ТЕРАПИЈА СО ИГРА (PLAY THERAPY)- СОВРЕМЕН ПРИСТАП ВО РАБОТА СО ДЕЦА СО ПОСЕБНИ ОБРАЗОВНИ ПОТРЕБИ
Доц. Д-р Оливера Рашиќ Цаневска, Гевгелија, 12.12.2014 Оваа публикација е изработена со помош од Европската Унија. Содржината на оваа публикација е исклучиво одговорност на доц. д-р Оливера Рашиќ-Цаневска и на ниеден начин не може да се смета дека ги одразува ставовите на Европската Унија.
ИГРА??? • Играта не претставува бесмислено пополнување на времето или одмор од работа, таа е спонтан и активен процес во кој мислењето, чувствата и работата се развиваат издвоено од стравот од неуспех и катастрофални последици.
• Играта започнува во првите денови од животот на детето, во интеракцијата со својата мајка и претставува основа за неговиот понатамошен емоционален развој
РАЗВОЈ НА ИГРАТА Сензорна и физичка игра Истражувачка и социјална игра Симболичка игра Конструктивна игра
ТЕРАПИЈА СО ИГРА • Често децата имаат проблем во вербалното изразување, па играта се користи како посебен медиум за комуникација помеѓу терапевтот и детето. • Терапијата со игра му овозможува на детето да ги изрази своите мисли, чувства и проблеми на индиректен начин.
КАДЕ СЕ ПРИМЕНУВА ТЕРАПИЈА СО ИГРА??? • Деца со потешкотии во учењето и проблеми во социјалното однесување; • АДХД; • Деца жртви на злоупотреба; • Депресија; • Деца под стрес и со фобии; • Агресија; • Ноќни мори и нарушено спиење; • Енуреза (ноќно мокрење)
КАДЕ СЕ ПРИМЕНУВА ТЕРАПИЈА СО ИГРА??? • Траума; • Деца со различни видови на пречки во развојот; • Лица со инвалидност; • Аутистичен спектар на нарушување; • Раздвоеност од родител (смрт, развод);
ВИДОВИ НА ТЕРАПИЈА СО ИГРА „Не-директивна“ • Насочена кон детето; • Детето ја води играта; • Терапевтот користи рефлективно слушање, го поттикнува изразувањето на емоциите и го забележува однесувањето
„Директивна“ • Терапевтот ја има главната улога и го насочува детето во различни активности; • Има одредени теми и цели и служи за развивање способности.
•Индивидуална работа со детето; •Работа со семејството; •Работа во група
ВИДОВИ НА ТЕРАПИЈА СО ИГРА • • • • • • • •
Игра за проценка Терапија со експресивна уметност (изразување) Библиотерапија Филијална терапија (однос родител-дете) Терапија со песок Имагинативна игра (кукли, коцки, облека итн.) Музико терапија и терапија со танцување Драма терапија.
ИГРАТА КАКО ПРОЦЕНКА И ТЕРАПИЈА
ЧАМЕЦ – БУРА - СВЕТИЛНИК • Работа со семејство • Цели: Собирање на информации за семејството, особено за теми кои се однесуваат на справување со опасни ситуации и проблеми во животот; Изразување на чувства: страв, беспомошност, безнадежност, храброст; Идентификување на начинот на добивање соодветна помош;
• Материјали: хамер, маркери, листови и пенкала. • Опис: на сите членови на семејството им се налага да нацртаат на хамерот слика составена од чамец, бура и светилник. По завршување на цртежот секој член пишува приказна за тоа што се случувало пред, за време и после бурата, по што секој презентира. • Дискусија: се овозможува навлегување во внатрешните емоции на секој член, членовите на семејството и терапевтот откриваат кој член е најоптимистичен, кој е најреален, кој е песимист итн.
