RRM 2015 27

Page 1

mk.rbth.com

Прилогот го уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва), која е целосно одговорна за содржината. Се печати и се дистрибуира во соработка со „Нова Македонија“.

Издание на

Како да го освоите срцето на Русинките? стр. 2

САБОТА - НЕДЕЛА, 15-16 АВГУСТ 2015 ГОДИНА

Како функционира малиот бизнис на Крим стр. 6-7

БРОЈ 27

На плажа со руски писатели

Зошто странците се женат со Русинки?

стр. 10-11

Ројтерс

стр. 3

Каде исчезнуваат Русите налето? стр.14-15 „Росијскаја газета“ уредува прилози за Русија во 30 водечки светски весници, вклучувајќи ги и „Њујорк тајмс“, „Дејли телеграф“, „Фигаро“ и „Ла Република“


2|

ОПШТЕСТВО

Јулија Мајорова КАКО ДА Ѝ ПРИЈДЕТЕ НА ДЕВОЈКА?

На Русинките најлесно може да им се пријде во поголемо друштво. Доколку некој непознат маж го претстави некој од нејзините познаници, девојката ќе има повеќе доверба во него, зашто во Русија важи принципот: „Пријателот на мојот пријател е и мој пријател“. Доколку немате можност да се најдете во поголемо друштво, со девојката можете да се запознаете и на улица или на некое јавно место. Во секој случај, наједноставно е да ја замолите за помош. На пример, кажете ѝ дека сте странец, дека воопшто не знаете руски и никако не можете да ја најдете Третјаковска галерија или Бољшој театар. Прашајте ја што би ви препорачала да посетите и кои се нејзините омилени места во градот. Не започнувајте го запознавањето со Русинка со давање комплименти. Доколку претерате, девојката може да се почувствува непријатно и да почне да се прашува што сакате од неа. Сомнежот во вашите добри намери ќе го избегне-

Русинките се едни од најубавите жени на светот. Освен што се убави, тие се и одлични домаќинки, грижливи мајки и верни сопруги. Затоа и не е чудно што мажите од целиот свет сакаат да се запознаваат со девојките од Русија. Но, за да не дојде до недоразбирање за време на запознавањето, пожелно е претходно да дознаете нешто повеќе за типичните руски етикеции за однесување. „Руска реч“ на своите читатели им дава неколку корисни совети

те доколку побарате некоја мала услуга или ако ја замолите за помош. Во знак на благодарност што ви помогнала, поканете ја на кафе, кажете ѝ дека би сакале да се спријателите со неа и да дознаете нешто повеќе за руската култура. КАКО ДО ПРВ СОСТАНОК?

Ви честитаме доколку сте успеале да го добиете нејзиниот телефонски број! Бидете внимателни и културни. Не телефонирајте премногу често или во незгодно време, зашто Русинките не сакаат наметливост. Наместо да ја прашате девојката каде е, со кого е и што прави, заинтересирајте се како се чувствува и дали е добро расположена. Така ќе ѝ дадете на знаење дека се грижите за неа, а таа нема да добие впечаток дека сакате да ја контролирате. ПРВ СОСТАНОК

На првиот љубовен состанок бидете учтиви и галантни. Овој совет важи за однесувањето кон сите девојки, а не само кон Русинките. На заборавајте на добрите манири, зашто и тоа ќе ви биде во прилог. Русинките не се толкави феминистки како Европејките или како Американките. Им се допаѓаат мажи што им ја отвораат вратата и им го придржуваат палтото. На девојката задолжително подарете ѝ цвеќе. За Русинките тоа е мошне важен дел од додворувањето. Барем на почетокот немојте да купувате скапи подароци, зашто девојката може да помисли дека сакате да ја „купите“. Секако, слободно можете да го платите таксито или сметката во кафуле. Доколку времето е убаво, поканете ја заедно да прошетате, замолете ја да ви ги покаже нејзините омилени места во градот. Низ разговор, од архитектура и историја полека преминете на полични теми, на пример, прашајте ја дали се шетала на тие места во детството и дали е

Артем Житенев / РИА Новости

Како да го освоите срцето на Русинките? тоа местото што ја врзува за некои спомени. Ваквите сеќавања обично будат позитивни емоции. Доколку времето не е убаво за прошетка, поканете ја на изложба. Тоа ќе биде вашата шанса да заблескате. Доволно е да запомните неколку интересни детали за уметноста и за културата и да ѝ ги раскажете во незадолжителен разговор. Русинките сакаат образовани и сестрани мажи. Затоа, може да ви биде од корист пред првиот состанок да ги освежите своите знаења. КАКВИ СЕ РУСИНКИТЕ?

Младите Русинки, особено во големите градови, се независни и амбициозни. Тие се интелигентни и сакаат да направат кариера, исто како и мажите. Сепак, семејството им е мошне важно, па затоа поголема шанса имаат мажите што имаат желба за сериозна, подолга врска. Русинките му посветуваат големо внимание на својот изглед: ниту една девојка што се грижи за себе нема да излезе од дома без убава облека и фризура, без маникир и шминка. Затоа, состанокот закажете го барем еден ден однапред. Потрудете се и вашиот надворешен изглед да биде адекватен. Не облекувајте спортска облека и патики, но, исто така, не облекувајте ни костум и кравата, зашто тоа би изгледало премногу официјално. Најдобар избор е едноставна елеганција во согласност со ситуацијата (смарт-кежуал). За разлика од Европејките, Русинките никогаш не се натпреваруваат со мажите, не се трудат да докажат дека во сè можат да му парираат на посилниот пол. Нивното гесло е: биди вистинска жена покрај вистинскиот маж. Сепак, имајте на ум дека тоа не значи оти треба да оставите впечаток на мачо-мен. Почитувајте ги овие едноставни правила, па лично ќе можете да се уверите колку се убави и шармантни Русинките.


ОПШТЕСТВО

|3

Зошто странците се женат со Русинки? Марија Федоршина

СПОСОБНОСТ ЗА ПРИСПОСОБУВАЊЕ

Во Москва во текот на 2014 година за странец се омажиле над 2.000 Русинки, велат податоците од матичната служба на престолнината. И покрај културната разлика, историјата, па дури и религијата, Русинките се во состојба да изградат квалитетни односи со мажите без оглед на националноста. За ова придонесува „уникатниот генетски код, кој се пренесува од колено на колено“, смета познатата руска стројница, телевизиската водителка Роза Сјабитова. - Кај нас да се сака значи исто што и да се жали, што ни овозможува да му се приспособиме на секој маж. Токму поради оваа особина нè ценат сите мажи од светот - објаснува таа. Во Русија постои поговорка што вели: „Руската жена ќе запре коњ во галоп и ќе влезе во куќа што гори“. Вака народот пред многу години го опишал силниот карактер на селските жени. Но, психолозите истакнуваат дека и денешните руски девојки се подготвени да работат машка работа. - На Русинките им е непријатно да бараат помош или да му ги предадат овластувањата на некој друг. За нас тоа често е знак на слабост и на глупост. На пример, на многу жени им е срам да замолат некој маж да им го смени тркалото на колата. Затоа застануваат на патот и самите го менуваат. Ова во голема мера е последица на тоа што родителите ги учат ќерките да бидат самостојни - објаснува психологот Ирина Корчагина, директор на центарот „Среќно семејство“. Според анкетата на Фондот за јавно мислење од август 2012 година, 46 отсто од руските граѓани иднината на своите женски деца ја поврзуваат со добра работа, а само 37 отсто со добра мажачка.

