Јане Сандански и автономијата на Македонија. Грчки погледи од август 1908 година -Далибор Јовановски

Page 1

~

~

~

1IIIIil!!!!! 8!!!! !Iill l

Б'bАГАРСКА АКААЕМИ5I на НАУКИТЕ

--1869--

ОСЛОБОДИТЕЛНИТЕ БОРБИ НА МАКЕДОНИЈА ОД ИСТОЧНАТА КРИЗА ДО БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА МАКЕДОНСКАТА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ И БУГАРСКАТА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ

ОСВОБОДИТЕЛНИТЕ БОРБИ НА МАКЕДОНИЛ

ОТ ИЗТОЧНАТА КРИЗА ДО БАЛКАНСКИТЕ ВОЙIШ НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИ5I НА Б'bЛГАРСКАТА АКАДЕМИ5I НА НАУКИТЕ И МАКЕДОНСКАТА АКАДЕМИ5I НА НАУКИТЕ И ИЗКУСТВАТА

БИТОЛА ,

24 ЈУЛИ 2015 ГОДИНА

БИТОЛ5I,

24

IOЛИ

,

2015

ГОДИНА



ЈАНЕ САНДАНСКИ И АВТОНОМИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА

-

АВГУСТ

ГРЧКИ ПОГЛЕДИ ОД

1908

ГОДИНА

Проф. д -р Далuбор Јовановскu

Младотурската револуција од јули

1908 г.

предизвикала големи промени во

османлиската држава, но и многу коментари и интерес во Европа. Како резултат

на новата состојба во султановата држава, некои нешта што биле непоимливи и невозможни пред јули

1908

г., по револуцијата станале реалност. Јане Сандан­

ски немал некоја репутација во грчката јавност, како и многу други македонски борци. Меѓутоа, неговото залагање за автономија на Македонија, во рамките на османлиската држава, соработката помеѓу разните народносни групи, како

и несогласувањето што тој го имал со владата во Софија придонело за еден подруг поглед во влијателните весници во Грција за него и за неговата идеја за автономија на Македонија. Секако, тука не треба во детали да се објаснува негативниот став на грчките политичари кон можноста за автономија на Маке­ донија. Токму затоа е интересен погледот на грчките весници за Сандански и за

неговиот став за автономија на Македонија. Сепак, пред да поминеме за начи­ нот на кој грчките весници известувале за Сандански, би сакал да се осврнам и на причините зошто ме заинтересира оваа тема.

Ива Бурилкова и Цочо Биљарски објавија еден зборник со статии напи­ шани од Владимир Бурилков, во кој тој како дописник на софискиот весник

"Дневник" дава мошне интересни информации за настаните во Македонија и Одринско поврзани со Младотурската револуција. Во една негова статија на} довме мошне интересен материјал кој говори за тоа како грчките новинари гле­

дале кон Сандански непосредно по Младотурската револуција I . Во оваа статија Бурилков пренесува дел од напис во атинскиот дневен лист "Скрип", но И еден текст објавен во еден друг дневен весник што излегувал во грчката престолни­

на, "Кери". Накратко, во двата текста може да забележиме афирмативни ставо­ ви на грчките новинари за Сандански.

Пред

17

години во Солун беше објавен еден зборник со документи од грч­

кото Министерство за надворешни работи што се однесува на периодот од до

1908 г., кој

1907

во Грција го нарекуваат Македонскаборба. Во рамки на издадени­

те документи, постои една фуснота со биографски податоци за Јане Сандански, во која, меѓу другото, е наведено: "На конгресот на ВМРО во Рила, во

I

Бурилков, д-р В. МакеДОНИJl и ОдриFiско ЛJlРСКИ . с., Парнас,

154

1999, с. 145-146. ,

(1908- 1912). СЈ,ставители:

1905 г.,

Ива Бурилкова, Цочо Би­


се истакнал како водач на левото

-

автономистичко крило на вмро. По Мла­

дртурската револуција, учествува во создавањето и раководењето на Народната

Федеративна партија. Убиен е

1915

г. на Пирин од своите непријатели , членови

на десното пробугарско револуционерно движење"2. Грчкиот публицист Тасос Костопулос, кој на македонската јавност и е по­ знат со своите текстови што се разликуваат од официјалните грчки ставови,

во својата книга "Забранетиот јазик" со осврнал и на Сандански. Според него, "Народната федеративна партија на Сандански и Влахов барала одделување на словенските училишта од контрола на Егзархијата и нивно ставање под држав­

на контрола, а паралелно се работело и за воведување на словеномакедонскиот

како наставен јазик"3 . Кога е во прашање тврдењето на Костопулос за одделу­

вање на училиштата од контрола на Егзархијата и за :Употреба на македонскиот јазик во нив, тука може да споменеме неколку мислења, од првата деценија на хх век, кои одат во тој правец. Едното е на Карл Блинд, кој напишал една ин­ тересна статија во лондонскиот весник "Раll Маll

Gazette",

објавена на

5 јули

1905 г.

Според неговите согледувања, "учените од Комитетот на Сандански соз­ даваат граматика на македонски јазик како јазик на целата област. Дијалектот на битолскиот вилает се земал како основа на тој нов македонски 'есперанто'.

