Golemata majka-Eftim Kletnikov

Page 1

од предговорот на Ефтим Клетников

ДИРЕКЦИЈА ЗА КУЛТУРА И УМЕТНОСТ НА СКОПЈЕ

ГОЛЕМАТА МАЈКА

В

о ниту една поезија на некој народ или племе не е одмината темата на Големата Мајка, на женскиот принцип на постоењето што се манифестира преку неа. Нејзиниот примордијален звук, нејзината архетипска слика се спровира и доаѓа до нас низ слоевите на времето од самата зора на човековото постоење наваму. Така е и во современата македонска поезија. Песните на современите македонски поети во оваа книга на таа тема на доволно моќен и убедлив начин говорат за тоа. Тие, јунговски речено, на убав начин се потврдуваат како антени на архетипското наследство оставено од блиските и далечните претци.

ГОЛЕМАТА МАЈКА


ГОЛЕМАТА МАЈКА Приредил:

Ефтим Клетников


издавачи: Дирекција за култура и уметност на Скопје Здружение на граѓани „Големата мајка - божица“ Маџари-Триангла, Скопје за издавачот: Никола Глигоров Приредувач: Ефтим Клетников за редакцијата: Анче Кузмановска и Ната Кецкаровска дизајн: Ладислав Цветковски Печат: ???????????? Тираж: ????????????

Реализацијата на оваа книга финансиски ја поддржаа:

ГРАд СКОПЈЕ

ОПшТинА ГАзи БАБА


ГОЛЕМАТА МАЈКА Приредил:

Ефтим Клетников

Скопје, 2010


4

ГОЛЕМАТА МАЈКА


ГОЛЕМАТА МАЈКА

Ефтим Клетников

ГОЛЕМАТА МАЈКА СИМБОЛ НА ПОСТОЕЊЕТО

Г

олемата Мајка е симбол на нашиот главен град. Тој и не можел да си одбере поубав симбол од овој, бидејќи тоа е одбирање на изворот на постоењето од чија длабочина сите ние сме излегле и од кого постојано се напојуваме со животна моќ. Големата Мајка е еден од оние темелни митови на човештвото, кои се дефинираат со поимот аxis mundi / оска на светот /. Тие се суштината и околу нив се вртат сите нешта и слики поврзани со постоењето. Во сите речници на симболи е нагласено дека Големите Мајки Божици кај сите народи, без исклучок, се божици на плодноста: Геа, Хера и деметра кај Старите Грци, изида кај Старите Егпипќани, иштар кај Асиро - Вавилонците, Кали кај индусите, Астарта кај Фениќаните…Такви се сите женски бо-

5


6

ГОЛЕМАТА МАЈКА

жества уште во раните периоди на човековата цивилизација, во неолитот седум – осум илјади години пред Христа, кои и денес археолозите ги откопуваат насекаде во светот, вклучително и кај нас, на археолошките локалитети Тумба – Маџари, Говрлево во близина на Скопје и други.Таа близина на Големата Мајка до нашиот главен град, небаре не е ни најмалку случајна, и е пресудна истата да стане негов заштитен знак. Оттука е и природно што излегувањето на оваа книга поезија од македонски автори посветена на нејзиниот култ, имено, е помогнато од градската управа на Скопје и општина Гази Баба чиј заштитен симбол е исто така Големата Мајка. Големата Мајка го отвора прашањето за женскиот принцип, неговото значење и улога во митологијата и културата. Тој принцип е божествен, свет, и како таков, сеопфатен, ја манифестира животната и креативната енергија на космосот. Тој се доведува во врска со орфејскиот мит за самиот почеток на создавањето на светот од јајце. на тој начин Жената – Мајка со нејзиното митско пра стои на самиот праг на Генезата од која понатаму се развива космогониската слика на сепостоењето. Кај нашите богомили и гностиците, и Марија, мајката на исус, потекнува од космичкото јајце, кое е праслика на универзумот, како и таа кога се наоѓа во него, за по излегувањето од истото да се манифестира како проширена слика на бескрајот. на тоа, покрај другото, сугестивно нè упатува и насловот на нејзината композиција со детето исус во олтарниот дел на црквите што гласи Богородица ширшаја небеса. Тоа ќе рече: Богородица поголема од небесата. Во христијанството Мајката е уште симболизирана и во Црквата како тело Христово, во која се прима милоста Божја. Било како било, и тогаш кога нејзината слика го опфаќа во себе бескрајот и космосот, Големата Мајка никогаш не е оддалечена од нас. Таа е секогаш тука во наша близина, како заштитничка стреа која ни влева сигурност и ни пружа топлина, нежност и храна. Таква, Големата Мајка како мит отсекогаш ги ширела крилјата на поетската имагинација, од најраните времиња па сè до денес, од Асиро – Вавилонските епови и легенди, Библијата и индиските веди до поезијата на модерните поети. „О, Мајко Света, ти што имаш облик на творечка енергија, се поклонувам пред Тебе“ пее анонимниот поет во една веданта. Речиси не постои поет кој ја истражува сеопфатната тајна на постоењето, а да не се допрел до овој симбол, до она мистично Вечно Женско, кое, како што вели Гете, е апсолутно трансцендентно и како такво се-


ГОЛЕМАТА МАЈКА

7

когаш „нè влече кон височините“. Транспонирано како синтеза на митологијата, теологијата, филозофијата и метафизиката, апсолутно трансцедентно, тоа Вечно Женско, слично на индусите и алхемичарите, освен кај Гете го сретнуваме и кај некои другу големи поети, како кај данте Алигиери и неговата Беатриче во „новиот живот“ или кај Владимир Соловјов и Александар Блок во руската поезија во ликовите на Таинствената девица и Прекрасната дама, и двете Владетелки на Вселената. Во ниту една поезија на некој народ или племе не е одмината темата на Големата Мајка, на женскиот принцип на постоењето што се манифестира преку неа. нејзиниот примордијален звук, нејзината архетипска слика се спровира и доаѓа до нас низ слоевите на времето од самата зора на човековото постоење наваму. Така е и во современата македонска поезија. Песните на современите македонски поети во оваа книга на таа тема на доволно моќен и убедлив начин говорат за тоа. Тие, јунговски речено, на убав начин се потврдуваат како антени на архетипското наследство оставено од блиските и далечните претци. нашата книга на тема Големата Мајка почнува со импресивниот циклус од дваесетина песни од последната поетска книга на Матеја Матевски „Потекла“. Во него ликот на Прамајката тој го открива во апсолутно сакрална димензија, како еден вид на сеопфатно божество и симбол. Таа е носител на Генезата, почеток на сите почетоци и како таква е поврзана со „првото утро на светот“. Таа е создателка која го хармонизира, му дава облик на хаосот и го изнесува светот од небитие во битие, облечена со „говорот на ѕвездената кал“. Големата Мајка во визијата на Матевски, слично како и во митските претстави за неа, е пантократор, апсолутен создател на сè, бидејќи освен што го раѓа човечкиот род и го раѓа и универзумот, сите „облаци и карпи“ .Таа „седи врз колковите свои / плодејќи го јајцето на светот“, а потоа, откако го создала, го брани „своето племе пред налетот на злото / носејќи го огништето во дланките свои“. и за Влада Урошевиќ Големата Мајка е „чуварка на светиот оган / заштитничка на домот“, и „доилка на добитокот рогат“. но, создателка, родилка на живиот свет, на својот род, Мајката со самото тоа е поврзана и со светотот на мртвите над кои таа,како заштитничка на сè што минало низ неа, бдее и во смртта. Оваа елегиска, молска визија на нејзиниот лик ја среќаваме во извонредно експресивната песна на Славко Јаневски „Мајката на сите мртви“. неговата песна


8

ГОЛЕМАТА МАЈКА

всушност е испеана во стилот на тажаленка на Мајката на сите мајки што ги загубиле своите чеда. Таква, таа евокативно визуелно, небаре испловува од некои елегиски страници на Библијата, ја довикува во нашата свест и пред наши очи сјајната фреска на таа тема „Плачот на Рахела“ од Марковиот манастир / XIV век / во близина на Скопје. Песните на македонските современи поети за Големата Мајка во оваа книга, со исклучок на благата на наташа Бунтевска и проникливата интелектуална иронија на Емил Калешковски, се целосно сакрални, со своето чуство за предметот за којшто пеат. за Бистрица Миркуловска која како конкретен мотив ја има Големата Мајка од археолошкиот локалитет Говрлево, таа е „величие од неолитот до денот утрешен...“ Кај Светлана Христова Јоциќ во нејзината книга „ЕА“ (асоцијација на Елена Тројанска како женски архетип) ЕА како супститут на Големата Мајка е пред сè носителка на елементите оган и вода во светот, како елементи на животот. Таа е извор во утробата кој, излегувајќи од неа, ја оплодува пустината на светот. Кај Катица Ќулавкова пак Големата Мајка е „книга на промените“, динамичен, а не пасивен принцип на светот каква што е таа во традиционалната антрополошка шема на архетипот, повод и самата поетеса со скриена иронија да прокоментира дека нејзе, иако е „начело на плодноста“, ‹ е доделен „пасивен предзнак“ со „архетипски минус“. Тоа е, според неа, полемичка премиса, луцидна критика на предоминантната машка свест и устројство на светот. Како и да е во основа Големата мајка за Ќулавкова останува, како во традиционалните митски претстави, недофатлива, „мудра матрона од другиот свет“. и за Санде Стојчевски Големата Мајка е носителка на апсолутно позитивното, еманација на божественото во светот. Таа според него свети и е света, држејќи го целиот свет како „света цел“. за Михаил Ренџов пак таа е директно поврзана со Словото и нејзиниот извор се наоѓа во Песната. Кај ирена Павлова де Одорико Големата Мајка како ембрион на секоја Мајка е проектирана низ Јас – формата, низ чинот на апсолутна идентификација на поетесата со неа. Во основата на нејзината песна стои чинот на раѓањето како најмоќен и најсвет факт на постоењето, кој сам по себе како архетип ја довикува кај секоја жена сликата на Големата Мајка. Со тој чин животот остварува победа над смртта. Митски екстатична е песната на поетесата кога вели: „Црвите ги одвраќам од намерата / им велам: Раѓање“.


ГОЛЕМАТА МАЈКА

9

Следејќи ги алките на постоењето што го воспоставува митот, Сузана В. Спасовска темата на Големата Мајка ја фокусира интимистички на разговор со ќерка си, објавувајќи ја нејзината слика како слика на храмот кој ја чува светлината на светот со еден вид чисто и свето постоење. за наташа Бунтевска Големата Мајка е составена од елементите на времето и просторот. Таа е половина време половина простор и е заитана кон бескрајот, но никогаш не е во него, туку те дома, крај семејното огниште за „да го подгрее ручекот / за децата што секој момент/ ќе се вратат од училиште“. за Емил Калешковски пак таа како почетен атом на создавањето на светот, како прапочеток на вселената е поврзана со првобитната експлозија, или со „големиот БЕнГ“. и така, од поет до поет, од песна до песна, како на еден заеднички разбој со исти набрдила и иста преѓа, но со различни ткајачи, се ткае истата Голема Песна за Големата Мајка, за Женскиот Принцип кој ги обезбедува животот, топлината, нежноста плодноста и хармонијата на постоењето. Принцип толку очигледен и толку таинствен истовремено, каков што го согледале и во кого се вткаеле органски како дел од неговата сенаселувачка анима и современите македонски поети и поетеси во нивните песни за Големата Мајка.


10

ГОЛЕМАТА МАЈКА


ГОЛЕМАТА МАЈКА

11

Матеја Матевски

ПОТЕКЛА /Циклус за Големата мајка / Пролог / Откривање

Ја најдоа неа во скудна земја под сенката на ѕуницата нејна во длабина Се иставаат корењето на каменот и класот пат на глината да ‹ прават во лика позната што се подава Така се создаваше приказната во која се вселуваше здивот во глувата немост на плотта Во преобразба пак на минералите земни и небесни ја откриваше гласот сончевата врвица низ темнината на заборавеното време Се подава челото замислено од заталканата нива на планетата на зачудената во незнајниот простор на вселенскиот мрак и тагува и пее по сите врвови и води на сите јазици плодницата што ја отвораат нејна пред лицето на меглената биднина од ништото што се создава


12

ГОЛЕМАТА МАЈКА

Васање недогледно на ветришта и ѕвезди дури во пазувата нејна полето на светот се кроти бележано со тајниот знак на раѓањето Се прибира сè во нејзината куќа во утробата на големата мајка мајката на приказната на несвенливата мајката на племињата на виделото

1. Оган Гумно од ѕвездени сништа со огнот во утробата своја во имела кружна се развева Темната темничина на молкот се штрека ‘Рти шумот од длабините на ништото шуми шумата на тишината во изворите на пламенот Ветрените негови сенки ја будат биднината Од неа се раѓа и подава големата мајка што носи во дланките отворени свои семиња живи на плодноста Во неа иловицата нежна се меша со роса биљурна од грстовите на сонцето што се излева во црницата благословена


ГОЛЕМАТА МАЈКА

2. Ечи празнината просторот јачи рануван вон меѓите неродени свои Во нив виденија на несоницата и сонот потамина патиштата на темнината ги отвораат Во постелата на небитието и огнот од хаосот на небидноста го создава во бидност непостојна уште луњата на небесниот ветер редот на непознатите нешта во метафизичката глувотија Во неа веќе големата мајка идењето свое го најавува со говорот на ѕвездената кал што ја облекува Создателка на себеси и родилка на бидноста просторот веќе зглавјето е нејзино дланката на времето челото ‹ го покрива Простор од кој времето се раѓа Време просторот што го именува спроти сенката на небидот оди правејќи ‹ пат на светлината Уште не се огласил зборот но помнежот веќе се раѓа бавно и наврапито од небесната роса врз првото утро на светот

13


14

ГОЛЕМАТА МАЈКА

3. Море Огнен ветер вее по гребените морето што ги создава грлото тие на големата мајка го красат Очи на скаменетата вода под црниот бисер на ноќта Гердан од заробена роса на градите од божило Од здивот и издивот нивни морето се лула под окото на будното сонце мракот што го оплодува нема материја супстанци успани структури на недосегливи сништа на ѕвездите потонати во погледите свои се прибираат во прегратката на големата вода Ги реди на грлото свое големата мајка мајката на вечното сонување на прагот на муграта што се задава и тоа божило кренато од очите нејни ‹ говори на вселената со говорот на огнот и светлината за чудесното за учуденото кружење на битието сè подалеку и дално од мракот на небитието од ништото


ГОЛЕМАТА МАЈКА

4. земја на големата мајка мовта прва ‹ расте и глуварчиња в гради Снагата ‹ ја кинат обрачите на плотта Во неа се влева првичната екстаза на крвта Во тревога се штрека плодницата земја пробудена по која лази се движи и полетува чудото на непознатите нешта посипани со сетила Тие ги водат низ мракот ги лулаат во молкот плазмите на корењето плунката на првиот дожд и наеднаш се исполнува сè во празниот простор истура бои звуци извикува и здивот на разгалениот ветер го навева и сè се парка по табаните по пубисот по плотта изговарјќи го со немото грло со нежното создавањето на светлоста

