mk.rbth.com
Прилогот го уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва), која е целосно одговорна за содржината. Се печати и се дистрибуира во соработка со „Нова Македонија“.
Издание на
Подготвена ли е Русија за ризиците од „Големата игра“?
стр. 4-5
САБОТА - НЕДЕЛА, 17-18 ОКТОМВРИ 2015 ГОДИНА
БРОЈ 29
Државна поддршка за културна размена меѓу Русија и Македонија
Русија контролира сè поголем дел од Арктикот стр. 7
стр. 10-11
Руските манекенки што го покорија светот
Legion Media
стр. 8-9
Осумте тајни на Владивосток стр.12-13 „Росијскаја газета“ уредува прилози за Русија во 30 водечки светски весници, вклучувајќи ги и „Њујорк тајмс“, „Дејли телеграф“, „Фигаро“ и „Ла Република“
2|
ПОЛИТИКА И ОПШТЕСТВО
Русија пред избор: инерт Каква ќе биде иднината на Русија до 2018 година, кога треба да се одржат претседателските избори, и што ја очекува најголемата држава во светот во следниве три години?
Алексеј Тимофејчев Кога во 2014 година започна украинската криза, Кремљ мораше да избере дали ќе ја преиспита стратегијата за развој и ќе ги мобилизира ресурсите поради конфронтацијата со Западот или ќе се обиде во новите услови да ја спроведува истата политичка линија кон која се придржуваше претходно. Конечната одлука во врска со ова прашање сѐ уште не е донесена - уверени се политиколозите, кои во средината на септември годинава се собраа на презентацијата на извештајот „Руска власт 2015: тактика без стратегија“, чиј автор е Александар Колесников, раководител на програмата „Руската внатрешна политика и политичките институции“ при московскиот центар „Карнеги“. Експертите ги опишаа најверојатните сценарија за развој на Русија во следниве години.
ДМИТРИЈ ОРЛОВ ДИРЕКТОР НА КОМПАНИЈАТА „АГЕНЦИЈА ЗА ПОЛИТИЧКИ И ЕКОНОМСКИ КОМУНИКАЦИИ“ Од минатата есен (по пакетот антируски санкции) сѐ повеќе се чувствува потребата за донесување стратегиски одлуки. Уште тогаш пред Русија имаше две патеки од кои требаше да се избере една, и до овој момент во таа смисла ништо се нема променето. Првата варијанта е „инклузивна стратегија“, односно потпирање на традиционално конзервативното мнозинство, на работниците што добиваат плата од буџетот, на пензионерите и на инертните слоеви од населението. Во истиот пакет се и динамичната социјално-економска тематика на дневната политика ориентирана на привлекување на капитал, како на за-
падни така и на внатрешни извори на инвестиции, и потпирањето на „активистичките“ слоеви на населението. Ова подразбира и дистанцирање од непомирливите групи, односно од оние што се формираа и кои се издвоија од традиционалното мнозинство минатата
есен (односно од почетната фаза на украинската криза, кога дојде со обединување на Крим со Русија и востанието во Донбас, заб. ред.). Другата варијанта е „тврдина за време на опколување“, кога се сѐ поактивни оние непомирливите, кои бараат обновување на Советскиот
ПОЛИТИКА И ОПШТЕСТВО
|3
ност или мобилизација ските избори во Русија - заб. ред.). Развојот ќе се засновува на инерција, и тоа во нејзиниот сегашен облик. Нема да има поголеми протести. Социјалните протести нема да се конвертираат во политички. Тешко е да се предвиди што ќе се случува во економијата, но судејќи според развојот на економската инерција, станува збор за бавна депресија. Елитата ја дочекува 2018 година без стратегија. Воопшто не е јасно што ќе се случува понатаму. Варијантата „А“ е ист ваков инертен развој. Варијантата „Б“ е бодрење на квазипатриотскиот националистички антизападен вектор, кој се залага за јакнење на државноста. Притоа е можна демонстрација на Русија како квазиимперија што управува со светските процеси. Гледаме дека постојат знаци на ваков модел, зашто сме сѐ поблиски со Сирија. Варијантата „В“ е економско чудо. Но, тоа е веќе апсолутна утопија, со оглед на тоа што во современата елита не гледам какво било движење во тој правец. Мислам дека ситуацијата ќе се одвива според најлошото сценарио, но полека. Ќе продолжи оваа економска депресија и депресија на граѓанското расположение каде што нема никакви социјални експлозии.
Ројтерс
ВАСИЛИЈ ЖАРКОВ ШЕФ НА КАТЕДРАТА ЗА ПОЛИТИКОЛОГИЈА НА МОСКОВСКАТА ВИСОКА ШКОЛА ЗА СОЦИЈАЛНИ И ЕКОНОМСКИ НАУКИ
Сојуз, обновување на социјално-економските повластици и обновување на национализацијата. Власта засега се нема определено, но најверојатно ќе се реши за првата варијанта. Сепак, системска одлука нема да биде донесена до 2018 година.
АЛЕКСАНДАР КОЛЕСНИКОВ РАКОВОДИТЕЛНАПРОГРАМАТА„РУСКАТАВНАТРЕШНА ПОЛИТИКАИПОЛИТИЧКИТЕИНСТИТУЦИИ“ ПРИМОСКОВСКИОТЦЕНТАР„КАРНЕГИ“ Горе-долу е јасно што ќе се случи до 2018 година (односно до претседател-
Инертното сценарио мошне долго играше позитивна улога. Во текот на минатата деценија беше водена објаснива и сосема успешна (внатрешна) политика, а во надворешната политика на сила беше линијата на неврзаност. Статусот кво е прекинат со (украинската) криза во февруари 2014 година. Украинската револуција детонираше длабоко во внатрешноста на територијата на Русија. Таа нѐ доведе во ситуација да избираме дали сакаме да градиме империја и повторно да започнеме студена војна, односно дали ќе се мобилизираме и ќе го фрлиме во оган остатокот од силите што го имаме по 20 век или ќе свртиме лист и ќе се обидеме да го реализираме она што Дмитриј Иванович (Орлов) го карактеризираше како „инклузивно сценарио“. Русија треба да се воздржи од какви било одлуки што се условени од нејзината културна меморија. Еден од проблемите се огледа во тоа што не е поминато доволно време за да се ослободиме од нашите претстави за тоа како во овој свет треба да ја играме улогата на империја.
