт на вниманиетО На МАКС Русија покажа дека интензивно го надополнува изгубеното време во областа на беспилотната технологија. Оваа година на штандот на компанијата „Ростех“ беше претставен модел на повеќенаменското беспилотно летало „Чирок“ во природна големина, додека компанијата „Zala Aero“, која е дел од концернот „Калашников“, го демонстрираше новиот оперативно-тактички систем за воздушно извидување со голем радиус на лет, а концернот „Радиоелекторние технологии“ покажа нацрт-проект на јуришно беспилотно летало. Приватните компании, исто така, по-
НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА
Аерокосмичката изложба МАКС 2015 во подмосковскиот град Жуковски заврши на 30 август. Ние за вас ги избравме десет те најважни достигнување на годинешнава изложба
серискО прОизвОДствО на „ми-38“ сО рУски мОтОр На МАКС 2015 беше сертифициран домашниот турбоосовински мотор „ТВ7117В“, кој го произведува фабриката „Климов“, што ќе овозможи првиот сериски хеликоптер „Ми-38“ да се појави во првото полугодие од 2016 година. „Ми38“ со руски мотор нема да зависи од странските делови, што на овој хеликоптер му нуди добри перспективи и привлекува странски купувачи. Засега е планирано „Ми-38“ да се користи во арктичките операции.
прв странски кУпУвач на јУриШниОт хеЛикОптер ка-52к Египет нарача од Русија јуришни хеликоптери „Ка-52К“. Не е прецизирано колку летала се нарачани точно. Исто така е соопштено дека Франција преговара со Египет на оваа земја да ѝ продаде еден од двата универзални десантни бродови од типот „Мистрал“ кои претходно беа произведени за потребите на воената морнарица на Русија. Воениот врв на Русија планираше хеликоптерите „Ка52К“ да се базираат токму на „Мистралите“.
зГОЛемена испОрака на ЛОвЦите „сУ-35“ На МАКС се очекуваше склучување договор со Кина за испорака на ловци „Су-35“, но вакво нешто не беше обело-
денето. Сепак, за време на изложбата се дозна дека до крајот на 2015 година Министерството за одбрана на Русија ќе потпише нов договор за испорака на дополнителен број авиони „Су-35“ за руското воено воздухопловство. Сега се завршува испораката на првата партија од 48 авиони. По реализацијата на сите испораки руската армија во својот арсенал ќе има вкупно 96 ловци „Су-35“.
ЦивиЛната авијаЦија е вО пОДем Компанијата „Цивилни авиони Сухој“ („Гражданские самолеты Сухого“) потпиша договор за испорака на авиони за кратки релации „Сухој Суперџет 100“ со Државната транспортна лизингкомпанија, со опција договорот да се прошири на уште 20 авиони. Нарачателот треба да ги добие авионите во период од 2015 до 2017 година. Првите авиони, според договорот меѓу споменатите компании, ќе ги испорача руската авиокомпанија „Јамал“. „Суперџет“ е клучен проект на руската авионска индустрија. Раководството на компанијата се труди да го зголеми бројот на купувачите во странство, со цел производството на овој авион да се зголеми за 60 летала годишно, по што проектот ќе стане рентабилен. Во ова на компанијата „Сухој“ би можел да ѝ помогне Иран. Потпретседателот на Иран, Сорена Сатири, се заинтересира за купување авиони и, евентуално, за негово делумно производство на територијата на Иран.
Владимир Астапкович / РИА Новости
кажаа интересни проекти. Групацијата „Кронштад“ го претстави брзото беспилотно летало „Фрегат“. Негова главна особина се моторите чии елиси можат да ротираат, така што ова летало е, всушност, конвертиплан, односно може да полетува и да слетува вертикално на неподготвен терен. Определени најави особено го привлекоа вниманието на медиумите. Претпријатието „Уралска фабрика за цивилна авијација“ („Уральский завод гражданской авиации“), кое меѓу другото е познато и по тоа што токму во неговите погони се склопувани леталата купени во Израел, сега планира да направи беспилотно летало врз основа на лесниот австриски авион „Diamond DA42“. Инаку, врз основа на овој двомоторен патнички авион со четири седишта веќе е направено едно беспилотно летало - израелскиот „Dominator“.
