Пријатели на Blues & Soul Festival 2016
Mедиумски спонзори:
18 септември /недела/
TERRY EVANS feat. JOE COLOMBO (USA) 20 септември /вторник/
RAW HIDE (SERBIA) BILLY MERZIOTIS&AFTER HOURS (GR) 21 септември /среда/
RYAN McGARVEY feat. CARMINE ROJAS (USA) CITY HALL, 20:30 часот (до МКЦ) *Билети во Југотон и Купи карти за сé, цена на билетот 300 денари, блок билети 600 денари *Бифето и терасата на City Hall работат *Во недела паркингот не се наплатува
Terry Evans feat. Joe Colombo (САД)
Тери Еванс /Terry Evans/ е дел од онаа легендарна генерација на блуз и соул пејачи, што ја предводеа Sam Moore, Pops Staples, Mighty Sam McClain и други.Неговиот музички пат започнува на изворот на блузот, во Виксбург, Мисисипи, од каде ја започна својата брилијантна кариера низ која соработуваше со најголемите имиња на светската музичка сцена. Во Лос Анџелес беше еден од најбараните сешн вокалисти, добитник на златна плоча за учество на албумот на Џон Фогерти /John Fogerty/ “Eye Of The Zombie”. Како долгогодишен вокалист во бендот на Рaj Кудер /Ry Cooder/, Terry Evans се појавува на неговите албуми како главен вокал: “Chicken Skin Music,” “Get Rhythm,” “Show Time,”и “Slide Area.” Со Bobby King тој го сочинуваше дуетот кој постигна голем успех на американската сцена со учество на најпознатите фестивали, и зад себе оставија два успешни албума. Terry Evans сними осум одлични албуми, настапуваше и снимаше заедно со John Lee Hooker, The Staples Singers, Boz Scaggs, Joan Armatrading, Maria Muldaur и многу други. Љубителите на добрата музика го паметат по неговото учество во легендарниот филм “Crossroads” каде ја исполнува темата “Down In Mississippi. Во Скопје доаѓа во рамките на европската турнеја и ова е ретка можност нашата публика да види и слушне оригинален блуз и соул вокалист.
RAW HIDE (Србија)
Ро Хајд /Raw Hide/ е еден од најстарите и најдобрите блуз бендови во регионот, основан 1982 година. Неговиот основач е Јован Илиќ, кого добрите познавачи на блузот го вбројуваат во најдобрите европски експоненти на усната хармоника, популарно позната и како “Mississippi saxophone”. Блузот на Raw Hide е цврсто врзан со традиционални музички вредности на жанрот,
а во исто време ги разработува современите струења на светската блуз сцена, создавајќи оригинален стил, кој со задоволство гo прифаќаат сите љубители на блузот. Raw Hide има зад себе три дискогравски изданија, но она што бендот го издвојува од другите е врвен концертен настап во кој доаѓаат до израз членовите на бендот: Јован Илиќ – вокал, усна хармоника, Иван Станошевиќ – гитара, Дарко Грујиќ – клавијатури, Миленко Крстановиќ – бас и Жељко Јанковиќ – тапани. Бројни се настапите на реномирани домашни и странски фестивали / Германија, Италија, Унгарија, Грција/. Имаа можност да настапат со великаните на блузот како Louisiana Red, Magic Slim, Dave Kelly, Johnny Mars/… Иако се чести гости на блуз фестивали, членовите на Raw Hide преферираат клубски свирки во кои најдобро го презентираат својот блуз израз.
BILLY MERZIOTIS & AFTER HOURS (ГРЦИЈА)
Били Мерзиотис /Billy Merziotis/ е еден од најпознатите грчки блуз рок гитаристи со успешна долгогодишна кариера и кој своите квалитети ги претставува на концертни настапи. Роден е 1979 година во Атина и од мали нозе покажува афинитети кон музиката. Зад себе има два снимени албуми, безброј концерти со најпознати грчки музичари, како и со бендот на Alice Cooper. Во 2013 година заедно со вокалистката Irene Movia го формира составот After Hours, наречен според албумот на Gary Moore кој имаше големо влијаније на неговиот музички развој и пат и чија музика исто така со големо задоволство и автентичност ја исполнува, во што ќе се уверат и љубителите на музиката во Скопје. Покрај сопствен репертоар, Били и неговиот состав исполнуваат позна ти теми од репертоарот на Stevie Ray Vaughan, Etta James, Jimi Hendrix, Bad Company и други. Покрај него и Irene Movia, во составот се Alex Stavrakas - бас и Dionisis Stavrinos - тапани. Во 2015 година тој имаше ретка можност да настапува со оригиналниот состав на Gary Moore, Vic Martin - клавијатури, Pete Rees - бас и Graham Walker - тапани.
