Ems 2015katalog

Page 1

Grad Skopje


ДИРЕКЦИЈА ЗА КУЛТУРА И УМЕТНОСТ – СКОПЈЕ Под покровителство на Град Скопје и Министерството за култура на Република Македонија

ЕСЕНСКИ МУЗИЧКИ СВЕЧЕНОСТИ 2015 ПРОГРАМА: 6 Ноември (петок) 20:00 - Свечено отворање на ЕМС 2015 - КЕРЕМ ГОРСЕВ ТРИО (Турција) (Керем Горсев - пијано, Каган Јилдиз - контрабас и Ферит Одман - тапани) и KАМЕРНИОТ ОРКЕСТАР НА БИТОЛА, диригент: Сашо Татарчевски (во соработка со Јунус Емре Институт - Скопје и Центар за култура - Битола) - Дом на АРМ 7 Ноември (сабота) 21:00 - Балетска премиера на „BALCAN DANCE PROJECT VOL.1“- Современа балетска претстава во кореографија на Александар Илиќ (Србија) и Игор Киров (Македонија), настапуваат: Мојца Мајцен (Словенија), Адријана Данчевска (Македонија), Катерина Стојковиќ (Србија), Миона Петровиќ (Србија), Теодора Сујиќ (Србија),музика: Дуке Бојаџиев, Кирил Џајковски, „Beata Viscera“ – Перотин, арр. Василије Ѓоковиќ (во соработка со Фестивал Велење - Словенија) – Македонски народен театар 9 Ноември (понеделник) 20:00 - Концерт на ГОРЈАНА СТОЈАНОВСКА – пијано - Факултет за музичка уметност - Скопје 14 Ноември (сабота) 20:00 - „SOUNDS OF SPIRITS“ - концерт на Ансамблот за современа музика „Con Tempora“, диригент: Бисера Чадловска - Портрет на компо­зиторот Малколм Дедман - Англија (во соработка со СОКОМ) - Факултет за музичка уметност - Скопје 16 Ноември (понеделник) 20:00 - „ОД ТВОРЕЧКИОТ ОПУС НА ВЛАСТИМИР НИКОЛОВСКИ (1925-2001)” – 90 години од раѓањето - Концерт на студен­ тите на Факултетот за музичка уметност - Скопје (во соработка со ФМУ - Скопје) - Факултет за музичка уметност - Скопје 20 Ноември (петок) 20:00 - Вокално – инструментален концерт на НУ Ансамбл за народни игри и песни на Македонија „ТАНЕЦ“ - Дом на АРМ 23 Ноември (понеделник) 20:00 - Концерт на НИНОСЛАВ ДИМОВ - саксофон и МАЈА ПОПОВИЌ КАРАИВАНОВА - пијано - Културно информативен центар - Скопје, Салон 19,19 25 Ноември (среда) 20:00 - Концерт на хорот „ПРО АРС“ со премиерни изведби композиции наградени на конкурсот на Министерството за култура на РМ за нови хорски дела, диригент: Сашо Татарчевски - Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија 26 Ноември (четврток) 20:00 - Концерт на МОМЧИЛО КУФОЈАНАКИС - виолина, ВЕСНА АНГЕЛОВА - пијано - Културно информативен центар - Скопје, Салон 19,19 30 Ноември (понеделник) 20:00 - Концерт на Оперско дувачко трио ТАТИЈАНА ПЕТРУШЕВСКА - обоа, ИГОР БАКРЕВСКИ - кларинет, МАРЈАН МИЛОШЕВСКИ - фагот - Културно информативен центар - Скопје, Салон 19,19


6 ноември (петок) Дом на АРМ 20:00 часот

Свечено отворање на ЕСЕНСКИ МУЗИЧКИ СВЕЧЕНОСТИ 2015

КЕРЕМ ГОРСЕВ ТРИО / Kerem Görsev Trio Керем Горсев – пијано, Каган Јилдиз – контрабас Ферит Одман – тапани (Турција) KАМЕРЕН ОРКЕСТАР НА БИТОЛА диригент: Сашо Татарчевски (Во соработка со Јунус Емре Институт – Скопје и Центар за култура – Битола) Пијанистот Керем Горсев е роден во Истанбул во 1961 година. Неговата љубов кон џез музиката се појавила за време на неговите студии на државниот Конзерваториум во Истанбул, во периодот кога тој настапувал низ бројни клубови заедно со турски музичари, но и со џез музичари од странство. Керем е препознатлив како многу талентиран композитор и пијанист. Има продуцирано голем број различни проекти, започнувајќи од својот прв албум „Hands and lips“ во 1995 година. По него следи неговиот втор албум „I Love May“ во 1996. И двата албуми се составени само од негова авторска музика. Керем Горсев го издава и својот трет албум „For Murat“ во 1996 година и својот четврти албум „Relaxing“ во 1997. Неговиот следен албум е пијано – вокал дует со Алан Харис и е насловен „Laid – Back“. Во 1998 година Керем настапил на два концерти заедно со Елвин Џонс „Jazz Machine“ на „Eskisehir“ фестивалот.