Минатата година над 2.000 московјанки се омажиле за странец. Младоженците од странство ги ценат руските жени зашто се убави, флексибилни и приврзани, а, исто така, и добро готват тот до машкото срце води преку стомакот“. - Култот на храната отсекогаш постоел на нашите простори. Ова е, пред сè, условено од ладната клима, кога човекот е постојано гладен. За нас не е толку важно како е средена куќата и дали е сè чисто, туку најважно е да се има што да се касне. Храната е манифестација на мајчинството, кое често е поразвиено од женственоста. Затоа кај нас е мошне важно да се нахрани мажот - објаснува Корчагина. Уште една особеност на Русинките е приврзаноста. Олицетворение на оваа особеност се жените на декабристите. Во 19 век, по востанието во Санкт Петербург, императорот на жените на осудените офицери им понудил можност да се разведат од своите мажи и да ги задржат привилегиите на својот сталеж. Многу од нив не сакале да го направат тоа, ги оставиле своите деца кај роднините и тргнале со сопрузите во Сибир во прогонство. Поради тоа ги изгубиле титулите, имотите и до крајот на животот им биле одземени правата што ги имале претходно. Современите Русинки исто така често несебично заминуваат да живеат кај родителите на својот сопруг. Иако многумина сметаат дека причина за тоа е финансиската ситуација, психолозите гледаат и други причини. - Родителите често не ги пуштаат свои-

те деца да заминат, постојано им велат дека децата им должат нешто, особено синовите. Тука до израз доаѓаат принципите на патријархалното воспитување. Освен тоа, претходно беше вообичаено сите да живеат во една куќа. Затоа многу Русинки се согласуваат да живеат со семејството на мажот - вели Корчагина. УБАВИНАТА НА ПРВО МЕСТО

Русинките се убави од мали нозе и остануваат убави и во зрела доба. Деветгодишното девојче Кристина Пименова спаѓа меѓу најпопуларните фотомодели во светот и ретки се детските списанија во кои нема нејзина фотографија, а Ирина Соловјова, мајка на две деца, ја има освоено титулата „Најубава мајка на светот 2015“. Руските девојки редовно се меѓу десетте најубави на натпреварот „Мис на светот“. Убавината е главен адут во освојувањето на мажите. - Русинките се природно убави, но ние умееме и вешто да ја истакнеме таа убавина. Без оглед колку години има, Русинката користи различни трикови за да ги истакне личните потенцијали со цел да биде посакувана и да му потребна на својот маж - истакнува Роза Сјабитова. Кога станува збор за руските мажи, нивни главни доблести се добрината, сочувството и отвореноста, според анкета на Фондот за јавно мислење од јуни 2013 година. За животот на руските девојки во Македонија прочитајте во текстот „Македонија ја засакав на прв поглед“ mk.rbth.com/43473

Руското гостопримство е познато во целиот свет. Одењето на гости не може да мине без комплетен оброк: супа, салата, предјадење, главно јадење и десерт. Храната за гостите домаќините ја подготвуваат сами, па затоа одбивањето јадење е навреда за домаќинката. Во Русија фасцинирањето со кулинарските способности е вообичаен метод за освојување на мажите. Постои и поговорка што вели: „Па-

EPA/SRINGER

ПАТОТ ДО СРЦЕТО ВОДИ ПРЕКУ СТОМАКОТ


4|

ПОГЛЕДИ

Русија како туристичка постојат ли скриени си Маја Ломиѕе Државните органи од сферата на туризмот исто така неочекувано ја сменија стратегијата - во 2014 година за првпат сериозно почна да се зборува за претставништва за туризам во странство. Во 2015 година планирано е да се отворат канцеларии Visit Russia во Кина, во ОАЕ, во Финска, во Италија и во Германија. Забележливо е што во последниве десетина години идејата за отворање вакви канцеларии добиваше агресивно одбивање и целосно несфаќање за нивната потреба. За споредба, во Русија работат повеќе од 40 претставништва на странски министерства за туризам. Популарноста на некои странски туристички дестинации е условена исклучиво од активната работа на нивните претставништва во Русија. Доколку плановите за отворање канцеларии Visit Russia бидат реализирани, Русија за првпат во поновата историја, за првпат по речиси 25 години постоење на туристичкиот пазар, ќе добие можност во целост да се претстави како туристичка дестинација. Тешко е да се каже дека важноста на еден ваков чекор е преувеличена. Ова особено важи за оваа година, кога зачувувањето на бројот на странските туристи е една од најважните задачи на туристичкиот бизнис. Надворешнополитичката ситуација, сериозното заладување на односите меѓу Русија и Западот, имаше мошне големо влијание врз позиционирањето на Русија. И, соодветно, на побарувачката кај европските, американските и кај јапонските туристи. Според оцените на руските туристички оператори што се занимаваат со внатрешен туризам, во 2014 година намалувањето на бројот на продажбите на овие пазари изнесува околу 30–40 отсто. Намалувањето беше постепено. Еве како се оценува, на пример, побарувачката во април 2014 година од страна на некои американски компании што работат со Русија: „Заладувањето на односите меѓу Русија и САД имаше големо противречно влијание на туристичкиот пазар. Во последниве неколку недели се зголеми бројот на откажување од платените тури за налето. Во исто време се појавија нови клиенти на кои им е интересно да ја посетат Русија токму сега“. Во компанијата General Tours World Traveler, која од 1954 година испраќа американски туристи во

СССР, со чудење забележуваат дека „сета оваа ситуација тргна во полза на Русија како туристичка дестинација и ѝ го привлече вниманието на определена категорија туристи, кои се подготвени да заминат на ова место за да видат со свои очи што е тоа Русија“. Судејќи според статистиката, вакви туристи немаше многу.

Сепак, само што започна девалвацијата на рубљата, намалувањето на побарувачката забави - турите во Русија поевтинија! И политиката, практично, замина во втор план. Туристичките оператори уверуваат дека постои голема веројатност оти побарувачката ќе се задржи на нивото на минатата година - ова може


ПОГЛЕДИ

Главната парадигма за Русија како туристичка дестинација е дека има голем потенцијал. Ова се однесува, практично, на сите региони и на сите градови (со исклучок на Санкт Петербург и на Сочи). Тоа значи дека постои можност за развој, има што да се види, постои нешто со кое може да се привлечат туристи (како руски така и странски), но овие можности засега се сосема нереализирани. Треба да се гордееме со својот голем туристички потенцијал. Сепак, 2014 и 2015 година беа преломни. Многумина сакаат да се задоволуваат, макар и со нереализираните, но перспективни можности - постои желба да се примат што повеќе туристи. Најидеално е тоа да бидат странски туристи

Константин Малер

дестинација: гнали?

