mk.rbth.com
Прилогот го уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва), која е целосно одговорна за содржината. се печати и се дистрибуира во соработка со „Нова Македонија“.
сабота - НЕДЕЛа, 19-20 ДЕКЕМВРИ 2015 гоДИНа
Издание на Олег Николаевич Шчербак
Топ пет настани во руската економија во 2015 година стр. 6-7
Руско-македонската соработка поседува голем потенцијал стр. 9-11
бРој 31
Зима, мечки и опасности: три мита за Сибир
стр. 14-15
РИА Новости
Пет клучни настани во руската надворешна политика годинава
стр. 2-3
Кажете ни што мислите за Русија на страниците на „Руска реч на македонски“ на Интернет-мрежата! ruskarecmk mk.rbth.com
ruskarecmk
Како е да се биде сибирски шаман стр. 14-15
„Росијскаја газета“ уредува прилози за Русија во 37 водечки светски весници, вклучувајќи ги и „Њујорк тајмс“, „Дејли телеграф“, „Фигаро“ и „Ла Република“
2|
ПОЛИТИКА
Пет клучни настани во руската
РИА Новости
„Руска реч“ подготви преглед на петте најважни надворешнополитички настани за годинава што изминува, а кои ќе ја определат руската иднина во 2016 година
Алексеј Тимофејчев 1. Почеток на воената камПања во Сирија Почетокот на операциите на руските ВКС против радикалните исламисти во Сирија на крајот од септември беше изненадување за поголемиот број набљудувачи. Меѓу нив и сега не постои единствено мислење за тоа со што била предизвикана ваквата одлука. Експертите забележуваат дека на одлуката на Москва можеле да влијаат неколку фактори или нивни комбинации: - отсуство на успех кај коалицијата под водство на САД; - обид да се даде импулс на политичкиот дијалог во Сирија; - стравување дека доколку Русија не преземе нешто, Западот ќе воведе зона на забранети летови на Сирија по примерот на Либија. Во исто време постои мислење дека одлуката за акција на руската војска во Сирија е резултат на положбата на владината армија која била блиска до трагична состојба. - Доколку не беше руската воена кампања, до Нова година режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад ќе паднеше. Тој беше под голем притисок - изјави за „Руска реч“ експертот и член на Советот на ПИР-Центарот Дмитриј Евстафјев. Како последица од поразот на Ал Асад ќе се појавеше „исламистички хаос“ во Сирија, кој набргу ќе се преселеше и во Авганистан и Таџикистан - веднаш до руската граница. Сега ситуацијата е изменета. Воената иницијатива премина на страната на си-
рискиот режим, Ал Асад и неговите сојузници имаат значајни успеси. Сирискиот претседател успеа да го консолидира и да го врати управувањето врз териториите и воените делови што се под негова контрола. Како што подвлекува Евстафјев, „постојат сериозни успеси во јужните провинции, во делот на големиот Дамаск. Повторно е под контрола апсолутно стратешки принципиелната територијата околу Алепо“. Аналитичарите се сложуваат за тоа дека моменталната етапа на воената кампања на руската војска во Сирија ќе продолжи до јануари во истиот облик, а можни се некои засилувања на военото присуство на РФ. Ова може да биде поврзано со временските услови - започнаа песочните бури, кои го отежнуваат летањето на авијацијата. Тоа време може да се искористи за активација на политичкото решение, смета Анатолиј Кортунов, прв човек на Рускиот совет за меѓународни работи. Понатаму, многу работи ќе зависат од позициите на земјите во регионот државите од Заливот, Иран, Турција - во поглед на тоа дали ќе сакаат да тргнат кон компромис за решавање на политичката иднина на Сирија.
2. Уривањето на СУ-24 Турција во решавањето на сириската криза излезе во прв план по инцидентот со рускиот бомбардер Су-24, кој беше соборен од турските ВВС во пределот на сирискотурската граница на 24 ноември. По ова односите меѓу земјите нагло се заострија. Во медиумите започна да се зборува за перспективата за вооружен конфликт ме-
ѓу Русија и земјата-членка на НАТО, па дури и со целиот блок. Сепак, Москва не избра воен одговор, ами воведе економски санкции против Анкара. Големината на руската реакција е поврзана со тоа што во дејствата на Турција Москва виде испланирана провокација. Условите на инцидентот им даваат и на руските експерти основа да претпоставуваат дека ова навистина беше демонстративен гест на Турција, подготвена политичка акција. Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, на овој начин сакаше да покаже „железна тупаница“ за да ја зголеми својата популарност кај народот, смета ориенталистот, експерт на Рускиот институт за стратешки истражувања, Елена Супонина. Ердоган, со тоа што даде наредба да се урне Су-24, сакаше да го покаже незадоволството на Анкара од дејствата на Москва во соседна Сирија, претпоставува Анатолиј Кортунов од РСМД. Експертите забележуваат дека Турција одамна зборува за создавање зона на забранети летови над територијата што претставува ареал каде што живеат турскојазичните Сиријци, туркоманите - дел од земјата што е во близина на турско-сириската граница. Ердоган се обидува да се позиционира себеси како заштитник на туркоманите. Откако го собори рускиот авион, турското раководство даде до знаење дека тие луѓе, без оглед на тоа дали се приврзаници на Ал Асад или се негови радикални противници, се наоѓаат под заштита на Турција, резимира Кортунов. Аналитичарите сметаат дека Турција не предвидуваше ваква нагла реакција на Русија. Според мислењето на Супонина, Турците „не очекуваа дека Русија ќе одговори многуплански на сиот спектар економска соработка“. Како резултат на инцидентот со бомбардерот, вели Супонина, односите што со децении се градеа меѓу Москва и Анкара беа урнати, а за нивно востановување „ќе отидат не недели и месеци, ами години“. И на Москва, и на Анкара, сега ќе им биде тешко да отстапат, смета Кортунов. „Можно е омекнување на односите, но нивно востановување во претходниот формат и во претходниот обем нема да има“, уверен е аналитичарот.
ПОЛИТИКА
|3
надворешна политика годинава Освен руско-турските врски, уште една жртва на конфликтот меѓу Анкара и Москва експертите сметаат дека е настојувањето за создавање вистинска меѓународна коалиција за борба со ИДИЛ. Сепак, тие подвлекуваат дека на патот на создавање на овој проект и онака постојат многу проблеми, кои се однесуваат на различните погледни на основните играчи за начинот за решавање на блискоисточната криза.
3. минСк-2
најмногу од стрелечко оружје. Сериозен тест за решителноста на страните за придржување кон минскиот договор ќе биде спроведувањето на локалните избори во февруари, кои властите на Донбас ги одложија. Ова одложување треба да им даде на страните, а најмногу на Киев, време за прифаќање на законите од Минск-2, односно за давање широка автономија на југоистокот. Но, засега медиумите не известуваат за некаков прогрес во врска со одобрувањето на соодветните закони. Ова дава мрачна перспектива за укинување на санкциите против Русија, со оглед на тоа дека реализацијата на минскиот договор е главен услов од страна на Западот.
