Руска реч на македонски (#32)

Page 1

mk.rbth.com

Прилогот го уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва), која е целосно одговорна за содржината. Се печати и се дистрибуира во соработка со „Нова Македонија“.

САБОТА - НЕДЕЛА, 19-20 МАРТ 2016 ГОДИНА

Издание на

ТАСС

Зошто НАТО ја обвинува Москва за бегалската криза? стр. 3

НАТО vs. Русија: Зошто се споменува Трета светска војна? стр. 4-5

ВЕЛИМИР СТОЈКОВСКИ

Русија за мене значи многу

Русија го смени текот на конфликтот во Сирија Кажете ни што мислите за Русија на страниците на „Руска реч на македонски“ на Интернет-мрежата! ruskarecmk mk.rbth.com

ruskarecmk

БРОЈ 32

стр. 9-11

стр. 2

Генијалните соништа на руските научници, поети и композитори стр. 14-15

„Росијскаја газета“ уредува прилози за Русија во 37 водечки светски весници, вклучувајќи ги и „Њујорк тајмс“, „Дејли телеграф“, „Фигаро“ и „Ла Република“


2|

ПОЛИТИКА И ОПШТЕСТВО

Русија го смени текот на конфликтот во Сирија Првиот човек на Русија Владимир Путин му нареди на министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу на 15 март да започне со повлекување на основните сили од Сириската Арапска Република. - Сметам дека задачите кои беа поставени пред Министерството за одбрана се во целост исполнети. Затоа наредувам од утрешниот ден да започне повлекување на основните единици на нашата воена групација од Сириската Арапска Република - изјави Путин. Како што подвлече тој, пред повлекувањето вооружените сили на РФ треба да организираат стабилна заштита на пунктовите на постојаното базирање на руските вооружени сили на пристаништето Тартус и на авиобазата Хмејмим, кои ќе продолжат да функционираат во истиот режим. - Дел од нашите воени единици се наоѓаа во Сирија традиционално во текот на многу претходни години, а денес тие ќе треба да исполнат мошне важна функција - контрола на прекинот на огнот и создавање услови за мировниот процес - додаде шефот на државата.

ЗАМИНУВАМЕ, НО ОСТАНУВАМЕ Според главниот уредник на магазинот „Русија во глобалната политика“ Фјодор Лукјанов, Русија ја исполнила својата основна задача во Сирија и не дозволила земјата да го повтори патот на Либија - да се претвори во целосно неконтролирано жариште на нестабилност во регионот. - Главната цел на операцијата на руските воено-космички сили не беше само спротивставување на борците на ИДИЛ, туку и менување на текот на граѓанската

Алексеј Тимофејчев

Претседателот на Русија Владимир Путин на 15 март нареди да се започне со повлекување на делови од воените единици од Сирија. Според руските експерти, повлекувањето се однесува на пешадијата и на воздушнокосмичките единици со целосно зачувување на флотата, на системот ПРО и на разузнавањето во регионот војна. За сметка на нашите авионски напади, владината армија успеа да отстрани дел од радикалната опозиција и од терористите од најголемите градови во земјата - подвлекува експертот. Според него, Русија ќе тргне по патот на САД во Авганистан - ќе повлече поголем дел од војската, но ќе остави политички значјана и ефикасна групација. Така, дел од вооружените сили на РФ ќе бидат базирани на територијата на Си-

Од 27 февруари по иницијатива на Русија и на САД на територијата на Сирија е во сила договорот за прекин на огнот, кој не се однесува на борците на терористичката организација ИДИЛ Воената операција на воено-воздушните сили на РФ против борците на терористичката организација ИДИЛ започна во Сирија на 20 септември 2015 година Како што информираше министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу за време на состанокот со Владимир Путин, сириската војска ослободила повеќе од 400 населени места и извршила повеќе од 9.000 летови, во кои биле уништени повеќе од 2.000 борци на ИДИЛ со потекло од Русија. Според првиот човек на МО, руските воздушно-космички сили уништиле повеќе од 200 објекти за експлоатација на нафта на ИДИЛ и успеале во целост да ја запрат ресурсната поддршка за терористите

рија на пристаништето Тартус и на авионската база Хмејмим. Според шефот на одделението за евроазиска интеграција и развој на ШОС при Институтот на земјите од ЗНД Владимир Евсеев, намалувањето ќе се однесува само на пешадијата и на воздушно-космичките сили. - Во целост ќе биде задржана групата бродови во Средоземно Море, а исто така системите ПРО, РЕБ и разузнавањето во регионот. Русија сака да иницира мировен процес и затоа е подготвена на повлекување на „борбениот“ дел од својата војска - вели за „Руска реч“ воениот експерт. Како што забележува Евсеев, доколку настаните почнат да се развиваат во негативна насока, а Турција и Саудиска Арабија го искористат намалувањето на руското воено присуство, Москва ќе ги врати своите воено-космички сили во целост. - Засега не постои никаква „победа на земја“. Русија се обидува да ја смени ситуацијата, со цел да го намали бројот на странски играчи во сирискиот случај. За постигнување успех, со сегашното воено темпо ќе бидат потребни, во најмала рака, осум месеци борби и стрелање од воздух, што ќе доведе до уништување на инфраструктурата и до гинење на мирното население. Тоа никој не го сака додава експертот. Според него, Русија водела консултации зад затворени врати со САД и го започнала намалувањето со ветување за намалување на турското инволвирање во сирискиот проблем. - Во таков случај ќе успееме полесно да ја решиме кризата. Слични обврски можат да важат и за партнерите од Саудиска Арабија - подвлекува Евсеев.


ПОЛИТИКА И ОПШТЕСТВО

|3

Зошто НАТО ја обвинува Москва за бегалската криза? Командантот на силите на НАТО во Европа, американскиот генерал Филип Бридлав, ги обвини Русија и сирискиот претседател Башар ал Асад за намерно користење на бегалската криза. - Русија и режимот на Ал Асад намерно ја користат миграцијата во обид да ги разнишаат европските структури и да ги уништат европските стандарди изјави генералот на почетокот од месецов во своето излагање пред комисијата на сенатот за прашањата на вооружените сили. Командантот на НАТО за Европа исто така нагласи дека меѓу бегалците кои доаѓаат во Европа има и терористи, криминалци и обучени легионери, што претставува сериозна опасност од терористички напади.

СТАРИ ОБВИНУВАЊА Обвинувањата на генералот Бридлав не се први изјави од ваков вид. Експертите потсетуваат дека на Русија ѝ беа упатени слични обвинувања пред почетокот на воената кампања во Сирија кон крајот на септември минатата година. Логиката на овие изјави се состоеше во тоа што Русија, која ѝ дава поддршка на власта на Ал Асад, придонесува за продолжување на сириската криза, и со самото тоа, за сè поголем број бегалци. Во сегашната фаза аналитичарите ги поврзуваат вистинските причини за критиките на дејствијата на Русија со успесите на руската воена авијација и на сириската армија. Москва успеа да ги стабилизира позициите на сириската власт. Војската на Ал Асад успешно напредуваше до примирјето кое беше прогласено неодамна.

НАТО ги обвини Русија и властите на Сирија за предизвикување на кризата со сириските бегалци со цел да се дестабилизира Европа. Според мислењето на експертите, Западот на овој начин сака да ја префрли на Русија вината за миграциската криза, која е еден од најакутните проблеми на современа Европа

Од друга страна, експертите со кои се консултираше „Руска реч“, обрнуваат внимание на фактот дека бегалците во Европа се појавија пред почетокот на руската операција. Како што истакнува Александар Циганок, шеф на Центарот за воено прогнозирање, бегалците од земјите од Блискиот Исток и од Северна Африка се појавија по втората војна во Ирак и се засили по конфликтите во Либија и во Сирија, во кои учествуваа некои западни земји.

