Руска реч Македонија #14

Page 1

Прилогот го уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва), која е целосно одговорна за содржината. Се печати и се дистрибуира во соработка со „Нова Македонија“.

Значајна посета на Иванов на Москва

стр. 8-9

ruskarec.mk

AFP

САБОТА - НЕДЕЛА, 15-16 ФЕВРУАРИ 2014 ГОДИНА

БРОЈ 14

Три поводи за прослава стр. 12-15

Ристо Никовски: Потребна е уште посилна соработка стр. 10-11

Две децении од долгогодишното пријателство

стр. 6-7

Само на RUSKAREC.MK Повеќе теми на интернет -страницата на „Руска реч“

ИНТЕРВЈУ СО ОЛЕГ ШЧЕРБАК, АМБАСАДОР НА РУСИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

Многувековната историја е основа за понатамошен развој

стр. 2-5

„Росијскаја газета“ уредува прилози за Русија во 27 водечки светски весници, вклучувајќи ги и „Њујорк тајмс“, „Дејли телеграф“, „Фигаро“ и „Зидојче цајтунг“


2|

РУСКА РЕЧ

ИНТЕРВЈУ

ОЛЕГ ШЧЕРБАК, АМБАСАДОР НА РУСИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

Многувековната историја е основа за понатамошен развој

Емил Ниами

На 31 јануари 2014 година Руската Федерација и Република Македонија ја одбележаа дваесетгодишнината од воспоставувањето дипломатски односи. Кои се, според Вас, основните резултати на соработката меѓу двете држави во овој период? - Почетната точка на нашиот јубилеј беше на 31 јануари 1994 година со размена на ноти меѓу Министерствата за надворешни работи на двете земји - Руската Федерација и Република Македонија - врз чија основа беа воспоставени дипломатските односи на ниво на амбасади. Руско-македонската соработка, без оглед на релативно „малата возраст“, е мошне богата со настани значајни за двете страни, што е сосема логично, зашто, имено, во овој период се формираат основите на идните односи. Значаен настан беше првата официјална посета на Претседателот на Република Македонија на Русија во јануари 1998 година, со која беа поставени основите за развојот на билатералните односи: беше потпишана рускомакедонската Декларација за пријателство и соработка. На постојана основа се остваруваат контакти на највисоко и на високо ниво, активно се развиваат врските меѓу законодавните органи на двете држави, на министерствата за надворешни работи, а, исто така, и на профилните ресори и на компетентните органи, што ни овозможува да ги надминеме сите сложени работи по пат на отворен и конструктивен дијалог, кој се базира врз принципите на рамноправност, на заемно почитување и на доверба. Во моментов имаме создадено солидна договорно-правна основа, која ги опфаќа сите сфери што се од заемен интерес. Двете држави имаат потпишано повеќе од 60 билатерални договори, меѓу кои речиси 30 меѓувладини спогодби. Многу е пријатно што со незабавено темпо од 1997 година продолжува да работи Меѓувладината руско-македонска комисија за трговско-економска и за научно-техничка соработка (МВК), која се покажа како ефикасен

По повод дваесетгодишнината од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Руската Федерација и Република Македонија, редакцијата на „Руска реч“ разговараше со амбасадорот на РФ во Македонија, н.е. Олег Николаевич Шчербак. Во интервјуто тој зборува за билатералните односи, соработката во полето на економијата и на туризмот, но и за традиционално добрите културни врски меѓу двете земји механизам за реализација на многу практични прашања на нашите билатерални односи. Во хуманистичко-културната област би сакал да го подвлечам одржувањето на Деновите на култура на Русија и Македонија во 2004-2005 година. Во септември 2010 година беа одржани Деновите на руската духовна култура во Македонија, кои го потврдија традиционалното духовно и културно-историско тежнеење еден кон друг на народите на нашите две држави. Среќен сум што ова заемно тежнеење се зацврстува од година во година. Многувековната историја, која нѐ поврзува нас, Русите и Македонците, како и духовните врски создаваат цврста, стабилна основа за понатамошен постепен развој на односите на соработка меѓу нашите земји. Денес тие се градат врз принципите на рамноправно, долгорочно партнерство во полза на двете земји, за што во голема мера придонесува добронамерната атмосфера на нашите односи и отсуството на какви било отворени политички проблеми. ТРГОВСКО-ЕКОНОМСКИ ОДНОСИ Како би го окарактеризирале сегашното ниво на трговско-економски односи меѓу Русија и Македонија? - Русија е еден од најголемите инвеститори и трговски партнери за Македонија. Економската соработка меѓу нашите земји динамично се развива. Значаен потенцијал во рус-

ко-македонската соработка постои во областите како што се енергетиката, земјоделството, регионалната соработка, малиот и средниот бизнис, туризмот. Висока оценка заслужува работата во Македонија на руските компании, каква што е, на пример, АД „Лукоил“, која тука создаде свој синџир бензински станици со најнапредни стандарди и со најдобро опслужување; АД „Силовие машини“, која успешно ја заврши модернизацијата на термоелектраната „Битола“; „Група Синтез“, која ја изгради и ја експлоатира турбогенераторната електрана „ТЕТО“ (Скопје), чие искуство во користењето на една од најнапредните и еколошки безопасните технологии може да стане пример за понатамошен развој на слични проекти. Особено внимание заслужуваат прашањата на инвестициската соработка во индустријата. Со полна пареа се одвива развојот на капиталните инвестициски програми, кои се одвиваат во рударско-металуршкиот сектор на Македонија, со учество на руски капитал од компанијата „Соловеј“. Реализацијата на овие програми овозможи не само да се обнови и да се модернизира добивањето и преработката на обоени метали туку и создавање на технолошки напредно хидрометалуршко производство на катоден бакар. Една од забележителните руски инвестиции во Македонија е фабриката за производство на балетанки и на специјална облека „Гришко“ во Демир Хисар. Во технолошко-


