Vasaptekar 2

Page 1

ISSN 1857-971X

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК

Va[ БРОЈ 2

МАРТ - АПРИЛ 2015

Дали секоја бременост

носи барем еден изгубен заб

Закиселен организам

слободен влез за многу болести

www.vasaptekar.mk

Лекови

ЗЛОУПОТРЕБА НА АНТИБИОТИЦИ

Храна

ЗДРАВА ХРАНА ЗА ДОБАР ВИД



Содржина

Почитувани читатели,

Закиселен организам

слободен влез на многу болести стр.4-6

Здравје

Остеопороза

стр.12-13

Педијатар Респираторни инфекции стр.8-9

Стоматологија Секоја бременост носи барем еден изгубен заб стр.10-11

Лекови

Злоупотреба на антибиотици

Позитивните реакции и вашите импресии од првиот број на списанието кои пристигнаа до нас дополнително нè охрабрија и ни дадоа мотив повеќе да продолжиме во нашата намера да создадеме не само семеен и трендовски магазин, туку да креираме вистински автентичен бренд, кој во иднина ќе стане ваш личен пријател и советник кој ќе ви понуди содржини и теми поврзани со вашето и со здравјето на вашите најмили. Здравјето не е само отсуство на болести, здравјето е целосна психичка, физичка и емоционална благосостојба. Нашата мисија ќе биде токму таква. Преку навидум едноставни и кратки совети и преку внимателно одбрани содржини, ви нудиме практично применливи информации за подобрување на квалитетот на вашиот живот во целина. Затоа и во овој број ќе начнеме интересни теми кои ќе го задржат вашето внимание и, секако, ќе бидат од полза во вашето секојдневие. И овој пат ќе останеме алката меѓу вас, вашиот фармацевт и вашето добро здравје. Цело е кога има сè.

Со почит, Ваш аптекар

стр.15-17

Va[

Печатено на 23.03.2015 година Тираж:30.000 Печати: Европа 92 - Кочани

Издава Македонијалек ДООЕЛ, Скопје Боца Иванова бр.1 Тел:+389 2 261 49 49 maklek@makedonijalek.com.mk www.makedonijalek.com.mk

Директор

Солунка Момчиловиќ Уредник Панче Гелевски Лектор Катерина Митиќ Дизајн Предраг Андонов

ваш аптекар

март - април 2015

3


здравје

Закиселен организам

)))

4

Чувствувате ли хроничен замор, недостаток на енергија, болка во зглобовите или мускулите, имате проблеми со концентрацијата, депресивни сте или тешко ви е наутро да се разбудите и да станете од кревет, се чувствувате изнемоштено? Само еден од овие симптоми лесно укажува на закиселеност на организмот

ваш аптекар

март - април 2015

слободен влез за многу болести ШТО ЗНАЧИ ПОИМОТ КИСЕЛОСТ НА ОРГАНИЗМОТ?

Киселост на организмот е pH-ниво во нашето тело кое варира во зависност од она што јадеме, но и од начинот на кој живееме. За одредување на pH-состојбата во организмот се тестираат урината, крвта и плунката. Оптимална pH-вредност наутро за урината и плунката изнесува 6-7, додека за крвта е 7,3-7,4.

ЗОШТО Е ВАЖНО КОЛКАВА Е PH-ВРЕДНОСТА НА ВАШИОТ ОРГАНИЗАМ? Истражувањата покажуваат дека сè додека pH-вредноста во организмот не премине во благо алкална, организмот нема способност за самолекување. Можете да одберете најраз-


лични методи на чување на вашето здравје, но сè ќе биде без ефект додека не воспоставите pH-рамнотежата во организмот. Кога pH-вредноста на вашиот организам не е во рамнотежа, тогаш не може ефективно да ги апсорбира витамините, минералите и хранливите материи. Исто така,се намалува производството на енергија во клетките и се намалува способноста да се регенерираат оштетените клетки. Со еден збор, pH-вредноста на вашиот организам влијае на сè.

нија на одбрана на организмот од болестите. Секоја хранлива состојка внесена во организмот со помош на различни ензими согорува и создава кисела или базна реакција. На тој начин некои сос-

тојки влијаат на создавањето на кисела или базна средина, а при тоа истите состојки во природата може да имаат спротивни pH-вредности. Едноставен пример за тоа е лимонот, кој припаѓа на групата на многу кисели овошја, а во организмот станува многу базен (алкален).

pH ТЕСТ ленти за урина Во вашата аптека побарајте тест ленти за брза и едноставна проверка на pH вредност на вашиот организам во домашни услови.

ШТО ВЛИЈАЕ НА PH-НИВОТО НА НАШИОТ ОРГАНИЗАМ? Сè што ќе изедеме во текот на денот влијае на состојбата на нашето тело, па затоа pH-нивото се менува од час во час. Некои производи ја намалуваат pH-вредноста, други, пак, ја зголемуваат, што укажува на тоа дека не е сеедно со што се храниме. Во иднина може да очекуваме од аспект на ацидобазната рамнотежа во организмот, исхраната да добива сè поголемо значење во преве нтивата од болестите на денешното време.

КАКО ДА СЕ ОБЕЗБЕДИ ИДЕАЛНАТА PH-РАМНОТЕЖА ВО ОРГАНИЗМОТ? Во последно време сè повеќе се истакнува важноста на pH-рамнотежата во телото како прва ливаш аптекар

март - април 2015

5


здравје

ПРОИЗВОДИ КОИ ЈА ЗГОЛЕМУВАAT БАЗНОСТА НА ОРГАНИЗМОТ

ПРОИЗВОДИ КОИ ГО ЗАКИСЕЛУВААТ ОРГАНИЗМОТ За да се развие некоја болест, потребно е во организмот да се постигне кисела средина, а производи кои го закиселуваат организмот се: Рафинираниот шеќер и сите негови деривати Тој е најлош, бидејќи не содржи белковини, масти, витамини и минерали. Содржи само рафинирани јаглехидрати, кои се штетни за панкреасот. pH-вредноста на рафинираниот шеќер е 2.1 (многу кисела).

Месо Сите видови Производи од животинско

потекло Млеко и млечни производи

Рафинирана сол Рафинирано брашно Вода Водата е животен еликсир. Таа е движечка сила на целата природа и многу е значајна за производството на кислород. Секогаш бидете добро хидратизирани, пијте вода во мали количини во текот на целиот ден. Пијте најмалку 1,5 до 2 литри на ден. Зеленчук Јадете: зелка, целер, морков, краставица, домат, цвекло, брокола, грав, кромид, лук, спанаќ, зелена салата, боранија, грашок... Овошје Јадете: јаболко, кајсија, капини, малини, вишни, круши, праски, лимони, портокали, банани, лубеница, ананас, грозје, смокви, урми..

Леб Маргарин Кофеин Газирани пијалаци

Пијте по 2 литри вода на ден. Најдобро би било кога ќе станете наутро да испиете чаша-две млака вода. Потоа помеѓу појадокот и ручекот испијте уште 2 чаши, па две чаши попладне. Значи дневно испијте вкупно шест чаши и по можност уште две чаши цеден сок.

Бадеми Ја зголемуваат базноста на организмот Мед 6

ваш аптекар

март - април 2015

Вежбите ја подобруваат базноста на организмот, бидејќи му даваат кислород на целото тело. Седењето го уништува животот. Здравите клетки живеат во базна средина, полна со кислород, која овозможува нивно нормално функционирање. Туморните клетки живеат во кисела средина, сиромашна со кислород.


Кардиопирин® 100 mg, еднаш дневно, превенира бројни кардиоваскуларни болести. Го намалува ризикот од инфаркт на миокардот. Го минимизира ризикот од појава на мозочен удар и на васкуларна тромбоза. Таблетите Кардиопирин се гастрорезистентни таблети и ја штитат слузокожата на желудникот.

Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот, обратете се кај Вашиот лекар или фармацевт.


