МОЈ КЛУБ бр.96

Page 1

БР.96 ОКТОМВРИ 2014

IFA 2014

РЕВИЈА НА ХЕРЦИ, БАЈТИ И ПИКСЕЛИ Гости:

ЗДРАВКО ДЕЈАНОВИЌ ЏИЈАН ЕМИН INSTANERD.ME

КАТАЛОГ НА ПОДАРОЦИ

Пријателства:

SKOPJE JAZZ FESTIVAL 2014 Нови телефони

SAMSUNG S5 MINI LG L3


Добредојдовте во светот на неограничените можности со најбрзата 4G мрежа! Во светот со 4G, прегледувањето на омилените песни и видеа на Youtube е вистинско уживање – без никакво чекање и прекинување, и тоа во HD.

Со 4G, сега можете веднаш да пронајдете сместување по свој вкус на кое било место во светот, директно од вашиот мобилен преку апликацијата на Аirbnb. Со помош на 4G, бизнис идеите стануваат реалност побрзо и поедноставно од кога и да е. Луѓето што се занимаваат со изработка на ракотворби сега со само неколку клика, преку мобилната апликација Etsy, можат да ги продаваат своите изработки низ целиот свет. Со 4G смартфон, билетите за концерти, настани и патувања ви се на дофат, а сите ресторани се одалечени само неколку допири на екранот – пронајдете, нарачајте или резервирајте веднаш.

Ние би сакале да ви го претставиме тој свет преку најбрзата и најголема 4G мрежа во Македонија. Свет во кој можете во движење, за неколку секунди, да направите што било, затоа што користењето 4G ви овозможува да дејствувате веднаш, со брзината на вашите мисли.

Повеќе ништо нема да биде исто! Добредојдовте во светот на бескрајните можности!


СОДРЖИНА 4-5 6 12 22 30 -34 42

Нови телефони: Samsung S5 mini LG L3

Наша тема: Искачување На врвот на светот, на врвот на себеси!

IFA 2014 Ревија на херци, бајти и пиксели

Филм-стрип-Венеција Номад во светот на Орвел

Пријателства: Skopje Jazz Festival 2014 Влатко Стефановски

Каталог на подароци

Списание за членовите на Мој клуб; излегува секој втор месец; Уредник: Оливера Ќорвезироска; Дизајн: Oдговорен сектор: Маркетинг и Комуникации. Контакт: Кеј 13-ти Ноември бр. 6, Скопје; тел.: 02 3242 585.

Издава: T-Mobile;


4

ТЕЛЕФОН

Samsung Galaxy S5 mini

МАЛИТЕ ГОЛЕМИ НЕШТА

Овој Samsung-ов модел настана во сеопштиот тренд на „минизација“ на мобилните, всушност, на варирање и развлекување на поимот „мини“. Но, од поодамна „мини“ не подразбира скромност туку сѐ повеќе и позабележително се врти кон шарм... Се вика Samsung Galaxy S5 mini и сериозно потсетува на Galaxy S5, уште поконкретно, претставува еден вид вкрстување помеѓу Galaxy S5 и Galaxy S4 mini. Поголем е од мини претходникот, има подобра резолуција, а и водоотпорен е. Мikro USB конекторот нема отворање и затворање (кое понекогаш знае да биде мошне напорно!) туку самиот си е водоотпорен (засекогаш и отворен и затворен) и ништо не зависи од вас! Позадината му е со точкаста изработка како кај Galaxy S5, што ги спречува отпечатоците од прсти и е практичност плус. Сертификатот IP67 ви гарантира дека вашиот нов Galaxy S5 mini може да преживее до половина час во вода, пиво, кока-кола... и тоа на длабочина од 1 m. (Целта на рецензијава не е да пресметува колку литри пиво има шише или конзерва од 1 m „длабочина“!)

Адути и предности

Адути на 4,5-инчниот екран се острината на приказот и исклучитената осветленост, како на отворено, така и во затворен простор. Боите како да излегуваат од екранот, а гледливоста од пошироки агли е нависти-

Солиден избор Samsung Galaxy S5 mini е навистина солиден избор за сите корисници кои сакаат моќен Android од средна класа: одличен екран, солидни перформанси, мошне добра камера и водонепро­ пустлив дизајн.

на импресивна. Карактеристики Екранот е заштитен Димензии: 131,1 x 64,8 x 9,1 mm со Gorilla Glass 3 Тежина: 120 g стакло, опремен со Екран: 4,5” Super AMOLED суперосетливост на допир и со рака720 x 1280 (~326ppi) вици. Оперативен систем: Android 4.4.2 KitKat Двете камери RAM: 1,5 GB, податочен простор: 16 GB + на овој модел се microSD do 64 GB мошне „способни“. Камера: 8 MP; HDR; LED; 1080p; предна: Дури и предната 2,1 MP 1080p камера од 2,1 MP Поврзување: 4G; WiFi; Bluetooth 4.0; GPS; може да снима во Wi-Fi hotspot; NFC full HD квалитет. Батерија: Li-Ion 2100 mAh Има и рачен и IP67 сертификат – отпорен на течности автофокус и „шкљои прав цнува“ навистина брзо, што секако е предност плус пред останатите модели. Што се однесува до оперативниот систем, Samsung Galaxy S5 mini доаѓа со Android 4.4.2 и со освежениот Touchwiz skin, што го „запознавме“ на големиот Galaxy S5. Мултимедијално Samsung Galaxy S5 mini целосно може да ве задоволи, а што се однесува до игрите, знајте дека Real Racing 3, Shadowgun, Temple Run 2... ги врти како од шега. Од останатите преинсталирани апликации, ќе го спомнеме само броењето на вашите чекори, на калориите, мерењето на вашата моментна возбуда и сл.


ТЕЛЕФОН

5

LG G3

ВРВОТ Е ДОСТИЖЕН, ПРЕД С ДОСТАПЕН! LG е еден од помалку наметливите производители на смартфони и можеби малку потценет. Досега врвот на бизнисот им беше производство на делови (пред сè екрани) за други производители (пред сè Apple). Во последните неколку години LG се наметнува и на пазарот за високо квалитетни Android уреди, а има и со што да се пофали. Екранот со True HD-IPS+ LCD технологија на LG G3 e секако една од позабележителните карактеристики на овој уред. Тој има дијагонала од 5,5” и резолуција од 1440 x 2560 pixels, што значи дека има густина на пиксели од 534ppi и е една од највисоките на пазарот. За да ги почувствувате придобивките од ваков екран најдобро е да гледате HD видео или слика, бидејќи самиот интерфејс нема да ви се види посебно различен. IPS

технологијата се карактеризира со LCD екран кој има подобра видливост под различни агли, но на сонце ќе ви треба полн контраст и осветлување. Копчињата на задниот дел од телефонот се нешто на што LG силно сака да нè навикне и, всушност, е многу практично откако ќе им успее (да нè навикнат). Заради ваквиот избор, уредот воопшто нема хардверско копче на предната страна, а тоа овозможува поставување на овој колосален екран од 5,5” во прифатлива димензија на телефонот. Убаво е да се види дека производителите овозможуваат и нагодување на овие главни навигациски копчиња, па така можете да бирате помеѓу три или четири главни копчиња, бирајќи ја функцијата на четвртото.

Камерата од 13 MP има и оптичка стабилизација на сликата и ласерски автофокус и ова се карактеристиките кои ќе ги сретнете кај мал број уреди на пазарот. Дополнително уредот има LED блиц со двоен тон (за дополнително калибрирање на сликата) и, внимавајте сега, ultra HD (4К) резолуција со 2160p (3840x2160 px), благодарејќи на моќниот четиријадрен 2.5 GHz Krait 400 процесор. Оваа висока резолуција всушност можете да ја гледате само на нови телевизори. Битна опција е и снимањето видео со 120 рамки во секунда, сепак, квалитетот на слика нема да ве остави подзинати.

„Гостинска опција“

Од останатите функционалности, уредот има 4G (макс. 150Mbps при преземање), Wi-Fi 802.11 a/b/g/n/ac, wiFi Hotspot, секундарна камера од 2,1 MP, GPS, FM радио, NFC и инфрацрвен предавател (далечински) за да можете да ги исклучувате турските серии кога ќе дојдете некому на гости. LG G3 е моќен уред, со уште помоќни перформанси за цена која е попривлечна од конкуренцијата.

Мултитаскинг опциите на Андроид се исто така искористени до максимум овозможувајќи преглед на половина екран на две апликации кои работат паралелно со опцијата „dual screen”. Големиот екран ја прави оваа опција дополнително привлечна затоа што и двете апликации се, всушност – употребливи. LG дополнително нуди и „Гостинска опција“ за да не морате да им кажувате на луѓето „можеш да го видиш, ама од моја рака“. Шегата настрана, ова е мошне практична опција во услови кога телефонот го користат повеќе луѓе (службени телефони и сл.).

Инфрацрвен предавател за да можете...

Ј. Гиров


6

НАША ТЕМА

Искачување

НА ВРВОТ НА СВЕТОТ,НА ВРВОТ НА СЕБЕСИ!

Здравко Дејановиќ, првиот Македонец што го освои врвот К2, најголемиот предизвик со кој може да се соочат алпинистите, специјално за „Мој клуб“ зборува за овој екстремен потфат, за суровоста на планината и „смртоносната зона“, за соочувањето со смртта и движењето од 20 часа без прекин... Мој клуб: Вие сте првиот Македонец кој го искачи врвот К2, најголемиот предизвик со кој може да се соочат алпинистите. Што, според вас, го прави овој врв толку суров, а истовремено и толку неодолив? З. Дејановиќ: Пред сè, временските услови го отежнуваат и го прават ризично искачувањето на врвот. Околу К2 има уште три врва повисоки од 8.000 m (Броуд Пик – 8.051 m, Гашербрум 1 – 8.080 m и Гашербрум 2 – 8.035 m) и десетина повисоки од 7.500 m со што се создава посебна микро клима која е крајно непредвидлива и исполнета со олујни ветрови и големи снежни врнежи. Исто така и насоките за искачување се речиси вертикални и технички доста тешки. Под нив многу често има снежни лавини и одрони од камења и мраз. Ова се главните причини што го прават врвот тешко достапен и за најподготвените алпинисти. Од друга страна, тој суров амбиент и навидум несовладливи препреки претставуваат голем предизвик и го прават овој врв можеби и најпривлечен за искачување.

„Танцување со... смртта“

Со 8.611 К2 е втор највисок врв по Монт Еверест. Поради најголемиот процент на смртност на висини над 8.000 метри (секој четври кој се искачил на врвот – загинал!), тој е наречен Дива Планина. Гледајќи ја оваа фрапантна статистика не може човек а да не ве праша кој е тој порив, тоа извориште на желбата, ете


НАША ТЕМА

и кај вас како алпинист, постојано да „танцувате со... смртта“? Лично јас, се обидувам да не ја перципирам оваа негативна и разочарувачка статистика, туку мојот мотив и оптимизам ги добивав од примерот на малкутемина алпинисти кои успешно го искачиле врвот и безбедно се симнале. Јас и лани се обидов да го освојам К2. Вкупно од цел свет бевме 21 аплпинист. Само шестмина стигнавме до 7.300 m. Двајца загинаа во лавина, а останатите се вративме назад. Но, таквиот судир со смртта не ме поколеба да се обидам и годинава.

„Без ветар, со чисто небо“

Славниот алпинист Стипе Божиќ неодамна ја објави книгата за „К2“ наречена „Триумф и трагедија“ во која пишува за спортскиот триумф кој при симнувањето се претворил во трагедија и грчевита борба за преживување. Тој знаел дека еден од експедицијата ќе почине, дури вели дека знаел и точно кој. Каква беше вашата среќа? Се запознавте ли со ужасот и со леснотијата на умирањето? Како, всушност, стигнавте до врвот, без проблем, или... Висината над 8.000 m, поради недоволното количество на кислород во воздухот е наречена „дед зона” и во неа е многу тешко да се функционира, мисловните и моторните функции на

Неопходно е да постои долгогодишен континуитет во физичка активност. Јас се бавам со спорт од моето детство и до ден денес можам, што се вика, на прсти да ги избројам деновите кога воопште не сум бил физички активен. Зависно од природата на врвот кој имам намера да го искачувам, менувам нешто во кондиционите подготовки или во техничките тренинзи.

7

телото се забавени, а неретко и откажуват. Пред искачувањето на врвот неопходни се околу триесетина дена аклиматизација, при што на тие висини доаѓа до исцрпување и ослабување на организмот. Во такви околности, по триесетина дена аклиматизација и со исцрпен организам, за да се искачи врвот неопходно е уште да се поминат и повеќе од 40 часа во „смртоносната зона”. Во такви услови секој момент во таа е борба за преживување, посебно ако дојде до некои непредвидени ситуации како што се лавини или влошување на временските услови. Што се однесува до мене, на Монт Еверест при искачување на самиот врв имав крајно лоши временски услови, бевме зафатени од снежно невреме, со што го почувствував стравот од неизвесноста за безбедно симнување. Оваа година на К2 поминав многу полесно, искачувањето на самиот врв беше во услови без ветар, со чисто небо... Во алпинизимот најголемите искушенија, велат, доаѓаат откако ќе се освои врвот. Зошто? Како што наведов претходно, за да се искачи врвот се трошат и последните сили, притоа не размислувајќи дали ќе имаме доволно енергија за симнување која е подеднакво неопходна како и за искачувањето. Исто така и поради среќата, радоста и задоволството од успешното искачување, при симнувањето сме помалку сконцентрирани на техничките постапки кои се неопходни за безбедност, со што се случуваат трагични настани.

Удобна лежалка за...

„Белата смрт“ е неодолива. Снегот, велат планинарите, е удобна лежалка сè додека не заспиеш, смрзнеш и... починеш. Таа (лежалката) лесно го намамува човекот. Како вие ги минувавте ноќите? На висини поголеми од 7.000 m, во шатор, ноќно време речиси е невозможно да се спие. Во ситуација на повеќедневна континуирана ненаспаност и недостаток на кислород во воздухот, потребна е многу голема психолошка сконцентрираност за да може да се издржи движењето, посебно во текот на ноќта и утринските часови без да се направи таа кобна грешка. Јас на Монт Еверест, на пример, при искачување на врвот бев во движење 22 часа без застанувања, а на К2 - 20 часа. Кажете ни нешто за базниот логор, и за тоа како полневте енергија, што конкретно јадевте за да бидете во кондиција? Во базниот логор на 5.000 m, храната беше еднолична: варен ориз или шпагети, а во висинските кампови само чај и некои видови солени бисквити. Така што, не постои можност за реално енергетско надополнување. Главен извор на енергија, според мене , се мотивот и желбата за успех.

Измислени приказни

Кога го освои К2, на пример, српскиот политичар Чедомир Јовановиќ, според пишувањето на српските медиуми, тој и


8

НАША ТЕМА

Искачување

неговата екипа имале логистичка поддршка дури од пакистанската војска, а на располагање имале и хеликоптер. Кој и како ви помогна вам? Таа информација не е точна. Тоа се измислени приказни на медиумите. Колку е голем предизвикот да се освои К2 доволно говори и овој обид за своевиден политички маркетинг. Тој во Пакистан бил во април 2013 на скијање, а К2 се искачува само во јуни и јули. Досега ниеден Србин го нема искачено К2, а Србија имаше два обида, во 2008 година, кога, за жал, им загина еден член на 8.300 m и 2012 год. исто така неуспешен обид. Во ниедна експедиција не учествувал Чедомир Јовановиќ. Toj воопшто не е ни планинар ни алпинист. Досега од бивша Југославија К2 го имаат искачено двајца Словенци и Стипе Божиќ од Хрватска и јас летово. Инаку, искачувањето на К2 го направив без помош од друг, без шерпас или висински носач, со тоа што неформално се приклучив на една група, каде што имав обврски за носење и поставување шатор, носење храна и боца со кислород.

