ГЛАСНИК 58 1-2 2014 39-54
ISSN 0583-4961
УДК 94(381) 321.11:929 Аминта III
МАКЕДОНСКОТО КРАЛСТВО ВО ВРЕМЕТО НА АМИНТА III Катерина Младеновска-Ристовска Научен соработник во Институтот за национална историја – Скопје Abstract The rule of King Amyntas III (393/392–370/369 BC) was marked by a constant struggle for survival of the Macedonian Kingdom. Driven by power and the desire to loot and plunder, as well as the ambitions to expand their holdings and influence, Amyntas’ main rivals were the Illyrians and the Olynthians, and in part the Macedonian pretender to the throne Argaeus and the Thessalians led by Jason of Pherae. The chronology of the events has been considerably disputed, the available sources are scarce, scanty and contradictory in places, so any further research raises new possible debatable questions and assumptions. But regardless of these difficult obstacles, with a critical analysis of the available sources, it is possible to reconstruct the events of this important period of Macedonian history, which is in fact the main goal of this text. Keywords: Amyntas III, Macedonian Kingdom, Illyrians, Olynthian War, Chalcidian League, Athens
Периодот на владеењето на македонскиот крал Аминта III, таткото на великиот Филип II, веќе подолго време го привлекува вниманието на истражувачите на античка Македонија. Прилично е спорна хронологијата на настаните, изворите со кои располагаме, пак, се малубројни, скудни и на места сe контрадикторни, па секое понатамошно истражување отвора нови можни дискутабилни прашања и претпоставки. Познатиот истражувач на Македонското Кралство Ј. Н. Борза не случајно забележал дека настаните од првата половина на IV век пр. н.е. се „вистински историографски кошмар за историчарот на Македонија“.1 Но без оглед на овие тешко премостливи пречки, кои не е исклучено полека да се надминуваат со нови археолошки истражувања, во основа, со критичка анализа на постојните извори, сепак можеме да напра1
E. N. Borza, In the Shadow of Olympus: the Emergence of Macedon, Priceton, New Jersey, 1990, 180.
39
ГЛАСНИК 58 1-2 2014
Катерина Младеновска-Ристовска
виме една можна реконструкција на настаните од овој значаен период од македонската историја. Со убиството на Аминта II Малиот завршиле династичките борби на Аргеадите, а за крал на Македонија бил прогласен Аминта III (393/392–370/369 г. пр. н.е.).2 Тој бил син на Аридај, т.е. внук на Аминта (братот на Пердика II) и правнук на Александар I. Во времето на неговото стапување на престолот, Македонското Кралство било релативно безбедно од надворешни непријатели, но со разнишана внатрешна стабилност од дотогашните династички борби. Надворешната политичка констелација на јужниот дел на Балканскиот Полуостров била релативно поволна, бидејќи продолжила да се продлабочува кризата на расцепканите и спротивставени хеленски полиси. Сето тоа одело во прилог на можна брза внатрешна политичка стабилизација и овозможило слободен стопански развиток на Македонското Кралство. Аминта III можел да се посвети најпрвин на средувањето на долгогодишната внатрешна нестабилност во државата, разрешувањето на ривалските внатрешни односи и на своето зацврстување на престолот. Накусо, требало да се елиминираат подолгорочните последици што тлееле од внатрешните династички борби и да се зацврсти централната власт во некои од вазалните кнежевства. За средувањето на внатрешните состојби во кралството, Аминта III ги применил традиционалните методи на неговите претходници: преговори со месните басилеи во племенските кнежевства, со цел за нивно придобивање и признавање на централната власт на кралскиот двор, склучување нови сојузи и склучување политички бракови со одделни моќни династички семејства. Таквите традиционални дипломатски определби ги дале очекуваните резултати во северните области на кралството, мошне приоритетни за заштита на северната граница. Но, средувањето на внатрешните односи во државата, сепак било само привидно или со половичен успех, бидејќи останала амбицијата на извесниот Аргај како претендент на кралскиот престол. Податоците за Аргај се крајно скудни, но веројатно имал одредена моќ, што го потврдиле настаните што следувале. ПОЛИТИКАТА НА ДОБРОСОСЕДСКИ ОДНОСИ ОД ЗАЕМЕН ИНТЕРЕС И ОПАСНОСТА ОД ИЛИРСКИТЕ НАВЛЕГУВАЊА
Освен опасноста што тлеела од извесниот Аргај, над Македонското Кралство останала надвисната и традиционалната опасност од територијално проширените Илири од непосредното северозападно соседство, овој пат предводени од моќниот и крајно агресивен предводник Бардилис. Најверојатно дека Илирите во ова време сè уште немале држава, туку биле организирани во 2
Некои автори хронолошки различно го определуваат времето на неговото владеење. Според Диодор (Diod., XIV, 89, 2; XIV, 92, 3 и XV, 60, 3), Аминта III владеел дваесет и четири години, а според Синкел (Sync., 495 и 500) седумнаесет години. Во литературата, пак, постои големо шаренило па и произволности вo одредувањето на годините на почетокот и крајот на неговото владеење, а јас се определив за веќе установените години во најновата научна литeратура (393/392–370/369 г. пр. н.е.).