4|
ПОГЛЕДИ
Подготвена ли е Русија ризиците од „Големата Фјодор Лукјанов Официјалниот претставник на администрацијата на САД ја предупреди Русија дека таа може да се најде во изолација доколку продолжи да му дава поддршка на режимот на Башар ал Асад во Сирија. И други западни лидери изразуваат загриженост, за волја на вистината малку нејасно, зашто никој од нив нема јасна концепција за дејствување во кризното подрачје. Оттука произлегува и поделеноста во ставовите. Едни велат:
„Не треба да се дозволи ‘учтивите луѓе во зелена униформа’ да дојдат во Латакија“, а други, пак: „Нека се обидат Русите, можеби и ќе постигнат нешто“. Да ја отфрлиме идеолошката пристрасност со која се доживува секој потег на Русија и да се обидеме да сфатиме зошто не може да се формира единствен фронт за борба против Исламската држава, иако е неоспорно дека е тој крајно неопходен. Постои цела низа фундаментални несогласувања, од кои некои се јавно ис-
кажани, а некои се само навестени. Прво, кога станува збор за организацијата Исламска држава (оваа организација е забранета во Руската Федерација - заб. ред.) по инерција се применува категоријата тероризам. Меѓутоа, ова не е најсреќната дефиниција, зашто таа упатува на настаните од почетокот на минатата деценија, кога администрацијата на Буш објави светска борба против тероризмот, со што, всушност, беа стимулирани процесите кои постигнаа кулминација во сегашниот хаос. Освен тоа,
ПОГЛЕДИ
|5
за игра“?
Алексеј Иорш
Западот се противи на поддршката што Русија ѝ ја дава на легитимната власт во Сирија. Од една страна, борбата против Исламската држава е заеднички декларирана цел и на Русија и на западните земји, а, од друга страна, спротивставеностите меѓу заинтересираните страни се такви што е тешко да се замисли нивно единство во оваа борба
доколку со појавата на Исламската држава светот се соочи со тероризам, тогаш станува збор за нов вид и за ново ниво на тероризам. Исламските екстремисти на чело со Ел Бадгади фактички имаат намера да ја урнат сета институционална структура на Блискиот Исток и да постават нови идеолошки и државно-политички темели. Како и да е, Исламската држава заслужи против неа да бидат преземени најсериозни можни мерки, со примена на цел арсенал средства со кои распола-
гаат државите. Меѓутоа, Западот и понатаму повеќе сака да ја набљудува оваа екстремистичка организација низ призмата на вообичаените претстави за борба против тероризмот, додека Русија е склона да дејствува онака како што е својствено за вистинска војна меѓу две држави. Второ, не се совпаѓаат претставите за тоа какви перспективи има Сирија во форматот во кој досега постоеше. Западот се фокусираше на личноста на Башар ал Асад, што значи дека е клучно прашањето на западните земји за тоа кој ќе биде на чело на идната Сирија. Поради тоа првенствено значење им се припишува на преговорите за поделбата на власта со опозицијата, на обновување на женевскиот мировен процес итн. Русија, како што е познато, го поддржуваше и женевскиот и московскиот мировен процес, но, за волја на вистината, од сопствените позиции. Сега, по сѐ изгледа, се увери дека постои мошне поакутен проблем, а тоа е прашањето што ќе остане на крајот од некогашната Сирија. Фактички, дојде до фрагментација на земјата на зоната под контрола на различни сили (или без никаква контрола), така што е тешко и да се замисли обновување на некогашната сириска држава. Со други зборови, прашањето е каде треба да се зацврстат позициите за да се запре продорот на „Исламската држава“. Јасно е дека во преуредениот ентитет, без оглед како тој ќе се нарекува во иднина, секако ќе биде актуелна и темата за власта. И таа власт ќе мора да се дели, но претходно треба да се види кој дел од Сирија ќе биде зачуван. Во овој момент Москва смета, не без основа, дека некаква коалиција во услови на масовни напади однадвор е добра само доколку различните сили привремено ги отфрлат меѓусебните несогласувања и искрено ќе се обединат против заедничкиот непријател. Сирија не е таков случај. Таму и власта и опозицијата се речиси „зацементирани“ на своите позиции. Во таква ситуација добро е да се принудуваат на соработка (а, теоретски гледано, надворешните актери можат да се обидат во тоа). Коалицијата што евентуално ќе се обиде да ги обедини, брзо ќе се распадне. Јасно е дека во таков случај Ислам-
ската држава би го зазела Дамаск. Сепак, во која мера, и покрај набројаните разлики, е реално да се очекува дека водечките актери ќе постигнат меѓусебна согласност за заедничко дејствување во Сирија? Реките бегалци што течат во Европа и целосната неспособност нешто да се преземе во овој поглед влијаат на брзата промена на расположението на јавноста во Стариот свет. Сега Европејците веќе сметаат дека овие настани треба да бидат запрени по секоја цена, и тоа надвор од Европа. Американскиот став е условен со цела низа различни мотиви, и повеќе не е толку монолитен. Официјалните изјави на Соединетите Американски Држави повеќе не одговараат во целост на реалните ставови, а спротивставувањето на Москва не е мотивирано толку од желбата да се тргне Ал Асад, колку од стравот дека Русија премногу ќе ги зацврсти своите позиции во регионот. Сепак, тоа е повеќе прашање на рационална рамнотежа на интересите, што секогаш е полесно да се реши (иако не е воопшто лесно), одошто судир заснован на идеолошки уверувања. Се разбира дека со отпочнувањето на кампањата против Исламската држава и со подлабоко вовлекување во перипетиите на Блискиот исток Русија презема врз себе ризик. Постои опасност од материјална штета и особено од човечки жртви, посебно ако се земе предвид суровоста на непријателот. Оваа опасност не може да се предвиди. Меѓутоа, постои и сомнеж во поглед на остварливоста на целта. Не постојат никакви гаранции дека ќе биде постигнат успех, особено доколку се земе предвид замрсеноста на ситуацијата на теренот, каде што војуваат сите против сите и каде што еден на друг си забиваат нож во грб. Руското јавно мислење треба да биде подготвено за различни сценарија. Сепак, треба да се признае дека одлуката за активно учество во сирискиот судир произлегува од линијата што Русија досега ја спроведуваше. Во меѓународната политика секогаш се цени постапката, а не критиката отстрана. Токму постапката носи поени и го крева статусот. Точно е дека ефектот може да биде и спротивен, но ризикот е секогаш составен дел од „Големата игра“.
6|
АРМИЈА
РИА Новости
Со што тргувале Русите? Gazeta.ru Трговијата во Русија започнала интензивно да се развива во 14 и во 15 век. Тогаш настанале првите локални пазари. Регионот на брегот на Бело Море тргувал со крзно, Рјазањ продавал житарки, а Москва производи на локалните занаетчии. Со развојот на внатрешната трговија започнало и воспоставувањето на односите со соседните држави. Се тргувало со женевските и со венецијанските колонии на јужниот брег на Крим, со Златната орда, со Иран и со Средна Азија. Во 15 век стара Русија извезувала крзно, кожа, ткаенини, седла, стрели, ножеви, сало, восок, лен и масло. Еден век подоцна најинтензивни трговски односи Русија имала со Украина, со Белорусија и со балтичките земји. Руските трговци на тамошните пазари извезувале крзно, кожа, ткаенини и оружје. Во средината на 16 век интерес за Русија покажува и Англија, каде што дури се основала и специјална компанија за трговија со руската држава. По истиот пат тргнала и Холандија. Англичаните и Холанѓаните го препознале квалитетот на руските производи и сакале да бидат посредници меѓу Русија и остатокот од светот. Се тргувало претежно преку Англија и Холандија, кои заработувале како посредници, а, исто така, и со Персија. Сѐ се сменило во 18 век, кога на власт дошол Петар Велики.