|9
10 |
КУЛТУРА
Што има руско во рускиот Михаил Бутов архитект на смртта Терминот „руски рулет“ за првпат се појавил во 1937 година во истоимената статија на американскиот новинар Џoрџ Сурдез објавена во списанието „Collier’s Weekly“. Статијата била посветена на различни начини на забава со кои членовите на Француската легија на странци ја разбиваат здодевноста во Северна Африка. Сурдез цитира писмо во кое еден германски платеник пишува за својот разговор со еден руски наредник кој во 1917 година се нашол во Романија. „Кога сè околу нив се распаѓаше - демек велел наредникот - на руските офицери им се чинеше дека не само што го губат престижот, парите, семејството и татковината туку и честа пред сојузниците. Затоа некои од нив во различни пригоди - на маса, со кафе или кај пријатели - одненадеж посегале по револверот, ваделе еден куршум од барабанот кој го вртеле, а потоа цевката ја ставале на глава и го повлекувале петлето. Веројатноста дека пиштолот ќе испука и дека на офицерот ќе му го разнесе мозокот била 5 од 6 обиди. Понекогаш имало и среќни исходи“. В очи паѓа грешка што не се очекува од еден војник: пет од шест куршуми. Имено, во 1917 година руската војска го користела домашниот револвер „Наган“ со седум куршуми во буренцето, а претходно бил користен „Смит-Весон“ со шест куршуми, кој тогаш бил веќе застарен. Доколку податоците од статијата се точни, многу брзо не би ни имало руски офицери. Сепак, главниот проблем е во тоа што не постои никаков доказ, ниту еден документ или мемоарски запис за постоењето на рускиот рулет во руските единици што тогаш се наоѓале во Романија, ниту во руската војска воопшто. Треба да се спомене и фатот дека Сурдез не се ни бунел кога го нарекле „човекот што го измисли рускиот рулет“. Слично нешто не постоело дури ни во Америка и покрај тамошниот култ кон револверите. Статијата на Сурдез многу им се допаднала на читателите, па затоа таа била препечатувана во скратена верзија. Осум месеци подоцна младиот Американец Томас Маркли се самоубил на овој начин на својот роденден. Ова е првиот познат случај на руски рулет со смртен исход во САД. До денес во Америка се забележани педесетина вакви самоубиства. Во Русија ваква статистика не е направена. Тешко е да се најде статија или податоци на Интернет за вакви само-
Руски рулет е смртоносна игра во која се користи револвер. Во буренцето на револверот се става еден или повеќе куршуми, потоа тој се врти со раката, па учесниците еден по еден го ставаат револверот на својата слепоочница и пукаат. На прв поглед се чини дека националното потекло на оваа „забава“ не е спорно. Но, рускиот рулет за првпат се споменува во една статија објавена во едно списание во Америка убиства. Од сето изнесено произлегува дека рускиот рулет е попригодно да се нарече „американски“. Според мислењето на канадскиот истражувач Иван Качановски, на списокот најраспространети стереотипи за земјите од поранешниот Советски Сојуз, рускиот рулет е на второто место, веднаш зад руската мафија.
реДОк мОтив Животот и карактерот на офицерите е една од традиционалните теми на руската литература. Доколку рускиот рулет е навистина руски, за писателите тоа би било мошне погоден мотив за прикажување на ексцентричната, предизвикувачката офицерска храброст или порок што треба да биде разобличен. Но, во литературата од пред Октомвриската револуција нешто слично на рускиот рулет се споменува само во романот на Лермонтов „Херојот на нашето време“ во главата „Фаталист“. Дејството се одвива во првата половина на 19 век, кога револверите не ни постоеле. Јунаците на романот имаат пиштоли на кремен, кои рачно се полнеле со барут. Офицерот Вулич, сакајќи да ја предизвика судбината и да провери дали постои фатална предодреденост, пука во себе од пиштол. Иако Лермонтов не наведува дали пиштолот бил или не бил наполнет, се претпоставува дека е полн, зашто виси над креве-
тот на офицерот за секогаш да му биде при рака. Пиштолот изневерува. Дополнителното пукање настрана покажува дека во цевката, сепак, имало куршум. Од романтичарскиот фатализам преминуваме на осумдесеттите години од минатиот век, кога се појавува расказот „Руру“ на писателот во емиграција Јуз Алешковски. Јунакот во едно оддалечено село пие самогон (јак алкохолен пијалак сличен на вотка, кој се прави во домашни услови), јаде жаби и разговара со двајца селани и со милиционер. Разговараат на различни теми, егзистенцијални и политички. Среде разговорот милиционерот му предлага на еден од селаните да ја изиграат играта Руру, а тоа го прават со среќен исход, по што разговорот продолжува. Не е сосема јасно од каде му е на еден селски милиционер револвер наместо службен пиштол „Макаров“, кој нема буренце. Авторот на овој начин успева низ разговорот на своите пијани јунаци да ја пренесе атмосферата на краен очај. Овие две сосема различни литературни дела потврдуваат дека рускиот рулет нема никаква врска со руската култура. Да кажеме, кај Александар Грин наоѓаме малку поинаков спој на смртта и случајноста, на таканаречен американски двобој, кој е опишан дури и кај Артур Конан Дојл во неговиот прв роман „Студија во светлоцрвено“. Учесниците во „двобојот“ избираат меѓу две таблети, од кои едната е отровна. Рускиот рулет под овој или под некој друг назив не е познат во Русија. За него не знаеле ниту руските декаденти, па дури ни емигрантите од првиот бран кои навистина биле очајни, а многумина од нив имале и војничко искуство. Кон рускиот рулет не прибегнува дури ни главниот негативец во советската култура, разочараниот белогардејски офицер. Доколку реши да се убие, тој тоа го прави вез театралност и искусување на судбината.