„Суровите близнаци“

Во разговорот често го спомнувате и Монт Еверест, кој исто така го имате освоено. Можете ли да направите кратка паралела меѓу овие два врва, па и во однос на времетраењето на искачувањето?

Во суштина, тие се комплетно различни. Монт Еверест е планинарски, додека К2 е алпинистички врв. Се разликуваат и по временските услови. На Монт Еверест се многу поблаги и подостапни за искачување. Да се освојат двата „сурови близнаци“ неопходна е максимална физичка подготовка. Во што се состојат тренинзите за овој екстремен потфат? Треба ли да се поминат некакви филтри на селекција? Неопходно е да постои долгогодишен континуитет во физичка активност . Јас се бавам со спорт од моето детство и до ден денес можам, што се вика, на

прсти да ги избројам деновите кога воопште не сум бил физички активен. Зависно од природата на врвот кој имам намера да го искачувам, менувам нешто во кондиционите подготовки или во техничките тренинзи. Инаку, редовно се занимавам со планинарство, алпинизам, пливање, трчање, падобранство.... Во околината на К2 има 20-30 села. Имавте ли можност да се запознаете со луѓето таму. Како живеат тие? Имав мали контакти само со носачите кои ни ја носеа целата опрема до базниот логор. Тие се инаку од околните села и се многу затворени, некомуникативни и не го познаваат англискиот јазик, па беше многу тешко воопшто да се проба да се разговара. За жал немавме можност за каков било разговор и поблиско запознавање. Кој е вашиот следен предизвик? Јас сум член на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија, а моите искачувања на Монт Еверест и К2 се проекти настанати во Федерацијата од страна на нејзиниот претседателот – проф. д-р Јовица Угриновски. Искачувањето на К2 беше реализирано со помош на Агенцијата за спорт и млади и нејзиниот директор - Марјан Спасески. Следната година ќе се обидам да искачам три врва повисоки од 8.000 метри. Во април планирам да го освојам врвот Аннапурна (8.091 m), во мај Лоце (8.516 m), а во јули 2015 - Нанга Парбат (8.126 m). Текст: Н. Котевски Фотографии (портретни, Скопје): Е.Николова-Лиере


ВРЕМЕ ЗА НОВО ВРЕМЕ

9

Искачување Искачување

КОЛКУ Е ЧАСОТ?

Формата и технологијата на часовниците се менувале во текот на годините, а најновиот тренд на часовник е повеќе роднина на телефонот, отколку на часовникот. Дали тоа ни ѕвони иднината и ни кажува дека е „време за ново време“? Едно деноноќие од 24 часа е мерка за времето во очите на човештвото... Единица мерка за постигнување. Велиме дека времето поминува побрзо во сабота отколку во четврток, иако знаеме дека тоа е релативно. До каде сме во еден ден знаеме кога ќе погледнеме во стрелките на часовник,.. до каде сме во животот, знаеме кога ќе погледнеме во... самиот часовник...

Првите часовници

Тешко е да се даде заслуга на единствен мајстор за инвенција на часовникот, но можеби најпознат е Петер Хејнлејн од Германија во петнаесеттиот век. Околу ова време историјата ги запишува првите мајстори кои прават часовници. Тие биле механички, со пружина која ги придвижува стрелките на рамнотежно тркало, и оваа технологија на изработка на часовници ќе биде доминантна во наредните петстотини години.

Мода за жени и мажи

Многу долго време, модата за носење женски и машки часовници значително се разликувала и тоа не само по формата

на самиот часовник туку и по начинот на носење. Часовниците за жените, од кои првиот се смета дека бил подарен на кралицата Елизабета I, биле во форма на белегзии и биле зачетокот на она што денес се подразбира под рачен часовник. Часовниците на мажите биле чувани в џеб, со штипка, a се смета дека синџирче за чување кое поврзува внатрешен џеб со надворешен дел го полуларизирал принцот Алберт.

Материјали

На почетокот на 1970-тите, часовниците почнуваат да се прават од кварц, како искористување на особеностите на кристалот за изработка на електронски механизам со вакуум и осцилација на кристалот. Досега, ова е стандард во изработката на часовници, (заради цената на изработка), иако механичките часовници сè уште имаат свој дел во луксузниот дел од пазарот. За најточен часовник се смета т.н. атомски часовник кој функуцинира на принцип на трансформација на атоми под магнетно влијание. Секундата, всушност, е единица мерка која се мери според одредена трансформација на атомот на цезиумот.

Дигитална ера

Од 1980-тите се популаризира и дигиталниот часовник, кој во тоа време е дисплеј со бројки во калкулаторска форма. Casio и Gshock стануваат популарни, како и Seiko RC, и во популарната култура помладата генерација ги носи овие часовници. Околу новиот милениум има одреден флерт со „паметни“ часовници од технолошките компании, има часовници со Linux и Microsoft систем, но вистинскиот бум се случува минатата и оваа година, откако Google го објави Glass, а технологијата е доволно компактна да создаде мини компјутер во форма на рачен часовник. Неколку компании, LG и Motorola излегуваат со свои модели, и секако печатот на трендот го дава Apple овој месец со воведување паметен часовник во линијата на нивните продукти. Калина Зографска


10

ОДБЛИЗУ

НОВО ЗНАЕЊЕ. ИНСТАНТНО. Александар Тасевски и Наташа Кировска се двајцата основачи на InstaNerd.me, веб страница за забавно споделување факти и корисни информации. Со едноставна идеја и прекрасно пакување, лансирањето на Instanerd.me предизвика возбуда кај првите обожаватели и овозможи заслужен успех и популарност на еден навистина прекрасен проект. Александар Тасевски и Наташа Кировска се двајцата основачи на InstaNerd.me, веб страница за забавно споделување факти и корисни информации. Со едноставна идеја и прекрасно пакување, лансирањето на Instanerd.me предизвика возбуда кај првите обожаватели и овозможи заслужен успех и популарност на еден навистина прекрасен проект. Мој клуб: Здраво дечки, честитики на заслужениот успех! Кога почнавте, што ви беше желба и цел? InstaNerd.me: Здраво на сите читатели на „Мој клуб“. Приказната за InstaNerd започна како резултат на големиот мотив и желба да создадеме полесен начин на учење корисни работи од секојдневниот живот. Самата идеја произлезе од нашите секојдневни разговори на различни теми и прашања од типот: Зошто небото има сина боја?, а подоцна почнавме да додаваме и корисни совети, како на пример: Како да сочувате веќе исечено парче јаболко и слично...

„Ако шетате во стара шума...“

Како дојдовте до изборот на името: InstaNerd.me? Сакавме од самото име да се знае точно за што се работи. Името праволиниски насочува дека инстантно ќе добиете ново знаење. Дали се сеќавате која беше првата InstaNerd-реченица којашто сакавте да ја споделите? Дали имате најдрага реченица и најдраг факт? Првата реченица ни беше: „Ако шетате во стара шума и погледнете во дрвјата ќе забележите дека речиси сите имаат иста висина. Тоа се должи на нивното меѓусебно натпреварување да стигнат до светлината од сонцето”. http://instanerd.me/v/16 Најдрага реченица ни е: „Кога група луѓе се смеат, секој поединец инстинктивно ќе погледне во личноста со која чувствува најголема близина”. http://instanerd.me/v/85 Убавото пакување на знаењето ви е значајна карактеристика. Како дојдовте до овој дизајн на логото и страницата, и подвлечениот текст?


ОДБЛИЗУ

Дизајнот е заснован на фактот дека за полесно учење и помнење на работите големо влијание има правилната типографија, должината на речениците, како и целиот визуелниот распоред на елементите. Во прв план е сликата која е пресудна дали читателот ќе продолжи и ќе го прочита текстот, а исто така и придонесува за подоцнежно полесно меморирање на фактот. Намерно не користиме наслови на фактите, но затоа подвлечениот текст ја има таа улога и е директно поврзан со сликата. Логото е исто така едноставно и лесно за помнење. Во основа се почетните букви од InstaNerd, но има и скриена приказна, а тоа е англиската буква „I” која во превод значи „Јас” и буквата „N” како горен индекс, според кое приказната би била: Јас добивам знаење.

Знаење или разонода?

Nerds или geeks? Повеќе Nerds, но секако може и geek-овите да бидат предизвикани од овие факти и да продолжат да истражуваат во тој домен. Nerds затоа што даваме поопшта слика на одредени појави како функционираат во природата (без навлегување во детали) и со тоа дознаваме нови нешта кои досега во животот не сме се запрашале што значат. Geeks затоа што поентата е да учиме сите, а со тоа и да го шириме знаењето во комуникација со наши блиски пријатели, да го надоместиме сето она што од училиште сме го заборавиле. Дали мислите дека вашата публика доаѓа по знаење или по разонода? Сметаме дека нашата публика доаѓа пред сѐ по знаењето, иако

24

тоа можеби го прави во моментот кога ќе има слободно време. Овие информации се предвидени да се учат на лесен начин без да го оптоваруваат читателот, но, сепак, самата содржина ги привлекува да се вратат повторно. Успеавте да создадете тон креативна и конструктивна енергија преку објавата на вашиот проект на ProductHunt. Која е препораката за некој кој почнува во моментов со некој проект, што знаете сега, што посакувавте да сте знаеле од самиот почеток? Формулата е: колку ќе вложиш - толку ќе добиеш. Многу работа и упорност. Ако од првиот пат нема да успее, од 125. може и ќе успее! Исто така треба да се слушаат корисниците, бидејќи, сепак, за нив се наменети продуктите. Корисниците знаат што сакаат, а доколку им понудите нешто ново, тоа треба да биде добро презентирано за да им го привлече вниманието. Која е најпопуларната реченица досега? Најпопуларна, а исто така и најсподелувана реченица до сега е: „Најчесто на таблата во автомобилот има индикатор кој покажува од која страна се наоѓа вратата за полнење гориво”. http://instanerd.me/v/30 Веројатно сте примери и идоли за многумина што ја прочитале вашата приказна и го виделе вашиот сајт. Кои проекти/веб страници/личности биле ваша инспирација? Не би можеле да издвоиме баш конкретна инспирација, но секојдневно следиме што се случува на светската ИТ сцена, најчесто преку www.medium.com, www.quora.com, www. producthunt.com и www.theverge.com. К. Зографска

Планови Мој клуб: Што е следно во план за InstaNerd? InstaNerd: Освен секојдневните подобрувањата на основнaта веб страница, работиме и на iPhone апликација која ќе излезе во следниот период, а исто така во тимот ни се приклучи уште една личност која има повеќе успешни проекти зад себе...


12

IFA 2014

Најголемиот европски саем на потрошувачка електроника

РЕВИЈА НА ХЕРЦИ, БАЈТИ И ПИКСЕЛИ Од 5 до 10 септември се одржа еден од најстарите, воедно и најголем саем на потрошувачката електроника во Европа – популарниот IFA или Internationale Funkausstellung Berlin, како што е полниот назив на германски. Продефилираа најголемите светски производители, го посетија стотици илјади посетители и се направија нарачки од милијарди евра. IFA претставува една од најстарите саемски манифестации во Европа, којашто, освен прекините околу Втората светска војна, во континуитет се одржува веќе 90 години. Во буквален превод името на манифестацијата значи „Меѓународна радио изложба Берлин“ или „Берлин радио шоу“ што кажува дека во нејзините почетоци, најголемо достигнување било радиото и откритијата и уредите поврзани со него. Тоа не е ни чудно имајќи предвид дека првиот IFA саем се одржал во далечната 1924 година и на него 242 изложувачи се претставиле пред 180.000 посетители што за тоа време било навистина солидна

посетеност. Сè до 1938 година или до почетокот на Втората светска војна, саемот се одржувал годишно, по војната или поточно од 1950 па сè до 2005 за да стане биенална манифестација. Последните 10-тина години (од 2005) повторно се одржува секоја есен и повторно во Берлин (по војната имаше селење на саемот низ неколку германски градови, конечно и повторно за да се врати во Берлин во 1971). Започна како радио саем, а од 1995 година прерасна и официјално во најголемиот мултимедијален саем во Европа, тренд кој низ годините само се надополнуваше со нови и најмодерни уреди од најпознатите

светски произведувачи на потрошувачка електроника.

„Изданието“ од 2014

Годинава IFA се одржа од 5 до 10 септември и според она што се случуваше пред и за време на одржување на саемот, може да се заклучи дека навистина ова случување е нашироко и на големо прифатено од најпознатите светски производители на секаков вид електроника за крајните потрошувачи кои го чекаа баш овој настан да ги претстават своите „знаменосци“ со кои планираат да ги освојуваат купувачите. Во продолжение ќе споменеме дел од нив.


ФОРМУЛА 1

„Знаменосците“

Samsung е една од компаниите која уште пред почетокот на саемот ги претстави своите адути – Samsung Galaxy Note 4 и Samsung Galaxy Note Edge. Првиот модел претставува наследник на серијата 3 од минатата година, секако со низа подобрувања кои го прават еден од најдобрите комуникациски гаџети на денешнината. Со можеби еден од најдобрите екрани кој службено е со ознака QHD Super Amoled, а Note 4 е првиот телефон кој го поседува, и хардвер кој овозможува надреално остра слика со густина од на пиксели од 515 ppi, овој уред едноставно плени буквално на прв поглед. И останатите карактеристики се

беспрекорни, па сето тоа заедно дава одлично корисничко искуство и вистинска главоболка за конкуренцијата. Другиот Note пак, е уште поспецифичен. Самото име Edge кажува дека се работи за уред чиј екран поминува и преку работ на уредот. Всушност, станува збор за дополнителен екран којшто визуелно се надоврзува на главниот – функција која уште сега ги раздели корисниците на такви кои мислат дека ќе им помогне, и оние кои тврдат дека не гледаат никаква практична примена на ваков тип екстензија на екранот. Паметните часовници, исто така беа дел од презентираните производи на IFA 2014. Sony го претстави својот SmartWatch 3, прв уред на овој производител кој го користи Android Wear оперативниот систем, Има екран од 1,6 инчи, четирикатен процесор и 512 мегабајти работна меморија. Ги има сите карактеристики на паметен часовник, а она што го одвојува е стилскиот изглед кој полека станува стандард и за останатите производители. Покрај него, Sony го претстави и паметниот телефон Xperia Z3. Се работи за одличен голем телефон со дијагонала на екран од 5,2 инчи, моќен четворојадрен процесор со работен такт од дури 2,5 гигахерци и цели 3 гигабајти RAM. Главната камера е исто така со исклучителни 20,7 мегапиксели резолуција и можност на снимање на 4К видео. Со свои телефони се претстави и гигантот Microsoft, надополнувајќи ја својата серија Lumia со два нови модела од среден ценовен ранг. Се работи за моделите 730 и 830, а заеднички им е оперативниот систем – Windows Phone 8.1. Останатите карактеристики се просечни (споредено со она што го спомнувавме погоре), а од интересните карактеристики вредни за спомнување се опцијата за безжично полнење на Lumia 830 и предната камера на Lumia 730 која изнесува цели 5 мегапиксели, па телефонот инстантно стана „одличен за селфи“. Од останатите уреди, ќе ја споменеме U

13

серијата на телевизори од Toshiba. Освен поддршката за најновите технологии како 4К за видео на пример, она што ќе ги разликува овие телевизори од конкуренцијата е персонализираната услуга за автоматска препорака на содржини наречена MediaGuide Replay. Покрај услугата за препорака на програми и содржини врз основа на претходните навики на гледачот, оваа функција нуди поврзување на уредот и со надворешни уреди како таблети на пример, давајќи му дополнителна вредност кога станува збор за уживање и заокружување на позитивното корисничко искуство.