ВЛИЈАНИЕТО НА ПЕТАР ВЕЛИКИ Во 18 век Русија добила излез на Балтичко Море, со што ѝ биле отворени нови можности во трговијата. Но, руските трговци и натаму биле пасивни и не воспоставувале нови контакти. Се вмешала власта, која решила да преземе контрола врз некои видови стока. Станувало збор за стока што била најбарана во соседните земји.
Структурата на рускиот извоз низ вековите во голема мера се промени. На ова влијаеле развојот на технологијата, војните и порастот на цената на суровината. Ви откриваме со што и со кого тргувале Русите некогаш
Продажбата на коноп, лен, сало, восок, катран, меласа и кавијар била под монопол на државата. Пред крајот на владеењето на Петар Велики извозот на руските производи бил двојно поголем од увозот, а внатрешниот пазар бил заштитен со високи царини. Процесите што ги иницирал Петар Велики продолжиле и по неговата смрт. До крајот на 18 век најмногу се извезувале лен и производи од лен. Житарките, исто така, котирале добро. Уште еден важен артикл за надворешната трговија од тоа време било крзното од Сибир.
РАЗВОЈ НА КАПИТАЛИЗМОТ Со развојот на капитализмот различни економски региони од земјата во поголема мера се специјализирале за определен вид стока. Во текот на првата половина од 19 век извозот бил речиси двојно повисок. Главен дел на извозот и понатаму биле ленот, конопот, крзното, волната, кожата и сланината. Извозот на житарки бил во постојан пораст, а особено се зголемил во четириесеттите години од 19 век, по неколку неродни го-
дини во европските земји. Уделот на ткаенината и на производите од метал изнесувал неколку проценти од вкупниот извоз, а оваа стока главно се продавала во Кина, во Средна Азија и во Турција. Кога се појавиле големите производители, се променила и трговијата, во која сѐ поголема улога имаат големите индустриски организации и комерцијалните банки. Во последната четвртина од 19 век доаѓа до значаен индустриски напредок и Русија станува еден од лидерите во производството на машини.
РЕВОЛУЦИЈАТА И СОВЕТСКАТА ДОБА На почетокот советските власти, како и претходно, најмногу извезувале житарки, дрвна граѓа и крзно. Тогаш започнал и извозот на нафта. Во предвоениот период зголемен е увозот на машини. До 1938 година 70 отсто од увезената стока била машини, парни локомотиви, вагони, автомобили и хемикалии. Втората светска војна донела важни промени: со Велика Британија и со САД биле потпишани нови договори за испорака на оружје и на стока неопходна за спроведување воени дејствија. Советскиот Сојуз по војната водел интензивна трговска дејност со земјите од својот социјалистички блок. Но, веќе на почетокот од седумдесеттите години на минатиот век СССР развил трговски односи со 115 земји. Главен удел во извозот имале индустриските производи, машините и опремата за производство, како и суровините, вклучувајќи ги нафтените деривати и природниот гас. Земјите во развој 30 отсто од машините и од опремата ги увезувале од СССР. Се појавиле и нови артикли - дијаманти и брилијанти, а Советскиот Сојуз нудел и услуги за збогатување на ураниум. Во развиените земји СССР главно извезувал нафта и нафтени деривати, како и метал, целулоза, дрвена граѓа и текстил. Уделот на нафтата во извозот постепено се зголемувал. Веќе во 1987 година уделот на енергенсите во вкупниот извоз достигнал 46,5 отсто, што значи дека за 15 години пораснал за трипати. Оригиналниот текст можете да го прочитате на порталот Gazeta.ru
ЕКОНОМИЈА
|7
Press Photo
Русија контролира сѐ поголем дел од Арктикот
Владимир Шчербаков За да може да се победи противникот, најпрво треба да се забележи. Во воздушната и во надводната сфера тоа е едноставно, додека за откривањето подводни објекти постои само едно средство, а тоа се хидроакустичните станици. Според дострелот на забележување на објектите тие до таа мера заостануваат зад радарите што за благовремено забележување и уништување на невидлив подводен непријател често е потребно да се вложат огромни напори. Со цел покривање на своите военопоморски бази и базни пунктови, уште во педесеттите години од минатиот век започнала изградба на стационарни хидоракустични станици и комплекси чија задача била да забележуваат непријателски подморници и да го следат нивното движење, како и да обезбедат
Во составот на оваа „битка за Арктикот“ беше создаден и проект на најновиот руски хидроакустичен систем на далечните граници, кој на руската војска ќе ѝ овозможи да ја следи и да ја контролира состојбата под водата на оддалеченост од десетици наутички милји
одбрана на приморјето и на приодот до објектите на крајбрежната инфраструктура. Во тие години советската воена морнарица ја добила првата ваква станица „Волхов“. Потоа ваква станица била испорачана во Египет и во Кина. Во текот на следните децении морнарицата ги добила МГ-407 и МГ-409, радарските станици за кружно набљудување „Амур“ со антена со пречник од околу 20 метри и депласман до 500 тони, како и граничната станица „Лиман“, која овозможува сигурно забележување на противникот во областа во која започнува ледената површина на Северен Леден Океан (која подоцна се појави како варијанта „Лиман-М“). Врв на проектот во оваа сфера беа стационарните станици „Аган“ и „Днестар-М“. По распадот на Советскиот Сојуз и по драстичното намалување на финансирањето, работата во оваа област или била сосема стопирана, или реализацијата била значително забавена. Со почетокот на обемната програма за модернизација на руските вооружени сили, военото раководство се сети дека е потребно да се реши задачата за увид во ситуацијата под вода на различни делници на приморските граници на Русија. Неодамна се дозна за одлуката на Северната флота да ја прошири зоната опфатена со моќните стационарни хидроакустични средства, кои можат да ја контролираат подводната ситуација на повеќе десетици и стотици милји од брегот, благодарение на антените што се наоѓаат далеку во океанот. На морнарицата на Северната флота до крајот на годинава на располагање ќе ѝ биде уште еден стационарен хидрау-
Битката за Арктикот не се води само над туку и под водата. Во структурите на ОН руските научници се заложуваат за проширување на границите на рускиот подводен епиконтинентален појас во Северен Леден Океан, руската индустрија за подготвува за експлоатација на огромниот потенцијал природни ресурси на Арктикот, а војската се подготвува да го брани целото богатство личен комплекс МГК-608М, направен во научноистражувачкиот институт „Атол“. Неговиот истурен дел, како што тврдат руските извори, ќе биде оддалечен дури 160 километри од крајбрежната линија. Командниот пункт на овој комплекс ќе се наоѓа во Североморск, а со него ќе управуваат само четири лица. Експортната варијанта на овој комплекс, МГК-608Е, беше успешно демонстрирана на Меѓународниот воено-морски салон во Санкт Петербург, кој беше одржан ова лето. Комплексот е составен од неколку антенски решетки, кои се поставуваат на дното на морето, а се состојат од елементи за прием - хидрофони, кои можат да бидат оддалечени десетици и стотици километри од брегот. Мозок на системот е специјален хардверско-софтверски систем, кој може да обезбеди интеграција на податоците не само за подводната и надводната туку и за воздушната, надземната, па дури и за космичката ситуација. Овој систем може да анализира и да управува различни ситуации. На пример, може да им покажува цели на руските маневарски сили. Арктичката команда на Вооружените сили на Русија, благодарение на ваквите интегрирани системи, ќе може да обезбеди сигурна одбрана на земјата од каква било закана од северен правец.