педијатар

РЕСПИРАТОРНИ ИНФЕКЦИИ ))) Р прим. д-р Нада Смоковска

еспираторните инфекции може да бидат во горните или во долните делови на дишните патишта: Горни респираторни инфекции најчесто се на носот (ринитис), грлото (акутен фарингитис), зголемен трет крајник (аденоид), воспаление на крајниците (тонсилитис), воспаление на синусите (синуситис). Овие инфекции може да бидат акутни или хронични (на пример, по 3 месеци инфекција на синусите се смета за хроничен синуситис). Долни респираторни инфекции се ларингит, трахеит, бронхит, бронхопневмонија и сл. Инфекциите на дишните патишта обично се предизвикани од бактерии (грам + или грам - бактерии), од вируси, а во последно време сè почесто се обвинуваат и хемиските агенси (аерозагадувањето) и пушењето, било да е активно или пасивно. Пушењето особено штетно делува кај помалите деца и кај децата во пубертет. Начинот на пренесување на респи8

ваш аптекар

март - април 2015

Повеќе од 60% од сите инфекции во детската возраст, од раѓањето, па сè до пубертетот, припаѓаат на респираторните инфекции

раторните инфекции најчесто е преку воздухот, т.е. аерокапково, особено присутно во градинките и школите. Симптомите кај горните дишни патишта се во вид на кивање, кашлање, болки во грлото, особено при голтање, главоболки, намален апетит, покачена температура. Кај инфекциите на долните дишни патишта најчесто се јавува малаксаност, сува или влажна кашлица, отежнато дишење, бледило, покачена температура и сл. (честопати отежнато дишење може да се јави кај енормно зголемен трет крајник). Најдобра превенција кај овие ин-

фекции е следење на детето од страна на родителот, т.е. детето да се хидрира со внес на течности, проветрување на просториите за престој, прошетки на чист воздух, консумирање здрава храна (повеќе овошје, зеленчук и протеини за правилен развој), одржување лична хигиена, соодветна облека. За преземање на поагресивни методи т.е. вадење на крајниците, треба да има оправданост, бидејќи до 12-годишна возраст тие учествуваат во создавање на имунитетот. Вадењето пак на третиот крајник, ако мора, најпогодно е да се изведе по 5-6-годишна возраст, бидејќи може да се јави рецидив, односно може повторно да се обнови. На крај лекувањето на бактериските инфекции ни го овозможуваат антибиотиците, а вирусните инфекции се третираат со симптоматска терапија, добра нега и следење на детето. За да имаме здрави деца полни со дух, т.е. да имаме здрави генерации потребна е правилна процена и соодветен третман на болеста.


КОЈ ПИЈАЛАК Е НАЈДОБАР ЗА БОЛНОТО ДЕТЕ? Една од најважните работи како да му се помогне на болното дете е да се обезбеди тоа да внесува доволна количина течности. Водата е од најголемо и непроценливо значење за здравото дете, а за болното дете често е позначајна и од лековите. Водата во организмот го обезбедува транспортот на хранливите материи и кислород во клетките и исфрлањето на отпадните материи и јаглеродниот диоксид.

Кога детето има вирусна инфекција, потребно е да го надополни губитокот на телесни течности. Зголемената температура, која често се јавува при инфекциите, го зголемува испарувањето на водата од телото, но и го забрзува метаболизмот, со што се зголемува потрошувачката на водата. За болното дете, без дилема, водата е најдобриот пијалак, при тоа треба да се внимава да пие умерено топла вода во мали голтки. Никако не треба да се пијат газирани течности. Од лимонадите најдобри се оние од цитрусните овошја (портокал, лимон, цитрон) кои се богати со витамин Ц. Се разбира дека температурата на детето се намалува со лекови (антипиретици) како и со разладување, но сепак внесот на водата е од непроценлива важност за нормализирање на температурата.

Оперил-Р-Мк-12/2014

ЗОШТО ДЕТЕТО КОГА ИМА ВИРУСНА ИНФЕКЦИЈА ТРЕБА ДА ПИЕ МНОГУ ТЕЧНОСТИ?

1) Part from the registration dossier, Lek d.d. 2014;

Пред употреба прочитајте го упатството. За индикациите, ризикот од употребата и несаканите ефекти, консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт. Лек Скопје ДООЕЛ, Перо Наков бр.33, 1000 Скопје, Р. Македонија, тел.+38922550800 факс +38922551485

ваш аптекар

март - април 2015

9


стоматологија

Да го разбиеме митот:

ДАЛИ СЕКОЈА

БРЕМЕНОСТ

носи барем еден

ИЗГУБЕН ЗАБ )))

Ана Кртолица-Георгиев, д-р дент. мед.

Бременоста е исклучително важен период во животот на жената. Тогаш кога во нејзиното тело расте и се развива нов живот, се случуваат хормонски промени, кои влијаат врз емотивната, односно психичката состојба на жената и секако резултираат со многу промени во организмот. Некои од тие промени се случуваат токму во усната празнина. 10

ваш аптекар

Дали бебето го црпе калциумот од забите на мајката? Ако земеме предвид дека дневните потреби од калциум, кои се движат од 1000 до 1200 mg, ги задоволуваме само со консумирање половина литар јогурт дневно, одговорот на ова прашање е НЕ. Покрај млечните производи, за кои сите знаеме дека содржат калциум, во големи количини калциумот е присутен и во житарките, сојата, тофуто, овошјето и зеленчукот, што кажува дека и оние трудници кои не внесуваат производи од животинско потекло ја

март - април 2015

задоволуваат дневната доза од калциум. Совет: Балансирана исхрана. Зошто на трудниците често им се расипуваат забите? Бременоста е период со голем емотивен набој, во кој трудницата е опседната со раѓањето на новиот живот и често станува невнимателна во одржувањето на оралната хигиена. Во овој период се менуваат и прехранбените навики на трудниците. Тие често поткаснуваат дури и во текот на ноќта и потоа, без повторно да ги измијат

забите, заспиваат. Исто така, утринската мачнина и честите повраќања придонесуваат за кисела средина во устата, а поради хормонските промени кои се случуваат во бременоста се менува и pH-нивото на плунката. Сите овие фактори создаваат идеални услови за деминерализација на глеќта и создавање на кариес. Совет: Забите мијте ги најмалку два пати дневно. По ноќните поткаснувања секогаш измијте ги забите. Често консумирајте вода, бидејќи таа ја неутрализира киселоста во


устата. Избегнувајте леплива и слатка храна која долго се распаѓа во устата. Користете пасти за заби кои содржат аминфлуориди. Редовни прегледи, санација на постоечките проблеми и флуорирање на забите со флуоридни лајнери кај вашиот стоматолог се повеќе од препорачливи. Зошто на трудниците им крварат непцата? Крварење од непцата е прв знак на нивно воспаление, односно гингивитис. Под влијание на зголеменото ниво на хормони, непцата на трудниците отекуваат и се почувствителни на влијанието на бактериите кои се наоѓаат во наслагите околу забите. Како резултат на тоа непцата се воспалуваат и крварат. Гингивитисот не е нималку наивен и кога тој не се лекува, води кон парадонтопатија. Совет: Високо ниво на орална хигиена. Користете конец за заби (без восок) еднаш дневно, препорачливо е навечер по миењето на забите. Плакнете ја устата со чај од жалфија секојдневно. Забите мијте ги подолго со мека четка, така ја поттикнувате циркулацијата во непцата и со тоа ја зголемувате нивната одбранбена моќ. Посетете стоматолог и отстранете го забниот камен, односно направете арадонтален третман. Дали за време на бременоста се дозволени стоматолошки интервенции?

Бременоста е една причина повеќе зошто треба да посетите стоматолог. Стоматолошките интервенции не се штетни, напротив, нужни се за општото здравје на трудницата, што ќе обезбеди непречен развој на плодот. Анестезијата што се користи во стоматологијата (лидокаин) е локална, се дава во многу мали количини и не ја преминува бариерата на плацентата, што укажува дека не е штетна. Доколку на трудницата и е потребна антибиотска заштита, се даваат антибиотици кои исто така не ја преминуваат плацентата и со тоа не му штетат на плодот. Рендгенските зрачења за стоматолошки потреби се исклучиво ниски. Сепак, доколку не е нужно, подобро е да се избегнуваат рендгенските снимања барем во првиот триместар од бременоста. ваш аптекар

март - април 2015

11


здравје

Остеопо О

стеопорозата е хронична болест на коските, која често се нарекува тивка епидемија на 21 век. Таа е болест која се манифестира со намалување на густината на коските, поради што тие стануваат порозни. Се намалува количината на калциумот, кој ја одржува цврстината на коските, со што тие стануваат меки и лесно се кршат. Примарно се работи за прекумерно губење калциум од коскеното ткиво. Процесот на стареење и губење на калциумот е вообичаен физиолошки процес кој се одвива во текот на животот, но кога губењето на коскеното ткиво станува поголемо од создавањето, доаѓа до остеопороза. Кога организмот е закиселен, калциумот се извлекува од коските и забите за да се неутрализира кисе12

ваш аптекар

лоста. Нема орган ниту клетка во нашето тело кои не можат да бидат оштетени или потполно уништени поради зголемената киселост. Максималната минерализација на коските се постигнува во периодот од дваесеттите до триесет-

март - април 2015

тите години од животот. По тој период густината на коските полека се намалува. Најзагрозени се 'рбетните пршлени и бутните коски.

Клиничка слика

Знаци кои укажуваат на

оваа болест се болки во долниот дел од грбот, губење на висината и подгрбавеност. Некогаш остеопорозата се открива многу драматично, односно со кршење на пршлен или на колк.

Калциум. Млекото и млечните производи често се истакнуваат како најдобри извори на овој минерал, иако во природата постојат многу други подобри извори. Како пример може да го земеме сусамот, кој содржи седум пати повеќе калциум од млекото. Исто така, калциумот во поголеми количини го има во смоквите, темнозелениот лиснат зеленчук, бадемите, оревите, леблебијата, кикириките, кељот, броколата, сардините, семето од сончоглед и глуварчето. Суровата храна најмногу помага при остеопороза.


ороза !

ИСТРАЖУВАЊА

Седумгодишна студија која била спроведена на девет илјади жени покажала дека оние жени кои имале постојано закиселен организам биле многу поизложени на ризикот да заболат од остеопороза од жените кои имале нормални pH-вредности.

