Sano magazin makedonija 2010

Page 1

Стручно списание за професионални земјоделци

Животните да се хранат здраво и профитабилно Mај 2010.

Цена: 4 Евра

1

Пишува др. Бранимир Кампл

Тема на бројот:

Иднината на млечното говедарство во Македонија Правилна Правилна припрема припрема на на тревната тревната силажа силажа Ви Ви ги ги представуваме представуваме Сано Сано иновации иновации -- специјални специјални производи производи


Содржина

Импресии

2

Стручно списание за професионални земјоделци

Maj 2010.

Издава: Сано – Современа прехрана за животни дооел Тел: 02/26 00 041, Факс: 02/26 26 960, Интернет: www.sano.mk Е-маил: sano@sano.mk Уредник: др. Бранимир Кампл Припрема за штампа: Томислав Шкрљац, Одделение за графичка припрема на претпријатието Сано Тираж: 5.000 ком. Штампа: “Гинис” д.о.о., Прилеп

Сите текстови се објавени во оригиналниот облик и на јазикот на авторите, со неопходна интервенција на редакцијата. Доштампавање само со изричита дозвола , како и наведување на изворот на податоците.

Тема на бројот

Правилна припрема на тревната силажа Економски оценки на фармите за одгледување на молзни крави секогаш одново истакнуваат дека рентабилноста во голема мерка зависи од трошоците на основниот оброки неговиот квалитет. Освен тоа, висока концентрација на енергија и одлична квалитетна ферментација допринесуваат и за долготрајното здравје на животните.


Содржина

Иднината на млечното говедарство во Македонија Многу производители денес се прашуваат да ли занимавањето со производството на млеко има иднина. Несреден пазар, пред се несигурност на откупот , како и нестабилни цени, ги одвраќаат многу производители кои би, према сите предуслови биле успешни при обавување на оваа работа. Некои од производителите во занимање со производство на млекото гледаат само преоден период – додека не дојде нешто посигурно. Предходно наведени проблеми ги отргнуваат од тоа да ги улагаат средствата и да ја гледаат својата иднина во оваа привредна делатност.

3

Преглед по страници: Актуелности:

Вести од Сано ......................... 4. Ви ги представуваме Сано специјални производи ............ 6. Тема на бројот: Иднината на млечното говедарство во Македонија .... 9. Говедарство: Правилна припрема на тревната силажа ................ 13.

Сано понудата на квалитетниот прибор и помагала во објектите за животните

Веќе со години Сано технички производи се многу позитивно примени од страна на признати европски одгледувачи. Во Сано понуди за успешните одгледувачи и сите оние кои што сакаат тоа да станат се наоѓаат: апликатори за силирање, статични и ротирачки четки за крави, поединечни и групни иглоа за телиња, миксери за мешање на млеко за телиња, сонди и канти со цуцла за напојување на телињата... Сано канти со запремина од 12 и 20 литри се познати не само кај одгледувачите, туку се користат и во многу други различни цели.


Актуелности

4

Нов дизајн на нашите интернетски страници

С

о настојувањето сегогаш да биде во чекор со времето, те. Со модерни дизајнерски и информациски стандарди и барањата на современото општество, Сано спроведе темелен редизајн на своите интернетски страници. Освен нов, многу посовремен изглед на самата страница, додадени се нови содржини, од кои треба да се издвои рубрика со вести, која е сместена на самата насловна страница. Сите новости за производите и за активностите на нашето претпријатие кои земјоделците и сточарите можат да ги

сметаат за занимливи, редовно и навремено ќе се додаваат на содржината. Рубрика Фирма збогатена е со детални контакт – податоци на сите наши фабрики, али и текстови, за филозофија и цели на нашето претпријатие, за неговата историја и развојот. Детално Ви ја представуваме нашата понуда на производи за говеда, свињи и живина, али и производи за силирање и конзервирање и за сушење и дезинфекција на шталски простори. Во рубриката вредности на Сано, можат да се најдат концепти за хранење на говеда и на свињи во

сите нивни животни и производни фази, заедно со совети и препораки за земјоделците за секоја производна фаза. Благодарение на Барање за советување формуларот, олеснет Ви е начинот на комуницирање со нашите стручни советници, барањето на совети и поставување на прашањата. Ви го нудиме и деталниот текстуален приказ на сите типови на Сано ТМР Профи мешалки за храна, со сите технички карактеристики, пропратен со слики. Исто така имате и најдобар актуелен увид во моменталната понуда на користени ТМР Профи мешалки. n

Сано ТМР профи меш • е вага • е транспортно возило • е мешалка ТМР Профи Мини

ТМР Профи Компакт

За подетални информации посетете www.sano.