да се смета како напредок, доколку се земе предвид наглото опаѓање што го преживеа пазарот на внатрешен туризам во 2014 година. Во споредба со минатата година основните пазари на туристи во Русија не се изменија. Тоа се Кина, Турција, Италија и Израел. Впрочем, не се изменија и претпочи-

тањата на туристите. Секако, тие не се менуваат со децении: Москва, Санкт Петербург (околу 90 отсто од целокупниот број туристи), Транссибирската магистрала (повеќе од 3 отсто), градовите на Златниот прстен. Малкумина одат на Бајкал, Камчатка, Алтај. Политичката ситуација се менува,

|5

кризите доаѓаат и заминуваат, но луѓето патуваат секогаш, во секое време. Прашањето за тоа дали Русија претставува туристичка дестинација или само располага со потенцијал за такво нешто е прашање на кое не може да се одговори отсечно. Сè зависи од тоа што сака туристот. Очигледно е дека ликот на Русија што е создаден благодарение на надворешната политика, и Русија за туристи се две различни земји. Атмосферата во Санкт Петербург за време на белите ноќи не зависи од тоа за што и против што се залага официјална Русија. Челичниот блесок на Волга пред зајдисонце, танците на рибите во Охотско Море на Сахалин или ронењето на килибарот за време на осеката на брегот на Балтичко Море во Калининград се вечни. Прошетката по булеварите на стара Москва, ноќната екскурзија по местата од романот „Мајсторот и Маргарита“ на Михаил Булгаков се незаборавни. Како и Казањ - апсолутно европски, чист, пријатен град со неповторлив источен шмек. Може многу долго да се набројува - и трките со моторни санки на затполарниот снег во април во Ненецкиот автономен округ, лизгањето на воздушни топки во Јарослављ и терапевтскиот сон на пчелините улишта на Алтај. Но, најдобро е сето тоа да се види барем еднаш. Авторот е извршен директор на Асоцијацијата на туристички оператори на Русија


6|

ЕКОНОМИЈА

Lori / Legion Media

Како функционира малиот бизнис на Крим

Јулија Кримова Владата на Русија за поддршка на малиот бизнис на Крим издвои речиси 500 милиони рубли (околу девет милиони американски долари) за период од две години. Освен тоа, на полуостровот е основана слободна економска зона, за која важат даночните олеснувања. Приносни бизнис-сфери на Крим денес се трговијата и туризмот. Тука се, пред сè, минихотелите, рестораните и туристичките агенции, кои нудат водичи и крстарење по вода. Се развиваат и мали земјоделски стопанства, како и производители на техника. Фирмите по пререгистрацијата почнаа да прават планови за развој на бизнисот, се преориентираа на кримски производи и сега го освојуваат рускиот пазар. КРИМСКО ШАТО

Во кримските висини, на 20 километри од Севастопољ, се наоѓа винарницата „Uppa Winery“, која произведува

мали количества ексклузивни сорти вина. Ова производство во 2007 година го започна московскиот сомелијер и угостител Павел Швец. Тој е уверен дека варовничките кримски полиња и сончевата клима се идеални за производство на суви сорти вино со висок квалитет. Своето лозје со површина од десет хектари Павел го обработува со биодинамички метод, без примена на хемиски средства. На ова место се наоѓаат и просториите за преработка и подрумот каде што виното се чува во дрвени бочви. Годишно се произведуваат 40 илјади шишиња на кои е наведено географското потекло на виното: Chernaya River Valley, Sevastopol (долина на реката Чорна, Севастопољ). Швец своето вино го продава во ресторани и во специјализирани продавници за вино во Москва, во Санкт Петербург и на Крим. По присоединувањето на Крим кон Русија интересот за неговите вина на рускиот пазар нагло пораснал. - Беше комплицирано да се добие лиценца, за малото стопанство критериу-

мите се неверојатно строги. Но, кон крајот на 2014 година во законот беа внесени амандмани со кои им се поедностави животот на стопанствата што произведуваат вино од сопствено грозје се сеќава тој. Овој винар е уверен дека на Крим можат да се создадат региони за производство на вино по углед на француските Шампањ и Бордо. Еден ваков регион тој планира да создаде во близина на Севастопољ. Потребно е да заинтересира десетина инвеститори што би сакале да се занимаваат со лозарство и да им набави земјиште погодно за одгледување грозје. За период од пет години во отпочнувањето на малото производство на вино треба да се вложат околу милион рубли (од 50 до 60 илјади долари). - Засадувањето на еден хектар вино чини еден и пол милион рубли (речиси 24 илјади евра). Изградбата на објект за преработка чини околу 20 милиони рубли (речиси 320 илјади евра), а уште 15 милиони (240 илјади евра) се потребни за опрема. Исто така, треба да се земе пред-


ЕКОНОМИЈА вид дека до продажбата на првото шише може да помине многу време (на Павел му биле потребни седум години - заб. ред.). За толку долг период на отплата не се исплатува да се земе кредит од банка. Со тоа обично се занимаваат приватни инвеститори што вложуваат сопствен капитал - објаснува винарот. Според Павел, инвеститорите треба да го добијат земјиштето под наем под услов на него задолжително да посадат грозје и да изградат сопствен погон за преработка, вклучувајќи и ставање на виното во шише, како и да изградат туристички објекти, со цел стопанствата да можат да организираат екскурзии. Важно е на шишињата да не смее да пишува „кримско вино“, доколку тоа не е добиено од кримско грозје, смета Швец. Овој негов став доби поддршка од премиерот на Русија, Дмитриј Медведев, кој неодамна ја посети винарницата „Uppa Winery“. И градските власти ја поддржаа идејата на Швец, па сега подготвуваат закон со кој ќе се поддржат локалните производители на грозје и на вино. УРЕДИ ЗА ИЗВОЗ

Една од приоритетните гранки на индустријата во Севастопољ е производството на инструменти и уреди. Тука се користи искуството на советските индустриски гиганти, а, исто така, и научната база на локалниот технички универзитет. Групацијата „Уранис“ од 2001 година произведува професионална радиоопрема. Купувачи за своите производи главно наоѓаат во странство. - Додека бевме во состав на Украина, практично севкупното наше производство беше наменето за извоз. Денес компанијата „Уранис“ продолжува да работи за извоз, а новото претпријатие „Уранис-Радиосистеми“ е ориентирано кон руските потрошувачи, вклучувајќи ги и нарачките на Министерството за одбрана - вели директорот на компанијата Леонид Каљужни. Во производството на засилувачи на кратки бранови, антени и предаватели учествуваат 80 вработени. Нивните производи ги користат војската и полицијата, службите за обезбедување, дипломатските мисии и амбасадите на многу земји. - Радиосообраќајот на кратки бранови се користи како резерва, зашто е невозможно да се исклучи, каков што е случајот со сателитскиот сигнал. Нашиот пренослив систем обезбедува комуникација за време на вонредни ситуации: поплави, земјотреси, кога сета инфраструктура е уништена. Нашите апарати се користат на Блискиот Исток, во Индиски Океан, Јужна Америка и во Југо-

источна Азија. Извезуваме само техника за цивилна намена и затоа немаме проблеми - објаснува Каљужни. Од минатата година рускиот пазар е отворен за оваа компанија. Претходно беше тешко да се пласираат производите во Русија, зашто постоеше голема конкуренција, а руските безбедносни сили немаа доверба во украинските производители. - Санкциите што се однесуваат на производителите од САД и од Австралија денес ни овозможуваат да излеземе на рускиот пазар. Ние сега почнуваме да се интегрираме во новата средина. Постои заинтересираност за нашите производи, расте побарувачката и во тек е процесот за добивање сертификати и лиценци - вели директорот. Групацијата „Уранис“ во јуни 2015 година се регистрираше во слободната

