бр.93 ФЕВРУАРИ 2014
Гости:
„Чија си“ и Силвија Стојановска „Cosmic light“ и Нина Нинеска Д-р Роберт Саздов
Сочи 2014
(Спортска) порака до светот
CES 2014 „Партнер за иновации“
Smart Wine
Каталог на подароци
Нови телефони
Huawei Ascend G526 Alcatel One Touch Idol mini
МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ ВАШИОТ ДОВЕРЛИВ ICT ПАРТНЕР!
TelekomCloud ▪ Виртуелен приватен сервер ▪ Виртуелен диск ▪ Виртуелен компаниски портал - Workshare ▪ Е-сметководство
СИТЕ НАПРЕДНИ ICT РЕШЕНИЈА ЗА ВАШИОТ БИЗНИС, НА ЕДНО МЕСТО Најуспешните компании денес, работејќи во високо конкурентно опкружување, постојано се во потрага по решенија кои ќе ја зголемат ефикасноста на работењето и ќе ги намалат трошоците. TelekomCloud услугите се клучни за оставарување на оваа цел. Затоа вам ви е потребен партнер кој ќе ви овозможи и помогне целосно да ги воведете ICT решенијата во вашата компанија. ICT решенијата, преку TelekomCloud услугите на Македонски Телеком сега се достапни за секого. Повеќе информации на 120 или на www.business.telekom.mk
содржина 05 Наша тема: скијање Бела, зимска приказна
15 Сочи 2014 (Спортска) порака до светот
43 „Партнер за иновации“ Smart Wine
4 Телефони: Huawei Ascend G526 Alcatel One Touch Idol mini
28 ИДИВИДИ во Мој клуб Омилената приказна на секојдневието
36 Фондација T-Mobile за Македонија: „Првите 5 се најважни на свет“ 42 Каталог на подароци Со Мој клуб сега добивате повеќе!
Списание за членовите на Мој клуб; излегува секој втор месец; Уредник: Оливера Ќорвезироска; Дизајн: Издава: T-Mobile; Oдговорен сектор: Маркетинг и Комуникации; Директор: Бранко Станчев. Контакт: Кеј 13-ти Ноември бр. 6, Скопје; тел.: 02 3242 585.
Драги пријатели, 93. број на Мој клуб магазинот е наш и ваш прв број во 2014 година.Акцентот во него го ставивме од една страна на зимските содржини во најшироката смисла на зборот, од друга страна на деловните активности на компанијава во контекст на планираното, најавуваното и веќе реализираното. Резултатите од конкурсот „Партнер за иновации” што го организиравме за прибирање надворешни иновации преку партнерства, во соработка со T-Labs DT, Kitchen Budapest MT, ИКТ комора на Македонија, универзитетите и др. општествени фактори, тековно ќе ги претставуваме во списанието во новата, истоимена рубрика. Овојпат почнуваме со Smart Wine – паметниот начин за производство на вино. Ви ги претставуваме и најдобрите неделни припејд пакети со различни опции по мерка на вашите индивидуални потреби, ги рецензиравме новите уреди - Huawei Ascend G526 преку неговиот јин-јанг баланс и Alcatel One Touch Idol mini како вашиот потенцијален прв смартфон, како и Evernote aпликацијата, т.е. нејзината Премиум лиценца достапна само за корисниците на T-Mobile како ексклузивна, промотивна и бесплатна понуда во времетраење од 6 месеци. Целосно ви го презентиравме и еден од најголемите саеми на потрошувачка електроника, CES 2014 каде што најмоќните и најголемите во светот на електрониката и иновациите ја трасираат нашата заедничка иднина. Широката општествена одговорност ја потврдивме преку редица компаниски поддршки и спонзорства, од Аматерскиот хуманитарен велеслалом во Маврово, преку Вевчанскиот карневал, Спонзорството за КК МЗТ Скопје Аеродром, поддршката за многу популарни манифестации и шоуа, донацијата за отворање на „Родителскиот дом“ и отворањето на првиот центар за ран детски развој во тетовско Селце, основан во рамките на иницијативата „Првите 5 се најважни на свет” на Фондацијата T-Mobile за Македонија во соработка со Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ). Зимските содржини во име на збогување со ова годишно време ги опфативме од најразлични агли, од историјата на скијањето, преку еден поинаков агол на претставување на актуелните Зимски олимписки игри во Сочи, се осврнавме и на технологијата зад Игрите... Нагости во новиот број ни дојдоа: ИДИВИДИ, еден од најпосетуваните и најчитаните информативни портали на македонскиот веб простор, актерката Силвија Стојановска и римејкот на култната претстава „Чија си“, д-р Роберт Саздов и дизајнерката Нина Нинеска... Читајте нè! Очекуваме со новиот број на Мој клуб заеднички да ја испратиме зимата и да му се предадеме на новиот сончев предизвик на пролетта!
Бранко Станчев, Директор за Маркетинг и Комуникации
4
Т е л еф о н
Huawei Ascend G526
Јин-јанг баланс Древните Кинези го опишуваат концептот на јин и јанг како филозофија за совршената рамнотежа во универзумот. Длабок (и чуден) почеток за телефонска рецензија, но... Huawei Ascend G526 навистина може да се пофали дека е создаден од потомците на овие древни кинески мудреци. Уредов има навистина фино избалансирани потреби на хардвер и софтвер за зачудувачки добро искуство. Овој телефон со IPS екран од 4.5” (11,5 cm дијагонала) и основна резолуција од 540 x 960 пиксели со густина од 224ppi е изненадувачки добар. Попрецизно, „изненадувањето“ е најголемо за оние кои не го пробале Huawei Ascend P6.
Само пет секунди... Уредот има двојадрен процесор, 4 GB интерна меморија и 1 GB RAM кои „возат“ Андроид 4.1.2. Телефонот работи исклучително брзо и оттаму онаа избалансираност од почетокот на текстов. При вклучување му требаат само 5 секунди за да ви биде на располагање. Искрено кажано, ова потсетува на деновите на старите брзи (но и глупави) телефони, a Huawei Ascend G526 e смартфон, и тоа од подобрите. Батеријата од 1 950 mAh исто така е доволно моќна да одговори на предизвиците на овој можеби малку дизајнерски невпечатлив уред – два дена екстензивно користење, а батеријата супер се држи. Навистина, самиот изглед (претежно пластика), не е некој празник за очи, ама брзината на „Кинезов“ е тоа што ќе ве плени, а истото важи и за Emotion UI v1.5 интерфејсот.
„Зграпчете го моментот!“ Камерата е со 5 MP (макс. рез. 2 592 x 1 944 px) и LED блиц, снима видео со 720p, а има и предна VGA камера која фино ќе ви дојде за видео разговори и Snapchat. Фотографиите кои ќе ги направите се навистина со пристоен квалитет, и повторно, главна предност на камерата е брзината. Ретко се среќава телефон од оваа класа кој толку брзо слика едно по друго, а честопати тоа е најбитниот дел за да го „зграпчите моментот“. Во огромен број случаи, квалитетот на фотографијата за секојдневно користење е помалку битната карактеристика. Каде „гризе“ рибата... Покрај вонсериската 4G (LTE - до 100 Mbps) брзина на пренос на податоци, како и секој пристоен Андроид, телефонот има: GPS-A, Wi-Fi 802.11 b/g/n, Wi-Fi Direct, Wi-Fi hotspot, DLNA, приклучок за microSD (до 32 GB), Bluetooth V3.0, FM Radio и инсталиран прегледувач на документи. Добро е да се спомне и одличниот квалитет на звук при зборување со телефонот, благодарение на отстранувањето на шумот со помош на вградениот двоен микрофон. Најубавото од сè е дека се работи за телефон од средната класа, што преведено на кинески значи – многу достапна цена во Телеком продавница. Сè во животот треба добро „да се измери“, ама во случајов – не му ја мислете многу, или, со зборовите на Кинезите: на човек можеш да му купиш риба, но ако му купиш Huawei Ascend G526, може да има детален извештај каде „гризе“ рибата (инсталирајте Fishing Status- бесплатна апликација на Google Play која ќе ви даде најразновидни рибарски совети каде, кога и што да ловите). Ј. Гиров
Т е л еф о н
Alcatel One Touch Idol mini
Вашиот прв смартфон! Спаѓа во евтините телефони, има мали димензии и е мошне лесен за употреба. Потсетува на некои други телефони што ги знаете од порано, но, сепак, си е свој и единствен според перформансите. Лесен и практичен, зошто не би бил вашиот идеален избор, вашиот прв смартфон? Не постои втора шанса за прв впечаток, а првиот впечаток за Alcatel One Touch Idol mini е одличниот изглед на куќиштето со дебелина од 7,95 mm, изработено од цврста мат пластика. Можеби нема да ги почувствувате точно 96-те грама при првото земање в рака, но секако ќе го оквалификувате како мошне лесен телефон кој „спие“ во вашата дланка. Дополнително удопство е фактот што на предната страна, околу екранот, се наоѓа испакнат раб што го заштитува екранот, не дозволувајќи му директно да лежи на подлогата, каква и да е таа. Камерата, како и звучниот,
5
П лемочеток ата авана нту р
„го
За с а“ ит смар е оние к т поче фон, ов ои прв п а е ток одли ат купу на „ Тој ва ч г е о најд е best лемата н уред ат buy, обар за а ван квал итет однос п односно тура“! от , о да с е на што во меѓу це има н јде прв м омен ата и на сма Andr рфон им пазарот тот мож е oi ! а Alca tel d 4.4 K шанси д Вашиот it реши а да г Kat (до добие к о олк п у наск оро) шти апд у ејто . т
поради истите причини се исто така малку испакнати. Видливоста на екранот во затворен простор е мошне добра, на сонце е малку послаба, но тоа не е недостаток кој треба да ве загрижува. Имајте предвид дека сè на сè, екранот е над просекот за оваа класа телефони. Нема Gorilla Glass, но испакнатата заштита е одлично дизајнерско решение со конкретна функција, наспроти „голата убавина“. Не е заштитен од гребење, но е заштитен од допирање на подлога кое би можело да гребе, но, затоа пак, има Oleophobic coating што е одлична заштита од течности, од намокрување! А тоа, мора да признаеме, не е беззначајно! Две „ситници“ за среќа Камерата можеби не е идеална, но нештата и не мора да бидат идеални за да нè усреќат. Најдете ја „ситницата“ што е мошне важна и бидете среќни со неа. Првата „ситница“ за среќа кај Alcatel One Touch Idol mini е блицот! Со негова помош можете да направите пристојни фотографии дури и ноќе, наспроти можноста дење да правите и панорамски фотографии во три големини по избор (мали, средни и големи од 2 592 х 1 944). Овој телефон има уште една „ситница“ за среќа: тоа е батеријата. Со просечно користење ќе ви трае повеќе од еден ден, а со „добра економија“ на непотребна потрошувачка (исклучена синхронизација, live wallpaper...), дури и многу повеќе!
Карактеристики ▪ IPS LCD капацитивен екран со 16M бои и големина од 4,3 инчи (10,9 cm) 480 x 854 пиксели, ~228 ppi густина ▪ CPU: Dual-core 1.3 GHz Cortex-A7 ▪ 512 MB RAM меморија ▪ Надворешна меморија 4 GB, можно проширување со microSD картичка до 32 GB ▪ GSM, GPRS, EDGE, UMTS, HSDPA, 21 Mbps, HSUPA, WiFi, Bluetooth, microUSB, 3,5 mm audio jack ▪ 1700 mAh Li-Ion батерија која не може да се извади ▪ Камера од 5 MP, со автофокус, снима видео во 720p HD квалитет, предна VGA камера ▪ Оперативен систем Android 4.2.2
6
Н о ви те х н о л о г ии
Саем на потрошувачка електроника, CES 2014
Неодоливите искушенија од градот на пороците И годинава во „градот на пороците“ - Лас Вегас се одржа една од најголемите манифестации во светот, Саемот на потрошувачка електроника или популарниот CES. Новитетите и прототипите се претставени, ветувањата кон потрошувачите се дадени и сега имаме 11 месеци да видиме дали сето тоа ќе се реализира и ќе биде достапно. Еве што прикажаа и ветија дел од најмоќните и најголемите во светот на електрониката и иновациите. Слично како и претходните години и годинашниов CES успешно ја трасира патеката по која би требало да се движат најголемите произведувачи на електронска опрема во светот, а на „секогаш гладните и жедни за повеќе“ купувачи им претстави што можат да очекуваат и на што ќе биде ставен акцентот оваа 2014 година, кога станува збор за гаџети, опрема и друг вид повеќе или помалку корисни алатки и уреди. Иако секоја година е поголем и попосетен,
со повеќе изложувачи и специјализирани известувачи, ќе се обидеме накратко да ги претставиме најважните сектори кои го одбележаа.
Технологија која се носи
Иако многумина сè уште не се сигурни за што служат сè повеќето уреди на пазарот кои спаѓаат во групата „технологија која се носи“, како паметни очила, часовници, облека и други гаџети, сепак по сè
изгледа и во 2014 ќе бидеме сведоци на многу вакви уреди од кои, повторно напоменуваме, дел се, благо кажано, со ограничена употребливост и минимални шанси за успех. На CES 2014 со свои паметни часовници се претставија неколку производители, од кои го издвојуваме Pebble и нивниот Steel којшто е еден од ретките производи од оваа група изработен со стил и елеганција, кој не свети и не блеска како неговиот конкурент од Samsung, на пример, за кој треба да се поседува доста либерален дух кога е во прашање стилот, за да биде прифатлив и да се носи. Покрај смарт часовниците, внимание привлече и големиот Intel со својот микро компјутер Edison кој го прикачи на специјализирано бебешко костумче наречено Mimo кое има сензори за температура, влажност, дишење и движење и во реално време ги препраќа CES 2014 – интересна статистика 190,627 објавени вести 1,2 милиони твитови со настан или производ од Саемот 1,5 милини онлајн спомнувања 73 552 блог постови 18 764 форум теми
Н о ви те х н о л о г ии
7
Најдобриот продукт на CES 2014
Crystal Clove на Oculus Rift
овие параметри на апликација инсталирана на некој паметен уред на родителите кој работи на iOS или Android. Од оние останатите малку поинтересни уреди е и уредот Lift на компанијата Lumo кој се прицврстува на облеката и испраќа благи вибрации кога телото премногу е згрбавено, потсетувајќи дека главата и телото треба да се држат исправени.
На CES секоја година конкуренцијата е огромна и токму затоа епитетот „најдобар продукт“ е навистина ласкаво признание. Оваа година таа титула ја понесеe уредот за виртуелна реалност Crystal Clove на произведувачот Oculus Rift. Изработен во форма на големи очила, овој уред се монтира на главата и на корисникот му овозможува досега невидено искуство кога станува збор за виртуелната реалност. Елиминирани се недостатоците од типот на мачнина во стомакот при користењето, а прецизните камери и сензори кои го регистрираат секое движење овозможуваат чувство како навистина да сте „влезени“ внатре во светот на игрите и виртуелната реалност. Оние кои го испробаа овој прототип тврдат дека сакаат веднаш да се вратат во виртуелниот свет, но, за жал, тоа е невозможно, бидејќи компанијата сè уште не најавува масовно производство на овој уред.