ИНТЕРВЈУ СО ПРИМЕНА НА КУКЛИ • Работа со семејство; • Цели: Вклучување на децата, адолесцентите и семејството во процесот на терапија; Опсервирање и проценување на семејната динамика: комуникација, структура, соработка, поддршка; • Материјал: хартија, пенкала, разни видови на хартиени кукли (луѓе, животни, агресивни, срамежливи, грижливи итн.)
• Опис: на членовите на семејството им се налага да одберат по една кукла, а потоа да состават заедничка приказна, но да не им е претходно позната. Им се дава време од 30 минути пред да ја презентираат, почнувајќи со претставување на секоја од куклите. • Дискусија: се проценува можноста семејството да делува и работи како група, нивната структура и ограничувања, начин на комуникација, степен на приврзаност.
СКУЛПТУРА ОД ГЛИНА • Индивидуална работа; • Цели: Создавање на отворена и пријатна терапевтска средина; Вербална идентификација и изразување на чувства; Зголемување на свесноста за себе; • Материјали: глина во боја или пластелин, пенкала, хартија.
• Опис: на детето му се посочува да направи фигура со која ќе се претстави самиот себе. Се забележува кои бои ги користи, дали е реална или апстрактна, се поставуваат различни прашања во врска со фигурата и одговорите се забележуваат во вид на стихотворба. • Дискусија: се проценува каква претстава има детето само за себе, како се доживува, се екстернализираат чувствата на надворешен предмет.
ПЕПЕРУТКИ ВО СТОМАКОТ • Индивидуална или групна работа; • Цели: Вербална идентификација и изразување на чувства; Развивање на свесност за себе; Воочување на стравовите и проблемите со кои се соочува детето и нивно решавање; • Материјали: хамер со големина на детето, пеперутки изработени од хартија, фломастери.
• Опис: на детето му се посочува дека во различни ситуации може да почувствуваме непријатност во стомакот како да летаат пеперутки и се даваат примери. Потоа детето се легнува на хамерот се исцртува и му се даваат пеперутки со различна големина на кои треба да ги напише своите грижи. Пеперутките се лепат на фигурата од детето и се дискутира. • Дискусија: се утврдуваат стравовите со кои детето се соочува, се детектира потеклото на стравот и се изнаоѓа соодветно решение за надминување.
АКТИВНОСТ - ОГЛЕДАЛО • Индивидуална или групна работа; • Цели: Подобрување на соработка и согласување помеѓу две лица; Подобрување на самоконтролата; Развивање на способност за следење на упатства од друго лице;
• Опис: двете деца или детето и терапевтот се поставуваат еден пред друг и од детето се бара да ги копира движењата, постапките, изразите на соиграчот, при тоа копирајќи го во исто време. Прво води едниот па другиот. • Дискусија: се овозможува поврзува на две лица кои не соработуваат, детето се учи да следи, внимава и исполнува наложени барања. Се развива трпеливост, прецизност.
КУКЛИ ОД ХАРТИЈА • Индивидуална или групна работа; • Цели: Да се одреди односот на детето со семејството; Да се одреди односот на детето со роднини и блиски пријатели; Да се одреди кон кого детето покажува најголема доверба; Да се одреди личната перцепција на детето; • Материјали: хартија во облик на луѓе, фломастери, лепенки.
• Опис: на детето се даваат осум фигури во облик на човек и лепенки. Му се налага секоја кукла да ја назначи со име на личност која му значи на детето и на секој кукла да залепи лепенка, смешко ако е среќна личност, црвена точка ако е нервозна личност и црна точка ако е агресивна личност. • Дискусија: Со помош на оваа техника се овозможува да се забележи детето со кого се чувствува сигурно, на кого му верува, од кого се плаши.
ЗБОРОВИ НА ЧУВСТВА • Индивидуална работа; • Цели: Да научи детето да именува и препознава одредени чувства; Да поврзе детето одредени чувства со дадени ситуации; Да се открие кога детето се чувствува непријатно, агресивно итн. • Материјали: листови, фломастери, табла, лепенки.