15


16

ГОЛЕМАТА МАЈКА

5. шумната магма на муграта се гаси во пепелта на небото што се повлекува во пазувите на сеопфатната ноќ Бдее големата мајка врз утробата своја од оганот оплодена Во неа семето ‘рти на непознатото Се свиваат удовите колковите се шират и блика водата плотна што копнее по мелницата на сонцето Млечниот пат на пазувата нејна го цицаат веќе и детето и цветот и живинката што пат низ светлината си пробива храмот на колковите да ‹ го прегрнуваат Утроба отворена разлеана од жива вода по предели непознати што ја истура загледани во огледалото на бидноста додека големата мајка ја меси глината на времето себеси да се измеси на дланката на морето врз првото тркало на денот


ГОЛЕМАТА МАЈКА

6. Големата мајка облаци и карпи што раѓа острови на убавата пролет под преѓата на сонцето Разбојот негов ги ткае нитките на времето месецот ја лула ќудта на скротените води Големата мајка ги прибира деловите измислени и стварни за да ја гради целината Таа е земја што се меси се гази се таба се пени се превива и јачи за да се роди песната Приспивна на лишките и лишаите хранителка на племето човеково што иде што го создава и опева дрочното семе на глината

17


18

ГОЛЕМАТА МАЈКА

7. Колковите нејни седело се и ружа житница се тие и лулка што приспивната ја создава Песната на растењето и сонот Овошка е таа од која развива сè и се развева со ветрот и цветот Големата мајка седи врз колковите свои плодејќи го јајцето на светот Големата мајка мајката на сите и мајка сечија од секаде што иде а тука постојано глината на сите брегови што ја познава Оган и огниште вода и вада е таа светлината што ја создава за времето што се повторува во недоодицата своја посеано од могили и прав Големата мајка плодница е по која попусто небиднината колне Големата мајка родилка загледана само во утробата своја во својата утринска ѕвезда


ГОЛЕМАТА МАЈКА

8. Се гледа сега во окото на божилото по посланото поле каде големата мајка денот и ноќта ги меша во плодницата своја Моето поле е тоа Морето по кое се движеше мојата сенка низ теснините од гибелта бегајќи Меѓу мракот и светлоста дур гласот го подаде свој во биднината на времето Житото таа го плоди стадата ги множи и овошките дрочни со крилја и месечини ги населува А потоа големата мајка мајката на водите и боговите смирната небесна птица во седелото на иловицата седнува лулајќи ја вселената во пазувите

19


20

ГОЛЕМАТА МАЈКА

9. да не се заборават имињата на убавите нешта на убавите места на пределите зрачни да се сочуваат тие од урокливите очи на ништото на зборот и говорот да не изветреат спомнати во увото на ветрот што вее во земјината уста предавничка на молкот да не изгинат како пареа како одвеана магла во доловите на темнината Големата мајка ги гледа плодовите на пазувата своја што се множат и множат во рогот на светлината Го гледа умилено таа со своето око огреано племето на колената нејни на колковите отворени на љубовта и плотта од кои постојано ‘рти семето на соништата под стреата на снагата во огништето незгасливо во космичкиот дом Молкот е говор на големата мајка насмеана и учудена од гугучката на утринското сонце што ‹ цица од пазувите зборови и столетија


ГОЛЕМАТА МАЈКА

10. Времето ја воспева плотта на големата мајка видовитоста на семето мудроста на плодот вселената врз дланки што ја спуштаат Утробата нејзина од благородна кал кон небото ги пушта првите птици на говорот Која е кој ли ја помни сега неа првата убавата од убавината во убавина поголема подгонета големата мајка кибела земна геа небесна и амалија моја тажна и страдална отаде времето уште што ги оплакува згинатите сенки на утробата своја Чекори таа по несоницата моја мајка на секого и сите единствената и далечна толку незнајната што во секого се препознава дојден од ништото од непостоењето немо од неа светот да чекори се учи Патување долго од ништото кон повторното раѓање во нежното седело на космосот

21


22

ГОЛЕМАТА МАЈКА

11. Сенки Се множи светлината на времето и под сенката негова потемни темничини се множат Пропелтечуваат шумно и јазикот и чекорот со првиот ветер првата луња на стравот пред непознатото во полето на небидот но тоа што не постои и големата мајка ја плаши и занесот сончевиот трепти од сенката од темната своја додека во јадрото на плодот ‘рѓата на светот се вовлекува А големата мајка бдее над стрептежот и млекото над нежното сончево јајце што ‹ виснало в гради Ѕвездите таа ги дои и надежда прва од лицето ‹ полетува со која го досега божилото


ГОЛЕМАТА МАЈКА

12. Патот е долг на земните и небесни сенки темнината што ги навева до портите на ништото гибелта што го храни Просторот се распрснува времето корењето свое го ништи во длабоката бездна на небитието Тие што сонуваа ведри сега го гледаат распаѓањето на надежта дур трептат пазувите на големата мајка Голта сè патот на невратот и некој што се упатил дамна во раката со јајцето сончево згинува сега молкум кон невратицата своја Отворена е темната порта на времето зад неа портите во недоглед се множат за литанијата на смртта Проголтува сè патот на големата беспатица од правта своја што се задава во дувлото на космосот

23


24

ГОЛЕМАТА МАЈКА

13. Големата мајка го носи во утробата своја раѓањето на ништото од кое попусто се истава Говори таа непрестајно со грлото на човекот за кружењето на светот од себеси кон себе Бегаат од пазувите изранувани нејни уште неродени и неверниот простор и непостојаното време Стои така таа среде полето зачудена со глината врз колковите колнејќи ја измамноста на залудното семе што ‹ се оддалечува во кружна имела во гибелна во невратка во невратка


ГОЛЕМАТА МАЈКА

14. Големата мајка го прибира племето свое и води пред потери по преселби во бежании долги По неа злото по трагата ‹ оди по штири недоодици Бега од сенката на гибелта од помории таа сенката пак веќе ја пречекува Времето ‹ станува време неброено нејно од достага и тага што копнее да е од тагата скраја на врвиците пусти од иловица оросена Чекори со црницата таа како со покрова црна со домот свој во пазува со храмот во кого одекнува залудната молитва на незбиднатата надеж Угроза сè е невиделица темна стравот што ја подгонува каде небиднина ја чека Секната солза е сè во изворот што не секнува пред посланиот пат на прежеднетото поле но таа оди и натаму со огништето во дланките свои од кои светлината се крева и се развева како млечниот пат на житото отаде мачнината и гладта што ‹ се гасат во пазувата

25


26

ГОЛЕМАТА МАЈКА

15. земја Море Собрано сè е во рогот на постоењето помнењето на светот и векот што го прибира по патиштата на кои попусто сенката на ништото се влече Чудото на убавите преобразби на сонцето му се умилкува и сè занемува пред живото семе од пазувите на големата мајка ветерот со цутот што го развева зрно е таа земјата на прегратката на бранот што ‹ го предава на вадата од води што ја дои постелата плотна на вселената Создадена го пресоздава светот на бидноста и на боговите во лулката земна и небесна изворите сребрени нејни овошките ги отвораат под окото на сонцето Ѕвездениот ветер од дланките ‹ пие класјето дур го сее и поросува и виденија идни на светот ‹ осамнуваат на челото замислено


ГОЛЕМАТА МАЈКА

16. Таа го познава патот Го прти големата мајка и го создава низ зимата на светот низ градината од корни и коски што сјаат во тишината на минералите и семињата на камењето чии брчки ја красат дур бдее врз промените небесни и земни и ништото во кое еднашка ќе згине на челото знакот го носи на бавните преобразби на новите времето низ кои го води земја Море Тука е сега сè Ѕвезден ветер градите ‹ ги полни под зрачната синевина нивата на големата мајка се плоди пред несоницата на човекот Ја огрева тој пролетта на гласовите во росата на биднината под штедрата гранка на небото што ја помни црвеницата на светлоста

27


28

ГОЛЕМАТА МАЈКА

ТРАЈНОСТ / ЕПИЛОГ Го брани уште таа домот свој во пазуви го брани огништето што се плоди под стреата на колковите Големата мајка со цветот на виделото градите што ‹ ги краси мајка на ѕвездите и водите Рулчето на утробата нејна како небесна река што ‹ доаѓа по врвиците на несвенатото време го хранат со млечниот пат на бидноста сите дамари и стреи на снагата нејна Се говори потамина за немоќта на зборот плодницата да ја засолни нејна невенот на семињата пред јароста на ветриштата пред темната пепел на огнот полето на светот и векот што да го завее сака дувлото на гибелта од метафизички мрак под челото на векот попусто се затвора патот да ‹ го запре на светлината јатата од ѕвезди со бидноста што ја бележат своја утробата на вселената од ништото бранејќи ја од небиднината на умот и заумот


ГОЛЕМАТА МАЈКА

и тој збор таа кревка реч таа ломна и изѕирна пердувеста таа лелеава ‹ ги отвора врвиците на светлината на идноста кон свидноста незгасната над која житата се веат и небото пролетта на светот ја развива и множи

Бдее големата мајка врз лулката на говорот го дои и разнесува по патиштата на надежта спроти темнините на векот Таа смерна и чедна создателка на семиња живи родена пак од мракот на глувото време големата мајка мајката на секого и сите на сè

29


30

ГОЛЕМАТА МАЈКА


ГОЛЕМАТА МАЈКА

31

Славко Јаневски

МАЈКАТА НА СИТЕ МРТВИ 1. Ај леле леле леле мако порако црна виорничава ми биле синолички синови сињак кристален челата им ги заковал синчиња синодуша загубо вљубеници под ноќни вишнови гранки со косиве бели сум ве покрила и пак од земен оган ве откопувам да ве положам под дојкиве пресуви со коскена срцевина да ве подојам и во кожава мајчинска да ве повијам да се исправите меѓу кипариси и карпи повисоки за еден век од нив земни потпири за сите божила и за оној сон што се наѕира над облацине и педа повисоко. Послушај ме господи ако си ако сум ако сме утроположници средноќни.


32

ГОЛЕМАТА МАЈКА

2. и од правот ваш да ве измеси мајка ќе ве одгледа на корен трепетликин бели да проодите жолтите кобили на минатото од срца да ги назобате гривите во шуми да им се престорат да се распостелат за метафори и починки безмолвието што е на скаменетоста лелек жуберкање да стане на вино и жита да го надраснете дабот на тајните под папок да си ги оставите могилите да ги здиплите в дланки бездруго молните и облаците и маглите со дождници да ги напоите суводолиците да се роди најголема вода од која виделото ќе си го извадите каменот во ораници да се расцути да се отвори од себе себеси да се ископа како родилка подалеку од сите задушници на кои медот е горчливост лелеавите лештарки да не паѓаат од удар леле и синовите мои со нив. Во секоја коска врел ветар е стопен и низ неа кон никаде рие. на премртви глави паѓа жега – копач и волчица болка невидливо вие. ни зломори веќе со зло не се појат. Сè мртво. А биле синови црни на мајката моја. Во литија нема покојници вијат. наздравувам мајко до под срце крвав.


ГОЛЕМАТА МАЈКА

3. и сепак и какви и да сте од бронза или камен предисконски или од восочно спокојство дуњиниот мов на судбата што го покрива поголеми сте или ќе бидете и од небесата отченашижеесиви и од седмата и последна река над нив и од пурпурлисните јаболкници зад таа река и од седумте сончеви резени над нив и од градот над тие резени чија млечна проѕирност сте ја цицале со бел сок и молитви од млеко ај леле леле најлеле мако порако света и проклета врати ми ги диви и срдити. Послушај ме господи. зашто си зашто сум зашто сме животоположници и во студенило. и жител до жител. и мртов и жител. Во грлото мравулници вриеж молитвата нивна е песочен вител а вителот и гнев и јад крие. Мртви боски мајко мртви усти дојат. Сè мртво. А биле синови црни на мајката моја. В студенило над нас блеска болно опал. до вилици крвав во длабина копам.

33


34

ГОЛЕМАТА МАЈКА

4. и со нокти ќе ве ископам копнежлива од бојишта и соништа и сончогледи да ве видам долгоноги и ожилени како се упатувате кон далечини во кругот на сонцето на свое сонце да се притоплите додека од меѓите на сфаќањето ве испраќаат булки и жерави и дамкави чупиња срноскоки со бели плешки на кои водопади почиваат чупиња белоусти месечини што се и пена на соништата ако се и сон на вашите чекања ако сте и чекање на утробава моја ако сум додека ви ја ткаам ликата со преѓава на месово врело ако сум леле ако сме. и? значи сè гроб е. Вековите пловат кон омраза кон вљубеност или кон белини чудни за раѓања нови.


ГОЛЕМАТА МАЈКА

5. Ај леле леле најлеле мако порако крвоплискотна ми биле и ќе ми се синови и за нив со јасник божиќен ќе се прегрнам и со илинденски сушник омарниник и со крт и со бигор и со проклетник и со апостоли и со призраци да затруднам девет столетија и еден повеќе да ве поносам ќе ве израѓам на трпеза благунова од невозможноста гроза ќе исцедам во урна прадедовска и во черупка за наздравица сурозбора меѓу пченки и багреми и треви вратики живи да сте ми небогледачи и троа поздрави од животот троа и повеќе од недогледноста. Послушај ме господи семеблагословувачу Послушај ме белокоса кутра и вечна.

35


36

ГОЛЕМАТА МАЈКА


ГОЛЕМАТА МАЈКА

37

Бистрица Миркуловска

ОД НЕОЛИТОТ ДО ДЕНОТ ДЕНЕШЕН 1. Велат: Најпрвин било с л о в о... Па нека да е и така: Слово или Светлина – ама морало да има и н е ш т о што Светлината го оплодила и го засолнила во мегалитска темнина - небаре утробата на Универзумот – па таму оплоденото да созрее и да се роди Големата Мајка... зашто – да не си се родила - Ти – Голема Мајко од Г о в р л е в о – не би го имала п а п о к о т, не би можела да ни го подариш р а ѓ а њ е т о – продолжувањето на Р о д о т – од мегалитот и неолитот – до ден денешен...


38

ГОЛЕМАТА МАЈКА

2. Т о ј, што Тебе те сотворил, те оформил од онаа глина говрлевска, дали пред Тебе или по Тебе го сотворил А д а м а од Говрлево? или според сопствената лика – допирајќи си го телото или гледајќи се во некоја вода спокојна како огледало – самиот си се сотворил – зашто сакал трага да остави за сопственото постоење, пред осум илјади години – велат археолозите – и по осумилјади години да се слуша надалеку за А д а м а од М а к е д о н и ј а!

3. дали голем грев сум сторила зашто пред Т е б е, Мајко голема, Адама од Говрлево сум го сонила? - напрсти сум му се доближила и додека мирувал во некаква поза на мислител или бил во нирвана – (така велат археолозите и вајарите) со прстиве, небаре жарки вжештени низ ‘рбетникот сум го галелапршлен по пршлен сè дури не сум сетила како му се морничави снагата.... знам, не ќе ми се лутиш, Мајко Голема! Па нели сум Т в о ј а копија – од неолитот до денот денешен.....