Телевизори – 4К како стандард
На CES 2014 беа присутни речиси сите производители на телевизори со свои 4К телевизори. Само за потсетување, 4К означува стандард кој има 4 пати поголема резолуција од стандардниот Full HD или поточно резолуција од 3 840 х 2 160 пиксели. Но, бидејќи самиот стандард не е новитет, произведувачите се потрудија да понудат нешто ново, користејќи го овој стандард само како подлога. Така, LG и Samsung се натпреваруваа кој ќе презентира поголем и посјаен екран, а покрај OLED технологијата во нивните екрани воведоа и закривеност со што се постигнува пореалистичен ефект при гледање на сликата. Американската компанија Vizio за прв пат понуди 4K телевизор со цена под 1 000 американски долари, но само за локалниот пазар. Toshiba покажа дека можат да се соберат уште пиксели на дадена површина промовирајќи го својот 5К телевизор, додека пак, Sharp го претстави прототипот на (верувале или не!) 8К телевизор, а објавија дека развиваат револуционерен концепт за прикажување на 3Д слика која може да се гледа без дополнителна опрема (очила).
Мобилни...
Намерно нема дообјаснување во поднасловот, од проста причина што веќе не сме сигурни кој збор да го користиме. Телефони
сигурно не се, бидејќи со неколку исклучоци, повеќето беа од класата фаблети или гигантски мобилни телефони со дијагонала на екран од 6 инчи кои се поблиску до таблетите отколку до смартфоните. А и таблетите пораснаа доближувајќи се до лаптопите, така што воопшто не ќе биде чудно за кратко време да бидеме сведоци на дефинирање на нова група мобилни уреди – таблетопи, на пример. Ова го пишуваме затоа што една од главните ѕвезди на CES 2014 беше Asus Transformer Book Duet кој не само што лесно се трансформира од таблет во лаптоп, туку нуди и избор помеѓу два оперативни системи и тоа Android или Windows 8.1. Од хардверски аспект се работи за моќна „машина“ којашто поседува 13-инчен FullHD екран под кој е сместен Intel Core i7 процесор, 4 гигабајти работна меморија и 128 GB SSD хард диск. Кога на тоа ќе се додаде и уште 1 TV хард диск кој се наоѓа во тастатурата, се добива една моќна конфигурација која со комбинација може да биде Android или Windows таблет или лаптоп или 4-во-1 уред. Ни Samsung не остана должен на конкуренцијата. И тие со џиновски таблет од 12,2 инчи именуван како Galaxy Note Pro покажа дека во иднина таблетите по големината ќе се доближат, па можеби и дури ќе се изедначат со другите уреди, како, на пример, со малку подзаборавениот Ultrabook. Г.Постоловски
8
На ш а те м а
Скијање
Бела, зимска приказна
Историја на скијањето
Никој со сигурност не може да каже кој, каде и кога го измислил овој необичен начин на „движење“ (или летање!) низ снегот, но сепак постојат факти врз основа на кои може да се создаде извесна историја на скијањето. Според нив, скијањето ни доаѓа од далечното минато... За да се адаптираат и да преживеат на местата каде што владееле вечниот снег и мраз, старите Кинези биле принудени да применуваат најразлични методи за што поефикасно и побрзо движење. Со оглед на тоа што луѓето во ваквите предели биле номади и ловци, ним ефикасноста и брзината им биле исклучително важни. Од кори од дрвјата изработувале обувки коишто ги обложувале со животинска кожа, истовремено за да добијат и цврстина и топлина. За премин преку непреодните предели, изработувале рамни дрвени плочи на кои стоеле без страв дека „белината“ ќе ги голтне. Ваквите прашања и одговори, освен во Кина, се поставувале и се одговарале на најразлични начини и во други снежни предели во светот, така што се смета дека скијањето е родено на повеќе места во приближно исто време.
„Родните места“ на скијањето
Постојат најразлични теории поврзани со „родните места“ на скијањето. Мартин Лутер сметал дека скијањето се појавило во планините на Монголија, па потоа, во текот на
Зимата е насекаде околу нас: обвиткана како шал околу нашиот врат, како снежна капа на нашата глава... Ја препознаваме по длабоко пикнатите раце в џеб, по видливата издишка од пареа наутро, по романтичното чувство што нè обзема кога погледот ќе ни заталка по снежните падини... Ова е специјален прилог на „Мој клуб“ за сите вас чиишто скии секогаш се подготвени да „тргнат“, без оглед дали некаде наврнал снег или не... леденото доба се проширило во Северна Америка (преку Беринговиот Проток), па преку западна Азија, навлегло во северна и средна Европа. Друга теорија смета дека колевка на скијањето е Скандинавија. Во нејзин прилог зборува едно од најголемите откритија на тоа подрачје – во карпа во пештерата во Родој пронајден е врежан цртеж на ловец на скии за кој се претпоставува дека е стар околу 7 000 години и во моментов се наоѓа во скијачкиот музеј во Осло. Според една стара норвешка легенда, пак, зборот „ски“ доаѓа од норвешкиот збор „скид“ што би значел: „обложено со кожа“. Подоцна, во средниот век, скијањето полека почнало да се распространува, па освен ловците и номадите, почнале да скијаат и курири, свештеници...а набрзо и сите останати.
На ш а те м а
Вештачки снег
Понекогаш природата е непослушна, можеби и нашите очекувања од неа се непримерени. Како и да е, снегот многупати го нема кога го очекуваме. Затоа, повеќе од шеесет години, снегот може и да се „нарача“, т.е. вештачки да се создаде. Сè започнало студената и сушна зима во 1949/50 на скијалиштето Mohawk Mountain во Конектикат коешто буквално сам го изградил Валт Шенкнех. По двете успешни сезони, се случила зимата 1949/50 во која немало ни снегулка. Шенкнех не можел да се помири со замирањето на неговото скијалиште и посегнал по дробење, ситно мелење на мразот како што се практикувало на скокалницата во близина. Купувал снежни блокови и со помош на специјална дробилка создавал снег, мелејќи 500 тони мраз од околните планини... Оваа постапка не била многу економична, но ја дала вистинската насока за имање снег тогаш кога ни треба. Скијачите, иако во намален број, сепак се вратиле на неговото скијалиште. Сето понатаму е приказна за американската досетливост и успех. Набрзо настанала првата машина за производство на вештачки снег – Тey... Денес скијалиштето Mohawk Mountain се протега на 50 хектари, има 25 скијачки патеки, а со снежни топови се покриени 99% од вкупната површина. Убаво е да наврне природен снег, но... и не мора.
9
Нај, нај... жичарници на светот Највисока жичарница на светот е Чакалтаја во Боливија изградена на 5 421 m надморска височина. Чакалтаја истовремено е и најстарата жичарница во Јужна Америка и ски-лифт што се наоѓа најблиску до екваторот. Највисоката жичарница во Азија е Jade Dragon Snow Mountain на Хималаите во Кина, на 4 516 m, а најдолгата жичарница во Азија е Gulmarg во Индија којашто истовремено ја има и највисоката гондола на светот, на 4 390 m. Највисоката жичарница во Северна Америка е Loveland Ski Area во Колорадо, САД (со највисокиот четворосед на светот!), а во Европа – Zermat во Швајцарија на 3 889 m.
Снежна „зимница“ или „snowfarming“
Освен со вештачки снег, скијачката сезона може да почне кога е планирана и со т.н. „снежна зимница“, чување снег од една до друга зима. Неизвесноста дали сезоната ќе почне во ноември или дури во февруари, дали и кога ќе заврне доволно снег е решена засекогаш. Ако нема природен снег, ќе се создаде вештачки или ќе се посегне кон снежна „зимница“. Ова е првична досетка на Австријците кои снегот од најубавиот период од крајот на јануари и февруари почнале да го „зачувуваат“ за наредната сезона, во раниот ноември од следната сезона, не потпирајќи се нималку на метеоролошките прогнози. Со снежни топови произведуваат 5 000 кубни метри снег, го прекриваат со специјална прекривка и дебел слој струготини кои непречено го чуваат снегот преку цело лето. Проектов, инаку наречен „snowfarming“, не
им е познат само на Австријците. Имено, Норвежаните благодарејќи му на „ланскиот снег“, ја отвораат скијачката сезона во Трисил/Тrysil уште на крајот од септември.
Бесконечно скијање – Ski Trac-концепт
Кога веќе може да се има снег кога сакаме, тогаш зошто и да не скијаме цела година? Страстните скијачи веројатно отсекогаш мечтаеле за вакво нешто. Без екстремни патувања од една на друга страна на планетата, во едно исто место ова не беше можно... Но, иднината е пред врата. Ski Trac-концептот белки наскоро ќе се реализира. Зад него стои Кевин Ферис, Австриецот опседнат со сопствената идеја да формира бесконечна накривена скипатека кој ќе функционира цела година за сите (и секакви категории) скијачи. Многумина се запознаени со концептот на Ферис, многумина и се скептични дека ова може некогаш да се случи (дури и научниците од универзитетите во Шефилд и Глазгов). Наспроти тоа, вестите од јужната хемисфера за решавање на ова прашање стануваат сè почести. По неостварените ветувања од Сиднеј, Кина најавува дека најпосле ќе го изгради својот прв Ski Trac во Тијанџин... Да почекаме како ќе се се развива приказнава и дали во Кина ќе се случи вистински почеток на едно ново поглавје во скијачната индустрија. Подготвила: O.Ќ.
10
В е б д е с ти н а ц ии
Скијачки музеи Ви препорачуваме 7 различни, а сепак сродни дестинации кои можете да ги посетите виртуелно (со еден клик со показалаецот), но и вистински, ако скиите (или мечтите) ве однесат натаму!
Раскошна скијачка библиотека www.skihall.com
САД многу држат до скијачката историја што се согледува од фактот дека имаат неколку музеи низ целата земја. Централен е оној во Мичиген во гратчето Ishpeming каде што се поставени темелите на американскито скијачки сојуз. Се вика U.S. Ski and Snowbard Hall of Fame and Museum, а вниманието го привлекува со библиотеката со повеќе од 1 300 најразлични скијачки книги и списанија.
Најстариот скијачки музеј
Венцел скијачка фамилија
Се наоѓа во Норвешка – колев ката на скијањето. Се вика Holmenkollen Skimuseet, поточно е во Осло и е основан во 1923. Преку своите експонати и најразлични музејски содржини го следи скијањето цели 4 000 години.
Ski-und Wintersport Museum (се наоѓа во Лихтенштајн, поконкретно во Вадуз и специјално се грижи за славната скијачка фамилија Венцел (Wenzel).
Кристалниот глобус на Петра
Kолекција Kastle скии
www.skimuseum.at
www.nama.org.au
Австрија е горда на својот Salzburger Landes-ski Museum во гратчето Верфенвенг. Централното место во музејот го зазема кристалниот глобус што го освоила Петра Кронбергер, славната австриска скијачка, двократна светска првенка од Зимските олимписки игри во Албертвил во 1992.
National Alpine Museum of Australia постои од 2002 година во Маунт Булер во Викторија, Австралија. Обединува буквално сè што се однесува на алпското скијање и скијачкиот туризам. Овој музеј е мошне горд на својата колекција Kastle скии од педесеттите години на 20 век, сè до денес.
www.holmenkollen.com/Skimuseet
Колекција Rossignol скии
www.skimuseum.li
Монденски музеј
www.musee-dauphinois.fr
www.alpinesmuseum.ch
Францускиот Musee du Ski сместен во рамките на Musee Dauphinois во Гренобл, го презентира скијањето од неговите почетоци до денес. Мошне е значајна музејската колeкција на Rossignol скии.
Швајцарскиот музеј Alpines Museum der Schweiz се наоѓа во Берн и го опфаќа скијањето во мошне широк контекст. Претставува еден вид собиралиште за најразлични личности со силни врски со Алпите.
З и м с к а за н и м л ив о с т
11
Вештерки на скии Од 11 до 18 јануари требаше сите да бидеме во Белалп, маскирани како вештерки. Ќе се натпреварувавме и ќе се забавуваме, ќе правевме нешта за кои сега можеме само да читаме... Belalp Hexe („Вештерката од Белалп“ или „Белалповата вештерка“) e необичен зимски фестивал што секој јануари веќе 32 години се одржува на скијачките патеки во градот Белалп во југозападна Швајцарија, обединувајќи ги скијањето и забавата во вистински настан за паметење. Оваа необична идеја за зимска прослава има длабоки корени во локалната традиција на градот и токму поради тоа успеала да прерасне во широко распространета и почитувана манифестација: мештаните го слават својот фолклор – љубопитните туристи се вклопуваат во приказната додека ем скијаат, ем се забавуваат. Одлична формула за успех!
Одбележувањево на средновековното злосторство е одлична маркетиншка досетка. Илјадници скијачи од целиот свет се маскираат во вештерки (со големи црни шапки, карактеристични носеви и метли) и така скијаат...
Од легенда до настан
Според локалната средновековна легенда, некоја вештерка си живеела во Алеч и била во љубовна врска со вештер од Биргиш. Кога сакале да се сретнат, љубовниците се претворале во црни гаврани и заедно летале. Ова не ќе било страшно ниту необично, доколку вештерката не била мажена со обичен маж когошто постојано го изневерувала. Во еден момент на вештерката почнал да пречи мажот на сопствениот пат кон љубовничката среќа и го убила, првин заслепувајќи го, а потоа буткајќи го од дрвото во Блатен на коешто во мигот бил качен да бере црни цреши. Старешината на градот ова не можел да го прости, затоа пресудил смрт со палење. Вештерката-прељубничка била изгорена.
Со векови, населението во Белалп сочувствувало со кутриот маж, а пред 32 години скијачкиот клуб од градот се досетил да организира настан во негова чест, токму кај црешата во Блатен. Онаму каде што во приказните имало бавни вештерки на метли, денес (особено во јануари) – има брзи вештерки на скии. Одбележувањево на средновековното злосторство е одлична маркетиншка досетка. Илјадници скијачи од целиот свет се маскираат во вештерки (со големи црни шапки, карактеристични носеви и метли) и така скијаат, натпреварувајќи се на патеката долга 12 километри на надворска височина од 1 800 m. Целата манифестација (www.belalphexe.ch) е одлично организирана со официјална и забавна програма, иако и официјалниот натпреварувачки дел, барем според фотографиите, слободно може да се подведе под „забава“. О.Ќ.
12
„ С м р з н ата “ м о д а
Во модна војна со зимата
За едни да се биде модерно облечен во зима е речиси невозможно, за други, зимскиот моден предизвик е уште поголем: да се обои нејзината „еднобојност“, креативно да се „стоплат“ глетката, телото и душата со претпазливо избрани парчиња облека. Првиот чекор по смрзната модна зимска писта е потрагата по вистинските, топли материјали, по материјалите кои сами или во комбинација, навистина умеат да згреат. Најпопуларни се природните материјали, особено од животинско потекло (да живее волната!), но зимски присутни се и растителните природни материјали, како и материјалите создадени директно со желбата и со умешноста на човекот, вештачките, синтетички влакна кои не мора да бидат непријатни и крцкави...
Да живее волната!