Новиот македонски јазик требало да ги истисне српскиот и бугарскиот јазик од Македонија, бидејќи тие биле различни од јазикот што се зборувал во Буга­

рија и во Србија"4 . Пишувањето на Блинд за создавање на македонски јазик не биле единствени во овој период. Имено, во атинскиот весник "Скрип" (~крш) на 8 јули 1905 г. се појавила една информација која е многу блиска на тоа што го пишувал Блинд. Во овој весник се појавила информација во која било на­

ведено дека "пред неколку месеци во Битола била формирана една Комисија од страна на Македонската организација со задача да создаде македонска гра­ матика. Комисијата се со стои од седум професори по лингвистика. За основа на оваа граматика ќе се земе дијалектот што се зборува во Битолскиот вилает. Овој дијалект веќе е прогласен од Комисијата за македонски јазик . Учителите во словенските училишта во Македонија добија наредба како да го предаваат овој јазик наместо српскиот или бугарскиот и преку него да се воспостави ос­

новата за создавање на независна Македонија"5 . Интересен е и Бреилсфорд кога е во прашање постоењето на идејата за создавањето на јазикот. Според него,

,,комитетот или неговите делови дури ја разгледувале

(1905)

политиката на на­

метнување на македонскиот словенски дијалект наместо литературниот бугар­

ски како јазик во сите егзархиски училишта во Македонија. Се говори дека е испечатена граматика за таа цел"6 . Самиот Сандански, кога биле во прашање училиштата што и припаѓале на Егзархијата во Македонија, по Младотурската револуција, имал доста јасен став. Така, во едно свое интервју за софискиот

t EA.ru'tata <pacrll ТТ]~ ЕvО7tл.Т] ~ avaJlE'tpТJcrll ~ О"ТТ] МаКЕО ОУШ (1907- 1908), M01JO"EtO MaKEOOVtK01J

ауroуа,

1998, 0". 246.

3 КОCТtО7tО1ЈЛО;, 4

Т. н aпayopa1JЏEVТ] ул.roО"О"а, АеТ]уа,

2000, 0". 50.

Стојчев, В. ЛОНДОНСКИОТ балкански КОМИТет и МРО од 1903 до 1907 година. - ГИНИ, г. 37, бр .

1- 2, Скопје, 1993, с . 19.

ѕ Ot воuл.уаРОt КТJPUO"O"OV'tE~ ЏШУ MaKE80vtKtV ул.roО"О"аv . - LKPt7t, Ар . 9835, 6 Barilsford,

Н.

N. Macedonia. Its races, and their future. Methuen &

Со .

g tоuл.tО1Ј 1905, 0". 1. London, 1905, р . 124.

155


весник "Дневник", тој на прашањето што мисли за Егзархијата, одговорилдека таа е една пропагандна институција. На инсистирањето на новинарот да одго·

вори дали не било грешка Егзархијата да биде нарекувана орудие на бугарската пропаганда и во таа насока да дојде до потчинувања на нејзините училишта на централната власт, Јане кратко одговорил дека училиштата ќе бидат државни,а

во новата држава ќе имало верска толеранција 7 • Нешто слично за Сандански пишува и историчарот Димитрис Михалопу· лос од Институтот Венизелос од Атина. За овој грчки историчар движењето на

Сандански како основна цел имало Македонија да биде посебна во однос на

Бугарија 8 • Мошне интересно видување за дејствувањето на Сандански, особено по Илинденското востание, има помладиот грчки историчар Христофорос Псилос.

Според неговите размислувања, милитантниот македонски револуционерен фронт, кој ги опфаќал сите етнички групи, би се борел не само против осман· лиската власт, туку и против малите националистичка балкански држави, кои

ја посакувале Македонија со цел да создадат автономна, а подоцна и независна

Македонија9 • Псилос смета дека тоа биле погледи на левото крило на МРО со­ брано околу Јане Сандански.

Овие размислувања и пишувања на грчките научници ме натераа да поч· нам да размислувам зошто тие така пишуваат, имајќи ја предвид политиката на

нивната држава кон Македонија и тврдењето дека македонскиот идентитет е

креација на Коминтерната. Размислувањата беа основа за истражувањето, кое се уште е во тек. Во текот на овие истражувања сретнав мошне интересни на· писи за Сандански во грчкиот печат, непосредно по Младотурската револуција. Токму тука ќе презентирам одредени написи во грчкиот дневен печат што гово· рат за Сандански и за неговото дејствување и цели. Тие се поврзани со дејству·

вањето на Јане во Солун непосредно по Младотурската револуција. Во нашиот текст написите во грчките весници ќе ги поделиме на два дела. Првиот дел се- однесува на гледиштата на грчките новинари и дописници за

ставот на Сандански за автономија и за неговата желба за соработка со Грците. Вториот дел се однесува на извештаите за програмата на групата околу Сандан­ ски непосредно по Младотурската револуција. Сандански, заедно со Тодор Паница, се свечено пречекани во Солун на

14 јули 1908

г. од страна на младотурска делегација, во која бил и Енвер-бег,

еден од водачите на движењето и револуцијата IО • Тој отседнал во хотелот

d' Angleterre,

каде што се собрала маса локални жители, во која имало и Грци.

Сандански, заедно со Енвер-бег, Й се обратил на масата со еден интернациона­

лен говор кој го завршил со зборовите "Долу султанот и сите султани на светот.

7

g

Бурилков, д-р В. МакеДОНШI и Одринско

Ел.ru6Ерtоu ВEVt~Ел.оu, НЕВ. А6Т]уа,

9

10

(1908-1912),

с.