40
Македонското Кралство во времето на Аминта III
племенски сојуз, собран околу еден предводник. Во секој случај, Бардилис бил на чело на голема, моќна и агресивна сила која своите експанзионистички апетити ги насочила и кон Македонското Кралство. Илирите и претходно ја користиле кревката стабилност на македонската држава за краткотрајни упади и грабежи на македонските територии, но овој пат опасноста била повеќе од сериозна. За кратко време, тие успеале да одземат некои од пограничните области, што поттикнало некои од вазалните кнежевства на пројави на нелојалност кон централната власт на Македонското Кралство. Наоѓајќи се во состојба на перманентна изложеност на илирските напади и пљачкосувања, како и поради сомнителната лојалност на вазалните кнежевства во граничните области, Аминта III бил принуден да побара сојузничка помош. Но такви моќни сојузници во тоа време тешко се наоѓале. Немајќи голем избор, тој најпрвин им се обратил за помош на традиционалните пријатели на македонскиот кралски двор – Алевадите од Лариса, чијшто водач Медиј имал моќна позиција во Тесалија. Тесалците покажале разбирање за загрозеното владеење на Аминта III, ги задржале добрите меѓусебни односи, но воена помош не му била дадена. Од источните соседи на Македонското Кралство, извесна надеж за можна сојузничка помош давал Халкидичкиот сојуз, моќната сојузна државна заедница предводена од мултиетничкиот Олинт, во кој живееле и поголем број Македонци. По падот на Атина во Пелопонската војна, овој сојуз значително зајакнал и го променил своето сојузништво од Спарта, овој пат со Бojотија и Аргос (395/394 г. пр. н.е.). Во тоа време Олинт бил најзначајниот занаетчиско-трговски центар на Халкидик. Тој бил клучниот центар за заштита на Халкидик од повеќестраните завојувачки политики. Загрозени од илирската опасност и користејќи ја слабоста на централната македонска власт, некои градови од македонската територија самоволно му пристапиле на Халкидичкиот сојуз, а Аминта III не бил во состојба, ниту имал намера тоа да го спречи, бидејќи и самиот гледал единствена надеж во нивниот пример на приближување кон Халкидичкиот сојуз. Во таквата политичка констелација, Аминта III стапил во преговори со претставниците на Халкидичкиот сојуз и им понудил воен сојуз, поволни услови за трговија и, во знак на добра волја или под уцена, предложил и територијални отстапки, подарувајќи им на Олинтјаните територија во соседството, најверојатно околу градот Лета и езерото Болба, со богати земјоделски површини, т.е. истата земја којашто Пердика II привремено им ја дал на Олинтјаните во 432 година.3 Се смета дека оваа територија била дадена само на времено користење, а не во траен посед, поради што подоцна Аминта III си ја побарал да му ја вратат назад. Преговорите биле успешно завршени и бил склучен педесетгодишен одбранбен сојуз. Неговото датирање е спорно во науката,4 но најверојатно бил 3
E. N. Borza, In the Shadow of Olympus..., 182. Tod GHI, no. III го датира во приближно 393 г. пр. н.е. Кај Н. Г. Л. Хамонд (N. G. L. Hammond and G. T. Grifith, A History of Macedonia, vol. II, Oxford, 1978, 173) е 4
41
ГЛАСНИК 58 1-2 2014
Катерина Младеновска-Ристовска 5
склучен веднаш по неговото завладување. На една стела од Олинт, најден е напишан договор помеѓу Аминта Еридајов (Аминта III) и жителите на Халкидик, склучен на педесет години. Договорот е испишан на двете страни од стелата, со наведени меѓусебни обврски. На едната страна се испишани договорените политички обврски – меѓусебното помагање во случај на агресија и забрана за одделното склучување на сојузи. На другата страна, пак, се испишани договорените обврски што ги регулираат економските односи. Значи, се работи за сојузнички договор за политичка, воена и економско-трговска соработка. Договорот добил нагласен сојузнички карактер „против сите други“ преку стриктните меѓусебни обврски за заемна помош во случај на напад од страна на надворешни непријатели на едната или другата договорна страна, со забрана за одделно склучување на сојузи, стриктно наведени потенцијални непријатели, како и регулирани трговски ограничувања. Текстот на договорот гласи: „Договор со Аминта Еридајов. Аминта Еридајов и жителите на Халкидик се договорија да бидат сојузници против сите други педесет години. Ако некој тргне да војува против земјата на Аминта или против Халкидик, жителите на Халкидик да му помогнат на Аминта, а Аминта ним. Се дозволува извоз на катран, дрвена граѓа и други градежни материјали за бродоградба, освен дрво од елка... Се дозволува и извоз на сите други стоки... Аминта и жителите на Халкидик не смеат самостојно да склучуваат мир со Амфиполците, Ботиајците, Акантјаните и Мендајците; ним ќе им се понуди заеднички мир само ако се согласат обете страни...“6 Очигледно, договорот бил склучен на формално рамноправна основа, во заемен интерес. Накусо, Аминта III написмено добил воен сојузник за одбрана и значајни извозни приходи, а Олинт, освен претходно понуденото територијално проширување со земјоделски површини, добил исклучително значајна економско-трговска привилегија во Македонското Кралство. Формално, договорот наполно ги задоволувал политичките и економските интереси и на Халкидичаните и на Македонското Кралство. Во договорот е именично дефиниран македонскиот економски интерес од извоз на катран, дрвена граѓа и на други градежни материјали за бродоградба, како и други стоки, освен бел бор (ела), чие извезување било дозволено само за потребите на Халкидичкиот сојуз. Тоа значи дека Халкидичаните, датиран околу 391 г. пр. н.е., а Ј. Н. Борза го става по илирското симнување и враќање на престолот на Аминта III (E. N. Borza, In the Shadow of Olympus..., 183). 5 Н. Проева, Историја на Аргеадите, Historia Antiqua Macedonica 8, Скопје, 2004, 207. 6 ЅIG, №135; Tod GHI, no. III. Текстот на договорот на македонски е објавен од Н. Проева (Историја на..., 207). Договорот е објавен и од: S. Hornblower, The Greek World, 479-323 B.C., London and New York, 1983, 205; John Wickersham and Gerald Verbrugghe, Greek Historical Documents: The Fourth Century B.C., Toronto, 1973, no. 12. За договорот пишуваат: F. Geyer (Makedonien bis zur Thronbesteigung Philipps II, Munich and Berlin, 1930, 112) и J. R. Ellis („Amyntas III, Illyria and Olynthos, 393/2– 380/79“, Makedonika 9, 1969, 3).