Факти и бројки

Покрај овие производители, на IFA 2014 продефилираа уште стотици други, некои повеќе некои помалку познати, притоа презентирајќи производи кои се движеа од класата наједноставни наменети за секого и за сечиj џеб, па сè до уникати и прототипи кои сè уште не се подготвени за масовно производство. Според организаторот, за овие 6 дена додека траеше саемот се направени нарачки во вредност од 4,5 милијарди евра кои што ги направиле дел од 240.000 посетители кои поминале и ги посетиле штандовите на производителите (1.538-те нив, да бидеме попрецизни), распослани на 149.500 метри квадратни, што претставува најголем простор досега искористен за некој IFA настан и саем. Со овој саем, Европа покажува дека ни малку не заостанува зад останатите слични вакви настани, како најпознатиот во Лас Вегас, на пример, и дека овдешниот пазар и потрошувачи се подеднакво ценети и препознаени, исто како американските или азиските кои сè уште важат за вистински „фанатици“ кога станува збор за хај-тек опрема, гаџети и новитети. Г. Постоловски


14

ГОСТИН НА МОЈ КЛУБ

Џијан Емин

РОДЕН ЗА МУЗИКА!

„Како дете мечтаев да свирам со Берлинската филхармонија, а денес посакувам да диригирам со неа“, вели Џијан Емин, личност со која сите сакаат да другаруваат и да соработуваат, миленик и на публиката и на критиката. Едноставно, блескав музичар за кого веќе дознава и светот!


Судејќи според енергијата, љубовта и искреноста што ја зрачи, но и според успесите кои веќе ги постигнал, за Џијан Емин дури и небото не е веќе граница. По диплома е хорнист кој две децении е дел од Македонската филхармонија, но многу наскоро ќе се здобие и со втората титула – дипломиран оркестарски диригент. Секако, оваа листа на дарби не е конечна туку продолжува со тоа дека тој е еден од најистакнатите македонски мултиинструменталисти, композитори, аранжери, за чии креации знае и Светот. Сепак, самиот ќе рече дека за најважен и најуспешен од сите проекти во животот го смета своето семејство кое го создал со сопругата Ана (пијанистка) и тригодишниот Јан, кој пак, уште сега самоуверено тврди дека ќе биде подобар од својот татко.

„Запознавање“ со хармониката

Мој клуб: Надареноста се наѕира уште во најраното детство, но вам релативно доцна ви се случи професионалното обликување на талентот... Како почна и како се разви вашата музичка приказна? Џ. Емин: Татко ми е музичар и тој на 6 години ми ја купи првата хармоника, но бидејќи бев многу ситен не можев да ја влечам. Затоа почнав да свирам на десетгодишна возраст. Се сеќавам ми ги местеше прстите и така ме научи на основите во хармонијата и ми ги покажа скалите. На почеток ме учеше евергрини, народни и забавни песни, но не само домашни туку и од регионот и од целиот свет... полки, валцери, руски и мексикански песни, како и џез стандарди. Таков ми беше првиот контакт со музиката, со прилично богат и разновиден опус што подоцна се покажа како нешто многу важно и корисно.

Прва хорна во филхармонијата

Кога почнавте со формално музичко образование? Мошне доцна, дури на 16 години. Не знам колку е позната приказнава, но јас прво почнав да учам во АСУЦ, откако мојата желба да станам лекар пропадна. Ме одбија на приемниот испит во медицинското училиште и тоа многу ме погоди. Така нервозен заедно со другарите од Топанско отидов да учам за автоелектричар. Но, татко ми не можеше да се помири со тоа таков талент да не се школува за музичар. Така јас и по

„Крилја за личен уметнички влог“ Она што последно ви се случи, а за што сè уште живо се зборува, е музичкосценскиот спектакл „Музика Универзалис“ кој се одржа летово во охридскиот амфитеатар. Фантастичниот настап со еден од пионерите на детроитската техно сцена, Дерик Меј и Македонската филхармонија, се чини дека ви отвора една важна страница во вашата кариера. Вие одигравте важна улога и како оркестратор и како диригент.. Она што се случи во Охрид се случува еднаш во животот. Од овој проект сите излеговме како победници – и музичарите и публиката. Дерик Меј важи за суетен во однос на своите дела, но уште при првото преслушување на оркестрациите ми даде дозвола да продолжам да правам што сакам со нив, што беше голем комплимент за мене и ми даде „крилја“ за голем личен уметнички влог. Токму овој проект ми го врати композиторскиот порив. Од него ќе има дискографски изданија (ДВД, ЦД, но и винил), а очекувам и долг сценски живот. Потврда за тоа е и поканата која ја добивме со Дерик Меј само две седмици по охридскиот настап за гостување на проектот на фестивалот „ОдеГант“ во Белгија со тамошниот Фламански симфониски оркестар. Од самиот почеток верував дека овој проект ќе има светска слава, а сега веќе сум убеден во тоа.

вторпат се запишав во прва година, но овојпат во средното музичко училиште. На приемниот испит ми дадоа да свирам хорна, еден од најтешките музички инструменти. Прв пат во рацете ја држев оваа долга извиткана цевка, која веднаш ме фасцинираше. За да произведете еден тон на неа се потребни и месеци, а јас веднаш на првиот час ја свирев „Билјана платно белеше“. Секогаш ќе ја паметам таа прва средба со мојот професор Левче Трајковски, како и целото средношколско и факултетско образование поминато со него. Прекрасен и како човек и како педагог. Ме поддржуваше во сè што правев и веднаш процени дека сум на добар пат. Така станав прва хорна во Македонската филхармонија уште кога бев во прва година од средното училиште. Дали дружбата со сите жанрови продолжи и потоа откако почнавте да ја изучувате класичната музика, или таа го доби приматот? Веднаш се одушевив од класичната музика, од светот кој дотогаш не ми беше познат. посветував најмногу внимание, но паралелно со навлегувањето во „класичниот“ музички свет, почнав интензивно и да свирам во бендови, што пак, беше уште една нова страница за откривање. Не знам колку сум успешен во сè, но мене ми е убаво да го правам ова и го правам, зашто сакам да го правам и зашто едноставно уживам во тоа. Може ли да се добројат сите реализирани концерти, проекти,

бендови, дискографски изданија каде што се појавува вашето име во улога на солист, камерен музичар, студиски или концертен изведувач, аранжер, композитор, диригент, продуцент, стручен консултант...? За жал, немам точни податоци, а вистинско време е сè да ставам на хартија, зашто од почетокот на моето активно авторско-уметничко делување од 1998 ангажманите само прогресираат, а меморијата не е бесконечна. Нема


16

ГОСТИН НА МОЈ КЛУБ

Џијан Емин

простор да ги набројувам сите концерти како хорнист со Македонската филхармонија, но и со Белградската, каде што бев „позајмен“ извесно време. Тука се и концертите како класичен солист, камерен музичар, активностите во другите жанрови со бендовите како „Проект Жлуст“, ДНО, Квартетот на Георги Шаревски, „Скопје Конекшн“, многу проекти со „Архангел“, соработките со Бодан Арсовски, Тони Китановски, Кирил Џајковски, „Фолтин“ и Никола Коџабашија, Тоше Проески и кој уште не од релевантните музичари на македонската и меѓународната сцена. Не можам да ви дадам прецизна пресметка за километража на отсвирени концерти и проекти, но кај дискографските изданија во кои имам удел сигурно ќе дојдеме до бројот 30.

Незаборавни моменти

Кои моменти од кариерата од оваа денешна дистанца ви изгледаат круцијални во вашиот творечки развој? Кои се своевидните пресвртници? Првиот (со татко ми) и вториот (со мојот професор) веќе ги споменав, а следниот голем момент (пред некои 7 - 8 години)

беше дадената шанса од директорката на Македонската филхармонија, Маја Чанаќевиќ, нашата музика (мојата и на Иван Бејков која е дел од нашиот „Проект Жлуст“) да доживее симфониско издание. Имено, веќе со самото доаѓање на нејзината функција како директор, таа визионерски отвори нови аспекти во работата на овој реномиран национален оркестар и покажа несебична доверба кон нас, новите автори кои не влегуваме под капата на „железниот“ репертоар. Следниот важен момент беше средбата на Георги Шаревски со менаџерот Енрико Блумер кој беше дојден на Скопскиот Џез фестивал, а која потоа резултираше со еден настап на Џез фестивалот во Клузоне, Италија. Таму Енрико нѐ спои мене, Георги и извонредниот трубач Лука Аквино и така се создаде бендот „Скопје Конекшн“, состав со завидна меѓународна траекторија. Исто така за мене е важно и формирањето на оркестарот Ф.А.М.Е.С., кој еве пишува светла историја на снимање на светска филмска музика со македонски музичари, тука во Македонија. Лорен и Од (менаџерите на овој оркестар) ми ја дадоа и својата доверба, па за оркестарот правам и оркестрации и диригирам со него. Така моето име ќе стои и во

Гинисовата книга на рекорди, како оркестратор на музиката на Мет Феди која го одбележа најголемиот новогодишен огномет кој се случи оваа година во Дубаи. Дали сметате дека доколку живеевте надвор ќе имавте повеќе можности за уметничко искажување? Не знам како би било доколку живеев надвор, но сметам дека живеејќи во Скопје имав многу шанси да свирам и да соработувам со многу светски признаени имиња, меѓу кои се и такви кои имаат добиено престижни награди како Оскар и Греми. Да споменам некои од нив – Малколм Брн, продуцент кој има работено со „Ју Ту“, Питер Габриел, Боб Дилан,.. Вилијам Паркер, Грег Хопкинс, Питер Херберт, Дамо Сузуки, Џовани Фалцоне, Френк Лондон, Боб Стјуарт, Џанлука Петрела, Лука Аквино, Ернст Рејсегер и многу други. Во областа на класичната музика и не е можно да ви ги набројам сите врвни диригенти под чија палка сум свирел со Македонската и Белградската филхармонија, со Портланд Симфони и Ист Вест Ворлд Оркестра. Текст: Б. Костиќ-Марковиќ Фотографии: Е. Николова-Лиере


ИНФО ПРОЗОРЕЦ

17

ЗАПОЗНАЈТЕ СЕ СО МОБИЛНАТА АПЛИКАЦИЈА TELEKOM МК Со помош на новата мобилна апликација Telekom МК, во моментов достапна за припејд корисниците, повеќе немате потреба да се јавувате во Контакт центар или да одите во Телеком продавница за да добиете информации за вашата сметка, или за да активирате некоја од припејд опциите. Отсега, одговорите на сите ваши припејд прашања и барања можете да ги пронајдете на апликацијата Telekom MK.

Што се може да се направи преку TELEKOM MK апликацијата: ▪ Да се провери состојбата на сметката и статусот на сите активирани опции и услуги; ▪ Да се активира бесплатен бонус за разговори, ЅМЅ пораки, интернет; ▪ Да се активираат дневни, неделни и месечни опции за разговори, SMS и интернет; ▪ Да се пронајде најблиската Телеком продавница. Како и многу други можности меѓу кои:

Како се презема и користи TELEKOM MK?

▪ Да се префрлаат минути, интернет или 100 денари од еден на друг Т-Mobile припејд корисник; ▪ Да се проверат поените во Мој Клуб програмата за лојалност; ▪ Да се покани пријател да се приклучи на COOL екипата;

Апликацијата е достапна за преземање од Google Play – за Андроид корисници, или преку App Store – за Apple корисници. Потоа се регистрирате со помош на вашиот My T-Mobile профил. Доколку сеуште немате My T-Mobile профил, следете ги чекорите низ кои ве води апликација директно од вашиот мобилен, или пак најавете се на https://my.t-mobile.mk од вашиот компјутер.

Преземи ја TELEKOM MK денес и добиј 1GB интернет гратис! За користење на апликацијата TELEKOM MK следува и дополнителна награда: Преземете ја апликацијата денес и регистрирајте се за да добиете гратис неограничен интернет цела недела!


18

НАГОСТИ ВО...

www.preplet.mk

ДОМ НА ФАНТАЗИЈАТА „Преплет“ е креативно студио во срцето на Дебар маало. Уметничка „адреса“ на две млади дизајнерки - Викторија Ланговска и Магдалена Дилевска каде што се вдомила фантазијата. Ова инспиративно катче на градов му влева урбан, велеградски шмек; впечатлив влез во еден поубав и поведар свет.

Замислен како место каде што можат да се најдат најразновидни дизајнирани производи, накит, аксесоари за домот и уште многу други мали детали, „Преплет“ си задал себеси да разубавува, но и гласно да говори за уникатноста, за стилот... Сето тоа исклучиво на македонски јазик и со кирилични букви!

На почетокот беше... Мој клуб: Како се роди „Преплет“ и каква приказна раскажува? „Преплет“: Идејата за „Преплет“ се роди за време на нашите студентски денови, кога, всушност, се запознавме и ние двете. Многу наши интереси и стилови од областа на дизајнот се поклопија и за кратко време сфативме дека заедно како тим совршено се сложуваме. Така, најпрво почнавме со изработка на плетен накит и учествувавме на повеќе изложби и фестивали. По завршувањето на студиите направивме една непланирана пауза, работејќи во сосема различни области. За среќа, таа пауза ни овозможи уште повеќе да си ги осознаеме стилот и правецот во којшто сакаме да се движиме, па така новиот и вистински „Преплет“ се роди пред година и пол во форма на креативно студио со многу производи кое секојдневно работи на нови и нови нешта... Торбички, рамки за слики, шолји, постерчиња, накит, нотеси... Вашите уникатни дизајни ги разубавуваат девојките, го разубавуваат домот и нашето најблиско опкружение... Што сè креирате? Во што најмногу уживате? Во кој дел од процесот?


НАГОСТИ ВО...

19

„Гаранција“ за подобар свет

Мој клуб: Кога ќе го посети вашето студио, човек има чувство дека зачекорува во еден поубав, посреќен и поведар свет, а со секое купено парче може да понесе со себе дел од него, да сподели среќа, да измами насмевка... Дали дизајнот и убавото можат да бидат „гаранција“ за подобар свет? „Преплет“: Наша цел е преку пораките и дизајнот да им го разубавиме денот на луѓето, и тоа не само на оние што ќе влезат во нашето студио, туку и на оние кои редовно нè следат на социјалните мрежи. Целта е да најдеме момент за себе, да се насмееме и опуштиме. Има многу работи кои нè опкружуваат и влијаат врз нас и врз нашето расположение, но ако си дозволиме да се опкружиме себеси со позитивни мисли и ако еден дизајн успее да измами насмевка на нашето лице, тогаш дефинитивно дизајнот и убавото можат да бидат „гаранција“ за подобар ден, подобар свет!

