Тематско - процесно планирање Наставна програма за ликовно за VIII одделение За месец Септември Тема – цртање 6 часа 1.час I. седмица Септември Воведен час за запознавање со предметот ликовно образование (целите, наставните теми, активностите и методите во наставата),како и со начинот на проверување и оценување на задачите. Наставникот ги запознава учениците и другите извори што ќе се користат во наставата исто така и со материјалите и техниките што ќе се користат во истата. Наставникот им дава задача на учениците-цртање по слободен избор ( мотиви од летниот распуст). На крајот од часот наставникот ги запознава учениците што ќе работат наредниот час и во врска со дадената тема ги поттикнува учениците да размислуваат во врска со сугерирање на трета димензија.
Тематско - процесно планирање Наставна програма за ликовно за VIII одделение За месец Септември Тема – цртање 6 часа 2.час II. седмица Септември Цели: ученикот/ ученичката: −
да употребува линии со различен карактер кои соодвествуваат со индивидуалниот карактер на ученикот и потребите за ликовен израз.
Наставна содржина:
Совладување на ликовни елементи и принципи во цртањето. Видови материјали за цртање. Индивидуалност во ликовниот израз.