Ројтерс
4. Договор за иран
На фонот на сириската криза на втор план беше поставена ситуацијата во Донбас. Сепак, украинската криза беше основна на дневниот ред на Русија во поголем дел од 2015 година. Во следната година ситуацијата во Донбас нема да изгуби на значење, без оглед на моменталното затишје. Решавањето на кризата во Донбас се одвиваше под паролата за неопходност од придржувањето кон вториот мински договор, склучен во белоруската престолнина на 12 февруари 2015 година. Тогаш по повеќечасовен преговарачки маратон лидерите на Русија, Германија, Франција и на Украина ги усогласија основните чекори што треба да доведат до прекинување на огнот и до започнување мировен процес на југоистокот од Украина. Без оглед на Минск-2, воените дејства, нападите, без оглед на намалениот интензитет, продолжуваа до крајот на летото. Моменталното затишје во Донбас настапи дури во септември. Според експертите, прекинот на огнот следуваше по фактичкото приклучување на САД во минскиот процес и по притисокот на Запад врз Киев. - РФ успеа да го убеди Западот дека нејзината позиција е насочена кон минимизирање на конфликтот, а дека позицијата на Украина само им создава главоболки на САД и на ЕУ - изјави за „Руска реч“ членот на Цивилната комора на РФ, експертот Јосиф Дискин, кој потсети за посетата на заменикот на државниот секретар на Стејт департментот, Викторија Нуланд на Киев во јули, кога присуствуваше на заседанието на Радата. Обете страни, Киев и Донбас, продолжуваат со меѓусебното обвинување за непридржување кон минскиот договор. Повторно започнаа напади, но тоа беше
Договорот за иранската нуклеарна програма, постигнат во средината на јули, беше неочекуван пресврт. Голем дел од принципиелните договори меѓу „шестката“ преговарачи (пет постојани члена на Советот за безбедност на ОН и Германија) и Иран беа усогласени уште во април. Во јуни се дојде до краен компромис кој беше прифатлив за сите. Договорот постигнат меѓу „шестката“ и Иран предвидува постепено укинување на санкциите кон Техеран во замена за сериозно ограничување на развојот на иранската нуклеарна програма, за која Западот смета дека цел на Иран е добивање нуклеарно оружје. Неочекувана за Западот беше улогата што ја одигра Русија во постигнувањето на овој договор. - Ме восхити колку Путин и руската влада ги разделија овие две работи (двете прашања: за Иран и за Украина). Немаше да го постигнеме овој договор, доколку не постоеше подготвеност од страна на Русија да дејствува заедно со нас и со другите членови на „шестката“ за да дојдеме до добар договор - изјави претседателот на САД, Барак Обама. Некои набљудувачи не можеа да си објаснат зошто Русија го поддржува овој договор, со оглед на тоа дека по симнувањето на санкциите на светскиот пазар ќе дојде иранската нафта, а тоа значи уште поголемо намалување на оваа важна извозна стока за Русија. Според мислењето на Москва, плусовите од овој договор за Русија ги надминуваат можните минуси. Иран ѝ е потребен на РФ како сериозен партнер, забележува Дмитриј Евстафјев од ПИР-Центарот. Според соработникот на програмата „Проблеми за неширењето“ на Московскиот центар „Карнеги“ Пјотр Топичканов, излегувањето на Техеран од санкциите на Русија ѝ дава добри перспективи, во прв ред
во областа на воено-техничката соработка, а, исто така, и во областа на нуклеарната технологија од мирен карактер. Како што беше забележано во медиумите, висината на потенцијалните договори во областа на воено-техничката соработка се оценува на 20 до 70 милијарди американски долари. Експертите подвлекуваат дека Иран е принципиелно важен за РФ од гледна точка на формирање на повеќевекторна надворешна и надворшеноекономска политика. Техеран, заедно со Москва, исто така е активно вклучен во сириската криза и го поддржува претседателот Ал Асад. Укинувањето на санкциите додава легитимност на дејствата на Иран како во регионот така и на меѓународната арена, претпоставува Кортунов.
5. Самити на БрикС и на ШоС Во рускиот град Уфа во јули 2015 година се одржаа два самита - на БРИКС и на ШОС. На самитот на БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и ЈАР) беше направен исчекор во однос на обединувањето во полноцена организација. Како основни резултати од средбата експертите ги наведоа фактичкото отпочнување на финансиски механизми, како што е банката за развој на БРИКС и условен базен на девизни резерви. За Москва ова е од големо значење, со оглед на фактот што поради санкциите Русија се најде отсечена од пазарот на капитал. Првите проекти на банката за развој на БРИКС, чиј обем на капитал изнесува 100 милијарди американски долари, ќе започне со финансирање веќе во 2016 година. Резултатите на самитот на ШОС (организација што ги обединува Русија, Кина, Казахстан, Таџикистан, Киргистан и Узбекистан) се квалитативните измени во обединувањето, смета Пјотр Топичканов. Новиот квалитет на ШОС се огледа во одобрувањето на молбите за прием во организацијата од страна на Индија и на Пакистан. Според првиот човек на Центарот за истражување на Источна Азија и на ШОС при Московскиот државен институт за меѓународни односи, Александар Лукин, ова ја прави ШОС помоќна како светски играч, ја прави „втор, незападен дел од Евроазија“. Москва добива нов сериозен инструмент за реализација на своите надворешнополитички интереси. Статии и аналитички материјали за актуелните политички теми можете да прочитате на нашиот сајт во рубриката Политика и општество http://mk.rbth.com/politics
4|
ПОГЛЕДИ
Подводните камења на сириската кампања Што да се очекува? Навистина ли се формира коалиција против тероризмот за која сите зборуваат? Тешко. Главната причина е во тоа што целите и задачите на оние што задолжително треба да земат учество во коалицијата не се совпаѓаат. Ситуацијата е парадоксална. И покрај сите огромни разлики во приодите на надворешните играчи (САД, Франција, Русија, Велика Британија...) тие на сличен начин го идентификуваат непријателот. За решавање на оваа задача потребна е активна интеракција на регионалните играчи - оние од Сирија и блискоисточните во целост. Теоретски, имено, тие треба да ги водат основните воени дејства. Но, излегува дека нивните приоритети се поинакви. За Турција основна закана е курдскиот проблем, кој се восприема како многу поопасен, одошто ИДИЛ. Саудиска Арабија се плаши од иранската (шиитска) експанзија многу повеќе одошто од приврзаниците на Ал Багдади. Иран води сложена регионална игра, а ИДИЛ е само еден од нејзините правци. Башар ал Асад, пак, има мошне широк асортиман на противници, во него влегуваат радикалните исламисти, но не се само тие. Другите земји од регионот трескавично се обидуваат да ја задржат контролата над сопствената ситуација, така што се принудени постојано да балансираат. ИДИЛ не се восприема како непријател во секој момент. Ваквата положба на работите практично ја исклучува реалната голема коалиција. Затоа, пак, им црта на надворешните држави непријатна перспектива. Сите сфаќаат и зборуваат дека без победи на земја не може да се победи ИДИЛ. Им се предлага да војуваат на оние што живеат на Блискиот Исток, уште повеќе што во овој регион по навика се проколнуваат „колонизаторите“ за мешање. Но, доколку и војуваат, тие нема да се борат со тероризмот, ами еден против друг, а тоа не смее да се допушти. Значи, зголемување на военото присуство може да биде неопходно и за Русија, и за САД, и за Франција, и за сите други. Притоа, сите знаат дека директните интервенции на Блискиот Исток се ризични.
