ИНФОРМАЦИЈА ЗА СВЛЕЧИШТАТА И МОЖНИТЕ КАТАСТРОФАЛНИ ПОСЛЕДИЦИ ОД ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО – ОХРИД НА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА КИЧЕВО Со почетокот на работите на автопатската делница Кичево – Охрид, на просторот над Кичево, во близина на локалниот пат Кичево – Крушино – Кнежино (кој го користат жителите на село Кнежино, посетителите на Манастирот Св. Ѓорѓија, хотелот „Куќа на уметност“ и неколку стотини рекреативци) се појавија проблеми. Имено, на дел од ископот кој изнесува повеќе од 30 метри, се појави свлечиште кое го сруши дел од патот и сѐ повеќе се шири. Свлечиштето и денес го загрозува користењето на локалниот пат и е екстремно опасна ситуација која се толерира од надлежните. Свлечиштето не е санирано, поставени се само земјени насипи кои треба да спречат некој да не падне движејќи се по патот. Во случај на поголеми врнежи и невреме постои реална и голема опасност ова свлечиште да се активира уште повеќе и да настанат катастрофални последици. Свлечиштето се наоѓа на само 100-тина метри над првите куќи од Кичево.
Фотографии од првите моменти на активирање на свлечиштето
Фотографии од првите моменти на активирање на свлечиштето
Свлечиштето постојано се шири и дополнителен дел од патот за Крушино пропаѓа