По соединувањето на Крим со Русија малиот бизнис прв се соочи со тешкотии поврзани, меѓу другото, и со пререгистрација на документите. Сепак, бизнисмените мошне бргу им се приспособија на новите услови. Делумно во тоа им помогна програмата за поддршка на малиот и на средниот бизнис, кој Владата на Русија го донесе за овој регион економска зона во Севастопољ. За фирмите што се регистрирани во слободната економска зона важат олеснувањата за плаќање данок, нула проценти данок на имот и земјиште, нулта царинска такса на увозна опрема. Компаниите што се регистрирани во слободната трговска зона во текот на првите три години ќе плаќаат 7,6 отсто социјални давачки наместо 30,2 отсто. - Планираме да заштедиме 500 илјади рубли месечно на социјални давачки за фондот за лични приходи. Очекуваме дека слободната економска зона ќе ни овозможи да заштедиме и на данокот на добивка. Овие средства сакаме да ги инвестираме во развој: во проширување на производството, реновирање згради, купување опрема, зголемување на бројот на работни места и пораст на заработувачката - изјави директорот на „Уранис“.

|7

СЛАТКО ОД РОЗИ

Отпочнувањето нов бизнис на Крим не е помалку комплицирано одошто во другите региони, велат бизнисмените. Но, постојат и добри страни. Наталија Василева, директор на неодамна отворената компанија за производство на композитна арматура, вели дека во споредба со Москва и со другите популарни региони, тука е многу полесно да се најде соодветен простор, па и киријата е мошне пониска. А, олеснувањата за слободните економски зони во целост ги покриваат трошоците за испорака на стоката со траект. - Цената на производство е значително пониска кога фирмата е регистрирана во слободна економска зона. Дури и ако производите ги извезуваме во континенталниот дел на Русија, цената, кога ќе се пресметаат транспортните трошоци, сепак и понатаму ќе биде конкурентна - смета таа. Новата слаткарница „Tre Gioje“ на главното кримско пристаниште Јалта, исто така е регистрирана во слободна економска зона. Во кафетеријата се продаваат десерти и сладоледи што слаткарницата самата ги произведува од кримски производи. Тука може да се купи и егзотично слатко од латици од ружи, од лаванда и од бели цреши. - Не ни беше лесно да преминеме на руското законодавство. Поинаков е системот на отворање сметки, на водење документација, даночниот систем. Сето тоа моравме од почеток да го учиме. Од друга страна, ние се регистриравме меѓу првите во слободната економска зона и ги почувствувавме предностите од неа, меѓу другото и во поглед на царинските процедури за опремата што ја увезовме од Европа - вели директорката на слаткарницата Јана Крупко. Оваа угостителка признава дека на почетокот слаткарницата имала тешкотии со набавката на млеко, зашто превозот со траект не се исплатува и трае долго. Денес 400 килограми сладолед дневно се прават исклучиво од кримско млеко, а производите на оваа слаткарница се продаваат само во регионот. - Имаме договор со земјоделските стопанства на Крим и во целост сме задоволни од квалитетот. Ни недостасува уште кај нас на Крим да започне производство на меки сирења, какви што се маскарпоне и моцарела - вели Крупко. Испораката на овие видови сирења на Крим е прекината по воведувањето ембарго, па затоа кафулињата и рестораните преминаа на руски производители. Со зголемувањето на побарувачката, се зголеми и понудата. Во Севастопољ веќе наесен се отвора фабрика за производство на рикота и на моцарела.


8|

НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА

Осум најинтересни новини од Русија Русија ги прикажа своите најнови технолошки разработки на главната универзална индустриска изложба во земјата, „Инопром2015“, која се одржа минатиот месец во Екатеринбург. На изложбата учество зедоа 600 компании од 70 земји и од 59 региони од Русија, а за првпат партнер на настанот беше Кина

„Руска реч“ за вас избра осум најинтересни руски разработки што беа изложени на главната универзална индустриска изложба во земјата „Инопром“. Треба да забележиме дека поголемиот дел од новитетите се наменети за замена на увозот.

Дарја Кезина

МОТОР СО КПД 95%

Откритието на саемот беа пробните примероци на енергетски вентилни електрични мотори од новата генерација, чии параметри постојано ги надминуваат светските аналози во сериското производство. Експозицијата ја претстави вишиот научен соработник на физичкиот факултет на Московскиот државен универзитет „М.В. Ломоносов“ Владимир Милов. Спроведените испитувања докажуваат дека КПД на овие електромотори ги надминуваат барањата на високата енергетска ефикасност прифатени во ЕУ, а кај некои класи мотори тој достигнува 95 отсто. Разработката е два до три пати помала и полесна од своите аналози и е повеќе технолошка за сериско произ-

Дарја Кезина

Дарја Кезина

ИНТЕРФЕЈС СО „МОЗОК-КОМПЈУТЕР“

Невроинтерфејс, кој овозможува со „силата на мислата“ да се управуваат електронски и електромеханички уреди, е направен во Институтот за електронски контролни машини „Брук“, во соработка со научниците од Московскиот државен универзитет „М.В. Ломоносов“. Со помош на посебен систем од сензори „мозокот-компјутер“ ги конвертира намерите на човекот, регистрирани преку електрични сигнали од мозокот, во контролни команди со точност од 99,5 отсто. Пронајдокот дава нови можности за робототехниката и за медицината; особено помага во враќањето на изгубените функции на луѓето со ограничени можности. Разработката може да се користи за управување на бионични роботски екзопротези, кои со помош на безжична мрежа праќаат команди за извршување на различни движења (качување или симнување по скали и др.). Според програмерите, во светот сè уште не постои аналог на невроинтерефејсот со вакви функции и со толку сигурен иновативен систем од електроди. Истиот производител претстави и иновативни антропоморфни роботозирани протези, развиени за првпат во Русија. Тие одговараат на германските аналози, но се многу поевтини. Микропроцесорите што се поставени во долниот дел на протезата ја управуваат неа преку вградени „сензори за движење“, а по

потреба и со команди од невроинтерфејсот. Ова обезбедува поудобно и поприродно одење. Тежината на екзопротезата е иста како и тежината на вистинските нозе. БЕЗБЕДНИ ПРОЦЕСОРИ

За првпат од времето на Советскиот Сојуз Русија покажа сопствен серверски и десктоп-решенија што можат да се натпреваруваат со аналозите од Европа и од САД. Русија стана една од ретките држави што успеаја да создадат сопствен микропроцесор „од нула“. Најновата разработка, микропроцесорот „ЕЛБРУС-8C“, кој користи технологија 28 Нм, ќе се користи во сервери и работни станици. Рускиот производител гарантира сигурност од вируси и бекдори. Конструктори на новиот производ се „Московски центар SPARC-технологија“ и Институтот за електронски контролни машини „Брук“. Почетокот на сериското производство на микропроцесорот е предвидено за првиот квартал од 2016 година. Главна предност е технологијата

Дарја Кезина

водство. Моторите можат да се користат за пумпи за гориво, за машини со електричен погон и за приврзана апаратура, за хидрауликата, за интелигентните системи за климатизација и вентилација. За разработката интерес веќе пројави компанијата „Мицубиши електрик“.

