NO. 20
ПОЧЕТОЦИТЕ НА АНАБЕЛА Секој од нас има своја приказна... Во овој број на нашиот магазин, ви ја пренесуваме автентично приказната на Анабела која работи како сексуална работничка во Македонија. Желбата на Анабела беше во секој нареден број на S-WORK самата таа да пишува кратки текстови за нејзините животни одлуки и случувања. Имињата на личностите во текстот се измислени. Јас сум Анабела, имам 28 години, македонка сум. Почнав да работам како сексуален работник на 15 години. Оваа работа почнав да ја работам затоа што растев во многу скромно семејство каде што никогаш немав право да изберам што јас ќе купам. Секогаш изборот на мојата гардероба и моите потреби беше на моите родители, а мене тоа ужасно ми сметаше, но тие тоа не го разбираа, а јас си размислував дека тоа се нивни пари и што сакаат тие тоа ќе ми купат, иако ми сметаше сето тоа. Прв пат почнав да работам случајно,запознав еден дечко се викаше Оскар. Тој беше повозрасен од мене, со него излегував секаде, ми купуваше се што јас ќе посакав. Иако не бараше ништо за возврат, јас се чувствував непријатно затоа што незнаев како да се оддолжам за тоа. Еден
ден седнав да поразговарам со него и да му објаснам што јас чувствувам, а тој на тоа ми одговори дека пријатно се чуствува со моето присуство иако би сакал да имаме и нешто повеќе. Мене ми беше јасно што тој од мене сакаше, па си помислив заслужува да му го дадам и тоа задоволство, иако имав само 15 години, а се ближеше неговиот роденден, па одлучив јас да го изненадам со своите планови. Тоа беше мојот прв секс за пари. Почнав да се движам во кругови каде што повеќе девојки ја работаат оваа работа; ми беше пријатно, почнав да заработувам повеќе од што очекував, се чуствував исполнето, купував се што сакав, имав свои пари и правев што сакав со нив. Се чуствував сигурно и своја, иако мојата заработувачка и шопинзи беа под голем прашалник за моите родители. Од каде оваа гардероба и овие пари, што се случува со мене? Јас секогаш гледав да ги избегнам, да се сокријам, па и ако е потребно да излажам само да се заштитам затоа што знаев дека ако кажам нема да ме разберат. Напротив, ќе имам проблеми со семејството и одлучував да го сокријам моментот како јас заработувам. Секогаш кажував дека некоја пријателка ми подарила нешто, ми помогнала и слично. Овие лаги ми успеваа доста долг период, околу една година, се додека не почна да стигнува вистината до ушите на татко ми. Луѓето беа злобни, почнаа да му кажуваат каде се ме среќаваат, а тој почна да ме следи и да се интересира за тоа каде јас се движам, со кого се дружам и кои се тие пријателки што ми даваат скапи подароци. Прашања имаше секој ден на кои јас немав вистински одговори. Моите пријателки што ги запознав преку оваа работа секогаш ми помагаа во овие моменти и стоеа позади моите лаги што мене ми одговараше ,затоа што ја сакав работата, а и успевав добро да се снајдам. Оскар ми беше подршка за сите препреки и проблеми кои животот ми ги носеше...
ТРАНСРОДОВИТЕ СЕКСУАЛНИ РАБОТНИЦИ ОД ПАРИЗ ВО ПЕЕСЕТТИТЕ ГОДИНИ Овие убави фотографии на трансродовите жени во Париз од крајот на 1950-ите и раните 1960-ти биле преземени од страна на шведскиот фотограф Кристер Штромхолм, кој отпатувал во Париз кон крајот на пеесеттите години каде што се надевал да создаде нов вид на уметност, т.е. да го пренесе низ фотографии ноќниот живот на градот. Штромхолм живеел во областа попозната како улица на црвените фенери, околу местото Бланш и Пигал, каде што стекнал нови пријателства со многу млади трансродови жени кои работеле на улиците и во хотелите да заработат за живот. Во 1983 година Штромхолм објавил многу од овие фотографии во неговата книга. Во воведот на книгата пишува: ОВА Е КНИГА ВО ПОТРАГА ПО СОПСТВЕНИОТ ИДЕНТИТЕТ, ОКОЛУ ПРАВОТО ДА СЕ ЖИВЕЕИ ЗА ПРАВОТО НА ЖИВОТ, КАКО И ЗА ПРАВОТО НА САМОКОНТРОЛА ВРЗ СОПСТВЕНОТО ТЕЛО... Ова се слики од луѓе чии животи јас ги споделив и ги разбирам...