ГОЛЕМАТА МАЈКА

4. А дури потоа Т е б е, Мајко Голема, Сум те сонила…. шепотно сум ти се доверила, Како ќерка на М а ј к а сум ти ги раскажала соништата разгорени – копнежливо сонувани со А д а м а од Г о в р л е в о.... Сè сум ти доверила зашто сум видела дека у с т а си немала и не ќе можеш да ме озборуваш да ме кодошиш како ж е н а!

5. Колку чудесни ти се о ч и т е – заџарени, оџарени – о ч и филџани - ќе ти ги опејуваат низ векови... - Со очите си ми ги одмерила колковите, Мајко Голема, дали се како твоите, дали ќе можат да ја издржат плодноста на у т р о б а т а.... и пуполките запокажани си ми ги одмерила – дали ќе се б о с к и достојни за да ги надојат идните божици и богови..... Мајко Голема од Г о в р л е в о, насон ти ветив тогаш, одамна: - колку ќе ми е пишано, М а ј к о, толкупати ќе ми се отвори утробата, плодородна да сум ти – за да се гордееш со мене...

39


40

ГОЛЕМАТА МАЈКА

6. и тогаш, насоне, Мајко Голема, си ме п о г а л и л а... и милно ми станало од нежноста на дланките твои со пет прсти тенки издолжени, небаре и тогаш во неолитот – си била и предачка, и ткајачка, и везилка... и си умеела снагата да си ја облечеш во тенка кошула везена, и за А д а м а да подготвиш бела риза даровна... - дали тогаш, насоне, си ме научила како да си го редам ч е и з о т – и за снагата, и за душата, и за куќата – бело варосана?

7. Мајко Голема од Г о в р л е в о, сум сакала уште нешто да те запрашам, за о к а р и н а т а – да те запрашам – ама безвреме сум се разбудила во веков снеубавен.. - некој свирел со о к а р и н а т а, таму на К о к и н о, на изгрејсонце сум го слушала, и сум посакала да се престорам во здив или во светлина, и лелеава, невидлива да си се вратам во Т в о ј а т а у т р о б а, во Т е б е да си се засолнам, смалечкана како зрнце за’ртено за некои нови из’ртувања – за да се памети, Мајко Голема, Твоето величие од неолитот до денот денешен... па и отаде – денот утрешен...


ГОЛЕМАТА МАЈКА

41

Славка Манева

ГОЛЕМОТО ОТКРИТИЕ Во спомен на археологот Воислав Санев, Кој ја откри Големата Мајка Внимателно ја чистеше археологот земјата, како да пудросува убавица. ненадејно пред него се појави слаба дојка, небаре ја исцицале до крв многу родени дечиња. Археологот се стаписа, движењата му станаа брзи како ударите на срцето. небичас од земјата се откри строгото лице на жена, со прекор и лутина што ја вознемирил во тишината на столетијата. Тоа не го поколеба, иако срцето му биеше во грлото. А жената стоеше пред него со раце на колковите. Тој час ја виде мајка си, која го караше кога беше дете. О, бесмртна Голема Мајко, стоеја ли пред тебе дечињата кога ги караше за палавостите,


42

ГОЛЕМАТА МАЈКА

а во очите им се искреа пламенчиња на скриена смеа? Твојата строгост низ столетија е залудна, Голема Мајко, хранителко со исушени дојки. зашто, ти си безвремена божица на сесрдна и искрена љубов.


ГОЛЕМАТА МАЈКА

43

Косара Гочкова

МОЛИТВА НА МАЈКИТЕ Сиромаштијата како стихија ги одвеа синовите и ќерките кон туѓина. Болката на мајките ги преполни душите. Тагата нивна, подлабока од времето, повисока од животот, со чемер ги натопи зборовите. Со плач глувоноќен, ја излеваат молитвата кон Мајката божја молејќи ја да им го покаже куќниот праг на нивните синови и ќерки. Така молејќи, мајките забораваат дека врз нивните животи полегнува тишината и се шири пајажина во постела на староста.


44

ГОЛЕМАТА МАЈКА

А тие, сепак, надеж во срцето таат и секоја вечер пред мајката божја ја словат молитвата на мајките за синовите, ќерките и куќниот праг. А болката расте, расте и еден ден мајките стануваат „кралици на болката“


ГОЛЕМАТА МАЈКА

45

Славка Арсова

НА МОЈОТ ГРАД (Повод: Големата Мајка) Кога ќе умрам пепелта посипете ја по улиците на мојот град та врз неа да се насликаат стапките недоодени, солзите исплакани да се покријат зашто те сакам граду, како тешка воздишка во ноќта како желба да се сака сè како нешто што е повеќе од животот. Калдрмата стара не растурајте ја, нека остане како петолисна детелина во чаршијата среќата си ја бараат оние што се и што ќе дојдат. Кнезовите и кралевите ти граду ги поеше, сите туѓинци лебот ти го скусуваа, ударите на невремињата на плеќи ги носеше, со заби се пробиваше низ времето и челадта твоја ја растеше. Мајката хранителка имаше – Големата Мајка заштитничка. Таа дојде со мислите


46

ГОЛЕМАТА МАЈКА

како светли надежи, ти ја возвиши маката и со светлина, како богиња бранителка, како песна на изгрејсонцето – ѓердан од радости нанижа. и простум стоиш сега мој граду со исцелени рани готов да го оплодиш секое семе. и утре, кога не ќе ме има, соѕидај ја песнава моја во твоите топли пазуви.


ГОЛЕМАТА МАЈКА

47

Гордана Михаилова Бошнакоска

ЛЕНОРА -МОЈАТА МАЈКА 1. непостоечко тело: „збор Ленора, свидна мома тој ангелски убав створ Таа вечна неизгор“ * се езди поетот по името да стигне до изворот на постоењето до прашањата многузначни од каде доаѓа Таа „свидна мома“ * енигмата за „ангелски убав створ“ * зад аголот ја чека нејзината мајка невидлива, разлеана низ воздухот се цеди нежното млеко од нејзиното тело се лизга врз тој „ангелски убав створ“ * врз медот на нејзините меки делови во засеците на нејзиното непостоечко тело.

* Едгар Алан По „Гарванот“ /поема/, превод на македонски академик Гане Тодоровски


48

ГОЛЕМАТА МАЈКА

2. невидливата страна: Од другата страна на месечината, темната иде пораката за постоењето на невидливата, единствената, размножената, семоќната, мамммицаааа воздивнува оптегнатата ципа околу телото обвиткана ѕирка таа „свидна мома“ * што сака и чека да пукне, да се распрсне да излезе од кожичката и да влезе во бесконечното око што гледа во сите, во сè. Од небесата млечниот пат го цеди ѕвезденото семе врз нас и мене да ни даде за да ни земе, слатката „вечна неизгор“ * невидливата видлива постојаност на името, на телото на челото запишана е историјата на ова што е.


ГОЛЕМАТА МАЈКА

3. Мермер и млеко: Таа е целата од мермер и млеко го обвива облакот што кружи тука таму се насмевнува, легнува , заспива сонува и на сон зборува: ако некогаш, само некогаш ако го видите тој „ангелски убав створ“ * тоа и не е вистински сон ами привид на тој „створ“ * зашто е насекаде, во сè во она што е над, под и во нас и она што е вон видливо и невидливо, темната страна на месечината се гледа од друго место таму е „таа вечна неизгор“ * неодгатливата мама мамица, нашата бегалка.

49


50

ГОЛЕМАТА МАЈКА

4. Мед и восок: Лежи затаена под пластови земја и самата земја, чука нејзиното невидливо срце во потресите, во земјотресите го таи својот шум од зборови, а само пчелите се гласници на тој зуј, го пренесуваат во сладоста на медот залепен врз порите, заробени сме од тој „неизгор“ * нашата единствена, постојана вечната природа во суштината на млекото, водата, изворот на Светата Мајка над сите мајки, тој збор Ленора, амалгам за затнатите пори. Медот се рони во восочни капки, нашата бегалка, таа што не остави еве ја сега, н‹ иде да ги избрише нашите тела со бело вино, со бела крпа, да нè подготви да живееме да не подготви да умираме „таа свидна мома, тој ангелски убав створ, таа вечна неизгор“ *


ГОЛЕМАТА МАЈКА

5. Една: Течат извори од бело вино привид на жито, леб испечен од нејзините зборови. Ги голтаме тие залаци слатки, сласни , безтелесни ги пропуштаме низ затворените усти, низ затворените очи ги сложуваме во лисје од дуња, мириси крцливи се провираат до дното доаѓаат и отаде дури во длабоката јама на темната колепка топла од руното загубено иде мамица, мами идат, се редат во ред една стануваат, една „свидна мома“ * А Бимали се двоуми, „ние жените сме слаби затоа треба да учествуваме во судбината на слабите“** Оваа шурка што предупредува и мие.

** Рабиндранат Тагоре „домот и светот“ /роман/.

51


52

ГОЛЕМАТА МАЈКА

6. неизбежното: историјата не запира продолжува да се пишува во ветерот ја носи насекаде, ова несопрено откритие за постоењето на тропањето на „портата од надвор“ * милата сенка не е загубена само е продолжена во височината на свеста, нашата лична мајка, нашата убава севда нашата љубена, загубена приказна во вековите, времето кога „оние што своите желби ги свртуваат кон друг свет и ‹ даваат на сопствената желба само друга насока“** ме придвижува нејзината невидлива рака ме турка во загадочната темнина‘ мекиот свет на густишот, трње боцливо, ранливо неизбежно, слатко.


ГОЛЕМАТА МАЈКА

7. Продолжен здив: „Кој ли чука на портата од надвор“ * Влегува Геа со свита од мажи, сопрузи, љубовници, синови вечните била во нејзиното незаробено срце чукаат сите тие низ нејзините крвоточни жили и влегува реката на жената во сите реки, во сите мориња, океани, се влева во небесата и паѓа врз врвовите, се протиња низ маглите ги гали облаците ги заведува, морници ги лазат, вечната мома е самата Таа врз која паѓаат ѕвезди небесни кристали семе во нејзината најдлабока утроба, центарот, семирот, рани.

53


54

ГОЛЕМАТА МАЈКА

8. Слатка напивка: Толку многу луѓе во нејзината утроба, во утробата на земјата сокриени, неоткриени богатства се множат со нејзин благослов излегуваат и продолжуваат да им се додворуваат на облаците, на мојата семирска мајка, уште не сум родена а живеам. Ги бројам нејзините деца нејзината многудетност, млечно море од неа се точи слатка напивка - медовина се лепи врз усните женскиот сок на „тој ангелски убав створ Таа вечна неизгор“.*


ГОЛЕМАТА МАЈКА

9. Многуимена: Сите тие многуимени повторно откриени од длабочината на утробата на земјата, со ѕвезди во очите, со школки на бедрата, меѓу бутините излегуваат децата се вселуваат во иднината милите наши мамички гердани разнижени низ космичките небиднини допрени од оплодувачкото семе на мажите, милите наши родители од дамнина од неоткриените, сокриените далечини ги милуваме нивните земјени тела телца добро испечени од оганот на сонцето, од оганот на пламенот сочувани сокриени во делчиња расфрлени во куќите во домовите на нашите сеќавања.

55


56

ГОЛЕМАТА МАЈКА

10. нејзините сеќавања: Седи врз куќата со рацете потпрени на покривот, го чува, го пази да неби одлета однесен од ветровите од невремето, виорите на вековите, милениумите лежат врз нејзината глава силна издлабена врска со куќата, со тлото низ нејзиното тело до темето низ овој ходник се провира, моќта на мамица со тлото и самата тло со куќата и самата куќа со телото и самата тело со семирот и самата семир, користи ги моите сеќавања за да ти помогнат, шепоти нејзиното земјено тело, теракота од сонце огреана низ огнови изогнета и самата оган. „некој чука на портата од надвор“ * да ѕирне, да отвори сака да ја заштити, нејзиното тело во сенката на куќата се движи.


ГОЛЕМАТА МАЈКА

11. ние накитот: накитена, восхитена од сопственото постоење, шета нашата мама низ времето, го светка овој бакар, сребро, сокриен дијамант планета, воздух, миро‘ врз нас паѓа, не штити во длабокиот вулкан, во семоќната лава, го стега обрачот моќен врз невидлива глава што сака да ни ја покаже дека постои, демне таа закана врз нејзиниот род, пород ѕвецка нејзиниот гердан да предупреди да ни рече дека само сето е сè а ние сме накитот што таа го кали, ние нејзините деца овенчани од нејзината слава.

57


58

ГОЛЕМАТА МАЈКА


ГОЛЕМАТА МАЈКА

59

Павлина Климкар Меанџиева

ОД ТКАЕЖОТ БИДНИНА Пролетна мугра надрочи благовест и го расчатали сред лавиринтот кон Светите порти и би задуманост од голтки немир сред изнедрена верба и утеха од молкот умнозборлив Потем, јадровити јазли во ткаежот изнастрадана крепост пред која ниту трепна невина Богородице, ниту офна, Света Мајчице, а разделот миризливо ти се додворуваше уште од почетокот на едно ново време и дур со ѕвезди ти се полнеше утробата, неуморно вретено тенчеше преѓа од виножитна мајчина изгора да би мека простирка под Лакмамариј крај незгасливо кандило пред Светото Тројство


60

ГОЛЕМАТА МАЈКА


ГОЛЕМАТА МАЈКА

61

Есад Бајрам

МАЈКА Стотина имиња измислил Еден човек. Од стотина луѓе заборавено најсветото име! Поетот вели: Оди до крајот на сонот, А потоа сврти лево; ќе сретнеш седната жена. Речи и: Мајко! Таа ќе ти се насмевне. нема да ти биде важно дали беше тоа твојата мајка!


62

ГОЛЕМАТА МАЈКА


ГОЛЕМАТА МАЈКА

63

Влада Урошевиќ

ДВАНАЕСЕТ ЗАПИСИ ЗА ГОЛЕМАТА МАЈКА 1. Таа е чуварка на светиот оган, заштитничка на домот, на добитокот рогат

2. Меѓу нејзините колкови се ниша житното класје. нејзиното тело е сето питие и јасје.

3. и зиме кога веќе снемува жито таа знае дека во плодот сув летното сонце е скрито.


64

ГОЛЕМАТА МАЈКА

4. Кога на Месечината се пополнува кругот таа чувствува дека бабри и расте и сè друго.

5. Сè на неа тркалезно треба да биде заради плодот иден.

6. Од посатката земјена ‹ подаваат вода, во неа внесуваат плодови за годината да биде родна.

7. Со лелеави линии се исцртани нејзините коси. и водата ист таков знак носи.

8. Таа го знае календарот на Месечевите мени и ги подучува на љубов девојчињата пред да станат жени.


ГОЛЕМАТА МАЈКА

9. нејзиниот триаголник го покажуваат на момчаците кога ќе дојде време да им бидат протолкувани знаците.