за семантичка заштита на програмата, која ги неутрализира повеќето распространети вируси и хакерски напади и открива грешки во програмите уште во фазата на развој. Според програмерите, безбедноста кај слични системи нема светски аналози. МЕХАНИЧКО СРЦЕ

Новиот високообртен дизел мотор од семејството ДМ-185 е со моќност од 700 до 4.000 киловати, а техничките карактеристики се на нивото на водечките светски производители. Негови пронаоѓачи се конструкторите од Уралската фабрика за дизел мотори (дел од АД „Синара - транспортни машини“). Индустриски дизел мотор со вакви карактеристики, според за-


НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА

|9

ХЕЛИКОПТЕР „АНСАТ“

Дарја Кезина Дарја Кезина

РУСКО-КИНЕСКИ БУЛДОЖЕР

Дарја Кезина

Новиот хеликоптер „Ансат“ може да се користи за патнички, спасувачки, медицински и за образовни цели. Не треба да се чува во хангар, а според креаторите на уредот може да се користи во широк спектар климатски услови. Новина кај хеликоптерот е употребата на композитните материјали за перките на роторот, што овозможува да се избегне подмачкувањето, а главна карактеристика е металната конструкција на трупот на хеликоптерот и перките од фиберглас, што влијае на цврстината и на отпорноста од удари.

меник-директорот на проектот, Сергеј Нефедов, во Русија се создава за првпат. Во 2016 година претстои премин од тест-примероци кон сериско производство. „Механичките срца“ ќе се користат во локомотиви, каменоломска техника, на воени и на цивилни пловила и во малата енергетика. Разработката е руска, со државно кофинансирање (во согласност со федералната програма „Национална технолошка база“), а вклучена е и водечката германска инженерска компанија FEV (од градот Ахен). ХЕЛИКОПТЕРСКИ ОЧИЛА

Дарја Кезина

Симбол на руско-кинеската дружба на „Инопром“ стана моќниот булдожер во весела зелена боја, создаден од заедничката корпорација „Уралвагонзавод“ и еден од најголемите кинески инженерски холдинзи „Shandong Heavy Industry Group“. Машината е опремена со кинески енергетски агрегати и со хидромеханичка трансмисија, тежи 19.920 килограми, а моќноста на моторот е 163 коњски сили.

РЕАНИМАТОР ЗА НОВОРОДЕНЧИЊА

Дарја Кезина

Овој уникатен производ за новороденчиња претставува реанимациски комплекс, кој ги комбинира предностите на инкубаторот и на отворениот реанимациски систем со неонатален грејач, кој се користи при интензивна терапија, реанимација и хранење на бебиња е разработка на „Швабе“. Инкубаторите имитираат услови што се максимално блиски до природната средина во утробата на мајката, што овозможува предвремено родените успешно да се развиваат до деветмесечна возраст. Отворениот реанимациски систем без лекови може да излечи бебешка жолтица и некои други болести, а, исто така, и да дава вештачко дишење.

Холдингот „Швабе“ ги покажа своите хеликоптерски ноќни очила со оригинална оптичка шема. Со нив може да се гледа на оддалеченост од 500 метри, со видливо поле од 48 степени. Наменети се за пилотирање хеликоптери во ноќни услови и имаат вграден систем за автоматско приспособување на светлината. Инструментот е направен целосно од руски материјали и, според развивачите, има предности пред светските аналози. Слични производи од странско производство не се користат во Русија. За други интересни руски новитети прочитајте го текстот„Иновации за поубав живот“ mk.rbth.com/34979


10 |

РУСИЈА И МАКЕДОНИЈА

Shutterstock

На плажа со руски писатели

Емил Ниами КЛАВИРСКА ПРИДРУЖБА - НИНА БЕРБЕРОВА

Ова е едно навистина интересно четиво, кое изобилува со интересно сиже, едноставна нарација и многу емоции. Расказот „Клавирска придружба“ на авторката Нина Берберова е еден од најчитаните во Македонија во последнава деценија. Централното внимание на оваа повест ѝ е посветено на една млада жена на која животот постојано ѝ дава жестоки лекции. Нејзината младост е без младост, нејзиниот живот е без вистински живот, нејзините успеси секогаш остануваат незабележани, а тагата се распрснува околу неа со космички размери. Да се биде статист во сопствениот живот - самото по себе е тажно. Но, да се љу-

би, да се посакува, да се гледа кон иднината со желба за совршенство, да се прават грешки, да се паѓа ниско и како Феникс да се издигне повторно од пепелта е многу тешко. Но, токму овие работи ја прават хероината на Берберова посебна. Токму тоа беше и поводот францускиот режисер Клод Милер да ја екранизира оваа повест на Берберова. Филмот имаше огромен успех во Европа, но ништо не може да се спореди со она што ќе го прочитате од самата авторка. Нина Берберова е претставник на руската литературна емиграција од триесеттите години на минатиот век. Кога имала 21 година, заедно со својот сопруг В. Ф. Ходасевич емигрира во Германија. По Втората светска војна заминува во САД, каде што почнала да предава најпрво на Јејл, а потоа на Принстон. Никогаш не ги прекинала духовните врски со својата татковина, а во 1989 година го посетува СССР, каде што имале повеќе творечки средби со руските колеги. Почина во Филаделфија на 92-годишна возраст. СЛЕПИОТ МУЗИЧАР - ВЛАДИМИР КОРОЛЕНКО

Мошне интересна приказна за едно слепо момче од југозападот на Украина. Во семејството на земјопоседниците Попељки на свет доаѓа машко дете, кое го добива името Петрус. Но, никој не се ни

сомнева дека тој не гледа. Единствено неговата мајка се сомнева дека детето ѝ е слепо по изразот на неговото лице. По извесно време лекарите ги потврдуваат мајчините сомнежи. Целото семејство е во шок и во очај. Таткото на Петрус е добар човек, но него не го интересира ништо друго освен работата. Со болеста на детето ќе почне да се бори неговиот вујко Максим. Еден пролетен ден Петрус заедно со својата мајка и со својот вујко заминува на прошетка покрај реката. Возрасните не ја забележуваат растревоженоста на детето од изобилството впечатоци. Петрус ја губи свеста. По оваа непријатна случка мајката и вујкото се обидуваат да му помогнат на детето, осмислувајќи различни звуци и чувства. И токму тоа ќе го турне слепото дете во водите на музиката, каде што го очекуваат неверојатни нешта. Во 1960 година режисерката Татјана Лукашевич прави екранизација на оваа неверојатна приказна. Владимир Короленко е руски писател


РУСИЈА И МАКЕДОНИЈА со украинско-полско потекло. Уште како многу млад тој зел активно учество во револуционерното движење, за што бил испратен во Сибир. Неговата литературна активност била неоспорна кај критиката, но никој не можел отворено да зборува за тоа. Короленко важел за мошне голем мислител и се спротивставувал на какви и да се методи на репресија и на нехуман однос. Денес тој важи за еден од најталентираните и најинтересни руски автори од 19 век. ВОЛШЕБНИК - ВЛАДИМИР НАБОКОВ

Оваа повест Владимир Набоков ја напишал на руски јазик во 1939 година во Париз. Книгата на руски јазик за првпат е објавена во 1991 година во списанието „Звезда“. Оваа повест претставува и основа за најпознатиот роман на Набоков, „Лолита“. Главниот херој е возрасен човек, кого сексуално го привлекуваат помали девојчиња. Тој се жени за една вдовица, тешко болна жена, и тоа само поради нејзината дванаесетгодишна ќерка. По свадбата ќерката заминува да учи во гимназија. По извесно време нејзината мајка умира, а главниот херој го зема девојчето од гимназијата. Владимир Набоков е еден од најконтроверзните советски писатели-емигранти, познат низ целиот свет по својот роман „Лолита“. Во неговото литературно творештво се вбројуваат стотини поеми, десетици новели, драми, преводи од руски и англиски, литературни критики и есеи. Неговите дела се предизвик за многу филмски и театарски режисери, а, во исто време, тој е и неизбежна фигура во изучувањето на светската литература од 20 век. РАСКАЗИ ОД КОЛИМА - ВАРЛАМ ШАЛАМОВ