Во трката за најтопли материјали, први на пиедесталот секогаш се искачуваат ткаенините изработени од волна. Волна е мошне широк поим, затоа што постојат околу 200 различни видови волна. Под овој збор се подразбираат влакна добиени од крзната на различни животни кои се употребуваат за облека уште од Каменото доба. Волнените ткаенини се мошне отпорни, не се
туткаат и, што е особено значајно, исклучително се топли и овозможуваат кожата да дише низ нив! Кашмир Ова е еден од најзначајните волнени материјали којшто се добива од влакната на кашмирската коза. Најголеми произведувачи на кашмирот во светот се: Кина, Монголија, Индија, Иран, Авганистан и Турција. Се меша со зборот пашмина, иако има мала, квалитативна разлика помеѓу нив. Пашмина Зборот доаѓа од персискиот вообичаен збор за волна, но со текот на времето почнал да се употребува за точно определен вид кашмир. Пашмината е најпрефинетата, најмеката и најтоплата волна на светот што се добива од долниот стомачен дел на козите (Capra Hircus) кои живеат на најоддалечените краеви на Хималите.
„ С м р з н ата “ м о д а
13
Уште се нарекува и Диамонд ткаенина или „мекото злато на високата Азија“. Голем љубител и човекот кој ја популаризирал пашмината во Европа е Наполеон! Мерино волна Од овчјите волни, најпозната и најмека е т.н. мерино волна што се добива од мерино овците. Тоа е нежна, кадрава волна со исклучителен квалитет. Има супериорен сјај и легендарна мекост. Шетланд волна Шетланд волната е мошне популарна, првенствено заради пониската цена. Инаку, тоа е погруба волна, остра и права или со малку кадрици. Мохер Мохерот не треба да се меша со ангора волната. Ангора волната се добива од влакна на специјален вид зајаци, а мохерот од влакната на специјален вид кози. Мохерот е еден од најстарите текстилни материјали кој континуирано се употребувал низ вековите. Негови одлики се: меко, топло и нежно! Влакна од крзно од камила Ткаенините добиени од влакната од крзно на камила (речиси секогаш во комбинација со овчја волна) важат за исклучително топли. Нивна особеност покрај топлината е и леснотијата, што значи облеката од нив е совршена за студените зимски дни: не ви тежи на рамената, а одлично ве грее. За текстилна намена се користат грбните влакна од едногрбите и двогрбите камили.
Од другата страна на природното...
... се наоѓаат синтетичките или вештачки влакна, кои сè повеќе им конкурираат на оние кои ги дарувала природата. Меѓу оние со најдобри карактеристики се секако полиестерот и најлонот. Поради густата плетка, полиестерот заштитува од влага, отпорен е на собирање, со што секогаш ја задржува својата форма. Вештачките ткаенини се лесни за одржување и примерени на модерниот стил на живеење, затоа, не отфрлајте ги a priori. Дајте им можност! Во добра комбинација со природните материјали, даваат извонредни резултати!
Слоевитост
Зиме, кога парчињата облека некако по инстинкт завршуваат на нас натрупани едноврздруго, се создаваат слоеви кои значат стил, но и функција! Модната војна со зимата првенствено подразбира слоевита стратегија, тоа е клучот за зимскиот изглед кој треба да се спротивстави на ниските температури. Првиот слој или оној кој ја гали кожата, треба да биде најлесен. Препорачуваме свила. Памукот, иако е некрунисан крал на долната облека, треба да се избегнува зиме, затоа што ја задржува влажноста на телото, предизвикувајќи негово ладење. Наредниот слој предлагаме да биде од волна, а врз него – ставете речиси било што! Дополнетe
Зиме, кога парчињата облека некако по инстинкт завршуваат на нас натрупани едноврздруго, се создаваат слоеви кои значат стил, но и функција! Модната војна со зимата првенствено подразбира слоевита стратегија, тоа е клучот за зимскиот изглед кој треба да се спротивстави на ниските температури.
го својот стил со третиот слој каде што е помалку важно од што е изработен! Синтетичките влакна со потенцирана водоотпорност се главни во „видливиот дел“ на вашата улична или планинска појавност. Правилната слоевитост се однесува и на делот на нозете, кои под вообичаените панталони, добро е да бидат заштитени со добри хулахопки од мешавина на природен и синтетички материјал или хеланки со сличен таков состав.
Низ историјата: парки, муфови, „ушанки“...
Денес, современите материјали и високата технологија кај облеката се спој кој значи гаранција за топла зима со стил. Но, уште поинтересни од денешните се приказните за предците на сега познатите зимски парчиња. Парка Првата верзија за она што денес го знаеме како парка или капут со капуљача и специфичен крој, се појавила кај Ескимите, кои во борба со ниските температури на Арктикот, го создале ова парче облека од утробата на китот или фоките. Муф Муфовите, пак, се поврзуваат со француските жени во времето на Луј 16 кога стануваат статусен симбол во кој
14
„ С м р з н ата “ м о д а
француските трендсетерки ги сместувале своите мали кученца. Гумените зимски чизми Гумените зимски чизми се „изум“ на Маите кои го искористиле латексот од каучуковото дрво за да ги создадат првите водоотпорни гумени чизми. „Руски капи“, „ушанки“ Капите со уши познати како „руски капи“ или „ушанки“, датираат од студената Русија од 19 век. Првично биле изработени од квалитетни крзна.
Зимски трендови
Луѓето од модниот свет ја сакаат зимата.Таа е време на креативност и експерименти кои речиси секогаш завршуваат како уникатен моден микс. Тогаш се мешаат бои, новите трендови со стариот добар стил, и сето тоа наспроти снегот и студот, изгледа магично. Трендовите се позајмуваат од модните писти, завршуваат на улиците на светските метрополи, а голем дел од нив и на смрзнатите планински падини. Оваа зима е во знакот на еклектичноста, спортскиот дух и смелите бои. Еклектичноста се преведува како уникатна мешавина од навидум неспоиви принтови и бои кои „врескаат“ со индивидуалност. Најчести се комбинациите на животински принтови со јаките неон бои, кои се истакнуваат како најинтересни веќе неколку сезони по ред. Гранџ модата како дел од оживувањето на 90-тите и тартанот како посебен кариран дезен, станаа клучни модни моменти. За оние похрабрите, сигурен изборе се панк комбинациите, како оние претставени на модните писти на Изабел Марант (www.isabelmarant.com) која сезонава работеше за популарниот бренд H&M, и Версаче (www.versace.com), како и во стилот на легендарниот филм „Ени Хол“ на Вуди Ален (позајмените панталони
Љубителите на снегот и зимските спортови уживаат во спортска интерпретација на трендовските бои и стилови, а притоа облеката за скијање не ја ризикува својата функционалност.
и сакоа од машкиот гардеробер. Розова е ИН, а тука се и нежните пастели, инспирирани од модните ревии на Соња Рикел (www.soniarykiel.com) и Проенза Скулер (www. international.proenzaschouler.com). Љубителите на снегот и зимските спортови уживаат во спортска интерпретација на трендовските бои и стилови, а притоа облеката за скијање не ја ризикува својата функционалност. Женствените цветни дезени ги красат скијачните костими, а оваа година преовладуваат и оние обоени во морското сино и нежното пастелно сиво. (Помислете само на официјалните јакни и додатоци на волонтерите на ЗОИ во Сочи во стил со логото, пиктограмите и општата визуелна презентација на Зимските олимписки игри овој период!) О. Ќорвезироска Ц. Беличанска www.fashionodor.com
Од поинаков агол
22. Зимски олимписки игри
(Спортска) порака до светот Големата Русија потроши 50 милијарди долари за организација на најскапите спортски игри во историјата со 98 настани во 15 зимски спортови, со кои се обиде да го струполи светот наглавечки, опиен од демонстрацијата на нејзината сила и моќ. Неофицијално веќе се зборува дека ЗОИ по 2014 никогаш повеќе нема да бидат она што биле дотогаш! Светот е обземен од најскапиот спортски настан во историјата - Зимските олимписки игри во Сочи (7-23 февруари). Големата Русија цели седум години се подготвуваше да ги импресионира сите: публиката, учесниците, новинарите, гостите… За Игрите ќе се потрошат 50 милијарди долари (иако кога ја доби номинацијата во 2007 година, проектираниот буџет беше само 12 милијарди). Тоа е повеќе и од досега најскапата Олимпијада во историјата - Пекинг 2008 година, која чинеше 43 милијарди евра. Оние што
имале прилика да го видат Сочи порано, велат дека не можат да поверуваат оти е истото место. Некогашните полиња со зелки денес се вистинско чудо!
Белиот спектакл
Сочи е идеалното место од кое Русија ја катапултираше својата порака до светот. Градот има 340 000 жители и се наоѓа на северната граница со Абхазија, која надвор од желбите на Грузија, беше призната од Русија. И Сочи беше
под контрола на оваа област сè до 1829 година, до победата во војната со Турците. Од тие причини кога Сочи ја доби организацијата - светот за момент занеме: „Областа е несигурна и разни борци за права и (не)правда можaт да посакаат да ги истурат сопствените фрустрации. Хоризонталното кредо на олимпизмот може да добие уште една извртеномозочна вертикала“. Вешто диригираниот двонеделен бел спектакл треба да нè натера да размислуваме за позитивната страна
15
16
Од поинаков агол
на натпреварувањето, пријателството, респектот кон другиот, фер играта. Но, и за корозијата што го нагризува тоа, за ерозијата на човечноста, за разорувањето на сите норми и вредности, за патолошката омраза. Тој страшно силен олимписки дух, секако, претставува интегрален дел од надежта за подобра иднина. Онаа иднина што е дел од мотото на Игрите „Getaway to the Future“, или „Бегство во иднината“! И логото и мотото се во шекспировски сонетна хармонија со желбата на Русија да ги урне предрасудите кои некои земји ги имаат уште од студената војна па наваму. Во таа насока со препорака на Владата беше изведена и обука на целокупниот услужен персонал (вклучувајќи ги и таксистите) во три основни компетенции како дел од програмата за олимписко гостоприемство. Прво е лингвистичката компетенција (основите на англиските веќе ги знае секој), потоа професионалата и конечно олимписката.
Куриозитети • Super-Hi-Vision дигитален формат За прв пат во историјата на Зимските олимпски игри преносот се врши во дигитален формат Super-Hi-Vision кој по јасноста 16 пати го надминува HDTV. • Маскоти избрани на избори!? • Ванеса Меј на ЗОИ 2014 Извонредната виолинистка, Ванеса Меј, реши да стане позната во светот и по друга професија. Таа го преставува Тајланд во планинско скијање. Експертите се уверени
На крајот за маскотата гласаа околу еден милион и петсоттини илјади луѓе. На прво место се најде леопардот за кој се изјасни и претседателот Владимир Путин, на второ место беше белото мече кое го поддржа премиерот Дмитриј Медведев, а на третото место беше зајачето. Кој ли го поддржуваше него?
дека за Меј учеството на ЗОИ е редовен каприц. Како спортист не е конкурентна, но може да го зголеми интересирањето на светската јавност за Игрите, цврсто држејќи се до правило важно е да се учествува, а не да се победи, кое практично веќе и не постои. Таа од својата четврта година се занимава со скијањето и последниов период многу тренираше со репрезентацијата на Русија. Меј е само вториот спортист од Тајланд кој ќе учетвува на едни Зимски игри по Нагавахара кој учествуваше во повеќекилометарските скијачки трки во Солт Лејк Сити 2002 година.
Логото како огледало
Логото на ЗОИ 2014 предизвика лавина реакции и поделени мислења. Лесно уочливо е дека тоа има нагласено дигитално визуелно решение, дека целиот концепт му се базира на интернет адресата на која се наоѓа официјалната веб страница на ЗОИ, што во крајна линија значи и славење на моќта на интернетот како медиум. Интересно е што логото има само латинична верзија, дека, всушност, кирилична верзија и не постои! Но, сепак, мошне е видливо влијанието на кирилицата со неодоливото потсетување на кириличните букви! Исто така, во логото се лесно препознатливи и руските народни мотиви. Колорното решение (бело-син спектар) асоцира на традиционалните руски мотиви и орнаменти. Под натписот Sochi. Ru како лик во огледало се стилизирани бројките 2014 и препознатливите пет олимписки кругови. Ефектот на огледало ја потенцира и климатската поларност на градот Сочи според која снежните планински врвови се пресликуваат во водите на Црното Море.
Цела дружина маскоти: делфин на скии, леопард, бело мече, зајаче...
Откако се знае за олимпиското и параолимпиското движење, маскотата на Игрите не се избираше од Организацискиот комитет, туку на почетокот на гласање (заедно со претседателските избори во Русија!), потоа на конкурс од луѓето буквално од целиот свет, а на крајот и... мошне чудно... Резултатот од овој предимензиониран избор е цели дружина официјални маскоти: снежниот леопард, белото мече и зајакот. За време на претседателските избори
Од поинаков агол
Шаренилото на пиктограмите претставува комбинација од 16 најпознати орнаменти на рускиот фолклор, од „гжел“ до „кохлома“.
17
во Сочи во 2008 година, граѓаните го одбраа делфинот на скии. Но, „победникот“ не беше општоприфатен, па организаторите решија маскота на Зимските олимписки игри да се добие преку конкурсот кој обедини илјадници луѓе од најразлични краеви, од најразлични професии и возрасти. На крајот за маскотата гласаа околу еден милион и петсоттини илјади луѓе. На прво место се најде леопардот за кој се изјасни и претседателот Владимир Путин, на второ место беше белото мече кое го поддржа премиерот Дмитриј Медведев, а на третото место беше зајачето. Кој ли го поддржуваше него? :)
Три олимписки села
Олипијадите вообичаено имаат по едно олимпсико село, но, во Сочи има три! На 30 јануари (цела недела пред почетокот на Олимпијадата), беа отворени сите. Филозофијата и дизајнот на секое село се уникатни и различни и во стил и во боја. Секое село е дизајнирано да изгледа сосема различно и е украсено со сувенири и ракотворби, икони и архитектонски уметнички предмети, кои ќе станат дел од богатото наследство на Игрите во Сочи. Улиците на Олимписките села ги носат имињата на познати олимписките и параолимписките шампиони на Русија и СССР.
Волонтери
Во Сочи работат 19.000 волонтери од Русија и од повеќе од 60 странски земји. Околу 60% од нивниот вкупен број, работат на крајбрежјето, а 40% - во планината. Волонтерските регрутирања беа предводени од 26 волонтерски центри, основани во руските високообразовни институции и избрани по пат на конкурс. Просечната возраст на волонтерите е 25 години. 60% се жени и 40% се мажи. Постојат доброволци од „сребрена возраст“вкупно 928 луѓе, чијашто просечната возраст е 62 години. 16% од волонтери од постарата генерација се странски државјани. Униформите на волонтерите се во целосна согласност со останатите мотиви, особено со пиктограмите.
