БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК
Va[ БРОЈ 1
Лекови и храна
Како правилно да ги консумирате
Нашите лековити билки нашето зелено злато
Здравата храна
пат до блескаво телесно и духовно здравје
Имунитет Причини за слабеење и совети за зајакнување
ЈАНУАРИ - ФЕВРУАРИ 2015
Содржина
Имунитет Причини за слабеење и совети за зајакнување
стр.4-6
Есен зима Доба на настинки и грип стр.8
Дебелината пандемија кај младите стр.10
Женско здравје Нега на нејзината кожа стр.12-13
Лекови и храна
како правилно да ги консумирате
стр.14-15
Нашите лековити билки нашето зелено злато стр.18-20
Здравата храна
пат до блескаво телесно и духовно здравје
Почитувани читатели, Со големо задоволство ви го претставуваме првиот број на списанието Ваш аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и во списанието ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто. Пред нас е една голема заедничка цел: да го зачуваме и подобриме вашето здравје, да ги лекуваме или ублажиме вашите здравствени проблеми, и пред сè да дејствуваме заеднички за подобрување на квалитетот на вашиот живот. Вашата информираност е пресудна за успехот од лекувањето и затоа ќе се обидеме да ви даваме корисни и квалитетни информации, кои ќе ги задоволат вашите интереси и ќе придонесат за добар ефект од лекувањето. Аптеката како здравствена установа и фармацевтите како компетентни професионалци, покрај лекарите, имаат централно место во давањето здравствена заштита, во лекувањето, но и во здравственото просветување кои се предуслов за успешно, правилно и комплетно лекување. Во првиот број ќе начнеме неколку интересни теми, кои се надеваме дека ќе влијаат на вашиот начин на размислување за употребата на лековите и здравиот начин на живеење. Соработката со вас, вашите мислења и пројавените интереси за одредени теми ќе ни бидат најважни при изготвувањето на следните броеви од нашето и ваше списание. Болестите на современиот свет и сè повисоките барања за квалитетен живот, новите можности за навремено откривање и ефикасно лекување, како и сè поизразените потреби на поединците и општеството за повисок квалитет на животот без инвалидност и болка и со повисока работоспособност, бараат од нас, здравствените професионалци, и од вас, граѓаните, добра информираност и соработка. Промените во начинот на живот и исхрана, стресните состојби и сè поголемата и почеста употреба на лекови и други средства, од друга страна, бара од нас постојано проучување и давање квалитетни информации на граѓаните за да се избегнат штетните последици врз здравјето. Прашајте го вашиот фармацевт. Tој е експерт за лекови, најдостапниот здравствен работник и последниот здравствен професионалец со кој се сретнувате пред да ги користите лековите.
Ваш аптекар
стр.22-23
Издава Македонијалек ДООЕЛ, Скопје Боца Иванова бр.1 Тел:+389 2 261 49 49 maklek@makedonijalek.com.mk www.makedonijalek.com.mk
Va[
Печатено на 12.01.2015 година
Тираж:30.000
ваш аптекар
Уредник Панче Гелевски Лектор Катериниа Митиќ Дизајн Предраг Андонов
јануари - февруари 2015
3
имунитет
ПРИЧИНИ
ЗА СЛАБЕЕЊЕ И СОВЕТИ ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ИМУНИТЕТОТ
)))
НЕДОВОЛНА ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ За време на вежбањето се зголемува циркулацијата во организмот, а тоа пак го зголемува ослободувањето на токсините. Зголемената циркулација го стимулира производството на антитела и бели крвни клетки, кои се најважни за одбрана од инфекции. Доволно е дневно да пешачите од 20 до 30 минути за да почне подобро да функционира вашиот имунолошки систем.
))) 4
)))
НЕПРАВИЛНА ИСХРАНА Покрај борбата со несаканите микроорганизми, вашиот имунолошки систем се активира и кога консумирате храна на која сте нетолерантни или алергични. Индустриски обработената храна изобилува со маснотии, шеќери, големи количини натриум и јаглехидрати коишто можат да бидат многу опасни за вашиот имунолошки систем. Доколку сакате да го зајакнете, избегнувајте храна што содржи големо количество шеќери и брза и индустриски обработена храна. Индустриски обработената храна ги има загубено најголемиот дел од хранливите состојки, вклучувајќи ги влакната, витамините, и единствено што содржи се калориите.
Сува слузокожа во носната шуплина и темножолта урина како последица на недостаток на течности во организмот се најчестите симптоми за ослабен имунитет
ваш аптекар
јануари - февруари 2015
И
)))
НЕДОСТАТОК ОД СОН Без соодветно количество сон, имунолошкиот систем не добива можност да се обнови и да зајакне, туку, напротив, станува послаб. Недостатокот од сон е тесно поврзан со намаленото ниво на Т-клетки. Тоа се вид бели крвни клетки кои му помагаат на организмот да се одбрани од инфекциите и од болестите. Многу истражувања покажуваат дека недостатокот од сон го зголемува ризикот од различни заболувања.
мунолошкиот систем ја претставува одбранбената сила на човековиот организам во борбата со бактериите, вирусите, габичките и другите „агресори” на човековото тело. Имунолошкиот систем, исто така, помага да се спречи формирањето на канцерогени клетки. Постојат два типа на имунитет: вроден и стекнат. Вродениот имунитет се вика уште и природен. Тој е секогаш присутен кај
здравите луѓе и претставува прва линија на одбрана од микроорганизмите. Стекнатиот имунитет се вика уште адаптивен или специфичен, бидејќи се адаптира на типот на микроорганизмите. Се развива бавно и учествува во подоцнежната фаза на одбрана од инфекции. Имунолошкиот одговор е координирана реакција на вродениот имунитет кој го стимулира стекнатиот имунитет и така заедно даваат ефикасна заштита на организмот.
СИМПТОМИ И ПРИЧИНИ ЗА ПАД НА ВАШИОТ ИМУНОЛОШКИ СИСТЕМ Доколку имате проблем со чести настинки, немате доволно енергија, имате несоница, хроничен замор и доколку често имате херпес на усните, бидете сигурни дека е во прашање пад на вашиот имунитет. Симптомите на ослабениот имунитет се проследени и со симптомите на сува слузокожа во носната шуплина и темножолта урина како последица на недостатокот на течности во организмот. Наведуваме некои од причините поради кои се јавува пад на имунитетот.
ица од долгорочно и прекумерно консумирање алкохол. Затоа накусо, прекумерното консумирање алкохол ќе ја зголеми зачестеноста од грип и настинки. КАКО ДА ГО ЗАЈАКНЕТЕ ВАШИОТ ИМУНОЛОШКИ СИСТЕМ? Важно е имунолошкиот систем да се зајакнува во текот на целата година, а не само во зимскиот период или кога ќе се појават
некои од знаците на неговото слабеење. Иако научниците сè уште бараат начини да разберат како функционира механизмот на имунолошкиот систем, нема сомнение дека здравиот начин на живеење е пресуден за намалување на ризикот од инфекции и болести. Затоа, доколку досега не сте практикувале здрави навики, ви нудиме неколку совети со кои можете да започнете веднаш.
Пијте млака вода со лимон
Лимонот е идеален за одржување на pH-вредноста во организмот. Наутро, штом ќе станете, напијте се чаша млака вода со свежо исцеден лимонов сок и една кафена лажичка мед. Лимонот ја намалува киселоста во организмот, со што позитивно влијае на здравите бактерии, а ги уништува штетните, кои сакаат кисела средина.