сОветски весниЦи иЛи американски ФиЛмОви? Рускиот рулет во Русија стана популарна тема во филмовите и во книгите. Во советско време за ова придонесе печатот, кој пишуваше за пороците на Западот, а подоцна и за влијанието на западноевропските и на американските филмови како што е култниот „Ловец на елени“. Ликовите од овој филм се потомци на руски емигранти. Руски рулет играат под принуда, но токму тој им овозможува да избегаат од виетнамското за-
КУЛТУРА
| 11
рулет? робеништво. Патем, филмот беше критикуван поради невистинитост, зашто не постоеле никакви докази за каква било тортура во Виетнам. Рускиот рулет се појавува и во други познати филмови, како што е, на пример, „Аризона дрим“ на Емир Кустурица. Во САД се снимени и низа второкласни филмови во кои актерите го вртат буренцето и го повлекуваат петлето. Две највпечатливи сцени со
Alamy / Legion Media
руски рулет во руската кинематографија се во војничката комедија „ДМБ“ и во криминалистичката црна комедија „Мижитатара“, во која главни ликови се едни шармантни криминалци. Сепак, каде што има чад, има и оган. Иако рускиот рулет никогаш не бил популарен меѓу Русите, очигледно, тие имаат некаква посебна карактерна црта која придонела оваа пеколна игра со револвер да се смета дека е токму руска. Таа не им е припишана ниту на Французите, ниту на Италијанците, па дури ни на Американците, кои толку многу сак а а т оружје.
12 |
СПОРТ
Дојдете во сочи, новата руска спортска престолнина каде речиси сé може да биде средено
сочи
Сергеј Фадејчев / ТАСС
Светлана Латишева
Валериј Шарифулин / ТАСС
велосипедските патеки се наоѓаат покрај морето во сочи
Shutterstock / Legion-Media
жичарницата во краснаја полјана
Михаил Мокрушин / РИА Новости
сочи има многу предности за оние што сакаат да пливаат
Секако, ретко кој ќе се дрзне да плива кога температурата на морето ќе се спушти под 12 степени. Затоа голем број хотели и одморалишта имаат топли базени со морска и со слатка вода. Еднодневна или повеќедневна влезница за базен може да се купи дури и во помалите хотели. Сочи е опкружен со планини, но во градот, сепак, има многу патеки што се погодни за трчање. Едно од омилените места на жителите на Сочи е широкиот кеј на реката Сочи, кој започнува од централниот градски пазар и се протега сѐ до морскиот брег. Многумина со задоволство трчаат по брегот во центарот на градот или по олимпискиот булевар, кој е долг пет километри, а кој се наоѓа на Имеретинската долина. Во парковите и на градските плоштади се поставени тренажери за вежбање. На пример, во Фринзенскиот парк во пријатна ладовина од дрвјата може да го гледате морето додека вежбате. Идеално место за сите љубители на брзото одење е Патеката на здравјето, која минува низ ридестиот и шумски дел од градот. Доколку сакате да го зајакнете своето здравје и да одржите кондиција за време на летото, изберете некоја од пешачко-планинарските патеки во Краснаја Пољана, во бањските одморалишта Роза Хутор, Лаура Гаспром или во Горки град. Пешачките патеки се протегаат по падините на планините Псехако и Аибга. Можете да уживате во погледот од некој видиковец или да се одморите на клупите покрај патеките. Најдолгата пешачка патека има пет километри и е погодна за трчање во текот на целата година. Се наоѓа во Хостинската населба и се протега покрај морскиот брег, од централниот градски стадион до бањата Мацеста. Покрај реката Сочи направени се велосипедски патеки, од трговскиот центар Море Мол до морскиот брег, а исто така и на Навагинската улица и на Имеретинскиот кеј. Од година в година во градот има сѐ поголем број места каде што можат да се изнајмат велосипеди. Најмногу ги има во Олимпискиот парк, што во голема мера ја олеснува и ја забрзува обиколката на