КУЛТУРА
Руските манекенки што го по НАТАЛИЈА ВОДЈАНОВА
Дваесетгодишната манекенка, која таблоидите ја опишуваат како „новата девојка на Џаред Лето“, денес се наоѓа на списокот на 50 ѕвезди во искачување во светот на модата. Од 2011 година учествува на ревиите на Модните недели во Париз, Милано и во Њујорк. Како модел на ревии ја ангажираат Alberta Ferretti, Givenchy, Louis Vuitton, Oscar de la Renta, Prada, Tom Ford, Valentino и многу други.
НАТАША ПОЛИ Наталија Полешчикова е родена во 1985 година во Перм. Како манекенка дебитираше во 2004 година на ревија на модната куќа Emanuel Ungaro, откако го зазеде второто место на натпреварот New Model Today и потпиша договор со агенцијата Why Not Model. До тој момент веќе имаше четиригодишно искуство во модниот бизнис. Денес Наташа е една од најпознатите манекенки во светот. На Инстаграм има над 400 илјади обожаватели. Таа беше и заштитно лице на модните куќи Lanvin, Fendi, Marc Jacobs, Michael Kors, H&M и на други брендови.
Legion Media
Legion Media
На ј п оз н а т а т а руска манекенка не треба посебно да се претставува, особено што таа одамна не е само модел туку и мајка на четири деца, општествено ангажирана јавна личност, борец за правата на децата со пречки во развојот. Таа е во брак со Антоан Арнолт, син на директорот на конзорциумот за производство на луксузни предмети LVMH. Но, мајчинството и хуманитарната работа не ја спречуваат Наталија да продолжи со кариерата на манекенка. Во 2015 година таа стана заштитно лице на парфемот Euphoria на модната куќа Calvin Klein, 10 години откако го потпиша својот прв договор со овој бренд.
ВАЛЕРИЈА КАУФМАН
Legion Media
Ана Лозинска
Photoshot/Vostock-Photo
Родена е во 1990 година во Москва. Како манекенка дебитираше во 2008 година во рамките на Неделата на високата мода во Париз на ревиите на модните куќи Dries van Noten, Céline и Akris. Таа има учествувано и во рекламни кампањи на Yves Saint Laurent, Versace, Guerlain, Ralph Lauren и други. Се има појавено и на насловната страница на Vogue во различни земји.
АНА ВЈАЛИЦИНА Родена е 1986 година во Нижни Новгород. Кариерата на манекенка ја започнува на 15-годишна возраст. Тогаш таа потпиша договор со агенцијата IMG Models и се пресели во Њујорк. Првите брендови што ги претставуваше беа Anna Molinari, Chloé и Sportmax. Се има појавено на насловните страници на Vogue, ELLE и Glamour, а учествувала и на модните ревии на Shiatzy Chen, Chanel, Prada, Louis Vuitton, Dolce&Gabbana. Неодамна стана мајка.
МАША НОВОСЈОЛОВА Photoshot/Vostock-Photo
АНА СЕЛЕЗЊОВА
Legion Media
а,
8|
Родена е во 1985 година во Тула. Во модниот бизнис влезе во 2007 година, благодарение на контактот со агенцијата Storm Model Management. Има учествувано во рекламни кампањи на модните куќи Victoria's Secret, Christian Dior, Chanel, Gucci и други. Ќе остане запаметена по рекламните плакати за долната облека Armani, на кои партнер ѝ беше Дејвид Бекам. Таа се најде на насловните страници на најпознатите модни списанија. Во брак е со филмскиот продуцент Димитри Расам, син на француската актерка Карол Буке, со кого има две деца.
КУЛТУРА
САША ПИВОВАРОВА
EPA
Со мода започнала да се занимава како студентка на Рускиот државен универзитет за општествено-хуманистички науки, откако нејзиниот пријател и иден сопруг фотографот Игор Вишњаков во 2005 година испратил нејзини фотографии во агенцијата IMG. Нејзина прва ревија беше за модната куќа Prada, по што овој бренд со неа склучи тригодишен договор. Подоцна се најде на насловните страници на Vouge во целиот свет (седум пати само во италијанското издание), се најде на престижниот календар на Pirelli, учествуваше во рекламни кампањи на голем број познати брендови од Giorgio Armani до Chanel. Во 2011 година глумеше во трилерот „Време“. Истата година дизајнираше колекција долна облека за Gap. Во 2012 година доби ќерка. Во слободно време се занимава со сликање.
Таа е омилената манекенка на Марк Џејкоб и на Џон Галијано. Родена е во 1991 година во градот Слободској во Кировската област. Работи како манекенка од 2007 година. Во Њујорк се пресели откако потпиша договор со IMG Models. Најпрво за ревии ја ангажираа модните куќи Prada и Calvin Klein. Подоцна работеше за најпознатите американски дизајнери и стана заштитно лице на парфемот Marc Jacobs Daisy.
Getty Images
ВЛАДА РОСЉАКОВА Кариерата ја започна во Русија, а ја продолжи во Токио. Потоа се пресели во Њујорк. За време на својата втора сезона (есен-зима 2005) одработи 74 ревии за различни дизајнери. Нејзините фотографии се најдоа на насловните страници на списанијата Vogue, Harper's Bazaar и ELLE во различни земји. Во 2011 година Влада стана заштитно име на Swarovski.
КЕЈТ ГРИГОРЕВА Оваа девојка од Оленгорск е родена во 1989 година. Завршила маркетинг на Мурманскиот државен технички универзитет. Двапати учествуваше на натпреварот Мис на Русија, но без особен успех. Потоа во модното реално шоу „Топмодел на руски начин“ го освои второто место. Набргу потоа замина во Њујорк и потпиша договор со модна агенција. Во 2014 година работеше на ревиите на модните куќи Donna Karan, Oscar de la Renta, Tory Burch, Ralph Lauren. Годинава се најде во весниците како нов „ангел“ на Victoria's Secret.
САША ЛУС За првпат на модната писта излезе кога имаше 16 години. Тоа беше на модната ревија на Аљона Ахмадулина во 2008 година во рамките на Модната недела во Москва. Истата година се појави на насловната страница на руските изданија на списанијата Vogue и L'Officiel. Кога потпиша договор со агенцијата DNA, се пресели во Њујорк, но набргу потоа се врати во Русија. Во 2011 година потпиша договори со неколку агенции, во тоа време ја забележа и Карл Лагерфелд. По ревијата за Chanel во сезоната есен-зима 2012 година, нејзината кариера доживеа бум. Во сезоната есен-зима 2013 одработи 58 ревии и склучи рекламни договори со модните куќи Carolina Herrera, Max Mara, ValentiДознајте ги тајните no и Tommy Hilfiна руската убавина ger. Се има појавево статијата „Тајната но на насловните формула на руската страници на разубавина“ на сајтот лични списанија и mk.rbth.com/34721 во престижниот календар Pirelli.