РУСКА РЕЧ

|3

Амбасада на Руската Федерација во Република Македонија

ИНТЕРВЈУ

Обраќање на рускиот амбасадор на приемот на 27 јануари, по повод две децении од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Русија и Македонија

индустриската зона „Бунарџик“ е реализиран проект за изградба на фабрика за производство на хомеопатски препарати на руската група компании „Протек“. Ние придаваме големо значење и на првата македонска капитална инвестиција во Руската Федерација - изградба на фабрика на АД „Алкалоид“ за производство на лекарски препарати. Сметам дека значајни резерви за активирање на трговско-економската соработка меѓу нашите земји има во областа на земјоделството, каде што, безусловно, имаме што да понудиме едни на други. Освен тоа, важна компонента за понатамошен развој на економската соработка претставува зацврстувањето на врските меѓу субјектите на Руската Федерација и Република Македонија. Во последниве неколку години суштествено порасна активноста на билатералната соработка на регионално ниво. ЗНАЧЕЊЕТО НА ГАСОВОДОТ „ЈУЖЕН ТЕК“ Меѓувладината спогодба за соработка во изградбата на крак од гасоводот „Јужен тек“ за доставување гас во Македонија, која беше потпишана кон крајот на јули мина-

Приклучувањето кон „Јужен тек“ е искачување на билатералните односи на ново ниво, кое ја зголемува можноста за доаѓање на нови инвеститори од Русија во Македонија, нагласува рускиот амбасадор тата година меѓу Москва и Скопје, постојано активно се дикутира. Колку е големо значењето на овој проект за Македонија? - Ние тргнуваме од тоа дека реализацијата ќе помогне во зацврстувањето на соработката, која ќе биде од заемна корист и во развојот на гасниот ресор во двете земји, во зголемувањето на енергетската стабилност и безбедност на Република Македонија во долгорочна перспектива. Ако се земе предвид амбициозната програма на Владата во Скопје, може да се каже дека овој проект за Македонија е од стратегиско значење. Реализацијата на програмата за гасифи-

кација и за приклучување на македонската гасоводна мрежа на „Јужен тек“ ќе има огромен економски ефект. Пред сѐ, станува збор за пораст на обемот на користењето на „синото гориво“ и соодветно намалување на цените на гас, кои во моментов се највисоки во Европа; создавање нови работни места и намалување на невработеноста; преминување на низа клучни индустриски и енергетски објекти на ново ниво на снабдување со енергија и суштествено намалување на цената на чинење на производите на овие претпријатија; квалитетна промена на животот на Македонците. Снабдувањето со гас на домаќинствата и на комуналните објекти, исто така, суштински ќе ја олесни еколошката состојба во големите населени места во Македонија (Скопје, Тетово, Куманово), каде што степенот на загаденоста на воздухот, како што можевте да се уверите и оваа зима, ја надминува нормата за десетпати. За руската страна приклучувањето на Македонија кон „Јужен тек“ е искачување на билатералните односи на ново ниво, кое ја зголемува можноста за доаѓање на нови инвеститори од Русија во Македонија, што од своја страна дава позитивен импулс во развојот на заемните дејства во сите сфери на билатералните односи.

продолжува


РУСКА РЕЧ

ИНТЕРВЈУ

Амбасада на Руската Федерација во Република Македонија

4|

Министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Попоски, претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, и амбасадорот на Русија во Македонија, Олег Шчербак, на приемот на 27 јануари во Скопје, по повод 20-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Македонија и Русија

Приклучувањето кон „Јужен тек“ ќе има огромен економски ефект. Тоа ќе доведе до зголемување на обемот на користењето на „синото гориво“ и соодветно намалување на цените на гас, создавање нови работни места и намалување на невработеноста, преминување на низа клучни индустриски и енергетски објекти на ново ниво на снабдување со енергија и суштествено намалување на цената на чинење на производите на овие претпријатија, како и квалитетна промена на животот на Македонците, вели Шчербак КУЛТУРНО-ХУМАНИСТИЧКА ОБЛАСТ Како, според Вас, се развиваат билатералните односи во културно-хуманистичката област меѓу нашите земји? Какви резултати се постигнати во последно време? - Ние обрнуваме големо внимание на руско-македонските врски во оваа област, имајќи ја предвид длабоката културно-историска и духовна заемна врска на нашите народи. Нашата задача ја гледам во тоа максимално да го

олесниме остварувањето на билатералните контакти, да ги симнеме административните бариери, да создадеме сѐ што е потребно за поедноставување на пристапот на луѓето до културното и до духовното богатство на земјите. Благодарение на меѓувладината спогодба за соработка во областа на културата, образованието и науката, која беше потпишана уште во 1995 година, беше создадена потребната правна основа за меѓудржавна соработка во оваа сфера, постојано се склучуваат меѓувладини програми, со кои се предвидува

реализирање на хуманистичка размена во најразлични формати. Последно достигнување може да се смета решението на Министерството за образование и наука на Русија за зголемување на квотите за обучување на македонските граѓани на руските универзитети за сметка на федералниот буџет за 2014 година на 30 места. Не толку одамна, во 2012 година, меѓу владите на нашите земји беше потпишана долгоочекуваната спогодба за заемно признавање на документите за образование и за научни степени, која што е од големо значење за младите луѓе од Македонија, кои се имаат стекнато со образование во Македонија и обратно. Овој документ, исто така, служи како дополнителен стимул за оние што се мислат каде да го продолжат своето образование. Големо достигнување во областа на руско-македонските културни врски стана потпишувањето на спогодбата за основање и условите за работа на културните центри во Москва и во Скопје, која беше потпишана на почетокот на 2013 година. Појавувањето на руски културно-информативен центар во Македонија сега е само прашање на време и тој ќе ја искачи нашата соработка во хуманистичката сфера на квалитативно ново ниво.