„November in St. Petersburg“ е специјален проект кој што Керем Горсев го снимил со академскиот Филхармониски оркестар на Санкт Петербург во 1999 година. И овој албум содржи само авторки композиции на Керем Горсев. По овој проект следат уште два нови албуми: „Warm Autumn“ во 2001 и „Existence“ во 2002 година, кој што е на преминот помеѓу класична и џез музика. Керем го завршува снимањето на албумот „Meeting Point“ во Њујорк во 2003 година. Расел Ган, Ерик Ревис, Алвестер Гарнет и Маркус Стрикленд го придружувале во снимањето на овој албум, кој што е издаден во март месец 2004 година. Неговиот следен албум е џез трио албум кој што се состои од негови авторски композиции. „Orange Juice“ е издаден во октомври 2005 година. Со овој проект настапил низ голем бој на градови и држави, меѓу кои и на „13тиот Истанбул џез фестивал“. Овој концерт бил снимен и издаден во ДВД формат. Својот следен албум Керем го снимил во април 2007 година. Овој албум е дуо со Алан Харис и се состои од џез стандарди од 1940 – тите и 1960 – тите години. Низ годините Крем Горсев ја изведувал својата музика во Баку, Копенхаген, Мунстер, Честфилд, Штутгард, Исламабад, Кипар, Виена и Болоња. Во 2008 година, уметникот настапил на 36 тото издание од „Пескара џез фестивалот“ и на 35- тото издание од „Умбриа џез фестивалот“ како Керем Горсев трио со своето новоформирано трио со Каган Јилдиз на контрабас и Ферит Одман на тапани. Конечно, Керем Горсев го изведува својот проект „November in St. Petersburg“ со Санкт Петербуршкиот Филхармониски оркестар во декември, 2008 година во Санкт Петербург. Керем Горсев завршува со снимањето на својот проект „Diversion“ во 2008 година. Овој албум е трио албум и во него се содржани осум нови композиции. Овој албум бил издаден во Јануари 2008 година. Керем Горсев го изведувал овој проект повеќепати во рамките на својата држава, како и надвор од неа. Својот следен албум „Therapy“ го снимил заедно со Лондонскиот филхармониски оркестар под диригентската палка на Алан Бродбент во 2010 година. На овој албум кој се состои само од негови авторски композиции се вклучени и Ерни Вотс на тенор саксофон, Каган Јилдиз на контрабас и Ферит Одман на тапани. Керем следниот албум „To Bill Evans“ го снимил во Прага, придружуван од Прашкиот филхармониски оркестар, повторно под диригентската палка на Алан Бродбент и во придружба на Каган Јилдиз – контрабас и Ферит Одман на тапани. Овој албум е составен од седум авторски композиции, во аранжман на Алан Бродбент. Албумот бил издаден во 2013 година. Во октомври 2014 година е издаден неговиот 15-ти и засега последен албум „Emirgan“ во Истанбул. Двократниот добитник на Греми наградата – Ерни Вотс го придружувал Керем Горсев на овој албум, заедно со неговото трио. Во овој албум има девет композиции и е издаден во 2014 година и за локалниот и за интернационалниот пазар.


Камерниот оркестар на Битола е основан пред неколку децении и со неколку прекини егзистира до денес. Во почетоците бил составен од група ентузијасти (најчесто со мала музичка наобразба или без неа) но нивниот ентузијазам бил толку голем што за тоа време и во тие услови направиле одлични концерти. Денес Камерниот оркестар на Битола е составен од професионални музичари кои дипломирале а некои и магистрирале на својот инструмент. Зад себе има многу успешни концерти низ државата, учество на сите реномирани фестивали за класична музика и соработка со врвни солисти и диригенти од државата и странство како: Алесандра Д’Агостини, Анатолиј Крстев, Борис Спасов, Саша Николовски Ѓумар, Сашо Татарчевски, Бисера Чадловска, Ле Фи Фи, Иван Кожухаров и др. На репертоарот на КОБ се наоѓаат дела од сите епохи- од раниот барок па се до современа класична и популарна музика. Сашо Татарчевски дипломирал и магистрирал на ФМУ Скопје а посетува и мајсторски курсеви кај познати диригенти во Њујорк, Рим, Москва, Берлин, Сартеано и Фиренца. Има настапувано со голем број ансамбли вклучувајќи ги Македонската филхармонија, Оркестарот на МОБ, Битолскиот камерен оркестар, Симфонискиот оркестар на ИКО од Рим, Оркестарот на Ермитаж од Санкт Петерсбург, Солисти на ФМУ, Симфонискиот оркестар на ФМУ, Битолската опера, Алеа, хоровите “Драган Шуплевски“, “Магнолија“ од Словачка и “Стив Наумов“, Мандолинскиот оркестар при МКЦ и други камерни и симфониски состави. Освен на сцените низ Македонија, вклучувајќи ги и најреномираните манифестации како Охридско лето, Денови на македонската музика и многу други, има настапувано и освоено награди со различни ансамбли во Португалија, Словенија, Шкотска, Белгија, Грција, Швајцарија, Шпанија, Хрватска, Италија, Србија, Бугарија, Чешка, Турција, Русија, Полска, Романија и Франција. Во моментов работи како професор по група предмети од областа на диригирањето на ФМУ, диригент на професионалниот хор „ПРО АРС“ и раководител на Женскиот младински хор при МКЦ.


7 ноември (сабота) Македонски народен театар 21:00 часот Балетска премиера на „BALCAN DANCE PROJECT VOL.1“

Современа балетска претстава во кореографија на Александар Илиќ (Србија) и Игор Киров (Македонија), Настапуваат: Мојца Мајцен (Словенија), Адријана Данчевска (Македонија), Катерина Стојковиќ (Србија), Миона Петровиќ (Србија), Теодора Сујиќ (Србија), музика: Дуке Бојаџиев, Кирил Џајковски, „Beata Viscera“ – Перотин, арр. Василије Ѓоковиќ, сценограф: Дуња Костиќ

(Во соработка со Фестивал Велење - Словенија) „Balkan Dance Project“ е интернационална танцова продукција која ги обединува младите надежни кореографи, танчери и музички уметници од Македонија, Србија, Словенија и Хрватска. Низ своите приказни, овие уметници го споделуваат својот индивидуализам и во исто време истражуваат нови искуства за животот на Балканските простори. Концептот на двојна програма ќе ги обедини, поврзе и развие идеите и на двата кореографи. Секој од нив поединечно има своја единствена естетика, која е тесно поврзана за универзални тематики со кои многу индивидуи можат да се поврзат. Со овој проект ја соединуваат новата генерација на уметници од Балканскиот регион и го охрабруваат целиот регион да соработува и да работи на интеграција помеѓу артистите од овие простори кои во себе носат слично културно наследство. Да ја поттикнат креативноста, како и да ги раздвижат уметниците и културните работници, да го промовираат вкрстениот културен дијалог низ јазикот на уметноста.