Остеопорозата може да биде примарна (кога се јавува кај жените по менопаузата), секундарна (како последица при користење на лекови кои предизвикуваат деминерализација на коските) и сенилна (кај жените и мажите по 70 години).

Превенција

Остеопорозата може да се спречи или барем да се забави со правилни животни навики. Треба да се почне со оптимална физичка активност и со правилна исхрана од раното детство. Вежбањето може да помогне во изградувањето на цврсти коски и да се

забави губењето на коскеното ткиво. Со вежбањето не работат само мускулите туку и коските кои почнуваат повторно да се зацврстуваат. Пушењето го зголемува губењето на коскеното ткиво, бидејќи делува на намалување на апсорпцијата на калциумот од цревата. Исто такво негативно дејство имаат алкохолот и кафето (повеќе од два филџани дневно). Затоа, треба да се избегнува пушењето, да се намали внесот на алкохол, сол и кофеин. За лекување на остеопорозата најважна е здравата храна, богата со супстанции кои ја

зголемуваат густината и квалитетот на коските, што значително го намалува ризикот од фрактура на коските. Калциумот е есенцијален градежен елемент за добро здравје на коските. За да биде дејството на калциумот комплетно, потребно е да се внесува витамин Д, кој го стимулира апсорбирањето на калциумот од цревата и така го зголемува неговото искористување. Исто така, на калциумот му помагаат магнезиумот, витаминот К и лизинот. Најдобар начин за внесување на овие елементи е преку балансирана и разновидна храна.



Лекови

ЗЛОУПОТРЕБА НА

АНТИБИОТИЦИ проф. д-р Бистра Ангеловска

Што се антибиотици? Антибиотиците се супстанции кои можат да ги убијат бактериите (бактерицидно дејство) или да го спречат нивниот раст (бактериостатско дејство). Може да бидат од природно потекло, синтетички или полусинтетички добиени. Тие се добар избор за лекување на бактериски инфекции, но не делуваат на вируси и на габички. Антибиотиците се пуштени во употреба во раните 40-ти години од минатиот век. Во почетокот се користени само во болниците за лекување на силни и животозагрозувачки болести, како што се туберкулозата, воспаление на белите дробови и менингитис. Денес најмногу се употребуваат во примарната здравствена заштита, и тоа, во најголем дел кога не се потребни или неопходни: за благи инфекции, вирусни инфекции и превентивно. Тоа се состојби при кои воопшто не делуваат, а може да нанесат сериозни штети на организмот. Денес е скоро неможно да се најде човек кој никогаш не користел антибиотик. Нивната пречеста и прераширена употреба доведува до негативни последици за луѓето и целото општество, бидејќи доведува до слабеење на имунитетот и развој на отпорни видови на бактерии. Во овој момент, тоа е проблем од глобални (светски) размери во јавното здравство. ваш аптекар

март - април 2015

15


Отпорност на бактериите кон антибиотици

Како да се користат антибиотиците

Антибиотиците се добиваат во аптека САМО врз основа на рецепт препишан од лекар, што значи треба да се земаат само по препорака на лекар. Пропишаниот антибиотик не смеете да го делите со друг. Важно е антибиотикот да се зема доволно долго, а не да се прекине со негово земање во моментот кога ќе се почувствуваме подобро. Ако прерано го

16

ваш аптекар

прекинеме антибиотикот, преостанатите бактерии продолжуваат да се размножуваат и можат да развијат отпорност на антибиотикот. Антибиотиците се ефикасни во лекувањето на бактериските инфекции ако се земаат: во препорачана доза во еднакви временски интервали доволно долго

март - април 2015

Антибиотиците ги убиваат повеќето бактерии, но сепак некои бактерии успеваат да развијат заштита и во тој случај антибиотиците престануваат да делуваат на нив. Колку почесто се земаат антибиотиците толку е поголема опасноста од развој на отпорност. Денес постојат бактерии кои се отпорни на повеќето познати антибиотици и инфекциите со такви бактерии го загрозуваат здравјето и животот. Главната причина за појавата на отпорност на бактериите е прекумерната и несовесна употреба на антибиотиците, нивното земање кога не се потребни, прекин на терапијата со антибиотици пред да биде завршено лекувањето, земање на несоодветни (помали) дози од потребните и не-

почитување на правилните временски интервали при земањето на терапијата.

Злоупотреба на антибиотици

Антибиотици најчесто се пропишуваат за инфекции на горните дишни патишта (како што се акутна кашлица, настинка, зеленикав секрет од носот, болки во грлото, бронхитис) и средното уво, наспроти доказите дека антибиотиците не делуваат во најголемиот број од овие случаи. Многу луѓе чуваат неискористени лекови за лекување на следната настинка или болки во грлото. Чување на неискористени антибиотици за лекување на следната болест може да изгледа како добра идеја, но само лекарот може да каже кога навистина има потреба од употреба на антибиотици, и ако има, кои се најдобри за болеста.


)))

НЕСАКАНИ ПОЈАВИ ПРИ ЗЕМАЊЕТО НА АНТИБИОТИЦИ Антибиотиците можат да предизвикаат алергиски реакции кај некои луѓе. Многу често несакано дејство на антибиотиците може да биде и појава на пролив или запек, мачнина и габични инфекции. Антибиотиците, особено оние со широк спектар на делување, ги уништуваат и добрите и лошите бактерии и на тој начин посредно го намалуваат имунитетот. Само цревата содржат околу 1,5 милиони добри бактерии без кои не би можеле да живееме. Кога ќе уништиме голем дел од нив со земањето на антибиотик, се отвора патот за размножување на патогените бактерии, што доведува до нарушувања во системот за варење на храната, главоболка, замор, несоница, болки во стомакот и слично. Земањето на поголем број антибиотици без контрола на здравствен работник нанесува големи штети на здравјето во целост.

Што може секој од нас да направи

Пред да се решите да земате антибиотик, обидете се да се лекувате со некои природни методи на лекување што го зајакнуваат имунитетот и целото тело. Можете да се обидете со употреба на некои природни антиинфективни материи: прополис, ехинацеа, лук, ѓумбир, рен, мајчина душица и други. Силниот имунитет е важен за да се одбрани организмот од инфекции, а тој се зајакнува и одржува со здрава храна, физичка активност и здрав начин на живеење. Здравиот организам е способен да се избори против голем број на инфекции и без антибиотици, и со тоа да стане уште појак. Доколку е неопходно да земате антибиотик, тогаш:

Како можеме да го спречиме развојот на отпорни бактерии

Развојот на отпорни бактерии не можеме да го спречиме во потполност, но можеме да го забавиме со правилна употреба на антибиотици, што би значело само по препорака на лекар. Антибиотиците не се лекови за лекување на грип и настинка Антибиотикот не е лек за секоја болка во грлото Со антибиотик се лекуваат бактериски, а не вирусни инфекции Антибиотикот не е лек за намалување на телесната температура Нерационалната примена на антибиотиците ја намалува нивната делотворност Антибиотикот треба да се зема само по препорака на лекар и тоа во точно определено време и дозата треба да се испие цела Со неправилна употреба на антибиотикот создаваме отпорни бактерии Тоа се единствените лекови чија неразумна употреба влијае негативно не само на здравјето на лекуваниот пациент, туку делува на здравјето во глобална смисла

Земајте го само по препорака на лекар Не барајте од лекарот да ви пропише антибиотик „за секој случај“, и не ги купувајте на своја рака Терапијата со антибиотици секогаш спроведете ја до крај Не земајте туѓи антибиотици и не употребувајте ги антибиотиците што ви останале од некоја претходна терапија

За време на антибиотската терапија и две недели по завршувањето може да биде корисно земањето на пробиотик (консултирајте го фармацевтот)

ваш аптекар

март - април 2015

17


аптеки

Аптека

БЕРОВО

БИОМЕДИКА ФАРМ ФАРМАМЕДИКА

БИТОЛА

АДОНИС ВИВОФАРМ ВИС МЕДИКУС ЕМА ФАРМ КОРОНА ФАРМ МЕДИКА КАРТА МЕДИКА КАРТА 2 ОРХИС ФАРМАЦИЈА 4 ПРИМА ЛЕК РОСА-ВИТА

БОГДАНЦИ БИОМЕНТ

БОГОВИЊЕ

АНАКОНДА 5

БРВЕНИЦА

ДАНИ-ФАРМ

ВЕЛЕС

ВЕСНА ФАРМ ВИВА ВИТА ФАРМ ВИТА ФАРМ 2 ХЕРБА ЦИТО ФАРМ

ВИНИЦА

АЛПИ ФАРМ – 11 ФАРМАКРИН

ВРАПЧИШТЕ ШИФА

ГЕВГЕЛИЈА

ФАРМАЦИЈА ПЛУС НОВАФАРМ ММ ПУНИКА

ГОСТИВАР

ФАРМЕД М ФАРМЕД М 2 СТАР ФАРМ П.Р. ФАРМ

Телефон

070/701-913 033/471-145

047/612-940 047/609-764 047/222-127 047/612-485 047/240-330 047/225-285 047/258-852 047/242-040 047/235-102 047/236-468

