Maturska parada katalog 2012

Page 1


Во 2007 година на иницијатива и во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје и Танцовиот клуб “Ритам плус” од Скопје, а со поддршка од Агенцијата за млади и спорт и Градот Скопје за првпат во Република Македонија беше одржана манифестацијата “Матурска парада”.


Матурската парада е: - празник на матурантите со свечено дефиле низ улиците на градот - истовремено играње на танцот квадрил во стотина европски градови - музука и танц, радост и опуштање, дружба и забава на матурантите Матурската парада е меѓународна манифестација која е покрената во 2001 година во Словенија. Идеен творец на манифестацијата е Томаж Амброж од Танцовата школа „Уршка“ од Љубљана. Носители на ексклузивното право за организација на „Матурската парада“ во Македонија се Дирекцијата за култура и уметност на Скопје и Танцовиот клуб „Ритам плус“ од Скопје Ексклузивноста на манифестацијата е во тоа што на неа активно може да учествуваат само актуелните матуранти, тоа е само нивна манифестација. Нејзината идеја е одбележувањето на матурирањето на сите матуранти во градот со заедничко одигрување на танцот квадрил.


„Матурската парада” овозможува на едно место, во исто време да се сретнат и да бидат видени матурантите не само од едно училиште туку сите матуранти во градот. Матурантите да бидат сите заедно, да се дружат меѓусебно, а нивните роднини и пријатели, граѓаните и јавноста воопшто, да ги видат на едно место. Самото одигрување на танцот и манифестацијата која во таа пригода се одржува (секоја година тоа е точно напладне, во 12,00 часот, третиот петок во месецот мај) претставува само заокружување на еден подолготраен процес. Само врв на сантата лед која претставува еден процес на обука и подготовки на матурантие за одигрување на танцот, организација и подготовка на самата манифестација, обезбедување на сите неопходни потреби. Организациско техничките детали се едниот сегмент на овој проект, вториот, оној суштинскиот е работата со младите луѓе, со матурантите. Во процесот на обука за одигрување на танцот младите луѓе не само што се учат да ги совладаат соодветните чекори и движења, тие истовремено подлабоко се запознаваат со танцовата култура, со музиката. Тие покрај “квадрилот” учат и други танци со што се стекнуваат со вештини, кои остануваат како нивно знаење за целиот живот, за секоја соодветна пригода и место.


Покрај ова, во последните три години составен дел на подготовките и на самата завршна манифестација е кажувањето на изјавата – “заклетва” за ненасилство од страна на учесниците во сите градови во земјите во кои се одржува “Матурската парада”, на тој начин не само што во исто време на иста музика во различни градови танцуваат младите, тие, генерациите кои ќе го градат светот во иднина, во исто време од различни делови на светот ја испраќаат пораката за ненасилсто и толеранција.


Терминот квадрил првпат се среќава во 17 век како дел од воените паради. Самиот збор има шпански корени - cuadrillo, со значење „мал правоаголник“ затоа што тоа е основната форма во која се поставени двата пара и нивните движења кои учествуваат во овој танц. Се смета дека танцот квадрил потекнува од Франција каде се појавува во втората половина на 18 век, а во почетокот на 19 век дури и се предавал во некои училишта со што станал широко распространет и негови модификации се среќаваат многу често и во многу други држави. Тоа е танц во кој учестуваат две двојки односно два пара кои своите движењеа ги изведуваат во просторот во форма на квадрат. Обично се состои од 5 или 6 дела, а за „Матурската парада“ одбрани се 4 дела: Le Pantalon, L’été, La Pastourelle, Finale и самиот танц трае 8 минути. За “Матурската парада” овој танц, кој се игра на музика од Штраусовата опера “Лилјакот”, е така адаприран да биде што поприфатлив за учениците и да можат релтивно лесно да го совладаат. Подготовките односно обуката на матурантите во Скопје за одигрувањето на “квадрилот” се врши од стручни инструктори од Танцовиот клуб “Ритам плус”. Самата обука трае десетина наставни часови кои се одржуваат во средните училишта и во координација со нив во смисла на обезбедување на просторот и времето, со цел да не се нарушува и попречува редовниот наставен процес. Оваа обука обично се одржува во второто полугодие. Секој час започнува со кажување на изјавата за ненасилство.


Елемент кој оваа манифестација ја прави попривлечна и поатрактивна како за самите учесници така и за најшироката јавност е што таа секоја година се прави обид да се постави Гинисов рекорд во категоријата истовремено синхронизирано одигрување на еден иста танц на различни места, односно во различни градови. Во изминатите години учесниците од стотина градови од Словенија, Италија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Романија, Бугарија, Македонија и Албанија, во шест наврати поставуваа вакви рекорди. Вкупниот број на учесници на “Матурската парада” во изминатите 11 години во сите градови учесници изнесува 207.792 матуранти.


Матурска парада низ годините 25 MAJ 2001 3.128 танчери во Љубљана (прва „Матурска парада“) 2007 - 23.408 танчери во 45 града во 5 држави (Македонија за прпат учествува на „Матурската парада“) 2008 - 27.040 танчери во 44 града во 6 држави 2009 - 26.924 танчери, 60 градови во 7 држави 2010 - 26.064 танчери во 59 градови во 8 држави 2011 - 25.812 танчери во 57 града во 7 држави


„Матурска парада“ во Македонија: 18 мај 2007 16 мај 2008 15 мај 2009 Валандово 21 мај 2010 Велес 20 мај 2011

692 танчери во Скопје и Охрид 1.404 танчери во Скопје, Велес, Охрид, Струмица 1.472 танчери во Скопје, Струмица, велес, охрид, 1.090 танчери во Скопје, Струга, Охрид, Кавадарци, 1.840 танчери во Скопје, Струга, Охрид, Струмица


Завршниот дел на манифестацијата секогаш е проследено со присуство на специјални гости: највискоки претставници од градот и државата, амбасадори, како и бројна публика. Официјалниот почеток на манифестацијата го означува Градоначалникот на градот, а првите официјални честитки до матурантите на самото место се упатени од страна на Амбасадорот на Европската Унија во Скопје и претставниците на државните институции.


„Матурската парада“ предизвикува огромно внимание кај медиумите, како во најавата така и на самиот ден на одржувањето. Тоа е настан на денот на кој присуствуваат и го одбележуваат новинари, сниматели и фоторепортери од сите медиуми за кои тоа е првата, ударна вест, вест за насловната страница.


Град Скопје

Дирекција за култура и уметност - Скопје Directorate of Culture and Arts - Skopje бул. „Св.Климент Охридски” 58 б пошт. фах 519 тел/факс: ++389 02 3165 064, 3222 341, 3238 372 e-mail: skleto@unet.com.mk www.dku.org.mk

ТСК Ритам Плус Ул. Борка Талески 12б, Скопје тел. + 389 71 34 64 53 , + 389 70 888 317 e-mail: info@ritamplus.com.mk www.ritamplus.com.mk


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.