Пиктограми
Химните, одделно за Олимпијадата и за Параолимпијадата, можете да ги преслушате на youtube, а она што се чини дека е креативен врв во Сочи се пиктограмите чиешто авторство, за жал, се крие како најголема тајна! Раскошните пиктограми се дизајнирани во спомен на Летните олимписки игри во Москва во 1980 година во т.н. „ехо стил“ кој се потпира на носталгијата и на етно мотивите на руската култура. Шаренилото на пиктограмите претставува комбинација од 16 најпознати орнаменти на рускиот фолклор, од „гжел“ до „кохлома“. (Гжел е град во Московската област каде што се наоѓа познатата фабрика за порцелан која ги изработува препознатливите садови со сини орнаменти на бело и кои во целиот свет се познати токму како „гжел“ . „Кохлома“, пак, е древен руски занает, најпознатата форма на руската народна уметност. Декоративно сликање на дрвени садови и на мебел со типични црвени, црни, поретко со зелени тонови на златна позадина.) Погледнете ги макар бегло пиктограмите и веднаш ќе сфатите што е „гжел“, а што „кохлома“. Во нив спојот меѓу најпрепознатливите руски традиционални народни уметности е ингениозен! Н. Котевски
18
Т е х н о л о г и ј ата за д И г р ите
Нови олимписки спринтови Во еден просечен животен век на обичниот човек, ретко се случува да присуствува на Олимпијада во живо. Има нешто специјално во секоја Олимпијада! Се буди чувството на гордост за „нашите“, и истовремено голема љубов за припадноста во светот. Во тек е најдигиталната и најсоцијалната Олимпијада досега, која ќе овозможи овие убави чувства да се засилуваат со нациите на светот, заеднички. А тоа е една огромна победа, без разлика на бројките на стоперките. Олимпијадите се настан со митолошка историја и сопствена легенда. Војни запирале за време на Олимпијадите, а публиката била среќна заради чувството на безбедност и грандиозност. Сите политички сојузи се склучувале во време на Игрите, затоа што тогаш сите лидери биле на исто место во едно време. Во време на Зимската олимпијада во Сочи, војни не постојат во некогашната смисла на зборот, лидерите не мораат да бидат на едно место за да продолжат разговорите. Се чини дека две работи сепак се задржани: почитта кон спортскиот успех и задршката на здивот од публиката спроти големите спортски подвизи.
Игри на боговите
Олимписките игри потекнуваат од атлетски натпревари во градовите држави на античка Грција. Биле одржувани во чест на Зевс, а историски податоци укажуваат дека почнале околу 776 год. п.н.е. Игрите се одржуваат секои 4 години, или период познат како олимпијад, мерка за време во историската хронологија. За времетраењето на игрите, било прогласувано олимписко примирје спортистите за да можат да патуваат безбедно од своите земји до Игрите. Наградите за победниците биле олимписки
Т е х н о л о г и ј ата за д И г р ите
19
граничиња или круни. Игрите често биле и политичка алатка користена градовите држави за да прогласат доминација над своите ривали. Политичарите би ги најавувале своите сојузи на Игрите, а и се користела можноста да се рашири хеленистичката култура на Медитеранот. Античките Игри имале помалку настани од модерните, а само слободните мажи родени во Грција имале право на учество. Друга разлика е што игрите секогаш биле одржувани во Олимпија, наспроти модерната традиција и менувањето на локациите денес.
Модерни, организирани игри
Еволуцијата на игрите во 20 и 21век предизвикала значителни промени во претставата и организацијата на Олимписките игри. Меѓу најголемите промени се креирањето на Зимските игри, Параолимписките игри, како и Младинските олимписки игри. Тука победниците на прво, второ и трето место добиваат златен, сребрен и бронзен медал, наместо круна од маслиново дрво. Меѓународниот олимписки комитет e организацијата која стои зад статутот и правилата на овие настани и се приспособува на политичките и технолoшките промени за да обезбеди комерцијална и медиумска покриеност на Игрите. Олимписки игри не се одржани единствено во 1916, 1940 и 1944 заради светски војни.
(Де)концентрирачките технологии
Како секој масовно посетен настан, желбата за покажување пред светот прави да се направат големи чекори напред во полето на време и мерење и технологии на преклопување на сликите. Тешко е да се замисли дека пред 1932 год. сè уште немало автоматизиран систем за мерење на време за спортски резултати, туку судиите морале да се потпираат на своите стоперки. Во 1932 на Игрите во Лос Анџелес, Омега го претставува својот прв олимписки хронограф, што претставува прв случај производител да обезбеди идентични уреди за мерење, што довело до многу поточни резултати. Игрите во 1936 пак, не само што биле први Игри на телевизија, туку биле прв спортски настан што бил прикажан на телевизија. Многу жители на градот ги следеле игрите на еден од 25 големи екрани распоредени низ градот. Во 1948 година, Лондон е домаќин, и исто така обезбедува пренос на игрите. Лиценцата за пренос била 3 000 долари за околу 500 000 гледачи. Во 1964, Сеико ги крена Игрите во Токио на ново ниво со воведување на електронски систем на мерење на време, точен до 1/1 000 од секунда. Понатаму технологијата на кварцен часовник беше вградена во моделот Astron. Во Сиднеј во 2000, веќе понова историја, почнаа да стануваат популарни жолтите линии кои покажуваа дали некој ќе го скрши дотогашниот рекорд. Возбудата постои, но понекогаш и пречи: еден
блогер популарно ја нарекува жолтата линија „најдеконцентрирачката технологија на Олимписките игри”.
Сите медиуми и сите уреди
Освен чиста технологија, своето место си го најде и т.н. популарна технологија. Олимпијадата во Лондон во 2012 е наречена и „Twitter Олимпијада” благодарение на огромниот број на комуникации и алтернативни коментари и разговори во однос на случувањата, победите и поразите на Летната олимпијада. Познат е сатиричниот Twitter профил NBCDelayed, кој се потсмева на политиката на NBC да прикажува одложени снимки од Игрите, кој сè уште стои онлајн како сведоштво на пропуст кој публиката не го простува и го користи за шега и за сеир. Оваа година, NBC конечно одлучи дека во живо ќе ги пренесува Игрите. Случајност? Хммм… Резултатите од минатата година од BBC велат дека 106 милиони гледачи се вклучиле да гледаат еден од 24-те можни симултани преноси од Игрите. Околу 15% од тоа е од мобилни уреди, со интересни трендови за навиките на гледачите. Во текот на еден ден, најголем пораст на гледање од мобилен телефон е по работното време, па пак има враќање на големиот екран, додека по 21 h веќе мобилниот телефон се заменува со таблет. Гледање скришно во кревет, познато ви е? К. Зографска
20
Г о с ти н к и н а М о ј к л у б
„Чија си“ и Силвија Стојановска
Повторно заедно! На почетокот од 90-тите години „Чија си“ на Сашко Насев го полнеше гледалиштето во Драмски театар. Со повеќе од 180 изведби оваа претстава со која растеа неколку генерации остави силен емотивен спомен на едно време, на една младешка занесеност и страст. Се чини дека сите 23 години што поминале од првата премиера на оваа претстава, како да не успеале да скратат ниту една буква од тексот, од дијалозите и од полетноста со кои екипата работела на новиот живот на старата „Чија си“... Иако создадена пред толку многу време, старата драма во која живеат Ацо Шпрт и Нина, со Чкембарот, Менка и Ристо, Киро Стап, Ринго Шатката и Верче, и некогаш и сега, истовремно можат да ве насмеат и растажат...
С
о поставувањето или враќањето на „Чија си“ на репертоарот на Драмски театар се отвораат портите на едно подзаборавено време на кое секогаш му се враќаме со воскреснати емоции. Два месеца по премиерата на новата „Чија си“, гостинки на „Мој клуб“ се претставата и Силвија Стојановска, некогашната и сегашната Нина, која повторно живее со ликот од Ѓорче Петров, како сестра на Чкембарот и големата љубов на Ацо Шпрт...
Спомени
Мој клуб: 23 години, 23 лета, колку и како низ годиниве се сеќавате на првата хит претстава во Драмскиот театар по осамостојувањето на Македонија? С. Стојановска: Припаѓам на групата луѓе кои ја живеат сегашноста, но, повторното поставување на „Чија си“ на репертоарот
на Драмскиот театар во Скопје неминовно ни ја освежи меморијата, не само мене туку речиси на сите учесници. Паметам дека тогаш „летавте“ на сцената, но се чини дека улогата на Нина и во денешно време ја донесовте со еднаква леснотија. Можно ли е такво нешто? Поминаа 23 години и ако имате впечаток дека улогата ја играм со истата енергија како тогаш, значи добро сум одиграла,.. или пак, вистината е дека актерите побавно стареат... Можеби треба да им се заблагодарам на родителите за гените што ми ги подариле. Сцената има многу силна магија, и ако публиката се спои со приказната, со ликовите и со нивната радост, тага, ако активно влезе во животните ситуации на претставата која ја
И исто и различно Ванчо Петрушевски е повторно во истата улога, Благоја Чоревски, тогаш како директор на театарот - сега е пензионер во улогата на Ристо Шатка, Ѓокица тогаш како Киро Стап, сега како Чкембарот, Лазе Манасков тогаш инспекторот - сега Киро Стап, Силвија Стојановска - Нина и тогаш и сега, Сашко Насев - автор на текстот и тогаш и сега... Без Игор Џамбазов, сега со Анастас Тановски, без Снежана Михајловиќ, сега со Ленче Делова, без Катерина Коцевска, сега со Марија Кондовска, без Ацо Јовановски, сега со Ѓорѓи Тодоровски...
Г о с ти н к и н а М о ј к л у б
следи гледалиштето, тогаш сме успеале, и тоа нè прави среќни. Неможно е да се прават споредби во однос на соработката со колегите, за тоа кога ви било потешко или поинтересно... Но, сепак, има ли нешто, некој детаљ, некоја ситуација по која некогаш и сега се неспоредливи (освен времето, се разбира)? Со актерите од екипата на оваа „Чија си“ работиме заедно повеќе од 25 години, се познаваме, нема големи изненадувања. Нов елемент ни беше режисерот Љупчо Ѓорѓиевски. Вистински професионалец, воспитан и смирен со одлични идеи. Имавме многу убава соработка и му благодарам за прекрасното време што го поминавме заедно.
21
Актерската работа како авторство
Додека ја гледав претпремиерата, мислев дека авторот, сепак, на крајот нешто ќе смени во текстот-дејствието, или барем посакував... Помисливте ли и вие кога ја прифативте поканата за римејкот на „Чија си“ дека Насев некому од ликовите можеби овој пат му напишал поинаква судбина, на пример, на вашата Нина? Не, навистина не. Тоа е истиот текст, меѓутоа може да се игра на повеќе начини. Токму тоа е убавината на оваа професија. Истите букви, исто наредени, во зависност од приватниот карактер на секој актер, во зависност од неговото животно искуство, од неговото емотивно богатство, интелигенцијата, способноста да се вклопи во идеите на режисерот и колегите... Сето тоа доведува до богато разноличие во новите „читања“ на истите букви, исто наредени. Голема неправда е што нашиот статус е „изведувачи“, затоа што нашата работа е авторска! Актерството го наследивте од вашиот татко и го предадовте на вашите ќерки. Колку глумата, театарот со кој со години сте во нераскинлива врска, ве направија посреќна жена и мајка? Мојот татко не беше многу среќен кога одлучив да се
И песна и приказна Сашко Насев за „Чија си“: „Оваа драма е и песна и приказна за локалните бендови кои пееја на македонски во старо време, а суровите момци беа ‘закон’ по перифериите на кој било град лоциран од Виена подолу на картата на Европа. Сакам да верувам дека сите би сакале публиката да се забавува со новата ‘Чија си’ на Драмскиот тетатар како што ние се забавувавме, гледајќи какви сме биле некогаш и колку сè уште сме наивни, иако веќе сме бели во косите.“ занимавам со оваа работа. Кога Јана и Ана пораснаа и дојде време да направат избор, решија да станат актерки. Јас не бев многу среќна. Меѓутоа, најискрено, во мојата професија имам доживеано многу, многу среќни моменти, кои барем за кратко ги прават беззначајни тешкотиите со кои се соочуваме.
Рашела Г.
22
Филм
Актуелна документаристика
Време за поинакви филмови
Последниве декада и половина дефинитивно ѝ припаѓаат на документаристиката, бидејќи низ објективот на авторите на овој жанр можеме да погледнеме во најскриените катчиња на Земјината топка, задлабочувајќи се во човечките приказни од сосема поинаков агол.
„Лагата на Армстронг“ (The Armstrong lie, 122 мин.) Сценарио, продукција и режија: Алекс Џибни По промоцијата на Венециската Мостра, новиот документарец на авторот Алекс Џибни деновиве ја доживува и својата светска кино-премиера. „Лагата на Армстронг“ е приказна посветена на американскиот велосипедист Ленс Армстронг, анти-херојот кој седум пати ја освои престижната Тур д’ Франс, но испадна дека тоа го сторил користејќи недозволени супстанции. Куриозитетот поврзан со овој проект е тоа што режисерот Џибни пред четири години бил повикан да сними филм за враќањето на Армстронг на велосипедските трки по неколкугодишната пауза, но откако допинг аферата земала сè поголем замав, проектот бил стопиран, а по разврската и признанието, тој бил рестартиран, но од сосема поинаква појдовна точка, станувајќи сосема поинаков филм од почетно замисленото. „Најневеројатното нешто во врска со оваа приказна е тоа што лагата е толку вешто криена... Прашањето е како лагата се криела без да биде видена?“, поентира Џибни во возбудливиов документарец. Откако помина многу време со лажниот шампион и ја раскажа неговата приказна од дното до врвот и повторно до дното,
на прашањето дали го сожалува, Џибни одговара дека што е сторено, е сторено. Него го загрижува тоа што Армстронг сè уште го нема гледано документарецот, но убеден е дека еден ден лажниот шампион ќе го стори тоа, бидејќи, сакал-нејќел, ќе мора да се соочи со самиот себе.
„Џими Хендрикс“ (Hear my train a comin, 190 мин.) Сценарио и режија: Боб Смитон Режисерот Боб Смитон во својата кариера има снимено многу документарци за музички ѕвезди: од „Битлси“ до „Спајс грлс“. Меѓутоа, тој смета дека неговото најново остварување посветено на Џими Хендрикс е најдоброто досега. „Американски мајстори: Џими Хендрикс - Слушни како доаѓа мојот воз“ содржи необјавени настапи на мајсторот на гитарата, домашни видеа, цртежи, писма и еден куп други лични работи поврзани со неговиот живот и кариера, со што длабоко се навлегува во интимата на генијалниот музичар. Ова е прв документарец во кој се тргнува од раѓањето на Хендрикс во Сиетл во 1942, па сè до неговата смрт во Лондон во 1970, што значи, ова е целата приказна од почеток до крај. Интересно, авторот на филмот за прв пат ни го открива Хендрикс како војник во американската армија, а го доловува и моментот на несреќа кој тотално го свртува неговиот живот кон музиката. Се работи за повреда на глуждот, по која си заминува од армијата, и наместо да се врати во родниот Сиетл, тој тргнува на патот кон врвните фестивали како Монтереј, набрзо станувајќи гитарски Бог на многумина. Во документарецов за Хендрикс зборуваат Пол Макартни, Били Кокс, Стив Винвуд и други легендарни музичари. Во него гледаме и фотографии од последниот настап на Хендрикс во Германија, само 12 дена пред да почине во септември 1970-та, на 27-годишна возраст. Сè на сè, Хендрикс на сцената бил четири години, време за кое успеал да влезе во легендите!