42
Македонското Кралство во времето на Аминта III
всушност, станале соодветна замена за Атина како долгогодишен традиционален трговски партнер. Притоа, двете договорени страни постигнале согласност одделно да не се сојузуваат со Амфиполците, Ботиајците, Акантјаните и Мендајците, освен со заедничка согласност. Од анализата на договорот и настаните што следувале, може да се заклучи дека за Халкидичаните била приоритетна економско-трговската соработка, а воената соработка веројатно само формално ја прифатиле, зашто и самите биле свесни дека таа не можела да се исполни во сите можни случувања на така долг временски рок од дури педесет години, што практично го надминува и животниот или барем активниот век на неговите договарачи. Така и се случило. Најзначајната одредба за времетраењето на договорот, во секој поглед претераните – педесет години или половина век, во првата околност била прекршена од Халкидичаните. Во слични околности веројатно договорот би го прекршил и Аминта III. Но, во секој случај, тоа била неодмерена одредба на моментно свечено расположение, која фрла сомнение во искреноста на пријателството пред економскиот интерес. За краток временски период, Аминта III навидум ја стабилизирал својата власт и воспоставил контрола на некои нелојални периферни области, создавајќи услови за општ просперитет на кралството. ИЛИРСКОТО ОСВОЈУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКОТО КРАЛСТВО И ВЛАДЕЕЊЕТО НА АРГАЈ
Опасностите од илирските навлегувања на северозападните граници на Македонското Кралство продолжувале и се заканувале да прераснат во општа инвазија. Во историските извори нема никакви споменувања дека Халкидичаните им укажале некаква помош на Македонците. Тие веројатно не се придржувале до постојниот писмен договор за меѓусебна воена помош, а веројатно заборавиле и на благодарноста за отстапените гранични територии. Како и да е, од недоволно разјаснети причини, пред опасноста од навлегувањето на Илирите, не му укажале помош на Македонското Кралство. Халкидичкиот сојуз го препуштил Аминта III сам да се снаоѓа пред надмоќната непријателска наезда. Привлечен од богатствата на Македонското Кралство, во 393 г. пр. н.е., илирскиот водач Бардилис презел голем освојувачки поход кон централниот дел од државата, навлегол дури во Долна Македонија и избил на Термајскиот Залив. За војувањето на Аминта III со Илирите, сосема кратко, Јустин запишал: „Потоа водел многу тешки војни со Илирите и Олинтјаните.“7 Наоѓајќи се во положба на загрозеност од моќни надворешни и секако поттикнати внатрешни непријатели, откако не ја добил бараната помош од Халкидичкиот сојуз, Аминта III бил принуден да го напушти кралството. Диодор пишува:
7
Just., VII, 4, 6.
43
ГЛАСНИК 58 1-2 2014
Катерина Младеновска-Ристовска
„Во Македонија, Аминта, таткото на Филип, бил избркан од неговата татковина од Илирите кои ја освоиле Македонија и, откажувајќи се од неговата круна, тој им ја подарил на Олинтјаните територијата што граничела со нивната. Во тоа време тој го изгубил своето кралство, но набргу било обновено од Тесалците, си ја повратил круната и владеел 24 години.“8 Очигледно, нема логика детрониран крал да подарува своја територија на формален сојузник, кој не му дал воена поддршка за одбрана од надворешни непријатели. Прогонетиот Аминта III заминал во егзил кај Алевадот Медиј од Лариса, во Тесалија, со чија помош набргу повторно се вратил на престолот. Изворите не потврдуваат дали за времето на заминувањето во егзил имало негов официјален династички престолонаследник, а на испразнетиот престол завладеал дотогашниот конкурент и претендент за престолот, узурпаторот познат под името Аргај. Диодор пишува: „Меѓутоа, некои велат дека по прогонството на Аминта, Македонците биле раководени од Аргaј во период од две години, дека по тоа време Аминта го обновил своето кралство.“9 Хронолошкото известување на Диодор за неговото владеење „во период од две години“, што би значело во периодот 393/2 и 392/1, во најмала рака е дискутабилно. Хронологијата на настаните во скудните извори не допушта доволен временски период за двегодишно владеење на Аргај во времето на оваа илирска инвазија.10 Во недостиг на сигурни извори, Аргај е дискутабилна личност. Тој веројатно бил член на линкестидскиот кнежевски род.11 Изнесен е и ставот дека бил син на македонскиот крал Архелај, поставен како марионетски крал од Илирите.12 Постои и мислење дека по владеење од една година (394/393 г. пр. н.е.), Аминта III бил изгонет од самите Македонци,13 што би значело дека бил формално симнат од Собранието, а на неговото место законски бил избран Аргај. Но, имајќи ја предвид претпоставката за линкестидското потекло на Аргај, под констатацијата дека бил симнат од Македонците и избран како негова замена од самите Македонци, можат да се подразберат и Линкестите, кои дејствувале против него заедно со Илирите. Во секој случај, Аргај бил протеран од Македонското Кралство со помош на Тесалците. Нема други соз8
Diod., XIV, 92, 3. Diod., XIV, 92, 3. 10 Само нагаѓање би било дека тоа можело да биде во периодот 385–383 г. пр. н.е. (види: J. R. Ellis, „Amyntas III, Illyria..., 5–8), како марионетски крал на Олинтјаните, кога тие ја окупирале македонската престолнина Пела со поголемиот дел на централна Македонија (Xen., Hell., V, 2, 13). Во скудните историски извори нема место за тоа. 11 S. Islami – S. Anamali – M. Korkuti – F. Prendi, Les Ilyriens, Tirane, 1985, 57–58. Освен тоа, наведено е и дека тој бил поставен на престолот од Илирите. 12 N. G. L. Hammond and G. T.Grifith, A History of…, 172, 175, 176; Ј. Н. Борза (E. N. Borza, In the Shadow of Olympus..., 296) го смета ова мислење за неаргументирано. 13 Porphyr. Fr. I, FHG 3, 691. 9
44
Македонското Кралство во времето на Аминта III