ЏИНА ГО КРЕВА СВОЈОТ ГЛАС ВО ИМЕ НА СИТЕ ТРАНСЕКСУАЛЦИ ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ!!! Џина Росеро е преубава манекенка која е родена на Филипините. Таа во својата родна земја во повеќе наврати на избор за убавина ја има понесено титулата Мис, а како не би ја понела кога има совршен тен, одлична линија и преубава коса. Но Џина крие голема тајна, која за прв пат одлучува да ја сподели со светот. Таа е родена како машко. Џина собрала храброст да ја сподели својата тајна затоа што сака да го подобри местото на трансексуалците во светот. Како што кажува таа овие луѓе живеат под голем притисок за што сведочи и фактот дека бројот на самоубиства е девет пати поголем кај овие луѓе во споредба со општата популација. Јас отсекогаш мислев дека полот е непроменлив. Но сега знаеме дека сето тоа е возможно и реално. Поради нејзиниот успех во работата таа никогаш немала храброст да ја сподели својата тајна, но не поради тоа што мисли дека е лошо тоа што го направила, туку заради
начинот на кој светот ги третира оние кои сакаат да се ослободат од приказните како оваа на Џина. Иако отсекогаш се чувствувала како девојка , денот кога таа сфатила дека сака да биде модел и убава жена е денот кога таа имала 15години. „Кога имав 15години се уште се облекував како момче. Се запознав со една жена по име Ти Ел. Таа е трансексуалец и организира избори за убавина. Таа вечер, Ти Ел ме праша зашто не се вклучам во изборот и да се натпреварувам. Таа ме убеди да се пријавам и бев втора придружничка во конкуренција на 40 девојки и тој момент ми го промени животот“ - вели таа.
На 19 години Џина одлучува да направи голем чекор и се подложува на операција за промени на полот која ја прави во Тајланд. После тоа, таа се преселува во Америка каде што ја менува личната документација и станува комплетна жена.
Секој ден сум благодарна што сум жена, среќна сум што имам мајка и татко кои безрезервно ме сакаат и пријатели кои ме почитуваат и прифаќаат, но би сакала да се промени ситуацијата во мојата заедница. За жал постојат многу млади трансексуалци кои ја немаат среќата која јас ја живеам. Таа имаше храброст да ја сподели својата приказна со светот бидејќи постојат родители, пријатели и семејства кои го поддржуваат ова, но вели дека немаат сите ваква среќа. Сакам да дадам се од себе за да им помогнам на другите да живеат со својата вистина без срам и страв - вели прекрасната ЏИНА. Џина е познат активист за човекови права на ЛГБТ луѓето, гостува на многу ТВ емисии и е говорник на неколку ТЕД предавања каде нејзините говори се оценуваат како прилично моќни и посетувани.
НАЈПЛАТЕНИТЕ ЕСКОРТ ДАМИ НА СВЕТОТ Многу од девојките кои работат како ескорт дами пишуваат и мемоари за својот живот и за интимните работи во својата професија. Една поранешна „придружничка” која неодамна објави дека пишува книга, мемоари, заврши трагично и беше фрлена од прозорецот на својот стан, очигледно поради стравот да не бидат откриени имињата на некои од нејзините познати клиенти. Нивната цена за „вечера и забава” варира во зависност од многу фактори.
10. Захија Дехар - Zahia Dehar 1.200 долари за една ноќ
Захија е речиси клон на Барби. Нејзината заработка изнесува 32.000 долари месечно. Станува збор за „кукла” која преферира да го има вниманието од еден или двајца обожаватели отколку да биде класична професионална придружба.