Валериј Курту
Фјодор Лукјанов
мотивите на моСква Руската мотивација за сириската кампања е повеќеслојна. Заканата од неконтролираното ширење на тероризмот, секако, претставува главен мотив. Друг пласт се односите со официјалната сириска власт, која е дамнешен партнер. Ова лето стана јасно дека ресурсите на режимот се при крајот. Тој беше многу поцврст одошто предвидуваше Западот во 2011 година, но исцрпувачката војна остава свои тра-
ги. Падот на Ал Асад би бил доживеан како голем пораз на Москва. Своја улога одиграа и инструменталните мотиви. На пример, стремежот да се прошири полето за разговор со Западот, кој во последниве две години речиси во целост се сведе на украинската тема и на минскиот процес. Впрочем, руските дејства во Сирија треба да се разгледуваат и во поширок светски контекст. Москва посегна по правото што во последниве 25 години (од моментот на „Пустинска бура“) мо-
ПОГЛЕДИ
|5
Терористичките напади во Париз и на Синај, а и претходно започнатата воена интервенција на Русија во Сирија, нагло ја зголемија можноста за регионална криза. И, еве, меѓ ународните сили за борба со ИДИЛ постојано вклучуваат нови надворешни (нерегионални) актери. Само кус период наназад ваква одлука донесоа Велика Британија и Германија, иако тие претходно не покажуваа желба за активно учество постигнувањата на сопствени конкретни и јасни цели, ја водат само САД со поддршка на своите сојузници. Москва, со започнувањето на операцијата, го промени распоредот на силите и на перспективите за решавање на најважните меѓународни конфликти, при што таа нема некаква практична полза. Ова е прерогатив на највисоката воено-политичка лига, која е способна да го диктира дневниот ред. Друг важен момент е што конфликтот во Сирија најверојатно ја завршува епохата на „хуманитарно-идеолошки“ приод кон решавање на локалните кризи. До неодамна најважен елемент во дискусиите на меѓусебните препукувања беа обвиненијата за злосторство против сопствениот народ, за жестоко задушување на протестите итн. Водачот што е извалкан со вакво однесување се запишува во категоријата на оние со „изгубен легитимитет“, па така дијалогот со нив станува непотребен/недопустлив. Садам Хусеин и Моамер Гадафи минаа по тој пат, а Башар ал Асад треба да го повтори. Но, сега хуманитарниот аспект, се чини, повторно останува зад реалистичкиот приод. Црно-белото делење на добри и лоши момци доведува до ќор-сокак, треба да се тргува со сите.
виенСка траекторија
нополски го држеа Соединетите Американски Држави. По правото за примена на сила за воведување меѓународен ред, односно за функцијата „светски полицаец“. Русија се втурна во сферата во која се решаваат прашањата на хиерархијата.
менУвање на Правилата на игра „Монополарниот свет“ подразбираше дека војната „во име на мирот“, односно оние што не се поврзани со
Принципиелно нова етапа за Сирија беше средбата во Виена. Ова е втор (по иранскиот „нуклеарен“ маратон) случај на преговори со отворено финале, кога формата за решавање треба да се определи во текот на дискусијата, а не да е пропишана претходно, така што на учесниците им останува само да го разгледаат патот за неговото постигнување. Како ќе биде устроена Сирија по војната сега не знае никој, и во дадениов случај тоа е добро. Се разбира дека не постојат никакви гаранции за успех, но концепциски патот е многу поздрав. За жал, удар против процесот е остриот руско-турски конфликт, кој беше предизвикан со уривањето на рускиот авион. Русија нема желба, ниту ресурси за водење долга кампања во Сирија. Политичко решение на Москва ѝ потреб-
но исто онолку колку што им е потребно на другите. Сега, секако, тоа во себе треба да го вклучува и фактот на забележливо присуство на Русија во Сирија. Тешко е да се претстави дека Кремљ ќе се откаже од воената инфраструктура што беше брзо создадена таму, исто како што Соединетите Американски Држави не заминуваат од Авганистан по целосното завршување на мисијата.
оДење По тенката црвена линија На Русија ѝ претстои лукава еквилибристика. Како прво, да обезбеди сопствено геополитичко присуство во Сирија во перспектива, независно од конфигурацијата на власта во оваа земја. Како второ, да не ги подрива односите со Иран, кои одат во добра насока - таа е важен регионален партнер во перспектива. За Техеран зачувувањето на сегашниот режим е од животна важност, а тој не предвидува без основа дека секоја промена ќе биде фатална за иранската доминација во Сирија. Сириската епопеја е речиси единствената што ги цементира овие односи, во секоја друга смисла Техеран гледа на Русија со сомнеж. Како трето, да не се претвори во голема држава, која ги опслужува регионалните интереси на Иран во ист степен како што САД, на пример, долго време ги опслужуваше интересите на Саудиска Арабија. Впрочем, ескалацијата на настаните, брзиот пораст на обемот во последниве недели принудува да се направи уште еден заклучок, кој не е за утеха. Денес веќе не станува збор за Сирија, туку за иднината на целиот регион, а решавањето на сириската криза е невозможно без преструктуирање на Блискиот Исток. Оваа задача, пак, е со многукратно поголем размер и со многукратно поголеми ризици. Денес Русија не се плаши да ризикува. Ф јодор Лукјанов е главен уредник на списанието „Русија во глобалната политика“ и научен советник за национално истражување при универзитетот Виша школа за економија
6|
ЕКОНОМИЈА
топ пет настани во руската Ана Кучма централната Банка ја намали клУчната СтаПка Руската Централна банка на крајот на јануари ја намали клучната ставка од 17 на 15 отсто. Во текот на следните три месеци мегарегулаторот последователно ја намалуваше до 12,5 отсто. На ваков начин Централната банка се обидуваше да ја стабилизира ситуацијата што избувна кон крајот на 2014 година, кога поради големата девалвација руските извозници си ги задржаа девизите, а за исплата на даноците претпочитаат да земаат кредит во рубли. Поради високата камата во Русија се намали бројот на издадени кредити, а индустријата остана без средства за проширување. Во август 2015 година стапката беше намалена до 11 отсто.
тУрСки намеСто јУжен тек? Откако кон крајот на 2014 година Русија се откажа од проектот „Јужен тек“, низ кој по дното на Црно Море требаше да испорачува гас во Јужна Европа, Москва, се чини, најде нова варијанта за испорака на својот гас, заобиколувајќи ја Украина. Во јануари 2015 година беше објавена нова маршрута на гасоводот преку Турција. Веќе напролет преговорите за овој проект влегоа во ќор-сокак. Русија планираше да изгради гасовод за транзит во Европа, а Турција само една линија за своите потреби. Во една ваква констелација Русија беше принудена да бара и други варијанти. Како исплатлива варијанта се појави проектот „Северен тек 2“, со кој ќе се прошири гасоводот по дното на Балтичко Море. На крајот на ноември годинава поради конфликтот во Сирија и урнатиот руски авион Су-24 од страна на турските воени сили, проектот „Турски тек“ е фактички замрзнат. Русија воведе специјални економски мерки за Турција, а иднината на овој мегапроект останува непозната.