Во нашето студио можат да се најдат најразновидни дизајнирани производи, како и аксесоари за домот и уште многу мали детали кои се тука за да ја поттикнат позитивната мисла и да ни го разубават денот. Прво нешто што креираме е пораката која сакаме да ја пренесеме. Секогаш кога подготвуваме нова колекција почнуваме од пораките и целосно се посветуваме на секој одделен производ. Внимателно одбираме која порака на кој производ најмногу ќе соодветствува и според стилот на пораката ја одбираме техниката потребна за аплицирање врз производот. Токму поради ова, не можеме да издвоиме кој дел од процесот ни е омилен, ниту пак, можеме да избереме омилен производ, на сите сме им целосно посветени и она што најмногу нè радува и нè исполнува, моментот на најголемо уживање е оној кога ќе ги видиме крајните производи наредени во нашето студио.

Будење на креативноста Што е она што ја буди вашата креативност? Фантазијата, моментите споделени со пријателите, филмовите, погледот кон минатото, кон иднината... Или, можеби, задлабочувањето во себеси? Кога се работи за креативност и инспирација, тука никогаш не може да се каже дека има некое одредено правило. Бидејќи кај нас се работи за производи кои пренесуваат одредена порака и емоција, креативноста ја наоѓаме буквално во сè. И дома, во највообичаените обврски, во изреките кои случајно ќе ги слушнеме од некој обичен минувач, низ секојдневните разговори со пријателите и, нормално, од секојдневните чувства и емоции кои ги доживуваме. Насекаде околу

нас лебдат безброј убави зборови, македонски изреки кои несвесно ги користиме, симпатични фрази со двосмислено значење и уште милион едноставни реченици кои можат да нè допрат. Ние само се обидуваме да фатиме дел од нив и да ги презентираме во форма во која секој би можел да се пронајде на свој и индивидуален начин. Уникатниот спој на традицијата и модерното, на ретро и современиот изглед, е склопот кој зачинет со вашата посебност ги прави Преплетовите дизајни единствени и оригинални. Колку македонскиот човек денес е желен за уникатност и е подготвен да ја искаже својата (или да ја препознае и признае) туѓата индивидуалност? Ние во овој „Преплет“–проект, можеме слободно да кажеме дека влеговме многу храбро, но и со многу прашалници за тоа како ќе реагираат луѓето на нашата работа. Бевме желни да покажеме еден нов стил и концепт на работа кај нас, што надвор од земајава е веќе добро познат. Знаевме дека луѓето се веќе запознаени преку интернет со вакви мали креативни студија, со дизајнирани предмети и интересни графички дизајни, ама не бевме сигурни во врска со навиката и изборот да купуваат такви нешта во секојдневието. На крај, со гордост можеме да кажеме дека имавме одличен одзив уште од самиот почеток и тој сè повеќе расте. Нашето студио има сè поголем избор на предмети за домот и сè повеќе насмеани лица во него. Благодарни сме им на сите наши фанови кои нè следат и редовно доаѓаат во нашето студо да проверат што сме создале ново и да си купат подароче за себе или за свој близок.

Почит кон јазикот и писмото Пораките на вашите дизајни испишани со кирилични букви не само што оддаваат почит кон македонскиот јазик туку искрено го прегрнуваат сето она што е наше, што на сите ни е блиско... И заедничко... Која е најгласната порака која сакате да му ја соопштите на македонскиот млад човек? Стилот што почнавме да го градиме за „Преплет“ е нашите предмети секогаш да соопштуваат порака на македонски јазик и на кирилица, порака која тешко може да се преведе на странски јазик, затоа што најчесто е разговорна и баш поради тоа може да создаде силни врски меѓу нас. Би направиле комбинација на две пораки кои можат да се најдат во нашето студио, вредна за споделување со вашите читатели: „Насмеј се гласно, не под мустаќ, затоа што животот е куп среќни моменти!” Што планира „Преплет“ за во иднина? Како што веќе напоменавме, „Преплет“ е место во кое се создаваат дизајни и пораки кои имаат за цел да ни го разубават денот. Планот за во иднина е да најдеме што е можно повеќе начини преку кои овие пораки и дизајни ќе можат да допрат до што поголем број луѓе. Да продолжиме да креираме позитивни моменти во секој дел од животот. „Преплет“ и понатаму ќе се стреми да го преплетува животот со убавина. Текст: Ц. Беличанска Фотографии: Б. Ќосева


20

ТЕАТАР

„Трамвајот наречен копнеж“

„НЕ ГЛУМИ, БИДИ ПУБЛИКА!“ Овој пат продуцентот и основач на Theatra – Марија Зафирова, својот нов проект одлучи да го смести во магичната - кабаре атмосфера на Станица 26, од каде што заедно со целиот тим прати една јасна порака „Не глуми, биди публика“. Бланш во овој проект е Бела, а Бела ја игра Ирена Илиевска. Поразговаравме со двете главни „патнички“ во „Трамвајот...“:

Со Марија Зафирова

Mој клуб: Колку труд ве чинеше билетот до Станицата 26 каде што се случи најновата премиера на вашиот независен театар? М. Зафирова: Во период на едно општо мнение во Македонија кое ретко остава простор за театарот или пак, често го остава на маргините, мoжам да кажам дека е вложен

На прагот на новата театрска сезона, кога есента неодливо ја кани публиката во гледалиштето, независниот театар Theatra мошне умешно и достоинствено се претстави со орлеанскиот ,,Трамвај наречен копнеж “ на Тенеси Вилијамс.

голем заеднички труд поддржан од нашата продукција. Кога велам заеднички, мислам на комплетниот тим што работеше на претставата, а секогаш заедничката верба и работа се клуч за правењето претстави. Сепак не нè чинеше толку колку што уживаме во наградата од публиката, во аплаузот, во посетеноста, во поддршката, тоа е незаменливо и сè друго станува неважно. Холивудскиот морален код од 50-тите години на минатиот век не дозволил во тоа време мал дел од оригиналната театарска приказна на Тенеси Вилијамс да биде пренесена на платното. Колку вие избегавте од вистинските рамки на „Трамвајот наречен копнеж“? Живееме во време кога нештата се преиспитуваат, многу вредности и морални кодекси се ставени под прашалник, многу сфаќања, идеологии се разнишани во нивните темели, така што во фокус особено доаѓаат текстовите и зборовите, многу често и во целост. Тоа значи дека ниедно од прашањата што ги поставува текстот не остана затворено, сите теми се изнесоа. Текстот беше само малку компресиран поради динамиката на изведбата и ефикасното извлекување на овие теми пред публиката, но ниеден дел


ФОРМУЛА 1

не остана во сенка. Секако меѓу љубовните и семејните прашања особено се издвојува етикетирањето на индивидуалецот од страна на средината во која живее и колку тоа влијае на него и на неговиот живот и колку тој лично се поведува од сопствените и туѓите сфаќања. Сите слоеви на делото се прикажани на сцената. Кои се патниците кои ви се придружија на ова патување? Дали е тоа постојаниот екипаж на Theatra или си приуштивте нов кастинг? Имавме повеќе нови соработници: режија - Филип Петковски, асистент на режија - Драгана Стојчевска, актери Васко Костовски, Ирена Илиевска, Ивана Атанасова, Марко Богдановски, Сема Муртеза, Столе Мицов, Јеткин Сезаир, Виктор Арсов, Талија Настова, Владанка Димковска и Кирил Андоновски (иако со него соработувавме и во нашата прва претстава „Мизантроп“). Тука е и бендот со Билјана Стојкоска, Блажен Настевски, Драган Теодосиев и Филип Петревски, костимографија - Антонија Гугинска Јорданоска. Основниот тим на Theatra сочинет од Наташа Петровиќ, Магдалена Дилевска, Ива Дујак и Горјан Милошевски е секако тука, со својата несебична поддршка во комплетниот процес. Theatra отсекогаш отворала

шанси за поврзување со нови креативни сили и во секој нов проект имаме нови соработници покрај нашиот постојан тим. На тој начин постојано тече размената на идеи и се освежува театарскиот пристап кон продукциите. Theatra поставува нови стандарди, отвора нови театарски хоризонти. Колку нејзината независност, всушност, придонесува за тоа? Незвисноста придонесува многу, поради неа можеме да развиваме автентичен израз речиси без никакви ограничувања. Тоа значи не сме врзани со конкретна група актери или ансамбл, со еден простор и со ред други нешта. Тоа дава многу поголема слобода во нашата работа, но во исто време дава и одговорност и потребно е многу да се трудиме за да се создаде посебен сензибилитет преку кој ќе понудиме нови видици на публиката. Комплексна љубовна приказна за моралот и лудилото, мошне умешно и достоинствено адаптирана на прагот на новата театарска сезона. Ќе се задржите тука некое време или продолжувате? Која е вашата следна станица? Би сакала да кажам дека сум задоволна што сите линии од оваа комплексна приказна ги претставивме во, верувам, една динамична претстава што публиката, според изведбите досега, ја доживеа во еден здив и не остана рамнодушна. Како што спомнавме, не сме врзани со еден простор и во секој нов проект се бира простор што е најсоодветен, што го надоградува театарскиот приказ. Така беше и овој пат кога наидовме на поддршка од Станица 26 и се разбира, доколку повторно се случи тоа, ќе ни биде навистина драго. Оставам малку време да се средат нашите концепти, режисерските, сценографските,.. за да се добие јасна слика за нашата следна станица, па тогаш ќе дознаете преку нашите официјални веб страници каде ќе „патуваме“...

Со Ирена Илиевска Мој клуб: Елегантна, сентиментално прецизна, бурна и тивка... Колку време ви требаше да се зближите со вашата Бела? И. Илиевска: Со Бланш, во нашата верзија - Бела, за прв пат се сретнав во вториот круг на приемниот испит на ФДУ. Првата помисла кога ја прочитав драмата и видов што треба да играм, беше дека за моите 18 години тоа е огромен залак. На мое големо задоволство, успешно поминав,

21

ме примија на ФДУ и така Бланш за мене стана лик кој ќе го паметам целиот живот. Во друга прилика, работев на друг лик од истата претстава, па така зближувањето со Бела за мене беше еден долгогодишен спонтан процес... Кога Филип и Theatra ми пријдоа со понудата за „Трамвајот наречен копнеж“, со задоволство го прифатив предизвикот . Колку и да сме зближени, секогаш останува уште многу простор за истражување и запознавање. Се надевам дека тука не е крајот и дека во иднина ќе можам повторно да ја играм Бела, но засега тоа е само една желба, копнеж... Пред и по премиерата на „Трамвајот наречен копнеж“, кога на Станицата 26 слеговте и заминавте како (чинам) 2 личности, каде и што продолжувате да сонувате и да играте во вашето секојдневие? И. Илиевска: На мое огромно задоволство ова беше мојата прва соработка со Theatra, но трамвајот продолжува и понатаму, се надевам дека патот носи уште многу станици. Станица 26 за мене беше меѓу првите, а со тоа и незаборавните. Што ме чека на новите станици, залудно е да замислувам, но искрено се надевам дека е нешто убаво. Текст: Р. Гинова Фотографии: Theatra


22

ФИЛМ-СТРИП-ВЕНЕЦИЈА

НОМАД ВО СВЕТОТ НА ОРВЕЛ На патувањето во Венеција, градот на инспирации и илузии, каде што беше актуелно 71. издание на венециската Мостра, најмногу се израдував поради можноста за посета на куќатамузеј посветена на Корто Малтезе, стрип херојот на Хуго Прат, кој во овој контролиран свет во кој од секој агол нѐ набљудува Големиот брат, остана единствениот романтичен карактер преку чии авантури низ стрипот и филмските и ТВ-екранизациите можеме да се потсетите на еден далечен и невин свет, во кој човечката доблест сѐ уште беше ценета... Во време во кое посетата на кој било град во светот можете да ја направите виртуелно, буквално симнувајќи се на неговите улици и станувајќи дел од неговиот дневен ритам барем визуелно, сепак, можноста реално да посетите една од светските топ туристички атракции како Венеција ви ја внесува потребната доза на возбуда додека ги правите рутите низ кои ќе се движите за време на прошетките низ градот со безброј мостови. И додека течат последните подготовки, сфаќате дека сето она што претстои пред вас е еден голем „филм“ кој навидум е предвидлив, но, откако ќе се доживее, се констатира дека тој е сосема надвор од сите претходни очекувања.

Додека пиете кафе во...

Паралелно со одржувањето на 71. издание на најстариот филмски фестивал во светот, Венециската Мостра, на кој продефилираа безброј актуелни филмски ѕвезди, кои одвреме-навреме се појавуваа и низ венециските улици, интересно беше да се видат и знаменитостите кои ги нуди градот кој многу често бил (и сè уште е!) инспирација на писателите и филмаџиите. Додека пиете кафе

во некое симпатично кафуле покрај Големиот канал кој ја дели Венеција на половина, се присеќавате на класикот на Томас Ман, „Смрт во Венеција“, кој во 1971 година на големото платно го екранизираше легендарниот Лукино Висконти, со Дирк Богард во главната ролја, додека пак погледот кон отвореното море од Мостот на воздишките ги враќа сликите од „Трговецот од Венеција“ и Ал Пачино кој, иако токму во тие моменти беше присутен на фестивалот, промовирајќи два свои нови филма, сепак, неговата интерпретација на Шекспировиот лик во режија на Мајкл Радфорд е една од неговите најдобри ролји во кариерата. Токму споменатиот господин Радфорд ја адаптираше и утописката „1984“ на Џорџ Орвел, која денеска по сите параметри стана општа реалност, но, потрагата по тајните на венециските сокаци и скриени катчиња мора да продолжи со несмален адреналин, како еден вид авантура во светот во кој сè е контролирано, а веројатно најмногу - чувствата на добронамерните туристи. Меѓутоа, доколку како крајна дестинација ја имате куќата-музеј на Корто Малтезе, отворена во 2012 година, во чиј правец на движење ве пресретнуваат неколку папараци во лов


ФИЛМ-СТРИП-ВЕНЕЦИЈА

23

на филмските ѕвезди кои инкогнито сакаат да влезат во некој музеј или базилика, тогаш „филмот“ кој го имате во главата во тие моменти е вреден за живеење.

Корто Малтезе приказна

Фин вовед во Корто Малтезе приказната претставува попатната книжарница „Аква Алта“, која во време на накачена водосостојба во Венеција честопати знае да биде и поплавена. Во оваа симпатична книжарница може да се најдат вистински бисери на светската книжевност издадени на различни јазици. Секако, една полица е посветена на стрип-албумите на Хуго Прат посветени на вечниот номад, во различни пакувања и за сечиј џеб. По добриот пазар, сите патишта водат кон куќата-музеј на Корто Малтезе, која, барем според сајтовите на мрежата (http://static4.demotix.com/news/940038/casadi-corto-maltese-venice/all-media), нуди сè што еден фан на овој чудесен лик може да посака: од изложба, преку разни дребулии, до можност да се облечете како Корто и да добиете фотка за спомен и долго сеќавање. Но... секогаш

има „но“. Локалното момче, кое веројатно живее отспротива, кога наидовме на заклучена врата, ни кажа дека музејот е затворен од почетокот на оваа година, најверојатно поради нерентабилност. Едноставно, во Венеција има толку многу работи кои треба да се видат, што Корто Малтезе веројатно не е на врвот на приоритетите на посетителите, го парафразирам љубезниот Италијанец кој тоа ни го објасни на одличен англиски јазик. Додека со спуштени раменици заминувате којзнае каде натаму, попатно паѓа дискусија дека ова сосема се совпаѓа со сликата поврзана со херој каков што е Корто Малтезе, кој во приказните на Хуго Прат вечно талка низ меридијаните како номад чиј дом е самиот свет во целина... но и воопшто, со состојбата во стрип културата низ светот, која секогаш преживувала на маргините, со чест на исклучоците, како на пример, супер хероите на Марвел комикс, за кои нема зима поради повразноста со Холивуд. Како и да е, пропадна можноста да ја комплетирам Малтезе меморабилијата со уште некој заостанат стрип-албум, и особено со неколкуте филмови на француската „Канал +“, кои пред десетина години ги реализираше на радост на почитувачите на овој лик.