Актуелности

5

др. Бранимир Кампл - едукативна работилница

В

о големиот амфитеатар на факултетот за Земјоделски науки и храна во Скопје, на 18.03.2010. год. се одржа научна едукативна работилница на која своето излагање го имаше др. Бранимир Кампл – со особено актуелна тема на финансиски менаџмент на фармите за молзни крави. Предавањето го привлече вниманието на голем број на македонски сточари – кој што се занимаваат со производство на млеко и кои со голем интерес го следеа излагањето. Со оглед на тоа да една фарма на молзни крави представува “фабрика за производство” на млеко , за да биде профитабилна на пазарот на современото земјоделие, заради денешните услови на работењето, во центарот на случувањата се става продуктивност, која може да се постигне исклучиво со добро организиран финансиски менаџмент, кој современата

технологија, земјоделска и сточарска компонента, припрема на квалитетниот оброк, исхрана и репродуктивниот менаџмент ги става во своја функција. Големата заинтересираност на сточарите за темата на предавањето, се рефлектираше низ бројни

прашања на крајот од предавањето, а која укажува на тоа дека современите сточари се повеќе сваќаат како само добро организиран финансиски менаџмент може да им обезбеди поголема продуктивност, а со тоа и подобра заработка од нивното производство. n

шалките се најдобри! • е направа за дозирање во сите 365 денови во година ТМР Профи Премиум

.mk или обратете се кај Вашиот Сано застапник

ТМР Профи Сантрак


Актуелности

6

Сано понудата на квалитетниот прибор и помагала во објектите за животните Веќе со години Сано технички производи се многу позитивно примени од страна на признати европски одгледувачи. Во Сано понуди за успешните одгледувачи и сите оние кои што сакаат тоа да станат се наоѓаат: апликатори за силирање, статични и ротирачки четки за крави, поединечни и групни иглоа за телиња, миксери за мешање на млеко за телиња, сонди и канти со цуцла за напојување на телињата... Сано канти со запремина од 12 и 20 литри се познати не само кај одгледувачите, туку се користат и во многу други различни цели.

Поединечни и групни Сано иглоа

З

а телињата во шталата често владеат услови на превисока температура, влажност, високи концентрации на гасови и патоген , а тука е и недостаток на светлина и соодветно проветрување. Ова се некои од штетните причинители кои што доведуваат до проливи и болести. Заради тоа секое теле веднаш по раѓањето

треба да се исуши и да се пренесе во Сано поединечно игло. Свеж воздух, соодветна количина на светло и просторот, како и помали контакти со постари и болесни животни во првите недели од животот, се идеални за добар развој и добро здравје. Одгојот на телињата во игло гарантира подобра здравствена состојба, по-

Сано четки

З

а плодна и продуктивна крава многу е важно нејзиното расположение и удобност, за кое многу можат да придонесат специјализирани Сано четки: механичка четка со електричен погон и Сано статичка четка. Сано четки со леснотија ги чистат животните и на недостапни места, како што се глава, врат, грб и опашката. Тие исто така ги ослободуваат кравите од несаканите надворешни паразити. n

добро земање на храната и соодветен развој на телињата. Само здраво теле гарантира иднина со крави со висок квалитет, а со тоа и профитот за одгледувачите. Сано поединечно игло е за телињата во првите 3 недели од животот, а од 4 недела од животот за телињата се наменети Сано групни иглоа. n


Актуелности

7

Сонда за телиња

Миксер за мешање на млеко за телињата

С

ано миксери служат за едноставна а истовремено и најквалитетна припрема на млеко за телињата заради правилно мешање со вода или производи како Милли. Температура на млекото кое се дава на телињата мора да биде околу 12°Ц. n

В

еднаш по раѓањето, телињата треба правилно да се исушат, а потоа да се нахранат со колострумот со додатокот на Котосан Плус. Телињата треба да пијат најмалку 2 л. колострумот, али како не пијат секогаш доброволно, најдобро е да се напојуваат со помош на Сано сондата за телињата. n