034/221-321

044/333-972

044/455-488

043/613-037 043/230-677 043/231-003 043/211-707 043/231-807 043/228-222

033/360-234 033/364-433

070/910-133

034/550-201 034/213-905 034/216-998

042/214-266 042/211-383 042/222-133 042/211-495

Аптека

ДАБИЛЕ

ЕЛИКСИР 4

ДЕБАР

АР-ФАРМ ВЕ ФАРМ ВЛЕР-ФАРМ ДО ФАРМ

ДЕЛЧЕВО

ДЕЛ-ФАРМ

Д. ХИСАР

ОЛИМПИЈА ОРХИС ФАРМАЦИЈА 3

ДОБРОШТЕ

ПАКОМ-ФАРМ

ЖИТОШЕ

РОСА-ВИТА

КАВАДАРЦИ

АЛТЕА ГЛОРИЈА ДАЛИА-ФАРМ ДИАНА КАМЕЛИЈА КИАНА КРИСТИНА ФАРМ РЕМЕДИА-М Св. ПАНТЕЛЕЈМОН ФАРМАКОН-ЛЕК ХИГИЈА

КИЧЕВО

АЛТЕА ФАРМАЦИЈА Б-1 Б-3 БЕЛ ЛЕК БЛИНА ЗДРАВЈЕ ЛИНОВА НИНЕКС ОРХИС 10 ФАРМАЦИЈА ЕРА 1 ФАРМАЦИЈА ЕРА 2 ФАРМАЦИЈА ЕРА 3 ФАРМАЦО

Телефон

076/231-493

046/833-007 046/831-890 078/241-065 046/834-938

Аптека

КОЧАНИ

АЛПИ ФАРМ – 6 АЛПИ ФАРМ – 7 ГАЛЕНИУМ ЛЕК-ФАРМ РОСИЦА

КРАНИ

АЛПИ ФАРМ – 13 033/413-413

КРАТОВО ЗДРАВЈЕ

047/276-809 047/276-004

К. ПАЛАНКА

070/629-371

КУМАНОВО

048/474-500

043/410-940 043/413-088 043/400-070 043/400-330 043/413-434 043/609-607 043/550-145 043/410-085 043/550-765 043/411-891 043/400-445

045/228-663 045/223-834 045/224-340 045/225-450 070-651-187 045/227-301 045/222-324 045/216-001 045/282-844 045/222-025 045/225-125 045/223-318 077/913-553

МЕЛИСА МЕЛИСА-ЦЕНТАР

АРДИ ФАРМ ЛЕА АХИЛЕА ВАВИЛОН ВИТАЛИКА ДРИТА ФАРМ КАРПОШ МАРК ФАРМ ОРХИС 12 ПРО ВИТАЛИС ШЕНДИ ФАРМ ШИК-ЗДРАВЈЕ

ЛАБУНИШТА ХЕРБА

ЛЕСКОЕЦ

ХРИСТИ-1 и ФИЛИП-2

ЛОЗОВО

МЕДИКА ФАРМ-ЕЛ 2

М. КАМЕНИЦА ВИВА

МАТЕЈЧЕ ПАНАКС

МОГИЛА

РОСА-ВИТА

НЕГОТИНО

БЕЛА ФАРМ

НЕРАШТЕ

БЛЕ-МЕДИКА 4 18

ваш аптекар

март - април 2015

Телефон

033/237-060 033/275-010 033/277-184 033/276-650 033/273-452

02/2603-863

031/482-832

031/374-922 031/372-114

031/419-616 031/424-648 031/430-460 031/411-645 070/509-406 031/445-165 031/430-760 031/413-593 031/415-303 031/421-181 031/414-523

078/422-797 046/257-740 072/266-679 033/431-779 031/511-899 071/235-233 043/553-570 044/345-309


Аптека

НОВАЦИ

НИДЕАФАРМ

Телефон

047/511-655

ОХРИД

АКВА ФАРМ 046/611-599 АНГЕЛИКА 046/258-852 ВИТЕЗДА 046/254-233 ГАЛИУМ ФАРМ 046/250-202 ДОНЕВИ 046/258-920 ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА 046/200-321 ЛИСА ФАРМ 046/611-266 КАМИ ФАРМ 046/258-002 МАЈА ФАРМ 046/257-447 МЕРИ ФАРМ 046/260-668 Св. ВРАЧИ КУЗМАН И ДАМЈАН 046/260-500 Св. ПАНТЕЛЕЈМОН 046/263-600 ФЛОС 046/268-693

ОРИЗАРИ

АЛПИ ФАРМ – 14

ПЕХЧЕВО

БЕНИ-ФАРМ

ПРИЛЕП

АЛЕК ФАРМ ВЕНЕНА ЕУКАЛИПТУС ЗДРАВЈЕ ФАРМ ИСКРА-НАДЕЖ МЕЛИСА МИА ФАРМ ОЛИМПИЈА РЕМЕДИЈА РЕМЕДИЈА ФАРМ ТЕА ХЕРА ХЕРБА

ПРОБИШТИП АЛТЕА 1

РАДОВИШ АМБРОЗИЈА МЕДЕА МЕДИКУС МЕЛИСА

РЕСЕН

АЛПИ ФАРМ – 12

РОСОМАН ХИГИЈА 2

РОСТУШЕ ВЕРА

033/511-711

033/442-955

048/421-600 048/421-372 075/489-142 048/426-888 048/551-257 075/353-438 075/440-414 048/424-120 048/423-455 048/550-900 048/435-330 048/420-421 048/420-520 071/271-029 032/634-050 032/635-190 032/630-808 032/635-364 047/452-550

043/441-575

042/222-265

Аптека

Телефон

СКОПЈЕ АЛПИ ФАРМ – 1 АЛПИ ФАРМ – 2 АЛПИ ФАРМ – 3 АЛПИ ФАРМ – 4 АЛПИ ФАРМ – 5 АЛПИ ФАРМ – 8 АЛПИ ФАРМ – 9 АЛПИ ФАРМ – 10 АЉ-НЕ АНДРЕА-ЛЕК БАЗИЛИКА БЕРНА ФАРМ БОЖИЛАК ДЕРМА-ФАРМ ДОНА ФАРМ ЕФЕДРА ЗАНА-ФАРМ ИВАНДРЕЈ ИВИ-ТА ЈОВАНА-ФАРМ ЈОВАНА-ФАРМ 2 КАРПЕДИЕМ ФАРМ ЛИЗА-ФАРМ МАРИЈА ГАЛЕН ФАРМ МЕДИКО ПОИНТ-ФАРМ МОЛИКА МОЛИКА – 2 НИ-РА ОРХИС ФАРМАЦИЈА ОРХИС ФАРМАЦИЈА – 1 ОРХИС ФАРМАЦИЈА – 2 ОРХИС ФАРМАЦИЈА – 6 ОРХИС ФАРМАЦИЈА – 7 ОРХИС ФАРМАЦИЈА – 9 ПЕНИЦИЛИН РЕМЕДИУМ-ЛЕК РЕЧИ ФАРМ САРАХ САРАХ 1 ХЕДЕРА

02/2638-315 02/2432-462 02/2673-944 02/3179-457 02/3076-097 02/3118-088 02/2780-040 02/2533-050 02/2638-240 02/3225-422 02/3171-313 02/2614-502 02/2060-208 02/2634-071 02/3068-919 02/3067-500 02/3223-126 02/2772-585 02/2795-212 02/2524-300 02/2562-712 02/2727-759 02/2057-181 02/3212-760 02/2036-952 02/2720-014 02/2620-785 02/2650-522 02/2658-800 02/3222-282 02/2791-445 02/2521-757 02/2573-440 02/2060-099 02/2534-572 02/3071-105 02/2640-017 02/2617-573 075/258-308 02/3162-364

СЛАТИНО МЕГА ПАКОМ-ФАРМ

070/629-371

СТРУГА АНГЕЛИКА МЕДИКА НИТА ФАРМ – 1 НИТА ФАРМ – 2 ОРХИС ФАРМАЦИЈА 8 ОРХИС ФАРМАЦИЈА 11 ПЕНТАМЕДИКА ПРИМАВИТА

046/789-333 046/786-790 046/789-383 046/787-602 046/788-533 046/846-570 071/390-809 046/786-139

Аптека

Телефон

Св. ПЕТКА 046/520-504 ФАРМАНОВА 046/783-103 ФАРМАЦИЈА ПОЛОЖАНИ 046/782-996

СТРУМИЦА АЛТЕА АДОНИС БЕЛАДОНА ЕЛИКСИР ЕЛИКСИР – 2 ЕЛИКСИР – 3 СНЕЖАНА ФАРМ СНЕЖАНА ФАРМ – 2 ЧИФЛИК ЧИФЛИК – 2

ТЕАРЦЕ

АГ ФАРМАЦИЈА ДЕА-ФАРМ

ТЕТОВО

АНАКОНДА АНАКОНДА 2 АНАКОНДА 4 АОРТА ФАРМ АПОЛОН ФАРМ АСЛИ ФАРМ БЛЕ-МЕДИКА БЛЕ-МЕДИКА 1 БЛЕ-МЕДИКА 2 БЛЕ-МЕДИКА 3 БЛИНИ ВАША АПТЕКА ВИТАЛЕК ВИТАЛЕК 1 ЕКАЛЕК ЖАНЕ ФАРМ ЈЕТА-ФАРМ М&М ФАРМ МЕКА МЕЛ-ФАРМ МЕРИ ОЛИФАРМ