Сепак...

И покрај разочарувањето, сепак, доживувањето на Венеција е силно и единствено, бидејќи во исто време ги чувствувате мирисите на градот чии кулиси се градени многу векови наназад, а токму тие стари камени згради во своите пазуви кријат вистински бисери на модерната и пост-модерната уметност, кои мамат од ѕидовите на галериите, како галеријата „Ка’Пезаро“ (http://capesaro.visitmuve.it/), во која уживате во делата на Василиј Кандински, Густав Климт, Енди Ворхол, Рој Лихтенштајн..., или пак онаа на ценетата Пеги Гугенхајм (http:// www.guggenheim.org/venice), една од најголемите мецени на уметноста во минатиот век, во која ве заплиснуваат убавините на делата на Салвадор Дали, Макс Ернст, Мен Реј... Всушност, Венеција Ви овозможува да патувате низ вековите на толку мал простор, низ сон кој се сонува со отворени очи, исто како што Корто Малтезе (читај: Хуго Прат) го сонуваше својот живот патувајќи низ светот полн со неправди, но со надеж и верба во човековите доблести и можности.

Игор Анѓелков


24

НЕКАДЕ…

Хелсингор, Данска

Данска

Хелсингор

НЕШТО… НОВО ВО ДРЖАВАТА ДАНСКА Нешто ново се случи во државата Данска! Галеничињата на данската архитектонска фела (фирмата B.I.G.) го издизајнирaа новиот Музеј на морепловството на Данска во Хелсингор и тоа под земја! И анксиозниот Хамлет ќе беше среќен да го посети овој музеј кој неодамна се отвори во неговиот град. Но, ќе му го преземе ли овој музеј приматот на данската популарност? Ќе се запраша ли Хамлет повторно дали треба „да се биде или не“... во музејот?


НЕКАДЕ…

И јас да живеев во овој град, и јас ќе бев искусен морепловец! Или писател... Некојa гуру ѕвезда или нешто слично. Да се живее до вакво море, северно, темпераментно, нескротено и бескрајно, мора да значи и да се биде спасен од лоши мисли. Чекорејќи по овие измазнети од времето калдрми и гледајќи ги шарените куќи наоколу, како божиќни колачиња, си реков, сигурно Рацин овде не би ја напишал „Т’га за југ“ и покрај сличните географски широчини со Москва. Галебови, не орелски крилја Позитивна аура го беше обвиткала Хелсингор и имав цел еден ден на располагање да ѝ го пронајдам изворот. Велат морепловците никогаш не гледале надолу – туку секогаш нагоре, кон небесите, кон ѕвездите, кон линијата која ги врзува морето и вселената. И јас еднаш бев морепловец и местово ме потсети на некои далечни идилични пристаништа. Не ми требаа орелски крилја – туку галебови: морето и ветрот магнетски ме привлекоа, насочувајќи ме кон душата на гратчето: замокот Кронборг и веднаш до него Музејот на морепловството на Данска.

Солената вода – лек за сè

Ако има вистина во една мисла која вели дека лекот за што да е во животот е солената вода, луѓето во ова мало симпатично гратче на север од островот Зеланд во Данска, веројатно имаат малку докторски имиња меморирани во теелфоните. Дали се тоа солзи, пот или море, овие вредни луѓе чинам со солениве води го имаат најдено рецептот за убав живот и овде, демек толку на север, за каде што порано слушав дека е темно, ладно и депресивно. Но, веројатно оваа моја перцепција не важела и за Хамлет. Многу посетители на Данска имаат свое

25

Морнарски споменпредмети Во музејот се сретнуваат многу макети на познати бродови и наутички реликвии како разни морнарски книшки, газиени ламби, стари морнарски фотографии од нивните семејства, како и од по некоја тајна љубовница од последното пристаниште, компаси, агломери, лулиња, торпеда, како и илјадници морнарски спомен-предмети што низ вековите ги носеле дома од егзотичните краеви кои ги посетувале.

омилено место во кралството на викинзите, но Хелсингор е мојот омилен град. Хелсингор откако е создаден, некаде во средниот век, па сѐ до денес, опстојувал не од фармите со крави кои ги има насекаде низ Данска туку само и исклучиво од морето! Се наоѓа на самиот морски теснец помеѓу Шведска и Данска – Оресунд, најтесната и единствена врска на земјите од тој дел на Европа со останатиот свет. Откако се вовеле даноци на секој брод кој ќе поминел тука, градот доживеал голем подем и затоа Ерик, померанискиот крал, подигнал величествен одбранбен замок на самиот брег. Овој раскошен замок сега е заштитен од УНЕСКО како богатство од планетарно значење.


26

НЕКАДЕ…

„Водичот е правнук на Розенкранц, ве молам да му простите!“ Шекспир сигурно често слушал за овој замок и за данскиот принц, бидејќи тие постоеле и во времето на Ренесансата. Не е сигурно дали Шекспир лично престојувал таму, но значењето на градот и замокот во 17 век му биле доволно познати и примамливи за да го смести дејствието на веројатно најизведуваната театарска претстава во светот – токму во Елсинор (англиска транскрипција за Хелсингор). Меѓу овие ѕидови се живеело раскошно и покрај честите воени судири со соседните Швеѓани кои неколку пати успеале и да го освојат замокот, како и судирите меѓу самите станари. Љубов, омраза, смрт, љубомора, уметност и историја, сѐ уште извираат од ѕидовите на високите одаи на замокот, прераскажани од водичите облечени во средновековни облеки со жар каков што би сакал да видам кај огромниот број рамнодушни водичи низ светот... Прошетката низ замокот заврши, а јас, импресиониран, на излегување начув шепот од зад една кадифена тешка, везена завеса: „Водичот е правнук на Розенкранц, ве молам да му простите!“

Скелет на брод

Денес приказните како оние за Хамлет се раскажуваат на еден сосема поинаков, посовремен начин, поддржан од технологијата која станува наше секојдневие. Музејот на морепловството на Данска во Хелсингор е токму такво искуство – досетлив простор кој ве внесува во некоја друга димензија, дразнејќи ги не само вашата фантазија, туку и вашите сетила. Музејот е вграден на местото на старото бродоградилиште на Хелсингор во форма на скелет на брод и вкопан целосно в земја, не пречејќи му на видикот од градот кон историскиот замок Кронборг, кому, всушност, архитектите му ја оддале заслужената почит. Самиот музеј обилува со накосени врати со кружни отвори и подови, цик-цак премини од еден во друг дел, звуци на штици и јарболи што крцкаат сè

со цел да се долови атмосферата на океански бродови кои се нишаат на големи бранови. Повеќето од просториите се интерактивни, па секој посетител може да се испроба во формирање бродска транспортна компанија соочувајќи се со разни реални предизвици: да се снаоѓа по темното море со и без ѕвезди водилки на небото, дури и на самото место да си нанесе полутрајна морнарска тетоважа според цртежите што им се на располагање во музејот! Некои од фотографиите и кратките видеа за животот на море прикажани се само во овој музеј и можат да се видат ексклузивно за прв пат, само таму. За најмалите неизбежни се цртаните со морнарот Попај, во случај сите претходни чудесии да не им се доволно интересни! Ова здание е величење на морските пространства и науката за нив. Биолозите одамна откриле дека процентот на сол во нашата крв е истиот како во морската вода. Оваа посета на музејот и на морето, беше како едно враќање дома и гушкање на родител. По неа, мислам дека повеќето од нас би сакале веднаш да отпловат некаде и да му се придружат на морето од каде и сме дошле и кому генетски му припаѓаме...

Залив на воздишки

Го напуштав градот Хелсингор со воз за Копенхаген, а посакував таа разделба да биде со брод. Мислам дека на овој град тоа најмногу би му доликувало. Сакав да бидам пак на некој брод кој ќе го остава своето омилено пристаниште зад себе, постепено правејќи залив на воздишки од растечкото растојание помеѓу нас. Музејот ме потсети на чувството да патуваш со брод – за двојното задоволство да се тргне од безбедното огниште кон отвореното море, во потрага по возбуда, но и за среќата да се вратиш дома по наутичките талкања по светот. Се сетив на едно мое подолго патување со брод, кога една писателка со која се спријателивме на палубата ми рече дека за неа сите отпловувања ѝ биле како мали умирања. Се согласивме со насмевка. Таа иста насмевка ми остана прикачена на лицето во возот во текот на целото патување назад. Една мисла ми помина низ главата, го зедов мобилниот телефон и во делот за забелешки си запишав: „Нешто… ново во државата Данска“. Текст и фотографии: Р. Смилески


ИНФО ПРОЗОРЕЦ

27

ГЛЕДАЈТЕ MAXTV 6 МЕСЕЦИ БЕСПЛАТНО СО СЕКОЈ 3 MAX ИЛИ FAMILY BOX! Земете еден од пакетите 3 Max или Family Box и уживајте во богатата содржина на најдобрата дигитална телевизија во Македонија! Со оваа понуда, информација за вашата месечна сметка ќе добивате само електронски, на вашата e-mail адреса. Плус, купете телевизор, таблет или друг уред по супер цена на рати, преку телефонската сметка. Повеќе информации на t-home.mk, t-mobile.mk, 122 или во најблиската Телеком продавница. Промоцијата се однесува на првите 6 месеци во коишто 3 Max пакетите ги добивате по цена на Call & Surf, а Family Box пакетот го добивате со попуст од 500 денари. Понудата е со ограничен период и важи за сите нови 3 Max, 3 Max Optic и Family Box корисници за склучен договор на 2 години. Понудата не важи за постојните МaxTV корисници.


28

ЕСЕНСКА КНИЖЕВНА „СЕДМИЦА“

СРЕЌНИОТ „СЛУЧАЈ БАРИКО“ Алесандро Барико (1958) е постмодерен раскажувачки волшебник, еден од најдаровитите писатели на современата италијанска, но и европска сцена. Сите негови романи се слеваат во по една слика, незаборавен мирис или траен звук од кои читателот брзо се „заразува“ и долго (или никогаш) не може да се излекува. Помамно раскажува – замелушено се чита. Неговите ликови се кршливи, ранливи и бесмилосно натоварени со дарба,.. како и авторот. Неговите романи траат предолго и кога се прекратки, најопширно раскажуваат со најкуси реченици... Едноставно, прозен мајстор на нашето време. Првото соочување на македонскиот читател со Барико (на свој, мајчин јазик) се случи во 2000 година кога „Еуроклиент“ го објави неговиот, сега веќе култен роман „Свила“, според кој во 2007 Франсоа Жирард го сними истоимениот, исто така мошне популарен филм. Впечатливата и незаборавна средба со прозното писмо на Барико како да трае континуирани 14 години за време на кои беа преведени, објавени, дури и преобјавувани и „Океан море“, „Новеченто“ (според новелата, Џузепе Торнаторе во 1998 го сними филмот „Легенда за 1900“), „Емаус“, „Сити“, „Замоци на гневот“ и последната – „Мистер Гвин“ објавена во „Или или“ минатата година. Со ова, преведувачката верига на италијанскиот мајстор нанижа седум наслови (од вкупно единаесетте објавени!) на македонски јазик. Нашиот јазик не само што ја следи, туку, еве, подготвено ја „пречекува“ и „вдомува“ актуелната европска проза. „Случајот Барико“ со 7 преведени од вкупно 11

објавени романи од познатиот автор е одличен и не многу чест пример во нашето издаваштво и затоа без никаква резерва го именуваме како „среќен“! За секој ден во една летна, виртуелна, книжевна Барико-седмица – имаме по едно одлично дело на македонски јазик буквално за сечиј вкус, за сите читатели. Барико-седмица

Безвременост Времето не им може ништо на романите на овој автор. Среќниот „Случај Барико“ истовремено е и затворен и отворен случај во нашето книжевно секојдневие. Чекаат на превод само уште 4 негови романи („Без крв“, „Хомер, Илијада“, „Оваа приказна“ и најновиот - „Трипати в зора“). Секако, и сите сè уште ненапишани.

ПОНЕДЕЛНИК - „СВИЛА“: Исткаен од најтенката коприна на чувствата натопени во неизбришливата боја на филозофијата, овој роман на Барико е брилијантен (понеделнички) увод/влез во неговата литература. Иако „Свила“ не е прв роман на авторот, туку четврти, токму тој е можеби најтипичен за неговото „магнетно“ писмо што трајно ќе ве привлекува. Ерве Жонкур, двете жени на неговиот живот и останатите ликови во „Свила“ се само клинци

што го држат распнат шаторот на приказната. Без ликовите - приказната паѓа, без приказната - ликовите не можат да се извишат.


ЕСЕНСКА КНИЖЕВНА „СЕДМИЦА“

ВТОРНИК - „ОКЕАН МОРЕ“: За многумина читатели, ова е една од најубавите книги на сите времиња, книга број еден во личните библиотеки, со посебно место на полиците. Под стекот на околностите, група луѓе се сретнуваат во еден хотел и нивните интимни приказни се распрскуваат пред читателот како огномет од страсти, кошмари и различни животни поетики раскажани вдахновено и сочно со мешање на жанровите и наративните техники. СРЕДА - „НОВЕЧЕНТО“:

Овој текст е роман само според најнепрецизните и најфлексибилните жанровски дефиниции. Во првичната намера напишан како сценарио, монодрамски текст за конкретен актер, според зборовите на авторот, „’Новеченто’ е расказ за читање на глас“. Оваа синтагма не треба да се сфати како „упатство за употреба“ туку како жанр. Покрај хиперсензибилноста и непредвидливата, речиси атопична „реакција“ на нараторот во однос на самата нарација, она што овој текст го прави исклучителен е обратната перспектива поставена во функција на рамка на приказната: обратна перспектива која лимитот го претпочита пред бескрајот, а ограниченоста ја сфаќа како предуслов за генијалност. „Новеченто“ е школски пример за т.н. мелодиска проза. ЧЕТВРТОК - „ЕМАУС“: Самиот наслов го „лоцира“ романов во одредена метафорична

сфера, всушност, тој е клуч за приказната... За пораката... Емаус е антички град во близина на Ерусалим (се спомнува во Евангелието по Лука) каде што се упатиле двајца Исусови ученици по неговата смрт и воскреснувањето, а Исус по патот им се придружил... Во „Емаус“ на Барико пријателите се четворица, ни деца-ни возрасни, сите со своја различна темна страна, сите вљубени во една преубава девојка со машко име...

ПЕТОК - „СИТИ“: Ова не е ни „Свила“, ни „Новеченто“, ни Барико каковшто мислите дека ќе биде секогаш. Зашеметено влегувате во некаков наративен стрип или ноар филм, дури и дијалозите се стриповски, низ приказната бруи некаква постојана врева... Инспирирана од вестернот, оваа модерна приказна за момчето-гениј по долго „гледање“ почнува, сепак, да ви наликува на Барико... Како далечен роднина, но сепак од ист фамилијарен сој. „Сити“ е град-роман каде што единствените вистински ликови се... улиците... САБОТА - „ЗАМОЦИ НА ГНЕВОТ“: Ова е првиот објавен роман на Барико на негова 33-годишна возраст. Во него се антицирани сите ликови, теми и раскажувачки интереси на авторот. Ако е вообичаено првите романи да бидат пресметка со автобиографското, тогаш „Замоци на гневот“ е невообичаен прв роман: тој е антиципација на цело едно идно творештво... Измислен град од минатото, приказна за возови и несфатена генијалност, убисто од замор, жена која се мажи за некој кој веќе не е жив, момче починато од воодушевување... Виртуозна, интелигента, стилизирана прозна етида, подготовка за едночудо прекрасни романи...