10. двете половини од годината ги открива во ореовите јатки. Потоа ги прераскажува во гатки.

11. Паѓаат ѕидовите и гори покривот сламен но нејзиното тело – дом и натаму храм е.

12. Таа под земја со векови може да дреме. Всушност – таа чека на гости да ‹ дојде идното време.

65


66

ГОЛЕМАТА МАЈКА


ГОЛЕМАТА МАЈКА

67

Михаил Ренџов

ГОЛЕМАТА МАЈКА Големата Мајка Големата песна Големата Мајка Ја роди Мојата Малечка Мајка Мојата Малечка Мајка Го роди Моето Малечко Јас Го роди Мојот Малечок збор, Малечкиот збор Ја роди ГОЛЕМАТА Песна.


68

ГОЛЕМАТА МАЈКА

СОНЕТ ЗА ГЛИНАТА (Големата Мајка)

1. Срцето на планината – Мекоста на глината, Од која е создадено Видливото и допирливото. Господ ја замеси глината и Големата Мајка ја обликува, да му го чува родот и виделината да го води низ мракот, низ темнината. Оттогаш домот си го знаеме, Корените и темелите на домот Сокриен во мекоста на глината Оттогаш нè заштитува громот, Оттогаш Господ нè воздигнал до срцето на светлината.


ГОЛЕМАТА МАЈКА

2. Светлината е Големата Мајка, Големата Мајка нè полева Со златни зраци, со меки раце и со Божја светлина нè огрева? домот ни го топли, го грее затоа во него божевно сè е, Бог е во темелите и чардаците Божевна е топлината од зраците Се радува Големата Мајка на рожбите, на дождовите и на плодовите, се радува на зрната што никнат и на капките кои бликаат, Со божја благодат нè наградува.

69


70

ГОЛЕМАТА МАЈКА


ГОЛЕМАТА МАЈКА

71

Трајан Петровски

ПЕЕЊЕ НА ВЕЗИЛКАТА Жена бев Се заплодив од цвеќе Во цветен ден ве родив. детството ви го извезав Со бели сончеви ружи Младоста ви ја извезав со снопје момински очи Бајракот ви го извезав со караормански песни. Кукавица бев Кукав три години време дури ја везев Само од питоми треви Само од ѕвездени пупки Само од небесни бои. Мајка бев Од машки судбини страдав и мајка останав.


72

ГОЛЕМАТА МАЈКА


ГОЛЕМАТА МАЈКА

73

Светлана Христова - Јоциќ

ЕА И ОГНОТ на брегот Еа оган остава. никој од никаде дар да поземе – зад зрнца песок се утајува сиот свет, а Еа пред зрното. Времето скротено в обори со виме набрекнато за молзење во налети млаз избива. Лактите Еа ги запрега сажни време да измери Колку војни со времето поведе да се отвори капак каменен искра да кукурига… да одблесне! Му ја одзеде Еа тежината на кременот му ја ослабна силата. Среде светот оган запален, А Еа пред Оган.


74

ГОЛЕМАТА МАЈКА

ЕА И РАСАДОТ змија ја чува водата. А требаше Еа да зацрпи првобитна вода да изнесе. Водата да ја преуреди. да влезе Еа вода да разигра земјата игра да прифати … Потопот ако се повтори? на жртвен обред Еа се реши: Срона зрна од рамото и извор откопа в утроба на водата вода да нададе. и бескраен збор длабоко потфрли. змијата сон ја повлече. Повлече Еа бран – воден сноп на плеќите носи. Жива вода да расади.


ГОЛЕМАТА МАЈКА

75

Душица Илин

ГОЛЕМАТА МАЈКА на гради ми спие Убаво дете Сонува заминување Во Безсетилните Височини Го покрив Со Светлина да не ми го открие Стравот Во очите додека се искачува до големата опасност Во белината на неговата душа Окото не ќе може да го избегне Огнениот прав и стравот Од црвените мугри над градот и Бесниот молк Во јазикот Кирилски Молитвата ме соочува Со Големата тишина што не се препознава Во судирот


76

ГОЛЕМАТА МАЈКА

Со првата Слобода А веќе друга опасност Го заведува детето здивено Од Големата илузија Во присвојување на Сонцето за игра со Смртта и вечната рана на Срцето Со напор ја чував Црвената капка и темниот ореол на Студенилата што доаѓаа Господе Ќе се случи ли Чудо додека ја чекам зората Во очите и Големиот трескот Правта што ми ја пресипа Во пепелта моја


ГОЛЕМАТА МАЈКА

77

Мирјана Тренчева

ГОЛЕМАТА МАЈКА - артефакт – Овде е Таа со сончев прстен на раката со своја тајна во погледот во модро небо внушена Во дамарот на тлото здивот ‹ пулсира, од градите топло, миризба на мајчина душичка залисува. Мајчинско чувство во нас нежно протекува, грижа над рожбата надвиснува, мека дланка ја милува. Плодност јужната ледина навестува, повеј топол ја прегрнува, во браздата копа, коренот вжилен да го охрабри, чувар, наткрилен над времето што вистина огласува, ехото во бурен облак одѕвонува низ потна измаглина убавина оросува.


78

ГОЛЕМАТА МАЈКА

Таа вселенска Мајка заштитничка наша, малечка на око, со големо срце духовна творба, без истек на сили семенка, капка небесна во наша дланка извишува. Богинка од некое древно време со вистината сопствена, наша нè соочува. Таа, ѕвезда водилка Мајка совесна, на патеката на провев чекорот тетерав ни го позема, со дух без сенка солзата в трепка ја крие, нè бодри, просветлува, сонот ни го охрабрува. длабоко во меморијата на веков нејзиниот прелесен лик е втиснат, во нас блеска сонцето го маѓепсува.


ГОЛЕМАТА МАЈКА

79

Петар Наневски

ГОЛЕМАТА МАЈКА Големата љубов така сака и самата рече својата рожба Таа да ја множи тука ете тука да се сродува потаму еееј со свои чеда и потомци а Тие со свои одеци и еха од племиња низ оваа почва од вулкани сочинета од воини и сердари дочувана и самата би обожена симболика со мајчинство низ векови повод на македонското перо Мајко на мајките Г о л е м и н о исклучителна си заемност и профана симетрија во изусти Афродита на огледала сонува убавина и проблест ух во твојата голема с е н к а.


80

ГОЛЕМАТА МАЈКА


ГОЛЕМАТА МАЈКА

81

Илија Карајанов

СОНОТ НА ГОЛЕМАТА МАЈКА Ти старозаманска нефертите иштар и Мајка Тереза Убавина која од иднина доаѓа Житејска просветлена молитва Голема плодна македонска мајка Родилка и дарителка Се отвараш како Богородица Го примаш семето и ги преселуваш плодовите од земјата кон небото: Сонови на нашите души … дрочни библиски билки


82

ГОЛЕМАТА МАЈКА


ГОЛЕМАТА МАЈКА

83

Љерка Тот Наумова

ПРЕСВЕТА ЗАКРИЛНИЦА Чудесија низ Огин и Божество - разгласува. Побаран дел од Господов збор - златорезен одѕун. дарежливост низ Слово и Мудрост - издигнува. Ослободена празнина од Светлиот лист - недопрен облик. Ѕвездоскок низ Сјаевина и заповеди - возвишува. загнезден гнев од Крилестиот гулаб - вртежна Молитва. Казнување низ Молња и Одблесок - исповедува. Растурен песок од даруван бериќет - просветлено семе.


84

ГОЛЕМАТА МАЈКА


ГОЛЕМАТА МАЈКА

85

Кирил Кангов

ГОВОРОТ НА ГОЛЕМАТА МАЈКА 1. Мојата надарена утроба Гранитна меморија милениумска Одгледува корени низ вечноста Постојано низ време ‘рти семе Тргнува во раст и развој да одржи опстанок и стебла извишува Со огромна волја за зреење и создавање и секое суштество со светлина облиено Моја е материја, моја слика и симболика и постојано ми возвраќа силно сознание дека атомите од моето битие се множат Вријат со наследни особини во природата А од срцето на реката до сончевата патека Блика од радост лика со љубов Со чувство за потврдување Моето второ јас Се манифестира во Светот со мое потекло Тоа е вистинската објава на мојата надворешност и сонцето на моите желби ме крунисува Како постоење без кое не може Светот Оти јас сум мајката на сите мајки Јас сум читанката на постанокот Првиот глас и последниот спас.


86

ГОЛЕМАТА МАЈКА

2. изборот е ваш, судбината заедничка Оти многу малку работите за мене А работејќи за мене, вие работите за себе затоа што сè што ќе сторите денес Постојано ви се враќа во простор и време и сиот ваш труд обликуван во дело Мое е да го покажувам пред Светот и во ризница го редам и чувам за иднината. задоволни ли сте од тоа што го имате Оти можете лесно да го изгубите Во зависност од лошата сигурност или ќе се пробудите во зазор време Од невреме во Светот сè околу врие и сега знам каде сум доведена на едно дробило, ронило, ситнило Кајшто ќе останат скаменети светлини Од ѕвездите на сонот што го нема. некој ќе пристигне некогаш од некаде Ќе побара праг и темел, стреа, писмо и јазик Ќе биде прашан: која беше твојата мајковина? Разрешете ги сомненијата во себе сега за да не ве вознемируваат подоцна Така ќе стигнете до големото разбирање и ќе научите да гледате со длабоки очи и со длабок поглед ќе дојдете до вистината дека последиците ја голтаат вашата среќа.


ГОЛЕМАТА МАЈКА

3. Големото искуство зборува јасно: никој нема да нè разбере нас додека ние не се разбереме себеси. Постоењето треба грижливо да се негува Мнозинството е огромно како вистина Собрано на едно место како траење. Тоа што го откривате за себе е многу Тоа што го нудите пред Светот е малку. Ако мојата почва е ваша татковина Вие сте мој образ и мое достоинство. Страдањето е одлика на издржливоста но не барајте генијалност во страдањето. Јас советувам а вие слушајте Ако човекот е мерило на сите вредности неговата земја е терезија на мерката. исповеди за гревови не простувам Оти јас сè пружам и сè издржувам А кој решил да ме дели со друг Тој влегол во пресметка со себе си. Кој нема да се избави од заблудите Ќе потоне во морето на илузиите и последната вистина е најголемата казна Ослободубање од вината но и губење на душата Оти јас сè давам и сè земам. Јас сум почвата на која расте Смислата на животот.

87


88

ГОЛЕМАТА МАЈКА


ГОЛЕМАТА МАЈКА

89

Ристо Василевски

ВРЕМЕ, ФРЕСКА (За Големата Мајка) Гровнатите фрески на Времето Одраз се на будните закони на земјата на Човекот зајазени од мемлата Од ноќтите на подземните езера Севезден живите ангели Гласниците со лоши пораки Коњаниците исцрпени во двобои Светците со мечови и кантари дворјаните дворските шутови Со невини небрежни лица Говорат со јазикот на сите предци над нив Раскрилена како небо нашата Прамајка Со загрижен поглед Го надгледува светот Војни без победници Пештери со нашите последни пораки


90

ГОЛЕМАТА МАЈКА

Врз ѕидовите врз укитот сталагмити (за животот за нашата убава смрт за љубовта за што ли?!) Бакарни посатки со дрочни шари Со миск на вино и некогашна отменост Скаски за Каините и Авелите Каски од заборавените битки шлемови полни беласички белки Воини прободени со копја Вечни стражи пред градските порти Крајпатни збигорени паметници Со омји на прастари рицери и бојци Саркофази полни злато Чувани од љубовта на ретките поданици Мумии заборавени од сеќавањето Кули од черепи и костури Мрши штотуку симнати од бесилки Плоштади поплочени со надгробни плочи Врз кои небрежно гукаат гулаби Мудри старци со Ахилови петици што луѓето вешто ги откриле Семафори со збунувачки знаци... Е да запре ова Време да нè гушне нашата Прамајка и да отпочине во својата младост Од дваесет и дваесет векови


ГОЛЕМАТА МАЈКА

91

Ефтим Клетников

РИБА (Големата Мајка) не крило и височина туку крлушки и длабочина посакавме ние. Оти сега за време на потопот длабочината се искачува а височината слегнува и паѓа крилото во празнината темна. Само сината мисла на Бога е гранка на која може да се спушти тоа, но и над неа се искачува водениот лик на постоењето. Риболик бива светот и огниште е водата. нејзе ‹ е доделен на чување огнот. Риба е сега Големата Мајка и затоа исус и апостолите, седнати на бреговите на бескрајот, не ги фрлаат мрежите веќе како некогаш во Галилеја. Сегде се мрести икрата на Големата Мајка секоја лулка е полна со неа и секој првороден плач. Превртена е длабочината нејзина, но не наопаку туку налице.


92

ГОЛЕМАТА МАЈКА

Самото небо е сега таа утроба плодна низ која и Светиот дух мина во облик на риба, ја виде глината – икра од која беа замесени нашите прародители и ги поведе од неа рибините јата низ маглата сребрена на соѕвездијата горе. Така. А ние стуткани околу огнот во утробата на Големата Риба дишевме на жабри во икрата што треба допрва да нè исфрли во риболиката алелуја насекаде во бескрајот што грми.


ГОЛЕМАТА МАЈКА

93

Фима Клетникова

ГОЛЕМАТА МАЈКА Од вечнот создадена со многу лица и раце го опфаќа постоењето во траење. Жив здив вдахнува во семињата ги буди во браздите за зелен скок. Магнет за водата и светлината камбана над олтарот на семката вајарка на безброј облици го омајува и воздухот со плодна маја. Во пролетните квечернини ја подготвува Големата Свадба за дрвјата - невести. затоа светулките се палат пеперугите го украсуваат просторот а ластовиците ја разнесуваат Радосната Вест. Сè. и огнот го роди Големата Мајка. Огниште е таа на која доаѓаат и ѕвездите да се огреат и тајните на срцето во зима. Раскошно зрно е Големата Мајка во утробата на вселената и ништо нема да остане без храна и во осама.


94

ГОЛЕМАТА МАЈКА


ГОЛЕМАТА МАЈКА

95

Петре Бакевски

ВОНВРЕМЕНСКА СРЕДБА СО МАЈКАТА КРЕПИТЕЛКА НА СУДБИНАТА Се сретнавме во глинениот поглед на времето - јас во колепката на болешливите воздишки, а ти возвишена, горделива, замислена, со истанчен поглед низ далнините, со двете стегнати раце вкоренети длабоко во печената земја - стамена, пркосна, цврста, смирена... О, севезден над мене си била, си бдеела над бессониците залостени во раѓањето, ах, будна чуварка си ми била на душата... Треперев, треперев... Тегобите ми ги топеше во мелем од пролетни цветови и омајни мириси, лек си ми била за осаменоста, утешителка на утехите, мрморен глас на молитвите, небесна крилеста птица над неспокојството, ведрина пред мојот болен крик на наребрено небо од непогодици, последна издишка од оган пред да згаснат големите огнови на уништувањето...