УниШтени Стотици тони зеленчУк, Сирење и меСо Во август 2015 година во Русија стапи на сила указот на уништување на производите што влегуваат во списокот за ембарго, а кој претходно беше
потпишан од претседателот Владимир Путин. Во Русија започна закопување и палење на производите што, без оглед на забраната, влегуваа на територијата на Русија незаконски. Еден од аргументите беше заканата за
здравјето на населението, со оглед на тоа што овие производи не ги поседуваа потребните сертификати. Првиот ден под гасениците на булдожерите се најдоа 319 тони прехранбени производи. Ваквиот чекор на власта пред-
ЕКОНОМИЈА
|7
економија во 2015 година нафтата Повеќе не го Полни БУџетот
Ниските цени на нафтата и падот на платежната способност на населението станаа клучни фактори што влијаеја на руската економија во текот на 2015 година
Силната волатилност на цените на нафтата ја принуди владата да се откаже од првичното тригодишно планирање на буџетот и да премине на едногодишен план. Веќе кон крајот на август светските котации на нафтата за кои е врзана и цената на руската извозна нафта Уралс, го обнови шестгодишниот минимум. Нафтата од марката Брент поевтини до 42,52 американски долари за барел, а WTI до 37,75 американски долари. За рускиот буџет, во кој 50 отсто од позитивата се приходи од продажбата на нафта и гас, разликата 10-20 американски долари е принципиелна. На крајот беше решено да се формира буџет само за 2016 година, во кој билансот ќе биде зачуван за сметка на намалувањата на расходите во областа на одбраната, на образованието, на здравството и на станбено-комуналниот сектор.
Getty Images
Банкрот на втората По големина авиокомПанија
извика негодување од страна на населението, а 250 илјади лица потпишаа петиција за повлекување на указот. Но, тој е сѐ уште на сила. На крајот на ноември беа уништени вкупно 787,4 тони производи. Во Федералната служ-
ба за ветеринарен и фитосанитарен надзор сметаат дека ваквиот начин е најефикасен во борбата со шверцуваната стока. Во некои региони бројот на обиди за увоз на производи што се под ембарго се намали за 80 отсто.
Во октомври 2015 година руската влада прогласи банкрот на авиокомпанијата „Трансаеро“. Така заврши историјата на вториот по големина авиопревозник во земјата, чие појавување во деведесеттите години од минатиот век го означи почетокот на вистинската конкуренција во руската цивилна авијација. Причина за крахот беше ризичната стратегија за развој, која подразбираше активно кредитирање, зголемување на обемот на превоз и дампинг-цени. Ситуацијата ја влоши економската криза, поради која се намали бројот на патници, а кредиторите станаа помалку трпеливи. Во моментот на банкротирањето долгот на „Трансаеро“ изнесуваше 260 милијарди рубли (четири милијарди американски долари). Заминувањето од пазарот на еден ваков крупен играч негативно ќе влијае врз мобилноста на Русите и ќе доведе до зголемување на цените на авионските билети. Низа приватни компании можат да добијат со делумно заменување на „Трансаеро“ во определени правци. Сепак, основен бенефицијар станува националниот авиопревозник „Аерофлот“. Во подготовката на материјалов учествуваа експерти од Фондот за национална енергетска безбедност, од Вишата школа за економија, аналитичари од авијатичката индустрија, како и претставници на Федералната служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор
Алена Репкина
8|
АРМИЈА
РУСИЈА И МАКЕДОНИЈА
|9
Крајот на годината е секогаш резервиран за сумирање на резултатите за направеното и за постигнатото. 2015 година беше мошне плодна за билатералните односи меѓу Русија и Македонија. По тој повод „Руска реч“ поразговара со амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, н.е. Олег Николаевич Шчербак, кој ги сумираше резултатите во билатералните односи за годинава што изминува
Руско-македонската соработка поседува голем потенцијал
стр. 10-11
Игор Бансколиев
Емил Ниами
10 |
РУСИЈА И МАКЕДОНИЈА
Како го оценувате развојот на рускомакедонските односи во годината што изминува? - Задоволни сме од темпото на развој и од конструктивниот карактер на соработката со Република Македонија. Во 2015 година нашите земји продолжија успешно да соработуваат во сите сфери што се од заеднички интерес, активно работеа со цел раширување и продлабочување на билатералните врски. Годинава што изминува не беше едноставна како за Русија така и за Македонија. Исклучително е важно што во вакви сложени услови нашите односи се развиваа во духот на вистинско партнерство и рамноправност, заемно разбирање и доверба, приврзаност кон нормите на меѓународното право – немешање во внатрешните работи, почитување на суверенитетот и земање предвид на интересите еден на друг. Добар пример за тоа е принципиелната позиција на Русија, која во периодот на заострување на внатрешнополитичката затегнатост и појавувањето на терористите во Македонија во април-мај годинава, цврсто застана во заштита на стабилноста на Македонија, на нејзиното право за независност и слободен развој, за обезбедување на своите национални интереси. Убедени сме дека во денешниов високо конкурентен и глобализиран свет, вистински успех и напредок може да се постигне само доколку се зачува отвореноста кон соработка со сите земји, и среќни сме што Македонија го сфаќа тоа. Сето тоа ни овозможува не само да го поддржуваме традиционалното високо ниво на соработка од заемна полза и политички дијалог туку и да го зголемиме темпото. Така, на пример, оваа година по покана на претседателот на Русија В.В. Путин, првиот човек на Македонија Ѓорге Иванов ја посети Москва, каде што зеде учество во свеченостите поврзани со 70-годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна. Активно и на постојана основа се вршеше размена на мислења меѓу раководителите на надворешнополитичкиот ресор на двете страни. Како резултат на тоа годинава суштествено напредувавме и во областа на усовршувањето на договорноправната база. Но, без оглед на тоа, очигледно е дека за обете страни е рано да се запира на постигнатото: пред нас имаме уште многу работа. Уверен сум дека руско-македонската соработка поседува голем потенцијал и од своја страна ние сме расположени да направиме сѐ за доброто на народите на двете земји, а, исто така, и за мирот и стабилноста во регионот. Би можеле ли да направите краток преглед на состојбата и на перспективите на руско-македонската трговско-економска соработка?