Сано вентилатор

Апликатори за Сано Лабацсил Дуо

С

амо со добрата силажа е можно да се осигура ист квалитет на крмна смеска за крави во текот на целата година. Добра силажа треба да биде припремена со примена на производот Сано Лабацсил Дуо. Со користење на апликаторот одредените дози на Лабацсилот можат прецизно да се додадат во силажата. n

З

а високо производство на млекото, кравите бараат многу кислород, одредена температура, што значи свеж воздух. Во внатрешноста на шталите, особено во летниот период, тоа вообичаено може да биде проблем. На кравите им е потребно да имаат многу кислород за лагоден живот и најважно за производство на млекото. Згора на тоа, они произведуваат големи количини на топлина , која би требало да биде пропуштена надвор од шталата. Со цел за давање на подобриот квалитет на шталски воздух, Сано нуди шталски вентилатори СаноФан. n


Актуелности

8

Останати помошни производи

О

д останатите помошни производи од Сано понудата ќе ви обрнеме внимание на Сано канти со највисок квалитет, со запремина од 12 или 20 литри, потоа Сано канти со цуцла, за полесно напојување на телињата, Сано хранилки за прасињата и одлични Сано лопатки. Сите наведени производи се од најквалитетен материјал и докажано ја олеснуваат работата на домаќинството. За нивните цени како и за останатите детали кои ве интересираат, обратете се на Сано стручниот советник за Вашето подрачје. n

До 7.000 литри производство на млеко

Одличен комплекс на премиксот и на активни материи со минерали, витамини, елементи во траги и аминокиселински келати на елементи во траги

• многу млеко • здраво, производствено способно виме • стабилни, здрави нозе и чапунки • редовен еструс за висока плодност

За подетални информации посетете www.sano.mk или обратете се кај Вашиот Сано застапник


Тема на бројот

9

Idninata na mleËnoto govedarstvo vo Makedonija Многу производители денес се прашуваат да ли занимавањето со производството на млеко има иднина. Несреден пазар, пред се несигурност на откупот , како и нестабилни цени, ги одвраќаат многу производители кои би, према сите предуслови биле успешни при обавување на оваа работа.

Н

екои од производителите во занимање со производство на млекото гледаат само преоден период – додека не дојде нешто посигурно. Предходно наведени проблеми ги отргнуваат од тоа да ги улагаат средствата и да ја гледаат својата иднина во оваа привредна делатност. Иако некој од показателите зборат во прилог на таквото размислување, сепак мора да се утврди да ли млечното говедарство е делатност која има иднина и каде голем број на сегашните и идни производители може да пронајдат квалитетен извор на заработувачка и да ја решат својата егзистенција. Меѓутоа, се поставува прашање: како тоа да се постигне? Кој е прав пат до остварување на тие планови? Како е можно профитабилно да се произведува млекото, зошто веќе и сега производството не е доволно профитабилно? Одговорите на овие прашања не се едноставни, али накратко може да се каже следното:

Млеко сигурно може да се профитабилно произведува Тука постојат две можности: • Со што пониски вложувања – на тој начин е можно, али со примена на современата технологија, да се постигне средно високо производство u (7.000 па и повеќе литри млеко) на помал број на животни – 10 до 15. Потребно е, со што пониски вложувања, да се адаптираат објекти така да со доста воздух, вода и што е можно поудобни лежишта да може да се организира производство. Правилото гласи: што пониски вложувања во згради, опрема и механизација - да се набави само неопходно. Единствени вложувања, кои се неопходни се: квалитетно измузилиште и ТМР машина. Тоа е, неопходно за унапредувањето на технологијата и квалитетот на производот, и ќе резултираат со зголемено производство и

заработка. Значи, производство на помали фарми, со помал број на крави (10 -15), уз само неопходни вложувања кои носат значителен технолошки напредок. • Со значителни вложувања да се изгради голема, модерна фарма, те. Претпријатие за производство на млекото. Ваквите објекти мора да имаат најмалку педесетина крави, а заради големината на вложувањето и сериозност на производството мораат да ги задоволуваат сите законски и стручни предпоставки на модерно производство. Кај двата облика на производство, најважното е управувањето со финансии. Производителот мора да знае дека секоје вложување и секој трошок во производството директно се одразува на цената на чинење на литар млеко. Мора да се биде свесен дека литар млеко мора да плати секоја инвестиција, како и дека мора уште нешто да преостане за производството да биде позитивно, за да се оствари заработка. Секако дека по оваа реченица веднаш се наметнува одговор: „па секако, али затоа мора да биде добра цена на


Тема на бројот

10

млекото која ќе ги покрие сите трошоци“. Тоа е само делумно точно. Но, да се разбереме, сите ние подржуваме да цена на млекото биде што повисока. Али, производителот мора да рачуна на тоа дека од пазарни причини, цената се менува на неколку години.