29

НЕДЕЛА - „МИСТЕР ГВИН“: Најновото, последното преведено дело од Алесандро Барико на македонски јазик е романот „Мистер Гвин“, една по малку декадентна проза за познат, англиски писател (Џаспер Гвин) кој не сака повеќе да пишува. Пишувањето за писател што не сака да пишува, само по себе е магија, вртлог кој од едната страна ја вшмукува смислата, од друга – ја создава! Почнат во совршен раскажувачки ритам, со совршено стилски исполирани и блескави реченици (бездруго свој придонес за ваков тек на преводот дала преведувачката – Лилјана Узуновиќ), овој роман кон втората своја половина запловува во бескрајни води со нејасна контура на некаков можен брег. Овој декедентен шмек на прозна „пловидба“ би бил опасен за помалку опитен или за помалку талентиран автор. Но, Барико, во точно одреден миг исцртува ненадеен остров сред синилото и вешто ја укотвува приказната. Мистер Гвин би бил необичен лик и да не е писател кој не сака повеќе да пишува... Само според својата желба „во некој друг живот да биде хол од некој хотел“ би бил сосем примерен за друштвото на Бариковите ликови... без воопшто да ги апострофираме ингениозните карактеризации (заталкани низ текстот како вистински бисери) од типот на: „штета е неговата дарба да биде затворена во гаража и да се светнува еднаш годишно како некое спајдерче од колекцијата на стари автомобили“, „пиеше една чаша виски дневно, секогаш во исто време, како да подмачкува часовник“, „паѓаше во искушение да купи коњ од еден рингишпил од 18 век“, или, пак „сите информации ги редеше една врз друга во некое катче од својот ум, како да се испеглани чаршафи“. О. Ќорвезироска




32

ПРИЈАТЕЛСТВА

Влатко Стефановски

НЕМА УСПЕХ ПРЕКУ НОЌ!

Влатко Стефановски, еден од највлијателните гитаристи на Балканот и во Европа, од неодамна е специјален пријател на Македонски Телеком и T-Mobile. По тој и по недоброј други поводи и причини, разговараме со Стефановски за неговата музика, за врските со традиционалната македонска музика, за настанувањето на легендарната „Чукни во дрво“, за соработката со Тадиќ, за желбите и... заедничките очекувања... Долго сте на музичката сцена. Вие сте врвен музичар, кој поминал сè во својата кариера, од членување во легендарен бенд, до голема и успешна соло кариера. Која е тајната на Вашиот успех, од каде ја црпите енергијата? Нема тајни, сè се гледа и е многу едноставно. Верувам дека тој успех се должи на малку талент, многу љубов, страст и работа. Веројатно успехот е и во тоа да не очекувате успех, туку да си ја гледате работата и да се трудите да ја

завршите најдобро што можете. Нема успех преку ноќ, па дури и да го има, тој успех трае една сезона... „Леб и сол“ беше еден од најголемите рок бендови во Југославија. Што Ви останало во сеќавање од тоа време? Многу работи ми останале во сеќавање и веројатно ќе треба да напишам книга за да се задржам на најинтересните моменти. Инаку, имавме чувство дека правиме нешто големо, пионерско и дека на публиката ѝ даваме нешто автентично и

ново. Многу беа возбудливи првите големи концерти, плочи, награди, признанија, насловни страници и ТВ емисии. Како се создаде легендарната песна „Чукни во дрво“? Тоа веќе беше последниот студиски албум „Путујемо“. А беше и 1989 година кога се оженив со мојата дотогашна девојка Гордана. Медениот месец го поминавме на Малта, а мене ме гризеше црв дека текстовите за албумот не ми се готови. Бев во некоја подигната состојба и поради


ПРИЈАТЕЛСТВА

љубовта, бракот, и поради очекувањето на првата рожба, ќерката Ана. Веројатно сето тоа влијаеше песната да настане сама од себе. Која беше причината да се впуштите во соло кариера? Бендот се умори од работа, повеќе имавме состаноци отколку проби, и тоа беа сигналите за крај. Секој од членовите осети потреба за реализирање на свои соло проекти, и така се случи да почнам и јас да посегам по некои нови форми и идеи. Креативната слобода е многу важна. Да создаваш без да се ограничуваш со разни мислења, сугестии или критики.

„Како комплементарни агли...“

Какви се впечатоците од последниот концерт со Вашиот „музички брат“ Мирослав Тадиќ во Куршумли-ан? Имавме прекрасна вечер. Со Мирослав

уживавме да настапиме во тој магичен амбиент пред скопската публика која многу срдечно нè дочека и не испрати. Со Тадиќ функционирате совршено. Како се најдовте на иста бранова должина, како се запознавте и од каде идејата да го правите заедно ова што одлично го правите? Да сретнете таков соработник, партнер или пријател е чиста среќа. Нашата соработка во голема мера се потпира на сличниот вкус, афинитет, генерациска припадност и интуиција која нè води низ концертите. Нашите гитарски техники се надополнуваат како комплементарни агли. Верувам дека и натаму ќе биде така. Време е за нов заеднички албум. Дали би можеле да ни ја опишете дружбата и соработката со Раде Шербеџија? Со Раде соработуваме повеќе од 30 години, уште од времето на легендарната претстава „Ослободувањето на Скопје“, со која го прошетавме светот. Подоцна

имавме и разни хуманитарни проекти во кои учествувавме, а инаку разменувавме и гостувања на неговите и на моите концерти. Раде е единствен лик на овие простори. Човек со огромен талент и енергија и голема кариера. Од каде идејата за соработка со Здравко Чолиќ, кога се знае дека припаѓате на различни музички жанрови? Идејата потекна за време на еден ручек со нашиот заеднички пријател и соработник Никша Братош во Загреб. Знам дека не припаѓаме на иста музичка матрица, ама Шербеџија тоа го нарекува средба на брендовите. Мојот респект кон него и неговата кариера е многу голем и сакав да му подарам еден мал подарок за неговото долгогодишно траење на сцената. Како помина снимањето на видео спотот? Многу забавно и опуштено. Интензивна дружба и во Охрид и во Скопје. Многу

јадење, пиење, хумор и забава. Како одеше соработката со Јан Акерман? Акерман е мојот херој од младоста. Учев од неговите фрази и солоа. Подоцна кога го запознав, останавме во контакт и тој позитивно одговори на мојата покана да дојде на снимање во Скопје. Му покажав гостоприемство и респект и ми врати со иста мера... Што се случува со Kings оf Strings, што планирате да правите заедно во иднина? Поради презафатеноста на сите, Kings оf Strings би требале до продолжат во 2016 година. Се разбира, да сме живи и здрави дотогаш. Еден голем продуцент од Германија е заинтересиран да работи со нас на светска промоција и турнеја. Со кого би сакале да соработувате во иднина, дали, можеби, имате некоја неостварена желба? Желбите се едно, а можностите друго. Се обидувам да ги остварам реалните желби и очекувања и од себе и од своите соработници. Списокот на музичари со

33

кои би сакал да соработувам е голем. Само би било добро и јас да сум на списокот на желби на некој од тие музичари пред соработките да бидат спонтани, природни и успешни..

„Џипси сонг“ или „Као какао“

На последниот албум „Сеир“ одлучивте, освен што сте автор, да бидете и продуцент. Од каде Ви е желбата за продуцирање, станува збор за испробување во некое ново музичко поле, љубопитност или...? Не ми е прв пат да си ги продуцирам своите албуми. Љубопитноста е клучна во оваа работа. Мора да ве скокоткаат и новите технологии, и можностите во студио, и учењето, и отворањето нови хоризонти. Кога сте имале најмногу трема во кариерата?

Пред првиот самостоен концерт во Белград во Сава Центар 1995 година - Влатко со пријателите. Имав многу гости, многу промени на сцената, многу публика... Многу голем притисок беше тоа. Која песна ви е омилена од оние што кога и да е сте ги направиле и испеале? Веројатно „Џипси сонг“, а на моите деца најдрага им е „Као какао“. На чиј концерт би сакале да присуствувате и да уживате во публика? На „Лед Цепелин“... Гледам дека најавуваат концерт во Лондон... би сакал да ги гледам. Како го поминувате Вашето слободно време кога сте дома во Скопје? Куќа, студио, Тафталиџе, пазар, кафе леводесно, двор, малку баскет, малку точак со син ми, Сити мол, ручек-вечера со пријатели и така натаму. Тексти фотографии: Б. Бошковски www.idividi.com.mk


34

ПРИЈАТЕЛСТВА

Стартап Викенд Скопје – Глобално движење на локално ниво Стартап Викенд Скопје, со поддршка на Македонски Телеком и T-Mobile, се одржа од 19 до 21 септемви 2014 година. Програмери, дизајнери, маркетинг експерти, продукт менаџери и стартап ентузијасти се собраа со цел да ги споделат своите идеи, да создадат производи и да ги лансираат своите стартап компании. Стартап Викенд е само еден од настаните во склоп на програмата за поддршка и развој на претприемништво, иновации и вмрежување. Нашата компанија го поддржува ова глобално движење на локално ниво. Настанот се одржа во просториите на New Man`s Business Accelerator, а за трите дена колку што траеше, беа претставени многу иновативни идеи, се креираа тимови и се поделија и добија интересни награди, меѓу кои и шанса за финансирање од страна на најдобрите бизнис акселератори во македониај и во странство.

Проектот „Go Clean“ Ова е пријателство за реализација на проектот „Go Clean“ којшто вклучува реализација на активности за справување со стари преносни батерии и стари мобилни телефони во повеќе од 7 општини со опфатност од 350.000 граѓани, од кои повеќе од 40.000 млади луѓе и 78 училишта! Проектот треба да се реализира во периодот од 1 август до 30 ноември 2014 година. Носител на проектот е „Go Green“, младинска еколошка невладина организација фокусирана на младинскиот активизам, климатските промени и управувањето со отпад. Активностите подрзабираат повеќе едукативно-промотивни кампањи, зајакнување на капацитетите за управување со опасен отпад на увозници на батерии, национален ден за чистење, работилници, семинари... Проектот е инициран од Амбасадата на Кралството Шведска во 2011, поддржан од нашата компанија.

Година на исклучитено пријателство со „Вардар“ Ова е повеќе од обична вест, ова е вест и пол: Македонски Телеком стана генерален спонзор на спортскито колектив „Вардар“ за трите клубови во машки ракомет, женски ракомет и фудбал за период од 01.08.2014 година до 01.08.2015 година. Нè очекува ли нешто големо и незаборавно?

ТВ емисија „Во недела попладне” Веќе неколку недели, на Алфа Телевизија се емитува емисијата „Во недела попладне“ со поддршка на нашата компанија. Емисијата е со времетраење од 120 минути, оди во живо од Телеком Иновативниот центар на Плоштадот од 16 до 18 часот (или од 16:30 до 18:30). Пред објектот на Телеком на голем lед dисплеј емисијата се пренесува во живо. Зад овој голем ТВ пrоект стои продукциската куќа „Томато продукција“. Емисијата опфаќа спортски содржини, но во исто време и забавни и информативни. „Во недела попладне“ се стреми да го пополни недостатокот во македонскиот ТВ простор од квалитетна спортско/забавна talk show емисија, истовремено претставувајќи платформа за автентична, кредибилна, дискретна и иновативна презентација на продуктите и сервисите на компанијата. Презентациите се во насока на карактеристиките на нашиот бренд, а публиката може да ги доживее нашите сервиси и услуги како нешто што им овозможува уникатни искуства и можност за споделување со своите пријатели, најблиски и со светот. Иако името на емисијата е „Во недела попладне”, таа има јасно назначено „Т“ лого, всушнсот е брендирана во „Т“ во стил (look and feel) каковшто ѝ доликува на нашата компанија.


„ПАРТНЕР ЗА ИНОВАЦИИ“

35

www.marketkonekt.com

MARKETKONEKT – ОНЛАЈН МАРКЕТ ШТО ГО ПРОШИРУВА ВАШИОТ ИЗБОР MarketKonekt е иновациски проект, еден од наградените на минатогодишниот натпревар за иновации. Toj e единствен домашен онлајн маркет што директно ги поврзува бизнисите и потрошувачите од балканските земји. Овозможува купување и продажба на најразлични производи и услуги истовремено и во Македонија и во соседните земји Бугарија, Србија и Албанија. Корисниците на MarketKonekt добиваат повеќе и трошат помалку. Купувачите имаат многу поголем избор на производи/ услуги, а продавачите го прошируваат пазарот. Притоа штедат време и пари. На купувачите MarketKonekt им обезбедува лесен пристап до информации за потребните производи и услуги, и им

помага да го направат најдобриот избор. Преку сајтот го пронаоѓаат идеалниот производ/услуга кога купуваат за лични или потреби на нивните фирми. Едноставно и брзо го наоѓаат тоа што им е потребно од вкупно над 94.000 производи на повеќе од 6.000 домашни и регионални компании. Можат да споредат карактеристики и цени, да побараат понуда од повеќе фирми одеднаш, и директно да ги контактираат продавачите за нарачки или дополнителни информации. Наскоро сајтот ќе овозможи и опции за онлајн плаќање и достава на производите до домовите или канцелариите на купувачите. Продавачите со MarketKonekt добиваат современ канал за продажба и зголемен пазар. На сајтот може да продава секој бизнис од секоја дејност. Со брзо и едноставно објавување нивните производи или услуги стануваат достапни до секој потенцијален купувач - фирма или

краен потрошувач. Во моментов дневно понудите на сајтот ги следат околу 8.000 потенцијални домашни и купувачи од соседството, а нивниот број континуирано расте. Преку сајтот компаниите добиваат и одговараат на нивни барања за понуди, и директно одговараат на прашања за објавените производи и услуги. Можат да користат премиум членства за да ја истакнат својата понуда пред останатите продавачи со што ја подобруваат конкурентноста. MarketKonekt е развиен и го маркетира R3 Infomedia, компанија која нуди целосни и детални информации за корисниците и единствени интегрирани маркетинг услуги за компаниите. Компанијата има неколку производи со лидерска позиција на пазарот, а се издвојуваат Златна книга, најдетален и целосен домашен бизнис информатор, и Информации 1188, целосен телефонски именик на Македонија.