Игор Бансколиев
Продолжение од стр. 9
- Без оглед на затегнатата надворешнополитичка ситуација, нестабилноста на пазарите и кризните појави што продолжуваат во светот на финансискиот систем, соработката помеѓу нашите земји во трговско-економската сфера продолжува постепено да се развива. Русија традиционално влегува во кругот на водечките трговско-економски и инвестициски партнери на Македонија, и ние со сигурност сметаме на понатамошен развој на нашата соработка во овие правци. Резултатите од годинава нѐ радуваат. Така, според руската служба за статистика, надворешнотрговскиот обрт на Русија со Македонија за првите осум месеци од годинава е зголемен за 48 отсто во однос на истиот период лани и изнесува 138 милиони долари. Постои основа да се претпостави дека на крајот на декември овие бројки ќе бидат со поголема тежина. Една од клучните сфери на нашата билатерална соработка претставува и реализацијата на проекти во гасната сфера, учество на руските компании во создавањето современ гасоводен систем. Во март годинава компанијата „Стројтрансгас“ пристапи кон изградба на првиот дел од системот за гасификација на земјата на делницата Клечовце-Штип со должина од 61,5 километри за сметка на клириншкиот долг на поранешниот СССР кон поранешната СФРЈ. „Стројтрансгас“ заедно со своите македонски подизве-
дувачи веќе го заврши линискиот дел од проектот, сѐ оди според планот и кон јуни 2016 година овој дел од гасоводот ќе биде предаден за експлоатација. Изградбата на гасоводна мрежа ќе овозможи етапно префрлање на низа македонски електрани, индустриски и земјоделски претпријатија од јаглен и мазут на природен гас, што ќе даде импулс за ефикасен развој на економијата, ќе создаде нови работни места, ќе овозможи кардинално подобрување на еколошката ситуација во Македонија, а тоа значи благосостојба и здравје за населението. Сметаме дека искуството, производните и технолошките можности на „Стројтрансгас“ и на другите руски компании ќе бидат потребни и понатаму при изградбата на другите делови од гасоводот. Не можам да не дадам должно признание на принципиелноста и визијата на Владата на Македонија, која не ги поддржа антируските санкции воведени од страна на Европската Унија и САД, а кои се во спротивност со меѓународното право. Како резултат на авантуристичките и противправни одлуки на своите политичари, европските и американските земјоделци се лишија себеси од пристап кон огромниот руски пазар, кој брзо се пополнува со производи од други земји. Во моментов македонските компании добиваат единствена можност значително да го зго-
РУСИЈА И МАКЕДОНИЈА лемат извозот на своите производи во Русија и во другите земји од Евроазиската економска унија. И овој процес е веќе започнат: според нашите податоци, за првите осум месеци од годинава забележано е зголемување од 41,3% на испораките во Русија на македонски земјоделски производи, што изразено во бројки изнесува 37,5 милиони американски долари. На овој фон е зголемен бројот на „прозорци на можности“ и за македонските производители на месни и млечни производи. Во јули годинава беше спроведена извозна инспекција од страна на Федералната служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор на 15 претпријатија за производство на продукти од животинско потекло за соодветство со ветеринарно-санитарните барања и норми на Евроазиската економска унија и на Руската Федерација, според која четири претпријатија добија дозвола за извоз на своите производи во Русија. Сега работиме на тоа и останатите 11 компании да добијат вакви дозволи. Русија е подготвена да ги разгледа варијантите за давање дополнителни преференции за извоз на низа македонски производи. Овие прашања активно се разгледуваат во различни форми на меѓувладината руско-македонска комисија за трговско-економска соработка, на гранковите работни групи, а, исто така, и преку контактите на министрите за земјоделство на Русија и на Македонија. Русија е исто така подготвена, доколку постои интерес кај Владата на Македонија и во насока на соодветен третман кон Евроазиската економска унија, да го искористи својот авторитет и влијание во оваа организација за предметно да се работи на прашањето за воведување на режим на слободна трговија со Македонија, кој може да ги доведе нашите трговско-економски врски на ново, повисоко ниво. Познато е дека голем придонес во развојот на трговско-економската соработка меѓу двете страни имаат и руските компании што работат на територијата на Македонија, а кои имаат голема потреба за специјалисти со познавање руски јазик. Од своја страна, дефицит на вакви специјалисти чувствуваат и македонските компании што се стремат да излезат на рускиот пазар или да го прошират своето присуство на него. Во врска со тоа, логично е и прашањето за тоа како стојат работите со изучувањето на рускиот јазик во Македонија. Како би ја карактеризирале состојбата во оваа сфера? За жал, засега не успеваме да ја преломиме тенденцијата на намалување на бројот на часови што се одвојуваат за изучување руски јазик во македонските училишта. Овој процес е започнат пред по-
веќе од 20 години, а ние во повеќе наврати сме дискутирале на оваа тема со нашите колеги од Министерството за образование на Република Македонија и со овдешната педагошка јавност. Мислам дека многу зависи од сфаќањето за тоа дека знаењето на рускиот јазик во современиот свет ѝ дава на младината пристап не само до многу богатата култура и историја на Русија, до нејзината напредна наука и технологии, но и им дава на луѓето голема конкурентна предност на пазарот на трудот. Всушност, кој ќе се зачуди денес од познавање на англискиот, на францускиот или на германскиот јазик? Претпоставувам дека сите ние треба да им дадеме шанса на младите луѓе да го учат рускиот јазик. Сметаме дека практична потпора во оваа важна работа ќе биде Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, каде што младите луѓе ќе можат да научат да зборуваат и да пишуваат на руски, да читаат печатени и електронски верзии на руски книги и периодични изданија, да се организираат тематски настани и, едноставно, да комуницираат. Планираме Рускиот центар, кој се создава со поддршка на фондот „Руски свет“, да започне да работи во новата 2016 година. Како уште едно решение на проблемот со подготовка на рускојазични кадри е студирањето на македонските студенти во руските високообразовни установи. Колку успешно се реализира оваа практика денес? Во последно време на македонските граѓани секоја година им се доделуваат од 20 до 30 стипендии за студирање во Русија. Во 2015 година оваа квота на руското министерство за образование и наука беше во целост реализирана. Македонските студенти во Русија најголем интерес покажуваат за медицината, за инженерските специјалности во областа на нафтата и гасот, рударската индустрија, металургијата, машинството, во областа на информациските технологии, логистиката и транспортот. Во оваа пригода сакам да им соопштам на сите читатели дека во март-април следната година амбасадата ќе спроведе нов конкурс за избор на кандидати за студирање во руските високообразовни установи. Ги повикуваме сите оние што сакаат да студираат во Русија навреме да се обратат во Министерството за образование на Република Македонија, а, исто така, и во нашата амбасада. Списокот на потребните документи и условите ќе можете да ги најдете на сајтот на Амбасадата веќе кон крајот на јануари 2016 година. Образованието е важна, но не и единствена сфера во хуманистичката соработка меѓу двете земји. Како ја оценувате динамиката во развојот на руско-македон-
| 11