нанија за него ниту, пак, се знае што се случило по неговото отстранување од престолот. Може да се претпостави дека во узурпацијата на македонскиот престол тој бил поддржан и од Халкидичкиот сојуз, а мислењето дека бил поставен како марионетски крал од Илирите е оспорено од повеќе автори. 14 Поради недостиг на сигурни историски извори, сложениот проблем со хронолошкото определување на владеењето на Аргај останува неразрешен. Истражувачите продолжително го проблематизираат и времето на неговото завладување и времетраењето на неговото владеење. Ј. Н. Борза мошне корисно укажува: „Разбирањето на владеењето на Аминта III е особено тешко поради можноста од постоењето на дупликат кај Диодор (XIV, 92, 3–4 и XV, 19, 2–3). Доколку прифатиме дека овие извадоци формираат дупликат – односно, двоен приказ на истиот настан намерно или случајно повторен – Аминта би бил истеран од престолот само еднаш при една илирска инвазија. Доколку извадоците не се дупликат, туку прикази на два одделни и слични настана, Аминта двапати во опасност го напуштил кралството, еднаш во 393 и повторно во 383/2 г. пр. н.е. Без оглед што е вистина, Јустиновиот кометар (VII, 4, 6) дека за време на владеењето на Аминта III се случиле ʼмногу тешки војни со Илирите и Олинтјанитеʻ го доловува духот на времето.“15 Отфрлањето или прифаќањето на дупликатот кај Диодор веќе подолг временски период е отворено научно прашање. Мора да се признае дека е неспорно оти во двата фрагмента постојат очигледни сличности кои наведуваат на заклучок од дупликат или две верзии на еден ист настан, но неспорни се и разликите, особено ако се имаат предвид и околностите на историските настани во соодветното време. По враќањето на престолот на Македонското Кралство, Олинтјаните му ја вратиле назад на Аминта III неговата територија околу езерото Болба. 16 Притоа тој склучил мир со Илирите, можеби и со Линкестите и тогаш се оженил за линкестидската принцеза Евридика,17ќерката на бунтовниот (Пелагонец?) Сира,18 кралот или регентот на Линкестида, којшто бил зет на линкестидскиот крал Арабај I, со што ги придобил симпатиите на моќниците од нелојалните горномакедонски области. Токму овој брак веројатно му овозможил да се ослободи од илирската опасност. Од друга страна, овој брак на Аминта III бил од особено значење и за Линкестида, која подолго време била директно изложена на опасностите од нападите на Илирите. Има известување дека Аминта III тогаш се задолжил да им плаќа годишен трибут на Илирите, а освен тоа како гаранција за лојалноста им го дал 14
Н. Проева, Историја на..., 205; E. N. Borza, In the Shadow of Olympus..., 182. E. N. Borza, In the Shadow of Olympus..., 180. 16 N. G. L. Hammond and G. T. Grifith, A History of..., 173. 17 П. Кабан, За Илирите од Бардилис до Гентиј IV-II в.п.н.е., Historia Antiqua Macedonica 4, Скопје, 1996, 73. 18 Н. Проева, Историја на..., 189, 203. 15
45
ГЛАСНИК 58 1-2 2014
Катерина Младеновска-Ристовска 19
како заложник својот најмлад син Филип. Но ова не може да се прифати, бидејќи токму тогаш Аминта се оженил со Евридика, а Филип пак е нејзин најмлад син. Инаку, ликот и животописот на кралицата Евридика бил особено актуелен во античкиот свет. Како и другите македонски историски ликови, и таа била опфатена во антимакедонската хеленска пропаганда, веројатно со накалемени или со преобликувани лични згоди и незгоди. Јустин пишува: „Од Евридика тој имал три сина, Александар, Пердика и Филип, таткото на Александар Македонски Великиот и една ќерка Евриноја; од Гигаја, пак, ги имал синовите Архелај, Аридај и Менелај.“20 Oд бракот со Евридика подоцна произлегле идните македонски кралеви: Александар II, Пердика III и Филип II. ВТОРОТО ИЛИРСКО ОТСТРАНУВАЊЕ НА АМИНТА III ОД ПРЕСТОЛОТ
Еднаш го цитиравме укажувањето на Ј. Н. Борза за отежнатото разбирање на илирското протерување на Аминта III од престолот во 393 г. и повторно во 383/2 г. пр. н.е. Постоењето на сличен приказ на два различни настана во растојание од десетина години кај Диодор навело многу истражувачи да ги поистоветат како раскажување за еден ист настан.21 Ние сме убедени дека сепак се работи за два слични настана во растојание од една деценија. Затоа овде во целост ќе го наведеме и вториот фрагмент како божемно двоен приказ на Диодор, во кој пишува: „Во Македонија кралот Аминта бил поразен од Илирите и се откажал од својата круна; понатаму тој им подарил на Олинтјаните голем дел од пограничниот дел на земјата поради откажување од својата политичка моќ. На почетокот Олинтјаните уживале во приходите што ги добивале од земјата, и кога подоцна кралот неочекувано си ја повратил силата и го добил назад целото свое кралство, Олинтјаните не биле склони да ја вратат земјата кога тој ја побарал.“22 Според ова известување, во 383/382 г. пр. н.е. Аминта III повторно доживеал пораз од Илирите на своја територија „и се откажал од својата круна“, што наведува и на прифаќање некаков вазален однос или – што го сметаме за 19
Diod., XVI, 2, 2. Just., VII, 4, 5; Јустин, Филиповата историја според Помпеј Трог, превод од латински јазик Љубинка Басотова, Скопје, 2000, 70. 21 K. J. Beloch, Griechische Geschichte, Berlin und Leipzig, 1923, 57 и понатаму; F. Geyer, Makedonien..., 113 и понатаму; J. R. Ellis („Amyntas III, Illyria..., 1-8) има малку поинакво објаснување, смета дека истите настани се повторуваат заради потсетување на читателот. Според Н. Г. Л. Хамонд (N. G. L. Hammond and G. T. Grifith, History of..., 174) и други автори, помеѓу двата фрагмента постојат доволно разлики за да се разгледуваат како опис на две илирски инвазии како одделни настани. Кон овие ставови, со полна убеденост, се приклонив и јас самата. 22 Diod., XV, 19, 2-3. 20
46
Македонското Кралство во времето на Аминта III
