Во античките времиња, посебно кај Македонците, виното не го пиеле во слава на богот Дионис, туку тие го пиеле бидејќи имале потреба да го предизвикаат богот на двобој, да го победат, и за тоа да не зборуваат. Кај античките Македонци не можеме да најдеме описи на нивните победи, бидејќи во нивниот ментален склоп тоа е исмевање на боговите. Битката ја добива Господ, кој дефилира преку човекот. Затоа, не е случајно што Египќаните, Персијците и Индијците, го прогласуваат Александар Македонски за божество, но никогаш Македонците. Трагањето по историјата за винската култура кај античките Македонци, е навистина предизвикувачко. Парадоксална е вистината дека, винскиот пат, винскиот култ, виното како пијалок во Европа на европска почва, било промовирано токму од Македонците.