071/271-029 034/322-522 034/329-606 034/323-511 034/330-483 034/330-482 034/344-679 034/320-840 034/345-316 078/345-316

044/521-399 044/381-720

044/338-689 044/333-972 044/333-972 070/502-755 070/502-755 044/338-532 044/339-820 044/613-410 070/565-037 044/613-508 044/331-170 044/332-220 044/331-631 044/342-511 044/521-507 044/341-115 070/777-120 044/336-222 044/616-614 044/338-696 044/332-254 044/343-255

ЧЕГРАНЕ МЕД-ФАРМ

042/321-363

ШТИП ЕСКУЛАП МЕДИКА ФАРМ МОРФЕЈ РАДО ЛЕК СОФИЈА ваш аптекар

032/607-652 032/389-044 032/393-656 032/380-190 032/388-777

март - април 2015

19


билки

НАШИТЕ ЛЕКОВИТИ БИЛКИ, НАШЕТО ЗЕЛЕНО ЗЛАТО

прим. м-р Илчо Захариев

ПОЧИТУВАНИ ЧИТАТЕЛИ, Позитивните реакции од списанието Ваш Аптекар и неговите содржини кои стигнуваат до мене покажуваат дека содржините во ова прекрасно списание се добро осмислени и многу внимателно одбрани и дека носат позитивен ефект кај сите оние кои го земале списанието и кои внимателно го прочи20

ваш аптекар

тале. Бидејќи лековитите растенија се неодминлив дел од нашата медицинска и здравствена култура која е десетици векови стара и која опстојала низ вековите, во ова списание се одлучив да ги опишам копривата, глуварчето, и подбелот, бидејќи тие по своите особини, по својата хранливост и лековитост доминираат во нашата народна и традиционална медицина како и во современата физиотерапија. Листот од коприва и листот од глуварчето, претставуваат извонредна и здрава храна, но потполниот ефект

март - април 2015

од нивното користење се надополнува и со нивната голема лековита моќ, затоа припремањето на храна од ова растение истовремено значи нега на здравјето но и силна природна превенција против многу заболувања. Овие лековити билки мора да бидат составен дел на секоја домашна аптека, но истовремено кога почнува пролет тие се меѓу првите растенија кој ја започнуваат својата вегетација, затоа секое одење во природа треба да го искористиме да ги набереме, а после тоа успешно да

ги исползуваме, зошто од нас зависи какво здравје ќе имаме, како ќе го чуваме и како правилно да се лекуваме. Почитувани читатели, аптеките се местата каде ќе добиете најдобри целосно и корисни информации во врска со Вашето здравје, примената на лековите но и лековитите растенија. Фармацевтот е вашиот најголем пријател и стручно лице кое треба не себично да го искористите кога ви е потребен здравствен совет во врска со лековитите растенија.


))) КОПРИВА (Urtica dioica)

Копривата е лековито растение, богата е со хлорофил, има многу минерални материи и тоа калиум, магнезиум, калциум, силициум, железо, фосфор. Од витамините застапени се витамин К, С, А, В2 и В5. Копривата е здрава храна и уште подобар лек. Од римско време, кога масовно се користела како лек, па до денес, се користи како зачин, како храна и како чај за многу заболувања. Најнапред да истакнеме дека копривата е еден од најдобрите лекови против слабокрвност, односно за лекување анемии. Лековитоста доаѓа од присуството на железо, фолна киселина, витамин Ц и хлорофил. Копривата е многу добар лек за спречување на крварења, односно се користи како хемостатик. Ефектот се должи на витаминот К, витаминот Ц и танините. Копривата делува на бубрезите, го стимулира мокрењето и е многу добар лек против зголемена простата. Се користи и против стомачни болки и за подобрување на функцијата на црниот дроб. Гликокининот го намалува шеќерот во крвта, па копривата е убаво да ја користат и дијабетичарите. Копривата ги намалува и мас-

тите во крвта, а делува и како антисклеротик. Чајот од коприва се употребува за прочистување на организмот. Локално лековите од коприва се користат против опаѓање на коса, про-

тив првут и за лекување на ревматски заболувања, артрит, артроза и ишијас. Преку подобрување на крвната слика копривата ја намалува главоболката која е последица на

анемија. Помага при ангина пекторис, која се јавува, исто така, како последица на анемијата. Не само што го јакне организмот, го јакне и срцевиот мускул. Копривата е еликсир на животот. Чајот се приготвува така што 2 супени лажици се ставаат во половина литар врела вода и се остава да отстои до 2 часа. Потоа чајот се процедува и се пие на два пати. Може да се подготви и со ладна вода кога две супени лажици од листот се ставаат во половина литар вода и треба да стојат 12 часа. Се пие двапати на ден. Коприва можат да користат и децата и возрасните.

))) ГЛУВАРЧЕ

(Taraxacum officinalе) Глуварчето е една најраспротанетите билки во природата, но во многу земји се култивира бидејќи се користи и како специјалитет во исхраната. Лековито е целото растение ( корен, лист, цвет и стебло). Листовите се собираат пред да процвета растението, коренот во пролет и есен а стеблото за време на цвет. Глуварчето се смета за едно од најдобрите растенија за прочистување на организмот од наталожените токсини (отрови) во организмот. Лековитоста доаѓа од богатиот состав на витамини од групата Б, витамин А, Ц и Д, флавоноиди, танини, калум, цинк, магнезиум, железо и др. Во терапевтски цели се користи во форма на чаеви, сок, сируп а од листовите се прави многу вкусна и лековита салата.

ваш аптекар

март - април 2015

21


билки

ЧАЈ ОД ГЛУВАРЧЕ

Чај од корен се приготвува на тој начин што една кафена лажичка сув иситнет корен се става во половина литар вода да проврие 10 минути. Чајот се пие 4 пати по поливина чаша. Од надземниот дел чајот се подготвува како инфуз, односно една супена лажица листови и цветови се прелеваат со чаша врела вода, се остава да искисне 10-15 минити, се процедува, се засладува со мед и се пие 4 пати дневно по 100 ml.

Меѓу позначајните докажани лековити дејства на глуварчето се: - Го подобрува варењето на храната и е добар лек за пациенти кои страдаат од желудечни и тегоби во цревата. - Докажан и ефикасен лек за заболувања на црниот дроб како што се : жолтица, цироза, камен во жолчка и воспаленија на жолчното ќесе. - Ја прочистува крвта и го намалува нивото на “лошиот” холестерол - Ги ублажува ревматските болки - Ги прочистува мокраќните патишта па заради тоа има благопријатно дејство на мочниот меур и бубрезите.

МЕД ОД ГЛУВАРЧЕ – ПРИРОДЕН ЛЕК ПРОТИВ КАШЛИЦА

))) ПОДБЕЛ (Tussilago farfara)

Подбелот е лек од античко време, тој е билка која е најмногу распространета во Европа, Азија, Северна Америка и Северна Африка.

Подбелот содржи витамин Ц, провитамин А и јагленохидрати од групата на моносахариди. Подбелот е пријател на белите дробови. Ги стимулира, ја зајакнува нивната функција, делува антитусично односно ја смирува кашлицата. Има докажано антибактериско дејство. Затоа денеска после сè што е откриено за подбелот тој се користи за лекување на хроничен бронхитис, енфизем, воспалени крајници, бронхијална астма, намалува оток, ја намалува болката и го смирува воспалението. Слузните материи и танините помагаат многу. Големата концентрација на слузни материи го прави подбелот како добар лек за стомачни заболувања и тоа гастритис, чир на желудникот, чир на дванаесетпалачно црево, воспаление на тенкото црево и колитис на дебелото црево. Слузните материи ги обложуваат заболените и воспалени места и овоз-

22

ваш аптекар

можуваат нивно излекување. При заболување на усната шуплина како што се гингивити, стоматити, парадонтоза, лековите од подбел помагаат затоа што танините стегаат, смалуваат крварење а слузите го обложуваат воспаленото место. Локално лекови од подбел се користат за лекување на рани, чиреви, опекотини и тоа во форма на облози или за испирање или обложување само со столчени листови. Влегува во составот на медицински чаеви за градни и стомачни заболувања. Чајот се припрема како инфуз односно една супена лажица суви цветови и листови се ставаат на чаша врела вода, кисне еден час, промешувајќи неколку пати и се пие 4 пати дневно по една чаша и тоа во мали голтки а почесто за лекување на сува кашлица. За облози може да направите лек кога пресни листови ќе ги сварите со млеко и ги обложувате раните на телото кои пукаат. Интересно е што на овој начин можат да бидат третирани и воспалени вени. Претпазливост – Бремените жени не треба да го користат долго.