96

ГОЛЕМАТА МАЈКА

заедно сме биле во тишината што си ја прилепила на глиненото лице на траењето... Те допирам да го стоплам студецот во мојата душа, да насетам тивичок глас од нечујни времиња зад изгорени шуми скриени, во згоретинки залегнати и во гламносани корени обездушени молчиш, траеш, си ги скротила дивите ветрови во очите...

Треперам, треперам... Ах, се смирувам пред твојата издолжена сенка од утринскиот златец, мугрењата се напојуваат од твоите две бистри езерца на животот, му командуваш на сонцето да ги засветли темнилата, мраковите и темјаните отаде скрбните планини на ноќта, од твојата мугренка на зорницата полетуваат јата птици од легушите на стравот и ширум ги разлетуваат белите облаци на слободата, времето го спојуваш во забревтано тихание во кое постојано се бараме и се преиспитуваме, те има ил‘ те нема, дал‘ си со мене или јас сум изгубен во привидот и во маглинките што часкум ми ги пуштаат мефиста со остри копја насрчени за пакости...

Треперам, треперам... Ах, тишината е твоја заробеничка, ах, тоа е тишината на мојата наморничава нарав со која стрелушно помислувам дека некој злоочно бдее и над тебе и подмолно и во злодоба ни ја одзема љубовта и ме трга од твојата топла прегратка на освоената верба. Тука си, ах, тука си во оживеаната глина на мојот неспокој, во ова безвремено време на нашата средба што во нежен допир со прстите на љубовта ти се оттргнува од изѕемнатото лице на голиот рид, од пејзажите што ми ги даруваш во бескрајот на глетката завиуличена во превалецот на праисторијата, ги гледам ѕвездите што денски те печеле на издржливоста оти некој и на оган и на вар и на камен и на небо и на земја и на глина и на стежната овошна гранка и пред потопите и по првиот грев треба да нè чува, о, да нè чува...


ГОЛЕМАТА МАЈКА

97

некој требало да биде мајка создателка, некој требало да ухне живот, љубов и раѓање, некој требало да го оплоди дрвото на животот и сè да расцвета, да созрее и да сознание оти една е вистината – сè што првка, дише, крикнува, летка, мрда, сè што љуби и сака, сè што боледува и оздравува, сè што црцори и разветрува, сè што растревува, сè што жуборнува, од божјата мајка е благоустено...

знам, знам, па сепак, треперам, треперам... Сè беше зачетие во големата оѕвездена утроба на твојата замолкнатост - од земјата земја, од љубовта љубов, од мајката мајка и сè во твоите набабрени бедра беше задоено и зародено огнето на домашното огниште разгоруваше со твојот лик, куќата се затемелуваше со твојата воздржана насмевка во танцот на тапанот и зурлата, се ѕидаа ѕидовите на твоите плеќи, на чатијата со бели дарови од свилени и ленени кошули му се пееше на сонцето за родот, за породот и низ твоето осончено грло се разлеваа билјур-гласовите на радоста, ах, покрив ќе ставиме, стреа, ќерамиди како топла постела во која ќе полегнат ѕвездите на пресоздавањето, огниште свое ќе имаме, своја куќа и своја земја, своја љубов и своја утеха, своја колепка, свои наслади во слачта на оплодувањето, о, сè се оплодува, ‘рте, првка и се пресоздава низ твојата галежна рака на благословието човек си, создаден си за доброто, за големата љубов и за големото сакање, да ги скротиш лапавиците, луњите и фуриите, да ги смириш ноќните рикања на дивите бранови по Прометеј во тебе оти несправедливата казна прошка има од ветровите, се рутат волнените небесни брегови на боговите и сè куражно ми стивнува во прегратките на мојата блажена мисла за тебе...


98

ГОЛЕМАТА МАЈКА

Треперам, треперам... О, во тебе сум, божице на мојата испечена глина на времето каде времето до немај-каде во вечно траење го претвори. Во твојата крепителна мисла сум оти мисла за топла ткаенка од чувства ти постилам. Во твојата тишина сум оти таа е и земна и небесна тишина од која гргорат изворите на животот. да се верува треба, да се сака треба, да се љуби требало, требало, земјата се оплодува, небесата се пресоздаваат, ветровите на невидливиот одмин на времето кружат околу твојот сончев лик, го вајат, го резбаат, плтенка од радост и болка, загриженост и веселба, танц е тоа на раѓањето и процесија на воскресението, сè е завештено на твоето лице оти секој нерв ме буди во несоници во кои сонот си го барам во изгубената долинка на недорекот постојам, дишам и гледам, подголтнувам, ги заврзувам разбрануваните мориња во мојата душа, животот во сенец ми врви, тихум болешливо одминува, офтикаво си одам, си одам... зар на задна разделба се гледаме во печената глина со смрзнат поглед во очите? зар толку беше нашата вонвременска дружба, додека ја ткаевме тишината на опстојбата, на нежни постапалки ја свилевме, додека срамежливо се ливкавме, притаено ги броевме ѕвездите на згаснувањето и ѕвездите на блештукањето, во молскавиците се криевме со пријурен трпнеж под постелата на исчезнувањето и се зарековме дека зад прилепените образи од изгрејсонца ќе постоиме во паметењето, во сеќавањето... Еј, заветен збор беше...

Треперам, треперам... Така и бидна - ти си остана во глината над сите мои тажни летови, над сите искушенија, проскидби, распетија и просветлувања, сновиденија и виденија, одвреме-навреме утаено и самјачки низ вомјазен висулец од достаги те ѕирнувам, зад секое згаснато огинче нова вител-светлинка ми потпалуваш, зад секој алов заод повтор ноќната тишина в душа на шарени веленца ми ја постилаш,


ГОЛЕМАТА МАЈКА

99

на луничав јаснец и во полноќна осама без прелага сакаш сè на испружена дланка да се види на двете пресретнати линии на судбината - зашто сè судбина било, сè судбина било... и во разгорот на нашата оплодена тишина разѕвездена и присенета во крсраце без глас молитвен и чуен да ми зборуваш, тихум-тихум, од боготворна прикрајка, во витли од таец, о, жив да ме чуваш во родот мој, о, божице земна, знам, сакаш вечно довардени да бидеме во раѓањата... и треперам, треперам... и знам, сè судбина било, сè е судбина наша времето во вонвременски молк што мајката крепителка ни го дарува. и нè теши, нè утешува... Сите времиња во безвремето твое твои биле, човеку, еј, мој растреперен човеку во мене што трепериш на златната гранка во виорот на животот! Ах, времето трепетка врз веѓиците на трепетот... Трепетка, трепетка со здивката на ветрецот од твоите очи, божице на молкот, божице на утехите... Секи ден во суморен наплив заеднички се дообјаснуваме во судбината што трае, што трае... Вдишувајќи го будењето на пролетта залегната под клепките на мојата несоница во пролетта 2008


100

ГОЛЕМАТА МАЈКА


ГОЛЕМАТА МАЈКА

101

Билјана Станковска

ГОЛЕМАТА МАЈКА (Сеприсутност) Таа нагла побуна во тебе, таа осенета тивкост од тебе и таа занесена следба на сончевиот прелет зад поработ на небото и планината, се предодредба на твоето заминување. затоа појди сега, сину мој, додека копнежите како загари им се умилкуваат на твоите силни стапала, ноќум настрвени од здивот на сомнежот, ти го глочкаат сонот. Му се отимаат на се овдешно. Појди сега, додека патот е белата грива на твојата разиграна желба и светот со прескок го мериш.

Таа нагла побуна во мене, таа осенета тивкост од мене и таа воскрената будност на срцето се предодредба на моето безконечно чекање, сину мој.


102

ГОЛЕМАТА МАЈКА

да те заштитам од сè што ти се заканува, да скротам сè диво во пресрет што ти иде, наутро сонцето го праќам на рамо да ти слета, квечерум го прибирам за тебе да го распрашам. Со мерата на мојата грижа радоста и страдањата ти ги мерам. Под твоите стапала дланките си ги постилам, само во освојувањето да те охрабрам. Од калта на крстосниците да ме препознаеш, Во правта на штитот патокази ти испишувам.

и неизместена од прагот, се наткрилувам во молитва за дожд и јадра светлина. Со сè оживеано да те пречекам.


ГОЛЕМАТА МАЈКА

103

Раде Силјан

НАШАТА ГОЛЕМА МАЈКА Го отворам камениот ковчег Од него излегува темнината Со јазикот ме поткаснува Од болки воздивнувам исчезнале спомените на сенишна перница Останала само потемнета слика Со неа тишината ликува Го отворам камениот ковчег Во него влегува зрак светлина Кришум се преоблекува телото Од змиулеста кошула излегува лагата Со насолзени очи читам: името на Големата Мајка на невидлив крст го распнале да ја чува нашата куќа Од зли очи и лоши духови


104

ГОЛЕМАТА МАЈКА


ГОЛЕМАТА МАЈКА

105

Веле Смилевски

ГО СЛИКАМ ПРВИОТ ДОПИР (Кажување на Мајка) најпрвин детето ми ја подава раката и тоа е првиот допир на платното во жолто. Потоа детето се смее и јас ги пребарувам сите можни нијанси на палетата што доаѓа во бранови, згуснато и продолжуваат во виножито на завесата. Од другата страна, крај стаклото, е сцената на која мавтаат со марамчиња мноштво деца. Раздалеченоста е прозрачна и еластична; сè зависи од боите, од моите независни впечатоци за нивната острина во долгите копкања крај стаклото.


106

ГОЛЕМАТА МАЈКА

Преку едно небо што е око и што сака да ме прими во малиот простор на градината со отсјај на роса го сликам првиот допир. детето пак ја подава раката и на платното остава море од густа модра боја што полека протечува врз жолтото.

Едно поле моќно веќе што се подготвува за својата плодност во некоја чудна пролет на платното се обликува.


ГОЛЕМАТА МАЈКА

107

Вера Чејковска

ГОЛЕМАТА МАЈКА а мислам всушност на пчеличка, како слетува пред нас во вистинскиот момент, изведува прекрасен танц, покажувајќи ни ги со движењата точниот правец и оддалеченост на најрасцутената гранка. … и откога последен пат преноќи во својата куќа во кавадарци, утрото – навлегувајќи – и нејзиниот поглед – излегувајќи – спокојно оставаа по една капка мед по секој цвет од тантелената завеса и зрачни крилца по празните места… … а и јас липав, пчеличке, пчеличке!!! пред чудното светлинско саќе, свесна дека таа со својата крајна мисла се внесува во сигурната близина на баба ми и дедо ми, за повторно да нè заштити од грижа…


108

ГОЛЕМАТА МАЈКА


ГОЛЕМАТА МАЈКА

109

Катица Ќулавкова

ГОЛЕМАТА МАЈКА „Јас сум таа. Почивам скрснозе а колковите ми надтежнале од животворност и се прошириле толку многу што се одделиле од мене и веќе не се само мои и не се само тука. Куќа цел свет мене ми е. Токму така: имам моќ да бидам на разни места во исто време. Во постојан дослух со еротиката на творењето жив, а смртен свет - се претворам во книга на промените го менувам името, ги трампам симболите и приказбите, луѓето ги давам кастингот го алтерирам но улогите остануваат! Мене која општам со духовното ми приличи световното: земја и море, Луна и цибрина! О, каква противречност: да бидеш жена, начело на плодност а да носиш негативен, пасивен


110

ГОЛЕМАТА МАЈКА

предзнак, архетипски минус ритмични инсерти од смрт и од живот! Кој дава, ако не оној кој има? Кој губи, ако не оној кој има што да изгуби? Јас, матрица, матка, матерка, модра, мадра, мудра матрона од другиот свет (не, овој никогаш не ми бил доволен!) ти повелам: влези во морето не мисли на немоќта оти никогаш не знаеш колку ќе издржиш и во болот, и во ужитокот пливај до кајшто гледаш а гледај далеку, секогаш подалеку јас глаголам задумно на ‘ртот зборувам на својот мајчин јазик (о, какво олеснување, каква удобност!) и сила ти давам а не утеха! После ќе гаташ над моите рецки над испрекинатата линија на судбата срочена во 64 хексаграми на енигмата а тој ќе вметнува во ребусот по некоја права, проста, прозна и позитивна цртичка. Машки синопсис!“


ГОЛЕМАТА МАЈКА

111

Санде Стојчевски

ТАА Од под облаците, од зраците, од страците ведрина, од самиот божји дах таа го цеди, пред нас го реди слачот. здрачот што и сега се протега од нас до светот, до оние што светат во својот сладок мрак, таа е зрак што пак и пак до својот почетен зрак во кој се крие, во кој сме ние, во кој нè крие нас. и таа свети, таа е света, сета, па и секој нејзин дел го содржи, го држи светот, цел. Тоа е света цел! затоа светот ‹ враќа сè што од неа зел.


112

ГОЛЕМАТА МАЈКА


ГОЛЕМАТА МАЈКА

113

Весна Ацеска

НАЗАД ВО ЈАЗИКОТ Тргнав да го пронајдам јазичниот вруток, држејќи се близу до Млечниот пат, сиот сочинет од сламени одблесоци на недобројните заискрени зеници, деноноќно будни, деноноќно жедни да го прозрат безмерието, стврднати од предолго гледање како петици што тупотат низ лето, како крлушки во скамената глина од кои се одлушнале сончевиот сјај и вжештениот немир во виножитото. Житото високо и занишано диво, воздухот преполн и плипотен зуј расеани со ленот низ порозното сито во широките дланки на Големата Мајка над камената маса од млада карпа пред пештерата, пред цртежите врежани во засенчената утроба, пресликани од желкин оклоп на кој жегата длабела кротко и долго знак по знак од прадревна доба. Желко, заборавена сестро, дребен потомку на диносаурусите, заборавен зачетнику на змејовите што во приказните ги зачувале


114

ГОЛЕМАТА МАЈКА

пламенот во јазикот, светоста на огништето, жртвеникот во пештерите со мовлести одрекувања решките од твојот оклоп се реси на волшебен килим на кој ведра летам низ времето по закривениот свод на веројатноста, од каде умножен докрај сиот бескрај е севезден на дофат, песните – соѕвездија што горат.


ГОЛЕМАТА МАЈКА

115

Ристо Лазаров

МАЈКА КАКО МАЈКА На Ратка Мајка како мајка: и на јаве и на сон севезден ги распетлува јазлите на судбината тагата ја обликува во скулптура на молкот а сиот вишок светлина му го испраќа на синот единец во туѓина, да му се најде. Мајка како мајка: секое утро запнува да си го продолжи сонот таман колку да му стокми појадок на синот пред тој да киниса на работа – троа нежни погледи, троа галежи, грска цреши (тие тука каде каде порано узреваат) и задолжително чај од мајчина душичка. инаку, синот сè сонува само вертикално, како и секоја нова надеж. Мајка како мајка: додека чека на компјутерскиот екран синот да ‹ дарува дневна доза најубави насмевки во кожурка од свилена буба реди сè што се крие во неа и саде се чуди колку бил замрсен животот и колку време треба да се раздипли сето што се збрало во кожурката од свилена буба.