36

ФОНДАЦИЈА T-MOBILE ЗА МАКЕДОНИЈА

„Првите 5 се најважни на свет“

КВАЛИТЕТЕН РАН ДЕТСКИ РАЗВОЈ Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Фондацијата Т-Mobile за Македонија од минатата година ја започнаа иницијативата „Првите 5 се најважни на свет“, со цел да ја промовираат важноста на развојот во раното детство и да мобилизираат поширока општествена поддршка за отворање нови центри за ран детски развој. Иницијативата „Првите пет се најважни на свет“ е одговор на потребата од поддршка за родителите и старателите за подобро да ги разберат развојните потреби на децата во најважните години од животот - првите пет. Во моментот на почетокот на кампањата, во февруари годинава, функционираа 20 Центри за ран детски развој, кои беа отворени преку програмите на УНИЦЕФ за поддршка на локалната самоуправа. Денес бројката е зголемена за уште шест центри. Со помош на средствата донирани од Фондацијата T-Mobile за Македонија 50 000 американски долари, се отворија центрите во Долно Лисиче, Аеродром; Злеово, Радовиш; Дебреше, Гостивар; Десово, Долнени; Селце Тетовско и Јаргулица, Радовиш, а до крајот на 2014 се очекува да бидат отворени уште три Центри за ран детски развој. До неодамна единствен начин на кој општините можеа да одговорат на потребите од предучилишни програми беа градинките. Со новиот Закон за заштита на децата, сега општините имаат законска основа да го зголемат опфатот и да го подобрат ква-

литетот на предучилишните програми преку основање Центри за ран детски развој. Иницијативата „Првите 5 се најважни на свет“ им нуди можност на општините да пристапат до средства за основање на центарот онаму каде што е најпотребно и за обука на персоналот кој ќе работи со децата. Со донесувањето на новиот закон, отворените центри за ран детски развој, вклучувајќи ги и центрите отворени преку оваа иницијатива, претставуваат поевтина можност за општините и за родителите. На 6 февруари 2014 се отвори првиот од најавените центри за ран детски развој во Селце, Тетовско, а оттогаш „Првите пет се најважни на свет“ неуморно продолжи со својата зацртана активност.

Новите центри за ран детски развој (Злеово и Дебреше)

Во селото Злеово, Радовишко, на 18 јуни се отвори уште еден Центар за ран детски развој. „Обезбедувањето на правилен психо-физички и социо-емотивен развој

на децата треба да е приоритет на секое општествo. Топлината и љубовта што им ја даваме од нивното раѓање па сè до првиот училиштен ден е најзначајна животна инвестиција,” рече на отворањето Сашко Николов, градоначалник на Радовиш. Леа Липша, претседател на Фондацијата Т-Mobile за Македонија, истакна дека „Инвестицијата која е потребна за да се обезбеди сите деца во Македонија да имаат еднакви можности за пристап до квалитетен ран детски развој не е голема.

ЛЕА ЛИПША, ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ФОНДАЦИЈАТА Т-MOBILE ЗА МАКЕДОНИЈА: „За да отвориме што повеќе центри низ цела Македонија, потребна ни е поддршка од целата заедница – од бизнис компаниите, од општините, но и од граѓаните. Донирајте 100 денари на бројот за донации 143 555 преку сите три мобилни оператори во земјава: Т-Mobile, ONE и VIP!


ФОНДАЦИЈА T-MOBILE ЗА МАКЕДОНИЈА

Се надеваме дека центрите кои се досега отворени ќе служат како модел за вклучување на останатите општини и приватни компании”. На 24 септември 2014 се отвори и најновиот Центар за ран детски развој во Дебреше, Гостиварско во кој приближно 90 деца на возраст од 3 до 6 години од селото добија можност да посетуваат квалитетни предучилишни програми. Центарот свечено го отворија Невзат Бејта, градоначалник на Гостивар, и д-р Бертран Демулен, претставник на УНИЦЕФ. „За краток период успеавме да го отвориме центарот за ран детски развој во Дебреше и вакви центри ќе отвориме и во неколку други училишта. Благодарение на УНИЦЕФ и на Фондацијата Т-Mobile создадовме услови децата од 3 до 6 годишна возраст да посетуваат предучилишно образование, затоа што иднината на секое семејство и на секој народ е едукацијата на децата. Се надевам дека просторот што го уредивме заедно ги исполнува стандардите за предучилишно образование во земјите на Европската Унија.,” изјави градоначалникот Бејта. Д-р Бертран Демулен, претставник на УНИЦЕФ, потенцираше дека „Децата во првите пет години од животот го достигнуваат својот најголем развој. Оние деца кои посетуваат квалитетни предучилишни програми имаат подобар успех во основно училиште и имаат подобри можности по-

ИНФОРМИРАЈТЕ СЕ, ВКЛУЧЕТЕ СЕ, БИДЕТЕ ВО ТЕК! За да дознаете повеќе за кампањата „Првите 5 се најважни на свет“ посетете ја веб страницата www. prvite5.mk. Исто така следете ја кампањата на www.facebook.com/ pvite5) и https://twitter.com/prvite5 за да бидете во тек со резултатите од активностите.

натаму во животот. Центрите за ран детски развој се исплатлив начин сите деца да ги добијат тие можности”. Освен што обезбедува простории во основното училиште „Фаик Коница”, локалната самоуправа исто така ќе ги покрива трошоците за плата на воспитувачкиот кадар и тековните трошоци за центарот, со што услугата ќе буде бесплатна за сите деца во селото.

37

Дел од донацијата на Фондацијата Т-Mobile за Македонија се искористи за опремување на центарот со мебел, играчки и наставни материјали, и за обука на воспитувачите за спроведување на најсовремените методи на ран детски развој. До крајот на годинава ќе се отворат уште три вакви центри во рурални населби во општините кои неодамна се приклучија на иницијативата.

Плакета за општествена одгoворност Проектот „Првите 5 најважни на свет“, кој е продукт на партнерството на Фондацијата Т-Мobile за Македонија и УНИЦЕФ, доби плакета за општествена одговорност од Националното координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата и Министерството за економија. Националната кампања иницирана од Фондацијата и УНИЦЕФ е реализирана со помош на многу агенции, медиуми и поединци, кои ги обезбедија сите услуги без надомест, како и со поддршка на локалната самоуправа. Кампањата исто така е одговор на на потребата од зголемен пристап до услуги за ран детски развој. Вакви услуги пружаат единствено градинките кои се финансирани од државата и мал број центри за ран детски развој кои беа отворени со помош на УНИЦЕФ. Иако пристапот до овие услуги е двојно зголемен од 2005 година до сега, само 1 од 5 деца (22%) на возраст од 3 до 5 години посетува градинка или центар за ран детски развој.

Позитивни практики

Националната награда за најдобри општествено одговорни практики на претпријатијата се доделува седма година по ред, започнувајќи од 2008 година со цел да промовира позитивни практики на општествено одговорно дејствување и притоа да инспирира воведување и понатамошно унапредување на општествената одговорност кај претпријатијата во Македонија. Досега од донацијата на Фондацијата Т-Мobile за Македонија (50 000 американски долари) отворени се пет центри за ран детски развој, а ќе се отворат уште најмалку три во текот на годината. Дополнително се води кампања за вклучување на сите општини, поединци и бизнис ентитети во акцијата, за да се отворат што е можно повеќе центри. Кампањата ќе продолжи и во 2014/2015 година.


38

T-HOME

Октомвриска филмска магија THE COUNSELOR / „Советник“ Режија: Ридли Скот Жанр: Трилер, криминалистика Улоги: Мајкл Фасбендер, Пенелопа Круз, Камерон Дијаз, Ксавиер Бардем, Бред Пит Година: 2013, САД Содржина: Навидум еден адвокат има сè, но неговата арогантност го води во нешто за што мисли дека е еднократна нарко-зделка, но нема толку лесно да се извлече. Сега, советникот не знае кому да му верува, а неговите грешки ќе доведат до катастрофа. Премиера на HBO: 18.10.2014, 20:05 ч.

„СТАЛИНГРАД “ Режиja: Фјодор Бондарчук Жанр: Воен, акција Улоги: Пјотор Фјодоров, Томас Кречман, Сергеј Бондарчук, Марија Смолникова, Јана Студлина Година: 2013, Русија Содржина: Една група руски војници се бори против безмилосната германска војска за да задржи една стратешка зграда во нивниот разурнат град, па станува длабоко поврзана со две руски жени кои живееле таму. Премиера на HBO: 26.10.2014, 20:05 ч.

MAN OF STEEL / „Човек од челик“ Режисер: Зак Шнајдер Жанр: Акција, фантазија Улоги: Хенри Кавил, Ејми Адамс, Мајкл Шенон, Дајен Лејн, Расел Кроу Година:2013, САД Содржина: Едно момче дознава дека има супермоќи и дека не е од Земјата. Како млад човек, тој оди на патување за да дознае од каде е дојден и зошто е испратен тука. Но, ако сака да ја спаси Земјата од уништување, тој ќе мора да се претвори во херој. Премиера нa HBO: 23.10.2014, 15:25 ч.

„ТУРБО“ Режисер: Дејвид Сорен Жанр: Анимиран, комедија Гласови: Рајан Рејнолдс, Пол Џиамати, Маја Рудолф, Семјуел Л. Џексон Година: 2013, САД Содржина: Кога обичниот полжав Турбо добива моќ за супербрзина, неговиот живот станува „турбо“! Со помош на својата екипа составена од полжави, Турбо ќе се обиде да се трка на „Инди 500“ и да ги оствари сите нивни соништа. Премиера на НВО: 20.10 .2014, 16:15 ч.


МОЈ КЛУБ ГАЛЕРИЈА

Жани Гелевска-Велјаноска www.zani.com.mk

„БАКНИ МЕ... ... можеби нема да се разбудам“ е насловот на најновата изложба на истакнатата сликарка Жани Гелевска Велјаноска во Скопје во галерискиот простор на НЛБ Тутунска банка (Мајка Тереза бр. 1) која на посебен начин ја обои и одбележа оваа културна есен во главниот град. „Бакни ме...“ е изложба на слики и цртежи, посветени на почината мајка на сликарката, една необична ликовно-емотивна епистола кој со својот фасцинантен колорит се издигнува високо над тагата и болката, над загубата воопшто, антиципирајќи еден бескраен и безвремен свет на универзална врска како со неменливото, така и со убавината, генерално. Ова благородно шаренило можеби излегло од „шинелот на тагата“, но несомнено поттикнува вистинска радост во очите на гледачите. Фасцинантно чествување на мајката како лична, но и како универзална, исконска приказна. Гелевска Велјаноска (1966 г.) дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек сликарство, во класата на проф. Ана Темкова. Има реализирано 28 самостојни изложби, а учествувала на голем број групни изложби, уметнички проекти и ликовни колонии во Англија, Франција, Шпанија, Германија, Хрватска. Добитничка е на неколку престижни домашни и интернационални награди. Последниве години живее на релацијата Скопје - Лондон. Беше наша специјална гостинка во бројот 83 на списанието (http:// www.t-mobile.mk/public/documents/magazin_360/83.pdf) Уживајте во нејзините слики во галеријата на НЛБ Тутунска банка, во нашето списание или на нејзината прекрасна веб страница (www.zani.com.mk) која е нешто навистина ново и поинакво барем во македонскиот веб простор.

39


40

МОЖНИ ВИСТИНИ

ТЕРЕЗА НИЛ... ПАРДОН, АГАТА КРИСТИ Единаесет дена, од 3 до 14 декември 1926 година, „Кралицата на злосторствата“ – Агата Кристи била Тереза Нил. Под тоа, неслучајно одбрано име, големата англиска писателка се пријавила во бањата „Harrogate Hydro” (денешен „Old Swan Hotel”), 200 милји оддалечена од нејзиниот дом во Беркшир. Причините за ова необично исчезнување од сопствениот идентитет, иако мошне реални и длабоко лични, најмногу прилегаат на книжевна матрица,.. на предлошка за една можна вистина. Грицкајќи јаболко...

Годинава се навршија 38 години од смртта на Агата Кристи (1890-1976), влезена во Гинисовата книга на рекорди како „најголем автор на бестселери на сите времиња, со повеќе од две милијарди продадени книги ширум светот“. За неа слушнале буквално сите: од оние кои ги сакаат и ги читаат нејзините романи, преку оние кои ги читале, а не ги сакаат (или обратно), сè до оние кои однапред не сакаат, без воопшто да „читнат“ за што станува збор. Измислувачката на највозбудливите приказни, инаку авторка на 79 романи и збирки раскази (една од нив се вика „Изненадување, изненадување“!) преведени на повеќе од 50 јазика, потсвесно (можеби и не!) го литераризирала и своето секојдневие. Општопознатиот факт дека своите најголеми и најумни заплети ги смислувала грицкајќи јаболко в када или оној дека славата и ја загрозувал ликот што самата го измислила (Херкул Поаро) и когошто го „умрела“ една година пред сопствената смрт, нејзината биографија ја обвиткуваат со тешка книжевна наметка. Како пишувањето и животот да ги изедначила во романот на постоењето кој никој никогаш не може да го допише до крај.

Од факт до вистина

Постои еден мошне провокативен и податлив факт од биографијата на Агата Кристи кој дозволувајќи голема интерпретативна слобода, сепак, мошне директно и јасно го отсликува нејзиниот живот, како во контекст на вистината, уште повеќе во контекст на книжевните

измислици чијшто цар бил токму оваа писателка. Приватниот настан на 11-дневно бегство од сопствениот идентитет, иако во основата е длабоко личен и трагичен, претставува одлична илустрација на авторкиниот хабитус подеднакво суверен за нејзиниот живот, колку и за нејзиното творештво. Малициозните проследувачи на нејзиниот живот и дело, на целата оваа интригантна и индикативна случка гледаат како на маркетиншки трик за популаризација на нејзиното дело, но независно од тоа, неспорниот факт на „исчезнување“ директно води во една универзална вистина за единство и неделивост меѓу стварното и измисленото. Како што стварни личности ги создаваат измислиците, така и измислиците ја моделираат стварноста. Утрото на 3 декември 1926 година, Агата Кристи во една расправија со својот сопруг Арчибалд дознава дека тој сака да се разведат за да се ожени со Ненси Нил. Вечерта истиот ден, таа заминува од дома со својот автомобил Morris Cowley во непозната насока. Мистеријата од нејзините книги преминува во мистерија во нејзиниот живот.

Тереза Нил

Утредента, на 4 декември 1926, пронајден е расипаниот автомобил на госпоѓата Кристи 200 милји подалеку од нејзиниот дом. Без писателката, во него, се разбира. Овој, навидум одличен почеток за можен роман на Агата Кристи е гол, биографски факт. Цели 10 дена, британската јавност залудно трагала по славната авторка. „Daily Mirror“ речиси секојдневно изнесувал најразлични спекулативни претпоставки, поради кои засекогаш се закоравил односот на славната писателка со новинарите воопшто. Дури на 14 декември кога нејзиниот сопруг Арчибалд Кристи и официјално е обвинет за убиство, писателката е пронајдена во бањата „Harrogate


МОЖНИ ВИСТИНИ

Hydro” (денешен „Old Swan Hotel”). Од 4 до 14 декември, Агата Кристи била пријавена во бањата/хотел како Тереза Нил (името можеби случајно е одбрано, но презимето – во никој случај!). Ретроградната реконструкција на деновите на нејзиното бегство не го покрива само првиот ден кој сè досега останува вистинска мистерија за сите проучувачи на Кристи и на нејзиното дело. Десетте дена на Агата Кристи поминати во изолација како Тереза Нил се психолошки лесно сфатливи, но вистината за првиот (всушност, од 3 до 4 декември кога се пријавила на рецепцијата) сè уште не е пронајдена. Таа веројатно треба да се бара во нејзините книги, а не во нејзината биографија.