март - април 2015

Медот од глуварче е едноставен за подготовка и можете сами да го приготвите. За негова подготовка потребно е: 200 свежо набрани цветови од глуварче 2 килограми нерафиниран шеќер 2 литри вода 2 лимона

Подготовка Свежите цветови измијте ги со ладна вода, исцедете ги и во погоден сад прелејте ги со 2 литри вода. Ставете ги на оган да зовријат и варете ги 20 минути. Смесата

САЛАТА ОД ЛИСТОВИ ОД ГЛУВАРЧЕ Подготовка: За салата се потребни свежи млади листови (набрани пред да процвета растението). Насецкајте ги листовите, прелијте со маслиново масло, додајте сол по желба и лимон. Може да се комбинира и со други салати по желба. се трга од оган, се процедува и се додаваат 2 kg шеќер. Сорджината се вари сè додека количината не се преполови. Потоа со постојано мешање во содржината додадете 2 лимона исечкани на коцки и продолжете со варењето сè додека не добиете смеса слична на мед. Потоа смесата сè уште топла ја ставате во стерлизирани тегли, кои цврсто се затвораат и се чуваат на темно и ладно место. Се употребува еднаш до два пати на ден по 1 кафено лажиче додека не се ослободите од симптомите на кашлица.

Напомена: овој природен лек не треба да го употребуваат дијабетичари.



храна

ЗДРАВА ХРАНА ЗА ДОБАР ВИД Очите се огледало на душата. Повеќе од 80% од информациите што ги примаме доаѓаат преку сетилото за вид. На здравјето на очите влијаат многу фактори со кои сме опкружени: прашина, ветер, издувни гасови, физички трауми, долготрајно гледање во монитор, УВ-зраци, многу ниски температури. Во многу случаи за лошиот вид виновна е долгогодишната исхрана со многу скроб, шеќер, протеини, кафе, цигари... За среќа, многу благотворно може да влијаеме и да го поправиме видот со нешто што е безболно, здраво и вкусно. Тоа е нашата храна! Добро избалансираната исхрана богата со минерали, витамини, антиоксиданси и други биолошки вредни материи има благотворно влијание на здравјето на очите.

Морков

Не можеме да не го ставиме на прво место. Неговата моќ се крие во големата количина на бетакаротен, ликопен, лутеин и многу витамин А. Бетакаротенот е материја која во човечкиот организам се претвора во витамин А. Воедно бетакаротенот е силен антиоксиданс ефикасен во борбата против некои облици на карцином. Помага во одржување на слузницата на окото, го намалува ризикот од макуларна дегенерација и катаракт.

Лосос Омега-3 масните киселини се важни чувари на целокупното здравје и имаат позитивно влијание на видот. Лососот е одличен извор на омега-3 масни киселини, но исто така е богат со витамин А, витамин Д, кои го прават една од најпопуларните храни за подобрување на видот. Освен лососот, омега-3 масни киселини содржи скушата, пастрмката, туната, сардината, јаткастите плодови, лененото семе, семките од тиква и други производи. Рибата треба да се јаде најмалку два пати неделно.

Боровинка

Како и другите бобинки, така и боровинката многу придонесува за здравјето на очите. Содржи антоцијани кои помагаат во зачувување на цврстината на капиларите, ноќното слепило и штити од катаракт. Замрзнатата боровинка е исто толку квалитетна како и свежата. Јадете барем два пати неделно. Боровинката е добар извор на растителни влакна, витамин Ц и витамин К. Според некои тестирања има најмногу антиоксиданси од сите видови овошја. 24

ваш аптекар

март - април 2015


Зеленолистен зеленчук

Блитвата, спанаќот, зелената салата и броколата содржат лутеин и зеаксентин, кои често ги викаме “витамини за очи”. Делуваат на мрежницата на окото и ја спречуваат макуларната дегенерација на очите, којашто е поврзана со стареењето. Освен што се грижи за добриот вид, лутеинот, исто така, ја чува и нашата кожа од штетното влијание на УВ-зраците. Зеленолисниот зеленчук изобилува со витамин А, Б, Ц и со калциум и затоа треба редовно да биде на нашето мени.

Домат Содржи ликопен, лутен и витамин Ц, кои се први во борбата против слободните радикали кои го оштетуваат видот. Ликопенот ги одржува ткивата млади и еластични, а витаминот Ц го зајакнува имунитетот, со што покрај видот го штити организмот од инфекции и настинки.

Покрај наведениве производи за добар вид одлично влијание имаат авокадото, тиквичките и цитрусите (лимон, портокал, цитрон).

Лук Богат е со многу минерали - калциум, сулфур, фосфор, железо. Содржи етерични масла како што е алицинот, па затоа го викаат антибиотик од природата. Благодарение на сулфурните соединенија во својот состав, лукот го подобрува видот, спречува глауком, катаракта и дегенеративни болести на очите. Со еден збор, лукот ја зголемува одбранбената способност на организмот.

ваш аптекар

март - април 2015

25


здравје

Билките против вошки во косата

Како што сè друго се буди во пролетта, за жал се будат и инсектите, како и вошките кои ја напаѓаат косата на децата. За да ги заштитите децата од овие несакани потстанари, можете сами да подготвите билни препарати кои подеднакво ефикасно како и хемиските ќе се справат со вошките.

26

ваш аптекар

март - април 2015


Лосион против вошки

Вошките најефикасно се отстрануваат доколку се уништат нивните јајца, кои се залепени на косата. Тоа може да се постигне со рузмарин и лаванда, додека пак јаболковиот оцет ги испира од влакната. Лосионот треба да се употреби веднаш по употребата на шампонот. Подготовка: 6 капки етерично масло од рузмарин 6 капки етерично масло од лаванда 50 ml јаболков оцет 50 ml топла вода Употреба: Етеричните масла од рузмарин и лаванда се мешаат со јаболковиот оцет и топлата вода. Со лосионот се испираат косата и кожата на главата, по што се става капа за капење и се остава да отстои 15 минути. По третманот исчешлајте ја косата, па добро измијте ја со топла вода.

Масло против вошки

Етеричните масла од рузмарин (Rosmarinus Offcinalis) и лаванда (Lavandula Officinalis) ги уништуваат вошките кои најчесто се појавуваат кај децата во пролет и во есен.

Сонувате за мирен и квалитетен сон?

Подготовка: 10 капки етерично масло од рузмарин 10 капки етерично масло од лаванда 30 ml маслиново масло Употреба: Етеричните масла се мешаат со маслиновото масло. Смесата се нанесува на мокра коса и кожа на главата со нежна масажа. Потоа, на главата се става капа за капење и се остава смесата да делува околу еден час. По овој третман потребно е косата да се измие со шампон, па потоа да се измие со лосион против вошки.

Тоа значи дека ви треба За побрзо заспивање и мирен сон користете Dormirin - нов производ на природна база со иновативна комбинација од мелатонин и растителни екстракти од валеријана и мелиса.

Мирниот сон станува стварност.

ваш аптекар

март - април 2015

27


репортажа

)))

Негорски Бањи се модерен туристички и здравствен центар за продолжен третман со физикалната терапија и за рехабилитација на пациенти

Негорски Бањи се наоѓаат на 3 километри од Гевгелија, на надморска височина од 60 метри. Лоцирани се во подножјето на планината Кожуф, помеѓу богата и ретка јасенова шума, која формира природен парк. Eксклузивноста на Негорските Бањи се состои во лековитоста на минералната вода, која во својот состав содржи калциум, магнезиум, рубидиум, цезиум, радон и други минерали. Податоци за благотворното дејство на минералните води од Негорски Бањи постојат уште од далечната 1864 г. Научните докази за лековитоста на водата датираат од 1950 година кога е формирано бањското лекувалиште. Посетителите на рестораните и летната градина може да уживаат во пријатната музика на различни музички групи и во разни други културни и фолклорни приредби и манифестации. Бањскиот комплекс Негорски Бањи има три хотели: „Јасен“, „Илинден“ и „Бужор“, во кои квалитетното сместување овозможува 28

НЕГОРСКИ

ваш аптекар

Бањската вода помага при лекувањето на следниве болести:

пријатен престој за сите гости. Собите располагаат со ТВ, интернет, телефон, клима-уред, фрижидер, тераса, тоалет и спална соба со бања. Здравството и рекреацијата се основна дејност на Негорски Бањи. За здравјето на нашите

март - април 2015

пациенти и посетители се грижи тим составен од лекар специјалист по физикална медицина и рехабилитација, лекар по општа медицина, медицински сестри, физиотерапевти и масери.