Ова е првата збирка раскази на Варлам Шаламов, која ја обработува темата за животот на затворениците во ГУЛАГот. Авторот своите раскази ги пишувал во периодот од 1954 до 1962 година, откако се вратил од Колима. Овие раскази претставуваат еден вид реални исповеди на сето она што авторот го има видено и преживеано за време на своето седумнаесетгодишно прогонство во Колима. Зборникот содржи 33 раскази во кои Шала-

мов, кој одбива да пишува со класична нарација, па со тоа поставува нова традиција во литературата, документира интересни приказни со кои човештвото не е запознаено. Варлам Тихонович Шаламов е еден од советските писатели од минатиот век што се основачи на таканаречената советска логорска литература. Во текот на животот тој бил постојана мета на Сталиновите репресии, а тоа го чинело и осумгодишно прогонство во рускиот Север. По паѓањето на советскиот режим Шаламов бил целосно рехабилитиран, за што сведочат и големиот број спомен-обележја низ цела Русија. ЧАПАЕВ И ПРАЗНИНА - ВИКТОР ПЕЛЕВИН

Ова е роман на познатиот современ руски писател Виктор Пелевин, кој е напишан во 1996 година. Делото е добитник на престижната литературна награда „Страник“ за 1997 година во номинацијата „голем формат“. Самиот автор за својот роман вели дека е „прво дело во светската литература, во кое дејството се одвива во апсолутна празнина“. Сижејната линија следи два лика: Василиј Чапаев и поетотдекадент Пјотр Празнина, а опфаќа два мошне интересни периода од руската историја: 1918-1919 година и средината на деведесеттите години од минатиот век. Според романот е снимен и филмот „Малиот прст на Буда“, чија светска премиера ќе биде на 1 септември годинава. Виктор Олегович Пелевин е еден од најпознатите современи руски писатели. Неговите дела се преведени на многу јазици во светот, а добитник е на голем број национални и меѓународни литературни награди, меѓу кои и на „Мал Букер“, „Национален бестселер“ и „Големата книга“.

| 11

За вашето задоволство на плажа „Руска реч“ направи кус список од шест книги од руски автори кои можете да ги најдете на македонски јазик, а кои ќе претставуваат вистинско уживање додека се сончате на плажа или додека се разладувате во своите домови во овие жешки августовски денови РОМАН СО КОКАИН - МИХАИЛ АГЕЕВ

Овој свој роман авторот го издава под псевдоним во париското неделно списание „Илустриран живот“ (15 март - 5 јули 1934 година). Во целост е објавен во 1936 година од страна на издавачкиот колегиум на Париското друштво на писатели, а во СССР за првпат се појавува во 1989 година. „Роман со кокаин“ претставува раскажување на еден млад човек што живее во Москва во периодот пред и по Револуцијата. Тој зборува за својот развој од ученик до наркоман. Кулминациски момент на оваа психолошка исповед се моментите каде што главниот херој се анализира себеси отстрана, додека се наоѓа под дејство на наркотици. Во 2011 година режисерот Генадиј Сидоров ќе го сними и истоимениот филм, кој доживеа огромен успех како во Русија така и во цела Европа. Михаил (вистинско име Марк) Агеев е руски писател, преведувач, филолог. Како преведувач во 1924 година со советски пасош успева да замине во Германија, а оттаму се преселува во Франција. На почетокот на Втората светска војна заминува во Истанбул, а во 1942 година бил депортиран во Советскиот Сојуз. Започнал да живее во Ереван, каде што и го завршува својот живот.


12 |

ПАТУВАЊА

Освен плажа пет есенски патувања на море

Рускиот брег на Баренцово Море

Lori Images

Рускиот Галапагос, нуркање под мраз, крстарење по северните мориња или сурфање со змеј во Јапонско Море?

Дарја Гонзалес ПОВОЛНИ ЦЕНИ ЗА СУРФАЊЕ СО ЗМЕЈ НА ЈАПОНСКО МОРЕ

ПОСЛЕДНО НУРКАЊЕ ЗАД ПОЛАРНИОТ КРУГ

Сместување: од 50 долари за бунгалов Цена за исхрана: 20 долари дневно по лице

Провлакот Назимов, Јапонско Море

Lori Images

Јапонско Море ги обиколува бреговите на Русија, на Јапонија, како и на Јужна и на Северна Кореја. Песочниот провлак Назимов, копнено јазиче широко 100 метри и долго 5 километри, се наоѓа недалеку од Владивосток. Тој го одвојува заливот Експедиција од заливот Рејд Палад во Јапонско Море и претставува омилено место на љубителите на сурфањето со змејови. Тука е најдобро да се дојде наесен, кога со голема прецизност може да се предвиди правецот и силата на ветрот. Треба да се биде подготвен за скромните услови за сместување: мали бунгалови со површина од два на три метри (или шатор), плинско решо, заедничка бања и топла вода, која е достапна само навечер. Освен сурфањето со змеј, на туристите на ова место им се достапни и други видови еколошки забави. Во близина се наоѓа теснецот Сивучја, каде што налето југоисточните ветрови прават високи бранови, кои се погодни за традиционално сурфање. За само 5 евра моторен чамец може да ве одведе до местото каде што живеат северните крзнени фоки. А, на средината на септември со кола можете да се упатите на местата каде што цутат лотосите.

Сместување: од 100 долари дневно за соба Цена за еден ден нуркање: од 70 долари Задолжителни услови за нуркање: сертификати Advanced OWD PADI и Dry Suite PADI Баренцово Море, кое се наоѓа помеѓу Северен леден и Атлантски Океан, ги заплискува бреговите на Русија и на Норвешка. Тоа во целост се наоѓа зад Поларниот круг и временските услови на неговиот брег се нестабилни; затоа температурата на водата е прекрасна. На зима таа изнесува од 5 до 7 степени според Целзиус, а налето од 10 до 14. Баренцово Море е дестинација што љубителите на нуркањето под мраз никако не ја заобиколуваат. Тука живеат голем број растителни и животински видови: џиновски морски актинии, морски алги, ежови и морски гргеч, како и камчатски краби, кои како експеримент на ова место ги донеле советските научници. Инаку, крабите одлично се имаат аклиматизирано и денес распонот на клештите на некои примероци достигнува до два метри. Општо земено, одморот на островите од Баренцово Море е руска достапна алтернатива на островите на Галапагос. Галебите, сколовранците, тупиците и други видови птици што живеат тука не се плашат од луѓето и со задоволство воспоставуваат контакт со туристите.


ПАТУВАЊА

| 13

КРСТАРЕЊЕ ПО СЕВЕРНИТЕ МОРИЊА

Балтички провлак

На Чукотка туристите ги очекува голем број различни патувања. Можете, на пример, да одите на крстарење по северните мориња со попатни посети на заливот Гаврил, на Командорските Острови и на островот Итигран. На последниот се наоѓа таканаречената Алеја на китовите, која е составена од костури на гренландските китови.