спортските знаменитости на Сочи. Во Краснаја Пољана постојат посебни маршрути за возење планински велосипеди, а велосипедските патеки се на надморска височина поголема од 1.000 метри. Тука сите љубители на велосипедизмот ќе си најдат траса што им одговара, како рекреативците така и професионалните монтбајкери. Налето во Сочи, рано наутро и навечер, можете да вежбате јога во природа, на специјални подиуми во паркот Ривиера, на истоимената плажа, како и во планинскиот дел на градот, во Краснаја Пољана, далеку од градската врева. Во спортско-туристичкиот комплекс Грнаја Карусељ, во тишината на
СПОРТ
| 13
По оЛимПијаДата спортски туристички рај шумата, поставен е посебен шатор за јога. Кога времето е убаво, во Краснаја Пољана можете да се занимавате со нордиско одење. Во зимскиот центар и во одморалиштето Роза Хутор инструкторите на шумските патеки ќе ве научат на основите на нордиското одење, кое во Русија станува сѐ попопуларно. Туристите во Сочи можат да се занимаваат со коњички спорт доколку отидат во некоја од школите за јавање,
кои работат преку целата година, како што се, на пример, „Кентаур“ во бањата Мацести или во школата „Добежини“ во Хост. Во Дагомис, населба во близината на Сочи, се наоѓа клуб за миниголф и терен со осумнаесет патеки. Теренот за миниголф е направен во Олимпискиот парк, наспроти ледениот дворец Ајсберг, каде што се наоѓа и теренот за одбојка, за мал фудбал и за кошарка, а од неодамна тука е отворен и скејтпарк.
Lori / Legion-Media
Сочи по Зимските олимписки игри, кои беа одржани во 2014 година, стана спортски град, благодарение на современата олимписка инфраструктура и на пријатната клима. Многу жители на Сочи го следат новиот тренд: ги посетуваат спортските објекти и рекреативно се занимаваат со трчање, со брзо одење и со скијање. По завршувањето на Олимписките игри спортскиот туризам во Сочи и во околината е сѐ поразвиен
планинскиот комплекс роза хутор и реката мзимта во краснаја полјана, сочи
Доколку сакате автомобилски трки, задолжително посетете го автодромот на кој во 2014 година за првпат во Русија беше одржана етапа од Гран-прито на „Формула 1“. Во таканареченото „тркачко такси“ професионални возачи на „Формула 1“ на совозачкото место ќе ве возат со автомобили Mazda MX5 Aori, Lamborghini Gallardo и Ferrari F430, чиј мотор V8 има 510 коњски сили. Сочи е родно место на познатите руски тенисери Евгениј Кафељников и на Елена Веснина, која како шестгодишно девојче започнала да тренира тенис на терените во паркот Ривиера. Овие терени сега се отворени за сите љубители на тенисот. Тениски терени има и на улицата Чајковски и на Виноградната улица, во Дагомис, во Адлер и во многу одморалишта. Доколку сакате да доживеете несекојдневна авантура, во текот на летната сезона посетете ја Краснаја Пољана, каде што во парковите меѓу високите стебла се распнати јажиња и други препреки по кои можете да се качувате или дури да прелетате од едно на друго место по жица. Ви го препорачуваме Панда парк во одморалиштето Роза Хутор. Во Сочи во текот на целата година можете да лизгате на олимпискиот стадион Ајсберг. Лизгалиштето на кое тренираа врвните руски лизгачи Евгениј Пљушченко, Максим Трањков, Татјана Волсожар и Јулија Липницкаја, сега веќе е отворен за сите граѓани на Сочи и за бројните туристи. Во Ски-паркот во Сочи љубителите на адреналин можат да се искачуваат по големата вештачка карпа или да ги тестираат своите нерви во скокање со банџи. Во Дагомис и на планината Ахун има терени за пејнтбол, а реките Мзимта и Шахе налето нудат одлични можности за рафтинг. Во Сочи во текот на целата години има обуки за алпинизам и за параглајдерство. Секој од овие спортови може да стане дел од вашиот одмор во овој, сега веќе прочуен, руски олимписки град. за природните убавини на сочи прочитајте ја статијата „спектакуларни прошетки околу сочи“ mk.rbth.com/28615
