Епитетот Охридски како придружен елемент на името св. Климент најрано е посведочен во XIII век. Во охридските цркви бројните зачувани претстави на св. Климент се сигнирани без епитетот Охридски и без каков било друг епитет. Поради домицилноста и континуираната присутност на светителскиот култ немало ни потреба за каков било епитет или додавка. Појавата на Климентовиот епитет Охридски треба да се поврзе со распространувањето на неговиот култ и лик надвор од Охрид.