Getty Images
Photoshot/Vostock-Photo
ИРИНА КУЛИКОВА
Русинките отсекогаш важеле за едни од најубавите жени на светот, затоа не е ни чудо што руските манекенки често ги гледаме на модните ревии на најдобрите светски дизајнери. „Руска реч“ направи интересен список со 11 руски манекенки што го покорија светот на модата
Photoshot/Vostock-Photo
окорија светот
|9
10 |
РУСИЈА И МАКЕДОНИЈА
Државна поддршка за културна размена
Алексеј Никољски / РИА Новости
На 7 овој месец во Конгресниот центар на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, кој се наоѓа на брегот на Охридското Езеро, беше одржана промоција на „Православната енциклопедија“. На настанот присуствуваа гости од Русија, претставници на руската амбасада во Македонија, свештени лица и дел од македонската научна јавност. Руската делегација беше предводена од Михаил Ефимович Швидкој, специјален пратеник на претседателот на Руската Федерација за меѓународна културна соработка. „Руска реч“ го посети овој настан и поразговара со Швидкој за „Православната енциклопедија“, за културните односи меѓу Русија и Македонија, како и за идните планови од областа на културата
Емил Ниами Целта на вашата посета на Македонија е промоција на „Православната енциклопедија“. Кажете ни нешто повеќе за неа. - „Православната енциклопедија“ беше основана во 1998 година по благослов на неговата светост, патријархот московски и на цела Русија Алексеј Втори. Таа беше поддржана од страна на владата на Руската Федерација. На почетокот овој проект имаше цел да се создаде енциклопедија не само на руското туку на сето православие, и не само на православниот свет туку и на христијанството во целост. На почетокот овој проект беше замислен како из-
дание во дваесетина тома, а денес веќе можеме да видиме дека тоа доби сосема друга димензија, така што конечниот број, кога ќе биде завршена енциклопедијата, ќе изнесува 60 тома. Постојано на виделина излегуваат нови теми, нови проблеми, како на православието така и на христијанството во целост, односно станува збор за културна проблематика. Треба да се каже дека во создавањето на ова издание се ангажирани најдобрите интелектуални сили во Русија и во другите словенски земји, како и од несловенските земји. Треба да се спомене дека е голем бројот на универзитетите и на колеџите каде што „Православната енциклопедија“ се користи, а тоа говори за ви-
сокиот квалитет на ова издание. Денес „Православната енциклопедија“ не е само печатено издание, и не е само електронска верзија, тоа е институција во која се обединети голем број истражувачи, а, исто така, и кинематографи, луѓе што работат на Интернет. Во последниве години „Православната енциклопедија“ сними три играни филма. Тука е филмот „Хорда“, кој е посветен на животот и делото на патријархот Алексеј Први, потоа тука е филмот „Поп“, кој е посветен и кој е поврзан со биографијата на прекрасниот отец Александар Ионин, кој бил дел од Псковската православна мисија за време на Големата татковинска војна. Тука се и други документарни филмови
посветени на историјата на Византија, за христијанството до расколот. Денес „Православната енциклопедија“ е институција во која во различни правци работат голем број луѓе, како вцрковени, така и световни. Во „Православната енциклопедија“ работат луѓе со познавања од областа на хуманистичките науки, како и оние на кои им е интересна и блиска историјата на културата. Дали постои некаква симболика во врска со тоа што промоцијата се организира токму во Охрид? - Сите што говоревме на промоцијата рековме дека Охрид е мошне важно место од минатото, место каде што православието станало моќно. За Русија Охрид е посебно место, зашто словото на свети Климент, книжната школа на Охрид била предвесник на христијанското православие во Русија. Имено, оттука во деветтиот век православието дошло во Русија, а денес токму тука од истокот доаѓа „Православната енциклопедија“, како некој симболичен акт. Се планираат ли на полето на културата некакви поголеми настани, како што беа деновите на културата што се одржаа во Русија и во Македонија пред неколку години? - За тоа зборувавме со претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, и со заменик-министерот за надворешни работи, Драгана Кипријановска, за отворање на културен центар на Руската Федерација во Република Македонија и, соодветно, на Република Македонија во Русија, за унапредување на рускиот јазик во Македонија и на македонскиот јазик во Русија и, секако, зборувавме за потпишување на спогодба за соработка за следните четири години во областа на културата, образованието, науката. Се надевам дека во втората половина на 2016 година, по одржувањето на парламентарните избори во Македонија, ќе се потпише спогодбата и дека следната година ќе се одржат Денови на руската култура во Македонија, а во 2017 година Денови на македонската култура во нашата земја. Можеме да кажеме дека културните врски се зголемуваат. Дали оваа тенденција се засновува на државно ниво или, пак, станува збор повеќе за приватни контакти? - Морам да ви кажам дека односите меѓу нашите култури бараат мошне сериозна државна потпора. Не можам да кажам дека денес во Македонија може да бидат реализирани големи комерцијални проекти за претставување на руската култура. Секако дека постојат и приватни спонзори, како што е, на пример, „Лукоил“, но јас сметам дека
без државна поддршка културната размена меѓу нашите земји би одела многу тешко. Како ја оценувате сегашната состојба на руско-македонските културни врски? Можно ли е да се направи нешто повеќе? - Од моја гледна точка, потребно е да се воспостават врски меѓу современите интелектуалци во Македонија и во Русија. Меѓу литератите постојат долгогодишни врски, благодарение на постоењето на Друштвото на писателите, на Струшките вечери на поезијата, како и на Охридското лето. Сепак, јас мислам дека е мошне важно младината, онаа творечка младина од нашите земји да започне да комуницира. Своевремено Русија и руската култура беа широко присутни во Македонија. Се гледаа руски филмови, во театрите беа играни претстави, следевме концерти на руски уметници. Денес ситуацијата е поинаква, младите во Македонија многу малку знаат за Русија. Каков е вашиот став? Што треба да се стори во врска со ова? - Мислам дека и руската младина многу малку знае за Македонија, а тоа е лошо. Но, треба да сфатиме дека ние живееме во некаков добро изграден, или лошо изграден, капиталистички свет, така што денес многу работи што во социјализмот се чинеа природни и
„Православна енциклопедија“ „Православната енциклопедија“ е специјализирана енциклопедија што ја издава црковно-научниот центар на Руската православна црква. Целта на оваа енциклопедија е да се даде сеопфатна информација за двеилјадната историја и за современата состојба на православието, како и да ги запознае читателите со другите христијански конфесии, нехристијански религии, а, исто така, и со појавите од областа на науката, културата, филозофијата, уметноста и политиката, кои на некој начин се поврзани со религијата. Првичната замисла била оваа енциклопедија да биде составена од 25 тома, но денес се предвидува дека бројот ќе се зголеми на 60. „Православната енциклопедија“ претставува уникатно издание на кое работат најдобрите истражувачи од Русија и од странство, при што во нејзиното создавање соработуваат како вцрковени лица така и научници и специјалисти од областа на хуманистичките науки.