Измислен живот, стварна смрт

Биографијата на Агата Кристи продолжува по својот пат и по „Тереза Нил“ случката. По две години, писателката се разведува со својот сопруг кој набрзо навистина се жени со Ненси Нил. (Тереза Нил исчезнува засекогаш.) Творештвото од ден на ден сè подобро и цути, се редат сè поуспешни и поуспешни наслови. Нејзиниот најверен и најдобро смислен лик – Хектор Поаро станува речиси пославен од својата „создателка“. Денес, Хектор Поаро и Агата Кристи се подеднакво славни: доаѓајќи од истиот свет на сега веќе непостојното, без оглед што едниот некогаш постоел, а другиот – никогаш, се најдобар пример дека литературата не може да постои без стварноста, сосем иден-

41

тично како што стварноста не може да постои без литературата. Претчувствувајќи дека животот и се приближува кон крај, една година пред својата смрт, Агата Кристи решава да го убие својот најпознат лик. „Умирачката“ на измислицата е најавена насекаде во стварноста, дури и во „New York Times“ како вест на денот. Поаро е единствен книжевен лик кој починал и во стварноста.

Згора на сè - филмови

Животот на Агата Кристи, се чини е подеднакво интересен како и нејзините романи. За ова најдобро зборуваат мноштвото филмови снимени според нејзините романи, но и според нејзиниот живот. Еден од најпознатите филмови, иако мошне контроверзен, е филмот „Агата“ кој го обработува токму 11-дневното исчезнување, односно мистериозниот „Тереза Нил“ период од животот на Агата Кристи. Филмот е снимен во 1979 година со одлична актерска екипа: Ванеса Редгрејв како Агата Кристи, Тимоти Далтон како Арчибалд Кристи и Дастин Хофман како измислениот новинар. Како што и прилега на мистеријата, овој филм претставува микс од она што било и она што можело да биде. Напоредно со вистинските ликови, подеднакво релевантни во приказната се и фиктивните, измислените ликови. Еден од нив, новинарот што го игра Дастин Хофман станува „најзначаен“ од сите во филмот „Агата“ добивајќи награда за машка улога (National Society of Film Critics Awards, USA за 1980) за своето нестварно постоење, но стварно актерско играње.

Докази за можната вистина

Постојат повеќе начини да се провери можната вистина на Тереза Нил... пардон, Агата Кристи. Еден од нив е да се појде лично во „Old Swan Hotel“ (Swan Road, Harrotage, HG1 2SR), да се јавите по телефон (++44 (0)1423 500 055), да пратите факс (++44 (0)1423 501 154) или мејл (oldswan@countrytown-hotels.co.uk). Хотелот е многу горд на единаесетте мистериозни денови од животот на најпродаваната писателка на сите времиња – Агата Кристи. Ако, пак, сте од оние на кои никогаш не им е доволен еден извор на вистината, побарајте ги изданијата на „Daily Mirror“ од декември 1926. Во нив, освен потврда за вистинитоста на оваа приказна и многу, многу автентични фотографии на „Кралицата на злосторствата“, ќе ја најдете и причината за „комуникацискиот ѕид“ меѓу писателката и новинарите. За жал, туристичките работници од Хрватска не го „овистиниле“ фактот што дејството во еден од најпознатите романи на Агата Кристи „Убиство во Ориент експрес“ се случува во возот запрен в снег, некаде околу Славонски Брод. Затоа, ако сакате сами, лично да се соочите со вистината, ќе морате да чекате да наврне снег, па да купите билет за воз за Славонски Брод во сопствена режија и да се надевате дека токму во вашето купе ќе влезе Хектор Поаро. О. Ќорвезироска


42

КАТАЛОГ НА ПОДАРОЦИ

МОЈ КЛУБ

СО МОЈ КЛУБ СЕГА ДОБИВАТЕ ПОВЕЌЕ! НАЈГОЛЕМАТА ПРОГРАМА ЗА ЛОЈАЛНОСТ - МОЈ КЛУБ СО УШТЕ ПОВЕЌЕ ПРИДОБИВКИ ЗА ВАС! ОСВЕН ПОЕНИТЕ ШТО РЕДОВНО ГИ ДОБИВАТЕ ОД Т-MOBILE И T-HOME, ДОПОЛНИТЕЛНО, СОБИРАЈТЕ МОЈ КЛУБ ПОЕНИ СО СЕКОЕ КУПУВАЊЕ ВО ПРОДАВНИЦИТЕ НА НАШИТЕ ПАРТНЕРИ: „ТИНЕКС“, „КОСМО“, „НЕПТУН“, ПРОДАВНИЦИТЕ НА FASHION GROUP (OKAIDI, BATA, MANGO, GOLDEN POINT, GEOX, TIMBERLAND, HUGO BOSS, FASHION ID, GIOVANNI GALLI, CELIO, FASHION&FRIENDS, WOMEN’S SECRET, PARFOIS, SPRINGFIELD, BLANCO, BITSIANI) И TRAVEL SOLUTION. Собраните поени користете ги за плаќање во која било продавница на нашите партнери, за нарачка на подароци од каталогот на Мој клуб или за купување уред од понудата на Т-Mobile во Доверба. Сè што ви треба за да ги соберете или, пак, за да платите со поените е вашиот телефон со T-Mobile постпејд или припејд број во моментот на пазарувањето. Кога сте на каса, само свртете на бесплатниот број 180, допрете го мобилниот до терминалот пред вас и соберете ги поените со вашиот телефон или платете ја вашата сметка со поените кои веќе ги имате собрано. Кој може да ја користи партнерската програма Поволностa важи за сите корисници, физички лица и компании, кои имаат Т-Mobile број и го носат својот мобилен телефон во моментот на купување во продавниците кај нашите партнери. За повеќе детали посетете ги веб страниците www.t-mobile.mk или www.mojklub.mk.

Проширување на семејството Со партнерската програма за лојалност, семејството на Мој клуб го проширивме и за припејд корисниците на Т-Mobile кои ќе можат да собираат и да користат поени во продажната мрежа на нашите партнери. Корисниците на T-Mobile, кои се корисници и на услугите на T-Home, ќе продолжат да собираат поени од користењето на услугите на двете компании, а преку својот мобилен број и телефон ќе можат да собираат и користат поени со секое купување кај нашите партнери. Собирање поени Поените се собираат едноставно и брзо при плаќање на сметката на каса во која било продавница од партнерската мрежа. Тие имаат важност од 2 години. Може да собира секое физичко лице со поединечна претплата, секој член од фамилијарните тарифни модели за физички лица при што собраните поени ќе бидат ставени на фамилијарното салдо на Мој клуб поени, секој член од Team тарифните модели за деловни корисници при што собраните поени ќе бидат ставени на групното салдо на Мој клуб поени, назначени вработени од секоја компанија, вработените во компании кои обиваат месечна фактура и секој припејд корисник на Т-Mobile. Бројот на собраните поени ќе биде прикажан во наредната Т-Mobile фактура. Преглед на собраните и искористените поени Постојат повеќе начини за преглед на собраните и искористените поени: Со секоја направена трансакција веднаш добивате SMS за собраните или искористените поени, припејд корисниците, како и корисниците кои не добиваат месечна фактура ќе добијат месечен SMS за направените транскации и вкупното салдо, со најавување на Мојот T-Мobile, на месечната фактура како вкупно Мој клуб салдо, преку нашиот Контакт центар, на 122, со праќањеа SMS на бројот 070 142 566 со текст Моj klub и во сите наши продажни места. (Цена на една пратена SMS на 070 142 566 е 5 ден.)


КАТАЛОГ НА ПОДАРОЦИ

МОЈ КЛУБ

KATAЛОГ НА ПОДАРОЦИ Вашата нарачка можете да ја направите 1. Со јавување на 070122; 2. Во нашите продажни места; 3. Преку Mojот T-Mobile портал (www.my.t-mobile.mk).

ШИФРА: 40105 USB DRIVE 8GB VERBATIM 2 195 ПОЕНИ

Покрај можноста за достава на Мој клуб подароци во продавница по избор, можете да одберете и достава и на адресата на која ја добивате вашата месечна сметка. Цената на услугата изнесува само 50 ден. за која било локација во цела Македонија!

ШИФРА: 40115 USB DRIVE16 GB VERBATIM 2 495 ПОЕНИ

НОВО!

ШИФРА: 40112 NIKON COOLPIX S2700 25 950 ПОЕНИ

300 ден.

ШИФРА: 120001 Е-ВАУЧЕР 300 1 500 ПОЕНИ

ШИФРА: 40118 NIKON L29 15 998 ПОЕНИ

590 ден.

ШИФРА: 120002 Е-ВАУЧЕР 590 3 000 ПОЕНИ

ШИФРА: 70005 ВРЕДНОСНА КАРТИЧКА 590 3 000 ПОЕНИ

900 ден.

ШИФРА: 120003 Е-ВАУЧЕР 900 4 500 ПОЕНИ

ШИФРА: 40114 VTECH C34 5 995 ПОЕНИ

2000 ден.

ШИФРА: 120004 Е-ВАУЧЕР 2000 8 000 ПОЕНИ

43


44

КАТАЛОГ НА ПОДАРОЦИ

ДОЈДИ ДО ПОСАКУВАНИОТ ТЕЛЕФОН СО ПОЕНИТЕ ОД MOJ КЛУБ

ШИФРА: 20510 ACER LIQUID Z4 29 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20437 ALCATEL ОТ228 4 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20491 ALCATEL 2001 7 250 ПОЕНИ

ШИФРА: 20486 ALCATEL ОТ-2005 9 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20490 ALCATEL IDOL MINI 34 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20502 ALCATEL OT POP 8 WIFI 39 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20460 BLACKBERRY Z10 114 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20503 HTC DESIRE 610 74 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20504 HTC ONE MINI 2 119 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20505 HTC ONE M8 GREY 169 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20428 HUAWEI E3131S-2 USB DATA STICK 7 450 ПОЕНИ

ШИФРА: 20496 HUAWEI Y530 39 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20500 LG L40 27 250 ПОЕНИ

ШИФРА: 20457 LG L3 II 32 250 ПОЕНИ

ШИФРА: 20506 LG L70 39 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20507 LG G2 MINI 94 950 ПОЕНИ


КАТАЛОГ НА ПОДАРОЦИ Вашата нарачка можете да ја направите 1. Со јавување на 070122; 2. Во нашите продажни места; 3. Преку Mojот T-Mobile портал (www.my.t-mobile.mk).

Покрај можноста за достава на Мој клуб подароци во продавница по избор, можете да одберете и достава и на адресата на која ја добивате вашата месечна сметка. Цената на услугата изнесува само 50 ден. за која било локација во цела Македонија!

ШИФРА: 20508 NOKIA 220 14 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20492 NOKIA 515 39 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20509 NOKIA LUMIA 630 47 250 ПОЕНИ

ШИФРА: 20493 NOKIA LUMIA 925 74 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20452 SAMSUNG GT-E1200 6 250 ПОЕНИ

ШИФРА: 20479 SAMSUNG 1270 7 750 ПОЕНИ

ШИФРА: 20511 SAMSUNG 3590 19 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20422 SAMSUNG GT-S5610 23 750 ПОЕНИ

ШИФРА: 20464 SAMSUNGGALAXY YOUNG S6310 24 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20487 SAMSUNG GALAXY CORE PLUS 47 250 ПОЕНИ

ШИФРА: 20472 SAMSUNG I9195 GALAXY S4 MINI 84 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20483 SAMSUNG GALAXY TAB 3 8.0 89 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20488 SAMSUNG GALAXY TAB 3 10.1 P5200 99 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20515 SAMSUNG S5 CAMERA 144 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20512 GALAXY NOTE 10.1 2014 EDITION 159 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20499 SAMSUNG S5 WHITE 179 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20514 SONY XPERIA E1 37 250 ПОЕНИ

ШИФРА: 20474 SONY XPERIA M2 69 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20495 SONY Z1 COMPACT 134 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20513 SONY XPERIA Z2 159 950 ПОЕНИ

45


46

КАТАЛОГ НА ПОДАРОЦИ

МОЈ КЛУБ ШИФРА: 90102 БИОГРАФИЈАТА НА СТИВ ЏОБС 3 098 ПОЕНИ

ШИФРА: 90075 DELUXE ЧАНТА ЗА ЛАПТОП СО ТРКАЛЦА 16 930 ПОЕНИ

ШИФРА: 90071 КОЖЕНА ДЕЛОВНА ЧАНТА 75 092 ПОЕНИ

ШИФРА: 10478 РАНЕЦ ЗА ЛАПТОП CASE LOGIC 16 678 ПОЕНИ

НОВО!

ШИФРА: 10524 РАНЕЦ ATCHISON 2 035 ПОЕНИ

ШИФРА: 10525 СПОРТСКА ТОРБА ATCHISON 1 675 ПОЕНИ

НОВО!

ШИФРА: 60140 ATCHISON ТЕРМО ТОРБА 3 805 ПОЕНИ

НОВО!

НОВО!

ШИФРА: 10526 ТОРБА ЗА НА РАМО ATCHISON 1 805 ПОЕНИ

ШИФРА: 10522 КУФЕР НА ТРКАЛЦА 32 cm x 53 cm x 18,7 cm 2 675 ПОЕНИ

ШИФРА: 60135 ЗАШТИТНА СТРЕА ЗА НА ПЛАЖА 5 415

ШИФРА: 10512 ПАТНА ТОРБА 64 cm x 34 cm x 23 cm 2 340 ПОЕНИ

НОВО!

ШИФРА: 60141 ПРОСТИРКА ЗА НА ПЛАЖА СО ПОТПИРКА 3 685 ПОЕНИ


КАТАЛОГ НА ПОДАРОЦИ Вашата нарачка можете да ја направите 1. Со јавување на 070122; 2. Во нашите продажни места; 3. Преку Mojот T-Mobile портал (www.my.t-mobile.mk).

47

Покрај можноста за достава на Мој клуб подароци во продавница по избор, можете да одберете и достава и на адресата на која ја добивате вашата месечна сметка. Цената на услугата изнесува само 50 ден. за која било локација во цела Македонија!

НОВО!

ШИФРА: 10506 ТОПКА ЗА КОШАРКА SPALDING TF 150 ГУМА 3 506 ПОЕНИ

ШИФРА: 10509 ЈАЖЕ ЗА СКОКАЊЕ KETTLER 1 929 ПОЕНИ

ШИФРА: 10523 ЧАДОР НА СКЛОПУВАЊЕ 895 ПОЕНИ

ШИФРА: 10527 ТОАЛЕТНА ТОРБА 27 cm x 22,5 cm x 9 cm 1 325 ПОЕНИ

ШИФРА: 40116 ПРЕСА ЗА КОСА ROWENTA SF 1012 4 237 ПОЕНИ

ШИФРА: 40095 ВАГА ТEFAL PP1000V0 4 153 ПОЕНИ

ШИФРА: 40099 MOULINEX ПАСАТОР 350W 4 153 ПОЕНИ

ШИФРА: 40101 ROWENTA МАШИНКА ЗА ПОТСТРИЖУВАЊЕ 4 691 ПОЕНИ

ШИФРА: 40100 ROWENTA ДЕПИЛАТОР 4 110 ПОЕНИ

ШИФРА: 40102 CD PORTABLE PHILIPS 8 898 ПОЕНИ

ШИФРА: 40107 ПАТЕН ФЕН ROWENTА 1600W 4 089 ПОЕНИ

ШИФРА: 40103 MP3 PLAYER PHILIPS 4GB 7 860 ПОЕНИ


ПОДАРОК SAMSUNG ТАБЛЕТ СО КУПЕН SAMSUNG ТЕЛЕВИЗОР! Земете Family Box или 3 Маx пакет и гледајте ја најдобрата телевизија, 6 месеци бесплатно. Плус, одберете го вашиот нов телевизор Samsung UE48H5203 од неверојатни 48 инчи на рати, за само 965 денари месечно и добијте подарок таблет Samsung GALAXY TAB 3 8.0!


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.