Стрес Хроничниот стрес може да го зголеми ризикот од појава на грип и настинка, но може да предизвика и посериозни здравствени проблеми, како што се срцеви заболувања или дијабетес тип 2. Доколку го игнорирате хроничниот стрес, го доведувате во голем ризик вашето здравје. Хроничниот стрес може да предизвика континуирано високо ниво на хормоните на стрес и со тоа да го ослаби имунолошкиот систем. Намалете со кафето Кофеинот го дехидрира организмот и може да ја отежни апсорпцијата на некои минерали и витамини. Со еден филџан кафе, задолжително испијте две чаши вода. Така ќе му овозможите на телото непречено да функционира, а на имунитетот ќе му дадете моќ. Прекумерно консумирање алкохол Кога алкохолот се консумира во прекумерни количини, може да ја намали способноста на клетките да се борат со бактериите. Оштетен имунолошки систем е неизбежна послед-
ваш аптекар
јануари - февруари 2015
5
ЗГОЛЕМЕТЕ ГО ВНЕСОТ НА ВОДА Поткрепете ја работата на имунолошки систем така што секојдневно ќе пиете вода. Водата го зголемува количеството на кислород во крвта и ги отстранува токсините од организмот. Со тоа организмот станува подготвен да се бори со вирусите и бактериите. Затоа, потрудете се секој ден да внесувате најмалку литар и половина вода, преку чаеви, супи или чиста вода за пиење. ЈАДЕТЕ ПОВЕЌЕ СВЕЖО ОВОШЈЕ И СВЕЖ ЗЕЛЕНЧУК Во овошјето и во зеленчукот ќе пронајдете комплетно сè што ви треба: антиоксиданси, витамини, минерали, влакна и ензими. Нутритивната вредност што ја примате преку овошјето и зеленчукот е непроценлива. Со тоа ги штитите сите клетки во телото, вклучувајќи ги и клетките на имунолошкиот систем. Јадете разновидна
6
ваш аптекар
)))
храна, но обидете се да не ги пропуштите значајните хранливи продукти кои влијаат на нормалното функционирање на имунолошкиот систем. Витаминот Ц е познат како најдобар зајакнувач на имунолошкиот систем. Го зголемува производството на бели крвни клетки и антитела кои го штитат нашиот организам од бактерии и вируси. Портокалите, лимоните, цитро-
јануари - февруари 2015
Избегнувајте слатки и газирани сокови
И во практиката и во многу клинички истражувања многупати е докажано дека шеќерот го нарушува имунитетот. Во седумдесеттите години на минатиот век д-р Линус Паулинг открил дека консумирањето шеќер може да го редуцира одбранбениот одговор на организмот до 75% уште во првите 4-6 часа по консумирањето. Затоа избегнувајте ги газираните пијалаци и контролирајте го консумирањето слатки. Тие се богати со преработени шеќери кои ја зголемуваат киселоста на организмот, што претставува идеална средина за развој на многу бактерии. ните, кивито, ананасот, јагодите, пиперките, кељот, брокулата и јогуртот се богати со витамин Ц. Витаминот Д понекогаш го нарекуваме и „сончев витамин“, бидејќи нашиот организам може да го произведува кога кожата доаѓа во допир со сончевите зраци. Тој најмногу помага во апсорпцијата на калциумот и ја одржува цврстината на коските, но исто така има и антибактериско дејство и помага во имунолошкиот одговор. Витаминот Д е најмногу застапен во млекото, јајцата, лососот, туната и во печурките. Витаминот А е важен антиоксиданс за одржување на кожата, првата одбранбена линија на нашиот организам. Организмот може да го синтетизира овој витамин од бетакаротенот, којшто е најзастапен во разнобојното овошје и зеленчук, односно во цитроните, дињата, лубеницата, доматите, морковите, зелката, брокулата, грашокот, тиквата, кељот и босилекот. Витаминот Е, како и витаминот Ц, е моќен антиоксиданс, на којшто му посветуваме малку внимание. Тој е важен во одржу-
вањето на нормалното ниво на клетките на имунолошкиот систем, а учествува и во одржувањето на кожата, најголемата заштитна бариера на имунолошкиот систем. Можете го најдете во боровинките, рибизлите, малините, праските, калинките, тиквата, компирот, блитвата и во бадемите. Цинкот е есенцијален за нормално функционирање на имунолошкиот систем и директно е поврзан со производството на антитела, кои му помагаат на организмот да се бори со инфекциите. Цинкот може да го најдете во калинката, капините, малините, сојата, гравот, спанаќот, аспарагусот, тиквата, семките од тиква, јаткастите плодови (оревите, бадемите, лешниците, кикиритките). Селенот е минерал кој како антиоксиданс му помага на имунолошкиот систем брзо да испрати прва линија на одбранбени клетки на местото на инфекција. Со еден збор, овој минерал ни е потребен за да останеме здрави. Можеме да го најдеме во бразилските ореви, лососот, јајцата, овесот и во сончогледовото семе.
С ТОП ЗА СТОП ДВА ДВАТА ВА АТА ТИПА НА К КАШЛИЦА! АШЛИЦА! со заштитен слој при што го намалуваат рефлексот на кашлање. Експекторансите се препорачуваат за полесно искашлување во случај на продуктивна кашлица. Го разводнуваат густиот секрет во белите дробови и овозможуваат полесно искашлување.
Х ербион н уди раз личен прис тап во третманот третманот на Хербион нуди различен пристап дв ата типа типа на к ашлица. двата кашлица.
С СТОП ТОП ЗА С СУВАТА УВАТА КАШЛИЦА КАШЛИЦА
Хербион сируп од исландски лишај t ȟȓ ȝȞȓȝȜȞȍȥȡȏȍ ȕȍ ȟȚȖȞȡȏȍȷȓ țȍ ȟȡȏȍȠȍ Ȗ надразнителна кашлица, засипнатост и болно грло t ȕȍ ȏȜȕȞȍȟțȖ Ȗ ȒȓȤȍ țȍȒ ȐȜȒȖțȍ t ȟȜ ȝȞȖȵȍȠȓț ȏȘȡȟ t Ȏȓȕ ȦȓȹȓȞ
Дали знаете дека постојјат различни типови на кашлица? И дека за различен тип на кашлица постои различен третман? Хербион ефикасно ги запира и двата типа на кашлица. Едниот тип е сува и надразнителна кашлица, а другиот е влажна и продуктивна (се создава секрет). И двете можат да бидат гласни, вознемирувачки и да го намалат квалитетот на вашиот живот. Како да ги разликувате двата типа на кашлица?
ССУВА УВА ККАШЛИЦА АШЛИЦА Надразнителна кашлица без секрет, пропратена со суво и надразнето грло Скокот/чешање Нема што да се искашла, а имате потреба за кашлање
ПРОДУКТИВНА ПРОДУКТИВНА ККАШЛИЦА АШЛИЦА Зголемено создавање на секрет во белите дробови кој неможе да се исфрли Тррае подолго од сувата кашлица Со секое кашлање се чувствувате подобро
СТОП С ТОП ЗА СУВА С УВА КАШЛИЦА К АШЛИЦА
СТОП С ТОП ЗА ПРОДУКТИВНА ПРОДУК ТИВНА КАШЛИЦА К АШЛИЦА
СТОП С ТОП ЗА ПРОДУКТИВНАТА ПРОДУК ТИВНАТА К КАШЛИЦА АШЛИЦА
Хербион сируп од бршлен t ȟȓ ȝȞȓȝȜȞȍȥȡȏȍ ȕȍ ȝȜșȓȟțȜ ȖȟȘȍȦșȡȏȍȷȓ ȝȞȖ продуктивна кашлица t ȕȍ ȏȜȕȞȍȟțȖ Ȗ ȒȓȤȍ țȍȒ ȐȜȒȖțȖ t ȟȜ ȝȞȖȵȍȠȓț ȏȘȡȟ t Ȏȓȕ ȦȓȹȓȞ
Хербион сир Хербион сирупите рупите ссе е приро природно дно и е ефикасно фикасно решение во третманот на двата типа ÑÒÂÎ ÇÀ ÑÅÌÅ£ на кашлица: сува и продуктивна. ÁÅÇ
Различните типови на кашлица треба да се третир на различни начини поради различните симптом кашлицата. Антитусиците се препорачуваат за смирување на сува надразнителна кашлица. Тие ја препокриваат слузниц
Ïðåä óïîòðåáà âíèìàòåëíî ïðî÷èòà¼òå ãî óïàòñòâîòî. Çà ðèçèêîò è íåñàêàíèòå äå¼ñòâà êîíñóëòèðà¼òå ãî Âàøèîò äîêòîð èëè ôàðìàöåâò.
À ÊÀØËÈÖ
педијатар
ЕСЕН И ЗИМА
ДОБА НА НАСТИНКИ И ГРИП
)))
8
За да се спречи пренесувањето на инфекциите, потребно е редовно проветрување на просториите, да се избегнува престој во затворен простор со многу луѓе, особено за време на грип или други вирусни инфекции
ваш аптекар
прим. д-р Нада Смоковска
З
а време на есенско-зимскиот период кога се соочуваме со големи температурни разлики, но и со зголемена влажност на воздухот, вообичаено е да се зголемат и инфекциите. Освен од надворешните фактори, нивното ширење зависи и од отпорноста, односно од имунитетот на луѓето. Имуниот одговор, пак, е различен кај различните групи. Особено чувствителни се децата, повозрасните и хронично болните. Есенско-зимскиот период се карактеризира со настинки, вирусни и бактериски инфекции. Не треба да се заборават и алергиските реакции како резултат на зголемената загаденост на воздухот во овој период од годината. Инфекциите лесно се пренесуваат со кивање, кашлање и преку непосреден контакт со инфицираните површини. Вирусите и бактериите најчесто напаѓаат преку носот, носната шуплина, устата, очите и ушите. Особено подложни на инфекција се малите деца, па затоа потребно е да се внимава децата редовно да одржуваат хигиена на овие делови, но и на целото тело. И покрај сè што знаеме, инфек-
јануари - февруари 2015
циите се сè позачестени – особено кај децата кои престојуваат во градинките или одат на училиште. Поизложени на ризик од инфекција се луѓето кои посетуваат масовни собири, војниците и сите кои живеат или престојуваат во група. За да се спречи пренесувањето
Потребно е да се истакне дека влажното и релативно топло време во овој период од годината може да биде предуслов за размножување и пренесување и на бактериските инфекции кои кај некои лица, можат да доведат и до компликации. Затоа, при секоја промена или појава на симптом, потребна е
За превенција од инфекциите во овој период од исклучителна важност е и исхраната. За таа цел потребно е: внесување повеќе течности (чаеви, природни сокови, супи, потечна храна); внесување витамини и други хранливи состојки од македонски градини, т.е. овошје и зеленчук. на инфекциите, потребно е редовно проветрување на просториите, да се избегнува престој во затворен простор со многу луѓе, особено за време на грип или други вирусни инфекции. Секако, многу е важно да се избере соодветна облека во зависност од временските услови и соодветно да се затоплуваат просториите во кои се престојува.
консултација со избраниот лекар, кој по извршениот преглед ќе ве советува кои испитувања да ги направите: анализа на крвта, CRP, брис од грлото, и брис од очите. На крајот, немаме поголемо богатство од здравјето и секој од нас треба да е целосно посветен во грижата за своето здравје.