9. Лоредана Џоли - Lording Jolie - 2.000 долари
Лоредана Џоли е една од девојките со кои излегуваше Тајгер Вудс. Таа тврди дека во една прилика добила 15.000 долари, а тоа е најмногу од сите мажи со кои била. Меѓутоа без да закажете состанок со неа, таа приказна не може да се провери.
8. Џаст Касандра - Just Kassandra - 3.000 долари
Џаст Касандра излегува само со одбрани клиенти. Таа прво сака да се запознае лично со нив, а потоа да склучи конкретен договор. Сака да патува, така што соодветно на тоа ги одбира и клиентите кои можат да и пружат луксузни патувања.
7. Ешли Дупри - Ashley Dupre 4.300 долари
Пред да биде уапсен, американскиот гувернер Елиот Спајсер имал афера со девојка чиј прекар е Кирстен, која ја запознал во ВИП клубот “Emporer”. Клубот од Спајсер за шест месеци добил 15.000 долари. Всушност подоцна откривме дека тој платил сума од над 80.000 долари за придружба, откако беше именуван за државен обвинител, а подоцна и гувернер на Њујорк.
6. Мис Маја Блу - Ms Maya Blue 4.500 долари
Маја Блу има свој сајт со фото галерии, како и цени и услуги кои таа ги нуди. Станала популарна на тој начин што нејзините клиенти ширеле гласини за неа на интернет форумите и при тоа ги споделувале нејзините фотографии и услуги.
5. Ава Сиан - Ava Si’an - 6.500 долари
Ава Сиан, поранешен агент за недвижности во Њујорк, иако немала намера да се занимава како ескорт дама, сепак поради сиромаштијата се одлучила да го работи токму ова. Ваквата одлука ја донесува откако нејзиниот татко се разболел, а притоа немал здравствено осигурување и операцијата која требал да ја прави била премногу скапа, а тие не можеле да ја платат. Ава помислила дека таа би можела да заработува многу повеќе доколку почне да се забавува со своите богати клиенти на кои им покажувала куќите. Набрзо почнала да заработува 45.000 долари неделно и била во можност да му помогне на својот татко да се оперира.
4. Натали Меклинан - Natalie Mclennan - 16.000 долари
Натали Меклинан некогаш беше позната како “Numero Uno” во Њујорк. Таа неколку пати била апсена за сериозна сума перени пари како и за основање на организација на девојки кои нуделе сексуални услуги. За својата работа и својот живот има објавено и книга. Како што пренесуваат медиумите од Њујорк, заработувала дури до 2 илјади долари на час.
3. Лорин - Lorin - 24.000 долари
Лорин заработувала дури и 24.000 долари за една ноќ и за неа се зборува дека била омилена во високите кругови. Била позната по својот шарм и смислата за хумор, како и невообичаените вештини во нејзината професија како ескорт дама.
2. Канска Убавица - 40.000 долари
Љубителите на Канскиот филмски фестивал, кои се собираат секоја година во овој град од сите делови на светот, Јужна Франција, Шпанија, Италија, некои од ескорт девојките можат да заработат дури и 40.000 долари од ноќ. Убавиците се шетаат по рестораните, хотелските лобија, марините и слични места на кои доаѓаат нивните клиенти кои се во можност да платат многу за услугите кои ги нудат овие девојки. Најскапите придружнички најчесто имаат претходно закажано состаноци, така што не мораат ни да ја напуштат хотелската соба, туку само си ги пречекуваат своите гости.
1. Мишел Браун - Michelle Brown - 50.000 долари
Мишел Браун е успешна бизнис жена како ескорт дама и како сопственичка на агенција за девојки-придружнички. Таа всушност и ја преземала клиентелата на Хајди Руно кога била осудена на затворска казна. Мишел е позната по тоа што му испраќала придружнички на Тајгер Вудс. Се зборува дека славниот голфер за „тројката” која траела подолго од една ноќ платил 60.000 долари. Меѓутоа, Мишел била приморана да ја затвори агенцијата. Не се знае дали се уште се занимава со истата работа бидејќи постојано има проблеми со полицијата.