ПРЕФРЛАЊЕ НА ВИНАТА Од Сирија доаѓаат само една третина од сите бегалци кои ја преплавија Европа, истакнува Михаил Александров од Центарот за воено-политички истражувања при Московскиот државен институт за меѓународни односи. Доколку се погледне структурата, може да се види дека преовладуваат државјани на Либија, Ирак, Авганистан, Јемен и на Мали. - Се користи пропаганда, се води информациска војна и се прават обиди да се излажат западните жители - објаснува Александров во контекст на изјавите на Бридлав. Западот мора да го објасни сè поголемиот број бегалци што стигнуваат, зашто тоа стана еден од најсериозните политички проблеми. Во врска со ова треба да се најде виновникот за оваа криза и да се префрли вината на некој друг, се сложува со Александров претседателот на Институтот за стратешки проценки Александар Коновалов.

ВТОРА ПО БРОЈОТ МИГРАНТИ Русија од објективни причини не може да биде заинтересирана за стимулирање на миграциската криза во Европа.

Како што нагласуваат експертите, голем број бегалци во Европската Унија се потенцијални бегалци во Русија. Освен тоа, Русија, според податоците на ОН, веќе сега е втора земја во светот, по САД, според бројот на бегалци. Ова се податоци од септември 2013 година. Потоа, поради конфликтот во Украина, во Русија дојдоа над милион лица. Токму тоа е причината зошто Русија не може да остане настрана кога станува збор за миграциската криза во Европа. Бегалците ја користат нејзината територија како привремена база преку која заминуваат во државите од Европската Унија. Преку северните предели на Руската Федерација бегалците се обидуваат да продрат во Финска и во Норвешка. Претходно медиумите соопштуваа за подготвеноста на властите на Финска да ја затворат границата со Руската Федерација кога станува збор за преминувањето на бегалци, што зборува за големите проблеми во тој поглед.

СТАБИЛНОСТ ВО ЕВРОПА И ВО СИРИЈА Експертите се исто така уверени дека секоја дестабилизација на Европа е во спротивност со фундаменталните интереси на Русија. - Нам ни е потребна стабилна Европа за да можеме со нејзина помош да ги решиме своите проблеми - вели Александар Коновалов. На Русија исто така ѝ е потребна стабилност во Сирија, која е единствен гарант за трајно решение со сириските бегалци. Москва смета дека до такво решение може да се дојде доколку се зајакнат позициите на Ал Асад. Тоа треба да ја поттикне опозицијата на преговори со претседателот и на барање решение за конфликтот по мирен пат.

Ројтерс

Игор Розин


4|

ПОГЛЕДИ

НАТО vs. Русија Зошто се споменува Трета светска војна? Владимир Михеев Велика Британија, како и секоја друга суверена дражва која држи со себе, има целосно право да преземе мерки за кои смета дека се потребни за подобрување на сопствените одбранбени и безбедносни капацитети. Ова во денешно време е сосема разбирливо, со оглед на тоа дека постои реална опасност од терористички акции како што се бомбашките напади во Лондон од 7 јули 2005 година. На британската безбедност влијаат и регионалните војни што се одвиваат во релативна близина на оваа земја, во источна Украина и во Сирија. Но, одделно прашање е што всушност се крие зад одржувањето на британските воени вежби на Блискиот Исток. Неодамна беше објавено дека 1.600 војници ќе бидат испратени во Јордан за изведување симулации на воена акција, со слични размери како што беше инвазијата на Ирак. Освен официјалните информации, во медиумите се појавија и објаснувања дека ваквите маневри се одржуваат „првпат по повеќе од една деценија“. Целта на споменатите активности е проверка на способноста за испраќање и распоредување експедициски корпус од 30.000 војници на кое било кризно жариште во светот. Работите добија поинаква смисла кога лондонскиот весник „Телеграф“ цитираше неименуван извор кој објаснува која е непосредната стратешка цел на оваа операција. „Не станува збор за маневри на кои вежбаме борба против ИДИЛ. Може да се каже дека таму се подготвуваме за заедничко дејствување со Американците, и тоа пред сè во Украина, а не во Сирија“. Не постои друг начин да се протолкува оваа изјава, освен како претпоставка дека САД сепак ја разгледуваат идејата за испраќање трупи во Украина со поддршка на Велика Британија како стратешки сојузник. Кон ваков заклучок води и тоа што воениот новинар на весникот „Телеграф“ Бен Фармер повторно ја објави изјавата на својот извор, најверојатно од британското Министерство за одбрана, во која се ве-

ли дека на операцијата во Јордан „може да се гледа како на подготовка за ситуација кога ќе биде потребно големите и добро вооружени британски сили да бидат испратени во источна Европа поради евентуален судир помеѓу Русија и НАТО“. Овие написи се појавија во исто време како и два други настана со големо симболичко значење. Првиот од нив е псев-

додокументарниот филм на Би-Би-Си „Трета светска војна: во командниот центар“ емитуван на 3 февруари годинава. Сценариото се засновува на фиктивни настани во летонската источна област Латгали, покрај границата со Русија, каде припадниците на руското малцинство креваат востание и прогласуваат „Латгалска народна република“. Сосема е јасна парале-


ПОГЛЕДИ

Британските маневри на кои единиците можеби се подготвуваат за евентуална операција во источна Украина, неодамнешниот коментар на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и филмот на компанијата Би-Би-Си за нуклеарен судир помеѓу Русија и НАТО предизвикан од проруското востание во Летонија, поттикна пораст на тензиите помеѓу Москва и Северноатлантската алијанса, наместо да се работи на нејзино смирување

2013 година руските авиони што можат да носат нуклеарно вооружување се приближиле на Стокхолм, со цел „симулација на нуклеарен напад врз Шведска“. Се чини дека овие изјави служат за да придонесат за трендот на пораст на довербата што Швеѓаните ја имаат во однос на НАТО. Резултатите од неодамнешните анкети покажуваат дека во 2013 година само 10 отсто од нив верувале дека земјата треба да се приклучи на Северноатлантската алијанса, додека денес вака мислат 41 отсто од граѓаните. Филмот на Би-Би-Си само навидум претставува обична фикција, додека кај граѓаните на Европската Унија тој ја зајакна перцепцијата за Русија како држава која е подготвена да употреби нуклеарно оружје во случај на евентуален судир. Изјавата на Столтенберг најверојатно ќе предизвика сличен ефект. Оваа емисија со псевдодокументарни сцени кои се одвиваат во Латвија секако може да се протолкува и како извесно „хи-

потетичко сценарио“, но воените стратези од двете страни често се однесуваат токму како во филмот. По ова, изостана поостра реакција на Кремљ, додека руските блогери воопшто не беа благонаклонети кон авторите. На пример, еден од нив рече дека филмот претставува „демонизација на Русија на 85 ниво“ и дека неговата цел е британската јавност да се подготви на можноста од употреба на нуклеарно оружје во Европа. Од друга страна, во Велика Британија имаше различни коментари. Некои филмот го поздравија со воодушевување, други, пак, го оценија како „провокација“. Анабел Чепмен од магазинот „Проспект“ не го поддржа филмот на Би-Би-Си, но од сосема друга причина: „Пошироко гледано, доколку Русија ја претставувате како закана, а припадниците на малцинството во Летонија како сепаратисти, тогаш вие на Рига ѝ импутирате беспомошност, а на западните сојузници нерешителност, и тогаш ваквата емисија им оди во прилог на определени тврдења што стигнуваат од Кремљ“. Но, овие наводи не се точни. Москва никогаш отворено не се претставувала себеси како закана за кого и да е, ниту кај Русите во Летонија поттикнувала сепаратизам. Рига не ја третирала како беспомошна страна, а немало ниту изјави кои можат да се протолкуваат во смисла на тоа дека Западот „се мисли“, иако некој можеби на тој начин ги сфатил некои од потезите во претходниот период. Без оглед на толкувањата, сепак мора да се забележи следново: на Запад политичарите, високите државни службеници и медиумите упорно го повторуваат тврдењето дека не може во целост да се исклучи можноста од избувнување на војна во која би се користело оружје за масовно уништување. Навестувањата за испраќање на англоамерикански трупи во Украина и постојаните приказни за можна нуклеарна катастрофа, дури и ако се претставуваат како измислено сценарио, шират страв и ги потврдуваат стереотипите, со што се намалува шансата за воспоставување меѓусебна доверба и надминување на досегашните несогласувања. Можеби некој во филмот на Би-Би-Си може да пронајде и определена антивоена порака, макар и во гротескна форма. Сепак, војната не се спречува со тоа што на публиката ѝ се претставува „хипотетичко сценарио“ во кое судирот е неизбежен. Би-Би-Си започна дебата за настаните кои би можеле да доведат до евентуална Трета светска војна, но нема да биде добро доколку таа стане „предвесник кој може да се исполни“.