поверојатно – губење на контролата на власта и целовитоста на државата. Само во таква состојба поразен крал можел да подарува „голем дел од пограничниот дел на земјата“ од своето кралство, на трета, формално неутрална страна – Олинт, предводникот на Халкидичкиот сојуз, веројатно во надеж дека со тоа и ќе се заштити од надмоќните освојувачи – Илирите. Не е јасно со каков договор било направено тоа, но веројатно земјата била дадена на времено користење, а можно е да се работи и за подарок под воен и политички притисок. Како и да е, Олинтјаните започнале успешно да ја користат и од неа да добиваат приходи. За краткото време, до неочекуваното брзо повторно воспоставување контрола над целото кралство (околу или нешто повеќе од три месеци, до барањето да му се поврати), Олинтјаните можеле да искористат една насадена реколта. Овој пат Аминта III не заминал во егзил, туку останал во кралството за да се бори за повторно воспоставување на контрола на власта и за враќање на престолот во Пела.23 Постои прифатливо известување дека по релативно кратко време тој пак се вратил на престолот. Исократ соопштува дека „тој освоил мало место, побарал помош оттаму и ја освоил цела Македонија за три месеци и го поминал остатокот од својот живот на престолот.“24 Тоа наведува на заклучокот дека пред надмоќните непријатели, Аминта III овие три месеци веројатно се засолнил во некое од постарите утврдени места, од каде воспоставил врски со своите пријатели и сојузници, овој пат можеби со помош на атинскиот стратег Ификрат или можеби и со помош од елимејскиот басилеј Дерда. Така завршиле оваа втора илирска инвазија и повторното враќање на Аминта III на престолот.25 23
Претпоставката на некои автори дека при оваа инвазија (во периодот 385–383 г. пр. н.е.) може да се смести споменатото двегодишно владеење на узурпаторот Аргај, неубедливо споменато кај Диодор со „некои велат“, дека можел да биде поставен како марионетски крал на Олинтjаните, кога тие ја окупирале македонската престолнина Пела со поголемиот дел на централна Македонија, претставува премногу слободно толкување на изворите. Ј. Н. Борза со право ја отфрла таа претпоставка, бидејќи со сместувањето на Аргај во 380-тите години се нарушува јасниот тек на настаните кај Диодор за време на илирската инвазија од 393 г. пр. н.е. (E. N. Borza, In the Shadow of Olympus..., 297). 24 Isocr., Archid., 6, 46, којшто му пишувал на Архидам во 366 г. пр. н.е.; Ael., Var. Hist., IV, 8. 25 Еве го и коментарот на Н. Г. Л. Хамонд, главниот поддржувач на фактичкото постоење на оваа втора илирска инвазија: „На прво место, така како што тие се раскажани од Диодор, двата напада не се исти. Во 393/2 г. пр. н.е. Илирите го нападнале и го истерале Аминта од земјата; но Тесалците го вратиле назад и тој повторно го вратил кралството ‘по кратко време … некои велат две години’. Во 383/2 г. пр. н.е. Аминта бил поразен од Илирите (Исократ додал μάχῃ во неговото известување), но подоцна неочекувано повторно се опоравил и го освоил целото кралство... Моментите на разлика меѓу Diod. XIV, 92, 3‒4 и Diod. XV, 19, 2 се очигледни: во еден случај илирската окупација завршила и траела две години и тоа биле Тесалците кои го вратиле Аминта назад; во вториот, страшен пораз во битка следел многу скоро потоа од
47
ГЛАСНИК 58 1-2 2014
Катерина Младеновска-Ристовска
ОЛИНТСКАТА ВОЈНА (ПРОЛЕТТА 382 – ЛЕТОТО 379 Г. ПР. Н.Е.)
Консолидирајќи ја власта во кралството, Аминта III, очекувано, побарал да му се врати подарената погранична земја, a на неговото барање Олинтјаните одговориле со традиционалната парола „Слобода за градовите“, со што и започнал нивниот меѓусебен спор, кој ги втурнал во неизбежната т.н. Олинтска војна, именувана по градот Олинт, како предводник на Халкидичкиот сојуз. По одбивањето да ја вратат подарената погранична земја, Аминта III извршил мобилизација за војна против неблагодарните Олинтјани. Но Олинтјаните не чекале да бидат изненадени. Пролетта 382 г. пр. н.е. силите на Халкидички сојуз навлегле длабоко во Македонското Кралство и во самата престолнина Пела. Не случајно Јустин запишал дека Аминта III со Олинтјаните водел „многу тешки војни“.26 Олинтјаните ја прошириле контролата во самата Македонија, добивајќи во посед многу други македонски градови, вклучувајќи ја дури и Пела.27 Како и во времето на двете големи илирски навлегувања во Македонија, Аминта III размислувал дали да ја напушти земјата и да замине во егзил или да се повлече во погодна тврдина, да се брани и да очекува помош. Притоа се одлучил за второто. Експанзијата на Олинтјаните добивала сè пошироки размери. Олинтјаните ја зазеле Потидаја, а потоа и Торона, при што во нивниот сојуз требало да влезат и градовите од Палена. Отпор сè уште давале само малите халкидички градови Аполонија и Акант, по чие заземање, на директен удар би дошол и стратегискиот Амфипол, како и богатата пангајска област. За етаблирање на заземените простори, ценејќи ги и интересите на другите големи сили во регионот, но посебно плашејќи се од реакцијата на Спарта, Олинтјаните стапиле во преговори првин со Тебанците, а потоа и со Атина. На повидок било остварувањето на амбицијата да се создаде нова пространа и моќна држава на сметка на Македонија, Тракија и Тесалија. Во таквата воена состојба, без реални изгледи да се одбрани од надмоќните непријателски сили, имајќи ја предвид интервенцијата на Спарта во Епир (385/384 г. пр. н.е.) и нејзината улога на хегемон во хеленскиот свет, логично е дека до нea се обратил за помош и крајно загрозениот македонски крал, особено што на Спарта неопростливо политички ѝ пречело јакнењето и Аминта, кој без помош се вратил на неочекуван начин (Исократ го додал моментот дека за три месеци тој ја повратил цела Македонија). Теоријата, тогаш, дека Диодор се повторувал себеси невнимателно или дека тој го опишал истиот настан двапати од различни извори, не држи. Од друга страна, површните сличности – Илирите, кои му дале земја на Олинт, и Аминта во очај – произлегуваат од географската заднина којашто била иста при обете околности.“ (N. G. L. Hammond and G. T. Grifith, A History of..., 174). 26 Just., VII, 4, 6. 27 Xen., Hell., V, 2, 13.