РУСКА РЕЧ

ИНТЕРВЈУ

|5

Македонија има големи туристички перспективи определени чекори за создавање нова и обновување на постојната туристичка инфраструктура, се реализираат програми за привлекување странски туристи, меѓу кои и од Русија. Всушност, македонското политичко раководство од своја страна воведе безвизен режим за граѓаните на Русија, така што нашите граѓани сега можат поедноставно да ја посетат Македонија - потребно е само да се поседува пасош и осигурување. Доколку повторно се осврнеме кон работата на меѓувладината руско-македонска комисија, би сакал да одбележам дека на седмото заседание во Скопје (кое се одржа во октомври 2013 година) во врска со развојот на туризмот страните ги предложија следниве правци во рабо-

тата: заемно промовирање на туристичкиот производ со посредство на создавање туристички асоцијации и/или туристички комори; постојана размена на информации за инвестиции во нови туристички проекти; активна работа на претпријатијата за учество на меѓународни туристички саеми со поддршка на државните институции што имаат компетенции во сферата на туризмот; пуштање директни авионски линии или чартертранспорт. Мене лично ми се посреќи блиску да се запознам со Македонија, добив можност лично да се убедам: оваа земја има прекрасни природни пејзажи, благопријатна клима и богато духовно и културно-историско наследство.

Амбасада на Руската Федерација во Република Македонија

Како го оценувате потенцијалот на Република Македонија во сферата на туризмот? Какви чекори треба да се преземат за да се зголеми бројот на руски туристи во Македонија? - Доколку зборуваме објективно, Македонија во туристичката сфера, според мене, има голема перспектива. Голем потенцијал постои во релативно новите правци на туризмот - еколошкиот, селскиот, зимскиот и бањскиот. Постоењето на голем број православни светилишта, од кои многу се наоѓаат под заштита на УНЕСКО, отвораат големи можности за духовен туризам и за аџилак, а тоа, секако, не може да не ги заинтересира руските верници. Владата на Македонија веќе презема

Претседателот Иванов, министерот Попоски и амбасадорот Шчербак разгледуваат изложба за историјатот на македонско-руските дипломатски односи на приемот на 27 јануари

Македонија во туристичката сфера има голема перспектива. Голем потенцијал постои во релативно новите правци на туризмот - еколошкиот, селскиот, зимскиот и бањскиот. Постоењето на голем број православни светилишта, од кои многу се под заштита на УНЕСКО, отвораат големи можности за духовен туризам и за аџилак, а тоа, секако, не може да не ги заинтересира руските верници, смета амбасадорот


6|

РУСКА РЕЧ

РУСИЈА И МАКЕДОНИЈА

Две децении од долгогоди Пред дваесет години Руската Федерација и Република Македонија воспоставија целосни дипломатски односи на ниво на амбасадори. Овој настан стана почетна точка во новата етапа од историјата на руско-македонската соработка, која воопшто не се ограничува на овој дваесетгодишен период, кој е сосема мал во историската ретроспектива Иван Морозов

Корените на разновидните врски меѓу народите на нашите две земји досегаат длабоко низ вековите. Нивната духовна блискост, културната и јазичната опшност го направија неизбежен развојот и зацврстувањето на контактите меѓу нив, кои со текот на времето станаа основа за изградба на меѓудржавните односи. Важна етапа на овој пат претставува основањето на Рускиот императорски конзулат во Битола во 1860 година - првиот официјален претставник на Русија на територијата на современа Македонија. Бил создаден орган што е повикан да ги акумулира спорадичните врски во одделни области и да создаде целосна соработка, кој ќе биде во корист на двете страни. Работата на конзулатот придонела за зацврстување на повеќегодишното пријателство на народите од двете земји, кое Русија и Македонија, како драгоцено наследство од своите предци, го чуваат до денешен ден. Денес руско-македонските односи претставуваат висок степен на политички дијалог, трговско-економска соработка, која интензивно се развива, како и хуманистички врски, кои постојано се зголемуваат. Важен показател на високиот квалитет на билатералните односи денес претставуваат постојаните посети, меѓу кои и оние на ниво на шефови на држави и на влади, на министри, постојаните културни,

На 6 октомври 1994 година руското претставништво во Скопје прерасна во Амбасада на Руската Федерација. Истата година, македонската канцеларија за врски во Москва започна да функционира како Амбасада на Република Македонија

научни, образовни и спортски размени. Како основа за заедничката соработка служи цврстата догворно-правна основа. За дваесет години меѓу нашите две земји се потпишани повеќе од 60 различни договори, од кои половината се меѓувладини. Столб на сето ова е Декларацијата за пријателски односи и соработка, која беше потпишана во јануари 1998 година, а со која беа установени главните принципи на развој на билатералната соработка. Како најсвежи примери на договори се Спогодбата за соработка во рамките на проектот „Јужен тек“, а, исто така, и Спогодбата за отворање на културни центри на двете земји во Москва и во Скопје.

60

билатерални договори потпишаа Русија и Македонија, од кои половината се меѓувладини Суштински успеси Русија и Македонија постигнаа и на економски план. Денес Руската Федерација е еден од најголемите странски инвеститори во македонската економија. Во моментов на територијата на Република Македонија успешно функционираат десетина компании со руски капитал. На сите им се познати брендовите, какви што се: „Лукоил“, „САСА“, „Бучим“, „Балкан енерџи груп“, „Гришко“, „Продис“ и други. Вработените во овие фирми, работејќи „рамо до рамо“ со своите руски колеги, секојдневно во практика ја потврдуваат тезата за исклучително позитивните односи меѓу народите на нашите две земји. Голем придонес во развојот на контактите меѓу двете земји даваат и самите граѓани: бизнисмените, научните и културните работници, туристите. Систематската размена во областа на филмот, на театарот и на музичката уметност, динамичната соработка во сферата на образ-

Премиерот на Македонија, Никола Груевски, мини

ованието и на науката, активните духовни врски покажуваат дека народите на нашите земји заемно се интересираат за културното наследство, за духовното, професионалното и животното искуство. Имено, ваквата соработка може да го зачува вистинското пријателство што го созда-


РУСКА РЕЧ

РУСИЈА И МАКЕДОНИЈА

|7

ИТАР-ТАСС/ EPA

шното пријателство

стерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, и бившиот министер за надворешни работи на Македонија, Антонио Милошевски, во Охрид, во 2011 г.