116

ГОЛЕМАТА МАЈКА

Мајка како мајка: во мислите ги пребројува облаците таму далеку, над Карловиот мост во Прага и мигум ја збира цела Влтава во мајчина солза. над клепките ‹ се виорат снежните македонски висови. Сеќавањата малку и напукнуваат и некако не ‹ се верува дека под мостот тече црвено вино, а никој не го пие. Мајка како мајка: во вечното вркстување на животните линии стигнувајќи до синот стигнува до себе.


ГОЛЕМАТА МАЈКА

117

Славе Ѓерѓо Димоски

ДОАЃА ГОЛЕМАТА МАЈКА ВЕЧНАТА ДЕВИЦА доаѓа Големата Мајка, вечната девица. Го раѓа Синот и тој нè обзема нас. доаѓа рибата да стане стварност, доаѓа неверниот Тома. Воздушниот крст Воскреснува, засекогаш. доаѓа Огнот да ја исчисти земјата од гнилата смрдеж... Господе, Ти не си Ти. Ти си сомнеж Воздушен престол и душевен спор!


118

ГОЛЕМАТА МАЈКА


ГОЛЕМАТА МАЈКА

119

Борче Панов

БРОЈАНИЦА ко еден што на илјада повторно ќе се роди некогаш пак би можела серќна да бидам токму ко сега ни велеше старамајка кога на крупната килибарна бројница заедно со сите живи и мртви во семејството си ги броеше избројаните денови


120

ГОЛЕМАТА МАЈКА


ГОЛЕМАТА МАЈКА

121

Ирена Павлова де Одорико

ИЛИ – ИЛИ ГОЛЕМАТА МАЈКА или – или во собата на родилки невидлива на двобој со духот на тако ми „Жилав залак на времето, една смрт а многу умирања“ Џвакам болка со вкус на раѓање со вкус на земја уста полна земја Црвите ги одвраќам од намерата им велам : „Раѓање“ измислувам евангелие што не постои за да се спасам за да кинисам со овие две нозе раширени нејаки Разлеана вода


122

ГОЛЕМАТА МАЈКА

чекорам по неа како исус ем крв ем вода лук и вода крст и лук против плачот против причината за плач на Првороденото или – или ....2 направив ли злостор за миг посакав светот да издивне и сите воздишки да ми бидат подарени мене на ова тело нафора за причесна приготвена со крвави ракавици „изгреј сонце, сонце излези“ повторував и ти се отвори врата жолто слепило ми го засени видот не те видов те допрев топлина разорувач на о гневот тишина празен сад за солзи сестри на милосрдието на деснава града молитвиш немушто Оставам бразди врз отпорни дланки на двојникот Јосифов


ГОЛЕМАТА МАЈКА

123

Сузана В. Спасовска

ТАЈНИТЕ НА БОЖИЦАТА МАЈКА 1. Ти најдобро ме познаваш Однатре Каква што ни јас не се познавам Ми ја познаваш внатрешноста Секое катче на утробата Срцето што биело над тебе и со кое си го усогласувало своето Си учело како се живее Во вода Како се лебди дури си мало и врзано Си ги испитувало ѕидовите на матката Колку се издржливи Колку се непропусни но сепак звукот мој Гласовите мои Оти од мене извирале Си можело да ги чуеш


124

ГОЛЕМАТА МАЈКА

Си учело да ги препознаеш дека се мои за да бидеш посигурно Ори само тој глас, оти само тој звук доаѓал однатре Сè друго ти било туѓо Ти идело однадвор Си било заштитено Сè до оној момент додека не ти станало тесно во телото Поточно во оној дел од телото Каде што ти се зачнало Кога било време своето мало тело Она во кое си било Она во кое си пораснало Толку колку што си можело


ГОЛЕМАТА МАЈКА

2. Потем ме виде и однадвор Онаква каква што и јас се познавав но со тебе Сè уште учам за себе за секој милиметар на својата кожа за секоја бемка за секоја лузна Учам за новите лузни што не постоеја пред ти да се појавиш за секоја промена за секоја брчка за секоја пора Учам да гледам со твоите очи да се гледам онака како ти што ме гледаш Учам како да се сакам Вака подновена и самата на себеси непозната А учев и како да те хранам со светлина Од очите како се храни со светлина Јас од твоите Ти од моите и како таа светлина Во љубов се престорува Како таа љубов ми ги полни градите и од нив бела светлина како потекува Бела љубов Бело млеко Од боските што ми тече Сè дури не сфати дека и млекото е вода Онаа изворска во која се прекршува светлината Во која можеш да се огледаш, Како во мене што се огледуваш Оти моите очи се река непресушна за тебе што тече и те пои

125


126

ГОЛЕМАТА МАЈКА

да не ми те исуши стебленцето да не ми ти прегорат очичките за и тие вода да станат во неа твојот љубен да се огледа Та да види колку си убава Та да види колку си убав Колку е убава суштината Оти секоја река има свој извор и секоја вода во очите Од некаде извира Од вечниот пламен Од оној што мама ти го чува да не ти изгасне Со дланките што го штитам од ветришта и виулици Од полави големи Од громови гласни да не ми се уплашиш Та да ни згасне светлината во градите во очите Та твоите Та моите


ГОЛЕМАТА МАЈКА

3. А за секој чардак диреци требаат Убави темели здрави стапала извајани писки до кои се допираш кога проодуваш дури се потпираш Стебленцето да се исправи Ако пак се сруши Ако пак потклекне Ветките ќе ми те подземат Горе ќе ми те подземат Горе ќе ми те кренат во крошните да видиш како е да се гледа од високо Како е да се гледа надалеку за и ти да побрзаш да научиш некаде да вишиш некаде да растеш

127


128

ГОЛЕМАТА МАЈКА

4. Тајната, пак на храмот Оној од кој излезе Оној што прво го знаеш најнакрај ќе ја откриеш Однатре ќе го почуствуваш Тогаш кога и ти ќе научиш Во својот храм Светлината да ја одржуваш


ГОЛЕМАТА МАЈКА

129

Наташа Бунтеска

ГОЛЕМАТА МАЈКА Големата Мајка стои налактена на прозорецот, медитира на точката во која се поттурнуваат мракот и светлината, каде се разбиваат настаните еден од друг. Си мисли: сешто тече, а сепак, ништо друго нема освен јас сама сошиена: пола простор пола време. Ја префрла тежината од едната на другата нога и гласно мрмори: Каде ли е тој бескрај... Потоа оди да го подгрее ручекот за децата што секој момент ќе се вратат од училиште.


130

ГОЛЕМАТА МАЈКА


ГОЛЕМАТА МАЈКА

131

Јовица Тасевски - Етернијан

ЗАБОРАВЕНАТА БОЖИЦА Очајната старица, во бара заробена, од шеметот истоштена Со левата рака кон шамакот замавнува, десната кон небесата ја подигнува но безуспешни се обидите да се оттргне од прегратката на безмилосната мил Не ме бара веќе никој тука, туку на кои ли ридови играат чистите ќерки на вознесените И какво ли семе расфрлаат бодрите синови по долините? Ех, ех, ех! И ехото на величието исчезна, и калта ми е легло, и заборавот ми е дом!


132

ГОЛЕМАТА МАЈКА


ГОЛЕМАТА МАЈКА

133

Емил Калешковски

ГОЛЕМИОТ, ГОЛЕМАТА ИЛИ ГОЛЕМ МАЈКА небески тела паѓаат бијат по цицките на големата мајка од нив не тече млеко Таа нема кого да храни живее на врвот од ридот и можеби се лечи од офтика волшебно, како половина месечина на пладне на чиј хоризонт се издигнува (купола; купола; купола) кула


134

ГОЛЕМАТА МАЈКА

и сè уште носи гаќи бели и од децата ја крие тајната за настанокот на вселената големиот БЕнГ! таа црна дупка


ГОЛЕМАТА МАЈКА

135

Душко Крстевски

Flashback Nocturno На Вера

I ноќ низ бетонската тајга на градот Се движам облечен во сивост Бетонската матка на градот Ме чува мене, Пијаниот фетус на тагата Dead can dance i Song of Sibyl. додека кафето во New age пополека се лади, се претворам во лента на меланхолични слики која се одвртува наназад. Тагата е сируп во мали порции што н‹ е препишан за цел живот.


136

ГОЛЕМАТА МАЈКА

II низ вековите од камен низ вековите како камен „ Се сеќаваш ли Карла, на дебелата црна жена од племето во Африка која можеше да оплоди нива со своите солзи. Се сеќаваш ли Карла, на другата, Кога крв и течеше наместо солзи, а нејзиниот лик го гледаа во дрвјата и карпите. Мексико отсекогаш било чекор поблиску до Рајот, и само за нијанса подобро од пеколот. заедно гледавме телевизија, кога ти изјави дека ти доволно си живеела во овој град, каде душата ја оставаме по црквите и манастирите, повеќе како на изложба, отколку на покајување. Карла, и ти и јас знаеме дека повторно ќе се видиме, нашите животи се веќе откупени од екипата на некоја сапунска опера Објективот е веќе наместен, режисерот дава знак: Почни да плачеш и голтни ја пилулата


ГОЛЕМАТА МАЈКА

III низ вековите од камен низ вековите како камен „Богородице мила, чувај ме од зло Богородице мила, чувај ме од зло Богородице мила, чувај ме од зло Плачам за себеси и не молам за прошка Туку за бришење на меморијата ништо да не ме потсети колку грешев“.

137


138

ГОЛЕМАТА МАЈКА

IV Подоцна, истата таа ноќ ноќта е отсуство од смеа и присуство на гласови. додека ја оставам полуиспразнетата чаша со вино Се потсетувам на денот пред дваесет и кусур години Кога мајка ми ме однесе на лекар. докторката ми даде инјекции, а јас нејзе солзи. Беше пекол преселен во јулско пладне Жената од малиот монтажен дуќан за сокови Близу железничката амбуланта, ми даде сок беспари. имав голема температура, а мајка ми не го носеше паричникот. на раце ме донесе до болница, додека јас бладав во бессознание. Тогаш уште не бев крстен, Богородица ме чуваше, а мајка ми ме носеше во болница, заборавајќи ја навредата моја од претходниот ден, како и илјадници други коишто ќе следат потоа. ноќта е простор за прибирање на тажните. Тие чекаат на влезот на квечерината, Јас заспивам на масата со платената сметка до мене наместо ќебе за покривање, километри далеку од детството и мајка ми.


ГОЛЕМАТА МАЈКА

139

Филип Клетников

ГОЛЕМАТА МАЈКА 1. изнедрување Почнато е ! Татнеж го наразува ништото и ги прибира темнините на причесна. напукнува отсутноста, се отвараат празнините, како раце се подаваат светлините – млади, а сепак подревни и од вечноста глеј – галат, милуваат, допираат, сврзуваат и разврзуваат. Одеднаш повторно татнеж! „Еве го Човекот!“ извикува Бог со калливи раце и длето сè уште врело. Како презреана смоква една утроба тогаш отаде балдахинот се истркалува и распукнува


140

ГОЛЕМАТА МАЈКА

полна судбина и смраморен огин. „Еве ја Сенката!“ извикува Таа. Еве ги: Човек и Сенка, сè уште млади а глеј, им итаат во пресрет: постоење и небиднина – еве ги...


ГОЛЕМАТА МАЈКА

2. исчезнување Ти добро знаеш Голема Мајко како се рони космосот, ти добро знаеш Голема Мајко оти ние сме неговите ронки, сронувајќи се полека, лебдечки наразувајќи го твоето тело ко снегулки туѓинецот в маѓосан честак што го гонат кајшто сè почнува одново – исчезнувајќи! Ти добро ја знаеш Голема Мајко тајната на тркалото неуморно што ги придвижува животот и смртта, неумоливо што ги прибира противречностите нараснувајќи и нараснувајќи од нивната леплива твар ко окото на бесконечноста. нашите зеници не можат да го издржат тоа. Ти добро знаеш Голема Мајко негде клучалка тоа тркало дека има зад која се крие посветената арка која крај ќе стави на сè и почеток на сè Човекот што ќе го раздели од Сенката Огинот од Гранитот. нели еднаш со блесокот од тој клуч не мамеше во белината на твоите гради (нашето Сè и ништо) еднаш кога се поревавме против твоето млеко?

141


142

ГОЛЕМАТА МАЈКА


ГОЛЕМАТА МАЈКА

143

Драгана Ефтимова

ГОЛЕМАТА МАЈКА Таа нема име: Односно го прикрива името со некакви симболи. Во парталави алишта ги сокрива недостатоците на рапавата кожа, прекриени со историјата на вековите под своите искушенија. има брчки околу очите. Во нив е сонот на предците и нивните искушенија. Ја запишува историјата на моите предци. Сите наши сенки се заковани во нејзините маслинести очи. ноќта кога прооде Големата Мајка во дневната соба на куќата на мојата надеж воздишките на иднината се воздржаа од грижите на износените минути.

*** Сега, ги зашивам речениците во старите зборови и полека газам по пожолтените години на сеќавањето. Бегам по зборовите без метафори.


144

ГОЛЕМАТА МАЈКА

Сега повеќе не се присетувам на побелените погледи од страв заковани во полната месечина. Сега се одвојувам од Божјиот здив и дишам заедно со ударот на крилјата од пеперутката, во закованата прататковина на мечтите. Се одвојувам од каменот на мудроста и сите небесни бури на денот па талкам по работ на планетата патувајќи низ своите спомени. Го чекам отчукувањето на зората и раѓањето на новата Мајка.


ГОЛЕМАТА МАЈКА

145

Елена Пренџова

ГОЛЕМАТА МАЈКА По врзана со папоч ната врвца за домот. Божица пер сонифицира на во изглед на жена. Со вр ше ни об ли ни совршено обликувани низ своите рабови. Архитектура на живото родноста. Големата мајка – серодителка, култ на плодноста. Мајка на мајките.


146

ГОЛЕМАТА МАЈКА


ГОЛЕМАТА МАЈКА

147

Давор Стојановски

КИБЕЛА, МАГНА МАТЕР. 0.1 Ме откопаа ноќта со месечина прегризена од бебе па почнаа да ја вадат калта од десното око и ја симнаа честа на моето тело но Атис сè уште го нема. Споив сè што острото сечило на мажите разби: разделени села, отпетлани реки и развеани стебла. Ги дарив смислата и смртта со сонливост и живост девственоста на блудната жена ‹ ја вратив небото го сошив распарано од громот но Атис сè уште го нема. Од моите глинени дојки се опија градскиот блок и кралството од мермер и метал. Пресилно го скорнавте стракот на мојата коса од трева и свршивте за последен пат со вашите коски во моите бедра. Ви ги отшепотив сите познати тајни и моето камено срце престана да чука. и Атис повторно го нема.


148

ГОЛЕМАТА МАЈКА

Ме откопаа ноќта со месечина прегризена од бебе па го искупија од мене и животот и сонот за сметка на земната смисла и бесконечноста на смртта и сè уште ја чекаат мојата завршна алхемија. не вадете ја повеќе калта од моите очи! Отсега не сум ви мајка!