здравје
ДЕБЕЛИНАТА пандемија кај младите
В
о последните три децении драматично расте бројот на натхранети и дебели деца, што би требало да ги загрижи родителите и лекарите, а секако и државата. Дебелината не е болест сама за себе, но претставува закана за развој на многу болести. Современата наука знае дека дебелината, здружена со бројни здравствени проблеми, придонесува да дојде до инфекции на дишните патишта, зголемен крвен притисок или зголемени маснотии во крвта, абнормален метаболизам на гликозата, што предизвикува појава на дијабетес тип 2,
10
ваш аптекар
побрзо растење и ран пубертет, замастен црн дроб, ортопедски проблеми и ред други компликации. Покрај сето ова дебелите деца често имаат и психички проблеми, поради тоа што имаат неубава слика за сопственото тело и изгледот, пореметување на спиењето, мрзеливи се или тажни без причина, агресивни. Исто така, често постигнуваат и послаб успех во училиште, што, исто така, е реакција на односот на околината кон нивниот изглед. Едни од најчестите причини
јануари - февруари 2015
РАМНОМЕРНИ ОБРОЦИ, НАМАЛЕТЕ ГО ВНЕСОТ НА ХРАНА СО СОЛ И МАСТИ Јадете рамномерни и помали оброци, распределени во пет или повеќе делови во текот на денот. Консумирајте многу повеќе овошје и зеленчук, производи од здрави житарки и храна со што помалку масти. Намалете го внесот на сол и шеќер!
зошто се децата дебели се неправилната исхрана, лошите навики во исхраната и недоволната физичка активност. С повеќе време поминуваат пред компјутер или телевизор, при што задолжително консумираат биолошки празна храна, таканаречена нездрава храна (чипс, слатки или солени грицки и сл.). Проблемот кај децата е мотивацијата, бидејќи најчесто семејството не е подготвено да прифати да го промени начинот на исхрана. Потребно е постојано да им се укажува на децата за сите ризици од дебелина дури и на оние кои ќе следат подоцна. Најдобриот диететски пристап е енергетскиот внес на хранливи состојки.
!
СОВЕТ:
Бидете креативни. Наместо индустриски обработени и не здрави грицки понудете им на своите деца моркови и краставички сечкани по должина и сервирани во адекватна чаша.
машко здравје
)))
Кожата на мажите подоцна влегува во процесот на стареење во споредба со кожата на жените. Основната причина за тоа е активноста на лојните жлезди до подоцнежната возраст, благодарение на машките хормони
ПРЕПОРАКИ ЗА ПРАВИЛНА НЕГА НА КОЖАТА Бричете се секојдневно за да се обновува кожата. Задолжително користете пена или гел за бричење, а по бричењето лосион за да ја заштитите кожата и да ја спречите иритацијата. За да ја нахраните и за да и дадете свежина на кожата, користете регенеративни креми. За да ги спречите темните кругови околу очите, користете препарати за нега на подочниците. Сепак, за да потврдат дека се грижат за себе, освен на лицето, мажите треба да им посветат внимание и на стапалата, колената и лактите. Токму грижата за овие делови на телото ни зборува за тоа колку еден маж го негува своето тело. По секое туширање истријте ги овие делови на телото со груба крпа и намачкајте ги со хранлива крема. Одлично би било доколку имате можност барем еднаш во неделата да ги намачкате со мешавина од глицерин и лимон.
Д
о неодамна се сметаше дека негата и козметиката се исклучиво само за женската популација. Но, современите мажи знаат дека не е доволно само да се искапат и да избричат за да изгледаат убаво и негувано. Има многу здравствени и естетски причини поради кои мажите треба да посветат повеќе внимание за нега и за заштита на својата кожа. Кожата на мажите значително се разликува од кожата на жените, а основната разлика e во дебелината на епидермот. Таа е подебела и помалку осетлива, прекриена е со густи дебели влакна, со што дополнително е заштитена од сонцето и неговото штетно дејство. Кожата кај мажите е и многу позатегната во споредба со кожата кај жените, па затоа многу подоцна влегува во процесот на стареење. Основната причина за тоа е активноста на
НЕГА НА МАШКАТА КОЖА
лојните жлезди до подоцнежната возраст, благодарение на машките хормони. Машките хормони делуваат и на количеството на колаген и на тој начин се зголемува цврстината на кожата.
Бричењето е одличен пилинг Уште еден значаен фактор во спречувањето на стареењето на кожата на мажите е бричењето. Тоа е одличен пилинг кој ги отстранува мртвите клетки од површината на кожата. Со ваков секојдневен пилинг се забрзува создавањето нов епидерм и се обновуваат клетките. Но, со бричењето се уништува т.н. заштитен филм (хидролипиден
ваш аптекар
филм), па може да дојде до појава на црвенило, пецкање и иритација на кожата. Затоа е потребно веднаш по бричењето лицето да се измие со што постудена вода. Со правилна нега и исхрана на кожата мажите можат многу полесно да го зачуваат младиот изглед на кожата и да ја спречат појавата на брчки. Првиот чекор за правилно негување на кожата е да се одреди нејзиниот тип. Да се утврди дали е сува или мрсна е многу едноставно. Потребно е лицето да се измие и нежно да се избрише со крпа. Доколку ве затега кожата по сушењето, вие имате сува кожа. Доколку пак лицето ви е сјајно доцна попладне, тогаш треба да бидете сигурни дека имате мрсна кожа. Доколку имате сува кожа, тогаш треба да користите хидратантни креми и лосиони и пена за бричење на база на алое. За оние со мрсна кожа пак, се препорачува почесто бричење и употреба на гелови кои содржат етерични масла и прополис.
јануари - февруари 2015
11
женско здравје
НЕГА НА
нејзината КОЖА
))) С
Во периодот помеѓу 35 и 45 години клетките на кожата побавно се обновуваат. Со тоа и епидермисот станува потенок. Поради намалената циркулација се намалува и дотокот на материи кои ја стимулираат синтезата на колагенот
тареењето е процес на кој подлежат сите живи организми, органи, ткива и сите клетки во еден организам. На овој процес подлежи и кожата. Стареењето на кожата може да го поделиме на три видови: генетско или хронолошко стареење, хормонско стареење и стареење предизвикано од око-
12
ваш аптекар
јануари - февруари 2015
лината. Генетското или поточно природното стареење е поврзано со годините и тоа не можеме да го избегнеме. Хормонското стареење се појавува во почетокот на менопаузата. Третиот вид стареење е она кое можеме да го избегнеме, а тоа е стареење на кожата поради изложувањето на сончевите зраци.
))) Природни препарати
Потребно е да се внесува витамините Е и Ц но и други антиоксиданси, со што ќе се заштити кожата од штетното дејство на слободните радикали. Дневните креми секогаш треба да содржат УВ-заштита, која ја штити кожата не само од сончевите зраци, туку и од електричните уреди и од флуоресцентните светла. Затоа кремите кои ги користите треба да бидат богати со хранливи материи и да ја потхрануваат кожата. Широк е спектарот на природни препарати за подмладување на кожата. Тоникот од воден екстракт од рузмарин помешан со алкохол го зајакнува и освежува кожното ткиво. Брз и природен лифтинг може да направите со маска од изгмечено грозје. Исто така, богато може да го нахраните и освежите лицето со маска од ананас и маслиново масло. На крај, не заборавајте дека тешката шминка и користењето на многу пудра придонесува за брзо стареење на вашата кожа.
Првите брчки околу очите Кога прогресивно старее, кожата станува потенка, ги губи цврстината и еластичноста, станува сува и рапава. Во периодот помеѓу 35 и 45 години доаѓа до побавно обновување на клетките на кожата. Покрај тоа и епидермот станува потенок. Поради намалената циркулација се намалува и дотокот на хранливи материи кои ја стимулираат синтезата на колагенот. Тоа доведува до намалување на желатинозните супстанции кои го пополнуваат просторот помеѓу влакната и клетките, а со тоа и на нивните компоненти хијалуронската киселина која ја врзува водата, што доведува до промена на хидратацијата. Како последица на тоа се создаваат брчките. Прво се појавуваат ситни брчки околу очите и тоа на кожата на долниот капак и во надворешниот агол на очите, потоа на челото, помеѓу носот и надворешниот дел на усните. Можно е да се појават и проширени ситни капилари на носот и на образите. Про-
цесот на стареење на кожата подразбира и појава на пигментни точки. Долго се сметало дека стареењето на кожата е иреверзибилен процес и дека остарената кожа не може да го поврати првобитниот изглед. Но, современата козметика не го признава тоа. Нашето знаење и правилната нега се одлучувачки фактор за нашиот изглед. Важен фактор во обновата и заштитата на кожата е користењето биолошки активни елементи. Благодарение на нив кожата се хидратизира, затегната и изгледа здраво.
ваш аптекар
јануари - февруари 2015
13
Лекови & храна
Лекови и храна Како правилно да ги консумирате
)))
14
ваш аптекар
Истовремената употреба на храна и лек може да предизвика и негативни и позитивни последици при делувањето на лекарствата. Намалувањето на терапевтскиот ефект и зголемувањето на степенот на штетност на лекот се некои од негативните ефекти. Сепак, при употребата на одредени лекови, истовременото консумирање храна дури и се препорачува, бидејќи тоа може да ги намали несаканите дејства од терапијата или да го интензивира делувањето на лековите.