Овој едноставен пример јасно покажува како е, без било какви вложувања, само со примена на современата технологија, можно да се оствариосетно поголема заработка по крава. Овој пример е поважен и заради тоа, бидејќи поголем број на нашите фармери трошат доста

400,00 €

цена на млекото

350,00 € 300,00 € 250,00 € 200,00 € 150,00 €

Крмни смески често со проблематичен квалитет

100,00 € 50,00 € -€ 1994

млеко, веќе во голема мерка животното ги исфрлува непробавени надвор со изметот. Тоа многу лесно може да се провери со тестот со сито, каде лесно може да се види колку животното пробавило (и од тоа произвела млеко), а колку непробавена храна исфрлила надвор. Како тогаш да се осигура добра и високо пробавлива храна? Одговор е следен: најуспешните производители самите ги прават концентратите според современи рецептури, од сопствените житарици, кои самите ги произведуваат, или купуваат на пазарот. Од друга страна, тие купуваат протеински додаток и премикс, се сами мешаат спрема рецептурите кои ги добиваат од стручни советници.

1996

1998

Движењето на цената на млекото во ЕУ од 1994 - 2010

2000

Заради тие причини технологијата на фармата мора да биде така поставена, да фарма и со пониска цена остварува добивка. Многумина ќе го отфрлат ова тврдење и ќе речат дека тоа е невозможно. Но , да ли е тоа така? Да се запрашаме да ли при сегашното производство и цена има можности за дополнителни заштеди, те. дополнителна заработка? Поглед на табела бр.1 дава одговор на тоа прашање. Оваа табела дава увид во потрошувачката на концентратот по литар млеко. Колку треба концентрат за 1 литар млеко. Со денешната технологија се очекува да се по литар произведено млеко не потроши повеќе од 260 – 280 грама концентрат. При таа потрошувачка, трошок за концентрат по една крава за цела лактација при производство од 7.800 литри млеко изнесува 620 €. На 30 крави (пример на една таква фарма) фармерот ќе потроши 18.600 € за концентрат годишно. Али, доколку се потроши само 30 грама по литар млеко повеќе, тоа ќе ја зголеми вкупната потрошувачка на 2.500 кг, а на 30 крави издатокот за концентрат ќе се качи на 21.000 €. Значи, за исто количество на произведено млеко, фармер ќе потроши 240 € повеќе. Одиме понатаму: при потрошувачка од 360 грама на концентратот по литар млеко, количината на непотребно потрошениот концентрат се качува на 84.250 kg (23.600 €), што го поскапува производството за дополнителни 5.020 €.

2002

2004

2006

2008

2010

поголеми количини на концентратот од 350 гр/л млеко, па во пракса губитоци, односно смалена заработка, само по тој основ, се уште и значително поголеми. Читателот сигурно после ова што го прочита ќе се запраша: добро, а како може да се намали потрошувачката на концентратот? И тука одговорот е едноставен. Голем број на производители на пазарот купуваат готови крмни смески, за кои се одлучуваат најмногу заради нивната, на прв поглед ниска цена. Меѓутоа, при тоа не се мисли на квалитетот – туку се поаѓа од она – смеска е смеска. Тоа е потполно грешен пристап. Со денешната технологија во смеската може да се упакува доволно количество на протеини и енергија за смеската да задоволи минимални законски услови. Меѓутоа, за да може смеската толку да чини, она во најголемиот процент содржи житарици или нивните преработки, кои рачунски можеби покажуваат одредени цифри, али – она што е битно – немаат доволна пробавливост, за да се од нив произведе