ГОЛЕМАТА МАЈКА

149

Славица Урумова

СЕРОДИТЕЛКА Кога зборовите го губат своето значење, останува нешто проникнато од вечноста кое е сетилно и симболично. Стварност која опстојува од неолитот... од животот пред илјадници години ... Совршено си извајана... дури и времето застана, восхитувајќи се од твојата ретка убавина на жена со цилиндрично тело, врежани кружни очи, веѓи, нос, коса прибрана во необична фризура, а околу вратот накит. Во твоите раце е сиот свет, а во твоите очи светлината. Ти молчиш, а тишината те издава, ништо не зборуваш, а премногу кажуваш. Бессмртниот принцип на времето кое не поминува и просторот кој постои е во силата и моќта,


150

ГОЛЕМАТА МАЈКА

во вечноста на Големата мајка присутна во домот, во светлоста на топлината и огништето. зарем нашата куќарка не наликува на кутивче, со поклопка одозгора, во кое се чувствуваме заштитени. Па и во утробата на жената, на Божицата Мајка се сочувува она што допрва треба да се роди, бидејќи утробата е првиот човеков дом, а подоцна прегратката и скутот на мајката. Телото станува дом за душата, а небото е негов прозорец низ кој проаѓа виделината, па полека почнува да го доживува просторот и да го освојува надевајќи се дека секогаш позади затворените очи ќе има чаша топло млеко, нежна мајчинска прегратка и пријатна аура од копнежот за безпрекорен сон, за внатрешен мир.


ГОЛЕМАТА МАЈКА

151

Слаѓана Атанасова

ГОЛЕМАТА БОЖИЦА Пред тебе покорност барам, пред боговите славам, Ти ликот на мајките го носиш од дамнини твојот облик пламенет е излеан и скаменет. ненадживеано, невидено суштество, о, жено со изобилие си полна о, жено од храброст си небесна молња, мајко на животворноста со утеха спас ни нудиш од смртта душата ни ја будиш. Ако твојата глава божице, го допира небото плодоносно – ти ги поиш полињата. Ако твојата утроба божице брзи води излева – невидено суштество се раѓа О, твоите нозе итаат бесно на куќата темел да бидат чесно. на твојот врат тогаш се обесува кандило што чади, а малите рачиња го чуваат во покривот од утробата да не се вади.


152

ГОЛЕМАТА МАЈКА

Божице жртво, мајко жртво Фортуно, цветна главо родилко на потомство на плодови умни и бесни. Ги лулаш децата и во сигурност човештвото го ставаш, ги храниш поколенијата страдни што адети ќе чуваат гладни... невино постоиш, со мудрост си полна чедо на самата себе, Раѓаш делови од себе, души нерасонети, од космосот гонети. О, Фортуно на отсјајот, Фортуно на бескрајот, Фортуно солзо што ги жалиш болните, што ги доиш гладните и што ги закопуваш мртвите. Маченичке во устата твоја крв црвена врие, во коски претворена со живост и заштита облаготворена. Смртта ја сокриваш, кога повторно со земја нè покриваш.


ГОЛЕМАТА МАЈКА

153

КРАТКИ БИО – БИБЛИОГРАФСКИ БЕЛЕШКИ ЗА ЗАСТАПЕНИТЕ АВТОРИ

МАТЕЈА МАТЕВСКИ

СЛАВКО ЈАНЕВСКИ

Поет, литературен и театарски критичар, есеист, преведувач од шпански, француски, руски. Роден 1929 год. во истамбул. завршил Филолошки факултет во Скопје. Работел на повеќе раководни места во областа на културата. Предавал историја на светската драма и театар на Факултетот за драмска уметност во Скопје. Бил уредник на „Млада литература“ и „Разгледи“, претседател на дПМ, на Советот на СВП и претседател на македонскиот ПЕн – центар. Член е на МАнУ и дописен член на северноамериканската Академија на шпански јазик, како и на Словенечката академија. добитник е на најпрестижните награди во Македонија, како и на повеќе значајни меѓународни награди. Автор е на дваесеттина поетски книги. неговата прва стихозбирка „дождови“ ( 1956 ) го внесе на големата врата модернизмот во современата македонска поезија. други поважни стихозбирки: „Рамноденица“, „Перуника“, „Липа“, „Раѓање на трагедијата“, „Црна Кула“, „завевања“, „Внатрешен предел“, „Ветерот и градот“, „Елегии за тебе“... неговата поезија е преведена на над дваесеттина јазици во светот.

Поет, раскажувач, романсиер, сценарист, сликар (Скопје 1920 – 2000). завршил техничко училиште. Бил директор и главен уредник на „Македонска книга“ и уредник на списанијата „нов ден“, „Современост“, и „Хоризонт“. Бил член на МАнУ, претседател на дПМ и на Советот на СВП. добитник е на врвни литерарни награди кај нас. Познат е како детски писател ( посебно бајката за деца „шекерна приказна“ ). Поважни прозни дела, романи: „Село зад седумте јасени“, „две Марии“, романескната трилогија „Миракули на грозоморноста“, како и циклусот романи за Кукулино. Поважни книги поезија: „Леб и камен“, „Евангелие по итар Пејо“, „Каинавелија“, „Оковано јаболко“, „Астропеус“. Преведуван е на повеќе јазици во светот.

БИСТРИЦА МИРКУЛОВСКА Поет, раскажувач, писател за деца, преведувач од словенечки. Родена 1930 г. во Скопје. завршила Филозофски факултет во Скопје и постдипломски студии од областа на македонистиката. Работела како професор на Филолошкиот факул-


154

ГОЛЕМАТА МАЈКА

тет во Скопје. Била лектор по македонски јазик во Брно, Чешка. Поетски книги: „Цвеќенца“, „Празнични виделини“, „Прекршен лет“. Автор е на романот за деца „Клучарчиња“, книгата раскази „Виножито“, како и книгите бајки „Ѕвездена“ и „Виделина“.

СЛВКА МАНЕВА Раскажувач, писател за деца, преведувач (Скопје 1934 – 2010). завршила Филолошки факултет во Скопје. Работела како гимназиски професор. Книги раскази за деца: „Приказни без крај“, „Од дедо Марковото торбуле“, „Климент Охридски“. Книги сказни: „Џиџа“, „Камчето на сеќавањето“, „Волшебниот лифт“, „Виножито што пее“, „Ѕвездени перничиња“.

ГОРДАНА МИХАИЛОВА – БОШНАКОВСКА Поет, прозаист, есеист. Родена 1940 во Битола. Била уредник во Македонската телевизија. Поетски книги: „Времето го нема“, „Писма“, „нордиски љубовници“, „Њујорксон“, „Планини од картонски кутии“, „Пораките на далечините, „Толкување на морето“. Книги раскази: „Босфорско лето“ и „Потрага по приказна“. добитник е на наградата „Браќа Миладиновци“.

ПАВЛИНА КЛИМКАР – МЕАНџИЕВА Поет.Родена 1949 во Велес. завршила Филолошки факултет во Скопје. Работела како професор во родниот град. Автор е на дваесетина книги поезија: „Тивнеења“,

неразделности“, Тишина што се слуша“, Жежок ветер“, „Голтач на огнови“, „Уста полна светлина“ и други.

ЕСАД БАЈРАМ Поет, раскажувач, преведувач од турски. Роден е во Охрид 1934. завршил Виша педагошка школа во Скопје. Бил општествено – политички работник. Поважни книги поезија: „Плетенки“, „дневни прошетки“, „Баждарина“, „Вечерни прошетки“, „Палата на душата“, „Ѕвездени бакнежи“, (поезија за деца). Книги раскази: „Аливели“, „Пеливани во кујната“.

ВЛАДА УРОШЕВИЌ Поет, раскажувач, романсиер, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологичар, преведувач. Роден во Скопје 1934 г. завршил Филозофски факултет во Скопје. Бил доцент на катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје, потоа редовен професор. Член на МАнУ. дописен член на академијата во Луксембург. Поважни книги поезија: „Еден друг град“, „невиделица“, „нуркачко ѕвоно“, „Ѕвездена терезија“, „Хипнополис“, „Панична планета“, и други. Поважни книги раскази: „знаци“, „ноќниот пајтон“, „Лов на еднорози“, „невестата на змејот“. Автор е на десетина значајни книги, есеи и критика за македонската и светската литература. Составувач на повеќе значајни антологии на македонската и француската поезија. Посебен специјалист за надреализмот и фантастичната литература. Преведувач на Бодлер, Рембо и други значајни француски поети. добитник на високи литературни награди и признанија. Преведуван е на повеќе јазици во Европа и светот.


ГОЛЕМАТА МАЈКА

МИХАИЛ РЕНџОВ Поет и преведувач. Роден 1936 г. во штип. завршил правен факултет во Скопје. Работел во нУБ „Климент Охридски“ во Скопје. Автор е на дваесетина поетски книги: „иселенк на огнот“, „ноќно растење на зборот“, „на работ од сонот“, „Страв“, „Полноќ“, „нерези“, „Феникс“, „Псалми“, и други. Автор е и на неколку книги за деца. Од неговите преводи е познат препевот на македонски на епот „Голгамеш“. добитник е на врвни награди и признанија. двоен добитник е на наградата за поема „Григор Прличев“.

ТРАЈАН ПЕТРОВСКИ Поет, раскажувач, романсиер, публицист, преведувач. Роден 1939 во с. Арбиново, охридско. завршил правен факултет во Скопје. Бил амбасадор на Р.Македонија во Турција, Саудиска арабија, Обединети арапски емирати и Египет. Поважни книги поезија: „и падина и гороцвет“, „Опаленик“, „Водици“, „Анадолски ветрови“, „Беседење по дервишки“ и други. Книги раскази: „Време литово и аждерово“, „Смалување на човекот“, „Житија караормански“. Романи: „Асхаровци“, „заклетва за простодушните“, „здравица за потомците“, „дервишки прстен“ и други. Автор е и на книги за деца. добитник е на повеќе литературни награди.

СВЕТЛАНА ХРИСТОВА – ЈОЦИЌ Поет, есеист, писател за деца. Родена 1941 во Ресен. завршила Филозофски факултет во Скопје. Работела како новинар во Радио Скопје. Била претседател на дПМ. Сега е претседател на Меѓународната ма-

155

нифестација, Македонски духовни конаци и главен уредник на списанието „Портал“. Автор е на дваесетина книги поезија, меќу кои: „Калесница“, „Скршен ковчег“, „Самечка ќелија“, „Хагада“, „Бесмертна“, „Поетски устав“, „Големата молитва“, „на ште срце“ и други. Автор е на неколку книги за деца. добитник е на наградата „Браќа Миладиновци“.

ДУШИЦА ИЛИН Поет. Родена 1944 во Тетово. завршила средно образование. Работела во Македонската телевизија. Сега живее и твори во Белград. Автор е на десетина книги поезија: „Фреска на срцето“, „Сизифина“, „Ветер во кафез“, „Толкување на стравот“...

МИРЈАНА ТРЕНЧЕВА Поет и преведувач. Родена 1939 г. во делчево. завршила француски јазик и литература на Филолошкиот факултет во скопје. Работела како професор. Автор е на повеќе книги поезија: „Стебла“, „Простори“, „Галерија“, и други. Од француски го има преведено Пол Валери („Меланж“).

ПЕТАР НАНЕВСКИ Поет и сликар. Роден 1935 во с. Ваташа – Кавадарци. завршил Педагошка академија. Работел во музејот во Кавадарци. Автор е на петнаесетина книги поезија, меѓу кои: „Починка и врвици“, „Галии низ зумбулите“, „Сликар меѓу ѕуници“, „Грчот на Лаокоон“, „Фрлач на дискови“, „Хетери, музи и мајстори“ и други.


156

ГОЛЕМАТА МАЈКА

Поет, есеист, критичар. Роден 1943 г. во Гевгелија. завршил Филолошки факултет во Скопје. Работел како професор во родниот град. Автор е на стихозбирките: „Сончогледово око“, „Цветови на слободата“, „Полноќен сонопис“, „Сономорје“, „Слики од југот“, „зорници во сонот“, „Сонети без почеток и крај“.

книги поезија меѓу кои:”шепоти“, „Толкување на патот“, „Големи и други работи“, „давање облици“, „Болна куќа“, „Плодород“, „Пофалба на адот“, „Толкување на храмот“ и други. Автор е на неколку книги за деца. Преведувач и афирматор на македонската литература во Србија. добитник на наградата „Браќа Миладиновци“. Преведуван на повеќе јазици во странство.

ЉЕРКА ТОТ НАУМОВА

ЕФТИМ КЛЕТНИКОВ

Поет. Родена во дарувар (Р. Хрватска). Економски факултет и постдипломски студии завршила во Скопје. Магистер на економски науки. Поетски книги: „шепот на љубовта“, „далечини“, „Призвуци“, „Серафимово око“, „Раскумено време“, „допирна точка“, „измирска патека“, „Светлина очекувам“, „дождот ја носи вистината“, „Вријеме које виче није моје“ (загреб, 2005), „Потиснуте паралеле“ (загреб, 2007). Преведувана е на повеќе јазици.

Поет, есеист, критичар, преведувач, антологичар, писател за деца. завршил Филозофски факултет во Скопје. Бил директор на СВП. Автор е на дваесетина книги поезија меѓу кои: „Модер вир“, „зраци и самраци“, „Гласови“, „Триок“, „Белутрак“, „Тој провев космички“, „Живиот камен“, „Гоја на пат за алба“, „нескажливо“, и други. има објавено книга со бајки „Тајната на златниот цвет“ и драмите за деца и млади „Среќниот принц и ластовицата“ и „Цар Салтан“. има составено неколку репрезентативни антологии на македонската поезија во странство. Преведува од француски, руски, словенечки, српски, бугарски. добитник е на високи награди и признанија кај нас и во странство. Преведуван е на повеќе јазици.

ИЛИЈА КАРАЈАНОВ

КИРИЛ КАНГОВ Поет. Роден 1948 во Гевгелија. завршил правен факултет во Скопје. Автор е на поетските книги „Вардариум“, и „Вардарско време“.

ФИМА КЛЕТНИКОВА РИСТО ВАСИЛЕВСКИ Поет, есеист, критичар, преведувач. Роден 1943 г. во с. наколец, Преспа. завршил средно стручно училиште. Живее и работи во Смедерево (Р.Србија). Член е на МАнУ. има објавено дваесетина

Поет. Родена 1948 г. Во Скопје. Студирала на правниот факултет во Скопје. Ги објавила поетските книги: „Глина и сонце“, „ден испратен од небото“, „Обоени тишини“ и „небо“.


ГОЛЕМАТА МАЈКА

157

ПЕТРЕ БАКЕВСКИ

ВЕЛЕ СМИЛЕВСКИ

Поет, раскажувач, романсиер, драмски писател, театарски критичар. Роден 1947 г. во Кавадарци. Работел како новинар, театарски критичар и уредник. Бил претседател на советот на СВП. Поважни поетски книги: „Пат до летотот“, „Крикот на паунот“, „Лицето на времето“, „Сенката на сонот“, „Живи ѕвезди“, „Сто сонети“, „Балади“, „Атлантида“ и други. Романи: „Црно јагне, див Балкан“, „Кога полжавите летаа“, „Пауните умираат на небото“, „Фати го ветерот“. Петре Бакевски е исто така автор на повеќе книги раскази, десетина драми и повеќе публицистички книги. добитник е на наградата „Браќа Миладиновци“, и други признанија. Преведуван е во посебни книги и избори на повеќе странски јазици.