јануари - февруари 2015
“Храната нека биде твој лек, а лек твојата храна” Хипократ
проф. д-р Бистра Ангеловска
Л
ековите и храната меѓусебно можат значително да влијаат. Храната може да го промени дејството на лекот, и обратно, лекот може да го промени искористувањето на храната во организмот. Негативните ефекти кои најчесто можат да се појават при истовремената употреба на храната и лековите се намалување на терапевтскиот ефект или зголемување на штетноста на
лекот. Сепак, истовремената употреба на некои лекови со храна може да има и позитивно влијание. Таа може да ги намали несаканите дејства на лекот или да го подобри неговото делување. Прашањето кое најчесто му се поставува на фармацевтот е кога да се земе лекот, пред или по јадењето. Исто така, помалку е познато дека при земањето на некои лекови треба да се внимава на изборот на храната.
)))
ФАКТОРИ ОД КОИ ЗАВИСИ МЕЃУСЕБНОТО ДЕЈСТВО ЛЕК - ХРАНА
Ефектите од меѓусебните влијанија на храната и лековите можат да бидат различни. Тие зависат од многу фактори, а некои од нив се исхранетоста, возраста, полот, генетските фактори, употребата на алкохол, пушењето. Меѓусебното влијание на лековите и храната е поизразено кај одредени групи пациенти: децата, младите, повозрасните, хронично болните, неисхранетите или кај лицата со прекумерна телесна тежина. Повозрасната популација е посебно загрозена, со оглед на тоа што неретко зема повеќе пропишани лекови, но и заради честото користење лекови кои можат да се издаваат и без рецепт. Последиците од ваквиот однос кон лековите можат да бидат намалена работа на црниот дроб и на бубрезите. Тоа пак предизвикува и послаба елиминација на лековите од организмот. Затоа, ако ви е пропишана одредена терапија со лекови, внимавајте на изборот на храната и времето кога ќе го земате лекот.
за намалување на маснотиите во крвта (статини), предизвикува акумулирање на лекот во телото и тоа може да доведе до штетни последици по здравјето. Терапевтското делување на лекот може да биде забавено или забрзано во зависност од храната што сме ја консумирале. Консумирањето зеленчук богат со растителни влакна го забавува делувањето на повеќето лекови, како што се пеницилинските антибиотици, дигоксинот (еден од лековите за срцеви болести) и ацетаминофенот (лек што се употребува против болки и повишена температура). Многу лекови можат да го намалат апетитот. Нивната долготрајна употреба може да биде причина за неисхранетост. Таков е случајот со некои антидепресиви. Од друга страна, лековите за спречување алергиски реакции (антихистаминици) и лековите против воспаленија (стероиди) го зголемуваат апетитот. Употребата на одредени лекови подолг период кај голем број пациенти може да предизвика зголемена телесна тежина.
Неупатеноста може да доведе до несакани последици Земањето тетрациклински антибиотици заедно со млеко и млечни производи кои содржат калциум може да предизвика компликации. Калциумот и антибиотикот формираат комплексно соединение кое се таложи во коските и во забите. Со тоа се губи и дејството на антибиотикот. Оваа појава може да се избегне ако ги земате лековите час-два пред и по земање на млеко и млечни производи. Земањето цитрон или портокал истовремено со лекови
Кога се земаат лековите? За повеќето лекови се препорачува да се земаат на празен стомак или меѓу оброци. Храната го забавува празнењето на желудникот. Затоа доаѓа до разлика во брзината на делување, интензитетот и должината на траењето на терапевтскиот ефект. Земањето лекови на празен желудник е важно кога е потребно да се постигне брз терапевтски ефект. Така, се земаат лековите против болка, главоболка, забоболка, менструални болки, лекови за намалување на телесната температура, лековите за ублажување на симптомите на настинка и грип, лековите за ублажување на проблемите со повраќање, пролив, запек, киселини. Јасно е дека овие лекови се земаат по потреба, односно толку долго колку што налагаат симптомите.
Некои лекови се препорачува да се земаат по јадење, зашто со тоа се зголемува нивната апсорпција или се постигнува подобра подносливост. Така се земаат лековите против болки при мускулно-скелетни заболувања и други хронични состојби на болка, некои лекови против воспаленија, зашто тие предизвикуваат стомачни тегоби, го подигнуваат нивото на липиди во крвта, го стимулираат апетитот и можат да доведат до зголемување на телесната тежина. Општи правила при земањето лекови За да го постигнат потребниот ефект, лековите треба да се земаат редовно, на правилен начин и доволно долго, со соодветен режим на исхрана и здрав начин на живеење. Кога треба да ги земате лековите на празен желудник, правете го тоа еден час пред јадење или два часа по оброк, со полна чаша вода. Избегнувајте земање витамини или минерали во исто време кога го земате лекот. Не голтајте ги лековите со топол пијалак или помешани во него Не мешајте ги лековите со храна. Не растворајте ги капсулите и не мешајте ја нивната содржина со храна или со пијалаци. Никогаш не земајте лекови со алкохолни пијалаци. Прочитајте ги сите упатства и предупредувања кои доаѓаат со лекот. Кога земате средства за намалување на температурата, важно е да пиете многу течности. Предност треба да се даде на млаките овошни чаеви, соковите и на минералната вода. Доколку, пак, ви се препишани антибиотици за време на терапијата, а особено по завршување на терапијата, земете и пробиотици. Вашиот фармацевт најмногу може да ви помогне доколку имате дилема дали при земање на вашата терапија треба да внимавате на некоја храна.
ваш аптекар
јануари - февруари 2015
15
аптеки
Аптека
БЕРОВО
БИОМЕДИКА ФАРМ ФАРМАМЕДИКА
БИТОЛА
АДОНИС ВИВОФАРМ ВИС МЕДИКУС ЕМА ФАРМ КОРОНА ФАРМ МЕДИКА КАРТА МЕДИКА КАРТА 2 ОРХИС ФАРМАЦИЈА 4 ПРИМА ЛЕК РОСА-ВИТА
БОГДАНЦИ БИОМЕНТ
БОГОВИЊЕ
АНАКОНДА 5
ВЕЛЕС
ВЕСНА ФАРМ ВИВА ВИТА ФАРМ ВИТА ФАРМ 2 ХЕРБА ЦИТО ФАРМ
ВИНИЦА
АЛПИ ФАРМ – 11
ГЕВГЕЛИЈА
ФАРМАЦИЈА ПЛУС НОВАФАРМ ММ ПУНИКА
ГОСТИВАР
ФАРМЕД М ФАРМЕД М 2 СТАР ФАРМ КАРДИО-ФАРМ П.Р. ФАРМ
ДЕБАР
АР-ФАРМ ВЕ ФАРМ 16
ваш аптекар
Телефон
070/701-913 033/471-145
Аптека
Телефон
Аптека
Телефон
ДО ФАРМ ФАРМАКОН
046/834-938 046/832-690
ЛЕК-ФАРМ РОСИЦА
033/276-650 033/273-452
ДЕЛЧЕВО
ДЕЛ-ФАРМ 047/612-940 047/609-764 047/222-127 047/612-485 047/240-330 047/225-285 047/258-852 047/242-040 047/235-102 047/236-468
Д. ХИСАР
ОЛИМПИЈА ОРХИС ФАРМАЦИЈА 3
ДОБРОШТЕ
ПАКОМ-ФАРМ
ЖИТОШЕ
РОСА-ВИТА
КАВАДАРЦИ 034/221-321 044/333-972 043/613-037 043/230-677 043/231-003 043/211-707 043/231-807 043/228-222 033/360-234 034/550-201 034/213-905 034/216-998 042/214-266 042/211-383 042/222-133 042/212-270 042/211-495 046/833-007 046/831-890
АЛТЕА ГЛОРИЈА ДАЛИА-ФАРМ ДИАНА КАМЕЛИЈА КИАНА КРИСТИНА ФАРМ РЕМЕДИА-М Св. ПАНТЕЛЕЈМОН ФАРМАКОН-ЛЕК ХИГИЈА
КИЧЕВО
АЛТЕА ФАРМАЦИЈА Б-1 Б-3 БЕЛ ЛЕК БЛИНА ЗДРАВЈЕ ЛИНОВА НИНЕКС ОРХИС 10 ФАРМАЦИЈА ЕРА 1 ФАРМАЦИЈА ЕРА 2 ФАРМАЦИЈА ЕРА 3 ФАРМАЦО
КОЧАНИ
АЛПИ ФАРМ – 6 АЛПИ ФАРМ – 7 ГАЛЕНИУМ
јануари - февруари 2015