ле нашите предци и кое треба да биде предадено на потомците како камен-темелник на вистинска рамноправност и на заемно почитување во односите со партнерите, а кој претставува залог за зачувување и за зголемување на насобраниот обем билатерални контакти.

Русија ја призна независноста на Република Македонија на 4 август 1992 година, додека дипломатските односи беа воспоставени на 31 јануари 1994 година


8|

РУСИЈА И МАКЕДОНИЈА

РУСКА РЕЧ

РУСКА РЕЧ

РУСИЈА И МАКЕДОНИЈА

Значајна посета на Иванов на Москва Емил Ниами

Изминатава недела претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, беше во посета на Руската Федерација. Во рамките на посетата тој оствари средба со патријархот московски и на цела Русија, г.г. Кирил. Следниот ден, на 10 февруари, Иванов беше во посета на московскиот државен универзитет „М.В. Ломоносов“, каде што му беше доделено звањето почесен професор, а тој, од своја страна, ги одликува со Орден за заслуги професорката Елена Верижникова од Филолошкиот факултет и професорот Евгениј Суханов од Правниот факултет

На 9 февруари во Грановитата палата на московскиот Кремљ беше одржана средба на Неговата светост патријархот москоски и на цела Русија, Кирил со претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов. Во својата поздравна реч до македонскиот претседател претстојателот на Руската православна црква зборуваше за заедничката историја на двата народа, за заедничките корени, кои датираат до светите рамноапостоли Кирил и Методиј. Според него, Охрид е местото од кое Русите ги добиле првите книги на словенски јазик и дека тој за нив претставува „интелектуален Ерусалим за сите Словени“. - Во сознанието на Руската православна црква македонската земја е тесно поврзана со трудовите на рамноапостолот Кирил и со нашето заедничко духовно и културно наследство - нагласи патријархот. Осврнувајќи се на историскиот аспект, Неговата светост нагласи: „Руската Империја отсекогаш се обидувала да го заштити македонскиот народ, да ги заштити местата што се важни за сиот православен свет, местата што сега се наоѓаат во вашата земја. Поддршката на православните братски народи била највисок државен приоритет во областа на надворешната политика. Позицијата на руските власти на почетокот од дваесеттиот век, исто така, се огледала во тоа да го спречи разделувањето на Македонија, кое било поврзани со промените што се случувале на Балканот“.

На претседателот Иванов на 10 февруари на московскиот државен универзитет „М.В. Ломоносов“ му беше доделено звањето почесен професор

Администрација на Претседателот на Република Македонија

ЗА КАНОНСКИОТ СТАТУС НА МПЦ Во разговорот, исто така, беше спомената и темата за сонародниците. По големата Октомвриска револуција, голем број Руси ја напуштиле својата татковина и се нашле на територијата на Република Македонија. Според определени пресметки станува збор за 48.000 лица што во мо-

ментов живеат во Македонија. Неговата светост ја искористи можноста да му се заблагодари на претседателот Иванов за коректниот однос што македонската држава го покажува кон рускиот народ во Македонија. Меѓу другото на средбата беше разгледано и прашањето на православието во Македонија. Неговата светост смета дека воспоставувањето на канонскиот статус на Македонската православна црква ќе биде фактор што во голема мера ќе го обезбеди зачувувањето на македонскиот национален, културен и религиски идентитет. Ова значи дека регулирањето на проблемот е од голема важност, кое треба да се обезбеди по пат на братски дијалог со Српската православна црква. Македонскиот претседател му се заблагодари на својот домаќин со зборовите: - Ние сме политичари со мандат, но црковните прашања немаат мандат. Тие се решаваат во долги периоди. Она што е христијанска доблест - трпението, треба да го имаат предвид и нашите верници, дека секој пат црковните прашања постепено, преку дијалог и создавање доверба да наоѓаат решение - рече македонскиот претседател, изразувајќи надеж дека средбата со рускиот патријарх ќе биде во корист токму на тој воспоставен дијалог меѓу црквите за да се нудат решенија во корист на верниците. ПОЧЕСЕН ПРОФЕСОР Следниот ден во просториите на Главната зграда на Московскиот државен универзитет „М.В. Ломоносов“ на претседателот на Република Македонија му беше доделена титулата „почесен професор“. За оваа пригода претседателот Иванов пред професорите и студентите на универзитетот одржа предавање посветено на историските, духовни и културни врски меѓу двете земји и народи, со научни повикувања на поголем број автори што ја обработувале оваа тематика. - Ако постои едно место на земјата што најјасно ја одразува длабоката духовна, културна и

Ордени за заслуги Во рамките на церемонијата македонскиот претседател со Орден за заслуги ги одликуваше доцент Елена Верижникова, професор по македонски јазик на Филолошкиот факултет и водечки македонист во Русија и д-р Евгени Суханов, професор, шеф на катедрата за граѓанско право на Правниот факултет при Московскиот државен универзитет „М.В. Ломоносов“. Во својата реч при врачувањето на медалот, професорката Верижникова нагласи дека почнувајќи од осумдесеттите години на минатиот век, кога таа се запишала на Филолошкиот факултет при Московскиот државен универзитет „М.В. Ломоносов“, таа го посветила својот живот на македонскиот јазик, потсетувајќи дека од цела Русија единствено на Московскиот универзитет уште од 1975 година македонскиот јазик се изучува како главен јазик. По враќањето во земјава претседателот Иванов го изрази своето задоволство од посетата на Москва, со надеж дека таа ќе има свој удел во продлабочувањето на билатералните односи меѓу нашите две држави.