Поет, критичар и есеист. Роден во ново Село, демирхисарско. доктор по филолошки науки. Работи во институтот за македонски јазик и литература. Бил претседател на дПМ и на Советот на СВП. Сега е главен и одговорен уредник на книжевниот гласник „Синтези“. Ги објавил поетските книги: „Слика што согорува“, „Кафез“, „диши длабоко“, „Одзив на здивот“, „Гребнатинки“, „Педесет песни“, „Педесет допевања“ и „Совршена тишина“. има објавено повеќе критичко – есеистички и научни дела. за своето творештво е добитник на повеќе литературни награди и признанија. Преведен е на англиски, француски и руски јазик.

ВЕРА ЧЕЈКОВСКА РАДЕ СИЛЈАН Поет, есеист, критичар, преведувач. Роден 1950 г. во Жван, демирхисарско. завршил Филолошки факултет во Скопје. Основач и главен уредник на книгоиздателството „Матица Македонска“ – Скопје. Автор е на десетина поетски книги: „Третиот лик на времето“, „Сенки на јавето“, „Пресликано време“, „Гласот на претците“, „Горчлив вилает“, „Сенки на татковината“, „Врвови“, „Кругови“. Автор е и на повеќе критичко – есеистички книги, како и антологии на македонска современа поезија, раскази и драми. добитник е на наградата „Браќа Миладиновци“ и други престижни литературни признанија. неговата поезија во посебни книги и избори е објавувана на англиски, руски, турски, француски, украински и други јазици.

Пет и есеист. Родена 1954 г. во Скопје. завршила природно – математички факултет во Скопје. Постдипломски студии по физика завршила во загреб. Работи во сеизмолошката опсерваторија на Природно – математичкиот факултет во Скопје. Автор е на поетските книги: „Човек и врата“, „Множење на словото“, „Опит“, и „Врата“. добитник е на неколку награди за својата поезија. Преведувана е на повеќе јазици.

КАТИЦА ЌУЛАВКОВА Поет, литературен теоретичар, критичар, есеист, антологичар. завршила Филозофско – историски факултет во Скопје. Предава на Катедрата за општа и компаративна книжевност. Била претседател на македонскиот ПЕн центар. Член е на


158

ГОЛЕМАТА МАЈКА

МАнУ. Поважни поетски книги: „Благовести“, „нашиот согласник“, „нова пот“, „дива мисла“, „Жедби“, „Престапни песни“, „домино“, „изгон на злото“, има објавено и повеќе критичко – есеистички и литературно – теориски книги. добитник е на наградата „Браќа Милдиновци“. Преведувана е на повеќе јазици.

САНДЕ СТОЈЧЕВСКИ Поет, есеист, критичар. Роден 1948 г. во с. Студена Бара, Кумановско. завршил Филолошки факултет во Скопје. Работи во нУБ „Свети Климент Охридски“. Бил директор на „Македонска книга“ и главен уредник на списанието „Стремеж“. Автор е на поетските книги: „Кралот на лебедите“, „Фенери низ маглата“, „златна гранка“, „залив пред јасното“, „Кубоа“, „Скалд“, „Врв“, „Абор гора“, „Узда од ѕвезда“. има објавено и повеќе критичко – есеистички книги. добитник е на наградата „Браќа Миладиновци“ и други признанија. Преведуван е на повеќе светски јазици.

РИСТО ЛАЗАРОВ Поет, критичар, публицист, преведувач. Роден 1949 г. во штип. завршил Филолошки факултет во Скопје. долгогодишен новинар. Сега е директор на телевизија „Телма“. Претседател е на Македонскиот ПЕн центар. Автор е на стихозбирките: „ноќна птица во паркот“, „Јана“, „Грозен кикот“, „Капки кисела вистина“, „Одвајнадежна“, „Силјан штркот уште еднаш ја облетува Македонија“, „Јаве“, „Хераклеа“ и други. добитник е на наградата „Браќа Миладиновци“. Пишува и детска поезија. Преведуван е на повеќе јазици.

БИЛЈАНА СТАНКОВСКА Поет, раскажувач,писател за деца. Родена 1951 во с. дубровница, Кривопаланечко. завршила Филолошки факултет во Скопје. Работи во градската библиотека во Куманово. Поетски книги: „Ограничен простор“, „Миг за пресоздавање“, „Светлиот пат“, „Сказни и сторенија за поколенија“, „Реставрација на светлината“. Романи: „Разговорливи ветрови“ и „замисли желба“.

ВЕСНА АЦЕВСКА Поет, раскажувач, преведувач. Родена 1952 во Скопје. Работи во институтот за национална историја во Скопје. Ги објавила поетските книги: „Подготовки за претстава“, „Карпа за скок“, „Котва за ное“, „неред во огледалото“, „Кула во зборот“ и „Столисник“. Преведувач на финскиот еп „Калевала“. добитник е на наградата „Браќа Миладиновци“.

СЛАВЕ ЃОРЃО ДИМОСКИ Поет. Роден 1959 г. во Велестово, Охрид. завршил Филолошки факултет во Скопје. Работи како професор во Охрид. Основач е на поетската манифестација во родното Велестово. Објавил повеќе поетски книги: „Гравири“, „Проект“, „Студен порив“, „Последните ракописи“, „Спореден пат“, „Предмети и аргументи“, „Форми на страста“, „Темно место“. добитник е на наградата „Браќа Миладиновци“. Преведуван е на англиски, руски, француски, и други јазици.


ГОЛЕМАТА МАЈКА

БОРЧЕ ПАНОВ Поет и есеист. Роден 1961 во Радовиш. завршил Филолошки факултет во Скопје. Работи во Локалната самоуправа во Радовиш. Поважни поетски книги: „што виде Чарли Ч од наопаку“, „Циклонско око“, „Мојот двојник не размислува како двојник“, „Стоп Чарли“, „Такт“, и „Гатанка од стакло“.

159

ЈОВИЦА ТАСЕВСКИ - ЕТЕРНИЈАН Поет, есеист и критичар. Роден 1976 година во Скопје.дипломирал општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет "Блаже Конески" во Скопје. Автор е на книгите: „нешто се слуша", „Визии, Глагол", „Веда", „Постојаното, плимата", „Клатно", „небесни стражи", „Посоки и огледи" и „Синтакса на светлината".

ИРЕНА ПАВЛОВА ДЕ ОДОРИКО Поет, прозаист, критичар, есеист, преведувач. Родена во Велес. завршила Филолошки факултет во Скопје. Работи како новинар во телевизија Телма. Поетски книги: „Велзевул“, „новата Ева“, „деколте. длабоко“.

СУЗАНА В. СПАСОВСКА Поет, литературен теоретичар и есеист. Родена 1972 во Ротердам (Холандија). дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје на компаративна книжевност, каде и магистрирала.Поетски книги: „Љубов и заговор“, „Смртно писмо“, „Божествена жена“. Работи и живее како слободен уметник.

ЕМИЛ КАЛЕШКОВСКИ Поет. Роден 1977 г. во Скопје. Поетски книги: „Сновиденија на разорениот ум“, „Ру“, „Сонцето понекогаш“.

ДУШКО КРСТЕВСКИ Поет и есеист. Роден 1981 г. во Скопје. дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје македонска и јужнословенска книжевност. Работи како демонстратор по предметот Современа македонска литература. Објавува во периодиката поезија и есеи. Се занимава и со музичка критика.

ФИЛИП КЛЕТНИКОВ НАТАША БУНТЕВСКА Поет. Родена 1973 г. во Скопје. завршила Филолошки факултет во Скопје. Работи како новинар. Поетски книги: „Мали вечности“, „Горниот град“.

Поет, есеист, раскажувач. Роден 1984 г. во Скопје.дипломирал германистика на Филолошкиот факултет во Скопје. Поетска книга: „некаде помеѓу“. Објавува есеи и раскази во литературната периодика.


160

ГОЛЕМАТА МАЈКА

ДРАГАНА ЕФТИМОВА

СЛАВИЦА УРУМОВА

Поет. Родена 1984 г. во Скопје. дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје, југословенска книжевност со македонски јазик. Поетска книга: „Постоењето на динамиката“. Покрај поезија пишува и кратки раскази и драмски текстови.

Поет. Родена 1987 г. во Скопје. Апсолвент на Филолошкиот факултет во Скопје. Поетски книги: „Кога љубовта цути“, „Лавиринт на љубовта“, „Сложувалка“, „искри на љубовта“, „Пајтон на времето“.

СЛАЃАНА АТАНАСОВА ЕЛЕНА ПРЕНџОВА Поет. Родена 1985 г. во Скопје. дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје, англиски јазик и книжевност. Поетски книги: „Јас“, „Таа“. Покрај поезија пишува и објавува во периодиката и раскази и есеи. Работи како демонстратор на Катедрата за англиска литература на Филолошкиот факултет во Скопје.

ДАВОР СТОЈАНОВСКИ Поет и драмски автор. Роден 1987 г. во Скопје. Апсолвент на Катедрата за македонска и јужнословенска книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје.Ја има објавено театарската пиеса „Буна на времињата“ наградена со наградата „Ана Франк“. наскоро ќе дебитира со роман.

Поет и раскажувач. Родена 1988 г. во Блатец, источна Македонија.Студент на општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. Поетски книги: „Керубин во крчмата“, „Луѓе во вакум“.


ГОЛЕМАТА МАЈКА

161

СОДРЖИНА Матеја Матевски ПОТЕКЛА............................................................................................................................11 Славко Јаневски МАЈКАТА нА СиТЕ МРТВи.........................................................................................31 Бистрица Миркуловска Од нЕОЛиТОТ дО дЕнОТ дЕнЕшЕн ....................................................................37 Славка Манева ГОЛЕМОТО ОТКРиТиЕ ................................................................................................41 Косара Гочкова МОЛиТВА нА МАЈКиТЕ...............................................................................................43 Славка Арсова нА МОЈОТ ГРАд...............................................................................................................45 Гордана Михаилова Бошнакоска ЛЕнОРА - МОЈАТА МАЈКА ...........................................................................................47 Павлина Климкар Меанџиева Од ТКАЕЖОТ БиднинА .............................................................................................59 Есад Ба,јрам МАЈКА..................................................................................................................................61 Влада Урошевиќ дВАнАЕСЕТ зАПиСи зА ГОЛЕМАТА МАЈКА ......................................................63 Михаил Ренџов ГОЛЕМАТА МАЈКА ..........................................................................................................67 СОнЕТ зА ГЛинАТА ......................................................................................................68 Трајан Петровски ПЕЕЊЕ нА ВЕзиЛКАТА ................................................................................................71 Светлана Христова - Јоциќ ЕА и ОГнОТ ......................................................................................................................73 ЕА и РАСАдОТ .................................................................................................................74 душица илин ГОЛЕМАТА МАЈКА ..........................................................................................................75 Мирјана Тренчева ГОЛЕМАТА МАЈКА ..........................................................................................................77 Петар наневски ГОЛЕМАТА МАЈКА ..........................................................................................................79 илија Карајанов СОнОТ нА ГОЛЕМАТА МАЈКА ..................................................................................81 Љерка Тот наумова ПРЕСВЕТА зАКРиЛниЦА............................................................................................83 Кирил Кангов ГОВОРОТ нА ГОЛЕМАТА МАЈКА..............................................................................85 Ристо Василевски ВРЕМЕ, ФРЕСКА ...............................................................................................................89 Ефтим Клетников РиБА.....................................................................................................................................91 Фима Клетникова ГОЛЕМАТА МАЈКА ..........................................................................................................93


162

ГОЛЕМАТА МАЈКА

Петре Бакевски ВОнВРЕМЕнСКА СРЕдБА СО МАЈКАТА КРЕПиТЕЛКА нА СУдБинАТА..................................................................................95 Билјана Станковска ГОЛЕМАТА МАЈКА ........................................................................................................101 Раде Силјан нАшАТА ГОЛЕМА МАЈКА .........................................................................................103 Веле Смилевски ГО СЛиКАМ ПРВиОТ дОПиР..................................................................................105 Вера Чејковска ГОЛЕМАТА МАЈКА ........................................................................................................107 Катица Ќулавкова ГОЛЕМАТА МАЈКА ........................................................................................................109 Санде Стојчевски ТАА......................................................................................................................................111 Весна Ацевска нАзАд ВО ЈАзиКОТ.....................................................................................................113 Ристо Лазаров МАЈКА КАКО МАЈКА....................................................................................................115 Славе Ѓерѓо димоски дОАЃА ГОЛЕМАТА МАЈКА ВЕЧнАТА дЕВиЦА ..................................................117 Борче Панов БРОЈАниЦА ....................................................................................................................119 ирена Павлова де Одорико иЛи - иЛи ГОЛЕМАТА МАЈКА.................................................................................121 Сузана В. Спасовска ТАЈниТЕ нА БОЖиЦАТА МАЈКА ...........................................................................123 наташа Бунтеска ГОЛЕМАТА МАЈКА ........................................................................................................129 Јовица Тасевски - Етернијан зАБОРАВЕнАТА БОЖиЦА ........................................................................................131 Емил Калешковски ГОЛЕМиОТ, ГОЛЕМАТА иЛи ГОЛЕМ МАЈКА ....................................................133 дучко Крстевски FLASHBACK NOCTURNO............................................................................................135 Филип Клетников ГОЛЕМАТА МАЈКА ........................................................................................................139 драгана Ефтимова ГОЛЕМАТА МАЈКА ........................................................................................................143 Елена Пренџова ГОЛЕМАТА МАЈКА ........................................................................................................145 давор Стојановски КиБЕЛА, МАГнА МАТЕР.0.1 ......................................................................................147 Славица Урумова СЕРОдиТЕЛКА...............................................................................................................149 Слаѓана Атанасова ГОЛЕМАТА БОЖиЦА...................................................................................................151


од предговорот на Ефтим Клетников

ДИРЕКЦИЈА ЗА КУЛТУРА И УМЕТНОСТ НА СКОПЈЕ

ГОЛЕМАТА МАЈКА

В

о ниту една поезија на некој народ или племе не е одмината темата на Големата Мајка, на женскиот принцип на постоењето што се манифестира преку неа. Нејзиниот примордијален звук, нејзината архетипска слика се спровира и доаѓа до нас низ слоевите на времето од самата зора на човековото постоење наваму. Така е и во современата македонска поезија. Песните на современите македонски поети во оваа книга на таа тема на доволно моќен и убедлив начин говорат за тоа. Тие, јунговски речено, на убав начин се потврдуваат како антени на архетипското наследство оставено од блиските и далечните претци.

ГОЛЕМАТА МАЈКА


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.