14 |
ПАТУВАЊА
Крим Јулија Шевелкина
Пред нешто повеќе од една година Крим повторно влезе во составот на Руската Федерација, по што на сајтовите на министерствата за надворешни работи на многу европски држави (на пример, на Германија) беше објавено предупредување во кое на странските туристи им се препорачува да не патуваат на Крим. Ова, практично, значи дека странските туристи за време на пре-
ТАСС
Практични совети што ги нема во водичите Патувањето на Крим по спојувањето со Русија не е опасно за странските туристи и покрај официјалните ставови на определени западни држави. А, не мора ниту да биде скапо, доколку се придржувате на советите што нема да ги најдете во туристичките проспекти стојот на Крим не можат да побараат помош во конзулатите на своите земји доколку ги изгубат документите или се најдат во некаква незгода, и дека сите евентуални ризици мораат да ги преземат врз себе. И покрај тоа, на Крим има гости од странство. Доколку и вие планирате да отпатувате на овој руски полуостров, обрнете внимание на неколку важни детали што ги нема во туристичките проспекти.
какО Да се стаса Главниот сообраќаен јазол на Крим е Симферпољ, каде што постои голема железничка станица и каде што се наоѓа единствениот аеродром на полуостровот. На аеродромот неодамна беа отворени два нови терминали. На Крим најлесно се стасува со авион. Можете да ги искористите услугите на неколку руски компании, како што се „Аерофлот“, „Трансаеро“, „Ѕ7“, или нивните компании-ќерки „Донавиа“ и „Utair“, како и „Вимавиа“, кои од три московски аеродроми организираат повеќе чартер-летови дневно. Со оглед на тоа што авионите се најчесто полни, најдобро е однапред да резервирате лет, доколку сакате да седите до про-
зорецот или заедно со својот сопатник. Летот трае околу два и пол часа. Просечната цена на авионската карта изнесува 5.500 рубли (околу 80 евра). Доколку до Симферпољ патувате со воз, ќе морате да преседнувате неколку пати. Најпрво треба да стасате до Краснодар, таму да се качите на автобус до пристаништето Кавказ, а потоа со траект до Керч на Крим, па оттука до крајната цел со воз, со автобус или со такси. Подетални информации на руски јазик и точните маршрути можете да ги најдете на сајтот на „Руски железници“. Откако ќе го добиете својот багаж, уште во самата зграда ќе ве пресретнат так-
Пекарници на Крим Ви препорачуваме неколку пекарници во Крим: „Кримски пекар“ („Крымский пекарь“) во Јалта - Улица Московскаја 5 23 Cafe Boulangerie во Симферопољ - Улица Карл Маркс 14/9 Слаткарница „Grass“ во Севастопољ - Улица Историческаја 3
ПАТУВАЊА
| 15
Хотели на Крим Ви препорачуваме неколку мали хотели во најпопуларните одморалишта на Крим.
ФЕОДОСИЈА - Хотел „Чорное море“ - Улица Чкалов 77, 98000 Федосија, Крим - Цена на ноќевањето: од 2.500 до 5.500 рубли Хотел „Reiss“ - Улица Дмитриј Уљјанов 4A, 98100 Федосија, Крим - Цена на ноќевањето: од 4.000 до 10.000 рубли систи што нудат превоз до градот за 1.000 рубли (15 евра), како и до другите места на Крим (Јалта, Алушта или Севастопољ) за 1.800 до 2.000 рубли. Тоа е десет пати повеќе од автобусот што од аеродромот сообраќа до сите туристички места на Крим. Доколку добро знаете руски, можете слободно да отидете педесетина метри до тролејбуската и до автобуската станица. На шалтерот можете да купите билет кој на маршрутата од аеродромот до Симферпољ чини 14 рубли (20 евроценти), а до местата покрај морскиот брег од 100 до 200 рубли. Оваа препорака важи и за оние што на Крим доаѓаат со воз, зашто главната автобуска станица во Симферпољ се наоѓа веднаш до железничката станица.