Ф И ЛМ
23
„Актот на убивање“ (The Act of killing, 116 мин.) Сценарио, продукција и режија: Џошуа Опенхајмер Во единствениот номиниран филм за Оскар во оваа група актуелни доку-остварувања, насловен „Актот на убивање“, поранешни членови на индонезиските тимови на смртта сведочат за масакрот врз нивните сограѓани во 60-тите години на минатиот век. Потресните сведоштва никого нема да остават рамнодушен, бидејќи се работи за приказната за опонентите на Сухарто, кои во 1965 и 1966 година убиле околу половина милион луѓе во политички и општествено турбулентната Индонезија. Џошуа Опенхајмер за потребите на филмот прави реминисценции на сцените како биле убивани луѓето... Токму со ваквиот пристап смета дека на публиката може да ја приближи суровоста на настаните од средината на минатиот век во Индонезија. Многумина од семејството на режисерот Опенхајмер се жртви на Холокаустот, па кога тој читал за настаните во Индонезија, сфатил дека и 20 години по Втората светска војна, нацизмот и неговите методи сè уште биле „живи“, што било доволна провокација да го сними овој пеколен документарен филм. Инаку, пред светската кино премиера, авторот својот доку-филм го прикажал пред индонезиските власти, во присуство на медиумите, надевајќи се дека по 47 години од морничавите настани, табуто ќе биде надминато и за него отворено ќе се зборува. Но,.. сега се плаши повторно да се врати во Индонезија...
„Нарко култура“ (Narco cultura, 103 мин.) Сценарио и режија: Шаул Шварц Како што расте војната за дрогата во Мексико, така паралелно со неа цвета и културата. Во последниве неколку години дури се појави и еден многу популарен музички хибрид наречен „нарко-коридос“. Фото-новинарот Шаул Шварц ги покрива конфликтите и трагедиите низ целиот свет. Но, Мексико за него претставува посебен предизвик. Тој смета дека зад убиствата во Мексико во последниве години стојат посложени нешта отколку меѓусебното убивање на членовите на нарко бандите. Според него, приказната за снимањето на овој документарец започнала еден ден во Тихуана додека покривал сцени на убиство, и прв пат го видел Едгар Кинтеро. Тој настапувал со пиштол, а луѓето околу него играле и ги пееле песните. Откако размислил како тие стигнале до таа точка, што е и самата поента на филмот, тој почнал да го снима животот на мексиканските улици, исполнет со насилство, дроги и нарко-коридос музика. Во документарниот филм симптоматично насловен „Нарко култура“, Шварц го претставува текстописецот и изведувач Едгар Кинтеро, кој е на врвот на популарноста во Мексико. Тој во своите текстови ги велича членовите на нарко-бандите, од кои многумина не се веќе меѓу живите. Сето тоа е модерно спакувано во новиот жанр нарко коридос, во кој се пее за рекетирањето, шверцувањето, имиграцијата и корупцијата во Владата. Но, Кинтеро смета дека во песните не ги брани нарко-босовите... За да му поверувате, морате внимателно да го погледнете овој одличен документарец.
И. Анѓелков
24
Инфо прозорец
Најдобрите неделни припејд пакети! Доколку си Cool корисник и планираш неделава да ја поминеш во разговори со твоите пријатели или да се SMS-ираш, да сурфаш и да си постојано на нет, ти веќе ги имаш сите опции на располагање. Одбери ја онаа опција што најдобро ќе се вклопи во твоите планови. COOL опциите можеш да ги активираш во секое време со повик на бесплатниот број 1460 или најави се со твојот телефонски број на веб страницата www.t-mobile.mk/cool и активирај лесно и брзо. Опциите важат 7 дена. Пакети за разговори
SMS пакети
Интернет пакети
Неограничено кон T-Mobile и T-Home
99 ден.
150 MB
49 ден.
150 SMS кон T-Mobile
49 ден.
60 минути кон сите мрежи
99 ден.
500 MB
99 ден.
150 SMS кон сите мрежи
99 ден.
Бесплатно со цела COOL екипа
49 ден.
1 GB
129 ден.
500 SMS кон сите мрежи
129 ден.
Доколку не користиш Cool тарифа... ... сепак активирај еден од пакетите и добиј бесплатни минути кон сите T-Mobile и T-Home пријатели, цела недела од денот на активирањето на пакетот! Само избери го пакетот кој најмногу ти одговара:
Неделен пакет
Вклучено во пакетот
Цена
Бесплатни разговори
Неограничено кон T-Mobile и T-Home
99 денари
Бесплатни разговори кон сите
60 минути кон сите домашни мобилни и фиксни мрежи
99 денари
Бесплатни разговори и SMS
400 мин. кон T-Mobile и T-Home; 400 SMS кон T-Mobile
129 денари
Бесплатни разговори, SMS и интернет
400 мин. кон T-Mobile и T-Home; 400 SMS кон T-Mobile 400 MB интернет
159 денари
▪ Интервалот на тарифирање за бесплатните минути е минута на секои 30 секунди; ▪ Интервалот на тарифирање за бесплатниот интернет е на 10 KB; ▪ Пакетите важат 7 дена, вклучувајќи го денот на активирање на пакетот; ▪ Доколку во периодот на важност го искористиш целиот интернет, продолжи да сурфаш без дополнителни трошоци со намалена брзина на пристап.
Инфо прозорец
25
Evernote
Топ десет апликација
Топ 10 апликацијата според New York Times која мора да ја имате, Еvernote, е многу корисна и лесна алатка која ќе ви помогне да запомните сè што ќе ви дојде на ум.
Evernote апликацијата која е на врвот од најкористени апликации во iTunes и Google Play, ви овозможува да додавате белешки, да закачите фотографии, фајлови, да снимите аудио материјали, да зачувате линкови, но и да обележувате сè што ќе ви се види интересно додека сурфате низ интернет. Тоа значи дека наместо сите информации кои сакате да ги запомните и да ги зачувате во пораки како drafts, сега имате специјализирана апликација која ви нуди одлична прегледност.
Сè на едно место! Со Evernote можете да ги складирате сите информации кои ве интересираат на едно место и притоа да ги прочитате и искористите кога сакате и каде сакате. Оваа апликација е еден вид е-тетратка, т.е. е-бележник (нотес) во кој наместо со пенкало, информациите ги внесувате преку нашиот смартфон, таблет или компјутер. Корисно е тоа што откако ќе ги забележите работите што ве интересираат можете лесно да ги организирате со помош на тагови, наслови и поднаслови.
Промотивна понуда Преземете ја популарната апликација Evernote директно од App store или Google Play и бесплатно активирајте Премиум лиценца за 6 месеци. Промотивнава понуда се активира исклучиво преку мобилен телефон (Android, IOS, Blackberry) и тоа само сo SIM картичка на T-Mobile која во моментот на активирање треба да е приклучена на мобилен интернет, а не на WiFi. *По завршувањето на промотивниот период од 6 месеци, можете да продолжите да ја користите Премиум лиценцата по цена од 5 долари месечно /45 долари годишно или да продолжите да ги користите основните функционалности бесплатно. По изминувањето на периодот од 6 месеци, наплатата ќе се врши директно преку корисничкиот профил на Аpple store, Android marketplace и сл, а не преку сметката на телефонскиот број.
Со Evernote можете податоците кои сте ги внеле да ги видите и офлајн, без притоа да мора да се пристапи преку интернет до Evernote серверите. Ексклузивно, корисниците на T-Mobile, откако ќе ја преземат популарната апликација директно од App store или Google Play, ќе можат бесплатно да ја активираат Премиум лиценца во времетраење од 6 месеци. Придобивки за корисниците на Премиум лиценцата се зголемен upload капацитет од 1 GB месечно, оф-лајн користење на преносливиот компјутер (notebook), забрзано вчитување на сликата итн. Премиум лиценцата вклучува и можности за пребарување документи, презентации и табеларни пресметки со Evernote Notebooks, како и потсетници коишто ви овозможуваат постојано да бидете во тек со сите ваши лични и професионални проекти. Б. Бошковски www.idividi.com.mk
26
„ П а р т н е р за и н о ва ц ии “
Пет проекти за иднината денес! Светот се менува брзо и навидум се чини дека е непредвидлив. Промените се случуваат насекаде околу нас, го зголемуваат влијанието на потрошувачите и бизнисите, поттикнувајќи подинамични начини на работа. Обезбедувајќи супериорни комуникациски решенија во изминативе години, почувствувавме одговорност за водење на промените на нашиве простори, наполно свесни дека комуникациите можат да го подобрат секојдневниот живот и споделувањето на искуства меѓу луѓето и бизнисите. Македонски Телеком и T-Mobile Македонија го организираа конкурсот „Партнер за иновации” за прибирање надворешни иновации преку партнерства, поставување проект инкубатор во соработка со T-Labs DT, Kitchen Budapest MT, ИКТ комора на Македонија, универзитетите и др. општествени фактори. Во рамките на натпреварот беа поднесени 78 предлози од страна на разни субјекти како што се универзитетите, start-up компании и индивидуалните иноватори. Краен
резултат на процесот е имплементација на 5 проекти кои беа избрани и заеднички развиени со партнерите: ▪ „Smart Wine” – целосно интегрирано „облак“ решение за интелигентнo следење земјоделски параметри користејќи безжична сензор мрежа; ▪ „T-Care” - платформа за онлајн грижа за клиентите, врз основа на вештачка интелигенција; ▪ „Cloud Message” - веб-базирана социјална мрежа за споделување
пораки, приватни или јавни, рекламни купони, во зависност од преференциите на корисникот; ▪ „DoxBee” - платформа за колаборација со MS Office документи од кој било уред; ▪ „MarketKonekt” - платформа за онлајн трговија во Македонија. Горди сме на фактот дека Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија ги иницираа овие проекти и ги доведоа до комерцијален почеток.
Smart Wine - Паметен начин за производство на вино! Сите наши проекти за иновации се вклопуваат во стратегијата на Дојче Телеком што значи дека имавме јасна визија и цели уште од самиот почеток. Доказ за ова е и фактот дека дури и пред комерцијалниот старт нашите креативни проекти достигна меѓународно внимание: Smart Wine ќе биде презентиран на CeBIT во Хановер, меѓународен саем за сите креативни проекти. Smart Wine е интелигентен мониторинг систем за лозови насади. Со него може да се автоматизира процесот на производство на грозје и да се намалат трошоците за енергија, вода и пестициди. Со тоа се олеснува производството на вино. 24-часовен мониторинг систем Со Smart Wine се добива 24-часовен мо ниторинг систем што во реално време
информира за состојбата на лозовите насади преку безжична сензорска мрежа. Системот вклучува аларми, предвидува можни ризици од болести на растението, предвидува суша и мраз, складира податоци и сл. Системот се состои од софтверското решение Smart Wine и сензорска мрежа поставена во лозјата и визбите. Со Smart Wine добивате:
▪ Пристап до веб-апликацијата www.smartwine.telekom.mk и можност за креирање и авторизирање на корисници кои ќе пристапуваат до системот; ▪ SIM картички со мобилен интернет за комуникација на сензорите со веб апликацијата; ▪ Складирање и чување на податоците собрани од сензорите во најбезбедниот податочен центар во Македонија со историја од 2 години; ▪ Инсталација на сензорите на бараниот насад; ▪ Гаранција од 12 месеци. Во зависност од лозовите насади кои корисникот сака да ги следи, може да се одбере предефинирана сензорска конфигурација, основна или напредна, но постои можност корисникот и сам да ја одреди конфигурацијата на системот што најмногу му одговара.
28
ИДИВИДИ во Мој клуб
Омилената приказна на секојдневието Ако веќе сте навикнати да „влегувате“ во ИДИВИДИ преку вашиот компјутер, лаптоп, таблет, телефон... не сметајте го тоа за единствен можен начин, затоа што со ИДИВИДИ отсега можете да се „сретнете“ и на хартија, преку страниците на Мој клуб магазинот.
E
ден од најпосетуваните и најчитаните информативни портали на македонскиот веб простор, ИДИВИДИ, секојдневно збогатуван за околу 200 нови содржини кои генерираат повеќе од 50.000 посети, добива хартиено лице, гостувајќи во нашиот печатен медиум. Мноштвото содржини коишто ИДИВИДИ им ги нуди на своите посетители, од дневни информации од актуелните збиднувања кај нас и во светот, преку забавните содржини, содржините од областа на спортот, науката, технологијата, медицината, исхраната, сè до сервисните дневни информации,.. преку својата конципираност овозможуваат интерактивност, пребарување, споделување содржини, едукација и забава за секој посетител. Посететноста на ИДИВИДИ и тиражот на Мој клуб магазинот се самостојни докази дека нè знаат сите, дека нè има сегде, а заеднички можеме да бидеме вашата омилена приказна на секојдневието, вашата омилена голтка чај, кафе, лимонада збогатена со милиони различни вкусови и ароми.
Профил – „Да се оди, да се види и да се дознае“ ИДИВИДИ е модерен информативен портал кој од пионер во македонскиот интернет простор со текот на годините прерасна во препознатлив бренд, синоним за брзо и навремено информирање. Тоа што го направи ИДИВИДИ поинаков од сите преостанати портали, несомнено е повеќегодишното искуство, посветеноста кон своите посетители и тенденцијата секогаш да се биде еден чекор пред другите. Скромните неколку илјади посети во 2004 година, ни од далеку не навестуваа дека тогаш недостижниот број од 100.000 посети, во одредени моменти ќе стане реалност. ИДИВИДИ во веб просторот не се појави инцидентно, ниту пак, случајно. Уште од 1999 во рамки на Македонски Телеком функционираше првиот портал www.mt.net.mk, на кој покрај кориснички информации се објавуваа и вести од дневно–информативен карактер, додека содржините со забавен карактер можеа да се избројат на прсти. Ова воедно беше и пионерски чекор во Маке-
донија кога станува збор за порталите. Во 2004-та доменот www.mt.net.mk беше доделен на корпоративната веб страница на МТнет, а новото име ИДИВИДИ, беше избрано за делот кој прерасна во посебен портал, препознатлив по логото - човече што чекори. Оригиналната идеја за името потекна од желбата да се оди, да се види и да се дознае што има ново. ИДИВИДИ беше вистински избор, палиндром лесен за паметење и израз кој несвесно е дел од нашиот секојдневен речник.
„Гласник“ на модерното време Со лансирањето на новиот домен, беше промовиран и новиот содржински концепт на порталот. Во годините што следеа сè до денес, следејќи ги навиките, барањата и преференциите на корисниците, ИДИВИДИ секогаш одговараше на желбите на посетителите со збогатувањето на содржинската концепција и квалитетот на содржините. ИДИВИДИ се ориентираше кон создавање вести за секого, во секое време. Електронскиот, наспроти печатените медиуми, овозможи нов и специфичен начин на комуникација кој го направи ИДИВИДИ првиот препознатлив „гласник“ на модерното време.