Алексеј Иорш

лата што авторите ја повлекуваат со потезите на проруските борци во Донецк и во Луганск во источна Украина во 2014 година. Во филмот понатаму се прикажува како неколку војници и дипломатски британски високи службеници се собираат во „Командниот центар“ во Лондон, каде потоа решаваат големо прашање: да се преземе нуклеарен напад и на тој начин да се ризикува избувнување Трета светска војна или не? Секако, за ова одлука мора да донесе британската влада, која, како и генералот Ричард Ширеф, кој до март 2014 година беше заменик-командант на Сојузничката команда на НАТО, може да го постави прашањето: Подготвени ли сме да загинеме за Даугавпилс (град во Летонија)?“ Вториот важен настан се случи на 2 февруари кога генералниот секретар на НАТО Јенс Столенберг, за време на претставувањето на годишниот извештај на алијансата, изнесе тврдење дека во март

|5

Владимир Михеев е политички аналитичар, еден од авторите на проектот Troyka Report


6|

ТЕРОРИЗАМ

Невидливата борба против ИДИЛ Федералната служба за безбедност на Русија на 18 февруари соопшти дека во Подмосковје биле уапсени 14 членови на „меѓународна група“ поради фалсификување документи за борците на ИДИЛ, кои, пак, се подготвувале да заминат во Сирија. Десет дена претходно во Екатеринбург, беа уапсени седуммина државјани на РФ и на ЗНД под сомневање дека подготвувале терористички напади во Русија. Кај нив се пронајдени оружје и експлозив.

ЧЕТВРТИНА ВЕК„ВО ВОЕНА СОСТОЈБА“ Експертите со кои се консултираше „Руска реч“ сметаат дека спроведените операции се пред сè доказ за одличното функционирање на руските безбедносни служби. Според Иван Коновалов, директор на Центарот за проучување на стратешката ситуација, во текот на изминатите години стекнато е „огромно искуство кое овозможува да се спротивставиме на ИДИЛ“. - По распадот на Советскиот Сојуз нашата земја, поточно речено нашите безбедносни структури, фактички постојано беа во воена состојба, зашто мораа да извршуваат борбени или специјални задачи - вели експертот во интервју за „Руска реч“, мислејќи пред сè на борбата против екстремистите од севернокавкаските републики на Русија. Од друга страна, операциите на безбедносните служби говорат за активностите на припадниците на ИДИЛ во Русија. Според Сергеј Гончаров, претседател на Асоцијацијата на ветераните на антитерористичката единица „Алфа“, овие апсења потврдуваат дека ИДИЛ сега е мошне активна на територијата на Русија. Како што истакнува Александар Михајлов, кој во деведесеттите години од минатиот век беше на чело на информативната служба на Федералната служба за безбедност, „мрежата на поврзани ќелии на ИДИЛ секако е присутна во РФ“, но е тешко да се претпостави во колкава мера. Експертите се повикуваат на бројките што ги

ТАСС

Алексеј Тимофејчев

објавија руските власти. Кон средината на декември минатата година Федералната служба за безбедност соопшти дека 2.900 државјани на Русија се осомничени за поврзаност со ИДИЛ. Од нив речиси 200 загинале во борбени дејствија, а 214 се вратиле во Русија. Против 1.000 државјани на РФ се поднесени тужби поради сомнеж дека учествувале во борбени дејствија во странство.

РАБОТАТА НА АГЕНТИТЕ НА ТЕРЕН И БОРБАТА ПРОТИВ ФИНАНСИСКИТЕ КАНАЛИ Како што истакнуваат експертите, главниот метод кој засега овозможува ефикасно спротивставување на ИДИЛ е оперативната работа на агентите на терен. Специјалните служби на различни начини се трудат да дојдат до припадниците на ИДИЛ во Русија, користејќи ја секоја информација што им е достапна. Покрај работата на агентите, руските специјални служби се обидуваат да ги прекинат каналите преку кои се финансираат структурите на ИДИЛ во РФ. Како што велат од Федералната служба за безбедност, се проверува учеството на над 1.600 приватни и правни лица во Русија за давање материјална поддршка на ИДИЛ.

СЕЛЕКТИВЕН НАПАД Во операциите кои ги спроведоа безбедносните служби вниманието на експертите го привлекоа два важни моменти. Како што истакнува Александар Михајлов, во случајот со фалсификуваните документи не е исклучено дека се вме-

Руската служба за државна безбедност минатиот месец соопшти дека на територијата на Русија се спроведени две успешни акции против припадниците на ИДИЛ. „Руска реч“ се заинтересира за прашањето во која мера исламистичкото подземје е присутно во Русија во моментов и како руските безбедносни сили се борат против него шани и корумпирани службеници од државниот апарат и од правосудните органи. Луѓето што ја покривале оваа група исто така можат да бидат уапсени. Според него, извршен е „селективен напад на најранливото место“. Имено, пронајдени се списоци на луѓе на кои фалсификуваните документи им се веќе врачени, или на кои требало да им бидат врачени. Кога станува збор за операцијата во Екатеринбург, Иван Коновалов обрна внимание на самиот факт дека екстремистите избрале град на границата на европскиот и азискиот дел на Русија. Тој претходно не фигурираше во соопштенијата за припадниците на ИДИЛ и изборот на Екатеринбург покажува дека терористите „можат да се појават на секое место“. Според него, тие на овој начин се обидуваат да ја пронајдат „слабата точка“ на руските безбедносни служби.

СИЛЕН И ПОДМОЛЕН НЕПРИЈАТЕЛ Според Сергеј Голованов, откако Русија влезе во отворена војна против ИДИЛ во Сирија, оваа терористичка организација главното внимание го насочува кон нашата земја. Како што претходно соопшти Националниот антитерористички комитет на Русија, ИДИЛ има специјална единица која подготвува терористички напади во Руската Федерација и во Европа. Оваа единица е главно составена од луѓе кои потекнуваат од Северен Кавказ. На нејзино чело е извесен Ахмед Четаев, со прекар Еднорак. Како што нагласува Коновалов, создавањето вакви одреди е „методика на секоја нормална армија или на секоја нормална безбедносна служба“. На ИДИЛ ѝ се потребни луѓе што го знаат јазикот и теренот. - Ние војуваме против мошне силен и подмолен непријател - истакнува експертот. Повеќе за учеството на Русија во борбата против ИДИЛ во Сирија прочитајте на нашиот сајт http://mk.rbth.com/tag/конфликт во сирија


ЕКОНОМИЈА

|7

Најбогатиот човек во Русија Леонид Михељсон е сопственик на компанијата „Новатек“, најголемиот гасен гигант во Русија. Тој поседува 14,4 милијарди американски долари. Освен тоа што е најбогат жител на Русија за 2016 година, тој го зазема 60 место на светската листа на најбогати луѓе според магазинот „Форбс“. За разлика од поголемиот број државјани на Русија на оваа листа, Михељсон својот капитал го зголеми во текот на минатата година. Згора на тоа, неговата компанија „Новатек“ го оспорува ексклузивното право на компанијата „Гаспром“ за извоз на природен гас во странство. Според мислењето на експертите, лесно може да се случи Михељсон од овој спор да излезе како победник.

ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КАПИТАЛОТ Основниот извор на порастот на капиталот на Михељсон „Форбс“ го објаснува со поволната трансакција. Имено, тој во 2015 година успеа на кинеската државна компанија „Синопек“ да ѝ продаде 10 отсто од акциите на најголемиот руски петрохемиски холдинг „Сибур“ за 1,3 милијарди американски долари. „Форбс“ наведува дека другиот сосопственик на ова претпријатие е Кирил Шамалов, за кој се претпоставува дека е зет на рускиот претседател Владимир Путин. Во бизнисот поврзан со експлоатација и продажба на гас Леонид Михељсон своите врски ги стекнал благодарение на татка си Виктор Михељсон, кој порано беше главен градител на гасоводи во СССР. За разлика од многу други олигарси, Михељсон не извезува само суровина, ами и продава нејзини преработки. - Леонид Михељсон се најде на првото место на магазинот

Леонид Михељсон во 2016 година стана најбогатиот човек во Русија според верзијата на магазинот „Форбс“. Тој веќе претендира на ривалство со рускиот гасен гигант, моќната компанија „Гаспром“. Што се знае за најбогатиот државјанин на Руската Федерација?

„Форбс“ благодарение на тоа што во периодот на пад на цените на суровата нафта, се ориентираше на петрохемиските производи кои носат приходи засновани на високи маржи - објаснува Емиљ Мартиросјан, доцент на Руската академија за народно стопанство и државна администрација. Според него, цените на петрохемиските производи не се намалиле по падот на цената на фосилното гориво, ами напротив, се покачија. Компанијата „Новатек“ на Ми хељсон е една од малобројните компании кои ја зголемија својата капитализација во текот на 2015 година, додава аналитичарот на инвестициската компанија „Премиер“ Иљја Балакирев.

МИХЕЉСОН VS.„ГАСПРОМ“ Во февруари годинава компанијата „Новатек“ на Михељсон се обрати до Владата на Руската Федерација со предлог да ѝ се дозволи извоз на гас во Европа по каналите на „Гаспром“. Засега „Гаспром“ го има монополот на извоз на гас. Иницијативата на „Новатек“ беше поддржана од страна на Министерството за енергетика, соопштува рускиот бизнис-весник „Ведомости“. Според податоците што ги наведува министерството, приватната компанија ќе му помогне на „Гаспром“ да ги потисне норвешките производители. Згора на тоа, доколку на „Новатек“ ѝ се дозволи извоз на гас, со тоа ќе бидат намалени и политичките ризици. - Оваа одлука има смисла во многу на-

соки каде е силно изразено расположението против „Гаспром“ - додава Иљја Балакирев. Конкретно, Литванија систематски го намалува количеството гас што го купува од „Гаспром“ и го избира норвешкиот гас. Згора на тоа, „Новатек“ може да добие дозвола за користење на гасоводот „Силата на Сибир“, со кој се транспортира гас од Русија во Кина. За овој гасовод „Гаспром“ мора да индустријализира нови наоѓалишта, така што гасот на независните производители ќе биде добредојден. И на крајот, доколку на „Новатек“ му се дозволи пристап до каналите за извоз на „Гаспром“, со тоа ќе бидат укинати сите административни ограничувања за изградба на нови гасоводи од Русија кон Европската Унија: за „Јужен тек“ по дното на Црно Море, и за втората линија на „Северен тек“ под дното на Балтичко Море. - Доколку гасоводот го користат и други компании, тогаш ќе биде исполнето едно од барањата на Третиот енергетски пакет на Европската Унија - вели Иван Капитонов, доцент на Руската академија за народно стопанство и државна администрација. Според овој нормативен пакет, една компанија не може да биде сопственик на гасовод и единствен доставувач на гас. Имено поради ова ограничување Бугарија на барање на Европската комисија го блокираше проектот „Јужен тек“. - Доколку се вклучи и „Новатек“, тогаш сите страни од тоа ќе имаат корист и Русија во целост ќе го зачува својот дел од пазарот на Европската Унија и покрај сите препреки - додава Капитонов.

Како се менуваше имотната состојба на петтемина најбогати руски државјани? ЛЕОНИД МИХЕЉСОН 2016 година - 14,4 милијарди американски долари (60 место) 2015 година - 11,7 милијарди американски долари (105 место) МИХАИЛ ФРИДМАН 2016 година - 13,3 милијарди американски долари (63 место) 2015 година - 14,6 милијарди американски долари (68 место)

ТАСС

Алексеј Лосан

АЛИШЕР УСМАНОВ 2016 година - 12,5 милијарди американски долари (73 место) 2015 година - 14,4 милијарди американски долари (71 место) ВЛАДИМИР ПОТАНИН 2016 година - 12,1 милијарди американски долари (78 место), 2015 година 15,4 милијарди американски долари (60 место) ГЕНАДИЈ ТИМЧЕНКО 2016 година - 11,4 милијарди американски долари (85 место) 2015 година - 10,7 милијарди американски долари (118 место)


8|

НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА

Руската армија се ориентира на роботи

На изложбата „Роботизација РФ“ (одржана во Москва кон средината на февруари годинава под покровителство на Министерството за одбрана) руската воена индустрија за првпат претстави низа офанзивни борбени роботички системи. Обединетата корпорација за производство на уреди го обелодени проектот на воздухопловниот роботички систем „Разведчик“, кој е составен од робот-хеликоптер, коптер-набљудувач, коптерразузнавач и офанзивен коптер со модул за исфрлање гранати. Сиве овие летала можат да дејствуваат како група, но и самостојно. На пример, тие самите ја избираат патеката, се ориентираат во просторот, „комуницираат“ со другите беспилотни летала, го набљудуваат теренот и пренесуваат податоци во командниот центар. - Коптерот со фрлач на гранати, кој е дел од системот „Разведчик“ е првото беспилотно летало во Русија - вели за „Руска реч“ Леонид Хозин, претставник на Обединетата корпорација за производство на уреди. Ова летало не беше донесено на из-

ложбата, но компанијата објави видеоснимка на која се гледа како коптерот лета и отвора оган од фрлач на гранати. Според снимката не може да се каже дали во тоа време коптерот имал задача да погоди некоја цел, но се гледа дека колебањето за време на исфрлањето граната не влијае на летот на коптерот, што значи дека со погоден нишански систем овој апарат може да биде прецизен стрелец и да го оправда називот прво офанзивно беспилотно летало, макар и во оваа „лајт-варијанта“.

