MS EXCEL 2003 ПОЧЕТНИ ЕЛЕМЕНТИ Spreadsheet програмите или како обично се преведува програми за вкрстено пресметување или програми табелатори, се користат за претставување на податоците во форма на табела. Покрај креирањето, форматирањето, и уредувањето на податоците, со користење на формули и функции, Excel овозможува правење на пресметки врз основа на внесените податоци и нивно графичко претставување.
АКТИВИРАЊЕ И ЗАТВОРАЊЕ НА EXCEL Excel може да се активира преку Start менито на следниов начин: 1. Се кликнува на копчето Start за да се отвори менито Start. 2. Во Start менито се избира All Programs. 3. Во менито се избира Microsoft Office. 4. Во следното мени се кликнува на Microsoft Office Excel 2003. Кога Excel ќе се активира, на екранот се појавува прозорец на апликацијата Excel и во него прозорец на празен документ подготвен за внесување податоци.
Работна книга (woorkbook). Документот на кој се работи во Excel се нарекува работна книга.
Работен лист (woorksheet). Иницијално, кога се активира Excel се креира празна работна книга која се состои од три работни листа.
Клетка (cell). Работните листови се состојат од колони и редови во чиј пресек се формираат квадратчиња наречени клетки.
Excel се затвора на ист начин како и која било друга апликација, а наједноставно е со: ♦ Се кликнува на Close (X) во Excel прозорецот, или ♦ Се селектира наредбата File→Exit. Ако во работната книга има промена на податоците и тие не се снимени, Excel ќе прикаже интерактивен прозорец кој прашува дали корисникот сака да го сними фајлот пред да се излезе.
Се избира Yes ако треба да се сними, No ако не треба и Cancel ако треба да се откаже операцијата затворање на Excel.
EXCEL ПРОЗОРЕЦ Excel прозорецот содржи многу елементи заеднички за сите прозорци кои се појавуваат под Windows, вклучувајќи ја мени лентата, лентите со алатки, статусната лента и др. Меѓутоа, како последица на специфичната намена на Excel, во неговиот прозорец се појавуваат и други елементи, карактеристични за Excel.