|9

Ние сме политичари со мандат, но црковните прашања немаат мандат. Тие се решаваат во долги периоди. Она што е христијанска доблест трпението, треба да го имаат предвид и нашите верници, дека секојпат црковните прашања постепено, преку дијалог и создавање доверба да наоѓаат решение Ѓорге Иванов јазична поврзаност меѓу Македонија и Русија тоа е Охрид, балканскиот и словенскиот Ерусалим. Видни научници, како што се Присјолков, Кох, Спарненски, Попруженко, Заикин, Карташев, сметаат дека Руската црква, од нејзиното основање па сè до 1037 година била под јурисдикција на Охридската црква. Инаку, и првиот премиер на Советскиот Сојуз по смртта на Сталин, Георги Маленков, не криел дека е по потекло Македонец, чие семејство дошло во Русија од Охрид“ - рече претседателот Иванов. ЗА ЈАЗИКОТ И ЗА ПОЗИЦИЈАТА НА РУСИЈА Во делот во кој говореше за македонскиот јазик, Иванов се осврна на уникатноста, но и на негирањето на јазикот. - Бугарија го третира како дијалект на бугарскиот. Грција, пак, тврди дека македонскиот јазик воопшто не постои, иако досега барем трипати го има официјално признаено - рече Иванов повикувајќи се на веќе објавени трудови по ова прашање во кои стои дека во 1920 година грчката влада во официјалните пописни документи има графа за македонски јазик, во 1925 година, кога го издава букварот АБЕЦЕДАР наменет за македонското малцинство во Грција и третпат со резолуцијата на Третата конференција на ОН за стандардизација на географските имиња одржана во 1977 година во Атина. Иванов не пропушти уште еднаш да ја истакне и улогата на Руската Федерација во врска со постоењето на македонската држава. - Тука е и принципиелната позиција на Руската Федерација во однос на употребата на уставното име на Република Македонија, но и долгата историска, духовна и културна традиција меѓу нашите народи, што одново ја откриваме во овие две изминати децении - истакна македонскиот претседател.


10 |

РУСКА РЕЧ

ПОГЛЕДИ

Потребна е уште посилна соработка Ристо Никовски

Првичната и начелна оцена е, секако, позитивна: односите се развиваат по нагорна линија и меѓу двете земји нема отворени прашања. Арно ама, реченото е обична дипломатска фраза, која - малку значи! Истата квалификација можеме да ја користиме и ние и Русија за односите со бројни земји, особено од африканскиот континент, ако сакаме ништо да не кажеме. Меѓутоа, кога се работи за Македонија и Русија потребна е детална анализа - дали постигнатото е доволно? Дали соодветствува на интересите на двете земји? Можеме ли да бидеме задоволни? Одговорот е категоричен - во никој случај. Ако навлеземе малку подлабоко во проблематиката, веднаш станува јасно дека билатералата меѓу двете православни и словенски земји од самиот почеток е под голема хипотека на балканските и на пошироките случувања, комбинаторики... А, нив ги диктираа(т) интересите, стратегиите и политиките на најважните западни земји. По распадот на Југославија, откако САД станаа главен и неспорен фактор на Балканот, меѓународната позиција на регионот целосно се промени. Нормално, новиот „газда“ не дозволува никој да му се меша во пашалакот. Од друга страна, од самиот почеток несреќна коинциденција беше и тешката криза низ која поминуваше Руската Федерација, токму во клучниот период на постјугословенските престројувања, исполнети со крвави војни. Тие две причини, најверојатно, имаа суштинско влијание врз дефинирањето на руските политики кон Балканот. Во тој контекст спаѓаат и односите со Македонија во изминатиот период и оттаму произлегуваат и резултатите. ПРИЗНАВАЊЕ Факт е дека Русија „рано“, на 4 август 1992 година, ја призна Македонија. Чекорот значеше исклучително важна поддршка за земјата. Меѓутоа, слично како и со „менторот“, Бугарија, и во овој случај дипломатските односи доцнеа. Москва чекаше други да го скршат мразот. За жал, и по тој чин немаше поголеми промени во меѓусебните односи. Русија остана со своите премрежија, Македонија со своите. Допирни точки - немаше. Москва, апсорбирана со внатрешните проблеми, Скопје - целосно во рацете на Вашингтон и Брисел. Во меѓувреме, со доаѓањето на Путин на власт Русија се стабилизира и сè повеќе ги презема своите одговорности на меѓународната сцена. Меѓутоа, како што изгледа, Балканот сѐ уште не е понагласено на агендата. Македо-

нија, од своја страна, остана маѓепсана од Брисел, кој тоа го злоупотребува на најлош можен начин. Ја блокира и ја уценува земјата, поставувајќи непристојни услови. СТРАТЕГИЈА Тоа е маѓепсаниот круг во кој се движеа односите меѓу двете земји сите овие години. Потврда се и акредитираните амбасадори. Москва неслучајно не испрати личности што енергично ќе работаат на приближување на двете земји. Тие не донесоа иницијативи, активности... а, македонската јавност не запозна ниту еден од нив. Имаше еден исклучок, кога малку се заигра на картата на црквата. Ама и тогаш, од крајно неразбирливи причини, беше поддржана американска иницијатива, која беше лоша за Македонија. И првите македон-

Деновиве, со заеднички прием организиран од руската амбасада и македонското министерство за надворешни работи, беше одбележена дваесетгодишнината од воспоставувањето на дипломатските односи. Тоа е убава можност да се сумира како беше искористен овој, и краток и долг, период за унапредување на соработката ски амбасадори не соодветствуваа на потребите, иако тоа беа истакнати личности. Ама, за разлика од руската страна, која, најверојатно, ги праќаше во согласност со сопствените интереси за Македонија, кај нас тоа беше резултат на недостиг на концепција.