48
Македонското Кралство во времето на Аминта III
територијалното проширување на Олинтјаните. Накусо, интервенцијата на Спарта била пожелна за двете страни, па Аминта III испратил свои пратеници на нивниот двор.28 Но освен нив, како воено загрозени од Олинтјаните, свои пратеници за барање помош од Спарта, испратиле и градовите Акант и Аполонија. Притоа, најостро осудувајќи ја олинтската агресија во регионот, акантскиот пратеник Клејген ја најавил и заканата од можното придружување кон Олинт и на Атина и на Теба.29 Имајќи го предвид игнорирањето на нејзината хегемонија во хеленскиот свет, Спарта одлучила да се вклучи во разрешувањето на воените непријателства во тој регион против Олинт и Халкидичкиот сојуз. Повикот на Аминта III и на двата халкидички града Аполонија и Акант за помош и борба против олинтската окупација бил прифатен од Спартанците. Со таквиот пресврт во регионалната политичка констелација, посебно по неуспешните преговори на Олинт со Тебанците и Атина, овој пат во крајно незавидна политичка состојба се нашол предводникот на Халкидичкиот сојуз, неверниот кон Македонците и неблагодарен Олинт. Оваа т.н. Олинтска војна Диодор ја предава во збиена резимирана форма: „Следствено, Аминта собрал војска од својот сопствен народ и, формирајќи сојуз со Спартанците, одлучувајќи да ја прошири нивната контрола до регионите околу Тракија, вклучил војници од нивните граѓани и од нивните сојузници, вкупно повеќе од десет илјади; војска која му ја предал на Фојбида Спартанецот со наредби да им се приклучи на силите на Аминта и да војува заедно со него против Олинтјаните. Тие исто така испратиле друга војска против луѓето на Флиунт, ги поразиле во битка и ги присилиле да го прифатат владеењето на Спартанецот.“30 На патот за Олинт, воинствениот Фојбида интервенирал во Теба, доведувајќи ги на власт тамошните олигарси на чело со Леонтијад, кој потоа им доделил придружна сојузничка војска за помош на Спартанците. Освен тоа, тие упатиле друга офанзивна војска и против силите на Флиунт, веројатно дел од силите на Халкидичаните од Халкидичкиот сојуз. Двеилјадната спартанска војска била предводена од басилејот Евдамида. Утврдениот град Олинт и неговите халкидички сојузници биле изложени на силен притисок од страна на сојузените спартански сили, силите на Македонското Кралство и на Теба. Силите на Флиунт биле поразени во битка и ги принудиле да ја признаат власта на Спарта. Евдамида и неговите сојузници извојувале повеќе победи, при што била освоена и Потидаја, 31 но по првичните успеси следел огорчен отпор од месното население.
28
Diod., XV, 19, 3; Isocr., 4, 126 и 6, 46. Xen., Hell., V, 2, 11–20. 30 Diod., XV, 19, 3. 31 Опширно за ова пишува Хамонд (N. G. L. Hammond and G. T. Grifith, A History of..., 177–178). 29
49
ГЛАСНИК 58 1-2 2014
Катерина Младеновска-Ристовска
Во меѓувреме, братот на Евдамида – Фојбида, по предавството, ја презел Кадмеја, крепост на градот Теба, што значело дека Олинтјаните веќе не можеле да очекуваат помош од спартанските противници во Хелада. Наскоро потоа, со значителна војска кон Олинт се упатил и спартанскиот хармост Телевтија, брат на спартанскиот крал Агесилај. Притоа, тој побарал Аминта III да најми платеници и да обезбеди помош од „околните кралеви“ со плаќање пари за да ги придобие за сојузништво. Ова известување потврдува дека воената сила на Аминта III била недоволна за заедничко победоносно дејствување. Под „околните кралеви“ што се наведени, веројатно се подразбирале месните басилеи од Горна Македонија.32 Притоа, преку врските со Ификрат, Аминта III веројатно најмил и некои тракиски платеници. Освен тоа, спартанскиот хармост Телевтијa стапил во контакт и со елимејскиот басилеј Дерда, предупредувајќи го дека треба да му се приклучи против Олинтјаните, за да не го снајде истата судбина како и Македонското Кралство.33 Во споредба со малите перформанси на постојните воени сили на Аминта III, на добро увежбаната коњица на Дерда Спартанците гледале со восхит, што се потврдило со нивното прославување во борбата против Халкидичкиот сојуз со 400 коњаници. Во битката пред градските бедеми, Олинтјаните отпрвин успешно се бранеле, но потоа спартанско-македонските сили и нивните сојузници успеале да ги натиснат во градските ѕидови. Тие сепак немале доволно сили за подолга опсада на градот, па зимата Олинтјаните успешно ги напаѓале градовите што се приклониле кон Спарта. Но воинствениот Дерда сепак успеал да ги разбие кај Аполонија (381 г. пр. н.е.). Пролетта 381 г. пр. н.е., спартанската војска претрпела тежок пораз крај бедемите на Олинт, при што бил убиен и нивниот војсководец Телевтија. На тој пораз Спарта одговорила со испраќање на засилување од нови воени сили, на чело со басилејот Агесиполид, кој ги координирал и своите северни сојузници. Притоа тој придобил многу од градовите, кои преминале на страната на Спартанците, и заедно со Аминта III, Дерда и некои Тесалци, продолжиле со сојузничките дејства.34 Притоа тие целосно го опседиле и го блокирале Олинт и ја опустошиле неговата околина. По упорна двегодишна опсада од Спартанците и упорен оружен отпор од Олинтјаните, останувајќи без храна, летото 379 г. пр. н.е. градот се предал, со што се распаднал и се распуштил дотогашниот Халкидички сојуз, а неговите членки биле принудени да го прифатат водството на Спарта во надворешната политика и да испраќаат помошни војски.35 На тој начин Аминта III ја воспоставил власта на целата територија на државата, а подвластувањето на Халкидичаните ѝ го препуштил на хегемонијата на моќната Спарта. 32
Н. Проева, Историја на..., 209, бел. 8. Xen., Hell., V, 2, 38–41. 34 Isocr., Paneg., 126. 35 Xen., Hell., V, 2 и 3: Diod., XV, 19–23. 33