RYAN McGARVEY feat. CARMINE ROJAS (Сад)
Рајан Мек Гарви /Ryan McGarvey/ е дефинитивно звезда во подем. Моментално e еден од најатрактивните млади гитаристи на американската блуз рок сцена, кој со секој настап го потврдува својот талент. Тој талент го препозна и некој што во тоа секако е компетентен Ерик Клептон /Eric Clapton/, кој го покани да биде учесник на еден од неговите прочуени блуз фестивали на кои настапуваат само најдобрите “Crossroads”. Рајан се здоби со многу признанија , од кои би спомнале само неколку: 2010 Eric Clapton’s Crossroads, 2009 Best Guitarist Of The Year (The Weekly Alibi) 2012 Best Blues (Guitar Center) 2013 Best New Talent (Guitar Player Magazine) :: 2014 Best Guitarist (European Blues Awards) Неговите квалитети му овозможија да добива покани од сите кои нешто значат на американската музичка сцена и да настапува со имињата од калибарот на Joe Bonamassa, Kenny Wayne Shepherd, Buddy Guy, Jeff Beck, Warren Haynes… Моментално настапува со извонредна ритам секција што ја сочинуваат Кармин Ројас /Carmine Rojas/ - бас и Кристофер Хјуџис /Cristopher Hughes/ тапани. Во рамките на европската турнеја, Рајан Мек Гарви /Ryan McGarvey/ го промовира својот најнов албум “The Road Chosen”, настан што не смее да се пропушти! HE Иако Кармајн Рохас /Carmine Rojas/ доаѓа како басист во бендот на Ryan McGarvey, тој бездруго, може да се нарече како звезда на годинашното издание Skopje Blues & Soul Festival. Следните податоци говорат доволно: басист во бендот на /David Bowie 1983-1987/, се појавува на неговите албуми и хитови како “Let’s Dance”, “China Girl”, “Blue Jean”, 1988-2003 беше член на бендот на Rod Stewart , последниве години беше во бендот на Joe Bonamassa, а листа на имиња со кои настапуваше и снимаше, може да се нарече „Кој е кој во музиката.....“, како на пример Tina Turner, Stevie Wonder, Stevie Ray Vaughan, BB King, Mick Jagger, Eric Clapton, Joe Bonamassa, Eric Johnson, Peter Frampton, Al Green, Carly Simon, Ian Anderson, Paul Rogers, Steve Winwood, Herbie Hancock, Lee Ritenour, Carole King, Leslie West, Carlos Santana, Todd Rundgren, Patti LaBelle, Michael Bolton, Allen Toussaint, Glenn Hughes… Секоја дискусија е излишна, такво име доаѓа во Скопје!
Есенски АUTOMNAL музички MUSICAL свечености FESTIVITIES ноември
2017 november
Oрганизатор: Дирекција за култура и уметност-Скопје Мирко Стефаноски Никола Глигоров Ната Кецкаровска Стамат Наумовски Петранка Георгиевска Програмски селектор: Васја Ивановски Надворешни соработници: Анче Кузмановска, Горан Јованов Издавач: Дирекција за култура и уметност-Скопје За издавачот: Мирко Стефаноски Дизајн на плакат и каталог: Горан Јованов Печат: Дата понс Организаторот го задржува за правото за измени во програмата
Дирекција за култура и уметност - Скопје Directorate of Culture and Arts - Skopje
бул. „Св.Климент Охридски” 58 б пошт. фах 519 тел/факс: ++389 02 3165 064, 3222 341 e-mail: skleto@unet.com.mk, www.dku.org.mk