Впрочем, во сите 20 години карактеристика и за двете страни е недостигот на стратегија за другата. Силен е впечатокот, потврден и во времето поминато во Москва (2004-2006), дека Балканот не (беш)е меѓу руските политички приоритети. Можна причина за тоа е американската доминација, бидејќи поголеми амбиции за регионот би воделе во директна конфронтација со Вашингтон. Меѓутоа, таквите размислувања (можеби) имаа основа во 1990-тите и почетокот на 2000-тите. Сега веќе нема никаков простор за таков третман на Балканот, каде што Русија со векови имала и влијание и своја улога. Москва не мора да нуди алтернативи, барем во блиска иднина. Не мора да биде некаква (резервна) опција за земјите во регионот, ама мора јасно и гласно да ги артикулира своите ставови за овдешните состојби. Не само во однос на Македонија туку и за Косово, за БиХ... Како што изгледа, некаков напредок веќе постои кон Србија, ама тоа не е доволно. Балканот, за жал, сè уште е далеку од целосно стабилизирање и улогата на Русија може да биде драгоцена во изнаоѓањето на балансирани и трајни решенија. Факт е дека Македонија нема капацитети за играње посериозна улога, ниту на регионален, камоли на поширок план. Намерно или не, Вашингтон и Брисел максимално го стеснија нејзи-

Бившиот претседател на Македонија, Бранко Црвенковски, и претседателот на Русија, Владимир Путин, на средба во рамките на Балканскиот енергетски самит во Загреб, на 24 јуни 2007 г.

ПОГЛЕДИ ниот маневарски простор. Затоа, не е реално да се очекуваат посериозни македонски иницијативи за подинамичен развој на односите со Русија или со кој било друг. Постои одредена реторика за некои конкретни проекти, каков што е „Јужниот тек“ и - толку. Затоа, Москва е на потег. Отворањето на филијала на Рускиот институт за стратегиски истражувања во Белград е добра иницијатива, ама скромна и недоволна. Созреано е времето за пошироко отворање кон регионот. Во интерес на мирот и безбедноста на Балканот. Тоа е долгорочен, стратегиски интерес и на Москва. Ама, и на Вашингтон, и на Брисел. Иако тоа може да изгледа поинаку. ПОМОШ ВО ОН За Македонија е од исклучителна, може да се рече од историска важност, руското прифаќање на нејзиното уставно и историско име и тоа без никакви ограничувања. Тоа е силна поткрепа, ама и исклучително важен адут во нашата нерамноправна борба да останеме тоа што сме. Македонци. Како постојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации, Русија неизбежно ќе игра значајна улога во финализирањето на случајот сврзан со нашето име и национален идентитет. На тој форум беше отворен проблемот, а таму ќе мора и да се затвори.

| 11

Ако во 1993 година, кога на Македонија нелегално ѝ беше оспорено уставното и историско име, Русија беше немоќна да помогне, сега веќе не е така. Денес Македонија со право очекува не само разбирање туку и конкретна руска помош во разрешувањето на тој, за нас, клучен проблем. Тоа би бил нов доказ дека современата руска надворешна политика се базира врз борбата за правда. Тоа мора постојано да се афирмира, а случајот на Македонија е одлична можност!

Да се потпише договор за слободна трговија Москва мора да покаже поголем интерес за Македонија во целина. Од повеќе причини. Што поскоро треба да се потпише договор за слободна трговија, бидејќи сегашниот трговски дебаланс е загрижувачки. Тоа би бил сериозен потег во однос на земјата, а интересот, всушност, е заемен: преку такви договори македонскиот пазар не е од два милиони, туку многу, многу поголем.

Владимир Родионов/РИА Новости

РУСКА РЕЧ


12 |

РУСИЈА И МАКЕДОНИЈА

РУСКА РЕЧ

Три поводи за прослава Крајот на јануари и почетокот на февруари беа исполнети со настани поврзани со Русија. Најпрво беше одбележана 20-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи помеѓу Република Македонија и Руската Федерација, на 7 февруари заедно го проследивме отворањето на Олимпијадата во Сочи, а на 11-ти овој месец беше одбележан Денот на дипломатите. „Руска реч“ ве води низ трите настани Емил Ниами

1

ДВАЕСЕТ ГОДИНИ ДИПЛОМАТСКИ ОДНОСИ

Годинава Република Македонија и Руската Федерација ја прославуваат 20-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи. На 31 јануари 1994 година, по неколкугодишен прекин, предизвикан од распадот на двете федерации - Социјалистичката Федеративна Република Југославија и Советскиот Сојуз на Социјалистички Републики - Македонија и Русија воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади како самостојни и суверени држави. Соодветната спогодба беше склучена со размена на ноти меѓу двете Министерства за надворешни работи. По тој повод на 27 јануари го-

Економската дипломатија треба да претставува алатка што ќе продолжиме да ја користиме за привлекување руски инвестиции во Македонија, но и за поголема промоција на македонските компании во Русија Никола Попоски

динава во хотелот „Александар Палас“ беше одржан свечен прием. На приемот, организиран од Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија и од Министерството за надворешни работи на Република Македонија, присуствуваа претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, членови на македонската Влада, пратеници од Собранието, претставници на верските заедници во Република Македонија, членови на политички партии, претставници од дипломатскиот кор, од македонската интелигенција и наука, како и бизнисмени и други угледни личности. На присутните им се обратија амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија н.е. Олег Николаевич Шчербак и министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски. - Дваесет години се многу краток период во повеќевековната историја на односите помеѓу нашите два братски и духовно сродни народа, меѓутоа е многу значаен датум за развојот на соработката меѓу двете држави - Русија и Република Македонија. Во Русија традиционално постојат длабоки симпатии кон пријателска Македонија. Задоволни сме од успешниот развој на соработката со Република Македонија во сите сфери од заемен интерес и ја цениме исклучително позитивната клима во нашите билатерални односи. Многу е важно што оваа соработка е од замена корист и се темели врз принципите на вистинска рамноправност, почитување, доверба, почитување на темелените принципи на меѓународното право нагласи амбасадорот Шчербак во своето обраќање до присутните. Тој стави особен акцент на фактот дека руско-македонското партнерство има огромен потенцијал и оти Русија од своја страна

