Ширењето на христијанството на територијата на Македонија започнало многу рано, уште во средината на I век. Новозаветните библиски текстови соопштуваат дека апостолот Павле бил првиот христијански мисионер што ја посетил Македонија проповедајќи го Христовото учење. Благодарение на неговата мисионерска дејност силни христијански општини биле формирани во Филипи, Тесалоника (Солун) и Бероја (Бер) - градови каде што престојувал апостолот Павле за време на трите патувања во Македонија. Освен во Филипи, Тесалоника и Бероја, христијанството многу брзо се р