“ПРИКАЗНИ“ – кореографија Игор Киров Вообичаено не сакам да зборувам за својата работа, туку да и препуштам на публиката да влезе во мојот свет за да можат да уживаат и сами да ја создадат сопствената приказна, која ќе ги доведе до мојата визија, до тоа што јас сакам да го изразам. И овој пат креирав нова визија и нови зборови, кои ја кажуваат вистината за пет жени кои се полни со живот, емоции и енергија. Секоја жена има своја скриена приказна, која ќе ни ја раскаже на сопствен начин.

„РЕМИНИСЦЕНЦИЈА“ – кореографија Александар Илиќ Gustav von Aschenbach полагајќи ги своите последни денови на жртвеникот на животот служи обред полн со жалење за младоста и убавината. Колку е тоа покорување на судбината толку и неизбежен пркос кој секогаш доаѓа прерано. Илузијата со која се благословени неговите последни моменти наликува на песок кој истекува од клепсидрата, на изворска вода која бегајќи од затворените раце згаснува во раширените зеници и попусто ја бара нежноста. Давајќи се себе си како жртва во чест на вечната слава на животот со сите негови недостижни каприци и необјаснети загатки станува сурова вистина. Животот е еден единствен.... Оваа кореографија е кратка, таинствена, чудесна фуга на смртта и младоста, реминисценција на познатата новела на Томас Ман „Смрт во Венеција“. Звукот кој го прати дејствието е ехо претворен во звук на посмртните ѕвона на некоја далечна потопена катедрала.


9 ноември (понеделник) Факултет за музичка уметност - Скопје 20:00 часот Концерт на ГОРЈАНА СТОЈАНОВСКА – пијано Програма: Ј.С.Бах – „Голдберг варијации“ BWV 988 А.Скрјабин – „Соната“ оp.53 no.5

Горјана Стојановска е родена на 11.12.1994 година во Битола, Македонија. На осумгодишна возраст се запишува во Државното основно музичко училиште во Битола, каде што и го завршува средното училиште, а потоа продолжува на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Во текот на своето образование е ученик во класите на професорите Татјана Божиновска, Нина Костова и Борис Романов. Низ годините има освоено многу награди меѓу кои: II награда на државниот натпревар по пијано во 2007 година во Битола / III награда на меѓународниот натпревар по пијано ”Даворин Јенко” во 2008 година во Белград, Србија / Специјална награда за изведба на делото “Срцето на поетот” од Едвард Григ на меѓународниот натпревар по пијано “Охридски бисери” во 2008 година во Охрид, Македонија / Специјална награда (100 поени) и трет лауреат на државниот натпревар по пијано во 2010 година во Скопје, Македонија / Специјална награда на меѓународниот натпревар по пијано „Арс Косова” во 2010 година во Приштина, Косово / III награда на меѓународниот натпревар по пијано “Охридски бисери” во 2010 година во Охрид / Специјална награда и лауреат на меѓународниот натпревар по камерна музика во категорија пијано-виолина во 2011 година во Кавадарци, Македонија / I награда на државниот натпревар по камерна музика во категорија пијано-виолина во 2011 година во Скопје / I награда на државниот по камерна музика во категорија дуо пијано во 2011 година во Скопје / II награда на меѓународниот натпревар по пијано “Охридски бисери” во 2012 година во Охрид / Специјална награда, Гран При и ЕМCY награда на државниот натпревар по пијано во 2013 година во Скопје / Специјална награда на полифониот конкурс во рамките на ФМУ во 2014 и 2015 година. Често настапува на солистички рецитали и рецитали на камерна музика низ Македонија, а во 2011 и 2014 година настапува како солист со Македонската филхармонија.


14 ноември (сабота) Факултет за музичка уметност - Скопје 20:00 часот „SOUNDS OF SPIRITS“ концерт на Ансамблот за современа музика „Con Tempora“ Портрет на композиторот Малколм Дедман – Англија (Во соработка со СОКОМ) ПРОГРАМА: TRANSMUTATIONS (светска премиера) Катерина Бачевска - флејта, Игор Иванов - кларинет, Нинослав Димов - саксофон, Марија Вршкова - пијано THREE HUMAN ATTRIBUTES (светска премиера) Марија Вршкова, Ана Гацева - пијано ELEGY FOR THE CASUALTIES OF WAR (македонска премиера) Катерина Бачевска - флејта, Игор Иванов - кларинет, Владимир Костов - виолина, Паскал Краповски- виолончело. STRING QUARTET NO.2 (светска премиера) Владимир Костов - виолина, Симон Поповски - виолина, Бојан Талески - виола, Александар Котевски – виолончело DUO CONCERTANTE (светска премиера) Влатко Нушев – маримба, Елена Чадиковска - вибрафон, Владимир Костов - виолина, Симон Поповски - виолина, Бојан Талески - виола, Паскал Краповски - виолончело, Петруш Петрушевски - контрабас, диригент: Бисера Чадловска *Проектот современи европски композитори е поддржан од Европската Унија


Ансамблот за современа музика „ConTempora“ е формиран во 2014 година од страна на Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ со цел да изведува и промовира нови дела од македонски автори. Идејата за создавањето на ансамблот се наметна како резултат на неодминливата потреба за пополнување на празнината во македонската современа музичка култура и формирање камерен состав кој ќе делува исклучиво на полето на современата музика, премиерно изведувајќи дела на македонски композитори, но и на автори од различни делови на светот. Ансамблот брои дваесет инструменталисти со значително искуство во изведбата на современа музика, и во зависност од репертоарот делува во различни инструментални формации. Премиерниот концерт на „ConTempora“ беше одржан во септември 2014 година во рамки на Генералното собрание на Европската асоцијација на композитори и сонграјтери (ECSA) во Скопје. Во изминатата година ансамблот оствари турнеи во Холандија и Белгија, неколку концерти низ Македонија. Во текот на минатата година, „ConTempora“ реализираше и повеќе студиски снимки на новосоздадени дела од композитори од САД, Иран, Италија, Индонезија и други, а на својот досегашен репертоар претстави скоро 30 премиерни дела на автори од Македонија, САД, Италија, Индонезија, Велика Британија, но и композиции од музичката литература на 20. век.