„КОРСАР“ И НЕГОВОТО „ОКО ШТО ГЛЕДА СÈ“

mil.ru

РУСКИ ОФАНЗИВНИ БЕСПИЛОТНИ ЛЕТАЛА: ЛАЈТ-ВЕРЗИЈА

Беспилотното летало „Фрегат“ претставува уникатна перспективна разработка. Може да превезе 1-1,7 тони товар и да остане во воздух околу 10 часа. Развива брзина до 700 километри на час. Сериското производство ќе започне по 2022 година

Уран-9 е офанзивен робот за поддршка на борбените единици во градски услови. Вооружен е со противтенковски ракети „Атака“, со ПВО ракети „Игла“, автоматски топ со калибар од 30 милиметри и со автоматска пушка со калибар од 12,7 милиметри

Михаил Синицин

Целта на амбициозната програма за роботизација до 2025 година (донесена кон крајот на 2014 година) е создавање борбени роботи кои можат да функционираат во вода, во воздух и на земја. Ова го изјави заменик-началникот на Управата за научноистражувачка дејност и национални проекти при Министерството за одбрана на РФ Роман Кордјуков. Во тек е формулирање на единствените технички норми и стандарди за роботите за воена намена. Треба да се реши проблемот на замена на увозната стока со домашни производи, да се направат полигони за тестирање и да се воспостави ефикасна соработка помеѓу воената индустрија и Министерството за одбрана како краен корисник на борбените роботи. Веќе е во тек тестирањето на постоечките нови роботички системи. Според Сергеј Попов, началник на Државниот научноистражувачки тест-центар, војската ќе ги добие во текот на 2016 година.

Михаил Синицин

Татјана Русакова

Роботите стануваат секојдневие на руските вооружени сили и ги преземаат најопасните и „највалкани“ работи, формирајќи на тој начин армија од сосема нов вид. Како ќе изгледа бојното поле во иднина? Каква улога ќе играат на него руските борбени роботи и што умеат да направат тие сега?

Мобилниот робот „Варан“ пронаоѓа и демонтира експлозивни направи, работи наместо човекот во средина контаминирана со хемиско и со биолошко оружје

Како што велат за „Руска реч“ од Обединетата корпорација за производство на уреди, веќе во текот на оваа година Русија може да добие и други офанзивни летала, кои налето 2016 година ќе бидат и официјално тестирани. Станува збор за беспилотното летало со средна величина и мал дострел под назив „Корсар“. За него се знае малку: во достапните извори нема ниту негова слика, зашто производот се држи во тајност. Според конструкторите, ова беспилотно летало има „високо ниво на борбена готовност, тоа веќе лета и покажува добри резултати“. Главна задача на „Корсар“ е набљудување на теренот, меѓу другото и со користење на технологијата на хиперспектар, благодарение на која ништо не може да се скрие од „будното око“ на „Корсар“. Тоа не може да се излаже со помош на традиционалните методи на маскирање, на пример со помош на макети на надување. Беспилотното летало веднаш ќе ја открие измамата и „ќе види“ дека не станува збор за метал, ами за некој друг материјал. Покрај хиперспектралните камери на леталото можат да се монтираат и други видови уреди, на пример радари, средства за радиоелектронска борба, па дури и оружје. - Во овој момент не постои офанзивна верзија на „Корсар“, но постои можност таков уред да се монтира на него уверен е Леонид Хозин.


РУСИЈА И МАКЕДОНИЈА

|9

ВЕЛИМИР СТОЈКОВСКИ, ПРВ ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ НА РУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА ВО ОХРИД

Русија за мене значи многу

Фото-архива на „Нова Македонија“

На почетокот на март ректорот на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Велимир Стојковски официјално стана прв почесен конзул на Руската Федерација (РФ) во Охрид. За овој настан, за академските активности поврзани со РФ, како и за личните односи кон Русија ректорот Стојковски зборува во ексклузивното интервју за „Руска реч“

Емил Ниами На почетокот од месецов и официјално го добивте конзулскиот патент и станавте почесен конзул на Руската Федерација во Охрид. Што значи ова за Вас како човек и како професионалец? - Назначувањето за почесен конзул на Руската Федерација во Охрид како човек ме прави среќен зашто таа мисија ми е доверена од најголемата и најсилна држава во светот. Пријателските односи помеѓу Русија и Македонија имаат длабоки заеднички историски, културни и цивилизациски корени. Покрај тоа, Царска Русија уште во 1837 година, назначувајќи го Михаил Александрович Хитрово, имала и свој конзул во Македонија. Така што, од професионален аспект, именувањето за почесен конзул на

РФ, за мене не е само голема чест, туку и обврска за продолжување и продлабочување на тие пријателски односи. Со назначувањето за почесен конзул на РФ во Охрид, се отвораат нови можности за зацврстување на врските помеѓу двете држави и народи. На почетокот од годинава се отвори Рускиот центар при УКИМ. Зошто беше потребен еден ваков центар и која е неговата улога во животот на Универзитетот? - Отворањето на Рускиот центар со помош на Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија и со поддршка на фондацијата „Руски мир“, значи уште една потврда на патот на Универзитетот во развивањето на рускомакедонските односи. Универзитетот

„Св. Кирил и Методиј” во Скопје е најстариот, најголем и прворангиран универзитет во Македонија, на кој се образуваат повеќе од 60.000 студенти, а вработени се 3.300 професори и соработници. Рускиот центар е основан како организациска единица на Универзитетот со одлука на универзитетскиот сенат, а за Рускиот центар обезбедивме сопствен простор од повеќе од 200 м2 во центарот на градот и прекрасно го уредивме, со што мислам дека тој е еден од најубавите и најголемите Руски центри во регионот. Но, отворањето на центарот не е само во функција на Универзитетот, туку и на сите граѓани на Република Македонија, кои тука ќе можат да го изучуваат рускиот јазик, но и да се запознаат со руската литература, култура, богата историја и сѐ што ги интересира за Русија. Центарот денес, два месеци по неговото отворање, е препознатлив простор во културниот живот на градот и државата. Тука се одржуваат литературни читања од руски поети, изложби, презентации на филмови, курсеви по руски јазик и сл. Беше организирана вечер посветена на Ана Ахматова, се постави изложбата „Руската патријаршија“, се одбележа празникот Масленица, се прикажуваат руски филмови, се презентираа стипендиите на Владата на РФ за студирање во Русија и многу други активности. Речиси да нема ден без некоја активност. Во оваа пригода сакам да му се заблагодарам на амбасадорот на РФ во РМ н.е. Олег Николаевич Шчербак, на г. Константин Берсењов, на Александар Алексеев и на соработниците од Амбасадата, за нивната сесрдна помош, како и на секретарот на Рускиот центар д-р Емил Ниами за неговиот ентузијазам и посветеност, без што сето ова немаше да се реализира. стр. 10-11


РУСИЈА И МАКЕДОНИЈА

Амбасада на РФ во РМ

10 |

Почесниот конзул Стојковски (десно) со амбасадорот на РФ во РМ Олег Шчербак и заменик-министерот за надворешни работи на РМ Кипријановска при предавањето на конзулскиот патент Продолжение од стр. 9

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ тесно соработува со високообразовни институции од Русија. Со кого конкретно соработувате и кои се резултатите од ваквата соработка. - Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ соработува со повеќе руски универзитети, како Московскиот државен универзитет „М.В. Ломоносов“, Московската духовна академија, Московскиот државен универзитет за геодезија и картографија, Московскиот државен политехнички универзитет, Земјоделскиот универзитет во Новосибирск и многу други, а во тек се и подготовки за потпишување на договори за соработка со Санктпетербуршката духовна академија. Бројот на руски универзитети и институции со кои соработуваме постојано се зголемува. Резултатите од таа соработка се заемно корисни: размена на искуства, размена на професори и студенти, организирање заеднички конференции итн. Постојат повеќе такви примери, но во оваа пригода ќе споменам неколку. Нашиот пра-

вен факултет „Јустинијан Први” и правниот факултет при Московскиот државен универзитет „М.В. Ломоносов” соработуваат повеќе од 30 години. Веќе традиционално секоја година организираат размена на студенти и професори, а во три наставни области користат заеднички учебници. Соработуваат и филолошките факултети со своите лекторати (рускиот лекторат во Скопје и македонскиот во Москва). Минатата година како ректор на Универзитетот, потпишав договор со проф. Елена Верижникова и академик Рина Усикова од МДУ (кои се воедно и почесни професори на нашиот Универзитет) за изработка на голем руско-македонски речник. Покрај постоечките речници кои што ги имаме, тој ќе биде најголемиот речник досега издаден. Ја очекуваме неговата промоција до крајот на месец јуни 2016. Понатаму, нашиот Градежен факултет учествува во заеднички проекти со руските универзитети итн. Соработуваме и на полето на архитектурата, медицината и др. Бројни се примерите на нашата соработка, а резултатите се евидентни.