Сервиси – виртуелни катчиња Освен богатата ризница на информации, ИДИВИДИ е прв портал кој воведе повеќе веб сервиси и тоа: Webmail.t-home.mk е бесплатен e-mail сервис наменет за сите
„Чо веч е ч еко то што Нај ри“ доб рио
т н на корисници коишто сакаат да отвоач в се реднос ин за рат сопствена e-адреса, додека с тит про а м со сво ите по е на И мовира web.maxtv.mk е идеално место и с ДИВ ги те ети ИД ње п п т за следење на програмата во усп отврду озитив ели, к И ни ои чек ешнос ваат живо на повеќе од 20 македонори та ква крити “ н л ки . а и дру ски ТВ канали кои се дел од г ч Препо „чове тетот и р ч и т а е пре понудата на MaxTV услугата на пор ател е ката о то што а д к на а T-Home. е пос којаш јдраго ден на ака то ц Multibox.idividi.com.mk и ена м еде н б оже да та moevideo.idividi.com.mk се сервиси рен ја д. за видео содржини, додека forum. idividi.com.mk и chat.idividi.com.mk овозможуваат слободна дискусија на најразлични теми. За оние кои претпочитаат да Целта на овие сервиси е на нашиот посего поминат своето време во играње онлајн тител да му овозможат виртуелно катче игри, тука се сервисите maxarena.idividi. каде што ќе може да го искористи своето com.mk и games.idividi.com.mk. Вистинскислободно време во интеракција со другите те вљубеници во фотографијата, пак, можат посетители, гледање и објавување видеа, да ја споделат својата креативна вибрација следење програма во живо и слично. на foto.idividi.com.mk. За посебните прилиИДИВИДИ располага и со рекламен простор ки како што се родендените и празниците што им е на располагање на сите клиенти. тука се електронските картички кои во секое Покрај содржините на македонски јазик, време можете да ги пратите на саканата порталот објавува и вести на албански јазик. дестинација преку ecards.idividi.com.mk. Сервисот malioglasi.idividi.com.mk им е на располагање на сите оние кои сакаат ИДИВИДИ на Facebook нешто да продадат, купат, понудат, или пак, Почнувајќи од крајот на 2010-та година, се заинтересирани за некој вид услуга или ИДИВИДИ креираше сопствена страница едноставно сакаат да објават некаков оглас, на Facebook, која секојдневно се ажурира додека речникот e еден од најпосетуваните со нови информации. На почетокот од 2014 сервиси кој овозможува двонасочен превод година, ИДИВИДИ има повеќе од 67 000 на седум странски јазици. Тука се и неколкуFacebook членови. ИДИВИДИ на Facebook е те онлајн камери кои обезбедуваат 24 часа збогатен и со дополнителни активности, како пренос во живо од атрактивни локации во споделување информации и мислења на земјава. Преку електронското издание на членовите, информирање за различни нас телефонскиот именик, imenik.telekom.mk тани, како и доделување влезници за кино лесно можете да добиете информации за проекции, театарски претстави, споделување телефонските броеви на приватни и деловни фотографии, музика и слично. корисници на Македонски Телеком.
ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ ДЕКА… ▪ На ИДИВИДИ секојдневно се објавуваат повеќе од 200 нови содржини, а во секое време можете да ги прочитате веќе објавените повеќе од 900.000 содржини ▪ ИДИВИДИ месечно го посетуваат повеќе од 350.000 различни посетители ▪ ИДИВИДИ сервисите овозможуваат интерактивност, пребарување, споделување содржини, едукација и забава за секој посетител ▪ www.idividi.com.mk/recnik ќе ви овозможи двонасочен превод на седум странски јазици, како и лексикон на странски зборови ▪ Најчитани содржини се советите за здрав живот и животен стил, случувањата од светот на шоу-бизнисот, навремено пренесените ударни вести, и секако еротските содржини ▪ ИДИВИДИ како канал за рекламирање успешно го користат повеќе од 50 препознатливи брендови
Мобилни апликации Следејќи го трендот на користење интернет во движење, како и порастот на бројот на паметни мобилни уреди, ИДИВИДИ за дел од своите содржини обезбеди мобилни апликации. За корисниците на iOS и Android мобилните телефони и таблети веќе се достапни апликациите ИДИВИДИ Речник и ИДИВИДИ Хороскоп, телефонскиот именик и програмскиот водичот за MaxTV услугата на Македонски Телеком.
30
Музи к а
Д-р Роберт Саздов
Билет во невообичаена насока Македонец, роден и растен во Австралија. Додека сите сонуваат да се отселат, тој интензивно размислува да се досели во Македонија! Последниве две години Роберт Саздов, композитор, музички продуцент, истражувач, педагог... е вистинско откритие на нашето културно небо. Досега неговите уникатни композиции се изведувани на фестивали и концерти во САД, Канада, Јужна Америка, Кина, Австралија, Нов Зеланд, Чешка, Франција, Германија, Велика Британија, Ирска, Романија, Шведска,.. но, од неодамна се слушаат и на Деновите на македонската музика во Скопје. Овој неверојатно љубопитен човек гладен за нови знаења, доживотно вљубен во македонската традиционална песна, плени со својата разновидност, и како „вечен ученик“ и како врвен учител. Во моментов е професор на Универзитетот Лимерик во Ирска, но сè почесто и подолго престојува и во Македонија.
„За мене Македониja е важна!“ Мој клуб: Во време кога сме сведоци на масовна и засилена преселба на перспективни луѓе надвор од Македонија, вие сè поинтензивно размислувате да се доселите овде. Можете ли да ни го објасните овој своевиден феномен, знаејќи дека ниту сте роден, ниту некогаш сте живееле во родната земја на вашите родители?
Р. Саздов: Во оваа фаза од мојот живот, Македонија е местото каде што би требало да бидам, каде што припаѓам. Речиси сите на кои им кажувам дека ќе се преселам овде ме гледаат збунето. Мислат дека зборувам за „билет во невообичена насока“. Тоа е обично проследено и со коментари од типот „тука не е добро“, „ова не е место за тебе“... Јас верувам во Македонија! Човек мора да биде искрен и да знае што е тоа што е важно за него во животот. За мене Македонија е важна! Австралија ми даде многу и јас сум благодарен за тоа, но верувам дека и јас дадов голем придонес. На ист начин чувствувам дека е важно да возвратам и на Македонија, која ми има пружено многу на едно друго ниво! Вашите музички интереси имаат широк дијапазон, без разлика дали станува збор за музиката како уметност или како наука. Речиси е невозможно да се категоризираат и творбите од вашиот композиторски опус. Едно е очигледно, во која било варијанта кај вас македонската традиционална музика е круцијалната амалгамска нишка меѓу различните афинитети и пристапи. Како е можно некој да е толку долго, и временски и географски, оддалечен од Македонија, а всушност да е толку блиску до неа? Ќе одговорам со прашање: со кој тип музика
сте поврзани вие, кој ве допира, ве тера да ја чувствувате, без оглед на жанрот, традицијата или културата? За мене тоа е македонската традиционална музика! Она што ме уверува во ова и е надвор од каква било „патриотска припадност“ е начинот на кој тоа ми се случува. Кога студирав на Сиднејскиот конзерваториум за музика имавме предмет кој ги опфаќаше другите музички култури, односно она што се подразбираше под незападна уметничка музика. Тогаш првпат се соочив со традиционалната музика од ова поднебје и оттогаш ги уверувам луѓето дека административните граници, не се и културни!
Куфер полн со ленти
Токму во тие студентски години специјалнио дојдовте во Македонија за да... ... за да го посетам Институтот за фолклор „Марко Цепенков“. Си заминав со повеќе материјали отколку што можев да носам! Цели 1990 и 1991 година ги поминав во свирење или пеење на секоја одделна мелодија од книгите, антологиите и збирките. Покрај куферот полн со ленти кои ги донесов од патувањето, стекнав многу добра основа за да почнам вистински да ја разбирам македонската традиционална музика. И мојата дипломска беше за неа.
Од 1996 компонирате електроакустична музика целосно инспирирана од македонската духовна и традиционална музика? Да. И натаму продолжувам да сум „ученик“ по македонска традиционална музика, зашто тоа е единствениот начин да останам поврзан! Ниту ден не поминува без да прочитам или да слушнам нешто за неа или за нејзините понови форми. Заинтересиран сум за „новото“, за експериментот, за напредните креативни пристапи. Сé што правам има темел во македонската традиционална музика. Но, традиционалното не подразбира априори и статичност, нели? Секако! Традиционалното значи динамичност! Самото вградување на нови инструменти или технологии е еден вид продолжување на традицијата која е толку искрен израз на емоција кој денес ретко се слуша. Вие , како и вашата музика дејствувате „мултиканално“, односно „возите“ на многу колосеци истовремено. Колку познавањето на сите аспекти на феноменот музика е потребен за денешните музички професионалци кои сакаат да се издвојат од мноштвото? Во академските кругови сум вклучен над 20
години, и тоа наложува конкретни очекувања. Тоа обично подразбира дека 40 проценти од моето време припаѓаат на педагогијата, истражувачката работа, пишувањето научни трудови, статии и книги, а уште 40 проценти одат на менторство над моите постдипломци. Останатите 20 проценти се предвидени за други активности како организирање конференции, фестивали, натпревари, „визитинг“ предавања, презентации, консултации, советувања и мој придонес кон универзитетот и локалната заедница. Што се однесува за самата музика, јас не дискриминирам, односно фаворизирам одредени видови музика. Ги слушам, компонирам и продуцирам сите нејзини видови и уживам и наоѓам смисла во сите жанрови, а посебно во актуелните, односно современите.
Невообичаените три пасии
Мислите ли дека во наше време е невозможно музичарот да се специјализира само за еден жанр? Јас сум на стојалиште дека не може да се биде само изведувач, само аранжер, само композитор на еден стил или жанр. Или уште попрецизно да се изразам, изведувачите ретко живеат само од класичната музика,
тие мора да дивертираат и да дејствуваат и во другите жанрови, дури и ако немаат претходно искуство со нив. Кога и да сум бил одговорен за проектирање на студиска програма, секогаш сум имал на ум таа да биде повеќедимензионална и да вклучува повеќе области од музиката и креативните индустрии. Тоа е она што на студентите ќе им овозможи да имаат долга и успешна кариера, лесно да се приспособуваат на промените. Освен страста кон музиката, што друго ве плени во секојдневието? Ме интересираат и архитектурата, археологијата, историјата, глобалната политика, физиката, но исто и автомобилите, модата и боречките вештини. На сите овие работи им приоѓам со истата страст и посветеност, заради што многу од музичарите и моите академски колеги мислат дека сум малку... невообичаен... барем за последниве три пасии. Но, сите мораме да имаме разновидни интереси, инаку би морале да се движиме само во затворени, професионални кругови, а тоа не е добро за луѓето на 21 век! Текст: Б. Костиќ-Марковиќ Фотографија: Е. Николова-Лиере
32
О д б л изу с о . . .
Нина Нинеска и „Cosmic light“
Нови творечки концепти
Впечатливиот креативен простор на првиот кат во „Скопје Сити мол“ што беше отворен на крајот од минатата година - „Лотус генерација“, првата поп ап продавница кај нас, всушност, му даде ново лице на трговскиот центар, но и на градов воопшто. Зад него стојат Нина Нинеска и Анита Гај со сопствените впечатливи творечки концепти кои буквално ги пленат очите и интересот на посетителите. Поп ап продавицата „Лотус генерација“ ги опфаќа двата творечки концептa на уметниците Анита Гај со „Lotus Lounge Chair“ и Нина Нинеска со „Cosmic light“ во прекрасен спој на навистина пријатно место. Поразговаравме со Нина Нинеска, скулпторка со специфичен творечки
израз кој „шета“ низ жанровите во име на Целото во уметноста, во животот...
Преклопувања
Мој клуб: Како дојдовте до „Лотус генерација“? Дали соработката со
Анита Гај ве поттикна да ги изедначите скулптурите со светлосни објекти или, можеби, првин се роди „Cosmic light“, па потоа спонтано се обединивте со препознатливиот израз на Анита Гај, создавајќи нешто заедничко? Н. Нинеска: Пред неколку години го отпочнав уметничкиот психосоматски
„Лотус“ - столче инспирирано од дизајн линијата на светилката „Снегулка“ (Flakelight) кое беше целина на инсталацијата произведена во соработка со компанијата „Унига Инженеринг“ во рамките на Скопската недела на дизајнот 2013 (Skopje Design Week). Сметате ли дека современата уметност нужно упатува на индустрискиот дизајн или станува збор за различни творечки патишта кои можат, но и не мораат да се преклопат?
проект составен од геометрија, светлина, звук и човек. Во 2012 година во рамките на Скопско лето на Плоштадот Македонија поставив инсталацијаперформанс. Поставката беше составена од преубавата Врба на која и околу која беа наредени мини објекти „Центрирај во Себе“ конструирани од геометриски форми (круг и квадрат) изработени од инокс и огледален картон, осветлени со рефлектори во боја, озвучени со примарни звуци од „Болд Аудио“ и меките удобни разнобојни „Лотус“ перничиња чија функционалност овозможи посетителите да уживаат во креацијата и да ја дооформат во прикаската „Дрво на животот“. Оттука и отпочна соработката со Анита која прифати нејзиниот бренд „Lotus Lounge Chair“ да биде спонзор на инсталацијата. Соработката ја повторивме следната година во заедничкиот производ
Благодарејќи на убавината, изворот на креацијата потекнува од една иста точка на создавање. Начинот на кој се создава делото и процесите се именуваат во уметност или применета уметност. Живееме во период каде што се преклопуваат сите уметнички правци едновремено со нивната применетост и често сето тоа се именува само како современа или модерна уметност. Применета уметност и создавањето на светлосните објеки беше природно да се случи за време на комплетирањето на психосоматскиот проект кој има тенденција да се развива во сите области на перформанс и дизајнирање. Во почетокот на минатата година отпочна соработката со „Унига Инженеринг “ каде што ги изработив првите прототипови на скулптурите што светат. Светилките прв пат беа презентирани на Мебло 2013, а подоцна се роди и првата поп ап продавница „Лотус генерација“ со соработка на две уметници- дизајнерки и реномираната компанија за производство на ковано железо – „Унига Инженеринг“.
Творечки еволуирања Која е длабинската поврзаност на Нина Нинеска како скулптор и популарниот дизајнерски проект – „Cosmic light“? Себезапрашувањето „Кој сум Јас?“ е изворот на сè што креирам. Феноменот кој често го доживувам низ исконското трагање „Кој сум Јас?“ е Светлината. Прикаската продолжува, а како резултат на трагањето, скулптурите еволуираа во светилки, симбол на средбата со Себе изворното битие Јас сум Јас. Светлото го поставив внатре во центарот на скулптурата во празнината од каде што и самиот објект се создава, а свети. Светилките ги доживувам како одраз на себепотрагата кои исто така рефлектираат во својот центар со светлина. Ќе ја проширувате ли творечката линија на „Cosmic light“ или засега ќе им дадете поголема шанса на веќе создадените светлечки скулптури? Во светот на креативноста секогаш постои тенденцијата на создавање. Покрај тоа што приоритет има пласманот на постојните светилки, паралелно работам на нови инсталации и дизајни за осветлување. О.Ќорвезироска
34
Не к а д е . . .