Малколм Дедман е роден во Лондон, Англија во 1948 година. Фасциниран бил од изведбите на пијано на својата мајка, која почнала да го подучува уште на 5 години. Штом го добил основното музичко познавање, започнува и со импровизирање, паралелно со своето образование. На возраст од 12 години сфаќа дека сака да ги запише некои од своите музички идеи, па тоа се и почетоците на неговата кариера како композитор. Во тинејџерските години слушал многу современа музика и учел како да нотира. За него, пишувањето на музика не е избор, туку нешто кое што мора да го прави. И покрај потребата за пишување музика, тој студирал и дипломирал на применета физика во 1971 година. Музика студирал неформално со Патрик Стенфорд, професор на Гилдхол во Лондон. Тоа му овозможило да создава сопствен стил и да има попрактичен пристап кон композициите. Малколм има освоено бројни награди и брои многу изведби на своите композиции. Магистрирал на Универзитетот на западен Лондон на одделот по композиции во 2005 година. Својот композиторски стил го смета индивидуален кој се базира врз длабокото разбирање на трендовите на 20–тиот век, почнувајќи од сериализмот, па се до квази – алеаторички техники. Тој го присвојува и индивидуализира пост модернистичкиот идиом, и се базира на сопствени правила со многу личен пристап. Иако неговата музика се инспирира од музиката на Месијан и Барток, композитори на кои тој се восхитува, сепак во неа се интегрирани и музички влијанија од многу други композитори од различни култури. Тој верува во пишување на музика која што комуницира директно со публиката и пренесува наменски пораки, во стил кој е соодветен на овој век и без компромитирање на квалитетот на музиката. Неговите дела се најчесто изведувани во Англија, Ирска, Франција, Бугарија, Италија, САД, Бразил, Мексико, Јапонија, Јужна Кореа, Нов Зеланд и Јужна Африка. Многу од овие изведби наидуваат на одличен прием кај публиката, како и на критичарите.


16 ноември (понеделник) Факултет за музичка уметност - Скопје 20:00 часот „ОД ТВОРЕЧКИОТ ОПУС НА ВЛАСТИМИР НИКОЛОВСКИ (1925-2001)” 90 години од раѓањето Концерт на студентите на Факултетот за музичка уметност – Скопје (Во соработка со ФМУ – Скопје) ПРОГРАМА: “Фуга на тема DSCH+BACH” Сеќавање на Бах Исполнува: Иван Трајковски, пијано 3 год. Класа: проф. д-р Марија Ѓошевсkа “Ленка” за глас и пијано Исполнува: Билјана Камчева, сопран 4 год. Пијано соработка: Елена Атанасовска Класа: проф. м-р Марија Муратовска Наумовска “Три сонати во сеќавање на А.Скарлати” Исполнува: Анастасија Грговска, пијано 3 год. Класа: проф. д-р Марија Ѓошевска “В мугри” за глас и пијано Исполнува: Мартина Наневска, 4 год. Пијано соработка: Андреј Наунов Класа: проф. м-р Славица Петровска – Галиќ “Гротеска” за глас и пијано Исполнува: Мартина Аврамовска, 2 год. Пијано соработка: Андреј Наунов Класа: проф. м-р Славица Петровска – Галиќ “Молитва” за глас и пијано Исполнува: Фросина Марковска, 1 год. Пијано соработка: Андреј Наунов Класа: проф. м-р Славица Петровска – Галиќ “Лирски циклус” IV песна Исполнува: Елена Петрушевска, 1 год. Пијано соработка: Андреј Наунов Класа: проф. м-р Славица Петровска - Галиќ „БА...БУР...БА...БУР“ за пијано и фагот Исполнува: Ѓeoрги Калајџиев, фагот 2 год. Пијано соработка: Доминика Робе Класа: доц. м-р Марјан Милошевски „Тешкото” за хармоника – fis Исполнува: Милан Коцев, 3 год. Класа: проф. м-р Зорица Каракутовска „Токата” за пијано Исполнува: Марија Николовска, пијано 3 год. Класа: доц. д-р Кристина Светиева


Властимир Николовски бил син на наставник по музика и многу рано бил во допир со музичката уметност. Своето музичко образование го започнал во 1946 година кога се запишал во Средното музичко училиште во Скопје. Една година подоцна, 1947 година станал студент на тогашниот Ленинградски конзерваториум во класата по композиција на Орест Александрович Евлахов. По враќањето од Русија, Николовски се запишува на Музичката академија во Белград, во класата на професорот Миленко Живковиќ, каде што дипломира во 1955 година. Потоа започнува неговата плодна дејност на многу подрачја, работејќи како професор во Средното музичко училиште во Скопје, музички уредник во Радио Скопје, директор на Операта при МНТ и професор на Педагошката академија. Во 1966 година е професор и прв декан на тогаш основаниот Факултет за музичка уметност во Скопје (тогаш – Висока музичка школа), каде што останува до крајот на својот работен век. Во 1981 година е примен за редовен член на Македонската академија на науките и уметностите. Бил претседател на Сојузот на композиторите на Македонија и претседател на Сојузот на композиторите на тогашна Југославија. Творештвото на Властимир Николовски е исклучително богато и разновидно. Опфаќа над 140 музички композиции од речиси сите видови и жанрови на класичната музика, како и голем број публицистички трудови во кои обработува различни прашања од музичката уметност. Особено маркантни се неговите вокално-инструментални композиции (ораториуми, кантати) и неговите оркестарски дела. Понекогаш во нив се потпирал врз најдлабоките слоеви на македонската музичка тради­ ција (пр. оратоиумот „Клименту“ во кој се користени оригинални текстови на Климентовите уче­ници), при што изворниот материјал на авторот најчесто му служи за сопствена разработка. Текстовите од „Клименту“ „... амалгамираат многу стилски релации и композициски постапки во кои преку партиите на хорот, солистите и оркестарот се изменуваат драмските и лирски делови, напнатостите и попуштањата...“ (Д. Ортаков). Сепак, највисоките творечки дострели Властимир Николовски ги остврил на полето на хорската музика и во делата во кои доминира вокалот. Особено тука, но и во целиот творечки опус на Николовски, инспирирањето од фолклорот е речиси неизбежно.