Минатата година на презентацијата на Православната енциклопедија бевте назначен за претставник за Македонија. Како се движат работите во оваа насока? - Назначувањето за претставник на Православната енциклопедија за Република Македонија, претставува чест не само за мене, туку и за Република Македонија, зашто да се биде дел од такво светско капитално дело, единствено по својот обем и квалитет, самото по себе значи многу. Ние за прв пат добивме можност во едно такво импозантно дело да пишуваме за себе. Јас можам да го изразам своето големо задоволство, затоа што задачата што ни беше доверена - да напишеме текст за Македонија - успешно ја завршивме и текстот го доставивме до редакцијата во Москва. Со својата систематичност во приодот, богатството на факти и начинот на презентација, Православната енциклопедија дава несомнен прилог не само кон единството на православниот свет, туку и за подобро запознавање и зближување на сите конфесии и култури во светот.


РУСИЈА И МАКЕДОНИЈА

Фото-архива на „Нова Македонија“

Како ректор Вие мошне активно ја промовирате Русија во академската средина, за што сведочат и големиот број медали и признанија. Што претставува лично за Вас Русија? Навистина, тешко ми е во неколку зборови да кажам што за мене претставува Русија. Почитта и љубовта кон Русија е истата од далечната 1976 година, од моите први контакти со рускиот јазик во основното образование. Зборот Русија е голем колку што е голема и самата Русија. Тој е синоним за најголемата и најмоќна држава на светот, за центар на словенството, за земја и народ кои се вградија во темелите на светската култура и цивилизација, за земја која храбро, положувајќи 27 милиони жртви, му стави крај на едно од најголемите зла на човештвото - фашизмот. Тој е синоним за најграндиозните цркви, за најубавите реки, за најшироките полиња, за најсветлото сонце, за најубавите брези, за најдлабокиот снег. Тој е синоним за големите луѓе, за Чајковски, Рахманинов, Прокофјев, за Толстој, Достоевски, Пушкин, Есенин, Шолохов, за Менделеев, Павлов, Гагарин, Терешкова. Русија за мене значи многу. Каква полза може да им донесе соработката на Република Македонија со Руската Федерација на студентите и професорите од УКИМ и, воопшто, на сите граѓани? - Како што кажав на почетокот, со Русија делиме заеднички корени и заеднички вредности. Русија е голем и искрен пријател на Република Македонија која својот однос го гради врз заемното почитување и уважување. А, секоја соработка со искрен пријател може да донесе само добро. Во светот расте заинтересираноста за изучување на рускиот јазик на академско ниво. Каква е ситуацијата кај нас?

- Ако земеме предвид дека рускиот јазик е официјален јазик на најголемата држава во светот, а го зборуваат и големите руски заедници во многу други држави во Европа и во светот, како и тоа дека тој е јазик на науката и техниката, јазик на уметноста, јазик на кој твореле најголемите светски научници и уметници и дека е еден од најбогатите јазици воопшто, изучувањето на рускиот јазик заслужува големо внимание. Кога зборуваме од поголема временска дистанца, на пример дваесеттина години, факт е дека интересот за изучување на рускиот јазик во нашата држава доживеа намалување. Зошто тоа се случи, навистина не сум сигурен дека ќе дадам точен одговор, но мислам дека причина за тоа беа повеќе фактори кои кумулативно го дадоа тој ефект. Но, она што радува, е тоа што во последните години ситуацијата се менува. Во тенденциите на зголемувањето на актуелноста на јазикот, не смееме да ја занемариме и улогата на зацврстувањето на Русија како значаен фактори и лидер на светската политичка и економска сцена, потоа присуството на руските фирми кои работат на македонскиот пазар како „Лукоил“, „Стројтрансгас“, „БЕГ“, „САСА“ и други, зголемувањето на трговската размена меѓу двете земји и слично, подигнувањето на нивото на културна и научно-образована размена итн. Со сите напори што ги прави Руската амбасада, Универзитетот и другите чинители во Република Македонија, постепено се враќа актуелноста на јазикот. За тоа зборува не само бројот на новозапишани студенти на катедрата за руски јазик на нашиот филолошки факултет, зголемувањето на интересот за изучување на рускиот јазик на другите факултети, туку и податокот дека за само десетина дена во Рускиот центар за изучување на јазикот се пријавија повеќе од стотина кандидати. Тоа е доказ дека младите луѓе сакаат да го изучуваат рускиот јазик, и на тоа треба да се работи. Во таа насока, сите заедно, и одговорните во образовниот систем во државата, и ние во академската заедница, мораме да направиме максимални напори да го подигнеме нивото на изучувањето на рускиот јазик на сите степени на образование, од основно до високо. Се надевам дека во сите тие напори, Рускиот центар при нашиот Универзитет ќе има значаен придонес. Руската Федерација во последниве години ги зголемува квотите за стипендирање на македонски студенти на руските универзитети. Дел од оние што заминуваат, своето образование го започнале на УКИМ, а потоа продолжуваат на втор и на трети циклус студии. Како нашите дипломци се снаоѓаат во руската високообразовна средина?

| 11

- На презентацијата која што се одржа на нашиот Универзитет беа присутни повеќе од 250 заинтересирани студенти, што не е мала бројка и самото по себе зборува за зголемениот интерес за студирање во Русија. Познато е дека рускиот високообразовен систем е еден од најквалитетните во светот. Нашите искуства со стипендиите на универзитетите во Руската Федерација се исклучително позитивни. Сите студенти се враќаат збогатени со нови знаења, нови искуства и нови пријателства, и без оглед на тоа каде ја продолжуваат својата кариера, тие со образованието во Русија, добиваат академска широчина и знаење со што се добредојдени во секоја институција. Какви се идните планови на УКИМ поврзани со соработката со Руската Федерација и какви се Вашите идни планови како почесен конзул на РФ во Охрид? - Идните планови на УКИМ поврзани со соработката со универзитетите во Русија, секако ќе бидат продолжение на врските и активностите кои традиционално постојат меѓу нашите институции, но и на нови контакти во насока на продлабочување и проширување на соработката преку различни форми и активности. Како почесен конзул имам задача да работам на зголемувањето на економската, трговската, културната, научната и друга соработка меѓу двете земји. Но, отворањето на почесен конзулат во Охрид не е случајно. Исто така, не е случајно и тоа што Охрид е наречен „словенски Ерусалим” и што е под заштита на УНЕСКО. Тука е изворот на писменоста за сите словенски народи. Во Охрид уште во 886 година беше запалена искрата на писменоста која светна до Новгород. Во Охрид, во кој некогаш постоеле 365 цркви, и денес се наоѓаат најстарите храмови од IX век. Тука твореле светите браќа Кирил и Методиј, кои денес поради своето значење за единството не само на словенските народи, туку и на Европа, се прогласени за нејзини патрони и сопрокровители. За Охрид и неговото значење за целиот словенски свет, може многу да се зборува. Затоа, покрај редовните задолженија како почесен конзул на Руската Федерација во Охрид, ќе работам и на тоа Охрид да го направиме место кое ќе се најде на листата на туристичките понуди на руските агенции. Најактуелното и најинтересното од руско македонските односи во нашата специјална рубрика http://mk.rbth.com/rusija_i_makedonija


12 |

ПАТУВАЊА

Петте најубави села во Русија

Русија има што да им понуди на туристите на кои им недостасуваат пасторалните пејзажи, селските обичаи и едноставната и вкусна храна. „Руска реч“ ви ги претставува петте најубави руски села кои вреди да се посетат

Јулија Шандуренко

Од октомври 2015 година во Русија официјално се одржува избор за најубаво село. Првиот и засега единствен победник на ова натпреварување е трговското село Вјатское во Јарославската област (околу 300 километри од Москва). Благодарение на приватните инвеститори ова некогаш сиромашно и депресивно село во 2007 година е претворено во културно-историски комплекс со десетина музеи, три хотела, ресторан, кино и концертна сала и со потребната туристичка инфраструктура. Бројот на реконструираните камени историски објекти во Вјатское е поголем одошто во поголемиот број други села, поради што оваа населба е наречена „село кое сака да стане град“. Но, најважни промени доживеаја неговите жители, од кои речиси половината сега се ангажирани на нови работни места во музеите. Вјатское, во кое живеат околу 500 луѓе, годишно го посетуваат речиси 100 илјади туристи. Тие тука доаѓаат поради малите црквички, интересните пејзажи и реконструкцијата на секојдневниот живот на трговците во музеите.