Начин на плаќање
ТАСС
На Крим земете само готовина во рубли, зашто во хотелите, рестораните и бутиците кредитни картички не се примаат поради санкциите. Сепак, можете да размените девизи за рубли. Додека Крим преминуваше на руското законодавство, на улиците имаше дилери. Од 1 јануари 2015 година девизи можат да се разменат за рубли само во банките. Најчесто ќе наидете на бело-зелените филијали на Руската национална комерцијална банка (Российский национальный коммерческийбанк, РНКБ).
ЕВПАТОРИЈА - Хотел „Морској“ - Улица Шевченко 24, 97400 Евпаторија, Крим - Цена на ноќевањето: 2.000 рубли
каДе Да се сместите Најпопуларни кримски одморалишта се Јалта, Алушта, Федосија и Евпаторија. Севастопољ е пристаништен град. Кога избирате хотел на Крим, обрнете внимание и на малите хотели и куќи во кои можете удобно да се сместите. Во нив цената за ноќевање изнесува од 1.000 до 3.000 рубли. За оваа цена можете да добиете комфорна соба со балкон, посебна бања и мала кујна со фрижидер, микробранова печка и чајник. За споредба, ноќевањето во стандардна еднокреветна соба во хотелот „Јалта Интурист“ на основа „олинклузив“ во јуни чини 8.900 рубли, а во екот на сезоната (од 1 јули до 28 август) околу 9.600 рубли. Без оглед на тоа дали собата ја резервирате или сместувањето го плаќате во самиот хотел, имајте предвид дека цените во долари или во евра на рецепцијата ќе ви бидат пресметани во рубли според официјалниот среден курс. За однапред да ја подготвите потребната сума пари, проверете го курсот на рубљата на некој од официјалните сајтови.
Хотел „Absolut Inn“ - Улица Дубининt 19А, 98000 Евпаторија, Крим - Цена на ноќевањето: од 2.000 до 3.000 рубли
ТАСС
ЈАЛТА - Хотел „Yacht Club Apartments“ - Булевар Дражински 2A, 98000 Одрадное, Крим
Кримски сувенири Крим е познат по десертните вина, по коњакот, чајот и локумот. Овие вкусни сувенири не купувајте ги од уличните продавачи или во туристичките места, туку во специјализирани продавници. Вработените во синџирот „Чаевите на Крим“ („Чаи Крыма“) ќе ви помогнат да ги изберете најдобрите лековити чаеви (80 рубли за кутија од 200 грама). Ви препорачуваме да пробате слатки од Бахчисарај, а, исто така, и етерични масла направени во локалните фабрики, како и домашен мед. Кримското вино уште во Советскиот Сојуз се произведуваше во три фабрики: „Инкерман“, „Масандра“ и „Магарич“. Овие вина и познатиот кримски коњак можат да се купат во кој било од продажните синџири на „АТВ“ или „Сиљпо“, како и во специјализираните продавници „Кримски вина“, каде што е дозволена и дегустација. Шише вино чини од 400 до 600 рубли (7-9 евра), а шише кримски коњак со пет ѕвездички 700 рубли.
Кримски ресторани и кафулиња На Крим се ретки големите синџири ресторани како оние во другите делови на Русија, но има многу пријатни кафулиња и пекарници од европски тип, каде што можете да појадувате или да купите свежо печиво, тарт, кафе и сокови. Тука цените се во просек пониски од другите руски региони. Да кажеме, шолја кафе чини околу 100 рубли (1,5 евро), а парче чизкејк околу 150 рубли. Покрај брегот има многу ресторани со пристапни цени во кои можете да пробате свежа морска риба. Во менијата најчесто се наведени цени за порција од 100 грама. Затоа прашајте колку ќе ве чини вашиот оброк или сметајте на тоа дека ќе платите 3-4 пати повеќе од цената што е наведена во менито. Доколку посетите некоја од кримските планини, ќе наидете на мали семејни ресторани во кои можете да пробате специјалитети од националната кујна на кримските Татари: шурпа, пилав со овчо и хачапури (погача со сирење и месо). Доколку нарачувате шашлик (раженчиња од говедско месо), прашајте дали цената од менито се однесува на едно парче или на порција од 100 грама.