Твин Хилс, Алјаска
Шепот, посилен од ветришта! Повеќето патници по враќањето од кое било место на далечниот север на Земјата, многу брзо стануваат своевидни арктички апостоли. Арктички апостол сум и јас! Чувството да си толку далеку, во една дивина која плени со својата поетска убавина останува засекогаш да живее во сите нас што сме биле таму барем еден единствен ден! Топло се вгнездувам во троседот и полека го отворам ковертот со подизвиткани краеви како слоновски уши. Неколкуте последователни летови кои го донеле ова писмоодговор од Алјаска во Македонија, среде зима, си го зеле својот данок. Ми го пратила мојата драга пријателка Луларе од Твин Хилс. Таа е припадник на инуитското племе Јупик (автохтоно население на северозападна Алјаска и рускиот Далечен Исток), уметник е, мајка и баба. Создава уникатни садови од специјална трева која расте за време на краткото арктичко лето и други предмети декорирани со коски од поларни животни. Пријателството со неа започнато во 2006 година трае до денес. Споредбите на животите на југ од Европа и на север од речиси сè на оваа планета беа и сè уште се честа тема на нашите разговори, преписки и себепреиспитувања, посебно за време на долгите арктички зими... Писмото е заверено во најблиското поголе-
мо населено место Тогиак, на Беринговото Море, кое ја дели Алјаска од својот брат по студ – Сибир...
Магијата на северот Откако го прочитав писмото-одговор на Луларе, повторно се најдов на Алјаска, но овојпат среде зима. Ветровите и арктичките студови ги оставаат своите траги врз снегот нанесуван зад карпите, на возвишенијата,
до ѕидовите на малкуте домови на Инуитите и нивните потпрени санки врз оградите од ребра на китови. На некои места како Бог лично со прстите да поминал низ снегот за да ја испита неговата мекост. Ветровите и арктичките студови цртаат линии врз збрчканите лица и додаваат црвенило врз образите и врз вредните дланки на луѓето низ Арктикот. Студот стегајќи со целата сила ги втиснува своите отпечатоци врз смрзнатите поточиња, реки, езера, океански
Не к а д е . . .
35
Македонското писмо до Луларе од Твин Хилс
Драга Луларе, Деновиве еден сувенир од Алјаска ме врати назад неколку години и ми ги разбуди спомените од едно незаборавно летно патешествие низ бескрајните пространства на Алјаска. Се сеќавам, во една продавничка за антиквитети во Џуно пронајдов една мала маска – претстава на инуитско дете направена од крзно и коска од карибу ирвас. На тоа стуткано и наоблечено дете ко да не му пречеше студот, си помислив, ми изгледаше толку среќно и полно со живот! Го земав од кутијата и го чував долго во рацете како да сакам да го пристоплам со својата топлина и притоа го гледав и гледав... Но добро, нели затоа и служат сувенирите, да ни помогнат да се поврземе полесно со места и луѓе кои некогаш нè направиле среќни. Напиши ми кога ќе можеш, како сте, како живеете сега, на
зима, во вашето мало место во Северозападна Алјаска? Што ве прави толку силни и решителни да останете таму каде што сте и да се борите со екстремните временски услови со векови, а во исто време и да сте толку ведри и со добра волја? Знаејќи колку сте мудри, помислувам дека имате нешто што го криете од нас, остатокот од човештвото кое комфорно се вгнездило во зони на планетава со релативно предвидливо и пријатно време. Има ли шанса да ми откриеш дел од тајните, а јас ако сакаш, ќе ти ветам дека никому нема да кажам...
Драг Роберт, Ти благодарам за твоето писмо од далечниот југ на Европа. Се радувам што си добар и што не се заборавивме. Додека ги чекам внуците да се вратат од училиште пробивајќи се низ снежната наезда што го опколува Твин Хилс еве веќе со денови, седнав да ти напишам неколку зборови. Кога ти беше тука беше лето и деновите беа долги и благи. Но, сега е зима и надвор речиси не се разденува, а кога по месеци чекање сонцето конечно ќе се појави на хоризонтот, зимата, студенилото и безживотноста остануваат барем уште некое време. Ги користам деновиве да го скицирам сето она што сакам да го изработам од тревките во лето, но се обидувам и на внуците да им сошијам инуитски обувки, за да ги обујат и да ги фотографирам, за во иднина да не заборават кои се и од каде потекнуваат. Кога времето надвор е студено, но тивко и без ветер, седнувам со моите внуци и им раскажувам долго за нивните прадедовци и прабаби: што јаделе на времето пред постењето на
редовната авионска достава на производи од големите градови на Америка, како се правеле кајаци, кои песни ги пееле нивните предци и како се танцувало на нив. Кога пак, арктичкиот ветер е пресилен, сите молчиме, читаме или гледаме телевизија речиси без тон. Звуците на ветерот надвор се менуваат периодично и наликуваат на некое ехо заскитано од дамнешна невидлива поларна сирена за опасност. Бучавата при такви ветрови е неподнослива, па нашите дијалози се кратки, проследени со повишен глас, за да се чуеме, и затоа се случуваат само ако се неопходни – инаку се разбираме со погледи. Шепотот речиси и да не постои, ниту во топлата постела.
Арктичкото писмо-одговор од Луларе
заливи и моќни глечери: пукнатини како громови, замрзнати меурчиња воздух полни со сеќавања од претходното лето. Маглите формираат покривки небаре микрофибер ќебиња фрлени врз ридовите, како да сакаат да ги заштитат карпите кои пукаат од студот, правејќи нови изохипси кои ниеден картограф или GPS сателит до лето не може да ги забележи. И за време на краткото лето без снег, во низините, временските услови се неуморни и ги оставаат своите пораки врз карпите со мов, врз тундрата, и така со милениуми создавајќи ги пејзажите откинати од срцата на староседелците и најхрабрите новодоселени кои решиле да го направат северот свој нов дом.
Божествена кореографија Повеќето од луѓето најчесто сонувајќи за тропските плажи од соништата забораваат да погледнат на другото лице на нашата преубава планета – далеку „горе“ на северот од глобусот: поларни светлини, уникатен животински свет, задушлива тишина, крцкави гигантски глечери и аквамарински полиња со ледници, снежни неосвоени планински венци и девствени врвови. Кога времето ќе се смурти, неговиот бес не простува никому кој не знае за почит на севишните сили кои ја управуваат нашата планета. Преку бескрајните зими владеат пејзажите со белина врз белина, а помеѓу - модро сивило. Но, кога ќе
пукне сонце и денот е толку долг што речиси не завршува, зеленилото на вегетацијата, синилото на небото, луѓето и животните на земјата и сè што е живо почнува да танцува по божествена кореографија. Го прочитав писмото уште еднаш. Враќајќи ја хартијата назад во ковертот ја пронајдов и поларната тревка која Луларе ми ја беше пратила, за да ме потсети на своите прекрасни уметнички предмети, и на летото кога таа покрај океанот собираше такви и слични билки, додека јас фотографирав учејќи од неа за суштината на тие простори кои се дел од луѓето Јупик, но, еве, станаа и дел од мене, зашто и јас сум Арктички апостол! Текст и фотографии: Р. Смилески
36
Ф о н д а ц и ј а T - M o b i l e за Ма к е д о н и ј а
„Првите 5 се најважни на свет“
Првиот центар, првиот резултат! На 6 февруари, со сечење на црвена лента, градоначалничката на Тетово - Теута Арифи, претставникот на УНИЦЕФ - д-р Бертран Демулан и претседателката на Фондацијата Т-Mobile за Македонија - Леа Липша, свечено го отворија првиот центар за ран детски развој основан во рамките на иницијативата „Првите 5 се најважни на свет”. Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Фондацијата Т-Mobile за Македонија од минатата година ја започнаа кампањата „Првите 5 се најважни на свет“, со цел да ја промовираат важноста на развојот во раното детство и да мобилизираат поширока општествена поддршка за отворање нови центри за ран детски развој. Кампањата е одговор на потребата од поддршка за родителите и старателите за подобро да ги разберат развојните потреби на децата во најважните години од животот - првите пет. Во моментот на почетокот на кампањата, функционираа 20 Центри за ран
детски развој, кои беа отворени преку програмите на УНИЦЕФ за поддршка на локалната самоуправа. Денес бројката е зголемена за уште еден центар. Со помош на средствата донирани од Фондацијата T-Mobile за Македонија -
50 000 американски долари, ќе се отворат центри за ран детски развој во Јаргулица (Радовиш), Селце (Тетово), Десово (Долнени), Злеово (Радовиш) и Долно Лисиче (Аеродром) и уште три до крајот на 2014 година.
Поддршка Целата кампања „Првите пет се најважни на свет“ е изработена со поддршка од следниве поединци и компании кои го донираа своето време и услуги: Алфа ТВ, Алсат ТВ, www.crnobelo.mk; danu.biz; Httpool; www.kajgana.mk; Коха; Кристијан Ристевски; Media Print Macedonia; www.femina.mk; МРТВ; Небојша Гелевски; Nextsense, Publicis; Сител ТВ; Телма ТВ и www.time.mk. Поддржана е од сите три мобилни оператори во земјава: Т-Mobile, ONE и VIP, преку бројот за донации (070/075/077- 143 555).
Ф о н д а ц и ј а T - M o b i l e за Ма к е д о н и ј а
Д-р Бертран Демулен, претставник на УНИЦЕФ: „Децата што посетуваат квалитетни предучилишни програми постигнуваат подобар успех во основно училиште и имаат подобри изгледи за успешност понатаму во животот“. Теута Арифи, градоначалничка на Тетово: „Децата се нашата иднина. Утре, сè ќе биде во нивните раце, затоа треба да ги едуцираме како што треба. Дружењето и играта овозможуваат децата да развијат вештини кои им требаат за да научат да читаат, пишуваат, да мислат и да се однесуваат убаво со другарите. Општина Тетово целосно ја поддржа иницијативата за отворање на Центарот за ран детски развој“.
Центарот со Селце
На 6 февруари се отвори првиот од петте најавени центри за ран детски развој во Селце, Тетовско со донација од Фондацијата Т-Mobile за Македонија. Втемелен врз финансиски исплатлив модел за предучилишно образование, овој нов центар ќе опслужува приближно 130 деца на возраст 3 до 5 години од руралната населба
Селце, деца кои досега немаа никаков пристап до предучилишно образование. Центарот се отвори во соработка со Општина Тетово, која пренамени и адаптира претходно неискористен простор во локалното основно училиште. Општината исто така вработи воспитувач и ќе ги покрива оперативните трошоци за работа на центарот.
Информирајте се, вклучете се, бидете во тек! За да дознаете повеќе за кампањата „Првите 5 се најважни на свет“ посетете ја веб страницата www.prvite5.mk. Исто така следете ја кампањата на www.facebook.com/ prvite5 и https://twitter.com/prvite5 за да бидете во тек со резултатите од активностите.
37
Леа Липша, претседателка на Фондацијата Т-Mobile за Македонија: „За да отвориме што повеќе центри низ цела Македонија, потребна ни е поддршка од целата заедница – од бизнис компаниите, од општините, но и од граѓаните. Донирајте 100 денари на бројот за донации 143 555 преку сите три мобилни оператори!“.
Во центрите за ран детски развој, како што е овој во Селце, децата поминуваат неколку часа дневно во организирана програма за учење, а и родителите можат да научат од едукативните програми за работа со децата дома. Програмата во центрите произлегува од државните Стандарди за рано учење и развој изработени со поддршка од УНИЦЕФ. Бидејќи трошоците за основање на овие центри се пониски од трошоците за основање детски градинки, центрите се најдобра можност за опслужување на населбите во кои нема доволно можности за отворање детски градинки, руралните и маргинализираните населени места.
Фондација T-Mobile за Македонија
Ајде да помогнеме Бидете хумани, донирајте 100 денари и внесете радост во животите на другите. (Со едно јавување донирате 100 денари од вашата сметка. Цената на јавувањето со ДДВ е 118 ден.) Активни броеви за донација: Број
Корисник
Отворен до:
Причина
143 108
Нина Маничиќ
30.04.2014
Нина има тешка форма на страбизам, единствен спас е операцијата на Очна клиника во Белград.
143 110
Стефан Тимов
31.03.2014
Стефан е роден со тешко оштетување на раката. Откако му се извршени две операции состојбата делумно се подобрува. За целосно санирање на оштетувањето потребно е да се изврши оперaтивен зафат во Германија.
143 121
Иван Лекоски
31.03.2014
Иван има церебралан парализа која прeдизвикува тешка здравствена состојба кај него. Единствена можност за подобрување на неговата состојба е лекување во Љубљана.
143 102
Бојан Ѓуревски
31.03.2014
Бојан има тешка болест на цревата, во неговото тело се зaдржуваат токсини поради што под итно треба да оди на испитување во детска клиника во Америка.
143 112
Дарио Митров
30.04.2014
Дарио има тешка повреда на окото и покрај неколкуте интервенции на Клиниката во Скопје и во Софија, состојбата не е подобрена. Единствена надеж е уште една операција во Белгија.
38
П р и ј ате л с тва
12. Аматерски хуманитарен велеслалом, Маврово 2014
Од 21 до 23 февруари 2014 во ски-центарот Маврово чијшто традиционален поддржувач е нашата компанија, ќе се одржи дванаесеттиот Аматерски хуманитарен велеслалом. Средствата од оваа хуманитарна активност ќе бидат наменети за поддршка на петгодишниот Максим Димовски кој боледува од ретко генетско заболување (SchimeImuno Displasia Sindrom), болест за која сè уште се истражува. Од ова ретко заболување, во моментов има само 6 живи заболени деца во светот.
П р и ј ате л с тва
Спонзорство за КК МЗТ Скопје Аеродром
Донација за опремување на „Родителски дом“
Соработката со Kошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром, еден од најпознатите кошаркарски колективи во Р Македонија кој настапува во национални и регионални спортски натпреварувања од прв ранг, традиционално продолжува веќе трета година по ред.
Македонски Телеком и Т-Mobile Македонија донираат средства за комплетно опремување на „Родителски дом“.
Да се потсетиме заеднички дека сезоната 2011/2012 за Клубот беше една од најуспешните во историјата. Ја освоија двојната круна во домашното првенство, обезбедувајжи учество во регионалната АБА лига. Сезоната 2012/2013 за тимот од МЗТ Скопје Аеродром може да се смета за историска, затоа што за првпат во својата историја и како прв претставник од Република Македонија се приклучи во најсилното регионално кошаркарско натпреварување, а тоа е АБА Јадранската лига.
17. „Златна бубамара на популарноста“ Годинашново издание на популарната манифестација „Златна бубамара“, седумнаесетто по ред, со традиционалната поддршка од нашата компанија, се одржа на 19 февруари 2014. За популарноста на ова шоу зборуваат низа истражувања од кои го извлекуваме само податокот дека 55% од населението во Македонија го гледа директниот пренос на ТВ. Зад „Златна бубамара на популарноста“ стојат 17-те години традиција, доделените преку 200 награди за најпопуларните личности и институции од културата, маркетингот, медиумите, естрадата и бизнисот во регионот.