2. АЦАГАТ, РЕПУБЛИКА БУРЈАТИЈА

krasaderevni.ru

1. ВЈАТСКОЕ, ЈАРОСЛАВСКА ОБЛАСТ

Степа, планини, јурти, стада камили и стар будистички манастир - тоа е она околу што се врти животот на потомците на племето Гучит, кое се населило во бурјатското село Ацагат (70 километри од Улан Удеа, главниот град на Бурјатија). Нивните предци биле номади. На овие простори дошле во 17 век од сибирската тајга и поставиле стотина јурти во Ацагатската долина, каде воздухот е исполнет со мирис на светата трева ајаганха кој долго останува во ноздрите. Успокоителната атмосфера на аца-

гатскиот будистички манастир со 1.000 фигури на Буда претставуваат интересен контраст во однос на динамичниот туристички комплекс „Степски номад“. Локалните жители ги служат гостите со традиционални „бузи“ (пељмени варени на пареа), чај со млеко од јак и сол (како што го пијат степските номади), со локалниот колач боова и со вотка. Исто така можете да гаѓате со стрела, да јавате брзи коњи и да учествувате во егзотичните обреди на автохтоното население на Бурјатија.

Lori / Legion media

3. ЕСО, КАМЧАТКА Самиот факт дека селото Есо се наоѓа на кратер на изгаснат древен вулкан меѓу извори на топла вода, реки кои никогаш не замрзнуваат и планински врв го прави ова место исклучително привлечно. Во овие краишта, кои денес се на списокот на светското наследство на УНЕСКО, некогаш се доселиле малите автохтони народи на Камчатка - Итеолмените, Евенките и Корјаците, кои и денес живеат тука. Есо е зафрлено место: од камчатската престолнина Петропавловск Камчатск го делат 500 километри, а од Москва 6.500 километри. Но, доколку решите да го посетите ова место, нема да зажалите. Тука можете од прва рака да го запознаете животот на староседелците, нивните ритуални песни и танците кои


ПАТУВАЊА

| 13

доведуваат до состојба на транс. Можете да се искапете во термалните базени под отворено небо, да го запознаете животот на вулканите, па дури и да сретнете мечки (овој крај е нивната природна средина, но не грижете се, тукашните мечки не напаѓаат луѓе). Секоја пролет во селото Есо се одржува главниот туристички настан на годината на Камчатка. Тоа се трките со кучешки запреги „Берингија“ на траса долга илјада километри. Овој настан се споменува и во Гинисовата книга на рекорди.

4. УМЕТНИЧКО СЕЛО АСКАТ, РЕПУБЛИКА АЛТАЈ

Lori / Legion media

Валериј Клам

Селото Аскат е скриено од цивилизацијата во Алтајските планини и е оддалечено од Москва 3.600 километри. Својата привлечност ја добива пред сè благодарение на своите жители. Од 120 луѓе 40 се уметници кои со своите дела и со својата вештина ги исполнуваат четирите уметнички галерии и центарот за национална култура „Лукоморје“. Туристите го посетуваат Аскат за да купат рачно изработени производи од локалните мајстори: фустани и кошули со древен магиски вез и керамички окарини кои можат да ги направат само неколкумина во Аскат. Туристите исто така доаѓаат за да медитираат на брегот на тиркизната река Катуњ, да ја доживеат творечката атмосфера на ова уникатно место и да поминат ноќ во лековит сон во колиба од слама.

5. УМЕТНИЧКО СЕЛО НИКОЛА-ЛЕНИВЕЦ, КАЛУШКА ОБЛАСТ

Алекс Куденко / РИА Новости

Селото од Калушката област (220 километри од Москва), кое во деведесеттите години од минатиот век речиси бе-

ше изумрено, новиот живот го доби благодарение на фестивалот „Архстојание“. Меѓународниот фестивал

на ленд-арт и на пејзажна архитектура го исполни опкружувањето на селото со надреалистички објекти, а нивите на кои се одгледува компир, реката Угра и тукашните шуми се претворија во место кое го посетуваат илјадници љубители на современата уметност и на жителите од градовите кои сакаат да минат време во природа далеку од виртуелниот свет. Онаму кадешто селаните некогаш ги пасеа кравите и кадешто одгледуваа зеленчук, подигнати се хотели со капсули, Патеката на Мебиус, Мрзеливиот Зигурат, Космички Ум и уште стотици уметнички објекти кои на посетителите им се достапни во текот на целата година. Наесен и назима ленд-артот во селото Никола-Ленивец во снежниот руски пејзаж изгледа како глетка од друга планета.

Патувајте низ Русија и посетете ги најнеобичните места заедно со нас http://mk.rbth.com/travel


14 |

КУЛТУРА

Генијалните соништа на поети и композитори Јулија Шимф 1. ДМИТРИЈ МЕНДЕЛЕЕВ

Lori / Legion-Media

Рускиот хемичар долго не можел да ги подреди хемиските елементи по редослед, а потоа ненадејно го сонувал периодичниот систем во кој хемиските елементи биле подредени според растечки, а не според опаѓачки атомски број, како што тој првобитно претпоставувал. На новинарите кои упорно го прогонувале, Менделеев вака им го опишал своето откритие: „Спиев и насон јасно ја видов табелата на која елементите се подредени како што треба. Се разбудив и го запишав тоа на хартија, па потоа повторно си заспав. Подоцна излезе дека само на едно место треба да се внесе измена“. Менделеев во 1869 година конечно го формулирал својот периодичен закон на хемиски елементи.

2. АЛЕКСАНДАР ГРИБОЕДОВ

шал неколку дела од првиот чин. Идејата за комедијата Грибоедов ја опишува вака: „Девојката не е глупава, но му дава предност на будалата наместо на паметниот човек. Тој човек е, секако, во конфликт со општеството и со неговото опкружување...“ Делото „Од умот си страдаме“ за првпат е објавено по смртта на авторот, во 1833 година. Ова е еден од најцитираните текстови во руската култура. Многу фрази од комедијата станале крилатици: „Среќните луѓе не гледаат на саат“, „А, кои се судиите?“ итн. Комедијата е преведена на 25 јазици.

ТАСС

3. НИКОЛАЈ РИМСКИ-КОРСАКОВ

Рускиот дипломат Александар Грибоедов во 1820 година, додека бил во Персија, ги сонувал идните одломки на

своето ремек-дело на руската драматургија „Од умот си страдаме“. Штом се разбудил напишал писмо кое го испратил дома, во кое според сеќавања запи-

Големиот композитор во 1880 година го минувал своето лето во руското село Стељово. Таму работел на операта „Снежанка“, која подоцна ќе стане хит на театарските сцени во Париз, Њујорк, Берлин и во Рим. Според неговите сеќавања, „дури и на сон мелодиите несвесно одекнуваа“. Самиот композитор велел дека ниту едно дело не е компонирано толку брзо и лесно како „Снежанка“. Премиерата на операта била одржана во 1882 година во Санкт Петербург на сцената на Мариинскиот театар.


