Тартуф (Тубер) Кажал Пратеникот ﷺ: „Тартуфот (Тубер) е од мана (медна роса),72 а нејзиниот сок е лек за очи.“73 Потеклото на зборот тартуф доаѓа од латинското tuber, кое значи грутка, израсток. Tuber преминало во tufer, па така и францускиот назив Truffe, шпанскиот Trufa, германскиот Trüffel и италијанскиот tartufo. Во светските кулинарски четива може да го сретнете како дијамант во готвењето. Исто така, во нив може да најдете и многу рецепти кои се викаат тартуфи, или пак тартуфи на овој или оној начин, но ретко се готви со вистински тартуфи. Честопати специјалитетите го имаат овој назив затоа што изгледаат како нив, или пак на некој начин се поврзани со тартуфите, или пак се користеле некои синтетизирани материи кои треба да ги заменат тартуфите. Јадењето во кое е употребено вистински тартуф ќе го препознаете прво по енормно високата цена, а потоа по уникатниот мирис. Зошто толкава фама за овој додаток на храната?! 72 Означува дека расте без човечка грижа односно култивација. 73 Пренесува Бухари и Муслим.
56