Најстарите градители од Церје-Говрлево е првото издание од оваа едиција во кое се опфатени повеќе теми во врска со архитектурата и недвижните објекти од локалитетот. Тука, читателот ќе може да се запознае со историјата на истражувањето на неолитскиот локалитет Церје - Говрлево, неговата стратиграфија, дел од откриените остатоци од архитектонските објекти, како и останатите особености од архитектурата. Во рамките на изданието се сместени и две особено важни теми за проблематиката - историјата на развојот на архитектурата и симболичкото значење на куќата. Врз основа на податоците од овој локалитет, неколкуте трудови даваат првична можност за запознавање на архитектонските знаење на најраниот човек во Скопскиот регион, причините за појавата на феноменот архитектура, нејзината улога и значење кај древните цивилизации, како нејзиното влијание врз другите култури.