| 11
Александра Мудрац / ТАСС
РУСИЈА И МАКЕДОНИЈА
едноставни, денес се чинат сложени и тешки. Сепак, ќе потенцирам дека тука е важна улогата на нашите земји за да се обезбедат поголеми контакти меѓу младите. Ситуацијата со изучувањето на рускиот јазик во Република Македонија е мошне тешка. Може ли да се очекува преземање некакви чекори на државно ниво од страна на Руската Федерација? - Токму за тоа зборувавме со заменик-министерот за надворешни работи. Македонската страна е подготвена да се заземе за унапредување на изучувањето на рускиот јазик во училиштата. Кај нас постои голема програма, која ја предводи Државниот институт за руски јазик „А.С. Пушкин“. Јас на моите колеги оттаму ќе им обрнам внимание да се заложат за рускиот јазик во Македонија. Ова не е ваша прва посета на Македонија. Какви се впечатоците од земјава? - Јас сум вторпат во Македонија. Но, кога некој државен службеник ќе дојде во посета, главно присуствува на официјални настани. Сепак, можам да кажам дека она што можам да го доживеам меѓу разните разговори и средби, секако е чувството на убавината на Македонија. На мене Охрид секогаш влијае смирувачки, тоа е место каде што моите страсти, човечките страсти се смируваат, човек станува близок до мирот, до другите луѓе и до Бога.
ПАТУВАЊА
Осумте тајни на Владивосток
Јулија Шандуренко
КАКО ДА СЕ СТАСА ДО ВЛАДИВОСТОК?
Јуриј Смитјук / ТАСС
Јуриј Смитјук / ТАСС
Владивосток е еден од градовите во Русија што прв го дочекува новиот ден во Новата година. Од Москва го делат седум временски зони и растојание од 9.000 километри. „National Geographic“ го вброи овој космополитски град меѓу најубавите приморски градови во светот. На улиците на Владивосток, како и некогаш, се среќаваат морнари од сите краишта на светот, се слушаат криците на галебите, а патниците секогаш се обидуваат да влезат во такси на погрешната врата, зашто возилата имаат волан од десната страна.
КОГА ДА СЕ ПОСЕТИ?
Јуриј Смитјук / ТАСС
Јуриј Смитјук / ТАСС
на останатиот дел од земјата. Во јули убавите мостови на Владивосток се скриени во магла што е погуста и од лондонската. Локалното население тогаш носи водоотпорни виндјакни и воопшто не размислува за капење. Средината на септември е време за сончање и за капење. Во октомври лисјето во Москва се речиси опаднати, а во Приморскиот крај тогаш има најголем број сончеви денови и најмногу есенски бои. Не пропуштајте да ги видите разнобојните ридови со модрото море во заднина. На зима не ви препорачуваме да одите во Владивосток, а и пролетта е долга и магловита.
Како да се снајдете кога ќе дојдете „на крајот од светот“? „Руска реч“ ви претставува водич низ Владивосток, со совети како да ги избегнете „замките за туристи“, што да правите, а што да не правите во еден ваков руски мегаполис на брегот на океанот
Најдобро е со директниот лет на Аерофлот од Москва. Летот трае 8 часа и 30 минути, додека од Токио, Пекинг и од Сеул траат само 2-3 часа. Меѓународниот аеродром во Владивосток се наоѓа во близина на селото Кневичи, 30 километри од градот. Оттаму автобусите на „Аероекспрес“ за 45 минути ги префрлуваат патниците директно во центарот на градот. На патот не пропуштајте го погледот на мостот преку заливот Златен рог.
се спротивставите на океанскиот ветар. Секако, задолжително земете и водоотпорна виндјакна. Но, не заборавајте го и костимот за капење, во случај локалната клима пријатно да ве изненади. Доколку сакате планинарење или сурфање, земете си ја потребната опрема. Сепак, не носете ја вашата штица, зашто во Владосток постои одличен сервис за изнајмување.
КАДЕ ДА СЕ СМЕСТИТЕ?
Јуриј Смитјук / ТАСС
12 |
СОВЕТИ ЗА ПАКУВАЊЕ
Најпогодно време за посета на Владивосток е периодот од почетокот на август до крајот на октомври. Годишните времиња во Приморскиот крај на Русија се еден месец поназад во однос
Доколку сакате од самиот почеток да воспоставите „добри односи“ со Владивосток, земете ги со себе најудобните патики и чевли. Тие ќе ви го олеснат движењето по стрмните улици на „рускиот Сан Франциско“. Земете си и капа и потопла облека за да можете да му
Во центарот на Владивосток можете да се сместите во хотелот „Azimut Hotel Vladivostok”. Кај туристите попу-
Јуриј Смитјук / ТАСС
СО КОЛА ОКОЛУ РУСКИОТ ОСТРОВ?
Пред да изнајмите кола за да ги посетите плажите на Шамора или Приморскиот сафари-парк, каде што можете да ги галите ирвасите и да ги набљудувате тигрите, и пред да тргнете во откривање на тајните на заливот на Рускиот остров, треба да знаете дека во Владивосток возилата имаат волан од десната страна (од Јапонија), што е и овековечено во многу романи и споменици. Затоа, најдобро е да си земете такси. Минималната цена на едно возење е 150 рубли (околу 2 евра), а не е вообичаено на таксистите да им се остава напојница.
Јулија Шандуренко
НАЈУБАВОТО Е БЕСПЛАТНО
Најубавите работи во животот се бесплатни, вклучувајќи го погледот на море. Посетата на најголем број зна-
менитости во Владивосток е бесплатна. Пешачкиот мост преку заливот Златен рог и светилникот на полуостровот Егершелд најдобро е да се посетат кога времето е сончево и суво, инаку од мостот веднаш ќе ве одвее ветрот, а до светилникот нема ни да можете да стасате. Земете книга од руската класична книжевност од јавната библиотека на плоштадот Суханов, направете селфи покрај споменикот на морнарот во ѕвонарки и со новиот албум на групата Лед Цепелин под мишка, седнете на омилената клупа на Американката Елеонора Преј, која била заљубена во Владивосток (нејзиниот бронзен лик можете да го видите на влезот од Светланската улица). Важен дел од спомените што ќе ги имате од патувањата во Владивосток е погледот на море. Видиковците и кејовите се незаборавни, но најдобро место за појадок или за ручек со поглед на морето е „Грин кафе“ на врвот од трговскиот центар „Clever house“. Нарачајте сендвич со свежа морска риба и гледајте како се врти панорамското тркало покрај плажата, на местото каде што се пресекуваат Спортскиот кеј и улицата „Адмирал Фокин“, која е и главно шеталиште во градот.