38-39.

МlЈ(аЛО7tОUЛоu, А. О Ел.ru6Ерtоt; ВEVt~Ел.оt; кш Т] Pcocna-ZuЈ.!.соО'tЕt; Kat Е~Ел.t~Еtt; ката 'tТjY 1tplV (Х1!О тоу В Вал.каvtкоu 1tOAEJ.!.OU ЛЕРtOОо. - Во: AvaKOtVcoO'Ett; HJ.!.EptoOt; уш 'tТjy E1tt'tEtO 'tou 6av(1'tou 'tou

2007, 0'. 45 From Cooperation to Alienation: Ап insight into Relation between the Ѕепеѕ group апд the Young Tиrks dиring the years 1906-9. - Eиropean Нistory Quarterly, уоl. 35 (4),2005, р. 544. Георгиев, В., С. Трифонов. Македонил и Тракил в борба за свобода (кралт на XIX - началото на хх век). С., МНИ, 1995, доk. 236, с. 465-466. Рѕј10Ѕ, С.

156


а живеат сите народи, да живее слободата ... " 11. Говорот на Ј ане веднаш бил бележан од некои грчки новинари кои биле дописници на атинските весни­

ци од Солун. Така, во весникот "Проини", било забележано дека Сандански

одржал говор во кој говорел против султанот и Европа l2. Слична информација се појавила и во весникот "Кери" каде што, исто така, било нагласено дека во

roBOPOT Сандански ја поддржал промената во османлиската држава, напаѓајќи mсултанот и Европа 1З . Истото тоа може да го прочитаме и во весникот "Ати­ на". За весникот "Тесалија", приемот на Сандански од страна на Енвер-бег бил повеќе од пријателски l4 . Речиси истовремено во Солун пристигнал и Петко Пенчев со цел да пре­

roBapa со Младотурците за договор со кој Организацијата би ја поддржала но­ вата власт 1Ѕ . Пенчев сакал да стапи и во контакт со Сандански со цел да биде

искористено неговото влијание кај Младотурците, но и да ги прифати барања­ та на неговата група, односно со заеднички барања да излезат пред новите

власти l6 . Меѓутоа, како што забележал бугарскиот конзул во Солун, Пеев, пре­ roворите помеѓу "луѓето од Внатрешната организација и Сандански за поми­ Јување и заедничко дејствување се уште не се завршени. Сандански побарал ~aKO

condition sine qua

поп да биде исклучувањето на г. Пенчев од редовите на

'рганизационите дејци"17. Во Атина, поточно во тамошните весници, будно ;е следело се што се случувало на османлиска територија по Младотурската Јеволуција. За информирање на грчката јавност биле користени разни извор и

I агенциски вести. Така во Проини може да забележиме една информација за

;редбите на Сандански со своите неистомисленици од Македонската револу­ јионерна организација. Според ова известувања, базирано на информација од

~офија, Санд~IНСКИ заедно со својот соработник Паница се сретнал со претста­ IНИЦИ на Организацијата за да се договорат за ставот што ќе го имаат пред

IОВИОТ режимl8. Тука би сакал и да пренесам еден коментар на специјалниот дописник на lесникот "Тесалија" од Солун за големата промена која настанала во османлис­ ~атадржава. Според него, порано офицерите и војниците се бореле и ги бркале lодачите на четите низ планините, а сега истите тие седат и си разменуваат поз­

(рави со Сандански и Паница l9 . Истиот дописник во еден свој напис од Солун !аПИШал дека му симнува капа на Сандански, кого го видел во градот, најве-

1

Пак таму, с.

466.

a<IH~l<; 1:СОУ аУ1:аР1:СОУ

201OUл'lOU

1>1<; Е>иО"ал'ОV1КТ]V. 01 ВоuЛ,уаРО1 ка1:а 1:0U

О"оuл'1:аvоu.

-

ПРСО1V1l, ар.

2021,

1908, 0". 5.

О 1l111:ро1tол'l'П]<; ПР10"РI>V1l<; 1>1<; О"ТТ] Е>1>0"0"ал'ОV1КТ]V. Ел'л'l1VОllаПООV1ка O"colla't<X ка1:а81>1:ОУШ 1:а 01tл'а. - КШРО1, 1>1:. 360У, ар. 180, 20 lOuл'lOU 1908, 0". 3. I NEC01:l>pa апо ТТ]У Е>1>0"0"ал'ОV1КТ]V. - Н Е>I>О"О"ал'ta, ар. 322 (2512),16 lOuл'lOU 1908,0".3. ; Битовски, К. Придонесот на санданистите за победата на Младотурската револуција. - Во:

I

Јане Сандански и македонското ослободително дело. МАНУ, Скопје,

; Георгиев,

2007, 1, с . 48. XIX -

В., С. Трифонов. Македонил и Тракил в борба за свобода (кралт на

238, с. 468. I Исто, док. 241, с. 476. I LUVIМ'OТjO"l>l<; ВоuЛ,уарсоv. - ПРСО1V1l, ар. 2021, 20 lOuл'lOU 1908,0".5. I AATl<;,To1:1> КШ1:сора. Ev'tU1toO"a<; I>K Е>1>0"0"ал'ОV1КТ]<;. - Н Е>иО"ал'ta, 1908,0".1.

началото

наХХ в.), док.

ар.