Обраќање на министерот за надворешни

е подготвена да направи сè што е можно за негово натамошно унапредување за доброто на народите на двете држави, како и за зацврстување на мирот и стабилност во регионот. Министерот Попоски своето обраќање го започна со констатацијата дека 31 јануари 1994 година е датум кој е трајно врежан во историјата на односите меѓу двете земји. - На овој ден, пред 20 години, кога Македонија минуваше низ еден мошне сложен период, Русија истапи со безрезервна под-


РУСИЈА И МАКЕДОНИЈА

| 13

Амбасада на Руската Федерација во Република Македонија

РУСКА РЕЧ

работи на Македонија, Никола Попоски, на приемот на 27 јануари во Скопје, по повод две децении од дипломатските односи меѓу Македонија и Русија

дршка, признавајќи ја Република Македонија под уставното име. Оттогаш, заеднички работиме на зацврстување, развивање и унапредување на нашите односи и меѓусебната соработка - рече Попоски. Тој исто така подвлече дека Република Македонија и Руската Федерација имаат реална и силна основа за партнерство, за пријателство и меѓусебно почитување, имајќи ја предвид состојбата од над триесет потпишани договори во сите области и интензивната размена на културно, академско

и медиумско ниво. За подинамични и структурно развиени односи, додаде Попоски, соработката во иднина ќе се фокусира најпрво на полето на економијата. - Економската дипломатија треба да претставува алатка која ќе продолжиме да ја користиме за привлекување на руски инвестиции во Македонија, но и за поголема промоција на македонските компании во Русија. Треба да ги отвориме пазарите во двете земји за нови производи. Туризмот треба да биде еден од приоритетните области на соработ-

ка, со што ќе се овозможи не само поголема промоција на Република Македонија меѓу руските граѓани, туку и ќе изгради и поблиски односи помеѓу бизнис-заедниците на двете земји и културна размена меѓу народите - нагласи Попоски. На приемот беше прикажана и изложба за историјатот на македонско-руските дипломатски односи, на која беа прикажани сите етапи од нејзиниот развој, а се состоеше од фотографии и документи.

продолжува


РУСКА РЕЧ

РУСИЈА И МАКЕДОНИЈА

Петар И. Димитров

14 |

Петар И. Димитров

2

Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, на прием по повод отворањето на Олимписките игри во Сочи, на 7 февруари 2014 година

ОЛИМПИСКИ ИГРИ ВО СОЧИ

На 7 февруари беа отворени и 22 Зимски олимписки игри во Сочи. Амбасадата на Руската Федерација во Македонија за оваа пригода организираше заедничко следење на отворањето. Во прекрасниот амбиент на ресторанот „Ден и ноќ“ се собраа љубителите на спортот. На влезот секој од посетителите си доби лента со знамето на Руската Федерација. Качувајќи се по скалите кон големата сала почнува да се чувствува возбудата и спортскиот дух. Дипломати, политичари, јавни личности, облечени во лежерна, па дури и спортска облека, го очекуваа моментот кога ќе започне директниот пренос. Меѓу нив беше и претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, кој од технички причини не успеа да замине за Сочи, иако неговото заминување на Олимпијадата беше најавено одамна. Во салата во која се наоѓаа неколку големи монитори беа поставени балони со симболиката на Олимписките игри - петте олимписки круга, а келнерите носеа маички со знакот на Олимпијадата во Сочи. Атмосферата е на високо ниво. Во 17 часот и 14 минути коментаторот го најави почетокот на отворањето. Најпрво спектакуларен огномет, потоа химната на Руската Федерација, па следуваа спортистите. И тука веќе почна да расте адреналинот. Започна и последниот, уметничкиот дел. Е, тука навистина сите останаа без здив. Од Русите сите очекуваа многу во овој дел, но она што го видовме се граничеше со реалноста и претставуваше врв на сценската уметност. По едно вакво грандиозно отворање, логично беше дека во следните денови ќе видиме уште пограндиозна олимпијада, за која уште долго ќе се зборува.


РУСКА РЕЧ

3

РУСИЈА И МАКЕДОНИЈА

ДЕНОТ НА ДИПЛОМАТИТЕ

Значењето на датумот 10 февруари Датумот 10 февруари не е избран случајно, туку е поврзан со историјата на првиот надворешнополитички ресор на Русија - Амбасадорската управа. На овој ден во 1549 година се среќава најраното споменување за него, а прв претставник бил Иван Михајлович Висковатов, кому рускиот цар Иван Грозни му доверил амбасадорска работа. Во 1802 година императорот Александар Први формирал нов ресор кој претставува денешен предок на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација.

доволство од честа што ѝ е укажана да биде домаќин на еден ваков настан. По неа со свој говор присутните ги поздрави амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија Олег Николаевич Шчербак. - Денес го одржуваме овој свечен настан со посебно чувство, со оглед на тоа што токму овие денови заедно со македонските пријатели ја одбележуваме 20-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи помеѓу Руската Федерација и Република Македонија - го започна својот говор амбасадорот Шчербак. Тој нагласи дека Руската Федерација има цврста определба и натаму односите со своите македонски партнери да ги гради врз основа на вистинска рамноправност, заемно почитување, доверба, почитување на темелните норми на меѓународното право, односно немешање во внатрешните работи, сувереноста и интегритетот. - Ова претставува темел и на глобалниот креативен курс на надворешната политика на Руската Федерација кој е насочен кон формирање обединувачка и позитивна агенда, кон унапредување на соработката од заемна полза со сите држави во светот, а сѐ со цел еднаква безбедност и решавање на конфликтите по мирен пат - истакна амбасадорот Шчербак.