И К

20 ноември (петок) Дом на АРМ 20:00 часот Вокално – инструментален концерт на НУ Ансамбл за народни игри и песни на Македонија „ТАНЕЦ“ Танец - Душата на Македонија....Симбол на македонската култура и уметност веќе шеесетипет години!....Амбасадор на македонскиот фолклор! Ансамблот Танец претставува симбол на македонскиот фолклор, традиција и култура веќе шест децении, културен амбасадор кој несебично ја презентира и споделува богатата македонска традиција во земјата и во светот. Веќе шест децении „Танец” со своите уникатни носии со кои настапува претставува вистински подвижен историски музеј на Македонското материјално и нематеријално културно наследство. Наследство, кое како и народниот вез е длабоко врежано во потсвеста на секој македонец. Националната установа за народни игри и песни ансамбл „Танец” е официјано формиран во мај 1949 година со указ од тогашната влада. Целта на формирањето на ансамблот претставувала насушна потреба за формирање на институција од овој вид која го одржува, негува, чува и збогатува македонскиот фолкор. Од исклучителна важност се покажало формирањето на ансамблот чие прво претставување надвор од границите на Македонија (тогашна Југославија) се случило 1950 година во Англија на „Интернационалниот фестивал” во Велс. Членовите на Танец со изведбата на „Тешкото” ги освојуваат сите можни поени и ја добиваат највисоката награда. Вредно за споменување е фактот дека ниеден ансамбл во

И П К

И К

И П К

И П К

И П


целата историја на траење на фестивалот ги нема освоено сите можни поени од страна на жирито. Како најдобар ансамбл, им било овозможено да го продолжат својот престој уште дваесет дена и да одржат концерти низ цела Англија. За успехот на „Танец” говорат бројните добиени награди и признанија како што се: „11 Октомври”, „Климент Охридски”, наградата од градот Скопје „13 Ноември” како и орденот на заслуги доделен лично од претседателот на Р. Македонија. „Танец” има учествувано на над 4500 концерти и подиуми во земјата и во светот пред околу 8 милиони гледачи. Репертоарот на „Танец” го сочинуваат најубавите игри, песни и оркестарски дела како што се: „Невестинското”, „Тешкото”, „Комитско”, „Чифте Чамче”, „Осоговка” и многу други бисери на македонското народно творештво. Во својата културна мисија ансамблот „Танец” остварува контакти со македонската емиграција во странство, настапува и континуирано им помага во зачувувањето на македонската културна традиција. На просторите на поранешна Југославија широко распространета беше поговорката: “Кога поминуваш низ Босна немој да пееш, кога поминуваш преку Србија немој да играш, кога поминуваш преку Македонија немој ниту да играш ниту да пееш бидејќи ќе бидеш и натпеан и надигран.” Традицијата и фолклорот претставуваат најдобро чувана тајна која како свеќа не води во тунелот на времето. Со еден збор ансамблот “Танец” претставува подвижна енциклопедија на македон­ скиот народ.


23 ноември (понеделник) Културно информативен центар - Скопје, Салон 19,19 20:00 часот Концерт на НИНОСЛАВ ДИМОВ – саксофон МАЈА ПОПОВИЌ КАРАИВАНОВА – пијано ПРОГРАМА: Ida Gotkovsky – Variations Pathetiques I - Declamando con passione II - Prestissimo III - Lento IV - Rapido V - Con simplicita VI - Prestissimo con fuoco Ari Benjamin Meyers – Beckmann in New York I - Movement 1 II - Movement 2 III - Movement 3 Victor Morosco – Blue Caprice Jean Matitia – Au bonheur des dames Pedro Iturralde – Memorias I - Lisboa II - Casablanc III - Alger IV – Retour


Нинослав Димов дипломира во класата на проф. Стојан Димов на Факултетот за музичка уметност во Скопје 2004 год., а магистрира 2006 год. По дипломирањето во Скопје, продолжува со своите студии во Берлин, Германија на Universität der Kunste, во класата на проф. Детлеф Бенсман. Во Берлин 2006 год. успешно ги завршува додипломските студии по саксофон и продолжува со специјализација „Konzertexamen“ се до 2009 год. Добитник е на повеќе награди на републички и интернационални натпревари, и редовен учесник на престижни семинари по саксофон во Словенија, Франција, Германија... Нинослав покрај многубројните рецитали, бележи и повеќе солистички настапи со Македонската филхармонија, Косовската филхармонија, „Lietzeorchester“ - Берлин, Германија. Уште од почетокот на неговите студии тој е водач на Саксофон квартетот „Димов“ со кој што настапувал во Дубровник, Сараево, Белград, фестивалите „Скопско Лето“, „Охридско лето“, итн. Во 2006 год. свири неколку концерти со Berliner Saxophon Quartett, светски реномиран ансамбл од овој вид. Од 2007 год. тој е член и ко-основач на „Bensmann Saxophon Quartett“, со кој што бележи повеќе настапи во Германија (Берлин, Бранденбург, Дуисбург, Франкфурт, Буко, Битерфелд,...). Во моментов Нинослав Димов е вонреден професор по саксофон на ФМУ- Скопје и член на Биг Бенд оркестарот при МРТ.

Маја Поповиќ е родена во Скопје, каде и го завршува основното и средното музичко образование во класите на проф. Снежана Анастасова Чадиковска и проф. Марија Писинова. Дипломира во 2003 година со највисоки оценки на одделот за пијано на Факултетот за музичка уметност - Скопје, во класата на проф. Евушка Елезовиќ, каде што ги завршува и магистерските студии во 2011 год. Во текот на школувањето активно учествува на мастер класите кај реномирани пијанисти и педагози: Борис Романов, Јокут Михајловиќ, Арбо Валдма, Жени Захариева, М. Молова. Носител е на повеќе награди: Државен натпревар `95, `96, Меѓународен натпревар – Софија `97. Како солист и камерен музичар настапува во Скопје “Скопско лето”, Битола, Тетово, Штип, „Прилепско лето”, Куманово, “Гевгелиско лето”, како и во Ниш, Белград, Софија...Денес Маја Поповиќ работи како професор по пијано и камерна музика во ДМБУЦ «Илија Николовски - Луј “ – Скопје, и е стручен соработник – корепетитор на класата по саксофон на ФМУ - Скопје.