331 (2521), 16

lOuл'10U

157


ројатно, за тоа што му го направил на Сарафов, иако можеби не го направил тоа

поради сожалување кон македонското население 2О . Сандански, според многу информации, не мирувал додека бил во Солун.

Тој постојано бил отворен кон јавноста. Па така, бугарскиот дипломатски прет­ ставник во Солун во еден свој извештај забележал дека Сандански продолжу­ вал живо да ги интересира локалните Турци и тие секојдневно го посетувале,

слушајќи ги неговите слатки зборови21 . Меѓутоа, тој не бил интересен само за локалните Турци или за другите жители на Солун. Својот престој во овој град Сандански го искористил и за интервјуа во разни весници, како што се, на

пример, соФискиот "Дневник", белградската "Политика", османлискиот "Јени Асир" . Во овие интервјуа, војводатаја нагласувал својата спремност за соработ­

ка со новите власти, желбата да успее револуцијата во спроведување на ветено­ то, но и нагласувал дека повторно би го зел оружјето доколку новите власти се однесуваат како претходните. Забележливо е во овие интервјуа дека Сандански се залага за целост на османлиската држава. Тој и неговите приврзаници на

18 (31) јули 1908

г. го издале познатиот Манифест до сите народности во Ос­

манлиската Империја. Во него тој се обратил и кон "сотатковинци христијани" кои ги повикал да си подадат братска рака со другите за да се извојува саканата

слобода 22 . Своите сонародници, пак, меѓу другото, ги повикал да не потпаѓаат под влијание на оние што ќе агитираат против заедничката борба со турски­

от народ, а биле можеби под влијание на официјалните власти во Бугарија 2З • Најверојатно , сите овие интервјуа, дејствувањето на Сандански во Солун, но И МаниФестот влијаеле врз пишувањата во грчките весници . Така, во националистичкиот дневен лист "Емброс", кој бил уредуван од Димитриос Калопотакис, член на атинскиот Македонски комитет, се појавила информација за наводен договор на Сандански со новите власти, според кој

неговите луѓе би создале вооружени чети кои би се бореле со бугарските чети во околината на Серес. Исто така, тие се договориле за запазување на терито­

ријалното единство на Македонија, а Младотурците, според овој весник, ветиле

да извршат децентрализација на државата24 . Неколку дена подоцна, во весникот "Проини", се појавила информација за интервју на Сандански за парискиот ве­ сник

"Le Petit Parisien".

Според напишаното, во овој атински весник Сандански

изјавил дека не сака присоединување на Македонија кон Бугарија, туку само

ред и слобода2 5 . Тоа се поклопува со насловот на извештајот - "Каква Македо­ нија сака Сандански". Исто така, тој нагласил дека неговите чети повторно ќе дејствувале доколку биде нарушена слободата. Слична информација наоѓаме и во весникот "Кери" по повод интервјуто на Сандански за парискиот весник26 .

20 AAT.~, ТО1:Е КШ 1:roра.

EVW1tOO"Et<;

ЕК 0иО"аЛОVt1С1'Ј<;.

-

Н 0ЕО"О"алш, ар.

335 (2525), 29

LOUЛШ1Ј

1908, 0". 1-2. 21 Георгиев, В., С. Трифонов. МакеДОНИJl и ТраКИJl ... , док. 22

245, с . 483. Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и национална држава, т.

док. 345. УКИМ, Скопје, 23 Исто, С. 502.

1981 , с . 501 .

25

Н аКЕ раlO1:11<; 1:11<; МаКЕООVШ<; Kat о LavoaVtJ1C1'J<; - EJl1tpo<;, ар. 4228, 26 LOUЛlO1> 1908, 0". 4. Аl1лroО"Еt<; 1:01> LavoaO"кu. Tt ~l11:Et ota 1:11У МаКЕОоvш . - ПрrotVrj , ар . 2030, 29 tО1>ЛlO1> 1908, 0".6.

26

Nи 011лroО"Еt<; 1:0U архtКОJlпа1:~l1

24

158

LavoaO"JeIJ. - Katpot, Е1:.

360У, ар.

186, 2910uлtоU 1908, 0".3 .

1,


Во контекст на горекажаното е и следнава информација од атински "Скрип". Според дописникот на овој влијателен грчки дневен весник, Сандански пока­ жал расположеност за соработка со Грците заради запазување на редот во Ма­

кедонија2 7 . Дописникот јавил дека војводата се изјаснил дека бил против бугар­ ските погледи и планови за областа. Наводно, според извештајот на дописникот, грчката страна го одложувала одговорот на дадената понуда на Сандански, кој не се задоволувал само со давање на изјави. Името на пиринскиот војвода полека но сигурно станувало се повид­ ливо во грчкиот печат. Така, на

1

август

1908

г. во дневниот лист "Кери", и

тоа на насловна страница како воведен коментар, се појавил напис со наслов

О L<lVO<lVcrК1l<; (Сандански). Самата статија започнува со нагласување дека Сан­ дански бил водач на разбојниците, кој извршил многу разбојнички злостор­

ства, што било нормално да прочитаме во грчкиот печат од тој период. Имено, секој што се борел на штета на грчките интереси во османлиска Македонија

бил разбојник. Сепак, во понатамошниот дел од текстот може да забележиме промена на описот на Јане. Така, во овој број на весникот "Кери" може да прочитаме дека " ... Сандански бил носител на голема идеја која требала да го привлече вниманието на нас