033/413-413 047/276-809 047/276-004 070/629-371 048/474-500 043/410-940 043/413-088 043/400-070 043/400-330 043/413-434 043/609-607 043/550-145 043/410-085 043/550-765 043/411-891 043/400-445
КРТОВО ЗДРАВЈЕ
К. ПАЛАНКА
МЕЛИСА МЕЛИСА-ЦЕНТАР
КУМАНОВО
АРДИ ФАРМ ЛЕА АХИЛЕА ВИТАЛИКА ДРИТА ФАРМ МАРК ФАРМ ОРХИС 10 ПРО ВИТАЛИС ШИК-ЗДРАВЈЕ
ЛАБУНИШТА ХЕРБА
ЛЕСКОЕЦ
ХРИСТИ-1 и ФИЛИП-2
ЛОЗОВО
МЕДИКА ФАРМ-ЕЛ 2
М. КАМЕНИЦА 045/228-663 045/223-834 045/224-340 045/225-450 070-651-187 045/227-301 045/222-324 045/216-001 045/282-844 045/222-025 045/225-125 045/223-318 077/913-553 033/237-060 033/275-010 033/277-184
ВИВА
МАТЕЈЧЕ ПАНАКС
МОГИЛА
РОСА-ВИТА
НЕРАШТЕ
БЛЕ-МЕДИКА 4
НОВАЦИ
НИДЕАФАРМ
ОХРИД
АКВА ФАРМ АНГЕЛИКА ВИТЕЗДА ГАЛИУМ ФАРМ
031/482-832 031/374-922 031/372-114 031/419-616 031/424-648 031/411-645 070/509-406 031/430-760 031/413-593 031/415-303 031/414-523 078/422-797 046/257-740 072/266-679 033/431-779 031/511-899 071/235-233 044/345-309 047/511-655 046/611-599 046/258-852 046/254-233 046/250-202
Аптека
Телефон
ДОНЕВИ 046/258-920 ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА 046/200-321 ЛИСА ФАРМ 046/611-266 МАЈА ФАРМ 046/257-447 МЕРИ ФАРМ 046/260-668 Св. ВРАЧИ КУЗМАН И ДАМЈАН 046/260-500 Св. ПАНТЕЛЕЈМОН 046/263-600 ФЛОС 046/268-693
ПЕХЧЕВО
БЕНИ-ФАРМ
ПРИЛЕП
АЛЕК ФАРМ ВЕНЕНА ЕУКАЛИПТУС ЗДРАВЈЕ ФАРМ ИСКРА-НАДЕЖ МЕЛИСА МИА ФАРМ ОЛИМПИЈА РЕМЕДИЈА ТЕА ХЕРА ХЕРБА
ПРОБИШТИП АЛТЕА 1
РАДОВИШ АМБРОЗИЈА МЕДЕА МЕДИКУС МЕЛИСА
РЕСЕН
АЛПИ ФАРМ – 12
РОСОМАН ХИГИЈА 2
РОСТУШЕ ВЕРА
СКОПЈЕ
АЛПИ ФАРМ – 1 АЛПИ ФАРМ – 2 АЛПИ ФАРМ – 3 АЛПИ ФАРМ – 4 АЛПИ ФАРМ – 5 АЛПИ ФАРМ – 8 АЛПИ ФАРМ – 9
033/442-955 048/421-600 048/421-372 075/489-142 048/426-888 048/551-257 075/353-438 075/440-414 048/424-120 048/423-455 048/435-330 048/420-421 048/420-520 071/271-029 032/634-050 032/635-190 032/630-808 032/635-364
Аптека
Телефон
Аптека
АЛПИ ФАРМ – 10 АЉ-НЕ АНДРЕА-ЛЕК БАЗИЛИКА БЕРНА ФАРМ БИОМЕДИКА БОЖИЛАК ДЕРМА-ФАРМ ДОНА ФАРМ ЕФЕДРА ЗАНА-ФАРМ ИВАНДРЕЈ ИВИ-ТА ЈОВАНА-ФАРМ ЈОВАНА-ФАРМ 2 КАРПЕДИЕМ ФАРМ ЛИЗА-ФАРМ МАРИЈА ГАЛЕН ФАРМ МЕДИКО ПОИНТ-ФАРМ МОЛИКА МОЛИКА – 2 НИ-РА ОРХИС ФАРМАЦИЈА ОРХИС ФАРМАЦИЈА – 1 ОРХИС ФАРМАЦИЈА – 2 ОРХИС ФАРМАЦИЈА – 6 ОРХИС ФАРМАЦИЈА – 7 ОРХИС ФАРМАЦИЈА – 9 ПЕНИЦИЛИН РЕМЕДИУМ-ЛЕК САРАХ САРАХ 1 ХЕДЕРА
02/2533-050 02/2638-240 02/3225-422 02/3171-313 02/2614-502 077/583-515 02/2060-208 02/2634-071 02/3068-919 02/3067-500 02/3223-126 02/2772-585 02/2795-212 02/2524-300 02/2562-712 02/2727-759 02/2057-181 02/3212-769 02/2036-952 02/2720-214 02/2620-785 02/2650-522 02/2658-800 02/3222-282 02/2791-445 02/2521-757 02/2573-440 02/2060-099 02/2534-572 02/3071-105 02/2617-573 075/258-308 02/3162-364
СТРУМИЦА
СЛАТИНО 047/452-550
МЕГА ПАКОМ-ФАРМ
070/629-371
СТРУГА 043/441-575 042/222-265 02/2638-315 02/2432-462 02/2673-944 02/3179-457 02/3076-097 02/3118-088 02/2780-040
АНГЕЛИКА 046/789-333 МЕДИКА 046/786-790 НИТА ФАРМ – 1 046/789-383 НИТА ФАРМ – 2 046/787-602 ОРХИС ФАРМАЦИЈА 8 046/788-533 ОРХИС ФАРМАЦИЈА 11 046/846-570 ПЕНТАМЕДИКА 071/390-809 ПРИМАВИТА 046/786-139 Св. ПЕТКА 046/520-504 ФАРМАНОВА 046/783-103 ФАРМАЦИЈА ПОЛОЖАНИ 046/782-996
АЛТЕА АДОНИС БЕЛАДОНА ЕЛИКСИР ЕЛИКСИР – 2 ЕЛИКСИР – 3 СНЕЖАНА ФАРМ СНЕЖАНА ФАРМ – 2 ЧИФЛИК ЧИФЛИК – 2
ТЕАРЦЕ
ДЕА-ФАРМ
ТЕТОВО
АНАКОНДА АНАКОНДА 2 АНАКОНДА 4 АОРТА ФАРМ АПОЛОН ФАРМ АСЛИ ФАРМ БЛЕ-МЕДИКА БЛЕ-МЕДИКА 1 БЛЕ-МЕДИКА 2 БЛЕ-МЕДИКА 3 БЛИНИ ВАША АПТЕКА ВИТАЛЕК ВИТАЛЕК 1 ДАНИ-ФАРМ ЕКАЛЕК ЖАНЕ ФАРМ ЈЕТА-ФАРМ М&М ФАРМ МЕКА МЕЛ-ФАРМ МЕРИ ОЛИФАРМ ШИФА
ЧЕГРАНЕ
МЕД-ФАРМ
ШТИП
ЕСКУЛАП МЕДИКА ФАРМ МОРФЕЈ РАДО ЛЕК СОФИЈА
ваш аптекар
Телефон
071/271-029 034/322-522 034/329-606 034/323-511 034/330-483 034/330-482 034/344-679 034/320-840 034/345-316 078/345-316 044/381-720 044/338-689 044/333-972 044/333-972 070/502-755 070/502-755 044/338-532 044/339-820 044/613-410 070/565-037 044/613-508 044/331-170 044/332-220 044/331-631 044/342-511 044/455-488 044/521-507 044/341-115 070/777-120 044/336-222 044/616-614 044/338-696 044/332-254 044/343-255 070/910-133 042/321-363 032/607-652 032/389-044 032/393-656 032/380-190 032/388-777
јануари - февруари 2015
17
билки
Нашите лековити билки, нашето зелено злато Прим. М-р Илчо Захариев
Во Република Македонија има над 3.000 растенија. Околу 1.000 од нив имаат лековити својства, а за 500 имаме научно потврдени докази дека делуваат и дека се лековити. Затоа, враќањето на нашите корени, и спојувањето на традиционалната со современата медицина, е предуслов да го подобриме здравјето на нашиот народ. Интересот на фармацевтската индустрија за лековитите растенија во целиот свет се зголемува. Билките се дел од светскиот тренд и движења кон поздрав и поприроден начин на живот 18
ваш аптекар
У
бавината на нашата земја не би била целосна ако не е богатството на нејзината растителна природа проткаена во пазувите на нашите полиња и планини. Македонија е меѓу ретките земји кои имаат толку голем број сончеви денови, што ја прави природата дарежлива. Природата ги создала тие прекрасни растенија во кои тече животниот сок кој носи здравје и сила, но и убавина и машкост, љубов... Македонските лековити билки се најстарите лекови од античко време до денес за нашиот народ. Тие ги надживеаја вековите, опеани се во песните и во легендите, но и денес се најевтини и најдостапни природни суровини за производство на лекови. Од древни времиња, од почетокот на човечката цивилизација, луѓето барале начини да се спасат од тешките болести.
јануари - февруари 2015
Лековите ги барале во својата непосредна околина каде наоѓале лековитите растенија. Со векови се собирало огромно знаење за лековитите растенија. Тоа несебично се негувало и пренесувало за да им користи на идните поколенија. Благодарение на растенијата и знаењето за нив, опстана човештвото, а нè има и нас денес. Современата медицина и наука денеска, исто така, ги цени и ги користи лековитите растенија. Голем процент лекови кои се наоѓаат во аптеките изработени во форма на сирупи, капсули, таблети, инјекции се добиваат од лековити растенија или во основа имаат растително потекло. Најсилните лекови се добиваат од лековити растенија. Морфин и кодеин се добиваат од афион, лекот атропин се добива од татула и буника, ергометринот и уште десетина лекови се добиваат од ’ржената
)))
Во зимскиот период чести заболувања кај поголемиот дел од населението се заболувањата на дишните патишта. Тоа се сезонски заболувања како последица на намалениот имунитет и на ниските температури. Сигурно современата медицина открила нови лекови кои се наоѓаат во аптеките за лекување на заболувањата на дишните патишта, како антибиотици, лекови за кашлица, покачена температура, лекови за подобрување на дишењето. Сепак, факт е дека кога во прашање се вирусните заболувања, грипот, настинките, најефикасните лекови се наоѓаат во лековитите растенија. Всушност, секојдневното консумирање топли напивки, чаеви од липа, бозел, мајчина душица, жалфија, камилица и босилек со сигурност ќе придонесе да се подобри имунитетот. Да се зголеми отпорноста на организмот, да дојде до спречување на заболувањето и доколку се појави, да помине во поблага форма без последици.