Меѓутоа, денес по теренот секој дневно шетаат советници и трговски патници, чиа единствена намера е да го продадат својот производ без интерес за вистинската корист за купецот. Не се ретки ниту поединечни стручњаци од различни стручни институции, кои и сами понекогаш недоволно стручни, застапуваат интереси на различни фирми заради хонорари. Така на пазарот имаме понуда на различни крмни смески често со проблематичен квалитет од причина што им е ниска пробавливост. Исто така, се нудат и различни производи со висока технологија кои не даваат очекувани ефекти, од причина што кај најголем број на крави треба прво да се уредат основни работи кој што се врзани со исхраната. На тој начин се постигнува организмот и производниот потенцијал на животното да се донесе во ред, сите органи нормално да функционираат. Како се постигнува тоа? Од тоа многу зависи да ли производство на млеко ќе биде профитабилно или не , па може да се каже дека сето тоа е основа на профитабилноста на производството, без оглед да ли се работи за големи или мали фарми. Треба да се започне со таканаречен основен оброк. Профитабилно производство зависи од тоа колку ли-

Табела бр.1: Трошокот на смеската при различна потрошувачка Литри

Смеска гр/ Литри

Број на крави

1 кг смеска

Цена на смеската

Разлика 30 € крави

7.800

290

30

0,28

619

-

7.800

320

30

0,28

698

2.400

7.800

360

30

0,28

786

5.020


Тема на бројот

11

a) Ги употребуваат само на нив познати житарици и други суровини (во купената смеска не се знае што е внатре) можат да бидат и различни нуспроизводи и помалку вредни суровини. b) Сами составуваат рецептури по современи стандарди, така што смеската содржи и во протеинскиот и во енергетскиот дел различно разградливи компоненти, за да се постигне ефект на синхронизација на оброкот и значително зголемена пробавливост.

Квалитетот на пченкаранта силажа и количината на згмеченото зрно - е значителен фактор за квалитетот на силажата.

три млеко се произведува од основниот оброк, а колку од концентратот. За тоа производителот мора да вложи голем напор секоја година да произведе секогаш подобра основна храна, а тоа е пченкарна и тревна силажа. Кај пченкарната силажа, под предпоставка да може да се произведе доволно количество по хектар, помеѓу останатото потребно е да се пази на две работи: • Количина на цело зрно во силирана маса (Слика 1) • Набивање на масата при силирање - за да се произведат анаеробни услови и да се произведе што поголема количина на млечна киселина. За тоа е пожелно да се применува направа како на слика, кој со мала потрошувачка на материјалот и пари може да се произведе од стари тркала од железнички вагони (Слика 2). Уз останатите елементи на менаџментот, овие два фактори кај изработката на силажа, можат битно да допринесат за подобрувањето на квалитетот на силажната маса и да го зголемат бројот на произведени литри на млекото од силажата.

Долг патот за постигнување на врвното производство Кога ќе произведеме добра основна храна, тогаш мораме да размислуваме за концентратот. Од табела бр. 1 видовме колку е скапа употреба на ефтини, а неквалитетни крмни смески. Производители кои сакаат да работат профитабилно, мораат итно да го променат тој начин на работењето и да поминат на тоа сами да произведуваат крмни смески од свои житарици, или од житарици кои ќе ги купат на пазарот. На тој начин можат сами да влијаат на квалитетот така да:

Наравно дека е долг патот за постигнување на врвното производство и да треба да се води сметка и за други елементи, кои тука не се наведени. Али, како за големи, така и за мали фарми се почнува на овој начин: сите мораат - како би го зголемиле профитот – да ја намалат употребата на концентратот, а да ја зголемат потрошувачката на основниот оброк. Ова е патот кон тоа, тука се прикажани основи, а за спроведување на сите детали со задоволство ќе Ви помогнат и со Вас на тоа ќе работат висококвалификувани стручњаци на фирмата САНО. n

Едноставно решение за постигнувањето на одлично нагмечување на силажната маса.

Специјалитет за поголемите производители

• подобра плодност • здрави, витални животни • подолг век на производство

• поголема млечност и подобрување на составот на млекото

За подетални информации посетете www.sano.mk или обратете се кај Вашиот Сано застапник


Говедарство

12

Правилна припрема на тревната силажа Пишува: Dr. Hansjörg Nussbaum, Bildungs – und Wissenzentrum Aulendorf (Центар за образование и наука Аулендорф)

Стадиумот на вретенисување/ класење на треви представува најповолен термин за косење.