Грците . Тој секогаш се борел за слободата на

-

Македонија, и никогаш не се насочувал да работи за СанстеФанскиот дого­ вор и за присоединување на Македонија кон Бугарија .... Сега Сандански ... се наоѓа во Солун, учи И држи говори за заедничко дејствување на Грците на словеногласните Македонци. Како што кажа, тој ја подава својата десница за

да работат Елините и СлавоФоните за македонската татко вина. Според нас, ние, Грците, не треба да ја отфрлиме неговата десница ... Македонскиот ели­ низам има потреба од време и мир, за да се развие, а во овие две нешта може да помогне Сандански, смирувајќи ги Елините Македонци со словеногласно­ то македонско население. Тој може да помогне со што било, да се вратат под

Вселенската патријаршија, да изучуваат грчки јазик и грчка книжевност, да се уништат бугарските училишта и да отворат други, во кои ќе се изучува слове­ номакедонскиот, заедно со грчкиот јазик. Овие нешта не се мачни и може лес­ но да се убеди, како што се надеваме, Сандански, поради неговите македонски

погледи и неговото конечно оддалечување од бугарската борба"28 . Овој напис во весникот "Кери" не бил случаен. Еден ден претходно во истиот весник била

објавена информација за еден говор на Сандански во Солун, со коментар дека тој припаѓа на оние што сметаат дека Македонија треба да им припадне на Ма­

кедонците без никакво влијание на Бугарија29 . Инаку, во Грција во овој период може да се забележи именување на македонското население како словеномаке­ донско, македонско словенско и македонско. Тука ќе дадеме два примера. Во

атинскиот дневен лист "Акрополис" на

9

септември

1895

г. се појавило едно

интервју на Светомир Николаевиќ, направено од еден од најпознатите грчки новинари во тоа време

-

Георегиос Франкудис. Во ова интервју, Николаевиќ

2Ј B01JTU:Pt011~, Н. О Lav8acrкu E~ТlТflaE cr1JVEVVoТlcrtV ар. 28

29

16191,31

tоuл.tоu

1908, а. 5. - Katpot, ЕТ. 360У,

Kat

cr1JVЕруаcrШVЏЕ

TOU<;

Ел.лТlVа<;.

- LKpt1t,

.

О Lav8avcrКтt<; . ар. 162, 1 auyoucrTou 1908, а. 1. Avтa1tOKptT11~. О Lav8acrКтt<; 1tpOТqtVEt cr1JVЕруаcrшv. - Katpot, ЕТ. 360У, ар .

161 , 31 tоuл.tоu 1908,

(1.4.

159


споменува дека Словените во Македонија не биле ниту Срби ниту Бугари З О . Осум години подоцна, пред почетокот на Илинденското востание, на наслов­

ната страница на истиот атински дневен лист се појавило интервју со Никола Карев . Тој е претставен како член на Комитетот. Во интервјуто на прашањето на новинарот на Акрополис - "Дали си Македонец?", Карев одговорил - "Се­ како" . Атинскиот новинар, сакајќи да го испровоцира, прокоментирал -" Сле­ дователно, ти си Грк", но одговорот на Карев бил интересен Јас сум Македонец"З l.

-

"Тоа не знам,

Но, да продолжиме понатаму со грчките погледи за Јане Сандански во вре­ ме на Младотурската револуција. Мошне е интересен воведниот коментар во

весникот "Проини" од 2 август 1908 г. И тука името на војводата се нашло на насловната страница на овој атински весник. Насловот на текстот е мошне ин­ тересен

-

"Сандански за Грција" . Коментарот на овој текст со мошне необичен

наслов започнал со признание на авторот дека неочекуваните и ненадејни на­ стани во османлиската држава довеле и до промена на мислењето за водачите

на четите, а во тој контекст и за Сандански. Според авторот, интересен бил пресвртот на Сандански во насока на соработка со Грците. Без разлика кои биле

причините, добро е, според авторот на текстот, што дошло до промена на од­ несувањето . Сандански, според авторот, сакал да дојде до соработка и братство

помеѓу Грците и Бугарите . Новинарот, кој морам да споменам е анонимен, забе­ лежал дека не може да процени дали има доволно време за остварување на оваа

желба за која сонувал и Трикупис, но сметал дека тоа време минало неповратно,

па затоа било подобро под штитот на Уставот на османлиската држава да се работи на мирот и културата, оставајќи му на времето да го реши Гордиевиот

јазол - македонското прашање З2 . Јане и во весникот "Тесалија" од

2

август

1908

г. се нашол на насловната

страница. Повод за тоа било неговото интервју за еден весник од Келн. Инте­

ресно тука може да сретнеме еден поглед на војводата за населението во Ма­ кедонија. Според напишаното, тој сметал дека пропагандата го поделила на­ селението на Бугари или Срби , Грци или Власи, но христијанското население

требало да се смета само за македонско и да дејствува во таа насокаЗ3 Тука може да ги прочитаме и неговите ставови за училиштата. Според пренесеното во овој весник од Волос, во училиштата требало да предаваат само локални луѓе.

На

3

август, во "Скрип" се појавила една информација за барањата на

Сандански изнесени во Меморандум до властите. Според известувањето, Сан­

дански барал децентрализација на државата и поделба на Македонија на мали управни области и општини . Според составувачот на овој напис, Сандански

барал некаков швајцарски систем во Македонија и, секако, Македонија на Ма­ кедонците . Тука морам да забележам дека во овој напис авторот сметал дека,

30

31

32 33

r.