ИМПРЕСУМ
16 |
КАЛЕИДОСКОП
ЕВГЕНИЈ АБОВ издавач и директор на RBTH ПАВЕЛ ГОЛУБ главен уредник на додатоците на RBTH ВЈАЧЕСЛАВ ЧАРСКИ генерален продуцент ЕМИЛ НИАМИ превод, лектура, веб, гостин-уредник на додатокот „Руска реч на македонски“ ЕКАТЕРИНА ТУРИШЕВА заменик генерален продуцент за Балканот, МАРИЈА СМИРНОВА асистенција, веб АНДРЕЈ ЗАЈЦЕВ, НИКОЛАЈ КОРОЉОВ илустрации За огласување во овој додаток, ве молиме да се обратите на ЈУЛИЈА ГОЛИКОВА, директор на одделот за односи со јавност: julia.golikova@rbth.com
министерот за надворешни работи на русија сергеј Лавров (трет од десно) весла со другите учесници на отворањето на регионалниот центар за рафтинг во градот Окуловка во новогордската област
Деца на првиот училиштен ден во гимназијата број 1.551 за време на свеченоста по повод Денот на знаењето во москва, на 1 септември 2015 година
ИГОР ДАНИЛОВИЌ координатор на „Руска реч“ во „Нова Македонија“ ВЛАДИМИР МИЈАНОВИЌ помошник-координатор на „Руска реч“ во „Нова Македонија“ МАРЈАН ДЕЛЕВСКИ дизајн МАРИЈА ЧУНДЕВА технички уредник
© 2014 сите права се задржани од ФГБУ „Росијскаја газета“: АЛЕКСАНДAР ГОРБЕНКО претседател на редакцискиот совет, ПАВЕЛ НЕГОИЦА генерален директор, ВЛАДИСЛАВ ФРОНИН главен уредник.
Забрането е копирање, дистрибуција или преземање на содржините од овој додаток, освен за лична употреба, без писмена согласност на „Росијскаја газета“. Ве молиме за дозвола да се обратите на телефон +7 (495) 775 3114 или на и-мејлот urednik@mk.rbth.com „Russia Beyond the Headlines“ не сноси одговорност за ненарачаните текстови и фотографии.
Russia Beyond the Headlines (RBTH) го финансира „Росијскаја газета“, руски дневен весник. Содржината на овој подлисток е подготвена без учество на новинари и уредници на „Нова Македонија“. RBTH се финансира за сметка на добивката од рекламодавците и од комерцијалните спонзори, а исто така и од средства на руски државни институции. Ние се занимаваме со независна редакциска позиција и претставуваме различни гледни точки на настаните во Русија и во останатиот свет со помош на квалитетна содржина и експертски мислења. Од моментот на нашиот почеток во 2007 година се стремиме да се придржуваме до високите редакциски стандарди, да го покажеме најдоброто новинарство од Русија и за Русија. На таков начин се надеваме дека ќе пополниме една важна дупка во информирањето за нашата земја од страна на другите медиуми. Сите прашања и коментари за нашето финансирање или за нашата редакциска структура, ве молиме да ги упатите на urednik@mk.rbth.com. Повеќе информации на mk.rbth.com. RBTH издава 30 прилози во 24 земји со вкупна месечна публика од 33 милиони луѓе, а исто така одржува и 20 сајта на 16 јазика.
Сергеј Бобилев / ТАСС
Интернет-страница: mk.rbth.com Еmail: urednik@mk.rbth.com Телефон: +7 (495) 775 3114 Факс: +7 (495) 988 9213 Адреса: ул. Правды 24, д. 2, Москва 125993, Россия.
руски војници маршираат на музиката на воениот оркестар на парадата по повод завршувањето на втората светска војна во пекинг, на 3 септември 2015 година
Reuters
Додатокот „Руска реч“ го финансира, уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва, Русија).
Константин Чалабов / РИА Новости
Писмата на читателите, колумните и илустрациите означени како „мислење“, како и текстовите од рубриката „погледи“ во овој додаток се избрани за да претстават различни гледишта и не го изразуваат нужно гледиштето на уредникот на проектот „Russia Beyond the Headlines“ или на весникот „Росијскаја газета“. Ве молиме вашите писма и коментари да му ги испраќате на уредникот на urednik@mk.rbth.com