главница, дигиталисот е извор на најсилните лекови за срце... Во Република Македонија има над 3.000 растенија. Околу 1.000 од нив имаат лековити својства, а за 500 имаме научно потврдени докази дека делуваат и дека се лековити. Затоа, враќањето на нашите корени, каде ќе ја споиме традиционалната медицина, во чија основа се лековитите растенија и нивните лековити својства, со современата медицина, е предуслов да го подобриме здравјето на нашиот народ. Денес кога лековитите растенија повторно стануваат актуелни и се симбол за здрав начин на живот, веќе не се третираат како второстепени. Интересот на фармацевтската индустрија за лековитите растенија во Америка и Европа, но и во целиот свет, се зголемува. Билките се дел од светскиот тренд и движења кон поздрав и поприроден начин на
живот. Почитувани читатели, растенијата се нашите најдобри пријатели, тие се пријатели на нашето здравје. Преку зелениот дел од листот ни ја прават достапна сончевата енергија. Користејќи го јаглеродот, сончевата светлина, водата, водородот ни создаваат кислород без кој нема живот. Тие ја регулираат температурата на Земјата. Тие се нашите хемиски фабрики кои создаваат живот и се извор на добро здравје.
))) ЛИПА Од најстари времиња до денес липата е чај кој го чува здравјето. Делува превентивно и го зголемува имунитетот на организмот. Има неколку важни дејства. Чајот од липа предизвикува силно потење, ја намалува телесната температура и е ефикасен лек против настинки и грип. Липата е одличен лек за зголемување на мокрењето, а делува и противвоспалително на мочните патишта. Чајот од липа ги намалува стомачните болки. Делува и на дишните патишта и ја намалува сувата кашлица. Липата се користи за подобрување на имунитетот, против настинки и заболувања на дишните патишта кои се проследени со грозница. Дел од нив се воспаленијата на грлото, на крајниците, на синусите, бронхитот, пневмонијата кај сите пациенти, како кај децата така и кај постарите. Постојат докази дека секојдневното пиење чај од липа го спречува стареењето и лицата кои го користат чајот доживуваат длабока старост.
ваш аптекар
јануари - февруари 2015
19
билки
))) МАЈЧИНА ДУШИЦА
Мајчината душица е извонреден чај за секојдневна употреба и затоа во домашните аптеки треба да имаме доволни количини за да можеме во него да уживаме во текот на целата година. Се користи во народната и во научната медицина за лекување на градни болести како бронхит, емфизем, пневмонија и хронични проблеми со белите дробови. Ги шири белите дробови, го олеснува искашлувањето, а со тоа и дишењето. Влегува речиси во сите комбинирани медицински чаеви за градни болести. Исто така, го подобрува и имунитетот, особено во зимскиот период кога тој опаѓа. Се користи за лекување на заболување на усната шуплина, воспалени жлебини, слузокожа како и воспаление на грлото. Во форма на инхалации се користи за лекување на воспалени синуси. Содржи и етерично масло и ги уништува бактериите.
))) БОЗЕЛ Бозелот се користи како силно антивирусно растение. Претставува силен лек и средство за предизвикување потење, ја намалува телесната температура, делува противвоспалително, го зголемува мокрењето и се користи како средство за слабеење. Бозелот е силен лек за лекување болести на респираторниот систем, како што се грипот, настинките, бронхитисот, пневмонијата. Тој се комбинира со комбинирани чаеви за лекување на респираторни заболувања. Помага и при воспаление на усната шуплина, а во форма на инхалации се користи при воспалени синуси. Бозелот може да се користи и во исхраната. Од цветовите на бозелот народот приготвува многу вкусен пијалак. Комбинации на чаеви од лековити растенија кои помагаат за подобрување на имунитетот и за лекување настинки и заболувања на дишните патишта.
Липа, бозел, жалфија Липа, бозел, мајчина душица Бозел, босилек, камилица Липа, босилек, мајчина душица, тегавец Липа, камилица, подбел
20
ваш аптекар
јануари - февруари 2015
Децата го сакаат овој напиток Половина литар пијалак се подготвува на следниов начин: 1 лажица бозел 2 лажици мајчина душица Се прелеваат со врела вода и се оставаат да отстојат 10 минути. Се процедуваат, а потоа се додава една лажица мед и сок од еден лимон (по потреба, колку што поднесува кисело детето). Се пие преку целиот ден.
Плус ефект Брзо против силната болка во грлото.
Септолете Плус – Револуционерниот спреј со специјално обликувана спреј пумпица овозможува широко распрснување и при тоа делува на микроорганизмите и болните точки на широка површина на грлото. Почувствувајте Плус Ефект веднаш. Достапен е во две фармацевтски форми: спреј за употреба дома и пастили кога сте во движење.
www.septolete.mk
Секогаш внимателно прочитајте го упатството. За дополнителни информации обратете се кај Вашиот доктор или фармацевт.
здрава храна
)))
Правилната исхрана е основен фактор за правилен раст и развој на човечкиот организам и директно влијае врз неговата виталност, но и на должината на животот
Зимата не може да се замисли без агрумите, за кои се знае дека влијаат на подобрување на одбранбениот механизам на организмот. Лимонот, портокалите, цитроните и мандарините се одличен извор на витамин Ц, но и на флавоноиди кои го забавуваат процесот на стареење. Како добра превентива во зимскиот период лекарите препорачуваат во текот на денот да се пие сок од еден лимон и два портокали. Во исхраната никако не смееме да не ги испуштиме и јаткастите плодови: оревите, бадемите, лешниците, кикиритките, бразилските и индиските ореви. Се препорачува од нив да се јаде 30 грама дневно.
ЗДРАВАТА ХРАНА пат до блескаво
телесно и духовно
С
ЗДРАВЈЕ
овремената медицина ја утврди и ја потврди вистината дека една од најголемите причини за болестите е храната што ја јадеме или онаа што треба, а не ја јадеме. Сè што внесуваме со храната, нè гради и нè менува и од тоа зависат нашата енергија, здравјето и животот. Жива или сирова храна не е ништо друго туку консумирање природни прехранбени производи, во голема мера, исто онака како што доаѓаат од природата. Тоа подразбира храната да не е термички обработена или да е обработувана краток
временски период. Билната храна или живата храна лесно се преработува и вари и е природен извор на енергија и хранливи материи за нашиот организам. Го зголемува имунитетот, го поттикнува природниот процес на самоисцелување, го подобрува процесот на чистење на телото од наталожени отрови. Таа помага и при регулирање на телесната тежина и го регулира метаболизмот, обезбедува одлична размена на материите воспоставувајќи ментална и емотивна рамнотежа. Кога започнуваме сè повеќе да се храниме со свежа природна храна, добиваме повеќе
Јаболко – Кралица на овошјето, најдостапна, неоходна, а често занемарена Благодарение на состојките што ги содржи, јаболкото е многу здраво овошје. Иако со него не можеме да излечиме болест, со само две јаболка секој ден можеме да спречиме појава на многу здравствени проблеми и заболувања. Јаболкото ги содржи витамините А, Е, Б1, Б2, Б6, Ц; минералите калиум, фосфор, магнезиум и железо; и бетакаротен. Содржи и многу пектин, кој ги впива водата и отровните материи во цревата и на тој начин ги тстранува од организмот.
22
ваш аптекар
јануари - февруари 2015
Исто така, позитивно влијае на работата на бубрезите, црниот дроб, жолчката. Комбинацијата на витамини и минерали во јаболкото го стомулира имунолошкиот одговор на организмот, па оттука е делотворно во борбата со вирусите, бактериите и слободните радикали. Освен што го штити организмот од настинки, јаболкото го намалува и ризикот за појава на рак на дебелото црево.
))) Брокола
Броколата е одличен извор на витамин Ц и диететски влакна. Покрај нив таа содржи витамин А, калциум, калиум и селен. Претставува силен антиоксиданс кој има многу значајана улога во имунолошкиот одговор на организмот. Истражувањата покажуваат дека броколата во споредба со другите растенија е најсилна во превенцијата и лечењето на карциномот, благодарејќи на способноста да ги активира антитуморните ензими. За да ги почувствувајте овие бенефити од броколата, обидете се ја да конзумирате 2 пати во недела. Бидете внимателни како ја приготвувате! Преварената брокола снатува мека и кашеста, што е идикација дека ги загубила и хранливите состојки и вкусот. За правилно приготвување, надолжно исечете го цветот на броколата на помали парчиња и така оставете го 3-5 минути да отстои пред да го зготвите. Потоа во вода варете ја не повеќе од 5 минути.