ревматски заболувања дегенеративни заболувања на коски и зглобови и 'рбетен столб пострауматски и постоперативни состојби во ортопедија остеопороза заболувања на нервниот систем заболувања на гастроинтестинален систем кожни заболувања заболувања на уринарниот систем кардиоваскуларни заболувања респираторни заболувања


БАЊИ

Бањите се опремени со најмодерна апаратура за сите видови терапија од полето на физикалната медицина и рехабилитација: електротерапија (дијадинамик, интерферентни струји, тенс, галван, електрофореза, електростимулација) сонотерапија (ултразвук) фототерапија (инфрацвени и ултравиолетови ламби) биоптрон ламба вакууммед ласер магнетотерапија кинезитерапија (групна и индивидуална) хидрокинезитерапија парафинска терапија подводна масажа рачна масажа (релаксациска, медицинска, спортска) органометрија детоксикација 2 базени со минерална вода

Бањскиот комплекс располага со спортски терени, патеки за трчање и пешачење и патеки за велосипедисти. Пријатната клима и благите зими создаваат идеални услови за рекреација и одмор. ваш аптекар

март - април 2015

29


вежби

)))

Вежби за до Петнаесетминутно умерено вежбање секој ден може да го продолжи животот за три години. За таа цел ви ги препорачуваме вежбите на д-р Тилден

Д

околку наутро имате малку време, започнете го денот со лесни вежби кои ќе ви го разбудат целото тело, ќе ја забрзаат работата на срцето, а со тоа и крвотокот. Тренингот ќе ве загрее и ќе ве ослободи од стресот, а утрин-

30

ваш аптекар

март - април 2015

ското раздвижување има позитивно влијание врз зглобовите и мускулите. Доволно е да изделите само 15 минути за да бидете поздрави, поотпорни, појаки и позадоволни, а стручњаците велат дека така ќе живеете и подолго.


лг живот Веднаш штом ќе се разбудите и додека сè уште лежите во кревет, започнете со истегнување на мускулите на нозете на следниов начин: Прво испружете ги прстите на нозете колку што можете, потоа згрчете ги кон петтата и во исто време стегнете ги сите мускули на ногата. Опуштете се потполно. Почекајте мускулите потполно да се отпуштат, па повторете ја вежбата пет пати. По истегнувањето на нозете продолжете со истегнувањето на рацете. Раширете ги рацете најмногу што можете така што ќе ги затегнете мускулите до рамената. Соберете ги прстите и стиснете ја дланката, при што повторно ќе ги затегнете мускулите до рамената. Повторете ја вежбата пет пати. Сè уште сте во кревет. Превиткајте ја перницата и ставете ја под грбот, така што ќе легнете врз неа. Потоа ставете ги прстите под главата, со што главата ќе ви биде потпрена на рацете. Вртете ја главата колку што можете надесно, налево, горе, долу и кружно. Потоа поставете ја перницата под колковите и движете ги нозете како да возите велосипед. Исправете ги нозете и започнете да ги составувате и раздвојувате, поточно како ножици да поминуваат една преку друга. Легнати затегнете го стомакот така што мускулите ќе ги затегнете колку што можете и истовремено масирајте (како да месите) ги мускулите со двете раце. Оваа вежба е одлична против опстипација (запек), честа појава кај голем дел од луѓето. Воедно оваа вежба добро делува на воспален мочен меур и проширена простата. Седнете на кревет и придвижете ја главата колку што можете надесно, па налево, потоа накривете ја главата така што увото да дојде во близина на едното, па другото рамо. Овие движења на главата и вратот се потребни за подобрување на циркулацијта во вратниот регион, каде што поминуваат многу крвни садови и нерви. Оваа вежба одлично влијае на сетилата (слух, мисир, вкус) и доколку нивната функција била оштетена, доаѓа до подобрување. Седнете на работ на креветот и движете го телото во лево колку што можете, па во десно колку што можете. Потоа движете се напред па назад. Со тоа се зајакнува 'рбетниот столб и ги зајакнува нервите кои одат кон долните делови на телото.

За да го почувствувате бенефитот од овие вежби практикувајте ги два пати дневно, кога ќе се разбудите и пред легнување. Започнете ги вежбите веднаш и бидете упорни!

ваш аптекар

март - април 2015

31


рецепти

))) Пролетна

чорба од коприва

Потребни состојки: 200-250 g млада коприва 1 главица стар кромид или 5-6 млади кромитчиња 2-3 моркови магдонос 1 l вода

)))

Подготовка: Млада свежно набрана коприва се попарува со врела вода. Се измива со ладна вода и ситно се сечка. Ситно исечканите кромид и морков се пропржуваат, се додаваат 2 супени лажици брашно и тоа се пропржува. Потоа се додаваат водата и копривата, се зачинува со сол, мешан сув зеленчук и бибер и се вари 10 минути. На крајот се додава ситно сечкан магдонос. Се сервира со кисело млеко или павлака во средина на чинијата.

32

ваш аптекар

март - април 2015

Енергетска свежа салата

Потребни состојки: 100 g зелена зелка 100 g црвена зелка 1-2 моркови 5-6 ротквици

5-6 листови марула 100 g свежо цвекло 1-2 младо лукче 1-2 младо кромитче магдонос

Подготовка: Ротквиците се сечкаат на кругови, марулата се сечка на ленти, останатите зеленчуци ситно се сечкаат или се рендаат. Се зачинува со јаболков оцет, маслиново масло и сол. Салатата се меша внимателно без гмечење одзгора и се наросува со магдонос. Оваа салата може да биде и многу убав енергетски главен оброк ако се додаде туна или некое варено месо.


))) Прилог

од ориз за приготвени меса

))) Посна

зелена пита

Потребни состојки: 500 g готови кори 1 свеж квасец 100 g масло 1 kg спанаќ 200 ml млака вода

Потребни состојки: 3-4 млади кромитчиња или 1 главица стар кромид 3-4 моркови 1 шолја ориз 2 шолји топла вода 100-150 g грашок Подготовка На масло слабо се пропржуваат сечканите кромид и морков. Се додава грашокот и оризот и заедно се пржи околу 2 минути. Се додава врела вода во однос 1 спрема 2. Се зачинува со сол, мешан сув зеленчук и бибер. Се вари 5 минути, се поклопува и се трга од рингла. После 20 мин. се сервира во чинија и се посипува со свеж сечкан магдонос. Овој прилог оди со сите видови подготвено месо и риба, а може да се јаде и како главен оброк.

Подготовка Спанаќот убаво се мие и се исцедува. Многу кратко се запржува со сол. Во шолја се ставаат топла вода, маслото и квасецот и убаво се промешуваат. Секоја кора се премачкува со преливот од квасец. На секоја ))) Динстано свинско четврта кора се распоредува спанаќ преку целата површина, или јунешко месо лабаво се витка во ролна и се реди во подмачкано тавче бр. (врат, плешка или ребро) 32. Озгора се премачкува со Потребни состојки: преливот и се попрскува со 1kg свинско или јунешко месо масло. Се пече во загреана 2-3 чешниња лук рерна на 2200 степени околу половина час. Наместо спанаќ, бибер во зрно ловоров лист можете да употребите праз, 100 g бело вино блитва или зелка.

Подготовка: Месото се запржува на врело масло. Се додава топла вода, бибер во зрно, ловоров лист, сол, мешан сув зеленчук и се динста до омекнување. Пред крај се додава белото вино и 2-3 чешниња лук. Се сервира со прилог од зеленчук или варен ориз.

ǩǩ ơƿƽƳdžƻƼ ƼƿƹƼƯƼƲǁưƮ ƼƲ ƵƮƽƳƸ ơƿƽƳdžƻƼ ƿ ƼƿƿƹƼƯƼ ƼƲǁưƮ Ƽ Ʋ ƼƲ ƵƮƽƳƸ Ʋ ǩ ƎƸ ǩ ƎƸƼ Ƴ ƻƳƼƽǃƼƲƻƮ ƺƳƸƮ ƿǀƼƹƶDŽƮ ƸƼ Ƴ ƻƳƼƽǃ ǃƼƲ ƲƻƮ ƺƳƸƮ ƿǀƼƹƶDŽƮ ƹ ƽƾƶ ǃƳƺƼƾƼƶƲƶ ǂƶƿǀǁƹƶ ƶ ƾƮƱƮƲƶ ĸŌŏŐ ŒŅŏŒŊʼnőń ŖńŅŏʼnŖń

ŐŇŇ Ő

ŕŌŔŗœ ŕŌ ŌŔŗœ

ǩ ƞƳƱǁƹƮDŽƶǕƮ ƻƮ ƽƾƶƾƼƲƻƶƼǀ DŽƶƸƹǁƿ ƻƮ ƲƳƯƳƹƼǀƼ DŽƾƳưƼ ǩ ƕƮ ƿƶǀƳ Ʊƾǁƽƶ ƻƮ ƽƮDŽƶƳƻǀƶ