Стабилност и благосостојба во 2016-та Што би ѝ посакале на Македонија и на нејзините граѓани во новата 2016 година? Многу би сакал следната година да ѝ донесе на братска и пријателска Македонија, на нејзините граѓани и на сиот свет мир, стабилност и благосостојба. Сите да бидат здрави и среќни. Во секое семејство нека царуваат радоста, љубовта, богатството, увереноста во утрешниот ден и достоинствената иднина на Македонија како независна и суверена земја. ските контакти во годинава што изминува во делот на билатералните односи? Во блиска иднина планираме да го завршиме процесот на усогласување на Програмата за соработка во областа на културата, науката, образованието и спортот за 2016-2019 година. Овој настан претставува круна на мошне успешната година во планот на развој на хуманистичката соработка на двете земји, која беше одбележана со мноштво јарки и значајни концерти и претстави, изложби и презентации, научни конференции и спортски настани. Лично мене ми е тешко да изделам некој настан, зашто сите тие беа со мошне висок квалитет, богатства на форми и длабочина на содржината. Сепак, би можеле ли да издвоите дватри настана што се за паметење? Меѓу настаните што беа предводени од Амбасадата, доколку го оставиме настрана безусловно главниот настан на годината за Русија, 70-годишнината од победата над фашизмот, особено би ја одбележал промоцијата на првите 38 тома од уникатното енциклопедиско издание „Православна енциклопедија“, која ја спроведовме заедно со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во октомври во Охрид. А, како љубител на театарот, од она што е најново би ја издвоил великолепната премиера во Македонскиот народен театар на претставата „Мајсторот и Маргарита“, според романот на рускиот писател М.А. Булгаков. Мислам дека оваа претстава во режија на познатиот македонски режисер Иван Поповски беше еден од настаните што можат да претставуваат симболи на најдобрите традиции на руската и на македонската театарска школа и на духовната блискост на нашите народи. Повеќе за билатералните односи помеѓу русија и македонија можете да прочитате на нашиот сајт на тагот http://mk.rbth.com/rusija_i_makedonija
12 |
КУЛТУРА
Како е да се
Марија Карнаухова
Марија Сагалакова потекнува од шаманско семејство, а и самата е шаманка. Со тивок глас ја повикува во шестоаголната јурта четвртата по ред група што очекува помош од неа. Добродушната жена во фустан со јарки бои никого не стрела со погледот и нема пердуви во косата. На прагот на јуртата мачката се умилкува околу нозете на посетителите, а внатре, меѓу примероците народни носии и стари предмети, во еден агол се нашло место и за икони. - Тоа се икони на мајка ми. Јас позитивно ги доживувам сите религии. Сите тие имаат иста суштина, само што таа суштина различно се толкува. Но, сите веруваат дека постои виша сила. Јас за своите 65 години не сум видела ниту еден атеист. Секој верува во нешто - го забележува Марија мојот поглед и се насмевнува. Во средината, на земјениот под се наоѓа огништето, а зад него кревет преполн со култни предмети. Дрвата одвај горат, а јуртата тоне во мрак... - Седнете околу огништето за да можете да го видите огнот - вели шаманката. Кога влегоа сите, на земјениот под се најде мечкина шепа врзана со лента: - Тоа е домашен дух, тој го чува влегувањето во јуртата. Кога ќе падне, тоа значи дека влегол некој со користољубиви мисли - сосема мирно вели Марија, го зема од креветот барабанот и го принесува до огнот за да се исуши. Секој шамански барабан е посебен. Шаманите веруваат дека тие имаат душа. Тие се еден вид животни за јавање со кои шаманите патуваат меѓу световите, а може да биде и оружје против духовите. По смртта на шаманот на неговиот барабан задолжително му се пробива кожата. - Сега извадете ги продуктите - вели таа. Гостите вадат вотка, сурово месо, кекс, леб и млеко - сето тоа го донеле за огнот.
Потомци на Шамани Семејството на Марија Сагалакова е големо. За своето семејство таа има бавча и овоштарник, одгледува стока, готви и чисти, а налето внимава на децата. Нејзиниот род потекнува од еден голем шаман. Марија ја наследила силата од својот татко. Уште во детството таа поседувала необична интуиција, но вистинските способности на шаман биле откриени дури во нејзината 40 година, кога го родила помладиот син. Оттогаш, наместо приспивни песни, таа практикува грлено пеење. Три години подоцна доживеала целосна парализа, која траела девет месеци, а сето тоа време сонувала еден ист сон. Не ѝ помогнале ниту лекарите, ниту психоаналитичарите, ниту црквата. На крајот Марија решила да побара помош од шаманите. Тие ѝ рекле дека нејзина судбина е да им помага на луѓето, и ако таа не им се открие на духовите, ќе умре на 50 години. Немало кој да ѝ помогне. Нејзиниот
татко не можел непосредно да ѝ ги пренесе своите шамански знаења, зашто во советска Русија шаманството се казнувало со стрелање или со логор. Поради тоа, тој со таа работа се занимавал тајно. Затоа Марија за време на трансот се слуша себеси, со оглед на тоа што обредните дејства не ги врши по своја волја. Таа запишува за да им биде полесно на нејзините потомци. Сепак, најобемен ракопис во нејзината колекција е книгата за впечатоци. Кај Марија доаѓаат луѓе речиси секој ден. Кога никој не доаѓа, таа мора нешто да прави, зашто во спротивно духовите ќе ја казнат.
тајната на оБреДот Барабанот е сув и шаманката почнува да го „храни огнот“. Јазиците се креваат, пламенот се шири сѐ дури некој од присутните во него не види челуст. - Гледајте, храната излегува од огништето. Сте виделе ли некогаш дрво на кое има закачено многу ленти? Тие се врзуваат за дрвото кога некој сака да му се ис-
Иља Најмушин/Ројтерс
Александар Крјажев/РИА Новости
На југот од Сибир, во планините, степите и тајгите, живеат Хакасите - народ што ја зачувал древната традиција на шаманизмот. Тие до денешен ден им благодарат на духовите и им оддаваат почит на предците пред монументалните некрополи. „Руска реч“ за своите читатели замина во посета на една од најпознатите хакаски шаманки
КУЛТУРА
| 13
биде сибирски шаман
екСтаза Удира во тапанот со стап во облик на лист кој ја симболизира власта над сите стихии: ветрот, водата, земјата и воздухот. Над талентирани луѓе удира во врвот на барабанот - тоа е горниот свет каде што живеат боговите. Рацете се креваат кон небото, а шаманката во екстаза жестоко се удира. Над приземните луѓе удира во средината на барабанот - тоа е светот на луѓето и на духовите на природата. Над оние чија душа е кревка и кои тежнеат кон она од другата страна удира на долниот
маат бавча! Кога имало такво нешто? Самите не работат и туѓиот труд не го ценат. А, кога би било обратно, шаманите би имале помалку работа. Знаете, мисијата на шаманот е да им помага на луѓето, да носи добрина. Ете, ќе си поразговарам така со некој човек и веќе ми станува подобро зашто нему му е лесно и тој веќе знае како да ја заштити својата иднина. Нашата сила е во тоа што ние веруваме во луѓето - вели Марија.
еДна легенДа на Шаман оД роДот на Сагалаков РИА Новости
полни желба. Црвените ленти се молба до духовите на сонцето и огнот, зелените се молба до природата, а сините до небото. Белите ленти се чисти мисли, тогаш цел ден не смее да се мисли на ништо лошо. Ветрот ги ниша лентите и вашите желби се исполнуваат. Покрај тоа дрво, а исто така и покрај скршените колци за врзување коњи, секогаш треба да се застане и да се остави кекс, бонбони или копејки. А, вие тоа не го правите, огнот ми покажува - вели таа. Хакасите отсекогаш се доживувале себеси како гости на овој свет, додека нејзини вистински домаќини се планинските духови. За контакт со нив човекот го измислил јазикот на обредот. Се смета дека луѓето живеат подобро доколку имаат врска со духовите. - Ова не е претстава, ова е работа и тешко бреме. Воопшто немам време за себе. Некои мислат дека е тоа едноставно: ќе си купиш барабан, ќе удираш по него и веќе си шаман. Или се собираат на куп и „камлаат“ (вршат ритуали - заб. ред.). Можно ли е такво нешто? Секој има свој дух, а духовите се различни. Јас никогаш не би се согласила да застанам покрај темен шаман - вели таа. На крајот Марија облекува народна носија - црвен фустан кој во долниот дел се шири и има голем изрез околу вратот. На главата става црна капа прошиена со мали школки и украсена лента која речиси го прекрива лицето. - Гледајте во огнот, барајте секој да ви прости и секому простете. Изгорете ги сите проблеми во неа. Не се потребни никакви зборови и молитви. Зборувајте од душа - вели таа. Шаманката ги затвора очите и почнува да камла, односно да патува по световите на Вселената, разговара со духовите, ги гледа во очите, ги пушта да влезат во неа. Оди во круг и час пее, час морничаво се кикоти, час шепоти, час вика, час како да имитира жубор на поток и вик на птица-грабливка, час разговара со некого...