енергија, со што полесно и побрзо стануваме свесни за зголемувањето на нашата виталност. Сировата храна во најголема мера се состои од овошни и зеленчукови плодови, а важно место земаат и семињата и јаткастите плодови. Храната е лек за организмот. Мора да се внимава во кое време се зема, во која количина и со која содржина. Траба да имаме три главни оброци: појадок, ручек, вечера и две мали ужини. Исто така, важно е и количеството на оброкот. Не треба да се прејадуваме. Да започнеме постепено да ги менуваме нашите досегашни навики и да останеме витални и да дочекаме длабока старост. Нашето поднебје и природата ни ги подариле сите бои на виножитото, преточени во
бои од зеленчук и овошје. Грев би било тој подарок да не го користиме во полза на нашето здравје. Да започнеме со зеленолисниот зеленчук, кој е полн со хлорофил и се смета за еликсир на животот, младоста и енергијата. Хлорофилот во себе носи големо количество кислород, којшто има витално значење. Помага во
превенција на генетските и канцерогените заболувања и кај болестите на црниот дроб. Исто така, ги спречува бактериските и вирусните инфекции, ја подобрува крвната слика и работата на срцето и позитивно влијае на крвниот притисок. Го зајакнува имунитетот на организмот и го забрзува метаболизмот. Помага во лекувањето на аст-
ваш аптекар
мата и на бронхитисот, им ги ублажува проблемите на дијабетичарите и го забрзува исфрлањето на токсините. За подобро искористување на хранливата вредност на зеленчукот најдобра е кратка термичка обработка, затоа што при долгата термичка обработка доаѓа до губење на хлорофилот. Кога бојата на зготвениот зеленчук ќе се промени од зелена во темномаслинеста, значи дека дошло до разградување на хлорофилот на помалку активни и корисни метаболити. За овој процес доволно е само неколку минути варење, затоа што по 20 минути се губат дури две третини од хлорофилот. Природни извори на хлорофил се спанаќот, брокулата, кељот, празот, грашокот, блитвата, зелената пиперка и зелената салата.
јануари - февруари 2015
23
настан
П
одигање на свеста и односот на општеството кон лицата со посебни потреби и придонес за поголема поддршка од страна на институциите за оваа категорија гра-
ѓани. Ова беше целта и главната порака упатена од вториот „Бал на различности” кој го организира Здружението на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести
и посебни потреби „Дајте ни крилја”. Врвни имиња од нашата естрада и солисти од Македонската опера и балет на сцената на МНТ беа дел од „Балот на различности” под мотото „Да ги споиме нашите светови”. Со своето учество го потврдија фактот дека луѓето со посебни потреби се дел од нашето опкружување и покажаа дека треба да им се подаде рака. Да се биде солидарен, хуман и свесен за нивното постоење и нивните права. Манифестацијата беше проследена и од модна ревија подготвена од девојка со посебни потреби, студент на моден дизајн, поддржана од домашната модна дизајнерка Елена Лука. Беше поставено и сликарско платно, на коешто секој учесник можеше данацрта нешто по свој избор. Платното ќе биде изложено во повеќе градови во Македонија, но и во странство. Второто издание на „Балот на различности” со учество го збогати и Оливера Накова-Бикова, светски првак со стрелаштво. Учесниците и децата беа пресреќни за можноста да настапат на сцената на новиот театар заедно со до-
кажани актери, пејачи и уметници. Од „Дајте ни крилја“ уште еднаш апелираа дека иако како никогаш порано се актуелизираат проблемите на
лицата со посебни потреби, сепак постојат недостатоци во повеќе сегменти на системот. Недостатокот на лекови на позитивната листа, асистивни технологии, орто-
педски помагала, пристапност, дефектолози или развојни едукатори во градинките и училиштата се само дел од аномалиите кои мора да се коригираат. „На оваа група на луѓе треба да и се даде шанса уште од најмала возраст. Процесот на инклузија започнува од градинките, од нашето маало, од соседот кој има дете со посебни потреби. Не треба да ги сожалувате луѓето со дисфункции, хендикеп. Тоа нема да им помогне. Со почитување на
ваш аптекар
веќе постоечките, но и воведување нови закони треба да им се загарантира правото на рамноправен живот и да им се овозможат услови за функционирање. Тие се составен дел од нас и нашето секојдневие”, рече Ребека Јанковска – Ристески од здружението „Дајте ни крилја”. Балот беше поддржан од Министерството за култура. Покровител на настанот оваа година беше сопругата на претседателот, г-ѓа Маја Иванова.
јануари - февруари 2015
25
здравје
СО ВЕЖБАЊЕ
до подобар
ИМУНИТЕТ
)))
Ако стресот ја зголемува можноста за заболување, вежбањето го намалува ослободувањето на хормоните на стрес и ја намалува можноста да дојде до заболувања
П
овторно се борите со кашлицата или настинката?! Постојано чувствувате замор?! За почеток, практикувајте дневна прошетка или едноставни практични вежби најмалку два-три пати во неделата и верувајте дека ќе почете да се чувствувате подобро. Не само што му помага на вашиот имунолошки систем во борбата со вирусните инфекции и бактериите, вежбањето ја намалува и можноста за развој на срцеви заболувања, остеопороза или карцином. Затоа, физичката активност мора да биде составен дел од животот. Сè уште не се знае како точно вежбањето го зајакнуваа вашиот имунитет во борбата со болестите, но познато е дека: физичката активност може да помогне во исфрлањето на бактериите надвор од белите дробови, со што се намалува мож-
226 6
ваш в аш аптекар аптекар
носта да се развијат настинка, грип или други заразни болести кои се пренесуваат со воздухот. Вежбањето, исто така, помага во исфрлањето на токсините од организмот преку урината и потта. Зголемената температура на телото за време на веж-
)))
ЕДНА УМЕРЕНА ПРОГРАМА ЗА ВЕЖБАЊЕ МОЖЕ ДА БИДЕ:
јануари јануари - февруари фе евр руа ари 2015 2 01 5
бањето може да го намали растот на бактериите, со што му овозможува на организмот поефикасно да се бори со инфекциите. Сличен ефект се постигнува кога имаме треска. Стресот ја зголемува можноста за разболување, додека пак вежбањето го дневна прошетка од 20 до 30 минути; возење велосипед 2-4 пати неделно; вежбање во вежбална секој втор ден; рекреативно тренирање некој спорт до два пати неделно.
Вежбањето прави да се чувствуваме поенергично и поздраво. Затоа направете го првиот чекор, почнете да практикувате некој од советите што ви ги дадовме и верувајте, ќе се чувствувате подобро.
намалува ослободувањето на хормоните на стресот и со тоа ја намалува можноста да дојде до заболување. Сепак, иако вежбањето му прави големо добро на организмот, внимавајте да не го практикувате прекумерно. Луѓето кои вежбаат треба да знаат дека не е потребно да прават напорни програми за вежбање со надеж дека на тој начин уште повеќе ќе го зајакнат имунолошкиот систем. Тешките и долги тренинзи, како што се маратонското трчање или интензивните тренинзи во вежбалната, всушност можат да имаат спротивен ефект. Поточно, можат да предизвикаат намелен имунитетен одговор на организмот. Истражувањата покажуваат дека најголема добивка од програмите за вежбање имаат оние кои преминуваат од „статичен” во умерен енергичен животен стил.
рецепти
))) Здрава салата – комплетен оброк Потребни состојки: - зелена салата или ајсберг; - половина црвена пиперка, исечкана на коцки; - половина зелена пиперка, исечкана на коцки; - еден изрендан морков; - пченка, краставица, шери домати по желба; - една конзерва туна. Подготовка: Смесата се зачинува со лимон (или јаболков оцет) и сол. Ова е здрав и хранлив оброк за чија припрема треба малку време, а содржи состојки што може да се најдат во секоја кујна.
))) Салата три во едно Потребни состојки: - морков; - цвекло; - ротквички; - 2 лажици ладно цедено сончогледово масло; - еден лимон; - 1 лажица сечкан магдонос; - 3-4 чешниња лук; - сол, бибер. Подготовка: Морковот цвеклото и ротквицата се рендаат и се ставаат во тањир одвоено. Припремете прелив од сок од лимон, сончогледово масло, изгмечен лук и зачинете со бибер и сол. Преливот се сервира одвоено, така што секој може да ја зачини салатата по свој вкус.
Пилешка супа Потребни состојки: - пилешко месо по желба; - 1 главица кромид; - морков; - целер; - пашканат; - магдонос; - фиде; - зачин Подговтовка: Пилешкото месо и главицата кромид се варат. Свареното месо се сечка на ситни коцки, а потоа се враќа во тенџерето кај кромидот за да зоврие. Овојпат се додаваат рендан морков, целер и пашканат. Супата треба да поврие околу 5 минути, а потоа се додава фидето и се вари уште 5 минути. На крајот се додава малку магодонос и зачини по вкус. Во чинијата секој може да си додаде малку лимон. Пилешката супа е одличен класичен лек за настинка и воспаление на грлото.
28
ваш аптекар
јануари - февруари 2015
))) Чорба од печурки Потребни состојки: - 1 изрендана главица кромид; - 2 лажици брашно; - 1 литар вода; - сув вргањ или друг вид печурки по желба; - морков; - целер; - пашканат; - ловоров лист; - органо, бибер, сол Подговотвка: Ренданиот кромид се пропржува на масло, а потоа се додаваат брашното и водата. Откако ќе зоврие, се додаваат печурките, морковот, пашканатот и целерот, кои се претходно изрендани и зачините по желба. Се сервира со лимонов сок или павлака.