50
Македонското Кралство во времето на Аминта III
Од Олинтската војна најголема корист извлекол токму Аминта III, кој си ги повратил сите порано одземени територии од страна на Халкидичкиот сојуз, вклучително и пограничните кон Олинт, кои порано биле предмет на спогодување, заземање или отстапување. Освен тоа, тој ја наметнал својата врховна централна власт во горномакедонските кнежевства, го зацврстил своето влијание во Тесалија и зазел дел од Перајбија.36 Македонското Кралство повторно било етаблирано на неговите поранешни граници. Но, на Аминта III не му било сеедно што дотогашната предводничка улога на Халкидичкиот сојуз овој пат ја презела Спарта. Се разбира, од војната посебна корист имале и домашните халкидички олигарси, кои повторно си ја повратиле власта во своите полиси. Како и да е, оваа воена интервенција на Спарта на северното егејско крајбрежје предизвикала незадоволство во хеленскиот свет кој сметал дека Спартанците ги занемариле нивните општи интереси на сметка на интересите на македонскиот крал Аминта III.37 За разлика од Атина, Спарта сепак немала подолгорочен интерес за активна улога во ова подрачје, особено кога биле пресметани големите загуби во оружени сили и посебно големата економска оптовареност. ВТОРИОТ АТИНСКИ ПОМОРСКИ СОЈУЗ И НОВИТЕ ОДНОСИ СО ХЕЛЕНСКИТЕ ПОЛИСИ
По Олинтската војна, за кратко време дошло до забрзано слабеење на воената моќ и на влијанието на Спарта и се зајакнало влијанието на Атина. Во 377 г. пр. н.е., како реакција и отпор кон хегемонијата на Спарта и нејзината интервенција во северното егејско крајбрежје, повторно заживеал овој пат помалиот поморски сојуз на чело со Атина, како продолжение на стариот Атински поморски сојуз, распуштен по завршувањето на Пелопонеската војна. Тој е познат како Вториот атински поморски сојуз, формализиран во 377 г. пр. н.е., а во својот опфат имал и повеќе хеленски полиси од северното егејско крајбрежје. Ослободувањето на Теба од спартанската власт и основањето на Вториот атински поморски сојуз значело забрзано отфрлање на спартанската хегемонија. Македонското Кралство и овој пат останало надвор од новиот – Втор атински поморски сојуз. Но со неговото обновување се појавила и потребата од ново и брзо зголемување и јакнење на атинската воена флота, што автоматски ја предизвикало и поголемата побарувачка на суровини за бродоградба и ја обновило трговијата, во прв ред со дрво за бродоградба меѓу Атина и Македонија, како нејзин главен снабдувач.38 За таа цел, од прагматични при36
Г. И. Кацаров, Царь Филипъ II Македонски. История на Македония до 336 год. пр. Христа, София, 1922, 83. Перајбија ја владеел македонскиот крал Архелај, но ја загубиле неговите наследници по неговата смрт. 37 Isocr., Paneg., 126. 38 Xen., Hell.,VI, 1,11.
51
ГЛАСНИК 58 1-2 2014
Катерина Младеновска-Ристовска
чини, Македонија и Атина склучиле посебен договор, кој се однесувал само на економската соработка и размена, а исклучувал секакво учество во непријателствата со Спарта. Со тоа Аминта III ги задржал добрите односи со Спарта и покрај новото приближување и соработка со Атина. Во секој случај, тоа била разумна надворешна политика во заемен интерес и извесна гаранција од заканите по суверенитетот на Македонското Кралство. Еден пронајден завршен дел од натпис во Атина со потписите на Аминта III и на неговиот најстар син Александар се верува дека е дел токму од овој договор за купопродажба на дрво со Атина.39 Всушност, станува збор за два лошо зачувани фрагмента од овој договор за сојуз. Во нив нема регулирање на извозот-увозот на градежни материјали, па се смета дека тој претставувал само формализирање на односите меѓу двете држави за осигурување на континуитетот на трговската соработка со градежни материјали.40 Во 375 година пр. н.е., во Тракија бил испратен прославениот атински стратег Хабријa, со задача да дејствува на ширењето и зацврстувањето на Вториот атински поморски сојуз. Истата година бил обновен и Халкидичкиот сојуз и се приклучил кон Вториот атински поморски сојуз. Во 371 г. пр. н.е., војската на Бојотскиот сојуз, предводена од прочуените тебански војсководци Епаминонда и Пелопида, кај бојотиска Левктра ѝ нанела страшен пораз на Спарта, што бил и конечен крај на нејзината хегемонија во Хелада, а пред Аминта III и натамошните наследници на македонскиот престол се исправил новоиздигнатиот моќен хеленски хегемон – Бојотија. За пријателството на Аминта III со хеленските полиси јасно говори и фактот што негов претставник со право на глас учествувал и на општохеленскиот мировен конгрес свикан во Спарта 371 година пред н.е.,41 кога и формално бил означен крајот на хегемонијата на Спарта. Во македонската делегација бил и идниот владетел на Македонија, Птолемај Алорски. Се смета дека Македонското Кралство не било третирано како хеленска држава и македонскиот пратеник на оваа панхеленска мировна конференција сепак немал рамноправно влијание со другите хеленски држави.42 Ј. Н. Борза смета дека македонскиот претставник членувал како независен атински сојузник, веројатно поставен од Атињаните да ја поддржува нивната политика за Амфипол.43 Со цел да го оневозможи пов39
Tod, GHI, no 129. N. G. L Hammond and G. T. Grifith, A History of..., 178. Н. Проева, Историја на..., 210. 40 Договорот се датира во 375 или 373 г. пр. н.е. (Види: J. Cargill, The Second Athenian League, Berekeley, Los Angeles and London, 1981, 85–87). 41 Aesch., II, 32. 42 J. Cargill, The Second..., 85–86. 43 Во продолжение, Ј. Н. Борза коментира: „Целта на Атина да го врати Амфипол (со неговиот пристап кон дрвните ресурси во областа) е враќање на атинската политика од средината на петтиот век и јасно ќе им наштети на македонските економски и политички интереси. Се прашуваме дали среќата до толку го напуштила Аминта што паднал толку ниско да моли за една таква лоша состојба на зависност потчинета на атинските желби. Немаме информации за мотивите на Аминта, но доколку, како