Lori Images

Lori Images

Сместување: од 70 долари за соба Цена на аранжман: од 6.800 долари за 14 дена Пропусница: Чукотскиот автономен округ спаѓа во пограничната област на Русија и затоа за патувањето ви е потребна посебна пропусница. Резервација на аранжман автоматски значи дека агенцијата ќе се погрижи за регулирање на потребните документи

СОЛО ПО БАЛТИК

Сместување: од 10 до 20 долари по лице Балтичкиот провлак, тесен дел од копното долг 65 километри, е поделен меѓу Русија и Полска. Ова е медитативна алтернатива на одморот на прочуениот Курски провлак, кој секогаш е преполн со туристи. Од градот Балтијск на Балтичкиот провлак може да се стаса со траект, кој во едно возење превезува најмногу стотина луѓе и десетина автомобили. Балтичкиот провлак е прошаран со напуштени хангари за авиони. Кон средината на триесеттите години од минатиот век тука се наоѓал германскиот аеродром „Нојтиф“, од кој останале само полуразурнати градби од тула и авионски писти. Од крајбрежните падини насекаде стрчат искривени платформи за вооружување на крајбрежната стража, а во песокот можат да се најдат за‘рѓани фишеци од куршуми. Најголемата предност на Балтичкиот провлак во однос на други туристички дестинации во Калининградската област е малиот број туристи. И локални жители има малку, само 1.200. Ова значи дека нема да мора да се борите за место на плажа, но немојте да сметате на какви било други облици на забава освен капење, сончање и прошетки. Но, доколку посакате некаква друга активност, можете да отидете во Светлогорск, во Зеленоградска, па дури и во Калининград, кои се најпосетените места за одмор на рускиот брег од Балтикот.

Дербент, Касписко Езеро

Заливот Гаврил, Чукотка На Чукотка не постои железнички сообраќај, па затоа за патување по овој регион главно се користат моторни санки, хеликоптери или кучешки запреги. Ако сакате да ги запознаете чукотските северни кучиња, ќе мора да отпатувате во некое од далечните ескимски населби, на пример, до Уелен, каде што се наоѓа и работилницата што се занимава со резба по коски, а која е позната низ целиот свет. Тука можете да купите и сувенири: ескимско дајре, држач за мобилен од меѓупршленски диск од кит и фигури од коска од пенис на морж. ХАНСКИ БАЊИ НА БРЕГОТ НА НАЈГОЛЕМОТО ЕЗЕРО НА СВЕТОТ

Lori Images

Сместување: 40 долари по лице Каспиското Море, кое се наоѓа на географската ширина на северна Италија и на францускиот југ, е, всушност, најголемото езеро на светот. На неговиот брег се наоѓа еден од најстарите градови на територијата на Русија, дагестанскиот Дербент, кој годинава прославува две илјади години од своето постоење. Во последно време Касписко Море сè повеќе се приближува кон градот и постои реална можност Дербент наскоро да се прослави како дагестанска Венеција. Затоа, дури не е доцна, треба да се посетат локалните знаменитости. Имено, градот е познат по иранската тврдина Нарин-Кала, на чија територија се наоѓаат дрвените бањи на некогашните владетели ханови, како и затвор, кој е составен од ќелии во облик на бокал, чиј отвор е покриен со решетки, а косите ѕидови го спречуваат бегството на затвореникот. Може да се придружите и на организирана групна посета на локалната фабрика за коњак, па дури и да пробате нешто во салата за дегустација. Во продавниците производите на оваа фабрика за коњак се продаваат во декоративни пакување по цена од 10 долари за шише.


14 |

КУЛТУРА

Каде исчезнуваат Русите Елена Ким Петок попладне. Работната недела е завршена. На сите правци што водат надвор од Москва има колони возила кои се долги по десетици километри. Неколку часа московјаните нервозно „ползат“ по асфалтот со желба што побргу да стасаат во природа, и... конечно ете ја дачата! Дачата е еден од симболите на Русија. Во другите јазици овој збор воопшто и не постои. Во рускиот јазик зборот „дача“ се појавил во 18 век. Изведен е од глаголот „дава“ (рус. „давать“), зашто царот на својата аристократија ѝ давал парче земја со вазали како награда за верната служба. Оттогаш Русите од летната жега во градовите бегаат на дачите со семејствата на неколку месеци. Единствено кутриот татко на семејството морал да се вози со поштенска кола и да менува коњи, патувајќи во градот на служба. Од тие времиња во Русија сè се има сменето, но Русите и понатаму летото го минуваат на дача. Советскиот Сојуз на граѓаните исто така им доделувал плацови за различни заслуги. Тоа биле мошне мали парцели со површина од само 600 квадратни метри, па затоа народот и ги има наречено „шест стотки“ (односно „шест ари“). На овие мали плацови луѓето ѕидале куќи, а на останатото земјиште си правеле градина. Традицијата на одење на дача е зачувано и во современа Русија и стана еден вид глобална народна разонода. Според податоците на Серускиот центар за проучување на јавното мислење (ВЦИОМ), оваа година поголемиот дел од московјаните летото го минале недалеку од својата куќа, 31 отсто летувале на дача, а 31 отсто останале во Москва и за викендите заминувале надвор од градот. Значи, 62% од жителите на руската престолнина традиционално летуваат на дача. Што е тоа дача? Најпрво сакавме да видиме што мислат за ова странците. КЕРСТИН ТОМАС, НОВИНАР

„Обичајот на заминување на дача за граѓаните претставува извесна компензација за градската врева и за градското секојдневје... На дачата, во прегратка на природата, луѓето уживаат во риболов и во капење, собираат печурки или одгледуваат тиквички и домати... Еден мој пријател вели дека во Москва не може да се диши и ме повика да одиме во неговото родно село... Дрвената куќа на крајот на стариот селски пат изгледа како цртеж

од некоја сказна. Прозорците се украсени со бели резбани рамки, како некоја штиркана јака, а на една од нив си дреме мачка. Домаќинката нѐ пречекува со сарми... но, најпрво мораме добро да се препотиме и да се испариме во врелата парна бања“.

те со вино или со вотка“. Но, и Русите не можат точно да одговорат на прашањето што е тоа дача. Секој ја доживува на свој начин, зашто на дачата го прави она што го сака. ЗИНАИДА, ПЕНЗИОНЕРКА (73 ГОДИНИ)

БОРИС РАЈТШУСТЕР, ПИСАТЕЛ

„Дачата е како создадена за добро да се наспиете, да уживате во лежалка, да пиете чај на терасата и да водите бесконечни разговори, преку ден да шетате, а долгите ноќи да ги мине-

„Веќе 30 години секое лето го поминувам на дача. Таму имам градина во која одгледувам компири, краставици, домати, тиквички, кромид, моркови, јагоди и рибизли. Налето го јадеме сиот тој зеленчук и сето овошје од градината, а кога ќе


КУЛТУРА

налето?

Дачата е еден од симболите на Русија, а тоа на многумина странци им изгледа како некој цртеж од сказна. Во другите јазици овој збор не постои. Дачата не е викендичка, ниту, пак, е селска куќа во вистинската смисла на зборот. Оваа форма на летен живот во природа се има менувано низ царската, низ советската и низ современата доба, но суштината останала иста: на дачата се крие една од тајните на животот и на среќата то за духовен одмор и за физичка работа. Младите луѓе дачата ја користат, пред сè, за одмор.