))) Шпагети со мелено месо
))) Бисквитен колач со јаболко
Потребни состојки: - 200 г мелено месо; - 2 главици кромид; - 2 чешниња лук; - ловоров лист; - 5 дл сос од домати; - масло, зачини
Потребни состојки: - 1 килограм јаболки - 2 пудинга од ванила - ½ килограми бисквит - 300 грама шеќер - 500 милилитри вода
Подготовка: Kромидот и лукот се пропржуваат на масло, а потоа се додава и меленото месо. По кратко се додаваат зачините и сосот од домати и се остава да се крчка околу половина час. Доколку сосот од домати е киселникав, може да се додаде малку шеќер. Во меѓувреме во друго тенџере се варат шпагетите. Откако ќе бидат готови, се прелеваат со приготвениот сос. Се сервира со пармезан.
Подготовка: Подготовка: Јоболките се лупат и сецкаат на крупни парчиња во сад. Се додава 300 грама шеќер и 500 милилитри вода. Се остава да се вари кратко околу 10-15 минути. Со лажица за пире се пасира и во него се додаваат два пудинга растворени во 100 милилитри вода. Се вари до згуснување во едно јаболково желе. Потоа во правоаголен сад се реди еден ред суви бисквити, се мачкаат со фил, па повторно се реди ред бисквити , па повторно фил, се до истрошување на количините. Завршува со фил најгоре врз кој се посипува кокос. Се лади и се сече на коцки.
))) Проја Потребни состојки: - 2 чаши пченкарно брашно (1 чаша = 200 мл); - 1 чаша бело брашно тип 400; - 1 чаша млеко; - 1 чаша кисела вода; - 150 мл масло; - 1 кесичка прашок за печиво; - 1 кесичка сув квасец; - 4 јајца; - сусам, сол, сирење, маслинки, шунка, спанаќ...
Подготовка: Во поголем сад убаво се матат јајцата, а потоа се додаваат сите останати состојки и убаво се меша. Кога ќе се соедини смесата, се додаваат сечкани маслинки, сирење, спанаќ или шунка, или нешто трето, по желба, а може да не се додаде ништо. Смесата се пече во тавче обложено со хартија за печење околу 25-30 минути на 200 степени.
ваш аптекар
јануари - февруари 2015
29
крстозбор р р KRSTOZBOR
I TE L K A IMETO NA @ N A ED N A P E JA ^ EVROPK A TA SKA GO^EVA DR@AVA
EKS FR. RE@IS ER, RO@E
C RN A [UMSKA K RED A
KRSTOZBOR
OLIVERA NIKOLOVA
ZARABOTKA, DOBIVKA
PRILOG ZA MESTO
GR ^ K I OSTROV -------------S EN F
RADIOLOKATOR
M.IME, ES A D -------------I RS K A A K TE R K A , MORIN
M.IME, OLIVER
EMA TOMPSON ---------------E K S I T. A K TE R K A , L A URA GORNI E K S TR E MITETI ----------------OPORA, STOLB
VID J U @N O OVO[JE (MN.) DANSKI RAKOMET., MIKEL ----------------VODA^ NA GOLEMI VOENI OPERAC.
I L I JA JORGA
MOLEKUL ------------------T U R P I JA
AMERIKANSKA UP RA V A ZA V S E L EN S K I I S P I TU V .
KOW ---------------SOL NA OKSALNA K I S EL I NA
D I V TR E N DAFIL ---------------L A N TA N
S TR U ^ WA K Z A ANTROPOLOGIJA
INDISKI P I S A TE L , RA B I N D RA N A T FR.PSIHOLOG, P JE R --------------MLITAVOST
DEL OD AGOL ------------------------------"TERMOELEKTRI^NA C E N TR A L A " GR A D A C I JA N A MOTORNO MASLO -------------V I D EK S PLOZIV
LI ^N A ZAMENKA
[PANIJA -----------------GR A D V O JAPONIJA
V I D RA S TE N I E S O MNOGU L I S JA I SO^EN KOREN
M.IME -----------------KA LI UM
BAL ----------------SOLENI S TA P ^ I WA
OLIVER RI D ----------------S P L E TK A
LUKSEMB URG
ED I N I C A ZA MER. TE^NOST --------------GR A D V O FRANCIJA
REK A V O UK RA I N A ---------------AKTEROT VIDOV A K TE R K A TA BEKOL ----------------AKTEROT GIBSON
ODBRANO DRU[TVO
LI ^N A ZAMENKA
P I S A TE L K A TA BRONTE ---------------AMPER
U D I R A WE S O ^EK A N V RZ US V I TE N O P A R^E METAL ROMANSKA P E JA ^ K A
ваш аптекар
[KOTSKI FUDBALS K I REP R E ZE N TA TI V E C , I K E^I
A K TE R K A TA POPOVSKA ------------------KRIEWE
VID @ITNO R A S TE N I E
Во соковник исцедете 1 литар сок од цвекло. Во него додадете сок од 4-5 цедени лимони. Во стаклено шише чувајте го сокот во фрижидер. Пијте по 1 децилитар предпладне и 1 децилитар попладне. По првата доза може да ја проверите крвната слика, холестеролот и триглицеридите.
30
KOMPOZITOROT KOSTOV ----------------AERODROM KAJ P A RI Z
KOMPOZITOR.SOS ----------------NA[A EKS P E JA ^ K A , VASKA
S TI V OVET
Цвекло
ALT ---------------S EL O V O VELE[KO
N A U^N I K [TO SE ZANIM.SO TEATAROT --------------S I L EN V E TA R
E N E R GI JA
KRSTOZBOR
CRKOVNO PROKL E TS TV O
EV A N ED I N KOVSKA -----------IMAGIN. ED I N I C A
I TA L I JA N S K I FUDBALS KI KLUB
Кивито е егзотично овошје кое поседува одличен баланс помеѓу малата калорична вредност и големото лековито дејство. Содржи витамин Ц, витамин К, витамин Е, калиум, магнезиум, фолна киселина, диететски влакна. Количина на витамин Ц е за три пати поголема од таа во лимонот и помага во превенција и лечење на кардиваскуларни заболувања, спречува срцев и мозочен удар, го зајакнува имунитет и ја зголемува апсорпцијата на железото.
S RT N A PLANINA
B A ZA , TEMEL --------------BORILI[TE
VID J U @N O OVO[JE
Киви
KISLOROD
јануари - февруари 2015
S V R ZN I K --------------ERI K A JONG
E G E JS K O MORE ---------------E N E R G I JA
VID L I RS K A P ES N A
К Кај ај ппрвите рвите симптоми симптоми ннаа ннастинка астинка и ггрип рип ! ✓ Брз Брз и ефикасен ефикасен војно ппротиввоспалително ротиввоспалително ддејство ✓ Со Со ддвојно ејство
шумливи ш у м л и в и таблети т а б л е т и со с о витамин витамин Ц *е една дна шумлива шумлива ттаблета аблета ссодржи одржи 5 500 00 m mg gа ацетилсалицилна цетилсалицилна киселина киселина и 2 250 50 m mg gа аскорбинска скорбинска киселина киселина (витамин (витамин Ц Ц)) Возрасни: поединечна оединечна д доза оза 1 д до о 2 ттаблети аблети н на а ссекои екои 4 4-6 -6 ч часа, аса, д до о максимална максимална д дневна невна д доза оза о од д 8 таблети таблети (4 (4 g ацетилсалицилна ацетилсалицилна Возрасни: вообичаена вообичаена п киселина). киселина). Деца: вообичаена поединечна доза деца постари од 16 на часа, до доза од дневно оза зза ад еца п остари о Д еца: в ообичаена п оединечна д д1 6 ггодини одини 1 ттаблета аблета н а секои секои 6 ч аса, д о максимална максимална д оза о д 4 ттаблети аблети д невно ((2 2g ацетилсалицилна дневна доза оза до до 6 60 0 mg mg / k kg g телесна телесна ттежина ежина п поделени оделени во во четири четири до до шест шест дневни дневни давања давања односно вкупна вкупна д невна д ацетилсалицилна киселина), киселина), односно (поединечна доза од kg или 10/mg/kg mg / k gи ли 1 0/mg/kg )).. (поединечна д оза о д 15 15 mg A Andol ndol® С шумлива шумлива ттаблета аблета ттреба реба д да а се се р раствори аствори во во 1 dl dl вода вода и свежо да се испие. свежо подготвениот подготвениот раствор раствор д ас еи спие. Andol® C ш за особините Andol® C е достапен НАПОМЕНА: Збирен Збирен извештај извештај за особините на на лекот лекот Andol достапен на на б арање. Број Број и д атум на на о добрение зза ас НАПОМЕНА: барање. датум одобрение ставање тавање н на ал лекот екот в во оп промет: ромет: Andol шумливи умливи таблети таблети со со 10х500 10х500 Име и адреса адреса н ан осителот на на одобрението одобрението за за ставање ставање на на лекот лекот во во промет: промет: П ЛИВА на носителот ПЛИВА mg/250 mg, mg, 15-831/13 15-831/13 од од 09.05.2014. 09.05.2014. Начин Начин и место место на на издавање: издавање: се се издава издава и без без лекарски лекарски рецепт. рецепт. Име mg/250 ДООЕЛ СКОПЈЕ, СКОПЈЕ, Н икола П арапунов бб, бб, Скопје. Скопје. 11-14-ANDC-03-NO/4-14/11-16 11-14-ANDC-03-NO/4-14/11-16 ДООЕЛ Никола Парапунов
^ ^lenka lenka n na a ggrupacijata rupacijata T Teva eva
www.pliva.com.mk www.pliva.com.mk www.plivazdravlje.hr www.plivazdravlje.hr www.plivamed.net www.plivamed.net