дел од барабанот - тоа е светот на подземните духови. А, покрај оние чии срца се исполнети со злоба и со завист рацете на шаманката се спуштаат, духовите седнуваат на нејзините рамена и притискаат, притискаат, притискаат... - Завршив, можете да излезете - вели шаманката и пушта еден од посетителите, фрлајќи го стапот. Мирисот на трева фрлена во огнот предизвикува вртоглавица. На еден шаманката му вели да се здружи со месечината и да се фали со брадавиците за месечината да му ги земе. Од друг го брка духот на некој негов предок што упорно влијае врз неговиот живот, а трет го ослободува од кошмари. Шаманката е проводник на природните сили. Таа го доведува молителот во состојба на хармонија со природата и со духовите. По обредот на чистење Марија ги реди талисманите што ги направила самата: - Некогаш ќе го боцнам прстот и крв ќе капне на талисманот, и така веќе сум принела жртва. Тоа значи дека талисманот ќе биде силен. Се случува конците да се замрсат и да потрошам неколку часа за да ги отплеткам. Така во нив ја внесувам својата сила. Кога ќе видам кој каков талисман избрал, можам да кажам за каков човек станува збор. Патем речено, тој талисман е добар за зглобовите - вели таа и покажува на еден направен од дрво. Тогаш забележав дека Марија на едната рака има шест прста. Потоа таа ја слекува ритуалната облека, го брише челото и седнува покрај огнот. - Ме прашуваат како постојано имам пари. Па, секако, работам како вол! А, сега луѓето престанаа да се трудат. Мислам дека е тоа болест. Живеат на село, а не-
Некогаш одамна еден моќен шаман од еден хакаски род откупил девојка за своите синови. Таа толку го освоила со својата убавина што таткото ѝ дозволил да избере за кој од синовите сака да се омажи. Но, девојката, всушност, не можела да избере, зашто според хакаската традиција помладите синови немаат право да се оженат додека не се ожени најстариот. Нејзе ѝ се допаднал најмладиот, но морала да го избере најстариот. Пред мажачката таа постојано се обидувала да избега од семејството на шаманот, но секогаш ја враќале. Еднаш, кога веќе била во последниот месец од бременоста, престанале да внимаваат на неа, а таа избегала во непроодната тајга. Се хранела со шумски плодови и со печурки, барала луѓе и се породила во близина на едно село. Тетеравејќи се, го завиткала своето бебе, се завртела и околу себе видела еднолични борови и кедари, а меѓу нив видела преубава рјабина (вид дрво, /sorbus/ со црвени бобести плодови - заб. прев.). Таа го оставила новороденчето покрај рјабината и тргнала да бара помош во најсиромашната јурта, надевајќи се дека таму ќе ја примат. Во јуртата живееле дедо и баба. Додека бабата ѝ помагала на девојката да си дојде на себе, дедото отишол по детето. Кога дошол до рјабината, помеѓу елките на еден кедар видел орел со крвав клун. Дедото помислил дека орелот го убил детето, но кога се приближил до дрвото забележал дека детето е живо и здраво, а дека околу него лежат убиени грабливци. Никој не можел да му се приближи на детето зашто орелот го чувал. Ова момче потоа станало голем шаман, прв во родот Сагалков, кој веќе на свои девет години почнал да лекува луѓе. Доколку ве интересираат шаманите, прочитајте ја и нашата статија„Шамански фестивал од тува“ на http://mk.rbth.com/35969
14 |
ПАТУВАЊА
Зима, мечки и опасности:
Alamy/Legion-Media
три мита за сибир
Ана Груздева е автор на бројни текстови за патувања на нашиот сајт и потекнува од Сибир. Таа избра три најзастапени стереотипи за Сибир и погледна на нив од агол на некој кој при споменувањето на зборот „Сибир“ веднаш помислува на зима, на мечки и на логорите од ГУЛАГ. Сибир зазема речиси 10 отсто од светското копно и се протега сѐ до монголската граница на југ и до ладните брегови на Северниот Леден Океан на север. Тоа е земја на осуденици и на херои, наоѓалиште на нафта, а исто така и на рудници на јаглен и на злато. Освен тоа, ова е и територија со најголеми шумски масиви на светот. Во Сибир доаѓаат оние што се во потрага по авантуристички одмор, луѓе што сакаат да го истражат непознатото, како и зависници од адреналин, кои возбудата ја наоѓаат на високите планини и во заборавените села покрај Транссибирската пруга.
1. вечна зима „Во Сибир е многу ладно“. Ова е најчестиот стереотип за Сибир кој е исто толку распространет во другите де-
лови од Русија колку и во странство. Нема резон да се дискутира дали е тоа точно, со оглед на тоа дека веќе во октомври од орманите се вадат зимските чизми, топли капи и ракавици. Но, сибирската зима не трае вечно. Полскиот фотограф Рафал Милач има дојдено во Сибир неколку пати додека работел на својот проект „Седум соби“, па во една пригода има изјавено: „Кога првпат дојдов беше лето. Во Новосибирск зедов зимски чевли, а температурата беше 40 степени според Целзиус. Мислев дека во Сибир ќе биде ладно, па морав да одам во продавница и да купам летна облека“. Мора да се земе предвид фактот дека Сибир зазема огромен дел од Евроазија. Доколку во јуни дојдете во најсеверниот дел на Краснојарскиот крај, на пример во местото Диксон, ќе видите многу снег, а исто така и замрзнатото Карско Море и луѓе како носат топли виндјакни. Тоа е така зашто сте дојдени на Арктикот. Но, ако исто во јуни го посетите Краснојарск, кој се наоѓа многу појужно, ќе видите како се сончаат студенти покрај брегот на Енисеј, семејства со деца кои на островот Татишев, главен градски центар за рекреација, возат велосипеди или ролери. Доколку не ги покриете рамената, ќе ве изгори сонцево. А,
пак, доколку заминете на Алтај, ќе ви биде ладно како напролет, зашто сте опкружени со планини. Многу луѓе што се родени во Сибир
Alamy/Legion-Media
Ана Груздева
ПАТУВАЊА
| 15
ги сакаат долгите зими, без оглед на тоа што температурите паѓаат до -20 или -30 степени според Целзиус, но тие уживаат во скијањето, во лизгањето или во возењето сноуборд. Минатата година учесниците од проектот „Јас сум од Сибир“ организираа кампања под назив „Белите сибирски плажи“, со цел да покажат дека зимските забави на Сибир се поубави и поинтересни од летните.