ШТО ДА СЕ КАСНЕ? Комфорен и гостољубив, Владивосток го има преземено сето најдобро од различните култури што го имаат создадено неговиот идентитет. Доколку сакате да пробате специјалитети од морски плодови и одлично вино, посетете го ресторанот „Молоко и мјод“ („Млеко и мед“) на скверот Суханов. На киосците покрај трговскиот центар „Clever house“ можете да ја пробате локалната улична храна пјансе, а најдобрата паста за носење ве очекува во локалот „NewYork Street Food“ на Спортскиот кеј. На малкумина им е познато дека Владивосток е рај за љубителите на кафето. Буквално на секој чекор ќе наидете на локали со квалитетни видови кафе, поволни цени и квалитет, а, секако, тука е и љубезниот персонал. По-
| 13
сетете го локалот „Кофеторија“ во оригиналната индустриска зграда под мостот над заливот Златен рог или некое од кафулињата од синџирот „Pirate Coffee“. А, списокот со најдобрите барови за вечерно излегување изгледа вака: „Rocks“, каде што заедно со коктелите В-52 се пали и барскиот пулт (внимавајте на косата), „Bar21“ и „Whisky Bar“. Барот „Дружба“ и клубот „Cuckoo“ се, исто така, добра варијанта. Еден од најпознатите барови е „Мумиј Трољ бар“, иако дел од мештаните не би ви го препорачале.
Јулија Шандуренко
ларна и евтина варијанта е сместувањето во хотелот „Жемчужина“, кој се наоѓа на мошне добра локација во близина на главниот градски светилник на полуостровот Егершелд. Доколку сакате да го доживеете автентичниот локален колорит, тогаш може да ви биде интересна и можноста за сместување што го нуди „Teplo hostel“. Тука ќе имате можност да бидете во друштво со поморски инженери и искусни светски патници, кои се собираат на вечера во заедничката гостинска соба со камин.
Јулија Шандуренко
ПАТУВАЊА
КУПУВАЊЕ СУВЕНИРИ Најдобрите сувенири со симболи од Владивосток можат да се набават само на едно место, а тоа е музејот „Арсенев“ (внимавајте, не можете да платите со картичка!). Задолжително купете си некоја раритетна грамофонска плоча од продавницата „Контрабанда“ во Алеутската улица 12А или оригинален амблем со сидро од продавницата за воена опрема на улицата „Адмирал Фокин“. Бидете внимателни со сувенирите што можат да се јадат: морските плодови најдобро е да ги купите на аеродромот Кневичи непосредно пред полетувањето. Од една страна, ова е добра идеја зашто ем нема да ви тежи во предадениот багаж, ем нема ништо да се истури, а од друга страна, пак, на фришоп ќе добиете и специјална кеса во која морските плодови ќе останат свежи. Прекрасни глетки направени над градот Владивосток можете да видите во фотогалеријата mk.rbth.com/427291
14 |
НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА
Shutterstock/Legion media
Новиот сензор за анализа на хемискиот состав на материите е чиплабораторија со компактни димензии. Со негова помош може да се откријат рак, ХИВ, хепатит и други болести. Креаторите ветуваат дека тој набргу ќе може да биде инсталиран на смартфон
Лабораторија со големина на сензор за смартфон Виктор Кузмин Руските научници Дмитриј Федјанин и Јуриј Стебунов создадоа нов сензор. Тој овозможува во домашни услови да се открие рак и да се дијагностицираат болести како што се ХИВ, хепатитис и херпес. Во голем дел од случаите сензорот може да го утврди проблемот многу пред појавата на симптомите и тоа со само една молекула. Според меѓународниот рејтинг на научните публикации Мaterials Today, статијата на научниците за овој изум во „Scientific Reports“ влегува во десетте најдобри за 2015 година.
ОТКРИВАЊЕ ВО РАНА ФАЗА При ниски концентрации на материите, на пример во раната фаза на болеста или при слабо загадување на воздухот, можат да бидат апсорбиран само една-две молекули. - За да бидат откриени толку мали модификации, ние користиме наномеханичка шема со многу висока чувствителност - објаснува за „Руска реч“ раководителот на проектот Дмитриј Федјанин. Според него, благодарение на тоа болеста може да биде откриена дури и ако врз сензорот падне само една молекула. Пред да се појави разработката на руските научници, практично сите тех-
нологии што ја мерат тежината на една молекула работеа само во услови на ниски температури и вакуум. Во нормална средина нивната чувствителност паѓаше. Се предвидува дека изумот на Федјанин и Стебунов ќе работи на собна температура и нормален притисок. Принципите на нанофотониката, врз основа на кои работи сензорот, го прават мал и лесен за употреба. Сето ова ќе овозможи сензорот да се користи надвор од специјално опремени лаборатории.
ИДНИНАТА Е ВО ДОМАШНИТЕ МИНИЛАБОРАТОРИИ? Научниците се убедени дека појавата на минилаборатории за пошироката јавност е само прашање на време. - Во моментов сме во фаза на изработка и оптимизација на понудата за шемата. Нашиот сензор е значително поедноставен од другите нанои микромеханички шеми. Тој е направен со најобична технологија на современата електроника, според која се произведуваат практично сите современи интегрални кола - вели Федјанин. Андреј Гаража, соработник во најголемата онкохематолошка клиника во Русија ФНКЦ „Дмитриј Рогачов“, откако се запозна со изумот, за
„Руска реч“ уверено изјави дека иднината е во домашните минилаборатории. Научникот смета дека по околу 10 години секој што ќе сака ќе може да стави таков сензор на својот смартфон и да ги следи промените во сопствениот организам и во животната средина. - Клиничките испитувања на новиот сензор допрва претстојат, ќе бидат потребни стотици апробации и илјадници тестови. Тешко дека тој ќе се појави во ординациите на терапевтите, лекарите им веруваат на своите лабораториски методи и повторно добиваат некаков процент лажно позитивни или лажно негативни резултати. Наместо тоа, овој сензор ќе направи револуција во „домедицинската“ фаза, при што човекот уште не знае дека е болен и дека му се потребни испитувања. Дури и да биде ставен во забавен центар како атракција, тој ќе му покаже на човекот одредени резултати, кои нема да бидат доволни за да се постави дијагноза, но можат да го натераат да отиде на лекар - вели Гаража. За последните новини и за најинтересното од руската медицина читајте на сајтот http://mk.rbth.com/tag/ме дицина
СПОРТ
| 15
Глинка, Борат и Рики Мартин: грешките на организаторите на спортски турнири Во рамките на еден ден организаторите на две светски првенства - во класична борба и во ритмичка гимнастика, ја згрешија руската химна. На доделувањето на наградата на борачот Роман Власов во Лас Вегас на 7 септември прозвучи „Патриотската песна“ на Михаил Глинка, која беше химна на Русија од 1990 до 2000 година. Олимпискиот шампион одби да слезе од пиедесталот додека не ја слушне вистинската химна, напишана од композиторот Александар Александров. Композицијата на Глинка прозвучи двапати и во Штутгарт. Откако двапати беше згрешена мелодијата при наградувањето на гимнастичарката Маргарита Мамун, официјалната химна на Русија се слушна без оркестар од трибините, а овој гест беше проследен со бурен аплауз.