Економски оценки на фармите за одгледување на молзни крави секогаш одново истакнуваат дека рентабилноста во голема мерка зависи од трошоците на основниот оброки неговиот квалитет. Освен тоа, висока концентрација на енергија и одлична квалитетна ферментација придонесуваат и за долготрајното здравје на животните.

Д

обра тревна силажа со повеќе од 6,0 МЈ НЕЛ/кг СТ (во 1. откос дури и 6,2 МЈ МЕЛ/ кг) може да произведе само оној сточар, кој ги совлада темелните процеси на ферментација, односно правила на силирањекои се темелат на тоа. Грешките можат да се отклонатсамо ако се препознаат грешките на вриењето и се спречат веќе идната сезона. Без познавањето на биолошките процеси на ферментацијата не можат делотворно да се применат додатоците за силирање. Во текстот кој следи наведени се најважните чекори во успешната припрема на квалитетната силажа.

от дел на тревникот представува најповолен термин за косење. Во тој стадиум е постигната најголемата содржина на шеќерот, а со тоа и на енергија. Како последица на тоа, во тој стадиум е најдобро да се силира. Покасни термини за косење се одбележани со намалена содржина на шекерот во растението и со поголема содржина на сурови влакна (повеќе од 25 % во СТ). Со зголемуванјето на содржината на влакната се зголемува волуминозност на храната, а со тоа и проблеми при набивање на масата во силосот. Последиците се стварање на

1. Чекор - Подобрување на составот на тревникот Голем удел на оние видови трева кои лесно се силираат, се услов за оптималниот процес на вриење. Цел на составот би била отприлика 60–70 % удел на приноси на добри треви, до 20 % различни билки и 15 – 20 % детелина.

2. Чекор - Стадиумот на косењето во фазата на вретенисување/класење Стадиумот на вретенисување/класење на треви кои го сочинуваат главни-

Средствата за силирање не можат да ги поправат грешките во конзервирање на храната.

мувли и накнадно загревање. Детелина и тревници богати со растениа се нешто поеластични во поглед на терминот за косење, те. намалување на хранливи вредности и одговарање за силирање заради подоцнежен откос не е така драстичен. Како последица на тоа, такви тревници можат да се косат и нешто подоцна без значајни недостатоци. Останатите растениа и легуминозе содржат помалку шеќер за ферментација. Во следните откоси оптимален термин на косење се огледува спрема траењето на растот на растението од последното косење. При тоа се оптимални интервали од 4–6 недели, кои можат да бидат и подугачки, доколку уделот на легуминози е поголем.

3. Чекор - Внимателно провенување на 35 до 40 % СТ Добра тревна силажа мора да содржиминимално 30 посто на суви материи, како не би дошло до истек на силажниот сок или или до вриење на маслачна киселина. Настанувањето на маслачна киселина е поврзано со високи губитоци на енергија и со смалена конзумација на таква храна. Силажниот сок представува губиток на хранливи материи кои се растворливи во вода. Освен тоа, доаѓа на незачтитени бетонски делови и заради висока потрошувачка на кислород представува опасност за површински води. Од друга страна, доколку содржината на суви материиизнесува повеќе


Говедарство од 40%, се зголемуваат проблемите во смисол на трошење, набивање на масата и содржина на каротинот. Заради тоа оптималната содржина на суви материи изнесува 35–40 %. Брзо провенување значи дека целокупната искосена тревна маса мора одма да се рашири по косењето, доколку тоа не го прави машината во текот на косење. Во поволните временски услови често може да се почне со силирање веќе по 5–6 сата на провенување. Дури во поволните временски услови може да се прескокне и нагмечувањето , особено заради тоа што таа машина ги предизвикува најголемите губитоци услед трошењето на масата.

4. Чекор - Брза жетва со што поситно исецкана тревна маса Како би ги донеле до минимум губитоците заради ќелиско дишење и трошење на полето, помеѓу косењето и жетвата би требало да помине максимум една ноќ.За таа цел како соодветна се покажала машина за нагмечување, чија предност во просушувањето може да се искористи само доколку машината за косење широко ја одлага покосената маса. Али со забрзаното сушење чекор мораат да држат и машините за одлагање во силосот, доколку не е така како резултат се јавува пресува силажа. Што е масата за силирање повеќе сува, треба пократко да се сече. При тоа оптималните дужини на исецкана тревна маса се од 2,5 до 5 цм. Кај само-

13

Добра тревна силажа може да ја произведе само оној сточар , кој што ги совлада темелните процеси на ферментацијата.