КУЛТУРА

| 15

руските научници,

Александар Макаров / РИА Новости

Сергеј Пјатаков / РИА Новости

Прочуениот конструктор на авиони се сеќавал дека долго се обидувал да го осмисли обликот на опашот за авионот „Антеј“: „Размислував, правев пресметки, цртав, но не бев задоволен. Еднаш насон видов опаш на авион со необичен облик. Се разбудив, го запалив светлото, ја нацртав на хартија таа чудна конструкција и повторно си легнав да спијам. Изутрината, кога го видов цртежот бев восхитен. Се прашував како претходно не сум се сетил на тоа“. „Антеј“ во 1965 година бил претставен на париската авиоизложба како „најголем авион во светот кој може да прими 720 патници или 80 тони товар“.

5. АЛЕКСАНДАР ПУШКИН

Големиот поет самиот посведочил дека неговите најдобри стихови „На Лициниј“ и „Пророк“ ги видел на сон. Уште во времето на Пушкин се појавила шега за тоа дека поетот бил отфрлен од страна на декабристите (дворјани-револуционери кои организирале бунт против царот во декември 1825 година) токму поради тоа што пишувал насон. Биографите на поетот се сомневаат во фактот дека Пушкин наспроти востанието сонувал како му паднале пет заба. Следното утро биле погубени петмина декабристи - пријатели на поетот.

6. КАРЛ РОСИ

Lori / Legion-Media

4. ОЛЕГ АНТОНОВ

Рускиот архитект со италијанско потекло Карл Роси го подигнал Михајловскиот дворец во Петербург специјално за Михаил, синот на императорот Павел Први. Се зборува дека Роси овој проект го видел насон и дека веќе следното утро имал сосема јасна слика како треба да изгледа дворецот во стилот на високиот класицизам Се смета дека овој архитект е еден од создавачите на „рускиот ампир“. Негови познати дела во Санкт Петербург се зградата на Александриинскиот театар и ансамблот на Дворскиот плоштад со зградата на Главниот штаб. Во зградата на Михајловскиот дворец во 1895 година е отворен Рускиот музеј.

7. АНТОН ЧЕХОВ

Lori / Legion-Media

Валентин Черединцев / TAСС

Благодарение на соништата Џејмс Вотсон ја открил структурата на ДНК, Данецот Нилс Бор го создал планетарниот модел на структурата на атомот, а Елијас Хоу ја конструирал машината за шиење. „Руска реч“ ви претставува седум генијални идеи до кои руските научници и уметници дошле на сон

Во книгата „Близу Чехов“, помладиот брат на писателот - Михаил, ја опишува следнава епизода: „Во Мелихово на Антон Павлович од исцрпеност му ‘проработеа нервите’. Штом ќе почнеше да тоне во сон, нешто ќе го ‘размрдаше’. Тој со ужас се будеше и некаква чудна сила го исфрлаше од постелата“. Во една пригода во таква состојба Чехов сонувал страшен сон за еден монах, врз основа на кој подоцна ја изградил структурата на „Црниот монах“. „Впечатокот беше толку силен што брат ми Антон потоа уште долго зборуваше за монаштвото, сè дури на крајот не ја напиша својата позната приказна“, пишувал Михаил Чехов.


ИМПРЕСУМ

16 |

КАЛЕИДОСКОП

Писмата на читателите, колумните и илустрациите означени како „мислење“, како и текстовите од рубриката „погледи“ во овој додаток се избрани за да претстават различни гледишта и не го изразуваат нужно гледиштето на уредникот на проектот „Russia Beyond the Headlines“ или на весникот „Росијскаја газета“. Ве молиме вашите писма и коментари да му ги испраќате на уредникот на urednik@mk.rbth.com

ЕВГЕНИЈ АБОВ издавач и директор на RBTH ВСЕВОЛОД ПУЉА главен уредник на додатоците на RBTH ВЈАЧЕСЛАВ ЧАРСКИ извршен уредник за Европа и генерален продуцент ЕМИЛ НИАМИ превод, лектура, уредник ЕКАТЕРИНА ТУРИШЕВА заменик генерален продуцент за Балканот, МАРИЈА СМИРНОВА уредник АНДРЕЈ ЗАЈЦЕВ, НИКОЛАЈ КОРОЉОВ илустрации За огласување во овој додаток, ве молиме да се обратите на ЈУЛИЈА ГОЛИКОВА, директор на одделот за односи со јавност: julia.golikova@rbth.com

„Москва танцува“ на аеродромот „Внуково“ К9 во руски стил

ИГОР ДАНИЛОВИЌ координатор на „Руска реч“ во „Нова Македонија“ МАРЈАН ДЕЛЕВСКИ дизајн ДЕЈАН ЈОВЕСКИ технички уредник

Офицерот Евгенија Шветсел од К9 со германскиот овчар Жасмин во центарот за дресирање кучиња во Севернокавкаската регионална команда на внатрешните сили на Министерството за внатрешни работи, Ростовска област

Забрането е копирање, дистрибуција или преземање на содржините од овој додаток, освен за лична употреба, без писмена согласност на „Росијскаја газета“. Ве молиме за дозвола да се обратите на телефон +7 (495) 775 3114 или на и-мејлот urednik@mk.rbth.com „Russia Beyond the Headlines“ не сноси одговорност за ненарачаните текстови и фотографии. Russia Beyond the Headlines (RBTH) го финансира „Росијскаја газета“, руски дневен весник. Содржината на овој подлисток е подготвена без учество на новинари и уредници на „Нова Македонија“. RBTH се финансира за сметка на добивката од рекламодавците и од комерцијалните спонзори, а исто така и од средства на руски државни институции. Ние се занимаваме со независна редакциска позиција и претставуваме различни гледни точки на настаните во Русија и во останатиот свет со помош на квалитетна содржина и експертски мислења. Од моментот на нашиот почеток во 2007 година се стремиме да се придржуваме до високите редакциски стандарди, да го покажеме најдоброто новинарство од Русија и за Русија. На таков начин се надеваме дека ќе пополниме една важна дупка во информирањето за нашата земја од страна на другите медиуми. Сите прашања и коментари за нашето финансирање или за нашата редакциска структура, ве молиме да ги упатите на urednik@mk.rbth.com. Повеќе информации на mk.rbth.com. RBTH издава 37 прилози во 29 земји со вкупна месечна публика од 27 милиони луѓе, а исто така одржува и 22 сајта на 17 јазици. Предадено во печат на 17.03.2016 г.

Валериј Матицин / ТАСС

© 2015 сите права се задржани од ФГБУ „Росијскаја газета“: АЛЕКСАНДAР ГОРБЕНКО претседател на редакцискиот совет, ПАВЕЛ НЕГОИЦА генерален директор, ВЛАДИСЛАВ ФРОНИН главен уредник.

Пауза на Московската државна академија за кореографија Студенти танцуваат во холот за време на паузата на Московската државна академија за кореографија во Москва. Московската државна академија за кореографија е најстарата институција во Москва на која студираат не само руски, ами и странски студенти од повеќе од 20 земји

ЕПА

Интернет-страница: mk.rbth.com Еmail: urednik@mk.rbth.com Телефон: +7 (495) 775 3114 Факс: +7 (495) 988 9213 Адреса: ул. Правды 24, д. 4, Москва 125993, Россия.

Валериј Мељников / РИА Новости

Додатокот „Руска реч“ го финансира, уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва, Русија).


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.