ТАСС

ВАСИЛИЈ, ИНЖЕНЕР (30 ГОДИНИ)

залади уживаме во зимницата и се сеќаваме на топлите денови“. ВИКТОР, БРАВАР (58 ГОДИНИ)

„Оваа куќа ја имам направено со сопствени раце. Самиот ја имам поставено секоја тула. Сега се подготвувам да доѕидам гаража. Жена ми се грижи за градината, а планираме и да одгледуваме кокошки. Кога ќе заминеме и двајцата во пензија, ќе живееме тука“. Зинаида и Виктор ѝ припаѓаат на постарата генерација љубители на дачи. Дачата за нив е дел од домаќинството, мес-

| 15

„Со жена ми купивме плац за дача кога дознавме дека ќе добиеме дете. Не направивме градина. Наместо неа создадовме детско игралиште. На дачата обично одиме за викенд, а често ни доаѓаат и пријатели со нивните деца. Секако, печеме јагнешки раженчиња, а сакаме и да запееме покрај огнот“. Денес мнозинството нови жители на дачите, како што е Василиј, не добива плац, ами го купува. Ретко кој додека е млад и тукушто започнал да работи може да купи стан во големиот град, но многумина себеси можат да си дозволат парче земја на село. Во населбите што се обезбедени се градат куќарки, дворовите се сеат со трева, во центарот на композицијата се става скара за раженчиња и некакви други интересни нешта за разонода. Но, низ цела Русија уште од советско време постои мрежа на „професионални“ дачни населби. Во СССР се делеле по „шест стотки“ преку задругите што постоеле во рамките на различни организации. Така на картата на Русија се појавиле населби со дачи на писатели, на рудари, на сликари, на градежници или на хидротехничари... Главната особеност на ваквите професионални населби, се разбира, е професионалната ориентација. На некој чуден начин, имено, на дачата, далеку од работното секојдневје, се случува најваж-

ниот процес на интеракција меѓу колегите. Генадиј, кој многу години има дача, по професија е драматург. Тој има дача во населбата Московски писател. Тој за својот престој на дачата вели: „На дачата доаѓам со желба да се осамам... Но, многу ретко можам да се одморам и да бидам сам. Писателите се дружељубиви луѓе, понекогаш дури и премногу. Ако некому му е роденден или ако има некој повод за славење, се повикува целото соседство и започнува бучна прослава. Се обидувам да ги избегнам ваквите дружења, а доколку не успеам во тоа, гледам што побргу да заминам дома. Сепак, понекогаш е добро да се намине кај некого, зашто во градот многу работи премолчуваме, а во природата со вотка зборовите сами лизгаат. Затоа многу работи се решаваат токму на дачата. Имам напишано драма во која има многу впечатоци од ваквите седенки. Во руската литература тоа не е ништо ново. За дачите пишувале Чехов, Достоевски и Толстој“. Без оглед на тоа каква е дачата, голема или мала, раскошна или скромна, ваша или на некои ваши пријатели, таа има мошне важно место во животот на секој Русин. Некои го формулираат тоа вака: во Азија се одмораат за подобро да работат, а во Русија работат за да се одмораат, и тоа токму на дача. За особеностите на таинствениот руски карактер дознајте повеќе од статијата„Хемискиот состав на руската душа“ mk.rbth.com/35777

48% од жителите на руските градови поседуваат недвижност надвор од градот, а тоа е најчесто дача (27%) Поголемиот број луѓе на дачата одгледува овошје и зеленчук за своите потреби, сади цвеќе или само се одмора Малкумина изнајмуваат дачи или продаваат сопствени земјоделски производи, така што од дачата има и некаква материјална корист


ИМПРЕСУМ

16 |

КАЛЕИДОСКОП

Писмата на читателите, колумните и илустрациите означени како „мислење“, како и текстовите од рубриката „погледи“ во овој додаток се избрани за да претстават различни гледишта и не го изразуваат нужно гледиштето на уредникот на проектот „Russia Beyond the Headlines“ или на весникот „Росијскаја газета“. Ве молиме вашите писма и коментари да му ги испраќате на уредникот на urednik@mk.rbth.com

Интернет-страница: mk.rbth.com Еmail: urednik@mk.rbth.com Телефон: +7 (495) 775 3114 Факс: +7 (495) 988 9213 Адреса: ул. Правды 24, д. 2, Москва 125993, Россия. ЕВГЕНИЈ АБОВ издавач и директор на RBTH ПАВЕЛ ГОЛУБ главен уредник на додатоците на RBTH ВЈАЧЕСЛАВ ЧАРСКИ генерален продуцент ЕМИЛ НИАМИ превод, лектура, веб, гостин-уредник на додатокот „Руска реч на македонски“ ЕКАТЕРИНА ТУРИШЕВА заменик генерален продуцент за Балканот, МАРИЈА СМИРНОВА асистенција, веб АНДРЕЈ ЗАЈЦЕВ, НИКОЛАЈ КОРОЉОВ илустрации За огласување во овој додаток, ве молиме да се обратите на ЈУЛИЈА ГОЛИКОВА, директор на одделот за односи со јавност: julia.golikova@rbth.com

Алексеј Маљгавко / РИА Новости

Додатокот „Руска реч“ го финансира, уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва, Русија).

Учеснички на парадата „Дама на велосипед“ во паркот Сокољники во Москва

ИГОР ДАНИЛОВИЌ координатор на „Руска реч“ во „Нова Македонија“ ВЛАДИМИР МИЈАНОВИЌ помошник-координатор на „Руска реч“ во „Нова Македонија“ МАРЈАН ДЕЛЕВСКИ дизајн МАРИЈА ЧУНДЕВА технички уредник

Забрането е копирање, дистрибуција или преземање на содржините од овој додаток, освен за лична употреба, без писмена согласност на „Росијскаја газета“. Ве молиме за дозвола да се обратите на телефон +7 (495) 775 3114 или на и-мејлот urednik@mk.rbth.com „Russia Beyond the Headlines“ не сноси одговорност за ненарачаните текстови и фотографии.

RBTH издава 30 прилози во 24 земји со вкупна месечна публика од 33 милиони луѓе, а исто така одржува и 20 сајта на 16 јазика.

Алексеј Маљгавко / РИА Новости

Russia Beyond the Headlines (RBTH) го финансира „Росијскаја газета“, руски дневен весник. Содржината на овој подлисток е подготвена без учество на новинари и уредници на „Нова Македонија“. RBTH се финансира за сметка на добивката од рекламодавците и од комерцијалните спонзори, а исто така и од средства на руски државни институции. Ние се занимаваме со независна редакциска позиција и претставуваме различни гледни точки на настаните во Русија и во останатиот свет со помош на квалитетна содржина и експертски мислења. Од моментот на нашиот почеток во 2007 година се стремиме да се придржуваме до високите редакциски стандарди, да го покажеме најдоброто новинарство од Русија и за Русија. На таков начин се надеваме дека ќе пополниме една важна дупка во информирањето за нашата земја од страна на другите медиуми. Сите прашања и коментари за нашето финансирање или за нашата редакциска структура, ве молиме да ги упатите на urednik@mk.rbth.com. Повеќе информации на mk.rbth.com.

Крајот на јули почетокот на август е времето кога цутат лотосите на рускиот Далечен Исток. Постојат различни видови лотоси: жолт, касписки, индиски и комаров, кој најмногу расте на Далечниот Исток во Русија и е единствениот вид лотос кој може да се најде на ова место

Церемонијата на затворањето на 16 Светско првенство во спортови на вода во Казањ

Јуриј Смитјук / ТАСС

© 2014 сите права се задржани од ФГБУ „Росијскаја газета“: АЛЕКСАНДAР ГОРБЕНКО претседател на редакцискиот совет, ПАВЕЛ НЕГОИЦА генерален директор, ВЛАДИСЛАВ ФРОНИН главен уредник.


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.