КУРИОЗИТЕТИ НА МРАЗ Грешките со националната химна на Русија не се невообичаени. Во јануари 2015 година на младинското светско првенство во хокеј за жени во Бафало во чест на победата на Русинките во финалето против Чешка повторно засвири музиката на Глинка. Организаторите не успеаја да ја најдат вистинска химна, но руските девојки достоинствено се снајдоа - ја испеаја химната акапела. Само еден месец подоцна на светскиот шампионат во брзо лизгање во Херенвен златото на 1.500 метри отиде кај Денис Јусков, кој постави и светски рекорд. Организаторите мораа двапати да го наградат спортистот. Првиот пат - со звуците на „Патриотска песна“, а вториот - со официјалната химна на Русија.
МУЗИКАТА ВО ЖИВО Е ЗАБРАНЕТА На Олимписките игри во Лондон во 2012 година претставниците на Унгарија им се обратија на организаторите со барање да му се забрани на Симфонискиот оркестар да ја свири нивниот химна. Според Унгарците, музичарите допуштале многу грешки и нивната изведба не соодветствувала на бавната и рамномерна мелодија на оригиналот. Олимпис-
Грешењето на националната химна воопшто не е ретка работа на спортските настани
„Руска реч“ ви претставува неколку куриозитети од официјалните церемонии на некои од спортските турнири
тестот, а инцидентот не предизвика меѓународен скандал. Во 2013 година на Светското првенство во гимнастика домаќините од Украина ја наградија својата претставничка Ана Ризатдинова со звуците на руската химна. Украинската спортистка дури и ги отпеа првите неколку стихови.
БОРАТ И РИКИ МАРТИН киот комитет ја зеде предвид жалбата на Унгарците и на следните церемонии на наградување на спортистите се слушаше аудиоснимка.
ОПАСНА ЗАМЕНА На Светското првенство во гимнастика во Кина во 2014 година наместо химната на својата земја украинскиот спортист Олег Верњаев слушна непозната мелодија. Подоцна стана јасно дека е тоа, всушност, химната на Узбекистан. Организаторите на младинскиот шампионат на Европа 2015 во самбо во Србија направија грешка. На Азербејџанецот Камран Аскеров наместо својата родна химна му ја пуштија химната на Ерменија. Спортистот стоички го издржа
Најсмешни се случаите со спортистите од Казахстан. Кувајтскиот организатори на Гран-прито во стрелаштво (2012) наместо химната на Казахстан ја пуштија непостојната химна од пародичната комедија „Борат“. Не помалку непријатна ситуација се случи на регионалните натпревари по скијање во казахстанскиот град Костанај, каде што наместо химната на републиката прозвучи песната на Рики Мартин „Livin 'la vida loca“. Откако ја слушнаа музиката, губернаторот на Костанајската област и останатите учесници на церемонијата ја ставија десната рака на срцето. Песната на Рики Мартин се слушаше 15-20 секунди, пред сите да сфатат дека станува збор за грешка.
Владимир Вјаткин / РИА Новости
Тимур Ганеев
ИМПРЕСУМ
16 |
КАЛЕИДОСКОП
Писмата на читателите, колумните и илустрациите означени како „мислење“, како и текстовите од рубриката „погледи“ во овој додаток се избрани за да претстават различни гледишта и не го изразуваат нужно гледиштето на уредникот на проектот „Russia Beyond the Headlines“ или на весникот „Росијскаја газета“. Ве молиме вашите писма и коментари да му ги испраќате на уредникот на urednik@mk.rbth.com
Додатокот „Руска реч“ го финансира, уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва, Русија).
Русија e нов првак во одбојка Женската репрезентација на Русија во одбојка ја слави победата над Холандија во завршниот меч на Европското првенство што се одржа во Белгија и Холандија
ИГОР ДАНИЛОВИЌ координатор на „Руска реч“ во „Нова Македонија“ ВЛАДИМИР МИЈАНОВИЌ помошник-координатор на „Руска реч“ во „Нова Македонија“ МАРЈАН ДЕЛЕВСКИ дизајн МАРИЈА ЧУНДЕВА технички уредник
На улиците на Волгоград се одржа фудбалски флешмоб со цел да се одбележат 1.000 денови до почетокот на Светското првенство во фудбал 2018
© 2014 сите права се задржани од ФГБУ „Росијскаја газета“: АЛЕКСАНДAР ГОРБЕНКО претседател на редакцискиот совет, ПАВЕЛ НЕГОИЦА генерален директор, ВЛАДИСЛАВ ФРОНИН главен уредник. Забрането е копирање, дистрибуција или преземање на содржините од овој додаток, освен за лична употреба, без писмена согласност на „Росијскаја газета“. Ве молиме за дозвола да се обратите на телефон +7 (495) 775 3114 или на и-мејлот urednik@mk.rbth.com „Russia Beyond the Headlines“ не сноси одговорност за ненарачаните текстови и фотографии. Russia Beyond the Headlines (RBTH) го финансира „Росијскаја газета“, руски дневен весник. Содржината на овој подлисток е подготвена без учество на новинари и уредници на „Нова Македонија“. RBTH се финансира за сметка на добивката од рекламодавците и од комерцијалните спонзори, а исто така и од средства на руски државни институции. Ние се занимаваме со независна редакциска позиција и претставуваме различни гледни точки на настаните во Русија и во останатиот свет со помош на квалитетна содржина и експертски мислења. Од моментот на нашиот почеток во 2007 година се стремиме да се придржуваме до високите редакциски стандарди, да го покажеме најдоброто новинарство од Русија и за Русија. На таков начин се надеваме дека ќе пополниме една важна дупка во информирањето за нашата земја од страна на другите медиуми. Сите прашања и коментари за нашето финансирање или за нашата редакциска структура, ве молиме да ги упатите на urednik@mk.rbth.com. Повеќе информации на mk.rbth.com. RBTH издава 30 прилози во 24 земји со вкупна месечна публика од 33 милиони луѓе, а исто така одржува и 20 сајта на 16 јазика.
РИА Новости / Кирил Брага
Фудбалски флешмоб
Роденденски хокеј Претседателот на Русија Владимир Путин својот 63 роденден го прослави на хокејското поле. Тој застана на полето рамо до рамо со претседателот на Ноќната хокејска лига Александар Јакушев пред почетокот на натпреварот
РИА Новости / Алексеј Никољски
ЕВГЕНИЈ АБОВ издавач и директор на RBTH ПАВЕЛ ГОЛУБ главен уредник на додатоците на RBTH ВЈАЧЕСЛАВ ЧАРСКИ генерален продуцент ЕМИЛ НИАМИ превод, лектура, уредник ЕКАТЕРИНА ТУРИШЕВА заменик генерален продуцент за Балканот, МАРИЈА СМИРНОВА уредник АНДРЕЈ ЗАЈЦЕВ, НИКОЛАЈ КОРОЉОВ илустрации За огласување во овој додаток, ве молиме да се обратите на ЈУЛИЈА ГОЛИКОВА, директор на одделот за односи со јавност: julia.golikova@rbth.com
AFP / East News
Интернет-страница: mk.rbth.com Еmail: urednik@mk.rbth.com Телефон: +7 (495) 775 3114 Факс: +7 (495) 988 9213 Адреса: ул. Правды 24, д. 2, Москва 125993, Россия.