то силирање на квалитетот на храната негативно може да влијаат аеробните штетници на вриењето (бактерии на оцетна киселина, мувли, габи). Тоа може да се спречи со брза жетва, па заради тоа во принцип се исплати примената на машински прстен. И кај вообичаените услови на провенување (зголемувањето на СТ од 3–4 % на час) и учинокот од косењето од 4–5 ха на час, кај површината од 15–20 ха мора да се паралелно со косењето одвива и спремањето во силосот.

5. Чекор - Рамномерно полнење, подела и набивање Треба да се внимава да учинокот од производниот прстен на косењето не

биде преголем, бидејчи инаку спремањето во силосот, набивање и гмечење станува тесно грло. Тоа јасно може да се препознае покасно, кога силажата има таканаречени Гнезда или слоеви на мувли илим се загрева кај изземањето. Присатност на мувли по правило е знак на влегувањето на воздухот. Со многу голем губиток на хранливи материи, негативно е влијание на вкусот на храната, а со тоа мувли и нивни метаболити (микотоксини) можат да им наштетат на животните. Значи, мувлосана силажа не смее да дојде на масата за хранење. Значи доколку не сакаме силажата да биде мувлосана, мора силно да се нагмечи. Нагмеченоста на силажната маса зависи од следните фактори: СТ:

Висока концентрација на енергија и одличен квалитет на силажа допринесуваат и за долготрајно здравје на животните.

над 40% - настапуваат проблеми со нагмечувањето

Содржината на сурови влакна:

над 26% - храната станува изразено волуменозна

Дужината на исецканата тревна маса:

кај тревната силажа треба да изнесува 2,5 до 5 цм

веќе од 1. слој треба да се почне нагмечувањето со ваљци (најдобро тежината на ваљците = Механичко тони на масата за нагмечување: силирање/часови; поделено со факторот 3,4; ваљати/газити еден сат. Примена на разделникот засилос Време на газење/нагмечување: над 50–60 тони на силажна маса на час,


Говедарство

14

Mоќно Дуо

Бактерии на млечна киселина ■ ■ ■ ■

+

Ја подобрува ферментацијата на силажата Брзо создавање на млечната киселина Брзо опаѓање на пх вредности Потиснување на штетниците на вриењето (нпр. клостридии)

Комбинација на киселини ■ ■ ■ ■

Конзервирање со помош на хемиски киселини Делотворно против бактериите на трулење на квасци и мувли* Поттикнувањето на бактерии на млечни киселини* Заштита од подоцнежно вриење и загревање

* Калиум сорбат делува на грам-негативни бактерии, нпр. ре разоруваат клостридии , квасци и габи. Грам-позитивни бактерии, како нпр. бактерии на млечна киселина, бактерии на бурагот, бактерии на цревата остануваат сочувани

Лабацсил киселини + Лабацсил бактерии: Бактерии на млечни киселини во Лабацсил Дуо влијаат на брзо опаѓање на пх вредноста во силажата на под 4,2. Во тоа подрачје пх Лабацсил Дуо киселини имаат најголемата делотворност. Тие ги разоруваат грам – негативните бактерии (нпр. клостриди) квасци и мувли и го подобруваат растот на грам – позитивни бактерии (нпр. бактерија на млечната киселина) во силажата. Бактерии на млечна киселина пак ја одржуваат пх вредноста на силажата во оптималното подрачје на делувањето на Лабацсил Дуо киселини. Бактериите на млечната киселина можат да се одржат и на –20°Ц до 3 години, или во фрижидерот на + 5°Ц најмалку 12 месеци. Влијание на Лабацсил Дуо на концентрација на енергијата кај тревни силажи

Практично: • Со 1 ха на пченка може да се прехранат 4–5 крави или 6–7 јунци. (принос 450 дт/ха; содржината на СТ на силажата 33 %) • Со 1 ха добра ливада можат да се прехранат 2–3 крави (принос 240 дт/ха; 3 откоси; содржината на СТ на силажата 33 %) • За 1 ха пченка потребно е околу 60 м3 на силосен простор • За 1 ха на трева потребно е околу 40 м3 на силосен простор

Влијание на Лабацсил Дуо на концентрација на енергијата кај пченкарна силажа

■ Контрола

■ Лабацсил Дуо


Говедарство

15

Овој систем на покривање се докажал: Со проѕирна фолија за подвлекување (0,04 мм) во зависност од изборот оди црна сило фолија (0,12 до 0,20 мм) или мултисило фолија (0,5 мм). Мултисило фолија има многу голема тежина по површина (450 гр/м2) и има петгодишна гаранција.

