Слика 3. Култ на сонцето, мозаик
Интервју на „Културен жИвот“
Слободанка Марковска
Повод за овој разговор е излегувањето од печат на најновата книга Религијата на античките Македонци, од проф. д-р Наде Проева. Професроката Проева е наша еминентна научничка од областа на историските науки – археологија, епиграфика, нумизматика, религија. Своите знаења од овие области во последните три децении им ги пренесуваше на генерации студенти на Филозофскиот факултет, а држела предавања и на универзитетите во Франција, Хрватска, Словенија, Холандија. Авторка е на многу научни трудови објавувани во стручни списанија, а учествувала на научни собири во земјава и странство (Франција, Србија, Канада, Бугарија, Романија, Полска), итн. Повеќепати била на студиски престој во странство: Полска, Француската археолошка школа во Грција, Францускиот институт во Истанбул, Австриската академија на науки, универзитетите во Париз (Сорбона, Нантер), вo музеите на Амстердам и Брисел. Придонела за популаризирање на историјата на античките Македонци, со бројни настапи во радио и ТВ емисии, а држела предавања во домовите на култура и училиштата во Македонија. Не се воздржува да се спротивстави на актуалната политизација на антиката искажувајќи го јасно и гласно своето експертско мислење. Творечкиот опус на проф. Проева се состои од стотина научни и стручни трудови, четири книги (од кои, еден е учебник), како и 3 книги- превод од француски на македонски јазик; уредник е на две едиции: Miscellanea Byzantino-macedoniaca; Historia Antiqua Macedonica, член на редакција на две меѓународни списанија. За нејзината соработка меѓу Македонија и Франција, од владата на Р. Франција во 1997 год. добила орден Витез на академски палми. На крајот од својот професионален ангажман на Институтот за историја на Филозофскиот факултет во Скопје, проф. Проева на студентите им ја подари нејзината најнова книга, во која со голема академска посветеност и ерудиција ги презентира најновите научни сознанија за религијата на античките Македонци.
76
1-2/2015