52
Македонското Кралство во времето на Аминта III
торното јакнење на Олинт, кој бил во сојуз со Амфипол, македонската делегација на конгресот го поддржала барањето тој да ѝ се врати на Атина,44 што претставувало бележит пресврт во долгогодишната македонска политика на поддржувањето на неговата независност. Веројатно поради тоа, таа 371 г. пр. н.е., Олинт го напуштил Вториот атински поморски сојуз. Аминта III посебно одржувал пријателски врски со атинскиот војсководец Тимотеј, кому му подарил граѓа од дрво за бродоградба. Тоа била нивна приватна соработка,45 а граѓата била доставена до куќата на Тимотеј во Пиреја.46 Освен блиските врски со атинскиот војсководец Тимотеј, на дворот на Аминта III престојувал и атинскиот војсководец Ификрат, кој притоа и бил посинет од кралот.47 Оваа врска на Аминта III со двајцата наведени атински војсководци Тимотеј и Ификрат имала особено значење.48 Со наведената соработка со Атина и со одделни Атињани, јакнела безбедноста на Македонското Кралство, но и моќта на сојузот предводен од Атина, кој имал сигурен извор на мошне потребните ресурси за бродоградба. Што се однесува до односите со Тесалија, најсеверната хеленска област, тесалската аристократијата од Лариса подолг временски период била во непријателски односи со аристократите од јужниот тесалски град Фери. Затоа ним им одговарало да ја имаат Македонија како традиционален северен сојузник во честите непријателства со Фери. Но кон крајот на владеењето на Аминта III, во Тесалија се издигнал тиранинот на Фери – Јасон. Тој имал намера да ја покори цела Тесалија и да го преуреди и зацврсти Тесалскиот сојуз. Притоа, олигархиското уредување во Тесалија го прогласил за незаконско, што значело укинување на власта на аристократските семејства. Алевадите од Лариса очекувале помош од македонскиот крал Аминта III, но тој го изневерил традиционалното пријателство, не се спротивставил и не се обидел да ги заштити, туку ја прифатил соработката со новиот властодржец.49 Откако ја обединил цела Тесалија, Јасон од Фери ги нападнал и Перајбите, кои се потпирале на поддршката од Македонското Кралство и ја одбиле понудата да ја признаат неговата врховна власт. Притоа Јасон со сила ги презел некои од опвистински Аргеад, тој се однесувал на начин конзистентен на неговите претходници, тој заради слабата позиција изведувал некаков краткорочен тактички маневар што немал долгорочно значење. Се чини невозможно (како што настаните на крајот ќе покажат) еден македонски крал да ја промени од корен политиката која добро ѝ служела на земјата повеќе од половина век.“ (E. N. Borza, In the Shadow of Olympus..., 187-188); Слично е и мислењето и на Хамонд (N. G. L. Hammond and G. T. Grifith, A History of..., 179). 44 Isocr., V, 106; Aesch., II, 32. 45 E. N. Borza, „Timber and Politics in the Ancient World: Macedon and the Greeks“, Proceedings of the American Philosophical Association 131, 1987, 40. 46 Demosth., 49, 26–30. 47 Aesch., II, 28. 48 Lisa Kallet, „Iphikrates, Timotheos, and Athens, 371-360“, Greek, Roman and Byzantine Studies 24, 1983, 239–252. 49 Diod., XV, 60, 2.
53
ГЛАСНИК 58 1-2 2014
Катерина Младеновска-Ристовска
штините, а другите самоволно се потчиниле. Во вакви околности, во 371 г. пр. н.е., Аминта III се определил за прагматична политика – го прифатил новиот моќен сосед и со него склучил сојуз, признавајќи ја зависноста од Тесалија.50 Кон крајот на своето владеење, Аминта III арбитрирал и во граничниот спор помеѓу Елимејците и градот Долиха во Перајбија.51 ДВОРСКИОТ ЗАГОВОР И ЗАМИНУВАЊЕТО ОД ПРЕСТОЛОТ
Аминта III владеел низ бурни непогоди во минатото на јужниот дел на Балканот и со сесрдни напори, со својата државничка мудрост и со политички прагматизам успеал да ја сочува и повремено да ја етаблира својата држава во стабилна и моќна монархија. Во сите тие премрежиња покажал исклучителна храброст, жилавост и подвижност. Водени од моќта и од желбата за воен грабеж и плен или од амбициите за проширување на своите поседи и влијание, негови главни соперници биле Илирите и Олинтјаните, а само делумно и непознатиот домашен претендент Аргај и Тесалците на чело со Јасон од Фери. Неговото владеење се карактеризира со постојана борба за опстанок, па Хамонд со право заклучува дека „навистина било речиси чудо што тој и неговото кралство воопшто преживеале“.52 Заминувањето од престолот на Аминта III е прекриено со превез на сомнителни околности. Според Јустин: „Тој пак, ќе бил отстранет со заговор на неговата сопруга Евридика, којашто се договорила да се омажи за зетот и сакала да го убие мажот, а кралската власт да му ја предаде на прељубникот, ќерката да не ја открила прељубничката врска на мајка си и намерата за злосторот. Преживувајќи толку опасности, умрел како старец, оставајќи му го кралството од сите синови на Александар.“53 Значи, според овој историски извор, за свој престолонаследник самиот го определил својот најстар син Александар II, а смената на престолот се случила 370/69 г. пр. н.е.
50
Diod., XV, 60, 2; Isocr., V, 20. N. G. L. Hammond and G. T. Grifith, A History of..., 178. Тоа го потврдува зачуваниот препис на терминацискиот натпис од времето на римскиот император Трајан од 101 г. од н.е. кој ја задржал утврдена граница од Аминта III. (Н. Проева, Историја на..., 207–208.) 52 N. G. L. Hammond and G, T. Grifith, A History of..., 180. 53 Just., VII, 4, 7-8 (Јустин, Филиповата..., 70). 51
54