7. Чекор - Примена на средствата за силирање

Висока концентрација на енергија и одлична квалитетна ферментација допринесуваат и за долготрајното здравје на животните.

дури и со стално нагмечување не е загарантирана доволна збиеност. Заради тоа со таков учинок на косење би требало да се силира паралелно во два силоса. Како поедини слоеви на храната при нагмечувањето не би останале прешироки (над 30 цм), денес со големи и делотворни машини треба да се стреми кон должината на силоси од најмалку 40 метри, како и на примената на разделникот на силосот. Како газење/нагмечување на би станало тесно грло, мора да биде можно паралелно полнење и газење. Тоа пак значи ширина на силосот од најмалку 7 метри. Како би се осигурало потребното изземање (во зима: 1 метар/недела; во лето 2–3 метри/недела), потребно е да се регулира површината на резот со

висината на полнење. При тоа мала висина на полнење значи и поголемо изземање.

6. Чекор - Покривање без присаство на воздух Тука важи правило, дека најтрајна сило фолија воедно е и најдобра. Покривањето со фолија која е испитана спрема ДЛГ системот на квалитет денес би требало да биде правило. Кај поголемите прекинувања во фазата на силирање се препорачува и меѓупрекривање. Денес можеме без ограничување да ги препорачаме и црните фолии за покривање, бидејќи повисоките температури директно под фолија се шират во дубина од само неколку сантиметри.

Средствата за силирање можат на различните места да влијаат на биолошките процеси на ферментација. При тоа важи правило, дека соодветен учинок може да се развије само тогаш, кога средствата за силирање се применуваат за подрачја за кои се наменети и тоа егзактно и рамномерно расподелено, спрема упатството на производителот. При тоа треба да се раководиме со ДЛГ знакот за квалитетот. На пример, хемиски додатоци на збирот 1а или 1б при лоши временски услови можат да влијаат на тоа, да дури и мокри и неисчистени тревни силажи останат без маслачна киселина. Додатоци за силирање од збирот 4 (а, б, ц) освен тоа се и во состојба по пат на зголемена конзумација на храната и дополнително производство на млекото и месото да ја подобрат економичноста. Како заклучок треба да се утврди, да средствата за силирање не можат да ги поправат грешките во конзервирање на храната. Значи, примената на средствата за силирање не го ослободува сточарот од потребната грижа во припрема на силажата. n

За врвни резултати

Додаток за засушување ✓ Заштеда на време и храна ✓ Зголемување на млечноста ✓ Подобар квалитет на млеко (протеини, масти) ✓ Подобра плодност - повеќе телиња по крава ✓ Помалку болести на виме, чапунки и пробавни органи ✓ Поголема заработка од производството За подетални информации посетете www.sano.mk или обратете се кај Вашиот Сано застапник


Запознајте го најдобриот програм за исхрана и производство за свињи:

За прасињата кои цицаат „Млечен бомбон”, го стимулира растот и развојот на прасињата кои цицаат.

За одбивање на прасињата - гарантира сигурен премин од фазата на цицањето во фазата на одбивањето (комплетен оброк).

Стартер за прасиња - 20-25 % на концентрирани состојки за прасињата до 30 кг (додаток на житарици)

Програма за тов на свињи – Ја подобрува конзумацијата на храната, гарантира висок дневен прираст и висок удел на месото.

Програм за гравидни свињи - Го зголемува бројот и виталност на родени прасиња, ја поттикнува стабилноста и здравјето.

Програм за дојни маторици - ја зголемува млечноста кај маторицата како и тежина на прасињата кои цицаат.

За подетални информации посетете www.sano.mk или обратете се кај Вашиот Сано застапник


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.