ФРIXУКОUОТ\<;, I:. Емш; - ~€P~lo.. ~UV€V't€1)~€I~ Jl€'tо.1tОЛI'tКrov 'tOU В €Лtyро.ОIОU. О К. NlкоЛаЕ~t't~. - АКРО1tОЛI~, о.р . 4878, 9 <J€1t't€Jl~PIOU 1895, <Ј . 1. I:TIX/1. I:. г. Апо 'о. Вt1;roЛto.. ~UV€V't€1)~I~ Jl€ €v Jl€Ло~ 'tOU KOJlI'to.'tOU. - АКРО1tОЛI~, о.р . 7608, 8 IШIОU 1903 , <Ј . 1. О ~o.yoo.<JКU U1t€P 't11~ EMo.Oo~ . - ПрrolV1l , о.р . 2 034, 2 o.uyOU(J'tOU 1908, <Ј. 1. ~UV€V't€1)~U; Jl€ 'ОУ ~o.yOo.<JКТ]Y €l~ 't11v "E<PllJl€PIOo. 't11~ КоЛroVlо.~" . - Н 0€<Ј<Јо.Лto., о.р. 339 (2529), 2 o.uyOU<J'tOU 1908, <Ј . 1.

160


за разлика од барањето на Сандански, она на Внатрешната организација било прикриен обид за приближување на Македонија кон Бугарија 34 .

Во атинскиот "Скрип" повторно се појавила мала статија во која се говори за Сандански. Имено, според авторот на статијата во која било нагласено дека Сандански покажувал интерес за соработка и со Грците и со младотурската власт, отфрлајќи ги плановите на Бугарија во однос на Македонија 35 . За авторот

било јасно и познато дека Сандански барал Македонија да биде на Македонците и како основа за соработка ја имал ставено децентрализацијата. За новинарот од

овој весник Јане бил непријател на официјална Бугарија која сакала да ја освои Македонија. Нешто слично може да забележиме и во еден друг атински весник. Во "Елинисмос", во еден извештај за програмата на групата околу Сандански, било нагласено дека овој деец ја советувал Бугарија да се откаже од плановите за присоединување на областите од Македонија, бидејќи тоа било невозможно

и на тој начин ќе бидат предизвикани реакции од останатите балкански држави кои ќе бидат насочени против Бугарија 36 . Овие написи во "Скрип" и во "Елинисмос" се совпаѓаат со размислувањата на Сандански околу Македонија. Имено, пиринскиот цар, во една полемика со

Георги Белев, секретар на ВМОК, истакнал: " ... Ние не сакаме да ја замениме турската тиранија и турските султани со други такви, дури ни со бугарска тира­ нија и бугарскиот кнез. Ние сакаме Македонија да биде автономна, независна, слободна, Македонија на Македонците ... Вие ја сакате слободата на Македо-

нија ... како средство, како етапа за идното завојување и присоединување, а каЈ нас, слободата, автономијата на Македонија е легната во основата како цел"3 7. Тука ќе споменеме дека и Христо Силјанов, како што забележува македонски­

от историчар Ванчо Ѓорѓиев, јасно ги определил ставовите на Јане Сандански 80 однос на горенаведеното - "Јане разви теза дека е погубно за македонското население и за самата Бугарија, македонското прашање да се третира во смисла

на национално обединување со Бугарија ... Тој објаснуваше дека ... треба да се

работи за пробудување на сознанието кај масите, дека тие се самостоен народ, дека имаат право на самостоен живот и треба да се борат за извојување на своја­ та слобода ... "38. Во текот на истражувањето сретнав една мала агенциска вест од Лондон.

На

6 август

на насловната страница на атинскиот "Проини" се појавил напис

со големи букви дека Сандански застанал против Бугарија 39 . Во самиот весник

~

BOtJTWPlO1j<;, Н. О Lаvоасжu кш Т] Е<ЈШ1: . ОруаУШ<ЈН; uл€Рал.wv uлоf..tVТjfШ1:а лро~ 1:0 NШ1:0uркtкоv KOftt1:a1:ov. - Lкрtл, ар . 16194, 3 auyotJ<J1:otJ 1908, <Ј. 5. 3ѕ BOtJTWPlO1j<;, Н. ТТ] ~Т]1:a о Lavoa<JКtJ. - Lкрtл, ар . 16197, 6 auyou<J1:0U 1908, <Ј. 4. ~ воuл.уаРОt €v Мак€Ооvш. - Ел.л.Т]Vt<Јf..tО~, ар. 147,22 auyou<J1:0U 1908, <Ј . 3.

)1

Ѓорѓиев, В. Јане Сандански и посебноста на Македонија и Македонците. - Во: Јане Сандански и македонското ослободително дело, МАНУ, Скопје, 2007, с. 91 (Тука, исто така, може да го спомнеме и видувањето на Родолфо Фоа за Јане Сандански. Имено, Фоа сметал дека Сандан­

ски проповедал во насока: "Македонците ќе ја ослободат Македонија без мешање на соседните држави: во Македонија не треба да има ниту Бугари, ниту Грци, ниту Срби, ниту Романци, ниту

Турци, туку само Македонци", пак таму, с. 93). ~ ИСТО, с.

93.