• Опис: пред детето се ставаат листови хартија и му се налага да наброи неколку чувства што девојчиња и момчиња на негова возраст имаат. Терапевтот ги запишува чувствата и доколку детето не знае да чита црта и емоција. Потоа раскажува приказна со примена на емоциите, по што на детето му кажува различни ситуации, а детето ги посочува емоциите кои се поврзани со ситуацијата. • Примена: деца со АДХД, деца со анксиозност
ПОБЕДИ ГО ЧАСОВНИКОТ • Индивидуална или групна работа; • Цели: Да се развие трпеливост кај детето; Да се подобри концентрацијата и истрајноста во работата; Да се подобри ориентација во простор и фината моторика; • Материјали: кујнски часовник-стоперка, жетони, коцки.
• Опис: на детето му се објаснува дека ќе игра игра во која ќе треба да реди коцки, да прави кула. При тоа му се кажува дека ќе има време од 10 минути и дека додека работи не треба да ја прекинува работата и да го пренасочува вниманието на други активности. Доколку детето во играта престане да работи или поставува прашања или се пренасочува му дава жетони на терапевтот. Во групна игра победник е оној кој има најмногу жетони. • Примена: деца со АДХД, деца со намалено внимание, деца со импулсивно однесување.
ГРАДЕЊЕ НА „СВЕТ“ ВО ПЕСОК • Индивидуална работа; • Цели: Да се утврди перцепцијата на светот кај детето и неговата положба во однос на другите; Да се утврди социјалната вклученост на детето; Да се подобри концентрацијата и истрајноста во работата; Да се подобри ориентација во простор и фината моторика; • Материјали: сад со песок, различни пластични фигури кои претставуваат различни аспекти од секојдневниот живот, вода и калапи.
• Опис: на детето му се претставува садот со песок и фигурите и му се посочува дека треба да направи еден свој град или свет, користејќи колку сака и какви сака фигури. Се опсервира движењето на детето, манипулацијата со предметите, ориентацијата во простор. Откако ќе заврши се води разговор, насочувајќи го детето да објасни за замислата и примената на секоја фигура. • Примена: деца со емоционални проблеми, агресивни, повлечени во себе, деца со тешкотии во учењето, деца со АДХД, деца со импулсивно однесување.
СЕНДВИЧ СО ДЕЦА • Работа во група; • Цели: Развој на свест за други; Развој на способност за имитација и преправање; Следење на насоки и упатства; Развој на имагинација; Толеранција на физичка блискост; • Материјал: слики од сендвичи.
• Опис: на децата им се претставуваат сликите со сендвичите се анализираат и се посочува за што се користат. Откако ќе им се објасни играта, едно дете се поставува да биде леб, друго во средина состојка од сендвичот и повторно уште едно дете за леб. Нежно се притиснуваат едно кон друго, а децата кои не учествуваат во составот прават звуци на јадење. • Ефекти: се овозможува проприоцептивна стимулација, чувство на блискост и топлина на друго човечко суштество, особено погодно за деца со аутистичен спектар на нарушување.
ВОЗЕЊЕ НА ЌЕБЕ • Работа во група; • Цели: Развој на свест за други; Изведување на целисходна работа со други; Развој на рамнотежа; Проприоцептивна и вестибуларна стимулација; • Материјал: ќебе или поголемо парче ткаенина.
• Опис: децата се делат во парови и им се објаснува играта. Едно дете се поставува да седне на ќебето а другото го влече во различни правци и неочекувани промени, симулирајќи возење. Потоа се менуваат улогите. • Ефекти: децата учат дека може да бидат одговорни за задоволството и пријатното чувство кај други, но исто така и дека нивното задоволство зависи од други лица. Додека се возат учат да одржуваат рамнотежа.
ФОРМУЛАРИ И ЧЕК-ЛИСТИ
• За човекот можеш повеќе да научиш со еден час игра, отколку со разговор една година. Плато
ВИ БЛАГОДАРАМ НА ВНИМАНИЕТО!!!