Македонското шоу „Танц со ѕвездите“ Шоуто се емитува на првиот програмски сервис на МТВ премиерно секоја сабота и недела од 20:15 мин. Соработка со отстапениот мобилен број 14799 за гласање на учесниците во шоуто и сите собрани средства како приход ќе бидат намени за донација на Јавната установа Дом за доенчиња и мали деца – Битола. како средства или материјални добра.
39
Проектот „Родителски дом“ е произлезен од соработката помеѓу Граѓанското здружение за деца болни од малигни заболувања „Пеперутка“ и Фондот за здравствено осигурување на Македонија. „Пеперутка“, според примерот на останатите земји во светот и регионот, ја изнесе иницијативата за изградба на „Родителски дом“ што е услов за олеснување на животот на семејствата кои имаат деца болни од малигни заболувања. Семејствата кои се соочуваат со оваа тешка состојба, покрај борбата со болеста, имаат и дополнителни материјални трошоци за обезбедување на место за престој во Скопје во периодот додека детето е на третман на Клиниката за детски болести – Скопје. Во таа насока, Владата на РМ додели простор на Граѓанското здружение „Пеперутка“ со сместувачки капацитет за овие деца со нивните родители кој е неопходно да се опреми. Средставата за комплетно опремување се донација на Македонски Телеком и T-Mobile Македонија.
Вевчанскиот карневал Карневалот со кој се слави доаѓањето на Новата година според стариот календар, традиционално се одржува во Вевчани на 13 и 14 јануари. Манифестацијата е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија, а генерален спонзор е Македонски Телеком. Вевчанскиот карневал во чест на свети Василиј Велики заштитник на василичарите и на Вевчани, се разликува од другите карневали во светот по архаичноста и уникатните маски, претставувајќи спој меѓу паганско и современо празнување. Тој претставува своевиден театар без граници. За време на карневалот, вевчанци од целиот свет си доаѓаат дома за да учествуваат во оваа претстава, единствена по својот вид, во која се исмеваат настани, појави и личности од јавниот живот во изминатата година. Карневалот е ангажирана критика на актуелните настани. Стар е колку и Вевчани, а специфичност е што никогаш однапред не се знаат маските. Тие не се повторуваат во идни карневали, освен традиционалните - Зет, Невеста и Глупaвиот Август. Од 1993 година Вевчанскиот карневал стана член на Асоцијацијата на светските карневалски градови. Годинашново издание, како и секоја година, заврши со Василичарско оро и со ритуално палење на маските.
40
Инфо прозорец
Придобивки и можности на новото време Министерството за информатичко општество и администрација го воспостави системот E-потсетник во облик на веб базирано решение, со што им овозможува на граѓаните добивање информации за услуги од разни институции. Засега, институциите коишто се опфатени со Е-потсетникот се: Министерство за економија, Јавно претпријатие за државни патишта, Управа за водење на матични книги, Агенција за вработување и Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Се планира постојано проширување на листата на услуги, како и вклучување на сè поголем број институции. Е-потсетник е систем кој преку SMS пораки или електронска пошта, праќа известувања-потсетници до корисниците во случај на наближување на рокот на важноста на одреден документ, известува дека бараниот документ е подготвен, информира за воведување нови услуги и други случаи. Со системот се опфатени 14 услуги кои се однесуваат, како на физички, така и на правни лица. Достапен е за сите граѓани на Република Македонија кои поседуваат мобилен телефонски број од националните оператори. За да можат да се користат услугите на системот, секој корисник треба да се регистрира на системот.
Регистрирање на системот
Регистрација на системот може да се направи преку веб порталот e-potsetnik.mk или автоматски при активирање на првата услуга со праќање SMS порака. И при двата начинa потребно е да ги прифатите условите за користење на системот. Активирањето се прави со внесување на податоците карактеристични за услугата и Вашиот предмет или со праќање SMS порака со содржина составена од потребните податоци. Лични податоци не се потребни за ниту една од услугите, па во системот не се собираат, ниту, пак, се чуваат.
Цена
Потсетниците пратени како SMS порака, чинат 5 денари со вклучен ДДВ, а се наплатуваат од сметката на корисникот. Пораките што ги праќа системот со содржина еднократна лозинка, лозинка на системот, известување за одобрена/одбиена услуга, се бесплатни. Уживајте во придобивките и во можностите на новото време!
Јави се на бесплатниот број 140 525 и од добиениот линк пристапи во светот на t-zones или пак, посети ја мобилната страница www.t-mobile.mk/wnw
T-ZONES БОР ГОЛЕМ ИЗ РИ! ИГ НА НОВИ
42
Ката л о г н а п о д а р о ц и
МОЈ КЛУБ
СО МОЈ КЛУБ СЕГА ДОБИВАТЕ ПОВЕЌЕ! НАЈГОЛЕМАТА ПРОГРАМА ЗА ЛОЈАЛНОСТ - МОЈ КЛУБ СО УШТЕ ПОВЕЌЕ ПРИДОБИВКИ ЗА ВАС! ОТСЕГА, ОСВЕН ПОЕНИТЕ ШТО РЕДОВНО ГИ ДОБИВАТЕ ОД Т-MOBILE И T-HOME, ДОПОЛНИТЕЛНО, СОБИРАЈТЕ МОЈ КЛУБ ПОЕНИ СО СЕКОЕ КУПУВАЊЕ ВО ПРОДАВНИЦИТЕ НА НАШИТЕ ПАРТНЕРИ: „ТИНЕКС“, „КОСМО“, „НЕПТУН“, ПРОДАВНИЦИТЕ НА FASHION GROUP (OKAIDI, BATA, MANGO, GOLDEN POINT, GEOX, TIMBERLAND, HUGO BOSS, FASHION ID, GIOVANNI GALLI, CELIO, FASHION&FRIENDS, WOMEN’S SECRET, PARFOIS, SPRINGFIELD, BLANCO, BITSIANI) И TRAVEL SOLUTION. Собраните поени користете ги за плаќање во која било продавница на нашите партнери, за нарачка на подароци од каталогот на Мој клуб или за купување уред од понудата на Т-Mobile во Доверба. Сè што ви треба за да ги соберете или, пак, за да платите со поените е вашиот телефон со T-Mobile постпејд или припејд број во моментот на пазарувањето. Кога сте на каса, само свртете на бесплатниот број 180, допрете го мобилниот до терминалот пред вас и соберете ги поените со вашиот телефон или платете ја вашата сметка со поените кои веќе ги имате собрано. Кој може да ја користи партнерската програма Новата поволност важи за сите корисници, физички лица и компании, кои имаат Т-Mobile број и го носат својот мобилен телефон во моментот на купување во продавниците кај нашите партнери. За повеќе детали посетете ги веб страниците www.t-mobile.mk или www.mojklub.mk.
Проширување на семејството Отсега семејството на Мој клуб го проширивме и за припејд корисниците на Т-Mobile кои ќе можат да собираат и да користат поени во продажната мрежа на нашите партнери. Корисниците на T-Mobile, кои се корисници и на услугите на T-Home, ќе продолжат да собираат поени од користењето на услугите на двете компании, а преку својот мобилен број и телефон ќе можат да собираат и користат поени со секое купување кај нашите партнери. Собирање поени Поените се собираат едноставно и брзо при плаќање на сметката на каса во која било продавница од партнерската мрежа. Тие имаат важност од 2 години. Може да собира секое физичко лице со поединечна претплата, секој член од фамилијарните тарифни модели за физички лица при што собраните поени ќе бидат ставени на фамилијарното салдо на Мој клуб поени, секој член од Team тарифните модели за деловни корисници при што собраните поени ќе бидат ставени на групното салдо на Мој клуб поени, назначени вработени од секоја компанија, вработените во компании кои обиваат месечна фактура и секој припејд корисник на Т-Mobile. Бројот на собраните поени ќе биде прикажан во наредната Т-Mobile фактура. Преглед на собраните и искористените поени Постојат повеќе начини за преглед на собраните и искористените поени: Со секоја направена трансакција веднаш добивате SMS за собраните или искористените поени, припејд корисниците, како и корисниците кои не добиваат месечна фактура ќе добијат месечен SMS за направените транскации и вкупното салдо, со најавување на Мојот T-Мobile, на месечната фактура како вкупно Мој клуб салдо, преку нашиот Контакт центар, на 122, со праќањеа SMS на бројот 070 142 566 со текст Моj klub и во сите наши продажни места. (Цена на една пратена SMS на 070 142 566 е 5 ден.)
Ката л о г н а п о д а р о ц и
43
мој клуб
KATAЛОГ НА ПОДАРОЦИ Вашата нарачка можете да ја направите 1. Со јавување на 070122; 2. Во нашите продажни места; 3. Преку Mojот T-Mobile портал (www.my.t-mobile.mk).
Покрај можноста за достава на Мој клуб подароци во продавница по избор, можете да одберете и достава и на адресата на која ја добивате вашата месечна сметка. Цената на услугата изнесува само 50 ден. за која било локација во цела Македонија!
Шифра: 90102 Биографијата на Стив Џобс 3 098 поени
Шифра: 10478 Ранец за лаптоп Case Logic 16 678 поени
Шифра: 10512 Патна торба 64 cm x 34 cm x 23 cm 2 340 поени
Шифра: 90075 Deluxe чанта за лаптоп со тркалца 16 930 поени
Шифра: 10513 Ранец Аfrica 2 145 поени
Шифра: 10514 Спортска торба Аfrica 62 x 23 x 31 cm 2 360 поени
Шифра: 10515 Аfrica торба за на рамо 1 860 поени
Шифра: 10476 Куфер на тркалца 32 cm x 53 cm x 18,7 cm 2 675 поени
Шифра: 10506 Топка за кошарка Spalding TF 150 гума 3 506 поени
Шифра: 10509 Јаже за скокање Kettler 1 928 поени
Шифра: 10523 Чадор на склопување 895 поени
Шифра: 40113 Polar H7 трансмитер на срцева фреквенција 17 470 поени
44
Ката л о г н а п о д а р о ц и
мој клуб
Шифра: 40092 Преса за коса Rowenta SF 1022 4 237 поени
Шифра: 40095 Вага ТEFAL PP1000V0 4 153 поени
Шифра: 40099 MOULINEX пасатор 350W 4 275 поени
Шифра: 40101 ROWENTA машинка за потстрижување 4 691 поени
Шифра: 40100 ROWENTA депилатор 4 110 поени
Шифра: 40102 CD PORTABLE PHILIPS 8 898 поени
Шифра: 40103 MP3 PLAYER PHILIPS 4GB 7 860 поени
Шифра: 40107 Патен фен Rowentа 1600W 4 089 поени
Шифра: 40106 DVD плеер (DVP-SR170) 6 773 поени
Шифра: 40112 Nikon Coolpix S2700 25 950 поени
Шифра: 40105 USB Drive 8GB Verbatim 2 195 поени
Шифра: 40115 USB Drive16 GB Verbatim 3 195 поени
Ката л о г н а п о д а р о ц и Вашата нарачка можете да ја направите 1. Со јавување на 070122; 2. Во нашите продажни места; 3. Преку Mojот T-Mobile портал (www.my.t-mobile.mk).
300 ден.
Шифра: 120001 Е-ваучер 300 1 500 поени
Покрај можноста за достава на Мој клуб подароци во продавница по избор, можете да одберете и достава и на адресата на која ја добивате вашата месечна сметка. Цената на услугата изнесува само 50 ден. за која било локација во цела Македонија!
590 ден.
Шифра: 120002 Е-ваучер 590 3 000 поени
шифра: 130 001 Мој клуб - Бесплатни викенд разговори
шифра: 130 002 Мој клуб - Бесплатни разговори во Мојот круг
1 800 поени
2 700 поени
кон T-Mobile и фиксните мрежи - 3 месеци
кон броевите во Мојот круг - 3 месеци
900 ден.
Шифра: 120003 Е-ваучер 900 4 500 поени
2000 ден.
Шифра: 120004 Е-ваучер 2000 8 000 поени
Шифра: 70005 Вредносна картичка 590 3 000 поени
45
46
Ката л о г н а п о д а р о ц и
Дојди до посакуваниот телефон со поените од Moj клуб НОВО!
Шифра: 20437 Alcatel ОТ228 4 950 поени
Шифра: 20486 Alcatel ОТ-2005 9 950 поени
Шифра: 20475 AlcatelONE TOUCH S’POP 24 950 поени
Шифра: 20460 Blackberry Z10 169 950 поени
Шифра: 20480 HTC Desire 300 52 250 поени
Шифра: 20471 HTC Desire 200 44 950 поени
Шифра: 20461 HTC ONE 169 950 поени
НОВО!
Шифра: 20477 HTC Desire 500 64 950 поени
НОВО!
Шифра: 20453 HTC One SV 124 950 поени
Шифра: 20462 Huawei ASCEND Y300 39 950 поени
Шифра: 20428 HUAWEI E3131S-2 USB DATA STICK 7 450 поени
Шифра: 20489 Huawei ASCEND P6 109 950 поени
Шифра: 20463 LG OPTIMUS L5 II 52 250 поени
Шифра: 20473 LG OPTIMUS L7 II 64 950 поени
Шифра: 20457 LG L3 II 34 950 поени
Шифра: 20436 Nokia 113 12 250 поени
Ката л о г н а п о д а р о ц и Вашата нарачка можете да ја направите 1. Со јавување на 070122; 2. Во нашите продажни места; 3. Преку Mojот T-Mobile портал (www.my.t-mobile.mk).
47
Покрај можноста за достава на Мој клуб подароци во продавница по избор, можете да одберете и достава и на адресата на која ја добивате вашата месечна сметка. Цената на услугата изнесува само 50 ден. за која било локација во цела Македонија!
НОВО!
Шифра: 20366 Nokia C2-01 22 250 поени
Шифра: 20478 Nokia Lumia 520 47 250 поени
Шифра: 20454 Nokia LUMIA 820 124 950 поени
Шифра: 20452 Samsung GT-E1200 7 250 поени
Шифра: 20422 Samsung GT-S5610 23 750 поени
Шифра: 20432 SAMSUNG GALAXY CHAT B5330 38 750 поени
Шифра: 20464 SamsungGALAXY YOUNG S6310 39 950 поени
НОВО!
Шифра: 20479 Samsung 1270 7 750 поени
НОВО!
Шифра: 20466 Samsung GALAXY FAME S6810 44 950 поени
Шифра: 20447 Samsung E2600 14 950 поени
Шифра: 20472 Samsung I9195 GALAXY S4 MINI 119 950 поени
НОВО!
Шифра: 20487 Samsung GALAXY CORE PLUS 47 250 поени
НОВО!
НОВО!
Шифра: 20455 Samsung ATIV S GT-I8750 137 250 поени
Шифра: 20459 Samsung i8190 GALAXY S III MINI 64 950 поени
Шифра: 20405 Samsung GALAXY TAB 8.9 132 250 поени
Шифра: 20488 Samsung GALAXY TAB 3 10.1 P5200 109 950 поени
Шифра: 20474 Sony XPERIA М 62 250 поени
Шифра: 20456 Sony XPERIA Z 169 950 поени
Шифра: 20467 Sony XPERIA E 39 950 поени
Шифра: 20481 Sony Xperia L 72 250 поени