25 ноември (среда) Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија 20:00 часот Концерт на хорот „ПРО АРС“ ПРОГРАМА: Јана Андреевска: Болно лежи малој моме* Маријана Јаневска: Долината на ехото* Маријана Јаневска: Покајание* Никола Крстевски: Моли Бога о мне* Панде Шахов: Тебе поем* Никола Коларовски: Зад темното сонце* * Премиерни изведби на композиции наградени на конкурсот на Министерството за култура на РМ за нови хорски дела Професионалниот мешан хор Про Арс е формиран 2011 година од диригентот Сашо Татарчевски по повеќегодишно делување во сферата на хорската уметност и анализа која укажа на недостаток на еден ваков ансамбл, кој професионално и пред сѐ квалитетно ќе одговори на потребите на музичката сцена во Р. Македонија. Предностите на хорот станаа видливи уште во првата година од неговата активност, презентирајќи висок квалитет на изведбите, мобилност и можност за изведба на широк репертоар со различна жанровска определба. Посебен акцент и посветеност се дава на веќе постоечкото македонско хорско


творештво, но и на поттикнувањето на младите автори за пишување нова хорска музика. Таа определба се реализира во соработка со СОКОМ преку организирање концерти со музика од домашни автори но, за прв пат кај нас, и работилница за млади композитори каде истите имаа ретка можност тековно да ги доработуваат своите композиции со жив ансамбл. Освен концертите на манифестации како Денови на македонска музика, Охридско лето и Струшка музичка есен, хорот разви плодна соработка и со разни фондации и здруженија, а оствари соработка и со ФАМЕС студиото снимајќи музика за разни филмски проекти. Членовите на професионалниот хор Про Арс се млади, мотивирани, вокално образувани хорски уметници, подготвени за брза и професионална работа.

Сашо Татарчевски дипломирал и магистрирал на ФМУ Скопје а посетува и мајсторски курсеви кај познати диригенти во Њујорк, Рим, Москва, Берлин, Сартеано и Фиренца. Има настапувано со голем број ансамбли вклучувајќи ги Македонската филхармонија, Оркестарот на МОБ, Битолскиот камерен оркестар, Симфонискиот оркестар на ИКО од Рим, Оркестарот на Ермитаж од Санкт Петерсбург, Солисти на ФМУ, Симфонискиот оркестар на ФМУ, Битолската опера, Алеа, хоровите “Драган Шуплевски“, “Магнолија“ од Словачка и “Стив Наумов“, Мандолинскиот оркестар при МКЦ и други камерни и симфониски состави. Освен на сцените низ Македонија, вклучувајќи ги и најреномираните манифестации како Охридско лето, Денови на Македонска музика и многу други, има настапувано и освоено награди со различни ансамбли во Португалија, Словенија, Шкотска, Белгија, Грција, Швајцарија, Шпанија, Хрватска, Италија, Србија, Бугарија, Чешка, Турција, Русија, Полска, Романија и Франција. Во моментов работи како професор по група предмети од областа на диригирањето на ФМУ, диригент на професионалниот хор “ПРО АРС“ и раководител на Женскиот младински хор при МКЦ.


26 ноември (четврток) Културно информативен центар - Скопје, Салон 19,19 20:00 часот Концерт на МОМЧИЛО КУФОЈАНАКИС – виолина ВЕСНА АНГЕЛОВА – пијано ПРОГРАМА: Brahms - Violin Sonata No 3 in D Min op. 108 - Allegro - Adagio - Un poco presto e con sentimento - Presto agitato Ernest Chausson - Poème, Op.25 ***** Sergei Prokofiev - 5 Melodies Op. 35 bis. - Andante - Lento ma non troppo - Animato ma non allegro - Allegretto leggero, un poco scherzando - Andante non troppo Sergei Prokofiev - Violin Sonata Nr.2 D Major op. 94, - Moderato - Presto - Andante - Allegro con brio


Македонскиот виолинист Момчило Куфојанакис основно и средно образование завршува во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј˝ во класата на професорот м-р Ерхан Шукри. Дипломира на Факултетот за музички уметности - Скопје, во класата на професорот м-р Михаило Куфојанакис со највисока оцена CUM LAUDE, а двегодишни последипломски студии на Државниот конзерваториум - А. К. Глазунов во Петрозаводск, Русија,во класата на познатиот заслужен артист на Русија и Народен артист на Република Карелија, професорот Климентиј Јосифович Векслер ги завршува со највисока оцена во 2015 година. Во текот на образованието се усовршува посетувајќи консултативни часови кај врвните педагози Ирина Головина, Ара Богданјан, Благородна Танева, Евгенија Чугаева. Активен учесник е на двонеделната 14-та интернационална Аркутино Мастер класа - Приморско 2005 за млади талентирани виолинисти под раководство на виолинистот и педагог, професорот Минчо Минчев од Германија. Во 2009 и 2010 година, посетува интензивен Мастер класа кај професорот д-р на науки Ино Мирковоќ, во Меѓународниот центар Е-Вивалди во Венеција, Италија. Активен учесник е на Мастер класата на European Summer Music Academy 2012 во Приштина, Косово. Во 2014 година е активен учесник на следните семинари: Мастер класа по виолина во класата на проф. Александар Зиновјевич Бондурјански, проф. на Московскиот државен конзерваториум „П. И. Чајковски˝, Мастер класа на виолинистката Дора Шварцберг, проф. на Виенскиот Конзерваториум во Австрија, „Meisterkurse Musik“ во класата на виолинистот Игор Малиновски. Остварува редица успешни рециталски настапи во 2005, 2006, 2007, 2008, 2009 и 2011 со премиерни изведби на нови програми во Скопје и репризни настапи во градовите низ Републиката, во соработка со пијанистката професор м-р Весна Ангелова. Во 2012 година со рециталска програма се претставува на Руската сцената во соработка со професор Заслужен артист на Република Карелија, Русија, Едуард Едуардович Зондерегер. Реализира солистички концерти настапувајќи со Македонската филхармонија во 2005 и 2008 година, гудачкиот оркестар Арко во 2007, мандолинскиот камерен оркестар Скопје во 2008, со Симфонискиот оркестар при ФМУ- Скопје во 2008 и 2011 година,камерниот оркестар Скопски солисти во 2012 година.