Амбасада на Руската Федерација во Република Македонија

Денот на дипломатските работници беше воведен на 31 октомври 2002 година со указ од страна на претседателот на Руската Федерација Владимир Путин, според кој овој празник се прославува на 10 февруари. Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија секоја година го прославува овој празник со посета и положување венци на споменикот „Руски крст“ во Битола. Битола не е град кој е случајно одбран и не е само поради тоа што во него се наоѓа овој споменик. Битола, кој е уште познат и како градот на конзулите, бил и градот во кое своевремено работел рускиот императорски конзул Александар Ростковски, кој трагично загина во 1903 година, во обид да ги заштити своите македонски браќа кои се бореле за слобода и за независност. По повод Денот на дипломатот почесниот конзулат на Русија и амбасадата на Руската Федерација во Македонија и годинава организираа заедничко прославување. Покрај споменикот „Руски крст“ во Битола се собраа дипломатски претставници во Република Македонија, руски дипломатски претставници од соседните држави, претставници на ло-

калната власт на чело со градоначалникот на Битола, како и многу други пријатели на Русија и видни луѓе. На гостите најпрво им се обрати почесниот конзул на Руската Федерација во Република Македонија госпоѓа Даринка Крстанова, која го истакна значењето на овој празник и неговата прослава во Битола. Таа изрази за-

| 15

Амбасадорот на Русија во Македонија, Олег Шчербак, положува свежо цвеќе на споменикот „Руски крст“ во Битола


ИМПРЕСУМ

16 |

КАЛЕИДОСКОП

РУСКА РЕЧ

Владимир Родионов / РИА Новости

Писмата на читателите, колумните и илустрациите означени како „мислење“, како и текстовите од рубриката „погледи“ во овој додаток се избрани за да претстават различни гледишта и не го изразуваат нужно гледиштето на уредникот на проектот „Russia Beyond the Headlines“ или на весникот „Росијскаја газета“. Ве молиме вашите писма и коментари да му ги испраќате на уредникот на urednik@ruskarec.mk

Додатокот „Руска реч“ го финансира, уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва, Русија). Интернет-страница: ruskarec.mk Еmail: urednik@ruskarec.mk Телефон: +7 (495) 775 3114 Факс: +7 (495) 988 9213 Адреса: ул. Правды 24, д. 2, Москва 125993, Россия.

ИГОР ДАНИЛОВИЌ координатор на „Руска реч“ во „Нова Македонија“ МАРЈАН ДЕЛЕВСКИ дизајн САША БЕЛЕВСКА технички уредник © 2013 сите права се задржани од ФГБУ „Росијскаја газета“: АЛЕКСАНДAР ГОРБЕНКО претседател на редакцискиот совет, ПАВЕЛ НЕГОИЦА генерален директор, ВЛАДИСЛАВ ФРОНИН главен уредник. Забрането е копирање, дистрибуција или преземање на содржините од овој додаток, освен за лична употреба, без писмена согласност на „Росијскаја газета“. Ве молиме за дозвола да се обратите на телефон +7 (495) 775 3114 или на и-мејлот urednik@ruskarec.mk. „Russia Beyond the Headlines“ не сноси одговорност за ненарачаните текстови и фотографии.

Првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров, и првиот претседател на Русија, Борис Николаевич Елцин, на средба за време на работната посета на шефот на македонската држава на Русија, на 27 јануари 1997 година.

Владимир Родионов / ИТАР-ТАСС

ЕВГЕНИЈ АБОВ издавач и директор на RBTH ПАВЕЛ ГОЛУБ главен уредник на додатоците на RBTH ВЈАЧЕСЛАВ ЧАРСКИ извршен уредник за Јужна и за Средна Европа ЕМИЛ НИАМИ превод, лектура, веб, гостин-уредник на додатокот „Руска реч на македонски“ ЈАНЕ ЈОВАНОВ, ТРАЈЧЕ СТОЈАНОВ превод, лектура, веб ЕКАТЕРИНА ТУРИШЕВА, МАРИЈА СМИРНОВА асистенција, веб НИКОЛА ЛЕЧИЌ, ИРИНА РЕШЕТОВА ко-уредници АНДРЕЈ ЗАЈЦЕВ, НИКОЛАЈ КОРОЉОВ илустрации За огласување во овој додаток, ве молиме да се обратите на ЈУЛИЈА ГОЛИКОВА, директор на одделот за односи со јавност: julia.golikova@rbth.ru.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, и поранешниот претседател на Македонија, Бранко Црвенковски, на билатерална средба во рамките на Балканскиот самит за енергетска соработка во загрепскиот хотел „Вестин“, на 24 јуни 2007 година.

Електронска пошта на редакцијата „Руска реч“: urednik@ruskarec.mk. Повеќе информации на http://ruskarec.mk

Михаил Климентјев / РИА Новости

Специјалните додатоци за Русија во светските дневни весници ги уредува и ги издава „Russia Beyond the Headlines“, во организација на „Росијскаја газета“ од Москва. Во моментов додатоци се објавуваат во следниве весници: Le Figaro, Франција • The Daily Telegraph, Велика Британија • Süddeutsche Zeitung, Германија • Еl País, Шпанија • La Repubblica, Италија • Le Soir и European Voice, Белгија • Дума, Бугарија • Политика и Геополитика, Србија • Eleutheros typhos, Грција • The Washington Post, The New York Times и The Wall Street Journal, САД • Navbharat Times и The Economic Times, Индија • Mainichi Shimbun, Јапонија • China Business News, Кина • South China Morning Post, Кина (Хонгконг) • La Nacion, Аргентина • Folha De S. Paulo, Бразил • El Observador, Уругвај • Today, Сингапур • Joongang Ilbo, Јужна Кореја • Sydney Morning Herald и The Age, Австралија • Gulf News, Обединети Арапски Емирати

Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов и поранешниот претседател на Русија, Дмитриј Медведев, на средба на XIV Меѓународен економски форум во Санкт Петербург, на 18 јуни 2010 година.


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.