~ Ка.та<Ј1:РО<рТ] роuл.уаР1КТ]~ cruf..tf..toрш~ UЛО 1:0U Lavoa<JКtJ. - ПрWlVТj, ар. 2038, 6 auyou<JtOU, 1908, (Ј.6.

11

161


тоа било поврзано со една телеграфска вест од Лондон. Според напишаното, поради можноста од воен судир меѓу османлиската држава и Бугарија, Сандан­ ски им ветил на Младотурците дека ќе војува на нивна страна против Бугарите. Како извор на информацијата бил посочен из вештај на дописникот на лондон­

ски "Тајмс", Џејмс Баучер , од бугарската престолнина. Тука мора да забележи­ ме дека оваа информација не била осамена. Имено , бугарскиот трговски агент во Солун Атанас Шопов сметал дека

" ...Ќе

го поведат македонското население

против бугарските војски"40. Сандански и неговата група станале интересни кај грчките новинари и по­ ради нивната програма. Интересот за програмата на Сандански бил логичен.

Ако овој македонски револуционер бил интересен за Грците поради своите ста­ вови околу иднината на Македонија, тогаш било очекувано и неговите барања и програма да го задржат истиот интерес кај атинските новинари. Во националистичкиот "Емброс" , веќе на

6

август

1908

г. се појавиле пр­

вите текстови со поднаслов што сака Сандански. Тука може да забележиме

13

точки што се објавени во овој весник, а се однесуваат на тоа што Сандански

го барал од младотурскиот режим 4Ј . Првата и втората точка се најважни бидејќи и се однесуваат на барањето за автономија на областите, општините, почиту­

вање на слободниот развој на националностите, поддршка на парламентариз­ мот. Инаку, статијата не содржи коментар за тоа дали барањата на Сандански се интересни и прифатливи за Грците . Два дена подоцна, слична статија може да

забележиме и во весникот "Елинисмос"42 . Мора да нагласам дека и во двата вес­ ника се даваат и барањата на Внатрешната организација во која се споменува Пенчев . Во "Елинисмос", исто така, може да најдеме интересни информации за

недоразбирањата помеѓу Сандански и другиот дел на Внатрешната организа­ ција. Сепак, впечатлива е една информација во овој весник. Според телеграма од Берлин , програмата на Сандански , која била пратена и до бугарската влада, имала чиста антинационалистички карактер и ја отфрлала освојувачката поли­

тика на Бугарија кон Македонија43 . Целата програма на групата на Сандански

-

Програмски барања на Маке­

доно -одринската револуционерна организација (Серскиот, Струмичкиот рево­ луционерен округ) може да ја најдем е во весникот "Елинисмос" , каде што таа била објавена заедно со онаа на Матов, Христов и Пенчев и онаа на Делирадев

и Герџиков под наслов Три бугарски програми 44 . На крајот може да заклучиме дека бил сосема разбирлив интересот на гр­ чките весници за настаните и случувањата во Македонија по Младотурската

револуција . Имено, се што се случувало на османлиските територии кон кои Грција имала интерес и територијални аспирации не можело да не предизви­ ка интерес во Грција, без разлика дали се работело за политичарите или, пак,

за јавноста, која била обременета и под силно влијание на настаните, во овој

40

Ѓорѓиев, В. Јан е Сандански и посебноста на Македонија и Македонците ... , с . 95 .

Т€ЛzuШla (О ра . Та аtтrншш 1:(оУ в оuл.уар (Оv хрос; N €01:0UPKtK(oV КОI.ша1:0V. ТТ) ~Тj1:€t т) opyaY(Om~ Ка! 1:t 8€Л€ t О ~ayOayoКТ) c; . - E~xpoc;, ар . 4239, 6 auyoU01:0U, \908, о . 3. 42 воuл.у аР О l €y M aK€OOvla. - Ел.л.'lv tо~ос;, а р. 145, 8 auyoU01:0U, \ 908, о . 2. 43 воuл.уароt €y Мак€Ооуш . - Ел.л.'lvtо~ос;,'а р . 147, 22 auyoU01:0U, 1908, о . 3. 44 Та 1:pta ~ оuл.уарtка 1tроу ра~~аш . - Ел.л.Т)vtо~ос;, ар. \48, 29 auyoU01:0U, \ 908, о . 2. 41

162


случај, во Македонија. Некои написи и коментари во грчките весници веднаш по Младотурската револуција ни ги открива стравовите на грчкото општество за иднината на Македонија, која во најголем дел, секако, била гледана како ин­ тегрален дел од идната голема грчка држава. Тука ќе спомнеме два примера.

Првиот е еден напис во дневниот лист "Кери". Во овој весник на 31 јули 1908 г. се појавил воведен текст со наслов "Националната одбрана" . Во него се гово­ рело за новата состојба во султановата држава и како таа ќе се рефлектира врз грчките интереси. Затоа во текстот се бара македонските комитети да се посве­

тат на славоФонските Македонци 45 . Зошто е потребно тоа, најверојатно одгово­ рот може да го најдеме на страниците на националистичкиот "Емброс". Таму

било јасно напишано дека потпаѓањето на Македонија под бугарска управа за Грција би било катастрофа 46 . Зошто е таков голем интересот за Сандански и неговото дејствување кај грчкиот печат? За грчките новинари било јасно дека Сандански има проблеми