Весна Ангелова Христов основно музичко образование започнува во ОМУ ,,Лазо Мицев Рале” во Кавадарци, класа проф. Л.Тодорова, а завршува и матурира пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски –Луј” во Скопје во класата на проф. П.Среброва. Дипломира на ФМУ 1999 година во класата на проф. Б.Романов. Во 2007 год.ги завршува и магистерските студии по интерпретација на пијано под менторство на реномираната пијанистка проф. Рита Кинка (Академија на уметности, Нови Сад Р.Србија). Добитник е на повеќе државни и меѓународни награди. Во текот на нејзиното образование има посетувано многу семинари по пијано под водство на еминентни педагози. Добитник е на стипендија на МММ за учество на меѓународен мастер курс по камерна музика во Вајкерсхајм, Германија, 1997 год, каде работи со врвни имиња од областа на камерната музика. Има реализирано соло рецитали и камерни рецитали(серија рецитали со пијано трио и пијано дуо низ Македонија) како и повеќе настапи со Македонска филхармонија. Во мај 2008 реализира културен престој и концерт во Париз. Од 2007 работи како надворешен член на Македонска филхармонија. Има остварено настапи во Бугарија, Франција, Турција, Чешка, Р.Србија... Од 2000 год. работи во ДМБУЦ „Илија Николовски Луј ” Скопје како професор по пијано и пијано соработник на инструменталниот отсек.


30 ноември (понеделник) Културно информативен центар - Скопје, Салон 19,19 20:00 часот Концерт на Оперско дувачко трио ТАТИЈАНА ПЕТРУШЕВСКА – обоа, ИГОР БАКРЕВСКИ – кларинет МАРЈАН МИЛОШЕВСКИ – фагот ПРОГРАМА: J.S.Bach -“Neuf canons extraits des Variations Goldberg” * - варијација 3, 15, 27 Љубомир Бранѓолица – Свита од балетот „Дубровничка легенда“ * - Детство - Сарачен - Стара сага - Поморска игра - Враќање H.Tomasi - “Concerte Champetre” * - Ouverture - Minuetto - Bouree - Nocturne - Тambourin ---------------------*Премиерна изведба во Македонија

J.Ibert- Пет пиеси за трио * - Allegro vivo - Andantino - Allegro assai - Andante - Allegro quasi marziale D.Milhaud - Suite d’apres Corette op.161 * - Entrée et Rondeau - Tambourine - Musette - Serenade - Fanfare - Rondeau - Menuets - Le Coucou G.Auric – Трио *- Decide - Romance - Final


Ова трио е оформено како резултат на долгогодишната соработка на членовите во Оркестарот на МОБ. Целта е да се развие концертна дејност како ансамбл,вон активностите во оркестарот. На програмата ќе бидат изведени дела од светски композитори, а посебен акцент ќе се стави на изведбата на премиерни дела и дела од Македонски композитори. Членовите на триото се на први позиции во оркестарот, I обоа,I кларинет, I фагот. Во својата активност како инструменталисти забележуваат и соло-рецитали, концерти со други камерни ансамбли и соработка со повеќе професионални Оперски куќи, Симфониски оркестри во Р.Македонија и во странство.

Игор Бакревски е роден 1987 година во Битола каде што го завршува нижото и средното музичко образование во класата на професор Панде Татарчевски. Има учествувано на повеќе државни и меѓународни натпревари каде што има постигнато големи резултати и добиено поголем број на награди. Во 2004 година беше дел од Европскиот младински оркестар “YMISO” со кој има одржано повеќе концерти низ Европа. Следната година се запишува на универзитетот “Св. Кирил и Методиј” – Факултет за музичка уметност во класата на професор М-р Иван Кочаров и го завршува истиот четири години подоцна, во 2009 година. Во 2007 година станува дел од Бостонскиот конзерваториум во Бостон, Масачусетс каде неколку месеци студира во класата на Џонатан Колер. Истата година е примен во оркестарот на Македонската Опера и Балет каде сеуште работи како втор кларинетист. Тука се исто така и солистичките настапи со оркестрите на ФМУ, на МОБ, и на Македонската филхармонија како и оркестарот за филмска музика при Македонската телевизија. Активен член е во неколку состави за камерна музика со кои има одржано многубројни настапи во Македониjа и надвор од неа. Татјана Петрушевска - Караскаковска - обоа, родена е во Куманово, каде што го започнува своето музичко образование во класа по пијано. Продолжува во Скопје во класата по обоа, кај проф. Васил Атанасов, а подоцна дипломира на Факултетот за музичка уметност во класата на проф. Киро Давидовски. За време на своето школување, има освоено I републичка и II сојузна награда во Љубљана ( 1988 год. ). Во 1990 год. посетува мајсторски курс кај проф. Љубиша Петрушевски во Белград. Уште како студент, активно учествува во разни камерни состави (го формира дувачкиот квинтет ,,АРТ˝ и камерното студио ,,БАХУС˝). Покрај концертните настапи остварува и аудио и видео записи за МРТВ,а во 2010год. издава свое самостојно ЦД. Татјана Петрушевска – Караскаковска има учествувано на: рецитални настапи во Салон 19,19, Скопско лето, Штип, Куманово како солист и член во Камерниот оркестар на МРТВ (на Денови на македонската музика, Охридско лето), со Мандолинскиот оркестар на Рамадан Шукри, Македонската филхармонија. Гостувала во Бугарија,Романија, Србија, Црна Гора,Грција, Украина, Хрватска. На својот репертоар има дела од : Бах, Вивалди, Телеман, Моцарт, Хајдн, Шуман, Сен - Санс, Пуланк, Каливода, Даели, Зеленка, Бритн и др. Во моментов е вработена во оркестарот на Македонска Опера и Балет како I обоа и хонорарно соработува со Македонската филхармонија. Марјан Милошевски - фагот, своето музичко образование го започнува уште од најмладата возраст свирејќи хармоника до својата 14 година, за да подоцна во средното училиште по препорака на проф. П. Трајковски започнува да го изучува фаготот, кој му остана примарен инструмент. Студиите ги продолжува на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. П.Трајковски . На факултетот погледот кон фаготот, камерната музика и оркестарот добиваат нова смисла и тежина, доаѓаат бројни настапи со симфонискиот оркестар, камерна музика за да во 1999 г. го оствари својот прв целовечерен рецитал во рамките на Музика Вива на ФМУ. Два пати е избран да настапува со Македонската Филхармонија како еден од најдобрите студенти во инструменталната класа.Своите први професионални почетоци ги започнува во камерниот оркестар за модерна музика Света Софија, со кој настапува на Охридско Лето и Денови на македонската музика. Продолжувајќи понатаму станува член на Македонската Опера и Балет во Скопје. Во 2000 г. гостува во Операта во Тирана, Албанија. Во 2003 г. настапува со симфонискиот оркестар на ФМУ како солист на Моцартовата вечер. Подоцна со СОНЕМУС заминуваат во Швајцарија каде работат во Националниот театар во Винтертур и имаат повеќе значајни концертни турнеи. Истата 2003 г. магистрира на темата: „Интерпретација на фагот“. Сеуште активно работи во повеќе камерни состави како „Артус Акт“, „Скопскиот дувачки квинтет“, „Камерниот оркестар на МОБ“ и други. Моментално е вработен во Македонската Опера и Балет како прв фаготист.