ƙǃLJ ǁDžƹNjƾ ƜDŽƹƻLJƺLJDŽǃƹ ƠƹƺLJƺLJDŽǃƹ ƚLJDŽǃƹ ƻLJ ƼljƺLJNj ǀƾDžƾNjƾ ƚljnjǍƾdž

ǩ ƝƾƳƯƶƼǀƶƸ

ƠƹNjLJƹ ǑNjLJ NjLJǨ ƾ

ƞǍǁǃƹNJHdž ƹdžƹDŽƼƾNjǁǃ ƻLJ NjƾljƹLjǁǨƹ džƹ ƹǃnjNjdžƹ ǁ ǎljLJdžǁǐdžƹ ƺLJDŽǃƹ

ƛǁNJNjǁdžNJǃǁ ǁǀƺLJlj ƻLJ NjƾljƹLjǁǨƹ džƹ

ABB-MK-AD-02-15-GEN-007

ǍƾƺljǁDŽdžǁ NJLJNJNjLJǨƺǁ ǃƹǨ ƽƾǏƹ džƹƽ ƼLJƽǁdžƹ

ƨljƾƽ njLjLJNjljƾƺƹ ƻdžǁDžƹNjƾDŽdžLJ ƽƹ NJƾ LjljLJǐǁNjƹ njLjƹNjNJNjƻLJNjLJ Ơƹ ǁdžƽǁǃƹǏǁǁNjƾ ljǁǀǁǃLJNj LJƽ njLjLJNjljƾƺƹ ǁ džƾǃƹNJƹǃƹdžǁNjƾ ƽƾǨNJNjƻƹ džƹ DŽƾǃLJNj ǃLJdžNJnjDŽNjǁljƹǨNjƾ NJƾ NJLJ ƛƹǑǁLJNj DŽƾǃƹlj ǁDŽǁ ǍƹljDžƹǏƾƻNj ƦLJNJǁNjƾDŽ džƹ LJƽLJƺljƾdžǁ ǀƹ NJNjƹƻƹǧƾ džƹ DŽƾǃ ƻLJ LjljLJDžƾNj ƥƹǃƾƽLJdžǁǨƹDŽƾǃ ƽLJLJƾDŽ ƚLJǏƹ ơƻƹdžLJƻƹ ƺlj ƪǃLJLjǨƾ

ваш аптекар

март - април 2015

33


крстозбор

KRSTOZBOR

ED N A K A RI P SKA OSTROVSKA D R @A V A

IMETO NA P E JA ^ K A TA LAVIW

MARKO TA R D E L I

NA[ P E JA ^ I KOMPOZITOR, JOVAN

"A R A P S K A REP UB L I K A E GI P E T"

VID ZE L E N ^UK S O MESESTA ME[UNKA POLNA SO ZR N A

KRSTOZBOR

EK S HOLANDSKI FUDB A L ER, JA P

TETOVO

N E N U @E N OSTATOK URANIUM OD NE[TO

AM.AKTERKA, [ERON ---------------V I D C V E]E,PERUNIKA(MN.) I T A L I JA ---------------LICE KOE SLAVI NE[TO (MN.)

U GL E D , DOSTOINS TV O R E L I G I JA -----------------VOOBI^A EN A POSTAPKA

ROBERT REDFORD

Смоквата, која уште се нарекува рајско овошје, во себе содржи голем број витамини (Б6, Ц, бетакаротен), минерали (калциум, калиум, магнезиум и многу други). Содржи многу повеќе растителни влакна од другото овошје, што многу поволно делува на превенција на карцином на дебелото црево. Содржи бакар и железо кои учествуваат во создавањето на црвените крвни клетки (еритроцити).

HOLAND. FUDBALS KI KLUB -------------P RED NOST AFRIKANSKA ANTILOPA ----------------POZNAVA^ NA IDO JAZIKOT

E S TR A D A , S C EN A

RI ^A RD DIN ANDERSON -------------@.IME

IMETO NA P E JA ^ K A TA MORISET

V I L I JA M DEFO ---------------ZEMJA [TO SE RONI AKTEROT B I TI ------------VID ^L EN KONOG (MN.)

MASLINKA (MN.)

A R GE N T. FUD.GOLMAN, H U L I JA N --------------EKS.FUDBAL.BAT

R A S TI TE L N A TE^NOST

MALA K A N TA TA (MN.) -----------------R E S TO

SLIKA NA S V E TE C

ZA K R I L NIK NA A JD U C I TE (MN.) --------------PRILOG ZA MESTO

S V R ZN I K ----------------ORGANIZ. NA ZEMJI IZVOZ. NA NAFTA

"OSNOVN O U^I LI[TE"

V I D D RV O SO SLADOK PLOD

E TI ^ A R -----------------L EK A R (ARH.) KOZMET. N A P RA V I ZA K U B E WE V E \ I --------------C EL I N A

TEMPER A TU R A

OBEM ---------------RASTOVAR

34

ваш аптекар

"C E R V I K . INTRAEPITA L N A NEOPLAZ." -----------------E K S A TL E TI^.LUIS

[VEDSKI FUD.KLUB ---------------LAT.AMER. GITAR., KARLOS

BOKSEROT RUS EV SKI

Бамјата е многу хранлив зеленчук. Содржи витамини Ц, А, Б6, фолна киселина и калциум. Делува лековито кај заболувањата на желудникот и цревата. Содржи растителни влакна кои придонесуваат да дојде до стабилизирање на шеќерот во крвта и ја регулира работата на цревата. Слузавата материја од бамјата го врзува холестеролот. Позната е и се применува како афродизијак.

EKVADOR. P I S A TE L , HORHE -------------NAR.HEROJ NIKOLOV

ORIGINALNI ZBOROVI N A A K TE ROT

TON --------------S RC EV A A R TE R I JA (MN.)

MIRIS ---------------VID MORS K I RA K

OTO L I L I EN TA L

A N GL I S . MERKA ZA DOL@INA (MN.) -----------------"T A B U L A TOR"

"SATELIT" -------------P EP ELAST

LICE KOE DOBRO PRIMENUVA NEKOJA S T R A T E G I JA IMAGIN A RN A ED I N I C A

S K I TN I K , B E ZD E L NIK, MANGUP (MN.)

март - април 2015

GR A D V O H R V A TSKA

HRVAT.PIS A TE L , IVAN ----------------POJAVA P RI P A L E WE

K A ZN E N UD A R V O FUDBALOT

KRSTOZBOR

DENOVI

ED EN HRI STIJ.VER. P R A ZN I K ----------------VID ORIENT. D ES ERT

D EN A R

KRSTOZBOR

ORANICA

S RP S K A A K TE R K A , EV A --------------S TI V E N T A JL E R POKAZNA ZAMENKA -------------ALT

MODEL NA OPEL ---------------KISLOROD

KA LI UM



Кај К ај ппрвите рвите ссимптоми имптоми ннаа ннастинка астинка и грип грип ! ✓ ББрз рз и еефикасен фикасен ✓ ССоо двојно двојно противвоспалително противвоспалително дејство дејство

шумливи ш у м л и в и таблети т а б л е т и со с о витамин витамин Ц *е една дна шу шумлива млива ттаблета аб бл лета ссодржи одржи 500 mg ац ацетилсалицилна етилсалицилна кисе киселина лина и 250 2 mg аскорбинска аскорбинска кисе киселина лина (вит (витамин амин Ц) Возрасни: Во зрасни: вообичаена вообичаена поединечна поединечна доза доза 1 до 2 таблети таблети т на секои секои 4-6 часа, до максимална максимал лна дневна доза доза од од 8 таблети таб бле л ти (4 g ацетилсалицилна ацетилсалицилна киселина). киселина). Деца: Деца: вообичаена поединечна по оединечна доза доза за деца постари постари од од 16 години години 1 таблета таблета на секои секои 6 часа, до максимална максимална доза доза од од 4 таблети таб абле л ти дневно (2 g ацетилсалицилна поделени ацетилсалицилна киселина), ки иселина), односно односно вкупна вкупна дневна а доза доза до 60 mg / kg телесна телесна тежина тежина ж поделени во во четири четири до шест шесст дневни давања давања (поединечна (поединечна доза доза од од 15 mg / kg или 10/mg/kg ). Andol® С шу шумлива млива таблета таб абле л та треба треба да се раствори раствори во во 1 dl вода вода и свежо свежо подготвениот подготвениот раствор раствор о да се испие. НАПОМЕНА: НА ПОМЕНА: Збирен изв извештај еш штај за ос особините обините на лек лекот от Andol® C е дост достапен ап пен на барање. барање. Број и да датум тум на о одобрение добрение зза а ст ставање авање на лек лекот от в во о проме промет: т: Andol® C шумливи шумливи м ттаблети аблети ссо о 10х500 на носителот одобрението ставање лекот во промет: ПЛИВА а носит елот на о добрението за ст авање на лек л от в о проме т: ПЛИВ А mg/250 mg, 15-831/13 о д 09 9.05.2014. На чин и мест о на из давање: се из здава и б ез лек арски рец ептт. Име и адреса н mg/250 од 09.05.2014. Начин место издавање: издава без лекарски рецепт. ОПЈЕ, Ник ола П арапунов бб, Ск опје. 11-14-ANDC-03-NO/4-14/11-16 11-14-ANDC-03-NO/4-1 14/11-16 ДООЕЛ СК СКОПЈЕ, Никола Парапунов Скопје.

^lenka na grupacija grupacijata ata T Teva e eva

www.pliva.com.mk www.pliva.com.mk w www.plivazdravlje.hr w www .plivazdravlje.hr www.plivamed.net w www .plivamed.net

Пред Пре д упо употреба треба вним внимателно мателно да се про прочита чита упа упатството. тството. За индик индикациите, а ациит е, ризик ризикот от о од д упо употреба треба и несак несаканите аните де дејства, ејства, кконсултирајте онсултирајте се со со Вашио Вашиотт лек лекар ар ил или ли фармац фармацевт евт


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.