со бугарската влада. Така, во "Скрип", во веќе цитираната статија која гово­ ри за автономија на Македонија и за Македонија на Македонците како основа

на дејствувањето на Јане, било забележано дека Сандански бил непријателски расположен кон бугарската влада, дека не можел да оди во Бугарија каде бил осуден заради убиството на Сарафов47. Залагањето на Сандански за автономија на Македонија во рамките на османлиската држава била интересна за Грците

во тие моменти. Знаеме дека Грција, односно атинските влади во никаков слу­ чај не сакале да прифатат создавање на една автономна Македонија, сметајќи дека тоа би бил прв чекор кон присоединување на оваа област кон Бугарија, спореДУвајќи ја таа можност со настаните од

1885

г. кога Источна Румелија

беше присоединета кон кнежеството Бугарија. Тогаш зошто е интересен Јане и идејата за автономија на Македонија? Одговорот може да го бараме во ста­

вовите на Сандански дека Македонија не треба да се присоедини кон Бугарија.

Дали Грците имале некои информации за ова? Сигурно. Во цитираната статија наПсилос, која ги обработува контактите и врските на групата на Сандански со Младотурците, кога ќе го видиме што користел авторот може да не одведе кон заклучок дека грчката дипломатија имала некакви сознанија за дејствувањето на Сандански . Непосредно по Младотурската револуција, кога Сандански е во

Серес, неговиот престој е следен и од тамошниот грчки конзул, Сактурис . Тој во еден извештај ја опишал средбата помеѓу Сандански и серскиот мутесариф, кој му се обратил на војводата со пофалба на неговото дејствување, нарекувајќи го брат. На овие убави зборови од османлискиот Функционер, Јане одговорил дека настапила слободата, а Македонија секогаш имала потреба од Македон­

ците 4 8 • Можеби еден од најдобрите примери дека Грците знаеле за намерите на

Сандански во поглед на автономијата на Македонија е неговата средба со мел­ ничкиот митрополит Иринеос. Војводата, во

1905

г., го повикал митрополитот

во Роженскиот манастир на еден разговор, во кој му ја објаснил својата замисла

E9vt1ClJ a.!luva.. - Ka.tpot, E't. 36ov, а.р . 161, 31 tOuл.tоu 1908, 0". 1. E!l1tpo<;, а.р. 4235, 2 a.uyouO"'tou, 1908, 0". 1. П Цит. статија, :Екрш, а.р. 16197,6 a.uyouO"'tou 1908, 0". б . • Н 'tЕAEu'tа.ш <ра.<ЈТ] 'tТ]<; Еvо1tл.Т]<; а.vа.ј.ш'tрт]<ЈТ]<; 0"'tТ] Ма.КЕОоvш (1907- 1908), MOUO"EtO Ma.KEOOVtKOU ауroуа., 1998, 0".247. 15

*По8sv о Ktvouvo<;. -

163


за иднината на Македонија. Во разговорот, меѓу другото, Сандански му рекол

на својот соговорник: "Тука каде што се наоѓаме, деспоти му, сме толку близу до Бугарија, рече, така што, ако викнам, мојот глас ќе се слушне кај бугарските стражари на турско-бугарската граница. И покрај тоа, за разлика од Врховна­ та македонско-тракиска организација, јас не се стремам за присоединување на Македонија кон Бугарија, туку за автономија која ќе им обезбеди исти права на Грците, Бугарите и Турците . Сигурно знаеш колку е далеку оттука грчко-тур­ ската граница. Така што , постои ли и најмала можност за присоединување на Мелничката област кон Грција? Затоа, те повикувам да соработуваш со мене за

да го отфрлиме турскиот јарем и заедно да ја оствариме автономијата на Ма­ кедонија"49 . Всушност, стравот од губење на Македонија, барем за момент, ја направило автономијата интересна, кога веќе не и прифатлива за Грците, а Сан­ дански бил тој кој станал интересен и, за кратко, можеби, прифатлив за Грците.

YANE

SANDANSКI

AND ТИЕ AUTONOMY OF MACEDONIA - GREEK VIEWS FORМ AUGUST 1908 Prof Dr. DaZibor Jovanovsky (Summar y)

Young Turk's revolution of July 1908 caused great changes јn the Ottoman Empire and а huge interest and comments јn Europe, аѕ well. Аѕ а result of the new situation in the Ottoman Empire, ѕоmе things that previously were inconceivable and еуеn impossible, after the Revolution became а reality. We know that Sandanski did not have а positive reputation јn Greece јn the period prior to the Young Turk's revolution. Не was considered аѕ а notorious brigand. However, his devotion for autonomy of Macedonia, cooperation among various ethnic groups and his misunderstandings with the Bulgarian govemment, caused а great interest јn Greece јn the period following the Revolution. Thus, јn ѕоmе Greek daily and weekly newspapers, during the August 1908, we could find interesting articles, comments and agency reports regarding the Sandanski's activities relating to the autonomy of Macedonia and his ideas for cooperation with the Greeks јn the Ottoman Empire. These texts, seemingly, could be а great surprise, but were not accidental. We think that Sandanski's ideas and activities јn respect ofreal autonomy ofMacedonia were known to the Greek politicians and diplomats.

49

ТаО)про<;, К. AVU~V110"ElC; (М ел.еvОtКО

164

-

0ecrcruл.оvtКТ]) , IМХА , 0ecrcruл.оvtКТ] ,

1992, <Ј. 27.


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.