DIRECTORATE FOR CULTURE AND ARTS - SKOPJE Under the patronage of the City of Skopje and the Ministry of Culture of the Republic Of Macedonia

AUTUMNAL MUSICAL FESTIVITIES 2015 PROGRAMME: 6 November (Friday) 20:00 – Official opening of AMF 2015 – KEREM GÖRSEV TRIO (Turkey) (Kerem Görsev - piano, Kaĝan Yildiz – double bass and Ferit Odman drums) and the BITOLA CHAMBER ORCHESTRA, conducted by: Sasho Tatarchevski (in cooperation with the Yunus Emre Institute – Skopje and the Cultural Centre - Bitola) – House of ARM 7 November (Saturday) 21:00 – Premiere of the ballet „BALKAN DANCE PROJECT VOL.1“- Modern ballet performance choreographed by Aleksandar Ilich (Serbia) and Igor Kirov (Macedonia), performers: Mojca Majcen (Slovenia), Adrijana Danchevska (Macedonia), Katerina Stojkovich (Serbia), Miona Petrovich (Serbia), Teodora Sujich (Serbia),music: Duke Bojadzhiev, Kiril Dzhajkovski, „Beata Viscera“ – Perotin, аrr. Vasilije Gjokovich (in cooperation with the Velenje Festival - Slovenia) – Macedonian National Theatre 9 November (Monday) 20:00 - Concert of GORJANA STOJANOVSKA – piano - Faculty of Music - Skopje 14 November (Saturday) 20:00 - „SOUNDS OF SPIRITS“ - Concert of the ensemble for contemporary music „Con Tempora“, conducted by: Bisera Chadlovska – Portrait of the composer Malcolm Dedman - England (in cooperation with SOKOM) - Faculty of Music - Skopje 16 November (Monday) 20:00 - Concert of the students from the Faculty of Music - Skopje “WORKS FROM THE OPUS OF VLASTIMIR NIKOLOVSKI (1925-2001)˝ – 90 year anniversary of his birth (in cooperation with Faculty of Music - Skopje) - Faculty of Music - Skopje 20 November (Friday) 20:00 – Vocal-instrumental concert of NI Ensemble for traditional Macedonian folk dances and songs “TANEC” - House of ARM 23 November (Monday) 20:00 - Concert of NINOSLAV DIMOV - saxophone and MAJA POPOVICH KARAIVANOVA - piano – Cultural Information Centre - Skopje, Salon 19,19 25 November (Wednesday) 20:00 - Concert of the choir “PRO ARS” featuring premiere performances of the awarded compositions in the public contest of the Ministry of Culture of RM for new choir pieces, conducted by: Sasho Tatarchevski - Holocaust Memorial Center for the Jews of Macedonia 26 November (Thursday) 20:00 - Concert of MOMCHILO KUFOJANAKIS - violin, VESNA ANGELOVA - piano – Cultural Information Centre - Skopje, Salon 19,19 30 November (Monday) 20:00 - Concert of the Opera woodwind trio, TATIJANA PETRUSHEVSKA - oboe, IGOR BAKREVSKI - clarinet, MARJAN MILOSHEVSKI - bassoon – Cultural Information Centre - Skopje, Salon 19,19


ДИРЕКЦИЈА ЗА КУЛТУРА И УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ

НАЈАВУВАМЕ

Организатор: Дирекција за култура и уметност - Скопје: Мирко Стефаноски, Никола Глигоров, Ната Кецкаровска, Стамат Наумовски, Петранка Геогргиевска, Симона Симуноска Издавач: Дирекција за култура и уметност - Скопје, За издавачот: Мирко Стефаноски Дизајн на плакатот: Виолета Коцев, Дизајн на каталогот: Горан Јованов Печат: Бранко Гапо Дирекција за култура и уметност - Скопје Directorate of Culture and Arts - Skopje бул. „Св.Климент Охридски” 58 б пошт. фах 519 тел/факс: ++389 02 3165 064, 3222 341 e-mail: skleto@unet.com.mk, www.dku.org.mk


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.