„Мечки шетаат по улица“. Ова е следниот популарен мит за Сибир. Секако, таму има огромни ненаселени пространства со тајги каде што живее кафеавата мечка, па не можеме да одречеме дека овие кривоноги месојадци не ни се соседи. Сепак, тоа се разликува од регион до регион. Така, ако се упатите на планинарење по Западен Сајан, или ако тргнете на прошетка низ малите села опкружени со тајга во регионот на Тофаларија во Иркутската област, или ако дојдете до Чарската пустина, голема е веројатноста дека ќе сретнете мечка. Но, во големите градови, како што се Краснојарск или Новосибирск, тоа е речиси невозможно. Од друга страна, точно е дека понекогаш овие животни се појавуваат во предградијата. Најчесто се принудени да се приближат до населбите поради шумските пожари или доколку во местото каде што живеат тие нема доволно мешунки или бобесто овошје со кои тие се хранат. Инаку, мечките ги избегнуваат луѓето, а ни човекот нема желба да доаѓа во контакт со нив. Мечката се смета за еден од симбо-
Денис Кожевников / ТАСС
2. мечки
лите на Сибир, но, пред сѐ, станува збор за долгогодишен обид за развој на локален туристички бренд. Доколку го посетите јужниот дел на Алтај, најпрво ќе видите како на небото кружат мршојадци. Во степите на Даурија на југот од Забајкалскиот крај, најпознати животни се манулот (паласовата мачка), срната и монголската газела (ѕерен). За мнозинството староседелци на северот најважно животно е ирвасот.
3. оПаСна територија Понекогаш од странците слушам дека нивните роднини ги одвраќале од патувањето зашто „Сибир бил опасен“. Претпоставувам дека причина за тоа е што во советска доба зад Уралските планини се наоѓале голем број логори од ГУЛАГ-от. Денес СССР не постои, логорите одамна се напуштени и заборавени, а во Сибир со радост ги пречекуваат туристите од сиот свет. Според тоа, сосема е погрешно да се смета дека е ова место што е поопасно од кое било друго на светот. Во нашите краеви, баш како и во Европа, САД или во Австралија, може да се
наиде и на топло добредојде, но и на непријатности. Еден ден ќе сретнете отворени и љубезни луѓе, а веќе следниот некој што е нечовечен или пијан. Но, тоа може да се случи каде било. Блогерката Пеги Лохсе дошла на северот на Русија од Германија и своето искуство го опишува со следниве зборови: „Сибир воопшто не е поопасен од другите краишта во светот. На почетокот може да ви се стори дека жителите се малку груби, но главно се исклучително добри. Еднаш патував од Томск до Краснојарск преку Кемерово и требаше да преседнам од возот ‘Јурга-1’ на возот ‘Јурга-2’. Мислев дека нема да има проблем, зашто тоа е мало место. Но, се изгубив. Дојдов до крајот на градот носејќи голем ранец на грбот и не знаев како да стасам онаму каде што бев наумила. Беше есен и дуваше ветар. Стоев на улица и се тресев од студ. Но, наидоа некои луѓе, кои испраќаа еден друг патник до станицата, и ме прашаа дали ми е потребна помош. На крајот ме одведоа до местото од кое тргнува возот, па дури и ме однесоа во обиколка на градот“. Затоа, отфрлете ги врежаните мислења и подгответе се за нови искуства и за патување до Сибир.
Судејќи според стереотипните верувања, во Сибир владее вечна зима, а по улиците шетаат мечки, така што доаѓањето тука е мошне опасно. Но, стварноста е сосема поинаква. „Руска реч“ ви ги претставува трите најраспространети мита за Сибир
ИМПРЕСУМ
16 |
КАЛЕИДОСКОП
Писмата на читателите, колумните и илустрациите означени како „мислење“, како и текстовите од рубриката „погледи“ во овој додаток се избрани за да претстават различни гледишта и не го изразуваат нужно гледиштето на уредникот на проектот „Russia Beyond the Headlines“ или на весникот „Росијскаја газета“. Ве молиме вашите писма и коментари да му ги испраќате на уредникот на urednik@mk.rbth.com
ЕВГЕНИЈ АБОВ издавач и директор на RBTH ВСЕВОЛОД ПУЉА главен уредник на додатоците на RBTH ВЈАЧЕСЛАВ ЧАРСКИ извршен уредник за Европа и генерален продуцент ЕМИЛ НИАМИ превод, лектура, уредник ЕКАТЕРИНА ТУРИШЕВА заменик генерален продуцент за Балканот, МАРИЈА СМИРНОВА уредник АНДРЕЈ ЗАЈЦЕВ, НИКОЛАЈ КОРОЉОВ илустрации За огласување во овој додаток, ве молиме да се обратите на ЈУЛИЈА ГОЛИКОВА, директор на одделот за односи со јавност: julia.golikova@rbth.com
Отворена скијачката сезона во Приморје Скијачката сезона во зимското одморалиште „комета“ во Приморје е и официјално отворена
Отворање на најголемото лизгалиште во Европа
© 2015 сите права се задржани од ФГБУ „Росијскаја газета“: АЛЕКСАНДAР ГОРБЕНКО претседател на редакцискиот совет, ПАВЕЛ НЕГОИЦА генерален директор, ВЛАДИСЛАВ ФРОНИН главен уредник.
Забрането е копирање, дистрибуција или преземање на содржините од овој додаток, освен за лична употреба, без писмена согласност на „Росијскаја газета“. Ве молиме за дозвола да се обратите на телефон +7 (495) 775 3114 или на и-мејлот urednik@mk.rbth.com „Russia Beyond the Headlines“ не сноси одговорност за ненарачаните текстови и фотографии.
Russia Beyond the Headlines (RBTH) го финансира „Росијскаја газета“, руски дневен весник. Содржината на овој подлисток е подготвена без учество на новинари и уредници на „Нова Македонија“. RBTH се финансира за сметка на добивката од рекламодавците и од комерцијалните спонзори, а исто така и од средства на руски државни институции. Ние се занимаваме со независна редакциска позиција и претставуваме различни гледни точки на настаните во Русија и во останатиот свет со помош на квалитетна содржина и експертски мислења. Од моментот на нашиот почеток во 2007 година се стремиме да се придржуваме до високите редакциски стандарди, да го покажеме најдоброто новинарство од Русија и за Русија. На таков начин се надеваме дека ќе пополниме една важна дупка во информирањето за нашата земја од страна на другите медиуми. Сите прашања и коментари за нашето финансирање или за нашата редакциска структура, ве молиме да ги упатите на urednik@mk.rbth.com. Повеќе информации на mk.rbth.com.
RBTH издава 37 прилози во 29 земји со вкупна месечна публика од 27 милиони луѓе, а исто така одржува и 22 сајта на 17 јазици.
Предадено во печат на 17.12.2015 г.
Рамиљ Ситдиков / РИА Новости
ИГОР ДАНИЛОВИЌ координатор на „Руска реч“ во „Нова Македонија“ МАРЈАН ДЕЛЕВСКИ дизајн САША БЕЛЕВСКА технички уредник
театрализирана парада на циркуски акробати и барабанџии на отворањето на најголемото лизгалиште во европа на Серускиот изложбен центар (вДнХ) во москва
Дедо Мраз оди по вода николај васиљев, пронаоѓач на специјалните скии за одење по вода, во костим на Дедо мраз на реката енисеј во близина на краснојарск
Ројтерс
Интернет-страница: mk.rbth.com Еmail: urednik@mk.rbth.com Телефон: +7 (495) 775 3114 Факс: +7 (495) 988 9213 Адреса: ул. Правды 24, д. 4, Москва 125993, Россия.
Виталиј Ањков / РИА Новости
Додатокот „Руска реч“ го финансира, уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва, Русија).